29
UNIVERZITET "SV. KIRIL I METODIJ"-SKOPJE INSTITUT ZA SOCIOLO[KI I POLITI^KO-PRAVNI ISTRA@UVAWA Последипломски студии по менаџмент на човечки ресурси СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ МЕНАЏМЕНТ НА КВАЛИТЕТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ОБУКА НА УЧИЛИШНИТЕ ДИРЕКТОРИ - ГЛАВЕН УСЛОВ ЗА КВАЛИТЕТЕН МЕНАЏМЕНТ ВО УЧИЛИШТАТА 1

UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

  • Upload
    lenhan

  • View
    218

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

UNIVERZITET "SV. KIRIL I METODIJ"-SKOPJEINSTITUT ZA SOCIOLO[KI I POLITI^KO-PRAVNI ISTRA@UVAWA

Последипломски студии по менаџмент на човечки ресурси

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ПО ПРЕДМЕТОТ МЕНАЏМЕНТ НА КВАЛИТЕТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

ОБУКА НА УЧИЛИШНИТЕ ДИРЕКТОРИ- ГЛАВЕН УСЛОВ ЗА КВАЛИТЕТЕН МЕНАЏМЕНТ ВО УЧИЛИШТАТА

МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛ:

Проф. Д-р Константин Петковски Наташа Иванова

1

Page 2: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Декември, 2007 годинаСодржина:

1. Вовед.........................................................................................................................1

2. Значење на менаџмент и квалитет во училиштата...............................................2

3. Наставничкиот персонал е главен дел на училишниот квалитет........................3

4. Претставување на програмата за испит на директори.........................................7

5. Основна цел на програмата за испит на директори.............................................8

6. Обучени директори и нивно управување со промените во училиштето..........10

7. Директорите како дел од педагошкиот менаџмент............................................12

8. Опис на добар и обучен директор........................................................................15

9. Заклучок..................................................................................................................17

10. Користена литература……………………………………………………………18

-Програма за испит за директори, Министерство за образование и наука,2005

-Педагошки менаџмент, Проф. Д-р Владимир Јурич;

-Интегрална евалвација како основа за функционално инспекторирање,

Проф. Д-р Константин Петковски

-Национална програма за развој на образованието во Р. Македонија 2005-

2015, Програма за обезбедување и контрола на квалитетот на образованието.

-Интернет извори: www.pedagog .org.yu

2

Page 3: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Вовед

Квалитетното образование е еден од најзначајните фактори за развојот

на секоја индивидуа, а со тоа и на општеството во целина. Квалитетот на

образованието е еден од најважните приоритети на членките на Европската

унија. Високото ниво на знаење, компетенциите и вештините се прифатени како

базични услови за активно граѓанство, вработување и социјална кохезија.

Квалитетот на образованието е есенцијален и од аспект на потребите на пазарот

на трудот и слободното движење на работната сила надвор од рамките на

државата.

Повеќе од јасно е дека потребата за повисок квалитет на образованието е

условена од промената на сегашниот систем за обезбедување и вреднување на

квалитетот на образованието. Во нашиот образовен систем не постои сеопфатен

систем за обезбедување и контрола на квалитетот кој на сите заинтересирани

страни, во и надвор од системот, навремено би им нудел валидни и релевантни

информации за ефикасноста на системот, резултатите од активностите, условите

во кои се одвива образовниот процес, како и за квалитетот на постигнувањата

на учениците.

Речиси единствен показател за квалитеот на образовниот процес кај нас, на

училишно, но и на државно ниво, се оценките на учениците, иако во последно

време како да е присутно неподелено мислење дека на училишните оценки не

можеме многу да им веруваме бидејќи не се доволно објективни. Главна

карактеристика на оценувањето на учениците од страна на наставниците е

традиционалниот пристап во вреднувањето на нивните усни или писмени

одговори пришто, најчесто, од нив се бара да ги репродуцираат фактите што се

дадени во учебниците. Ваквиот начин на проверување на знаењата не го

одразува квалитетот, туку способноста на ученикот да меморизира и

репродуцира факти. Непостоењето на стандарди на постигања и критериуми,

врз основа на кои наставникот ќе ги оценува постигањата на учениците, го

3

Page 4: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

прави процесот не оценување нејасен и со голема доза на субјективност.

Причина повеќе што не може да се цени квалитетот на нашето образование

преку училишните оценки е и тенденцијата на се поизразеното зголемување на

процентот на одлични ученици во последниве десетина години.

Значењето на менаџмент и квалитет во училиштата

Една од најзначајните улоги во училиштето ја има наставничкиот

персонал. Тој е единствениот ресурс кој може на децата да им пружи соодветна

и задоволителна настава. Наставничкиот персонал е должен да обезбеди

квалитетна настава од која подоцна е должен да очекува квалитетни резултати.

Токму тие резултати кои ќе бидат донесени од учениците се единствениот

елемент кој сведочи за квалитетот на учениците, па и на самото училиште.

Квалитетот може да биде речиси загарантиран само доколку во училиштето

владее еден правилен менаџмент. Токму тој менаџмент е причина плус

наставниците и учениците да се залагаат за негово негување. Освен нив како

најважен ресурс кој го донесува менаџментот во училиштето е самиот директор.

Неговото значење и важност е уште поголемо и од значењето на наставниците и

учениците.1

1 Педагошки менаџмент, Проф. Д-р Владимир Јурич

4

Page 5: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Наставничкиот персонал е главен дел на училишниот квалитет

Како што напоменавме погоре наставничкиот персонал е најважниот и

најодговорниот ресурс во училиштето кој мора да обезеди училишен квалитет.

За да сето тоа се обезебеди потребно е професионално усовршување / обука на

наставничкиот персонал.

Предучилишно образование: Базичната обука на наставниот кадар за

предучилишно, основно и средно образование се остварува на четирите

универзитети во Република Македонија. Професионалното усовршување на

наставниците во предучилишното, основното и средното образование се

остварува на следните нивоа:

1. Државно или регионално – најчесто преку подрачните единици на Бирото за

развој на образованието, зависно од целтта на усовршувањето или бројот на

учесниците кои треба да бидат опфатени ( за наставни планови и програми,

одредени прашања од образовната технологија, проекти и сл.)

2. Училишта / образовни институции како стручни активи на групи наставници

( одделенска, предметна настава, општообразовна, стручна ) или училишни

тимови.

3. Стручни средби, тркалезни маси, симпозиуми, најчесто за актуелни или

‘‘базични‘‘ прашања од воспитно – образовниот процес каде учеството е

поединечно или како училишни претставници.

4. Педагошки и стручни списанија, весници, информатори со стручни

материјали, методички прилози, согледувања каде учеството е индивидуално

или на ниво на институција / училиште.

Основно и средно образование: Досегашните искуства покажуваат дека

професионалниот развој на наставниците има низа недостатоци:

Отсуство на утврдена политика за професионален развој на наставникот;

Препуштеност на индивидуална иницијатива;

Недоволна материјална поддршка во училиштето и на наставникот за

негов професионален развој;

5

Page 6: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Формализирање на менторскиот систем со приправниците;

Отсуство на стандарди и критериуми за професионален развој и

напредување во кариерата;

Отсуство на иницијативи за професионално усовршување на

наставникот;

Недефиниран систем за обука;

Неизграден систем за акредитација.

Најголем број на експерти истакнуваат дека професионализацијата на

наставниците е предуслов за успешно унапредување на квалитетот на

образованието и дека тоа е од голем интерес за оние кои ја креираат образовната

политика. Токму поради тоа е потребно воведување и развивање на концепт за

професионален развој на наставниците. Континуираното образование, односно

усовршување на наставникот има свое посебно значење. Потребата на нашето

време, изразена во ставот постојано да се учи во текот на целиот живот е од

особена важност токму за наставничката дејност.

Создавањето стимулативни општествени и професионални услови за кариерен

развој во наставничката професија значително ќе го промени односот на

наставникот кон сопствениот професионален развој. Современите стандарди за

ефикасно и ефективно работење на воспитно – образовните институции ја

наметнаа потребата за имплементирање и институционализирање на систем за

иницијална обука ( pre-service ) и систем за професионално усовршување ( in-

service) на вработените во воспитно-образовните институции.

Како друга главна и влијателна околност која влегува во воспитно-

образовниот процес е и доживотното учење и професионалниот развој на

наставниците. Во секоја земја треба да се спроведат соодветни политички мерки

со цел промовирање на доживотното учење на наставниците. Доживотното

учење и професионалниот развој на наставниците, како и континуираниот

развој на училиштето треба да се посматраат во нивното единство и да се

промовираат во природно поврзани и меѓузависни процеси. Доживотното учење

треба да овозможи други модели и патишта за учење, како независно учење,

училишното искуство и вклученоста во проекти за подобрување на училиштето

треба да се ценат и формално да се признаваат и разните начини на стекнување

на знаења, по можност, и да се сертифицираат. Доживотното учење и

професионалниот развој на наставниците имаат смисла само ако се поврзани со

6

Page 7: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

унапредување на квалитетот на образованието на ученикот. Еве неколку

примери за постојниот и посакуваниот професионален развој на наставниците:2

Постојна состојба Посакуван професионален развој на

наставникот

Modelot se zasnova na konceptotprenesuvawe (transmisija) na znaewa. Dase nau~i zna~i da se akumuliraat znaewa,pa so toa nastavnikot e dominantenprenesuva~/ predava~ na znaewata.

Noviot model se zasnova na konceptotkonstrukcija na znaewata. Znaeweto nemo`e da se prenese, toj шto u~i mora so svoja sopstvena aktivnost da go konstruira. Spored toa, nastavnikot se tretira kako partner vo procesot na izgraduvawe na znaeweto vo pedagoшkata komunikacija, no i prakti~ar koj ja promisluva sopstvenata rabota, praktika, nоkoj koj vrz osnova na starite znaewa gradi novi znaewa i iskustva i so toa ne gi stava vo zabluda svoite u~enici.

Obukata naj~esto se odviva ednokratno(inicijalnoto, bazi~noto obrazovanie nanastavnikot), odnosno usovrшuvaweto eobi~no sledewe na ednokratni kursevi nakoi nastavnikot dobiva novi informaciiza poedine~ni aspekti na raboteweto,glavno novi sodr`ini (i toa naj~esto vovid na predavawa za pogolema grupaistovremeno).

Obukata na nastavnikot e fazen, dolgoro~en i permanenten proces, dodeka univerzitetskoto obrazovanie e samo prvata faza vo podgotvuvaweto za negovata idna uloga. Ne postoi jaz meѓu bazi~noto obrazovanie na nastavnicite i nivnoto ponatamoшno usovrшuvawe.Usovrшuvaweto e sostaven del na nivnoto permanentno obrazovanie i gi vklu~uva iskustvata koi nastavnikot gisteknal nadvor od formalniot sistem naobrazovanie i/ili usovrшuvawe (nastavnikot u~i vo tekot na vremeto i toa go vgraduva vo u~iliшnata praktika).

Obukata i obrazovanieto na nastavnikotse locira nadvor od u~ilnicata i, glavno,ne se povrzani so aktuelnoto iskustvo nanastavnikot.

Profesionalniot razvoj na nastavnikot seslu~uva vo specifi~en kontekst. Najefikasen PRN se odviva naj~esto vo u~iliшteto, tesno e povrzan so dnevnite aktivnosti na nastavnikot i u~enikot i na nego mnogu deluvaat znaewata i iskustvata на nastavnikot.

Povremeno sledewe i evalvacija narabotata na nastavnikot (naj~esto odstrana na soodvetnite sovetnici odBiroto za razvoj na obrazovanieto).

Postojano sledewe i redovna poddrшka ipomoш na nastavnikot vo rabotata sopostojani povratni informacii, preku razni vidovi na evalvacii. Ocenka na negovata rabota ne dava samo sovetnikot (stru~noto lice, prosvetnite inspektori), tuku i negovite kolegi, parovi ili timovi na nastavnici i sl. Ulogata na evalvacijata e da ovozmo`i razmena na dobrite rezultati meѓu luѓeto koi se zanimavaat so obrazovanie.

2 Национална програма за развој на образованието во Р. Македонија 2005-2015

7

Page 8: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Reformite se spremaat, glavno, vonadle`noto ministerstvo i se ispora~uvaat na nastavnicite za da sezapoznaat i da gi primenuvaat. Nastavnikot vo reformite e vklu~en samokako realizator na istite.

Del od reformite se odvivaat tokmu vou~iliшtata. Zada~a na nastavnikot e dau~estvuva vo niv i so svojata aktivnost dapridonese za uspeшno sproveduvawe na istite.Nastavnikot se tretira kako profesionaleц koj raboti na menuvawe na situacijata vo koja raboti.

Nastavnikot interpretira tuѓi istra`uvawa i teorii, toj e prenesuva~ natuѓi znaewa.

Nastavnikot pravi svoi refleksii i vrz nivna osnova sproveduva mali ispituvawa(nastavnikot kako istra`uva~). Nastavnikot e i proizveduva~ na znaewa, mnogu od tie refleksii, rezultati na istra`uvawa i iskustva gi vklu~uva povratno vo svojata nastava, menuvajќi ja, unapreduvajќi ja i prilagoduvajќi ja na konkretni slu~ai.

Usovrшuvaweto na nastavnikot e negovaprivatna rabota, li~en izbor dali sakaili ne da se vklu~i vo nekoj vid nausovrшuvawe. Usovrшuvaweto mu seprepora~uva na nastavnikot, no sistemotne go prinuduva na toa i ne gi proveruvaefektite od toa usovrшuvawe vo procesotna negovata rabota.

Postojanoto usovrшuvawe e zadol`itelen del od nastavni~kata uloga i e vgradeno vosistemot na karieren razvoj. Nastavnikot ne mo`e da go izbegne usovrшuvaweto bidejќi od nego se o~ekuva da vnese inovacii vo svojata rabota i toa se proveruva.

Za obrazovanieto na nastavnikotzadol`ena e odredena institucija (pr.,BRO).

PRN podrazbira slo`en dinami~ki model na sorabotka na niza razli~ni institucii(fakulteti, istra`uva~ki institucii,vladini ekspertski ili nevladini institucii i sl.) za obrazovanie i razvoj na nastavnicite.

Nastavnikot raboti naj~esto izolirano(duri i od kolegite koi go predavaatistiot predmet). Nastavnikot po svoeubeduvawe se konsultira so drugite.

Timskata rabota na nastavnikot i drugitekolegi sistematski e predvidena vodefiniraweto na rabotata. PRN ekooperativen proces iako ima prostor i zaizolirana rabota, Postoi smislenainterakcija na nastavnicite meѓu sebe, kako i so stru~nite sorabotnici, roditelite i ~lenovite na zaednicite

Nastavnikot naj~esto e na marginite na opшtestvenite zbidnuvawa i retkou~estvuva vo promenite vo lokalnatazaednica.

Od nastavnikot se o~ekuva da bide `iв agens na promenite vo u~iliшtata i vo lokalnata zaednica.

Sindikatot kako organizacija vo kojau~estvuvaat nastavnicite se zanimava,glavno, so platite na nastavnicite, no ne iso nivniot profesionalen razvoj.

Se insistira na profesionalno zdru`enie na nastavnicite koe, pokraj gri`ata zapolo`bata na profesijata i za stru~niotrazvoj, }e vodi smetka i za organizirawe narazni vidovi na profesionalna pomoш, }e se gri`i za polo`bata na nastavnicite vo

8

Page 9: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

opшtestvoto i sl.

Претставување на програмата за испит за директори

Во врска со стекнувањето на уверение за положен испит за директор

потребно е да се донесе соодветна програма. Преку реализацијата на таа

програма ќе се обезбеди усовршување на професионалните компетенции на

директорите на воспитно – образовните институции. Концептот на програмата

ќе биде од следниве области: инструктивно – педагошко водење на воспитно –

образовните институции, менаџмент на воспитно – образовните институции,

финансирање на воспитно – образовните институции и законска регулатива.

Преку сензибилизација и унапредување на постоечките знаења и вештини,

апликативност на теоријата во практиката, размена на искуства, програмата ќе

им овозможи на директорите ( сегашни и идни ) ефикасна и ефективна примена

на новостекнатите знаења и вештини во функција на развој на воспитно –

образовните институции и образовниот систем во целина. Реализацијата на

содржините се остварува преку работилници со користење на активни методи

( презентации, работа во групи, вежби, играње улоги, студи на случај,

поттикнати дискусии, симулации ) кои овозможуваат размена на искуства и

лепеза на опции за имплементација на образовните трендови во македонски

контекст.

Програмата за полагање испит за директор ја носи министерот надлежен за

работите на образованието, на предлог на стручната комисија за полагање испит

за директор. Програмата за испит се состои од содржини од гореспоменатите

области. По завршувањето на секоја содржина, кандидатот за полагање испит за

директор изготвува семинарска работа која не се оценуа и е составен дел од

9

Page 10: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

досието за полагање испит за директор. Семинарската работа кандидатот ја

пишува и ја презентира на мајчин јазик.3

Основна цел на програмата за испит за директори

Преку реализацијата на програмата за сертификација на директорите во Р.

Македонија, ќе се обезбеди:

Усовршување на професионалните компетенции на директорите и

кандидатите за директори на воспитно – образовните институции, за

управува;

Управување со човечките, материјалните и финансиските ресурси;

Унапредување на организацските и комуникациските вештини и

вештините за стратешко и организациско планирање и визионирање во

функција на професионално водење на воспитно – образовните

институции.

Посебни цели на програмата за испит за директори

1. Сензибилизација и унапредување на знаењата и вештините за изнаоѓање на

креативни, иновативни и квалитетни решенија во воспитно – образовните

процеси и институции.

2. Трансфер на теоријата во практиката на начин специфичен за воспитно –

образовните институции, преку размена на искуства помеѓу директорите и

кандидатите за директори на воспитно – образовните институции.

3 Програма за испит за директори, Министерство за образование и наука,2005

10

Page 11: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

3. Ефективна примена на стекнатите компетенции во функција на развој на

воспитно – образовните институции и образовниот систем во целина.

Услови за учество во програмата

Кандидати на програмата за полагање испит за директор можат да бидат

назначени директори или кандидати кои ги исполнуваат условите за наставник

или за стручен соработник.

Организација и реализација на програмата

За кандидатите кои ја следат подготовката се води евиденција која се

состои од досие за секој кандидат. Евиденцијата ја водат лицата кои ја

изведуваат подготовката. Примерок од досието на кандидатот, најдоцна две

недели по завршувањето на подготовката, изведувачот задолжително доставува

до комисијата.

Доколку кандидатот успешно ја реализира подготовката, изведувачот му издава

потврда за реализираната подготовка, со која тој стекнува право да се пријави за

полагање испит за директор.

Следење и проверување на постигањата

Следењето на постигањата на целите на програмата се врши тековно ( при

реализацијата на содржините, вежбите, активностите, дискусиите, донесувањето

на заклучоците, презентациите ) и сумативно ( по презентацијата на

семинарските работи ). Притоа ќе се следат и проценуваат:

Кооперативноста и колаборативноста;

Апликативноста на приодот во решавањето на проблемските задачи;

Јасноста, концизноста и логичноста на презентациите на содржините од

групната и индивидуалната работа;

Квалитетот на изготвување и презентација на семинарските работи;

11

Page 12: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Испитот за директор се полага пред комисија формирана од министерот,

согласно законот. Испитот се состои од проверка на стручната оспособеност на

кандидатот со усно образложение на дел, односно делови од изработените

семинарски работи во текот на подготовката.

Обучени директори и нивно управување со промените во

училиштето

Главна задача на директорот е да знае да управува со училиштето, со

неговите потреби и промени. Денес се поактуелни стануваат потребите од

вршење посеопфатни анализи и оценки за карактерот и функцијата на

директорот на училиштето заради надминување на одделни актуелни состојби и

аномалии во оваа сфера, неопходни од аспект на подобрувањето на ефикасноста

и кавлитетот на воспитно – образовната дејност и континуитетот и развојот во

раководењето со основните и со средните училишта во Р. Македонија.

Директорот на училиштето се смета за способен доколку е свесен и ги

применува следниве нешта:

Јасно поставена, општоприфатена и реално остварлива мисија и визија на

воспитно – образовната институција;

Нови и остварливи стратегии за развој;

Примена на партиципативно одлучување;

Примена на повеќе разновидни начини за информирање на вработените;

Развиен систем на постојано стручно усовршување на вработените;

Оспособени наставници за примена на интерактивни методи и современа

образовна технологија;

Обучените наставници интензивно ги користат стекнатите знаења и

вештини од обуките;

12

Page 13: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Зголемена оспособеност на наставниците за превентивна и мотивирачка

работа со учениците ( педагошко – психолошко образование );

Зголемен број на наставници кои се стекнале со повисоки педагошки и

стручни звања;

Постојано следење и предлагање на измени и дополненија на наставните

планови и програми;

Редовно следење на потребите на пазарот на трудот и соодветно на тие

потреби;

Предлагање на нови образовни профили;

Зголемен број на средби и соработка со родителите;

Зголемена соработка со социјалните партнери;

Зголемена соработка со стручни организации и институции;

Зголемено учество на домашни и меѓународни образовни проекти;

Вклученост во надворешни тимови, комисии и сл. за реформи во

образовниот систем;

Подобрени услови за работа и учење;

Подобрен ученички стандард;

Постојана евалвација и самоевалвација.4

Успешноста на веќе обучените директори околу управувањето со училиштето

ќе се мери доколку директорите исполнуваат повеќе од горе наведените

индикатори.

4 Педагошки менаџмент, Проф. Д-р Владимир Јурич;

13

Page 14: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Директорите како дел од педагошкиот менџамент

Директорот е дел од педагошкиот менаџмент, тој е должен да ги

почитува и исполнува педагошките задачи во училиштето па и пошироко.

Работните задачи на директорот можат да се групираат во две групи: Педагошко

– инструктивна група и административно – организациска група на задачи.5

Педагошко – инструктивна група задачи ги содржи обврските и

надлежностите на директорот на училиштето наведувајќи дека тој треба да ја

организира и да ја следи реализацијата на наставните планови и програми,

активно да учествува во планирањето и програмирањето на сите форми и

подрачја на воспитно – образовната работа ( настава, слободни активности и

др.), како и во утврдувањето на предлогот за поделбата на предметите на

наставниците и задолженијата во врска со слободните активности и работата во

одделни работни тела, комисии, стручни активи и др. Директорот треба да

учествува и во изготвувањето на анализата за успехот на учениците и тој е член

и раководи со наставничкиот совет и со одделенскиот/советот на годината на

училиштето. Во остварувањето на обврските и раководењето директорот треба

да ја подготви и да ја предложи годишната програма за работа на училиштето,

превзема мерки за нејзина реализација и поднесува извештај за работата, за

успехот и постигнатите резултати во воспитно – образовната работа до Бирото

за развој на образованието и до Министерството.

5 Програма за обезбедување и контрола на квалитетот на образованието

14

Page 15: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Директорот ја след, анализира и оценува работата на наставниците, врши увиди

на часовите за да утврди како се планира, интерпретира и реализира наставниот

материјал и како се користат разни наставни методи, форми, средства и

материјали. Врз основа на добиените сознанија од увидите и од стекнатите

сознанија од современата педагошка теорија и практика им дава помош и совети

на наставниците ( а особено на помладите наставници ) за подобрување на

нивната работа и во нивното стручно – педагошко оспособување и

усовршување.

Директорот, исто така, треба да биде ангажиран и со аналитичко – студиските

активности во училиштето. Во соработка со педагошко – психолошката служба

во училиштето, стручните активности и наставниците, тој учествува во разни

истражувања, анализи и воведување на образовни иновации, на наставните

програми, видовите планирања, вклучувањето на учениците во разни

активности, нивниот напредок и постигања, нивните ставови, положба,

тешкотии, кризи, конфликтни состојби и сл. Директорот на училиштето

непосредно соработува со педагошките служби, со Министерството и со други

училишта, стручни и научни институции.

Директорот како педагошки раководител

За директорот да биде педагошки раководител потребно е да ги извршува

следниве педагошки задачи:6

Потреба од следење и вреднување на наставната работа

Осознавање на почетната состојба

Навремено утврдување на резултатите од некои донесени одлуки и

мерки

Запознавање со значајноста ( квалитет или недостаток )

Успешно водење на воспитно – образовниот процес во училиштето

Поглед на наставниците – следење на нивната работа од страна на директорот

Педагошко водење

Поттици за учење

6 Програма за обезбедување и контрола на квалитетот на образованието

15

Page 16: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Основни уметнички умеења

Препораки за наставен час

Конструктивен разговор по следењето

Може да се оствари само со стручен дијалог

Да се започне со позитивното

Прашува така што поттикнува размислување

Планираните промени треба повторно да се следат

Основи за остварување на позитивна клима

Пред разговорот да се потсетиме дека не с еразговара за нашиот, туку за

наставниот час на наставникот

Мора од наставникот да дознаеме, што е целта на наставниот час и како

планира да ја постигне

Мора да подготвиме соодветни прашања

Да го потсетиме наставникот и тој самиот да се подготви

Тек на разговорот

За што најнапред ќе разговараме

Да се одлучи кога би имал наставникот време за прашања и објаснувања

Кој ќе започне со анализа на наставниот час ( треба да му се даде

можност на наставникот )

Времетраење на разговорот

Доколку часот е неуспешен

Разговорот мора да биде изразито дискретен

Внимателно поставувајте прашања

Слушајте

Покажете дека го цените мислењето на наставникот

Дефинирајте ги последиците

Следете го остварувањето на договореното

Како не треба да се реализира разговорот

Набрзина

Неподготвено

Неструктурирано

Нервозно

Со поставување прашања што не водат кон целта

16

Page 17: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Без да нагласиме дека и понатаму ќе го следиме остварувањето на

договореното

Опис на добар и обучен директор

Директорот на воспитно – образовната институција треба да ги насочи

напорите на вработените кон успешно остварување на однапред поставените

цели. Нормално дека тоа ќе го постигне доколку е обучен и знае да управува со

ситуациите. Накратко ќе го предадам профилот на обучен директор кој во

организацијата донесува резултати и квалитетен менаџмент.

Ги унапредува условите за најефикасно реализирање на воспитно –

образовната услуга која ќе биде пласирана и прифатена на пазарот;

Ќе изгради стратегија за развој на воспитно - образовната институција

имајќи го предвид влијанието на околината;

Ќе моделира организациска структура која ќе обезбеди интегрален

пристап во управувањето со сите процеси во воспитно – образовната

институција;

Ќе ги искористи рационално внатрешните кадровски потенцијали и

образовните техничко – технолошки и финансиски ресурси;

Ќе создаде и развие организациска култура која ќе ги поттикнува

вработените за потполно учество во остварувањето на целите;

Ќе ги задоволи барањата на дрчавните органи кои ја контролираат

работата на воспитно – образовната институција ( ресорното

министерство, Бирото за развој на образование, Просветна инспекција );

Ќе ја вклучи воспитно – образовната институција во информативните

системи од соодветните области;

Ќе делува како авторитет кој компететивно и одговорно ќе ја води

воспитно – образовната институција.

Долгогодишно и разновидно искуство во наставата

17

Page 18: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Добри организациски способности

Добри односи со колегите

Добро познавање на наставните методи

Знаење на структурата и управувањето со образовните системи

Способност за разбирање на образовните потреби на наставниците

Познавање на проблемите кои се јавуваат во работата на паралелката

Познавање на важноста на постојаното следење и развој

Добро развиена мрежа на контакти надвор од училиштето

Сето ова, од директорот на воспитно – образовната институција ќе бара солидна

стручна подготовка, одговорност при извршувањето на задачите, компетентност

при донесувањето на одлуките и одлучност при нивното спроведување.

Секој успешен директор треба да ги поседува следниве пет значајни

карактеристики:7

1. Стручна. Стручната карактеристика е нужно потребна за да може еден

директор да се наметне во својата средина пред вработените. Во однос на

другите вработени мора да има поголеми знаења и умеења. Добриот

директор на училиште би требало да биде и добар наставник.

2. Кадролошка. Директорот бара да биде успешен во екипирањето на

кадарот, како при новите вработувања, така и при поставувањето на

вистинските луѓе на вистинските места. Оваа особина ја поседуваат лицата

кои се добри комуникатори, правични и чесни.

3. Едукативна. Директорите треба да ги обучуваат вработените и да водат

грижа за нивниот професионален развој. Тие преку пренесување на своето

искуство и укажувањето на грешките постојано ќе ги воведуваат,

поучуваат и поддржуваат вработените за да се усовршуваат.

4. Симболичка. Оваа карактеристика е одлика на успешните директори.

Овие директори преку ефективна комуникација воспоставуваат соодветни

односи со јавноста преку: медиумски настапи, конференции за печат,

семинари итн.

7 Интегрална евалвација како основа за функционално инспекторирање,

Проф. Д-р Константин Петковски

18

Page 19: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

5. Културна. Организациите водени од директори со ваква карактеристика

имаат своја препознатлива училишна култура, начин на работа и живеење

на вработените и сл.

Наместо заклучок

Професионализмот во образованието претставува една

реструктуирана образовна иницијатива, креирана да ги унапреди

училиштата и постигањата научениците со подигнување на

статусот на наставната професија и поголема инволвираност на

родителите.

19

Page 20: UNIVERZITET 'SV · Web viewЗначење на менаџмент и квалитет во училиштата.....2 3. Наставничкиот персонал е главен

Користена литература:

1. Програма за испит за директори, Министерство за образование и

наука,2005;

2. Педагошки менаџмент, Проф. Д-р Владимир Јурич;

3. Интегрална евалвација како основа за функционално инспекторирање,

Проф. Д-р Константин Петковски

4. Национална програма за развој на образованието во Р. Македонија 2005-

2015, Програма за обезбедување и контрола на квалитетот на образованието.

5. Интернет извори: www.pedagog.org.yu

20