72
ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ОПШТИНА ЦЕНТАР 1 2009-2012 ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО 2009-2012

Отчет за сработеното 2009-2012

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Отчет за сработеното во период од 2009 до 2012 година

Citation preview

Page 1: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

1

2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО2009-2012

Page 2: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

2

2009-2012

Page 3: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

3

2009-2012

Почитувани граѓани,

Општина Центар е главната артерија на градот Скопје и истовремено е срцето на Република Македонија. Во општината се наоѓаат сите важни институции, а дневно ја посетуваат илјадници граѓани од цела Македонија кои главно доаѓаат да ги завршат своите работни обврски или, пак, сакаат да ги видат новите содржини на центарот на градот.

Од една страна имаме привилегирана положба сите важни институции да бидат стационирани во нашата општина, меѓутоа од друга страна имаме огромна одговорност да овозможиме максимална пристапност и функционалност на центарот на Скопје. Посебно внимание посветуваме на граѓаните на општината и максимално се трудиме да го подобриме нивниот квалитет на живот.

Токму во тој правец се нашите заложби за подобрување на животните услови на граѓаните на општина Центар, како и за подобрување на функционалноста на општината за сите оние што на дневна основа ги извршуваат своите работни задачи. Затоа вложуваме во голем број проекти и активности со цел креирање препознатлив и европски лик на срцето на градот.

Општина Центар, како транспарентна, ефикасна и граѓански ориентирана институција, има обврска и должност пред граѓаните да ги презентира клучните проекти кои се реализирани во периодот од 2009 до 2012 година.

„Отчетот“ претставува приказ (збир) на клучните проекти во мандатот кој изминува.

Продолжуваме и понатаму да ги реализираме поставените цели, проекти и приоритети кои ја прават општина Центар вистинско место за живеење, работа, забава и незаборавни моменти.

Со почит,

Општина Центар – Скопје

Page 4: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

4

2009-2012

Како што скверот „Јадран“ од ден на ден сѐ повеќе го добива својот нов современ

изглед, така интересот на компаниите за преместување на своите претставништва во овој дел од централното градско јадро станува сѐ поголем.

Општина Центар доби уште едно прекрасно и современо шеталиште. Во рамки на прокетот беа извршени градежни зафати на повеќе делови и тоа: ул. „Никола Кљусев“, ул. „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Осма ударна бригада.

СКВЕР „ЈАДРАН“

Page 5: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

5

2009-2012

Притоа, вкупната површина на која се изведуваат градежните работи изнесува 6.000 м2. Коловозот е заменет со коцки од вештачки гранит, а од двете негови страни се изградени широки тротоари поплочени со вештачки гранит. На целиот сквер се поставени 77 големи и 40 мали мермерни жардиниери, меѓу кои се поставени и дрвени клупи, а она што претставува новост во целиот опфат се 55-те светлечки столбови со зеленило.

Модернизирањето на овие улици придонесе за комплетно разубавување и урбанизирање

на просторот во чија непосредна близина се наоѓаат повеќе амбасади и други значајни бизнис-институции. Особен интерес за оваа локација има во банкарскиот сектор. Тука со своите централи веќе оперираат три банки, а голем интерес за преместување на новото

шеталиште покажуваат и други банки.

Овој сквер има потенцијал да стане главен центар на бизнисот во Скопје и во Македонија, како што и прилега на една метропола – прекрасно шеталиште, опкружено со многубројни „стаклени убавици“.

Page 6: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

6

2009-2012

МОСТ НА УМЕТНОСТА

Мостот на уметноста е нов симбол на oпштината кој ги обединува и

дефинира културниот идентитет и традицијата во централното градско подрачје. Тој се протега од кејот „13 Ноември“ до кејот „Димитар Влахов“, кон влезот на новиот објект на Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција.

Мостот е долг 83 метри, а ширината се движи од 9 до 14 метри. На мостот има 29 скулптури на истакнати поединци излеани во бронза, и тоа: Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Григор Прличев, Крсте Петков Мисирков, Војдан Чернодрински, Димитар Пандилов, Лазар Личеноски, Стале Попов, Васил Иљоски, Никола Мартиноски, Стефан Гајдов, Петре Прличко, Кочо Рацин, Никола Јонков Вапцаров, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Ванчо Николески, Муртеза Пеза, Славко Јаневски,

Блаже Конески, Ацо Шопов, Властимир Николовски, Петар Мазев, Димитар Кондовски, Неџати Зекирија, Живко Чинго, Адем Гајтани, Ристо Шишков, Тоше Проески, Димитар Миладинов и Константин Миладинов.

Скулптурите, изработени во чест на видни личности од историјата на македонската уметност од различни етнички заедници, се високи 2 метра и се поставени на двете огради.

Page 7: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

7

2009-2012

МОСТ „ОКО“

Мостот „Око“ претставува нов пешачки мост кој функционално ќе

ги поврзува двата кеја на реката Вардар, „13 Ноември“ и „Димитар Влахов“, и ќе се протега кон влезот на новиот објект на Археолошкиот музеј, Архивот на Македонија и Уставниот суд.

Неговата должина изнесува 95 метри, а следејќи ја неговата линија, ширината се движи од 8 до 16 метри. Мостот ќе биде креиран во три распони, при

што средниот распон, кој ќе има најголеми димензии, ќе се наоѓа над речниот тек на Вардар. Средишниот дел на овој распон ќе се пополни со

слоевито проѕирно стакло низ кое ќе може да се гледа реката, а оттука е и името на овој мост. Целиот мост ќе биде осветлен, во подот ќе бидат вградени и специјални светилки, а во неговиот средишен дел ќе се наоѓа фонтана.

Мостот „Око“, со својот архитектонско–уметнички изглед ќе претставува нов симбол на општината и на градот привлекувајќи ги посетителите со својот лик и грандиозност.

НИКОЛА ВАПЦАРОВ – УЛИЦА СО ЕВРОПСКИ ЛИК

Улицата „Никола Вапцаров“ неодамна доби нов модерен европски лик и денес

претставува прекрасно шеталиште за граѓаните на општина Центар и Скопје.

Реконструкцијата се состоеше од комплетно отстранување на асфалтниот слој на улицата и тротоарите и воведување комбиниран сообраќаен режим, со автомобилско-пешачка

функција со посебен режим на сообраќај само за граѓаните кои што живеат на таа улица. Од двете страни на сообраќајницата се изградени широки тротоари на ниво на самата улица,

Page 8: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

8

2009-2012

Kракот на улица „Максим Горки” претставува уште една модерна улица во

главното јадро. Станува збор за исклучително важна улица на која дневно поминуваат

илјадници граѓани и туристи. Кракот се протега од завршетокот на постојната улица „Максим Горки” до кејот на реката Вардар. Изградбата на овој крак опфати комплетно нова фекална и

атмосферска канализација, асфалтирање во должина од 254 метри и ширина од 7 метри и поплочување на пешачки патеки со павер елементи со ширина од 2 метра.

поплочени со плочи од вештачки гранит. Должината на улицата „Никола Вапцаров“ изнесува 150 метри, ширината 10,5 метри, а површината 1800 квадратни метри. Реконструираниот простор е комплетно облагороден со хортикултурни аражмани, ново осветлување, нови канделабри, клупи, жардиниери и дрвореди. Оформен е зелен простор на влезот од улицата којшто е уреден со садници од високостеблести и нискостеблести дрвја.

На спојот со улицата „Димитрие Чуповски“ се поставени такси-постојка и постојка за јавен градски сообраќај.

Хортикултурното уредување опфати поставување на 14 мермерни жардиниери составени од 4 дела во кои се посадени зимзелени растенија, грмушки и цвеќиња. На канделабрите

се поставени 30-ина корпи со раскошни букети од петунии во различни бои. Исто така, на улицата е посаден дрворед од 30 јапонски цреши. Наводнувањето

на целото зеленило технички е решено со автоматски систем.

УШТЕ ЕДНА МОДЕРНА УЛИЦА ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР

Page 9: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

9

2009-2012

ДВОКАТЕН МОНТАЖЕН ПАРКИНГ ВО КАПИШТЕЦ

Населбата Капиштец е една од најфреквентните и најгусто населени

населби во градот Скопје. Бидејќи дневната фреквенција на возила во оваа населба е голема, општина Центар се погрижи, освен на своите жители, да им обезбеди непречено паркирање и на сите граѓани кои за своите дневни обврски или за исполнување на своите работни активности доаѓаат во овој дел од општината. Двокатниот монтажен паркинг е поставен на улица „Народен фронт” и има околу 500 места за паркирање.

Page 10: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

10

2009-2012

КАТНА ГАРАЖА „СУДСКА ПАЛАТА”

Во февруари 2011 година, беше поставен камен темелник за отпочнување

на градежни работи за изградба на нова катна гаража „Судска палата“ на територијата на Општина Центар. Станува збор за доста значаен проект кој заедно со останатите активности кои ги реализираше општината ќе придонесе кон нејзино комплетно урбанизирање и модернизирање.Денес оваа катна гаража е во завршна фаза со површина од близу 20.000 м2, со предвидени 500 паркинг-места и со деловен простор кој зафаќа 15 отсто од вкупната површина. Паркинг-услугите на катната гаража ќе можат да ги користат вработените во: правосудните органи, зградата на МРТВ во која се сместени и други државни институции, Државниот архив на Република Македонија, Институтот за македонски јазик „Крсте Петков-Мисирков”, како и граѓаните.

Благодарение на инвестициите од овај вид, Општина Центар на сите свои граѓани како и на сите останати кои на дневна основа циркулираат на територијата на општината, им овозможува непречено извршување на своите обврски како и паркинг простор на повеќе локации на нејзината територија.

декември 2011

септември 2012

Page 11: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

11

2009-2012

ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБИКОЛНИ УЛИЦИ КАЈ ГРАДСКИОТ СТАДИОН

Општина Центар во рамките на своите програмски активности изврши

градежни работи за изградба и реконструкција на обиколните улици кај Националната арена „Филип II Македонски“ (Градски стадион). Станува збор за проект кој опфаќа изградба на атмосферска мрежа со должина од 550м2, коловози со вкупна површина од 14.310м2, тротоари со површина од 5.832м2, како и комплетно осветлување по целата должина на обиколните улици.

Проектот се реализира во соработка со градот Скопје и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, при што со изградбата на овие обиколни улици се овозможува полесен пристап на сите возила до стадионот, особено на ургентните возила.

Page 12: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

12

2009-2012

РЕКОНСТРУКЦИИ НА УЛИЦИ

Општина Центар, според утврдената комунална програма, во периодот 2009– 2012 година изврши реконструкција на голем број улици во

општината со цел да се обезбеди побрз и поквалитетен протек на сообраќај и движење на минувачите низ централното градско подрачје.

Во таа насока, би ги издвоиле следниве улици: - ул. „Благоја Давков“, ул. „Дане Крапчев“, ул.

„Славка Недиќ“, ул. „487“ (во Дебар Маало); - ул. „Васил Стефановски“ (во близина на Католичка

црква); - ул. „Пролет“ и ул. „Мирче Ацев“ (во населба

Пролет, во близина на трговскиот центар „ВЕРО“); - ул. „Борка Талески“, ул. „Рајко Жинзифов“,

ул. „9 Мај“, ул. „Киро Крстевски Платник“, ул. „Иван Милутиновиќ“ (зад трговскиот центар „Буњаковец“);

- крак на ул. „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ (во близина на Зелен пазар);

- кеј „13 Ноември“ (од ул. „Војвода Васил Аџиларски“ до бул. „Кочо Рацин“);

- ул. „29 Ноември“ (од бул. „Партизански одреди“ до бул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“);

- ул. „Орце Николов“;

- ул. „Петар Поп Арсов“ (зад Универзална сала); - ул. „Христо Смирненски“ (од бул. „Партизански

одреди“ до ул. „Борка Талески“); - ул. „Алберт Ајнштајн; - ул. „Топаанска“; - проширување на ул. „Васил Ѓоргов“ (во правец кон

крстосницата со ул. „Водњанска“); - ул. „50-та Дивизија“; - ул. „Славејко Арсов“ (во близина на турската

резиденција);- ул. „Адвокатска“ (до ОУ „Кирил и Методиј“); - ул. „Глигор Прличев“ (пред МАНУ); - ул. „Адам Мицкиевиќ“ (во близина на Центарот за

рехабилитација и физикална терапија); - пристапни улици кај зградата на поранешен

„Трготекстил“;- ул. „Димче Мирчев“ (во близина на

Министерството за внатрешни работи);- пристапна улица која започнува од семафорот

на булевар „Гоце Делчев“, кај зградата на Македонска телевизија, кон задниот дел на комплексот судови и завршува кај двата новоизградени објекта на Кривичен суд и катната гаража што ја гради општина Центар.

ул. „Благоја Давков“

кеј „13 Ноември“

ул. „29 Ноември“

ул. „Христо Смирненски“

РЕКОНСТРУКЦИИ

Page 13: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

13

2009-2012

ул. „Славка Недиќ“

ул. „Васил Стефановски“

ул. „Петар Поп Арсов“

ул. „Мирче Ацев“ Крак на ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ (околу зградата на Трготекстил)

ул. „Топаанска“

ул. „Пролет“

ул. „Васил Ѓоргов“

ул. „Орце Николов“

Page 14: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

14

2009-2012

РЕКОНСТРУКЦИИ НА ТРОТОАРИ И ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ

Во периодот 2009–2012 година општина Центар интензивно работеше на поплочување на тротоари и пешачки патеки како дел

од предвидените проекти за разубавување на општината.

Поплочувањето беше извршено на следниве локации: кракот на ул. „М.Х.Јасмин“ (спроти „Рамстор“), околу кулите на Градски ѕид, на ул. „Глигор Прличев“, на ул. „Иљо Војвода“ (кај Музејот на холокаустот), во населба Капиштец, по целата должина на улица „Народен фронт“, на улица „Даме Груев“, на просторот од булевар „Партизански

одреди“ до улица „Димитрие Чуповски“ и од ул. „Димитрие Чуповски до „11 Октомври“, во близина на детската градинка „13 Ноември“, населба Пролет (спроти Транспортен центар), на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ (кај Комплекс банки), кај кулите на Градски ѕид (на бул. „Кочо Рацин“), ул. „Даме Груев“ (од ул. „Македонија“ до ул. „Димитрие Чуповски“ и од ул. „Македонија“ кон ул. „11 Октомври“), бул. „ВМРО“ (од бул. „Илинден“ до бул. „Партизански одреди“), ул. „Васил Ѓоргов“ (од ТЦ Капиштец до ул. „Рузвелтова“) и други.

ул. „Васил Ѓоргов“ул. „Народен Фронт“

Патека кај Агромеханика Патека кај МАТ

Page 15: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

15

2009-2012

Кај зграда на поранешен Трготекстил

Спроти T-home

Патеки во Градски ѕид (спроти Југодрво)

ул. „Даме Груев“ (Kaj Крaш)

Патека кај градинка „13 ноември“

Патека околу Градски Sид (спроти Ramstore)

Патека кај МАТ

Page 16: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

16

2009-2012

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ИВАН МИЛУТИНОВИЌ

УРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ И ЗЕЛЕНИЛО ВО ДЕБАР МААЛО

Општина Центар започна градежни работи за комплетна реконструкција

на улицата Иван Милутиновиќ, во должина од 880 метри, почнувајќи од улица Рузвелтова до улица Ленинова, позади ТЦ Буњаковец (до пунктот на ЕВН).

Со реконструкцијата на оваа улица, е предвидено поставување на нов асфалт, нови тротоари, нова водоводна мрежа, фекална канализација и комплетно улично осветлување.

Улицата Иван Милутиновиќ е последна од улиците опфатени со проектот за реконструкција и модернизација на сообраќајниците во овој дел од Општината, со што населбата Буњаковец добива нов урбан лик, како што и доликува на населба од централното градско подрачје.

Со завршувањето на оваа реконструкција, жителите на

општина Центар ќе добијат комплетно нова, функционална и модерна улица, која значително ќе го олесни сообраќајниот

режим, како за возилата, така и за пешаците.

На огромно задоволство на граѓаните на Општина Центар, кои живеат во станбени згради на потегот на улицата Рузвелтова низ

Дебар маало, Општината ги уреди јавните површини и зеленилото помеѓу истите.

Станува збор за простор кој во изминатите 50-тина години не бил никогаш предмет на уредување, а денес наместо земјена подлога и коров, е комплетно преуреден и хортикултурно оплеменет.

За таа цел, извршено е поплочување на пешачки патеки, приоди до влезовите и паркинзи помеѓу зградите со бехатон плочки, на површина од 2.000м2.

Исто така, поставени се и нови сливници, одводнување на атмосферски води, расчистување на дивото зеленило, а во план е и целосно хортикултурно уредување на просторот на површина од 1.500м2.

Page 17: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

17

2009-2012

ИЗГРАДБА НА НОВИ ПАРКИНЗИ

Заради решавање на проблемот со слободните места за паркирање, имајќи предвид дека Центар е општина во која

се одвива најголемиот протек на сообраќај, изградени се нови паркинзи на следниве локации:

- монтажен паркинг на ул. „Народен фронт“; - кај зградата на поранешен „Трготекстил“;- кај „Автомакедонија“;- кај Дом на градежниците;- ул. „Славејко Арсов“ (кај Олимписко село); - ул. „Загребска“ (кај КТК)- ул. „Рајко Жинзифов”, со ул. „Киро

Крстевски Платник”;- ул. „Димче Мирчев”, кај МВР;- ул. „Пролет”, кај Феријален дом.

кај КТК

кај Трготекстил

кај Олимписко село(последна автобуска станица)

Page 18: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

18

2009-2012

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „ДИМИТАР МИЛАДИНОВ“

Изградени се две нови спортски игралишта со трибина со вкупна површина

од 2800 квадратни метри, од кои едното е за мал фудбал и ракомет и е заштитено со метална ограда со висина од 6 метри, а другото е игралиште за кошарка. За да може да се користат и во ноќните часови, игралиштата се осветлени со рефлектори. Патеката на дворот е поплочена со бехатон-плочки (павер-елементи) на површина од 1400 квадратни метри. Исто така, извршено е и хортикултурно уредување и обновување на јавните зелени површини со цел да се разубави просторот. Во дворот е посаден нов дрворед со 9 црвени јавори опкружени со 50 грмушести зимзелени растенија, а меѓу новите патеки се формирани триаголни зелени површини. Исто така, поставени се нови клупи и жардиниери.

Во внатрешниот дел од училиштето е извршена реконструкција на санитарните јазли. Реконструкцијата опфати промена на постојната стара и дотраена санитарна водоводна и фекална инсталација, поставени се подни и ѕидни керамички плочки и нова ПВЦ-столарија, 17 мијалници за раце, а со молерисување се освежени плафоните во санитарните простории.

РЕКОНСТРУКЦИИ НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Page 19: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

19

2009-2012

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „11 ОКТОМВРИ“

Извршена е целосна реконструкција на фасадата и е поставена

нова термичка фасада од типот демит со дебелина од 5 до 7 сантиметри. Фасадата, со површина од 3200 квадратни метри, целосно е молерисана со бои отпорни на атмосферски влијанија. Во рамките на градежно-занаетчиските работи е извршена целосна промена на фасадната столарија, односно се поставени нови прозорци од високо-квалитетни пвц-профили, застаклени со двојно термопан стакло, како и нови алуминиумски влезни врати. Оваа реконструкција овозможи висока енергетска ефикасност во објектот со што како бенефит се добива заштеда на топлинска енергија, а со тоа за брзо време во целост ќе се оправда вложената инвестиција.

Исто така, извршени се градежни интервенции на влезот на новата спортска сала со што целиот комплекс може да функционира како целина. Во училишниот двор се обновени тревниците и се посадени десетина зимзелени садници околу фонтаната. Санирана е и заштитната метална ограда на училиштето покрај ул. „Мирче Ацев”. Извршено е и поплочување на платото пред новата спортска сала со бехатон-плочи, а исто така е посаден нов дрворед со јавори.

Page 20: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

20

2009-2012

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „КОЧО РАЦИН“

Извршена е реконструкција на покривот (замена на постојните азбестно-цементни плочи со лимен покрив на површина од 1600

м2, поставен е и громобран во должина од 320 метри). Исто така, реконструирани се и 4 кабинети (поставување на нов под, молерисување на ѕидови и плафони). На коридорот пред кабинетите по ликовно и историја, како и училницата за првачињата, извршена е санација на подовите, плафоните, санитарните елементи и галантеријата, како и замена на вратите и на постојната електрична инсталација со нови.

Во ова училиште е извршена целосна реконструкција на кујната и на трпезаријата во подрумскиот дел, која се протега на површина од 280 м2. Поставена е нова електрична и водоводна инсталација, како и адаптација на просторот со помошни простории за прием на продукти и излез на отпад согласно со ХАСАП стандардите. Поставени се и нова вентилација и опрема, нови плочки и нов санитарен јазол.

Page 21: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

21

2009-2012

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“

Извршена е реконструкција на санитарните јазли во приземјето (заменета е дел

од фекалната и од водоводната инсталација, извршено е поплочување со керамички плочки и поставување на санитарна опрема).

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Извршена е реконструкција на покривот (замена на постојните азбестно-

цементни плочи со лимен покрив на површина од 1000 м2, поставен е и громобран во должина од 320 метри) и целосно е променета електричната инсталација. Уреден е и поплочен дел од дворната површина од 800 м2. Поставени се детски реквизити за игра и забава во училишното игралиште.

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „ЈОХАН Х. ПЕСТАЛОЦИ“

Извршена е реконструкција на санитарните јазли (заменет е дел од

фекалната и од водоводната инсталација во 15 тоалети, извршено е поплочување со керамички плочки и поставување на санитарна опрема).

Page 22: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

22

2009-2012

За првпат откога постои ова училиште, започната е изградба на нова

фискултурна сала, лоцирана во дворот на училиштето, со ширина од 15,5 метри и должина од 30 метри. Фискултурната сала ќе биде вкопана 5 метри под земја и 1,5 метар над земја, со што ќе се создаде доволен простор

за спортување и рекреација на децата. Рамната покривна површина ќе може, исто така, да се користи од учениците за различни спортски активности.

Со изградбата на салата ќе се реши и проблемот со атмосферските води во дворот на училиштето.

Исто така, во периодот од 2009 досега е извршена и реконструкција на приклучоците за вода и топлификација во целото училиште и промена на покривната конструкција од пластифициран лим.

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Page 23: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

23

2009-2012

РЕКОНСТРУКЦИИ НА ДЕТСКИ ГРАДИНКИ

ДЕТСКА ГРАДИНКА „13 НОЕМВРИ“

- Објект „Парк“ (во Дебар Маало)

Реконструкцијата на градинката вклучува промена на фасадата на површина од 1150 квадратни метри со нова термопан демит фасада, којашто целосно е молерисана со бои отпорни на атмосферски влијанија. Заменета е и целата фасадна столарија со тројно термопан стакло, што овозможува објектот да има заштита од топлина и намалување на бучавата. На влезот и на терасите од градинката се поставени нови гранитни плочки. Исто така, извршена е реконструкција и во внатрешноста на градинката: промена на постојната дотраена водоводна и фекална инсталација, поставени се нови санитарни елементи и галантерија, нови подни и ѕидни керамички плочки во повеќе простории (тоалети, кујни, ходници, скали, пералница и подрумски дел). Целосна реконструкција е извршена во главната кујна на грaдинката. Со поставување на нов модерен и висококвалитетен дабов паркет, сите занимални во коишто престојуваат и си играат дечињата добија нов изглед. Набавени се и нови шкафчиња и полици, целото радијаторско греење е исчистено и санирано и сите простории се молерисани.

Page 24: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

24

2009-2012

ДЕТСКА ГРАДИНКА „КОЧО РАЦИН“

- Објект„ Наум Наумовски Борче“ (зад Универзална сала)

Работните активности во оваа градинка се изведуваа во фази, што опфаќаше целосна внатрешна и надворешна реконструкција.

Целосно се променети старата и дотраена електрична инсталација, водоводната и фекалната инсталација, санитарните подови и санитарната галантерија, а во занималните и во кабинетите за воспитувачите се поставени нови прозорци, врати и ново осветлување. Извршена е реконструкција на кујната со нова галантерија и нови елементи и се поставени нови подни и ѕидни керамички плочки во дел од просториите на градинката. Дечињата од клонот „Наум Наумовски-Борче” можат да се служат со нови изработени шкафчиња и полици.

Внатрешните простории добија нов изглед со целосна реконструкција на ѕидните површини, коишто беа освежени со палета од весели пастелни бои. Имено, целиот објект доби нов изглед со внатрешно бојадисување со квалитетен поликолор. Занималните каде што си играат дечињата добија пософистициран лик со нов висококвалитетен буков паркет и ново осветлување. Исклучително е подобрено заштитното влијание од топлина и бучава со целосна промена на фасадната столарија со двојно термопан стакло. Надворешната фасада е заменета со нова термопан демит фасада на површина од 1300 квадратни метри, обоена со бои што се отпорни на атмосферски влијанија.

Page 25: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

25

2009-2012

- Објект „Бели Мугри“

Извршена е реконструкција на санитарните јазли, при што е променета старата и дотраена фекална и водоводна инсталација

со вградување нова санитарна опрема и замена на санитарните елементи и галантеријата. Исто така, извршено е поплочување со керамички плочки на површина од 700 квадратни метри и молерисување на ѕидовите и плафоните на површина од 1.000 квадратни метри.

Во внатрешноста на објектот е заменета оштетената дрвена столарија, а во просториите во кои престојуваат децата е поставена нова електрична инсталација. Поставени се и 100 нови радијатори со сите потребни приклучни елементи.

Изградено е и ново детско игралиште опремено со реквизити за игра и забава, а по барање на децата се поставени и нови мостови, качувалки и клацкалки.

ДЕТСКА ГРАДИНКА „РАДЕ Ј. КОРЧАГИН“

Заради намалување на загадувањето на животната средина, во објектот„ Пинокио“ беа преземени интервенции за енергетска

ефикасност, кои опфаќаат замена на дотраените дрвени прозорци и врати и поставување енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци и врати на двата ката од објектот.

Исто така, заменети се столариите во: 5 занимални, 2 кабинета по музичко и информатика, амбулантата, кујната и ходниците на првиот кат. ПВЦ прозорци и врати беа монтирани на површина од околку 170м² или искористени се околу 650 м должина на ПВЦ-профили. Заменети се старите (волфрамови) светилки со енергетски ефикасни светилки во просториите, како и за надворешно осветлување на објектот.

Со овие мерки градинката може да се претстави како енергетски ефикасен објект во општина Центар.

Page 26: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

26

2009-2012

ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА

Во насока на обезбедување поголем број места за игра, забава и дружење на

најмладите, општина Центар, во рамките на комуналната програма во делот за спорт и рекреација, планира изградба на нови и реконструкција на постојните детски игралишта.

Реализирани се проекти за детски игралишта: во дворот на ОУ „Кочо Рацин“, во населбите Капиштец, Пролет, Маџир Маало и Крњево, во детските градинки „Бели Мугри“ и „13 Ноември“, на улиците „Самоилова“, „Дебарца“, „Партение Зографски“, „Козара“, во Урбан парк и Парк на

новинарите, кај кулите на Градски ѕид (до Зелен пазар).

Службата за комунални работи постојано ги следи состојбите на детските игралишта и по потреба интервенира за нивно одржување и реконструкција.

Page 27: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

27

2009-2012

Page 28: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

28

2009-2012

СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА

Заради развој на спортскиот дух и создавање услови за рекреација на своите жители,

особено на најмладите, општина Центар започна со изградба на 11 игралишта за мал фудба наменети за деца до 9-годишна возраст.

Во рамките на оваа активност досега се изградени 4 игралишта, и тоа: во Паркот на франкофонијата, на плочникот кај Агромеханика, во населба Капиштец и кај Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во тек се градежните работи за реализација на уште 7 игралишта за мал фудбал во: дворот на ОУ „Ј.Х. Песталоци“, Дебар Маало, Крњево, Пролет, Капиштец и Урбан парк.

Page 29: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

29

2009-2012

ИЗГРАДБА НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општина Центар во периодот 2009–2012 година континуирано работи на

реконструкција на постојната и поставување на нова мрежа за улично осветлување.

До крајот на 2011 година е поставена мрежа за улично осветлување во должина од околу 13 100 метри, на која се поставени околу 700 светлечки тела со штедливи светилки.

До крајот на 2012 година, во согласност со општинската програма, предвидено е да се постави мрежа во должина од околу 9000 метри и околу 350 светилки.

Page 30: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

30

2009-2012

ЧИСТЕЊЕ НА ДЕПОНИИТЕ

Во периодот 2009–2012 година во општина Центар, преку акциите за чистење на

депониите на повеќе локации во

општината, исчистени се околу 4.500 м³ смет, градежен шут и комунален отпад.

Овие акции се преземаат заради

обезбедување здрава животна средина и наедно претставуваат апел до граѓаните за одржување на јавната чистота.

ул. Драмска пред

ул. Ганчо Хаџипанзовпотоа

ул. Ганчо Хаџипанзовпред

ул. Драмска потоа

ул. Козара пред

ул. Козара потоа

Page 31: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

31

2009-2012

ул. Елисие Поповскипотоа

ул. Елисие Поповскипред

ул. Питу Гули потоа

ул. Васил Ѓоргов со ул. Рузвелтовапотоа

ул. Салвадор Аљендепред

ул. Салвадор Аљендепотоа

ул. Васил Ѓоргов со ул. Рузвелтовапред

ул. Питу Гули пред

Page 32: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

32

2009-2012

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ТОАЛЕТ КАЈ „ТРГОТЕКСТИЛ“ И УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ

По барање на жителите, на просторот зад „Трготекстил“ беше отстранет објектот

„јавен тоалет“ и беше извршено урбано уредување.

Јавните тоалети се отстранети од местото каде што претходно беа лоцирани, а просторот е поплочен со висококвалитетен вештачки гранит. Поставени се

и хортикултурно уредени зелени површини. Исто така, извршена е и реконструкција на старите клупи, а е вратена во функција и постојната фонтана.

Page 33: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

33

2009-2012

ПОКРИВАЊЕ НА ОТВОРЕН КАНАЛ НА УЛИЦАТА„САЛВАДОР АЉЕНДЕ“

Со проектот е реализирано покривање на отворениот дел од каналот за

атмосферски води од крстосницата на ул. „Салвадор Аљенде”до крстосницата со ул.„Тасино Чешмиче” и ул.„Белградска” во должина од 300 метри, на чија површина е изградено шеталиште со широчина од 7 метри.

Направена е реконструкција на локалната фекална канализација за нејзина поголема функционалност. Трасата на каналот е искористена и за изведба на потисен водоводен цевковод. По претходното асфалтирање, целиот канал е покриен со бехатон-плочки. Проектот е заедничка инвестиција на општина Центар и градот Скопје. Просторот сега се користи како пешачка зона.

Page 34: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

34

2009-2012

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ

И покрај големата урбанистичка експанзија во централното градско јадро,општина Центар води голема грижа секој слободен простор

хортикултурно да го уреди со цел нејзините жители да можат да уживаат во цветните и зелените површини.• Хортикултурноуредувањенаулицата„Никола

Вапцаров“ во централното подрачје со нов дрворед од 30 јапонски цреши, декоративни зимзелени садници и цветен расад во нови бетонски жардиниери, како и поставување цветни кошници на канделабри. Полевањето се изведува со автоматски систем.

• Хортикултурноуредувањенановиотскверкај хотелот„Јадран“, на улиците: „27 март“, „Наум Наумовски-Борче“, „8 ударна бригада“ и „Скопска“, како и новопроектираната улица „Максим Горки“ со нов дрворед од 170 садници, жардиниери со декоративни садници и цветен расад, како и уредување на металните столбови со зимзелени садници и цветни кошници. Полевањето се изведува со автоматски систем.

• Подигнувањенановпаркналокацијатаод ул. „Орце Николов“ и ул. „Скопска“ кон плоштадот„Македонија“ со дрворед и декоративни садници и автоматски систем за полевање.

• РеконструкцијанатревниципредМепсоконплоштадот„Македонија“.

• Хортикултурноуредувањенановимермернижардиниери по должината на ул. „Даме Груев“ со декоративни зимзелени садници и поставување на автоматски систем за полевање.

• Хортикултурноуредувањенановоизграденатажардиниера на почетокот од ул. „Даме Груев“ со декоративни зимзелени садници и цветен раса.,

• Реконструкцијанатревницитеихортикултурноуредување на површините пред станбените блокови кај општинскиот паркинг „Трготекстил“, подигнување нов дрворед од липи и 3 алпинетуми со декоративни зимзелени садници.

• Реконструкцијанатревницитеодхотелот„Бристол“ кон Трготекстил, како и подигнување алпинетум со зимзелени садници.

• Реконструкцијаихортикултурноуредувањенаскверот пред општина Центар на ул. „Михаил Цоков“ и на скверот Кружен тек на ул. „Наум Наумовски-Борче“.

• Реконструкцијанапостојнитетревнициоколу

детското игралиште кај Зелено пазарче и во близина на бул. „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.

• Хортикултурноуредувањеналокацијанаул.„Народен фронт“, околу последната автобуска станица на 23 и Паркот на новинарите.

• Реконструкцијанатревнициоколуновоизградените детски игралишта во Капиштец, спроти Агенцијата за вработување.

• Реконструкцијанатревницитепредстанбенитеблокови на ул. „Козара“ и ул. „Адам Мицкиевиќ“ кон ул. „Васил Ѓоргов“.Реконструкција на паркот над ОУ „Кочо Рацин“ и ул. „Салвадор Аљенде“.

• Реконструкцијанатревницитеихортикултурноуредување со декоративни алпинетуми во дворовите на основните училишта и градинките во општина Центар.

• Хортикултурноуредувањенаул.„Пролет“(бул.„Крушевска република“) со нов дрворед од липи и реконструкција на тревниците.

• Реконструкцијанатревницитеоколудетскотоигралиште на ул. „Цицо Поповиќ“, нас. Пролет.

• Реконструкцијанатревникотподолжинатанабул. „3 Македонска бригада“ и подигнување дрвореди од видот каталпа и липи.

• Реконструкцијанатревницитеиподигнувањедрворед од липи на бул. „Никола Карев“.

• Хортикултурноуредувањенакомплексдосредното училиште „Ј. Б. Тито“, околу станбените згради, и подигнување нови тревници

• Хортикултурноуредувањенажардиниерипред станбените блокови на локациите: кај Работнички дом, околу Зелено пазарче кон улица „Македонија“, пред Здравствен дом „Железничар“ и на платоата зад Агромеханика кон бул. „Илинден“ со декоративни зимзелени садници и грмушки.

• Реконструкцијанатревницитепредстанбенитеблокови на бул. „Кочо Рацин“, во близина на градинката„Р. Ј Корчагин“ и Работнички дом.

• Реконструкцијанатревницитепредстанбенитеблокови зад Агромеханика до бул. „Илинден“.

• Хортикултурноуредувањеоколуновитескверови на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ и бул. „Никола Карев“, на местата од урнати објекти.

• Дополнетедрворедотнаул.„Македонија“со16нови дрвја од видот „лириодендрон“.

• Континуиранообновувањенацветниот

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ И УРБАНА ОПРЕМА

Page 35: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

35

2009-2012

расад во жардиниерите на ул. „Македонија“ и ул. „Вапцаров“ на секои 2 месеца, како и цветно уредување на жардиниерите пред Министерството за одбрана, Министерството за култура, споменици во паркови на општината и на други јавни површини.

• Поставувањецветнитопкивотревницисосезонски цветен расад на различни локации во цетралното подрачје, двапати годишно.

• Поставенисецветникошницисопетуниина

канделабрите на улиците: „Никола Вапцаров“, бул. „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Мост на Револуцијата“, „Народен фронт“.

• Редовнокосењенаситејавнизелениповршини,кастрење и обликување на грмушките и дрвјата со машини во парковите на општината, како и на сите површини во населбите.

Page 36: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

36

2009-2012

Page 37: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

37

2009-2012

Page 38: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

38

2009-2012

УРБАНА ОПРЕМА

Во рамките на Комуналната програма, општина Центар на годишно ниво, во согласност со утврдената состојба и предвидените

активности во програмата, врши набавка на нова урбана опрема (клупи, канти за отпадоци, пепелници, жардиниери, заштитни огради и слично).

Исто така, покрај набавката на нова опрема, тековно се врши одржување и реконструкција на постојната или пак оштетена урбана опрема.

На овој начин се овозможува разубавување на голем број локации на територијата на општина Центар (како паркови, шеталишта и слично), како и нивно модернизирање и урбанизирање.

Page 39: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

39

2009-2012

Page 40: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

40

2009-2012

МЕЃУНАРОДНИ ДЕНОВИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Три години по ред општината Центар е домаќин на една од најголемите и најзначајни манифестации - меѓународните денови.

Секоја година оваа манифестација обработува различни тематики, а целта е една и единствена, да се потенцира значењето на меѓународната соработка на општината со повеќе различни земји, како и афирмирање на општината во регионот и пошироко. Преку повеќе различни активности кои се дел од овие меѓународни денови се зголемува нивото на мултилареталната соработка на општина Центар со голем број општини. Истовремено, меѓународните денови создаваат можност за продлабочување на врските на економски, културен и на образовен план.

Во текот на оваа меѓународна манифестација се воспоставува соработка на ниво на општините и размена на искуства и активности кои се во надлежност на локалната самоуправа, како и иницирање на заеднички меѓународни проекти.

Преку ваквите настани од меѓународен карактер се создава огромно искуство кое понатаму ќе влијае на изнаоѓање нови идеи, модерни и корисни проекти, подобрување на условите за културно и модерно живеење.

Затоа, за општината особено се важни ваквите настани каде што се удираат темелите на визијата за современа европска метропола.

МАНИФЕСТАЦИИ / ПРОЕКТИ

Page 41: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

41

2009-2012

Page 42: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

42

2009-2012

УЛИЦА „МАКЕДОНИЈА“ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ 100-ТИ РОДЕНДЕН

На 24 септември 2011 година улица„Македонија“ го прослави својот 100-ти роденден. Најпознатото скопско шеталиштена

овој настан изгледаше каково старите времиња, мирисаше на десетка со кромид, боза и лимонада, на турско кафе со локум и живееше во звукот на староградските песни и шмекот на старите скопски боеми.Старите скопјани се сеќаваа на корзото од пред 100 години, а оние од помладите генерации ги облекоа облеките од своите баби и дедовци и се придружија во одбележувањето на настанот.

За миг присутните вистински го доживеаја периодот

за кој старите скопјани многу често зборуваат.

За импресиите да бидат уште поголеми, скопјани имаа можност да се возат во пајтони кои цел ден кружеа по улицата, а колекционерите ги покажаа исвоите „олдтајмери“. За љубителите на црно-белиот филм, пред киното „Култура“ се прикажуваше проекција на неми филмови, а подоцна се одржа и поетско матине. На сцената пред Домот на АРМ прозвучија ретро-хитовите на специјалните гости: Зафир Хаџиманов, Верица Ристевска, Даниела Панчетовиќ, Зорица Попанкова, Драган Мијалковски, група ПУ, Зоран Џорлев, Искра

Page 43: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

43

2009-2012

Трпева, Елена Петреска, триото М-Кантабиле, Ана и Олег Контраденко, Аир Стрингс.

Настанот заврши доцна по полноќ со ретро-журката на диџеј Драган Б.Костиќ.

Централната прослава на манифестацијата кулминираше со боемската вечер на терасата и калдрмата пред хотелот „Бристол“, на која како специјални гости беа поканети истакнати личности кои дале особен придонес за македонската култура и уметност.

Тие заедно евоцираа спомени од животот во Скопје и на ул.„Македонија“ во минатото и се забавуваа со шлагери, евергрини,кои беа испеани од Виолета Томовска, Зафир Хаџиманов, Нино Величковски и Томислав Маниќ.

Page 44: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

44

2009-2012

ОДБЕЛЕЖАН 35-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Општина Центар го прослави 35-годишниот јубилеј. На 16 март 1976 година, со

Законот за образување општини во Град Скопје, е формирана и општина Центар. На 3 ноември истата година делегатите во Собранието ја одржаа својата прва седница. Оттогаш до денес општината бележи континуиран развој и прераснува во урбана и вистинска европска општина.По тој повод, на 4 ноември 2011 година беше одржана Свечена академија со која општина Центар го прослави 35-тиот роденден.

Page 45: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

45

2009-2012

Page 46: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

46

2009-2012

ДЕДОМРАЗИЈАДА

„Дедомразијада” е манифестација што за првпат во 2011 година, по примерот на светските метрополи Лондон и Њујорк, се одржа и во Скопје.

Настанот се одржа на 22 декември, што симболично го означува првиот календарски ден од зимата.

Организатор на ова предновогодишно дружење на улицата „Никола Вапцаров” е општина Центар, која во соработка со Клуб ФМ и Сити радио направи атмосферата да изгледа како вистинска божиќна бајка.Овој предновогодишен хепенинг беше поделен на два дела: музичка програма за помалите од 13 до 16 часот и „Afterworkparty“ од 16 часот, што траеше до доцна вечерта.

Најмладите од детските градинки, видно возбудени и со нетрпение очекувајќи го Дедо Мраз, настапија со ритмички точки и пееја за зимата, снегулките, Дедо Мраз и Снешко.Повеќе од 200 дечиња, учесници во програмата, добија 200 чоколади како подарок од општина Центар, а вистинско возбудување за нив беше бесплатното возење со кочијата на Дедо Мраз.

Потоа следуваше забава за повозрасните со најдобрите македонски диџеи од Сити радио и Клуб ФМ - Бабура, Боби Бранчес, Џон Антонио и Дела.

Page 47: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

47

2009-2012

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ МЕД

Веќе седум години општина Центар, во соработка со Пчеларското здружение „Матица“, ја организира традиционалната

манифестација „Денови на македонскиот мед“.

Повеќе од 40 излагачи секоја година на ул. „Македонија“ имаат можност да ги презентираат своите производи.

Манифестацијата „Денови на македонскиот мед“ претставува посебно доживување и за производителите и за посетителите. Овде граѓаните имаат можност да го дегустираат овој природен производ и да се запознаат со неговото дејство, како и со придобивките од неговото консумирање.

Page 48: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

48

2009-2012

МАНИФЕСТАЦИЈА ВО ЧЕСТ НА ВЉУБЕНИТЕ И НА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ДОБРОТО ВИНО

По повод одбележувањето на денот на вљубените, како и на љубителите на доброто

вино, општина Центар организира манифестација што се оддржува веќе неколку години по ред.

На оваа манифестација се упатуваат пораки за љубовта, меѓусебното разбирање, поддршката, пораки за виното, за вистината, за меѓучовечкото разбирање и почитување.

На оваа манифестација секоја година учествуваат голем број јавни личности од секојдневниот и општествениот живот, од бизнис-секторот, уметници, како и дипломатскиот кор во Република Македонија, а истовремено се презентираат и најуспешните вина од повеќе македонски винарии.

Page 49: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

49

2009-2012

ДЕН НА ЕВРОПА

По повод 9 Мај – Денот на Европа, општина Центар, во соработка со Делегација

на Европска Унија во Скопје традиционално, секоја година организира европски хепенинг во центарот на градот.Секоја година голем број деца од основните улилишта и од градинките во општина Центар учествуваат и преку игра, музички точки и натпревари го прославуваат овој значаен ден.Прославата има и натпреварувачки карактер. Познатата трка со келнери од година во година предизвикува сѐ поголем и поголем интерес, а во неа учествуваат голем број келнери од сите популарни кафулиња и ресторани во Скопје.Популарноста на овој настан е огромна и секоја година има сѐ поголема посетеност од жителите на Скопје.Одбележувањето на овој ден е можност да покажеме и да потсетиме дека Македонија припаѓа на големото европско семејство.Република Македонија, како земја со кандидатски статус за влез во ЕУ, прифаќајќи ги европските вредности за соживот, за помирување, за стабилност и просперитет, со полно право го одбележува овој ден како свој, со надеж дека во блиска иднина и формално тоа ќе ѝ припаѓа.

Page 50: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

50

2009-2012

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ

КАМПАЊА ЗА БОРБА ПРОТИВ РАК НА ДОЈКАТА

Во организација на „Македонското научно здружение за аутизам“, а под покровителство на првата дама на Република Македонија,

г-ѓа Маја Иванова, и градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на 2 април 2011 запрвпат во Македонија беше одбележан Светскиот ден на аутизмот. Настанот се одржа на платото пред Спомен-куќата на Мајка Тереза. Општина Центар даде целосна поддршка на заложбите и напорите за подигнување на квалитетот на животот и за остварување на правата на лицата со аутистичен спектар на нарушувања. За отворена, манифестацијата ја прогласи градоначалникот Тодоровиќ, а потоа следуваше богата музичка програма. На гостите и минувачите им беа поделени балони и маици со знакот за аутизам и летоци со основни информации за аутизмот.

Општина Центар и Меѓународната фондација „Борис Трајковски”, во

рамките на неделата за борба против ракот на дојката која се одбележува секоја година од 1 до 8 март, заеднички ја промовираа кампањата под мотото „Поддржи ја борбата - најди лек!”, чија цел е да ја подигне јавната свест за рано откривање и борба против ракот на дојката. Кампањата се одржа во присуство на голем број жени - поддржувачи на кампањата: дипломатскиот кор, пратенички, советнички од општина Центар, претставнички на невладиниот сектор, како и жени од бизнис-секторот и естрадни уметнички. Оваа кампања е мотивирана од фактот што во Македонија кај најголем дел на заболени жени, оваа болест е веќе во поодмината фаза, при што лекувањето е долготрајно и многу скапо, а во многу случаи невозможно.

Идејата за промоцијата беше квалитативно да се информираат и да се едуцираат сите присутни поддржувачи преку практични презентации за рано откривање, превенција и справување со оваа болест, подарувајќи им ја книгата „Ах, тој мамограм!”, која нуди утеха и квалитетно сознание за ракот на дојката.

Page 51: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

51

2009-2012

ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ

НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО

Во соработка со Црвен крст на град Скопје, општина Центар го реализираше

проектот „Општина Центар во акција – Промоција на хумани вредности“.

Целта на проектот беше афирмирање на позитивните културни вредности на младите во општината и со него беа опфатени околу 300 ученици од сите основни училишта во општината. Преку овој проект учениците стекнаа вештини за препознавање на потребите и проблемите во заедницата.

Општина Центар, во соработка со детската градинка „Раде Јовчевски-

Корчагин“, секоја година ја одбележува Светската недела на детето преку организирање низа интересни и едукативни активности.

Дечињата од оваа градинка секоја година остваруваат средби со градоначалникот на општина центар, г. Владимир Тодоровиќ, на кои разговараат на теми што се интересни за нив.

Сите активности што се организираат за време на

Светската недела на детето имаат цел да го фокусираат вниманието на јавноста кон детските права, бидејќи сето она што се случува во раното детство е основа за успехот во текот на целото понатамошно живеење на една личност.

Page 52: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

52

2009-2012

„САКАМЕ ШАРЕН, А НЕ БЕЗБОЕН СВЕТ”

Во рамките на проектот „Активни граѓани”, под покровителство на Британскиот совет, беше организирана обука во која беа вклучени голем

број општини и институции меѓу кои и општина Центар. Како резултат на оваа обука, општина Центар, заедно со НВО „Сумнал”, го реализираше проектот „Сакаме шарен, а не безбоен свет”. Во проектот беа вклучени ученици од сите седум основните училишта во Општина Центар.

Целта на проектот беше подобрување на соживотот на учениците од различните етнички заедници и градење општество со различни култури, традиции и обичаи.

Page 53: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

53

2009-2012

ПРОЕКТОТ „ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА РОМИ“ ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОДЕЛУВА СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ

Во детските градинки во Општина Центар, беше спроведен проектот „Инклузија на деца Роми во ЈОУДГ”. Проектот е реализиран во

соработка со: Министерството за труд и социјална работа, Ромскиот едукативен фонд (РЕФ), како и градинките.

Целта на проектот е подобрување и поддршка во интеграцијата и намалување на запоставеноста на децата Роми, како и зголемување на нивниот број во предучилишните образовни установи. Со проектот се опфатени деца од ромска националност на возраст од 4,8 до 5,7 години, кои живеат на територијата на општина Центар, а трошоците за сместување и превоз на дечињата од нивните домови до градинката беа обезбедени од општина Центар и од Министерството за труд и социјална политика.

Секоја година општина Центар, во пресрет на новогодишните празници,

на жителите на општината кои се корисници на правото на социјална парична помош им доделува социјални пакети, кои содржат основни прехранбени производи.

Инаку, општина Центар во своето дејствување посветува големо внимание на ранливите категории граѓани преку реализација на низа активности со кои придонесува за подобрување на условите за животот.

Page 54: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

54

2009-2012

Општина Центар го отвори Советувалиштето за деца и родители – жртви на

семејно насилство, прво од ваков вид во Скопје. Средствата потребни за работа на ова советувалиште беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и од Канцеларијата на УНИЦЕФ, а просторот го обезбеди општина Центар.

Семејното насилство претставува општествен проблем, при што најчести жртви се жените и децата. Активностите предвидени во рамките на ова советувалиште имаат цел да го прекинат кругот на пренесување на моделот

на насилно однесување во семејството, а оттука и спречување на појавата на насилство кај младите. Од особено значење е што во ова советувалиште се става акцент на работата со мајките на овие деца, со што јакнејќи ги нивните капацитети, ќе се постигне и нивно оспособување за извршување на родителските обврски,

кои се од особено значење за личниот развој на децата. Советувалиштето работи секој ден, вклучувајќи ги и викендите, од 16 до 20 часот.

СОВЕТУВАЛИШТЕ ЗА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА – ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

ПРОЕКТОТ „БАБИНИ ИГРИ“ ГО ОСВОИ И СВЕТОТ

Tимот од македонски наставници за проектот „Бабини игри“ освои

престижна награда на Глобалниот форум на Мајкрософт „Партнери во учењето“, кој се одржа во Вашингтон, САД.

Натпреварувајќи се со 115 проекти од 70 земји од светот, проектот „Бабини игри“ го освои второто место во категоријата „Избор од наставниците“ (Educator’s Choise).

Република Македонија е единствена земја од Југоисточна Европа во редот на прогласените победници на овој форум, кој оваа година се одржа во Вашингтон од 7 до 10 ноември. Носител на проектот беше одделенскиот наставник Марина Василева од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од општина Центар, а координатор на проектот беше Добри Јовевски од ОУ „Илинден“ од Крива Паланка. Министерот за образование, Панче Кралев, по повод успехот

на ОУ „Св. Кирили Методиј“, на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, за извонредниот придонес на општина Центар во проектот„Бабини игри“ на Глобалниот форум на Мајкрософт

„Партнери во учењето“ и за промовирање на проектот на локално ниво, му ја врачи наградата за достигнувања од Мајкрософт „Партнери во учењето“.

Page 55: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

55

2009-2012

Традиционално, секоја година општина Центар го одбележува Денот на

планетата Земја.

Главни учесници на оваа манифестација се децата од основните училишта и од градинките во општина Центар, кои преку најразлични игри и активности имаат цел да пренесат една единствена порака - да се заштити природата и да се почитуваат и да се негуваат

богатствата на планетата Земја.

Покрај пригодната програма, посетителите на овие настани секоја година имаат можност

да дискутираат за прашања од областа на животната средина на глобално и на локално ниво со претставници од општината.

ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

ДЕН НА ДРВОТО

Секоја година општина Центар успешно учествува во големата граѓанска акција

Ден на дрвото – засади ја својата иднина. На повеќе локации, учениците од седумте основни училишта во општината, заедно со своите наставници и претставници од општината, садеа голем број садници под надзор на ЈП Македонски шуми.

Со групите кои секоја година садат на различни локации раководат координатори од општина Центар кои им помагаат во процесот на садење и негување на садниците.

Помалите ученици во оваа акција учествуваа садејќи садници во дворовите на основните училишта.

Page 56: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

56

2009-2012

Со пригодни настани, општина Центар, традиционално, секоја

година ги одбележува „Деновите на пролетта – Недела на екологијата”.

Стотина ученици од основните училишта во општина Центар изведуваат музички точки, рецитали и драматизации посветени на пролетта, екологијата и на будењето на природата, испишуваат пораки и цртаат цртежи за

заштита на животната средина. Целта на манифестацијата е да се подигне свеста за животното опкружување и да се создаде нова генерација млади луѓе кои преку љубовта кон природата ќе

создадат потреба за едукативно надградување, за рамнотежа меѓу човекот и природата.

Со тоа тие ќе развијат правилен научен и креативен однос кон неа.

ДЕНОВИ НА ПРОЛЕТТА - НЕДЕЛА НА ЕКОЛОГИЈАТА

ОДРЖАН МУЗИЧКИОТ ХЕПЕНИНГ „МУЗИКА ЗА СТАРТ“

Општина Центар, по повод новата учебна година, организираше

музички хепенинг со наслов „Музика за старт“кој се одржа на 12 септември 2010 година на Школката во Градски парк. На настанот учествуваа голем број музичари и јавни личности, а посетеноста беше огромна. Општина Центар, како организатор и покровител на настанот, кој помина во името на музиката, спортот и дружењето, им посака успешен почеток на новата учебна година на учениците од основните училишта кои се под нејзина надлежност.

Page 57: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

57

2009-2012

ОПШТИНА ЦЕНТАР – ДОМАЌИН НА „ФРЕЈА ФОРУМ 2010“

Општина Центар беше домаќин на Фреја форум на тема „Демократија,

еднакви можности и предизвици на мобилноста за редуцирање на сиромаштијата“, на кој присуствуваа 200 претставници од 12 европски земји.

Фреја форумот овозможува воспоставување и одржување на платформа за соработката меѓу граѓанскиот сектор, бизнис-секторот и владините институции преку размена на искуства од регионот и од Европската Унија.

Page 58: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

58

2009-2012

ЛИЗГАЛИШТЕ НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“

На 12 јануари 2010 година општина Центар доби уште едно место

за рекреација и уживање во зимскиот период. Имено, на плоштадот „Македонија“ беше официјално пуштено во употреба новото лизгалиште. Децата од СОС- селото, претставниците на медиумите заедно со градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, имаа можност да се дружат и да се забавуваат на новото лизгалиште.

Лизгалиштето располагаше со 800 м2 чист простор за лизгање, има капацитет од 300 луѓе и 360 пара лизгалки, како и помагала за деца во форма на бели мечки и пингвини. Граѓаните имаа можност 3 месеци во текот на зимскиот период да се рекреираат на лизгалиштето.

Page 59: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

59

2009-2012

ЕДУКАЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

ПРОМОВИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АКЦИЈАТА „САКАМЕ ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА БЕЗ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА“

Во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и со Здружението на граѓани

ОРТ, општина Центар започна со спроведување на програмата за едукација на учениците од основните училишта и на децата од градинките на тема: „Правилно управување со отпадот”.

Целта на проектот беше на начин близок на децата да им се објасни процесот на управување со отпадот, неговата селекција и рециклирањето. За таа цел, децата од поголем број основни училишта и градинки во општината изработуваа играчки и предмети од употребени пластични шишиња, хартија, весници и други материјали.

Општина Центар на 29 март 2010 година во просториите на ОУ „Кочо Рацин“ организираше настан за промовирање на активностите и

резултатите од проектот „Сакаме чиста животна средина без пластични шишиња“. Заради огромниот интерес кај учениците за оваа проблематика, општина Центар го спроведе проектот во сите 7 основни училишта во текот на април, кога го одбележа „Денот на планетата Земја“ - 22 април.

Page 60: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

60

2009-2012

ПРОЕКТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАСТИЧЕН ОТПАД „СОБЕРИ ПЕТ ДА ДОБИЕШ ПЕТ“

ВОВЕДЕН ЕЛЕКТРОНСКИ ДНЕВНИК

Општина Центар, во соработка со Здружението на граѓани ОРТ, Скопје и ЈП

Комунална хигиена, реализираше проект за собирање отпадна пластична амбалажа и нејзина преработка со наслов „Собери ПЕТ да добиеш пет“. Проектот се реализираше 14 месеци и опфаќаше серија активности кои подразбираа собирање на пластични шишиња во одредени пунктови, транспорт до фирмата за преработка, како и едукативни работилници за деца. Средствата собрани од продажбата на пластичниот отпад беа искористени за обнова на училиштата или за купување училиштен материјал и прибор за настава.

На 23 февруари 2010 година во основното училиште „Коле Неделковски“ за првпат беше промовирана апликацијата Електронски

дневник. Се работи за проект кој го организира и имплементира општина Центар. Целта на апликацијата е комплетно следење на образованието на децата од страна на родителите, и тоа: оценки, изостаноци, распоред на часови, теми што децата ги работат на час и какви било забелешки кои наставникот сака да им ги пренесе на родителите.

Page 61: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

61

2009-2012

УЧЕСТВО НА НАЈГОЛЕМИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО ШВАЈЦАРИЈА

Општина Центар за првпат учествуваше на престижен Интернационален саем

за туризам кој се одржа од 29 октомври 2009 до 1 ноември 2009 година во Лугано – Швајцарија.

Покрај реализирањето на голем број бизнис-состаноци со туристички оператори и агенции од Италија, Чешка и Германија, официјалните претставници на општината имаа можност да ја промовираат 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. Од тие причини и саемскиот штанд на општина Центар

изобилуваше со брошури, книги и постери тематски посветени на ликот и делото на единствената нобеловка од Скопје. Од самото учество, општината побуди голем туристички интерес кој резултираше со зголемен број на туристи во наредните години.

На Интернационалниот саем за туризам учествуваа 1600 излагачи од целиот свет. Како главни учесници се јавија туристички канцеларии, општини, министерства за туризам , хотели, туристички оператори итн. На саемот учествуваа повеќе од 60 земји од Европа, Јужна Америка и од Африка.

Page 62: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

62

2009-2012

СЕРТИФИКАТ ЗА ISO 9001:2008

ВЕЛИГДЕНСКО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ

Општина Центар се здоби со сертификат за систем за управување со квалитет ISO 9001:2008 кој ги утврдува

квалитетот на работењето на општествената администрација и квалитетот на услугите што им ги дава општината на граѓаните во областа на урбаното планирање, инфраструктурата, заштитата на животната средина и економскиот и социјалниот развој на општината. Сертификатот значи поголема одговорност и отчет пред граѓаните, како и активно вклучување на администрацијата во унапредувањето на општината.

Општина Центар, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, секоја

година, подарува по 12.000 велигденски јајца.

Деца од КУД „Кочо Рацин“ облечени во народни носии со беџови од Општина Центар, им подаруваат велигденски јајца на минувачите на најфрекфентните локации во централното градско подрачје: улица „Македонија“, улица „Никола Вапцаров“, Кеј „13 Ноември“, ГТЦ, во ТЦ Буњаковец, на Зелен пазар и пазарот во Буњаковец, како и улица „Ленинова“ во Дебар Маало.

На овој начин Општина Центар пригодно им го честита празникот на своите православни сограѓани.

Page 63: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

63

2009-2012

КОНЦЕРТИ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Во организација на општина Центар неодамна започна серијалот „Концерти под

отворено небо“, кој се одржуваше секој петок и сабота, во текот на септември.

Сите граѓани на град Скопје, но и сите туристи и случајни минувачи имаа можност да уживаат во звуците на класичната и популарната музика. Едночасовните музички концерти беа исполнети со богат репертоар и создаваа доживување кое долго време ќе се памети.

Љубителите на квалитетната музика имаа можност да ги посетат овие едночасовни концерти слушајќи прекрасни мелодии во изведба на Ер Стрингс и Пламенка Трајковска – гудачки квартет, Фор стрингс, Танго Трио, Арте Стринг квартет, како и настапите на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Во одржаните музички вечери, летниковецот на плоштадот „Македонија“ никогаш не изгледал повеличествено.

На отворањето на првиот концерт присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Page 64: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

64

2009-2012

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Општина Центар и градоначалникот, Владимир Тодоровиќ, секоја година им ги разубавуваат новогодишните и божиќните празници на

голем број дечиња.

Секоја година се организираат настани на кои пакетчиња добиваат деца од социјално загрозените семејства, деца од ромска националност, деца од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, деца со пречки во развојот, како и децата на паднатите бранители.

Со пригодна свеченост, детска музика и во присуство на Дедо Мраз, градоначалникот Тодоровиќ на дечињата им посакува искрени желби за многу среќа, успех, позитивна енергија и искрени насмевки.

Page 65: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

65

2009-2012

ЕСЕНСКИ И ПРОЛЕТЕН КРОС ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

СПОРТСКИ ТУРНИРИ

Секоја година општина Центар, заради развивање на спортскиот дух, организира

различни спортски активности, меѓу кои и пролетниот и есенскиот крос во кои учествуваат учениците од основните училишта на територијата на општината.

На овој начин се афирмира спортот кај младите како неопходна активност во нивното секојдневие имајќи ја предвид важноста од правилниот физички развој и поттик на натпреварувачкиот дух кај учениците. За најдобрите ученици се обезбедуваат пригодни награди.

Општина Центар секоја година организира турнири за учениците од основните

училишта на територијата

на општината. Турнирите се играат во различни спортски дисциплини, и тоа: кошарка, мал фудбал, ракомет и одбојка.

Овие турнири веќе прераснаа во традиција и се прифатени од страна на основците со голем ентузијазам. Исто така, тие се

СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Page 66: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

66

2009-2012

проследени со многубројна публика и громогласни навивања.

Секоја година општината обезбедува пехари и медали за првопласираните ученици, а за другите, дипломи за особен придонес.

Page 67: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

67

2009-2012

ТУРНИР „МОЕ МААЛО - МОЈА ЕКИПА“

За првпат, во 2012 година почнаа да се организираат хуманитарните турнири „Мое маало - моја екипа“ во две спортски

дисциплини, и тоа: кошарка и мал фудбал. На овие спортски настани во организација на општина Центар се натпреваруваат сите заинтересирани љубители на кошарката и на фудбалот и сите оние што рекреативно се занимаваат со овие спортови.

На турнирите натпреварувачите имаат можност да се запознаат меѓусебно и да ги разменат искуствата што ги стекнале играјќи фудбал и кошарка со своите маалски другари.

Секоја екипа што се пријавува на турнирот плаќа симболична котизација, а собраните средствата се донираат во хуманитарни цели.

Page 68: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

68

2009-2012

НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ

Во пресрет на Новата Година, граѓаните на општина Центар можеа да

го почувствуваат празничното расположение. Многубројни украсни новогодишни светилки, секоја година блеснуваат во полн сјај на најфреквентните улици на територијата на општината.

Новогодишно беа украсени дрворедите и јавните површини на трите популарни шеталишта: ул.„Македонија”, ул.„Никола Вапцаров” и ул.„Максим Горки”.

Интензивно се украсуваат дрвјата со светлосно зеленило, светилки и новогодишни солзи , а во 2011 година, како новитет беа поставени специјални светлосни ефекти на плочникот на улиците „Македонија” и „Никола Вапцаров”.

Page 69: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

69

2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

69

2009-2012

ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ 2009 - 2012

2009 

МАЛ РИНГ – ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД СКОПЈЕ Изменување и дополнување/дел од блок Б1; блок 3; блок 4; блок Б6 и блок Б7/

27.02.2009

ГОЛЕМ РИНГ ЈУЖЕН ДЕЛ – ИСТОК 09.02.2009

ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ 1 Блок 8 и блок 9 09.02.2009

ГРАДСКА ЧЕТВРТ ДЕБАР МААЛО 2 28.12.2009

ЦЕНТРАЛНО ЗЕЛЕНИЛО ПОКРАЈ РЕКА ВАРДАР – ПАРК 2 27.02.2009

2010 

МАЛ РИНГ – ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД СКОПЈЕ Изменување и дополнување /дел од блок 1; блок 4; блок 5; блок 6 и блок 7/

06.10.2010

Измена и дополна на ДУП за дел од урбан блок Пресвета Богородица 16.02.2010

ДЕЛ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ КРЊЕВО 1 УРБАН БЛОК 1 16.02.2010

СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА 30.08.2010

ГРАДСКА ЧЕТВРТ ДЕБАР МААЛО 1 06.10.2010

СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР  КАЛЕ Измена и дополна блок 1 30.08.2010

ТЕТОВСКА ТРОШАРИНА 20.12.2010

2011  

МАЛ РИНГ – ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД СКОПЈЕ Изменување и дополнување 31.05.2011

ГОЛЕМ РИНГ ЈУЖЕН ДЕЛ – ИСТОК Изменување и дополнување 24.09.2011

Дел од урбан блок Пресвета Богородица 30.06.2011

СУДСКА ПАЛАТА 1 31.05.2011

СУДСКА ПАЛАТА 2 Измена и дополнување 15.04.2011

СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА Измена и дополнување 18.11.2011

ГРАДСКА ЧЕТВРТ КАПИШТЕЦ ЛОКАЛИТЕТ – КЛИНИЧКИ БЛОК Измени и дополнувања за парцела 1.3.1 21.12.2011

Дел од Буњаковец 1 (катна гаража) 04.03.2011

УМ 16 18.11.2011

ГРАДСКА ЧЕТВРТ ДЕБАР МААЛО 1 Изменување и дополнување - една парцела 1.24 (општ. зграда) 24.09.2011

ГРАДСКА ЧЕТВРТ ДЕБАР МААЛО 2 дел од блок 14 31.05.2011

2012  

МАЛ РИНГ – ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД СКОПЈЕ Изменување и дополнување 01.02.2012

МАЛ РИНГ – ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД СКОПЈЕ Изменување и дополнување 28.06.2012

ГОЛЕМ РИНГ ЈУЖЕН ДЕЛ – ИСТОК Изменување и дополнување 05.04.2012

ДУП Голем Ринг - Запад 18.07.2012

ДУП Градска четврт МАЏИР МААЛО 18.07.2012

ЈУЖЕН ДЕЛ НА ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ 08.06.2012

ГРАДСКА ЧЕТВРТ КАПИШТЕЦ ЛОКАЛИТЕТ – КЛИНИЧКИ БЛОК 13.09.2012

ДУП за населба ЦВЕЌАРА 25.09.2012

ДОЛНО ВОДНО Изменување и дополнување 05.04.2012

МАЛО КУРИЛО Изменување и дополнување 25.09.2012

БУЊАКОВЕЦ 1 УМ 7 05.04.2012

БУЊАКОВЕЦ 1 УМ 1; УМ 2; УМ 3; УМ 4; УМ 5; УМ 6; УМ 8; УМ 9; УМ 10; УМ 11; УМ 12; УМ 13; УМ 14; УМ 15; УМ 18; УМ 19; УМ 20; УМ 22 и УМ 23

10.05.2012

БУЊАКОВЕЦ 2 УМ 1.5 05.04.2012

ЦЕНТРАЛНО ЗЕЛЕНИЛО ПОКРАЈ РЕКА ВАРДАР – ЈУЖЕН ДЕЛ (ПАРК1) 13.09.2012

ДУП Мирче Мацан

ДУП Пролет

ДУП Старо Водно

ДУП Крњево 2

Буњаковец 2

ДУП Тетовска трошарина

ДУП Капиштец – Геолошки завод

ДУП Тасино Чешмиче 1

ДУП Тасино Чешмиче 2

ДУП Ново Маало

ДУП Дебар Маало 1

ДУП Пресвета Богородица

ДУП СРЦ Кале блок 2

ДУП Капиштец

ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ВО ПРОЦЕДУРА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ДО КРАЈОТ НА 2012:

Page 70: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

70

2009-2012

Poštovani i drag Vladimir

Cari Vlatko

Grazie di cuore per averci una splendida cartolina della Macedonia, di Ohrid, della Vostra splendida Skopje, della vostra grande civiltà e della vostra squisita ospitalità.

Čekao sam par dana da Vam se javljam dopisom jer sam htio biti siguran da nisu ishitreni dojmovi koje smo prenijeli iz, nazvao bi ga, “čudesnog” Skopja. Inače oprostite ako ću izgledati malo retoričan, ali u tom mojem dopisu prevladavat će samo superlativi, jer takvo je bilo i Vaše gostoprimstvo.

Ohrid je jako lijep, lijepo uređen, jedan mali bombon, ima prekrasne svirače, odliànu ribu, prelijepu prirodu, ali je Skopje nešto drugo; odnosno Ohrid je ono što sam očekivao, Skopje je međutim jedno prkrasno iznenađenje.

Što reći pak o Skopju. Ono što smo vidjeli je prekrasmo i pokazuje da je Skopje jedna mala (samo s obzirom na broj stanovnika) evropska metropola u svakom pogledu. Stekao sam dojam da je grad u kojem se dobro osjećaju i njegovi stanovnici i negovi posjetitelji. Moram Vlatku izraziti sve komplimente za ono što je radio za taj grad i kako ga prezentira. Mnogi u Rovinju nakom mojih pričanja išli su pogledat Skopje na internet stranicama i ostali začuđeni i potvrdili su moje dojmove.

O Makedoncima i Makedonkama znao sam i prije da su prekrasni ljudi.

No nisam znao da imate tako odličan ajvar, svaki dan kad ga kušamo sjetimo se lijepih trenutaka provedenih u Makedoniji.

Mogao bi tako nastaviti, no ostaviti ću ostale pohvale za neki drugi put.

Na kraju još jedanput reći ću Vam, u moje ime, I u ime Grada Rovinja, jedno veliko veliko hvala za sve male i velike radosti koje ste nam pružili kao Vaši gosti,

Ciao,

Marino

ИМПРЕСИИТЕ НА ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РОВИЊ, МАРИНО БУДИЌИН

Page 71: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

71

2009-2012

ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ - 071 28 24 24

Општина Центар им благодари на сите оние кои во изминатиов период ни јавуваа за: оштетени коловози, оштетени тротоари, неисчистен смет и шут, светилки кои не работат и

слични проблеми.

Ги охрабруваме, сите жители на Општина Центар и понатаму да го користат дежурниот телефон 071 28 24 24 за пријавување на своите проблеми со испраќање на СМС пораки, со цел истите да бидат побрзо отстранети.

Доколку не ги пријавите проблемите во нашата Општина, нема да можеме истите навремено да ги решаваме.

ЗАТОА НАШ СОВЕТ Е:

МЕМОРИРАЈТЕ ГО ОВОЈ БРОЈ И НЕКА ВИ БИДЕ СЕКОГАШ ПРИ РАКА.

071 28 24 24

ОПШТИНА ЦЕНТАР ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО 2009-2012

ИЗДАВА: Општина Центар

ЗА ИЗДАВАЧОТ: Градоначалник Владимир Тодоровиќ

ИЗГОТВИЛ: Елена Чалческа Ташаминова - Одделение за односи со јавност

Тинка Маневска - Одделение за информатичко технички работи

web: www.centar.gov.mk

адреса: ул. „Михаил Цоков” б.б. 1000 Скопје

ПЕЧАТИ: “Bato&Divajn” Graphic Center

Page 72: Отчет за сработеното 2009-2012

ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТООПШТИНА ЦЕНТАР

72

2009-2012