4
4 Со возраста, расте преваленцата на ризични однесувања меѓу младите, од двата рода, во сите земји 4 Девојчињата и момчињата се разликуваат во однесувањето и начинот на кој ги прават своите здрави и/или нездрави избори 4 Децата од помалку имотните семејства се изложени на повеќе ризици по здравјето од децата од поимотните семејства 4 Однесувањата поврзани со здравјето варираат меѓу младите од различни земји и региони, укажувајќи на силното влијание на социјалните, културните и економските фактори врз здравјето, но и врз нивните сфаќања и гледишта за унапредување на здравјето. Денес децата во Европа уживаат далеку подобри услови за развој и добро здравје од кога било порано (1). Сепак, сѐ уште голем број млади и натаму практикуваат однесувања ризични по своето здравје, кое и самите често го проценуваат како лошо здравје. Оттука, голем број млади не успеваат да ги искористат докрај своите потенцијали за здраво живеење и добросостојба, и не се задоволни од својот живот. Децата на 11, на 13 и на 15 години од 39 земји од Европа, Северна Америка и Канада, вклучително со Македонија, покажуваат големи разлики во однесувањата поврзани со здравјето, во зависност од возраста, родот, социоекономскиот статус на семејството и геополитичката положба (1) на земјата во која живеат и растат: почесто гледаат телевизија и играат видеоигри за време на училишните денови. Со возраста опаѓа прекумерната телесна тежина и се менува сликата за себе, а расте незадоволство од сопственото тело. Поради тоа сѐ поголем број млади, особено меѓу девојчињата, почнуваат со диети. Повозрасните деца почесто од помладите експериментираат со ризични однесувања, како што се пиењето алкохол, пушењето тутун и марихуана, или раните сексуални искуства. И насилството меѓу младите се зголемува со возраста. Повредите за кои е потребна медицинска помош се најчести кај најмладите, на 11-годишна возраст. На полето на социјалните релации и Со возраста опаѓа задоволството од животот кај младите од Македонија. Слично е и со самопроценката на сопственото здравје кое повозрасните деца го проценуваат како полошо, во споредба со помладите. Со возраста децата почесто се жалат и на психосоматски тегоби, како главоболка, чувство на нервоза и други здравствени проблеми, со тенденција за сѐ поголема употреба на лекови во намалување на симптомите. Во поглед на здравствените навики, повозрасните деца поретко се хранат здраво, јадат помалку овошје и зеленчук, за сметка на сѐ почестото консумирање слатки и газирани пијалаци. Тие се помалку физички активни, Адолесценција - период на можности и предизвици, разлики меѓу 11 и 15 години Меѓународни HBSC податоци, 2010 Студија за однесувањата кон здравјето на децата од училишна возраст во Македонија - HBSCM Kлучни наоди - HBSCM, 2010 444

Адолесценција - период на можности и ... · 2015-09-19 · дебело, па почнуваат со диети. За разлика од нив, младите

  • Upload
    others

  • View
    14

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Адолесценција - период на можности и ... · 2015-09-19 · дебело, па почнуваат со диети. За разлика од нив, младите

4 Со возраста, расте преваленцата на ризични однесувања меѓу младите, од двата рода, во сите земји

4 Девојчињата и момчињата се разликуваат во однесувањето и начинот на кој ги прават своите здрави и/или нездрави избори

4 Децата од помалку имотните семејства се изложени на повеќе ризици по здравјето од децата од поимотните семејства

4 Однесувањата поврзани со здравјето варираат меѓу младите од различни земји и региони, укажувајќи на силното влијание на социјалните, културните и економските фактори врз здравјето, но и врз нивните сфаќања и гледишта за унапредување на здравјето.

Денес децата во Европа уживаат далеку подобри

услови за развој и добро здравје од кога било

порано (1). Сепак, сѐ уште голем број млади и

натаму практикуваат однесувања ризични по

своето здравје, кое и самите често го проценуваат

како лошо здравје. Оттука, голем број млади

не успеваат да ги искористат докрај своите

потенцијали за здраво живеење и добросостојба, и

не се задоволни од својот живот. Децата на 11, на

13 и на 15 години од 39 земји од Европа, Северна

Америка и Канада, вклучително со Македонија,

покажуваат големи разлики во однесувањата

поврзани со здравјето, во зависност од возраста,

родот, социоекономскиот статус на семејството

и геополитичката положба (1) на земјата во која

живеат и растат:

почесто гледаат телевизија и играат видеоигри

за време на училишните денови. Со возраста

опаѓа прекумерната телесна тежина и се менува

сликата за себе, а расте незадоволство од

сопственото тело. Поради тоа сѐ поголем број

млади, особено меѓу девојчињата, почнуваат со

диети. Повозрасните деца почесто од помладите

експериментираат со ризични однесувања,

како што се пиењето алкохол, пушењето тутун

и марихуана, или раните сексуални искуства.

И насилството меѓу младите се зголемува со

возраста. Повредите за кои е потребна медицинска

помош се најчести кај најмладите, на 11-годишна

возраст. На полето на социјалните релации и

Со возраста опаѓа задоволството од животот

кај младите од Македонија. Слично е и со

самопроценката на сопственото здравје кое

повозрасните деца го проценуваат како полошо,

во споредба со помладите. Со возраста децата

почесто се жалат и на психосоматски тегоби,

како главоболка, чувство на нервоза и други

здравствени проблеми, со тенденција за сѐ

поголема употреба на лекови во намалување на

симптомите. Во поглед на здравствените навики,

повозрасните деца поретко се хранат здраво,

јадат помалку овошје и зеленчук, за сметка на

сѐ почестото консумирање слатки и газирани

пијалаци. Тие се помалку физички активни,

Адолесценција - период на можности и предизвици, разлики меѓу 11 и 15 години

Меѓународни HBSC податоци, 2010

Студија за однесувањата кон здравјето на децата од училишна возраст во Македонија - HBSCM

Kлучни наоди - HBSCM, 2010

444

Page 2: Адолесценција - период на можности и ... · 2015-09-19 · дебело, па почнуваат со диети. За разлика од нив, младите

Родот е важна одредница на здравјето

Културно-етнички обрасци во однесувањата поврзани со здравјето1

Девојчињата се понезадоволни од животот и од сопственото здравје, од момчињата; почесто се тажни и осамени, и имаат помалку време за себе и слобода на избор. Тие, почесто од момчињата, покажуваат дека страдаат од психосоматски тегоби, како главоболки и чувство на нервоза, и многу почесто од нив користат лекови. Девојчињата се понезадоволни и од изгледот на своето тело, и почесто држат диета, но и помалку спортуваат, за разлика од момчињата кои почесто страдаат од прекумерна тежина и понездраво се хранат. Момчињата пак, почесто практикуваат ризични однесувања, како пушење, пиење, опивање и користење марихуана, и пријавуваат сексуални

HBSCM 2010, Клучни наоди

искуства и до десетпати повеќе од девојчињата. Момчињата во значително поголем број се и жртви на малтретирање, или учествуваат во малтретирање на други ученици, а почесто учествуваат и во физички пресметки, и носат оружје во училиште, од своите врснички. Во поглед на социјалните релации и поддршка, девојчињата имаат помалку блиски пријател(к)и, поретко излегуваат навечер и почесто користат електронска комуникација. Тие се и позадоволни од школскиот живот и постигнувањата, иако, истовремено, чувствуваат и поголемо оптоварување околу училишните задачи. Девојчињата прикажуваат и помала блискост со мајката, од момчињата, за теми кои ги загрижуваат.

пијат, се опиваат и користат марихуана во значајно повисока пропорција од учениците етнички Албанци. Кај петнаесетгодишните девојчиња од македонските паралелки преваленцата на пушењето тутун е тројно поголема, а во поглед на секојдневното или неделното пушење и до пет пати повисока од девојчињата од албанската етничка заедница. Учениците од албанските паралелки, од друга страна, почесто биле малтретирани, но и почесто малтретирале други ученици и/или носеле оружје во училиште, од децата од македонската етничка заедница. Исто така, тие почесто пријавувале повреди за кои била потребна медицинска грижа, во споредба со учениците од македонските паралелки. Сепак, сликата се менува со возраста. Петнаесетгодишните момчиња од македонските паралелки почесто учествувале во тепачки, во споредба со нивните врсници од албанското говорно подрачје. Во поглед на социјалните услови, релации и поддршка, децата од македонските паралелки, во просек, почесто живеат со обата родитела и во помалкучлено семејство, со повисок образовен и социоекономски статус, за разлика од учениците од албанските паралелки. Учениците етнички Македонци почесто користат електронска комуникација и повеќе се дружат со своите врсници, по часовите и навечер. Девојчињата од албанските паралелки, од друга страна, најретко користат електронска технологија, имаат најмал број блиски другар(к)и и најретко излегуваат од дома, по часовите и навечер.

Учениците од македонските паралелки изразуваат поголемо задоволство од животот во споредба со нивните врсници од албанското говорно подрачје. Младите етнички Албанци повеќе страдаат од психосоматски тегоби и почесто земаат лекови, за два и повеќе симптоми, повеќе пати месечно. Тие се и почесто тажни и осамени, помалку автономни и со помалку искуства на слободен избор, при што најмногу „лоши“ чувства искажуваат девојчињата од албанските паралелки. Исклучок од овој тренд се 15-годишните девојчиња од македонските паралелки, со највисока преваленца (43%) на психосоматски тегоби и највисока пропорција на деца (44%) со низок индекс на ментално здравје. Пропорцијата на деца со прекумерна тежина и дебелина е највисока меѓу момчињата од македонските паралелки, додека нивните врснички со возраста стануваат сѐ покритични кон своето тело, кое во сѐ поголем број го проценуваат како дебело или премногу дебело, па почнуваат со диети. За разлика од нив, младите етнички Албанки не ја менуваат сликата за сопственото тело со возраста и не држат диета. Во поглед на ризичните однесувања, учениците од македонските паралелки пушат,

1 Наодите од HBSCM Студијата се однесуваат на две подгрупи деца во примерокот, македонска и албанска, дефинирани според наставниот јазик. Поради пропорционално ниската застапеност на другите етнички заедници во примеоркот, нивното присуство во студијата не е видливо, односно тие се вклучени во веќе постоечките два подпримероци деца, македонскиот, или албанскиот, зависно од јазикот на кој ја следат наставата.

444

444

поддршка, со возраста, децата почесто се дружат по часовите и почесто излегуваат навечер. Но, тие имаат и сѐ помал број блиски пријатели и сѐ

помалку го сакаат училиштето. Со возраста, сепак, се зголемува блискоста со едниот од родителите

(мајката), на теми што ги загрижуваат младите.

Page 3: Адолесценција - период на можности и ... · 2015-09-19 · дебело, па почнуваат со диети. За разлика од нив, младите

Задоволството од животот и индексот на

менталното здравје растат со зголемување

на семејната имотност (2). Децата од помалку

имотните семејства пријавуваат полошо

здравје, поголемо чувство на тага и поголем

број психосоматски тегоби. Меѓу сиромашните

македонски девојчиња повисока е преваленцата на

главоболки, нервоза, како и употребата на лекови,

а се зголемува и чувството на осаменост. Во поглед

на навиките поврзани со здравјето, со зголемување

на семејната имотност, децата во Македонија

почесто ги мијат забите, повеќе гледаат ТВ и

играат видеоигри. Децата од поимотните семејства

пријавуваат почести сексуални односи и почесто

употребуваат кондом од помалку имотните, а

почесто и порано започнуваат со пушењето

цигари. Децата од македонските имотни семејства

почесто пијат и се опиваат, и почесто користат

марихуана. Учениците од поимотните семејства

почесто носат и оружје во училиште и почесто

доживуваат повреди за кои е потребна медицинска

грижа, во споредба со нивните помалку имотни

врсници. Во поглед на социјалните релации,

поимотните деца почесто се дружат по часовите, и/

или навечер, и имаат поголем број блиски другар(к)

и од сиромашните. Девојчињата од македонските

имотни семејства полесно зборуваат со своите

татковци за своите грижи.

Семејната имотност значајно влијае на здравјето на децата

Македонските деца во поширок географски контекст - сличности и разлики

HBSCM 2010, Клучни наоди

4 Децата од Македонија, во контекст на меѓународниот примерок од 200.000 деца на 11, 13 и 15 години, од 39 земји (1), ја потврдуваат општата тендеција на влошување на сите индикатори на здравјето, со возраста

4 Здравјето на децата е под силно влијание и на социоекономскиот статус на семејството, кој директно влијае врз социјалните (не)еднаквости во нивното здравје

4 Постојат силни родови, културни, политички и средински влијанија врз здравствените навики и однесувања на децата:

На пример: Додека прекумерната тежина/дебелина кај момчињата од Македонија расте со имотноста на семејството, кај девојчињата таа опаѓа – поврзаност која дава различни ефекти во различни култури. Карактеристика на посиромашните и колективистички организирани земји (Турција, Ерменија, Ирска), во кои со имотноста расте прекумерната тежина кај децата од двата пола, за разлика од западните развиени земји

4 И покрај тоа што ризичните однесувања го следат општиот тренд на пораст со возраста, децата од Македонија се најниско на меѓународната табела на ризични однесувања. Тоа значи дека тие во многу помала пропорција пушат, употребуваат алкохол и марихуана, и/или учествуваат во тепачки, во споредба со децата од повеќето земји од Европа. Македонските девојчиња, исто така во многу помала пропорција од нивните западноевропски

врснички изјавуваат дека се сексуално активни, и речиси не користат пилули за контрацепција.За разлика од нив, адолесцентите од Европа во многу повисока пропорција користат и повеќе

видови заштита

4Во споредба со европскиот просек, мала

е пропорцијата на македонски испитаници

кои пријавиле повреди за кои е потребна

медицинска грижа. Најмногу такви случаи

се забележани кај момчињата од имотните

семејства, односно кај децата на најмала

возраст (11 години), што е сосема спротивно од

европскиот тренд, каде што ризикот од повреди

се зголемува со возраста

4Во поглед на социјалните релации и поддршка,

со возраста, младите од Македонија полесно

разговараат со родителите за темите што ги

загрижуваат, што е спротивно на појавата на

отежната комуникација со родителите, особено

со мајката, на 15-годишните деца од Европа

4По искажаното задоволство од училиштето,

македонските деца се највисоко рангирани

на меѓународната табела од 39 земји. Тие го

сакаат училиштето повеќе од нивните европски

врсници, иако со возраста приврзаноста опаѓа.

444

444

Page 4: Адолесценција - период на можности и ... · 2015-09-19 · дебело, па почнуваат со диети. За разлика од нив, младите

Студијата за однесувањата кон здравјето на децата од училишна возраст во Македонија (HBSCМ) е дел од престижна меѓународна студија (HBSC), иницирана и развиена од истражувачи и истражувачки тимови од 44 земји, со мисија да го мониторира здравјето и добросостојбата на младите, нивните однесувања и навики поврзани со здравјето, во одредени временски интервали; Истовремено, таа ги зголемува и

продлабочува знаењата за социјалните детерминанти на здравјето и за условите за подобро здравје на младите од различни средини и со различни можности, во Европа и пошироко. Целта на ова истражување е континурано да ги информира клучните чинители и креатори на политиките за здравјето на младите, во секоја земја посебно, за тие да креираат подеднакви добри услови за подобро здравје на сите деца во заедницата.

Центар за психосоцијална и кризна акција - МалинскаБул. Партизански Одреди, 23/1-3, Скопје Македонијател/факс +389 2h 3298 238

[email protected]

Што можеме да заклучиме за адолесцентите во Македонија?

Што можат да променат тука здравствените политики?

HBSCM 2010, Клучни наоди

Постојат големи разлики во здравственото

однесување кај децата, зависно од возраста,

родот, културата, социјалниот статус и средината

во која живеат и растат. Со возраста и со

намалување на семејната имотност, на пример,

се намалуваат и задоволството од животот,

чувството за добро здравје, како и разни

показатели на менталното здравје. Податоците

покажуваат дека повозрасните, помалку имотните,

девојчињата, како и децата етнички Албанци, се

меѓу најранливите категории млади во поглед на

менталното здравје. Од друга страна, најголем

број ризични однесувања од различен тип

(пиењето алкохол, пушењето марихуана, учеството

во тепачки итн.) се среќаваат кај македонските

момчиња на 15 години, и тоа, од поимотните

семејства. Тоа укажува на потребата од посебни

програми за намалување на социјалните, родовите

и културните нееднаквости поврзани со здравјето

кај децата од Македонија.

444

Сеопфатен мултисекторски пристап кон здравјето,

кој ќе ги интегрира законите, целите и постоечката

евиденција во функционална целина на заштита

и унапредување на здравјето на младите, е

клучниот прв чекор. Во таа насока би морале да се

обезбедат и низа други мерки, како:

4Развојно и родово чувствителни пристапи во

креирањето програми, засновани на евиденција

и на искуствата од добри практики

4Почитување на правото на децата на активно учество во одлучувањето за сопственото

здравје и живот, наспроти наметнување готови,

„здрави“ решенија, во нивно име

4Рано отпочнување со информативно- едукативни и партиципативни програми и проекти во и надвор од образованието, на

важни теми од животот на децата

4Потпирање на постоечките ресурси (индивидуални, и во заедницата), со позитивен

пристап кон младите, наспроти корективните,

фокусирани на грешки и застрашувања кампањи

и пропаганди

4Изготвување програми, чувствителни за специфичните потреби и права на најранливите

категории деца во заедницата.

Референци:

1. Currie C, Zanotti C, Morgan A, Currie D, De Looze M, Roberts C, (eds). Social determinants of health and well-being among young people. Health behavior in school aged children (HBSC) study: International report from 2009-2010 survey. Copenhagen: WHO Regional Office for Europe; 2012.

2. Currie C, Molcho M, Boyce W, Holstein B, Torsheim T, Richter M. Researching health inequalities in adoles-cents: the development of the HBSC family affluence scale. Social science and medicine, 2008, 66 (6): 1429-1436. doi:10.1016/j.socscimed.,2007, 11.024

3. Ќостарова-Унковска Л. и Георгиевска-Наневска Е., уред. Здравјето како квалитет на животот: социјални нееднаквости меѓу младите во Република Македонија. Студија за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (HBSC): извештај 2013. Скопје, Центар за психосоцијална и кризна акција - Малинска, 2013, XXIV, 174 стр https://hbscmacedonia.wordpress.com/resources/reports/https://hbscmacedo-nia.wordpress.com/resources/reports/