Булгур салата (к`с`р)
Состојки:
2 чаши ситен бунгур (орг.булгур) 3 лажици салца – мешавина од домати и пиперки (марка: ТАТ – Domates-Biber Salçası)
o http://3.bp.blogspot.com/-kK-Wwa_ehzw/TteJ2xnsnjI/AAAAAAAADwo/YLB6Tmp20iE/s1600/tat+koy+biber-domates.jpg
Маслиново масло (отприлика 1 мал финџан) 1 лажичка мелен ким 1 лажичка нане 1 цеден лимон Сол Црн пипер Мелен босилек Ситно сецкани 6 листа од марула 2 млад кромид 2 домати (без сочниот внатрешен дел) Малку краставица (пола)
Подготовка:
1. 2 чаши ситен булгур се преливаат со 3 чаши врела вода и се чека додека да набабри булгурот (отприлика 1 час во затворен сад).
2. Се припрема сосот од салца, маслиново масло, цеден лимон, ким, нане, сол, црн пипер, мелен босилек во еден сад.
3. Марула, млад кромид, домати и краставицата ситно се сецкаат.4. Откако ќе набабри булгурот во садот се додава сосот и убаво се меша се додека не се
добие хомогена смеса. Потоа се додава ситна сецканата салата и повторно се меша.5. По желба и во Ваш вкус може да се додаде сол, маслиново масло и цеден лимон.
http://en.wikipedia.org/wiki/K%C4%B1s%C4%B1r