84
1

Sistina Plus br.5

  • Upload
    tom-geo

  • View
    271

  • Download
    15

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Sistina Plus broj 5

Citation preview

Page 1: Sistina Plus br.5

1

Page 2: Sistina Plus br.5

www.sparkasse.mk

Page 3: Sistina Plus br.5

3

PlusМарт 2012 n Број 5 n Бесплатно издание

ЕДИТОРИЈАЛ

Магазинот Плус излегува еднаш во 3 месеци и се дели бесплатно. Информациите имаат едукативен и информативен карактер.Однапред Ви се извинуваме за можните печатни грешки.Сите Ваши коментари во врска со Магазинот Плус или Вашите предлози за содржината на следното издание, испратете ги на: [email protected] Издавач: Орка Холдинг за потребите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Да се биде меѓу најпопуларните брендови во Македонија е успех, но и предизвик за понатамошно успешно функционирање. Епитетот Superbrand е посакувано при-знание за компанија која претендира да

биде сериозен провајдер на здравствени услуги. „Аџибадем Систина“ со право е сместена меѓу нај-добрите бидејќи мисијата и визијата на компанија-та се совпаѓа со генералната мисија и визија на светски реномираната организација – Superbrand, а тоа е квалитетот и сигурноста.

Во текот на минатите 11 години „Аџибадем Систина“ го градеше својот идентитет, чекор по чекор. Дејствувајќи во еден специфичен општест-вен сектор „Аџибадем Систина“ успеа да исполни една од главните одлики на „бренд“ во вистинска смисла на зборот, а тоа е довербата на клиенти-те. Пионерските инвестиции во здравството, вло-жувањето во професионален медицински кадар и воведувањето услуги кои досега беа недостапни кај нас и во регионот ја зголемија атрактивноста и препознатливоста на нашиот бренд. Благода-рение на заложбите на болницата - пациентот се-когаш да биде во фокусот на вниманието, денес „Аџибадем Систина“ претставува гордост за маке-донското општество и синоним за квалитет, сигур-ност и безбедност.

Големината на сите нас, како дел од „Аџиба-дем Систина“, е во тоа што успеавме да станеме

големо сложно семејство кое успеа да создаде слика на една успешна здравствена организација која умее да води грижа за своите пациенти.

Партнерството со „Аџибадем Систина“, нај-влијателната здравствена групација во Југоисточ-на Европа, уште повеќе го зголеми позитивниот ефект кој брендот „Аџибадем Систина“ го ужива кај пациентите. Позитивните искуства и поддрш-ката од партнерот „Аџибадем Систина “ дадоа по-себен акцент во искрената намера на болницата да обезбеди професионална здравствена грижа за своите клиенти.

Признанието Superbrand претставува мотив и сатисфакција за целиот тим на Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Ваквата позиција ќе ја иско-ристиме во насока на понатамошно промовирање на нашиот бренд. Развојните планови на „Аџиба-дем Систина“ се насочени кон проширување на капацитетите и освојување на регионот, а ваквите признанија дополнително ни потврдуваат дека до-несуваме вистинска одлука.

Ви благодариме на довербата, го споделуваме успешното работење со Вас и продолжуваме заед-но во годината што следи со уште поголеми предизвици, планови и успеси.

ДОВЕРБАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ ГОСОЗДАДЕ БРЕНДОТ„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Со почитЈордан КАМЧЕВ

Главен извршен директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Page 4: Sistina Plus br.5

д-р Ирина Тоновска

Дипломирала во 2004 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршила во 2009 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Тоновска моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

д-р Илија Мостров

Дипломирал во 1986 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација

по општа хирургија завршил во 1997 година на Медицинскиот факултет во

Скопје. Супспецијализација по пластична и реконструктивна

хирургија завршил во 2001 година на истиот факултет. Д-р Мостров моментално работи во

Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

д-р м-р Тони Јосифовски

Дипломирал во 1985 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил во 1992 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Супспецијализација по дигестивна хирургија завршил во 2008 година. Магистерски студии завршил во 2006 година. Д-р Јосифовски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u

u

д-р Александар Мицковски

Дипломирал во 2002 година на Медицинскиот

факултет во Скопје. Специјализација по

урологија завршил во 2008 година на

Медицинскиот факултет во Скопје.Д-р Мицковски

моментално работи во Клиничката болница

„Аџибадем Систина“.

u

u

проф. д-р Салис Таџер

Дипломирал во 1978 год. на Меди-цинскиот факултет во Љубљана,

Словенија. Специјализација по кардио и торакална хирургија

завршил во 1993 година на Сак-лер медицинскиот факултет, на

Универзитетот во Тел Авив. Супс-пецијализација во областа на

адултна хирургија завршил на ис-тиот универзитет. Проф.д-р Таџер моментално работи во Клиничката

болница „Аџибадем Систина”.

u

СОРАБОТНИЦИ

u

прим. д-р Љупчо Стојковски

Дипломирал во1985 год. на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил

во 1994 година на Медицин-скиот факултет во Скопје.

Супспецијализација по не-фрологија завршил во 2006 година на истиот факултет. Д-р Стојковски моментално

работи во Клиничката болни-ца „Аџибадем Систина”.

Page 5: Sistina Plus br.5

5

проф.д-р Јордан Савески

Дипломирал во 1969 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил 1975 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Докторирал во 1983 година на истиот факултет. Проф. д-р Савевски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

д-р Александар Лазаревски

Дипломирал во 1997 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по оториноларингологија завршил во 2003 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Лазаревски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u

д-р Милчо Демерџиев

Дипломирал во 1985 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по неврологија завршил во 1993 година на Медицинскиот факултет во Скопје.Д-р Демерџиев моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

проф. д-р Васко Василевски

Дипломирал во 1972 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 1979 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Супспецијализација по гастроентерохепатологија завршил во 1998 година на истиот факултет. Докторирал во 1986 година на Медицинскиот факултет во Скопје.Проф.д-р Василевски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

проф д-р Селчук Пекер

Медицински Факултет и спе-цијализација во областа на неврохирургијата завршил на Хаџетепе Универзитетот. Д-р Пе-кер специјализација за примена на Гама Нож методата завршил на Универзитетот во Питсбург, во САД.Д-р Пекер моментално е вработен во Групацијата за Зд-раствени услуги „Аџибадем“.

u

uд-р Леонардо КамењарскиДипломирал во 1979 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по педијатрија завршил во 1991 година на Медицинскиот факултет во Скопје.Д-р Камењарски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

д-р Емилија Вељаноска –Мариноска

Дипломирала во 2001 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација

по анестезиологија завршила 2008 година на Медицинскиот

факултет во Скопје. Д-р Мариноска моментално

работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

u

u

u

u

Page 6: Sistina Plus br.5

Д-р Станка Танчева Крстевска

Дипломирала во 2000 година на Медицинскиот

факултет во Скопје. Специјализација по

педијатрија завршила на Медицинскиот факултет

во Скопје. Д-р Танчева моментално работи во

Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

СОРАБОТНИЦИ

u

u

д-р Ален Јовчевски Дипломирал во 1998 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија завршил во 2005 година на Медицинскиот факултет во Скопје. Д-р Јовчевски моментално работи во Клиничката болница „Аџибадем Систина”

uд-р Сенчо Нетков

Дипломирал во 1989 годи-на на Медицинскиот фа-култет во Скопје.Специја-лизација по радиологија завршил во 1996 година на истиот факултет. Д-р Нетков моментално рабо-ти во Клиничката болница „Аџибадем Систина”.

Page 7: Sistina Plus br.5

7

Page 8: Sistina Plus br.5
Page 9: Sistina Plus br.5

9

СОДРЖИНА

20

ПРОФИЛ д-р Сенчо Нетков

ЖИВЕЕ ВО „ ХАРЕМ“ СО ТРИ ЖЕНИ , ЉУБИТЕЛ Е НА ЕГЗОТИЧНИ ЗЕМЈИ, А СВОЈОТ СОН ГО ОСТВАРИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

10 НОВОСТИ

РЕГИОНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА ПОД

КОНТРОЛА НА УЛТРАЗВУК

МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНА

КАРДИОХИРУРГИЈА ВО „АЏИБАДЕМ

СИСТИНА“

ВРАТЕТЕ СЕ ВО ТОП ФОРМАПОЧНЕТЕ ДА ТРЧАТЕ 68

ТЕМАКАРЦИНОМ

НА

ДЕБЕЛОТО

ЦРЕВО

38

ЖИВОТ

Д-Р ЈОСИФОВСКИ МИ ПОДАРИ ВТОР ЖИВОТ 34

ПОБЛИСКУ СО СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ

УСПЕХОТ ГО ДОЛЖАМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

МЕТЕОРОПАТИЈА –БОЛЕСТ НА СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО 22

66

39-годишната Шермин Тефиковска живее втор живот. Една „рутинска” операција на камен во жолчката за малку ќе завршела фатално. Во тие критични моменти додека се борела за живот, докторите му посочиле на семејството да бара помош во Грција и во Словенија. Но нејзиниот сопруг одлучил Шермин да ја довери на д-р Јосифовски. Токму ваквата одлука ѝ го спасила животот.

СО ЧАША ВИНО ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ 72

Page 10: Sistina Plus br.5

Изабела е електроинженер, а Сенчо радиолог. Дваесет години заедно ја пишуваат својата среќна семејна приказна. Тука се и нивните две ќерки, 20-годишната Мина и 4 години помалата Кала. Неговиот најголем сон се остварил во Клиничката болница „Аџибадем Систина“,каде по години „талкање“ го нашол своето место под сонцето. Во пријатна атмосфера, со кафе и „Захер торта” во семејната куќа во Тафталиџе за списанието Систина Плус ја раскажаа

својата семејна приказна. Недостигаше само постарата ќерка Мина, која моментално е на студии во Холандија

ПРОФИЛСенчо НЕТКОВ

Еден маж во „харем“ со 3 прекрасни жени. Вака ше-говито го објаснува своето семејство д-р Сенчо Не-тков, шеф на Одделот за

радиологија во Клиничката болни-ца „Аџибадем Систина“. Дваесет години е во брак со својата жи-вотна сопатничка сопругата Иза-бела, или како што ја нарекуваат блиските, Беба. Изабела работи како електроинженер во компа-нијата МЕПСО. Двајцата се горди родители на своите две принцези, Мина и Кала. Живеат во прекрасна-та семејна куќа во Тафталиџе која ја изградиле заедно.

ОД СУДЕНОТО НЕ СЕ БЕГА

Нивната љубовна приказна поч-нува со поговорката „од суденото не се бега“. Се познаваат многу одамна. И двајцата имале симпатии еден кон друг уште во средношкол-ските денови, но поради сплет на околности нивната љубов ќе се ос-твари дури по десетина години.

„Со Сенчо се знаеме како сред-ношколци, но не можевме да се по-годиме. Кога јас му се допаѓав имав момче, потоа кога тој мене ми се допаѓаше тој,пак, имаше девојка. По неколку години нѐ запозна една наша заедничка пријателка. Прв-пат официјално како двојка изле-говме на неговата дипломска која ја нарековме „Ловечки бал“ би-дејќи и неговата сестра и зет токму на тој ден се запознаа“, раскажува Изабела за почетоците на нивната љубовна приказна.

По една и пол година одлучи-ле да се венчаат. Набргу потоа се родила првата ќерка Мина, а по не-колку години на свет дошла и Кала. Во тоа време д-р Нетков бил на специјализација. Но и подоцна по-ради ангажманите како радиолог, Беба ги преземала сите домаш-ни обврски и одгледувањето на двете ќерки . Таа вели дека била свесна за жи-вотот со доктор и тоа го прифатила.

„Бев свесна за неговите работни обврски и тоа го прифатив уште на почетокот. Сенчо постојано беше на работа, но, за среќа, мојата ра-бота е до 16 часот па имав време да се грижам околу до-

машните обврски и одгледувањето на децата“, објаснува Изабела за животот со доктор .

Но да не се сфати погрешно, д-р Нетков ни појасни дека е голем домаќин. Ни раскажа дека уште од мал знаел да ги извршува домашни-те работи. Но како поминувало вре-мето и како растеле неговите обвр-ски сега повеќе е банкар, главен за домашните финансии.

„Уште како мал ѝ помагав на

мајка ми, да зачистам, да вклучам правосмукалка и да испазарам. Од тоа денеска остана пазарењето, но знам да ги изненадам од време на време со некој специјалитет кој сам го подготвувам. Секој рецепт што го подготвувам е лично мој изум. Никогаш не користам готвач за да направам некое јадење“, објасну-ва д-р Нетков за своите готварски вештини кои едногласно ги потвр-дија Изабела и Кала.

ПОСТОЈАНО МОРАВ ДА СЕ ДОКАЖУВАМ

БИДЕЈЌИ БЕВ СИН НА

ДОКТОР

Во семејството на Сенчо сите се доктори. Негови-от татко бил рен-дгенолог, а мајка му и сестра му се специјалисти по физикална меди-цина. Откако за-вршил медицина Сенчо сакал да биде хирург или гинеколог. Но по-ради политичката состојба на поче-токот на осумде-сеттите години, решил привреме-но да волонтира

ЖИВЕЕ ВО „ ХАРЕМ“ СО ТРИ ЖЕНИ , ЉУБИТЕЛ Е НА ЕГЗОТИЧНИ ЗЕМЈИ,

А СВОЈОТ СОН ГО ОСТВАРИ ВО„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Page 11: Sistina Plus br.5

1111

Page 12: Sistina Plus br.5

тоа време тој бил асистент на три факултета и шеф на два оддела, со добра позиција и можност за на-предувања, но Сенчо го прифатил предизвикот и си заминал од Исти-тутот за радиологија.

„Да беше жив татко ми ќе се онесвестеше. Ама мене ми зовре крвта, имаше повеќе од 20 док-тори, сите исто платени а сите не работат исто.Тие најмалку што ра-ботеа имаа најмногу привилегии. Додека сите трчаа да работат на клиника, јас ја напуштив. Ме напра-вија будала зошто розовата иднина во државниот сектор само што не дошла. Ме прашуваа дали ми е за пари. Но проблемот не беа парите туку не се вреднуваше подеднакво работата. Навистина многу рабо-тев, најмал бев и сѐ во втора смена одев, со години беше така“ ,раска-жува д-р Нетков, кој бил меѓу први-те доктори кои го напуштиле јавно-то здравство.

Но по години потрага тој, ко-нечно, ќе ја добие шансата која цел живот ја чекал. Добил понуда за работа во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Бил вклучен во изградбата на Одделот за ради-ологија. Заедно со архитектите и

на Институтот за радиологија, каде работел неговиот татко.

„Во тоа време беше тешко да те примат на работа, постоеја соција-листички акции, други одлучуваа кои да одат на гинекологија кои на хирургија. Тогаш татко ми ми рече да не седам дома и се договорив-ме да волонтирам на рендген“, рас-кажува Нетков за почетоците на својата кариера како лекар.

Но место привилегии Сенчо се соочува со големи пречки. Како син на доктор тој морал постојано да се труди и да го докажува свое-то знаење. Бил прифатен со отпор од другите вработени кои, како што вели, имале „аверзија“ кон деца на доктори. Но тука не завршува не-говата потрага по свое место под сонцето. Во 2001 година добил по-нуда да работи во Кувајт во една државна болница, за што било по-требно одобрение од кувајтскиот министер за здравство.

„Уште ги чувам документите, сите ми се преведени на арапски јазик. Добив и потпис од тамош-ниот министер за здравство, но се случи војната во Македонија и не успеав да заминам. Но не застанав овде. Барав постојано бидејќи бев разочаран многу од состојбите во нашето здравство, сите не работеа, а бевме ставени во ист кош и исто вреднувани. Добив понуда од една болница од Солун, ги подготвив документите, но и од тоа ништо не бидна бидејќи во дипломата пишу-ваше Р Македонија“, се потсетува Сенчо на времето кога сакал да за-мине од земјава.

ДА БЕШЕ ЖИВ ТАТКО МИ ЌЕ СЕ ОНЕСВЕСТЕШЕ

Во 2004 година Сенчо добил понуда од приватна болница. Во

искуството што го имал при посета-та на големите европски медицин-ски центри го проектирал одделот каде денеска работи како шеф.

„Со господинот Јордан Камчев за првпат се сретнавме во 2007 го-дина. На негова иницијатива бев поканет на прославата по повод седум години постоење на гинеко-лошката болница „Мала Богороди-ца“. Тогаш и за првпат го презенти-раа проектот и идејата за „Аџиба-дем Систина“, и почнаа преговори-те. Првпат имав одврзани раце да го применам тоа што знам и што умеам да го работам. Ми беше да-дена целосна слобода од проектот на одделот до негова реализација. Ги набавивме најдобрите апарати, кои се последен збор на медици-ната. Можам со гордост да кажам дека „Аџибадем Систина“ и сето она што го има во болницата од стручен тим и опрема може да па-рира и на најголемите медицински центри во Европа“, раскажува д-р Нетков за условите во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

ГОРДИ РОДИТЕЛИ НА СВОИТЕ ДВЕ ПРИНЦЕЗИ

Сенчо и Изабела велат дека се горди родители на своите две ќерки, за кои доктор Нетков при-знава дека е најзаслужна неговата сопруга. Сенчо отсекогаш поса-кувал да има ќерки, и покрај тоа што ќе нема кој да му го продолжи презимето. Среќен е во својот „ха-рем“ со три жени. За разлика од него, Изабела, пак, навалувала за момче .

„Разочарување за мене беше првиот пат, сакав машко но не ис-падна, си реков второто ќе биде машко, но кога се роди Кала пов-торно се разочарав“, раскажува

ПРОФИЛСенчо НЕТКОВ

ИМЕТО СЕНЧО ГО НАСЛЕДИЛ ОД ДЕДО МУ

„Крстен сум по мојот дедо. Инаку, дедо ми минувал низ многу периоди од историјата на Македонија. Па така за време на српската окупација бил Ак-сентије Нетковиќ, за време на бугарската окупација бил Асен Нетков и од 1946 година е Сен-чо Нетков“, раскажува Сенчо за своето ретко име кое го носат само тројца луѓе во Македонија.

Page 13: Sistina Plus br.5

13

Избела, која сега вели дека е нај-среќната мајка на светот со своите две ќерки.

И Мина и Кала повеќе личат на Изабела. Но и двете се одлучни да бидат наследници на Сенчо и еден ден да станат лекари. Прва на ваков чекор се одлучила Мина. Таа како стипендистка на Фонда-цијата „Борис Трајковски“ завр-шила средно образование во при-ватна гимназија. Многубројните успеси и напорното учење ѝ ги от-вориле вратите на најпрестижните универзитети во светот. На крајот се одлучила своето школување да го продолжи во Холандија, во Гро-нинген, кој е еден од првите 100 универзитети во светот.

„Гронинген е 250 километри северно од Амстердам и е еден од најпрестижните универзитети во светот кој има дадено многу нобе-ловци. Мина отиде да полага таму и успеа да влезе меѓу 80 студенти од целиот свет. Една година сту-дии на овој универзитет чини око-лу 32 илјади евра. Но таа успеа да добие стипендија од Владата на Р Македонија за студенти кои се за-пишани во првите 100 универзите-ти во светот. Претходно конкури-раше уште на 11 универзитети во САД, на 10 ја примија. Конкурира-ше и ја примија и на универзитетот во Виена, иако знае одлично гер-мански ѝ беше напорно да студира 6 години на тој јазик“ –раскажува Изабела за успесите на својата ќерка Мина, која моментално е на студии во Холандија.

Кала е прва година гимназија. Иако уште не се одлучила каде да студира, сепак, потајно навестува дека и нејзин избор ќе биде про-фесијатата на Сенчо.

“Јас бев голем противник мои-те ќерки да студираат медицина. Зошто знам и по себе дека оваа професија бара многу труд, многу жртвување, но, сепак, на крајот ос-тавив сами да се одлучат. За раз-лика од некои родители кои имаат проблеми со децата кои не учат јас имав друг проблем, да ги тргнам од книгата. Мина и Кала учествуваа во многу вонучилиштни активности и имаат многу освоени први и втори места во државни натпревари по математика и физика“, објаснува д-р Нетков, кој вели дека е либера-лен татко и неговите ќерки го жи-веат животот на нивните врсници.

МЕДЕНО ПАТУВАЊЕ

ВО ВЕНЕЦИЈА

Неткови имаат една традиција. За секој брачен јубилеј да отпа-туваат на меден месец. За десет-годишнината биле на романтично патување во Италија и прошетале низ Рим, Милано и Фиренца. За дваесетгодишнината одлучиле да одат во Венеција. Иако Сенчо е љубител на егзотичните земји, се-пак, во одлуката предност ѝ дал на

Беба.„Јас сум љубител на егзотични-

те земји како Мексико и Куба. Но Беба сакаше тоа да биде Венеција. Иако 20 години брак славевме во септември минатата година, меде-ното патување сѐ уште не сме го реализирале поради обврските. Затоа планираме да одиме оваа пролет“, објаснува Сенчо.

САКАВ ДА БИДАМ ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР

Беба отсекогаш сакала да биде електроинженер. Работи во ди-спечерскиот центар за кој вели е „сржта и срцето “ на електроене-ргетскиот систем во Македонија.

„Го работам тоа што отсеко-гаш сум го сакала. Како најдобар ученик во петто одделение во ин-тервју за еден весник кога ме пра-

шаа што сакам да бидам јас кажав електроинженер“, се присетува Беба, која уште во школските де-нови била одлучна дека ќе го на-следи својот татко.

Но и Сенчо имал желба да ста-не електроинженер. Физиката му одела одлично, но малку „загла-вувал“ со математиката. Објасну-ва дека радиологијата има многу допирни точки со неговата прва желба.

„Имам многу допирни точки со техника. Радиологијата е един-ствена медицинска гранка која најмногу напреднала во послед-ниве 30 години благодарение на напредокот на техниката. Со ком-пјутерска томографија и магнетна резонанца и со новите софтверски решенија сега имате тродимензио-нален приказ на целото човечко тело“-раскажува д-р Нетков

Page 14: Sistina Plus br.5
Page 15: Sistina Plus br.5

15

ако пациент стацио-ниран на Одделот за кардиологија и интерна медицина во Клиничката болница

„Аџибадем Систина“ водејќи се од мојата искрена желба и резултати-те од лекувањето го пишувам ова писмо со цел да ја доловам про-фесионалноста и третманот кој го добив за време на болничкиот престој во неа. Во моментот кога морав да се одлучам кому ќе го доверам моето лекување без раз-мислување одлуката ја донесов за Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Соочен со неизвесност, надежта дека ќе ја надминам констатираната состојба беше огромна со оглед на вербата кон медицинскиот тим на чело со д-р Милчо Демерџиев. И покрај пре-тпоставките на докторите дека позитивните промени ќе настапат за околу 6 месеци, благодарение на оптимистичкиот став кон жи-вотот, желбата за подобрување и вербата во луѓето кои беа околу мене, мојата здравствена состојба се подобруваше уште во први-от месец. Особено сакам да ја истакнам улогата на физиотера-певтскиот тим заедно со Димитар Андреев, во моето закрепнување. Покрај позитивната и непроценли-ва поддршка на моето семејство и мојот пријател проф. д-р Владо Ѓеорѓиев, во прилог на влијанието на правилната одлука за моето лекување би изнел и:

- Во Клиничката болница „Аџи-бадем Систина“ се добива најпро-фесионалниот лекарски третман и етички модерен пристап;

- Постои конзилијарен пристап при донесување на секоја пона-тамошна одлука, пред сè на тера-певтскиот дел и секој друг поната-мошен третман и

- Пристапот на медицински-те сестри (во три смени), како и техничкиот персонал е само уште еден позитивен доказ како се пра-ви медицински бренд од приватна болница.

Без никаква преценетост и по-сакувам на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ да го добие приматот на балкански бренд, а со ваков лекарски тим, кој несе-бично се бори за секој човечки живот, не се сомневам во тоа. Затоа на мојот медицински тим во целост му посакувам да продолжи со овој тренд на работа и да го прошири капацитетот и во други медицински области кои досега не се застапени. Искрено благо-дарам за сè што сторивте за мене и за моето здравје.

Со почит,Тодор Тодоровски

ЖИВОТОтворено писмо

KBlagodaram za se [to storivte za mene

Page 16: Sistina Plus br.5

ВЕСТИ Аџибадем Систина

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и компанијата „Орка Спорт“ потпишаа договор со Ракометната федерација на Мекедонија. Овие реномирани компании во наредните две години ќе партиципираат во активностите на Ракометната федерација, во интерес

на врвниот спорт во Македонија. На репрезентативците ќе им се овозможи врвна здрав-ствена заштита и спортска опрема од светскиот производител Ли- Нинг (Li- Ning).

ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ

Клиничката болница „Аџиба-

дем Систина“ е избрана во друштвото на

најсилните ком-пании на македонски-

от пазар. Повеќе од 12.000 потрошувачи и внимателно одбрани експерти ја прогла-сија „Аџибадем Систина“ за лидер во својата категорија врз основа на критериуми-те за квалитет, сигурност, различност и емотивна привлечност, како главни меѓународни страндарди на Супербрендс (Superbrands). Изборот за препознатливата пазарна марка супербрендс го организира и надгледува меѓународната организа-ција Супербрендс, како гло-бален авторитет во сферата на брендингот.

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ прогласена за супербренд 2011/2012 на Македонија

Page 17: Sistina Plus br.5

17

На 20 декември 2011 година компанијата „Орка Холдинг“ ја основа Фондацијата „Илија Камчев“, која го носи името на

основачот на оваа високореномирана компа-нија. Целта на Фондацијата е по пат на стипен-

дирање да помогне во создавањето нови тимови специјалисти од областите кои се дефицитарни во Македонија, давајќи ѝ на почетокот приоритет на кардиохирургијата. Во првите 5 години Фондација-

та ќе ги стипендира следните специјализации: кар-диохирургија, кардиохируршка анестезиологија, педијатриска кардиохирургија и педијатриска кар-диохируршка анестезиологија. За таа цел секоја година Фондацијата „Илија Камчев“ ќе издвојува 50 000 евра наменети за стипендирање на двајца спе-цијалисти. Стипендистите ќе имаат привилегија кар-диохируршката специјализација да ја реализираат во светски реномираните медицински центри.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, за првпат во регионов е направена операција на отворено срце со ми-нимален инванзивен пристап. Кардиохирургот проф.д-р

Салис Таџер и тимот на лекари од Одделот за кардиохирургија пре-ку мал отвор направија корекција на митрален залисток. Ова претставу-ва ендоскопска операција на отворено срце, која е сериозен хируршки зафат, за кој е потребен искусен тим на лекари. Проф.д-р Салис Таџер претходно има долгогодишно искуство со овие интервенции кои на Бал-канот се изведуваат само во Клиничкиот центар во Љубљана.

ОСНОВАЊЕ НА ФОНДАЦИЈА „ИЛИЈА КАМЧЕВ“

Новини во кардиохирургијата

Page 18: Sistina Plus br.5
Page 19: Sistina Plus br.5

19

Page 20: Sistina Plus br.5

Главоболки

Интернационалната асо-цијација за главоболки ги дели главоболките на примарни и секундарни. Примарните главобол-

ки се состојби каде главоболките и придружните симптоми се рас-тројства сами по себе, додека се-кундарните главоболки се јавуваат како резултат на друго основно за-болување. Во групата на примар-ни главоболки спаѓа и мигрената.Таа е втора по честота од групата на примарни главоболки (на прво место се тензионите главоболки, т.е. болки што се јавуваат поради напрегање на одредена група мус-

кули). Во групата на примарни гла-воболки околу 21 процент отпаѓаат на мигренозните главоболки (15 проценти жени и 6 проценти мажи). Мигрената се вбројува во групата на васкуларни главоболки.

ВИДОВИ МИГРЕНИ

Мигрените се делат на обични (класични) и комплицирани. Кла-сичната мигрена може да биде со аура каде на класичниот напад на главоболка му претходат знаци кои го навестуваат нападот. Тоа нај-

често се: појава на светкање, црни точки на окото на страната каде ќе се јави нападот, може да има и сте-гање, здрвување на лицето на таа страна. По овие предзнаци наста-нува нападот на главоболка. Кај обичната мигрена ги нема предз-наците, туку главоболките се един-ствениот симптом.

СИМПТОМИ НА МИГРЕНА

Епизодите на главоболка траат 4-72 часа. Главоболките се на по-

Мигрената е една од најчестите видови главоболки која се јавува периодично. Истражувањата покажуваат дека од овој вид главоболка страда 20 проценти од популацијата. Честотата е различна во различ-ни климатски делови, а зависи од возраста, полот и начинот на живот. Во детството и кај лицата во трето доба е ретка. Кај жените мигрената

се јавува два до трипати почесто отколку кај мажите.

ЗДРАВЈЕ

ПРЕПОЗНАЈТЕ ЈА Подготви д-р. Милчо Демерџиев -невролог

Page 21: Sistina Plus br.5

21

ловина глава и се пулсирачки по карактер, со различен интензитет (од средна до многу силна болка), но во секој случај ги отежнуваат или комплетно ги оневозможуваат секојдневните активности. Главо-болката се потенцира при физички напор. За време на главоболката најчесто се јавуваат мачнини со на-гон за повраќање или повраќање. На пациентите им пречат: бучава, светло, а поретко појаки мириси. Имаат и придружни симптоми од автономниот нервен систем како што се: потење, бледило, тахикар-дија, стомачна болка, пролив, за-честено мокрење.

ПРИЧИНИ ЗА МИГРЕНОЗНИ НАПАДИ

Голем број фактори може да ја предизвикаат мигрената. Тоа се најчесто: брзи атмосферски про-мени, менструален циклус, јако светло, долг одмор или спиење (неделна мигрена или мигрена на одмор), ментален стрес (одговорна работа, напорна и долга ментална работа, невозможност да се одго-вори на преголемите поставени за-

дачи и слично).Исто така и одредени видови

храна можат да предизвикаат на-пади. Тоа се најчесто некои видо-ви сирења (кои содржат тирамин), месо и месни преработки (салами, сланини, виршли кои содржат ни-трити), како и храна која содржи

адитиви за промена на вкус.

ВИДОВИ НАКОМПЛИЦИРАНА МИГРЕНА

Кај комплицираната мигрена настапот на главоболка е можеби најлесниот симптом. Од овие типо-ви мигрена најчести се:

• Офталмоплегична - се јавува-ат парези или парализи на очните нерви со парализа на зеницата;

• Migrena acompagnie (здру-жена мигрена) - напад на мигрена придружен со изгубен осет, мотор-на слабост, губиток на говор;

• Мигрена со вртоглавици;• Мигрена со Џексонови епилеп-

тични напади;• Стомачна мигренаМигрената претставува голем

здравствен, социјален и економ-ски проблем бидејќи овие пациен-ти покрај тоа што имаат сопствен здравствен проблем, за време на напад им е нарушен и социјалниот живот, а покрај средствата што се трошат за нивно лекување, големи средства се губат и поради изгубе-ни или непродуктивни работни ча-сови, боледувања и сл.

ДИЈАГНОЗА И ЛЕКУВАЊЕ

Не постои специфичен тест. Дијагнозата се поставува врз ос-нова на описот на тегобите, чес-тотата, дистрибуцијата на болки-те и врз база на исклучување на други состојби (ЕЕГ, КТМ, МРИ треба да се нормални).

Терапијата оди во два правци:1. Кај поретки напади се ре-

шава самиот напад со симпто-матска терапија ( антиревматици, аналгетици, лекови против по-враќање и сл.)

2. Кај честите напади се оди со превентивна терапија т.е. лекови-те се пијат неколку месеци конти-нуирано за да не дојде до напад. Лекови што најчесто се приме-нуваат се: бета блокатори, антие-пилептици и антидепресиви.

МИГРЕНАТА

Page 22: Sistina Plus br.5

АКТУЕЛНО МЕТЕОРОПАТИЈА

Помните ли кога вашите баби и дедовци се жалеа на главоболка, болки во коските и зглобовите по-ради промена на време-

то? Денеска речиси сите реагираме на неповолните временски влија-нија. Сведоци сме на нагли климат-ски промени кога температурата во текот на едно деноноќие се менува за 15 - 20 степени. Пролетта и ес-ента траат неколку денови, или во-општо ги нема , па од зима директ-но влетуваме во лето и обратно.

ВРЕМЕТО СИЛНО ВЛИЈАЕ

Електромагнетните бранови кои се создаваат во атмосферата секо-гаш кога времето се менува влијаат на нашиот организам. Наглите про-мени на температурата, притисокот и влажноста на воздухот го оптова-руваат организмот.

Но покрај електромагнетните бранови, климатските промени,

МЕТЕОРОПАТИЈА –БОЛЕСТ НА СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО

Сонцето ве исцрпува,

ветерот раз-дразнува, а дождот

ве фрла во депресија.

Ако временските промени имаат влијание на ва-

шето расположе-ние или здравје,

тогаш вие сте метеоропат. Иако

најзагрозени се лицата во средно

доба, особе-но жените,

метеоро-патијата ги

погодува сите категории, од

најмладите до најстарите. Статистич-

ките податоци пока-жуваат дека дури половина од популацијата во Средна

Европа е засегната од временските влијанија.

Експертите предупредуваат дека осетливоста на вре-

менските промени може да стане најчеста болест на мо-

дерното опшество.

како и неможноста човековиот ор-ганизам брзо да се прилагоди на овие промени, една од важните причини за појава на сѐ поголем број метеоропати е и современиот начин на живеење. Научниците сме-таат дека современото живеење, кое во најголем дел од денот се одвива во затворени простории, ја намалува способноста на органи-змот за природно прилагодување

на различните временски услови. Доколку малку време поминуваме на отворено и во природа, нашиот организам потешко се прилагодува на промените, и ние тоа го чувству-ваме.

СИМПТОМИ НА МЕТЕОРОПАТИЈА

Постојат две групи метеоропа-ти. Во првата спаѓаат лицата кои

БИОМЕТЕОРОЛОГИЈА

Од неодамна развиена е нова гранка на метео-рологијата –биометеорологија која го истражува влијанието на временските услови врз луѓето, жи-вотните и растенијата. Биометеоролошката прог-ноза ги опишува метеоролошките состојби и ги најавува временските промени кои би биле непо-волни за метеоропатите. Целта на биопрогнозата е навреме да ги предупреди лицата осетливи на неповолни временски влијанија за на време да ги спречат здравствените проблеми.

Page 23: Sistina Plus br.5

23

забрзана работа на срцето, чувство на срце-биење или зголемување на крвниот притисок.

КАКО ДА ГИ НАМАЛИТЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ВРЕМЕНСКИТЕ ПРОМЕНИ

• Сите хронично болни тре-ба секојдневно да ја следат биоме-теролошката прогноза и редовно да ја земаат препишаната терапија. Доколку им се влоши здравствена-та состојба, треба веднаш да се ја-ват на лекар.

• Поминувајте повеќе време на отворено. Секој слободен ден искористете го за прошетка над-вор од домот или работното место, на чист воздух, без разлика на вре-

менските услови.• Секојдневно вежбајте нај-

малку половина час.• Метеоропатите не треба да

претеруваат со земање лекови за да ги ублажат тегобите. Најдобро е да користат чаеви од камилица, нане или маточина.

• Хранете се здраво. Секој ден во вашиот оброк да преовладу-ва овошје и зеленчук. Еден од на-чините да ги намалите последиците од временските промени е да пиете поголеми количини вода и доволно да спиете.

• И за крај: Не дозволувајте погледот на „сивото небо“ да ви го расипе расположението бидејќи утре е нов ден, кога сонцето ќе ви ја огрее душата.

немаат здравствени про-блеми, а при промена на времето чувствуваат општа слабост и болки во одреде-ни делови на телото. Во втората група спаѓаат лицата кои веќе има-ат хронично з а б о л у в а њ е , како висок кр-вен притисок, срцеви пробле-ми, дијабетичари, луѓе со проблеми во мускулите и во коските. Кога се мену-ва времето тегобите кај овие лица се влошуваат.

Најчести симптоми кои ги чувствуваат метеоропатите се гла-воболка, потиштеност и непријат-на болка во коските и во зглобови-те. Некои од нив според сигналите што ги добиваат од телото можат да предвидат промени на времето.

Симптомите кај метеоропатите можеме да ги поделиме во три гру-пи:

-Психички: замор, нагли проме-ни на расположението, намалена концентрација, безволност, раз-дразливост, апатија и нарушување на сонот.

-Физички: главоболка, мигрена, мачнина, вртоглавица , несвестица, ревматски болки, болки во делови на телото каде претходно имале повреда.

-Влошување на срцевите тегоби:

ХПВ (Human Papilloma Virus) се пренесува по сексуален пат и од него се инфицираат како мажите така и жените. И додека кај машкиот пол ретко предизвикуваат посериозни проблеми, кај жените, во 99,7% од дијагностицираните карциноми е докажано присуството на високо ризичен ХПВ. Инфицираните лица скоро и да немаат никакви симптоми и затоа ХПВ најчесто се открива случајно при гинеколошки преглед. Со ПАП тест и при колпоскопија се поставува сомнеж за инфекција, за да потоа со тест за типизација на ХПВ од брис или биоптички материјал се потврди дијагнозата. Инфекцијата со ХПВ ги погодува сите старосни групи, но најчесто ќе поминат години додека се појават првите симптоми на сериозни последици како што е појавата на карцином.

Најважната нишка при третирање на ваков тип на инфекции секако претставува зајакнување на имунолошкиот систем. И тука доаѓа Биобренот - најсилен досега познат природен имуностимулатор и имуномодулатор кој претставува сложен полисахариден синџир (Arabinoxilan complex), добиен при делумна хидролиза на органски одгледани оризови влакна со помош на ензими од шитаке печурки, од производителот Daiwa Pharmaceutical co. од Јапонија.

Посебноста на Биобрен, кој го привлече вниманието на светската здравствена јавност, е дека ја стимулира и засилува работата на НК (Natural killer) како и на Т и Б- лимфоцитите.

Испитувањата покажуваат дека доколку Биобрен МГН-3, редовно се користи во исхраната (најмалку 3 месеци при терапија на ХПВ), ефектот на јакнење на имунитетот трае пролонгирано и по подолг временски

период што не е случај со други имуностимулатори. Примената започнува со високи ударни дози од 1-2грама, да по 1 - 3 месеци се премине на помали дози (0,5грама) т.е дози на одржување. Брзината на постигувањето на пикот на НК-активноста зависи од пропишаната дневна доза (со повисоки дози овој врв на активност се постигнува побргу - за 2- 4 недели). По 3 месечна примена се прават контролни тестови за ХПВ, а потоа се продолжува со дози на одржување. Светските искуства а и нашите, го потврдуваат како извонреден антивирусен производ. Единствената молекуларна структура го детерминира како незаменлив додаток во исхраната. Лесно се апсорбира во дигестивниот тракт, сосема е природен и нетоксичен, со клинички докажан квалитет.

Со соодветна заштита при сексуални односи, намалување на стресот, пушењето, алкохолот, со правилна исхрана и редуцирање на др. предиспонирачки фактори кои не прават поподложни на ХПВ инфекции, ќе придонесеме за намалување на преваленцата на заболени од карцином кај женската популација. Но и покрај ова, Биобренот е тој што ќе помогне да го зајакнете вашиот имунитет при што организмот соодветно ќе одговори на нападот на ХПВ кој доаѓа неосетно и опстојува назабележливо. Научниот пристап и многубројните клинички студии и истражувања, го издвојуваат Биобрен МГН-3 од навидум слични производи. Овој најсилен досега познат од природните или синтетски имуностимулатори и имуномодулатори, се препорачува како додаток во исхраната при вирусни инфекции (HPV, Hepatitis B,C, Herpes zoster, AIDS), малигни заболувања - во комбинација со класични

медицински третмани, при чести бактериски како и при воспалителни процеси, и др. Но секако најважна е примената за одржување на организмот во добра општа здравствена состојба преку поткревање на имунитетот и негово одржување во оптимална состојба.

Др. Весна Пецов Караевска Стручен соработник

Натура Плус доо СкопјеТел: 02/3 110 951

Моб: 071/ 39 93 83 www.natura-plus.net

[email protected]

Преку 250.000 жени годишно умираат од карцином на гениталните органи поврзани со инфекции од ХПВ во светот. Од преку 100 вида на ХПВ само неколку ( 16, 18, 45, 31, 56 и др. ) предизвикуваат или се поврзани со појавата на карцином на ПВУ. Инциденцата на присутност на ХПВ инфекции во Македонија е исто така многу висока. Затоа, овој проблем заслужува неподелено внимание на здравствената и општата јавност.

BioBran MGN-3 во борба со ХПВ

Page 24: Sistina Plus br.5

TEMAПолипи Подготви

д-р. Александар Лазаревски - оториноларинголог

НОСНА ПОЛИПОЗА

Нос-ната полипоза

е често заболување кое се јавува кај 1-4 %

од населението, со тенден-ција на пораст. Најчести при-

чинители на носната полипоза се инфекции, алергии, астма, преосетливост на лекови или

имунолошки заболувања. Носните полипози имаат различна големина, а со тек на време добиваат

гроздест облик

Page 25: Sistina Plus br.5

25

Иако носната поли-поза била позната уште во времето на древниот Египет, сè уште не се доволно

разјаснети причините за нејзи-ната појава. Поради тоа, во те-раписка смисла третманот на носната полипоза е предизвик и денес.

Што е носната полипоза?

Носната полипоза е појава на бенигни, безболни, меки гроздести формации кои ги исполнуваат носот и парана-залните синуси. Полипите се јавуваат како резултат на хро-нично воспаление на носна-та лигавица предизвикано од повторувачки инфекции, алер-гии, астма, преосетливост на лекови или имунолошки забо-лувања.

Болеста е релативно честа и се јавува кај еден до четири проценти од населението, со тенденција на пораст. Може да се јави на секоја возраст, но сепак почеста е кај млади и возрасни луѓе. Полипите се појавуваат било каде во носот и синусите, но, сепак, најчесто потекнуваат од местото каде синусите се дренират во но-сот.

Малите полипи може да не предизвикуваат никакви симп-томи. Поголемите полипи и масивната полипоза го испол-нуваат носот, ги блокираат дренажните отвори на сину-сите и водат кон потешкотии при дишењето на нос, губење на чувството за мирис и повто-рувачки инфекции во носот и синусите.

Медикаментозната тера-пија може да ја подобри со-стојбата, но често е потребно и хируршко отстранување на полипите. Дури и по успешен третман, понекогаш доаѓа до повторен раст на полипите.

Кои се симптомите на носната полипоза?

Најчести симптоми на оваа болест се: засилена носна се-креција, постојана затнатост на носот, слевање на секрет во грлото, намалување и губење на осетот за мирис, чувство на тежина во челото и на лицето, главоболка, болки во преде-лот на лицето, крчење при спи-ење и сл.

Дали носната полипоза може да доведе до

компликации?

Носната полипоза може да доведе до сериозни комплика-ции по вашето здравје бидејќи го оневозможува нормалното дишење на нос и дренажата на секретот од носот и сину-сите. Потенцијалните ком-пликации вклучуваат теш-котии со дишењето во тек на спиење, асматични на-пади, гнојни воспаленија на синусите кои поради оневозможената дренажа лесно се прошируваат кон очите и може да го загрозат видот, па дури и да доведат до воспаление на мозочните обвивки.

Како се дијагностицира

носната полипоза?

Болеста се дијагностицира релативно лесно врз база на симптомите на пациентот и ен-доскопски преглед на носот. Прегледот се извршува во ам-булантски услови, безболен е и трае само неколку минути.

Доколку е потребно се пра-ват и дополнителни испиту-вања, како компјутеризирана томографија на синусите, алер-голошки тестирања, микробио-лошки и лабораториски анали-зи, риноманометрија и испиту-вање на сетилото за мирис.

Како се лекува носната полипоза?

Основна цел во лекувањето на носната полипоза е да се намалат или по можност да се елиминираат полипите.

Медикаментозната терапија обично е прв избор. Најчесто се користат назални кортикосте-

роиди во форма на спреј, а по-некогаш се спроведува и крат-котрајна терапија со системски (орални) кортикостероиди.

Доколку е потребно се ор-динираат и антихистаминици и антибиотски препарати.

Кога медикаментозниот тре-тман не дава резултати се пре-порачува хируршко отстрану-вање на полипите.

Функционалната ендоскоп-ска хирургија на синусите е метода на избор во хирурш-киот третман на оваа болест. Интервенцијата се изведува со софистицирани инструменти, ендоскопи, кои овозможуваат преку носните отвори со каме-ра и монитор, под контрола на око, да се отстранат полипите од носот и синусите.

По хируршкиот тре тман, се препорачува назален корти-костероиден спреј за да се спречи повторна појава на по-липите.

Page 26: Sistina Plus br.5
Page 27: Sistina Plus br.5

27

Page 28: Sistina Plus br.5

РепортажаОд мала болница во една населба прерасна во гигантен бренд

Аџибадем во Македонија„Аџибадем“ по-

чна со работа во 1991 година како

мала болница во една населба, со

тенденција да стане глобален и препознатлив

бренд. Групација-та за здравствени

услуги денес е позиционирана

меѓу најуспешни-те водечки здрав-

ствени институ-ции во Турција.

Својата прва ин-вестиција надвор од земјата, пора-

ди историските врски, кои имаат

посебно место во срцето на тур-

скиот народ, ја реализира токму во пријателската

Македонија

Page 29: Sistina Plus br.5

29

Градот Истанбул со 12 мили-они жители има улога на мост што ја поврзува Европа со Азија. Аџибадем групација-та почна со работа од една

мала и скромна болница. Историја-тот на Групацијата за здравствените услуги Аџибадем (ASG) почнува во 1991 година со купување на болница-та Аџибадем, според која подоцна ќе биде именувана и населбата во која се наоѓа. Болницата, иако на поче-токот им служеше на мал број паци-енти, подоцна стана препознатлив бренд меѓу приватните здравствени установи.

Аџибадем меѓу големите и малите болници во регионот се разликуваше со својата посебна визија. Почна да работи со проширување на првата

болница. Прво беше изградена згра-да за дополнителни здравствени ус-луги. Потоа, со нови инвестиции, во светски познатиот град Истанбул, Аџибадем отвори друга нова болни-ца под називот Аџибадем Бакиркој. Аџибадем групацијата воспостави амбулантско лекување во различни медицински центри, давајќи голе-ма важност на инфраструктурата, вработувајќи искусен медицински персонал и со професионален ме-наџментски пристап продолжи брзо да се развива. Со нови болници како „референтни центри“ за здравствени услуги напредуваше не само во Ис-танбул туку и во повеќе градови низ Турција, и со тоа стана препознатлив бренд. Во 2009 година, во европски-от дел на Истанбул отвори нова бол-

ница под називот Аџибадем Маслак, со што оствари една нова перспек-тива во областа на болничкото леку-вање. Аџибадем групацијата ја доби и престижната награда за „Најдобар инвеститор во Турција во областа на здравството”.

Во моментов, заедно со Клинич-ката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје, Групацијата брои вкупно 16 општи болници и 9 медицински центри. Во Турција се вбројува меѓу најголемите и водечки медицински институции. Аџибадем групација-та стана партнер и со најголемите брендови на Далечниот Исток, Интег-риран здравствен холдинг, (Integrated Healthcare Holdings, IHH) ,со тенденци-ја да биде водечки бренд на светско ниво.

Пример за интегриран модел

Еден од најважните фактори што овозможија за кратко време Аџиба-дем да стане светски препознатлив бренд е нивната визија. Аџибадем, покрај бројните болници и меди-цински центри, голема важност му придава „на интегрираниот здрав-ствен модел”, по што стана пример во светот. По принципот „клуч на рака” реализира проекти од изградба на згради за болници, до едуцирање на успешни здравствени работници. Универзитетски обучени кадри во областа на здравството, како препо-знатлив бренд, под еден покрив ги овозможуваат сите услуги потребни за безбедно и квалитетно здравје.

Универзитетот Аџибадем е осно-ван во 2007 година. Уште на поче-токот, според бројот на студентите, привлече внимание со голем број квалитетен наставен кадар. Денес Аџибадем претставува еминентен

Текстот е преземен од болницата Истанбул, Р. Турција

Page 30: Sistina Plus br.5

универзитет кој образува студенти исклучиво во здравствениот сектор, со академски кадар кој безрезервно ги едуцира студентите, а со тоа при-донесува квалитетните здравствени услуги да се рефлектираат во реал-носта.

Аџибадем ЛАБС (Acıbadem LABS) врши здравствени истражувања и ла-бораториски услуги во различни об-ласти, од генетски до анализи на хра-на. Оваа дополнителна активност ја поддржува интегрираната структура на Групацијата. Но активностите на Аџибадем групацијата не се органи-чени само на овие области.

Аџибадем обезбедува домашна нега и итна медицинска помош со Аџибадем мобилно здравје (Acıbadem Mobil). Покрај тоа дава услуги за одржување на хигиената во угости-телските објекти, кои првенствено служат за големите организации, вк-лучувајќи ги и болниците, а дава и ке-теринг услуги преку Аплус (Aplus). Со различно портфолио на услуги тука се и Аџибадем осигурување и Аџиба-дем проектен менаџмент, кој реали-зира проекти за изградба на болници по принципот “клуч на рака” .

Надвор од Турција, Аџибадем први-от чекор го направи во Македонија

Аџибадем групацијата има за цел успешниот модел кој го воспостави во Турција да го пренесе и надвор од земјата. Бидејќи Турција и Маке-донија имаат заедничко историско минато, особено што Македонија и

македонскиот народ имаат посебно место во душата на Турците, прва-та голема инвестиција на Аџибадем надвор од Турција беше во Македо-нија. Аџибадем под свој покрив ја зема модерно опремената Клиничка болница „Систина“ во Скопје, која ќе има улога на мост меѓу Балканот и Турција, а во исто време Аџибадем своите квалитетни здравствени услу-ги ќе може да ги понуди и надвор од Турција.

Веќе 10 години во Македонија препознатлив бренд од областа на гинекологијата, акушерството, ин витро оплодувањето и здравјето на жените е „Систина“, која продолжу-ва да дава квалитетна и врвна здрав-ствена услуга на ниво на брендот Аџибадем. Достигнатиот успех како во Турција така и надвор од Турција, за Аџибадем (ASG) ги отвори вратите за меѓународни инвестиции и интег-риран здравствен систем на глобал-но ниво.

Аџибадем (ASG) во јануари 2012

год. потпиша договор за партнерство со најголемите брендови на здрав-ствени центри од Далечниот Исток - - Integrated Healthcare Holdings (IHH) - Интегриран здравствен холдинг.

Иновативни пристапи, нови услуги

Малигните заболувања, болести-те на срцето, шеќерната болест, ви-сокиот крвен притисок и прекумер-ната телесна тежина ( дебелината ) се сметаат за најважни здравствени проблеми на современото општест-во. Токму од овие причини Аџибадем (ASG) воспоставува широка мрежа на здравствени центри за овие спе-цифични болести. Интегрираниот пристап на Аџибадем им овозможува на пациентите различни третмани на лекување во ист оддел. Во рамките на Групацијата посебна важност се при-дава на болните од малигни и срцеви заболувања, на луѓе со прекумерна телесна тежина, жени заболени од рак на дојката и рак на грлото на матката. Во овие центри голем број доктори специјалисти од различни медицински области заеднички вос-поставуваат дијагноза и третман на болеста и делуваат со мултидисци-плинарен пристап. Со ваков пристап пациентите можат да добијат успеш-но дијагностицирање и третман, како и секаков вид на неопходна здрав-ствена услуга.

Модерна Турција, која е земја со висока стапка на економски раст и развој, земја во која се имплементи-раат развиени и високо софистици-

Репортажа

Page 31: Sistina Plus br.5

31

рани технологии, денес се препозна-ва и преку Аџибадем. Голем број нап-редни и сложени медицински услуги од областа на врвното здравство, со еднаков квалитет како и во други развиени земји, Групацијата Аџиба-дем им ги нуди на своите пациенти. На пример, важна улога во раното откривање на ракот на дојката има тридимензионална дигитална ма-мографија. Една друга нова техника во третманот на туморите на мозокот, таканаречениот Гама нож (Gamma Knife) се користи во радиохирургија-та, Сајбер нож (Cyberknife) е наме-

нет за третман на болните од рак, Да Винчи роботот за операции е проз-вод наменет за астронаутите во все-лената од страна на НАСА. Апаратот FLASH CT прави комплетна компју-теризирана томографија на целото тело за 4 секунди, а за 0.25 секунди срцева ангиографија.

Атрактивен меѓународен центар во здравството

За многу пациенти од Бугарија, Либија, Русија и други земји, каде не можат да добијат квалитетна и

соодветна медицинска услуга, прв избор за лекување за многумина е Аџибадем. За пациентите на кои им е потребно лекување, а за истото се принудени да одат надвор од својата држава, Аџибадем ги зема предвид сите потешкотии со кои би можеле да се сретнат пациентите. За таа цел Аџибадем основа посебна единица за посебни услуги. За да се одговори на потребите на пациентите од други земји се формира Центар за меѓуна-родни пациенти (UHM). Големиот број вработени во центарот зборуваат по-веќе странски јазици и се залагаат па-циентите безбедно и без проблеми да пристигнат во Турција, како и што поскоро да бидат вклучени во про-цесот на дијагностицирањето и леку-вањето. Исто така за време на прес-тојот во Турција на пациентите им се организираат тури за прошетка низ градот, се подготвуваат и други по-себни програми, а по завршувањето на третманот повторно се враќаат во својата земја задоволни од квалите-тот на услугите во Аџибадем.

Проверен квалитет

Здравствените услуги на Аџиба-дем здравствената групацијата ре-довно се проверуваат и оценуваат од страна на независни меѓународни институции. Болниците на Аџиба-дем од 2005 година се акредитирани од страна на JCI (Joint Commission International), акредитација со која можат да се пофалат само најдобри-те и најуспешните.

Page 32: Sistina Plus br.5

Генерален увозник и дистрибутер за МакедонијаAxxon Trejding Starvin DOOEL

ул. Бапчор бр.6-1/3; Скопје

Page 33: Sistina Plus br.5

33

Page 34: Sistina Plus br.5

Н2

Компликации од операцијаЖИВОТ

Д-Р ЈОСИФОВСКИ

МИ ПОДАРИ

ВТОР ЖИВОТ

Page 35: Sistina Plus br.5

35

ННајмала грешка или не-внимание во медицината може да биде фатална за пациентот. Секоја опера-ција, па дури и рутинска

интервенција, може да доведе до несакани компликации. Тоа се мо-менти кога како на филмска лента се редат настани кои животот на пациентот го ставаат под прашал-ник. Ќе преживее ли? Како и каде да продолжи со лекувањето?

Ова на „своја кожа“ го почув-ствувала 39-годишната Шермин Тефиковска, која по рутинска опе-рација, отстранување на жолчката поради каменчиња во неа, едвај спасила „жива глава“. Поради ком-пликациите по операцијата била дури трипати оперирана за само десетина дена. За Систина плус таа раскажува за денот од кој почнува нејзината голгота по болничките ходници.

„Еден ден почувствував силна болка во стомакот. Со сопругот веднаш отидовме на лекар каде ми дијагностицираа каменчиња во жолчката. Веднаш ме оперираа, но место да се почувствувам подобро, од тој ден почнаа моите маки. Це-лата бев пожолтена, немав сила, имав јаки болки во стомакот. Барав од докторите да ми помогнат, а тие ме убедуваа дека операцијата е ус-пешна и треба да поминат неколку дена за да заздравам“- се навраќа

Шермин на деновите кога очајно се обидувала да им алармира на докторите дека нешто сериозно се случува со неа. За жал, нејзините предупредувања биле безуспешни, никој не ја сфатил сериозно.

За само три дена двапати оперирана

Два дена Шермин лежела на ин-тензивна нега во критична состој-ба. Докторите постојано ја убеду-вале дека операцијата е успешна и брзо ќе заздрави. Но третиот ден одеднаш, без никакво објаснување повторно ја внеле во операциска сала. Но и втората операција не дала подобрување. Шермин во тие моменти изгубила секаква надеж дека ќе се „извлече“.

„По втората операција на ниш-то не се сеќавам. Од силни болки целата бев во бунило“ - објаснува Шерим .

Според Д-р Јосифовски, за вре-ме на првата операција на Шермин од невнимание ѝ бил пресечен главниот жолчен канал кој излегу-ва од црниот дроб, а жолчното ќесе не било извадено.

„Во овие ситуации целата жолч-на течност се излева во стомакот и предизвикува тешки компликац ии. Поради оваа состојба Шермин им-а ла жолтица и болки во стомакот “- објаснува д-р Јосифовски и дода-

ва дека ваков тип компликации по операција на жолчното ќесе се случуваат само кај еден процент од оперираните пациенти.

Барајте спас во Словенија или во Грција

Дури по втората операција док-торите за првпат признале дека Шерим е во критична состојба. На нејзиниот сопруг му соопшти-ле дека во македонските болници нема лек за неа. Им посочиле спа-сот да го бараат во Грција или во Словенија, само таму можат да ѝ помогнат.

„Бев во очај и паника, жена ми умира, а јас не знаев каде да ба-рам спас. Не знаев како да стапам во контакт со некоја болница во Грција или во Словенија. Ме оста-вија сам да се снаоѓам. Тогаш еден братучед ме поврза со негов прија-тел доктор. Тој ми кажа дека имало нова приватна болница во Скопје, која е отворена пред една недела. Веднаш му се јави на д-р Тони Јо-сифовски и следниот ден бевме во Скопје“ - раскажува нејзиниот со-пруг Гзим Тефиковски. Шермин со амбулантно возило итно била пре-фрлена на понатамошно лекување во Клиничката болница „ Аџибадем Систина“ во Скопје.

Причина за состојбата во која се нашла Шермин е компликација

39-годишната Шермин Тефиковска живее втор живот. Една „рутинска” операција на камен во жолчката за малку ќе завршела фатално. Во тие критични моменти додека се борела за живот, докторите му посочиле на семејството да бара помош во Грција и во Словенија. Но нејзиниот сопруг одлучил Шермин да ја довери на д-р Јосифовски. Токму ваква-та одлука ѝ го спасила животот.

Page 36: Sistina Plus br.5

која настанала во текот на првата операција. Потоа се ределе и други компликации - откажала функција-та на бубрезите, се јавило воспа-ление на стомачната празнина кое преминало во сепса. Сите стра-вувале дека поради сериозната здравствена состојба во која се на-оѓа Шерим нова операција може да биде фатална за неа. Но и покрај сиот ризик и можни компликации, единствено д-р Јосифовски се на-фатил да ја оперира со цел да ѝ го спаси животот. Друга можност за Шермин не постоела.

„Во вакви случаи многу е важно искуството на лекарот. Да не ја до-неле кај нас, за два-три дена таа ќе умрела од сепса. Немаше да пре-живее ниту да ја однесат надвор од земјава. Кај неа веќе било изгу-бено драгоцено време“ - раскажу-ва д-р Јосифовски за операцијата, која траела четири часа и во текот на која се борел да ѝ го спаси жи-вотот заедно со стручниот тим од Одделот за дигестивна хирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Смртноста од ваквитекомпликации е поголемаод 30 проценти

Иако било изгубено драгоцено време, благодарение на искуство-

ЖИВОТОТ НА МОЈАТАСОПРУГА НЕМА ЦЕНА

„Додека траеше операцијата јас бев во чекалницата. По четири часа неизвесност, одеднаш се појави д-р Јосифовски, ме прегрна цврсто и ми рече: „Шермин е спасена, операцијата е успешна“. Во тој момент ми падна голем товар од душата и немав зборови да му се заблагодарам. Се сеќавам дека заедно отидовме да ја видам. За првпат откако тргнавме по болниците кај неа се изгуби жолтилото на лицето. На сите им раскажувам, ако не беше „Аџибадем Систина“ и д-р Јосифовски мојата сопруга денеска немаше да биде со мене. Многумина ме прашуваат колку пари ни земаа, јас само им велам дека животот на мојата сопруга нема цена. За ваква операција во странство ќе платев неколкупати повеќе“- раскажува Гзим Тефиковски.

то на д-р Јосифовски Шермин пов-торно била вратена во живот. По операцијата тринаесет дена била на Одделот за интензивна нега во „Аџибадем Систина“. Почнала да се храни и брзо да закрепнува. Била пресреќна што ќе може повторно да ги види своите четири деца.

„Додека бев во интензивна нега целата бев обвиткана со цевки, гајтани и апарати, но се чувствував добро и сигурно. Кога ме тргнаа од апаратите прво што му реков на докторот беше „имало Гос-под“. Д-р Јосифовски се насмеа и ми рече: „добро е што веруваш во Господ“. Јас му реков дека Господ ме доведе кај него да ме спаси. Старите велат „од господ век, од лекарот лек“- раскажува Шермин за деновите кога, како што вели, се родила повторно.

Д-р Јосифовски објаснува дека смртноста од овој вид постопе-ративни компликации е преку 30 проценти. Тој уште вели дека секој хирург за време на операција мора да ги согледа можните ризици и да направи, најдобро што знае, исти-те да не се јават.

„Со операцијата успеавме да ѝ го реконструираме жолниот ка-нал, кој и по две години одлично функционира и нема дополнител-ни проблеми. Јас секогаш велам, ако не си кадарен не оперирај.

Секоја следна операција е допол-нителен проблем и уште повеќе се отежнува и така тешката состојба на пациентот“ - објаснува д-р Јоси-фовски.

Две години по операцијата Шермин се чувствува одлично. До-аѓа редовно на контрола. Му се ра-дува на секој нов ден поминат со нејзините деца. За Шермин сега е најважно што битката со болеста е добиена. Лошото искуство е зад неа, како лош сон.

„Сега мирно спијам и ништо не може да ми се случи зошто го пронајдов мојот спасител и ангел чувар, д-р Јосифовски“, вели Шер-мин.

Целиот медицинскиперсонал се грижеше за мене

„Додека лежев во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ имав чувство дека се наоѓам во друг свет. Целиот персонал 24 часа беше над мене. Од сите сум преза-доволна, особено од д-р Јосифов-ски, кому му го должам животот. Пред да дојдам во болницава не знаев каде одам зошто не бев чула ништо за неа. Сега знам дека во изводот на родените, во делот ме-сто на раѓање треба да допишам: Клиничка болница „Аџибадем Си-стина“- раскажува Шерим.

Page 37: Sistina Plus br.5

37

Page 38: Sistina Plus br.5

Ракот на дебелото црево е болест на индустриски развиениот западен свет. Високиот социо-економски стандард, како и типичниот

западен стил на живеење, исхра-на, животни навики и активности се причините за сè поголемата честота на јавување на ракот на дебелото црево која поприма епидемиски размери.

Честотата на појава на нови слу-чаи на рак на дебелото црево е 4 - 6 пати поголема во западниот свет во споредба со Африка и изнесува 15 - 25 нови случаи годишно на 100.000 жители, а во Африка тој број из-несува 3 - 4. Во некои региони на Франција, Италија, Австрија и САД бројот на новооткриени случаи е 45 – 48 на 100.000 жители годишно. Според податоците на Светската здравствена организација, во светот од рак на дебелото црево годишно умираат 1000 000 луѓе.

Ракот на дебелото црево е трета причина за смрт од малигни блести кај мажите и четврта кај жените. Во Република Македонија во пери-одот 1995 - 2005 год. просечно се регистрирани 24,5 нови случаи на рак на дебелото црево на 100.000 жители годишно. Во речиси 90% од случаите болеста се јавува по педе-сеттата година.

ОД ПОЛИПИ ДО КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Основата за развој на карцином

на дебелото црево се полипите на дебелото црево. За од нормална ли-гавица да се создаде полип на дебе-лото црево потребни се околу десет години. Во почетокот полипите не се опасни, но со тек на време до-биваат потенцијал да се претворат во малигни. Само 10% од полипите на дебелото црево имаат наследен фактор на раст, додека 90% наста-

Подготви проф. д-р Васко Василевски, гастроентерохепатолог

нуваат со стимулација на локални фактори од цревната содржина и се јавуваат по педесетта година на животот. Полипите кои имаат на-следен фактор се јавуваат до 50-тата година од животот и се разви-ваат во рак кај 100% од случаите доколку не се отстранат ендoскоп-ски или хируршки.

РИЗИК ФАКТОРИ ЗА ПОЈАВА НА КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Факторите на ризик од околина-та се: стилот на живеење и исхрана, физичката активност и возраста. Најзначајни ризик фактори се:

1. Честото внесување на поголе-ма количина црвено месо (свинско, јагнешко, говедско).

2. Недоволен внес на влакнеста храна богата со целулозни влакна

3. Зголемена телесна тежина или угоеност. Зголемувањето на

Денес ракот на дебелото црево се јавува во епидемиски размери, најчесто во развиените земји. Оваа болест е трета причина за смрт од малигни болести кај мажите и четврта кај жените. Еден од начините на превенција, односно рано откривање на ова заболување е колоноскопијата, која е за-должителен преглед за лицата над 50 години.

РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО, ПРОБЛЕМ НА

СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК

Page 39: Sistina Plus br.5

39

ТЕМА Карцином на дебелото црево

ин д ексот на телесна маса кај мажи-те за 30%, го зголемува ризикот за 80%, а кај жените за 50%.

4. Внес на поголема количина на жи вотински масти

5. Животни навики: пушењето и алкохолот го зголемуваат ризикот

6. Вадење на жолчното кесе.7. Хроничен затвор8. Возраст над 50 години.

КЛИНИЧКА СЛИКА НА РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Она што е загрижувачко е што симптомите се јавуваат кога кар-циномот е во напредната фаза од болеста, а во раната фаза нема клинички знаци. Понекогаш може да се појават: малаксаност, губиток на апетитот, губиток на телесната тежина и замор. Типични тегоби за рак на дебелото црево се: запек и, наизменично, пролив. Се јавуваат и болки во левата половина на стома-кот и над срамната коска во форма на грчеви. Се јавува чувство на не-доволна испразнетост, па се јавува потреба од повторно празнење. Во напреднат стадиум на болеста се случува драматична појава - светло црвена крв во изметот, понекогаш и во поголемо количество.

Лабораториски најчесто се де-тектира слабокрвност со недостиг на железо и позитивни туморски маркери ( СЕА и СА 19-9 ).

Дефинитивна дијагноза на ракот на дебелото црево се поставува со инструментални испитувања, како ректоскопија или колоноскопија со биопсија на промената.

ЛЕКУВАЊЕ НА РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Примарното лекување на ракот на дебелото црево е оперативно. Следи класифицирање на малиг-ниот процес од оперативниот ма-теријал, од што ќе зависи поната-мошното лекување со хемотерапија или зрачење.Отстранувањето на полипите од дебелото црево по ен-доскопски или хируршки пат е нај-добрата превенција од рак на дебе-лото црево.

СТЕПЕН НА РИЗИК ЗА РАЗВОЈ НА РАК НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО КАЈ

ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА

Секој може да развие полип или карцином на дебелото црево, но не-

кои имаат повисок степен на ризик од другите. Тоа зависи од наследни-те и од индивидуалните фактори.

ПОПУЛАЦИЈА СО ПРОСЕЧЕН РИЗИК - лица над 50 години возраст, без лична историја за полипи или рак на дебелото црево, без инфла-маторни болести на дебелото црево и немање на семејна историја за по-липи или рак на дебелото црево.

ПОПУЛАЦИЈА СО ПОКАЧЕН РИ-ЗИК - лица кои имаат аденом над 1 сантиметар кој е полипектомиран или хируршки остранет.

ПOПУЛАЦИЈА СО НАЈВИСОК РИЗИК за развој на карцином на де-белото црево се лица до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или рак на дебелото црево, а особено оние со податок за полипи или рак на дебелото црево во првото или второто колено, вклучувајќи и полу-сестра или полубрат.

СЛЕДЕЊЕ И КОНТРОЛА НА ПОПУЛАЦИЈАТА СО РИЗИК

Се препорачува колоноскопи-ја, отстранување на полипите и ни вна пато-хистолошка проценка. Задолжителна е контролна коло-носкопија по три години, кај пое-дини случаи докторот го одредува времето за контрола, кое може да биде и по 5-10 години. Кај лицата со семеен податок за наследни полипи и карцином на дебелото црево веднаш се прават генетски иследувања за докажување на ти-пичните генетски нарушувања кај овие состојби.

Кај болните со улцерозен колит и Кронова болест се земаат биоп-сии од повеќе места на дебелото црево по 8 до 10 година од поче-токот на болеста.

ИСПИТУВАЊЕ И СЛЕДЕЊЕ НА ПОПУЛАЦИЈАТА

СО ПРОСЕЧЕН РИЗИК

Со оглед дека оваа популација не е оптоварена генетски со рак на дебелото црево испитувањата се спроведуваат по 50-годишна возраст. Постојат т.н. скрининг програми за рано откривање на карциномот на дебелото црево. Овој скрининг се базира на скри-ено крвавење од дебелото црево преку изметот поради микрокр-вавењата од полипите и ракот на дебелото црево. Овој тест, познат како ХЕМОКУЛТ 2 тест, се изведу-ва со нанесување на мало количе-ство измет на плочка со реагенс. Потребно е да се направат три те-ста, на три едноподруго празнења.

Како златен стандард за скри-нинг на ризични групи е коло-носкопијата. Спроведувајќи го овој скрининг програм, Европа, каде излезноста на тестирање е околу 86 до 98 отсто, ја намали смртноста од ракот на дебелото црево за 65 отсто. Ако Хемокулт тестот е негативен, тој се повтору-ва секоја година за период од 3 до 5 години.

ПРИМАРНА ПРЕВЕНЦИЈА ОД РАК НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Се препорачуваат следните

принципи на исхрана, животен стил и физичка активност:

1. Намалување на внесот на црвено месо (јагнешко, синско, говедско) на еднаш неделно. Се препорачува црвеното месо да се замени со риба, месо од перјана живина или дивеч.

2. Намалување на внес на жи-вотински масти.

3. Внесување најмалку на 20 грама влакнеста храна во текот на денот во форма на зеленчук и овошје (брокула, мешункасти растенија, карфиол, лук, кромид, праз, зелени и други салати, како и сите видови на сезонско ово-шје). Овој тип на храна е богат со антиоксиданси (витамин А, Ц, Д, калциум, магнезиум, селен, бета каротин) кои ги инхибираат то-скичните материи.

4. Употреба на црн леб или интегрални житарици.

5. Редукција на телесната те-жина под 26 кг на метар квадра-тен индекс на телесна маса

6. Внес на алкохол во умере-ни количини и апстиненција од тутун.

7. Зголемена дневна физичка активност, најмалку 30 до 45 ми-нути брзо одење дневно.

8.Користење на природни со-кови и течност, најмалку 30 мили-литра на килограм телесна тежи-на на ден.

9. Учество во јавни или инди-видуални скрининг програми за рано откривање на полипи или карцином на дебелото црево.

10.Првата колоноскопија да се направи на возраст меѓу 50 и 59 години.

Колоноскопија е ендоскоп-ска метода која се работи со анестезија, има дијагностички и терапевтски можности.Во ис-тиот момент на прегледот се прави биопсија на промените и остранување на полипите

Page 40: Sistina Plus br.5

Во последните три децении карциномот на дебелото црево претставува голем здравствен проблем поради зголемени-от број случаи во повеќето земји. Един-ствениот начин на лекување на карци-

номот на дебелото црево е хируршкиот третман, кој некогаш е потпомогнат со дополнително леку-вање: онколошки третман, зрачна и цитостатска терапија. Целта на лекувањето е да се зголеми процентот на преживување, да се подобри ква-литетот на живот и да се намали ризикот од пов-торно појавување на болеста. Она што е најбитно е пациентите да се дијагностицираат во раната фаза на болеста каде што оперативното леку-вање и отстранување на дебелото црево кое е за-болено од карцином за голем број пациенти зна-чи трајно излекување. Пациентите ги класифици-раме според стадиумот на болеста во моментот кога е дијагностицирана, односно по извршената операција. Повеќе од 90 проценти од пациентите можат трајно да бидат излекувани ако болеста е дијагностицирана на време.

СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Со текот на годините се менуваат и основни-те принципи на хируршкото лекување на карци-номот на дебелото црево. Некогаш основна цел беше пациентот да ја преживее операцијата. Де-неска веќе не се размислува за тоа бидејќи нај-новите хируршки техники овозможуваат зголему-вање на преживувањето и сведување на минимум на шансите за повторно појавување на болеста. Хирургијата е терапија со која физички се от-странува канцерогеното ткиво и дел од околното ткиво со лимфните јазли што се во близина на туморот.

КЛАСИЧНИ ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО

Во хируршкото лекување на карциномот на де-белото црево постојат два основни пристапи. Ед-ниот пристап е преку анусот, кој се применува кај

ТЕМАКарцином на дебелото црево Подготви

д-р Ален Јовчевски, дигестивен хирург

Златен стандард во лекувањето на кар-циномот на дебелото црево е хирурш-киот третман. И покрај напредокот на

онкологијата и развојот на нови лекови, сепак, хирургијата останува главниот на-чин за лекување на оваа болест. Постојат

повеќе видови интервенции, во завис-ност од стадиумот во кој е откриен кар-циномот. Според статистиките, повеќе

од 90 проценти од пациентите можат трајно да бидат излекувани ако болеста

е дијагностицирана на време.

ХИРУРШКИ ТРЕТМАННА КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Page 41: Sistina Plus br.5

41

бенигни тумори и кај карци-номи на дебелото црево во ран стадиум. Предноста на оваа интервенција е во тоа што е минимално инванзив-на, трае кратко, има малку компликации и овозможува брзо заздравување на па-циентот. Вториот пристап е со оперативно отворање на стомачната празнина кога по класичен хируршки пат се отстранува дебелото црево заедно со туморот.

ЛАПАРАСКОПСКИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ,

НОВИНА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА КАРЦИНОМ НА

ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО

Покрај класичниот начин на оперативна интервен-ција, во последниве десет години сè почесто се приме-нува нов пристап, минимал-но инванзивен. Влегувањето во стомачната празнина се прави преку неколку мали отвори на стомачниот ѕид каде со помош на специјал-ни инструменти и камера се извршува хируршката процедура ( лапароскопска хирургија). Оваа хирур-гија е наменета за пациенти каде болеста е во поче-тен стадиум. На Одделот за хирургија во Клиничката

болница „Аџибадем Систина“ покрај класичните методи на хирургија на дебелото црево се работи и лапараскопски пристап. Овој помалку инван-зивен пристап има свои пред-ности во однос на класична-та хирургија, а тоа е помали оперативни рани, пократок болнички престој, односно побрзо заздравување од опе-рацијата. Исто така ваквата интервенција за пациентот значи и помала постоператив-на болка за разлика од кла-сичната операција поради по-малиот оперативен рез. Исто така не треба да се занемари и подобриот естетски ефект, нема големи постоперативни лузни. Но, сепак, треба да се знае дека овој тип на хирурш-ка интервенција не може да се примени кај сите пациен-ти, особено кај оние кои има-ат и други заболувања, како што се кардиоваскуларни и

респираторни, или кај оние кои претходно имале го-леми оперативни зафати на стомачните органи. Оваа дилема, односно проценката за тоа кој е најдобриот оперативен пристап за еден пациент, ја решава хирур-гот во предоперативните прегледи и консултации со пациентот.

Page 42: Sistina Plus br.5

ПОВРЕДИТЕ НА ‘РБЕТОТ СЕ ВО ПОСТОЈАН ПОРАСТ, СЛЕДЕЈЌИ ГО ТРЕНДОТ НА ПОРАСТ НА ВКУПНИОТ ТРАУМАТИЗАМ. ЗАСТАПЕНИ СЕ СО ГОЛЕМ ПРОЦЕНТ ВО СООБРАЌАЈНАТА, ПРОФЕСИОНАЛНАТА, СПОРТСКАТА ТРАУМА, КАКО И ВО УСЛОВИ НА ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ

ВНИМАВАЈТЕ НА ’РБЕТОТ

АКТУЕЛНОПовреди на ’рбетот

Она што ги одделува овие повреди од другите се тешките, често и трајни последици кои ги оста-ваат, како директно врз

физичкото и психичкото здравје на повредениот така и врз неговото семејство и општеството во цели-на. Процесот на рехабилитација е долг, исцрпувачки, многу често и обесхрабрувачки, бара мобилиза-ција на броен медицински персо-нал и активно учество на семејство-то поради намалениот квалитет на живот на повредениот и зависнос-та од туѓа помош и нега.

‘Рбетот како коскено-лигамен-тарна структура претставува глав-на оска на телото, но и главен заш-титник на ‘рбетниот мозок, кој е сместен во ‘рбетниот канал. ‘Рбет-ниот мозок е сноп од нервно ткиво, продолжеток на големиот мозок, чија функција е пренесување на сигналите од мозокот до телото и обратно.

При повреда (сообраќајни не-среќи, пад од висина, скокови на глава...) страдаат коскените делови при што настануваат фрактури, но страдаат и лигаментите при што се нарушува стабилноста на ‘рбетот, а во најлошото сценарио настанува повреда на ‘рбетниот мозок со ка-тастрофални последици - парализа на екстремитетите и загуба на сен-зибилитетот .

Совети кои ќе ви помогнат да спречите повреда на ‘рбетот:

1. Кога сте учесник во со-обраќајот секогаш врзувајте го безбедносниот појас, не ја надми-нувајте дозволената брзина и почи-тувајте ги сообраќајните правила.

2. Не се изложувајте на ризик качувајќи се на дрва, покриви, гра-дежни објекти без задолжителната заштитна опрема.

3. Скокањето во вода на глава, посебно во плитко, сметајте го за АПСОЛУТНО ЗАБРАНЕТО, без ог-лед на тоа колку верувате во ваши-

(рендгенографија, компјутерска то м ографија, магнетна резонанца ) не ја исклучи.

2. Не се обидувајте да ја проме-ните положбата на телото сé доде-ка на местото на настанот нема ме-дицинска екипа. Исклучок од ова правило се ситуации во кои повре-дениот има изгубено свест, а него-вите дишни патишта се непроодни или морате да спроведете постап-ка на срцево-белодробно оживу-вање. Во случаи кога повредениот е во несвест, но сепак спонтано дише, морате со најголемо внима-ние да го свртите во странична по-

Подготви Проф. д-р Јордан Савески -трауматолог

те пливачки и нуркачки вештини.

Во случај на повреда на ’рбе-тот, веднаш побарајте лекарска помош !

Во случај да се најдете во ситу-ација кога вие или некој во вашата непосредна околина има суспектна повреда на ‘рбетот, пробајте да ја избегнете паниката и да се потсе-тите на следните правила:

1. Повредата на ‘рбетот се смета дека постои сé додека квалифику-вано медицинско лице со клинички пр еглед и дијагностички методи

Page 43: Sistina Plus br.5

43

ложба (потребни се најмалку две до три лица) за да спречите аспи-рација на крв или желудечна содр-жина во дишните патишта. БИЛО КАКВО НАГЛО ПРИДВИЖУВАЊЕ НА ВРАТОТ КОН НАПРЕД, НАЗАД ИЛИ СТРАНИЧНО Е ЗАБРАНЕТО!!! Ваквите движења можат да дове-дат до катастрофални последици.

3. Медицинската екипа има дол-жност пред транспортот да го имо-билизира ‘рбетот користејќи тврд околувратник и спинална штица или со импровизирани средства за имобилизација – вреќички со пе-сок, дрвена штица. При транспор-тот е задолжително следење и одр-жување на виталните функции на по вредениот (прооден диш ен пат, дишење, крвен притисок, цирку-лација).

Дијагнозата ја поставува општ хирург, трауматолог или неврохи-рург

Кога повредениот ќе биде без-бедно транспортиран до здравстве-на установа, следува детален кли-нички преглед, со посебен акцент на невролошкиот статус. Во наши услови, зависно од екипираноста на здравствената институција, тоа го прави општ хирург, трауматолог или неврохирург. Отстранувањето на имобилизацијата смее да ја на-прави само медицинско лице кое има искуство во третманот на спи-налните повреди.

По клиничкиот преглед (општ преглед за дијагностицирање на евентуално присутните придруж-ни повреди), проследен со дета-лен невролошки преглед, следува рендгенолошка визуелизација на повредата. Се почнува со рендген снимка, по што одговорниот лекар проценува дали има потреба од по-натамошни иследувања. Најчесто за подетална процена на повреда-та се користат CT (компјутеризира-на томографија) или MRI (магнетна резонанца).

Видови третмани при повреди на ’рбетот

По завршувањето на овие ис-ледувања, хирургот најчесто ќе се обиде да ви ја објасни природата на повредата и да го избере адек-ватниот третман. Иако ставовите често се менуваат, сепак, постојат одредени правила според кои се избира третманот. Ако хирургот процени дека фрактурата е стабил-на, а пациентот нема невролошки испади (нема нарушување на дви-жењата во смисла на мускулна сла-бост или парализа, сензибилитетот е зачуван, уринарниот и аналниот сфинктер се со уредна функција), третманот на повредата е конзер-вативен (нехируршки) и подраз-бира мирување, обезболување и имобилизација – различни видови на околувратници или корсети. По

неколку дена, зависно од степе-нот на болка и евентуалните други повреди, лекувањето продолжува во домашни услови уште неколку недели. Потоа продолжува со ре-хабилитација во специјализирани здравствени установи.

Нестабилните фрактури и по-вредите кои се проследени со не-вролошки нарушувања се третира-ат хируршки. Зависно од видот на фрактурата и невролошкиот статус се одлучува кој хируршки пристап е неопходен.

Современ третман во леку-вањето на повредите на ’рбетот во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Во време на епидемија на ма-лигни болести, продолжување на

животниот век и остеопорозата сé почести се и патолошките фрак-тури на ‘рбетот. Секојдневно рас-те бројот на пациенти кои имаат потреба од хируршки третман на ваквите фрактури. Со хируршкиот третман се подобрува квалитетот на живот.

Клиничката болница „Аџиба-дем-Систина“ располага со софис-тицирана опрема за дијагностика и третман и на најсуптилните повре-ди на ‘рбетот и на ‘рбетниот мозок. Хируршкиот тим има долгогодишно искуство за изведба на сите видо-ви хируршки зафати за решавање на сите видови спинална патоло-гија (анатомска репозиција и фик-сација на ‘рбетот, по потреба со декомпресија на ‘рбетниот мозок и нервните елементи, минимално инвазивни процедури).

Page 44: Sistina Plus br.5

ЕСТЕТСКА ХИРУРГИЈА НА УШИ - АУРИКУЛОПЛАСТИКА

ТЕМАЕстетска хирургија

КАНДИДАТИ ЗА ЕСТЕТСКАХИРУРГИЈА НА УШИ

Естетската хирургија на ушите најдобро е да се направи откако детето ќе наполни шест години, период кога завршува неговиот

Подготви д-р Илија Мостров , специјалист по пластична и реконструктивна хирургија

Корекција на ушите е хируршка интервенција со која се корегираат положбата и обликот на ушните школки што се

премногу истакнати и одвоени од главата (клемпави уши). Се работи под општа или локална анестезија. Најдобар период

за оваа интервенција е во детската возраст, кога ’рскавицата е помека и полесно се моделира.

Page 45: Sistina Plus br.5

45

развиток и ушната школка има дефинитивен изглед и положба, ’рскавицата на школката е по-мека и полесна за обликување за разлика од возрасните. Нај-често за ваква интервенција се одлучуваат децата кои често се цел на потсмев кај своите врсни-ци поради физичкиот изглед и поради тоа самите се мотивира-ни за операција. Често иниција-тори се и родителите кои сме-таат дека „клемпавите уши“ го нарушуваат изгледот на нивните деца. Со естетската хирургија на ушите може да се корегира нивната големина и положба, дури може и целосно да се мо-делираат во случаи на вродени деформитети и тешки повреди.

ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН

Кога се работи кај деца опера-цијата се изведува под општа анес-тезија. Локална анестезија е по-годна за поголеми деца и возрас-ни. Децата генерално добро сора-ботуваат поради изразената мо-тивација. Се обезболува местото околу ушите, а пациентот е свесен за време на интервенцијата. Резот се прави зад увото, и се одвојува кожата од ’рскавицата. Со посеб-на процедура се моделира ’рска-

вицата, големината и формата. Доколку е потребно, дел од ’рска-вицата се отстранува со цел да се добие поприроден облик. Откако ќе се заврши со реконструкцијата на ’рскавицата, увото се фиксира поблиску до главата, вишокот кожа се отстранува и раната се шие. По операцијата лузната е зад увото, со текот на времето исчезнува, но најважно е што во предниот дел на увото нема резови ниту лузни. Ин-тервенцијата трае еден до два часа, во зависност од видот на корекции. Хируршката техника зависи од пос-

тоечкиот проблем. Престојот во болница е краток. Ако интервен-цијата е под општа анестезија, се препорачува еден ден болничко лекување. Кај интервенциите со локална анестезија, пациентот си оди дома по неколку часа.

ПОСТОПЕРАТИВЕН ПЕРИОД И КОМПЛИКАЦИИ

Самата операција не е болна, а постоперативните болки можат да се контролираат со лекови против болки. Пациентите задол-жително мора да носат еласти-чен завој во период од 14 дена, по што се вадат конците. Оваа интервенција може да се прави во кое било годишно време, но кај децата се препорачува за вре-

ме на зимскиот или летниот одмор. По операцијата може да се јави и оток во делот зад увото, а во ретки случаи и модринки. Компликациите од овој вид интервенција се многу ретки, како на пример, хематом кој постепено се повлекува. Исто така во екстремно ретки случаи може да се јави и инфекција. Но тоа што е најважно е дека сите компликации од овој вид интервенција се реша-ваат лесно и немаат никакво влија-ние во крајниот резултат од опера-цијата.

Page 46: Sistina Plus br.5
Page 47: Sistina Plus br.5

47

и уникатен пристап во терапијата на тешки заболувања кој нуди можност за излекување на досега неизлечиви болести. Матичните клетки од крвта и ткивото на папочната врвца претставуваат сигурност за целото семејство, а не само за бебето од кое се земени. Како се одвива постапката на земање матични клетки?Прибирањето на биолошкиот материјал се одвива непосредно по пораѓањето и претставува кратка, едноставна, безболна и безбедна постапка која е веќе дел од секојдневната работа на акушерскиот тим во нашата болница. Вообичаено, идните родители однапред склучуваат договор, но секако и родителите кои во последен момент донесуваат одлука да зачуваат матични клетки имаат можност да го направат тоа бидејќи во секое време имаме резервни сетови за колекција. За одбележување е дека клиентите потпишуваат договор директно со централата

Вашата болница од самиот почеток воспостави полна соработка со водечката европска банка за матични клетки Крио сејв (Cryo-Save). Што можете да ни кажете за тоа? Соработката на „Аџибадем Систина“ со Крио-сејв (Cryo-Save) почна во 2007 год. кога всушност и за првпат се понуди оваа услуга на идните родители во Македонија. Особено нè радува што можеме да одговориме на барањата на пациентите. Имаме земено матични клетки за повеќе од 600 трудници, а бројот на заинтересирани се зголемува.Зошто да се зачуваат матичните клетки, што добива семејството со оваа услуга?За матичните клетки често се кажува дека се семоќни бидејќи можат да се трансформираат во бројни други видови клетки вклучувајќи ги и нервните, црнодробните и крвните клетки и на тој начин да помогнат во лекување на голем број сериозни болести. Се работи за еден нов

на Крио-сејв (Cryo-Save).

Каде ја гледате иднината на матичните клетки и регенеративната медицина? Што би им препорачале на идните родители?Во иднина очекувам голем напредок во позитивна смисла. Мораме да бидеме активни, отворени за наука и нови сознанија, мораме да им ги пружаме на пациентите услугите кои тие од нас ги очекуваат. Затоа и веќе втора година во нашата болница функционира канцеларија на Крио-сејв (Cryo-Save) каде нашите клиенти може да добијат консултација за матични клетки од медицинско лице. Следењето на новите текови на научната медицина во светот и вклучување во нив е наша обврска. Советот за идните родители би бил: ако имате можност, зачувајте ги матичните клетки од своето новороденче. Еден ден, ако има потреба, можете да му го спасите животот на некој од оние кои ви се најважни.

Крио-сејв (Cryo-Save) е најголема европска семејна банка за матични клетки со повеќе од 11-годишно искуство и зачувани над 200.000 примероци. Носител е на највисока акредитација за ткивна и

органска банка за матични клетки од крв и ткиво од папочна врвца. Компанијата е присутна во 43 земји на четири континенти, со ултра-модерни лаборатории за обработка и чување во САД,

Белгија, Германија, Дубаи, Индија, Јужна Африка и Франција.

Канцеларија за матични клетки, 2 кат, Клиничка болница „ Аџибадем Систина“, дежурен тел. 071 389 717

www.bimek.com.mk

Сè повеќе родители сакаат да ги зачуваат матичните клетки од папочната врвца

ИНТЕРЕСОТ КАЈ РОДИТЕЛИТЕ Е ОПРАВДАН ПОРАДИ ТОА ШТО СЕ РАБОТИ ЗА НАЈДОБРАТА ИНВЕСТИЦИЈА

Советот за идните родители секако би бил: ако имате можност, зачувајте ги матичните клетки од своето новороденче - порачува д-р Гордана Петровска, раководител на Одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Page 48: Sistina Plus br.5

РЕГИОНАЛНИ АНЕСТЕЗИИ ПОД КОНТРОЛА НА

НОВОСТИРегионална анестезија

Ако до сега обезболувањето на одредени делови од телото или т.н. блокади се даваа на слепо, сега

овие интервенции се изведуваат под контрола на ултразвук. Можноста за грешка е сведена на минимум.

Што е регионална анестезија?

Регионалната анестезија е метод на превенција од болка при операции и друг вид интервенции кои предизвикуваат болка (пр. местење на скршеници и исчанчувања на зглобови, земање на биопсии и сл.). Регионалната анестезија овозможува успешно обезболување на делови од телото кои ќе бидат или се зафатени со болка, а воедно пациентот да е буден.

Подготвид-р Емилија Мариноска Вељаноска, анестезиолог

Регионалната анестезија се изведува со инјектирање на соодветен анестетик во близина на

нервите кои инервираат соодветно подрачје. На овој начин можат да се обезболат делови од телото,

УЛТРАЗВУК

Page 49: Sistina Plus br.5

49

Кои се предностите на регионалните анестезии со ултразвук?

Ултразвучно водените блокади обезбедуваат неколку предности:

- Можност за визуелизација на нервите и околните структури

- Можност да се следи позицијата на иглата со која се дава анестетикот и ако е потребно да се промени насоката;

- Блокадите на нервите изведени под ултразвук овозможуваат поголем процент на успешност и поголема сигурност за пациентите.

Ултразвукот е најпрактична алатка за визуелизација во регионалната анестезија затоа што е подвижен, со него лесно се ракува и неговата примена нема никакви ризици по здравјето на пациентот. Овие техники на обезболување се удобни за пациентот и овозможуваат да се избегнат сите потенцијални ризици и непријатности од целосната анестезија. Овој современ пристап во анестезијата од неодамна успешно се применува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Во поново време, при давањето на регионалните анестезии се употребува и ултразвук. За успешно регионално блокирање на нервите најважно е да се даде доволна количина на анестетик околу нервот. Ова најдобро и најбезбедно се постигнува со ултразвучна визуелизација на нервите и околните структури.

како рака, нога или долен дел на тело. На пример долниот дел на телото може да се обезболи со давање на локални анестетици во грбот, во близина на нервите кои доаѓаат од ’рбетниот мозок, со епидурална или со спинална анестезија.

Кои се предностите на овој вид анестезија?

Со регионална анестезија не се оптоваруваат срцето и белите дробови на пациентот. Периодот на заздравување по анестезијата е побрз и без потешкотии за пациентот. Во текот на регионалната анестезија, пациентот може да биде буден или заспиен по интравенски пат за да се постигне релаксација на мускулатурата и намалување на стравот, што е сосема различно од општата анестезија.

Додека трае регионалната анестезија пациентот може да чувствува допир, притисок, влечење, што е нормално, но она што е најважно - болката не ја чувствува.

Која е улогата на ултразвукот во регионалните анестезии?

Давањето на регионални анестезии под контрола на ултразвук овозможува поголем процент на успешност и поголема сигурност за пациентите. Како постапка за првпат во земјава се користи во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Page 50: Sistina Plus br.5

Систина плусНовитети Подготви

проф.д-р Салис Таџер, кардиохирург

Минимално инванзивна кардиохиругија во

„Аџибадем Систина“ В

о Клиничката болница „Аџ-и бадем Систина“, за пр-впат во регионов е на пр-авена операција на срце со минимален инванзи вен

пристап. Тимот на лекари од Од-делот за кардиохирургија, преку мал отвор на градниот кош од само пет сантиметри, со ендоскопска операција направи корекција на дволисн иот (митрален) залисток на

срцето . Овој вид кардиохируршки интервенции досега на Балканот се изведувале само во Клиничкиот центар во Љубљана.

Предности на минимално инванзивниот пристап во однос

на класичните операции

Минимално инванзивната ендо-скопска хирургија денес овозможу-

Минимално инванзивната ка-рдиохирургија драстично ги намалува негативните после-дици на традиционалната хирургија. Со помош на оваа современа процедура паци-ентите побрзо заздравуваат и брзо се враќаат на своите секојдневни активности.

Page 51: Sistina Plus br.5

51

тиметри. Ова е особено важно за женските пациенти бидејќи лузната од операцијата воопшто не се забе-лежува, сместена е под градата.

Хирургија на дволисните ( митрални ) залистоци

Оваа современа ендоскопска процедура овозможува да се изве-дат сите видови хируршки интер-венции на митралниот залисток. Кандидати за овој вид интервенција се пациенти на кои им е потребна замена или корекција на митрал-ниот залисток, кои воедно имаат добра срцева функција и немаат коронарна артериска болест. До-колку пациентот има и коронарна артериска болест, потребно е да се направи коронарографија со анги-опластика, стентирање, а потоа со минимално изванзивна, ендоскоп-ска интервенција се врши корекција на митралниот залисток.

Минимално инванзивен пристап во корекција на срцевите артерии

Треба да се знае дека ендоскоп-ската, минимално инванзивна хи-рургија на срцето овозможува из-ведување и на аорто-коронарен бај-пас. Место отворање на град-ната коска, целата процедура на

коронарен бај-пас на срцето се из-ведува со минимален рез најчесто на левата страна од градниот кош. Преку истиот рез се мобилизира ар-терија од градниот кош која ќе слу-жи како бај-пас. На тој начин може да се направи само едно премосту-вање на срце што чука без машина за екстракорпорална циркулација. Овој тип операции понекогаш се из-ведува во соработка со интервент-ните кардиолози кои поставуваат стентови на недостапните коро-нарни артерии, а кардиохирургот ендоскопски го спојува најважниот бај-пас (т.н. хибриден пристап).

Вродени срцеви проблеми кај деца

Минимално инванзивната хи-рургија може да ги реши и вроде-ните срцеви маани кај децата. На пример, со ваков тип интервенција се затвора вродениот дефект меѓу преткоморите кај децата кои се ро-дени со оваа не така ретка срцева аномалија.

ва хируршки интервенции на сите органи во човечкото тело, меѓу кои и на срцето. Интервенциите се работат со помош на ендоскопски оптички помагала со вградено ви-део. Малиот рез, од 5 сантиметри, преку кој во телото на пациентот се внесуваат специјални инстру-менти и видеокамера, придонесува за значително помала траума во споредба со класичните кардио-хируршки операции кај кои е по-требно отворање на градниот кош. Видеоконтролата обезбедува пре-цизност, воедно и подобар резул-тат од операцијата.

Со неинванзивната кардиохи-рургија се намалуваат ризиците, траумите и компликациите кај па-циентите во споредба со класич-ниот пристап. Пациентот има по-малку болки и непречена функција на белите дробови. По пет дена болнички престој пациентот може да им се врати на секојдневните активности. Ваквиот пристап го намалува ризикот од инфекции и од крвавење, а со тоа и потреба-та од трансфузии на крв. Треба да се истакне дека битен момент кај оваа интервенција е и козметич-киот ефект, место голема лузна на средината од градниот кош, со оваа современа интервенција па-циентот има лузна од само пет сан-

Page 52: Sistina Plus br.5

АКТУЕЛНОПростата Подготви

д-р Александар Мицковски - уролог

ХРОНИЧНО ВОСПАЛЕНИЕ НА ПРОСТАТАТА –НАЈЧЕСТА УРОЛОШКА ДИЈАГНОЗА КАЈ

МАЖИТЕ ДО 50 ГОДИНИ

Хроничното воспаление на простатата, т.н. хроничен простатитис, е најчеста-та уролошка дијагноза кај мажите до 50-годиш-

на возраст и трета најчеста дија-гноза кај мажите над 50-годишна возраст, веднаш по зголемената простата и карциномот на прос-татата. Статистички 2% до 10% од мажите имаат симптоми на проста-титис.

БАКТЕРИИТЕ, НАЈЧЕСТА ПРИЧИ-НА ЗА ХРОНИЧЕН ПРОСТАТИТИС

Првото место на листата на при-чинители на хроничен простатитис го заземаат бактериите. Најчеста е ешерихија коли, која се среќава кај 60% до 85% од инфекциите, потоа следат клебсиела, псеудо-монас, стафилококните бактерии и др. Најчест причинител на небак-терискиот хроничен простатит е хламидијата, која се наоѓа кај 20 % од мажите во оваа група.

Покрај причинителите, многу важно е да се споменат и други фактори кои придонесуваат за развој на воспаление на простата-та. Накратко, тука би ги споменале сите болести кои предизвикуваат проблеми со испразнувањето на мочниот меур, најчесто тоа е зго-

Симптомите на хронич-ното воспаление на проста-та се непријатни, а во некои случаи придружени со јака болка. Најчеста причина за воспалението на простата-та се бактериите. Доколку ова заболување навреме не се лекува, може да се јават многу компликации.

лемената простата или стеснување-то на мочниот канал, кои водат до повраток (рефлукс) на инфицира-на урина кон простатата. Често од простатитис заболуваат и мажи кои носат постојан уринарен катетер или имаат воспаление на епидиди-мот, како и оние мажи кои имаат намалена отпорност кон инфекции поради други заболувања.

ЧЕТИРИ ТИПА НА ПРОСТАТИТИС

За да можеме да ја разбереме современата дијагностика, цел-та на современата дијагностика и патот до успешното излекување, најзначајно е да се класифицира типот на воспаление на простата-та. Најновата класификација на

воспалителните болести на прос-татата разликува неколку типа за-болувања:

Акутен бактериски простати-тис. Се карактеризира со нагла појава на болка перианално и во долниот дел од мевот, следена со потешкотии при мокрење, покаче-на температура, повраќање, осла-бен и испрекинат млаз на урината, сè до неможност за измокрување.

Хроничен бактериски простати-тис (хронична инфекција на про-ста тата со докажан инфективен пр и чинител). Се карактеризира со болка локализирана во перинеумот и долниот дел на мевот, која може да се насочи кон тестисите, слаби-ните и долниот дел на грбот. Болка-та за време и по ејакулација е еден од најтипичните симптоми. Исто така типично е влошувањето на овие симптоми на ладно, при упо-треба на жестоки алкохолни пија-лоци или зачинета храна. Паралел-но на овие, присутни се и уринарни потешкотии како што е често мо-крење, ослабен млаз кој повремено прекинува, чекање при почнување со мокрењето. По дефиниција при-суството на овие симптоми подол-го од три месеци го класифицира воспалението на простатата како хронично. Кога ќе се појават овие симптоми значително се нарушува

Page 53: Sistina Plus br.5

53

гледот кај хроничниот простатитис се состои од дигито-ректален пре-глед. При тоа се палпира болно осетлива, најчесто зголемена и по-мека од вообичаено простата. Сле-дуваат лабораториски анализи. Се состојат од анализа на седиментот на урината и уринокултура, пред и по преглед на простатата, познат како тест со 4 чаши. На овој еднос-тавен начин ќе се откријат бактери-ите причинители на воспалението на простатата, што е од огромна важност за лекувањето. Кога со овие едноставни тестови не може да се потврди дијагнозата, може да се применат и другите уролош-ки дијагностички процедури, како што се: ендоскопски преглед на уринарниот тракт, уродинамика, трансректална ултрасонографија на простатата, одредување на ПСА маркерот, а при негово покачување и биопсија на простатата.

ЛЕКУВАЊЕ НА ХРОНИЧЕН ПРОСТАТИТИС

Лекувањето на хроничниот про-статит зависи од наодите добиени со испитувањата. Ако се изолира инфективен причинител, односно бактерија, се даваат антибиотици. Изборот на антибиотик е исклучи-телно значаен затоа што треба да

продира во простатичното ткиво и да биде ефикасен во уништу-вањето на изолираната бактерија. Лекувањето може да трае и до 6 недели. Паралелно со антибиот-ската, се практикува и терапија со лекови кои ќе ја подобрат јачината на млазот на урината, како и про-тив воспалителни лекови, мускулни релаксанти и лекови на растителна база. Покрај терапијата со лекови свое место има и физикалната те-рапија - вежби за релаксирање на мускулатурата на карличното дно, како и психотерапијата како начин на поддршка во целиот процес на лекување.

Хроничниот простатит е заболу-вање кое бара сериозен и трпелив приод во дијагнозата и во леку-вањето, употреба на повеќе дијаг-ностички методи, како и активна соработка на докторот и пациен-тот.

и квалитетот на животот. Синдром на хронична карлич-

на болка. Се карактеризира со две поткатегории. Првата се ка-рактеризира со истите симтоми како и претходната категорија, меѓутоа инфективен причинител не е докажан. За тоа дека се ра-боти за воспаление на простатата проценуваме по присуството на леукоцити во урината по масажа на простатата, или во примерок од спермата. Втората категорија, простатодинија или невоспалите-лен хроничен простатит ги опфаќа сите оние претходно наброени симптоми, но без пораст на бројот на леукоцити во урината или во примерокот на спермата.

Асимптоматски невоспалите-лен простатит - овој термин е во-веден со најновата класификација на воспаленијата на простатата. Паци ентот нема никакви симпто-ми, но пре гледот на урината или спермата по кажува значително по качен број на воспалителни кл-етки (леукоцити ).

ДИЈАГНОЗАТА - КЛУЧНА ВО ЛЕКУВАЊЕТО

Точната и навремена дијагноза е клучна за правилно лекување на воспалението на простатата. Пре-

Page 54: Sistina Plus br.5

ЗДРАВЈЕЗначајни датуми

Page 55: Sistina Plus br.5

55

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше акција за бесплатни нефролошки консултации и прегледи, а воедно се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот - 8-ми март. Целта е да се подигне свеста на граѓаните за грижа за сопственото здравје, рана детекција и превенција на бубрежните заболувања, чија бројка секојдневно се зголемува на светско ниво. За време на акцијата 60 тина граѓани беа прегледани од Прим.Д-р Љупчо Стојковски-нефролог и Магистер по нефролошки науки, доктор со 24 годишно работно искуство во областа на нефрологијата.

Page 56: Sistina Plus br.5

АКТУЕЛНО

Што претставува Гама нож ме-тодата?

Гама нож методата се користи за третман на тумори на мозокот без хируршка интервенција и претставува применета, научно докажана радиохируршка тех-ника. Со примена на Гама нож методата возможно е лекување тумори на мозокот кои се помали од 3,5 цм, без потреба од чувстви-телна и ризична неврохируршка интервенција. Со оваа метода возможно е туморите на мозокот да се третираат бескрвно, брзо и ефикасно. Гама нож се применува без потреба од општа анестезија, а третманите се завршуваат во рок од неколку часа, па поради тоа пациентите можат да заминат дома веднаш по интервенцијата.

На кој принцип работи оваа метода?

Радиохирургијата со Гама нож се темели врз принципот на зрач-

Третман на тумори на мозокот со радиохирургија

ГАМА НОЖ (GAMMA KNIFE)

на терапија. Прво со помош на компјутеризирана томографија се утврдува туморот во мозокот, неговата точна локализација и големина. Потоа, со посебен, ком-пјутерски диригирана програма ( базична стереотаксична рамка), без можност за грешка или отста-пување од зададените координати, туморот се зрачи со зраци кои произлегуваат од кобалтен из-вор. Секој извор од зраците зрачи со ни-ска јачина, па пора-ди тоа не му штети на здравото ткиво на мозокот. Мозоч-

ните тумори помали од 3,5 цм во дијаметар може да се лекуваат со оваа метода.

Гама нож (Gamma Knife) е најсовремена медицинска опрема која се користи во радиохирургијата за лекување тумори на мозокот без потреба од хируршки третман и анестезија. По

третманот со Гама нож пациентите заминуваат дома истот ден. Проф. д-р. Селчук Пекер, неврохирург во болницата „Аџибадем

Козјатаги“, детално ни ги објасни предностите и ефектите од терапијата на туморите во мозокот со таканаречениот Гама нож.

Page 57: Sistina Plus br.5

57

Текстот е преземен од болницата Истанбул, Р. Турција

доведува до нивно изумирање. На овој начин може да дој-де до комплетно исчезнување на ту-морот.

Кај малигните тумори и метаста-зите во мозокот, би-дејќи брзо растат, лекувањето со Гама нож методата може да потрае и некол-ку месеци за да се видат вистинските, позитивни ефекти од третманот.

Кои се пред-ностите од леку-вањето со Гама ножот ?

• Ја намалува потребата од от-ворена операција на многу тумори на мозокот.

• По постапката, има многу малку несакани реак-ции.

• Нема потреба од општа анес-тезија.

• На денот на третманот пациен-тите можат да се вратат дома.

• Нема период на постоператив-но заздравување.

Кај кои пациенти, поточно кај кои заболувања се користи оваа метода?

Гама нож методата во ради-охирургија се дефинира како “златен стандард”. Може да се користи во лекувањето на артери-овенски малформации на крвните садови на мозокот, кај тумори на мозокот, како и во терапијата на функционалните нарушувања на мозокот. Пациентите кои можат да се лекуваат со Гама нож може да се именуваат на следниот начин: пациенти со васкуларни нарушу-вања, пациенти со бенигни тумори, пациенти со малигни тумори, паци-енти со болести и деформитети во движењето, пациенти со функцио-нална болест и пациенти со тумо-ри на мозокот кои се наоѓаат во тешко достапни и длабоки области во мозокот.

Како делува Гама нож метода-та врз туморот?

Со Гама нож методата туморот или заболеното ткиво не се вади како при класичните хируршки операции туку се делува директно врз туморската клетка и се уништу-ва нејзиното јадро. Нападнати на овој начин, туморските клетки ја губат способноста да се раз-множуваат и прехрануваат, што

• Кожата и косата на главата ос-тануваат негибнати, нема дефекти на черепот

• Пациентите се во состојба за кратко време да се вратат на ра-бота.

• Здравото мозочно ткиво доби-ва многу малку зрачење.

Page 58: Sistina Plus br.5

СИСТИНАПациентите прашуваат

Што се сипаници?

Сипаници се вирусни, осипни болести кои многу лесно се прене-суваат преку воздухот што е при-чина децата уште од рана возраст да се разболат од нив и затоа се сметаат за “вообичаени детски болести”.Тука спаѓаат: морбили, рубеола и варичела.

Како се манифестираат морби-ли?

Морбили се високо заразно,

умерено до сериозно акутно заболување.

Почнува со трес-ка, изнемоштеност, сува кашлица и воспаление на коњуктивите. По 3-4 дена се појавува карактеристичен осип кој почнува зад ушите и се шири

по цело тело и екс-тремитетите. Осипот

се повлекува по 5-6 дена. Болеста е заразна

4 дена пред и 4 дена по појава на осипот. Најчес-

то се појавува кон крајот на зимата и почеток на пролетта.

Можни компликации од морбили се воспаление на средното уво, белите дробови и мозокот.

Како се лекуваат морбили?

Специфичен лек не постои, но вакцинацијата е исклучително ефикасна во превенција на забо-лувањето.

Зошто луѓето се плашат од ру-беола?

Рубеолата има лесна клиничка слика, а 25% од заболените се без

симптоми. Кај децата има мали, или воопшто нема почетни симп-томи. Адолесцентите и возрасните можат 1-5 дена да имаат лесно по-качена телесна температура, блага малаксаност, главоболка, болка во грло, секреција од носот. Се поја-вува нежен, ситен осип кој почнува зад ушите и се шири по цело тело. Тој се губи по 3 дена.

Рубеолата најчесто се јавува кон крајот на зимата и почеток на пролетта. Заразноста кај болните трае неколку дена пред и неколку дена по појавата на осипот. Кај адолесцентите и возрасните во тек на болеста може да дојде до воспаление на големите и малите зглобови кое трае 5-10 дена.

Најголем ризик од вирусот на рубеола е што доколку оболи бре-мена жена, вирусот го напаѓа и плодот и, зависно во кој период на бременоста е, може да предизвика различни оштетувања. Најризични се првите 12 недели од бременос-та кога може да дојде до тешки оштетувања на плодот, па дури и негова смрт. Во одреден број случаи не доаѓа до оштетување на плодот, но бидејќи ризикот е преголем се препорачува прекин на бременоста. Инфекција со ру-беола во последните месеци на бременоста не може да му наштети

Подготви д-р Леонардо Камењарски –педијатар

Си-паниците се најчестите заразни заболу-

вања во детската возраст.Од ова не се поштедени ни возрас-ните, особено оние кои не ги прележале како деца. За сипани-

ците не постои специ-фичен лек. Единствен начин да се заштити-ме од нив се вакци-ните и затоа е неоп-ходно вакцинацијата

да се спроведува правовремено и редов-

но.Систина плус ви дава одговор на најчестите дилеми поврзани со сипаниците.

ВООБИЧАЕНИ ДЕТСКИ БОЛЕСТИС И П А Н И Ц И ,

Page 59: Sistina Plus br.5

59

Почитувани читатели,

Редакцијата на Систина Плус и натаму останува отворена за вашите прашања и коментари. Пишувајте ни, давајте предлози за нови теми и содржини на: [email protected] Систина Плус е ваш магазин. Магазин кој се грижи за вашето здравје.

Со почит,СИСТИНА ПЛУС

АЏИБАДЕМ СИСТИНА 3099 500АЏИБАДЕМ СИСТИНА ФАКС 3099 599ИНФОРМАЦИИ ЗА МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ 3099 790ОДДЕЛ ЗА КАРДИОХИРУРГИЈА 3099 520ОДДЕЛ ЗА КАРДИОЛОГИЈА 3099 540ПУЛМОЛОГИЈА 3099 540ИВФ 3099 560УРОЛОГИЈА И НЕФРОЛОГИЈА 3099 710ТОРАКАЛНА И ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА 3099 720ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГИЈА 3099 657ПЕДИЈАТРИЈА И ДЕТСКА ПУЛМОАЛЕРГОЛОГИЈА 3099 740НЕВРОЛОГИЈА И НЕВРОХИРУРГИЈА 3099 655ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА 072 321 757ПСИХИЈАТРИЈА СО МЕДИЦИНСКА ПСИХОЛОГИЈА,ЕНДОКРИНОЛОГИЈА, ОНКОЛОГИЈА 3099 711ЕСТЕТСКА ,ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА 3099 720МАКСИЛОФАЦИЈАЛНА ХИРУРГИЈА, ДЕТСКА ХИРУРГИЈА 3099 712ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА 3099 580ТРУДОВА МЕДИЦИНА 3099 512ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА 3099 730ОДДЕЛ ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО,ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОГИЈА 3099 700ОДДЕЛ ЗА НЕОНАТОЛОГИЈА 3099 780ДИЈАГНОСТИЧКИ ЛАБАРАТОРИИ 3099 510РЕНДГЕН. 3099 750ОДДЕЛ ЗА НУКЛЕАРНА МЕДИЦИНА 3099 760ОФТАЛМОЛОГИЈА 3097 000

ТЕЛЕФОНИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА

на плодот. Дали вакцината дава добра

заштита?

Вакцинацијата против рубеола се спроведува во 3 дози од 12 ме-сеци до 14 години и е апсолутна заштита од болеста. Можат да се вакцинираат и возрасни жени под услов да не се бремени и не забре-менат 2 месеци по извршената вак-цинација.

Дали е опасна варичелата?

Варичела (овчи сипаници) е релативно бенигно, сепак, многу заразно заболување предизвикано од вирусот на варичела-зостер. Почетокот се карактеризира со краток период на лесно покачена температура, симптоми од гор-ниот респираторен тракт и блага малаксаност, а потоа следи осип кој многу чеша. Карактеристично се појавува и на скалпот и е во вид на мали меурчиња исполнети со течност.

Болеста се појавува преку цела-та година, а максимумот е во доц-ната есен и зима. Периодот на за-разност е 1-2 дена пред почеток на

осипот и додека сите промени не станат крастички. Компликациите се ретки и можат да бидат предиз-викани од самиот вирус како што е пневмонија, хепатитис, енцефа-литис или од бактериска суперин-фекција на кожните промени.

Постои ли вакцина против оваа болест?

Вакцина против варичела е изработена, но сè уште не е вклу-чена во редовна вакцинација. Се користи кај имунокомпромитирани пациенти. За таа цел се користи и варичела-зостер имуноглобулин кој се дава кај веќе заболени иму-нокомпромитирани пациенти и со тоа се намалува тежината на забо-лувањето.

На која возраст е најдобро да се прележат сипаниците?

Најлесна клиничка слика имаат деца на возраст од 3 до 7 години. Пред навршена една година и кај возрасните, сипаниците имаат многу потешка клиничка слика.

Што ако детето има сипаници а

мајката е бремена со друго?

Доколку мајката е уредно вакцинирана или ја прележала болеста тогаш таа е заштитена и не може да се разболи. Ако нема имунитет, потребно е да биде изо-лирана од болното дете.

ВООБИЧАЕНИ ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Page 60: Sistina Plus br.5

ПРАВИЛНА ИСХРАНА ЗА ЗДРАВО

НОВОРОДЕНЧЕ

TEMAИсхрана на новороденче Подготви

д-р Станка Танчева Крстевска педијатар, неонатолог

Еден од клучните фактори за унапредување на чо-вековото здравје е сека-ко правилна и адекватна исхрана, како и здравите

навики за исхрана кои треба да почнат уште од самото раѓање. Се-како дека исхраната, особено до-ењето е еден од факторите кои му помагаат и овозможуваат што по-адекватна и полесна адаптација на новороденчето.

Која е најдобра храна за вашето новороденче?

Несомнено мајчиното млеко е најдобрата и идеална храна за секое новороденче. По својот со-став и карактеристики, а зависно од времето на лачење разликува-ме колострално млеко(колострум), преодно и зрело мајчино млеко. Колострумот е млекото кое мајка-та го лачи првите неколку дена по раѓањето и тоа се разликува од зрелото мајчино млеко по тоа што е богато со протеини, витамин А

Пра-вилната исхра-

на има големо зна-чење во здравиот развој на

новороденчето. Со соодветна исхрана доенчето се развива и напредува брзо. Се смета дека доенчето треба до шестиот ме-

сец двојно да ја зголеми својата тежина, а до крајот на првата година и до трипати. Систина

плус ви нуди совети која храна е најдобра за ва-

шите бебиња.

мајката и истите го штитат од мно-губројните ,,непријатели” кои му се закануваат во неговата околина.

Потоа се лачи преодното, па зрелото мајчино млеко кое е веќе со избалансиран состав, идеално адаптирано на нутритивните пот-реби на новороденчето во првите неколку месеци. Се одликува со адекватен сооднос на протеини, ја-глехидрати, масти, минерали, осо-бено железо, кое во голем процент ( дури до 50 % ) се ресорбира од мајчиното млеко и ги задоволува потребите на организмот во првите месеци. Затоа е важно да се истак-не дека за да имаме здраво новоро-денче неопходно е да имаме здра-ва трудница која се храни правилно потпомагајќи го правилниот раст и развој на плодот. Мајчиното млеко, ако го има доволно, треба да биде единствената храна кај бебето во првите 5-6 месеци на живот.

Во услови кога мајката од објек-тивни причини не може да дои, кога доенчето заостанува во тежи-на и покрај целосното ангажирање на мајката да го одржи доењето, при одредени патолошки состојби кои бараат итно прекинување на доењето, најдобра замена за мајчи-ното млеко е адаптираната млечна формула. Неадаптираното кравјо млеко треба да се избегнува во те-кот на првата година поради соста-вот кој не е адекватен за младиот организам и појавата на алергиски и готови имуноглобулини. Тоа се

заштитни антитела кои бебето како еден вид пасивна или примарна имунизација ги добива од својата

Page 61: Sistina Plus br.5

61

полнение на доењето, кое и по-натаму ја има главната улога во исхраната на детето. Треба да би-деме внимателни и при изборот на овошјата, на почеток се даваат оние кои се најмалку алергоге-ни (јаболко, круша, банана, модра слива). Напоредно се почнува со внесување на зеленчукови оброци (компир, морков, брокула, карфи-ол, тиквички....). Нешто подоцна, околу 9. месец се внесува зрнести-от зеленчук. Овошните и зеленчуко-ви оброци се даваат без додаток на сол и шеќер затоа што уринарниот систем и ензимите кај доенчето не-опходни за адекватна елиминација на распадните материи сè уште ја немаат стабилизирано својата функција. Овошјето и зеленчукот се природен извор на витамини и

олигоелементи така што адекватен внес на истите овозможува зголе-мување на заштитните механизми на организмот и придонесува кон здраво растење. Еден од најваж-ните извори на протеини и масти, како и извор на енергија и железо во овој период претставува месото. Неговото воведување во детската исхрана е некаде околу седмиот месец. Од житариците, на почето-кот се даваат само оние без глутен, како што се ориз и пченкарни сне-гулки, додека другите житарици, како и лебот се внесуваат меѓу 9. и 10. месец. Житариците изобилу-ваат со диететски влакна кои го олеснуваат варењето на внесената храна и ја подобруваат цревната микрофлора. Содржат железо, јод, калциум, витамини А, Б и Ц.

реакции. Кога треба да се воведе нова,

разноврсна исхрана ?Тоа е период на голема про-

мена кај новороденчето. Период кога треба да се почне со внес на друга храна, што честопати може да резултира со одбивност и лошо расположение за прифаќање на истата. Воведувањето на оваа раз-новрсна исхрана се случува обич-но меѓу 4.и 6. месец кога енергет-ската вредност на нутриентите во мајчиното млеко т.е. во млечната формула веќе не е доволна за да го задоволи брзиот раст и развој на доенчето. Доколку детето има одличен раст и развој, мајчиното млеко како единствена храна може да трае до 6. месец. Секако не би требало внесот на другата храна да е пред 4. месец поради незрелоста на многуте ензими кои учествуваат во варење и преработка на внесе-ната храна, како и поради општата незрелост на дигестивен систем кај младиот бебешки организам, што може да е причина за развој на алергиски реакции.

Многу е важно воведувањето на новата храна да оди постепено, во консултација со вашиот педијатар.

Со која храна треба да почне и како таа се воведува кај бебето?

Обично се почнува со внес на овошни или зеленчукови оброци. Секако дека тие доаѓаат како до-

ЗАПОМНЕТЕ

1. Доењето е незаменлива храна за вашето доенче.

2. Во случаи кога доењето е невозможно, давајте адаптирано млеко по формула.

3. Разноврсната исхрана внесувајте ја по-степено и по совет на вашиот педијатар.

4. Храната треба да содржи свежи проду-кти, термички добро обработени, но, сепак, давајте и свежо овошје кое во тој период е најдобар извор за витамини и ологоелемен-ти.

5. Витаминот Д, кој и покрај тоа што е при-сутен во многу продукти кои се на нашата тр-пеза, сепак, треба да се додава во исхраната ( витамински капки за коски, 400 IE / ден ), посебно во периодот на исправување и прооду-вање на вашето доенче.

Page 62: Sistina Plus br.5
Page 63: Sistina Plus br.5

63

Page 64: Sistina Plus br.5

УСПЕХОТ ГО ДОЛЖAМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Поблиску соСтојанче Стоилов

Во само една година го доживеа најголемиот пад, но и најголемиот успех. Откритието на Европското првенство,

младиот пикер Стојанче Стоилов, по сите премрежја ги искористи „своите пет минути“ и докажа колку вреди. Со блескавата игра на теренот ги остави сите „без зборови“ и стана вториот стрелец во македонската ракометна реп-резентација.

КОШАРКАТА МИ Е ПРВА ЉУБОВ

Со спортот Стоилов почнал уште во основно училиште. Трени-

рал повеќе спортови, но на крајот се пронашол во ракометот. Прво тренирал пливање, а потоа долги години кошарка. Но по убедување на неговиот чичко Симе Симонов-ски, кој е ракометен тренер, на 18 години Стојанче почнал да игра ракомет.

„Долго време тренирав кошар-ка. Вујко ми, кој беше ракометен тренер, постојано ме убедуваше да играм ракомет. Но јас некако се двоумев и не сакав. Едно лето ме повика неколку месеци да поиграм ракомет. Веднаш го засакав овој спорт и веќе шест години трени-рам професионално “ – се потсе-тува Стојанче за своите спортски

почетоци. Во својата спортска кариера

Стојанче се соочувал со многу проблеми. Но не подлегнал на пречките. Упорноста и работата го довеле на врвот на македонски-от ракомет. Сега ги ужива своите моменти на слава. Особено е по-пуларен кај понежниот пол, но тој скромно ни откри дека сѐ уште ја бара својата љубов.

“Ме препознаваат на улица, ми бараат автограми, сакаат да се фотографираат. Сето ова е ново и чудно за мене. Добро, има и по-веќе девојчиња, но засега нема ништо сериозно. Во моментов немам девојка и ја барам својата

Page 65: Sistina Plus br.5

65

УСПЕХОТ ГО ДОЛЖAМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

Се појави на Ев-

ропското првенство и ги освои симпатиите на сите. Младиот ракометар

Стојанче Стоилов, по многу го-дини напорна работа, денеска

ги живее своите минути на слава. Ги надмина професионалните и здравствени проблеми и стана

вториот стрелец во македонска-та ракометна репрезентација.

За Систина Плус ни открива некои детали од својот

приватен и професи-онален живот

Page 66: Sistina Plus br.5

љубов“– раскажува Стојанче за тоа како се справува со популарноста.

НИКОЈ НЕ ЗНАЕШЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МЕНЕ

Стојанче Стоилов за Систина Плус сподели една тајна. Неколку месеци пред почетокот на Европ-ското првенство имал сериозен здравствен проблем. Брзо се замо-рувал, не можел да трча ниту да игра. Како и секој спортист редов-но одел на прегледи, но никој не можел да открие што го мачи.

„Не можев ни 15 минути да иг-рам. Имав проблем, но никој не знаеше да ми каже што се случува со мене. Многу брзо се задишував и се заморував, цел живот спорту-вам но досега вакво нешто ми се нема случено“ - раскажува Стои-лов

Но како дел од македонската ракометна репрезентација доаѓа на преглед во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.Тука лекарите му дијагностицираат почетна фаза на астма, проблем кој подолго време го мачел Стојанче и од кој зависела неговата кариера како ракометар.

„Ми направија тестови и ми ре-коа дека имам астма. Ми дадоа терапија и режим на исхрана. За кратко време ни самиот не можев да поверувам како одеднаш добив сила и кондиција, веќе не се за-морував и можев да играм многу повеќе од 15 минути. Морам да кажам дека „Аџибадем Систина’ е многу важен дел од оваа репрезен-тација. Добивме врвна здравствена грижа, од доктори до физиотера-певти, постојано беа околу нас, и се справуваа со нашите повреди.

На ша најголема поддршка беше ди ректорот д-р Никола Панчев-ски , на кого сме посебно благо-дарни“ -ра скажува Стојанче за улогата на Кл иничката болница „Аџибадем Си стина“ во успесите на македонск ата ракометна репре-зентација.

Следниот предизвик на Сто-илов и другите репрезентативци е да за играат на најпрестижното натпр еварување во светот, Лет-ните ол имписки игри во Лондон. Ветува дека заедно со своите соиграчи ќе го дадат својот мак-симум, и на маке донскиот народ ќе му понудат уште многу успеси и возбудли ви натпревари. Покрај Олимпијада та, како и секој спор-тист така и Стоилов сонува да заиг-ра за некој од големите европски тимови во ракомет.

„Не сум размислувал, но сакам својата кариера да ја продолжам надвор од земјава. Засега не се оптоварувам многу со тоа. Најваж-но ми е да покажам добра игра, и на секој нареден натпревар да го дадам својот максимум. А успесите потоа си доаѓаат сами по себе“ -раскажува Стоилов за своите идни спортски планови.

НЕ ТРЕБАШЕ ДА ИГРАМ СО СРБИЈА

„Пред натпреварот со Ср-бија имав големи болки во гр-бот. Не можев ни да помислам да играм. Еден час пред нат-преварот одлучија да не играм. Но уште не знам што се случи, докторите од „Аџибадем Си-стина“ кои беа со нас ми дадоа инјекција и сите проблеми ми исчезнаа. Играв во најдобро светло иако еден час претходно не можев да станам од кревет“-објаснува Стоилов за повредите кои ги доби на Европското пр-венство во Србија.

Page 67: Sistina Plus br.5

67

Акромегалија е ретка, сериозна, хронична болест која се должи на прекумерна секреција на хормонот за раст кај возрасните. Најчесто се јавува меѓу 20-45 години, со еднаква застапеност во двата пола.

Хормонот за раст го произведува хипофизата, еден мал орган сместен во базата на мозокот. Најчеста причина за болеста се бенигни тумори на хипофизата. Хормонот за раст поттикнува раст на коските, рскавиците, мускулите и другите ткива и органи. Кога има премногу хормон за раст - овие ткива растат поголеми во однос на нормалата.

Називот АКРОМЕГАЛИЈА доаѓа од грчките зборови што значат “екстремитети” и “проширување”. Проширување и зголемување на дланките и стапалата се најчестите знаци на болеста.

Развојот на симптомите е често бавно и постепено. Симптомите можат да поминат незабележано со години, па и децении. Многу од луѓето не ги забележуваат промените во нивниот физички изглед . Дури и докторите од примарна здравствена заштита не ги препознаваат овие симптоми. Често член на семејството или пријател кој не го видел лицето подолго време може прв да укаже на промените. Серија на фотографии за одреден временски период од неколку години се корисни во оценување на физичките промени и времето на започнување на болеста. Просечно време од појава на симптомите до дијагнозата на болеста изнесува 12 години.

Симптоми и знаци:

Симптомите можат да се поделат во 2 групи: оние кои се должат на притисок од туморот на околните ткива и оние предизвикани од вишок на хормонот за раст и ИГФ-1 во крвта. Главоболки и делумен губиток на видот на едно или двете очи се најчести симптоми кои се должат на притисок на туморот на околните ткива.

Симптомите зависат од големина на туморот и вклучуват:

- зголемување на дланките, задебелување на прстите (како ,,колбас”) така што прстенот станува тесен, а проширувањето на стапалата доведува до потреба од зголемување на бројот на обувките- проширување на вилицата и другите коски на лицето, разредување на забите- оток на лицето, усните и јазикот кој се зголемува - па говорот станува неразговетен- прекумерно потење како резултат на зголемување на бројот на потните и лојни жлезди, потта има непријатен мирис- болка, вкочанетост во зглобовите поради прекумерен раст на коските и рскавицата во зглобовите, артритис, болки во грбот и искривување на рбетот (кифоза)- проблеми со дишењето во тек на спиење (апнеа при спиење)- задебелување на кожата- болка, вкочанетост, пецкање или слабост во рацете и зглобовите и други нервни синдроми- зголемување на органите како: срце, тироидна жлезда (гуша), црн дроб и бубрезите- намален сексуален нагон, нарушен менструален циклус

Акромегалија треба што порано да се открие и лекува. Нелекувана акромегалија е поврзана со болести на срцето, висок крвен притисок, нарушувања во ритамот на срцето, шеќерна болест и полипи на дебелото црево.

Дијагноза

Дијагнозата на акромегалија се поставува клинички, а се потврдува со мерење на вредностите на хормонот за раст кој кај 90% од пациентите е зголемен. Мерењето на ИГФ-1 има важна улога во потврдувањето на дијагнозата и ако има зголемени вредности - со сигурност може да се каже дека се работи за акромегалија. Тестот со оптоварување со глукоза (ОГТТ) претставува наједноставен и најспецифичен динамски тест за дијагноза.

Лекување

Сите пациенти со акромегалија мора да се лекуваат за да се спречи напредување на болеста и да се превенираат доцните компликации. Основна терапија на избор е операција. Кај пациентите кај кои со хируршка интервенција не е постигнато излекување - можат да се применат и други тераписки мерки (медикаментозна терапија или радиотерапија).

АКРОМЕГАЛИЈА

Проф. Др Гордана ПемовскаЈЗУ Клиника за болести на метаболизмот - Скопје

Page 68: Sistina Plus br.5

ПредлогТрчање

Пролетта е пред нас. До-аѓаат сончевите денови. Облеката е полесна, но видливи стануваат вишо-кот килограми кои сме ги

„заработиле“ во текот на зимата. Време е да тргнете во акција. Нај-добар начин повторно да се вра-тите во форма и да го разбудите вашето тело е трчањето. Со оваа спортска активност ќе ги стопите килограмите, ќе го затегнете ваше-то тело и ќе се чувствувате среќни и полни со енергија. Покрај ова ќе ви годи и престојот во природа на пролетното сонце. Докажано е дека трчањето делува позитивно и на нашата психа бидејќи за време на тренингот се лачи хормонот на

минути без проблеми.

ТЕХНИКИ НА ПРАВИЛНО ТРЧАЊЕ

Потребно е да ја научите техниката на правилно трчање. Секогаш трчајте прсти петица. До-дека трчате горниот дел од телото треба да го држите исправено, а погледот да ви биде насочен неколку метри пред вас. Рацете треба да ви се благо свиени во лактите и опуштено да се движат крај телото.

ТРЧАЈТЕ ВО ПРИРОДА

За трчање секогаш одберете места со зеленило одалечени од градскиот смог. Кога сме спортски активни дишењето се забрзува по-ради поголемата потреба од кис-лород. Ако воздухот е загаден, во белите дробови влегува поголема количина штетни честички кои го загадуваат воздухот.

ОСЛАБЕТЕ ЗДРАВО

Лицата кои редовно трчаат по три месеци може да заборават на диета. Една од придобивките кои можете да ги добиете со трчање е да го изгубите вишокот килограми. Додека трчате процентот на ензи-ми кои ги разградуваат мастите се зголемува од 10 на 80 проценти. Но треба да знаете дека на по-четокот нема да ослабете зошто новото мускулно ткиво е потешко од масните наслаги. Исто така тр-чањето ја намалува потребата за благо бидејќи го намалува нивото на инсулин во крвта. Но, сепак,

ВРАТЕТЕ СЕ ВО ТОП ФОРМА, ПОЧНЕТЕ ДА ТРЧАТЕ

среќа. Но како за секоја физичка активност така и за трчањето по-требно ви е прво да се подготвите. Ова особено важи за оние кои подолго време не биле физички активни.

ЗАГРЕВАЊЕ НАМУСКУЛИТЕ ПРЕД ТРЧАЊЕ

Со трчање ги оптоваруваме зглобовите и долниот дел на тело-то. Затоа пред да почнете со фи-зичка активност треба да го под-готвите телото со загревање. Прво загрејте ги мускулите со полесни вежби. Следниот чекор е да ги ис-тегнете мускулите. Ова е особено важно за да ги избегнете болните грчеви и повреди додека трчате.

ОДБЕРЕТЕ СИ ТЕМПО

Кога ќе почнете со трчање прво треба да ја проверите вашата кон-диција. Ако во првите десетина ме-три останавте без здив, тоа значи дека треба да ја совладате техни-ката на дишење. За да го намалите напорот потребно е да вдишете преку нос, а да издишете низ уста. Додека не влезете во кондиција трчањето комбинирајте го со брзо одење, и постепено зголемувајте го времето на трчање. Ако трени-рате три до петпати неделно, за еден месец ќе можете да трчате 30

Page 69: Sistina Plus br.5

69

не заборавајте на телото да му обезбедите доволно енергија. Не-опходни се минерали и белковини зошто му овозможуваат на органи-змот нормално да функционира. Секој ден конзумирајте компир, житарки, банани, суво и јаткасто овошје и јогурт. Редовно земајте витамин Ц и пијте многу вода. До-дека трчате важно е да пиете мали голтки вода, без разлика дали сте жедни, зошто кога ќе осетите жед тоа значи дека сте дехидрирале.

ОПРЕМА ЗА ТРЧАЊЕ

За да се чувствувате удобно до-дека трчате важно е да одберете соодветна опрема. Облеката тре-

ба да ја пропушта потта и да му овозможи на

телото да „дише“. Ако не носите соодвет-

ни патики додека трчате, ризи-

кувате да се повредите.

Секој пат кога ста-

палото го допира

тло-

то сите зглобови, колена и грбот се подложни на опто-варување кое е дури за 3 -4 пати поголемо од вашата те-жина. Квалитетните патиките го амортизираат овој удар. Систина плус ви дава неколку предлози од светскиот произ-водител за спортска опрема „Ли-Нинг“.

Трчањето е наједноставна и најекономична физичка активност со која без гладување ќе ослабете здраво и ќе го затегнете вашето тело. Покрај ова ќе ви годи и престојот во природа на свеж воздух и на пролетното сонце. Ако подолго време не сте биле физички активни, мора да се подготвите за дополнителниот фи-зички напор. Систина плус ви нуди корисни совети за правилно трчање и џогирање.

Page 70: Sistina Plus br.5
Page 71: Sistina Plus br.5

71

ПР

ОЛ

ЕТ

НА

КО

ЛЕ

КЦ

ИЈА

Page 72: Sistina Plus br.5

ПредлогВино

сок крвен притисок. Виното делува инхибиторно на канцерогените ме-ханизми на клетката и го намалува ризикот од појава на рак.

Секојдневното конзумирање на црвено вино во умерена количи-на има заштитна улога во органи-змот. Тоа е таканаречена ј-форма на ефектот на црвеното вино во умерени количини, спротивно на апстиненцијата и алкохолната зло-употреба.

ДОЗВОЛЕНИ КОЛИЧИНИ НА ВИНО Дозволената количина може да

варира зависно од полот, возраста, генетските фактори, телесната те-жина, конзумирањето на разни ви-дови храна и употребата на лекови. Женскиот организам има тенденци-ја за побрза апсорпција на алкохо-лот поради тоа што содржи помало количество вода во огранизмот и помало ниво на стомачни ензими. Поради тоа умерената количина за мажи и жени на иста возраст и со иста телесна тежина не е еднаква. Препораките за “умерено конзуми-рање “ се 1-2 чаши на ден за жени и 2-4 чаши на ден за мажи. Оваа пре-порака не го оправдува пиењето на 12 чаши вино во неделно попладне. Се препорачува конзумирање на црвено вино за време на оброк со што се намалува ресорпцијата на мастите, како и помалото влијание врз крвниот притисок. Злоупотре-бата на алкохолот штетно влијае на повеќе органи и може да доведе до покачен крвен притисок, нарушу-

Подготвид-р Ирина Тоновска,

специјалист по интерна медицина

С О Ч А Ш А В И Н О Д ОПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

смртноста од кардио-васкуларни заболувања.

ПОЗИТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈАНА ВИНОТО

Во 1993 год. докажано е посто-ењето на специфични компоненти во виното, полифеноли (ресвера-тол и процианиди) кои имаат улога на антиоксиданси и ја инхибираат оксидацијата на „лошиот“ ЛДЛ хо-лестерол. Значаен бенефит е до-кажаниот механизам за константно покачување на „добриот“ ХДЛ хо-лестерол во крвта како резултат на зголемената синтеза во хепарот. Виното го намалува процентот на миокарден инфаркт. Постои разли-ка меѓу француското и германско-то вино, каде подобриот квалитет на француското вино се припишу-ва на неговата поголема продук-ција на азотниот оксид (НО) пора-ди застапеноста на полифенолите. Тие се важни во намалување на процесот на атеросклероза на крв-ните садови.

ПИЈТЕ УМЕРЕНО

Виното во мали количини, како релаксант доведува до намалу-вање на крвниот притисок во први-те неколку часа. Кај здравата попу-лација црвеното вино го покачува крвниот притисок за 2-3 мм живин столб. Кај лицата со висок крвен притисок, влијанието на виното во покачување на крвниот притисок е поголемо, а со тоа и потребата од поголема доза на терапијата за ви-

Многу студии потврдиле дека умере-но конзуми-рање на вино

значајно ја намалува смрт-носта од кардиоваскуларните заболувања. За благотворно-то дејство на виното знаел уште и Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подоб-рување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на исхрана.

ПРВИТЕ СОЗНАНИЈА ЗАЛЕКОВИТИТЕ СВОЈСТВА НА ВИНОТО

Виното има долга и богата ис-торија илјада години наназад. Пр-вите археолошки докази за негово-то постоење потекнуваат од пред 8000 години од Грузија, а во Европа за првпат е забележано пред 4500 год. Виното било често користено и споменувано кај старите Грци и Римјаните во религиозни и меди-цински цели, како и во секојднев-ниот социјален живот. Неговата примена во медицината потекнува уште од времето на Хипократ, кој го користел како антисептик, се-датив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на здрава исхрана. Францускиот парадокс за протективната улога на црве-ното вино при конзумирањето на масна и високо калорична храна доаѓа уште од 1979 год. кога била поставена хипотезата за намалена појава на кардиоваскуларни забо-лувања и смртност во Франција, со

континуирана и умере-на употреба на вино.

Четири големи студии изведу-вани во земји со различни попу-лации, различен

животен стил и навики (Данска, Калифорнија, Бри-танија и Франција)

уште еднаш го потврдија позитивното влијание на умерени ко-личини вино во намалу-

вање на

Page 73: Sistina Plus br.5

73

вања во крвта, оштетување на цр-ниот дроб, канцерогени промени, неплодност, оштетување на мозо-кот, најчесто деменција, псоријаза, мозочен удар, мускулна атрофија, а за време на бременоста може да настане ментална ретардација на плодот. Кај пациентите со одре-дени ревматски заболувања не се препорачува алкохол поради не-говиот ефект во зголемувањето на уричната киселина во крвта. Пора-ди “неизвесниот” ефект на алкохо-лот, не се препорачува кај кардио-миопатиите. Мора да се напомене неговото интерактивно дејство со одредени лекови како што се ни-трогицерин, анксиолитици, неуро-лептици и контрацептиви.

ЦРВЕНО ИЛИ БЕЛО ВИНО

Црвеното вино има поголема заштитна улога од белото вино и пивото. Сепак, до сега не се напра-вени многу долгорочни студии кои со сигурност би ги потврдиле или негирале предностите на црвеното вино во однос на другиот вид алко-хол. Предноста на конзументите на вино е нивниот подобар стил на жи-вот со најчесто користење на лесна и здрава храна (овошје, зеленчук, фибрати), помалиот процент на пу-шачи и подобри социо-економски услови. Во Франција била забеле-жана помала стапка на смртност до 50% во деловите каде е почеста употребата на црвено вино, споре-дено со деловите на земјата каде поголема била употребата на бело вино. Тоа се должи на помалите количини на содржан ресвератол во белото вино. Епидемиолошките наоди од Северна Америка тврдат дека не постои битна разлика меѓу црвеното и белото вино, што може да се објасни со различната исхра-на во Европа и во Америка, како и поголемата застапеност на храната во однос на алкохолот во оброци-те кај американската популација. Епидемиолошките испитувања го потврдија бенефитот од конзуми-рање на умерена количина црвено вино за превенција и намалување на кардиоваскуларните заболу-вања. Поради овие факти предност му се дава на црвеното вино кое ги содржи сите специфични компо-ненти (полифеноли) одговорни за молекуларните механизми во анти-оксидативниот, антиинфламатор-ниот и антилипемискиот ефект.

С О Ч А Ш А В И Н О Д ОПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

Page 74: Sistina Plus br.5

ПредлогМед

Медот е природна слатка течност која е напра-вена од нектарот на цветовите, собран од пчелите. Бојата, вкусот

и слаткоста на медот зависи од кој тип цвеќе е собран. Медот содржи преку 70 драгоцени состојки, од кои најважни се етеричните масла, билните бои и киселините. Овие материи се природни конзерванси на медот.

Благодарение на својот од-личен состав, медот уште одамна се смета за света храна и еден од најважните природни лекови. Најстарите податоци за медот датираат од пред 15.000 години. Oткриени се на ѕидот на една пештера во Шпанија. И египедски-те хиероглифски записи зборуваат за значајната улога на пчелата и медот во секојдневниот живот во древниот Египет, а во гробницата на Тутанкамон е пронајден сад стар 3000 години со сѐ уште упот-реблив мед. Оваа единствена злат-на течност е многу поздрава алтер-натива на природниот шеќер.

ХРАНЛИВИ ВРЕДНОСТИ НА МЕДОТ

Медот како производ на пче-лите има богат и сложен состав и е на границата меѓу храна и

МЕДОТ, ЕЛИКСИР НА ЖИВОТОТ

Ле-гендата вели

медот е храна на бо-говите. Досега се напи-

шани илјадници страници кои го потврдуваат неговото лековито дејство. Денеска е тешко да се замисли животот

без мед, почнувајќи од исхрана-та завршувајќи со козметиката.

Современата наука, истражу-вајќи ги неговите својства , медот го вбројува во храна

која може да го продол-жи животниот век.

лек. Главната состојка се шеќе-рите, околу 79% проценти, од кои најзначајни се фруктоза, гликоза, сахароза, а на малтоза и други дисахариди отпаѓа околу 7 про-центи. Поради високиот процент на прости шеќери медот многу брзо се апсорбира во организмот. Во својот состав е мешавина од повеќе органски киселини, ензими, аминокиселини, етерични масла , витамини и минерали (витамин Б1, Б2, Б5, Б6, Ц, Д, К, од минерали натриум, калиум, калциум, фос-фор, магнезиум, железо , цинк,

јод, бакар , хром) и други значајни состојки.

ЛЕКОВИТО ДЕЈСТВО НА МЕДОТ

Оваа намирница пред сѐ претставува извор на енергија би-дејќи е лесно сварлива се препо-рачува кај спортисти, ја зголемува издржливоста, а го намалува замо-рот на мускулите. Благодарение на неговиот состав медот е одличен антиоксиданс.Докажано е дека трудниците кои во текот на својата бременост конзумирале мед раѓа-ле поздрави и повитални деца. Кај малите деца се препорачува медот откако ќе наполнат една година.

Најпознато лековито својство на медот е за олеснување на симптомите на грип и настинка, односно на болестите на респи-раторниот систем, како што се синуси и воспаление на грлото. Одличен е за рани бидејќи има дејство на антисептик, ја намалува болката, а исто така го извлекува отровот при убоди на инсекти. На местата со опекотини нанесете веднаш мед, со што ќе спречите да се создаде меур и ќе ви зарасне кожата без да ви останат лузни. При кожни проблеми, како што е испукана кожа, осипи, јадеж, по-магаат облози од мед.

Медот од голема помош ќе ви

ЗАНИМЛИВОСТИ

• Добро затворен мед има неограничен рок на тра-ење

• На температура над 41 степени медот ги губи лековитите својства.Затоа внимавајте кога додавате мед чајот да не е премногу врел.

• Кристализацијата е нормален процес кој не влијае на неговиот ква-литет.Ставете ја теглата во топла вода и повтор-но ќе добиете течен мед.

• Медот е многу здрава ал-тернатива на шеќерот.

Page 75: Sistina Plus br.5

75

ци, спортисти и др.Боров мед помага при ис-

кашлување кај болните од бронхитис и астма.

СОВЕТИ ЗА УБАВИНА

Во козметичката индустрија денеска медот е присутен во речиси сите произ-

води. Одличен е како маска за лице која ја отстранува нечистотијата, ја храни сувата и дехидрирана кожа и помага во отстранување на брчките.

Одличен е и како регенератор

за коса.Помешајте исти количини на мед и

маслиново масло и покријте ја косата.Главата замотајте ја со топла крпа и оставете да делува околу час и половина. Потоа из-мијте ја косата со шампон.

Медот ќе ви помогне и да ги намалите килограмите. Измешајте мед и цимет во еден литар топла вода. Половина од течноста ис-пијте ја наутро половина час пред јадење и навечер . Ваквата смеса не дозволува маснотиите да се на-таложат во организмот.

биде и за тврда столица, гастри-тис, чир на желудникот, облоги од мед се препорачуваат кај сите ви-дови воспаленија. Помага во поди-гнување на нивото на железо и на-малување на маснотиите во крвта, како и во чистење на организмот. Познато е неговото благотворно дејство кај проблеми со очи-те, коњуктивит и др.

Различни видови мед имаат различно дејство.

Саќето и медот од липа ги олеснуваат тегобите на дишните органи при настинка, но липовиот мед не се препорачува кај болните со срцеви про-блеми.

Тем-ниот мед од костен ја поттикнува циркулацијата, ја регулира работата на же-лудникот , цревата, црниот дроб и жолчката, се препорачува кај анемии, го остранува уморот, ги јакне мускулите и имунитетот на организмот.

Багремов мед се користи при проблеми со крвните садови, твр-да столица. Исто така делува сми-рувачки, помага и при несоница, нервоза и напнатост.

Ливадскиот мед се препорачу-ва кај алергии и за јакнење на иму-

нитетот. Исто така се препорачува кај кардиоваскуларни и срцеви заболувања, како и за невролошки болести.

Шумскиот мед е особено кори-сен кај децата за подобар раст и развој. Исто така се препорачува кај анемични и слаби лица, трудни-ци, доилки, стари и изнемоштени лица, физички и умствени работни-

Page 76: Sistina Plus br.5

Македон-скиот моден бренд Кара

во новата модна сезона

се претста-ви и со нова локација во

Градскиот трговски

центар. Во модерно ди-зајнираните

простории е изложена последната

колекција пролет-ле-то за 2012

година, која ги доловува актуелните

трендови во модата за

современата жена. Токму

ова беше причина да

поразговара-ме и со „глав-

ниот винов-ник“ , модни-

от дизајнер Христина

Деспотовска, која по десет

години од Кара изгра-ди имиџ на

светски ква-литет во до-

машното про-изводство.

К А Р А

Page 77: Sistina Plus br.5

77

2

3 41

Поблиску соХристина Деспотовска

1. Заедно со новата колекција го промовиравте и новиот прода-жен салон. Зошто се одлучивте на ваков чекор?

-Идејата беше со претставу-вање на новата колекцијата за пролет да се појавиме во новиот продажен простор. Тој се наоѓа веднаш наспроти стариот во Град-скиот трговски центар. Простор е поразличен, почист како внатре-шност, поедноставен од претход-ниот, токму тоа што го баравме. Исто така секогаш е поинтересно нешто ново, а не нешто на што веќе сме се навикнале. Интере-сен беше и маркетиншкиот трик кој се направи, она дека Кара се затвора. Предизвика доста реак-ции, кои, искрено, драго ми беше што ги чув затоа што тогаш сфатив колку Кара како бренд им значи на

луѓето. 2. Со што ќе нè изненади „Кара“

во претстојната сезона?

-Колекцијата пролет-лето на Кара се разликува од досегашни-те колекции, особено во изборот на бои. Парчињата облека се со повеќе светли и јаки бои, кои пра-ват да се чувствуваш среќен, бои кои ќе посакаш никогаш да не ги тргнеш од своето секојдневие. Формите и кроевите се поеднос-тавени, ја истакнуваат силуетата, форми кои вечно траат и нема да ви здодеат никогаш. Од материја-лите доминира памукот, вискоза-та и ленот, кои се и најпријатни за носење во топлите денови што следат.

3. Кој тип на жена може да се

препознае во новата колекција на Кара?

Нежна, храбра, сигурна во себе, насмеана, вљубена. Жената која знае што сака и знае како да живее и како да ужива во животот. Стилски изградена жена која знае да ја носи облеката, а не таа нејзе.

4. Веќе 10 години дизајнирате за Кара. Од каде ја црпите инспи-рацијата?

Низ сите овие години најголема инспирација ми е животот, сè она што се случува околу нас, љубо-вта, воздухот што го дишеме, хра-ната што ја јадеме, книгите што ги читаме. За мене и не постои пого-лема инспирација од постојаната комуникација и дружба со луѓето и сето она што нè опкружува.

К А Р АКАРА - СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ ВО ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО

Page 78: Sistina Plus br.5
Page 79: Sistina Plus br.5

79

Page 80: Sistina Plus br.5

ПредлогПролетно уредување

НАПРАВЕТЕ СИСОПСТВЕНА ОАЗА

ние. Добро негуван тревник ќе го награди својот сопственик. Земете го греблото и отстранете ги сувите делови. По темелното гребење, тревникот нема да изгледа убаво, но не грижете се , многу брзо ќе се обнови. Во случај да има голи места без трева , идеално време е да се пополнат со ново семе, за да не никне плевел од

кој подоцна многу тешко ќе се ослободите. Посебна нега бараат тревниците кои се во сенка, и тука често се појавува мов. Во овие слу-чаи треба да ја отстраните мовта, а тревникот да го третирате со

специјални средства против мов. За крај

ви преостанува само редовно да ја косите тревата. Што почесто го косите, трев-никот ќе ви биде погуст и поубав.

ВРАТЕТЕ ГИ ЦВЕЌИЊАТА ПОВТОРНО ВО ЖИВОТ

Кога темпера-турата нема да се

спушта под 10 сте-пени време е да ги

потхраните повеќего-дишните цвеќиња. Прво отстранете ги сувите листови и гранчиња. Во овој период цвеќињата

Про-летта е идеал-

но време да ја врати-те во живот вашата гра-

дина. За уредувањето не ви се потребни многу пари, туку љубов, испирација и малку повеќе работа. По зимскиот

период потребно е да напра-вите неколку работи за ва-

шата градина повторно да блесне во полн

сјај.

Првиот сончев ден нѐ мами да излеземе од нашите домови. Оние кои имаат сопствени дво-рови време е да почнат

со уредување. Без разлика дали имате голем или помал двор, уредувањето убаво ќе ви дојде. Освен што ќе биде убаво за око, тоа ќе ви биде добра терапија против стресот. Опкружете го со зеленило и цвеќиња, дизајнирајте си сопствена оаза во која ќе мо-жете да уживате и да побегнете од секојдневието. Прво направете си список што сѐ сакате да има ваши-от двор и фатете се за работа.

НЕГУВАН ТРЕВНИК ЗА БЛЕСКАВА

ГРАДИНА

Пред да почнете со уредување, расчистете го вашиот двор. Исфрлете ги сите не-потребни и стари рабо-ти. Доколку вашата огра-да избледела, време е да ја бојадисате. Во секоја гра-дина доминира тревникот, па затоа треба да му посветите посебно внима-

Page 81: Sistina Plus br.5

81

се најосетливи на болести па затоа се препорачува редов-но да ги проверувате.

По зимскиот период на цвеќињата им е неопходна храна. Свежо пресадените цвеќиња не ги дохранувајте додека не направат корени и не се привикнат на новото место. Ова треба да го пра-вите рано наутро кога е об-лачно или влажно. Ѓубривото задолжително додавајте го на влажна земја зошто ако е сува земјата може да го ош-тети цвеќето.

ВНИМАТЕЛНО ПРЕСАДЕТЕ ГИ ЦВЕЌИЊАТА

Топлите денови без со-нце и ветар се идеални за пресадување и за менување на земјата во саксиите, како и за садење. Неколку дена пред да почнете со пресадување не ги полевајте цвеќињата со вода , из-несете ги надвор по неколку часа дневно и постепено изложувајте ги на појако сонце и ветар. По-следните неколку дена оставете ги надвор и преку ноќта. Ако не сте

сигурни дали треба да ги преса-дите во поголема саксија, обрнете внимание на неколку работи. Ако забележите дека коренот излегол низ отворот на дното од саксијата и ако земјата многу брзо се суши, време е да го пресадите во поголе-ма. Кога ќе го пресадите цвеќето , добро притиснете ја земјата за да излезе воздухот околу корените.

НАСАДИТЕ ЛУКЧИЊА

Лукчињата се најатрактив-ните цвеќиња во секоја гради-на, на пример гладиолите. За да уживате во гладиолите од пролет до есен, засадете ги на крајот од април. Одберете места кои се сончеви и зашти-тени од ветар. Засадете ги на длабочина трипати поголема од висината на лукчето. Овие цвеќиња можете да ги садите на најразлични места, а најголем ефект ќе постигнете доколку ги засадите во група. Свежо посадените лукчиња бараат постојано да има влага за коре-нот подобро да се прилагоди на новата средина.

СТАРИТЕ САКСИИ ВО НОВ ИЗГЛЕД

Старите глинени и керамички саксии пребришете ги со памучна крпа претходно потопена во лено-ново масло за да ви изгледаат како нови. Исто така ќе ги освежите до-колку ги украсите со ткаенина или хартија во различни бои.

Page 82: Sistina Plus br.5

ДЕТСКО КАТЧЕ

OBOI

Page 83: Sistina Plus br.5

83

Пронајди гоизлезот

С УДОК У

Page 84: Sistina Plus br.5