Transcript
Page 1: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

СОДРЖИНА

ВОВЕД 2

1. НСК (Ново Скопје) 4

2. ИДЕЈНИ ОСНОВИ НА ПОМОДНАТА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОДКУЛТУРА7

2.1. Манифестација на идејните основи на П.И.П. 10

2.1.1. Стилски изглед-имиџ 10

2.1.2. Музика 16

2.1.3. Стимуланси 18

2.1.4. Места и време за дружење 21

2.2 Систем на вредности и однос кон современиот живот 24

3. ЛУЦЕРНА ЕЏТИНЦТА 31

4. ЗА СОЦИЈАЛНАТА ДИМЕНЗИЈА НА СТИЛОТ 33

ЗАКЛУЧОК 36

Суммарѕ 38

БИБЛИОГРАФИЈА 39

Прилози

Речник 40

Прашалник 42

Page 2: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Вовед

Недоволната заинтересираност на македонската етнологија кон проучувањето на современите урбани, културни феномени, насоченоста кон изучување на појави, сместени некаде во матното и безопасно минато (таканаречената традиционална култура) , беа провокацијата која ме натера да пристапам кон проучување на проблематиката на современите подкултури.

Теоријата на подкултурата се заснова на марксистичкото учење кое подразбира антагонизам меѓу општествените слоеви/класи. Според Маркс "во секоја епоха мислите на владеачката материјална сила во општеството во исто време е и негова владеачка духовна сила". Овој "ред" кој потекнува од културата (етаблираната, владеачката), подкултурата го доведува во прашање.

Ако културата се сфати како "размена на кодирани информации" , тогаш и подкултурата е култура. Таа комуницира на симболичко ниво со културата давајќи им поинакво значење на веќе "означените" елементи на културата.

Во анализата на стилот на помодната интелектуална подкултура , во овој труд, искористени се дострелите на семиологијата , бидејќи, во суштина ПИП претставува "симболички отпор на симбличкиот поредок на културата" .

Во делот од оваа дипломска работа посветен на Скопје, користен е есеистичко-журналистички пристап, за да се избегне штуро, фактографско презентирање на состојбите и да се добие манир на традиционален етнографски запис.

При теренските истражувања го користев интервјуто како техника, водев разговори со претставници на помодната интелектуална подкултура, а како најпродуктивна техника (барем во ова истражување) се покажа набљудувањето со учество, зошто (исто како и во подкултурите) вербалната комуникација е само еден од начините на комуницирање и често најподложен на ограничувањата и стегите на општеството.

Дескриптивниот метод е најзастапен кај манифестациите на идејната основа на ПИП, додека компаративниот метод како орудие најприфатлив се покажа во делот посветен на врските

Page 3: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

на ПИП со минатото (ЛУЦЕРНА ЕЏТИНЦТА) и комбинација од дескриптивниот и компаративниот при разработката на социјалната димензија на стиловите.

Трите столба на кои е заснована оваа дипломска работа се делата на Инес Прица , Дик Хебдиџ и Мирча Елијаде , а користени се и дела на други автори со слична цел на проучување .

Оваа дипломска работа не ќе можеше да се оствари без подршката од мојот ментор Проф. д-р. А. Светиева, м-р. Љупчо Ристески (кој заедно со мене го понесе товарот на создавањето). Големо благодарам на Психо, Владо и Данило, и на Елена без која ништо од ова нема да се случеше.

1. НСК (Ново Скопје)

Според некои, приказната за Скопје започнала пред 2000 години. Значи, од кога почнале христијаните да го бројат времето постои и Скопје.

Римјаните ја започнале играта. Под прав агол ги граделе улиците на тогашно Скупи и со аквадукт донеле вода од блиската Скопска Црна Гора. Византијците го премостиле Вардар, ни го оставиле Камени мост во аманет, и ја скриле некаде меѓу Калето и Таор Јустинијана Прима, за до ден-денес да биде гатанка што ја решаваат Скопјани и разни светски научници.

Словените си го направиле свое и од Скупи станало Скопје. А, планината со безброј потоци и порои од јужната страна на градот ја нарекле Водно.

Една од легендите кажува, дека, кога дошле Турците закачиле одрани овци на повеќе места во градот и околината. Онаму каде месото најдолго останало свежо, турските големци ги направиле нивните дворови. Така велат, Скопје ги добило Сарај и Чаир.

Во тоа време почнала да се раѓа и Турска чаршија, ановите, амамите, џамиите... Здивот на Ориентот се наметнал насекаде. Скопските куќи ги краселе арабески, во дворовите мирисал јоргован, а Скопјани од тогаш знаат што е севдах.

Почнале да никнуваат скопските маала.

Page 4: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Богатиот трговец Пајко, со цел да ги натера Турците да изградат и некоја црква, изградил џамија. Не е познато дали навистина изградиле, ама кога починал, Турците го грабнале неговото тело и го погребале по муслимански обичаи. По Пајко е наречено Пајко маало што се протегало од Камени мост до чаршијата.

Евреите, нашле во Скопје свое засолниште. Меѓу калето и Вардар ги изградиле своите куќи и така никнало Еврејско маало или како што погрдно го викале Скопјани - Чивутана. Тората во Скопје престанала да се чита во 1943 година, кога бугарските и домашните извршители на наредбите на Оската го лишиле Скопје од еден дел од космополитската Скопска заедница, депортирајќи ги скопските евреи во Треблинка.

Мухаџирите, се засолнале во Скопје и си оформиле свое маало - мухаџирско, Маџир маало.

Дебраните Македонци, бегајќи од зулумот на качачките банди го изградиле Дебар маало. До денес заедно ја прославуваат Нова година, на први јануари претпладне пред кафеаната Идадија (најкултната скопска кафеана), со оро и развеан барјак.

Секое скопско маало си има своја приказна. И Топаана, Карадак, Крњево, Буњаковец, Циганско маало, Гази Баба, Гази Ментеш...

Скопјани ја славеле Света Богородица како заштитничка на градот. Оделе со "чајничето" до Сарај на излети. Дебар маалци навивале за "Работнички", а Маџир маалци за "Вардар". Во "Официрски" се одржувале гала вечери и балови. Младите оделе на корзо кое било по денешната улица "Максим Горки" до плоштадот. На игранките главни биле "Безимени" и "Бис-без".

На 26 јули 1963, престанува да постои старо Скопје. Земјотресот не урива само згради, урива цел еден начин на живот.

Годините што следат, од ориентално-средноевропски град Скопје, прават современа метропола. Скопје станува "македонски сон" за стотици илјадници жители од внатрешноста.

На скопскиот асфалт раснат нови деца. Скопјани во чекор ги следат светските трендови. Низ Скопје продефилирале сите поголеми светски подкултури. Рокери, Панкери, Хеви Металци, Даркери, Шминкери, Народњаци, навивачите Комити, Клабери, Гоаџии... Покрај Камениот мост близу до местото каде што бил платанот под кој во 1689 година, кралот од Куманово, Карпош, бил набиен на кол и исечен на парчиња, денес се собираат Скејтери.

Скопје се загушува во сообраќајниот шпиц кој трае по цел ден. Јурат спортски автомобили, ѕвонат мобилни телефони. Скопските "кафичи" се полнат во единаесет наутро, а никој не знае кога се празнат.

Скопје создава свои ѕвезди и естрадни и политички. Во пицеријата "Галија", со италијански специјалитети, се крои политиката на младата Република Македонија. во иста кафеана може да се сретнат министри, режисери, универзитетски професори и кралеви на подземјето.

Page 5: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

На местото каде порано Скопјани имале бавчи, а војската на кралството Југославија, аеродром, старата Авијатика, сега се наоѓа огромната населба Аеродром со повеќе жители од многу помали градови во Македонија.

Младиот Давор со графити ги украсува ѕидовите. Најчесто пишува НСК. тоа е симболична ознака за Ново Скопје, урбано, од бетон, челик и стакло. Скопје за 21-от век.

Во Ислахана (како што Турците го викале паркот), кафеаната Кермез е руина. Само покрај Вардар, кај "Жабарот" се собираа стари Скопјани да го слушаат Мефо со примчето, како со зарипнат глас пее песни од едно минато време. НСК овде не постои. Барем не за сега.

2. Идејна основа на ПОМОДНАТА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОДКУЛТУРА

Терминот помодна интелектуална подкултура, кој е овде употребен за да означи една од скопските младински подкултури, е преземен од трудот на Милена Драгичевиќ-Шешиќ. ПИП,

Page 6: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Драгичевиќ-Шешиќ ја сместува во алтернативните културни модели кои ги отсликуваат тежнеењата и желбите на современиот човек и во исто време укажуваат на неиздржаноста и недостатоците на доминантните (институционалните) културни модели.

Како што забележува Елијаде, во делот кога говори за помодните култури, “она што е посебно и ново е...интересирањето за поредокот и вредностите на физичкиот свет, величествената стварност која така добро е проучувана од науката и преобразена од технологијата”.

ПИП е помодна, а не помодарска. Ако низ дваесетиот век во мода биле марксизмот, егзистенцијализмот, национализмот на Балканот, денес тренд во западната култура (европска и англо-американска) е глобализацијата. Целата планета Земја станува атар на едно глобално село, благодарејќи на средствата за масовно комуницирање. Или, како што вели лауреатот на Струшките вечери на поезијата, Едоардо Сангвинети: “Важно е да се распространи една култура која ќе биде универзална. Грамши велеше - ако историјата има некаква програма, некаква задача, тогаш тоа е да се соедини човечкиот род. Кога глобализацијата се соочува со големи економски проблеми, како империја на капитализмот, тоа парадоксално предизвикува реакции на носталгија кон минатото. И сега се соочуваме со опасност - наместо светот да се собира и глобализира, и оваа идеја навистина да стане универзална вредност, а не само економски интерес на малкумина, ние се затвораме во ситни, локални нешта, бранејќи начини на размислување на јазик што веќе не соодветствува со стварноста”.

Трендовско станува тежнеењето кон што поголема културна соработка/размена. Културните разлики не се доживуваат како рововска линија, туку како можност.

“... Припадниците на овие подкултури, насекаде во светот се носители на формалната и неформалната меѓународна културна соработка”.

Припадниците на ПИП се заморени од Балканската заробеност во историјата, историскиот момент, бескрајните разговори и полемики за историското определување. Денес во мода е “првобитната сакралност на природата и животот ”.

“Еколошкиот простор... мислам дека би требало да се почитува највише у свет и треба да се зачува, зошто имаме толку убави работи”.

Идејната основа на ПИП се манифестира преку стилот. Хомолошката целина на стилот на ПИП бриколира. При нејзиното градење, оригинално е одбирањето како чин, а не се инсистира на оригиналност на елементите кои означуваат.

Во стилот на оваа подкултура се содржани фрагментарни одрази од неколку големи светски подкултурни стилови, кои понекогаш се сместуваат во категоријата “Мртви”-ДЕАД (Рок, Џез, Реге, Панк, Пост панк), влијанија од Белградската шминкерска сцена од осумдесетите (“...обавезно ќе бев шминкер да живеев у осумдести!” ), огромното влијание на современата електронска музика и имагинарната интернет (ИРЦ) заедница).

ПИП прави сублимат од сите правци, идеи, движења, трендови кои

Page 7: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

претходно се спомнати. Внатрешната структура на ПИП се одликува со крајна среденост “секој дел е органски поврзан со другите делови и токму преку нивниот склад, членот на подкултурата го осмислува светот ”. Оваа хомологија гради еден “автохтонизиран”, нов модерен, урбан, Скопски стил на “зезање”.

“...тоа е некоја фузија од нешта, ама не е тоа западен-незападен, балкански-небалкански, него така, нешто измеѓу. Се праи нешто, ...се ствара.”

Page 8: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

2.1. Манифестација на идејните основи на ПИП

2.1.1. Стилски изглед-имиџ

Идејната основа на ПИП, своја артикулација најексплицитно доживува преку стилскиот изглед т.е. имиџот на нејзините припадници. Гардеробата, украсните детали и фризурата на припадниците на ПИП говорат за напуштањето на старите естетски стандарди, нивно изменување и прилагодување кон новите потреби.

Во Скопје се појави нова “шминка”, која наметна нов начин на облекување. За разлика од шминкерите во осумдесетите кои за модерно го сметаа само ексклузивното и донекаде класично облекување, денес скапоцените материјали се потиснати до степен на игнорирање, статусниот стил на облекување (сако, пантолони, вратоврска и салонски чевли) ја доби етикетата “излитен”, а златото и скапоцените камења во најмала рака денес изгледаат смешно.

Новиот стил на облекување најголеми влијанија прима од “ТЕХНО” племето, скејтерската подкултура и западната мода за млади.

“Дал некој од скејтери, дали од тоа што го гледаме на телевизија, се од запад, секој се стреми кон тој начин на облекување... конкретно јас се стремам кон таков начин на облекување”.

“...сите носат отприлике исто, нешо по на фазон ТЕХНО, оно!”

Удобноста е прерогатив.

“...за да излезам у град... и да се облечам у одело, не е убаво зато што не ти е комотно, не комотно се осеќаш и не можеш да го правиш тоа што можеш да го правиш у фармерки.”

“... за облека носам ствари што мене ми се комотни и ОК се осеќам у нив.”

Ова овозможува стилот на облекување да е најразновиден. Најшироко прифатени и од момчињата и од девојките се “хардкор панталоните” со џебови на ногавиците во сите можни варијанти и дезени, со исклучок на маскирните заради отпорот кон војската и “мачизмот”:

“немам намера девет месеци од мојот живот да изгубам. Ја мислам дека тоа ќе биде убиство на физички и психички план кај мене!

“меѓу шминкериве сите се они благо исфеминизирани и со начинот на облекување...”

Се носат и широки сомотски панталони, но и обичните фармерки.

Page 9: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Што се однесува до “дуксерите”, маиците, кошулите и џемперите, забележливо е избегнувањето на дречливи бои и апликации на гардеробата кај машките. Девојчињата носат по живи бои, во нивната гардероба е присутна и црната боја која кај машките е реткост.

За припадник на ПИП носењето на делови од гардеробата “убутани” во фармерки (или било какви панталони) е грев.

“Со тренерки убутани унутра?! Никад, не! Имам фобија.”

“Дизелашка мода “тренерица у фармерка” тоа е лоша работа, и тоа не убаво изгледа. “

Драстична разлика меѓу гардеробата за дневни и вечерни излегувања не постои. Сепак, се забележува доза на поголема еротичност, посебно кај девојките. Тогаш се носат тесни маици со голи раменици и гола половина во комбинација со тесни панталони или здолниште со спуштена половина, што овозможува да се истакне папокот на кој понекогаш е закачена обетка во вид на алка или топче од сребро.

Најчесто, гардеробата е од памук или синтетика, поретко (само во зима) се носат волнени работи, а свилата е исклучена.

Најголем дел од припадниците на ПИП носат гардероба со ознаки на познатите светски модни куќи (ПХАРД, ОНЅЏ, МЕЏЏ, РЕПЛАЅ, ЉУИКСИЛВЕР, САЛОМОН, ЛЕВИ’С…) кои се специјализирани за потребите на младите генерации. Навидум неформалната гардероба, всушност е прилично скапа и говори за материјалната моќ на ПИП.

Фризурата зависи од индивидуалните желби. Може да се забележат фризури што многу личат на фризурата на Дејвид Боуви во неговиот најнов спот, фризура со “боцки” под влијание на панкот, ДРЕАД плетенки (расти) кои се поврзуваат со Регето и растафаријанизмот, “лефтерно” потстрижени со што на косата во основа и се препушта самата да се намести. Девојките имаат најразлични фризури од супер кратки, до средна должина. Косата ја зацврстуваат со гел и мали шноли во најразлични бои. Бојосувањето на косата кај машките е речиси сосема напуштено уште од 1998 година и денес се среќава инцидентно.

На нозете се носат патики или чевли од “превртена кожа” кои овозможуваат поудобно движење. Женските модели имаат поразновидни и понекогаш многу сложени варијанти (со ѓон на платформа, кломпи со платформа). Најотворено за поништувањето на границата меѓу машката и женската облека говори моделот на женски чевли што претставува копија на фудбалерските патики “копачки” (еден од симболите на мажественоста во овие краишта) со најнежна розова боја и мек ѓон.

Во накитот златото не е застапено. Се носат детали од природно потекло (кожа, камен, дрво) или пластика, како и нескапоцени метали и сребро.

Page 10: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Часовниците се битен детал и за нивно купување се даваат солидни средства. Се носат часовници со стрелки, со неколку опции за мерење на времето и најсовремени модели на дигитронски часовници.

“Имам пријатели кои полагаат на скапи саати. Веројатно и тоа е некаков статусен симбол. Саатот е како автомобил дури.”

Очилата за сонце се широко застапени. Футуристичкиот дизајн и разнобојноста на стаклата (розеви, сини, жолти) се многу битен детал во градењето на имиџот.

Стилскиот изглед содржи во себе различни елементи. Исчитувањето на значењата содржани во нив ја овозможува идентификацијата на припадниците на ПИП и нивниот однос кон другите групи и поединци.

“Тетовирањето, шминкањето и фризурата се кодирани ознаки во примитивните општества кои продолжуваат да живеат во нашите моди”. Во основа, функцијата на овие ознаки е се уште истата: Привлекување и препознавање на припадниците на истата група и одбивање на останатите. Како еден од најважните критериуми се наметнува естетскиот. Естетските пораки “ги изразуваат нашите желби создавајќи еден имагинарен свет и општество -архаично или футуристичко- компензација за реалниот свет и општество”.

Во размената на кодирани пораки на ПИП со другите групи и поединци и одсуството на некои елементи говори многу при читањето на пораките, на пример не прифаќањето на “маскирната” - војничка варијанта на хардкор панталоните, говори за мирољубивоста (ПЕАЦЕ) и ненасилството.

Со приближното изедначување на машката и женската облека се “соопштува” надминувањето на меѓуполовата дискриминација и патријархалното семејство.

Истакнувањето на телото-еротичноста, не е израз на проста сексуална желба. Сексуалноста постои, но таа има и религиозно значење кое го уочува Мирча Елијаде, кој говорејќи за обредните оргии кои имале за цел “краткотрајно враќање кон слободата и блаженството на митските предци” , уочува дека сличности има и во културата на младите.

“Овде се работи за незадоволството од постоечките институции-религиозни, етички, општествени, политички... Навистина, во културата на младите може да се забележи повторно откривање на “космичката религија” и светоста на човековото постоење; поединости кои укажуваат на тоа се, на пример, поврзаност со природата, обредна разголеност, незакочена сексуална природност, тежнеење исклучиво да се живее во сегашноста и.т.н...

Page 11: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Сето тоа е поврзано со исто тежнеење: да се излезе од светот на значења на татковците и дедовците и повторно да се стекне смислата и блаженството на “почетоците” и со тоа надеж за повторно откривање на нов и “творечки” начин на постоење во светот.”

Од претходно споменатите искази на припадниците на ПИП, дека битно е човек “фино да изгледа” , “зашо да не изгледаш најбоље што може” и “зезањето ми е мене прво и основно” , однесувањето на припадниците на ПИП може да се доведе во врска со пораките на модниот тренд кој се прати. Ако се земе предвид дека тие пораки се оттргнати од една друга реалност означена како “западна”, се поставува прашањето “колку, припадникот на ПИП, ја пренесува стварноста на модата (онаа во која таа настанала) во сопствената, а колку ја модификува својата стварност за да личи на онаа на модата”.

“Во своето објаснување на комуникацијата на модата со стварниот свет, Барт говори за најзината способност за создавање на утописка реалност, во која модата својот апстрактен смисол го претвара во логика, логички и “природно” ја врзува одредена облека за одредена ситуација, истовремено измислена и вистинита”.

Оваа поврзаност на модата со одредена стварност го тера припадникот на ПИП да пронаоѓа и создава сегменти во реалниот живот кои одговараат на “утописката” реалност на модата. За таа цел се прифаќаат веќе постоечки институции како кафетерии, ноќни клубови и дискотеки; се преиначува функцијата на некои места. “Стварноста се натопува со реториката на модата, со измислен смисол кој се прикажува како природен и логичен”.

“Модата значи (за ПИП), не е само облека, туку и обврска за преиначување на стварноста”.

Page 12: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

2.1.2. Музика (ПИП)

“Под музика на одредена подкултурна (стилска) група, овде подразбираме збир од инструментални или вокално-инструментални композиции, кои, според некои свои карактеристики, можат да се заведат под одреден музички жанр”.

Во основната насоченост на ПИП кон забава (зезање) на прво место се наметнува електронската “денс” музика.

“Слушам денс музика, зашто мислам дека сум на таа бранова должина, али не само денс музика, односно слушам све што ми се допаѓа...”

За разлика од клаберите во Скопје кои своето доживување на музиката го артикулираа вербално (во клубот А ЉУАДРО речиси никој не играше), припадниците на ПИП до максимум ја доживуваат музиката. Атмосферата во моментално најмодерното собиралиште “Флок” (Балет) е многу повесела, се игра со кренати раце и со повремени екстатички извици кога музиката ја доживува својата кулминација.

Меѓутоа слушањето на само еден музички правец во ПИП се доживува ограничувачки.

Page 13: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

“Ограничува тотално!”

“Па, мислам дека не можеш да се нафураш да слушаш само една работа. После недела дена ќе ти се здосади, ќе се потроши.”

Музиката има за цел да ја дополни “утописката” стварност. Тука е за таа цел погоре споменатата електронска музика и нејзиниот свет на “мир, љубов, заедништво и почитување” (ПЛУР); регето со неговиот најеминентен претставник Боб Марли и заборавот што го носи “ганџата” (марихуаната); Дејвид Боуви во сите свои инкарнации - од глем рокот до најсуптилниот

халуциноген поп; поп божицата Мадона во нејзиниот свет исполнет со убавина и еротика.

Припадниците на ПИП се сосема свесни за влијанието на музиката во градењето на нивните ставови.

“…мислам да доста влијае музика. Музиката и ги мења луѓето и ствара начин на размишљање и влијаела доста на мојот живот. Сите сме ние можда и производ на музиката која што ја слушаме.”

“...некои јаки музичари као Боуви, што имаат добри текстови, ти автоматски као да читаш поезија... мора да те смени чим читаш поезија.”

За ПИП е карактеристично што не постои тврдо “врзување” за одреден стил. ПИП стилот не е последица од прифаќањето на некоја “јасно втемелена стилска идеологија... од западните културни ситеми”. Неговата оригиналност е во одбирањето на елементите кои “помагаат” во изразувањето на стилот заедно со другите “симболички средства на стилот”. Всушност, музиката гради хомолошка целост со останатите одредници на стилот (имиџот), во која крајните значења се исти и заедно ја градат порано спомнатата “утописка” реалност.

Page 14: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

2.1.3. Стимуланси (ПИП)

Најприфатени стумулативни средства од ПИП, (ако се исклучат цигарите кои во Скопје и немаат статус на стимуланс) се алкохолот и марихуаната. Овие две дроги се најприсутни и во сите други облици на општествено живеење.

Употребата на другите “тврди дроги” е ретка или воопшто ја нема.

“Се тоа што е малку потврдо не го почитувам.”

Од таа причина, ќе бидат претставени само алкохолот и марихуаната.

1. Алкохолот е најраспространета легална дрога. Распространето е мислењето дека алкохолот е “тврда” дрога заради фактот дека создава зависност, можно е предозирање (а труење од алкохол, “о-де” – ОВЕРДОСЕ) и на крај може да има смртни последици. Сепак, општо е прифатен насекаде.

Пиењето алкохол е поврзано со дружењето, никој не пие сам дома. Се пие од забава или од навика.

Најзастапени пијалоци се: пиво, водка, бренди (коњак), џин, текила и вино. Се пијат чисти - без додатоци или сечени - со додаток сок за да бидат по питки.

Од коктелите најзастапен е Б-52 (Бе-52), направен од ликер од кафе, “Бејлис” и Шток Се служи во мала чаша (како и текилата), СХУТ (Шат) и се пие “на екс”.

Претераното пиење алкохол не се почитува во ПИП, посебно правењето проблеми и агресивноста предизвикана од алкохол.

“Мислам, ако си насилен, немој да пиеш! Тоа е идејата... да научиш да се контролираш малце, ако знаеш да се контролираш и ако знаеш достоинствено да си идеш дома прај шо сакаш!”

2. Марихуана, латинско име (ЦАНАБИС САТИВА). Најшироко прифатена, илегална “лесна” дрога. Расте како диво растение или на плантажи во топли краеви. Во Македонија најчесто е со потекло од Албанија, а поретко од југоисточните краишта на Македонија (Струмица и Гевгелија). Има случаи кога за лични потреби се одгледува и во Скопје, во стан или на балкон.

Дејството на марихуаната се манифестира со еуфоричност, опаѓање на концентрација, губење на чувство за простор и време. Под дејство на марихуана се доживува прилив на мисли, идеи, сеќавања, што предизвикува восхитеност. Перцептивните способности се фокусираат на одредени елементи како музика, на пример. Се јавува зголемен апетит и потреба од слатки. Дејството започнува за 5-10 минути и трае 2 до 4 часа.

Page 15: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Под дејство на поголема доза можно е искривување на сликите, дезориентација. Можни се и “бед трипови” (БАД ТРИП англиски - лошо патување), а исто можно е и влошување на општата состојба манифестирано со болки во главата, ладна пот, гадење и блага несвестица, (БЛАЦК - црно).

Постојат голем број термини поврзани со марихуаната и нејзиното користење. Најпознати имиња за оваа дрога, во Скопје, се: трава, грас, трева и ганџа. Последното име е превземено од Регето и Растафаријанизмот.

Се купува на “шибица” (доза во вредност од 10 ДМ), при употреба се “праи манџа” (се меша) со тутун и се витка (се рола) во “џоинт” т.е. цигара. Големината на џоинтот се означува со бројка во зависност од бројот на употребени ливчиња за виткање. Така “кец” е од едно ливче, “двојка” од две итн.

Се “дува” или “пафка” (пуши) во круг, во кој џоинтот преминува од човек на човек. Да се “даде шат” значи еден од тие што дуваат го става џоинтот во уста наопаку (со жарот внатре) и издувува директно во уста на другите. Поретко се дува од луле или наргиле.

Под дејство на марихуана не се создаваат агресивни чувства, па затоа и не постојат соодветни термини.

Во светот се уште е дискутабилно дали марихуаната создава зависност, меѓутоа се напушта мислењето дека е вовед кон потешки дроги. Во Македонија е присутна од крајот на шеесетите години, а се поголема масовност користењето марихуана доживува од почетокот на деведесеттите години.

Page 16: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

2.1.4. Места и време за дружење (ПИП)

Скопската “шема” на излегување и дружење не се ограничува само на вечерни излегувања. Постојат голем број институции: кафе-барови, “кафичи”, кафетерии кои им нудат на младите Скопјани можност за забава, дружење и трошење на времето уште на пладне.

Во таа смисла припадниците на ПИП се “шемаџии” ПАР ЕЏЕЛЛЕНЦЕ. Во времето кога е пишуван овој труд најважни пунктови за собирање на ПИП беа “СТОБИ”, “БАС” и “АПОЛОН”. Главната дневна шема се одвиваше на линијата ГТЦ - Капиштец. Иако за СТОБИ можеше да се рече дека “е еден од кафулињата во кој се измешани секаков вид на луѓе, баш секакви” . “АПОЛОН” веќе е издиференциран како прибежиште во кое може да се тргнат настрана од “другите”.

Page 17: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Пладнето т.е. денското излегување ПИП го минуваат со кафе и сок (многу ретко пиво), во удобни столици гледајќи го светот низ разнобојни очила за сонце. Тоа е време за “лесни муабети”, ситен флерт и воопшто релаксирање (понекогаш придружено со малку “трава”).

Овој дел од денот вообичаено конотиран со зафатеност, извршување на работните задачи, брзање, значи, со “реториката на работењето” , претворен е со посредство на ПИП во свеченост, време за покажување, безгрижно пиење кафе значи време за “не-работење”. На тој начин ПИП кодот произведува колизија со она што општеството го означило како “време за работа” (исполнување на работните/училишни обврски). Изигрувајќи ја сопствената, ја воведува стварноста на модата, исполнувајќи ја на тој начин обврската да ја прилагоди својата стварност на онаа “утописката” на модата.

Иако ПИП има “свое место под сонцето”, сепак ноќта е вистинското време во кое живее.

Алфа и Омега за вечерното излегување на припадниците на ПИП е “Флок”. Додека ја пишував оваа дипломска работа, Флок ја смени својата локација. Во прво време беше до поранешната стоковна куќа “Скопјанка” (БЕКО), каде работеше илегално без дозвола за работа, а по "погромот" кој во скопските кафулиња и кафеани го спроведоа даночните служби (еден од најмрачните периоди за скопските угостители, а и нивните гости), се пресели во поранешниот Баллет, во близина на Соборната црква.

Припадниците на ПИП се “оние правите” во “Флок”. Дури и вработените се регрутираат од ПИП.

Во “Флок” се флертува, се заведува, се пие во големи количини. Танцувањето е слабо формализирано, меѓутоа забележливо е негово ритуализирање на моменти, кога речиси сите присутни играат со кренати раце извикувајќи екстатички понесени од музиката. Слободното движење на телото, без ограничувања и со јак еротски набој ја донесуваат привлечноста на индивидуалноста. Во моментите кога “се дешава журка” не е реткост да се игра на шанкот, телото станува едно со музиката. Сексуалноста ослободена од сите кочници станува опиплива и вистинска. Не постојат никакви стеги од “надворешниот свет”.

“...нема везе, можеш и да одвалиш и да се зезаш и да се трескаш од земја и да не си му на никого чуден.”

Таква опуштеност припадниците на ПИП не доживуваат во други локали.

“...пред некој ден бев у “ЗМИЈА” и сеа нешто као се зезаме... и онда имаш луѓе што те гледаат и знаш, не им е јасно, они се у некоја ПРО ФОРМА, седат... а не ни “џускаат” што е најтрагично него седат у кафана, знаеш!”

“Техно журките” се доста посетени од ПИП. Меѓутоа, забележливо е дека се селектира на која журка ќе се отиде. Најинтересни се журките на кои музика пуштаат познати странски ди-џеи, додека локалните ди-џеи ја немаат (во таа мерка) атрактивноста која би предизвикала одење на

Page 18: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

журката. Дури како причина за одење на журка се јавува и енормната гужва која се јавува во кафичите за време на викендите.

“...петок и субота е више онаков ден кога искача и сакато и ќоро и што све не. Сите искачаат у петок и субота и нема, сегде е енормна гужва и ако нема журка, таков фазон, боље да не искачаш, седи си дома...”

За разлика од денот кога институциите на системот функционираат со полна пареа, преку ноќ нивниот метаболизам се успорува до ниво на хибернирање. Доминантната култура се повлекува во безбедноста на спалните соби, собирајќи сили за утрото, кога со првите утрински вести повторно ќе го објави своето владеење.

По дваесет и два часот се она што преку ден е зауздано и забрането станува дозволено. Во тој период не постои друго време освен сегашното. Нема забрана која не може да биде прекршена. Не постои факултетот или работата. Атмосферата која владее во локалите, музиката која ги бомбардира сетилата, однесувањето на присутните, во најмала рака предизвикува главоболка или шокираност кај сите чиј живот се одвива под закрила на денот.

2.2. Систем на вредности и однос кон современиот живот

Page 19: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Според Рокич (Рокеацх): Вредностите се релативно трајни убедувања дека некој специфичен модалитет на однесувања или конечна состојба на егзистенција се лично или социјално попосакувани отколку некои спротивни.

Самата дефиниција ги одредува вредностите како релативна појава. Релативно е нивното траење и е во зависност од интеракцијата на човекот или заедницата со околината (еколошка, економска, културна).

Вредностите се производ на искуството (лично и социјално) и само од него зависат. Наметнатите вредности се нестабилни и постојано подложени на критика и отпор. Подкултурата е жива благодарение на тој отпор. Во современите подкултури е напуштен концептот на “радикална промена на општествените односи” – револуцијата, воведен е нов во кој улогата на подкултурата е да служи како катализатор, кој би требало да ги помрдне работите од место (спротивно на концептот на доминантната култура која се стреми да ги задржи такви какви што се засекогаш), да ја отвори вратата на еволуцијата.

Во продолжение ги изнесувам вредностите на испитаниците од ПИП т.е. нивните ставови за одредни искуства.

Религијата за припадниците на ПИП е во доменот на “наметнати вредности”.

“Не можеш ништо да процениш ако немаш два или три факти за да моеш да ограничиш нешто, почиње и завршуе, немаме доказ дали има нешто или нема, ми се свиѓаат тие идеи, да речеме, не знам, за реинкарнација, будизам, како ги наоѓаат ламите, тоа се интересни работи, ама сепак е тоа само религија, а у основа мене религија не ми буди нешто големи чувства, дефинитивно! Зато што, знаеш, земи пример Библија, неверојатна книга као дело. И сеа не може, тоа се нели тие апостоли Јован, Мован и тако даље, сеа они напраиле приказна, не можам да поверувам дека таа приказна е животот у ствари на Исус и дека Господ така напраил или не напраил. Знаеш сме се нашле се десило тоа тука... Ние сме сосема мала снегулка у една огромна лавина шо... нема везе, врска неаме шо е и како е!”

“Зборат свашта, али што знам?! Не ми се веруе!”

Смртта, најголем дел од испитаниците ја доживуваат како конечна.

“Смртта е дел од нашиот живот. Начин на кој завршува нашиот живот.”

“Можда енергија се пренесуе се праи се пусти, али, мислам коа умираш - умираш и крај! Твојот циклус е завршен. Нема више натака ништо. Сигурно тоа на сите ќе ни се деси еден ден и тоа е тоа.”

“Не сакам да умрам, ама знаеш дека ќе дојде, дека тоа мора да се деси. Ко шо си се родил, мора и да умреш, не можеш вечно да живееш. Тоа е факт! Секој треба да го прифати.”

Староста не предизвикува страв. Дури кај поединци предизвикува почит.

Page 20: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

“...све си доаѓа со време, све си има свои лепоти у животот, кога си бил дете ти било многу убаво, кога си бил млад, кога си бил малку постар, да имаш деца, сето тоа е еден процес кој што треба да се почитува и не треба да се плашиме од стареење.”

“...стареење е предност, да остариш е предност. Јес да не си пријатен за околината.”

Во оваа насока, идејата за “вечна младост” и самоубиството како чин, не наоѓаат потпора кај припадниците на ПИП. Животот е убав, животот е на цена.

“Знам и дека никој не брза да умре, секој сака да проживее појше. Тие што се самоубиваат, тоа е некое нивно индивидуално размислување, не знам како се осеќале во моментот. Тоа е индивидуално, ја лично не би се убил. Мислам дека не е тоа бунт, мислам дека тоа е страв.”

“...некогаш сметаш дека тоа (самоубиството) е најкукавички. Тоа е момент кај човек. Свесно размислувам дека тоа никогаш не би го направил, ама никогаш не се знае, може нешто ќе ти откачи у глава и дека стварно ќе го направам, али би сакал да не го направам зашто сметам дека е неубав начин да се заврши животот.”

“То само ако ти се деси (вечна младост). Пошто еве на Џемс Дин му се десило. На некои им се десило али на мене немора!”

Во ПИП, сексот, заедно со љубовта, претставува врвна форма на комуникација.

“Љубов е единствен, односно секс е единствен начин да се соединат двајца, па и тројца, четворица. Понекогаш би го разграничил од љубовта, понекогаш би го споил единствено со љубовта. Сексот не може без љубов и љубовта без секс... јес да некад е единствено задоволсттво.”

“...водење љубов, тоа е целина!”

Стегите наметнати од пошироката заедница (во однос на сексот), попуштаат.

“Нема промискуитетно или непроимскуитетно однесуење. Све е више отидено у три лепе... Кој кого сака, што со кого сака. Ваљда е ОК, ја не знам.”

Хомосексуалноста е прифатена како избор во зависност од сексуалните афинитети.

“…за хомосексуалците, види они си се сакаат меѓу себе. Е, сеа кај е насочена таа љубов... супер, може за нас остануваат поише девојки. Они важно се сакаат, никого не повредуваат они со тоа... Посебно не ми смета ако се некои убави хомосексуалци машки или женски. Сеа некои ако се гадни ми смета, некои со бркови, знаеш, никакви.”

“Право да ти кажам за хомосексуалците, во животов ја имам две правила. ОК се, другари сум имал и имам и све е ОК, идејата е не со мене и не пред мене, иначе даље они си праат шо си праат. Мислам ОК, нив им се свиѓа тоа, нека праат, мене не ми се свиѓа.”

Page 21: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Кога се говори за квалитетите на современиот живот, забележлива е високата свест и за напредокот кој го доживува средината во која живеат, но и за недостатоците кои стануваат се повидливи и по драстични.

Не може да се каже дека е нешто многу сувремен, али, добро, у секој случај има позитивни страни што еве народот више сваќа шо и како е работата, како иде, како треба да се движиме, у кој тек да идеме со некои глобални случувања у свет, а негативна ствар е што мислам дека критериумот на луѓето падна у вода. Нема више критериум никој, и млада и постара генерација.”

“Позитивната страна на современиот живот е информираноста. Се што се однесува до технолошкиот напредок е позитивна страна, музика, компјутери, интернет има комуникација. Негативна страна е тоа што луѓето се повеќе не знаат кои се, не знаат што се, што би сакале да бидат, луѓето се отуѓени... луѓето се вртат сами кон себе, се преиспитуваат и се осамени, значи осаменоста заради... заради што се луѓето осамени?”

“Позитивна страна е тоа што има многу нови работи шо може да се видат, можеш нови филмови да видиш, нови аута, нови ствари. Али се глеа и другата страна као... Негативно е нула социјала, распад на брак, дроги, криминал.”

Бракот е прифатен од сите. Во бракот и семејството се полагаат големи надежи за иднината. Во потполност се прифаќа улогата и значењето на бракот за општеството.

“Бракот го сметам како една институција од општеството, која што е најважна, односно ако брак не постои не постои ни општество. Околу прашањето формален и неформален брак... претпочитам формален брак. Мислам дека кога е како институција остварен дека е многу постабилен.”

“Мислам дека бракот баш успева онака, не знам баш за у последно време, али вака гледано само така треба да се размишља дека може да успее. Пошто тоа е основа за семејството, само така у ствари ќе продужи општеството. Да оставиш потомци, знаеш?! За правилно изградување на нивните карактери и личности.”

“Нормална работа човек да размишља за некоја иднина да створи деца и тие деца да ги школува, да ги прати на прав пут и да го заврши тој циклус на живеење. Тоа е тоа!”

На парите се гледа како на средство за задоволување на потребите и задоволствата. Во ПИП се почитувани како средство, но не се преценува нивното значење.

“Па (парите) не се цел, него средство за опстанок. Во општеството без пари не може да се живее, тоа е нормална работа и не се нешо многу потребни, али требаат.”

“(Парите се) средство дефинитивно, али мораш да имаш пари за да се зезаш и да си поминуеш, така да мораш нешто да измишљаш и да праиш за да се зезаш.”

“Веруем у пари. Сакам пари!”

Page 22: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Во однос на институциите на системот, припадниците на ПИП, се оптимисти... што значи дека во овој момент не се задоволни од нивното функционирање.

...има институции кои функционираат. А повеќето не функционираат, затоа државата не ни иде добро... тие би требале да ни го олеснуваат животот, државата треба да ни служи, кога би било се како што треба, ама не се случува тоа, не ни служи, напротив, не искористува, не злоупотребува!”

“Во ова време со оваква (владеачка) гарнитура као што ја имаме, ја мислам дека е многу тешко, општо познато е дека ако си имал нешто со прошлата влада, со оваа не можеш да имаш и нема никад да имаш, али да се надеваме дека ќе биде добро.”

“Гледам оптимистичка перспектива во рамките на системот. Може само треба да се верува, малку повеќе среќа и работа.”

За припадниците на ПИП, сосема е јасно дека многу работи не чинат во Македонија како животна средина.

...во секој поглед све те затвара и у круг се вртиш и амбициите се топат и доаѓа до едно убиство на психички план кај било кој човек. И единствениот начин, е да се иселиш, дал на кратко време, дал за секогаш. Така да надвор ќе пробам да отидам, али би сакал да се вратам. И дека сите би требало да се вратиме и сето тоа што сме го собрале таму, да го претставиме овде и да и помогнеме на државичкава Македонија.”

Но, сепак сентименталната врска што ја имаат со Скопје не дозволува иселување за секогаш.

“Коа не си у Македонија, у Скопје некое време те нема, коа ќе се зажелиш за Скопје, јес да е никакво, јес да си отишол у Англија да проживееш малку, нема везе се враќаш у Скопје и леле супер ми е у Скопје. Тоа е: ебено Скопје те сакаме!”

Page 23: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

3. Луцерна еџтинцта

Луцерна еџтинцта (лат. изгасната светилка) е појава која ја опишува Мирча Елијаде кога ги лоцира врските меѓу “помодните” современи култури со процеси кои се одвивале во Европа во далечното минато. Се однесува на “ересите” кои се појавувале во периоди на големи морални, политички и економски кризи во општеството, чие практикување на сексуални оргии било реакција на таквите состојби.

Целта била (е) преку овие оргии да се “врати” заедницата во периодот пред “прогонот”, во “златната епоха” на античките Грци, во “периодот кога митските предци живееле без забраните и разочарувањата кои ги кочат сите луѓе што живеат заедно во организираните општества”.

Page 24: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Еден од примерите што ги наведува Елијаде, се Катарите. За нив се зборувало дека се собираат ноќе и по слушањето на мисата и примањето безбожни сакраменти, се веселеле и пиеле и на крајот го гаселе светлото (започнувале со оргијата).

Во овие рамки сексот не бил третиран само како просто задоволство, туку добива и симболичка вредност, добива религиозен и обреден карактер.

Можно е паралела на катарскиот обред со случувањата во ноќниот живот на младите Скопјани. Се собираат ноќе, во ноќни клубови во кои ди-џејот е задолжен, пуштајќи музика, да ги доведе гостите во состојба поинаква од онаа во која се наоѓаат во “надворешниот свет”. Задолжение многу слично со она на свештеното лице кое ја одржува мисата. Следен чекор е земањето дрога (најчесто марихуана), “лажниот сакрамент” кој се повеќе ја заменува причесната што се зема во црквите. Ако со црковната причесна се остварува контакт и блискост со бога, со, “лажниот сакрамент” се остварува контакт и блискост со самиот себе и припадниците на групата.

Музиката почнува “да вози”, танцот станува катарзичен, девојки играат на шанкот, истакнувајќи ја сета еротичност на нивните тела. На моменти, кога музиката го доживува својот максимум, сите раце се кренати во воздух, од десетици грла се слуша екстатичен извик.

Амбиентот што владее, ги понесува дури и оние кои случајно се нашле таму, енергијата што се ослободува не дозволува некој да остане рамнодушен.

Во тој момент не важат законите на секојдневниот живот, се рушат табуата, се заборава на сите фрустрации и кочници. Сексуалноста не познава пречки. Не е битна високата цена на бензинот, не е потребна партиска книшка, не е потребен златен ланец околу вратот, не се дозволени расправи(и) за историјата, ниту за кризата на националниот идентитет кај владетелите.

Групата живее во “блаженството на човековото постоење кое во јудејско-христијанска смисла одговара на рајската состојба пред Падот”.

Page 25: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

4. За социјалната димензија на стилот

Современата теорија на подкултурите свое извориште има кај промарксистичките теоретичари на современата западна култура. Овој пристап подразбира раслоеност на општеството на класи и антагонизми меѓу нив.

Идеологијата на владејачката класа во секојдневниот живот не се манифестира “како засебен состав на политички мисли и предрасуди”, туку на посуптилен начин, преку употребата на симболи/знаци кои тежнеат да ја прикажат како “природна” и единствено исправна.

На истото ниво (симболичко) е и реакцијата на подкултурите. “Нивната револуционерност е симболичка, таа е борба на знаците”.

Најбројни (и најочигледни) носители на овој “семантички бунт” се младите. Овој факт има посебно значење при формирањето на идејата за младината како “посебна класа”, подредена на “класата на возрасните”, меѓутоа “безкласна” во својата внатрешна структура.

Вториот дел од оваа мисла (внатрешната бескласност на младите), иако применлив за културата на младите од шеесеттите (комуните, хипи движењето), не доживува афирмација во праксата на скопските улици и “кафичи”, на крајот на вториот милениум. Младите во Скопје се “наоружани” со статусни симболи чија порака може да ја прочита секој (мобилен телефон, скап автомобил, ексклузивен часовник...). Класната “уравниловка” на социјализмот е напуштена и за се поголемото статусно ралсојување да биде дадено на увид, не се потребни статистички параметри за материјалната моќ, во употреба се инсигнии на модерното општество.

Што се однесува до културниот статус, може да се забележи поголема изедначеност.

“...културолошките проучувања на феномените чии носители се младите, во поголемиот дел ги третираат како дел, или барем како директно поврзани со склопот на творечко-конзументски, масмедијални продукти...”

Page 26: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Во жижата на интересирањето во овој момент се поп, електронската музика, ИРЦ, театарските хит-претстави, ИНТЕРНЕТ-илузијата дека цел свет е на дланка.

Меѓутоа и овде се надвиснува мрачниот дух на социјалната нееднаквост. Наједноставно ова тврдење може да објасни преку примерот на припадниците на ПИП и младите кои летно време се собираат на плоштадот Македонија на популарното “кругче”, како луѓе со ист или сличен културен афинитет.

ПИП оди на концерт на ОРБИТАЛ (светска денс атракција) во Солун, а “децата” од “кругче” ги слушаат истите ОРБИТАЛ на журките (обични, со локални ди-џеи) во скопските дискотеки. ПИП станува зависник од ИНТЕРНЕТ и ИРЦ преку домашниот компјутер во удобноста на својата соба, додека “децата” ги полнат интернет клубовите каде за релативно ниска цена може да се препушти на магијата на глобалната мрежа. ПИП, носи СТРЕЕТЊЕАР (мода за секој ден, за улица) со ознака на ПХАРД, ОНЅЏ, МЕЏЏ, ДКО, ЉУИЦКСИЛВЕР чии атрибути се квалитет и удобност, децата исто носат СТРЕЕТЊЕАР дури и означени со истите марки (барем од надвор), но, со сомнително потекло (најчесто Турција и Далечниот Исток), со атрибут евтино.

Ако се има предвид оваа состојба, би можело да се прифати ставот дека поимот “младинска култура”, подразбира релативна изедначеност на културниот статус на младите, додека социјалната нееднаквост има второстепено значење. Ова културно изедначување е овозможено со превземањето на културни модели од друг социјален слој/класа. Привидното, потрошувачко (во онаа смисла кога освен предмети има потрошувачка и на културни “добра” пласирани за јавна употреба) изедначување со повисоките слоеви, “резултира со создавање на специфични стилови на живеење”. Врз основа на тие стилови “се развива култура која е специфично младинска, но не и специфично работничка” т.е. класна.

“Младинската култура е, значи, онолку “бескласна” колку што востановува можност среднокласната младина “да се однесува” како работничка и обратно.”

Page 27: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Заклучок

Оваа дипломска работа има двојна улога.

Експлицитно, претставува етнолошки запис за една од современите скопски подкултури. ПИП ја проучував како една од повлијателните заедници во скопскиот урбан живот. Составена од режисери, ди-џеи, музичари и маса студенти од поелитните факултети (медицина, право, архитектура, филозофија, историја на уметност...) сосема се вклопува во светскиот тренд - глобализацијата, идејниот фундамент на ПИП е токму тој што поголема отвореност кон културните влијанија од странство, но и желба да се презентира своето културно богатство надвор. Во таа смисла, ПИП е еден од главните носители на неформалната меѓународна културна соработка, и показател на замореноста од балканската опседнатост со историјата и "меѓуплеменските" омрази.

Идејната основа на ПИП се манифестира преку стилот. Стилскиот изглед - имиџот, е еден од елементите кои "означуваат". Преку имиџот се соопштуваат пораки како што е премостување на традиционалната машко - женска поделба (напуштање на патријархалните односи), ненасилност, насоченост кон забава, означување на статус и така натаму. Имиџот е едно од "оружјата" на подкултурата. Тој е трнот што не им дава мир на носителите на "етаблираната" култура, соопштувајќи дека некој поинаку размислува.

"Музиката на ПИП" обединува повеќе правци. Оригиналноста на ПИП не е во создавањето на посебен музички израз туку во одбирањето на веќе "означени" елементи кои заедно со имиџот

Page 28: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

градат хомолошка целина. Електронската музика, ПОП и џез музиката се најдоминантни, но без занемарување на регето, панкот, пост-панкот и донекаде рок музиката.

Во концептот на ПИП се вклопуваат и некои стимуланси. Најзастапени се алкохолот (во речиси сите форми) и марихуаната. Насоченоста кон "зезање" сосема го оправдува уживањето на овие стимуланси барем што се однесува до припадниците на ПИП.

Во делот насловен како ЛУЦЕРНА ЕЏТИНЦТА, се говори за незадоволството од културната, морална и економска ситуација во која се наоѓа нашето општество во овој миг и желбата групата да се врати во некое митско време, време на непостоење на табуата и стегите на современите организирани човекови заедници. За оваа појава пишува М. Елијаде и од неговото дело е преземено заглавието ЛУЦЕРНА ЕЏТИНЦТА.

Последната точка од оваа дипломска работа е посветена на социјалната димензија на стиловите. Претставува обид да се одговори на прашањето колку подкултурата е способна да ги премости разликите во социјалниот статус на младите, во име на истите или слични културни афинитети.

На крај, за имплицитното ниво на оваа дипломска работа. Во манир на подкултурите, целта е да се предизвика поголемо интересирање кај етнолозите кон сегашноста. Големите урбани центри како Скопје, претставуваат тукушто откриена Америка чија што култура (култури), треба да се проучуваат со цел да се пронајде континуитетот и развојниот пат на културата (воопшто) на македонскиот народ.

Page 29: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

СУММАРЅ

Тхис Б.А. тхесис хас тхе доубле роле. Еџплицитлѕ, ит ис ан етхнологицал репресентатион оф тхе модерн субцултурес ин Скопје. И студиед ПИП ас оне оф тхе мост инфлуентиал цоммунитиес ин тхе Скопје урбан лифе. Цомприсед оф дирецторс, ДЈс, мусицианс анд манѕ студентс фром тхе елите фацултиес, ит ис ин хармонѕ њитх тхе глобал тренд – глобализатион. ПИП ис оне оф тхе мајор плаѕерс ин тхе информал интернатионал цултурал цооператион анд цлеарлѕ схоњс тхе тиреднесс фром тхе обсессион њитх хисторѕ анд “трибал” хатред он тхе Балканс.

Тхе басиц идеа оф ПИП ис манифестед тхроугх стѕле, тхат ис имаге, њхицх цонвеѕс мессагес, лике абандонинг тхе патриарцхал релатионс, нон-виоленце, етц.

Тхе “Мусиц оф ПИП” ис а миџтуре оф вариоус стѕлес анд итс оригиналитѕ ис нот ин тхе цреатион оф сепарате мусицал еџпрессион, бут ин цхоосинг цертаин елементс, тхат тогетхер њитх тхе имаге макес а њхоле.

Тхе ласт поинт оф тхис тхесис ис а абоут тхе социал дименсион оф стѕлес. Ит ис ан аттемпт то гиве ан ансњер то тхе љуестион њхетхер субцултуре цан бридге тхе дифференцес ин тхе социал статус оф ѕоунг пеопле.

Ноњ, сометхинг абоут тхе имплицит левел оф тхис Б.А. Тхе аим ис то провоке тхе етхнологистс то схоњ греатер интерест ин тхе пресент. Тхе биг урбан центерс лике Скопје аре а нењлѕ дисцоверед Америца, њхосе цултуре схоулд бе студиед ин ордер то дисцовер тхе њаѕ цултуре хас девелопед ин Мацедониа.

Page 30: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

БИБЛИОГРАФИЈА

GUIRAUD Pierre, Семиологија, Београд, Просвета 1983.

ХЕБДИДЖ Дик, Поткултура, Значенје стила, Београд, Рад 1980.

ПРИЦА Инес, Омладинска поткултура у Београду, Београд, Етнографски институт САНУ, 1991.

ЕЛИЈАДЕ Мирча, Окултизам, магија и помодне културе, Загреб ГЗХ 1983.

ИЛИЧ Милош, Сосиологија културе, Београд, Научна кнјига, 1978.

РИХТМАН-АУГУШТИН Дунја, Етнологија наше свакодневице, Загреб, Школска кнјига, 1988.

КАЛЕ Едуард, Увод у знаност о култури, Школска кнјига 1988.

КЛОСКОВСКА Антонјина, Масовна култура, Београд, Матица српска, 1981.

ПОТКУЛТУРЕ 1/2 1 1985 Београд

2 1986

ЛЕСЛИ Вајт, Наука о култури, Београд, Култура, 1970.

ШАПИРО Сузан, Алкохолот и другите дроги, Скопје, Институт отворено општество, 1997.

Page 31: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

БАРТХЕС Роланд, Кнјижевност, митологија, семиологија.

Млади Осамдесетих, Нови Сад, Центар КСКВ за политичке студије и марксистичко овразованје 1988.

ГИЛЕВСКИ Паскал, Богови и херои, Скопје, Детска радост, 1978.

њњњ.маријуана.цом

РЕЧНИК

гоаџии - припадници на една од гранките на електронската музичка сцена

дарк (анг. ДАРК - темно, темница) - музички стил кој се надоврзува на Панкот

даркери - види дарк

денс музика (анг. ДАНЦЕ - танц, игра) - музика за играње, во ова време електронска музика

Page 32: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

ди-џеј (анг. Д.Ј., ДИСК ЈОЦКЕЅ) - диск џокеј, човек кој пушта музика во локали (кафичи, ноќни клубови и дискотеки)

дред (анг. ДРЕАД - ужас) - се однесува на посебен вид плетенки преземени од Растафаријанците

журка - забава

зезање - во скопскиот жаргон значи забава, забавување

кафич - локал за вечерно излегување до 24 часот

клабери (анг. Club - клуб) - припадници на една од гранките на електронската музичка сцена

кул (анг. Cool - ладен) - во скопскиот жаргон значи: смирен, ладен, означува некој кој е прифатлив за дружење

марихуана (лат. Cannabis Sativa) - лесна дрога од вид на коноп, се користи како лесна дрога

народњаци - слушатели на народна и ново компонирана народна музика

О.К. (О Кеј) - во ред, добро

панк (анг. ПУНК - ѓубре) - подкултура од седумдесетите и осумдесетите години

ПОП - правец во уметноста и музички правец, за идеен татко се посочува ирскиот писател од ЏИЏ век Оскар Вајлд

Page 33: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

реге - подкултура од Карибите која е во тесна врска со Растафаријанската религија. Има огромно влијание врз сите музички правци

рок - бунтовен највлијателен музички правец од шеесетите години

рокери - види рок

скејтборд (анг. Skate board) - даска со тркалца

скејтери - припадници на младинска подкултура чие обележје е возењето на скејтборд

street wear анг. - улична мода, секојдневна мода

хардкор (анг. ХАРД ЦОРЕ - тврда кожа) сублимат од Панкот, Хеви Металот и Скејтерската подкултура

хеви метал (анг. ХЕАВЅ МЕТАЛ - тежок метал) - мајжестока гранка на Рокот

џускање - танцување

шема - во скопскиот жаргон, начин на забавување посетување на најмодерните локали

шминкери - помодарска подкултура од осумдесетите

Page 34: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

ПРАШАЛНИК

1. Име, презиме, прекар

2. Дата и место на раѓање, место на живеење (дали во Скопје или приградска населба)

Page 35: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

3. Потекло - родители?

4. Дали се одржуваат врски со стариот крај и какви?

5. Што работат родителите?

6. Степен на образование?

7. Религиозна припадност?

8. Моментална преокупација?

9. Политички став?

10. Став кон институциите на системот?

11. Дали гледа оптимистички на иднината и дали гледа перспектива во рамките на системот?

12. Дали воопшто размислува за иднината?

13. Квалитети на современиот живот (позитивна и негативна страна)

14. Идол од било кој општествен сегмент?

15. Што значат парите. Дали ги решаваат проблемите?

16. Што е модерно, а што не во облекувањето (марки облека)?

17. Како некогаш не би се облекувал?

18. Фризура (ИНН – ОУТ)?

19. Дали фризурата изразува нешто?

20. Дали користи козметички средства и колку (шминка)?

21. Шминка - машки и женски?

22. Накит и украсни детали?

23. Музички стилови кои ги слуша (сега и порано)

24. Дали доминира само еден стил?

25. Дали ограничува слушањето на само еден стил?

26. Дали ги сака новите хитови од топ листите?

27. Македонските хитови?

Page 36: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

28. Музичари - идоли?

29. Што мисли за турбофолкот/ електронската, БРИТПОП, ПУНК, ЈАЗЗ?

30. Дали е битен интересот за одредена музика при дружењето?

31. Дали е од пресудно значење?

32. Дали музиката е одредница за начинот на живот?

33. Дали постојат формални и неформални гурпи на интереси и моќ и кои се тие?

34. Дали се чувствува како припадник на неформална група?

35. Дали себе си се идентификува како различен од другите и дали неговиот круг е различен од другите?

36. Кои се заедничките погледи и интереси што го поврзуваат тој круг на луѓе?

37. Морални норми во групата?

38. Постои ли размена на партнери во групата?

39. Дали комуницира само во рамките на групата или и пошироко (како комуницира со припадници на други групи)?

40. Места за собирање и време?

41. Што мисли за турбофолкери/...

42. Постои ли чувство на осаменост и како се справува со него?

43. Ставови за хомосексуалноста, хетеросексуалност, бисексуалност?

44. Дали сексот е само задоволство или нешто повеќе (љубов, интерес)?

45. Дали интимната врска ја смета за обврска или соединување?

46. Кратки, површни или долги врски?

47. Став кон современите болести - СИДА?

48. Дали стравот од сидата предизвикува воздржување од сексуални односи (контрацепција)?

49. Постојат ли желби за брачен живот (формален или неформален) со партнерот/ката?

50. Бракот како институција?

51. Што е слобода, дали доаѓа од човекот или однадвор?

Page 37: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

52. Како ја прифаќаат реалноста? Дали може да се смени некако?

53. Постои ли чувство на немоќ при обидот да се смени реалноста?

54. Дали се користат дополнителни стимулативни средства за ослободување (кои најчесто)?

55. Дали, каде и зошто се пие алкохол?

56. Дали постои насилство во и меѓу групите?

57. Со што е предизвикано?

58. Дали е под дејство на стимуланси (алкохол, дрога)?

59. Дали младите свесно се излижуваат на овие и други опасности како еден вид подвизи?

60. Дали со насилство може да се утврди статусот во заедницата?

61. Став кон смртта?

62. Постои ли нагон кон смртта и дали преовладува врз нагонот за живот?

63. Дали постојат религиски идеи, обичаи, верувања што се слични/се совпаѓаат со неговите ставови за живот и смртта?

64. Што мисли за привременоста на смртта до воскреснувањето? дали е смртта конечна?

65. Дали за овие прашања читал или тие се поставуваат интимно во меѓусебни разговори во групата?

66. Што мисли за самоубиството како чин? Бунт?

67. Идеја за вечна младост “умри млад имај убав труп”.

68. Дали се практикуваат графити како средство за изразување?

69. Односи/судир со семејство, полиција, авторитети (од образованието)?

70. Став спрема служењето воен рок?

71. Дали ви е наметнат систем на вредности?

72. Судир со културниот, економски и еколошки простор во кој живеат и справување со тој судир (иселување)?

Page 38: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

УНИВЕРЗИТЕТ "СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" - СКОПЈЕ

ПРИРОДНО - МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ

Институт за географија

Завод за етнологија

Page 39: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

МЛАДИНСКА ПОДКУЛТУРА ВО СКОПЈЕ СО ОСВРТ НА ПОМОДНА ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОДКУЛТУРА

Д и п л о м с к а р а б о т а

Дешифрирани материјали од теренски истражувања

Page 40: Pomodna Intelektualna Potkultura - Skopje 2000

Ментор, Кандидат

Проф. д-р Анета Светиева Васко Лазаревски

Скопје, 2000