17
1 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015 февруари 2016 | Здружение на граѓани “Младите можат”| | www.youthcan.org.mk | [email protected] | |www.facebook.com/mladite.mozat| |@YouthCanMkd| |www.youtube.com/mladitemozat|

§ Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

  • Upload
    others

  • View
    5

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

1

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

2015

февруари 2016

| Здружение на граѓани “Младите можат”| | www.youthcan.org.mk | [email protected] |

|www.facebook.com/mladite.mozat| |@YouthCanMkd| |www.youtube.com/mladitemozat|

Page 2: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

2

3 стр.

5 -13 стр.

14 - 16 стр.

17 стр.

Предговор

Проекти

Еразмус +

СОДРЖИНА

Буџет

Page 3: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

3

Драги млади, пријатели и соработници, Ми претставува чест и задоволство во име на Младите можат да го претставам овој краток извештај за 2015 година, чија главна водилка (како и во годините претходно) е: Колку придонесовме за тоа младите да станат активни, независни, способни и решителни граѓани? Колку придонесовме младите да можат да влијаат врз општествените промени во 2015 година? Инспирирани од двете прашања погоре и во ситуација кога имавме исклучително предизвикувачка година за младите во која доминираа протести и маршови, нашиот фокус остана да ги поттикнеме младите да преземат иницијативи и да делуват во своите заедници. Предизвикот наречен волонтирање е област во која трета година по ред се обидуваме да го доближиме до младите преку проектот Make a change: Be a volunteer! Комплетно волонтерски и со свои ресурси успеавме да поттикнеме 25 млади да имплементираат 2 иницијативи. Резултатот? Ослободи ја идејата – концепт и настан преку кој младите се натпреваруваа за најдобра идеја и иницијатива кој опфати 8 тимови од 5 града и вкупно 210 млади присутни на завршниот настан- Едукација на младите преку работилници за емоционална интелигенција. Предизвикот наречен лидерство често се сфаќа како моќ, титула и авторитет. Ние велиме дека во моментот кога преземаме чекори за предизвиците стануваме лидери. Тоа го преточивме преку првиот Лидерски камп кој опфати 20 млади кои потоа имплементираа 3 лидерски иницијативи, опфаќајќи над 300 луѓе. Може ли во Македонија да се биде млад и успешен? Ние велиме ДА, ни треба само мала доза од #мотивацискивикенд на кој успешни млади луѓе од земјава ќе ги споделат своите животни приказни и ќе ги мотивираат младите. Горди сме на Мотивациски викенд кој се одржа по трет пат и опфати над 450 млади кои се инспирираа и мотивираа и прераснува во најголем настан на Младите можат. Предизвикот околу младинската информираност се чини е сеприсутен. Колку се младите информирани, како се информираат, како да станат поинформирани? Овие прашања ги опфативме преку проектот Млади информирани! Млади активирани! Вклучивме 80 млади од кои очекуваме да произлезат 8 иницијативи. Во турбулентна година за средношколците ја препознавме потребата од поструктурирано средношколско организирање кое ќе ги канализира нивните потреби и предизвици и поактивно ќе ги вклучи во донесувањето на одлуките во училиштето. Работевме на зајакнување на училишните заедници на СУГС “Никола Карев” и СУГС “Георги Димитров”, процес во кој училишните заедници креираа свој модел и правилник на функционирање. Се надеваме дека почетокот ве поттикна да пролистате низ овој извештај и да одблизу да ги видите моментите, активностите и луѓето кои беа дел од промената во 2015. За крај, сакаме да им се заблагодариме на сите наши пријатели, партнери и соработници кои придонесоа во оваа година да имаме поактивни, независни и решителни млади.

Со почит,

Иван Јованов, Претседател на Младите можат

ПРЕДГОВОР

Page 4: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

4

Младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно или здружено влијаат и учествуваат во позитивните промени и

развојот во општеството.

АКТИВНО ЧЛЕНСТВО НА МЛАДИТЕ МОЖАТ

ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ КАЈ МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО ОПШТЕСТВЕНО-ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ

Да ги оспособи младите луѓе да земат активно учество во развојот на својата заедница преку социјален и младински активизам но и да одговорат на своите

потреби во заедницата

КОНТИНУИРАНО ОРГАНИЗАЦИСКО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ОДРЖЛИВОСТ

МИСИЈА

ВИЗИЈА

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА МЛАДИТЕ МОЖАТ 2015-2017

МИСИЈА, ВИЗИЈА И СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

Page 5: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

5

| ПРОЕКТИ |

Page 6: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

6

ЦЕЛ ?

Да ги поттикнат учениците самите да развијат функционален и одржлив модел на УЗ предводена од самите нив, која ќе послужи како модел за останатите средни училишта

Зајакнување на капацитетите на постоечките Училишни заедници

август 2015– декември 2015 година

ДОНАТОР: Фондација Конрад Аденауер

ПРОЕКТ

ЗОШТО?

Училишните заедници во средните училишта се една од првите форми на младинско организирање и учество. Иако постојат во различни форми и облик, тие не се структурирани и формализирани во рамките на училиштата

КАКО?

Самиот проект е поделен на три фази:

Првата фаза е градење на капацитетите на 25 ученици во заедницата, коишто учествуваа на три дводневни обуки, кои опфатија теми како што се

МОДУЛ 1 – “Младинско учество и младински политики”

МОДУЛ 2 – “Застапување и лобирање”

МОДУЛ 3 – “Симулација за функционирање на Училишната заедница”

Втората фаза опфати процес на стратешко планирање во период од четири дена, каде што учениците развија сопствен модел на функционирање на заедницата.

Третата фаза вклучува консултативни средби со сите засегнати страни во рамки на училиштата, како и процес на избирање на раководно тело на заедницата.

Page 7: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

7

Проектот придонесе училишните заедници од СУГС “Никола Карев ” и СУГС “Георги Димитров” да создадат сопствен модел по кој ќе се темели работата на тие тела. Во текот на проектот тие успеаа да развијат правилник со процедури за работа и акциски план за една година. Исто така, учениците од СУГС “Никола Карев” добија сопствена просторија во рамките на училиштето за подобро функционирање на УЗ.

Влијание од проектот

Изјави од учесниците

“Научивме дека понекогаш колку и да е тешко, ако сме доволно упорни и сложни, секоја наша замисла, цел , потреба , визија , мисија не е неостварлива , научивме дека препреките се дел од патот кон успехот , и дека токму тие ни ги покажуваат нашите недостатоци и посочуваат каде треба да се подобриме, за на самиот крај со насмевка на лицето слободно отфрлувајки ги сите наши стравови да кажеме дека сме успеале во она што силно сме го посакувале.”

Зајакнување на капацитетите на постоечките Училишни заедници

“...ние ќе бидеме оние кои директно ќе влијаат врз одлуките во училиштето кои ги чувствуваме на сопствена кожа, ние ќе бидеме оние кои ќе направат позитивни промени во училиштето и надвор од него. Бидејки ние можеме!”

Page 8: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

8

ПРОЕКТ

Истражување на потребите на младите на локално ниво

октомври 2015 - декември 2015 година

ДОНАТОР: OSCE

ЦЕЛ

Целта на тркалезните маси беше да им се даде можност на младите како и останатите чинители во младинскиот сектор да го кажат своето мислење и да ги идентификуваат потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите во нивната локална заедница.

ШТО?

"Младите можат" во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираа 8 тркалезни маси ширум земјава за потребите на младите на локално ниво во 8 региони, во периодот од ноември-декември 2015.

Како претставици на тркалезните маси присуствуваа членови на младински организации, подмладоци на политички партии, локални младински совети, локалната самоуправа и индивидуалци.

Низ дискусиите на овие настани, учесниците ги споделуваа своите мислења за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат младите во нивниот регион. Откако ги детектираа проблемите учесниците предлагаа конкрети механизми и решенија за надминување на тие проблеми. Споделените мислења и идеи во вид на истражување беа испратени до сите чинители на полето на младите на локално и национално ниво.

Page 9: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

9

ПРОЕКТ

ЦЕЛ

Целта на овој проект е јакнење на развојот на заедницата преку вклучување на што повеќе млади луѓе во процесот на волонтирање.

Make a change: Be a VOLUNTEER! VOL 2

октомври 2014 – април 2015 година

ЗОШТО?

51,2% од младите во Македонија никогаш не волонтирале и немале никакви информации за волонтирањето

ШТО?

Преку 3 модули на викенд обуки на кои учесниците ќе се запознаат со концептот на волонтерство, лидерство во локалната заедница, ќе научат за тимска работа и тимбилдинг вештини и ќе го поминат процесот на имплементација на иницијативи.

Во рамки на проектот, 23 млади луѓе имаа можност, преку серија обуки да научат за концептот на волонтирањето, да научат повеќе за тоа што е лидерство и тимска работа, да се стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите, поделени во тимови, да иницираат промени во својата заедница, директно влијаејќи на изворот на проблемите кои тие самостојно ќе ги детектираат.

Page 10: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

10

Еднодневен настан кој имаше за цел да инспирира младински активизам преку претставување на успешни примери за граѓански акции, како и да поттикнува младински идеи и учество преку претставување на 7 предлог идеи од финалистите на истоимениот натпревар. На настанот 7 тима составени од млади луѓе се натпреваруваа за најдобрата идеја. Победничкиот тим беше награден со седумдневно патување во Грција и доби поддржшка од Младите можат за имплементирање на нивната идеја.

Од проектот произлегоа две успешни иницијативи

Работилница: Емоционална интелигенција, X-фактор за успех. Главна цел на оваа работилница беше да ја претстави емоционалната интелигенција, нејзините основни карактеристики и важност, особено во услови на динамичнoто секојдневие. Преку работилницата, 20 млади луѓе имаа можност да се запознаат со концептот на емоционалната интелигенција и да ја развијат истата кај себе.

Работилница: Емоционална интелигенција

Целиот проект опфати над 250 млади луѓе кои беа вклучени во обуки, работилници и еден голем настан во рамки на Ослободи ја идејата

Make a change: Be a volunteer! Vol.2

Ослободи ја идејата!

Page 11: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

11

ПРОЕКТ

ЦЕЛ

Да се поттикнат младите луѓе во Македонија да бидат свесни за својот лидерски потенцијал, да станат активни граѓани во својата заедница, да детектираат предизвици во истите и преку здружено делување да креираат акции за нивно решавање и подобрување на општеството.

Младински лидерски иницијативи

март 2015 – септември 2015 година ДОНАТОР: Швајцарски национален младински совет

ШТО?

7 дневен Лидерски камп (23-29 април 2015 година)-интензивна програма наменета за 20 млади луѓе на возраст од 17 до 22 години која опфати индивидуални и групни сесии, лични и тимски вежби и предизвици, рефлексија и самоевалуација, како методи за развој на лидерски вештини.

3 follow-up иницијативи планирани и имплементирани од самите учесници за време на кампот кои се реализираа во периодот од мај до август 2015.

Page 12: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

12

Иницијатива за зголемување на свеста за улогата на емоционалната интелигенција во секојдневниот живот на младите луѓе.

Спроведена анкета со 100 испитаници за запознаеноста со поимот

Креиран фан-пејџ со над 1300 лајкови со објави на темата

Организирање на штандови на 3 јавни локации за запознавање на посетителите со важноста од ЕИ

Циклус од обуки на темата со опфат од 40 средношколци и студенти

Од проектот произлегоа три успешни иницијативи

Иницијатива за зголемување на свеста за

граѓанските права кај младите во

Македонија.

Креирано видео за промоција на важноста на граѓанските права Одржана обука на 20 млади луѓе за презентациски вештини и фасилитација

Иницијатива 3: Правно исправни

Иницијатива за подигнување на свеста за

дискриминација на децата со интелектуална

попреченост.

Работилници во 4 основни училишта за освестување на учениците за постоењето на дискриминација Јавен настан за зголемување на јавната свест за важноста од вклучувањето на децата со попреченост во сите сфери од секојдневниот живот.

Младински лидерски иницијативи

Иницијатива 1: Емоционално интелигента младина

Иницијатива 2: Направи промена

Page 13: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

13

ПРОЕКТ

ЦЕЛ

Настан кој претставува поддршка на младите да ги остварат своите сништа, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал за да станат најдобра верзија од самите себе.

предизвици во истите и преку здружено делување да креираат акции за нивно решавање и подобрување на општеството.

Мотивациски викенд 3

октомври 2015

ШТО?

3ти и 4ти Октомври, Македонска опера и балет. Повеќе од 300 млади луѓе кои го почувствуваа мотивацискиот пулс. Настанот опфати: 11 успешни говорници со 11 инспиративни приказни за чекорите

кон остварување на посакуваната цел 5 едукативни и забавни работилници за развој на лични вештини Нетворкинг забава за споделување на идеи и искуства и

остварување на идни соработки

ЗОШТО?

Недоволната мотивација кај младите да го следат својот сон и потиснатоста од општествените „норми и правила” се главната цел за реализација на Мотивациски викенд

Page 14: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

14

| ЕРАЗМУС + |

Page 15: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

15

Младински тренинг „MotivACTION“ - Италија – 10 до 17 јуни 2015

Младите можат во партнерство со организацијата ASSOCIAZIONE CULTURALE STRAUSS – ARCISTRAUSS од Италија, испрати два членa, и тоа Илија Станковски и Марија Николоска, во периодот од 10-17 јуни 2015 во Сицилија. „MotivACTION“ претставуваше тренинг кој имаше за цел да ги подобри мотивациските вештини кај лидерите на младински размени, во насока на зголемување на учеството на младите луѓе на размената. Преку самиот проект се креираа нови пристапи и форми за мотивирање на младите лидери. Проектот вклучи 36 млади од 18 различни земји кои преку активно учество на тренингот придонесоа кон исполнување на неговата цел. Преку целиот тренинг се опфатија неколку различни теми, вклучувајќи и лидерство, тимска работа, аргументирано дебатирање, критичко размислување и слично. Преку овие теми учесниците се здобија со нови знаења и вештини во овие области. На тренингот меѓу учесниците беа и два члена на Младите можат кои со останатите учесници го споделија своето досегашно искуство и придонесоа во градењето на нови модели за мотивирање на млади лидери на младински размени. За своето учество, Илија Станковски вели: „Преку десетдневниот интензивен тренинг, покрај тоа што ги освестив личните капацитети кои ги поседувам за мотивирање на млади луѓе, заедно со останатите учесници, успеав да придонесам кон градење на модели за мотивирање на идни млади лидери кои се уште не се свесни за своите потенцијали„

Младински тренинг „FUND - Finding Utilities for New Dreams“ - Омен, Холандија - 1 до 8 декември 2015

Организацијата Cherry Group организираше тренинг дизајниран за младински работници кои би сакале да ги истражат и научат сите можности во изнаоѓање средства за финансирање на активности и проекти. Преку тренингот, учесниците се запознаа со концептите на fundraising, спонзорства, донации и социјално-корпоративна одговорност. Како учесник на проектот, Нина Цекиќ изјави: „Она што ми остави најголем впечаток на овој тренинг е работата во групи преку која имавме можност со претставниците од други организации од други земји да си разменуваме мислења и идеи, и секако да си даваме насоки за подобро реализирање на нашата идеја. Додека пак, другата учесничка Јасмина Пишлевиќ сподели: „ На тренингот во Омен, Холандија, кој се одржа помеѓу 1 и 8 декември, учевме и вежбавме како нашата идеја да ја развиеме, а и да ја направиме профитабилна и изводлива. Преку реални и директни активности, по теоретското предавање, практично пристапувавме на идеите. Па така, како дел од задачите, успеавме да продадеме производ, да собереме играчки за деца од Украина и да стигнеме до последна фаза на имплементација на проектна идеја преку пристапување и барање на услови за исполнување на проектот од страна на работодавци, работници или минувачи. Миксот на различни култури, мислење и ставови ја збогати целата работа и сите задачи и го поедностави процесот на реализација, што потврдува дека градењето на тимови од луѓе со различни позадини и идеи, носи големи успеси кога сите тие различности ќе се спојат во едно и фокусираат на иста цел.

Page 16: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

16

Младински тренинг „“ Coaching: investing in the future! Focus on young people and employability“ – Шкларска поремба, Полска – 11 до 19 август 2015

Веќе три години по ред, Младите можат е партнер организација на Wroclaw Youth Club од Полска. Оваа година, тренингот беше наменет кон градење на тренерски капацитети што ќе придонесат кон развој на самата организација. Идејата на проектот беше да се споделат основни вештини за градење на секој успешен тренер и истражување на можности за имплементација на истите кон креирање на квалитетни проекти во рамки на Erasmus+ програмата. Наши претставници оваа година беа Моника Димовска и Горјан Славковски. Моника, за своето искуство кажа: „Желбата за нови искуства и стекнување на нови знаења беше мојот мотив да се пријавам за учество на тренингот во Полска. Во присуство нa луѓе од различни држави и култури, со различни навики и искуства добив поинаква перспектива за многу работи. Целта на тренигот беше преку теоретски предавања и практични вежби да се запознаеме и доближиме до тоа како да бидеме тренери и да можеме да водиме луѓе низ процесот до остварување на нивната цел. присуството на учесници со различни профили овозможи голема размена на знаења од повеќе области, што претставуваше огромна можност за учење низ секој миг од тренингот. Од тренингот понесов многу нови познанства, имав допир до различни култури но најважно ми беше знаењето кое го стекнав и со кое се надградив на приватен и професионален план.

Младински тренинг „Stories for Change“ - Латвија – 21 до 28 август 2015

Како производ на минатогодишниот проект во Шкларска Поремба, Полска, произлезе соработка помеѓу Младите можат и “Humana People to People in Latvia”, изградија соработка на проект чии цели беа насочени кон подигнување на свеста за Европската Година за Развој (ЕГР) и развој на успешен баланс помеѓу акции на локално и глобално ниво; употреба на техниката storytelling со цел да се „преведат“ глобалните проблеми во локални и лични реалности и развој на кампања за ширење на концептот на storytelling. Како наши претставници, беа испратени Предраг Митриќески Клекачкости и Зорица Азманова. Имено, Предраг за своето искуство го разкажа следново: „Како млад човек секогаш сум ги сакал далечините, да дознаам повеќе, да се запознавам со личности од други култури, но никогаш не би замислил дека ќе отпатувам во Латвија и ќе научам толку многу од тренерите. Интересно патешествие кое ќе го паметам засекогаш. Два члена на Младите можат бевме спремни да научиме повеќе и да истакнеме успесите на макотрпната работа на нашата организација. Storytelling, една нова и интересна тема која доста не возбуди, 7 дена, 20 нови пријатели и безброј нови знаења за оваа интересна тема. Нов вид на прераскажување и на истакнување на поенти кој многу би ни помогнал и нам. Можам уште долго да зборувам за што се научивме, и какви се спомени имаме од таму но зборови не се достојни за да ги опишат. Благодарение на организацијата и на Еразмус програмата јас научив но и пренесов знаење, ја открив нашата малечка земја на уште неколку луѓе и им кажав дека во неа има млади вредни ентузијасти кои можам да направат многу. “

Page 17: § Ј 2015 - youthcan.org.mk · 4 ладите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно

17

| БУЏЕТСКИ ПРЕГЛЕД ЗА 2015 |

Годишен прилив на средства

Проект/Програма Извор Износ (МКД)

Проект: Младински локални иницијативи

Амбасада на САД во Р.Македонија

65.950,00

Проект: Инспирирај младинско учество

Амбасада на Обединетото Кралство во Р.Македонија

1.627.031,00

Проект: Младински лидерски иницијативи

Национален младински совет на Швајцарија

334.455,00

ЕВС сендинг трошоци Youth and Environment Europe – Чешка

15.031,00

ЕВС сендинг трошоци Stuttgarter Jugendhaus – Германија

5.850,00

Остварени услуги Правни лица 153.159,00 ВКУПНО 2.201.476,00