10
Прирачник за употреба на www.eduvideo.mon.gov.mk

Priracnik za upotreba na

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Priracnik za upotreba na

Прирачник за употреба на

www.eduvideo.mon.gov.mk

Page 2: Priracnik za upotreba na

Содржина

1.Почеток 3

2.Додаток за прелистувач 4

3.Додавање на видео на порталот eduvideo.mon.gov.mk 5

4.Уредување на видео 6

5.Преглед на коментари 9

6.Пребарување 9

Page 3: Priracnik za upotreba na

1.Почеток

Пред да почнете да го користите порталот агрегатор на видео содржини

http://www.eduvideo.mon.gov.mk треба да се најавите на системот со вашиот кориснички профил и

лозинка кои се исти со со веб порталот едневник слика 1.

Сл.1

Најавување на системот е овозможено со вашиот кориснички профил и лозинка од Едневникот слика 2.

Сл.2

Page 4: Priracnik za upotreba na

2.Додаток за прелистувач

Видеа во системот се додаваат преку дополнителната компонента (plugin) со кој е автоматизирано

поставувањето на линковите на видеата за веб-прелистувач кој прво треба да биде инсталиран (plugin-

от работи моментално со Mozilla Firefox и со Internet Explorer). Инструкции за инсталација на

дополнителната компонента (plugin) може да се најдат на страницата “Plugin“ слика 3 и 4:

Сл.3

Сл.4

Page 5: Priracnik za upotreba na

3.Додавање на видео на порталот eduvideo.mon.gov.mk

За да додадеме некое видео на порталот eduvideo.mon.gov.mk потребно е да ги имаме завршено

чекорите 1 и 2.Линковите од видеата се превземаат од видео порталите Youtube и Vimeo, односно

видеото трeба да биде претходно поставено на видео порталите Youtube и Vimeo.Откако ќе го

пронајдеме посакуваното видео на посочените видео портали кликнуваме на „ Додај го видеото“

дополнителната компонента која претходно сме ја наместиле од чекорите 1 и 2 слика 5.

Сл.5

Страницата за додавање на ново видео ја содржи истата форма како и страницата за уредување на

видеото. Со додавање на врска до некое видео од YouTube или Vimeo, системот се поврзува со овие

сервиси и автоматски ги пополнува насловот и описот на видеото, кои потоа корисникот може да ги

уредува слика 6.

Сл.6

Page 6: Priracnik za upotreba na

4.Уредување на видео

Откако линкот од видеото ќе биде превземено од веб проталот ни се отвора страницата за уредување

на видеото (откако сме го завршиле чекор 3) која е иста со страницата за додавање на ново видео. На

оваа страница може да се промени насловот на видеото, неговиот опис (при што се користи богат текст

едитор), таговите, класификациите, како и предметите и темите на видеото слика 7. За да го зачувате

видеото,треба да ги пополните полињата за внесување на тагови на видеото, класификации, како и

предмети и теми за видеото. Во спротивно ќе ви биде јавена грешка. По успешното зачувување,

видеото се зачувува како необјавено видео, и нема да можете да го видите веднаш на веб порталот се

додека контролорот не го дозволи неговото објавување .

Сл.8

Извор на видеото - Не се менува поради тоа што го содржи линкот од додаденото видео.

Наслов – Додавате наслов на видеото (препорачано е насловот да биде на кирилица, освен за другите

етнички заедници).

Опис – Опис на видеото (препорачано е да има добар и богат опис не само со два или три збора, да

содржи кој наставник го изработил или поставил и од кое училиште е наставникот)

Пример за добар опис на видео:

( Наставна примена на традиционалната игра Б'ЗЗзззз во прво одделение по предметите:Македонски јазик-

доживување и прераскажување на содржина на прикаска,извлекување на поука и поврзување со примери од

живототна луѓето.Запознавање на околината-Инсекти-препознавање,именување,карактеристики,корист и штета

од нив.Учење преку набљудување во природна средина.Развој на позитивен и хуман однос кон живиот

свет.Стекнување навика за користење на различни извори на информации(Енциклопедии,списанија,интернет..)

Page 7: Priracnik za upotreba na

Ликовно образование и примена на ИКТ-Ликовно изразување (цртање)со користење на One Note апликацијата со

цел споделување на своите искуства со другарчињата од другите училишта. ОУ.Кочо Рацин с.Ивањевци

Наставник : Весела Богданович )

Тагови(клучни зборови) – кратки зборови(ознака) кои се поврзани со самото видео, со кои се олеснува

пребарувањето на видеата од корисниците на веб страната.

Пример за таг(клучен збор): игри; прво одделение; бабини игри; второ одделение; набљудување;

физичко и здравствено образовани; итн.....

Класификација – класифицирање на видеата за полесно пребарување.

Сл.9

Селекција на предмети и теми на видеото слика 9.

Тип на образование – одбираме тип на образование за кое е наменето видеото.

Одделение/Година – одбираме одделение за кое е наменето видеото.

Наставен План – одбираме наставен план за кое е наменето видеото.

Предмет – одбираме предмети значи може да се одберат и повеќе предмети за кое е наменето

видеото.

Тема – моментално нема теми.

Page 8: Priracnik za upotreba na

Откако ќе бидат внесени сите потребни информации за видеото треба да кликнете на копчето „Сними“

за да видеото биде успешно поставено на видео агрегаторот.(Напомена видеото нема веднаш да се

појави на првата страна од веб порталот се додека контролорите од МОН и Бирото за развој на

образованието не го дозволат неговото објавување.Затоа доколку го видите известувањето „УСПЕШНО

видеото е успешно објавено“ вашето видео е поставено на веб порталот и се чека на одобрување.Нема

потреба да го поставувате повторно и повторно...)

Сл.10

( НАПОМЕНА видеото нема веднаш да се појави на првата страна од веб порталот се додека

контролорите од мон и бирото за развој на образованието не го дозволат неговото објавување.затоа

доколку го видите известувањето „Успешно видеото е успешно објавено“ слика 11 вашето видео е

поставено на веб порталот и се чека на одобрување.нема потреба да го поставувате повторно и

повторно... )

Сл.11

Page 9: Priracnik za upotreba na

5.Преглед на коментари

Страниците “Невидени коментари“, “Мои коментари“, “Коментари за моите видеа“, “Приговори за

мене“, “Мои приговори“ содржат приказ на коментарите во системот.

Коментарите се групирани по видеата на кои припаѓаат. Со клик на било кој коментар ќе бидете

пренасочени до страницата за приказ на видеото на кое припаѓа коментарот.

6.Пребарување На страницата “Напредно пребарување“ може да се пребаруваат сите видеа внесени во

системот.

Page 10: Priracnik za upotreba na

Пребарувањето може да се врши по неколку критериуми:

- Текст кој го содржат насловот или описот на видеото

- Тагови кои му се доделени на видеото,

- Класификации на видеот

- Предмети и теми на видеото

или комбинација од истите. Со кликање на копчето “Search“, резултатитет од пребарувањето се

прикажуваат во долниот дел од страницата. Копчето “Clear“ ја чисти формата за пребарување.

( НАПОМЕНА видеото нема веднаш да се појави на првата страна од веб порталот се додека

контролорите од мон и бирото за развој на образованието не го дозволат неговото објавување.затоа

доколку го видите известувањето „Успешно видеото е успешно објавено“ слика 11 вашето видео е

поставено на веб порталот и се чека на одобрување.Нема потреба да го поставувате повторно и

повторно....... )

Сл.11