12
Универзитет “Гоце Делчев” Штип Земјоделски факултет Семинарска работа по предметот: Менаџмент на хумани ресурси Тема: “ Mobbing”(Психичо малтретирање на работно место) Изработи Професор Бојан Димитриев Еленица Софијанова 1

SEMINARSKA PO MENAЏMENT

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: SEMINARSKA PO MENAЏMENT

Универзитет “Гоце Делчев” ШтипЗемјоделски факултет

Семинарска работа по предметот:Менаџмент на хумани ресурси

Тема: “ Mobbing”(Психичо малтретирање на работно место)

Изработи Професор Бојан Димитриев Еленица Софијановабр.индекс:09568

Штип 2009

1

Page 2: SEMINARSKA PO MENAЏMENT

Содржина

1. Вовед................................................................32. Каков проблем е мобингот............................43. Последици на мобингот.................................54. Како да се спречи мобингот..........................65.Истражувачки дел...........................................76. Заклучок..........................................................87.Боблиографија.................................................9

2

Page 3: SEMINARSKA PO MENAЏMENT

Вовед

Зборот „мобинг“ доаѓа од англискиот збор „моб“ што значи збирштина, толпа и

зборот „мобиш“ - простачки, груб, вулгарен. Мобингот (mobbing) претставува

проблем што се манифестира преку специфичен облик на однесување на работното

место, при што некој поединец или група на различни начини планирано,

осмислено и софистицирано му пречи на друг со цел да му ги загрози честа,

угледот и достоинството на една личност, се до елиминирање од работното место.

Оваа појава се одвива во подолг временски период.

Последиците од ова несоодветно однесување се стрес, зголемена исцрпеност,

намалување на работните резултати, заболување од хронични болести, депресија,

дијабетес, срцеви заболувања.

Најфреквентен проблем претставува малтретирањето од шефот, изразен преку

секојдневно навредување, омаловажување, преместување на пониско и послабо

платено работно место или, пак, свесно поставување работни задачи за кои

работникот не е квалификуван. Мобингот е скокотлива и зајадлива тема, лесно

приемлива, бидејќи на одреден начин е блиска до сите нас. Но, во суштина

претставува длабок и сериозен проблем што ги засега не само жртвите кои се

директно засегнати и на кои им е потребна помош туку и работодавците, кои

најчесто не знаат што им се случува со вработените и меѓу нив“

Најголемиот проблем е во тоа што жртвите не се свесни или не сакаат да говорат

за тоа што им се случува и сметаат дека нивниот претпоставен има позиција на моќ

што може да ја злоупотребува“. Мобинг-програмата е првиот чекор кон

демистифицирање на проблемот и негово јавно презентирање. Што се однесува до

законската регулатива за мобинг, кај нас се' уште нема закон за мобинг-

однесување, а единствена заштита од каде што може да се повикаме е нашиот

Устав, според кој сите сме еднакви.

3

Page 4: SEMINARSKA PO MENAЏMENT

Каков проблем е мобингот ? Мобингот (mobbing) претставува проблем што се манифестира преку

специфичен облик на однесување на работното место, при што некој поединец или

група на различни начини планирано, осмислено и софистицирано му пречи на

друг со цел да му ги загрози честа, угледот и достоинството на една личност, се' до

елиминирање од работното место. Зборот „мобинг“ доаѓа од англискиот збор „моб“

што значи збирштина, толпа и зборот „мобиш“ - простачки, груб, вулгарен. Тоа е

облик на неправедно општествено влијание врз поединецот од страна на некоја

личност во форма на психотерор на работното место. Во употреба го воведува

германскиот психолог Хајнц Лејман за да означи одредено однесување на

работното место. Тој ги одредил неговите карактеристики и последиците за

здравјето, а основал и клиника за помош на жртвите.

Вредните и амбициозните се најчести жртви на своите колеги или шефови. Ако

не ви даваат работа, ве исмејуваат, ве навредуваат и игнорираат - тогаш повеќе од

сигурно е дека ве малтретираат психички на работното место.

„Креативни, преземливи луѓе, коишто сакаат нешто да сторат, коишто се

извршителни, но секако велиме - трн во окото на некои раководители, кои токму

заради тоа што се работливи, преземливи или затоа што си ги извршуваат совесно

работите или проговоруваат за некои неправилности, биваат казнето со

систематско-психолошко тероризирање“

Мобингот треба да се сфати сериозно, според истражувањата, најчести жртви на

мобинг во земјава се жените, но и вработените во јавниот сектор, особено во

образованието, во здравството, но и во фабриките каде нема добра организација.

Мобингот е трет вид психичко вознемирување, мобингот се повикува на Член 6, кој

што значи дискриминација на работно место и сите казнени одредби кои што важат

за било кој вид дискриминација, важат и за мобингот“

Оваа појава се одвива во подолг временски период. Вознемирувањето и

злоупотребата може да имаат многу сериозни последици за жртвата, но и за

работната средина.

4

Page 5: SEMINARSKA PO MENAЏMENT

Последици на мобингот ?

Последиците од ова несоодветно однесување се стрес, зголемена исцрпеност,

намалување на работните резултати, заболување од хронични болести, депресија,

дијабетес, срцеви заболувања. Најфреквентен проблем претставува

малтретирањето од шефот, изразен преку секојдневно навредување,

омаловажување, преместување на пониско и послабо платено работно место или,

пак, свесно поставување работни задачи за кои работникот не е квалификуван.

ваквото однесување доведува до депресија, несоница, нарушени односи во

семејството и во работната средина, која се отсликува со непродуктивност и

демотивација кај работникот. Токму поради овие причини е потребно да зборуваме

гласно за мобингот. Сериозноста на проблемот налага да се разгледува од повеќе

аспекти: медицински, социопсихолошки, правен, психијатриски... Но, особено е

важно и да се презентира во печатот, со цел да се укаже на проблемот и да се научи

како да се препознае. Бидејќи мобингот може да се спречи преку примарна

превенција, информирање и едукација“, укажува Кекеновска-Павиќ.

Во скандинавските земји се направени истражувања што покажуваат дека

постојат големи варијации во мобинг-однесувањето. Притоа се утврдени неколку

основни категории: нарушена комуникација, критизирање, оневозможување на

личноста да ја изрази својата вистинска природа. Тоа продолжува со нарушени

социјални односи (игнорирање, незабележување, манипулирање со другите), напад

5

Page 6: SEMINARSKA PO MENAЏMENT

на репутацијата, негирање на квалитетот на работата и професионалноста,

омаловажување, напад на здравјето .

Како да се спречи мобингот?

-Отворено разговарајте со лицето што ве злоупотребува за неговото однесување и постапки.

- Бидете љубезни со малтретираното лице, сослушајте го и помогнете му.

- Кажете му на лицето што ве малтретира да престане со своето однесување.

- Не дозволувајте да се вовлечете во мобинг-однесување.

- Пожалете му се на својот претпоставен.

- Во врска со се' можете да ги информирате кадровската служба и управата на компанијата.

- Во случај на психички или физички нарушувања, побарајте совет од психолог, психијатар или доктор.

- Побарајте совет од правник чија специјализација се токму работните односи.

- Тренирајте комуникациски вештини.

- Тренирајте техники на релаксација.

6

Page 7: SEMINARSKA PO MENAЏMENT

Во рамките на програмата е предвидено да се направи обука за обучувачи за

заштита од мобинг, кои потоа ќе ги обучуваат менаџерите што раководат со

човечки ресурси. Потоа се предвидени тркалезни маси и дебати за ова прашање,

пропагандни материјали и брошура со најчесто поставените прашања и одговори за

мобингот.

Истражувачки дел Покрај експлоатацијата на работникот, МОБИНГОТ или психичкото

малтретирање на работно место станува се позачестено во македонските компании.

Над 30 илјади работници минатата година побарале правна заштита од синдикатот.

Ако некогаш Македонија важеше за земја каде се почитуваа работничките права

повеќе од капиталистичките земји, сега работите се поставени обратно. Токму

поради ова, над 31 илјада од македонските работници минатата година побарале

правана заштита од синдикатот, од нив неколку илјади само во Битола.

7

Page 8: SEMINARSKA PO MENAЏMENT

Заклучок

Ова е приказна во к ја нема победници, бидејќи жртвата на крајот ја напушта

работата или станува непродуктивна. За овој проблем не треба да бидат

заинтересирани само жртвите на мобингот туку и сопствениците, менаџерите и

раководителите со човечки ресурси. Затоа е потребно проблемот да им се доближи

и ним. Најголемиот проблем е во тоа што жртвите не се свесни или не сакаат да

говорат за тоа што им се случува и сметаат дека нивниот претпоставен има

позиција на моќ што може да ја злоупотребува. Мобинг-програмата е првиот чекор

кон демистифицирање на проблемот и негово јавно презентирање. Мобингот е

сложена појава која остава големи последици врз психолошкиот живот на

индивидуата, но и врз самата работна организација, од аспект на нарушените

меѓучовечки односи и опаѓањето на продуктивноста. Тука треба да се додаде и

негативното влијание на појавата врз општеството во целина

8

Page 9: SEMINARSKA PO MENAЏMENT

Библиографија

1. http://www.utrinski.com.mk

2. http://www.a1.com.mk

3. http://www.makdenes.org

4. http://www.taratur.com

5. http://www.idividi.com.mk

9