24
ВОДИЧ ЗА ПРОИЗВОДОТ VOLVO FMX

Volvo FMX Product guide Euro6 MK-MK · Таа е одговорна за контролата на пневматскиот систем кој управува со спојката

  • Upload
    others

  • View
    14

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

ВОДИЧ ЗА ПРОИЗВОДОТ

VOLVO FMX

2 3

Без разлика дали се работи за тешки товари или за предизвикувачки терен – Volvo FMX е дизајниран за да се справи со потешки услови од кога и да било. Но суровата сила само ве носи до таму. Токму затоа тој доаѓа и со мноштво паметни одлики кои ви овозможуваат да ја завршите работата побрзо, побезбедно, покомфорно и поекономично. А доаѓа и во повеќе конфигурации од кога и да било, така што секогаш можете да бидете сигурни дека ќе ја најдете онаа што совршено одговара на вашите потреби. Откријте како Volvo FMX може да постави нов стандард за вашиот бизнис.

Нов стандард во градежништвото.

За повеќе информации и целосни спецификации посетете го www.volvotrucks.mk

30

24

20

36

32

10

16

14

8

22

34

38

40

6

26

18

54

44

ПОГЛЕДНЕТЕ НЕКОИ ОД СПЕЦИФИКАЦИИТЕ НА СТРАНИЦИТЕ 42–43

ИНТЕРФЕЈС ЗА СОСТАВУВАЊЕ КАРОСЕРИЈА

Заштедете време и пари кај составувачот на каросеријата

благодарение на многубројните паметно смислени одлики

на шасијата. Прочитајте повеќе на страница 28.

28

ПРЕГЛЕД

ПРЕДЕН ДОЛЕН ДЕЛНе е само браникот она што ќе ви се допадне. Туку тоа е целосниот систем кој може да влијае на вашето време во возна состојба. Прочитајте повеќе на страница 20.

I-SHIFTЛесен за возење и опремен со софтвер за штедење гориво. Сега достапен за потешки услови од кога и да било и со опција за степени на пренос за бавно движење. Прочитајте повеќе на страниците 10–13.АВТОМАТСКА КОНТРОЛА

НА СИЛАТА НА ВЛЕЧЕЊЕОдлична сила на влечење, управливост и економија на горивото. Сите модели на Volvo FMX со погонувана предна оска сега доаѓаат со ATC како стандард. Прочитајте повеќе на страница 6.

СИСТЕМИ ЗА ПОДДРШКА НА ВОЗАЧОТНашите напредни системи за поддршка на возачот ефикасно му помагаат да ги избегне незгодите. Безбедноста е домашен терен на Volvo. Прочитајте повеќе на страница 30.

ПОДИГАЊЕ НА ТАНДЕМ-ОСКАТАКористете ја дополнителната погонска

оска само кога е потребно. Подигањето на тандем-оската ја намалува потрошувачката

на гориво, го скратува радиусот на свртување и ја подобрува силата на влечење.

Прочитајте повеќе на страница 26.

КОНФИГУРАЦИИ СО 5 ОСКИVolvo FMX сега е достапен фабрички

опремен со пет оски, подготвен да ги преземе најтешките работи.

Прочитајте повеќе на страница 40.

ФАРОВИФарови може да се најдобрите во индустријата. Прочитајте повеќе на страница 36.

УРЕД ЗА ВЛЕЧЕЊЕУред за влечење кој е достоен за своето име. Прочитајте повеќе на страница 24.

УСЛУГИ НА VOLVOБез оглед дали сте во камионот

или во канцеларија, Volvo може да ви помогне добро да ја завршите вашата работа на поефикасен и покомфорен начин. Прочитајте

повеќе на страница 38.

ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ ЗА ВО ГРАДЕЖНИШТВОНеспоредлив комфор на возење, особено

кога е без товар. А со растојание до подлогата од најмалку 300 mm, ова

задно воздушно потпирање е совршено за работа во градежништвото. Сега

достапно и за погонувана предна оска FMX. Прочитајте повеќе на страница 22.

TRIDEMПовеќеосната група tridem е одлична

алтернатива за двојните предни оски, обезбедувајќи помала потрошувачка на

гориво и помал радиус на свртување. Прочитајте повеќе на страница 34.

НАДВОРЕШНОСТ НА КАБИНАТАДизајнирана и опремена за посебна

цел – впечатливо очигледна од надвор. Прочитајте повеќе на страница 8.

VOLVO ДИЗЕЛ-МОТОРИУникатната Volvo-крива на вртежниот момент овозможува одлична управливост и економија на горивото. Прочитајте повеќе на страница 32.

ВНАТРЕШНОСТ НА КАБИНАТАПространа и полна со одлики

кои го поддржуваат возачот и го прават работниот ден попријатен.

Прочитајте повеќе на страница 14.Поглед одблизу на Volvo FMX. VOLVO ДИНАМИЧКО УПРАВУВАЊЕ

Управување без напор со целосна контрола – дури и во груби услови. Конечно достапно за камиони со двојни предни оски. Прочитајте повеќе на страница 16.

ИНТЕРФЕЈС НА ВОЗАЧОТИнструмент-групата и новиот интегриран систем за услуги и infotainment нуди интерфејс на возачот којшто е лидер во индустријата. Прочитајте повеќе на страница 18.

ПРИБОРПриспособете го камионот според

вашите задачи – и направете да биде поефикасен за работата

што ја вршите. Прочитајте повеќе на страница 44.

2%

Помала потрошувачка на гориво, помало абење и подобра способност за маневрирање – автоматски.Секоја погонувана предна оска на Volvo FMX сега стандардно се испорачува со револуционерната автоматска контрола на силата на влечење.

АВТОМАТСКА КОНТРОЛА НА СИЛАТА НА ВЛЕЧЕЊЕ

Целата сила на влечење што ви е потребна.Но, само тогаш кога ви е потребна.

Максимална сила на влечење.Без задршка.Системот е многу брз и сигурен. Ако сензорите во тркалата детектираат какво било губење на силата на влечење, запчестата спојка за предната оска автоматски се вклучува за половина секунда. Потоа, таа останува вклучена сè додека не го пуштите педалот за гас и имате доволно сила на влечење. ATC нема потреба од интеракција на возачот – едноставно функционира. Сепак, прекинувач на пултот ја обезбедува можноста за рачно вклучување на предната оска, или, кога условите за возење ќе станат екстремно тешки, за вклучување на сите диференцијали.

Без компромис за возењето.Без компромис за управувањето.Без погонувана предна оска, постои ризик да заглавите. Но, кога е вклучена, таа неизбежно ја влошува способноста за маневрирање на камионот. Токму тука, за разлика од перманентните системи, ATC го нуди најдоброто од двата света. Кога погонуваната предна оска е вклучена, вие ја имате целата потребна сила на влечење, а кога е исклучена (што е случај во најголем дел од времето), зафатот на предните пневматици може да се намени на управувањето, во голема мера подобрувајќи ја способноста за маневрирање на вашиот камион.

Нека врти.И заштедете до 2% гориво.Ќе се изненадите кога ќе видите колку ретко всушност ќе ви треба вклучување на погонуваната предна оска, дури и на најтешките терени. Тест направен во пустина (а тоа се најпесочните услови што може да ги има еден пат) покажа дека погонот на предните тркала може да биде исклучен во повеќе од неверојатни 95% од времето. ATC го користи тоа. Со автоматско исклучување на предната оска кога не е потребна, може да се намали потрошувачката на гориво дури до 2% (врз основа на циклус на возење на регионални релации).

Не грижете се. Сè е добро заштитено.Шасијата на Volvo FMX беше дизајнирана за да ги заштити сите витални делови од оштетување. Сите паралелни лостови и попречни лостови се поставени во ниво со оската, над линијата на куќиштето на оската. Коморите на сопирачките и резервоарите за гориво се исто така добро заштитени. Освен тоа, погонуваната предна оска ја има истата позиција како и непогонуваната оска, што обезбедува агол на приоѓање од 28° (со пневматици 13R22.5), придобивка кога искачувате големи стрмнини. Погонуваната предна оска сега е достапна со задно воздушно потпирање, обезбедувајќи растојание до патната подлога од 300 mm.

6 7

0.5

98

НАДВОРЕШНОСТ НА КАБИНАТА

Како да препознаете вистински камион за градежништво.Робусниот дизајн на Volvo FMX јасно се разликува од сите други камиони. Ова се некои од деталите кои прават да се истакнува. Детали кои прават огромна разлика во секојдневната работа на возачите.

Скалило за влегување.Ниското скалило на склопување го олеснува влегувањето во камионите со висока шасија. Сите три скалила имаат дизајн против лизгање. Дополнителното светло во вратата овозможува безбедно влегување кога ќе се стемни.

Железниот знак на Volvo.Поместен погоре, поблиску до возачот. Голем и моќен, исто како и камионот. Бидете горди што возите Volvo.

Скалило напред.Целиот цврст преден долен дел може да се користи како скала. Едноставно качете се на него. А за уште подобар пристап при чистење на ветробранот, има опција да ставите дополнителна скала на предниот браник.

Високо поставен влез за воздух.Високо поставениот влез за воздух придонесува за добра прегледност назад при движење наназад. Тој има голем проток на воздух и добро е заштитен од прашина.

Ретровизори.Робусни ретровизори со цврсти држачи кои издржуваат груб третман. Тенки држачи на ретровизорот за добра видливост напред.

Скала.Скалата и ракофатот за придржување го олеснуваат качувањето и проверката на товарот во товарното место. Скалилата имаат дизајн против лизгање.

20%

I-SHIFT

Како функционира.Може да изгледа чудно. Под површината на I-Shift, архетипот за квалитет на модерните трансмисии, се крие традиционален несинхронизиран рачен менувач. (Оттаму доаѓа компактниот дизајн и малите внатрешни загуби.) Но, се разбира, во I-Shift има повеќе од тоа. Тајната е во интелигентната електронска контролна единица. Таа е одговорна за контролата на пневматскиот систем кој управува со спојката и степените на пренос. Со постојан прием на информации за брзината на возилото, забрзувањето, масата, наваленоста на патот, потребниот вртежен момент и др., таа може да го врши секое менување на степенот на пренос со крајна прецизност. Исто така, тој непосредно комуницира со моторот, којшто, пак, го нагодува бројот на вртежите и ефектот на моторното сопирање за брзо и удобно менување на степенот на пренос.

Ве ослободува од грижите и ја одмора вашата лева нога.Возењето со I-Shift е вистинско задоволство. Без педалот за спојката можете безбедно да седите и да се концентрирате на другите два. I-Shift ја користи вградената интелигенција за постојано, брзо и автоматско избирање на вистинскиот степен на пренос. А софтверот обезбедува вештина на менување на степените на пренос која ни најдобрите возачи не можат да ја постигнат. Сепак, доколку сакате, можете да бидете повеќе вклучени. Копчињата на селекторот за менување на степените на пренос ви овозможуваат да пристапите и рачно да ги менувате степените на пренос.

Зајакнатиот I-Shift.За примена во сурови услови.Ако возите во екстремно тешки услови, тогаш ќе го цените зајакнатиот I-Shift. Тој е дизајниран исклучиво за опкружувања каде често се качувате или се спуштате по стрмнини поголеми од 10% или возите по екстремно груби терени. Тоа значи дека I-Shift сега е достапен за услови каде рачниот менувач или автоматскиот Powertronic досега беа единствените опции.

Оставете I-Shift да ви штеди гориво.Парите сами ќе се дотркалаат.I-Shift е дизајниран да штеди гориво. Пред сè, внатрешните загуби се мали – всушност, помали од оние кај рачните менувачи. Но, електрониката е таа што навистина ја прави разликата. Кога се вози во економичен режим, секое менување на степенот на пренос е прецизно темпирано за да му се дозволи на моторот да работи во најефикасниот опсег на вртежи. А, тука е и I-Roll. Тоа е единствена одлика што се користи при возење на надолнина, автоматски го одвојува моторот за да ја користи инерцијата на камионот наместо горивото. Резултатот? До 2% помала потрошувачка на гориво.

Достапно и како прибор.

Заборавете го менувачот.Само возете.

Каков I-Shift сакате?Софтверот овозможува да се скрои I-Shift според вашите услови на возење. Изберете еден од четирите дополнителни пакети: „Превоз на долги релации“ (со или без I-See) за ефикасно возење на автопат, „Дистрибуција“ со паметни функции за маневрирање на тесни места, „Градежништво“ кој се справува со потешките услови на патот и „Транспорт во тешки услови“ (со или без I-See) кој го оптимизира I-Shift за бруто маса на композиција над 85 тони.

11

СЕГА ПОБАВНО ОД КОГА И ДА БИЛО. ЗАВРТЕТЕ ЈА СТРАНИЦАТА ЗА ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ.

37:1

I-Shift тукушто стана уште поразновиден и полесен за возење. Автоматскиот менувач сега е достапен со избор од еден или два степени на пренос за бавно движење, плус дополнителната опција за екстра степени на пренос за движење наназад.

Тргнувајте од секаде каде сакате.Ако превезувате тешки товари, тогаш знаете дека тргнувањето од место понекогаш може да биде тешко, особено на стрмен терен или при лоши услови на патот. Во краен случај може да треба да го истоварите товарот или дури да побарате влечење, што има катастрофален ефект на вашето време во возна состојба и продуктивност. Опремете го вашиот FMX со степени на пренос за бавно движење и ова ќе стане грижа од минатото. Вашата способност за тргнување е драматично подобрена, а напрегањето на спојката е намалено за 75 проценти, чувајќи ве од непотребни поправки.

I-SHIFT СО СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС ЗА БАВНО ДВИЖЕЊЕ

Најбрзиот пат до продуктивност? Забавете.

Полека движете се бавно, возете штедливо.Дали степените на пренос за бавно движење навистина можат да помогнат да се подобри економијата на горивото? Секако. Бидејќи претходно вие често моравте да бидете подготвени да ја жртвувате економијата на горивото за способност за стартување. Но, благодарение на степените за пренос за бавно движење, сега можеме да ви специфицираме камион со побрз преносен однос на задната оска што ви овозможува да ја одржувате патната брзина при многу помал број вртежи кога возите на добри патишта. Тоа ја намалува потрошувачката на гориво за неколку проценти.

Кажете „да“ за повеќе работа.Степените за пренос за бавно движење ја дополнуваат разновидноста на камионот, овозможувајќи ви да го користите истиот камион за мноштво различни услови на возење и задачи. Возите на патот и надвор од патот? Треба да превезувате екстремни товари? Работите на големи надморски височини? Специјални примени со мала брзина? Нема проблем.

Совршена контрола во секоја насока.Маневрирањето при мала брзина е еден од најпредизвикувачките аспекти во работата. Благодарение на преносниот однос до 32:1 (и до 37:1 за возење наназад), степените на пренос за бавно движење ви овозможуваат да возите побавно од кога и да било – со половина брзина од онаа на обичниот I-Shift. Секогаш имате целосна контрола, олеснувајќи го прецизното паркирање кога треба да го товарате и истоварате товарот и да избегнете незгоди што можат да ви го уништат денот и продуктивноста.

ТЕНКИ ЗАПЧЕНИЦИМодулот на степените на пренос за бавно движење додава само 120 mm на должината и 48 kg на тежината на I-Shift.

12 13

14

ВНАТРЕШНОСТ НА КАБИНАТА

Достапно и како прибор.

Надвор е нечисто.А сепак, внатре е чисто и удобно.

Вградена вдлабната полица.Вдлабнатата полица е вградена на врвот на контролниот пулт. Тоа е практично место за чување дребулии, а има дури и држач за пенкала.

Електронска контрола на климата.Електронската контрола на климата обезбедува секогаш да имате удобна клима во кабината. Едноставно поставете ја температурата што ја сакате. А со апликацијата My Truck, можете од далечина да го контролирате грејачот.

Аудиосистем.Аудиосистемот вклучува сè што ви е потребно за подобро да се чувствувате во вашата кабина. Пристап до медиумски стриминг-услуги како Spotify, Deezer и TuneIn. DAB/DAB+ (Дигитална аудио радиодифузија) како опција.

Кревет за одмор и спиење.Не го намалувајте квалитетот на спиењето само затоа што ја минувате ноќта во кабината. Долниот кревет е широк 70 cm, има пружини во џебови од 16 cm и избор од три различни нивоа на цврстина.

Многу простор за вашата опрема.Пространите места за складирање напред, под креветот (како опција), назад и надвор може да се направат според вашите потреби и се придружени со многу практични прегради за помалите предмети.

Греалка за паркинг.Чекате надвор на студот кога товарате, растоварате или се одморате покрај патот? Со грејачот на паркинг секогаш можете да одржувате удобна клима во кабината.

Без станување од кревет.Пултот за спиење ви овозможува да ги контролирате внатрешните светла, будилникот, грејачот за паркинг, аудио системот, прозорците и бравите. Сето тоа без да станувате од креветот.

Напредно внатрешно осветлување.Енергетски ефикасни и моќни светлосни извори даваат извонредно осветлување во кабината. Сите лесно се контролираат во три претходно поставени чекори или со затемнувачи. При возење во темнина – префрлете на црвено светло за да ја зачувате ноќната видливост.

Чиста вода насекаде.Ако сакате свежа вода, не мора да одите далеку. Надворешната преграда има резервоар од 7 литри опремен со славина.

Mесто за alcolock.Алкохолот не припаѓа во сообраќајот. Затоа, пак, alcolock припаѓа. Фабриката го поставува во вашиот Volvo FMX и испраќа јасна порака до вашите клиенти колку сериозно ја сфаќате безбедноста на патот.

Електрична паркирна сопирачка.Електрично контролираната паркирна сопирачка се управува преку лесно достапен прекинувач на пултот. Автоматски се вклучува при вадење на клучот и – со малку помош од EBS – автоматски се ослободува при тргнување.

Полесно приспособување на управувачот. Повеќе простор за колената.Го приспособивме педалот за нагодување на управувачот и го изменивме столбот на управувачот за да направиме повеќе простор за вашите колена.

Сè на дофат на прстите.Копчињата за темпомат, аудио, телефон и она што е прикажано на информационите дисплеи ви овозможуваат цврсто да го држите управувачот.

Ергономијата на прво место.Благо заоблениот пулт не само што изгледа привлечно. Тој е дизајниран за ергономична и комфорна положба за возење, со сите команди, инструменти и места за складирање лесни на дофат.

Одлична положба за седење.Секој возач ја знае вредноста на доброто седиште. Седиштето во Volvo FMX може да се нагодува 20 cm напред-назад и 10 cm вертикално. И има перниче, поудобно од кога и да е.

Боја на гавран.Контолниот пулт има боја на гавран. Тој е посебно изработен за градежна средина, затоа што неговата боја е помалку чувствителна на нечистотија.

Mесто за работа.Удобното седиште на возачот, одличната прегледност и големиот простор ја прават вашата работа многу попријатна – и побезбедна. Добриот преглед на контролниот пулт, заедно со секое копче и рачка лесни на дофат го прават возењето полесно.

Електронски далечински клуч.Тоа е повеќе од клуч. Заклучува или отклучува од далечина. Ги вклучува светлата за безбеден приод до кабината. И ако чувствувате дека постои закана, само притиснете го копчето за паника за да ја пуштите сирената.

15

Сè на дофат на вашите прсти.Навигација и управување со возниот парк што лесно се користат. Подобрена комуникација и зголемена безбедност. Подобрен квалитет на аудио разонодата. Интегрираниот систем за услуги и infotainment на Volvo соединува сè што ви треба на допирниот екран од 7 инчи. Прочитајте повеќе на страница 18.

Ноќен режим.Стандардна безбедносна одлика којашто овозможува да ги исклучите сите светла на заднината на инструмент-групата, освен мерачот на брзината. Неважните светла нема да ви го одземаат вниманието. Тоа го прави побезбедно возењето ноќе – или при-качувањето на приколката кога видливоста е слаба. Сепак, ако се појави аларм за преду-предување, тој ќе се покаже на панелот.

17

VOLVO ДИНАМИЧКО УПРАВУВАЊЕ

Патот пред вас е прав.Дури и кога не е.

Револуционерното Volvo динамичко управување драстично го намалува напорот што е потребен за управување, прави работата да биде полесна и побезбедна и во исто време го минимизира напрегањето на вашите мускули. Тоа е совршено за камиони за градежништво каде грубите терени, тешките товари и предизвикувачкото маневрирање при мали брзини се дел од работата. Volvo динамичко управување е, исто така, достапно за двојни предни оски (8×2, 8×4 и 10×4).

Како функционира.Ставивме електричен мотор во механизмот за управување. Моторот се контролира 2.000 пати по секунда преку електронските контролни единици на камионот и произведува torque overlay. Вртежниот момент е прогресивен и дава повеќе погон на упра-вувачот кога тоа е потребно, при што се добива однапред одредено чувство на управување, независно од опто-варувањето и од пневматиците. Тоа резултира во целосно поинакво искуство на возење – успокојувачки предвидливо.

Volvo динамичко управување е особено соодветно за камиони со повеќекратни задни оски и/или со двојни предни оски.

При големи брзини на асфалтирани патишта, системот ги голта дупките на патот и спречува нарушувањата да стигнат до управувачот.

При мали брзини, Volvo динамичко управување ги намалува силите што дејствуваат на возачот до 85 проценти.

Кога патната површина е навалена, управувањето ја компензира закосеноста и го поправа курсот.

Возењето наназад е значително олеснето, а управувачот автоматски се враќа во неутрална положба кога сте готови.

Управувањето ги поправа отстапувањата од курсот кои, на пример, се предизвикани од налети на ветар.

1716

18

ИНТЕРФЕЈС НА ВОЗАЧОТ

Информацијата е во средиштето.Брз поглед во центарот на брзинометарот е доволен за да ги добиете клучните информации за степенот на пренос, режимот на I-Shift, (приспособливиот) темпомат, помошните сопирачки и тахометарот.

Дисплеј за информирање на возачот.Пригоден екран од 4 инчи што покажува многу дополнителни информации. Одберете што сакате да гледате со помош на копчиња-та на управувачот. Приспособениот поглед дозволува да избирате до три омилени ком-поненти, како различни мерачи, поддршка за алармирање на возачот или индикатор за оптоварувањето. Ако се појави грешка, пора-ката со јасен текст ви кажува што не е во ред. Нема ризик од погрешно разбирање. Достапен како монохроматски екран или екран во боја.

Цел еден свет на infotainment на дофат на вашите прсти.

19

DYNAFLEET ONBOARDНе е потребен посебен дисплеј. Сите информации од системот за управување со транспортот на Volvo се интегрирани во SID-High.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВРЕМИЊАТА НА ВОЗАЧОТВи помага да го уредите времето за возење и одмор, така што ќе знаете кога е време да направите пауза.

ВГРАДЕН GPS НАВИГАТОРVolvo FMX има целосно интегриран навигатор. Знаејќи ги спецификациите на камионот, тој може да ги користи податоците од мапите, за да ви помогне да изберете рута која одговара на оптоварувањето на оските и на висината на возилото. Исто така, тој добро се интегрира со Dynafleet OnBoard, така што можете да ги добивате точните GPS дестинации од канцеларијата.

АУДИОСИСТЕМАудиосистемот вклучува сè што ви е потребно за подобро да се чувствувате во вашата кабина. Пристап до медиумски стриминг-услуги како Spotify, Deezer и TuneIn. DAB/DAB+ како опција. Може да се поврзете преку USB, AUX или безжично преку вашиот паметен телефон.

ТЕЛЕФОНИстовремено преку Bluetooth можат да се поврзат два телефона, така што можете да го разгледувате вашиот телефонски именик, да зборувате преку вградениот микрофон и да слушате преку звучниците.

Достапно и како прибор.

Секундарен информационен дисплеј.Ви дава пристап до интегрираниот систем за услуги и infotainment. Навигација, управување со возен парк, комуникација, зголемена безбедност и квалитетна аудио разонода – сè на допирен екран од 7 инчи.

Лесна навигација и подобрена комуникација. Поефикасно управување со возниот парк. Интегрираниот систем за услуги и infotainment на Volvo Trucks соединува сè на еден интегриран допирен екран – за побезбедно и покомфорно возачко доживување. Лесно се употребува и може да се ракува директно на екранот преку говорни команди и со копчиња на управувачот. Сите информации се таму каде што ви требаат. На едно место. Останете поврзани.

21

Долната заштитна плоча.Оваа заштитна плоча под моторот навистина го заслужува своето име. Таа е дебела 3 mm и не само што го заштитува картерот на моторот, туку и цревата и ладителот. Сè што може да се оштети при возење надвор од патот е заштитено, дури и кога се движите наназад. Долната заштитна плоча има уште една предност, ако возите во многу правлива средина, плочата ги намалува правливите виори под камионот.

ПРЕДЕН ДОЛЕН ДЕЛ

Како браникот може да влијае на вашето време во возна состојба?Не е важно колку сте вешти. На тесните, темни делници во рудник или во каменолом лесно е да удрите во нешто и да го оштетите камионот. Така, фаровите мора да бидат заштитени и добро прикачени. Грубите површини и камења не смеат да го оштетат картерот. Браниците мора да издржат груб третман. А, ако нешто се случи, не би требало да го носите камионот во сервисната работилница. Едноставно продолжете да се движите како ништо да не се случило. Затоа што времето во возна состојба е од суштинско значење.

Цврстиот браник.Тој е направен од челик, се состои од три дела и приклучоците се видливи и лесни за откачување. Тоа го олеснува менувањето на оштетените делови. Па, ако налетате на куп градежен шут, ништо страшно. Можеби нема ни да забележите никакво оштетување на браникот. Тоа е затоа што челичниот браник, исто така, е обложен со дебел полипропилен, кој, доколку се оштети, ќе се врати во својата оригинална форма.

Заштитната предна заштита од навлегување под камион.Целосната конструкција на предниот долен дел е направена како кутија. Секој дел од неа влијае на друг, така што конструкцијата станува многу цврста, но истовремено и отпорна при судир со автомобил. Ние во Volvo го измачувавме овој камион во нашите тестови повеќе отколку што тоа вие некогаш би го направиле. И сега сме убедени дека ова е најцврстата предница во индустријата.

20

22 23

ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ ЗА ВО ГРАДЕЖНИШТВО

Аеродинамична линија на подвозјето.Барем камионот има таква.

Споредено со традиционалното листесто потпирање, воздушното потпирање нуди многу придобивки. Тоа обезбедува порамномерно возење, без оглед на условите на патот – штедејќи го камионот, товарот и, што е најважно, возачот од дополнително исцрпување. Ние нудиме задно воздушно потпирање кое е специјално развиено за камиони за градежништво, нуди големо растојание до подлогата (најмалку 300 mm) и е доволно цврсто да се справи со груби терени.

ВИСОКО ОПТОВАРУВАЊЕ ПОВЕЌЕОСНАТА ГРУПАТандем: 26 тони.Tridem: 36 тони.

СТАБИЛИЗАТОРИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ПОВЕЌЕОСНАТА ГРУПАПозицијата на стабилизаторот за бочна крутост резултира со помали торзиони сили на шасијата и со подобра стабилност од превртување и кипање. Тоа исто така придонесува за големото растојание до патната подлога.

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЦИ МОНТИРАНИ НАД ОСКАТА

Воздушните перници се позаштитени и нивните позиции придонесуваат за

големото растојание до патната подлога. Исто како и останатите компоненти.

КОМФОР И ФЛЕКСИБИЛНОСТВоздушното потпирање обезбедува

извонреден комфор на возење и овозможува да се менува растојанието

до патната подлога. Ниеден дел од потпирањето не лежи надвор од

линијата на задните пневматици. Со ова шасијата може полесно да се

приспособува за апликации, како што се положување асфалт или кипери.

ЗА ПОГОНУВАНА ПРЕДНА ОСКАЗадното воздушно потпирање сега

е достапно и за Volvo FMX со погонувана предна оска (4×4, 6×6, 8×6 и 10×6)

ЗАШТИТЕНИ СОПИРАЧКИНе грижете се. Под задната оска не стрчи ниеден дел од системот за сопирање. Токму поради тоа може да бидете сигурни дека камионот може да се справи со сите пречки.

ГОЛЕМО РАСТОЈАНИЕ ДО ПАТНАТА ПОДЛОГА300 mm под стабилизаторите.335 mm под диференцијалот.

ПОДОБРА ВЛЕЧНА СИЛА И ПОГОЛЕМА ПРОСЕЧНА БРЗИНАОптимизираниот притисок на секоја задна оска значи подобра влечна сила благодарение на воздушното потпирање. Доколку е потребно, возачот може да го нагоди распоредувањето на оптоварувањето на оските за подобра влечна сила. Воздушното потпирање дава помали вибрации во камионот, а вие ќе добиете подобрен комфор за возење, особено кога немате товар. Ова, исто така, ќе придонесе за поголема просечна брзина.

24 25

УРЕД ЗА ВЛЕЧЕЊЕ

32 тони.

Стиснете цврсто и лесно.Со еден едноставен стисок, можете да ја ослободите рачката за да поврзете сајла или лост за влечење на уредот за влечење на средината на предната страна. Уредот помина тестови со странични сили за влечење/туркање до неверојатни 32 тони под максимален агол од 15 степени.

Токму затоа можете да му верувате на уредот за влечење.Тој е дел од попречниот дел кој е направен од челик со голема цврстина. Целиот склоп е стабилно монтиран на надолжните делови на рамката. Тој обезбедува не само многу цврста структура, туку е и одлично решение против резонанцијата на шасијата, притоа подобрувајќи го комфорот на возењето.

Понекогаш надвор може да стане малку проблематично. Едноставно може да заглавите. Затоа, ќе ве смири да знаете дека Volvo FMX е опремен со уред за влечење кој навистина ја влече својата тежина.

2726

Имајте подобар радиус на свртување.Подигањето на тандем-оската може ефективно да го претвори 6×4 во 4×2 или 8×4 во 6×2. Исто како и при подигање непогонувана оска, тоа значително ја подобрува способноста за маневрирање на камионот со скратување на радиусот на свртување. Всушност, 6×4 со меѓу-оскино растојание од 4,6 метри, на пример, може да го намали радиусот на свртување за повеќе од еден метар.

Добијте зафат.Сè дури дозволува ограничувањето на оптоварувањето на оската, таа може да биде подигната за да ја префрли целата тежина на една погонска оска, за подобар зафат и сила на влечење. Тоа може да се изведе дури и при возење со мали брзини.

До 4% помала потрошувачка на гориво кога камионот не е натоварен.Поради дополнителното триење и отпо-рноста на тркалање, погонските оски обично трошат мошне многу гориво – цело време. Но, не со подигањето на тандем-оската. Со исклучувањето и подигањето на погонската оска кога таа не е потребна, можете да ја намалите потрошувачката на гориво дури до 4% кога камионот не е натоварен. На долгорочен план, тоа придонесува за повеќе пари.

Помала потрошувачка на гориво и помал радиус на свртување?Едноставно кренете ја погонската оска.

Подигањето на тандем-оската е уникатна одлика, која им дозволува на вашите 6×4 или 8×4 да ги комбинираат силата на влечење и капацитетот на товарање на погонот на четири тркала со управливоста и ефикасноста на погонот на две тркала – сè во едно возило.

ПОДИГАЊЕ НА ТАНДЕМ-ОСКАТА

ВОЗДУШНА ПРУЖИНАВоздушна перница помеѓу втората погонска

оска и шасијата овозможува оската да се крева или спушта.

ЗАПЧЕСТА СПОЈКАМеѓуоскиниот диференцијал е заменет со запчеста спојка, дозволувајќи комплетно исклучување на најзадната оска.

Оптимален режим на погон во рок од 15 секунди.Подигањето на тандем-оската е совршено ако возите тешко натоварен камион во една насока и празен камион во спротивната насока. Кога камионот не е натоварен, само притискате копче на контролниот пулт за исклучување и подигање на погонската оска. Штом ќе го натоварите камионот, погонската оска автоматски се спушта и повторно се вклучува за да обезбеди максимална сила на влечење и управливост. Потребни се само 15 секунди од почеток до крај, така што воопшто не губите скапоцено време.

28

Инструкции од Volvo за составувачите на каросерија (VBI).Веднаш откако ќе го нарачате вашиот Volvo FMX, точните нацрти на вашиот камион се достапни на интуитивниот онлајн портал VBI. Составувачот на каросеријата може да почне да работи додека ние го правиме камионот, со што драстично се намалува времето на чекање за испорака.

Приклучоци за давање погон (PTO) за секоја потреба.Има широк спектар на PTO: Монтирани на моторот, како и монтирани на менувачот, вклучувајќи и приклучоци за давање погон зависни и независни од спојката. Исто така, има и широк спектар на хидраулични пумпи дури и со спојка за штедење гориво.

Рамката е права.За разлика од повеќето други камиони, Volvo има рамка која е целосно права и паралелна зад кабината. Тоа значително ја олеснува работата на составувачот на каросеријата.

ИНТЕРФЕЈС ЗА СОСТАВУВАЊЕ КАРОСЕРИЈА

Подготвен да одговара на вашата каросерија.

Составувачите на каросерии имаат омилен камион, а тоа е Volvo. Тоа е поради тоа што ние многу направивме за да им ги олесниме работите со подготвување на шасијата за надградување уште во фабриката. Тие можат да ја избегнат непотребната и скапа реконструкција, а тоа значи пократок престој кај составувачот на каросеријата. Подолу се дадени одликите што ќе направат разлика.

Пакет за шасијата на соло-камион.Опциите како странична заштита од навлегување под камионот, приклучоци за составувачот на каросеријата, калници и LED позициони светла се достапни во еден пригоден пакет – лесен за нарачка и со висок квалитет.

29

Еден куп опции за спецификации.Колку повеќе комбинации се можни, толку полесно е да се скрои еден камион. Токму затоа, Volvo FMX има повеќе опции од кога и да било кога станува збор за конфигурациите на оските, висините на шасијата и меѓуоскините растојанија.

Две различни висини на рамката.Одберете меѓу рамка од 266 mm и 300 mm, во зависност од барањата на надградбата.

Држачи за прицврстување.Volvo FMX може да биде фабрички подготвен со држачи за прицврстување на каросеријата монтирани на рамката. Сега се достапни не само во делот меѓу оските, туку и на задниот препуст.

4 различни пресеци на задниот крај.Можеме да го испорачаме вашиот FMX од фабриката со четири различни отсекувања на задниот крај на рамката: со засек од горе (за кипери, камиони со „hook-lift“, камиони за собирање смет), со засек од долу (за приколки со централна оска), со кос засек (за влечни возила) или прав (за соло-камиони).

Модул за составувачите на каросерија.Го олеснува пристапот на составувачот на каросеријата до електричниот систем на камионот за да ги скрои функциите. Можете лесно да пристапите до нив преку флексибилните прекинувачи на контролниот пулт и преку Work Remote.

Подготвен за дигалка.Ниска шасија и големо оптоварување на оските. Тоа е она што стои во списокот на желби на секој составувач на дигалки. Volvo FMX ги има двете. И не само тоа, можеме да направиме слободен простор на рамката близу кабината, и дури да го испорачаме вашиот камион со фабрички монтирани плочи за дигалка.

Позиција на задната заштита од навлегување под камионот.За уште поголемо проширување на опциите за задниот крај, задната заштита од навлегување под камионот може да се постави на неколку различни позиции.

Широк опсег на зајакнувања.Некои тешки примени значително го зголемуваат притисокот врз рамката. Но, не грижете се. За Volvo FMX имате широк опсег на избор на внатрешни облоги на рамката, обезбедувајќи ги сите зајакнувања што може да ви требаат.

Настрана од патот на составувачот на каросеријата.Никогаш не дозволуваме нашите инженери да стават нешто над рамката. Ова место целосно му припаѓа на составувачот на каросеријата, што значително ја зголемува флексибилноста.

Наменски ред отвори.Рамката се испорачува со горен ред отвори кој е наменет за надградбата. Бидејќи овде не користиме заковки, составувачот на каросеријата може лесно да ја прикачи опремата.

Одберете го точниот заден препуст.Задниот крај на рамката може да биде фабрички пресечен токму така како што ви треба – со чекор од 50 mm – за совршено да одговара на вашата надградба. Без оглед дали имате потреба од крајно кус или подолг заден препуст.

Достапно и како прибор.

3130

Поддршка за алармирање на возачот.Поддршката за алармирање на возачот е интелигентен систем кој го следи вашето однесување при возење, надополнувајќи ја Поддршката за останување на лентата базирана на камера, која сега стандардно се испорачува. Доколку вашето однесување се разликува од вообичаеното и покажува замор, тогаш системот ве предупредува со сигнал и порака на дисплејот и ви препорачува да направите пауза.

Камера за свиоци.Внимава на слепата точка на страната на совозачот. Камерата за свиоци се активира кога се употребува трепкач и покажува страничен поглед во секундарниот информационен дисплеј.

Приспособлив темпомат, предупредување за судир и алармна сопирачка.Следете го ритамот на сообраќајот без напор. Радарски базираниот приспособлив темпомат (ACC) одржува безбедно растојание до возилата пред камионот преку контрола на забрзувањето и на сите достапни сопирачки. Ако постои ризик од судир, на ветробранот се проектираат предупредувачки светла, а ако судирот е неизбежен, автоматската алармна сопирачка брзо доаѓа на помош.

Поддршка за менување на лентата.Областа на слепата точка на страната на совозачот лесно може да ги скрие другите учесници во сообраќајот. Поддршката за менување на лентата е опремена со радар којшто ја проверува таа област кога ќе го вклучите трепкачот. Доколку областа не е чиста, радарот ве известува со звучен сигнал и трепкачка икона кај ретровизорот.

Електронска програма за стабилизација.Електронската програма за стабилизација (ESP) го сопира секое тркало поединечно. Тоа овозможува стабилност на целата комбинација на возилото, спротивставувајќи се на превиткување, превртување и нишање на приколката. ESP е на располагање за влечни возила и соло-камиони со две или три оски.

Алармно светло на сопирачките.Доколку нагазите на сопирачките, светлата на сопирачките почнуваат брзо да трепкаат за да ги предупредат возилата зад вас. Ефикасен начин да се избегне судир на задната страна, којшто може да доведе до големи верижни судири и да предизвика фатални повреди.

СИСТЕМИ ЗА ПОДДРШКА НА ВОЗАЧОТ

Дури и на првокласен возач може да му треба дополнителна поддршка на патот.

Сопирачка за развлекување (stretch brake).Во одредени ситуации, како при вртење или возење на надолнина на лизгав пат, постои опасност приколката да го стигне камионот и да предизвика опасно превиткување. Сопирачката за развлекување е дизајнирана да го спречи тоа. Со импулсно сопирање на приколката, се развлекува композицијата возила и се намалува опасноста. Системот може автоматски да се активира во опасни ситуации при брзини поголеми од 50 km/h. Сопирачката за развлекување сега е на располагање за соло-камиони и за влечни возила.

Достапно и како прибор.

VOLVO ДИЗЕЛ-МОТОРИ

Крива на вртежниот момент на Volvo.Ќе ја почувствувате во педалот.Одличен вртежен момент при мал број вртежи. Екстремно широк опсег на максимален вртежен момент. Врвниот вртежен момент одговара на врвната моќност. Лидерството на Volvo во технологијата на дизел-моторите јасно се гледа кога ќе почнете да ги споредувате кривите на моторите. Ќе искусите големо забрзување, одлична влечна сила, комфорно управување при мали брзини и, не помалку важно – пријатно возење со ефикасно искористување на горивото при брзини на крстарење.

Вградена ефикасна потрошувачка на гориво.Можеме да продолжиме да набројуваме зошто моторите на Volvo тешко можат да се победат во економијата на горивото, но да се фокусираме на новостите кои ги носат нашите мотори повеќе чекори понапред. Сега сите камиони Volvo FMX – со моторите D11 и D13 – имаат впрскување „common rail“ за постигнување максимална ефикасност. Зголемената стапка на компресија на мо-торите 420 и 460 – и новото оптимизирано турбо на нивоата 500 и 540 ја надополнува-ат подобрената ефикасност. Вашиот краен резултат ќе ги има придобивките. Исто како и животната средина.

VEB и VEB+.Ефект на сопирање до 510 КС.Го минимизира абењето од педалот на сопирачките. Патентираните моторни сопирачки на Volvo апсорбираат неверојатни 375 kW (510 КС) кај D13 и 290 kW (394 КС) кај D11. Интегрирана со I-Shift и со темпомат, таа го прави удобно слегувањето во ископи од песок или во рудник без нарушување на безбедноста или економијата на горивото.

До 540 КС. Изберете го вашиот.Асортиманот мотори за Volvo FMX содржи осум различни моќности: четири 11-литарски (D11) и четири 13-литарски (D13). Можете да бидете сигурни дека секогаш ќе има еден што одговара за вашите транспортни операции.

До 540 КС чиста моќност.Без загрозување на ефикасното искористување на горивото.

ЗАТВОРЕНО ВЕНТИЛИРАЊЕ НА КАРТЕРОТГи рециклира гасовите од картерот за подобрен квалитет на воздухот околу возилото.

ХИДРАУЛИЧНИ ПУМПИ СО СПОЈКИАсортиманот на хидраулични пумпи монтирани на моторот вклучуваат два раздвојливи приклучоци.

ЗАДЕН РАЗВОДЕН МЕХАНИЗАМКомпактен и лесен дизајн, што ги погонува компресорот за воздух заедно со сервото на управувачот и пумпите за масло и гориво.

ВПРСКУВАЊЕ „COMMON RAIL“За врвна ефикасност и мали емисии, моторите имаат впрскување „common rail“ кое е совршено темпирано благодарение на напредниот систем за управување со моторот.

ШЕСТ ВО ЛИНИЈА6 цилиндри. 7 носачи за распоредување на силите. Сигурноста никогаш не излегува од мода.

32 33

34 35

МАЛ КРУГ НА СВРТУВАЊЕTridem му овозможува на камионот

помал радиус на свртување, заштедувајќи време при

движење во тесен простор.

TRIDEM

Мирно минувајте ги кривините. Ако многу возите по пристојни патишта и во голем дел камионот не е натоварен (како што е случај со најголем дел од камионите за градежништво), tridem со воздушно потпирање е одлична опција. Повеќеосната група со три оски ја подобрува способноста за маневрирање на тесни места и нуди можност за подигање на една од оските (или дури и две) за помала потрошувачка на гориво и зголемена сила на влечење.

Управувајте прецизно.Возете комфорно.Повеќеосната група tridem доаѓа со избор на tag-оска (зад погонските оски) или pusher-оска (пред погонските оски), или дури и со двете (ако возите 8×2). Поради тоа што оските можат хидраулично да се управуваат, радиусот на свртување е многу помал во споредба со камион со двојни предни оски, олеснувајќи го маневрирањето на тешките патишта. Плус, воздушното потпирање овозможува комфорно возење, особено кога е без товар.

Помала тежина, поголема носивост.Tridem сега е достапна во варијанта со мала тежина. Со отстранување на внатрешните зајакнувања и намалување на тежината на неколку други компоненти, успеавме да намалиме 150–200 килограми. Ова ви дозволува да ја зголемите носивоста и да ја подобрите економијата на гориво.

Кренете ја оската и штедете гориво.Ако сакате да ја намалите потрошувачката на гориво, тогаш треба да ја минимизирате отпорноста на тркалање кога возите на патот. Токму тука tridem ви доаѓа на помош. Кога непогонуваната оска не е потребна за да ја распореди тежината, таа автоматски се крева. Со тоа, може да се минимизираат потрошувачката на гориво и трошењето на пневматиците. За да се избегне преоптова-рување, оската автоматски се спушта вед-наш штом ќе го натоварите камионот.

300 m

36 37

ФАРОВИ

СТРАНИЧЕН ТРЕПКАЧ

ДОЛГО СВЕТЛО

СОБОРЕНО СВЕТЛО

ТРЕПКАЧ

УНИКАТНО СВЕТЛО ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕLED лентите, кои прават уникатна V-форма, покажуваат дека се приближува Volvo.

ЗАШТИТА НА ФАРОВИТЕНикој не сака камион со едно око, особено не возачот. Одберете од двата различни штитници за фарови: едниот одобрен за користење на пат, а другиот за тешки услови надвор од патот.

Водечко долго светло.При возење во темнина, Volvo FMX е особено добар пријател. Фаровите даваат силна светлина со која ви овозможуваат навреме да видите што се случува на патот. А исто толку е важно што другите учесници во сообраќајот ќе ве видат.

Се вклучуваат на зајдисонце и се исклучуваат на изгрејсонце.Автоматски.Сега фаровите доаѓаат со опција за автоматско вклучување/исклучување. Како кај автомобилите, има сензор кој детектира кога соборените светла треба да се вклучат и тоа го прави автоматски. И штом светлосните услови го дозволуваат тоа, тој автоматски се префрлува на светла за дневно возење.

Биксенон.Опремете ги фаровите со биксенонски светла за да искусите ново ниво на осветленост. Исто така, тие имаат подолго време на користење во споредба со обичните халогени сијалици.

Достапно и како прибор.

Просветлувачки вести.Сега навистина можете да го видите светлото на крајот од тунелот. Моќните фарови даваат силно, широко и рамномерно светло со екстремно долг досег, правејќи ги градежните задачи порелаксирани и побезбедни.

3938

УСЛУГИ НА VOLVO

Ќе ве поддржуваме од почеток до крај.И на вашиот пат.

ПОДДРШКА НА ВАШИОТ КАМИОН

Ново планирање сервиси.Чекор напред.Благодарение на телематичката порта, сервисната работилница може да пристапи до информациите како што се податоците за моторот, километражата, потрошувачката на горивото, дијагностичките кодови на грешки, условите на возење и состојбата на суштинските компоненти (плочките на сопирачките, спојката, акумулаторот, сушачот на воздух, итн.). Тоа значи дека можеме да ве предупредиме на време, пред да бидете во опасност од непланиран застој. Но најважно од сè, секогаш сме совршено подготвени кога ќе влезете во сервисната работилница. Така што ќе бидете повторно на патот за најкусо време. Новото планирање сервиси е опција во комбинација со Златниот договор на Volvo.

Онлајн можности.Вашиот безжичен техничар.За некои работи не мора да се оди на сервис. А сега, тоа веќе ниту се бара. Со Онлајн можностите, сервисерот може да пристапи далечински до вашето возило за да ја калибрира покажаната потрошувачка на горивото, големината на резервоарот за гориво (доколку ставивте дополнителен резервоар) и саканото ограничување на брзината на патот. Можно е дури и далечинско овозможување на функцијата Индикатор на оптоварувањето. Сè што треба да направите е да застанете за кратко покрај патот. Сервисот никогаш не траел пократко. Онлајн можности е опција во комбинација со Златниот договор на Volvo.

Work Remote.Електронски контролираното потпирање (ECS) го подобрува комфорот на возење и помага да се осигури безбедното патување на товарот. ECS4 е најновата верзија и нуди уште повеќе можности со Work Remote како најистакнат пример. Сега имате совршена контрола на висината на возилото, опремата, како што е PTO, и фукнциите на надградбата. Work Remote има и индикатор на оптоварувањето. Сега имате целосна контрола, без оглед дали седите зад управувачот или се движите околу камионот.

Совет за гориво.Ви дава пристап до нашите инструктори за управување со горивото – вистински експерти за намалување на потрошувачката на гориво. Секој месец тие ви праќаат опширни извештаи за гориво со персонализирани совети за тоа како да се подобрите. Можете да добиете повеќе совети преку наменското биро за помош или да се најавите на сајтот со алатки каде што ќе најдете практични совети и инспирација.

Ви треба помош?Само притиснете го копчето.Непланирано застанување среде пустелија? Со On Call го добивате Volvo Action Service со притискање на само едно копче. Автоматски ве поврзува со оператор кој го зборува вашиот јазик (камионот ја проверува националноста на картичката во дигиталниот тахограф). Штом се поврзете, сервисот е брз и прецизен, бидејќи тие веќе ја знаат идентификацијата на вашата шасија, локацијата и можните дијагностички кодови на грешки.

Најдобрата апликација за камионџијата.Со инсталираната апликација My Truck можете да го следите статусот на камионот пред да пристигнете, за да се осигурите дека тој е подготвен да тргне кога и вие сте подготвени. Толку лесно колку што треба да биде. Можете да ги контролирате греалката за паркинг, алармот и бравите на вратите и да го гледате статусот на возилото – на пример, нивоата на горивото, маслото на моторот и средството за ладење или течноста за миење.

Volvo премиум лизинг.Понекогаш може да е попаметно да не поседувате ваш камион. Volvo Премиум Лизинг ви ја дава можноста да одберете решение кое одговара на вашите потреби, затоа што може да вклучи финансирање, надомест за користење патишта, осигурување, поправки и одржување, а дури и замена на пневматици. Ќе имате големи придобивки од фиксните и предвидливи трошоци за прецизно буџетирање, подобрен готовински тек и намалени капитални расходи.

Обука за возачи.Работа во градежништво.Работа во градежништво е уникатен курс за развој на возачот достапен за Volvo FMX. Тоа е еднодневен курс во училница, кој опфаќа рутини за лична безбедност и начини за ефикасно работење и отстра-нување ризици. Вклучени се и техники за возење надвор од патот за да се избегнат незгоди или заглавување – и што да се прави доколку се случи тоа. Исто така, опфатени се одликите за возилото – оние поврзани со возењето надвор од патот, различните надградби и користењето на приклучоците за давање погон. Освен тоа, ќе научите и како да го искористите целиот потенцијал на системите, како што се I-Shift и Автоматска контрола на силата на влечење.

Апликација Dynafleet.Оваа апликација ја прави работата на возачот многу полесна, а се надеваме, и позабавна. Можете да ги следите вашите резултати и рангирања за ефикасното искористување на горивото, заедно со вашите времиња на возење и точките од интерес на мапата. Исто така, можете да го споредите вашето работење со работењето на вашите колеги. Оваа апликација е достапна за паметен телефон или за таблет.

ПОДДРШКА НА ВАШАТА СЕКОЈДНЕВНА РАБОТА

ПОДДРШКА НА ВАШИОТ БИЗНИС

40 41

За широк спектар работи.Volvo FMX со пет оски е опремен со двојни предни оски и повеќеосна група tridem со воздушно потпирање (со tag-оска), дозволувајќи ви максимална бруто маса на возилото од 56 тони. Тоа го прави добро приспособен за широк спектар апликации, како што се мешалки за бетон, противпожарни камиони, дигалки со корпа и големи дигалки. А, ако работите со тешки превози, може да бидете способни да преземате поголеми задачи и да ги избегнете скапите дозволи за прекумерна тежина. Возите на многу груб терен? Одлучете се за 10×6 со погонувана предна оска.

Целосна поддршка од Volvo.Од првиот ден.Поради тоа што ви доставуваме комплетен камион, тој не доаѓа само со квалитет на Volvo во секој аспект. Вие, исто така, добивате и целосна гаранција на Volvo и поддршка од Volvo. Тоа значи дека секогаш ќе имате камион во врвна форма и дека ние брзо ќе ви помогнеме во секакви ситуации за да продолжите да се движите и да останете ефикасни.

Подготвен да тргне.Без доцнења или дополнителни трошоци.Сега нудиме камиони со пет оски директно од нашата фабрика. На овој начин, добивате Volvo FMX кој е подготвен за ефикасен, тежок транспорт од првиот ден. Со други зборови, не мора да барате надворешен снабдувач за скапа надградба на дополнителна оска што одзема многу време. Освен тоа, ние го доставуваме вашиот камион и со целосно одобрение на типот на возило.

Одлична фабричка опција:додадете дополнителна оска.Сакате да превезувате тешки товари? Нема проблем. Понудата за Volvo FMX вклучува конфигурација 10×4 со пет оски како и 10×6 со погонувана предна оска.

КОНФИГУРАЦИИ СО 5 ОСКИ

Мотори:

Менувачи

Конфигурации на оски за влечно возило

4×2

8×2(двојни предни оски)

4×4

4×4 8×2(tridem)

6×2(pusher-оска)

6×2(pusher-оска)

8×4(двојни предни оски)

6×2(tag-оска)

6×2(tag-оска)

8×4(tridem pusher-оска)

6×4

6×4

8×4(tridem tag-оска)

6×6

6×6

11 ЛИТРИ Макс. моќност Максимален вртежен моментD11K330 (243 kW) 330 КС при 1.600-1.900 вртежи/мин 1.600 Nm при 950–1.400 вртежи/мин

D11K370 (273 kW) 370 КС при 1.600-1.900 вртежи/мин 1.750 Nm при 950–1.400 вртежи/мин

D11K410 (302 kW) 410 КС при 1.600-1.900 вртежи/мин 1.950 Nm при 1.000–1.400 вртежи/мин

D11K450 (332 kW) 450 КС при 1.600-1.900 вртежи/мин 2.150 Nm при 1.000–1.400 вртежи/мин

13 ЛИТРИD13K420 (309 kW) 420 КС при 1.400–1.800 вртежи/мин, 2.100 Nm при 860–1.400 вртежи/мин.

D13K460 (338 kW) 460 КС при 1.400–1.800 вртежи/мин 2.300 Nm при 900–1.400 вртежи/мин.

D13K500 (368 kW) 500 КС при 1.400–1.800 вртежи/мин 2.500 Nm при 980–1.400 вртежи/мин

D13K540 (392 kW) 540 КС при 1.450–1.800 вртежи/мин 2.600 Nm при 1.000–1.450 вртежи/мин

I-SHIFT

Менувач со делител и со „менувач на опсези“ со 12 степени на пренос и со автоматски систем за менување на степените на пренос. Верзијата со степени на пренос за бавно движење го олеснува работењето со БМК до 325 тони.

Тип Највисок степен на пренос Вртежен момент на моторот (Nm) Одобрение за БМК (тони)AT2412F Директен 2.400 44

AT2612F Директен 2.600 100

ATO2612F Overdrive 2.600 100

POWERTRONIC

Целосно автоматска „power-shift“ трансмисија, со конвертор на вртежниот момент и со разладувач на маслото. Ги менува степените на пренос без губење на моќноста.

Тип Највисок степен на пренос Вртежен момент на моторот (Nm) Одобрение за БМК (тони)PT2106 Директен 2.100 44

PT2606 Директен 2.600 60

РАЧНИ МЕНУВАЧИ

Рачен менувач со 14 степени на пренос со делител и менување на опсезите и со два степена на пренос за бавно движење. Кратко и јасно поставување на степените на пренос со мала сила потребна за менување на степенот на пренос.

Тип Највисок степен на пренос Вртежен момент на моторот (Nm) Одобрение за БМК (тони)VT2009B Директен 2.000 60

VT2214B Директен 2.200 100

VTO2214B Overdrive 2.200 100

VT2514B Директен 2.500 100

VTO2514B Overdrive 2.500 100

VT2814B Директен 2.800 100

VTO2814B Overdrive 2.800 100

Кабина Sleeper

Кабина Globetrotter

Кабина Day

Кабина Crew

СПЕЦИФИКАЦИИ

Кабини

Ова е само навестување за изборот што го имате кога го приспособувате Volvo FMX според вашите потреби. Целосните спецификации и сите можни опции се достапни на www.volvotrucks.mk или кај вашиот дистрибутер на Volvo.

Кроење на вашиот Volvo FMX.

= Погонска оска. = Непогонувана оска (tag-, pusher- или предна оска).

42 43

8×6(двојни предни оски)

10×4(двојни предни оски, tag-оска)

10×6(двојни предни оски, tag-оска)

Конфигурации на оските за соло-камион

Ова е мал избор на спецификациите – но има многу повеќе за избор.За повеќе информации, побарајте го вашиот Volvo дилер или посетете го www.volvotrucks.mk.

44 45

Надворешен резервоар за водаДржач за телефон

Црвен сигурносен ремен

Alcolock

Штитник за фаровиДел од опремата што е прикажана или спомената може да биде достапна само како опција или како прибор и може да се разликува од една до друга земја во зависност од локалното законодавство. Вашиот Volvo дилер со задоволство ќе ви даде подетални информации. Поради ограничувањето во процесот на печатење, боите можат малку да се разликуваат од вистинските бои. Го задржуваме правото да ја менуваме спецификацијата на производот без претходно известување.

Направете да биде ваш камион.

ПРИБОР

За повеќе информации и целосни спецификации посетете го www.volvotrucks.mk

Воздушен пиштолПреносливо светло за предупредување и работа

Надворешна камера

Носач за на покрив

Volvo FMX е еден од најдобро опремените камиони во светот. Но, за да го приспособите за вашите конкретни транспортни задачи и вашите лични потреби, имате на избор широк асортиман на прибор. Сè само да се направи камионот поефикасен за вршење на вашата работа. И не заборавајте дека сите се развиени и тестирани од Volvo Trucks за камионите Volvo за да се осигуриме дека сите го имаат она што го очекувате од производ на Volvo. Еј, дури и кафематот го тестиравме за судири! Ова е мал избор на приборот – но има еден тон повеќе за избор. Побарајте го вашиот дистрибутер на Volvo или посетете го www.volvotrucks.mk за да дознаете повеќе за приборот.

Publication ID

: 50022