18
Ханс Кристијан АНДЕРСЕН ГРДОТО ПАЈЧЕ

ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

  • Upload
    others

  • View
    3

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Ханс Кристијан

АНДЕРСЕН

ГРДОТО ПАЈЧЕ

Page 2: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Ханс Кристијан Андресен

Живеел пред повеќе од сто години . За децата тој напишал голем број прекрасни сказни , раскази и песни .Неговите читатели ги има толку многу што не можат да се избројат.

Напишал повеќе сказни за деца како што се : “Грдото пајче “, ,,Палче “, “ Девојчето со кибритчиња “, “ Малата сирена,,

Page 3: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Ах , колку беше прекрасно полето лете : житата беа златести , ливадите зелени ,

сеното во нив беше насобрано во стогови, а штркот чекореше со долги нозе и штракаше

со клунот.

Page 4: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Си беше една патка која снесе неколку јајца . Кога од јајцата излегоа пајчињата , таа не можеше да се изначуди : сите беа мали и жолти , освен последното кое беше големо и грдо и не личеше на нив.

Page 5: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Мајката пајка ги одведе во дворот да ги запознаеeсо другите пајки . На пајките не им се допадна големото пајче па почнаа да го клукаат, да го задеваат. Дури и кокошките зачудено се собираа околу него. Мајка му го бранеше : долго остана во јајцето, та затоа не ја доби вообичаената форма .

Page 6: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Неговите братчиња и сестричиња воопшто не го сакаа, го одбегнуваа

а потоа го задеваа.

Page 7: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Најпосле на несреќното пајче толку му се смачи , па реши да ја премине оградата и да побегне далеку оттука.

Одејќи така грдото

пајче дојде до едно мочуриште во кое се беа населиле дивите пајки .

Page 8: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите пајки не им сметаше што е грдо.Тука остана два дена , а потоа дојдоа дивите гуски . Пријателу ! – му рекоа – Ти си грд но сепак ни се допаѓаш, ќе дојдеш ли со нас ? Но дојдоа ловџиите и ги застрелаа.

Page 9: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Но ,светот беше пострашен отколку што мислеше.Грдото пајче толку се исплаши што веднаш го напушти мочуриштето.

Беше веќе мрак кога стигна до мала селска куќичка. Тука живееше старица со својата кокошка и мачор. И пајчето остана во куќата.

Page 10: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Kутрото несреќно пајче ! Не беше навикнато затворено . Беше многу нерасположено , мислеше само на свежиот воздух и сонцето. Едно утро си замина и стигна до друга вода . Дојде есента , времето застуде , за несреќното пајче доаѓаа уште потешки и поцрни денови .

Page 11: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Eдна вечер додека сонцето заоѓаше , од грмушките излетаа јато прекрасни птици.Беа побели и од снег со долги ,тенки вратови .Тоа беа лебеди, летаа кон топлите предели каде не замрзнуваат водите во езерата.Не знаеше како се викаат тие птици но во миг ги засака .

Page 12: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Долгата зима многу тешко ја преживеа.Лежеше во барата , меѓу трските и шеварот , трепереше од студ, гладуваше и што се не го снајде додека огреа сонцето и се стопли времето.

Page 13: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Eдно утро замавна со крилјата и гледај чудо ! Сега му беа поцврсти , бучно зашумеа и го понесоа во височина.Се најде во раскошна градина во која цутеа јаболкници и мирисаше јоргованот.Се појавија три бели лебеди и лесно запловија по водата .

Page 14: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Грдото пајче летна во водата и заплива кон лебедите .Ја наведна главата кон водата и чекаше да го клукаат .Но какво чудо виде во водата ! Го виде својот лик , беше вистински убав лебед.Лебедите запливаа околу него и го милуваа со своите клунови.

Page 15: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Во градината дојдоа неколку деца , во водата фрлија храна , анајмалото меѓу нив извика радосно :-Еве нов лебед!И другите деца се радуваа и викаа-Овој е најубав ! Новиот лебед е млад и убав.Се засрами и ја скри главата под крилото.Од преголема среќа не знаеше што да прави.

Page 16: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

И јоргованот ги беше наведнал гранките кон него , а сонцето топло, топло грееше.Ги растресе пердувите , го истегна својот долг врат и од се срце радосно кликна :

-Ваква среќа додека бев грдо пајче не можев ни да сонувам!

Page 17: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Пополни ги празните квадратчиња со првата буква од цртежот?

Page 18: ГРДОТО ПАЈЧЕ - WordPress.com · 2020. 3. 21. · Уморно и со тажно срце, несреќното пајче ја преспа ноќта . На дивите

Кога пајчето станува среќно?