14
СРЦЕ презентација

Презентација за СРЦЕ

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Биологија 3та година средно образование

Citation preview

Page 1: Презентација за СРЦЕ

СРЦЕпрезентација

Page 2: Презентација за СРЦЕ

ГРАДБА НА СРЦЕТО Срцето (cor или cardia) е празен (шуплив) мускулен

орган кој е сместен во градната празнина, меѓу двете белодробни крила, над дијафрагмата. Има форма на тристрана пирамида, со врвот завртена надолу и налево. Кај возрасен маж има тежина од 280 до 340г, а кај жените од 230 до 280г. Срцето лежи во срцевото ќесе кое има заштитна фукнцијa.

Page 3: Презентација за СРЦЕ

Срцето е орган кој ја движи крвта во организмот.

Срцевиот ѕид е изграден од три слоеви:

надворешен (епикард) – претставен од сврзно ткивосреден (миокард) – кој се состои од срцево мускулно ткиво и е најзначаен слој за движење на крвта од срцето во крвните садовивнатрешен (ендокард) – изграден од ендотел кој преминува и во крвните садови

Page 4: Презентација за СРЦЕ
Page 5: Презентација за СРЦЕ

Внатрешната шуплина на срцето, со една надолжна мускулна преграда е поделена на лева и десна половина. Низ десната циркулира редуцирана крв, а низ левата оксидирана.

Секоја половина на срцето е поделена на преткомори и комори. Тие меѓусебно комуницираат со отвори. Преткоморите се наоѓаат горе, а коморите долу.

Page 6: Презентација за СРЦЕ

Мускулните ѕидови на преткоморите се потенки од тие на коморите, бидејќи крвта од преткоморите преминува во коморите, каде во движењето на крвта значаен удел зема гравитационата сила. Левата преткомора е одделена од левата комора со дволисни залистоци, додека меѓу десната преткомора и комора има трилисни залистоци. Мускулниот ѕид на левата комора е подебел од оној на десната, бидејќи тука крвта се испумпува со голем притисок во аортата за да се разнесе низ целото тело преку големиот крвоток.* Залистоците во срцето имаат улога да го спречуваат враќањето на крвта од коморите во преткоморите и да го одржат еднонасочното движење на крвта во циркулацијата.

Page 7: Презентација за СРЦЕ

ПОВРЗУВАЊЕ НА СРЦЕТО СО КРВНИТЕ САДОВИ

• Во десната преткомора редуцираната крв од цетлото тело се враќа, преку горната и долната празна вена.

• Во левата преткомора, оксидираната крв од белите дробови се враќа во срцето преку четири белодробни вени за кои се карактеристични полумесечести клапи.

• Од десната комора, редуцираната крв ја изнесува белодробна артерија и ја пренесува во белите дробови.

• Од левата комора оксидираната крв се испумпува преку аортата во големиот крвоток. Аортата исто така е одделена од комората на срцето со залисток.

Page 8: Презентација за СРЦЕ

ЦЕНТРИ ЗА АВТОМАТИЗИРАНА ИНЕРВАЦИЈА НА СРЦЕТО

Срцето (односно само миокардот) има способност самостојно да се контрахира. Поради ова, во ѕидот на миокардот се наоѓаат два нервни јазли и еден сноп од аксони. Нивната функција е поврзана со создавањето и спроведувањето на нервните импулси за автоматска контракција на срцевиот мускул (миокард). Овие центри за автоматизирана инервација на срцето се:Синусен јазол, односно Кејт - Флаков (Keith - Flack или К - А јазол) — сместен е до утоката на горната празна вена во срцетоАшоф-Тавара јазол, наречен и преткоморно - коморен (Aschoff - Tawara или A - B јазол) — сместен во долниот дел на десната преткомораХисов сноп, поаѓа од А - В јазолот, минува низ мускулната преграда на коморите и се разгранува две разграноци кои завршуваат со Пуркиниеви нишки во ѕидовите на коморите.

Page 9: Презентација за СРЦЕ

АВТОМАТИЗАМ НА СРЦЕВАТА РАБОТА

Автоматската работа на срцето е способност тоа да се контрахира под дејството на импулсот што се создава во синусниот јазол, кој поради ова се нарекува уште и предводник на срцевиот ритам. Од честотата на нервните импулси во синусниот јазол зависи фреквенцијата на срцевата работа. Патот на ширењето на нервниот импулс низ срцето и неговата автоматска контракција започнува кога тој се создава со самото навлегување на крвта од горната празна вена во десната преткомора.

Page 10: Презентација за СРЦЕ

Притоа, во синусниот јазол се создава нервен импулс кој се шири низ преткоморите до Ашоф - Тавара јазолот. Брзината на движење е околу 1m/s. Ова брзо движење на импулсот овозможува едновремена контракција на двете преткомори. Од Ашоф - Тавара јазолот, нервниот импулс се движи побавно, со брзина од околу 2m/s, со што започнува контракцијата на коморите, а завршува контракцијата на преткоморите. Од Хисовиот сноп, импулсот поминува преку Пуркиниевите нишки кон врвот на срцето. Тука тој се движи најбрзо, со 4m/s, со што мускулатурата на коморите едновремено се контрахира и крвта се испумпува во крвните садови.

Page 11: Презентација за СРЦЕ

Кога низ срцето минува нервниот импулс, срцето е ненадразливо, период означен како

рефрактерен.

Page 12: Презентација за СРЦЕ

Moжеби знаете да “освоите или скршите” нечие срце , но дали ги знаете овие интересни факти за срцето:

• Срцето кај жените чука побрзо од срцето на мажите и тоа 78 пати во минута, а кај машките 70 пати во минута.• Волуменот на крвта која поминува низ срцето варира од 5 – 30 литри во минута• Скршено срце – овој поим не е само метафора, има буквално значење. Раскинувањата или губењето на некоја сакана личност можат да доведат до  скршено срце во форма на зголемен ризик за срцеви заболувања. Ваквата траума може да предизвика и лачење на хормони во крвотокот кои го зашеметуваат срцето.• Египќаните верувале дека срцето работи по своја волја, а додека според Платон страста потекнува од срцето

Page 13: Презентација за СРЦЕ

• Францускиот физичар Лене Лаенец (1781 – 1826) го измислил стетоскопот бидејќи му било непријатно со уво да ги слуша отчукувањата на срцето на женските пациентки.• Левото белодробно крило е помало од десното за да овозможи простор за да се смести срцето.• Срцето е толку силно што може да подигне автомобил.• Срцето започнува да чука 4 недели пред зачнувањето и не престанува се до смртта.

Page 14: Презентација за СРЦЕ

ИЗРАБОТКА: