52
1 о т ч е т 20 11 отчет 2011

Отчет 2011

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Отчет 2011

Citation preview

Page 1: Отчет 2011

1

отчет2011

отчет2011

Page 2: Отчет 2011

2

отчет2011

Page 3: Отчет 2011

3

отчет2011

Почитувани граѓани,

Општина Центар е една од десетте општини во Скопје, главниот град на Република Македонија. Општината е седиште на најголем број установи кои имаат административен, политички, образовен, културен и трговски карактер. Овде секојдневно доаѓаат илјадници граѓани од Скопје, но и од цела Македонија. Многубројни културно-историски спомен-обележја и знаменитости, по кои е препознатлива Република Македонија, се наоѓаат токму на територијата на општина Центар, со што истата привлекува и голем број туристи.

Унапредување на квалитетот на живеење на граѓаните е приоритет на Општината и во таа насока интензивно работиме и вложуваме во голем број проекти, вклучувајќи го и проектот „Скопје 2014“, кој придонесува за креирање препознатлив, европски лик на општината.

Општина Центар, како транспарентна, ефикасна и граѓански-ориентирана институција, има обврска и должност пред граѓаните да ги презентира клучните проекти кои се реализирани во 2011 година. „Отчетот 2011“ претставува приказ (збирка) на дел од проектите кои ја подобруваат функционалноста и естетиката на општината и вистински го отсликуваат нејзиниот урбан дух.

Продолжуваме и во 2012 година со реализација на поставените цели и приоритети, кои со сигурност ќе ѝ овозможат на Општината да остане срцето на градот и на државата.

Со почит,

Општина Центар – Скопје

Page 4: Отчет 2011

4

отчет2011

Мост „око“ и Мост на уМетноста

МОСТ “ОКО“

Мостот „Око“ е нов пешачки мост кој функционално ќе ги поврзува двата

кеја на реката Вардар. Истиот е поставен на потегот од Кејот „13-ти Ноември“ до Кејот „Димитар Влахов“, кон влезот на новиот објект на Археолошкиот музеј, Архивот на Македонија и Уставниот суд. Неговата должина изнесува 95 метри, а следејќи ја неговата линија, ширината се движи од 8 до 16 метри.

Новиот пешачки мост со својот архитектонско-уметнички изглед треба да се инкорпорира во постојната околина на центарот на Скопје и Камениот мост, но и да даде печат на денешното време, на современите техники и технологии карактеристични за денешното современо градежништво и техника.

Потесните распони на мостот ќе

бидат пополнети со слоевито проодно стакло преку кои ќе се гледа реката. Оттука се добива неговото име „Око”.

На мостот ќе бидат поставени 28 бронзени фигури на оградата на мостот и една бронзена фигура во фонтаната, во централниот дел на мостот.

Градежните работи ги изведува фирмата „Конструктор“ - Сплит. Овој мост ќе претставува нов

симбол на Градот и Општината, привлекувајќи ги посетителите со својот лик и грандиозност.

МОСТ НА УМЕТНОСТА

Мостот на уметност е на самиот почеток од градба, а предвидено е да се

протега од Кејот „13-ти Ноември“ до Кејот „Димитар Влахов“, кон влезот на новиот објект на Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција.

Истиот ќе биде долг 83 метри, а ширината ќе се движи од 9 до 14 метри.

Изведувач на градежните работи ќе биде фирмата „Бетон“ – Скопје.

Page 5: Отчет 2011

5

отчет2011

Во февруари 2011 година со поставување камен-темелник почна изградбата на катна

гаража, проект на Општина Центар,

вреден пет милиони евра. Катната гаража ќе биде со површина од близу 20.000 м2, при што се предвидени 500 паркинг места, а 15 отсто од вкупната површина ќе биде деловен простор. Паркинг

услугите на новата катна гаража ќе можат да ги користат вработените во правосудните органи, зградата на МТВ во која се сместени и други

државни институции, Државниот архив на Република Македонија, Институтот за македонски јазик „Крсте Петков-Мисирков“, како и граѓани и лица од надвор. Од вкупната сума за инвестицијата,

2,5 милиони евра се обезбедени како кредит од НЛБ Тутунска банка, а другите 2,5 милиони треба да се добијат од продажбата на

деловните простории, кои се во состав на катната гаража. Изведувач на работите е ГП „Бетон“, кој треба да го заврши објектот во рок од 16 месеци.

иЗГРаДБа на катна ГаРаЖа Во оПШтина ЦентаР

февруари 2011 декември 2011

ПуШтен Во уПотРеБа ноВиот МонтаЖен ПаРкинГ Во каПиШтеЦ

општина Центар продолжува со инвестиции во

нови паркинг места на територијата на општината. Оттука, официјално беше отворен новиот двокатен монтажен паркинг, поставен на улица „Народен Фронт“ во Капиштец, една од најфреквентните и најгусто населени населби во градот Скопје. Со изградбата на монтажниот паркинг, веќе постоечкиот паркинг простор се збогати со 135 паркинг места во првата фаза, а со неговата изградба, жителите на населбата Капиштец ќе добијат нови 500-тини места за паркирање.

„Со оваа инвестиција, конечно решаваме еден од најголемите

проблеми на жителите на населбата Капиштец, а тоа е наоѓањето на слободен паркинг простор. Една од главните заложби на општина Центар и понатаму ќе остане изградбата на нови објекти од овој тип, како и проектирање на целосно нови паркинг простори. Факт е дека дневната фреквенција на возила во нашата Општина

е најголема, со оглед на тоа дека Центар е главната артерија на сите бизнис и административни центри во Скопје, но и на цела Република Македонија. Оттука, наша одговорност е, покрај на жителите на Општината, да им обезбедиме непречено паркирање и на сите граѓани кои за своите дневни обврски

Page 6: Отчет 2011

6

отчет2011

или за исполнување на своите работни активности доаѓаат во нашата општина“, изјави градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, на свеченото отворање на монтажниот паркинг.

Монтирањето го изврши компанијата „Масон инженеринг”. По комплетирањето на монтажниот паркинг, предвидено е и хортикултурно

уредување на просторот, како и поставување на урбана опрема.

ноВ Лик на уЛиЦата „кеЈ 13 ноеМВРи“

ЗаМенета каЛДРМата сПРоти хотеЛот „хоЛиДеЈ ин”

извршена е реконструкција на „Кеј 13 Ноември” на потегот од ул. „Војвода

Васил Аџиларски” до бул. „Кочо Рацин”. Притоа целосно беше отстранета калдрмата и улицата беше асфалтирана во должина од 350 метри. Отстранетата

калдрма е складирана во Јавното претпријатие „Улици и патишта“. Функцијата на улицата остана иста како и досега, со тоа што реконструкцијата овозможи побрз проток на сообраќајот и избегнување на сообраќајниот метеж. За таа цел, извршена е и

хоризонтална сигнализација на улицата.

Изведувач на работите поврзани со асфалтирањето на улицата е градежната фирма АД „Пелагонија“ - Гостивар.

Page 7: Отчет 2011

7

отчет2011

ноВ и соВРеМен Лик на уЛиЦата „29 ноеМВРи“

улицата „29 Ноември“ доби нов и модерен лик по целосното реконструирање,

кое изминатиов период го изведе Општина Центар.

Обновувањето на улицата се изврши на потегот од бул. „Партизански одреди“ до бул. „М. Теодосиј Гологанов“.Со тоа значително се зголеми регулирањето и безбедноста на сообраќајот во овој дел на општината. Улицата „29 Ноември“ беше реконструирана во должина од 500 метри и широчина од 12 метри.

При изведувањето на градежните работи, беше отстранета старата и дотраена асфалтна подлога, а асфалтирањето се изврши со нанесување на два нови асфалтни

слоја на површина од 6.000 метри квадратни. Пред покривање на улицата со нов асфалт, ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје изведе обновување на водоводната мрежа. Под земја се поставија сите кабли од мобилните оператори, што беа во висина над улицата, а се постави и подземна електрична инсталација на ЕВН. Исто така,

се изврши интервенција на потпорните ѕидови, а тротоарите се обновија со бехатон-плочки. Се постави и нова хоризонтална и вертикална сигнализација.

Во Програмата за реконструирање улици на Општина Центар во 2012 година се предвидува продолжување на реконструирањето на ул. „29 Ноември“, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Орце Николов“.

Page 8: Отчет 2011

8

отчет2011

„никоЛа ВаПЦаРоВ“ – уЛиЦа со еВРоПски Лик

Во согласност со деталниот урбанистички план, ул. „Никола Вапцаров“ (долга

150м, широка 10,5м, со површина од 1.800м2) доби нов модерен лик и денес претставува прекрасно шеталиште за граѓаните.

Реконструкцијата опфати комплетно отстранување на асфалтниот слој од улицата и од тротоарите, измени во сообраќајниот режим, хортикултурно уредување и решение за атмосферските води.Од двете страни на сообраќајницата беа изградени широки тротоари, поплочени со плочи од вештачки гранит, комплетно облагороден со хортикултурни аранжмани. Беа поставени нови канделабри, ново

осветлување, клупи, жардиниери и дрвореди. На спојот со улицата „Димитрие Чуповски“ беше изградена такси-постојка и постојка за јавен градски сообраќај. Со реконструкцијата, е воведен

комбиниран сообраќаен режим со колско-пешачка функција со посебен режим на сообраќај. Сообраќајот се контролира со две хидраулични столбчиња на почетокот на улицата. Хортикултурното уредување опфати поставување на 14 мермерни жардинери во кои се посадени зимзелени растенија, грмушки и цвеќиња. На канделабрите се поставени 30-тина корпи, во кои беа насадени разнобојни цвеќиња. Исто така, на

улицата е посаден и дрворед од 30 јапонски цреши. Наводнувањето на целото зеленило технички е решено со автоматски систем. Одводот е решен со поставување на линиски тип на сливници од германско производство, што

претставува најоптимално решение за одводот на атмосферските води. Овој систем е техничко решение што редовно се реализира во европските и во светските градови. Инвестицијата за реконструкција на улицата изнесува околу 11,5 милиони денари. Градежните работи ги изведоа: „Гранит“, „Урбан инвест“, „Беграмо“, „Анизор“, „Елтра“, „Флора стат“ и „Аполо“.

Page 9: Отчет 2011

9

отчет2011

Во 2011 година, Општина Центар, според утврдената комунална програма,

опфати реконструкција на повеќе општински улици. Реконструирањето се изведе во Дебар Маало и тоа на улиците: „Благоја Давков”, „Дане Крапчев”, „Славка Недиќ” и „487”. Градежните работи вклучуваа

вадење на горниот слој на асфалтот со машинско гребење и поставување на нова асфалтна маса со висок квалитет и поплочување на тротоарите со бехатон плочки. На сите улици претходно се реконструираше атмосферската канализација. Асфалтирањето на коловозот на ул.„Благоја Давков” се изведе во должина од 130 метри. Улицата „Славка Недиќ” се покри со нов слој асфалт во должина во 160 метри и широчина 8 метри , како и ул. „Дане Крапчев” со вкупна должина од 200 метри и широчина од 10 метри. Заврши и асфалтирањето

на ул. „487” во должина од 100 метри и широчина од 8 метри. Во близина на горе споменатите улици се реконструираше и мал дел на коловозот од ул. „Дебарца” во должина од 70 метри и широчина од 12 метри. За жителите на Дебар Маало и граѓаните кои што поминуваат со

своите автомобили по овие улици, веднаш по нивната реконструкција, можат да забележат подобар и послободен проток на возилата во сообраќајот. Во текот на 2011 година, извршена е и реконструкција на коловоз на ул. „Орце Николов“, во должина од

500 метри, по претходно изведени приклучоци на атмосферска мрежа со улиците: „Ѓорѓи Пулевски”, „Алберт Ајнштајн”, „Дане Крапчев” и „29 Ноември”.На улицата „Петар Поп Арсов“, изминатиот период се изврши реконструкција на целиот коловоз. Претходно беше изведено машинско

гребење, како подготовка за алфалтирање, при што се извади старата и дотраена алфалтна подлога во должина од 450 метри и широчина од 6,5 метри. По изведените градежни подготовки, се изврши асфалтирање на површина од 2900 м² со нова асфалтна маса, со дебелина од 5 до 7 сантиметри.На улицата „Христо

Смирненски“, беа извршени градежни работи за реконструкција на алфалтот и тротоарите. Старата асфалтна подлога, беше заменета со нова, во должина од 350 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до ул. „Борка Талески“.

РеконстРукЦиЈа на уЛиЦи

Благоја Давков

Христо Смиренски

Славка Недиќ

Орце Николов

Петар Поп Арсов

Page 10: Отчет 2011

10

отчет2011

ноВ систеМ на РеконстРукЦиЈа на уЛиЧни Шахти

општина Центар промовира реконструкција на пропаднат капак од улична шахта

по принцип на нови технички решенија за ваков тип работи. Се работи за сува технологија на реконструкцијата и кратко време на реализација. Имено, ваквата реконструкција на шахта временски трае 30 минути. Поради тоа што на територијата на Општина Центар постојат многу улични шахти, кои се видно оштетени и пропаднати, во наредниот период Општина Центар ќе преземе активности за нивна реконструкција по овој технички систем, кој обезбедува брзи и сигурни решенија. Станува збор за промоција, прва од ваков вид во Скопје.

РеконстРуиРани уЛиЦите „аЛБеРт аЈнШтаЈн“ и „тоПаанска“

општина Центар изврши реконструкција на коловоз на улиците „Алберт

Ајнштан“, во должина од 120 метри, и на „Топаанска“ во должина од 170 метри. Реконструкцијата на коловозот се состоеше од стругање и отстранување на постојниот асфалт и поставување нов асфалт во слој од 7-10 см.

Вкупната инвестиција за извршената работа е 1.850.000,00 денари, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. Работите во договорениот рок ги изведе ГП „ГРАНИТ“-Скопје.

Page 11: Отчет 2011

11

отчет2011

ПокРиВаЊе на отВоРен канаЛ (сПРоти оу „коЧо РаЦин”)

со проектот е реализирано покривање на отворениот дел од каналот за

атмосферски води на потег од крстосницата на ул. „Салвадор Аљенде“ до крстосницата со ул. „Тасино Чешмиче“ и ул. „Белградска“ во должина од 300 метри, на чија површина се формира шеталиште со широчина од 7 метри.

Направена е реконструкција на локалната фекална канализација за нејзина поголема функционалност. Трасата на каналот е искористена и за изведба на потисен водоводен цевовод. По претходното асфалтирање, целиот канал беше покриен со бехатон-плочки. Проектот е заедничка инвестиција на Општина Центар и Град Скопје. Просторот сега се користи како пешачка зона.

Page 12: Отчет 2011

12

отчет2011

РеконстРукЦиЈа на ПЛоЧниЦи и тРотоаРи

Во текот на 2011 година Општина Центар интензивно работеше на поплочување

тротоари и пешачки патеки, со вкупна површина од 5.400м². Како дел од проектот за

разубавување на општината беа поплочени тротоарите на неколку улици во општината. Така, нови тротоари добија улиците „Мито

Хаџивасилев Јасмин“ (спроти трговскиот центар „Рамстор“), беа поплочени и патеките околу кулите на Градски ѕид, како и тротоарите на улиците „Глигор Прличев“, „Народен фронт“ и

„Иљо Војвода“ (кај Музејот на холокаустот).

Во декември беше извршена реконструкција на плочникот на пешачката патека кај Градски ѕид, на улица „Даме Груев“ на потегот

од булевар „Партизански одреди“ до улица „Димитрие Чуповски“. Реконструкцијата е извршена со плочи од вештачки гранит

со висок квалитет и отпорност на атмосферски влијанија. Новопоплочената површина изнесува 1.300 метри квадратни, а на истиот потег извршено е и висинско дотерување и

нивелирање на вентилационите решетки и шахти. Исто така, беше извршена реконструкција и на плочникот на оваа улица во близина на детската градинка „13 Ноември“, на површина од 1000 метри квадратни.

На целиот потег беше извршена реконструкција и на зелениот појас со зимзелени садници, а покрај нив беше поставена нова заштитна ограда.

Page 13: Отчет 2011

13

отчет2011

Page 14: Отчет 2011

14

отчет2011

ПаРкинГ ПРостоР на уЛ. „ЗаГРеБска“ каЈ „ктк“

на ул. „Загребска“, кај поранешна „КТК“, според програмата за урбано

планирање, Општина Центар изврши партерно уредување на површина од 1.500м2 пред новоизградениот станбено-деловен комплекс. Површина од 600м2 беше поплочена со бехатон-плочки, со што се обезбедија 30 паркинг места за лесни возила, а на површина од 200м2 беше изградено ново

детско игралиште. На останатите 700м2 подигната е зелена површина, засадени се 20 дрвjа и изграден е потпорен ѕид во должина од 30 метри обложен со 240 мали бетонски жардинери.

ноВа аВтоБуска ПостоЈка и ноВ ПаРкинГ каЈ „оЛиМПиско сеЛо”

Во ноември Општина Центар го пушти во употреба новиот паркинг простор на улица

„Славејко Арсов“, што се наоѓа во непосредна близина на Турската резиденција, над „Панорама“. Паркинг просторот е со капацитет од 14 паркинг места за возила и 1 паркинг место за автобус. Во рамки на предвидениот проект за изградба на паркинг просторот, извршено е асфалтирање на површина од 1.100 метри квадратни. Поставени се и 7 железни тристепени столбови за улично осветлување во висина од 8 метри. Освен асфалтирањето и поставеното улично осветлување, на површината предвидена за паркинг, извршено е и поплочување на тротоари со бехатон-плочи во должина од 300 метри квадратни. Вкупната инвестиција е во вредност од околу четири милиони денари и се финансира од буџетот на Општина Центар.

Page 15: Отчет 2011

15

отчет2011

ноВа сПоРтска саЛа Во уЧиЛиШтето „11 октоМВРи“

како дел од проектот за изградба на 35 спортски

сали во државата е и новата спортска сала „Македонско сонце“ во основното училиште „11 Октомври“.Салата ја пуштија во употреба градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски. Салата е на површина од 1.000 метри квадратни, со капацитет од 500 седишта, а опремена е со најсовремена и модерна спортска опрема, оспособена за ракомет, кошарка, мал фудбал, одбојка и гимнастика.

“Во далечната 1972 година излегов токму од овој училишен двор. Денес 40 години подоцна повторно сум во истиот школски двор и верувајте нема посреќен човек од мене. Нема поблагородно чувство од тоа да си дел од отворањето на нова училишна спортска сала на местото каде што го дадов првиот гол, каде што го погодив првиот кош. Изградбата на оваа сала за мене претставува крунисување на спомените создадени токму во овој двор. Мојата

дружина од пред 40 години веќе не игра безгрижно фудбал во училишниот двор и се посвети на секојдневните обврски и одговорности. Но затоа, дружините од сегашноста во моето маало, после 40 години

ќе се сеќаваат на безгрижните мигови поминати токму во оваа спортска сала, како што јас сега се сеќавам на игрите во училишниот двор“. - изјави градоначалникот Тодоровиќ.

Page 16: Отчет 2011

16

отчет2011

РеконстРукЦиЈа на оу „11 октоМВРи“

општина Центар изминатиов период интензивно работеше на целосната

реконструкција на фасадата на ОУ „11 Октомври“. Учениците од ова училиште ќе можат да учат во простории со значително подобрени услови. Во склоп на градежно-занатските работи беше извршена целосна промена на фасадната столарија, односно беа изработени нови прозорци од висококвалитетни ПВЦ-профили, застаклени со двојно термопан-стакло, како и нови алуминиумски влезни врати. По изведената монтажа на новата столарија,

на објектот беше поставена нова термичка фасада од типот демит. Фасадата целосно беше молерисана со бои отпорни на атмосферски влијанија. Реконструкцијата на училиштето „11 Октомври“ овозможува висока енергетска ефикасност во објектот, со што како бенефиција се добива заштеда на топлинска енергија, што за кратко време во целост ќе ја оправда вложената инвестиција.

Исто така, беа извршени градежни интервенции на влезот на новата спортска сала, со што

се овозможува целиот комплекс да функционира како една целина. Во училишниот двор беа обновени тревниците и беа посадени десетина зимзелени садници околу фонтаната. Санирана е и заштитната метална ограда на училиштето покрај ул. „Мирче Ацев“. Беше извршено поплочување на платото пред новата спортска сала со бехатон-плочи и се посади нов дрворед со јавори.

Page 17: Отчет 2011

17

отчет2011

изминатиот период се изведуваа работни активности и во

ОУ „Димитар Миладинов“. Изградени се две нови спортски игралишта со трибина со вкупна површина од 2.800 метри квадратни, од кои едното е за мал фудбал и ракомет, а другото е игралиште за кошарка. За да може да се користат и во ноќните часови, игралиштата ќе бидат осветлени со рефлектори. Патеката на дворот беше поплочена со бехатон-плочи

(павер-елементи) на површина од 1.400 метри квадратни. Исто така, извршено е и хортикултурното уредување и обновување на јавните зелени површини, со цел да се разубави просторот. Во дворот беше засаден нов дрворед со 9 црвени јавори опкружени со 50 грмушести зимзелени растенија, а помеѓу новите патеки беа формирани триаголни зелени површини. Исто така, беа поставени нови клупи и жардинери.

Во внатрешниот дел од училиштето извршена е реконструкција на санитарните чворови. Реконструкцијата опфати промена на постојната стара и дотраена санитарна водоводна и фекална

инсталација, поставени се подни и ѕидни керамички плочки и нова ПВЦ-столарија, 17 мијалници за раце, а со молерисување освежени се плафоните во санитарните простории.

РеконстРукЦиЈа на ДеЛ оД оу „ДиМитаР МиЛаДиноВ“ и иЗГРаДБа на ДВе ноВи сПоРтски иГРаЛиШта

Page 18: Отчет 2011

18

отчет2011

РеконстРукЦиЈа на оу „коЧо РаЦин“

Во текот на 2011 година, во рамки на активностите за реконструкција на

основни училишта, во основното училиште „Кочо Рацин“, е извршена санација на коридорот пред кабинетите по ликовно образование и историја, како и на училницата за првачиња, лоцирани во стариот дел од објектот. Санирани беа подовите, плафоните, санитарните елементи и галантеријата. Старите врати и постоечката електрична инсталација се заменети со нови. Исто така, извршено е и бојадисување на ѕидовите и на плафоните.

Page 19: Отчет 2011

19

отчет2011

РеконстРукЦиЈа на ГРаДинката „ПаРк“ (Во ДеБаР МааЛо)

општина Центар изврши реконструкција на објектот „Парк“- клон на детската

градинка „13 Ноември“. Постоечката фасада (1.150м2) беше заменета со нова термопан демит фасада, која беше молерисана со бои отпорни на атмосферски влијанија. Исто така, променета беше и фасадната столарија со тројно термопан-

стакло и беа поставени нови гранитни плочки.

Внатре во градинката беше променета постојната дотраена водоводна и фекална канализација, а целото топловодно радијаторско греење беше исчистено и санирано. Беа поставени нови санитарни елементи и галантерија, подни и ѕидни керамички плочки (во

тоалетите, ходниците, на скалите, во кујна, перална и во подрумот) и сите простории беа молерисани.

Во главната кујна беше поставен нов паркет, а просториите во кои што престојуваат и си играат дечињата, добија нов изглед. Воедно, набавени се и нови шкафчиња и полици.

Page 20: Отчет 2011

20

отчет2011

Во текот на 2011 интензивно се работеше на целосна внатрешна и надворешна

реконструкција на клонот „Наум Наумовски-Борче“, еден од објектите на градинката „Кочо Рацин“.

Реконструкцијата вклучи целосна промена на старата и дотраена електрична инсталација, на водоводната и фекална

канализација, на санитарните подови и санитарната галантерија. Внатрешните ѕидови беа освежени со весели пастелни бои, а надворешната фасада беше променета со нова термопан демит фасада (1.300м2),

обоена со бои што се отпорни на атмосферски влијанија.

Во занималните простории и

кабинетите на воспитувачите беа поставени нови прозорци, врати, ново осветлување, нов висококвалитетен буков паркет и беа изработени нови шкафчиња и полици. Кујната се пререди со нова галантерија

и нови елементи. Во некои од просториите беа поставени нови подни и ѕидни керамички плочки.

РеконстРукЦиЈа на ГРаДинката „науМ науМоВски – БоРЧе“ (ПоЗаДи униВеРЗаЛна саЛа)

Page 21: Отчет 2011

21

отчет2011

РеконстРуиРани 14 ПоДЗеМни ГаРаЖи оД ГРаДски ЅиД

општина Центар, во текот на 2011 година изврши комплетно чистење

и варосување и постави ново сензорско осветлување во коридорите на 14 подземни гаражи, кои се наоѓаат во Градски ѕид, во централното градско подрачје.

Со цел да ја зголеми безбедноста и хигиената во овие гаражи, Општината инвестираше и во поставување нови влезно-излезни метални роло-врати, управувани со далечински управувач. Исто така, изврши санирање и бојадисување на оштетените заштитни метални огради кај влезните рампи во гаражите.

Со извршената санација, осветлување и расчистување на просторот во гаражите и околу нив, подобрени се условите за паркирање и подигната е свеста на граѓаните.

Овој проект Општина Центар го финансира со средства од сопствениот буџет.

општината Центар го обнови и го дислоцира бродот што беше поставен на

улица „Македонија“. Бродот беше честа мета на несовесните граѓани и додека беше поставен на најфреквентната пешачка зона во Скопје, забележа сериозни оштетувања. Поради тоа, Општината донесе одлука за негово реконструирање и дислоцирање. Бродот, целосно подновен и вратен во првобитната состојба, сега е поставен во дворот на детската градинка „Кочо

Рацин“, во населбата Капиштец. Со ваквиот чекор, Општината на децата од градинката им креира уште едно катче за безгрижно играње и другарување. За дислокацијата, санацијата и монтирањето на бродот Општина Центар издвои средства од сопствениот буџет во висина од 300 илјади денари.

БРоДот оД уЛиЦа „МакеДониЈа“ оБноВен и ДисЛоЦиРан

Page 22: Отчет 2011

22

отчет2011

иЗГРаДБа на уЛиЧно осВетЛуВаЊе

Во текот на 2011 година, во

Општина Центар беше поставенo ново улично осветлување. Проектот подразбира мрежа во должина од 3838 метри на која беа поставени 151 расветни тела со штедливи светилки. Подолу се наведени сите локации на кои е поставено ново осветлување. 1. Ул. „Славејко

Арсов” дел (кај Салвадор Аљенде)- (потег од 400м, поставени 28 еднокраки канделабри).

2. Ул. „8 Ударна бригада” дел, ул. „27 Март” и ул. „Н. Н. Борче” дел (сквер Јадран)- (потег од 660м, поставени 26 еднокраки канделабри).

3. Детско игралиште позади поранешно ГП Илинден (потег од 188м, поставени 4 еднокраки канделабри).

4. Тревник позади ТЦ „Рамстор” (потег од 60м, поставени 2 еднокраки канделабри)

5. Плато Агромеханика (потег од 244м, поставени 16 двокраки канделабри)

6. Реконструкција на подземна инсталација на осветлување во двор на ОУ ,,11 Октомври”, (потег од 325м)

7. Изградба на улично осветлување на пешачки патеки пред и позади зграда бр.164 на улица „Самоилова” (потег од 130м, поставени 7 еднокраки канделабри)

8. Изградба на осветлување во двор на ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци” (потег од 204м, поставени 8 еднокраки канделабри и 4 рефлектори)

9. Изградба на улично осветлување на партер на споменик К.П.Мисирков (потег од 142м, поставени 4 двокраки канделабри)

10. Изградба на улично осветлување на игралиште во ОУ „Димитар Миладинов” (потег од 575м, поставени 8 ком. рефлектори)

11. Ул. „Никола Вапцаров” (потег од 150 м, поставени 18 двокраки канделабри)

12. Паркинг спроти Турска амбасада – ул. „Славејко Арсов” (потег од 230м, поставени 7 еднокраки канделабри)

13. Изградба на јавно улично осветлување на ул. „9 Мај” (потег од 360м, поставени 23 еднокраки канделабри)

14. Изградба на јавно улично осветлување – доосветлување на две детски игралишта помеѓу ул. „Васил Ѓорѓов” и ул. „Народен Фронт” (со канделабри во сопственост на Општина Центар) - (потег од 90м, поставени 4 еднокраки канделабри)

Page 23: Отчет 2011

23

отчет2011

оБноВен ДРВоРеДот на уЛиЦа „МакеДониЈа“

на една од најстарите и најубавите улици во центарот на градот,

која неодамна го прослави својот стоти роденден - улица „Македонија“, Општина Центар го

обнови постоечкиот дрворед со нови 16 репрезентативни садници од видот Liriodendron tulipifera. На тој начин, целиот дрворед е дополнет со истиот вид.

Новите садници се засадени на местото од дрвјата Каталпа (Catalpa), кои не беа соодветни за постојниот дрворед, како и на неколку нови места по должината на улицата како замена

на сувите дрвја или на празните места.

Во соработка со службите на ЈП „Паркови и зеленило“, отстранетите дрвја од видот Каталпа се пресадени на 2 нови локации: спроти „Тутунски комбинат“ на бул. „Крушевска Република“ и на бул. „Кочо Рацин“ во зелената површина кон ОУ „Димитар Миладинов“.

Оваа активност е дел од Програмата на Општина Центар за обнова на дрвореди во атрактивно централно градско подрачје, со репрезентативни садници.

уРеДуВаЊе на ЖаРДинеРи и ноВи Мини ПаРкоВи

Во текот на есенските месеци, Општина Центар спроведе хортикултурно уредување

на сите жардинери пред станбените блокови на неколку локации: зад Работнички дом, околу Зелено пазарче, до ОУ „Гоце Делчев“, пред Здравствениот дом „Железничар“ и зад Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

Исто така, кај ОУ „Димитар Миладинов“ беа засадени

9 јавори, опкружени со бордура од зимзелени грмушки, а во училишниот двор подигнати

се тревници. Во дворот на ОУ „11 Октомври“ подигнат е нов дрворед од јавори и засадени се

Page 24: Отчет 2011

24

отчет2011

16 зимзелени садници.

НОВИ МИНИ ПАРКОВИ

Општинa Центар започна проект за хортикултурно уредување на запуштени мини паркови.

Во населбите Маџир Mаало и Пролет, беа изградени мини паркови со уредени зелени површини. Од Мостот на Револуцијата кон Народна банка беше извршена обнова на тревникот и беа засадени зимзелени грмушки. По должината на бул. „Никола Карев“ беше извршена реконструкција на зелената површина. Во комплексот згради

зад „Агромеханика“, на потегот кон бул. „Илинден“, постоечките тревниците беа реконструирани и уредени со зимзелени садници.

Грижата за зелените паркови ја спроведуваат работници ангажирани од Општина Центар и граѓани кои живеат околу објектите.

Во рамките на проектот „Цветен Центар“, со цел разубавување на повеќе локации со цветен расад, Општина Центар формира цветни острови во јавните зелени површини од видот љубичици во различни бои. Цветниот расад е наменет за садење во зимски услови и претставува вистинско

виножито од бои на есенското сонце. Со планот беа опфатени следните локации: малиот плоштад пред Општината, паркот на кружниот тек, жардинерите пред Министерството за одбрана и пред Министерството за култура, кај Клуб на новинари, како и на потегот од општинскиот паркинг „Трготекстил“ до хотел „Бристол“. Исто така, обновен е и цветниот расад на ул. „Македонија“, како и дворовите на градинките во општината.

ЦВЕТЕН ЦЕНТАР

Во рамките на Програмата „Цветен Центар“, општината спроведе садење на нов цветен

Page 25: Отчет 2011

25

отчет2011

расад на различни локации: јавни површини, жардинери и училишни дворови.

Исто така беше обновен и цветниот расад во жардинерите на улица „Македонија“ со прекрасни бегонии.

За сите основни училишта и градинки во надлежност на Општината, беше обезбеден пролетен цветен расад од различни цветни видови, како сардели, џунџулиња и бели ради. Цветниот расад беше засаден во жардинери и во училишните дворови. Садењето го спроведуваат одговорни наставници заедно со учениците,

со цел да се поттикне грижа кај младите за убавото уредување и потребата од одржување на новите садници.

општина Центар, како дел од комуналната програма, изврши

санација на опремата во Урбан парк и тоа: - санација и бојадисување на 30 клупи за седење; - санација и бојадисување на 24 корпи за отпадоци;- санација и бојадисување на реквизитите на детското

игралиште;- бојадисување на металната

ограда на паркот во должина од 410м;

- санација и поправка на фонтаната;

- бојадисување на бетонските жардињери и ѕидот од фонтаната.

Со тоа паркот доби нов лик и стана попријатно место за одмор

и рекреација на посетителите. Средствата за реализација на санацијата во износ од 428.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Центар.

иЗВРШена санаЦиЈа на оПРеМата Во уРБан ПаРк

Page 26: Отчет 2011

26

отчет2011

МаЛите ПЛоШтаДи со ноВ уРБан Лик

општина Центар во текот на месец март, хортикултурно ги уреди двата парка:

Плоштадот пред Општината на ул. „Михаил Цоков” и Плоштадот на Кружен ток во Дебар маало.

За таа цел, се изврши

реконструкција на тревниците, обнова на постоечката вегетација и дополна со нови садници. Со цел разубавување на парковите, се изврши засадување на цветен расад од љубичици во различни бои.

Малите плоштади се прекрасни

катчиња што ги разубавуваат населбите и се белег на урбаното живеење. Во текот на следниот период, хортикултурно ќе се обноват повеќе мали проштади, со цел да се овозможат места за релаксација за сите граѓани.

ЦВетни коРПи

Во рамките на проектот „Цветен центар“, со цел разубавување на

сообраќајниците и на улиците со цветен расад, Општина Центар постави околу 1000 нови цветни корпи на канделабрите на булеварите, на улиците и на малите плоштади во Општината. Со овој проект беа опфатени булеварите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Илинденска“, „Климент Охридски“, „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, „Трета македонска бригада“, како и улиците: „Орце Николов“,

„Народен фронт“, „Васил Ѓоргов“, „Никола Вапцаров“, „Васил Аџиларски“ и други.

Корпите се изработени од кокос, а засадени се со сардели и петунии. Полевањето на корпите го извршуваат работници ангажирани за јавни работи. Покрај тоа поставен е и нов цветен расад на ул. „Македонија“ од видот петунија во различни бои.

Page 27: Отчет 2011

27

отчет2011

уЧестВо на ПоВоЗРасна ПоПуЛаЦиЈа Во уРеДуВаЊе ПаРкоВски ПоВРШини

општина Центар, во соработка со Алфа ТВ и Хортикултурното здружение

на Македонија, изработи проект за вклучување на повозрасната популација и на пензионерите во активности за уредување на зелени површини. Активностите се реализираа на неколку локации низ Општината, како Паркот на франкофонијата, Урбан парк, Паркот на новинарите и паркот „Вера Јоциќ“. За овој проект, Општина Центар обезбеди алат и работници што ќе им помагаат на лицата. Во акцијата доброволно се вклучија околу дваесетина членови од Здружението на пензионери на Општина Центар. Целта на проектот е формирање катчиња за дружење и релаксација на повозрасната популација, кои сами ќе ги одржуваат овие зелени површини.

Page 28: Отчет 2011

28

отчет2011

Детски иГРаЛиШта

Во рамки на Комуналната програма, во

текот на 2011 година Општина Центар изврши реконструкција и санација на 11 детски игралишта. Воедно, во рамки на истата беа изградени и 4 игралишта, каде децата ќе можат да се забавуваат и дружат.

уРБана оПРеМа

Во текот на 2011 година, на различни локации во Општина Центар,

поставени се 200 клупи и 400 корпи за отпадоци. Исто така, согласно утврдената потреба, извршена е и реконструкција на постоечката оштетена урбана опрема.

Page 29: Отчет 2011

29

отчет2011

ЧистеЊе ДеПонии

Во текот на 2011 година, во Општина Центар преку

акциите за чистење депонии, исчистени се околу 600м³ смет, градежен шут и комунален отпад. Овие акции се преземаат со цел обезбедување здрава животна средина и воедно претставуваат апел до граѓаните за одржување на јавната чистота. Акциите за чистење на депониите се реализираа на следните локации:- Депонија на „старо

пасошко“ – „Беко“;- Сливни решетки кај

влезови во подземни гаражи;

- Депонија на ул. „402“, спроти сообраќајната полициска станица;

- Агол кај ул. „Салвадор Аљенде“ и ул. „Тасино Чешмиче“;

- Реон Пролет (6 локации);

- Реон Маџир Маало (4 локации);

- Реон Ново Маало (2 локации);

- Реон Капиштец (5 локации);

- Реон Водно (агол помеѓу ул. „Славејко Арсов“ со ул. „Салвадор Аљенде“);

- Реон Центар (13 локации);

- Реон Кале (5 локации);- Ул. „11 Октомври“ (кај

паркинг-зоната);- Ул. „Мирче Мацан“ бб;- Ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“;- Ул. „Елисие Поповски“ (кај

„Тедико“).

ул. Драмска

ул.11-ти Октомври

ул. Елисие Поповски

ул. Питу Гули

ул. Васил Ѓоргов со ул. Рузвелтова

ул. Салвадор Аљенде

ул. Козара

ул. Ганчо Хаџипанзов

Page 30: Отчет 2011

30

отчет2011

отстРануВаЊе на ЈаВниот тоаЛет - тРГотекстиЛ и уРеДуВаЊе на ПРостоРот

Во текот на 2011 година, Општина Центар го реализираше проектот за

отстранување на објектот – јавен тоалет и урбано уредување на просторот позади Трготекстил.

На местото каде беа лоцирани старите јавни тоалети, беа

изведени градежни работи за нивно отстранување, по што истото се поплочи со високо квалитетен вештачки гранит и беа оформени зелени површини, кои хортикултурно се уредија.

На постоечката локација беше извршена реконструкција на

старите клупи, а беше вратена во функција и постоечката фонтана. Исто така, беше поставено и јавно осветлување, во изведба на фирмата „Елтра”, „Урбан Инвест” го изврши поплочувањето, а изведувач на градежните работи беа фирмите: „Беграмо” и „Тератрејд”.

Page 31: Отчет 2011

31

отчет2011

отВоРено ПРВото соВетуВаЛиШте За ДеЦа и РоДитеЛи – ЖРтВи на сеМеЈно насиЛстВо

општина Центар го отвори Советувалиштето за деца и родители – жртви на семејно

насилство, прво од ваков вид во Скопје. Средствата потребни за работа на ова советувалиште беа обезбедени од страна на Министерството за труд и социјална политика и од Канцеларијата на УНИЦЕФ, а просторот го обезбеди Општина Центар. Семејното насилство претставува општествен проблем, при што најчести жртви се жените и децата. Активностите предвидени во рамки на ова советувалиште имаат за цел да го прекинат кругот на пренесување на моделот на насилно однесување

во семејството, а оттука и спречување на појавата на насилство кај младите. Од особено значење е што во ова советувалиште се става акцент на работата со мајките на овие деца, со што јакнејќи ги нивните капацитети, ќе се постигне и нивно оспособување за извршување на родителските обврски, кои се од особено значење за личниот

развој на децата. Советувалиштето работи секој ден, вклучувајќи ги и викендите, од 16:00 до 20:00 часот.

ПРоектот „БаБини иГРи“ Го осВои и сВетот

Tимот од македонски наставници за

проектот „Бабини игри“ освои престижна награда на Глобалниот форум на Мајкрософт „Партнери во учењето“, кој се одржа во Вашингтон, САД. Натпреварувајќи се со 115 проекти од 70 земји од светот, проектот „Бабини игри“ го освои второто место во категоријата „Избор од наставниците“ (Educator’s Choise). Република Македонија е единствена земја од Југоисточна Европа во редот на прогласените победници на овој форум, кој оваа година се одржа во Вашингтон од 7 до 10 ноември. Носител на проектот беше одделенскиот наставник Марина Василева од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Општина Центар, а координатор на проектот беше

Добри Јовевски од ОУ „Илинден“ од Крива Паланка. Министерот за образование, Панче Кралев, по повод успехот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, за извонредниот придонес на Општина Центар во проектот

„Бабини игри“ на Глобалниот форум на Мајкрософт „Партнери во учењето“ и за промовирање на проектот на локално ниво, му ја врачи наградата за достигнувања од Мајкрософт „Партнери во учењето“.

Page 32: Отчет 2011

32

отчет2011

уЛиЦа „МакеДониЈа“ Го ПРосЛаВи сВоЈот 100-ти РоДенДен

на 24 септември улица „Македонија“ го прослави својот 100-ти роденден.

Најпознатото скопско шеталиште на овој настан изгледаше како

во старите времиња, мирисаше на десетка со кромид, боза и лимонада, на турско кафе со локум и живееше во звукот на староградските песни и шмекот

на старите скопски боеми.

Старите скопјани се сеќаваа на корзото од пред 100 години, а оние од помладите генерации

МанифестаЦии

Page 33: Отчет 2011

33

отчет2011

ги облекоа облеките од своите баби и дедовци и се придружија во одбележување на настанот. За миг присутните вистински го доживеаа периодот за кој старите скопјани многу често зборуваат.

За импресиите да бидат уште поголеми скопјани имаа можност да се возат во пајтони, кои цел ден кружеа по улицата, а колекционерите ги покажаа и своите олдтајмери.

За љубителите на црно-белиот филм, пред кино „Култура“ се прикажуваше проекција на неми филмови, а подоцна се одржа и поетско матине. На сцената пред Домот на АРМ, прозвучеа ретро-хитовите на специјалните гости: Зафир Хаџиманов, Верица

Ристевска, Даниела Панчетовиќ, Зорица Попанкова, Драган Мијалковски, група ПУ, Зоран Џорлев, Искра Трпева, Елена Петреска, Трио М-Кантабиле, Ана и Олег Контраденко, Аир Стрингс.

Настанот заврши доцна по полноќ со ретро-журката на ДЈ Драган Б. Костиќ.

Централната прослава на манифестацијата кулминира со боемската вечер на терасата и калдрмата пред хотелот „Бристол“, на која како специјални гости беа поканети истакнати личности, кои дале посебен придонес за македонската култура и уметност. Тие заедно евоцираа спомени од животот во Скопје и на ул.

„Македонија“ во минатото и се забавуваа со шлагери, евергрини, кои беа испеани од Виолета Томовска, Зафир Хаџиманов, Нино Величковски и Томислав Маниќ.

На крајот, градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, прв ја пресече специјално подготвената торта на десет ката, од која на граѓаните им беа поделени над 1300 парчиња.

„Ние сме народ што знае да слави и да се радува. Овој јубилеј заслужи да се одбележи на најдобар начин, честит роденден улица „Македонија”! - рече градоначалникот Тодоровиќ.

Page 34: Отчет 2011

34

отчет2011

општина Центар го прослави 35-годишниот јубилеј. На 16 март 1976 година, со

Законот за образување општини во Град Скопје е формирана и Општина Центар. На 3 ноември истата година, делегатите во Собранието ја одржаа својата прва седница. Од тогаш до денес, општината бележи континуиран развој и прераснува во урбана и вистинска европска општина. По тој повод, на 4 ноември 2011 година беше одржана Свечена академија, со која Општина Центар го прослави 35-тиот роденден.

„Општина Центар од своето формирање до денес со право е центар на случувањата во Скопје и во Македонија; и покрај многуте промени од некогашната општина Идадија, од нејзиното

оДБеЛеЖан 35-ГоДиШниот ЈуБиЛеЈ

Page 35: Отчет 2011

35

отчет2011

формирање во 1976 година и наспроти новата територијална поделба во 2004 година, таа секојдневно пулсира. Израснува во модерен европски, па и

светски центар, со комплетна урбанизација. За само неколку години, Општина Центар како да доби нов, чудесен имиџ, целата се претвори во прекрасна слика

на нови паркови, со комплетно уредено градско јадро” рече градоначалникот Тодоровиќ.

Page 36: Отчет 2011

36

отчет2011

МеѓунаРоДни ДеноВи на оПШтина ЦентаР 2011

општина Центар по втор пат оваа година

беше домаќин и организатор на манифестацијата Меѓународни денови на Општина Центар, која се одржа во периодот од 4 до 6 ноември 2011 година.

Меѓуопштинското партнерство е од големо значење, бидејќи претставува инструмент за имплементирање на искуства и планирање на стратешки цели. За таа цел, Општина Центар во својата програма става посебен акцент на меѓународната соработка и афирмација во регионот и пошироко. Од таму и иницијативата за оваа манифестација која ќе овозможи продлабочување на врските на економски, културен и образовен план. Овој проект има за цел да ја одржува и негува мултилатералната соработка помеѓу Општина Центар со збратимените општини: Стари Град од Белград, Чанкаја од Анкара, Шефченкискиот реон на државната администрација на градот Киев и Вазраждање од Софија.

Page 37: Отчет 2011

37

отчет2011

оДБеЛеЖан сВ.тРифун и сВ.ВаЛентин

со пригодна програма, Општина Центар го одбележа 14 февруари –

Денот на виното и на вљубените.

По тој повод, во конгресната сала на ресторанот „Воденица“, се одржа концерт „Опиени од љубов, музика и вино”, на кој зедоа учество: камерниот

оркестар „Скопски солисти“, со Марјан Николовски, тенор, под диригентската палка на Ле Фи Фи, како и Бојан Волчевски

и Филип Стамевски со дуо хармоники. Во програмскиот дел беа изведени класични дела од Моцарт, Бокерини, Хендл, Штраус, Пијацола, Бах,

Золотарјов, Менделсон, Брамс, Галијано и други познати композитори. Водител на настанот беше актерот Марин

Бабиќ, а по програмскиот дел, следуваше коктел на кој присутните имаа можност да ги дегустираат најдобрите домашни вина од винариите.

оДБеЛеЖан сВетскиот Ден на аутиЗМот

Во организација на „Македонското научно здружение за аутизам“, а под

покровителство на првата дама на Република Македонија – г-ѓа Маја Иванова и градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, на 2 април 2011, за прв пат во Македонија беше одбележан Светскиот ден на аутизмот. Настанот се одржа на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза. Општина Центар даде целосна поддршка на заложбите и напорите за подигнување на квалитетот на животот и остварување на правата на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

За отворена манифестацијата ја прогласи Градоначалникот

Тодоровиќ, а потоа следеше богата музичка програма. На гостите и минувачите им беа поделени балони, маици со знакот за аутизам и летоци со основни информации за аутизмот.

Page 38: Отчет 2011

38

отчет2011

оДБеЛеЖан Денот на еВРоПа 2011

општина Центар го одбележа 9 мај – Денот на Европа со Европски хепенинг, што

традиционално се организира веќе петта година по ред во директна соработка со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, а овој пат и со Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ. По тој

повод, на улица „Македонија” се одржа централната манифестација збогатена со интересни содржини и активности.

„Одбележувањето на овој ден е можност да покажеме и да потсетиме дека Македонија припаѓа на големото европско семејство. Република Македонија како земја со кандидатски статус за влез во ЕУ,

прифаќајќи ги Европските вредности за соживот за помирување, за стабилност и просперитет со полно право го одбележува овој ден како свој, со надеж дека во блиска иднина и формално тоа ќе и припаѓа” – истакна градоначалникот Тодоровиќ.

На манифестацијата учествуваа околу 400 ученици од основните

училишта на територија на Општина Центар. Покрај музичката програма, на терасата на ресторанот „Пелистер” се одржа натпревар на тема „Да ги измешаме вкусовите”, на кој учениците приготвуваа традиционални македонски јадења. Со специјалитети карактеристични за нивните поднебја се претставија и амбасадите на земјите членки на ЕУ

во Скопје. Меѓу другото, дегустатори беа и гостите амбасадори кои со воодушевување ја прифатија поканата и тие да бидат дел од овој несекојдневен настан.

На манифестацијата на најинвентивните ученици кои учествуваа во приготвување на трпезите, им беа доделени

предвидени награди. Од евроамбасадорот Питер Соренсен награда добија учениците од ОУ „11 Октомври”, а од вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски, наградата ја понесоа учениците од ОУ „Кочо Рацин”. За покажаниот труд на вредните раце на учениците од сите 7 основни училишта кои ги подготвуваа богатите традиционални трпези, градоначалникот Тодоровиќ ги награди со еднодневна екскурзија во Крушево, каде меѓу другото ја посетија спомен куќата на нашата македонска легенда Тоше Проески.

Во традиционалната трка на конобари што се одржа на улица „Македонија”, Владимир Павловски од старата градска кафеана „Јоле” по трети пат ја освои наградата за најбрз и највешт конобар. За освоеното прво место, градоначалникот Владимир Тодоровиќ му додели на Павловски пехар и парична награда од седум илјади денари, а второпласираниот Ѓорѓи Предарски од кафеаната „Пелистер” доби награда од пет илјади денари. Третото место му припадна на Ристо Атанасов од „Тајмлес кафе”, кој доби парична награда од три илјади

денари. Во трката на конобари, што се одржа годинава по петти пат на улицата „Македонија”, вештините ги одмеруваа околу петнаесет конобари од повеќе скопски кафулиња.

Европскиот хепенинг заврши со концерт на Петар Ренџов и Салса бенд.

Page 39: Отчет 2011

39

отчет2011

општина Центар во партнерство со Меѓународната фондација

„Борис Трајковски” во рамки на неделата за борба против ракот на дојка, која се одбележува секоја година од 1 до 8 март, заеднички ја промовираа кампањата под мотото „Поддржи ја борбата - најди лек!”, која има за цел да ја подигне јавната свест за рано откривање и борба против ракот на дојка. Кампањата се одржа во присуство на голем број жени - поддржувачи на кампањата: дипломатскиот кор, пратенички, советнички од Општина Центар, претставнички од невладиниот сектор, како и жени од бизнис-секторот и естрадни уметнички. Оваа кампања е мотивирана од фактот дека во Македонија бројот на заболени жени, кај кои е откриена оваа болест, во

најголем дел е во поодмината фаза, при што лекувањето е долготрајно и многу скапо, а во многу случаи невозможно. Идејата за промоцијата беше квалитативно да се информираат и да се едуцираат сите присутни

поддржувачи преку практични презентации за рано откривање, превенција и справување со оваа болест, подарувајќи им ја книгата „Ах, тој мамограм!”, која нуди утеха и квалитетно сознание за ракот на дојка.

ПРоМоВиРана каМПаЊа За БоРБа ПРотиВ Ракот на ДоЈката

општина Центар активно се вклучи во спроведувањето на проектот „Go Clean“,

кој има за цел да ја поддржи имплементацијата на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори. Општината заедно со „Go Green“-Скопје, „Балкански мостови“ и „Гринер“, учествуваше во спроведувањето на младинска образовна кампања преку организирање предавања во основните училишта во општината и одредување на собирни пунктови за собирање на отпадните батерии.

Беше поставена и кутија за собирање на отпадни батерии во кругот на Општина Центар, каде што сите вработени и посетители на Општината имаат можност да ги фрлат искористените батерии

од различни уреди и апарати. Со спроведување на активностите во проектот, се очекува создавање платформа за размена на знаење со земјите од ЕУ и развивање

соработка помеѓу различни заинтересирани страни, кои се одговорни за справување со отпадните батерии во Република Македонија.

уЧестВо Во ПРоектот „GO CLEAN“

Page 40: Отчет 2011

40

отчет2011

општина Центар додели награда за најдобар полицаец. Општината

го избра Јане Блажевски за најдобар полициски службеник

на подрачјето на Општина Центар за 2011 година, по предлог на Полициската станица од општа надлежност „Центар“.

Градоначалникот Владимир Тодоровиќ лично му честиташе на полицискиот службеник Блажевски, врачувајќи му пригодна награда LCD-телевизор за постигнатиот успех.

Во досегашното работење, Јане Блажевски има постигнато натпросечни резултати во извршување на поставените службени задачи,

посебно истакнувајќи се во преземање мерки и активности од областа на јавниот ред и мир и криминалитетот.

Јане Блажевски е ценет од работниот колектив и важи за чесен, вреден, дисциплиниран, упорен и темелен во извршувањето на поставените задачи. Со овој чин, Општина Центар изразува благодарност до полициските служби за обезбедување на јавниот ред и мир на територија на Општина Центар. Воедно, Општината ги поттикнува службениците од оваа високоризична професија и во иднина да делуваат храбро и пожртвувано во интерес на сигурноста на граѓаните.

со овие зборови, на 19 декември свечено беше откриена скулптурата

на академик Блаже Конески пред Македонската академија на науките и уметностите. Скулптурата на првиот претседател на МАНУ, по повод одбележувањето на 90-годишнината од неговото раѓање, ја изработи академик Томе Серафимовски. Овој паметник, кој е посветен на Конески, го откри академик Јордан Поп Јорданов. Скулптурата е изработена од прилепски мермер, што ја карактеризира поврзаноста со неговото родно село Небрегово. Преку делото на Серафимовски, Блаже Конески е претставен

со книга и перо в рака, со што симболично ги потсетува постарите и ги учи помладите. На постаментот е запишано „Јазикот е нашата татковина“.

На овој значаен чин присуствуваа градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, академици, професори, литературни дејци и многу други почитувачи на ликот и делото на Блаже Конески.

откРиена скуЛПтуРата на акаДеМик БЛаЖе конески ПРеД Ману

„Македонското име нема да загине“.

наГРаДа За наЈДоБРиот ПоЛиЦаеЦ Во оПШтина ЦентаР За 2011 ГоДина

Page 41: Отчет 2011

41

отчет2011

еДукаЦиЈа За уПРаВуВаЊе со отПаД

Во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и со здружението на граѓани ОРТ, Општина

Центар започна со спроведување на програмата за едукација на учениците од основните училишта и на децата од градинките на тема: „Правилно управување со отпадот”. Целта на проектот беше на начин близок на децата

да им се објасни процесот на управување со отпадот, неговата селекција и рециклирањето. За таа цел, децата од поголем број основни училишта и градинки во општината изработуваа играчки и предмети од употребени пластични шишиња, хартија, весници и други материјали.

ПРоМоЦиЈа на хуМани ВРеДности

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје, Општина Центар го реализираше

проектот „Општина Центар во акција – Промоција на хумани вредности“.

Целта на проектот беше афирмирање на позитивните

културни вредности на младите во општината. Со проектот беа опфатени околу 300 ученици од сите основни училишта во општината. Преку него учениците стекнаа вештини за препознавање на потребите и проблемите во заедницата.

ноВа ЛаБоРатоРиЈа Во оу „ГоЦе ДеЛЧеВ”

основното училиште „Гоце Делчев“ доби целосно нова лабораторија за техничко

образование. Општина Центар и УСАИД преку своите донации помогнаа во опремувањето на лабораторијата. Со комплетирањето на лабораторијата започна да се спроведува и проектот „Кабинет по

техничко образование на 21 век“. Ова е трета отворена лабораторија во основните училишта на територија на Општина Центар. Учениците како идни и потенцијални инженери упатија порака дека примерот за нивниот ентузијазам треба да се следи и да се распространува во сите облици на македонската култура и образование.

со пригоден настан под мотото „Врати ѝ се на природата, врати и сѐ на природата”,

Општина Центар традиционално ги одбележа „Деновите на пролетта – Недела на екологијата”. Стотина ученици од основните училишта во Општина Центар изведоа музички точки, рецитали и драматизации посветени на пролетта, екологијата и будењето на природата, испишаа пораки и нацртаа цртежи за заштита на животната средина.

Целта на манифестацијата беше да се подигне свеста за животното опкружување и да се создаде нова генерација млади луѓе кои преку љубовта кон природата ќе создадат потреба за едукативно надградување за рамнотежата помеѓу човекот и природата. Со тоа тие ќе развијат правилен научен и креативен однос кон неа.

Овој настан се организираше во рамки на Програмата за заштита

на животна средина на Општина Центар во партнерство со ЈП „Комунална хигиена”- Скопје и ОРТ – Обука за одржлив развој.

уЧениЦите оД оПШтина ЦентаР Ја ПРосЛаВиЈа ПРоЛетта и уЧеа За екоЛоГиЈата

Page 42: Отчет 2011

42

отчет2011

„сакаМе ШаРен, а не БеЗБоен сВет”

Во рамките на проектот „Активни граѓани”, под покровителство на Британски совет беа

организирани обуки во кои беа вклучени голем број на општини и институции меѓу кои и општина Центар. Како резултат на овие обуки, Општина Центар, заедно со НВО „Сумнал” го реализираa проектот „Сакаме шарен, а не безбоен свет”. Во проектот беа вклучени ученици од

основните училишта: „Ј.Х. Песталоци”, „Коле Неделковски” и „Св. Кирил и Методиј”. Цел на проектот е подобрување на соживотот на учениците од различните етнички заедници и градење на општество со различни култури, традиции и обичаи. Манифестацијата „Сакаме шарен, а не безбоен свет” се одржа на 11 март 2011 година во салата на Советот на Општина Центар.

„Ден на ДРВото – ЗасаДи Ја сВоЈата иДнина”

околу 200 ученици од основните училишта од Општина Центар, како и наставници

и вработени се приклучија на седмата традиционална акција за пошумување „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!” која што се одржа на 31 март 2011 година на локацијата Мршевци, Ајватовски рид. За време на акцијата беа засадени

листопадни и зимзелени садници во подготвени леи.

Останатите ученици се погрижија за хортикултурно уредување на училишниот простор. Исто така, беа организирани и креативни работилници за цртање и пишување на тема: „Будење на пролетта, заштита на природата и живиот свет“.

„ДеноВи на МакеДонскиот МеД 2011”

Во присуство на многубројни ученици од Општина Центар, во 2011 г. по седми

пат се одржа манифестацијата „Денови на македонскиот мед”. Манифестацијата беше отворена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски. Пред настанот учениците од Општина Центар присуствуваа на едукативни

предавања за придобивките од консумирање мед.

Манифестацијата „Денови на македонскиот мед” претставува посебно доживување за производителите и за посетителите. Овде граѓаните имаа можност да го дегустираат овој природен производ и да се запознаат со неговото дејство, како и со органското пчеларење.

ПРоектот „инкЛуЗиЈа на ДеЦа РоМи“ Во Детската ГРаДинка „Р.Ј. коРЧаГин“

Во детската градинка „Раде Јовчевски–Корчагин”, во објектот „Пинокио“, е спроведен

проектот „Инклузија на деца Роми во ЈОУДГ” за учебната 2011/2012 година. Проектот се реализира во соработка со: Министерството за труд и социјална работа, Ромскиот едукативен фонд (РЕФ), како и градинката „Р. Ј. Корчагин”. Целта на проектот е подобрување и поддршка во интеграцијата и намалување на запоставеноста на децата Роми, како и зголемување на нивниот број во

предучилишните образовни установи. Со проектот беа опфатени 12 деца од ромска националност на возраст од 4,8 до 5,7 години, кои живеат на територија на Општина Центар, а трошоците за сместување и превоз на дечињата од нивните домови до градинката се обезбедени од Општина Центар и од Министерството за труд и социјална политика.

Page 43: Отчет 2011

43

отчет2011

ДоДеЛуВаЊе на ноВоГоДиШни ПакетЧиЊа

ДНЕвЕН цЕНТАр зА ДЕцА НА УлицА

Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на децата од Дневниот

центар за деца на улица како лична донација им подари 86 новогодишни пакетчиња, а воедно им посака и безгрижни детски мигови и многу радост во годината што претстои.

Инаку, градоначалникот Тодоровиќ веќе година и пол, во овој Дневен центар секој месец донира по 60.000 денари лична донација, а ќе продолжи и во иднина.

ДОМ зА СТАри лицА „МАјКА ТЕрЕзА“

Исто така, Тодоровиќ, во пресрет на престојните

празници, на сите лица што во моментов се сместени во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани им подари пакети со прехранбени производи, со искрени желби за многу здравје, радост и среќа во Новата година.

и оваа година Општина Центар, во пресрет на новогодишните празници,

на жителите на општината, кои се корисници на правото на социјална парична помош им додели социјални пакети, кои содржат основни прехранбени производи и намирници.

Годинешното доделување на социјалните пакети е во соработка со телекомуникацискиот оператор ONE кој, како и досега, несебично се вклучува во хумани акции.

„Затоа, во оваа прилика, сакам да ја изразам мојата благодарност кон ONE за чувството за општествена одговорност, кое го манифестира преку грижата за заедницата и помага во остварувањето на нивните

хумани цели. Се надевам дека со оваа заедничка акција, на овие категории граѓани, ќе им овозможиме подостојно прославување на претстојните празници”, изјави градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Инаку, Општина Центар во своето делување посветува големо внимание на ранливите категории граѓани, преку реализација на низа активности со кои придонесува

за подобрување на условите за животот.

оПШтина ЦентаР и ONE ДоДеЛиЈа соЦиЈаЛни Пакети

Page 44: Отчет 2011

44

отчет2011

Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на децата на членовите од

Здружението на слепи лица им подари 40 новогодишни пакетчиња.

ДЕцА рОМи, жиТЕли НА ОпшТиНА цЕНТАр

Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на децата од ромска

национална припадност, кои се жители на општината, им подари 200 новогодишни пакетчиња. Од страна на дечињата беше организирана богата претстава со различни содржини.

оПШтина ЦентаР се ВкЛуЧи Во оДБеЛеЖуВаЊето на сВетскиот Ден на ЛиЦата со ПоПРеЧеност

општина Центар, по повод Светскиот ден на лицата со попреченост,

3 декември, во рамки на манифестацијата под мотото „(Не)ограничени можности = (Не)ограничени способности... да ги избришеме заградите!“, подари 50 новогодишни пакетчиња на дечињата со Даунов синдром.

Манифестацијата во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром – „Синоличка“, се одржа во просториите на МКЦ, со почеток во 12 часот. На неа учество зедоа децата од ова здружение, кои ги пoкажаа своите таленти и способности.

На овој начин, Општина Центар се вклучи во активностите за одбележување на овој ден и за подигнување на свеста за лицата со попреченост, кои и покрај тешкотиите со кои се соочуваат, со своите способности можат да придонесат во развојот на една заедница.

Во пресрет на новогодишните празници, на дечињата од Дневниот центар за деца со

церебрална парализа во Скопје, секретарот на Општина Центар, Марјанчо Тодоровски, им подари пакетчиња, со искрени желби за многу здравје, среќа и радост во Новата година.

ДНЕвЕН цЕНТАр зА ДЕцА СО цЕрЕбрАлНА пАрАлизА

ДЕцА НА члЕНОвиТЕ ОД зДрУжЕНиЕТО НА СлЕпи лицА

ДЕцА ОД СпЕцијАлНОТО УчилишТЕ „злАТЕН СрЕМЕц“

исто така, градоначалникот Тодоровиќ на децата од специјалното училиште

„Златен Сремец“, им подари 50 новогодишни пакетчиња.

Page 45: Отчет 2011

45

отчет2011

„Дедомразијада” е манифестација што за прв пат, по примерот на светските метрополи Лондон и Њујорк, се одржа и во Скопје. Настанот се одржа на 22 декември, што симболично го означува првиот календарски ден од зимата. Организатор на

ова предновогодишно дружење на улицата „Никола Вапцаров” е Општина Центар, која во соработка со Клуб ФМ и Сити радио, направи атмосферата да изгледа како вистинска божиќна бајка.

Овој предновогодишен хепенинг беше поделен на два дела: музичка програма за помалите од 13.00 до 16.00 часот и Afterwork party од 16.00 часот, што траеше до доцна вечерта. Најмладите од детските градинки, видно возбудени и со нетрпение

очекувајќи го Дедо Мраз, настапија со ритмички точки и пееја за зимата, снегулките, Дедо Мраз и Снешко.

Над 200 дечиња, учесници во програмата добија 200 чоколади, како подарок од Општина Центар,

а вистинско возбудување за нив беше бесплатното возење со кочијата на Дедо Мраз. Со последните новогодишни хитови Елена и Ламбе, како главни музички ѕвезди, им приредија вистинска забава на дечињата. Организаторите обезбедија награди за посетителите, чии имиња беа извлекувани од специјално поставената црвена кутија на новогодишни желби.

Потоа следеше забава за повозрасните со најдобрите македонски диџеи од Сити

радио и Клуб ФМ - Бабура, Боби Бранчес, Џон Антонио и Дела.

„Дедомразијада”, која ќе стане традиционална манифестација, а годинава имаше хуманитарен карактер, се планира и догодина на едно место да ги собере

граѓаните облечени во црвена боја, што ја симболизира Новата година. Собраните средства како дел од прометот на кафулињата и рестораните од ул. „Никола Вапцаров”, се наменети за Здружението за деца со дисфункиција и детски болести „Дајте ни крилја”.

На крајот, кошаркарот Перо Антиќ беше прогласен за најпопуларен Дедо Мраз годинава.

ДеДоМРаЗиЈаДа 2011

Page 46: Отчет 2011

46

отчет2011

на 10 мај 2011 година, во спортската сала „Независна Македонија”, во Кисела

Вода, селекцијата на талентирани ученици од Општина Центар успеа да се пласира на првото место во кошарка во машка категорија, а со тоа го освои Купот на Кисела Вода, „Св.Ѓорѓи”. На купот се одиграа спортски натпревари во три спорта и тоа во кошарка и фудбал во машка категорија и одбојка во женска категорија. Учество на овие натпревари земаа селекциите од општините Кисела Вода, Центар, Аеродром и Гази

Баба. Сите кошаркари кои играа за селекцијата на таленти на Општина Центар беа наградени со златни медалји, а воедно им беше врачен и пехар. Селекцијата од Општина Центар беше предводена од

тренерите Костантин Стојановски (ОУ „11 Октомври”) и Горан Ѓорѓиевски (ОУ „Кочо Рацин”). Исто така, Општина Центар доби и диплома за освоеното прво место.

сПоРтски актиВности Во осноВните уЧиЛиШта

општина Центар и оваа година организираше турнир во кошарка во машка

конкуренција, за ученици на возраст од петто до осмо одделение од

основните училишта на ниво на општината. Екипата на ОУ „11 Октомври“,ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Димитар Миладинов” го понесоа првото, второто и третото место, а

за најдобар играч на турнирот беше прогласен Андреј Стојановски од ОУ „11 Октомври“.

На трите пласирани

екипи Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, им додели пехари и медалји како и поло маици за секој ученик од првопласираната екипа. Салата

на КК „Работнички“ претставуваше вистинско место за одржување на финалните кошаркарски натпревари. Како гости на турнирот присуствуваа ученици, наставници, граѓани и претставници на општина Центар. Општина Центар со донацијата на нашиот најтрофеен кошаркарски

клуб „Работнички“ кој се наоѓа на нејзина територија, покажа дека главна заложба на општината ќе биде развојот на спортот и откривањето на нови таленти.

коШаРка

Page 47: Отчет 2011

47

отчет2011

основното училиште „Кочо Рацин”, беше домаќин на финалните натпревари

во фудбал помеѓу учениците од основните училишта на територијата на Општина Центар. Ова е втора година по ред, како Општина Центар ги организира натпреварите во фудбал, во соработка со основните училишта.

За прво место се натпреваруваа екипите на ОУ„Св. Кирил и Методиј” и ОУ„Кочо Рацин”. На денешниот натпревар, проследен од бројната публика која ги поддржуваше своите соученици, првото место го освоија домаќините - екипата на ОУ „Кочо Рацин”.

Третото место им припадна на учениците од ОУ „Димитар Миладинов”, по одиграниот натпревар со екипата од ОУ „Коле Неделковски”.

Второто место го освои екипата од ОУ „Св. Кирил и Методиј”, а четврото место учениците од ОУ „Коле Неделковски”.

На прво, второ и третопласираните екипи Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, им додели пехари и

медалји, како и маици со логото на Општина Центар за првопласираната екипа.

традиционално, трета година по ред, се одржа турнирот во мал фудбал.

По трети пат победи екипата на ОУ „Кочо Рацин“. Второто место го освои екипата на ОУ „Коле Неделковски”, кои со својата борбеност претставуваат вистински конкуренти на првонаградените. Третото место го освоија домаќините – екипата на ОУ „Димитар Миладинов”, кои на пенали ја победија екипата на ОУ „Св. Кирил и Методиј”.

За прв пат, минатата година се додели и пехар за најдобар голгетер и играч на турнирот. Оваа награда му припадна на Иван Митревски, ученик од ОУ „Кочо Рацин“.

Градоначалникот Владимир Тодоровиќ на трите првопласирани екипи им додели медали, дипломи за учество и пехар за училиштето. Општина Центар за првонаградените обезбеди и маички со лого на Општината. Натпреварот беше проследен со бројна публика, која навиваше и ги поддржуваше своите соученици.

фуДБаЛ

Page 48: Отчет 2011

48

отчет2011

ноВоГоДиШно укРасуВаЊе

Во пресрет на Новата Година, граѓаните на Општина Центар можеа да

го почувствуваат празничното расположение. Многубројни украсни новогодишни сијалички блеснаа во полн сјај на најфрекфрентните улици на територија на Општината. Новогодишно беа украсени дрворедите и јавните површини на трите популарни шеталишта: ул.„Македонија”, ул.„Никола Вапцаров” и ул.„Максим Горки”. Интензивно беа украсени со светлосно зеленило, сијалички и новогодишни солзи на дрвјата, а во однос на 2010 година, како новитет беше поставувањето на специјални светлосни ефекти на плочникот на улиците „Македонија” и „Никола Вапцаров”.

оДБоЈка

општина Центар организираше женски турнир во одбојка, на кој

зедоа учество ученички на возраст од петто до осмо одделение од основните училишта од Општината. На 4 мај 2011 година, во фискултурната сала на ОУ „Димитар Миладинов” се одиграа завршните натпревари, на кои учествуваа најдобро пласираните екипи. За трето место се натпреваруваа екипите од ОУ „Коле Неделковски” и ОУ „11 Октомври”, а додека за првото место се натпреваруваа екипите од ОУ „Димитар Миладинов” и ОУ „Ј.Х. Песталоци”. По мошне неизвесна и фер игра, првото место го освоија ученичките од ОУ „Ј.Х. Песталоци”, второто место им припадна на домаќините ОУ „Димитар Миладинов”, а како трето пласирани се изборија ученичките од ОУ„11 Октомври”.

На трите првопласирани екипи им беа доделени медалји, а на

капитените им беа врачени пехари.

Page 49: Отчет 2011

49

отчет2011

Page 50: Отчет 2011

50

отчет2011

Донесени ДетаЛни уРБанистиЧки ПЛаноВи Во 2011

- УРБАН БЛоК ПРеСВетА БоГоРоДИЦА

- СУДСКА ПАЛАтА 1

- СУДСКА ПАЛАтА 2

- СтАРА ЖеЛеЗНИчКА СтАНИЦА

- ГРАДСКА четВРт ДеБАР МААЛо 1 Изменување и дополнување - една парцела 1.24

- ГРАДСКА четВРт ДеБАР МААЛо 2 дел од блок 14

- ГРАДСКА четВРт КАПИШтеЦ ЛоКАЛИтет – КЛИНИчКИ БЛоК Измени и дополнувања за парцела 1.3.1

- МАЛ РИНГ – ЦеНтРАЛНо ГРАДСКо ПоДРАчЈе НА ГРАД СКоПЈе

- ГоЛеМ РИНГ ЈУЖеН ДеЛ – ИСтоК

- БУЊАКоВеЦ 1 УМ 16

- БУЊАКоВеЦ 1 Дел катна гаража

- КРЊеВо 2 (за прв пат од кога постои населбата отпочната е постапка за донесување на детален урбанистички план за истата)

- МАЏИР МААЛо (за прв пат од кога постои населбата отпочната е постапка за донесување на детален урбанистички план за истата)

- ЈУЖеН ДеЛ НА ЦеНтРАЛНо ГРАДСКо ПоДРАчЈе

- тАСИНо чеШМИче 1

- ЦВеЌАРА

- ДоЛНо ВоДНо

- СтАРо ВоДНо

- БУЊАКоВеЦ 1

- ЦеНтРАЛНо ЗеЛеНИЛо ПоКРАЈ РеКА ВАРДАР – ЈУЖеН ДеЛ (ПАРК1)

- ГоЛеМ РИНГ ЈУЖеН ДеЛ - ИСтоК (опфат меѓу ул. „В.В. Аџиларски, р. Вардар, бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Мирче Ацев“)

- МАЏИР МААЛо И ГРАДСКА ПоРтА (Ново Маало)

- ПРоЛет

- ЦеНтРАЛНо ГРАДСКо ПоДРАчЈе – МИРче МАЦАН

- ГРАДСКА четВРт КАПИШтеЦ ЛоКАЛИтет – КЛИНИчКИ БЛоК

- тАСИНо чеШМИче 2

- ГРАДСКА четВРт КАПИШтеЦ – ЛоКАЛИтет ГеоЛоШКИ ЗАВоД

- МАЛо КУРИЛо

- ГоЛеМ РИНГ – ЗАПАД

- КАПИШтеЦ

- БУЊАКоВеЦ 2

- ГРАДСКА четВРт ДеБАР МААЛо 1

- ГРАДСКА четВРт ДеБАР МААЛо 2

- ФРАНЦУСКИ ГРоБИШтА

- ДУЌАНЏИК

ДетаЛни уРБанистиЧки ПЛаноВи За кои е отПоЧната ПРоЦеДуРа За ДонесуВаЊе Во 2011

со оглед на фактот што Општина Центар е централна општина во градот Скопје, а со тоа и во Република Македонија, таа

е и една од најдинамичните во сите сфери на локалната самоуправа. Во текот на 2011 година има донесено и отпочнато со изработка повеќе детални урбанистички планови. Бидејќи општината

е во постојан подем и во изнаоѓање на нови инвеститори, потребни се постојани измени и дополни на деталните урбанистички планови и нивно усогласување со Законот за просторно и урбанистичко планирање, правилниците кои произлегуваат од него и останатата законска регулатива.

Page 51: Отчет 2011

51

отчет2011

ПРиЈаВи ПРоБЛеМ - 071 28 24 24

општина Центар им благодари на сите оние кои во изминатиов период ни јавуваа за: оштетени коловози, оштетени тротоари, неисчистен смет и шут, светилки кои не работат и

слични проблеми.

Ги охрабруваме и понатаму, сите жители на Општина Центар и понатаму да го користат дежурниот телефон 071 28 24 24 за пријавување на своите проблеми со јавување или испраќање на СМС пораки, со цел истите да бидат побрзо отстранети.

Доколку не ги пријавите проблемите во нашата Општина, нема да можеме истите навремено да ги решаваме.

зАТОА НАш СОвЕТ Е:

МеМоРиРаЈте Го оВоЈ БРоЈ и нека Ви БиДе секоГаШ ПРи Рака.

071 28 24 24

ОТчЕТ 2011 ОпшТиНА цЕНТАр

изДАвА: Општина Центар

зА изДАвАчОТ: Градоначалник Владимир Тодоровиќ

web: www.opstinacentar.gov.mk

адреса: ул. „Михаил Цоков” б.б. 1000 Скопје

пЕчАТи: Печатница БАТО - Скопје

Page 52: Отчет 2011

52

отчет2011