16
КОЖА

Кожа

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Кожа

КОЖА

Page 3: Кожа

Кожа е меката надворешна обвивка на животните, особено ‘рбетниците. Поглавни функции на кожата се регулација на телесната температура, синтеза на витаминот D итн. Оштетената кожа најчесто предизвикува белези, места на кожата кои се најчесто безбојни и непигментирани. Кожата се состои од три слоја: покожица( надворешен слој),вистинска кожа или крзно и хиподермис или масно ткиво (најдолниот слој од кожата кој го попречува преголемото губење на топлина од телото и претставува резерва на храна и енергија).

 

Page 4: Кожа
Page 5: Кожа

Епидермис

Епидермисот е површинскиот слој на кожата, од кој надворешните клетки постојано отпаѓаат со триње или сами од себе. Живите клетки се наоѓаат само во најдлабокиот слој - stratum germinativu, каде исхраната на клетките е овозможена низ капиларите во подолниот слој на дермисот. Клетките од овој слој постојано се делат и ги обновуваат клетките од горниот слој, бидејќи тие постојано умираат и се отстрануваат. Тие создаваат значително количество на протеинска материја, наречена кератин што служи за згустување и заштита на кожата. Најгорниот слој на клетките на епидермисот е наречен stratum corneum. Меѓу Stratum germanativu и stratum corneum има слој со многу згуснати влакна. Kлетките пак во најдолниот слој на епидермисот создаваат меланин, темен пигмент кој ја дава бојата на кожата

Page 6: Кожа

Дермис

Дермисот или вистинската кожа е составен, во основа, од сврзно ткиво, многу крвни садови, нервни завршоци и жлезди. На дермисот се надоврзуваат поткожните слоеви, составени од еластично и масно ткиво. Најголемите крвни садови кои ја снабдуваат кожата поминуваат низ поткожните слоеви. Некои од кожните творби, како потните жлезди и коренот на влакната, навлегуваат во поткожните слоеви. Поткожните ткива се богати со нерви и нервни завршоци.

Page 7: Кожа
Page 8: Кожа

Поткожни слоеви

Дермисот е тесно поврзан со поткожните слоеви, преку површинските мускули. Овој слој е изграден од еластично и фиброзно сврзливo ткиво како и масно (адипозно) ткиво. Подкожното масно ткиво служи и за изолација и како резервоар за енергија. Најголемите крвни садови што ја снабдуваат кожата со хранливи материи поминуваат низ поткожните слоеви. Kрвните садови што се наоѓаат таму се поврзани со терморегулирањето на организмот. Некои од кожните творби, како потните жлезди и коренот на влакната, се наоѓаат во поткожните слоеви.

Page 9: Кожа

Кожни творби

Потни жлезди (лат. glandulae sudoriferae), се клопчести цевчести структури сместени во дермисот и поткожно ткиво. Секоја жлезда има изливен канал што се отвора на површината на кожата со пора. Потните жлезди учествуваат во регулирањето на телесната температура преку испарувањето на потта од површината на телото. Потта е составена од вода и мало количество на минерални соли и органски материи. Потни жлезди има по целото тело кај човекот. На некои делови тие се погусто

Лојни жлезди имаат изгледаат како кесичка, а нивниот секрет ја подмачкува кожата и влакната и ја штити од сушење. Каналите на лојните жлезди се отвораат во мевчињата на влакната.

Page 10: Кожа

Функции на кожата Бидејќи во дермисот на кожата се сместени голем број нервни

завршетоци и други посебни рецептори како за болка, допир, притисок и температура, на кожата може да се гледа како на важен сетилен орган во организмот. Голем број рефлекси што му овозможуваат на човекот да се приспособи кон надворешната средина почнуваат како сетилни импулси ,токму од кожата. Патот на некои од нив е дo мозокот и на крајот на ’рбетниот мозок.

Кожата како главна обвивка на телото има и моќ за апсорпција и секреција. Тоа значи дека таа за многу материи е пропустлива препрека. Така, на пример, одредени масни материи постепено се апсорбираат преку кожата. Од друга страна, преку неа поточно, преку потните и лојните жлезди, се излачуваат многу штетни материи за организмот во надворешната средина. Кожата има способност за регенерација по повредите. Кожата што е повреден се надоместува со подеднакво растење на нов епидермис од клетките на ниво на фоликулите за влакната. Во текот на заздравувањето, од течниот гној и крвта, што можат да се најдат таму, се создава крастата (структурата) или коричката.

Page 11: Кожа
Page 12: Кожа

Грижа на кожата

Поради нејзината улога и место во организмот, многу е важно одржувањето на хигиената и негата на кожата. Правилната исхрана и соодветната циркулација се најважни за одржувањето на кожата. Правилното чистење, отстранувањето на нечистотиите и лекувањето на оштетените делови на кожата помагаат за одржување на слабо киселата состојба, која го спречува развојот на бактериите на кожата. Внимателното миење на рацете со сапун и вода, а особено деловите под ноктите, е многу важно бидејќи тоа се делови преку кои најлесно некои бактерии можат да навлезат во организмот.

Page 13: Кожа
Page 14: Кожа

Болести на кожата

Сончеви дамки(Сончевата светлина, исто така, може да предизвика хемиски и биолошки промени во кожата)

Акни(Акните се оштетувања на лојните жлезди кои се поврзани со фоликулите од влакната.)

Алергија(Исврлување на кожата во вид на црвенило)

Сипаници(Овчите сипаници и мали сипаници)

Page 15: Кожа
Page 16: Кожа

Изработиле: Ива Мирчевска Стојмилова Анамарија Андоновска