44
Сакај го своето срце Водич за поддршка на закрепнувањето и здравјето на срцето Macedonian

Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

  • Upload
    others

  • View
    5

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

Сакај го своето срце

Водич за поддршка на закрепнувањето и здравјето на

срцето

Macedonian

Page 2: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

Многу сме им благодарни на членовите на заедницата и на здравствените професионалци кои помогнаа во подготвувањето и проверката на оваа книга.Оваа брошура е спонзорирана од:- The Victorian Government

- The Percy Baxter Charitable Trust, managed by Perpetual

- Ian Potter Foundation

Благодарност

Подготвиле

Catuscia BiusoHeart Foundation

Shane TaylorNPS MedicineWise

Teresa VaccaroNPS MedicineWise

Liv HibbittNPS MedicineWise

Page 3: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

Содржина

За оваа книга

Во болница 1

Што се случи со моето срце? 2

Зошто тоа се случи? 3

Прашања што треба да се постават во болница 4

Заминување од болница 9

Подготовки за заминување од болница 10

Кардиолошка рехабилитација – помош на 11

вашето срце

Мојата листа за проверка на закрепнувањето 13

План за закрепнување 17

Активности за здраво срце 18

Прашања за вашиот доктор во врска со лековите 20

Враќање во секојдневен живот 24

Поставување цели за здраво срце 26

Важни телефонски броеви 34

Мојот тим за нега 36

Белешки 38

Page 4: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

За оваа книгаОваа книга е наменета за луѓето кои биле во болница поради проблеми со срцето. Во неа се дадени информации што ќе помогнат да закрепнете и да го одржувате срцето здраво.

Во книгава ќе најдете:

- прашања што може да му ги поставите на вашиот доктор

- листа за проверка на закрепнувањето - информации за кардиолошка рехабилитација - практични постапки за здраво срце

Порака за негувателитеНегувателите можат да му пружат важна физичка и емоционална поддршка на некој кој имал проблем со срцето. Оваа книга им помага на негувателите да го разберат процесот на закрепнување и каде да добијат натамошни информации.

Ви требаат повеќе информации?

Службата за здравствени информации на Heart Foundation’s Helpline дава информации за здравјето на срцето и за службите за поддршка. Јавете се на 13 11 12 за да зборувате со некој од нашите здравствени професионалци. Ако ви треба преведувач, јавете се на 131 450 и побарајте да ве поврзат со Heart Foundation.

Page 5: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

11

Сакајт

е го своето срце | В

о болницаВо болницаТоа беше „лудница“. Околу вас имаше 15 луѓе кои се обидуваат да ве соблечат, да стават дополнителни жици … Никогаш ништо не објаснија, постојано брзаа.

Page 6: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

22

Сак

ајт

е го

сво

ето

срце

| В

о бо

лниц

а

Аорта

Коронарни артерии

Што се случи со моето срце?Разбирањето на вашето срцево заболување и на лекувањето може да помогне за вашето закрепнување и да бидете помалку загрижени.

Многу нешта можат да се случат во болница и вие може да се чувствувате шокирани, збунети, плачливи, па дури и лути. Исто така може да ви биде тешко да запаметите сѐ што ви кажале.

Прашајте го докторот или медицинската сестра да ви го објаснат вашиот проблем со срцето и да ви дадат информации што може да ги земете дома.

Исто така можете да ја посетите интернет страницата heartfoundation.org.au за повеќе информации за заболувања на срцето.

Вашето срцеВашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ телото.

Коронарните артерии се специјални цевки кои го снабдуваат со крв срцевиот мускул.

Ако артериите се блокирани, тоа може да предизвика срцев удар (heart attack).

Page 7: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

33

Сакајт

е го своето срце | В

о болница

Зошто тоа се случило?Вашиот доктор или медицинска сестра ќе може да ви објаснат некои од причините за заболувањето на вашето срце. Тие причини се нарекуваат фактори на ризик. Колку што повеќе фактори на ризик имате, толку се поголеми шансите да имате проблеми со срцето.

Менувањето на овие фактори на ризик – на пример, ако престанете да пушите или го намалите крвниот притисок - може да го подобри здравјето на вашето срце.

Во зеленото поглавје на книгава се наведени едноставни чекори кои - ако ги направите - може да помогнат за вашето закрепнување и да го одржувате здравјето на срцето.

Пушење Висок крвен притисок

Висок холестерол

Дијабетес

Нездрава исхрана

Вишок килограми или дебелина

Не сте доволно активни

Факторите на ризик вклучуваат:

Page 8: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

44

Сак

ајт

е го

сво

ето

срце

| В

о бо

лниц

а

„Како можам да дознам за други услуги за поддршка (на пример, финансиска помош)?“

„Како можам да добијам помош дома?“

„Кои се моите фактори на ризик?“

Прашања кои треба да ги поставите во болница

„Што му се случи на моето срце?“

„Дали ќе ми треба помош кога ќе се вратам дома?“

„Како да се грижам за мојата рана?“

„Колку време ќе ми треба за да закрепнам?“

„Дали ми треба натамошна нега?“

„Какви третмани имав?“

„Колку долго ќе останам во болница?“

„Кои тестови ми требаат?“

Page 9: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

55

Сакајт

е го своето срце | В

о болница

Белешки

Page 10: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

66

Сак

ајт

е го

сво

ето

срце

| В

о бо

лниц

а

Белешки

Page 11: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

77

Сакајт

е го своето срце | В

о болница

Белешки

Page 12: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

88

Сак

ајт

е го

сво

ето

срце

| В

о бо

лниц

а

Белешки

Page 13: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

99

Заминување од болницаИмав малку емоционални работи... Во себе сега имаш тие нешта [стентови, пејсмејкер] што те загрижуваат...

Page 14: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

1010

Сак

ај г

о св

оет

о ср

це |

Зам

инув

ање

од б

олни

ца

Подготовки за заминување од болницаЗакрепнувањето почнува во болница и продолжува откако ќе заминете од неа.

Нормално е да се чувствувате вознемирени кога заминувате од болницата и може да ви треба некој да ви помага и да се грижи за вас.

Разговарајте со вашиот доктор, медицинска сестра или со вработените во центарот за кардиолошка рехабилитација за тоа како се чувствувате и каде да побарате домашна нега и други услуги за помош.

Што треба да знам?Третманот што сте го имале во болница поради срцевото заболување не е негово излекување.

Има повеќе нешта за кои треба да разговарате со вашата медицинска сестра или доктор за да се подготвите за закрепнување. Меѓу нив се информации за лековите, факторите на ризик, учество во кардиолошка рехабилитација и натамошната нега.

Како водич користете ја листата на проверка на страница 13. Повикајте го вашиот негувател, член на семејството или пријател да биде со вас кога разговарате за овие информации.

Page 15: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

Сакај го своет

о срце | Заминувањ

е од болница

11

Кардиолошката рехабилитација ќе ви помогне:✔ да дознаете повеќе за вашето срцево заболување✔ да се справите со факторите на ризик✔ да разберете зошто служат вашите лекови и како да

ги земате✔ да се вратите на секојдневните активности и

здраво да се храните✔ да ги разберете знаците за предупредување на

срцев удар

Кардиолошка рехабилитација – помош за вашето срцеШто е тоа?Кардиолошката рехабилитација е важен дел од вашето закрепнување. Таа ви дава информации што ќе ви помогнат да го одржувате здравјето на вашето срце колку што е можно подобро. Многумина почнуваат со програмата на кардиолошка рехабилитација додека уште се во болница и продолжуваат со неа откако ќе се вратат дома.

Вашиот доктор или медицинска сестра може да ве упатат на некоја програма.

Зошто е тоа важно?Кај луѓето што имале кардиолошка рехабилитација се поголеми шансите за добро закрепнување. За нив е помалку веројатно повторно да имаат проблеми со срцето во иднина.

Како тоа ќе помогне?Кардиолошката рехабилитација може да ви помогне вам и на вашиот негувател да се справите со тоа што се случило.

Page 16: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

12

Сак

ај го

сво

ето

срце

| За

мин

увањ

е од

бол

ница

12

Јас имам упат за

Име и презиме

Контакт

Како можам да дознам повеќе?Ако не добиете информации за програма за кардиолошка рехабилитација, побарајте од вашиот доктор или медицинска сестра да ве упатат на програма.

Вие исто така може да се јавите на Здравствената информативна служба на Heart Foundation’s Helpline на 13 11 12. Ако ви треба преведувач, јавете се на 131 450 и побарајте да ве поврзат со Heart Foundation.

Програма на кардиолошка рехабилитација – упат

Page 17: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

Сакај го своет

о срце | Заминувањ

е од болница

13

{ Јас разбирам што му се случило на моето срце и потребната натамошна нега

{ Јас знам кои се моите фактори на ризик и што треба да правам за да се справам со нив

{ Јас имам упат за програма за кардиолошка рехабилитација

{ Јас ги знам моите лекови и како да ги земам

{ Јас имам доволно лекови за да ми траат до следниот лекарски преглед

{ Јас знам што да правам ако имам болки во градите или ако се јават други знаци на предупредување за срцев удар

{ Јас ќе закажам/имам закажано преглед кај мојот локален доктор

{ Јас знам каде да добијам повеќе здравствени информации за срцето и поддршка (на пример, емоционална поддршка)

{ Јас знам за домашната нега и за други услуги за помош

Мојата листа за проверка за закрепнување

Page 18: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

14

Сак

ај го

сво

ето

срце

| За

мин

увањ

е од

бол

ница

14

Белешки

Page 19: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

Сакај го своет

о срце | Заминувањ

е од болница

15

Белешки

Page 20: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

16

Сак

ај го

сво

ето

срце

| За

мин

увањ

е од

бол

ница

16

Белешки

Page 21: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

Сакај го своет

о срце | Заминувањ

е од болница

17

План за закрепнувањеНема да почнете да мислите на тоа додека не стасате дома.

Page 22: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

1818

Сак

ајт

е го

ваш

ето

срце

| П

лан

за з

акре

пнув

ање

Активности за здраво срце Лекувањето на срцево заболување не завршува во болница.

Има едноставни чекори што треба да ги преземете откако ќе излезете од болница, за да ви помогнат да закрепнете и ги намалите шансите да имате срцеви проблеми во иднина.

Одете на кардиолошка рехабилитацијаОдењето на кардиолошка рехабилитација е една од најдобрите работи што може да ги направите за да помогнете за вашето закрепнување.

Ако не сте добиле упат (referral), побарајте од вашиот доктор или медицинска сестра да ве упатат на програма за рехабилитација.

Прегледи кај вашиот докторРедовните прегледи кај вашиот доктор се важни за одржувањето на здравјето на вашето срце.

Ако сте имале медицинска процедура или операција на срце, со правилна грижа за раната ќе се одбегне инфекција.

Проверете со вашиот доктор дали има знакови на инфекција и што да правите ако мислите дека се појавила.

Запомнете да ја земете со себе листата на вашите лекови и сите резултати на тестовите.

Page 23: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

1919

Сакајт

е го вашет

о срце | План за закрепнувањ

е

Продолжете да ги земате лековите Дури и ако мислите дека ви е подобро, продолжете да ги земате сите лекови и не менувајте колку земате од нив пред да проверите со вашиот доктор.

Лековите може да помогнат да се намали ризикот од срцев удар, да се справувате со симптомите и да не се враќате во болница.

Вашиот доктор ќе ви објасни како да ги земате лековите и кои се вообичаените придружни ефекти (side effects). За вашето закрепнување и здравјето на вашето срце важно е да продолжите да ги земате лековите.

Користете ги прашањата за вашиот доктор во врска со лековите на страница 20.

Page 24: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2020

Сак

ајт

е го

ваш

ето

срце

| П

лан

за з

акре

пнув

ање

Прашања за докторот во врска со лековите

„Дали треба да одбегнувам некоја храна, додатоци или други лекови додека го земам овој лек?“

„Како ќе знам дали лековите помагаат?“

„Дали лековите треба да ги земам со јадење?“

„Може ли да користам поевтина марка на лековите?“

„Како да ги чувам лековите?“

„Што да правам ако имам придружни ефекти?“

„Има ли некои ризици или придружни ефекти (side effects)?“

„За што се моите лекови?“

„Колку долго треба да ги земам?“

Page 25: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2121

Сакајт

е го вашет

о срце | План за закрепнувањ

е

Справување со фактори на ризикРазбирањето на вашите важни фактори на ризик е важно за спречување на нов срцев удар или идни проблеми со срцето.

Разговарајте со вашиот доктор или со тимот за кардиолошка рехабилитација за факторите на ризик што важат за вас и за да поставите цели за здраво срце (страница 26).

Внимавајте на вашите чувстваДа се доживее срцев удар или друг срцев проблем предизвикува стрес . Може да ви се плаче, а да не знаете зошто. Тоа влијае на вас физички и може да има емоционални, социјални и финансиски последици.

Нормално е да се имаат бројни различни чувства. Разговарајте со семејството и пријателите или со вашиот доктор за тоа како се чувствувате.

Beyondblue дава информации и услуги на поддршка кои може да ви помогнат вам и на вашата кариера во текот на овие тешки времиња. Одете на beyondblue.org.au или јавете се на 1300 22 46 36.

Page 26: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2222

Сак

ајт

е го

ваш

ето

срце

| П

лан

за з

акре

пнув

ање

Зачленете се во група за поддршкаОд членувањето во група за поддршка може да се има многу користи.

Разговори со други луѓе може да ве мотивираат и да ви влеат самодоверба да го смените вашиот начин на живеење. Тоа може да помогне да се чувствувате помалку осамени и да бидете поголеми оптимисти во врска со вашето срцево заболување и иднината.

За повеќе информации за групи за поддршка јавете се на службата за здравствени информации на Heart

Foundation (страница 35).

Треба да ги препознавате знаковите на предупредување за срцев ударАко сте имале срцев удар (или друг проблем со срцето) изложени сте на зголемен ризик да добиете уште еден.

Секоја минута е важна кога се работи за срцев удар. Препознавањето на знаковите на предупредување и барањето итно лекување јавувајќи се на „три нули“ (000) може да го намали оштетувањето на вашето срце и да ви го спаси животот.

Лекувањето почнува кога ќе повикате брза помош (ambulance). Тоа е најсигурниот и најбрзиот начин да се стаса во болница.

Научете ги знаковите на предупредување. Јавете се на службата за здравствени информации на Heart Foundation за план за акција при знакови на предупредување (видете на следната страница).

Page 27: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2323

Сакајт

е го вашет

о срце | План за закрепнувањ

е

За магнет за на фрижидер со знакови на предупредување на други јазици јавете се на 13 11 12 или пратете имејл на

[email protected]

Page 28: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2424

Сак

ајт

е го

ваш

ето

срце

| П

лан

за з

акре

пнув

ање Кога може да возам кола?

Вашиот доктор ќе ви каже кога може повторно да возите, бидејќи тоа ќе зависи од состојбата на вашето срце. Препорачаното време на чекање пред да почне повторно да се вози, опфаќа:

Кога може да се вратам на работа?Обично може да се вратите на работа неколку недели по излегувањето од болница. Тоа зависи од тоа колку брзо закрепнувате и со кој вид работа се занимавате. Разговарајте со вашиот доктор кога ќе биде најдобро да се вратите на работа и каква помош би можела да ви треба од вашиот работодавец.

Кога може да патувам?Може веднаш да патувате со воз, трамвај или автобус, или како патник во кола. Проверете со вашиот доктор дали можете да патувате со авион, бидејќи може да ви треба лекарско одобрение.

Враќање во секојдневен живот

Срцево заболување Препорачано време / лекување на чекањеЗапирање на работата на срцето Најмалку шест месеци

Бајпас (CABG) операција Најмалку четири недели

Срцев удар Најмалку две недели

Пејсмејкер Најмалку две недели

Ангиограм Најмалку два дена

Ангиопластика / Стент Најмалку една недела

Page 29: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2525

Сакајт

е го вашет

о срце | План за закрепнувањ

е

Дали е во ред пак да имам секс? Вообичаено е по срцев удар некое време да се нема желба за секс.

Повеќето луѓе може да имаат секс набрзо откако имале срцев удар или друг срцев проблем. Ако можете да се качите по скали еден кат без да добиете болки во градите или да се задишете, би требало да е во ред да имате секс.

Внимавајте да не го притиснете предниот дел на градниот кош. Ако сте имале операција, на овој дел може да му требаат 6-8 недели да заздрави. Застанете ако чувствувате болка или непријатност во градите.

Кои секојдневни активности е безбедно да ги правам?Секогаш проверувајте со вашиот доктор или тимот за кардиолошка рехабилитација кога е безбедно да ги правите секојдневните активности, вклучувајќи ги косењето на трева, пеглањето и разни спортови.

Откако ќе се вратите дома од болница, полека почнете со редовни активности како што се лесната работа во градина и домашните работи. Не кревајте ништо тешко.

Исто така, со вашиот доктор или со тимот за кардиолошка рехабилитација проверете дали можеби ви треба помош во домаќинството или други услуги на помош.

Page 30: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2626

Сак

ајт

е го

ваш

ето

срце

| П

лан

за з

акре

пнув

ање

Поставување на цели за здраво срцеКнигава носете ја со себе кога одите на кардиолошка рехабилитација и кај вашиот доктор или медицинска сестра.

Прочитајте ги целите наведени на следните страници и решете во кои области би сакале да добиете помош.

Сконцентрирајте се на правење само една или две промени во исто време. Ако се обидете да смените премногу нешта истовремено, ќе биде многу тешко да продолжите да ги контролирате работите.

Кажете му на вашето семејство и пријатели за вашите цели. Тие можеби ќе сакаат да ви се придружат.

Моите целиОдржување на крвниот притисок и холестеролот на безбедно нивоЗа да го одржите срцето здраво, важно е да ги знаете бројките за вашиот крвен притисок и холестерол. Ако имате крвен притисок или холестерол, постои поголем ризик да добиете срцев удар или мозочен удар (stroke).

Може да имате висок крвен притисок или висок холестерол, а сепак да се чувствувате добро. Побарајте од вашиот доктор да ви ги провери.

Page 31: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2727

Сакајт

е го вашет

о срце | План за закрепнувањ

е

Мојот крвен притисок:

Мојот холестерол:

Мојата цел

{ Крвен притисок:

{ Холестерол:

Датум

Крвен притисок

Датум

Холестерол

Page 32: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2828

Сак

ајт

е го

ваш

ето

срце

| П

лан

за з

акре

пнув

ање

Храна добра за моето тело и срцеЗдравата исхрана е важен дел од водењето сметка за вашето срце. Добра исхрана може лесно да се постигне со менување на тоа како храната е зготвена или со замена на некои состојки со други, поздрави.

Совети { заменете ги белиот леб, тестенините и оризот, со

„multigrain“ и „wholemeal“ (црн леб)

{ обидете се храната - на пример, риба, пилешко или компирчиња - да ја печете наместо да ја пржите

{ пред да почнете да ги готвите, отсечете го масното од месото и симнете ја кожата од пилешкото

{ барајте сосовите и зачините да бидат во посебен сад, а не на храната

{ одбирајте храна што е обарена или пржена без масло (stir fried) наместо пржена потопена во масло (deep-fried)

{ јадете помалку „брза храна“ (пица, пити, хамбургери)

{ ограничете го јадењето на храна со заситени масти (бисквити, торти, пржени компирчиња)

Водењето на дневник на храната што ја јадете е добар начин да ги следите вашите навики во однос на исхраната. Би можеле да почнете со тоа што ќе запишете неколку цели во поглед на здрава исхрана (видете на страница 30).

За рецепти за здрава храна одете на интернет страницата на Heart Foundation на heartfoundation.org.au/recipes

Page 33: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

2929

Сакајт

е го вашет

о срце | План за закрепнувањ

е

Здрава исхрана значи балансирана и разновидна исхрана

Заменете ги млечните продукти од полномасно млеко со продукти со намалена масленост или целосно без маснотии. Наместо путер употребувајте маргарин.

Водата за пиење е најдобра за вас. Обидете се да не пиете повеќе од еден или два стандардни алкохолни пијалоци дневно. Најмалку еден или два дена во неделата нека бидат сосема без алкохол.

Ограничете го користењето на рафиниран шеќер или додавањето шеќер. Одбегнувајте безалкохолни напитоци, спортски напитоци, газирани напитоци и „кордиал“.

Одбирајте храна без додадена сол, со малку сол или без сол. Употребувајте тревки и зачини наместо сол. Одбегнувајте пакувана храна.

Секој ден јадете свежо овошје (две парчиња) и зеленчук (пет парчиња).

Одберете добри и здрави масла (од канола, сончоглед или маслиново). Ореви (макадамија, бадеми) се исто така добра ужина.

Јадете две до три порции (150 грама порција) мрсна риба (салмон, туна) трипати неделно.

Ограничете го јадењето на сувомеснати производи, вклучувајќи ги саламите и колбасите. Одбирајте посно месо (lean meats).

Page 34: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

3030

Сак

ајт

е го

ваш

ето

срце

| П

лан

за з

акре

пнув

ање

Моите цели за здрава исхрана се:

{

{

{

{

{

{

{

{

{

{

Page 35: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

3131

Сакајт

е го вашет

о срце | План за закрепнувањ

е

Да имам здрава телесна тежинаЗа да се намали телесната тежина на здрав начин потребно е време. Најдобар пристап е комбинацијата на здрава исхрана и зголемување на физичката активност.

Ако имате одвишна тежина околу стомакот, вашето здравје е изложено на поголем ризик. Мерењето на обемот на половината е добар начин тоа да се следи.

Обем на половината што би требало да ви е цел:

Моите мерки

Обемот на мојата половина е:

Мојата тежина е:

Мојата цел

{ Здрава тежина:

{ Здрав обем на половината:

Мажи94cm

Жени80cm

Page 36: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

3232

Сак

ајт

е го

ваш

ето

срце

| П

лан

за з

акре

пнув

ање

Бидете поактивниАко останете активни тоа ќе го подобри вашето расположение и ќе му помогне на вашето срце.

Ако не сакате вежбање, постојат други начини да бидете активни во секојдневниот живот, како на пример работа во градината, играње со децата и одење пеш до продавниците.

Пешачењето е добро бидејќи е пријатно за телото и можете сами да го одберете темпото.

Поставете си цели за пешачењето. Почнете со 10 минути дневно и покачувајте до 30 минути. Користете ја табелата подолу како водич.

За повеќе информации за групите за пешачење на Heart Foundation јавете се на 13 11 12 или одете на walking.heartfoundation.org. au

Седмица Минимум време(минути)

Колку пати дневно

1 5–10 2

2 10–15 2

3 15–20 2

4 20–25 1–2

5 25–30 1–2

6 30+ 1–2

Page 37: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

3333

Сакајт

е го вашет

о срце | План за закрепнувањ

е

Побарајте помош да престанете да пушите Откажувањето од пушење е една од најдобрите работи што може да ги направите за своето срце.

Никогаш не е доцна да престанете да пушите. Факт е дека во моментот кога ќе престанете, вашиот ризик од срцев удар или мозочен удар почнува да се намалува.

Справување со мојот дијабетес Ако имате дијабетес, изложени сте на поголем ризик да добиете срцев удар или мозочен удар (stroke).

Побарајте од вашиот доктор да го провери вашето ниво на гликоза во крвта (тест на крвта HbA1c). Општо земено, HbA1c нивото треба да е под 7%.

Во соработка со вашиот доктор или акредитиран инструктор за дијабетес направете план како најдобро да го држите под контрола вашиот дијабетес.

За повеќе информации јавете се на Diabetes Australia на 1300 13 65 88 или посетете ја интернет страницата diabetesaustralia.com.au

Совети за престанување на пушењето { Јавете се на Quitline на 13 78 48

{ Разговарајте со вашиот доктор, медицинска сестра или аптекар за терапија за замена на никотин или за други опции

{ Одберете ја датата кога ќе престанете да пушите

{ Не се откажувајте. Престанувањето е тешко. Можеби ќе треба да се обидете повеќе пати

{ Барајте од семејството и пријателите да ве поддржат

Page 38: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

3434

Важни телефонски броевиТелефонски број во итни ситуацииПобарајте „три нули“ (000) за итна медицинска помош (ambulance). Ако 000 не работи на вашиот мобилен телефон, обидете се да повикате 112

За совети и помош во врска со депресија и вознемиреност 1300 224 636 | beyondblue.org.au

За помош за откажување од пушењето13 78 48 | quitnow.gov.au

За информации за дијабетес1300 136 588 | diabetesaustralia.com.au

За информации за лекови1300 633 424

За информации и ресурси за помош на негувателите 1800 422 737 | carergateway.gov.au

За информации за локална помош за негуватели, попреченост и услуги во заедницата 1800 052 222

Page 39: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

35

Здравствената информативна служба на Heart Foundation дава информации за здравјето на срцето и услуги на поддршка. Јавете се на 13 11 12 во работно време, пратете имејл на адреса [email protected] или посетете ја интернет страницата heartfoundation.org.au/helpline

Ако ви треба преведувач, јавете се на 131 450 и побарајте да ве поврзат со Heart Foundation.

Здравствена информативна служба на Heart Foundation Helpline

Heart FoundationHelpline 13 11 12

Free heart health information and support is a phone call away.

Page 40: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

3636

Мојот тим за нега Моите податоци:Име и презиме

Адреса

Телефонски бројДатум на раѓање

Што му се случило на моето срце?

{ Срцев удар { Откажување на работата { Блокирана артерија на срцето

{ Друго { Проблем со залистоци

Што беше мојот третман?

{ Тестови на срцето { Ангиопластика / Стент

{ Пејсмејкер { Бајпас операција

{ Дефибрилација { Друго

Име на лекот и доза

Page 41: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

37

Кој се грижи за мене?

Мојот кардиолог:

Име и презиме

Адреса

Телефонски број

Број на факс

Прегледи

Мојот фамилијарен доктор (GP):

Име и презиме

Адреса

Телефонски број

Број на факс

Прегледи

Мојот аптекар:

Име и презиме

Адреса

Телефонски број

Број на факс

Прегледи

Програма за кардиолошка рехабилитација:

Име и презиме

Адреса

Телефонски број

Број на факс

Прегледи

Page 42: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

3838

Белешки

Page 43: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

39

Белешки

Page 44: Сакај го своето срце - Heart Foundation · 2020. 12. 16. · Вашето срце Вашето срце е мускул кој ја пумпа крвта низ

4040

Белешки

HH-SCPS-0032.1.0920.M

AC