9
ВЛЕЧУГИ – Reptilia Влекачи, влечуги, ре птили (лат. Reptilia), група на ‘рбетни животни во која спаѓаат змиите , гуштерите , желките , крокодилите , туатарата , како и бројни изумрени фосилни видови..

влечуги – Reptilia

Embed Size (px)

Citation preview

Меѓу рецентните форми постојат околу 2,500 видови на змии, 3,000 видови на гуштери, близу 250 видови на желки и тортоизи и 21 вид на крокодили. Тие се распространети низ умерените и тропски региони на светот; сите се ладнокрвни (зависни од околината во однос на топлината на телото), а само неколку влекачи можат да живеат во ладните региони. Науката чиј предмет на проучување е оваа група на животни се нарекува херпетологија

Мнозинството од влекачите се овипарни (младите се изведуваат од јајца), но многу змии и гуштери се вивипарни (раѓаат живи младенчиња). Постоечките влекачи се карактеризираат со развитокот на две ембрионални мембрани: заштитен амнион или јајцева торбичка, и респираторен алантоис или васкуларна фетална мембрана. Амнионот, кој го имаат сите влекачи, птици и цицачи, оневозможува исушување на јајце клетката, па така раните стадиуми од животниот циклус на животното не се зависни од вода.

Кај повеќето змии и некои гуштери, функционален е само еден бел дроб; кај другите влекачи се развиени и двата бели дробови. Тораксот и абдоменот не се одделени со дијафрагма, адишењето се довршува со мускулите на телесниот ѕид.

Тем

пер

ату

рата

кај

вл

екачи

те

Вл

екачи

Реп

тил

и

Бидејќи се ограничени со температурата на својата животна средина, рептилитехибернираат во региони каде зимата е студена, а некои видови естивираат, односно стануваат неактивни во исклучително топли и суви региони. Рептилите се познати како ладнокрвни животни, што не е сосема точно, бидејќи некои рептили кога се активни ги одржуваат своите тела на повисока температура отколку онаа кај повеќето цицачи. Важна разлика во температурната физиологија е таа што влекачите зависат од надворешните извори на топлина, додека птиците и цицачите користат внатрешна топлина.

Влекачите ја регулираат својата телесна температура со искористување на различни извори на надворешна топлина, како што е директната сончева светлина, топли камења и дрва, како и загреаната почва. На ваков начин, одредени видови влекачи ја одржуваат константната внатрешна температура специфична за самиот вид. Често оваа температура е доста повисока од температурата на околниот воздух. Само кога животното е неактивно или спие, неговата телесна температура е приближно иста како таа на животната средина.

ТуатаратаПолот на туатара рептилот зависи од температурата на земјата каде што се положени јајцата. Пониска температура дава женки, додека од потопла земја се испилуваат машки туатари.

Туатара е единствената преживеана врста рептили што потекнуваат од времето на диносаурусите, пред околу 200 милиони години.

Растат до половина метар, тежат до еден килограм и слично на желките, бавните туатари можат да живеат и преку 100 години, хранејќи се главно со инсекти.

Циклусот на парење на туатарите трае 4 години, што е релативно бавно за рептил и што може да претставува дополнителна пречка во прилагодувањето кон промените во климата.

ИЗРАБОТИ : НЕЈЛА ДЕРВИШОСКА