41
1 УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП Доц. д-р AЛЕКСАНДРА ЖЕЖОВА КУЛТУРА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА (авторизирани предавања)

Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

Embed Size (px)

DESCRIPTION

kultura

Citation preview

Page 1: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

1

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП

Доц. д-р AЛЕКСАНДРА ЖЕЖОВА

КУЛТУРА НА ИЗРАЗУВАЊЕ И

КОМУНИКАЦИЈА

(авторизирани предавања)

Page 2: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

2

Содржина на предметната програма:

1. Комуницирање

2. Појмовно определување на комуницирањето

3. Облици и нивоа на комуницирање

4. Видови на комуницирање – Вербално комуницирање

5. Невербално комуницирање

6. Пречки во комуницирањето

7. Процеси и ефекти од комуницирањето

8. Техники и правила за успешна комуникација

9. Емоционална интелигенција – моќта на контактите

10. Презентација и презентациски вештини

11. Улогата и значењето на масмедиумите и јавноста

12. Работна биографија – CV, интервјуирање

Page 3: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

3

ПРВ ДЕЛ

ШТО Е КОМУНИКАЦИЈА?

ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ

Со настанувањето на човечкото општесто, се јавува и интерес за

разбирање на смислата и функционирањето на комуникациите. Низ историјата

многу народи ја изучувале комуникацијата во различни науки. Големо значење

и придонес за развојот на комуникациите имале истражувањата за јазикот кој

претставува основно средство за комуницирање. Неоспорно е значењето на

социологијата и психологијата.

Едно од основните обележја на современото општество е процесот на

комуникација кој е составен дел и многу значен дел на цивилизицијата и

современата култура. Во изминативе две децении речиси ниедна општествена

наука не доживеала толку силен развој како што е науката за комуникација или

науката за медиумите.

Функционално неминовен предуслов за секој општествен систем и

најзначаен базичен општествен процес.

Воопшто не е спорна големата важност на информацијата, која е

предмет на проучување и во природните и во општествените науки. Во

истражувачките зафати е откриена природата на феноменот информација,

нејзините облици, начинот на појавување, манифестирање, влијанието врз

животниот процес воопшто врз животниот пат на една човекова единка.

Наједноставната дефиниција за информацијата е дека таа претставува

содржина на секое новостекнато сознание, пренесено со најразлични облици –

во писмена или говорна форма, со гест, знак, симбол.

Она што треба да се потенцира е моментот на новото, што треба да го

донесе понудената содржина за да биде информација. Вториот момент се

однесува на фактот што се создаваат широки можности за применети начини,

облици низ кои ќе биде пренесена информативната содржина за да дојде до

човековите сетила, а потоа и во контакт со човековото знаење. И трето, се

воопштува значењето на новото за човековото однесување, што значи дека ги

Page 4: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

4

опфаќа и информациите кои му помагаат или му се неопходни на човекот во

неговото снаоѓање во животните процеси, но и информациите кои немаат таква

улога.(Андревски, Ж.1998).

Ако информирањето е процес на пренесување на информативни

содржини од изворот до реципиентот што ги врадува во себе и моментите на

организација на тој процес, комуницирањето претставува збир од

информациони процеси во двата правца. Меѓутоа, таквата поврзаност не е

проста, механичка. Резултатот е сосема нов квалитет. Во процесот на

информирање, изворот си останува на таа позиција, во надреденост, во

комуницирањето ја променува – станува и реципиент, значи се наоѓа и во

подреденост; истовремено – примачот на пораката од ,,објект,, врз кого се

насочува определена информативна содржина, станува субјект кој испраќа

информација.

Комуницирањето е сложен, повеќеслоен феномен. На прв поглед во

комуницирањето се разменуваат искази во најразлични облици, кои во

позадина го имаат мислењето на носителот, а во основа на мислењето е

неговиот став, кој што, пак својот корен го има во интересот на субјектот на

комуникацијата. Претпоставка е дека постои усогласеност меѓу исказот и

интересот, што говори дека преку комуницирањето (во неговиот идеален

модел) во интеракција се манифестираат интересите на луѓето.

Ефикасноста на комуникацијата на индивидуално, интерперсонално ниво,

групно, организациско, општествено ниво е предуслов за индивидуата, групата,

организацијата, општеството.

КОМУНИКОЛОГИЈА – наука за комуницирањето.

Комуникологијата е интердисциплинарна наука, која своите корени ги

има во некои други науки и вештини, како што се: лингвистика,

граматика, информатика, психологија, социологија и др. Неоспорна е

нејзината улога и значење во стопанството, уметноста, менаџментот,

маркетингот.

Page 5: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

5

Во комуниколошката литература постојат повеќе дефиниции за поимот

комуникација (сите се согласни дека комуникацијата претставува процес....).

- Процес на размена на информации преку договорен состав на знаци,

- Процес на информирање преку заеднички систем на симболи,

- Размена на информации меѓу две точки,

- Трансмисија на информации низ заеднички систем на симболи, знаци,

однесување, говор, пишување или сигнали,

- Ефективно пренесување на информации и изразување на мисли и факти,

- Процес на размена на информации и идеи, односно активен процес кој

вклучува енкодирање, трансмисија и декодирање на примената порака

Ги проучува содржината, обликот и начините на човечкото меѓусебно

и масовно комуницирање, како и структурите и функциите на

општествените комуникациски системи.

Комуникацијата е фундаментална компонента од социјалното

однесување, трансмисија на информации (пораки) меѓу испраќачот и примачот

со употреба на кое било од петте сетила.

,,Потребата од ефективна комуникација, е како потребата од чист воздух. Тогаш кога ви недостига се сфаќа колку е важна и значајна.,,

Комуникацијата претставува перманентен процес на испраќање и примање на

информации, со една основна цел: размена на идеи.

Човекот, секојдневно е изложен на постојано примање на информации од

секаков вид. (дел се примаат, дел се игнорираат, еден дел се меморира).

**Индивидуалната комуникација поминува низ четири фази: внимание, краткотрајна меморија, долгорочна меморија и централна обработка.

Комуницирањето се врши низ четири различни канали:

1.Со факти (засновани врз сопствено искуство)

2.Преку чувствата (емоционална реакција во специфична ситуација)

Page 6: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

6

3.Преку вредностите (подолготрајни верувања за луѓето, културата,

општеството)

4.Преку мислењата (субјективни ставови на луѓето за одредена ситуација).

Зошто е толку важна комуникацијата за организациите?

- Води кон поголема ефикасност

- Ги држи вработените во видното поле ги вклучува луѓето во

организацијата

- Ја зголемува мотивацијата да се работи добро

- Го зголемува чувството за припадност кон организацијата

- Помага за подобрување на односите и подобро разбирање меѓу

претпоставениот и подредените, меѓу колегите и организацијата

- Им помага на луѓето да ја разберат потребата за промена.

- Најзначајниот момент во комуникацијата е пренесување на

информациите. Значајни се три елементи: извор (испраќач), порака и

примач.

- Извор може да биде: некоја личност, книга, телевизиска или радио

емисија.

- Пораката може да има разни форми: прашање, молба, па дури и

насмевка.

- Во улога на примач може да биде секое лице на кое пораката му е

наменета, и се нашло во комуникациското поле.

- Целта на комуницирањето се смета дека е постигната тогаш, кога постои

потполно разбирање помеѓу испраќачот и примачот.

- Дали да се избере еднонасочно или двонасочно комуницирање?

- Кога комуникаторот сака да го држи во подредена положба оној кому му

е наменета информацијата, тогаш користи еднонасочно комуницирање.

Ваков приод, имаат, на пример, лидерите и менаџерите, т. е оние што

претпочитаат авторитарен стил на водење и кои сакаат да даваат

наредби.

Page 7: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

7

- Двонасочната комуникација се користи во деловни односи во кои владее

рамноправност, демократичност и вклученост на сите рамноправни

партнери во комуникацијата.(секогаш постои можност да се надминат

недоразбирањата).

- Забелешка: потреба од повеќе време – но кога ќе се земе предвид дека

неправилно разбраната информација може да има одредени

компликации, овој недостаток се занемарува.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЧОВЕЧКАТА КОМУНИКАЦИЈАТА

Луѓето комуницираат од различни причини

- од забава,

- за да остават впечаток,

- за да покажат срдечност и

- пријателство

- за да добијат некои информации, за некого

- во нешто да ве убедат

- Комуницирањето вклучува најмалку две лица кои влијаат едно на друго.

- Комуницирањето е заемно:

- Додека едно лице зборува, другото може со невербални знаци да

покажува заинтересираност или незаинтересираност.

- Дури и кога некој доминира во разговорот изразот на лицето и гестовите

на другите даваат информации во обратна насока.

Комуникацијата постои дури и кога не била успешна.

◦ Пример: Може да се изгуби или победи кога се игра партија тенис, но во

обата случаи вие сте играле тенис.

Page 8: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

8

И ако кажете ,,ние не комуницираме,, - сепак сте комуницирале.

Комуницирањето е она што го правиме кога на другите, вербално или

невербално им ги кажуваме своите чувства.

Друго е прашањето дали тоа го правиме успешно или не?

Во принцип разликуваме две форми на комуницирање:

ВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА (говорна и пишувана комуникација)

НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА (мимики-израз на лице, контакт со очи,

гестови-движења на телото, варијации на гласот: висина, интензитет и

квалитет на гласот, акцент, паузи во говорот).

Верувале или не - секојдневно користиме околу 7 000 невербални знаци

со целото тело.

Комуницирањето вклучува употреба на симболи,

Симболите се содржани во зборовите и во гестовите,

Симболите се однесуваат на нашите мисли и чувства.

Комуницирањето е полесно, доколку значењето на тие симболи е

воедначено.

ДЕЛОВНИОТ РАЗГОВОР – карактеристична комуникациска форма и

основа за други форми на деловното комуницирање, како што се:

деловните состаноци, деловните преговори, презентации и советувања.

ДЕЛОВНО ПИШУВАЊЕ – посебни правила и прописи:

- информацијата да е точна,

- информацијата да е разбирлива и добро поткрепена,

- да содржи одговори на поставените прашања,

Page 9: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

9

- да се користи литературниот јазик и да се почитува граматиката,

- да се користи соодветен стил на пишување,

- да се пишува конкретно и учтиво.

**писмената порака стои подолго време пред очите на оние кои ја

примаат и можат повеќекратно да ја прочитаат, а со тоа се овозможува и

нејзино подобро разбирање.

**писмените пораки се примаат многу посериозно отколку усните пораки.

Page 10: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

10

ВТОР ДЕЛ

ПОЈМОВНО ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА КОМУНИЦИРАЊЕТО

Што е КОМУНИКАЦИЈА?

Извор е лат.збор communicare (Оxford Latin Dictionary), што значи да се

пренесе, сподели, да се направи заедничко.

Првата дефиниција за човечката комуникација ја има дадено

амер.социјален психолог Чарлс Кули (Charles C.Kooley), која гласи1:

,,Тоа е механизам со помош на кој човечките односи егзистираат и се

развиваат, а го чинат сите симболи на духот, со средствата на

нивното пренесување низ просторот и нивното зачувување во

времето. Тука се вклучени изразот на лицето, ставот, гестовите,

тонот на гласот, зборовите, писмото, печатот, железницата,

телеграфот, телефонот и се она што води до последното

достигнување во освојување на просторот и времето,,.(Dzordzevic,

1979:130).

,,Проток, размена на информации, помалку или повеќе активна

размена на мислења, ставови и во најинтензивна форма – донесување

на заеднички заклучоци, решенија и одлуки,, (Кац).

,,Општествена интеракција со посредство на пораки – кои можат да

бидат формално кодирани, симболички или во форма на некој акт

значаен за заедничката култура (Гербнер),,.

,,Секоја информација која преку меѓусебна интеракција на субјектите

на комуникацискиот чин се разменува, а понатаму се разработува и

вообличува,, (Тома Ѓорѓевиќ).

1 Dzordzevic, 1979:130

Page 11: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

11

Во секоја од овие дефиниции се содржи поимот информација, што

укажува на фактот дека, ниту информацијата може изолирано да

егзистира без комуникацијата, ниту пак процесот на комуникација може

да се остварува без присуство на информацијата.

**Информацијата е основа на комуникацијата. Директно е поврзана не

само со човековото спознание на светот кој го опкружува, туку и со

човековата можност да влијае на светот околу себе.

• Постојано се случуваат нешта што се од важност за луѓето, па заради

тоа го привлекуваат нивното внимание. Информациите претставуваат

исконска општествена потреба. Нивното ширење се овозможувало на

најразлични начини, преку бројните средства и на тој начин

придонесувале да се остварува социјалната комуникација. Само да

напоменам, дека дистрибуцијата на информации била карактеристична

за сите периоди од развојот на човековата цивилизиција, но со текот на

времето, го менувала интензитетот (Груевски,1999)2

Еве дел од дефинициите за поимот информација:

,, Информацијата е нешто ја елиминира неодреденоста на зборот,, (Клод

Шенон).

,,Информацијата е секое новостекнато сознание дотогаш непознато во

човековото искуство и соопштено со јазични и нејазични симболи како би

можело да се разменува помеѓу субјектите на комуникативниот чин, како

симболично посредувано искуство од значење за насоката и ефикасноста

на човековата практика,, (Тома Ѓорѓевиќ).

,,Соопштение дадено во одредена форма за субјектите на

комуникацијата,,.

,,Активен процес – движење помеѓу две точки на различни нивоа,,.

Кога се раѓа информацијата?

2 Историја на новинарството, НИП, Студентски збор, Скопје 1999.

Page 12: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

12

- Со акт на новостекнати сознанија во практиката на социјалниот живот

- Не постои надвор од материја, појави и објекти

- Не се троши и губи со употреба

- Може да ја користи неограничен број на луѓе во исто време – тоа ја

зголемува нејзината вредност.

- Живее одредено време и отстапува место на друга, но останува во

фокус на човекови сознанија за верификација на нови знаења

Информацијата и комуникацијата се категории кои неможат една без

друга. Не се изедначуваат, но неминовно одат една покрај друга.

**Информацијата се соопштува – одредена содржина изразена со говор,

слика, знак се пренесува преку одредени канали - се комуницира.

**Информацијата ја исполнува причината за постење, кога ќе се размени

преку комуникациски канали.

***Не постои информација која нема да се размени преку комуникациски

канали – нема ни комуникација без информација – не би имало што да се

пренесува.

Клучни елементи на информацијата

Пораки – симболично обликувани информативни содржини. Тие

претставуваат форма на информативната содржина која стимулира

одредено однесување.

Пораката е единица која настанува во процесот на комуницирање - со

употреба на некој од човечките јазици (вербален или невербален).

Употребата на јазикот во пораката во голема мерка зависи од културата

во која израснал човекот.

Структура на пораката:

• а) ИНФОРМАТИВНА СОДРЖИНА – информативно јадро - новостекнато

сознание

• б) РЕДУНДАНТНА СОДРЖИНА - елементи на претходно стекнато

сознание кои сами по себе не придонесуваат кон информативноста на

Page 13: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

13

поракатат но без нив новото сознание би останало вон релацијата со

стварноста

• Тие се квази информации, но неразделен дел на пораката бидејќи без

нив стекнатото сознание би било лишено од пошироко искуство, без

реална подлога

• Фактогрфска обработка на настан или појава

• *Јавноста преку овие пораки добива фактографски сознанија за настанот

• *Пораката елементарно е упростена – нуди елементарни сознанија за

настанот без некој посебно да издвои

• Посложена структура: фактографска порака вредносно се оплодува:

• А. Информативни содржини – ново стекнато сознание

• Б. Редундантни содржини – претходно стекнато сознание

• В.Персуазивни содрѓини – вредносно оплодуваат порака и стануваат

подлога за формирање за пошироко општествено сфаќање на настанот:

• Пример: Штрајк на рудари

• Фактографско ниво - пренесува што се случило, регистрира место, број

на штрајкувачи, нивни симпатизери, цели поради кои се штрајкува

• Вредносно ниво - истакнува причини поради кои настанот се случил, и

цел сплет на последици кој настанот со себе ги носи Преку актот на

штрајк можат да се прекршуваат и подлабоки противречности од

поширок општествен контекст

• Пораката се состои од низа на сиимболи (зборови, гестови, слики, звуци

или движења кои се употребливи затоа што луѓето се согласиле во

однос на објектите, настаните и чувствата на кои тие симболи се

однесуваат.

• Зборовите се однесуваат на значења кои се во умот на луѓето и на

предметите во светот

Page 14: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

14

• Пример: зборот КУЌА

• Куќа не значи ништо за оние кои не зборуваат македонски

• HOUSE не значи ништо за оние кои не зборуваат англиски

• - во обата јазика зборот куќа е симбол за зграда изградена за живеење

• *** Симболите можат да имаат различно значење во еден ист јазик

• Пример: зборот ДОМ

• Сопствена куќа

• Сопствениот стан

• Место на раѓање

• Место во кое живее семејството

Јазикот како основно средство за спогодување меѓу луѓето.

- Систем на знаци – развиени историски и општествено им служи на

луѓето за меѓусебно спогодување со негова помош категоризираме

појави, подредуваме, анализираме, поврзуваме.

- Јазикот е основен елемент на меѓусебна интеракција - се состои од

вербални – гласовни знаци.

- Не се намалува и значењето на негласовниот јазик – тоа се движења

како што е јазикот на глувонемите – поврзан е со говорниот јазик преку

движења и слики – изложените содржини се поврзуваат со зборовите на

говорот и кога се толкуваат се предведувааат на говорен јазик.

Што се однесува до употребата на јазикот, односно неговата моќ (Sarah

Trenholm, Artur Jensen, 2000:88)3, ги истакнуваат следниве

карактеристики на јазикот во комуникацијата:

- Ја надминуваме тишината и се штитиме од непознато. Нештата без

име се обвиткани со превезот на тајна. Тие плашат. Само она што има

3 Sarah Trenholm, Artur Jensen, 2000:88, Interpersonal Communication, Wadswort Publ.Compa.,Belmont/CA

Page 15: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

15

ИМЕ, може да се контролира. Тука всушност се согледува магичната моќ

на зборовите,

- Со јазикот можеме да ги изразуваме нашите чувства и да управуваме

со нив. Преку говорот (вербален/невербален) ги откриваме своите

емоции, ја намалуваме внатрешната напнатост и на тој начин

управуваме со нив.

- Ги откриваме или прикриваме мисли, мотиви, намери. Се она што се

случува во нас, за другите е скриено, се додека не одлучиме тоа да им го

откриеме.

- Преку јазикот воспоставуваме контакт со другите или го избегнуваме.

Тој не поврзува, но во исто време можеме да ја контролираме

оддалеченоста со другите (градиме мостови, поставуваме ѕидови),

- Посредуваме или прикриваме информации. Со него опишување,

разјаснуваме, подржуваме, категоризираме за настани или личности во

средината.

- Јазикот ни овозможува да контролираме, но и да не контролираат. Тој

има моќ на инстанца на власт. Може да се употреби за убедување,

контрола, влијание, доминација.

- Метакомуницираме – Преместување на фокусот од тоа што се зборува,

на тоа како се зборува.

- Јазикот зборува за социјалниот однос и положба (особено присутно при

меѓусебно обраќање.

- Сите општества со свои правила на обраќање

Page 16: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

16

ТРЕТ ДЕЛ

ОБЛИЦИ И НИВОА НА КОМУНИЦИРАЊЕ

Со оглед на улогата и значењето коешто го има комуницирањето во

животот на човекот, тоа е претставува и составен дел на социјалните процеси

во општеството, услов за настанок, опстанок и развој на човечкото суштество

на еволуциско и социјализациско ниво. Во зависност од способноста за

комуницирање зависи како ќе се развиваат меѓусебните односи, творечкото и

продуктивното на секоја личност. Целокупниот комуникациски процес го прати

одредено ниво, во зависност дали станува збор за дијалог помеѓу две лица па

се до глобална социјална интеракција помеѓу групи, институции. Стандардната

поделба ги опфаќа: интерперсоналното ниво, групното, организациско и

масовно ниво на комуницирање.

Според Ричард Вест и Лин Тарнер, (Richard West, Lynn Turner, 2004) постојат 7

нивоа на комуницирање:

1. ИНТРАПЕРСОНАЛНО КОМУНИЦИРАЊЕ

2. ИНТЕРПЕРСОНАЛНО КОМУНИЦИРАЊЕ

3. ГРУПНО КОМУНИЦИРАЊЕ

4. ОРГАНИЗАЦИСКО КОМУНИЦИРАЊЕ

5. ЈАВНО/РЕТОРИЧКО КОМУНИЦИРАЊЕ

6. МЕДИО КОМУНИЦИРАЊЕ

7. ИНТЕРКУЛТУРНО КОМУНИЦИРАЊЕ

Page 17: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

17

ИНТРАПЕРСОНАЛНО КОМУНИЦИРАЊЕ

►Комуницирање и зборување со самиот себеси (во нас самите, внатрешен

говор, дијалог со себе, разговор со себе, вербализација со себе) 50 000 пати

дневно комуницираме со себе.

►Облик на комуницирање во кој човекот поминува најголем дел од својот

живот

►Процес на обработка на пораките

►Внатрешен дијалог со самиот себе

►Размислување, мечтаење, сеќавање, фантазирање

Интраперсоналното комуницирање е внатрешен процес на

трансакција кој се одвива во поединецот пришто одлучувачка улога има

поимот на ,,ЈАС,, .

Секогаш размислуваме во моделот на своето јас – во согласност со својата

претстава за себе ги оценуваме другите, судиме, настапуваме во одредени

улоги.

ЈАС

►Поимот ,,ЈАС,, – Централна тема на современата психологија

►Познавањето и функционирањето на ,,ЈАС,, станува приоритетна

проблематика при проучување на комуницирањето.

►НИЧЕ смета дека ,,кога разговараме самите со себе ја симнуваме маската,

а кога не разговараме со себе тогаш носиме маска,,.

ЕЛЕМЕНТИ НА СТРУКТУРАТА НА ЈАС

►Физички изглед

►Емотивните особености

►Интелектуалните особености

►Навиките

Page 18: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

18

►Различните улоги што ги играме во социјалните односи или при

комуницирањето (маски, фасади).

,,Разговорот сам со себе е уметност, а

разговорто со други – забава,,.

(Plehnov, 1968:240)

► Интраперсоналното комуницирање е поврзано со функционирањето на

,,ЈАС,,.

► Содржи предрасуди, стереотипи, убедувања, вредности – сето тоа не

обликува нас самите и во тие рамки се јавува нашиот внатрешен говор.

ИНТЕРПЕРСОНАЛНО КОМУНИЦИРАЊЕ

► Непосредно, директно комуницирање меѓу две или повеќе лица.

► Со оглед на далечината може да биде:

► На релативно мала оддалеченост (лице во лице)

► Зголемена оддалеченост (довикување)

► Проширена оддалеченост (телекомуникација со употреба на комуникациски

технологии)

►Вклучува и вербално и невербално однесување

►Вклучува спонтано, извежбано и планирано однесување или некоја нивна

комбинација

►Не е статично, туку развојно

►Вклучува директна повратна врска и интеракција

***Се одвива во согласност со некои внатрешни и надворешни правила –

стандарди на однесување.

► Интерперсоналната комуникација е активност – едни со други, а не едни на

други.

Page 19: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

19

► Карактеристика е тоашто бројот на учесници е мал, најмалку двајца, а

најмногу толкав за да овозможи личен контакт и однос на секој учесник со

другите учесници во комуникацискиот процес.

ГРУПНО КОМУНИЦИРАЊЕ

► Вообичаен облик на комуницирање во секојдневниот живот наменет за

усогласување на дејноста и размена на ставови во деловните кругови, при

групни средби и разговори меѓу пријателите и познаниците.

Наспроти интерперсоналното, во групното комуницирање не е нужно

секој учесник активно да учествува во комуникацискиот процес и секој да има

увид во сите видови интеракција во групата.

Курт Левин,(Kurt Lewin) герм.психолог, кој ја има поставено хипотезата

дека, секоја личност во рамките на групата има свој ,,животен простор,, кој

донекаде го дели со другите членови. Тој групата ја смета за еден вид на

,,поле,, во рамките на кое се одвиваат меѓусебните односи на нејзините

членови. Поединецот како дел од групата, гради обрасци на комуникациско

однесување во интеракција со своите референтни групи (примарни,

секундарни) и ги усогласува со комуникациските обрасци на групата.

Според Стане Јужниќ (Juznic, 1993:141), поединецот не е сам, тој не е

,,слободно лебдечки,, туку е член на сложени општествени организации, на

мрежа на разновидни општествени односи, на систем на разновидни

институции,,. Тој гради обрасци на комуникациско однесување во интеракција

со своите референтни групи (примарни, секундарни) и ги усогласува со

обрасците на групата. Како последица на долготрајната инеракција во групата,

во кој се остварува и дел од процесот на социјализација, поединецот се

прилагодува на нејзините норми, станува истомисленик, се подредува на

групниот притисок, ги менува ставовите, се поистоветува со неа. (Vreg,

2000:28).

Едно од тврдењата е дека поединецот вообичаено се приклучува на

групата во која владеат ставови и мислења што и нему му се својствени, а со

Page 20: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

20

расправа во групата тие ставови јакнат или стануваатпоочигледни.

Усогласеноста, според Мертон, Лазарсфелд, Кац е последица на постојана

интеракција помеѓу поединците и групите. Таа започнува во раната младост, во

семејствот, училиштето, пријателите, колегите. Неоспорно е и влијанието на

масовните медиуми, масовната култура кои влијаат врз формирањето,

обликувањето на ставовите и креирање на јавното мислење.

ОРГАНИЗАЦИСКО КОМУНИЦИРАЊЕ

Станува збор за (интерна или екстерна комуникација помеѓу луѓето

вработени во и надвор од организацијата, со цел остварување на задачите и

дејноста за што таа постои). Хиерархија или комуникација на повеќе нивоа. Во

овој круг спаѓаат нашите пријатели, колеги од работа, соученици, деловни

партнери, купувачи од различни институции, државни органи, т.е сите оние што

ја сочинуваат нашата поширока општествена средина.4 Станува збор за

специфичен начин на комуницирање, во зависност од специфичноста на

самата организација. (пр. Специфична е комуникацијата што се одвива во

училиштето, каде што учениците/студентите комуницираат помеѓу себе, со

своите професори, со менаџментот на установата, со други колеги од земјата и

странство, специфичен и начинот на комуникација во фирма, фабрика, банка.

Процесот на овој вид комуникација зависи и од хиерархијата во управувањето

со организацијата, односно комуникација на повеќе нивоа, од вработениот во

производствениот процес па се до менаџерот на организацијата.

►Комуницирање во рамки на организацијата

►Специфика се статусните норми, професионални норми, правила,

пропишани канали на пренос на пораките, санкции...

►Границите накомуницирањето се многу прецизно дефинирани.

Во зависност од тоа дали комуникацијата се одвива во рамки на една

организација или надвор од организацијата (кон/од околината) се разликува:

4 www.organizational_communication

Page 21: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

21

интерна (внатрешна) и

екстерна (надворешна) комуникација.

***сржта на секое успешно работење

Во зависност од начинот на којшто се практикува и средствата што се

употребуваат во процесот на комуникација таа може да биде:

- формална наспроти неформална

- вербална и невербална.

Интерна комуникација - комуникација помеѓу луѓето кои заедно ја сочинуваат

организацијата, помеѓу одделенијата на една организација или помеѓу

управата и вработените (информирање на вработените за целите,

приоритетите, настаните, промените, новите иницијативи...)

Интерната комуникација може да биде:

- информативна (информира за одредени случувања, настани, активности

итн.)

- директивна (давање директиви и тоа од директна супервизија до наметнати

упатства. Според теоретичарите, таа може да се најде во организации со на

некој начин старомодна структура на моќ.)

- интерактивна (во која учествуваат вработените со меѓусебна размена на

информации)

- индиректна комуникација (се практикува во случаи кога се сака да се

забрзаат промените во организацијата, да се мобилизира организацијата, па се

користат сите средства за комуникација).

Екстерната комуникација – комуникација со надворешната јавност, луѓето,

граѓаните кои не се составен дел на организацијата или институцијата:

- информирање на граѓаните за политиките, програмите, услугите и

иницијативите, но истовремено и “слушањето” и земање предвид на потребите

и очекувањата)

Page 22: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

22

****Екстерната комуникација не може оптимално да се одвива ако интерната

јавност не е доволно добро информирана, вклучена во процесите на работење

и мотивирана за успешно извршување на својата работа.

Kомуникациските текови во организацијата

- вертикални

- хоризонтални или латерални и

- дијагонални

Вертикалната комуникација се одвива меѓу хиерархиски позиционирани

личности и може да вклучува:

- downward (надолнa) комуникација: надреден - подреден

- upward (нагорнa) комуникациja: подреден – надреден - “да се чуе гласот на

вработените”

Хоризонталната комуникација – комуникацијата помеѓу лица кои се на исто

ниво од хиерархиското скалило. Размената на информации со цел да се

координира работењето.

• Решавање на проблемот во одделот.

• Активности помеѓу одделите.

Дијагоналната комуникација – помеѓу менаџерите и работниците од различни

функционални одделенија или сектори, односно странична комуникација

помеѓу луѓе од исто или слично организациско ниво (нема директна

хиерархиска зависност).

може да биде:

- формална (пр. тимови);

- неформална;

- изградена помеѓу секторски тимови.

Page 23: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

23

- ЈАВНО/РЕТОРИЧКО КОМУНИЦИРАЊЕ

Денес, јавното комуницирање е основно човеково право (повеќе или

помалку, секој е поставен пред фактот јавно да настапува, на разни

свечености, прослави) кое вклучува дијалог. За разлика од минатото, долго

време се сметаше како настап на поединец пред помала или поголема група

слушатели собрани на едно место, односно привилегија само на политичката

елита. Во стриот век, на реториката се гледало како на вештина на ефикасен

разговор, дури и кога станувало збор за политички и други говорни конфликти.

Уште во тоа време се проучувале методите на дијалог, односно, принципот на

двонасочна комуникација. Во времето на печатарството, реториката се

поистоветувала со уметноста на пишување статии, есеи и коментари. Денес за

неа се вели дека претставува ,,битка со зборови,,. Основниот принцип е

посредување на информации и активно учество на комуникацијата.

Реториката – во своите почетоци има пежоративно значење. Важело начелото:

многу да се зорува, ништо да не се каже. Според Гете, реториакта од почеток

до крај е самозалажување. Според Кант е превртлива уметност која ги

искористува човечките слабости.

Денес, на реториката се гледа како на техника на добар и ефикасен јавен

настап и вештина на докажување и убедување, а комуницирањето процес,

живо струење и размена на информации. Ако досега беше монолог, таа сега е

дијалог. Ако досега соговорникот им се обраќаше на луѓето како на објекти,

слушатели, публика, реципиенти, тој сега е во рамноправна комуникација со

соговорниците.

За успешен процес, постојат неколку основни начела:

- расправата и дискусијата како основни изразни средства (и техники на

постигнување консензус),

- луѓето како слободни суштества кои можат да постапуваат различно,

- информации кои можат да се прифаќаат со различен интензитет, па

дури и да се отфрлат. Притоа од секој комуникатор се очекува да ги

почитува начелата на правилност (правилна употреба на зборовите во

даден конктекс), прецизност (да се биде јасен), прикладност (употреба на

Page 24: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

24

термини во рамки на областа, дискусијата), изразноста (избор на

зборови кои имаат вредносна димензија).5(Trcek, 1994:93-103).

Петте правила на класичната реторика:

- инвенција (потребата од стекнување на нови знаење и да се утврди што,

каде, како, кому и со каква цел ќе му се каже),

- диспозиција (создавање на одреден ред во редоследот на она што се

кажува – вовед, содржина, заклучок),

- елокација (слаткоречивост), користење на метафори, фигури, алегории,

рими.

- Меморија (помнење на говорите – активен стожер на идејата)

- Акција (практична изведба – бастап, глас, став при говорот – систем кој е

резултат на богато и практично исуство).

- МЕДИО КОМУНИЦИРАЊЕ (кога мал број луѓе испраќаат пораки на голем

број непознати луѓе од хетероген состав (публика) по пат на специјализирани

комуникациски медиуми (печатени, електронски, Интернет, мобилните

телефони). Има значителна литература која ги обработува медиумите и

нивната улога во решавањето на конфликтите, литература која во последните

неколку децении се зголемува на двете страни на Атлантикот. Сепак, треба да

се внимава при припишувањето улоги и функции на медиумите надвор од

нивниот домен на собирање и ширење на информации и мислења.

Припишувањето на вакви функции и улоги на медиумите сугерира дека тие

мора да бидат централно контролирани или дека нивните професионални и

културни склоности треба да бидат гетоизирани, со цел да се изврши

"помирување" или други социо-културни или политички задачи.

5 Trcek, Joze, 1994, Medzusebno komuniciranje in kontaktna kultura, Ljubljana, Didaktika

Page 25: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

25

- ИНТЕРКУЛТУРНО КОМУНИЦИРАЊЕ

Станува збор за облик на комуницирање помеѓу општествените групи,

народи, народности, општествени системи. Според Врег, 1990:278, се

работи за средба на култури со различна историска и културна традиција,

различен степен на развој, различна религија, јазик, писмо, различни

вредносни сотеми. Според него секоја интеркултурна комуникација е

своевиден судир на култури кој раѓа интеркултурен конфликт.

Покрај фактот што овој облик на комуницирање доведува до нови облици на

интеракција, компетиција, согласност, кооперација, во себе носи и бројни

дезинтеграциски елементи, конфликти, односи на власт, надреденост и

подреденост, национални стереотипи, расна дискриминација.

Интересна е метафоричната споредба на интеркултурното комуницирање

со оркестар. Но, за разлика од учесниците на еден симфониски оркестар

следат иста партитура што резултира со хармонични и мелодиски секвенци,

ученсиците на интеркултурната комуникација следат две партитури кои

отстапуваат една од друга, така што настануваат неочекувани дисонанци.

Сето тоа се должи на различните вредносни ориентации, јазикот, нормите,

културните обрасци, кои го нарушуваат хармоничното функционирање на

еден симфониски оркестар. (Dzordano, 2001:14, 39).

Hal, зборува за топли култури (кои ја ценат интеракциската и емотивна

близина) и ладни култури (кои емотивно се воздржани).

Page 26: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

26

ЧЕТВРТИ ДЕЛ

ВИДОВИ НА КОМУНИЦИРАЊЕ

Вербално комуницирање

Комуникацијата претставува перманентен процес на испраќање и

примање информации, со една основна цел: размена на идеи. Денес, човекот

секојдневно е изложен на примање информации од секаков вид. Еден дел од

пораките се игнорираат, друг дел стигнуваат до нивната свест, па дури и се

меморира. Индивидуалната комуникација поминува низ четири фази:6(Ray,

1992:9)

1.внимание – една порака за да го привлече вниманието, мора да биде:

доволно силна, атрактивна, различна од останатите, интересна.

2.краткорочна меморија – пораките што допираат до ова првично

скалило на нашата свест имаат краток век на помнење. Потребно е нивно

повторување, за да останат подолготрајно.

3.долгорочна меморија – оние пораки што ќе допрат до ова ниво на

свеста на човекот, остануваат запаметени и ќе бидат заборавени, само ако

постојат и други ,,конкурентни,, пораки кои го одземаат вниманието.

4.централна обработка – доаѓа до обработка на пораките од

долготрајната меморија со оние кои веќе постојат во меморијата и кои

предизвикуваат позитивни или негативни чувства. Сите тие заедно го

обликуваат човечкото верување, чувства, намерата или евентуалната акција.

Комуникацијата е процес подложен на промени. Поради големото

влијание, општествените и културни начини на комуникацијата се менуваат од

ден на ден. Развојот на технологијата овозможи нови видови на комуникација

по пат на електронските медиуми. Интернетот стана главен начин на

6 Ray,M.Advertising and Communication management, New Yersy:Prentice Hall, 1992

Page 27: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

27

комуницирање во многу сфери од животот. Промените кои Интернетот ги внесе

во комуникацијата помеѓу луѓето, може да се посматраат на два начина. Од

една странa, благодарение на Интернетот ги прошируваме видиците, се

информираме за сите случувања околу нас, запознаваме нови луѓе и

контактираме со луѓе ширум светот и на некој начин го дополнуваме времето

кое не сме биле во можност да го одвоиме за создавање општествен контакт.

Од друга страна, се повеќе луѓе комуницираат по пат на Интернет, со самото

тоа поминуваат многу малку време со другите во физичкиот свет.

Општествениот живот и директните контакти се сведуваат на минимум и како

резултат на овој вид комуникација, се создава проблем на општествена

изолација и отуѓеност на индивидуите.

Видови на комуникацирање

Вообичаено се издвојуваат неколку видови на комуницирање:

1.Сигнална и симболична комуникација

2.Вербална и невербална комуникација

3.Гласовна и негласовна комуникација

4.Посредна и непосредна комуникација

Најчеста е поделбата на вербална и невербална комуникација. Под

вербална комуникација се подразбира она што се изговара и овој вид на

комуникација претставува свесниот дел на комуникацијата, бидејќи луѓето во

однос на другите многу повеќе обрнуваат внимание на она што ќе се каже,

отколку на тоа каква порака ќе испрати нивното тело и движење, т.е што ќе

соопшти невербалната комуникација.

Комуницирањето е мошне комплексна активност. Во практиката тоа е

единствено, вербално и невербално, и само целината на обата вида дава

вистински комуникациски ефект. Ова не значи дека и едното и другото немаат

свои специфичности, по кои тие меѓусебно се разликуваат.

И во полето на деловното комуницирање разликуваме две форми на

комуницирање: вербална и невербална7 (Петковски, Јанкуловска, 2006:70).

7 Петковски,К., Јанкуловска,П. Деловно комуницирање, ИРИС, Струга, 2006

Page 28: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

28

Вербалната комуникација содржи две форми: говорна комуникација и

пишувана комуникација. Кај говорната комуникација се користи јазикот

(зборовите), кој е најзначајното човеково комуникативно средство. Со помош на

јазикот човекот најпрецизно ги изразува своите мисли и чувства. Кај говорната

комуникација разликуваме монолошки (говорот, веста, извештајот, анализата,

белешката, коментарот и критиката) и дијалошки форми (дијалог, дискусија,

дебата), која се состои од размена и споделување на информација.

Деловниот разговор како карактеристична комуникациска форма,

претставува основа за други форми на деловното комуницирање, како што се:

деловните состаноци, деловните преговори, презентации, советувања и др.

онашто е особено важно за деловниот разговор е да постои двонасочна

комуникација. Мора да се пренесуваат своите идеи на другите луѓе, но да се

слушнат и нивните идеи.

Деловното пишување се разликува од другите видови пишувања.

Својсвено за него е времетраењето. Често пати се пишува под притисок,

поради исполнување на временските рокови.

Постојат правила и прописи за пишување:

- Информацијата да е точна,

- Информацијата да е разбирлива и добро поткрепена,

- Да содржи одговори на поставените прашања,

- Користење на литературен јазик

- Користење на соодветен стил на пишување,

- Да се пишува конкретно и учтиво.

-

***ефикасност во пишувањето – ефикасно компонирање.

Постоење на определени цели, пред да се започне со пишување:

1.Одлука за пишување (постојат ситуации, во кои подобра е одлуката да

не се пишува, отколку да се напише некој обичен текст)

2.Дефинирање на активностите (прибирање на податоци, организирање,

фокусирање, комплетирање и компонирање)

Page 29: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

29

3.Очекувани пречки во пишувањето (во текот на пишувањето може да се

дојде до нови информации, идеи).

Предност на писмената комуникација:

Писмената порака стои подолго време пред очите на оние кои ја

примаат и можат повеќекратно да ја прочитаат, а со тоа се овозможува

нејзиното подобро разбирање.

Писмените пораки се примаат многу посериозно од устните пораки.

Преку писмената комуникација (електонската пошта, мобилните телфони

и текстуалните пораки):

- Комуницираме брзо, со можност за брз одговор,

- Да се обратиме директно на оној на кој сакаме,

- Да преминуваме континенти и временски зони,

- Да пренесуваме информации на голем број луѓе, лесно и брзо,

- Да праќаме документи и слики,

- Да го контролираме времето (да одлучиме кога ќе одговориме).

Page 30: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

30

ПЕТТИ ДЕЛ

Невербално комуницирање

- ПАРАЛИНГВИСТИЧКИ ЗНАЦИ

- ЕКСТРАЛИНГВИСТИЧКИ ЗНАЦИ

- ПОСЕБНИ ОБЛИЦИ НА НЕВЕРБАЛНО КОМУНИЦИРАЊЕ

Главната функција на невербална комуникација е да ја пренесе

информацијата, како на пример, конкретна идеја. Нејзиното остварување е во

устен или писмен облик. Со невербалната комуникација се покажува

емоционален однос кон личноста со која разговараме или став за мекоја

информација која ја примаме. Невербалната комуникација уште се нарекува –

јазик на телото. Таа може да претставува замена за говорот, да помогне во

дополнување, или да го искаже моменталното расположение и емоции. Оваа

комуникација важи за сложена, која го подразбира целокупното човечко

однесување.

Човекот секојдневно испраќа сигнали во средината околу себе и со тоа

влијае на неа. Главна улога имаат мимиката и гестикулацијата. Посматрање на

говорот на телото и изразот на лицето, се добиваат многу поцелосни

информации, отколку кога би ги слушале зборовите. Дури и кога не зборуваме,

невозможно е да испраќаме невербални пораки.

Невербалните знаци играат голема улога во комуникацијата. Сара Вилсон ги

испитува значењата позади некои од најупотребуваните гестови.

Начинот на кој го движиме и поместуваме телото е главна тема на

истражување уште од античко време, кога римските оратори биле проценувани

според нивната “рачна реторика” како и според квалитетот на нивните зборови

(ограничените гестови се сметале за знак за темпераментна личност). Со текот

не времето, психолозите, социолозите и антрополозите пронашле најразлични

објаснувања за значењето на говорот на телото. Некои од експертите сметаат

дека невербалните знаци заземаат околу 70-80% од комуникацијата.

Page 31: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

31

Во последните години се фасциниравме од тоа што нашето тело

ненамерно може да открие: анализите на физичките движења на политичарите

и фотографиите на славните парови се главна цел на медиумите. Можеби

токму поради ова, науката за говорот на телото – кинесика, некои луѓе ја

сметаат за непрецизна и премногу едноставна. Како и да е, има неколку

примери на најчесто користени ставови и движења кои се општо прифатени

како прецизни показатели за одредена емоционална состојба.

Контактот со очи е едно од најважните средства на невербалната

комуникација. Начинот на кој некој го гледа соговорникот, додека разговара

може многу да кажа за таа личност. Подолг контакт со очите прави да

изгледаме посамоуверени и да изгледа како да го имаме разговорот под наша

контрола, додека пак, свртување на погледот не прави да изгледаме

срамежливи и понизни. Движењето на очите (а и самото зјапање) исто така има

многу значење. Движењето со очите може да се интерпретира како визуелна

форма на воздишка, додека пак свртувањето на погледот на страна или надолу

за време на клучен момент во разговорот може да ве направи неискрени и

лажливци.

Изразот на лицето му помага на соговорникот да протолкува некоја

реакција или емоција која ја чувствува. Стравот и тагата, во главно се

отсликуваат во очите, изненадување на челото, усните, очите, а лутењето се

манифестира на целокупниот израз на лицето.

Положбата на телото многу зборува за емотивната состојба на личноста.

Тоа ни покажува дали личноста е самоуверена или срамежлива, депресивна

или задоволна, горда или исплашена итн. Начинот на кој двајца луѓе се

ракуваат се смета за добар показател на рамнотежата на моќ во врската. Оној

кој ја трга другата личност кон него, ја тресе раката и го допира лактот на

другиот се смета дека генерално, можеби несвесно, сака да ја наметне својата

доминација. Се чини дека имаме непишано правило за тоа колку блиску

можеме да застанеме до некого. Проксемиката го испитува јавниот,

социјалниот, приватниот и интимниот простор. Едно истражување спроведено

во 1966 година покажа дека мнозинството од западните народи се чувствуваа

непријатно ако нивните пријатели стоеле на 45 сантиметри до нив.

Page 32: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

32

Истражувањето исто така покаа дека разликата во просторот се менува од

држава во држава.

Да ставите нешто помеѓу вас и друго лице се смета за знак на бранење.

Може да станува збор за мал предмет, како на пример да ставите пенкало на

маса, или да ги вкрстите рацете пред вас, и тоа ќе функционира како

психолошка бариера, додека опуштено држење на рацете покрај телото, како

пристапност, отвореност. Покажувањето на ваков знак од страна на телото се

смета дека лицето се чувствува загрозено.

Телесниот контакт го зголемува ефектот на вербалната порака. Многу

истражувања покажуваат, дека оние луѓе кои во текот на комуникацијата ги

допираат другите, се подобро прифатени во друштво и создаваат чувство на

сигурност кај соговорникот. Според (Tomic,Z. 2003:60) ,,знаците на допирот,,

може да бидат и конвенционално одредени и клише во одредени ситуацијј

(ракување, изјавување соучество, честитање и др.)8

Гестикулацијата, односно движењето на телото е особено важна во

невербалната комуникација и таа всушност се однесуба на движењето на

рацете. Гестовите се поделени во пет групи, во зависнот од функциите,кои ги

вршат при комуникација:

- Амблеми – нивната улога е замена за збор, на пример, ставање прст во

уста е знак дека треба да молчиме. Исклучена е употребата на говор.

Значењето на некои амблеми се разликува во одредени култури.

- Илустратори – претставува дополнување на вербалната комуникација,

односно говор.

- Регулатори – ја контролираат конверзацијата

- Адаптери – ја покажуваат емоционалната состојба на личноста (тапкање,

триење на рацате)

- Показатели на афекти – на директен начин ја покажуваат емоционалната

состојба, пр.изразот на лице.

8 Tomic,Z, Komunikologija, Beograd:Cigoja stampa, 2003

Page 33: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

33

Специјална форма на невербална комуникација помеѓу луѓето е плачот и

смеењето. Тие претставуваат растеретување од напнатост. Плачот, и покрај

тоа што се манифестира како реакција на надворешните дразби и

непријатности во физичка смисла, тој укажува на силни емоции и

возбудувања, чија причина може да биде тага, болка, бес, радост и др. Се

изразува со посебна карактеристична мимика.

Смеењето се изразува со различни гласови и мимики. Може да биде

предизвикано од надворешни дразби (скокоткање) или се јавува во

одредени комични ситуации. Тоа е инстинктивна реакција и има низа

различни значења. Може да изразува симпатија, чувство на среќа,

пријатност, но исто така и збунетост, агресивност итн.

ПАРАЛИНГВИСТИЧКИ ЗНАЦИ – ПАРАЈАЗИК

- ЗНАЦИ КОИ ГО СЛЕДАТ ГОВОРОТ (КВАЛИТЕТОТНА ГЛАСОТ,

ЈАЧИНАТА – ТРАЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГОВОРОТ)

- ЗНАЦИ КОИ ИМААТ САМОСТОЈНА УЛОГА ВО КОМУНИЦИРАЊЕТО

(ВОЗДИВНУВАЊЕ, СВИРКАЊЕ, ПОТКАШЛУВАЊЕ, ИКАЊЕ,

ПРОЅЕВАЊЕ, ПЛАЧЕЊЕ, СМЕЕЊЕ)

- ЗНАЦИ КОИ ГО СЛЕДАТ ВЕРБАЛНИОТ ГОВОР (НАГЛАСУВАЊЕТО И

РИТАМОТ НА ГОВОРОТ, ВИСИНАТА НА ГЛАСОТ, БРЗИНАТА НА

ЗБОРУВАЊЕТО, ИНТОНАЦИЈА, АКЦЕНТ) – ТОА СЕ ПРОЗОДИЧКИ

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГОВОРОТ

ПРИМЕР:

* СПОРОТО ЗБОРУВАЊЕ И МАЛИТЕ ВАРИЈАЦИИ ВО ВИСИНАТА НА

ТОНОТ НАЈЧЕСТО СИГНАЛИЗИРААТ НЕГАТИВНИ ЧУВСТВА -

ЗДОДЕВНОСТ, СТРАВ, ЖАЛОСТ

* БРЗОТО ЗБОРУВАЊЕ И ПОГОЛЕМИТЕ ВАРИЈАЦИИ - НАЈЧЕСТО

СИГНАЛИЗИРААТ ПОЗИТИВНИ ЧУВСТВА, АКТИВНОСТ, ИЗНЕНАДЕНОСТ

Page 34: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

34

ПАРАЈАЗИКОТ НЕ СЕ ЗЕМА КАКО МЕРОДАВЕН ВО СУДСТВОТО (ТАМУ

СЕ БИТНИ ФАКТИТЕ), НО ВО ЗДРАВСТВОТО ИМА ИСКЛУЧИТЕЛНА

ВАЖНОСТ, НА ПРИМЕР ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗА НА

ПАЦИЕНТОТ; ПОСЕБНО Е ВАЖЕН ПРИ ИЗРАЗУВАЊЕ ЧУВСТВА КОН

ПАРТНЕРИТЕ, РОДИТЕЛИТЕ, ПРИЈАТЕЛИТЕ...

ПРЕКУ НЕГО МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ ЗНАЧЕЊЕТО НА ВЕРБАЛНИТЕ

ПОРАКИ – ПРИМЕР: ДА НЕГИРАМЕ ДЕКА НЕШТО НЕ БОЛИ, А ДА

ОФКАМЕ ОД БОЛКА

ФУНКЦИИ НА ПАРАЛИНГВИСТИЧКИТЕ ЗНАЦИ

1. МАНИФЕСТАЦИЈАНА ЕМОЦИИ – И ВО СЛУЧАЈ

КОГАНЕМАМЕНАМЕРА ДА ГИ ИЗРАЗИМЕ (ГНЕВОТ ГО СЛЕДИ ОСТРА

БОЈА НА ГЛАСОТ, БРЗО ТЕМПО, НЕПРАВИЛЕН РИТАМ)

2. ОЗНАЧУВАЊЕ НА ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ СТАВОВИ (ПРИЈАТЕЛСКИ

ИЛИ НЕПРИЈАТЕЛСКИ, ДОМИНАНТНОСТ, ПОТЧИНЕТОСТ)

3. ОЦЕНУВАЊЕ НА КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ЛИЧНОСТА (УПОРНОСТ,

ВОЗДРЖАНОСТ, СМЕЛОСТ, ВНИМАТЕЛНОСТ)

4. ОЦЕНУВАЊЕ НА ДЕМОГРАФСКИТЕ ОБЕЛЕЖЈА – ПОЛ. ВОЗРАСТ,

РЕГИОНАЛНА И НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ

5. УСПЕШНО ОДВИВАЊЕ НА ВЕРБАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА (БЕЗ

УПОТРЕБА НА ОВИЕ ЗНАЦИ КОМУНИКАЦИЈАТА ТЕШКО БИ СЕ

ОДВИВАЛА)

6. ОБЛИКУВАЊЕНА СМИСЛАТА НА ВЕРБАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА,

ДОПОЛНА И ПРОМЕНА НА НЕГОВОТО ЗНАЧЕЊЕ (РАЗЛИЧНО

ИЗГОВОРЕНИТЕ ДА И НЕ МОЖЕ ДА ИМААТ РАЗЛИЧНА СМИСЛА

ЕКСТРАЛИНГВИСТИЧКИ ЗНАЦИЕТИКА

– Г

КИНЕТИКА – ГОВОР НА ТЕЛОТО

KINESIS – ДВИЖЕЊЕ

Говорот на телото е составен од телесни движења, гестови, изрази кои

се здружуваат во пообемни системи на комуницирање.

Page 35: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

35

ГОВОРОТ НА ЛИЦЕТО – ФАЦИЈАЛНАТА ЕКСПРЕСИЈА

Лицето е во центарот на видното поле и тоа е најекспресивниот дел од

телото.

Мошне значаен медиум за изразување и пренесување на основните

човекови чувства – веселост, жалост, изненадување, страв, бес....

На лицето посебно воочливи се очите, погледот има три улоги:

Експресивна: со погледот најнапред сигнализираме дека сме свесни за

комуникациската ситуација, сакаме да комуницираме. Со одвраќање на

погледот пренесуваме спротивна порака.

Контрола: Кого, кога и како ќе погледнеме, зависи од довербата помеѓу

партнерите, нивниот однос, нивото на интеракција, па дури и од

социјалните сигнали, како што се полот, статусот, староста.

Устата е важен израз на лицето, која со мускулите различно ја затегаме

и со тоа пренесуваме соопштение.

За глувонемите, таа претставува важен комуникациски орган, бидејќи не

ги слушаат зборовите, туку учат да читаат од движењето на устата. Со

устата се изразуваат следниве чувства: веселост, жалост, студ, страв,

зачуденост.

ПОСЕБЕН ВИД НА ЕКСТРАЛИНГВИСТИЧКИ ЗНАЦИ:

- ТЕЛЕСНИОТ КОНТАКТ - ДОПИР - (Допир на интимност; Допир на доминантност; Ритуален допир) - РАКУВАЊЕ - НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД - НАЧИНОТ НА ИЗВРШУВАЊЕ НА НЕКОИ АКТИВНОСТИ

ПОСЕБНИ ОБЛИЦИ НА НЕВЕРБАЛНО КОМУНИЦИРАЊЕ

БОЈАТА – како комуникатор

КРОНЕМИКА – начини на употреба на времето при комуницирањето

МОЛКОТ како комуникација (молкот во комуникацијата е како нула во

математиката – сам за себе нема вредност, но поврзан со другите

соопштенија може за 10 пати да ја зголеми комуникацијата, исто како

што нулата во математиката за 10 пати ја зголемува вредноста.

Page 36: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

36

ШЕСТИ ДЕЛ

Пречки во комуницирањето

Речиси и да нема некој кој ќе се пофали дека нема проблеми во

комуникацијата со другите луѓе. Во секојдневниот живот, постојат извесни

бариери кои ја попречуваат нормалната комуникација. Мал е бројот на луѓе кои

се вистински мајстори во комуникацијата. Обемот на информацијата е една од

бројните пречки кои се јавува. Секој од нас се нашол во ситуација да каже

нешто, а да не го мислиме, или пак незнаење некои работи да се објаснат. Не

се исклучок и ситуации во кои и другите не сме во ситуација да ги разбереме,

или пак погрешно да ги протолкуваме. Човечката комуникација во голема мера

е невербална, па ако се потпираме само на тие знаци може да реагираме на

она што не е кажано, а да не го земеме пред вид она што било кажано.

Во врска со ова постојат бројни расправи околу тоа колку успеваме да ги

разбереме другите, но и можноста да бидеме разбрани. Има ситуации, кога

сме си ветиле дека нема да го подигнеме тонот, да бидеме негативни и слично,

или пак се наоѓаме блокирани во даден момент, како да сме парализирани, не

успеваме да прозбориме ниту збор. Неоспорна е улогата и влијанието на

бројни емоции за одредени реакции, како: гнев, страв, тага, збунетост, вина,

чувство на анксиозност.

Ќе седнеме да разговараме „како луѓе“, а набрзо разговорот ќе премине

во кавга. Несогласувањата ќе преминат во навреди. Мирната дискусија

речиси за миг ќе се претвори во разулавена емоционална борба.

Зошто се случуваат вакви работи? Дали навистина е толку тешко да

разговараме еден со друг? Како може да ги исконтролираме емоциите за

тие да не ни попречат да оствариме конструктивен разговор со другиот? Кои

се чекорите што може да ги направиме кон тоа да бидеме подобри

комуникатори?

Проблемите при комуникацијата не се толку лесни за премостување.

Нивната генеза може да биде уште во нашето најрано детство. Уште

Page 37: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

37

како малечки може да научиме да ги потиснуваме чувствата, да

обвинуваме други, да избувнуваме со гнев, да заобиколуваме наместо

да кажеме отворено што сакаме и што ни треба, или пак што

чувствуваме, да „глумиме“ одредени чувства и низа други

контрапродуктивни однесувања кои потоа преминуваат во навики кои и

штетат на комуникацијата и кога сме пораснале, а не сме ни свесни како

се создале.

За многумина е навистина тешко дури и за себеси да си кажат што

мислат и што чувствуваат. За таквите луѓе да се изусти гласно она што

им е во главата може да биде застрашувачко искуство, нешто со кое

имаат голем проблем да се соочат. Долгото потиснување создава

притисок и голема потреба за олабавување на напнатоста, но вадењето

надвор на овие помисли и чувства знае да биде искуство кое се

доживува како целосно соголување.

Стилови на комуникација

Во комуникацијата меѓу луѓето среќаваме низа стилови на

комуницирање при што најчести се пасивниот, агресивниот, пасивно-

агресивниот и зрелиот начин на комуникација.

Пасивните комуникатори се однесуваат како нивните потреби

воопшто да не се важни. Да можат би се напикале во глувчја дупка, се

чувствуваат мали и понизни и би направиле се само за да избегнат

конфронтација. Тие сакаат да им удоволуваат на другите, најчесто на

своја штета. Понекогаш, ова создава чувство на одбојност.

Агресивните комуникатори пак, сосема обратно, се однесуваат како

единствено нивните потреби да се битни. Ништо друго на светот не е

поважно од нивните барања. Тоа се луѓе кои обвинуваат, се

закануваат, се дерат, не бираат зборови за да навредат и постојано

сакаат да доминираат. За да може да си тераат по свое, обично

влегуваат во релации со пасивни луѓе.

Пасивно-агресивните комуникатори својата лутина ја изразуваат

преку разни „суптилни игри“ на манипулација и предизвикување на

Page 38: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

38

чувство на вина. Тие внатрешно ја чувствуваат лутината и имаат

потреба за агресивно однесување но ја кријат оваа агресивност под

плаштот на едно пасивно однесување, како упорно молчење,

„заборавност“, одбивање да се слуша, промена на плановите во

последен момент, како и голем број други начини со кои ја изразуваат

својата лутина, огорченост и гнев без директна вербализација или пак

признавање на сопствените чувства.

Зрелите комуникатори разбираат дека секој си има свои потреби и

сечии потреби се важни. Тие се трудат да употребуваат искрен и

неутрален јазик во комуникацијата. Зрелоста бара и одреден степен

на емоционална ранливост, која не може да се демонстрира доколку

не се поседува голема самодоверба, но затоа пак наградата е

поздрава релација во која потребите на двете страни се подмируваат,

чувствата не се потиснуваат туку слободно се изразуваат, па секоја

од страните во најголема мера се чувствува слушнато и поврзано во

целината.

Како и да се чувствуваме секогаш треба да тежнееме кон ненасилна

комуникација. Таа се фокусира на зборовите и употреба на јазик кој е

што пообјективен во однос на нашите потреби, чувства и перцепции. Тоа

може да го постигнеме само ако сме во доволна мера свесни за нив и

сме си ги расчистиле за себеси. Поинаку, како и би можеле да ги

искомуницираме со некој друг?

При комуникацијата, за да избегнеме недоразбирања, треба многу

често да ги употребуваме рефлективните реченици во кои на другата

страна и го кажуваме она што сме го чуле или мислиме дека сме го чуле

и бараме или да ни го потврдат тоа или пак да не коригираат. Лесно е да

се создаде недоразбирање, малку треба, но многу потешко е потоа

ситуацијата да се врати во нормала и да се има продуктивна дискусија.

Затоа обидете се секогаш точно да утврдите дали нештото што ви било

соопштено или покажано од другата страна сте го разбрале или не.

Други начини со кои може да си помогнеме при воспоставувањето на

продуктивна комуникација се внимателното и фокусирано слушање и

Page 39: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

39

размислување за она што другата страна го зборува. Избегнете да

разговарате во околина во која може да има било какви дистрактори или

нешто што ќе ви го одвлече вниманието. Оставете си простор и време

секој да си го каже своето. Не генерализирајте, туку разговарајте за

конкретните ваши потреби и чувства, односно избегнете да правите

„општ муабет" а имате реален, конкретен проблем.

Држете се до фактите, избегнувајте ги шпекулациите. Обидете се

тонот на вашиот глас да биде што посмирен а изразите на вашето лице

адекватни на она кое е предмет на разговор. Тоа не значи да ги

потиснувате своите емоции, туку правилно да ги канализирате и

манифестирате. И, секогаш обидувајте се да го гледате проблемот од

аспектот на другата страна, така најдобро ќе ги сфатите нивните ставови

во однос на темата за која се зборува. Влезете во туѓи чевли, но сепак не

заборавајте и на вашиот аспект, туку пронајдете некоја средна вредност,

секогаш тежнејте кон компромис.

- Дистрактори

- Статус во комуникацијата (случај кога една личност е на повисока

позиција во хиерархиската структура на организацијата во однос

на другата).

- Пречки во комуникација, као резултат на постоење на пренагласен

респект, доминантност, па некогаш и страв, кои се последица од

тој различен статус.

Во приницип, пречките во комуницирањето, можат да потекнуваат

од следните извори:9 (Петковски,К.,Јанкуловска, П.2006:53)

- Семантички проблеми

- Перцепциски искривувања

- Културолошки разлики

- Физички пречки

- Физиолошки пречки

- Лош избор на канал за комуницирање

- Непостоење на повратна информација

9 Петковски,К.,Јанкулловска,П., Деловно комуницирање, ИРИС, Струга, 2006

Page 40: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

40

Секој комуникациски процес може да биде нарушен доколку испраќачите

или примачите не се способни да ги надминат комуникациските бариери.

Сите пречки во комуницирањето, можат да се поделат во три групи

(Ludlow, R.,Panton,F.,1992:12):10

1.пречки во примањето (ставовите, вредностите, потребите и очекувањата

на примачот)

2.пречки во разбирањето (јазикот, семантички проблеми, способноста на

примачот да слушша и прима пораки, должина на комуницирањето)

3.пречки во прифаќањето (предрасудите, меѓусебните конфликти на

испраќачот и примачот).

НАДМИНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИТЕ ВО КОМУНИЦИРАЊЕТО

Изборот на техника, зависи од ситуацијата, меѓутоа во основа се делат на

две групи:

1. Техники кои се однесуваат на поединците кои комуницираат и

2. Техники кои се однесуваат на надворешните околности во кои се одвива

комуницирањето

- Повратна информација (1)

- Јасен говор (1)

- Повторување на пораките (1)

- Активно слушање (1)

- Соодветно време и место (2)

- Амбиентот (2)

10 Ludlow, R.,Panton,F. The essence of effective communication, Prentice Hall, Europe,1992

Page 41: Skripta Kultura Na Izrazuvanje i Komunikcija - PRV DEL

41