клеточни органеликомплет

Preview:

Citation preview

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ БИОЛОГИЈА

ТЕМА

ОРГАНЕЛИОрганела е клеточна структура во која се одвиваат

најразлични процеси кои се од важност за клетката. По аналогија, улогата на органелите во клетката е како

онаа на органите од организмот. Органелите се делат на универзални, растителни и животински органели.

УНИВЕРЗАЛНИ ОРГАНЕЛИ

ЈАДРО Јадрото е основна компонента на клетката. Тоа е една

од најзабележителните структури во еукариотската клетка. Во јадрото се извршуваат најсуштинските процеси поврзани со размножувањето и наследството.

Јадрото најчесто има топчест облик, а големината обично е пропорционална со големината на клетката.

Кај секое јадро се разликуваат:

- јадрена обвивка

- јадрена плазма

МИТОХОНДРИИ Митохондриите (од грчки: mitos-нишка и hondros-зрно)

се клеточни органели кои се наоѓаат во сите еукариотски клетки.

Нивниот облик е непостојан и се менува во зависност од физиолошката состојба на клетката.

Функција: обезбедуваат енергија за животните процеси на клетката (клеточно дишење)

РИБОЗОМИ Рибозомите се ситни, субмикроскопски органели во

облик на зрна, што можат да се набљудуваат само со електронски микроскоп. Тоа се универзални органели за сите живи клетки.

Се создаваат во јадренцето и по нивното создавање преминуваат во цитоплазмата, каде или остануваат во неа, или се прикрепуваат за ендоплазматичнио ретикулум.

Функција: остваруваат синтеза на протеините

ЕНДОПЛАЗМАТИЧЕН РЕТИКУЛУМ Ендоплазматичниот ретикулум (латински: reticulum-

мрежа) е универзална органела која во клетката е претставена со систем на ципни структури, кои најчесто се поврзани и формираат мрежа.

Е.П.Р. претставува внатрешноклеточен крвоток, низ кој се пренесуваат белковините, јаглехидратите и други материи.

Функција: Е.П.Р. учествува во синтезата на белковините.

ГОЛЏИЕВ СИСТЕМ Голџиев систем е органела која е именувана по

италијанскиот научник Камилио Голџи. Голџиевиот систем е изграден од голем број нееднакво

дебели и делумно свиткани мембрански структури, сродни на ендоплазматичниот ретикулум, наречени диктиозоми, кои најчесто се наоѓаат околу јадрото.

Функција: пакување на молекулите на вода, протеини и ензими.

МИКРОТУБУЛИ Микротубулите (од грчки micros - мал, tubulu - цевче) се

цевковидни органели изградени од 13 надолжни редови од глобуларниот протеин наречен тубулин, чиишто молекули се димери составени од α и β протеин.

Микротубулите настануваат спонтано, односно со полимеризација на тубулинските димери, кои, инаку се присутни во цитоплазмата.

Функција: го градат внатрешниот скелет на клетката, ги градат центриолите, ги движат органелите.

РАСТИТЕЛНИ ОРГАНЕЛИ Тоа се органели кој се карактеристични

исклучиво зарастителната клетка Во оваа група спаѓаат:

* вакуоли

* пластиди

- хлоропласти

- хромопласти

- леукопласти

* сферозоми

ВАКУОЛИ Вакуолите се органели на клетката. Тие се

карактеристични особено за растителните и протистните клетки.

Вакуолите се простори во цитоплазмата ограничени со мембрана наречена тонопласт и исполнети со растворени органски и неоргански соединенија во вода, како што се протеини, јаглехидрати, витамини, аминокиселини, соли итн.

Функција: го одржуваат тургорот во клетката

ПЛАСТИДИ Пластидите се карактеристични органели само за

еукариотските растителни клетки и некои протисти (како алгите), а ги нема во животинските, габните или прокариотските.

Пластидите се органели кои поседуваат сопствена ДНК, што значи дека тие се полу-автономни.

Според ендосимбиотската теорија, пластидите се резултат на еволуција на симбиозата помеѓу растителните клетки и фотоавтотрофни бактерии.

Класификација на пластидите За прв пат пластидите подетално ги проучува Шимпер, кој го

дава и името на овие органели (од грчките зборови plasticos, plastos = образува, оформува). Од Шимпер е предложена и првата класификација на пластидите според пигментацијата, која е во употреба и денес:

*Леукопласти *Хлоропласти *Хромопласти Пластидите кои содржат пигменти се познати и како

хроматофори. За разлика од Шимпер, Матиенко смета дека по правилно би било пластидите да се поделат на две групи, и тоа:

*Безбојни пластиди - леукопласти *Пигментирани (обоени) пластиди - хромопласти *Хлоропласти *Каротеноидопласти

СФЕРОЗОМИ Сферозомите се органели својствени за растителната

клетка и во нив се врши синтеза на масни материи. Слични се со масните клетки бидејќи боењето е со исти

бои како и кај масните клетки. Тие се обвиени со липопротеинска мембрана. Внатрешноста е наречена строма и има зрнест изглед. Содржи масни материи и ензими. Со развитокот зрнестиот изглед на стромата исчезнува и

се добива хомогена строма. Функција: синтеза на масни материи