Energi Cycling 2010

Preview:

DESCRIPTION

Energi Cycling is represented by a group of enthusiasts from Macedonia passionate about locomotion on two wheels.

Citation preview

2010

Велосипедското спортско друштво Енерџи е основано во 2007 од група ентузијасти - вљубеници во

велосипедизмот, со цел создавање клуб кој сестрано ќе го промовира велосипедизмот. Енерџи е отворен,

пријателски ориентиран клуб кој ги охрабрува луѓето да возат велосипед, да се натпреваруваат, но пред сè да се дружат. Вратите на клубот секогаш се отворени за

нови членови и може да бидете сигурни дека со Енерџи никогаш нема да останете позади!

Photography Ivan Blazhev Art Direction Novak Stefanovic

Во фокусот на Велосипедското спортско друштво Енерџи е активното возење велосипед. Членовите, во сите категории, се охрабруваат да

учествуваат на тимските возења, тренинг сесиите и тимските тури, но и да партиципираат во официјалните трки во Република Македонија и на тој начин да придонесат за промоцијата на овој спорт. Но сепак, постои и една друга димензија – социјалната. Членовите на Енерџи често се собираат и се дружат меѓусебно, дискутираат за прашања поврзани со клубот и велосипедизмот воопшто, но и за сите други работи кои немаат допирни точки со велосипедизмот – залеани со по некое пиво.Нaшите активности се насочени кон организација на рекреативни настани во дисциплината планински велосипедизам, но секако Енерџи е активен чинител и во развојот на друмскиот велосипедизам. Покрај организирање на рекреативни и натпреварувачки маратони и трки, активностите на Енерџи вклучуваат и трасирање, обележување и активирање на патеки за планински велосипедизам, при што истите придонесуваат за развојот на планинскиот туризам во Република Македонија.

Во својата кратка историја, од 2007 до 2009 година, Енерџи во соработка со продавницата за велосипедска опрема БајкСтоп организираше рекреативни тури и натпреварувачки возења во чии рамки учествуваа над 400 велосипедисти.

Велосипедското спортско друштво Енерџи, согласно Календарот за натпреварување на Велосипедската федерација на Македонија, е официјален организатор на неколку велосипедски трки во Скопје, како во друмски, така и во планински велосипедизам.

Меѓу позабележителните успеси на Велосипедското спортско друштво Енерџи се титулите Државен шампион на Република Македонија за 2009 година во друмски и во планински велосипедизам, освоени од страна на членовите на клубот Горан Кузмановски и Љубиша Кондев.Истотака, членовите на Енерџи учествуваа и на интернационалните велосипедски маратони организирани во Италија и Словенија со што Енерџи направи пробив и на меѓународна сцена.

Нашата визија служи како рамка за погледите на Енерџи

насочени кон иднината, со која ги идентификуваме сите аспекти на велосипедизмот,

неопходни за одржување континуитет во остварувањето

на врвни резултати, како предуслов за заземање на

улогата на лидер во Република Македонија.

Човечки потенцијалиДа бидеме пријатна средина во која луѓето ќе бидат инспирирани и мотивирани да го дадат сопствениот максимум, како на асфалтот, така и надвор од него.

Животна средина Преку велосипедизмот и останатите настани од социјална природа, одговорно да придонесеме за јакнење на свеста на луѓето за зачувување и

одржување на „зелена“ Македонија.

Спонзори и партнериДа негуваме победничка култура и менталитет со сите оние кои веруваат во и го помагаат Енерџи, преку

креирање на заеднички и трајни вредности.

Energi Cycling Clubbul. Ilinden 38A

1000 SkopjeMacedonia

+38923231772 | +38975475188

www.energi-cycling.com

info@energi-cycling.com