37
ТЕМАТСКО-ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ VII одд Училиште: ОУ„ Славејко Арсов“ с.Подмочани Ресен Наставен предмет: Биологија Наставник: Сузи Симоновска Одд. VII Тема: I ГРАДБА НА РАСТЕНИЈАТА (14 часа) Реден број Структура на темата Време на реализација месец недела час 1. Вовед-Запознавање со содржините и начинот на работа 09 1 1 2. Биолошки особини на живите организми 09 1 2 3. Вежби за сличности и разлики меѓу растенијата и животните 09 2 3 4. Форма, големина и состав на растителна клетка (микроскопирање на ципа од кромид) 09 2 4 5. Градба на растителна клетка(изработување на шема со која се објаснува градбата) 09 3 5 6. Функции на органелите и клеточните творби и значење на клеточната делба 09 3 6 7. Вежби за клеточни органели-микроскопирање на пластиди и скробни зрна 09 4 7 8. Утврдување на знаењата за градбата и функциите на органелите во клетката 09 4 8 9. Ткива, органи, растителен организам 10 1 9 10. Приспособеност на растенијата кон влажни и сушни области 10 1 10 11. Приспособеност на растенијата кон умерени 10 2 11

TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

ТЕМАТСКО-ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ VII одд

Училиште: ОУ„ Славејко Арсов“ с.Подмочани РесенНаставен предмет: Биологија Наставник: Сузи Симоновска

Одд. VII

Тема: I ГРАДБА НА РАСТЕНИЈАТА (14 часа)

Реденброј

Структура на темата

Време на реализација

месец недела час

1. Вовед-Запознавање со содржините и начинот на работа 09 1 1

2. Биолошки особини на живите организми 09 1 2

3. Вежби за сличности и разлики меѓу растенијата и животните 09 2 3

4. Форма, големина и состав на растителна клетка (микроскопирање на ципа од кромид)

09 2 4

5. Градба на растителна клетка(изработување на шема со која се објаснува градбата)

09 3 5

6. Функции на органелите и клеточните творби и значење на клеточната делба

09 3 6

7. Вежби за клеточни органели-микроскопирање на пластиди и скробни зрна

09 4 7

8. Утврдување на знаењата за градбата и функциите на органелите во клетката

09 4 8

9. Ткива, органи, растителен организам 10 1 9

10. Приспособеност на растенијата кон влажни и сушни области 10 1 10

11. Приспособеност на растенијата кон умерени области(катност) 10 2 11

12. Приспособување на растенијата во променливи услови во природата(сезони)

10 2 12

13. Утврдување на знаењата за приспособување на растенијата 10 3 13

14. Систематизација на тема 1:Градба на растенијата 10 3 14

Page 2: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Вовед ( час1)Ученичката/от : Да се запознае со целите на наставата по биологија во осмо одделение (зошто ќе учи), содржините (што ќе учи), начинот на работа (кои упатства ќе ги добива, преку кои активности ќе учи (постапки, низ кои ќе ги усвојува знаењата и ќе се здобие со потребните способности и вештини). Да разбере како, кога и со кои начини, инструменти и критериуми ќе биде

оценувано неговото знаење и напредување. Да се запознае со наставните средства: учебник, компјутер и другите извори на знање, како и начините како ќе ги користи

1 СОДРЖИНА: Биолошки особини на растенијата

Час 2. наставна содржина: Биолошки особини на живите организмиЧас 3. наставна содржина : Вежби за сличности и разлики меѓу растенијата и животните

ЦЕЛИ : (час 2,3)Ученичката/от : Да ги воочува и набројува биолошките особини кај растенијата Да умее да докажува сличности и разлики меѓу растенијата и животните низ

примери за избрана биолошка особина

Поими: клетка, исхрана, дишење, излачување, осетливост, движење

Активности : Разгледување на природен материјал свеж или хербаризиран,графика:цртежи, слики, компјутерски анимации Изработување шематски приказ (графички организер) за биолошките одлики и сличности и разлики меѓу растенијата и животните

Наставни форми и методи: Фронтална, индивидуална, работа во групи Говорна(монолошка, дијалошка, дискусија) Текстуална метода Метод на демонстрација, метод на илустрација Метод на набљудување

Наставни средства: Природен материјал свеж , хербаризиран, од растенија и животни Разновидна графика : цртежи на хамер за градба на клетка, постери, слики ЦД со презентација и видео клипови за биолошки одлики Компјутер, проектор, бела табла, мимио интерактивен уред

Методи на оценување Формативно оценување во сите фази на часот(активноста и ангажираноста на

учениците, логичното размислување и точноста на дадените одговори) Прашањата кои се поставени се по Блумовата таксономија и се води сметка за

тежинското ниво Наставникот им дава усна повратни информации на учениците за нивниот

напредок и следните чекори за поодбрување

Page 3: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

2 СОДРЖИНА: Градба и функција на растителна клетка Час 4. Наставна содржина - Форма, големина и состав на растителна клетка(микроскопирање на ципа од кромид)Час 5.Наставна содржина - Градба на растителна клетка(изработување на шеми со кој се објаснува градбата)Час 6.Наставна содржина - Функции на органелите и клеточните творби и значење на клеточната делбаЧас 7.Наставна содржина - Вежби за клеточни органели-микроскопирање на пластиди и скробни зрна Час 8.Наставна содржина- Утврдување на знаењата за градбата и функциите на органелите во клетката

ЦЕЛИ (час 4,5,6,7,8)Ученичката/ученикот: Да ја поврзуваат формата и големината на растителната клетка во однос на

нејзината функција Да ги именува составните делови на растителна клетка со помош на графички

приказ Да ги разбира и објаснува функциите на секоја од органелите и творбите во состав

на клетката. Да ја открива улогата на клеточната делба во растењето, заздравувањето на

повредите, размножувањетоПоими: клеточен ѕид, клеточна мембрана, органели, вакуола, пластиди

Активности: Разгледување на природен материјал, свеж(лимон,калинка), хербаризиран материјал, цртежи на хамер за градба на клетка, модели на корен, стебло, лист, Разгледување на презентација за градба на клетка, ткива, анимации за делови на клетка и делба на клетка Микроскопирање на препарати од растителни клетки(кромид), хлоропласти во лист, хромопласти во цвет. Набљудување на клетки од лимон, калинка, со лупа( изработување цртеж за клетка) Демонстрирање обид за промена на леукопласти во хлоропласти, Користење на ИКТ (Изработување шема за градба на клетка,означување на делови на клетка)

Наставни форми и методи: Фронтална, индивидуална, групна и работа во парови Говорна метода(монолошка, дијалошка, дискусија) Текстуална метода Метод на демонстрација, метод на илустрација Метод на набљудување, метод на истражување

Наставни средства: Природен материјал свеж (лимон, калинка) Разновидна графика : цртежи на хамер за градба на клетка, постери, слики Компјутери, проектор, бела табла, мимио интерактивен уред,

Page 4: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Компјутерски микроскоп Digital blue, светлосен микроскоп, лупи Презентации изработени во mimio studio notebook и SMART notebook software Бодовни листи за заемно оценување на групите

Методи на оценување Се применува формативно оценување, при што целите на часот се јасни

дефинирани и нагласени на почетокот на часот. Оценувањето се врши преку претходно подготвена бодовна листа за заемно

оценување на изведбена активност од страна на наставникот. Усна повратна информација во текот на процесот на учење и во текот на

презантацијата Учениците го оценуваат своето моментално знаење и пропустите

(самооценување),користејки најразлични интерактивни апликации преку мимио табла

3 СОДРЖИНА: Усложнување на градбата на растителниот организам

Час 9.Наставна содржина: Ткива, органи, растителен организам

ЦЕЛИ: (час 9)Ученичката/ученикот: Да стекнува знаења за поврзувањето на клетките во ткива,ткивата во орган, органите

во организам Да дава аргументирани, логично обмислени одговори на поставените

прашања/проблеми и да презентира заклучоци поткрепени со докази

Поими: ткива, органи, организам

Активности: Разгледување на модели од ткива на лист, стебло и корен, графика(цртежи), свеж материјал и хербаризирани растенија. Разгледување на презентација за поврзаноста на клетките во ткива, органи, организам Користење на ИКТ (идентификување на ткива и органи во растителниот организам)

Наставни форми и методи: Фронтална, индивидуална, работа во парови Говорна(монолошка, дијалошка, дискусија) Текстуална метода Метод на демонстрација, метод на илустрација Метод на набљудување

Наставни средства: Природен материјал свеж, хербаризиран, Разновидна графика : цртежи , постери,слики презентација и видео клипови за ткива, органи Модел на корен, стебло, лист,компјутер, проектор, мимио интерактивна табла, Микроскоп Digital blue, светлосен микроскоп, лупи

Методи на оценување

Page 5: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Формативно се оценува активноста и ангажираноста на учениците, логичното размислување и точноста на дадените одговори.

Наставникот дава усна повратна информација непосредно во текот на процесот на учење, како и во текот на презентацијата на наученото, со цел ученикот подобро да го осознае процесот на сопственото учење и напредување

Учениците го оценуваат своето моментално знаење и пропустите (самооценување),користејки најразлични интерактивни апликации преку мимио табла .

4.СОДРЖИНА: Приспособеност на растенијата кон различните услови во животната средина

Час 10.Наставна содржина - Приспособеност на растенијата кон влажни и сушни областиЧас 11.Наставна содржина - Приспособеност на растенијата кон умерени области(катност)Час 12.Наставна содржина - Приспособување на растенијата во променливи услови во природата (сезони)Час 13.Наставна содржина - Утврдување на знаењата за приспособување на растенијата

ЦЕЛИ: (час 10,11,12,13)Ученичката/ученикот да: споредува преку примери и да објаснува приспособување на растителната клетка

кон условите во срединатаПоими: приспособување, катност на шумите,

Активности: Разгледување и разговор за приспособување на растенија во услови на суша(кактус, млечка) и вода (водена чума)листопадни и зимзелени растенија во променливи услови во природата(сезони) Истражување:Откривање на приспособеноста на растенијата во умерени, сушни и влажни услови(области) Изработување на модел на хамер од слики на растенија за катност на растенијата.

Наставни форми и методи: Фронтална, индивидуална, работа во парови Говорна(монолошка, дијалошка, дискусија) Текстуална метода Метод на демонстрација, метод на илустрација Метод на набљудување,метод на практична работа,

Наставни средства: Разновидна графика, слики, свеж и хербаризиран материјал. ЦД со слики од водни растенија, кактуси, млечки, листопадни и зимзелени

растенија. Компјутери, проектор, мимио интерактивна табла Презентации изработени во mimio studio notebook и SMART notebook software

Page 6: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Бодовни листи, контролни листови и тестови на знаења

Методи на оценување Формативно оценување( Во текот на наставата редовно се следат и се

вреднуваат постигањата на учениците, се прибираат показатели за нивната активност, мотивираност, соработка со другите, ангажираност, логично размислување и точност на дадените одговори.

Наставникот дава усна повратна информација непосредно во текот на процесот на учење, како и во текот на презентацијата на наученото, со цел ученикот подобро да го осознае процесот на сопственото учење и напредување

Заемно оценување – учениците ја оценуваат работата на своите соученици со помош на бодовни листи при што се зголемува нивната мотивација за учење и се потикнува критичното мислење и комуникациските вештини

Самооценување -Учениците го оценуваат своето моментално знаење и пропустите ,користејки најразлични интерактивни содржини преку мимио табла,(идентификување, означување, поврзување,споредување, одговарање на прашања чија точност самите ја проверуваат)

Час 14.Наставна содржина - Систематизација на тема 1:Градба на растенијата

ЦЕЛИ: (час 14)Ученичката/ученикот да:

ги утврдува и систематизира знаењата за наставната тема 1:Градба на растенијата

Активности, методи на оценувањеНаставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на

учениците(контролни листови со објективни прашања со повеќечлен избор) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењетоНаставникот води белешки во (досие за секој ученик) за неговите активности ( мотивираност, учество во активностите, редовност, истрајност, креативност)и усвоеноста на знаењата за оваа тема. Врз основа на релевантни показатели се одредува оценката на секој ученик

Подготовки за наредната тема Учениците треба да повторат за петте царства и за разновидноста на организмите во природата. Корелација со Географија и Природни науки и техника

Констатации од реализацијата на темата

Page 7: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

ТЕМА I :ГРАДБА НА РАСТЕНИЈАТА-15 часа

Наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Воведен час IX2. Биолошки особини на живите организми IX3. Форма ,големина и состав на растителна клетка IX4. Вежбање, проверување и утврдување на знаењата преку

набљудување на плодови од калинка, лимон и сл.со лупа, цртање на клетките и споредување со изработена шема.

IX

5. Изработување на шема со која се објаснува градбата на растителната клетка-примена на ИКТ

IX

6. Функции на органелите и клеточните творби(клеточен ѕид, клеточна мембрана, цитоплазма, јадро, пластиди, вакуоли); Значење на клеточната делба

IX

7. Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за градбата и функциите на органелите во клетката

IX

8. Микроскопирање органели: хлоропласти во лист, хромопласти во морков(цртање на набљудуваните објекти и споредба со изработени шеми)

IX

9. Усложнување на градбата на растителниот организам X10. Приспособеност на растенијата кон различните услови на

животната средина –Примена на ИКТX

11. Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за приспособеноста на растенијата

X

12. Влијание на растенијата на условите во животната средина ИКТ

X

13. Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за промените во средината со населување на растенијата и сезонските промени.

X

14. Утврдување и систематизирање на знаењата за наставната тема

X

15. Систематизирање на знаењата за наставната тема X

Воведен час-1Воведен час за запознавање со предметот биологија (целите, наставните теми, активностите и методите во наставата), како и со начинот на проверување и оценување на задачата.Наставникот ги запознава учениците со учебникот и другите извори што ќе ги користат во наставата.

Час-2 -Биолошки особини на живите организмицели: ученикот/ученичката:-да ги воочува и набројува биолошките особини кај растенијата-да воочува сличности и разлики меѓу растенијата и животните низ примери на избрана

Page 8: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

биолошка особина

Наставна содржина:Градба на растенијата

Активности, методи, наставни средства:Наставникот им демонстрира на учениците природен материјал за да го поттикне нивниот интерес и да ги мотивира за разработка на темата.Наставникот ја објаснува градбата на растенијата (растителни клетки, ткива и органи) преку разгледување на природен материјал, свеж или хербаризиран или преку графика: цртежи, графофолии, фотографии...).Наставникот ги запознава учениците што ќе обработуваат на наредните часови во врска со оваа тема и ги поттикнува да пронајдат материјали за темата што ќе ја обработуваат.

Час 3, 4, 5, 6, 7 и 8цели: ученикот/ученичката-да ја поврзува формата и големината на растителната клетка во однос на нејзината функција;-да ги именува составните делови на растителната клетка со помош на графички приказ;-да ги разбира и објаснува функциите на секоја од органелите и творбите во состав на клетката;

Наставна содржина: Градба и функции на растителна клетка

Наставна единица:(час 3): Форма ,големина и состав на растителна клетка

Наст.единица (час 4): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата преку набљудување на плодови од калинка, лимон и сл.со лупа, цртање на клетките и споредување со изработена шема.

Наст.единица (час 5):Изработување на шема со која се објаснува градбата на растителната клетка

Наст.единица (час 6): Функции на органелите и клеточните творби(клеточен ѕид, клеточна мембрана, цитоплазма, јадро, пластиди, вакуоли); Значење на клеточната делба.

Наст.единица (час 7): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за градбата и функциите на органелите во клетката

Наст.единица (час 8):Микроскопирање органели: хлоропласти во лист, хромопласти во морков(цртање на набљудуваните објекти и споредба со изработени шеми)

Активности и методи:

Наставникот им демонстрира на учениците природен материјал за да го поттикне интересот и мотивацијата за разработка на темата.Разгледување на природен материјал, свеж или хербаризиран или графика: цртежи, фотографии, филмови за различни растителни клетки, ткива и органи.Микроскопирање на препарати од растителни клетки, ткива: хлоропласти во пресек од лист, хромопласти во морков.Набљудување со лупа на клетки на плод од портокал и лимон.Наставникот го опишува текот на наставата, изработува шеми, подготвува прашања за проверување и утврдување на основните поими, прави обиди , вежби, поттикнува дискусии и

Page 9: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

сл.

Час 9цели:ученикот/ученичката:-да ја открива улогата на клеточната делба (во растењето, зараснувањето на повредите, размножувањето и др.);-да стекнува знаења за поврзувањето на клетките во ткиво, ткивата во орган, органите во организам.

Наставна содржина: Усложнување на градбата на растителниот организам

Активности, методи, наставни средстваРазгледување на природен материјал, свеж или хербаризиран,графика.Наставникот го опишува текот на наставата, изработува шеми, подготвува прашања за проверување и утврдување на основните поими, прави обиди, вежби, поттикнува дискусии.

Час 10, 11, 12 и 13цели:ученикот/ученичката:-да споредува преку примери и да објаснува приспособувања на растителната клетка кон условите во средината

Наставна содржина: Приспособеност на растенијата кон различните услови на животната средина Наставна единица: (час 10): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за приспособеноста на растенијата кон умерени и сушни области во животната срединаНаст.единица (час 11): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за приспособеноста на растенијата кон влажни области во животната срединаНаст.единица (час 12): Влијание на растенијата на условите во животната срединаНаст.единица (час 13): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за промените во средината со населување на растенијата и сезонските промени.

Активности, методи, наставни средстваРазгледување и разговори за приспособувањата кај:-растенија во услови на суша (кактус, млечка);-растенија кои живеат во вода (водена чума, аквариумски растенија);-листопадни и зимзелени растенија во променливи услови во природата (сезони);Истражување: Откривање на приспособеноста на растенијата во умерени, сушни и влажни услови (области).

Час 14 и 15цели:-утврдување и систематизирање на знаењата за наставната тема

Активности, методи, наставни средстваНаставникот изработува инструменти за проверување на постигањата на учениците (шеми, прашања, обиди, вежби) со кои ја согледува ефикасноста во наставата и учењето;Наставникот води белешки за активностите на учениците (нивната мотивираност, учество во активностите, редовност, истрајност, креативност) и знаењата на учениците за оваа тема.Врз основа на релевантни показатели се одредува оценката на секој ученик.

Page 10: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

ТЕМА II : КЛАСИФИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМИТЕ -10 часа

Наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Систематика (преглед) на најголемите групи живи организми-примена на еколошка тема VI: Биодиверзитет,точка 2(Биодиверзитетот во дворот)

X

2. Бесклеточни форми-Вируси-примена на ИКТ XI3. Бактерии-градба ,форма, значење, разговори за примена на

бактериите (млечно-киселински, патогени, разградувачи и др.)-примена на ИКТ

XI

4. Алги-општи особини, едноклеточни и повеќеклеточни зелени алги-примена на ИКТ

XI

5. Габи-запознавање со особините на габите (микроскопирање на препарат од мувла,лебен квасец...) Примена на ИКТ

XI

6. Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за царство на монери, протисти и габи.

XI

7. Бессемени растенија-мовови и папрати-примена на ИКТ XI8. Семени растенија : голосемени и скриеносемени растенија

Голосемени растенија-особини и претставници-примена на ИКТ

XI

9. Скриеносемени растенија-монокотиледони и дикотиледони-Примена на ИКТи примена на еколошка тема VI: Биодиверзитет,точка 2(Анализа на биодиверзитетот во локалната средина)

XI

10. Проверување и утврдување на знаењата за царство на растенијата

XI

Час 1цели:ученикот/ученичката:-да се оспособува да ја открива разновидноста на царствата на организмите

Наставна содржина : Систематика (преглед) на најголемите групи живи организми

Активности, методи, наставни средстваНаставникот преку презентирање на цртежи, слики ги запознава учениците со најголемите групи живи организми. Се истакнуваат општите особини на царството на : монери( бактерии), протисти (алги), габи и растенија.Се мотивираат учениците за разработка на темата со разгледување на свеж материјал од габи (да се донесе свежа габа-вргањ, ливадарка...) и било кое растение.

Час 2цели:ученикот/ученичката:-да ја сфаќа неклеточната градба и значењето на вирусите

Page 11: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Наставна содржина: Бесклеточни форми-Вируси

Активности, методи, средстваНаставникот преку разгледување на слики, цртежи, ги истакнува особините на вирусите. Ги поттикнува учениците да пронајдат материјали за темата за некои попознати вируси (вирус на грип, сида и др.)

Час 3, 4, 5 и 6цели: ученикот/ученичката:-да ја разбира улогата на бактериите во природата-да ја сфаќа потребата од примената на основни заштитни мерки против најчестите вирусни и бактериски заболувања-да го сфаќа опстанокот/функциите на едноклеточните и повеќеклеточните организми-да ја сфаќа важноста на алгите и габите во природните заедници

Наставна содржина: Царство на монерите (бактерии), на протистите (алги) и на габите

Наставна единица (час 3) Бактерии-градба ,форма, значење, разговори за примена на бактериите (млечно-киселински, патогени, разградувачи и др.)

Наст.единица :(час 4): Алги-општи особини, едноклеточни и повеќеклеточни зелени алги

Наст.единица (час 5): Габи-запознавање со особините на габите (микроскопирање на препарат од мувла,лебен квасец...)

Наст.единица (час 6): Вежбање, проверување и утврдување на знаењата за царство на монери, протисти и габи.

Активности,методи,средстваРазгледување на слики од бактерии, алги, габи.Разговори за примена на бактериите (млечно-киселински, патогени, разградувачи и др.)Микроскопирање на претставници од алги (жабокрек, дождовна алга, хламидомонас).Микроскопирање на препарат од мувла, квасец.Воочување на карактеристики на габи.

Час 7, 8, 9 и 10цели:ученикот/ученичката:-да го воочува постапното усложнување на градбата и функциите на организмите;-да ги препознава одликите и да ги именува типичните претставници од царствата;-да ја воочува сродноста помеѓу припадниците од групите во растителното царство (филогенија)

Наставна содржина : Царство на растенијата

Наставна единица (час 7): Бессемени растенија-мовови и папрати

Наставна единица (час 8): Семени растенија : голосемени и скриеносемени растенија Голосемени растенија-особини и претставнициНаст.единица (час 9) : Скриеносемени растенија-монокотиледони и дикотиледониНаст.единица (час 10): Проверување и утврдување на знаењата за царство на растенијата

Page 12: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Активности, методи, средстваРазгледување на природен материјал, свеж или хербаризиран.Работа со лупа: набљудување на лист од папрат со соруси, типични делови од претставници од различни групи растенија.Демонстрирање на свеж или хербаризиран материјал за сите посочени групи и одбрани (познати ) претставници.Наставникот подготвува прашања за проверување на основните поими, поттикнува дискусии.

ТЕМА III : ГРАДБА НА РАСТИТЕЛНИ ОРГАНИ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ВОДА(15 часа)

Наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Градба и функции на растителните ткива XII2. Вежбање , проверување и утврдување на знаењата за

растителни ткива и органи XII

3. Форма, градба и функции на корен.Видоизменети и адвентивни корења-Примена на ИКТ

XII

4. Вежбање, проверување и утврдување на знаења за корен, градба, функции и видови корења

XII

5. Изданок и пупки XII6. Градба на стебло и видови стебла XII7. Вежбање, проверување и утврдување на знаења за

изданок и стеблоXII

8. Надворешна градба на лист-Примена на ИКТ XII9. Внатрешна градба на листот и негови функции со

посебен осврт на фотосинтезатаI

10. Вежбање, проверување и утврдување на знаења за лист

I

11. Транспирација-промет на водата во растенијата.Значење на транспирацијата за растенијата.-примена на ИКТ

II

12. Истражување-различни растенија различно транспирираат

II

13. Проверување и утврдување на знаења за листот и транспирација

II

14. Размена на материите помеѓу растението и средината- Значење на водата за растенијата (како животна средина, за автотрофна исхрана, како ртастворувач, пренесувач).-Примена на еколошка тема I : Вода,точка 1(Значење на водата за живиот свет)

II

Page 13: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

15. Систематизирање на знаењата за наставната тема II

цели: ученикот/ученичката:-да ги препознава и именува растителните ткива и нивните функции-да ги разликува и именува растителните органи и нивните функции-да ја објаснува градбата на растителните органи и нивната функција-да ја објаснува функцијата и градбата на спроводните садови во коренот, стеблото и листот

Наставна содржина: Градба и функции на растителните ткиваНаставна единица(час 1):Градба и функции на растителните ткива

Активности, методи, средстваНаставникот преку презентирање на цртежи, слики, ги запознава учениците со градбата и функциите на растителните ткива , органите и растителниот организам во целина.Преку цртежи се објаснува дека клетките се поврзуваат во ткива.Се прави пресек на лист, стебло, се вади покорица од лист и се микроскопира, при што се набљудуваат разните видови на растителни ткива.

Во тек на обработка на оваа наставна единица ќе се примени еко стандард II : Заштеда на вода , со точката на акција 4 :Обезбедување на техничка вода за одржување на зелените површини во дворот со поставување на буриња за собирање дождовница.

Наставна единица (час 2): Вежбање , проверување и утврдување на знаењата за растителни ткива и органи Активности, методи, средстваНаставникот на учениците им дава графички организер со органите и функциите кај растенијата , при што учениците го пополнуваат и со тоа се проверува нивото на стекнатото знаење за оваа содржина.

Наставна содржина:Градба и функции на корен

цели:ученикот/ученичката:-да ги препознава разните форми на корења-да ја знае улогата на видоизменети корења и каде се сретнуваат-да ги препознава кореновите влакненца и да ја објаснува нивната функција-да се оспособата да ја објаснуваат градбата и функцијата на коренот

Час 3 и 4Наставна единица (час 3): Форма, градба и функции на корен.Видоизменети и адвентивни корењаНаставна единица (час 4): Вежбање, проверување и утврдување на знаења за корен, градба, функции и видови корења

Активности, методи,средстваУчениците се задолжуваат да донесат природен материјал, свеж или хербаризиран (искорнато младо жито, искорнат морков) и се набљудуваат видовите корења.Се прави пресек на корен и се објаснува градбата на коренот и кореновите влакненца.Учениците цртаат типови на корења, пресек на корен и обележуваат.

Page 14: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Наставна содржина:Градба и функции на изданок и стеблоцели: ученикот/ученичката:-да разликуваат изданок од стебло-да ги распознаваат разните видови на стебла-да ги распознаваат видоизменетите надземни и подземни стебла-да ја опишуваат градбата и функцијата на стеблотоЧас 5, 6 и 7Наставна единица (час 5):Изданок и пупкиНаставна единица (час 6): Градба на стебло и видови стеблаНаставна единица (час 7): Вежбање, проверување и утврдување на знаења за изданок и стебло

Активности, методи, средстваНаставникот презентира слики од различни стебла.Во блискиот училишен парк се набљудуваат стеблата и се воочува нивната форма, изглед, висина.На свеж материјал (гранки од липа, лешник...) се набљудуваат типовите пупки и нивната градба.Се набројуваат примери на дрвенести и тревести стебла.Наставникот изготвува прашања за проверка на знаењато.

Наставна содржина: Градба и функции на листЧас 8, 9 и 10цели:ученикот/ученичката:-да можат да ги препознаваат деловите на листот и да ја објаснуваат нивната улога-да ја поврзуваат внатрешната градба на листот со неговата функција

Наставна единица (час 8): Надворешна градба на листНаставна единица (час 9): Внатрешна градба на листот и негови функции со посебен осврт на фотосинтезатаНаставна единица (час 10):Вежбање, проверување и утврдување на знаења за лист

Активности, методи, средстваНа свеж или хербаризиран природен материјал се пронаоѓаат деловите на листот и се посочуваат нивните функции.Учениците во своите тетратки цртаат листови и ги обележуваат.Се прави пресек на лист и се микроскопира.Од набљудувањето на микроскоп се црта внатрешната градба на листот и се обележуваат ткивата од кои е изграден листот.Наставникот подготвува прашања и наставни ливчиња за проверка на знаењата.

Наставна содржина: ТранспирацијаЧас 11, 12 и 13цели: ученикот/ученичката :-да го разбираат процесот на спроведување на водата од коренот до листот-да ја разбираат усогласеноста на примање и испуштање на водата односно процесот транспирација

Наставна единица (час 11): Транспирација-промет на водата во растенијата.Значење на транспирацијата за растенијата.

Page 15: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Наставна единица (час 12): Истражување-различни растенија различно транспирираат

Наставна единица (час 13): Проверување и утврдување на знаења за листот и транспирација

Активности, методи, средстваНаставникот ги насочува учениците со поставување на обиди да доаѓаат до заклучоци за тоа дека растенијата вршат транспирација.Преку разгледување на природен материјал се воочуваат различни типови на листови со прилагодби за заштита од транспирација.Истражување на транспирацијата при сончево, ветровито и облачно време.Наставникот подготвува прашања за проверка на знаењето.

Наставна содржина : Размена на материите помеѓу растението и срединатаЧас 14 цели: ученикот/ученичката:-да ја разберат размената на материите на растението со средината-да можат да го објаснуваат спроведувањето на водата низ растението-да го разбираат еколошкото значење на спроведувањето на водата

Наставна единица(час 14):Значење на водата за растенијата (како животна средина, за автотрофна исхрана, како ртастворувач, пренесувач).Активности, методи, средстваНаставникот преку прашања ги поттикнува учениците да размислуваат за што е значајна водата во природата и за нивните организми.Се поставува обид со вода во која има боја, поставена е дршка на некој цвет-се докажува движењето на водата низ спроводните садови на стеблото и улогата на водата како пренесувач.

Час 15цели:-утврдување и систематизирање на знаењата за наставната тема

Активности, методи, средстваНаставникот изработува инструменти за проверка на постигањата на учениците.Наставникот води белешки за активноста на учениците и знаењата за оваа тема.

Page 16: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

ТЕМА IV : ФОТОСИНТЕЗА И ДИШЕЊЕ КАЈ РАСТЕНИЈАТА (8 часа)

Наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Услови, механизам и продукти на фотосинтезата-примена на ИКТ

II

2. Вежбање,проверување и утврдување на знаења за фотосинтеза

II

3. Дишење и продукти на дишењето кај растенијата-примена на ИКТ

II

4. Вежби-докажување дека растенијата дишат преку сите органи и кои се продуктите на дишењето

II

5. Проверување и утврдување на знаењата за дишење и фотосинтеза

III

6. Дишењето и фотосинтезата се поврзани процеси со спротивна насока-примена на ИКТ и примена на еколошка тема I: Енергија,точка 1(Значење на енергијата за живиот свет)

III

7. Значењето на фотосинтезата за живиот свет во биосферата

III

8. Систематизирање на материјалот за дишење и фотосинтеза

III

цели:ученикот/ученичката-да ја поврзува градбата на листот и другите органи кај растенијата со процесите на фотосинтеза и дишење-да ги разбира механизмите и продуктите на фотосинтезата-да може да ги објаснува условите за одвивање на фотосинтезата

Наставна содржина: Услови, механизам и продукти на фотосинтезата

Наставна единица (час 1) Услови, механизам и продукти на фотосинтезата

Наставна единица (час 2)Вежбање,проверување и утврдување на знаења за фотосинтеза

Page 17: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Активности, методи и средстваПреку разгледување на цртежи, фотографии, ТВ филмови, наставникот ги запознава учениците со процесот на фотосинтезата.Учениците во тетратките скицираат шема на одвивање на фотосинтеза.Се прави пресек на лист и се микроскопираат клетки со хлоропласти, меѓуклеточни простори.За докажување на продуктите на фотосинтезата се поставува обид со растение на кое некои листови се покриени со алуминиумска фолија. Се микроскопираат скробни зрнца во компир и грав.

Наставна содржина:Дишење и продукти на дишењето кај растенијатачас 3, 4цели; ученикот/ученичката-да разберат дека растенијата непрекинато дишат т.е. разменуваат гасови со средината-преку примери да објаснува како растенијата дишат со сите органи

Наставна единица (час 3):Дишење и продукти на дишењето кај растенијата

Наставна единица (час 4): Вежби-докажување дека растенијата дишат преку сите органи и кои се продуктите на дишењето

Активности, методи, средстваНаставникот преку примери го објаснува процесот на дишење.Со обиди се докажува дека растенијата дишат со сите органи.За докажување на продуктите на дишењето се поставуваат обиди (заматување на варовата вода-CO2 ,ставање на трева во најлон при што се ослободува топлина како продукт на дишењето;моркови во пластично кесе -се ослодува вода како продукт на дишењто.

Наставна единица (час 5): Проверување и утврдување на знаењата за дишење и фотосинтеза

цели:-да се провери колку е совладана содржината за дишење кај растенијата-примена на знаењето во секојдневниот живот

Активности, методи, средстваСо прашања,шеми се проверува колку е совладана наставната содржина.Наставникот води белешки за активноста на секој ученик.

Наставна содржина: Дишењето и фотосинтезата се поврзани процеси со спротивна насокачас 6цели:ученикот/ученичката-да може да ја објаснува поврзаноста и спротивната насоченост на процесите на фотосинтеза и дишење-да го осознае значењето на двата процеса за растенијата

Наставна единица(час 6): Дишењето и фотосинтезата се поврзани процеси со спротивна насока

Page 18: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Активности, методи,средстваНаставникот преку прашања ги насочува учениците да размислуваат за поврзаноста на дишењето и фотосинтезата. Се разгледуваат податоците што се познати за двата процеса и се потврдува дека тие се со спротивна насока.Се набљудуваат стоми на покорицата од лист на собни растенија.

Наставна содржина: Значење на фотосинтезата за живиот свет во биосфератацели:ученикот/ученичката-да го објаснува значењето на фотосинтезата за живиот свет на Земјата-да ги открива условите, влезните материи и продуктите на фотосинтезата

Наставна единица (час 7) Значењето на фотосинтезата за живиот свет во биосферата

Активности, методи, средстваПреку разговор со учениците наставникот ги потсетува дека растенијата се произведувачи на храна, први во синџирот на исхрана.

Наставна единица (час 8): Систематизирање на материјалот за дишење и фотосинтезацели:-да се провери колку е совладана наставната материја за фотосинтеза и дишење-практична примена на знаењата за овие два процеса во секојдневниот живот

Активности, методи, средстванаставникот преку различни форми го проверува стекнатото знаење за темата.Прави прашања,тест и други начини за проверка.Води виденција за активноста на учениците.

Page 19: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

ТЕМА V :ОСЕТЛИВОСТ НА РАСТЕНИЈАТА КОН УСЛОВИТЕ НА СРЕДИНАТА(4 часа)

Наставни единици

Структура на темата Време за реализација

1. Осетливост на растенијата на дразби-примена на ИКТ

III

2. Вежби-истражување на осетливост на растенијата кон светлина и кон привлечната сила на Земјата

III

3. Осетливост и реагирање на растенијата на загадување на средината-примена на ИКТ и примена на еколошка тема Вода,точка 3(Загадување на водата)

III

4. Вежбање, проверување и утврдување на знаења за осетливост на растенијата кон условите на средината

III

цели:ученикот/ученичката:-да сватат дека опстанокот на растенијата е условен од нивната приспособеност кон промените и условите во средината-да научат дека растенијата примаат дразби од надворешната средина и од внатрешноста на својот организам и реагираат-да разберат дека растенијата се осетливи на загадувањето на средината

Наставна содржина:Осетливост на растенијата на дразбицели:ученикот/ученичката-да го разбираат поимот дразба, извор на дразба и реакција на дразба на растението-да препознаваат реакција на растителни органи кон разни дразби-да истражуваат осетливост на растителните органи кон некои дразби(пр.кон светлина)

Наставна единица (час 1):Осетливост на растенијата на дразбиНаставна единица (час 2):Вежби-истражување на осетливост на растенијата кон светлина и кон привлечната сила на Земјата;

Активности, методи, средстваНаставникот го објаснува поимот дразба и тропизам преку соодветни примери(растение на прозор, движење на сончоглед во правец на извор на светлина...).Преку слики и поставени огледи (саксија со цвеќе на прозор, нееднакво осветлена) се покажува дека растенијата се осетливи на интензитетот на светлината.

Page 20: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Позитивен и негативен тропизам најдобро се објаснува преку реакцијата на растенијата кон привлечната сила на Земјата(корен-позитивен а стебло-негативен).Осетливоста на растенијата се осознава и преку примери за осетливост кај растенијата кон топлина, движењето на корен во правец на место каде има повеќе вода,собирање на листови на растение мимоза и собирањето на листовите кај растението муволовка кога на него ке застане инсект.При истражувањето се поставува саксија со цвеќе во хоризонтална состојба и се следи движењето на листовите и стеблото.Пополнување на дијаграм со примери за позитивен и негативен тропизам.

Наставна содржина:Осетливост и реагирање на растенијата на загадување на срединатаНаставна единица(час 3):Осетливост и реагирање на растенијата на загадување на срединатацели:ученикот/ученичката-да ја сваќаат осетливоста и реакциите на растенијата на загадувањето на средината-ќе откријат дека растителните заедници на Земјата се загрозени од забрзаното и долготрајно загадување на средината а со тоа е загрозен и опстанокот на сите живи организми на Земјата-да се запознаат со најважните и најчести загадувачи на средината

Активности, методи, средстваНаставникот преку прашања ги насочува учениците да размислуваат за распространетоста на растенијата насекаде и нивното прилагодување кон различните услови.Преку дискусија се доаѓа до заклучок за тоа со кои активности човекот ги загрозува растителните заедници : сечење на шумите, обработување на дивите ливади и тревници, пожарите, испуштањето на течен отпад во средината во која живее и работи човекот, влијанието на индустриските гасови врз развојот на растенијата и како влијае употребата на разните хемикалии за заштита на растенијата врз животната средина.Се прави постер со цртежи и слики за различните извори на загадување на живеалиштето.

Наставна единица (час 4):Вежбање, проверување и утврдување на знаења за осетливост на растенијата кон условите на срединатацели:ученикот/ученичката-утврдување и систематизирање на знаењата за осетливост на растенијата на условите на средината

Активности, методи, средстваПреку прашања, подготвени графички планери се проверува колку е совладана наставната содржина.Се следи активноста на секој ученик во разработка на темата и учеството во дискусии,вежби и други активности на часовите.

Page 21: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

ТЕМА VI : РАСТЕЊЕ; РАЗВИТОК И РАЗМНОЖУВАЊЕ НА РАСТЕНИЈАТА (11 часа)

Наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Бесполово размножување кај растенијата IV2. Бессемените растенија се размножуваат полово IV3. Вежбање, проверување и утврдување на знаењето за

бесполово размножување кај растенијата и полово размножување кај бессемени растенија

IV

4. Полово размножување кај семените растенија(голосемени и скриеносемени,градба на цвет)-примена на ИКТ

IV

5. Вежби-разгледување на градба на цвет IV6. Опрашување, оплодување и расејување кај

скриеносемените растенија-примена на ИКТIV

7. Никнување и развиток на семката-примена на ИКТ IV8. Вежбање, проверување и утврдување на знаења за

опрашување, оплодување,расејување на семето и плодовите и за никнување на семето

IV

9. Добивање нови сорти растенија-примена на ИКТ и примена на еколошка тема Одржување на зградата и здрава средина во училиштето,точка 8(Влијанието на човекот врз средината)

IV

10. Вежби-добивање на нови сорти растенија,селекција,калемење

V

11. Систематизација на наставната тема -растење, развиток и размножување на растенијата

V

Page 22: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

цели: ученикот/ученичката-да се разбере дека целта на размножувањето е создавање на нови единки-да разликуваат бесполово и полово размножување и како тоа се врши-да ги распознаваат органите за размножување кај семените растенија-да ги опишуваат деловите на цветот кај голосемените и кај скриеносемените растенија-да ја разбираат градбата и функциите на семките и плодовите-да го разбираат никнувањето и развојот на семето-да разбираат зошто е неопходно да се зголемува количеството на храна на светско ниво

Наставна содржина : Бесполово размножување кај растенијата и полово размножување кај бессемените растенија

час 1,2,3

цели:-да го разбираат бесполовото размножување-да ја разбираат примената на бесполовото размножување во одгледување на растенијата-да ги именуваат органите и начинот на одвивање на полово размножување кај бессемени растенија

Наставна единица(час 1) Бесполово размножување кај растенијата

Активности,методи,средстваНаставникот ги запознава со бесполовото размножување .Се носи природен материјал со кој се објаснуваат типовите на бесполово размножување(компир,ластари од јагода,отсечен изданок од роза, гранки од врба,сардела, лист од бегонија).Се објаснува што е клонирање преку барање на податоци на интернет.

Наставна единица (час 2)Бессемените растенија се размножуваат полово

Активности,методи,средстваСе носи природен материјал-мов и папрат и се објаснува нивната градба, составни делови и начинот на размножување кај нив: полово и бесполово.На микроскоп се набљудуваат спори од лист од папрат.

Наставна единица (час 3) Вежбање, проверување и утврдување на знаењето за бесполово размножување кај растенијата и полово размножување кај бессемени растенија

Активности,методи, средстваПреку наставни листови,усни прашања се проверува степенот на стекнатото знаење за првата наставна содржина.Наставникот води евиденција за постигањата на учениците.

Наставна содржина:Полово размножување кај семените растенија

Page 23: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

час 4,5цели:ученикот/ученичката-да ги распознаваат органите за размножување кај голосемени и кај скриеносемени растенија-да објаснуваат што е тоа опрашување а што оплодување кај растенијата-да ја објаснуваат градбата на цветот кај голосемени(шишарка) и кај скриеносемени(цвет)

Наставна единица(час 4):Полово размножување кај семените растенија(голосемени и скриеносемени,градба на цвет)

Наставна единица (час 5):Вежби-разгледување на градба на цвет

Активности, методи,средстваНа часот се носат шишарки(машки и женски) и се објаснува нивната градба.Потоа се објаснува начинот на расејување на семките кај голосемените растенија.На цвет кој учениците го носат се објаснува градбата на цветот и улогата на деловите од цветот.Преку шеми и цртежи се објаснува процесот на опрашување и оплодување кај скриеносемени растенија.Се црта цвет и се означуваат неговите делови.

Наставна содржина:Опрашување, оплодување и расејување кај скриеносемените растенија

час 6,7,8цели:ученикот/ученичката-да ги објаснуваат одделните етапи од размножувањето кај скриеносемените растенија(опрашување,оплодување и расејување)-да ја знаат градбата на семката и плодот-да го разбираат значењето на расејувањето на плодовите и семките за опстанокот на растенијата и за разновидноста на живиот свет-да го разбираат никнувањето и развојот на семката-да можат да ги наведуваат условите за никнување и развиток на младите растенија

Наставна единица(час 6):Опрашување, оплодување и расејување кај скриеносемените растенија

Активности, методи, средстваПреку примери и со употреба на слајдови преку проектор се објаснуваат видовите на опрашување(самоопрашување и вкрстено),исто така се запознаваат и со тоа кој може да го врши опрашувањето(инсекти,птици,ветер,вода).Се црта шема со која се објаснува оплодувањето кај растенијата.На семе од грав кое било потопено во вода од претходниот ден се набљудуваат неговите делови и се цртаат и обележуваат.Начините на расејување на плодовите се разгледуваат преку конкретни примери за познати видови растенија.

Наставна единица(час 7):Никнување и развиток на семката

Активности, методи, средстваСе прави споредба на градба на семка од грав(дикотиледони растенија) со градбата на семе од пченка(монокотиледоно растение).

Page 24: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Процесот на никнување на семката се разгледува на природен материјал т.е. засадени семиња од грав и жито кај кои се набљудува како се одвива никнувањето и фазите во растењето кај растенијата.На истиот пример се коментира за условите кои влијаат на процесот на никнување.Се наведуваат промените кои настануваат кај растенијата кога почнуваат да стареат.

Во текот на обработка на оваа наставна единица ќе се примени еко стандард IV :Уреден и еколошки двор , со точка на акција 4 : Садење на локални цвеќиња.

Наставна единица(час 8):Вежбање, проверување и утврдување на знаења за опрашување, оплодување,расејување на семето и плодовите и за никнување на семето

Активности, методи,средстваНаставникот ја следи активноста на секој ученик и води белешки во листи .Изработува критериуми за успехот на учениците,тестови за проверка на знаењето за соодветната содржина.Ја насочува активноста на учениците во доаѓањето на сознанијата за семе,плод,нивна градба ,значење за растенијата и за нивното расејување.

Наставна содржина:Добивање на нови сорти растенија

час 9,10цели:ученикот/ученичката-да го разбираат економското значење на одгледување на растенијата-да разберат зошто е значајно добивањето на нови сорти растенија-да разберат зошто човекот врши селекција на растенијата-како се зголемуваат приносите кај земјоделските култури

Наставна единица(час 9): Добивање нови сорти растенија

Активности,методи, средстваУчениците се запознаваат со начините кои се преземаат со цел да се избегне осиромашувањето на почвите.Се наведуваат примери од секојдневието за збогатување на почвите.Потоа се изработува постер со квалитетни сорти на овошје кои се огледуваат во нашиот крај.Се разговара за тоа што знаат за калемење и за начините на кои тоа се изведува,зошто се применува.

Наставна единица(час 10):Вежби-добивање на нови сорти растенија,селекција,калемење

Активности, методи, средстваНаставникот преку прашања ги насочува учениците да доаѓаат до сознанија за важноста на вештачките растителни заедници за човекот.Се разгледуваат разни растителни видови кои што се добиени со калемење-се кажуваат нивните особини и како се тѕие добиени.Ја следи креативноста, заинтересираноста на секој ученик.

Наставна единица(час 11):Систематизација на наставната тема -растење, развиток и размножување на растенијата

Page 25: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Активности, методи, средстваНаставникот ја следи активноста на учениците,води белешки за степенот на постигањата на секој ученик поединечно.Дава усна повратна информација за успехот, ја следи активноста во дискусијата при доаѓањето на нови сознанија.

ТЕМА 7 : УЛОГА НА РАСТЕНИЈАТА ЗА РАМНОТЕЖА НА ПРИРОДАТА (9 часа)

Наставни единици

Структура на темата Време на реализација

1. Растенијата произведуваат храна за сите живи организми-примена на еколошка тема I :Енергија,точка 13(Значење на енергијата за живиот свет)и еколошка тема Одржлив развој.точка 1(Дефиниција и значење на одржливиот развој)

V

2. Вежбање, проверување на поими за растенијата како произведувачи на храна за сите живи организми

V

3. Повторување на наставни единици 1 и 2 V4. Растенијата во циклусите на водата и гасовите-

Примена на ИКТ и примена на еколошка тема II : Енергија,точка10(Врската помеѓу енергијата и емитувањето на карбон диоксид)

V

5. Вежби (анализа и решавање на проблемот на „стаклена градина“

V

6. Проверување и утврдување на знаења за кружење на водата и гасовите и ефектот на „стаклена градина“

V

7. Значење на растенијата во рамнотежата на микроклиматските услови во средината-примена на еколошка тема Вода, точка 13(Водата и одржливиот развој)

VI

8. Вежби и проверување на знаења за микроклиматски услови во средината

VI

9. Систематизирање на материјалот од темата VI

Цели:ученикот/ученичката

Page 26: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

-да ги разбира и применува поимите рамнотежа во природата, одржлив развој, произведувачи-да го објаснува еколошкото значење на растенијата како произведувачи

Наставна содржина: Улога на зелените растенија во производство на храна за сите живи организми

Наставна единица( час 1): Растенијата произведуваат храна за сите живи организми

Наставна единица (час 2): Вежбање, проверување на поими за растенијата како произведувачи на храна за сите живи организми

Наставна единица ( час 3) : Повторување на наставни единици 1 и 2

Активности,методи, средства

Преку примери од секојдневниот живот од природата наставникот ја објаснува врската меѓу живите организми и неживата природа и рамнотежата која постои.Се анализираат повеќе синџири на исхрана со што се потврдува дека растенијата се први во синџирите на исхрана и се произведувачи на храна.Се изработуваат шеми на кои се прикажува производството на храна и енергија од страна на растенијата и кој ја користи таа енергија понатаму.Разговори за улогата на растенијата во рамнотежата и одржливиот развој на природата;- читање на текстови за улогата на растенијата во рамнотежата во природата; Истражување на одржливиот развој во локалната средина(акција за засадување на

расади,одгледување на засади ,изработување информации од истражувањето и нивно презентирање во училиштето);

организирање прошетка и разговори за значењето на растенијата во градот,во шумата ,паркот ,полето,на брегот на река и сл

Наставна содржина: Растенијата во циклусите на водата и гасовите

Цели: ученикот/ученичката-да ги објаснува процесите во кои непосредно учествуваат растенијата ( кружење на вода и гасови)-да ги разбира причините и последиците од ефектот на „стаклена градина“ -да го разбира ризикот од истенчување на озонскиот слој

Наставна единица (час 4):Растенијата во циклусите на водата и гасовите

Наставна единица (час 5 ): Вежби (анализа и решавање на проблемот на „стаклена градина“

Наставна единица (час 6 ) : Проверување и утврдување на знаења за кружење на водата и гасовите и ефектот на „стаклена градина“

Page 27: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc

Активности, методи,средства

Наставникот го објаснува кружењето на водата и гасовите во природата и учеството на растенијата во тие процеси.Се читаат текстови за озонскиот слој на Земјата , неговото истенчување, за ефектот на „стаклена градина“.Се разговара со учениците за можностите за решавање на проблемот на „стаклена градина“ (како и да се спречи зголемувањето на CO2 во воздухот или да се доведе на најмала мера.

Наставна содржина : Значење на растенијата за микроклиматските услови во средината

Цели:ученикот/ученичклата-да го разбира поимот микроклиматски услови во средината-да објаснува како растенијата влијаат врз микроклиматските услови ( температура, вода , состав на почва , попречување на ерозија)

Наставна единица ( час 7):Значење на растенијата во рамнотежата на микроклиматските услови во средината

Наставна единица (час 8 ): Вежби и проверување на знаења за микроклиматски услови во средината

Наставна единица (час 9): Систематизирање на материјалот од темата

Активности, методи, средства

Преку прашања учениците се насочуваат да размислуваат како растенијата влијаат на микроклиматските услови (каква е температурата во шумата , каква е надвор од неа, каква е стабилноста на почвата итн.)Следење на филмови или клипчиња преку интернет.Се организираат дискусии за значењето на растенијата во градот, во шумата, во паркот...Наставникот подготвува прашања, тестови за проверка на постигнатото ниво на знаење.Се водат белешки за успехот на секој ученикик

При обработка на наставна единица за улога на растенијата во одржување на микроклиматските услови во средината ќе се примени еко стандард III : Одржување на зградата и здрава средина во училиштето со точка на акција 5 која гласи : Разубавување на ходници, канцеларии и училници со цвеќиња.

Page 28: TPP VII(9) so ikt i eko-celosno.doc