13
Ж И Т Н И К У Л Т У Р И

Zitni kulturi - Makedonija

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Zitni kulturi - Se za zitnite kulturi vo Republika Makedonija. Detalno za sekoja zitna kultura. Proekt.

Citation preview

Page 1: Zitni kulturi - Makedonija

Ж И Т Н И К У Л Т У Р И

Page 2: Zitni kulturi - Makedonija

1. Ж И Т О Житата (житарици) се едногодишни растенија 

од фамилијата треви (лат. Gramineae). Нивните зрнести плодови се користат во човековата исхрана, прехранбената индустрија,а сеното за добиточна исхрана и постилка.

Page 3: Zitni kulturi - Makedonija

2. П Ч Е Н К АПченката е значајна житна култура од семејството Poceae

(или Gramineae) потекнува од новиот свет(н.е.), од каде се проширила низ целиот свет. Американските индијанци ги учеле колонистите како да одгледуваат пченка, вклучувајќи и неколку видови жолта пченка кои се уште се популарни како храна, како и видови црвени, сини, розеви и црни зрна често свиткани, со точки или пруги, кои денес се сметаат(користат) за украсни во САД и се нарекува индијанска пченка. Високото, едногодишно стебло и големи прави лисја со брановидни краеви. Пченката се користи како добиточна храна, храна за луѓето и како за индустриска обработка. Иако е главна храна во повеќе земји, инфериорна е во споредба со хранливата вредност на другите житарки. Деловите кои не се за јадење се користат во индустријата, стеблото за хартија и ѕидни плочи, лушпата за полнење, кочаните за гориво, за правење на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски растворувачи.

Page 4: Zitni kulturi - Makedonija

2.1 П Ч Е Н К А – Опис и значење

• Пченкарните лушпи имаат долга историја на користење во фолклорната уметност за предмети како амалии и кукли. Пченката е едно од најразнесуваните хранливи растеија во светот, по зaсаденостa е надмината само од пченицата и е најважна житна култура во САД.

• Пченката е значајна житна култура, која освен во исхраната на луѓето, се користи како суровина во индустријата и за исхранување на домашните животни. Пченката најдобро успева во низините и во котлините каде што има доволно влага и топлина. Најпознти области за одгледување на пченка се: Мисисипската, Панонската, Ломбардиската, Блашката, Источно-Европската низина, Аргентина, Бразил, Мексико и други.

• Најголеми извозници на пченка се САД, Франција и Бразил, а најголеми увозници се Јапонија и Германија.

Page 5: Zitni kulturi - Makedonija

2.2 П Ч Е Н К А - Слики

Page 6: Zitni kulturi - Makedonija

3. Ј А Ч М Е Н Јачменот е едногодишна билка од фамилијата на тревите.

Се дели на три подврсти:1. Второкласен: Кој најчесто се користи за произведување на пиво;2. ПовеЌекласен;3. Прелазен;

Јачменот се смета за еден од најстарите житарици во Европа. Се користи уште од камено време, култивиран во древниот Египет, Месопотамија и во подрачјето на Европа. Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна животна намирница. Се користи за производство на леб, пиво, кафе, сточна храна и др. Јачмен е житарица која успева во ладните предели.

Page 7: Zitni kulturi - Makedonija

3.1 Ј А Ч М Е Н - Слики

Page 8: Zitni kulturi - Makedonija

4. О В Е СОвес или зоб е скриеносеменик кој припаѓа на

фамилијата треви (Poaceae). Се користи за исхрана на луќето и на домашните животни. Површините под овес во светот изнесуваат околу 14 милиони хектари. Најголемо значење има видот Avena sativa.

Page 9: Zitni kulturi - Makedonija

5. П Ч Е Н И Ц АПченицата е најважна житна култура. Со

преработка во мелниците од неа се добивабрашно, од кое се прават леб и разни печива. Со неа се исхранува 40% од населението во светот. Пченицата најдобро успева во умерените топлински појаси и тоа во низините, котлините, речните долини и на други места. Најголеми светски производители на пченица се:Русија,Кина,Канада, САД, Аргентина,  Австралија и др. Главни извозници на пченица се: САД, Канада и Австралија, а најголеми увозници се Јапонија и Индија.

Page 10: Zitni kulturi - Makedonija

5.1 П Ч Е Н И Ц А - Слики

Page 11: Zitni kulturi - Makedonija

6. О Р И ЗОризот (латински: Oryza) е

едногодишно растение од родот житарици што потекнува од тропските и суптропските предели на Азија и Африка.

Page 12: Zitni kulturi - Makedonija

6.1 О Р И З - Опис Ботанички, оризот припаѓа во широколисните треви. Едногодишната

билка може да нарасне до 1,8 м височина. Нејзиниот вегетационен период се движи од 134 до 143 дена.

Овој род содржи два вида: Oryza sativa и Oryza glaberrima, со повеќе вариетети и сорти.

Оризот најдобро успева на плодни почви и за него се потребни многу вода, топлина и човекова мануелна работа. Неговото култивирање започнало пред повеќе од 6500 години во неколку земји на Далечниот Исток.

Финалниот продукт во трговската мрежа може да се сретне со бела и кафеава боја, што зависи од тоа како е излупена арпата, односно суровото зрно ориз.

Нутриционистите најчесто за исхрана го препорачуваат кафеавиот ориз затоа што не му се вади обвивката од јадрото на зрното, што прави зрното да има уникатен вкус, но и потешко за џвакање. Се вари два пати подолго од белиот ориз. Белиот ориз, од друга страна, е поделикатен и мек, но ги нема нутритивните својства како кафеавиот.

Според степенот на обработка на оризовото зрно, постојат следните типови на ориз:• нелупен ориз или арпа;• полулупен ориз или карго;• излупен или бел ориз и• термички обработен или парбоилед.

Page 13: Zitni kulturi - Makedonija

6.2 О Р И З - Значење Оризот е втора по значење житна култура (после пченицата) и со него се

исхранува голем број од населението во светот. Освен за исхрана, тој се користи за правење алкохолен пијалок - саке, а со преработка на оризовата слама се добива хартија.Во човековата исхрана оризот има големо значење бидејќи неа учествува со околу 1/3. Повеќе од 50% од светската популација го употребува како главна храна. Поради тоа што е лесно сварлив, богат со најпотребните состојки за организмот, па дури и во најраното детство, го заслужува почесното место во многу кујни. Во ориенталните, пред сe кинеската и јапонската, тој е основа врз која се градат вистински кулинарски специјалитети.

За разлика од другите жита оризот се користи само за готвење, бидејќи со мелење не се добива брашно кое би ги исполнило технолошките барања за производство на леб. Додека во Европа и САД се користи главно за подготвување јадења, обично со месо и други протеински додатоци, во Азија варениот ориз го заменува лебот и претставува незаменлива храна, особено во Индија, Кина, Индонезија и Јапонија.

Во Македонија се трошат просечно по околу 3 кг бел ориз по жител годишно, што претставува храна за еден човек за 4-5 дена во Јужна Кина.

Долготрајната исхрана исклучиво или претежно со бел ориз доведува до авитаминоза, односно до појава на болеста бери-бери, што може да има смртни последици.