7
ИНФОРМАТИВЕН ЛИСТ Март 2010 Австралиска наставна програма Страница 1 Кои се клучните карактеристики на нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10? Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10 е организиран во три меѓусебно поврзани елементи (strands): Јазик – во кој учениците учат за англискиот јазик и како тој функционира. Литература – во кој учениците учат да толкуваат, ценат, проценуваат и создаваат литературни текстови како што се раскази, поетски, прозни, драмски, филмски и повеќедисциплинарни текстови во говорна, печатена и дигитална форма. Писменост – во кој учениците го применуваат своето знаење за јазикот за да можат ефективно да слушаат, читаат, гледаат, зборуваат, пишуваат и создаваат сé повеќе видови текстови. Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 обезбедува јасна содржина за рано здобивање на способноста на читање и пишување, вклучувајќи го фонолошкото знаење и фонемичната свест, за соодносот глас-буква и користењето на синтактички и семантички знакови за означување на значење. Овие способности се развиваат во текот на годините на школувањето. Наставата по граматика во сите години на школувањето е составен дел на секој од трите елементи. Во елементот Јазик учениците учат за употребата на граматиката и сфаќаат зошто таа се користи. Граматиката се применува во елементите Литература и Писменост. Обезбеден е речник за да се осигура доследно толкување на граматичката терминологија што се користи во наставната програма. Во што нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 е сличен или различен од наставните програми на државите и териториите? Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10 е организиран во три елементи Јазик, Литература и Писменост. Тоа е различно одошто во голем број австралиски и странски документи за наставни програми кои се напишани врз основа на моделите Зборување и Слушање, Читање и пишување, но самата содржина е слична. Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините К-10, додека документите за наставна програма во некои држави и територии ја опишуваат содржината во периоди од по две години. Слично на наставната програма за англиски јазик во повеќето држави и територии, нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10 обезбедува јасна содржина за рано научување да се чита и пишува. Приодот направен во нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 е да се вклучи јасно предавање на граматиката, за да им се помогне на учениците ефикасно да го користат јазикот и со тоа да го подобрат учењето. Сега, односот кон граматиката е различен од една до друга држава и територија. Во некои од нив граматиката не се изучува детално, а таму каде што таа се изучува понекогаш е заземен пофункционален граматички приод. Некои кои се занимаваат со граматиката го прават тоа со повоопштено фокусирање врз потребата од граматичка правилност. Во нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 се прифаќа потребата да се предаваат повеќемодулни и дигитални текстови, како што тоа се прави во сите држави и територии. Изучувањето на литературата е вклучено во годините на основното училиште, за да се нагласи растечкото ценење и разбирање на литературата и литературните дисциплини. Иако литературни текстови се сега вклучени во документите на наставните програми на државите и териториите, општо земено фокусот е на развивањето на способностите на учениците на читање и разбирање на структурите и карактеристиките на текстовите. Продолжува на следната страница Англиски (страница 1 од 2)

Англиски (страница 1 од 2) - acara.edu.au · англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините

  • Upload
    others

  • View
    16

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Англиски (страница 1 од 2) - acara.edu.au · англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините

И Н Ф О Р М А Т И В Е Н Л И С Т

Март 2010

Австралиска наставна програма

Страница 1

Кои се клучните карактеристики на нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10?

Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10 е организиран во три меѓусебно поврзани елементи (strands):

• Јазик – во кој учениците учат за англискиот јазик и како тој функционира.

• Литература – во кој учениците учат да толкуваат, ценат, проценуваат и создаваат литературни текстови како што се раскази, поетски, прозни, драмски, филмски и повеќедисциплинарни текстови во говорна, печатена и дигитална форма.

• Писменост – во кој учениците го применуваат своето знаење за јазикот за да можат ефективно да слушаат, читаат, гледаат, зборуваат, пишуваат и создаваат сé повеќе видови текстови.

Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 обезбедува јасна содржина за рано здобивање на способноста на читање и пишување, вклучувајќи го фонолошкото знаење и фонемичната свест, за соодносот глас-буква и користењето на синтактички и семантички знакови за означување на значење. Овие способности се развиваат во текот на годините на школувањето.

Наставата по граматика во сите години на школувањето е составен дел на секој од трите елементи. Во елементот Јазик учениците учат за употребата на граматиката и сфаќаат зошто таа се користи. Граматиката се применува во елементите Литература и Писменост. Обезбеден е речник за да се осигура доследно толкување на граматичката терминологија што се користи во наставната програма.

Во што нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 е сличен или различен од наставните програми на државите и териториите?

Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10 е организиран во три елементи – Јазик, Литература и Писменост. Тоа е различно

одошто во голем број австралиски и странски документи за наставни програми кои се напишани врз основа на моделите Зборување и Слушање, Читање и пишување, но самата содржина е слична.

Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините К-10, додека документите за наставна програма во некои држави и територии ја опишуваат содржината во периоди од по две години.

Слично на наставната програма за англиски јазик во повеќето држави и територии, нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10 обезбедува јасна содржина за рано научување да се чита и пишува.

Приодот направен во нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 е да се вклучи јасно предавање на граматиката, за да им се помогне на учениците ефикасно да го користат јазикот и со тоа да го подобрат учењето. Сега, односот кон граматиката е различен од една до друга држава и територија. Во некои од нив граматиката не се изучува детално, а таму каде што таа се изучува понекогаш е заземен пофункционален граматички приод. Некои кои се занимаваат со граматиката го прават тоа со повоопштено фокусирање врз потребата од граматичка правилност.

Во нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 се прифаќа потребата да се предаваат повеќемодулни и дигитални текстови, како што тоа се прави во сите држави и територии.

Изучувањето на литературата е вклучено во годините на основното училиште, за да се нагласи растечкото ценење и разбирање на литературата и литературните дисциплини. Иако литературни текстови се сега вклучени во документите на наставните програми на државите и териториите, општо земено фокусот е на развивањето на способностите на учениците на читање и разбирање на структурите и карактеристиките на текстовите.

Продолжува на следната страница

Англиски (страница 1 од 2)

Page 2: Англиски (страница 1 од 2) - acara.edu.au · англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините

И Н Ф О Р М А Т И В Е Н Л И С Т

Март 2010

Австралиска наставна програма

Страница 2

Кои странски референци се користени при подготвувањето на нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10?

Австралија беше една од земјите со најдобри резултати по читачка писменост меѓу тие што учествуваа во Програмата за меѓународно проценување на ученици (PISA) во 2006 година. При подготвувањето на нацртот на Австралиската наставна програма за англиски јазик К-10 беа консултирани клучни странски документи за наставната програма на други земји со врвни резултати, како што се Финска, Хонг Конг, Канада (Онтарио и Британска Колумбија), Нов Зеланд и Ирска.

Други документи користени како референци за наставната програма за англиски јазик ги опфаќаат тие од Англија, Калифорнија и Сингапур. Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 е слична на тие наставни програми со тоа што во неа се наведуваат јасни графофонски и фонемички способности на сознанија за рано читање и пишување, иако описите на „спелувањето“ и пишувањето на рака не се толку детални во нацртот на Австралиската наставна програма К-10.

Што се однесува на наставата по граматика, нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 одразува некои од најновите истражувања и теории на тоа поле. Голем број национални и меѓународни документи за наставна програма не се занимаваат со граматиката во детали или воопшто. Некои што се занимаваат, го прават тоа во општи поими на граматичка правилност.

Голем број странски наставни програми се напишани врз основа на модулите Зборување и Слушање, Читање и Пишување. Некои, како таа на Онтарио, имаат дополнителни модули, на пример Медиумска писменост. Во Финска се комбинирани Литература и Јазик, Читање и Пишување и постои одделен елемент Орална интеракција.

Нацртот на Австралиската наставна програма за англиски К-10 содржи изјава за очекуваната сложеност на текст за секои две години на

школувањето. Други странски документи за наставна програма, како оној на Калифорнија, содржат листи на препорачани текстови соодветни за годината.

Други клучни референци вклучуваат:

• Национално испитување за наставата по писменост, Министерство за образование, наука и обука, Австралиска влада (2005)

• Извештај на Националната комисија за читање: Учење на децата да читаат, Национална програма за читање САД (2000)

• Напредок во меѓународната студија за читачка писменост (PIRLS) 2006 и спецификации за процена. Меѓународно здружение за процена на образовни постигања (IEA), Амстердам, Холандија.

• Програма за меѓународно проценување на ученици (PISA) 2009 Рамка за проценување – Клучни способности на читање, ОЕЦД.

Англиски (страница 2 од 2)

Page 3: Англиски (страница 1 од 2) - acara.edu.au · англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините

И Н Ф О Р М А Т И В Е Н Л И С Т

Март 2010

Австралиска наставна програма

Страница 1

Кои се клучните карактеристики на нацртот на Австралиската наставна програма за историја К-10?

Нацртот на Австралиската наставна програма за историја К-10 е организиран во два меѓусебно поврзани елемента – Историско знаење и разбирање и Историски способности.

Знаењето и разбирањето се опишани година по година. Од забавиште до втора година учениците почнуваат да учат историја низ проучување на минатото на нивните семејства и наследството на нивните заедници. Во годините 3 до 6 фокусот се проширува од локалното подрачје на регионалната и националната историја. Учениците учат за животот во Австралија пред 1800-та година, за создавањето на австралиската нација и за врските на Австралија со други нации. Две пообемни студии во секоја од тие години им овозможуваат на учениците да се здобијат со пошироко знаење и разбирање на одредени теми.

Наставната програма за историја во годините 7 до 10 опфаќа четири историски периоди. Во година 7 фокусот е на историјата од времето на првите човечки заедници до крајот на античкиот период (периодот од 60.000 години пред нашата ера до околу 500-та година од нашата ера). Во година 8 фокусот е на историјата од крајот на античкиот до почетокот на современиот период (од околу 500-та до 1750 година). Во година 9 фокусот е на историјата на современиот свет и на Австралија од 1750 до 1901 година. Во година 10 фокусот е на историјата на Австралија и на современиот свет од 1901 година до денес.

Наставните програми за секоја од годините 7 до 10 вклучуваат еден преглед чија цел е во изучувањето да се внесат широки содржини и контекстите, како и четири подлабоки студии. Подлабоките студии даваат можност за позадлабочено истражување на историските аспекти претставени во прегледот и така да создадат рамки за развој на историски способности. Една од подлабоките студии во годините 7 до 9 вклучува една студија подготвена во училиште, за да се овозможи предавање на наставната програма на начини кои ги одразуваат

потребите и интересирањата видливи во локални контексти.

Историските способности се опишани во двегодишни интервали и се организирани во четири поделементи во годините К-10, кои широко го одразуваат процесот на историско истражување. Тие поделементи се историски прашања и истражување; анализа и користење на извори; перспективи и толкувања и разбирање и комуницирање.

Една од клучните карактеристики на нацртот на Австралиската наставна програма за историја К-10 е третманот на австралиската историја во регионален и светски историски контекст. Тоа им овозможува на учениците подобро да го разберат богатството на австралиската историја, вклучувајќи ја долготрајноста и единственоста на историјата и културата на Абориџините и на жителите на Островите во Теснецот Торес, како и менувањето на местото и улогата на Австралија во светот, како што, на пример, е нашата истакната позиција во азиско-пацифичкиот регион.

Во што нацртот на Австралиската наставна програма за историја К-10 е сличен или различен од наставните програми на државите и териториите?

Сегашни документи за наставна програма на државите и териториите се земени предвид во текот на подготвувањето на нацртот на Австралиската наставна програма за историја К-10. Во некои држави и територии историјата не е посебен предмет во годините К-10 на школувањето.

Една од сличностите во годините К-10 е преминот од личната и семејната историја на ученикот на изучување на локалната историја и историјата на државата или територијата и националната историја, со покривање на некои аспекти на светската историја во повисоките години на основното училиште. Постојат некои варијации на нагласокот во содржината на постојните наставни програми на држави и територии, особено во пониските средношколски години.

Продолжува на следната страница

Историја (страница 1 од 2)

Page 4: Англиски (страница 1 од 2) - acara.edu.au · англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините

И Н Ф О Р М А Т И В Е Н Л И С Т

Март 2010

Австралиска наставна програма

Страница 2

Описот на историските способности во двегодишни интервали е главно во согласност со наставните програми на државите и териториите. Меѓутоа, обемот на изборот на историски концепти во голема мера се разликува од една до друга држава и територија.

Нацртот на Австралиската наставна програма за историја К-10 е различен од документите за наставната програма на некои држави и територии по тоа што:

• прегледите и подлабоките студии се користат за организирање

• историските способности, како што се истражувањето, анализата на извори, толкувањето и користењето на докази, се конкретни за дисциплината и се широко врамени со процесот на историско испитување

• постојат студии подготвени во училиште кои дозволуваат избор на историски контекст во историскиот период за секоја од годините 7 до 9. Тоа значи дека учителите и училиштата може да одберат конкретни студии - на пример, историјата на локалната област – за да се задоволат потребите и интересирањата на учениците.

Кои странски референци се користени при подготвувањето на нацртот на Австралиската наставна програма за историја К-10?

Процесот на подготвување на нацртот на Австралиската наставна програма за историја К-10 опфати разгледување на странски документи на наставната програма за историја и ги зеде предвид најновите истражувања за наставата по историја. Нацртот ја претставува историјата на Австралија во контекстот на регионалната и светската историја, и на регионалната и светската историја од австралиска перспектива. Тоа делумно е постигнато преку користење на прегледи и споредбени примери.

Елементот историско знаење и разбирање опфаќа поширока низа концепти кои ја претставуваат дисциплината историја која обично се наоѓа во повеќето странски наставни програми за историја. Овие концепти се земени од најновите истражувања на полето на историската мисла и на наставата по историја, вклучувајќи ги трудовите на експертите по историја како што се Peter Seixas, Sam Wineburg, Stephane Levesque, Jannet van Drie и Carla van Boxtel.

Историја (страница 2 од 2)

Page 5: Англиски (страница 1 од 2) - acara.edu.au · англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините

Страница 1

И Н Ф О Р М А Т И В Е Н Л И С Т

Март 2010

Австралиска наставна програма

Кои се клучните карактеристики на нацртот на Австралиската наставна програма за математика К-10?

Нацртот на Австралиската наставна програма за математика К-10 е организиран врз три елементи по содржина и четири елементи на умешност.

Елементите по содржина се Број и алгебра, Статистика и веројатност и Мерење и геометрија. Содржината на овие целини опишува „што“ ќе му се предава на ученикот.

Елементите на умешност – Разбирање, Леснотија, Решавање на проблеми и Расудување опишуваат „како“ – начинот на кој содржината се истражува или развива низ математичко „размислување“ и „делување“. Умешноста е вградена во описот на содржините на секој од трите елементи по содржина. Тој пристап ја обезбедува умешноста на ученикот во математички способности да се развива низ наставната програма и да станува сé попрефинета со годините на школувањето, а ученикот да ги развие своите способности на логично размислување и делување како што се анализирањето, докажувањето, проценувањето, објаснувањето, заклучувањето, оправдувањето и воопштувањето.

Во што нацртот на Австралиската наставна програма за математика К-10 е сличен или различен од наставните програми на државите и териториите?

Сегашни документи за наставна програма на државите и териториите беа земени предвид во текот на подготвувањето на нацртот на Австралиската наставна програма за математика К-10. Нацрт наставната програма главно е во согласност со тие документи во однос на Број и алгебра и Мерење и геометрија. Во подготвувањето на содржината и стандардите на постигања исто така е земена предвид Националната програма за оценување – Писменост и нумеричка писменост (NAPLAN) за 2008 и 2009 година.

Што се однесува на разликите, во нацртот на Австралиската наставна програма за математика К-10 поголем акцент е ставен на статистиката и

веројатноста, како потврда на потребата учениците да бидат способни да интерпретираат податоци во 21-иот век.

Вградената природа на елементите на умешност е различна од документите на некои држави и територии каде постои одвоен елемент на процес често нарекуван „да се работи математички“. Постои еден одделен елемент за да се обезбеди математичките процеси да се во контекст и поврзани со соодветни математички концепти.

Кои странски референци се користени при подготвувањето на нацртот на Австралиската наставна програма за математика К-10?

Сингапур е една од земјите со најдобри резултати по математика меѓу тие што учествуваат во Трендови во наставата по математика и наука во странство (TIMSS, 2007). Англија и Соединетите Американски Држави исто така постигнаа значително повисоки резултати од Австралија во четврта година, а малку повисоки во осма година.

Нацртот на Австралиската наставна програма за математика К-10 е, главно, во согласност со очекувањата опишани во наставните програми за математика на Соединетите Американски Држави (Стандарди на Националниот совет на учителите по математика) и на Нов Зеланд, како и на Финска и Велика Британија. Извештајот на Американското статистичко друштво, упатства за оценување и настава по статистичко образование (GAISE) е користен при подготвувањето на целината Статистика и веројатност.

Во споредба со сингапурската наставна програма за математика, содржината на нацртот на Австралиската наставна програма се воведува побавно во почетните и повисоките години на основно училиште, за да се обезбеди учениците да имаат можност да развијат добро разбирање пред да продолжат. До 10-та година концептуалната тежина е слична на онаа опишана во сингапурските документи.

Математика

Page 6: Англиски (страница 1 од 2) - acara.edu.au · англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините

Страница 1

И Н Ф О Р М А Т И В Е Н Л И С Т

Март 2010

Австралиска наставна програма

Кои се клучните карактеристики на нацртот на Австралиската наставна програма за наука К-10?

Нацртот на Австралиската наставна програма за наука К-10 е организиран во три меѓусебно поврзани елементи – Разбирање на науката, Способности за научно истражување и Науката како човечки потфат.

Негова цел е:

• да ги подготви учениците да ја користат науката во текот на целиот живот и за активен граѓански живот, за да можат ефикасно да делуваат во едно научно и технолошки напредно општество

• да создаде основа за изучување на науката во повисоките години на средното образование, за студирање наука и инжинерство на универзитет, и за техничко и професионално образование и обука.

Прашање на научното образованието во Австралија не се толку резултатите на нашите ученици на меѓународни тестови, туку ангажирањето и интересирањето на учениците за науката. Нацрт наставната програма е фокусирана на личната и практичната важност на науката за учениците, како и вниманието посветено на современите научни прашања. Со тоа на учителите им се дава основа за предавање на науката на начин кој ќе ги ангажира учениците на разумни начини и ќе ги подготви учениците да ја користат науката во секојдневниот живот.

Нацртот на Австралиската наставна програма за наука К-10:

• става акцент врз модел на настава и учење базиран врз истражувањето и активната вклученост

• ги идентификува клучните научни знаења, сфаќања и способности, но одбегнува да ја преоптовари наставната програма и им дава време на учениците да развијат подлабоко разбирање на клучните концепти

• вклучува содржина со фокус на современи и идни прашања значајни за животите

на австралиските ученици, на пример, одржливоста, водата во Австралија, здравјето, примената на генетиката, обновливата енергија, глобалното затоплување, климатските промени, технолошките иновации и инжинерството

• овозможува проучување на локални контексти во кои учениците може подобро да ги разберат идеите за кои учат.

Во што нацртот на Австралиската наставна програма за наука К-10 е сличен или различен од наставните програми на државите и териториите?

Сегашни документи за наставна програма на австралиските држави и териториите беа земени предвид во текот на подготвувањето на наставната програма, при што посебно внимание беше посветено на:

• обемот и редоследот на нацртот на Австралиската наставна програма за наука во широки рамки се совпаѓа со постојните наставни програми во врска со способностите за научно истражување и разбирање на науката

• целината во нацртот на наставната програма наречена Науката како човечки потфат е релативно нов зафат во врска со наставните програми на државите и териториите за годините К до 6/7, а во некои во годините 7/8 до 10

• отсуството на поткатегориски целини (како „живот и живеење“, „Земјата и вселената“, „енергијата и промените“ за годините К до 6; или такви како „биолошки науки“, „Земјата и науките за природната средина“ за годините 7/8 до 10) е разликата што нацртот на Австралиската наставна програма ја одвојува од повеќето сегашни наставни програми. Ова е сторено за да се одбегне уште еден слој на сложеност во структурата на наставната програма, но ако е потребно, „онлајн“ гледиште за наставната програма може да се даде со користење на такви категории

Продолжува на следната страница

Наука (страница 1 од 2)

Page 7: Англиски (страница 1 од 2) - acara.edu.au · англиски јазик К-10 дава конкретна содржина за секое ниво на годините

Страница 2

И Н Ф О Р М А Т И В Е Н Л И С Т

Март 2010

Австралиска наставна програма

• постојни и предложени единици Првични врски кои се применуваат во голем број австралиски основни училишта, се во согласност со содржината на нацртот на Австралиската наставна програма за наука.

Кои меѓународни референци се користени при подготвувањето на нацртот на Австралиската наставна програма за наука К-10?

Австралија е една од земјите што постигнаа најдобри резултати по научна писменост меѓу тие што учествуваа во Програмата за меѓународно проценување на ученици (PISA) во 2006 година. При подготвувањето на нацртот на Австралиската наставна програма за наука К-10 беа разгледани клучни странски документи за наставната програма на други земји со врвни резултати, како што се Велика Британија, Нов Зеланд, Финска и Онтарио, како и клучни странски истражувања на полето на образованието по наука.

Други клучни меѓународни референтни точки беа:

• Национални стандарди за научно образование (Национален истражувачки совет, САД, 1996)

• Мерила за научна писменост (Американско здружение за унапредување на науката, Проект 2061, САД, 1993)

• Мапа на научни способности за 21-иот век (Партнерство за способности за 21-иот век и Национално здружение на учителите по наука, САД, 2009)

• Независен преглед на наставната програма во основото образование (Rose, Велика Британија, 2009)

• Национален акционен план за научно образование во австралиските училишта 2008 – 2012 (Goodrum и Rennie, 2007)

• Промена на сликата за научното образование: Ангажирање на учениците во науката заради иднината на Австралија (Tytler, 2007).

Наука (страница 2 од 2)