36

Click here to load reader

Карпош Урбан бр.22

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Месечен весник на локалната самоуправа во Општина Карпош

Citation preview

Page 1: Карпош Урбан бр.22

Весник на локалната самоуправаноември 2012 • бр. 22 • година 4

ОЖИВУВАЊЕ НА ХЕРОЈОТ

ПИТУ

НАШАТА МИСИЈА ПРОДОЛЖУВА

Page 2: Карпош Урбан бр.22

2 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 3: Карпош Урбан бр.22

3КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

окус

Наш приоритет е подобрување на животниот стандард на граѓаните Почитувани сограѓани,

Полека се приближуваме кон крајот на градежната сезона, и во - општо, кон крајот на годината. Зад нас оставаме четири работни години во кои успеавме да ги решиме најголемиот дел од инфра-структурните проблеми во Општина Карпош. Она, кон што треба да се насочиме во нашите идни активности, е подобрување на жи-вотниот стандард на нашите граѓани, преку создавање на услови за креирање на нови работни места,натамошна урбанизација и разу-бавување на општината.

Сепак, еден од приоритетите е гасификацијата на Општината. Сведоци сме дека цената на електрична енергија и на нафтата се во постојан пораст. Со нивниот раст поскапува и цената на парното греење и заедно со зголемените секојдневни потреби за користење електрична енергија тие станаа огромен товар врз семејниот бу џет на секое семејство. За таа цел и го формиравме претпријатието КАРГАС, се определивме севкупните трошоци за гасификација на Општина Карпош да бидат на товар на општинскиот буџет.

Но, ни остануваат уште неколку сегменти од секојденвниот жи-вот на кои треба да се посветиме со посебен пиетет. Посебно вни-мание ќе се посвети на подобрување на условите за престој и работа во предучилишните установи и основното образование каде се во-с питува и образува најмладата популација од Општината.

Преку поддршката на мали и средни претпријатија, преку созда- вање на нови индустриски зони на наша територија, ќе се обидеме да го подобриме микроекономскиот амбиент, каде ќе се отвораат нови работни места, бидејќи невработеноста, сиромаштијата и урни сани-от стандард се најголемиот проблем на сите граѓани во државата.

Како што во неколку наврати најавувавме, во следниот период ни претстои разубавување на фасадите на старите згради на руски-те и романските кули, како што тоа веќе го сторивме со неколку згра- ди долж булеварот Партизански одреди. На тој начин ќе им во зо-мо жиме на граѓаните заштеда на средства за затоплување на домо-вите, а воедно ќе им донесеме нов, европски лик на старите згради. Кога сме кај булеварите, и на останатите два, Илинденска и Теодо-сиј Гологанов ќе изградиме цветни жардиниери, со кои ќе го зачву- ва ме зеленилото, ќе го запреме непрописното паркирање на зелени- от простор и фрлањето шут на него.

И натаму ни останува да ги поддржуваме успешните ученици и спортисти во секоја пригода и посебно кога не презентираат на натпревари на домашен и меѓународен план.

Планираме изградба на нови градинки во Бардовци, Злокуќани и Нерези, а ветивме изградба и на Културен дом, спортска сала, не-колку верски објекти но и на рекреативен аква парк за разонода и рекреација.

И натаму ќе ги поддржуваме пензионерите, социјално загрозе-ните семејства, како и лицата со посебни потреби за кои и досега направивме многу.

Имаме многу планови, многу желби и ни претстои многу рабо-та, всушност, за тоа и ја добиваме вашата поддршка, и тоа нам, како на локална власт, ни стои како обврска од која не сакаме да отстапиме.

ОД МОЈ АГОЛСтевчо Јакимовски

Нашата мисија

продолжува

Page 4: Карпош Урбан бр.22

Издава Општина Карпош

ул. „Демир Трајко“ бр.43

1000 Скопје, Р. Македонија

тел.: 02 / 30-61-353

факс: 02 / 30-71-040

[email protected]

www.karpos.gov.mk

Издавачки совет

Стевчо Јакимовски

Даница Мартиновска

Димче Мешковски

Главен и одговорен уредник

Виолета Цветковска

Уредник

Миле Раденковиќ

Редакција

Живко Трајановски

Елена Кузмановска

Ива Манова

Игор Ѓуровски

Технички уредник

Зоран М. Гулевски

Лектура

Живко Трајановски

Ангелина Николовска

Фотографија

Ива Манова

М. Раденковиќ

4

НАШ ГОСТИН

Ричард Ховит, известувач за Македонија во ЕПВО ЕУ ИМА МЕСТО И ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

СПОРТОРАМА

Спортски ентузијасти: Атанас Филиповски

ФИТ ФАН ВОЛЕЈ - ОДБОЈКАРСКА АКАДЕМИЈА ЗА ДАМИ

ВЕТЕНО СТОРЕНО

ВО КАРПОШ СЕ ГРАДИ

Весник на локалната самоуправаноември 2012 • бр. 22 • година 4

ОЖИВУВАЊЕ НА ХЕРОЈОТ

ПИТУ

НАШАТА МИСИЈА ПРОДОЛЖУВА

..................................................... 6

МЛАДИТЕ НА ДЕЛО

СЛОБОДАРСКИОТДУХ НА КАРПОШ ..................................................... 27

....................................................... 10

...................................................... 32

ВО ОВОЈ БРОЈ

НА КАФЕ КАЈ...

Проф. д-р Методи Чепреганов

ЖИВЕЕМЕ ВО СТРЕСНИ ВРЕМИЊА..................................................... 20

Page 5: Карпош Урбан бр.22

5КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

КОЛУМНА

Kako doa|a poleka i nezadr`livo nekoe treto doba, kako bi go rekle toa poetite, nekako sum prepoln so prikazni, se}avawa, mudrosti, zapisi koi oddedna{ izviraat kako nekoj skrien kladenec. Retko koj vo ovaa sala se se}ava na golemiot jugoslovenski {ahist Svetozar Gligori} koj vo edno svoe damne{no intervju vo kultniot vesnik na mojata generacija bel-gradski NIN }e izjavi deka negoviot `ivot ne e ni{to drugo od potraga po ramnote`ata na duhot, emocijata i teloto. Mnogu ~esto vo svojot pro-fesionalen i li~en `ivot se navra}av na ovaa mudrost sfa}aj}i deka e mo`ebi toa i su{tina na na{eto bitisuvawe. I navistina, kako toa da ja najdeme taa ramnote`a na ovie fundamentalni komponenti koi se sostaven del na nas samite i pokraj toa {to ne sme nekoga{ svesni za toa. Kolku od nas toa uspeale da go postignat, kolku od nas ovde prisutni vo ovaa sala? Sekomu od nas ne{to mu nedostasuva. Nekade ima premnogu duh, nekade fali teloto a mnogu ~esto, za `al, ni falat emociite. Nekade pak mo-`ebi gi ima premnogu, no retko koga se tie vo ramnote`a.

Ete tokmu na ovaa sentenca na mojot {ahovski idol me vrati knigata „Stresot i nie“ na avtorite Metodi ^epreganov i Teodora Ko stovska, koja odgovorno tvrdi deka za naru{uvawe na ovaa delikatna ramnote`a e vinoven tokmu stresot, ili civilizaciskata ludnica na na{eto sovremeno `iveewe. Otvaraj}i go poglavjeto na stresot i negovite razorni efekti vrz komponentite na ramnote`ata koja ja barame i koja ni e neophodna, avtorite se precizni i pred nas se otvara celiot ubistven arsenal {to stresot i stresogenite faktori go imaat vrz nas, vrz na{ata navidum cvrsta, no vo su{tina, mnogu fragilna vnatre{na struktura. Taka razbravme,vsu{nost, kolku sme nemo}ni da se sprotivstavime, kolku sme skloni brzo da se predademe, da ja izgubime bitkata begaj}i dlaboko vo nas samite kade {to se ~uvstvuvame sigurni i sre}ni zatoa {to tamu se izgleda idealno i nema borba. Navistina }e ni pomogne ponekoga{ i ne koj heleks, leksilium ili diazepam i }e se za~udime kako toa kutiv~iwata so ovie lekovi taka brzo se praznat, a do v~era nikoj ne pomislil na niv!

Ne e te{ko da priznaeme deka `iveeme vo konfliktno op{testvo koe treba da bide sovremeno i demokratsko, no za ̀ al toa ne mu uspeva sekoga{. Se razbira deka cenata ja pla}ame nie. Navistina e te{ko i prete{ko da se izdr`i i ostane cvrst me|u regulatorite, antikorupcionerite, lustratorite i site drugi koi ni di{at vo vratot i ne sledat kako senki. Stanuva te{ko i prete{ko pred So-branieto, pred Skopje 2014, pred siroma{tijata i pred silexistvoto, pred provinciskata agresija od nevideni razmeri, pred kolektivnite lagi i populizmot, pred bezmilosniot iskrivokol~en i nehuman kapitalizam koj taka drasti~no i o~igledno sekojdnevno ne deli i bukvalno ne rastura pa se vle~kame po ulicite kako zombi ne prepoznavaj}i se sebe si, nitu pak na{ite sogra|ani, sosedi i pri jateli koi, za voqa na vistinata, ve}e oddamna gi nema. Kako vo ovoj civilizaciski galimatijas da go so~uvame svojot integritet, da se naoru`ame so antitela koi ke ne za{titat ili pak da se vakci- nirame pa da ostaneme trajno so~uvani! Se razbira deka e toa daleku od umot i deka nema drugo mesto za nas od ona tokmu vo ciklonot i toa vo negovata sredina, tamu kade {to e naj`estoko.

No, knigata {to e pred vas ima seriozna namera da ni pomogne, da se nafati na re~isi nevozmo`na misija da ne napravi pocvrsti, poborbeni, porazumni i posvesni, da ni poso~i nekoi od mo`nite pravci na na{ata kolektivna i li~na odbrana, da ne zapre vo na{eto begstvo, da ne vrazumi, da ne oslobodi, da ne relaksira, da ni poka`e deka na{ata borba mora da prodol`i i deka samo taka }e uspeeme da gi amortizirame sekojdnevnite udari koi doa|aat odvantre i odnadvor. ]e bide li toa u{te edna „ Mission Impossible” nalik na onaa na Tom Kruz ostanuva vremeto da potvrdi.

Dragi prijateli, navistina seu{te mo`eme da si ka`eme „pa dobro, neka bide” onaka kako majkata Meri toa mu go veli na Pol Mek Kartni vo ona ~udesna pesna „Let it be” od mojata mladost, no dali e toa vistinskiot odgovor i li~i li toa na nas!

Neka ovaa ~udesna kniga sepak ni pomogne da go izbereme vistinskiot pat. Sega sme site nie na poteg.

ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ГАЛИМАТИЈАС

Навистина е тешко и претешко да се издржи и

да се остане цврст меѓу регулаторите,

антикорупционерите, лустраторите и сите други кои ни дишат во вратот и

не следат како сенки

Пишува: Проф. Д-р Нинослав Ивановски

(Реч на промоцијата на книгата „Стресот и ние“)

Page 6: Карпош Урбан бр.22

6 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВЕТЕНО СТОРЕНО

Реконструкцијата на улиците продолжува и во ноемвриските денови. Ги трошиме последните ме-сеци од градежната сезона. Се граби секој ден за да се обезбедат современи коловози какви што станаа улиците „Осло“, „Ванчо Мицков“, „Гаврил Леснов-ски“, „Каирска“ и улицата „Јуриј Гагарин“ (на поте-гот од ул. „Ко зле“ до бул. „Митрополит Теодосиј Го-логанов“). Ги ре кон струиравме паркинг-простори-

те на улицата „Ра зловечко востание 2а“, како и на улицата „Огражден“.

Не забораваме ниту на пешаците и на пријатни-те есенски прошетки. За нив ги изградивме тротоа-рите во Влае 2 долж улиците „Пресека“, „Бабуна“ и „Извор“. Пешачка патека е изградена меѓу улицата „Ра зло вечко востание 2а“ и булеварот „Илинден“.

ВО КАРПОШ СЕ ГРАДИ

ул. „Јуриј Гагарин“

ул. „Миле Поп Јорданов“ул. „2“ Бардовци

Page 7: Карпош Урбан бр.22

7КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ул. „Пресека“ул. „Извор“

ул. „Кленоец“ул. „Каирска“

ул. „Бабуна“

Page 8: Карпош Урбан бр.22

8 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ул . „Каваев“

ул. „Миле Поп Јорданов“ до кула бр. 40

Клупи и патеки во Карпош 4 Патека кај ул. „18“ во Козле

Page 9: Карпош Урбан бр.22

9КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Тротоари на ул . „Јуриј Гагарин“

Тротоари на ул . „Сливовска“

Тротоари на ул . „Ботун“

Тротоари на ул . „Ловќенска“ Пешачка патека помеѓу ул. „Иван Цанкар“ и ул. „Новопроектирана“

Page 10: Карпош Урбан бр.22

10 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Ведри лица и очи полни надеж, со нетрпение ги пречекаа своите „гости“. Основното учи лиште „Ди-мо Хаџи Димов“ се покажа како до стоен домаќин на г. Ричард Ховит, известувач за Македонија во Ев-ропскиот парламент, кој со посредство на Канцела-ријата на УНИЦЕФ во нашата земја дојде да го види напредокот на социјалната инклу зија на децата со посебни потреби во рамките на ова училиште и на Оп штина Карпош. На посетата, ос вен инклузивни-от тим и наставен кадар кој работи со овие деца, при- суствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и Шелтон Јет, шефот на канцела-ријата на УНИЦЕФ во Македонија.

Не случајно токму ова училиште стана цел на оваа посета. Имено, токму во него во редовна наста- ва се вклучени 28 ученици со различни посебни по-треби, што наедно го прави едно од најинклузивните училишта на територијата на нашата држава. „Са-

кам да се запознаам со она што го прави ова учи-лиште за децата со посебни потреби, и зошто токму ова училиште е посебно, кога станува збор за инклу- зијата на овие деца. Моја работа е оваа држава да влезе во Европската Унија, затоа што тоа е подобро за сите граѓани, а особено за лицата со посебни по-треби. Токму затоа инклузијата на лицата со посе-бни потреби е дел од критериумите во процесот на евроинтеграции“, истакнува европарламентарецот Ховит. „Разговарав со УНИЦЕФ каде би можел да одам за да видам како се работи на овој план и тие ми рекоа дека најдобро училиште и најдобра општи- на која работи со лицата со посебни потреби е оваа и затоа дојдов да ви искажам почит. Она што е по-себно и различно, а што се применува во ОУ „Димо Хаџи Димов“ би сакал да го имплементираме и во другите општини во земјата“, истакна на работната средба Ричард Ховит.

НАШИ ГОСТИРичард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент

ВО ЕУ ИМА МЕСТО И ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИОна што е по себно и различно, а што се применува во ОУ „Димо Хаџи Димов“ би сакал да го имплементираме и во другите општини во земјата“, истакна на работната средба Ричард Ховит

Page 11: Карпош Урбан бр.22

11КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Директорката на О. У. „Димо Хаџи Димов“, Зор-ка Ристова, говореше за тридецениската традиција на вклучување на децата со посебни потреби во ре-довната настава во ова училиште, што е една тра-диција која трае до денес. За таа цел е формиран по-себен Инклузивен тим кој работи со посебни об-разовни програми и адаптирање на редовната на-ставна програма за овие ученици. Според Милка Ива новска, училишниот педагог и координатор на Инклузивниот тим во ова училиште, социјалната ин клузија на овие деца прво почнала самоиниција-тив но, но сега веќе има поширока поддршка п тим за дефинирање на категоријата на децата со посеб-ни потреби, како и тим за промоција на сите актив-ности на инклузи вираните ученици. „Благодарение на градоначални кот на Општина Карпош значител-но ни се подобри ја условите за работа и воопшто ат- мосферата за ра бота на овие дечиња. Ние мислиме дека сите можат да учат“, вели Ивановска.

Пред евро парламентарецот Ховит и шефот на УНИЦЕФ во Македонија говореа и родителите на децата со посебни потреби, за искуствата што ги има ат со образованието и третманот кон нивното де те во ООУ „Димо Хаџи Димов“. Според родител-ката на дете со Даунов синдром, токму поради екс-клузивноста и квалитетот во работата со децата со посебни потреби таа од Ѓорче Петров седум години го носела своето дете на школување тука. Сега тој е студент на трета година на Педагошкиот факултет и има постигнато извонреден напредок во своето образование. „Отпрвин се разбира постоеше страв како ќе биде прифатен, но со помош на тимот од училиштето набрзо се надмина. Тој тим ме научи и мене како родител многу повеќе да верувам во своето дете. Мислам дека ова училиште е единствен ваков пример во државата, а не знам дали има во све тот и ги повикувам и другите општини да го сле-дат овој пример“, апелира родителката Снежана Матевска. Нејзиниот син на високите гости им вра-чи сопствена книга со поезија, која сам ја напишал.

За шефот на мисијата на УНИЦЕФ, Шелтон Јет, родителите се најдобрите амбасадори и тие треба да лобираат за прифаќање на своите деца од страна на институциите, а за сè што треба да се помогне, УНИЦЕФ им стои на располагање. Напоменувајќи што сè Општина Карпош како локална власт направила за социјалната инклузија на децата со посебни потреби, градоначалникот Јакимовски потенцираше дека не е целта само ова училиште да биде најдоброто на тој план. Она што недостасува, истакна тој, е систем за нивно прифаќање. „Ние како општина иако немаме обврска, вработивме до-полнително дефектолози и психолози токму за оваа на мена, на сметка на општинскиот буџет, констати-ра Јакимовски.

В. Цветковска

Page 12: Карпош Урбан бр.22

12 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

СОРАБОТКА

На покана на градоначалникот на Општина Ти-ват, Миодраг Канкараш, петчлена делегација од Оп- штина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовси, беше во дводневна, официјална посета на оваа збратимена општина. Поводот за по-сетата беше „21 Ноември“, Денот на Општина Ти-ват, каде делегацијата од Општина Карпош наиде на исклучително пријателски прием.

Делегацијата од Карпош присуствуваше на не-колку манифестации, на традиционалната церемо-нија на предавање на знамето на општината, еден исклучително впечатлив настан.

Во текот на традиционалното одбележување на Денот на Тиват, низ улиците на градот продефили-раа Градската музика, одредот на Бокељската мор-нарица, и мажоретките кои предизвика возбуда кај случајните или намерните минувачи и набљудува-чи на оваа живописна парада. На свечената повор-ка, и претходеше примопредавањето на знамето на Општината, кое командантот на Бокељската морна-рица  Љубинко Бискуповиќ му го врачи на Миодраг Канкараш, градоначалникот на Тиват. По предава-њето рапорт на плоштадот „Магнолија“, се одигра орото на Бокељската морнарица, а при последните тактови на музиката на играорците им се придру-

жија и д-р Иво Белан и атлетичарите на „Арсенал“, откако ја истрчаа „Трката на мирот-поздрав на род-ното огниште“, од Дебел Брег до центарот на Тиват.

Централната манифестација на која присуству-вавме беше  свечената академија по повод роденде-нот на оваа најперспективна општина во Црна Гора. Покрај културните манифестации, делегацијата на Општина Карпош присуствуваше и на презентаци-јата на најновиот инвестициски проект „Луштица“ (на местото на старата касарна на ЈНА во Тиват), со површина од 600 хектари, на кој, египетската фима ОРАСКОМ, планира да изгради две марини (прис-таништа), девет современи хотели, СПА центар, голф терени, луксузни апартмани како и приватна викенд населба.

Првите луѓе на Општина Карпош и Општина Тиват, Стевчо Јакимовски и Миодраг Канкараш, на свечената вечера во чест на роденденот на Тиват, освен што разменија подароци, се обратија со при-годни говори. Со претставниците на Тиват нашата делегација разговараше и за натамошното продла-бочување на меѓусебната соработка и зацврстува-ње на односите меѓу администрациите на двете ло-кал ни власти.

Елена Кузмановска

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КАРПОШ ВО ТИВАТ

Page 13: Карпош Урбан бр.22

13КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ПРОЕКТИ

СТОП ЗА НАСИЛСТВОТОДеновиве, во хотелот „Александар палас“ беше

промовиран проектот - „Развивање на комуника-циски вештини во прилог спречување на насилс-

твото меѓу ученици, возрасни – деца и возрасни – возрасни“ кој е директно поддржан од Општина Карпош. На овој настан присуствуваа 160 родите-ли, 50 ученици, директорите на основните училиш-та во Карпош и членови на Советот на Општина Кар- пош. Проектот за развој на комуникациски вешти-ни е реализиран преку еднодневни обуки во сите десет училишта кои се наоѓаат на територијата на Карпош. Презентацијата ја отвори директорката на О. У. „Владо Тасевски“, Елка Даскалова, која даде образложение за важноста на овој проект и какви позитивни импликации би имал истиот во насока на подобрување на образованието.

Меѓу активните учесници во оваа промоција бе-ше и раководителот на секторот за образование на Општина Карпош, Мирјана Поповска, која истакна дека овој проект почна и се темели на Стратегијата за развој на основното образование во општина Карпош од 2011 до 2016 година.

И. Ѓ.

Деновиве, во предучилишната установа „Распеа - на младост“ – Карпош 1 (ул. Руѓер Бошковиќ бр. 8) македонското здружение Монтесори, за 30 групи од четирите предучилишни установи од Општина Кар- пош, обезбеди специфични Монтесори-матери јали за работа на децата. Оваа активност е втората фаза од проектот „Монтесори-обуки за деца и ро ди тели“ кој се одвива во директна соработка со Оп штина Карпош. Овој проект ги опфаќа сите возрасни гру-пи од градинките и ќе биде спроведен во сите десет предучилишни установи, распоредени на терито-ријата на општина Карпош. Во таа пригода дирек-торката на градинката „Распеана младост“, Ели Гри-бовска, ги запозна присутните со состојбата и ак-тивностите во нивната градинка, притоа заблагода-рувајќи и се на Монтесори здружението и на Оп-штина Карпош. Претседателката на Македонската Монтесори заедница, Билјана Стерјадовска, гово-реше за ефикасноста на овој метод на едукација на децата но и на нивните родители. Според неа, Мон-тесори-педагогијата изобилува со дидактички ма-теријал со кои се стимулираат децата од мали нозе да бидат активни, да се вклопат полесно во средина-та, но и да веруваат самите во себе.

На овој настан учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош кој истакна дека нему лично му претставува особена чест и задоволство да со ра-

ботува со Македонската Монтесори заедница и дека покрај тоа што општината нема законска обврска, презема сопствена иницијатива за подобрување на стандардот на образование при што особено води грижа за нашите најмали членови. Градоначалникот Јакимовски потенцираше дека соработката со Мон-тесори заедницата ќе продолжи понатаму и на крај тој лично го подели Монтесори-материјалот.

Во следната фаза на соработка меѓу Општина Карпош и ММЗ се предвидува преку родителските ве чери, самите родители да имаат можност и дире-ктно да се запознаат со активностите на своите де-ца во градинките на тема „Монтесори-педагогијата – поддршка на индивидуалниот детски развој“.

И. Ѓуровски

Во градинките во Карпош

МОНТЕСОРИ ПЕДАГОГИЈА

Page 14: Карпош Урбан бр.22

14 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

На територијатa на Општина Карпош, меѓу нејзините 63 илјади жители, живеат и над 10.000 пензионери организирани во две здруженија – “Карпош”, кое, во почетокот на 2013 година ќе одбележи 35 години од постоењето и “Тафталиџе”, кое е основано на 13.02.2008 година. За развојниот пат на овие две здруженија, за нивната организациска поставеност, начинот на функционирањето и решавањето на актуелните потреби и проблеми, разговаравме со нивните претседатели, Јован Гиновски и Димитар Димовски

Какви се меѓусебните релации на двете здру- женија во Општина Карпош?

Гиновски: Во нашето здружение, како едно од нај- старите во Р. Македонија во минатото членувале над 18 илјади пензионери од Општина Карпош, но и од Ѓорче Петров, Сарај и Кондово. Со донесување-то на Законот за територијална поделба, ЗП Карпош функционира самостојно во рамките на Општина-та Карпош и во Централниот регистар во 1978 годи - на е регистрирано како посебно здружение. Со но-

воформираното здружение Тафталиџе во 2008 го-дина, не можеме да говориме за некаква посебна со-работка. Како се остварува транспарентноста во ра-

ботата на Здружението? Гиновски: Здружението е непартиска, непрофит-

на и самостојна асоцијација во која се почитува прин- ципот на транспарентност во неговото работење. Во контекст на ова, а согласно со територијалната по- ставеност на урбаните и на месните заедници во Оп- штината, во Здружението функционираат седум огра- ноци. За сите позначајни прашања кои се однесува-ат на членството, донесувањето на одлуки и измени и дополнувања на нормативните акти, иницијати-вите и предлозите доаѓаат од ограноците. Каква е соработката на Здружението со ло-

кал ната самоуправа – со градоначалникот и со Со- ветот на општината?

Гиновски: Со локалната самоуправа, односно со градоначалникот, г-динот Стевчо Јакимовски и со Советот на општината имаме воспоставено добри релации. Соработката е успешна и може да послу-жи како позитивен пример и за другите единици на локалната самоуправа. Инаку, ваквата соработка пред сè се темели на посебната Спогодба што ја има- ме потпишано. Плод на таквата соработка е и дона-цијата на Општината во износ од 500 илјади дена-ри, од кои еден дел се употребени за реновирање на просториите на клубот на пензионерите. Градона-чалникот Јакимовски е секогаш присутен на позна-чајните активности на Здружението и навистина ни дава целосна поддршка во решавањето на потреби-те на пензионерите. Сакам да го нагласам неговото ангажирање за отворањето на четири нови клубови на пензионе рите на територијата на Општинта и нивното цело сно опремување. Колку доследно се применува законската ре-

гулатива за реално усогласување на пензиите со по- растот на животните трошоци?

Гиновски: Неможеме да бидеме целосно задовол - ни од примената на Законот за усогласување на пен-

Разговор со Јован Гиновски, претседател на Собранието на З. П. “Карпош” и со Димитар Димовски, претседател на Собранието и на Извршниот одбор З. П. “Тафталиџе ДДД”

ПЕНЗИОНЕРИТЕ И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

ИНТЕРВЈУ

Page 15: Карпош Урбан бр.22

15КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

зиите со порастот на животните трошоци. Послед-ното зголемување од 0,31% кое се однесуваше на второто шестомесечје од изминатата година, во перцепцијата на пензионерите не се доживува како реално усогласување. Колку е присутна солидарноста и хуманос-

та помеѓу пензионерите во Здружението?Гиновски: Солидарноста и хуманоста е една од

позначајните активности на Здружението. Преку посебна комисија постојано се следи состојбата во која се наоѓаат пензионеритте со најниски пензии и постарите изнемоштени и со нарушено здравје на кои им се помага во секојдневните потреби. Врз ос-нова на нивните предлози, Извршниот одбор на Со- бранието, еднаш годишно им доделува финансиска помош во износ од 3000 денари. Покрај ова, во пен-зионерското одморалиште во Катланово ги испра-ќаме на седумдневен рекреативен одмор нашите членови, чии вкупни приходи во семејството не го надминуваат износот од 15 илјади денари. Во вкуп-ните трошоци за нивниот престој Здружението пар- тиципира со свои средства. Колку клубови на пензионери има Вашето

здружение, како се опремени и колку ги задоволу-ваат барањата и потребите на пензионерите?

Гиновски: Во нашето Здружение има вкупно пет клубови, меѓу кои, за четири се обезбедени просто-рии и неопходна опрема (шах, домино, пикадо, таб-ла, тв приемник, примероци од весниците Пензио-нер- Плус и Карпош Урбан) од страна на Општина-та благодарение на посебното ангажирање на гра-доначалникот Јакимовски. Клубовите функциони-раат пет дена неделно и претставуваат убави места за престој, дружење и релаксација на нашите члено-ви. На територијата на Општина Карпош не по-

стои пензионерски дом. Какви се вашите согледу-вања за потребата од изградба на ваков објект?

Гиновски: Проблемот со пензионерските домо-ви е мошне актуелен во Р.Македонија, особено во нашата општина, со оглед на големиот број на пензио - нери. Всушност, изградбата на дом на пензионери е наша насушна потреба. Во тој контекст, проблемот веќе е инициран кај градоначалникот на Општина-та кој безрезервно ја поддржа иницијативата и оце-ни дека ваков дом е неопходно потребен. Кај рако-водството на Здружението ова прашање е постоја-но присутно и се размислува за можни варијанти за негова изградба. Јас, лично, сум оптимист дека во скоро време ќе изнајдеме решение со учество на по-веќе субјекти да го решиме и овој проблем за дел од нашето членство. Кои приритени задачи ве очекуваат во на-

редниот период?Гиновски: Планираните активности со Програ-

мата за работа во 2012 година се реализираат кон-

тинуирано и според предвидената динамика од што можеме да бидеме задоволни. Во четвртото триме-сечје од 2012 година, акцентот е врз подготовките за одбележување на 35 годишнината од постоењето на Здружението, за што ќе биде усвоена посебна програма. Се разбира, оваа програма ќе се димензи-онира во согласност со финанскиските можности на Здружението.

Димитар Димовски, претседател на Собранието и на Извршниот одбор З. П. “Тафталиџе ДДД”

ЌЕ ГИ НАДМИНЕМЕ НЕДОРАЗБИРАЊАТА Кои беа мотивите, покрај постојното здруже -

ние на пензионери “Карпош”, да се формира ново- то здружение “Тафталиџе ДДД”?

Димовски: Пред пет години се создаде непријат-на атмосфера меѓу голем број пензионери како по-

Page 16: Карпош Урбан бр.22

16 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

следица на нелегалниот упад во работата на Собра-нието на З. П. “Карпош”. Тогаш, (на 3-ти и на 17-ти 09. 2007 год.), беше изготвен неточен записник од одржаната седница на Собранието, во што беа ин-волвирани тогашниот претседател на Собранието и тогашниот и актуелен претседател на Извршниот одбор. Поголем број незадоволни пензионери од ва- квото раководење со пензионерската асоцијација, по- кренаа иницијатива за формирање ново здружение. Дали во него членуваат само пензионерите

кои живеат во УЗ Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2 и ка- ко новите пензионери се определуваат за членува-ње во едно од овие две здруженија?

Димовски: Во здружението членуваат пензионе-ри кои живеат не само на територијата на спомнати-те УЗ, туку и на целата територија на Општина Кар-пош – од ул. Рузвелтова до Порта Влае. Корисници-те на пензија, по стекнувањето на статусот пензио-нер, слободно се определуваат за членување во едно од двете здруженија. Тие, врз основа на слободно изразената волја, со чинот на потпишувањето на при- стапница, стануваат членови на З. П. “Карпош” или З. П. “Тафталиџе ДДД”. Какви се меѓусебните релации на двете здру-

женија?Димовски: Меѓусебните релации на здруженија-

та не се на завидно ниво. За жал, се уште се водат судски постапки за делбениот биланс, бидејќи сите наши членови порано биле членови на З. П. “Кар-пош”. Постојат идеи, односно размислувања кај дел од членството и раководствата на З. П. “Тафта-лиџеДДД” за интегрирање на двете здруженија во едно, што би претставувало рационално и функ-ционално решение. На овој начин би се намалиле трошоците, а истовремено би се одбегнала досе-гашната поделеност на пензионерите кои живеат на територијата на Општина Карпош. Каква е соработката на здружението со ло-

калната самоуправа – со Советот на Општината и со градоначалникот?

Димовски: Соработката со Советот на Општина - та е на завидно ниво, а со потпишувањето на Спогод - бата за соработка со Општина Карпош (23.05.2012 год), таа има нагорна линија. Посебно е за истакну-вање соработката со градоначалникот Стевчо Јаки-мовски кој се грижи за потребите на пензионерите. Тој, исто така, и материјално не помага и има целос-но разбирање за проблемите на здружението. Зна-чајно е неговото ангажирање за наше вклучување во активностите од културно-забавниот живот ка-ко и во спортските и другите рекреативни активно-сти. Потврда на добрата соработка е и учеството на наши членови во голем број содржини и активнос-ти што ги организира општината. (Карпошовото кул- турно лето; изложбата на домашни ракотворби и носии; учеството на спортските игри меѓу пензио-

нерите; одбележувањето на Денот на формирањето на Скопскиот партизански одред; Денот на општи-ната итн). Колку е јавна работата на здружението, ка-

ко комуницирате со Вашите членови?Димовски: Работата на здружението е јавна. Со

нашите членови, кои се над 6.000, комуницираме преку нашите шест ограноци кои постојат во УЗ во: Козле, Влае, Тафталиџе и Владо Тасевски. Во УЗ има- ат простории каде што се собираат и се дружат. Дру- жењето е посебно значајно во клубот на пензионе-рите кој постои во ДСУ “Никола Карев”. Таму, вре-мето го поминуваат во играње шах, домино и сле-дење ТВ програма, а секој вторник и петок присут-ните ги забавува жива музика.

На работните состаноци и собирите ма пензио-нерите на ниво на ограноците согласно со Статутот, се поканува членството, а се одлучува доколку при-суствуваат најмалку 10% од членовите. Овие соби-ри се организираат двапати годишно, а Собранието како највисок орган се свикува најмалку еднаш го-дишно. Што е приоритет во вашите идни активно-

сти во нашата општина?Димовски: Меѓу приоритетните активности

спаѓа омасовувањето – прием на нови членови би-деј ќи постоиме од пред неполни пет години. Целос-на поддршка заслужуваат иницијативите за изград-ба на пензионерки дом во нашата општина кој е по-веќе од неопходен. Ценам дека и натаму треба да бидеме упорни во настојувањата да се обезбедат кон- кретни бенефиции во смисла на намалување или осло- бодување од сегашните давачки во врска лекарски-те прегледи кај специјалистите, лекарствата и бол-ничките трошоци. Што мислите за бесплатниот превоз на пен-

зионерите трипати неделно и дали сте задоволни од досегашната регулатива за бесплатно бањско леку- вање?

Димовски: Дадовме конкретен предлог преку Градскиот одбор, бесплатниот превоз да биде секој-дневен. Тоа ни е неопходно заради потребата од че-сто користење на здравствените услуги како и посе-та на роднини и пријатели. Во однос на бесплатно-то бањско лекување, нема доволна координација помеѓу општинските здруженија С. З. П. М. Меѓу нашите членови во 2012 година не постоеше инте-рес за овој вид бањско-рекреативен одмор. Практи-куваме на нашите членови со ниски пензии да им доделуваме неповратни средства во износ од 3.500 денари годишно. Во текот на 2012 година ваква по-мош им беше дадена на 40 пензионери.

Живко Трајановски

Page 17: Карпош Урбан бр.22

17КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Збунет сум, изненаден неспремен, а искрен да бидам и уплашен.

Не знам што да кажам, од каде да почнам, не знам што чувствувам тага, болка, празнина.

Дали да поверувам дека го нема повеќе Дади. Тој со кого другарував, живеев, работев, тој со кого ги поминав гимназиските денови студирањето, рабо-тењето, односно актерството, заедничките снимања, патувања, турнеи, аплаузи, награди. Да поверувам дека го нема неговиот неверојатен дух, неговата способност и во најсериозните моменти да насмее, да запее и да освои со својот незаменлив шарм.

Дади со кого ги одигравме најубавите детски претстави (Башчелик, Чук-Чук Стојанче, Шекспир во приказни и многу други) со кој повеќе од 15 годи- ни учествувавме на меѓународниот детски фести-вал во Шибеник на кој Дади за своите посебни ква-литети и придонес стана почесен граѓанин на Ши-беник. Претстави со кои ја претставувавме Македо-нија и на многу светски фестивали (Русија, Бугари-ја, Шведска). Што да кажам за детските играни се-рии “Да видам што да бидам“, “Чавката Славка “, ”Училиште за кловнови” и други со кои Дади беше најсаканиот актер меѓу децата во Македонија и во бившите Ју - простори. Тогаш заедно честопати на-стапувавме на хуманитарни концерти. Посебно ак-туелни беа хуманитарните настапи за децата од Ви-етнам, за кои виетнамскиот амбасадор не награди со специјални сертификати за почесни гра ѓани на Виетнам. Дали да зборувам за другите прет стави на Драмскиот театар меѓу кои најзначајно место зазе-маат комедиите (Солунски патрдии, Рибарски ка-раници, Викенд на мртовци, Маратонците и други) кои беа најгледаните претстави во Македонија. Со Дади пресметавме дека само во Драмски театар ние двајцата имаме одиграно меѓу 5000 и 6000 претста-ви. Не можам, а да не ги спомнам снимените филмо-ви и серии, радио драми (Солунски патрдии, Итар Пејо, Театарче лево ќоше, Женски оркестар, Викенд на мртовци и други) и она што се га можеби е за Ги-нис, најслушаната – Хихирику. Толку работа, толку другарување, толку заеднички патувања и турнеи (Дади имаше обичај да каже зна- еш дека повеќе сум спиел со тебе отколку со жена ми) речиси низ цела Европа, Австралија, Америка, Ве не цуела. Не знам што посебно да одвојам од ова на ше долгогодишно другарување. Дали Гимназијата: двајцата бевме сла-би по математика, Дади за тројка мораше да испее Црвенкапичка, качен на катедра, а јас пак имав сре-

ќа професорката по математика да е одговорна за драмската секција. Дали студентските денови кога испитите ги спремавме два дена кај не го дома, кај познатиот Поп Боро, со молитва пред ручек, а след-ните два дена кај моите родители кои двајцата беа комунисти и првоборци. (Да спомнам, тоа беше прекрасно дружење и искуство). Дали работењето во театар кога многу често имавме по две детски претстави претпладне, а по 13 часот одевме на сни-мање на радио драма, во 19 часот вечерна претстава и по претставата, снимање на некоја серија. Сето тоа работење беше исполнето со радост, дух и енту-зијазам. Знаевме и по претстава, евентуално кога немаше снимање, да седнеме во нашето театарско бифе, малку да се напиеме, да се пошегуваме на наша сметка и да запееме. Дади другару, има мно- гу да се напише за тебе, но јас во моментов не знам и не сум во состојба, веројатно сум затекнат, но по 50 години заедно, едно знам, дека се сакаме, почитува-ме, дека твојата чесност и искреност почитта и љу-бовта што ја имаш кон твоето семејство, ќерките и сопругата твојата посветеност кон работата сцен-ската дисциплина, креативност, е реткост и вре- дност која морам да ја споменам. Твојот оптимизам со природната духовитост што ја носиш се един-ствени. Покрај тоа ти си еден од најдобрите дома-ќини и кулинари во нашава бранша, пазарењето ти беше како хоби исто како и спортот ги следиш сите спортски настани. Секогаш ги следиш сите нови проекти во театрите и филмот. Го сакаш животот и го живееш со полна душа. Сигурно многу се прашу-ваат зошто пишувам и зборувам во сегашно време. Затоа што ти Дади, живееш во мене и со мене и јас можам само да те поздравам до следното наше виду - вање во Хихириху или на турнеа. Здраво.

Твојот другар, Димче Мешковски

Владимир Ангеловски –Дади

ПОЛОВИНА ВЕКДРУЖБА

IN MEMORIAM

Page 18: Карпош Урбан бр.22

18 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО

Дека постарите луѓе се дел од нашиот живот и не треба да бидат запоставени, практично демонстри-раше градоначалникот на Општина Карпош, Стев-чо Јакимовски, со неговата посета на Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во населбата Злокуќани. Во таа пригода, во рамките на „Денови на општина Кар-пош“ по повод роденденот на општината – 3 ноем-ври и светската Недела на грижа за стари лица, гра-доначалникот додели пакети со прехранбени про-изводи за 85 згрижени лица.

Обраќајќи им се на станарите градоначалникот Ја кимовски, помеѓу останатото рече дека повозрас-ните лица заслужуваат и имаат посебно внимание во нашата општина, и локалната власт прави сè што е во нејзина моќ и надлежност да им го олесни и по-добри живеењето во овој нивен заеднички дом. Пр-виот човек на Карпош, исто така, нагласи дека има потреба да се изгради целосно нов дом за стари ли-ца во Карпош и дека со заеднички напори со Град Скопје и со централната власт тоа би можело да се реализира.

Раководителот на „Мајка Тереза“, Никола Ма-тевски, на градоначалникот Јакимовски, во името на Герентолошкиот завод, болницата „Сју Рајдер“ и

Домот „Мајка Тереза“, му врачи благодарница, на-гласувајќи притоа дека личниот ангажман на градо-началникот и континуираната грижа и посветеност на Општината, за старите и изнемоштени лица, заслу- жуваат секоја почест и благодарност . За доброто расположение за време на посетата се погрижија МКУД „Цветан Димов“ од Карпош, збогатувајќи ја со програма на македонски традиционални ора и танци.

И. Ѓ.

Водејќи се според мотивот за хуманост, кој е и основна карактеристика на нашата општина, дено-виве, во просториите на Општината, градоначални-кот Стевчо Јакимовски на 100 социјално загрозени-те семејства и поединци им подели пакети Во нив беа ставени прехранбени производи и средства за хигиена кои граѓаните на Карпош, коишто пазареа во 14 маркети на територијата на општината, ги до-

нираа за своите сограѓани. Станува збор за тради-ционалната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“, која се одржа на 20 и 21 октомври и беше спро ведена по повод „Денови на општина Карпош“. По крај пунктот во Нерези, градоначалникот поде-ли и 20 пакети на социјално загрозените семејства во УЗ „Влае 1“, а 40 пакети беа доставени од страна на службите на општината, до старите и изнемоште-ни лица.

„И покрај тоа што тоа не е наша должност, сепак постои морална обврска за нас, да се учествува и да се помогне во оваа хуманитарна акција, за нашите со цијално загрозени сограѓани“, изјави градоначал-никот Јакимовски, притоа апелирајќи до државни-те институции да заземат поактивна улога, кога ста- нува збор за социјалната сфера. Инаку, оваа хума-нитарна акција се спроведува три пати во годината, за Денот на општина Карпош – 3 ноември, за бо-жиќните и за време на велигденските празници.

И. Ѓ.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ДОМОТЗА СТАРИ ЛИЦА „МАЈКА ТЕРЕЗА“

СТО ПАКЕТИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Page 19: Карпош Урбан бр.22

19КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Веќе четврта година по ред, на иницијатива на градоначалникот Стевчо Јакимовски и Советот на Оп штина Карпош, талентираните ученици и спорти - сти добиваат стипендии. Годинава, церемонијално беа доделени 106 стипендии за талентирани учени-ци и спортисти. На доделувањето на стипендиите, во ООУ „Петар Поп Арсов“, на кое присуствуваа годинешните лауреати, наставниот кадар и родите-ли те, се обрати претседателот на Комисијата за об-разование, Душан Велкоски, член на Советот од ВМРО-НП. Тој истакна дека од пристигнатите 183 апликации за стипендии од надарени ученици, до-

делени се 52, и тоа 15 од прва категорија кои се со месечен износ од 3.500 денари, 23 од втора категори-ја, со износ од 2.500 денари и 14 од трета категорија, со износ од 1.500 денари.

Според претседателот на Комисијата за спорт при Советот на Општина Карпош, Давор Грче, член на Советот од ДПСМ, од 108 апликанти избрани се 54 најталентирани спортисти. Спортистите-сти-пендисти се распределени во четири категории, а стипендиите се движат од 2.000 до 4.000 денари.

Наградите на годинешните стипендисти на Оп-штина Карпош им ги врачи градоначалникот Стев-чо Јакимовски, кој во таа пригода истакна дека ста-нува збор за одлука на Општината да се застане со повеќестрана поддршка за талентираните ученици (од VII и VIII одделение) и на најдобрите спортисти во општина Карпош, кои главно се носители на први и втори награди на државни и меѓународи натпре-вари.

– Интенцијата е, рече општинскиот татко, овие млади талентирани ученици и спортисти да знаат дека постојано зад нив стои општината која ги пот-тикнува да продолжат по патот на науката и спортот.

И. Ѓ.

ОБРАЗОВАНИЕДОДЕЛЕНИ СТИПЕНДИИТЕ ЗА НАЈТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ

Во основното училиште „Јан Амос Коменски“ по повод светскиот Ден на акција, во соработка со Општината Карпош и Фондацијата за еколошка еду- кација (ФЕЕ), организираа ни за еколошки актив-ности. Учениците од ова учили ште дадоа голем придонес кон заштитата на живот ната средина и подигање на еколошката свест. Целта на активност-ите е училиштето на меѓународно ниво да преземе еколошки акции со цел да се создаде поодржлив свет. Не сосема случајно, во дворот на ова училиш-те има екоградина која е донација од амбасадата на Кралството Норвешка и Општина Кар пош.

Токму затоа, учениците од ОУ ,,Јан Амос Комен-ски“ реализираа неколку креативни работилници за рециклирање и селектирање на отпад, научија како се врши производство на природно ѓубриво од есенските лисја, се засадија зимски темјанушки и

се изврши пресадување на саксиските цвеќиња во холот. Градината во училиштето беше украсено со екопароли, а учениците од второ одделение снимија и ТВ-прилог кој ќе се емитува во образовната еми-сија „Ѕвон“. Треба да се истакне дека училиштето стана член во кампањата за заштита на климата „Зелени стапалчиња“ во којашто учениците, секое движење пеш или со велосипед го бележеа со зелено стапалче. И. М.

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА АКЦИЈА

Page 20: Карпош Урбан бр.22

НА КАФЕ КАЈ...

20 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22• НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ЖИВЕЕМЕ ВО СТРЕСНИ ВРЕМИЊА

Проф. д-р Методи Чепреганов

Ситниот дожд што мириса на снег, не ни пречи да го завршиме разговорот неколку пати прекину-ван поради дневните обврски на професорот Мето-ди Чепреганов. Драг пријателе, ми вели професо-рот; нашиот проблем (на Македонците), е последи-ца на тоталната дезориентираност по ослободување-то од шапката наречена Белград. Условно, ослобо-дени од таа „шапка„ ние и по дваесет и две години продолживме за нашите нешта да го прашуваме не-кој друг, поточно, американскиот амбасадор. Таа дезориентираност раѓа нетолерантност каде дија-логот е надвикување кое прераснува во насилство.

Блискоста во однесувањето со пациентите, што тој ден влегуваа во ординацијата на невропсихијата-рот, професорот Чепреганов, одблиску ја гледав и кога доцна таа вечер ми ја предочи пишаната биографи ја, сфатив дека ние за нашите научни бар-дови, а соседи, не знаеме ништо или малку. Во Франција, каде е и пишувана спомнатата биогра-

фија на професорот Чепреганов, него и написмено го сметаат за свој. А повод за нашата средба и раз-говорот што следи, е неодамнешната промоција на трудот „Стресот и ние„ што професорот го напиша заедно со госпоѓата Теодора Костовска.

Го прашувам професорот како дошло до тоа, тој стручњак за мозокот и мозочните заболувања, да се појави како коавтор на публикација за стресот. Тој ми објаснува дека долги години имал на ум да напи-ше нешто за стресот, но тоа го одложувал се додека еден ден во неговата ординација не дошла госпоѓа-та Костовска, која му предложила заеднички да ја напишат книгата.

- Веднаш да ти предочам дека во првите дваесет години од својата професионална кариера, јас се за-нимавав со психијатријата, но по две три непријат-ни случки со тогашните пациенти, себе си се запра-шав, што правам јас. Лечиш некого, а не знаеш од што боледува. Тогаш одлучив да се фатам во костец со

Ние живееме во деструктивен амбиент, кој во отсуство на едукација, социјалната загрозеност, сеопштата партизација, генерира таканаречена „продолжена стресност“, вели нашиот соговорник, коавтор на книгата „Стресот и ние“

Page 21: Карпош Урбан бр.22

21 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22• НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

тајните на мозокот, оти во него лежат сите одговори за нашата ваква или онаква душевна состојба. Имав среќа да заминам во Франција, каде се здобив со но- ви знаења и добив можност, во најдобри можни усло - ви да ги побарам одговорите на прашањата кои ме мачеа во врска со мозокот и мозочните заболувања. На промоцијата на книгата, Вие обрнавте

внимание на четирите глобални проблеми, посо-чувајќи ги како причини за сите болештини во современиот свет, па и за стресот.

- Да, во основата на сите заболувања лежат чети-ри главни проблеми: загадувањето на воздухот, на водата и на почвата, и како уште поглавен е еколо-гијата на духот, односно стресогените состојби. За ова последново, денес многу се зборува и се пишува но практично малку се работи на елиминирањето на причините за стресот. Стресот, всушност, е од-брана на нашиот организам од тоа што го примаме однадвор, од она што атакува на нашата личност и ја нару - шува нашата рамнотежа предизвикувајќи промени на вегетативниот систем.

Она што се случува во нашата земја во послед-ните дваесетина години има огромни реперкусии врз психолошкиот статус на нашиот човек, наруше-на ни е рамнотежата, немаме духовен мир, немаме сон, се трошиме многу брзо. Опасноста е во тоа што од тоа влијание однадвор, ние не чувствуваме бол-ка, но тоа не јаде одвнатре или стручно кажано пре-дизвикува промени во невромодулаторите. Во вашата и книгата на госпоѓата Костов-

ска, еден добар дел е посветен на негативното

влијание на медиумите врз нашата психичка со-стојба.

- Влијанието на таканаречената „четврта сила“ во општеството, значи на медиумите и новинарите, е еден од клучните стресогени фактори, во секое оп-штество, а посебно кај нас во Македонија. Новина-рите, од најразлични причини: заради принуда, само волие или личен профит, секојдневно креираат (дез)информации, а тоа само по себе генерира стресо- гена реакција. Кога таквата реакција ќе стане коле-ктивен феномен тој момент може да биде катастро-фално опасен и непредвидлив. Има ли одбрана од ваквите и слични пре-

дизвикувачи на стресна состојба?- Има, доколку целосно се изолирате од надво-

решно влијание, што, се разбира не е возможно. Или, можно е ако има систем со кој се е предвидено, орга - низирано, востановено. За жал, кај нас не е така. Ние сме дезорганизирани, нереални импровизато-ри и во сите работи трошиме огромна енергија на емоции. Политиката е дел од нашето секојдневие, а бидејќи таа е продукт на оној кој ја има власта, тој најтежок и неизлечив порок, амбиентот е онаков ка ков што го креира тој. А како што гледаме, таа ин- дивидуална креација е составена од скаран народ, скарани семејства и роднини. Ние живееме во де-структивен амбиент, кој во отсуство на едукација, социјална загрозеност, сеопштата партизација ра ѓа нетолерантност, а сето тоа заедно, нас не онеспо ко ју-ва така што живееме во таканаречената „продолже-на стресност“.

Миле Раденковиќ

Доктор Методи Чепреганов има завидна биографија. Има објавено над 130 научни труда, автор е на 22 монографии посветени на главоболките, мигрената, епилептологијата и неуроимеџинг дија-гностиката, беше редовен професор на Медицинскиот факултет по неврологија и психијатрија со ме-дицинска психологија, своите искуства и едукација ги стекнувал на високоспецијализираните епилеп-толошки клиники во Европа, а за една од монографиите, од Министерството за наука на Франција е награден со престижното признание „Академска палма“, кое се доделува за стручно дело на странец на подрачјето на оваа земја.

Page 22: Карпош Урбан бр.22

22 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ22

СЕМЕЈСТВОТО И УЧИЛИШТЕТО- УСЛОВ ЗА ВОСПИТАНИ ДЕЦА

Во воспитувањето на децата учествуваат разли-чни фактори, но како најзначајни се сметаат: семеј-ството и училиштето, односно наставникот. Силно влијание имаат и: врсниците, општествената сре- дина, мас-медиумите, (посебно ТВ), невладините ор- га низации, политички партии, различните социјал-ни мрежи, односно интернетот.

Семејството претставува првата најзначајна со-цијална средина за развој на една личност. Во се меј-ството, детето ги стекнува првите правила на одне-сување, запознава што смее, а што не смее, што е добро, а што лошо, ги усвојува моралните норми, се учи на вредности во општеството и уште многу дру- ги работи. Тука се удираат темелите на интелекту-алното, моралното, социјалното, естетското, физи-чкото, емоционалното и работното воспитание, но и темелите на заедништвото, почитувањето , како и усвојувањето на вредностите и погледот на свет. Низ семејната призма се прекршуваат традицио-налното и современото, авторитетот и слободата, индивидуалното и колективното, чувствата и разу-мот, или едноставно речено-семејството е „матри-ца” на сите човечки вредности. Затоа, семејното во-спитување е од извонредна важност.

Некогашното традиционално семејство веќе по-долго време доживува трансформација, а тоа, пак, нај- многу се рефлектира во извршувањето на воспит-ната функција. Промените се однесуваат на односи-те во семејството, статусот на неговите членови, ор-ганизацијата на животот во семејството, како и ви-дот на промените на воспитниот стил и на воспит-ните мерки.

Во услови на традиционално семејство, кога за-еднички живееле и по неколку генерации, воспит-ната функција многу полесно се остварувала, пора-ди големото меѓусебно почитување на сите членови во семејството, а посебно кон постарите членови. За него е карактеристична хиерархиската поставеност и доследното практикување на моралните вреднос-ти, што придонесувало семејството да функциони-ра врз цврста основа и успешно да ја извршува во-спитната функција.

Во современото семејство се случуваат големи турбуленции во тој поглед. Заедничкото живеење само на родителите и децата, вработеноста на двај-цата родители, зголемениот број на разводи, урбани- те промени, економската криза и сл. имаат силно влијание врз остварувањето на воспитната функ-ција. Евидентно е дека родителите многу потешко

се справуваат со однесувањето на своите деца, от-колку што тоа беше случај со нивните родители.

Всушност, воспитната функција станува сè по-комплексна и потешка за остварување, пред сè по-ради вредносната и моралната криза која го зафаќа општеството во целина.

Генерациските разлики и сфаќања ги прават су-штинските дијаметрално спротивставени погледи на светот помеѓу младите и постарите генерации, односно помеѓу родителите и децата. Во такви усло-ви, за да го намалат сопственото влијание, како и сопствениот неуспех, родителите сметаат дека гри-жата околу воспитувањето на сопствените деца треба да ја преземе училиштето. Од тие причини, доаѓа до воспитен вакум кој мошне негативно се одразува врз младите генерации кои се сè поинтен-зивно препуштени на другите фактори кои вршат силно вли јание врз нив.

За да се намалат негативните влијанија од неус-пешното функционирање на семејството и училиш-тето, неопходно е и училиштето и семејството цвр-сто да се поврзат, односно воспитно да се проткају-ваат. Училиштето е вториот фактор за воспитно влијание, а тоа се остварува преку наставникот, кој е стожерот на воспитно-образовниот процес. Затоа и не случајно дека Дистервег, еден од најзначајните пе- дагози во историјата на човештвото заклучил дека: „Училиштето вреди толку колку што вреди настав-никот”.

Едно наше истражување на тема: „Улогата на на-ставникот во реализирањето на воспитната функ-

ВОСПИТУВАЊЕ

Page 23: Карпош Урбан бр.22

23КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во организација на Општина Карпош, компани-јата “Пакомак” и радио “Буба Мара”, во О.У. “Владо Та- севски”, се одржа манифестација која го означи по-четокот на големата еколошка акција за почиста око-лина и за подобрување на хигиенските услови во учи- лиштата. Оваа еколошка кампања има за цел да ги поттикне децата да го селектираат отпадот од најма-ла возраст и да се едуцираат за важноста на рeцикли-раниот отпад. За собраниот амбалажен отпад од пластика, „Пакомак“ ќе возврати со хигиенски сред-ства, кои досега беа на трошок на училиштата и ро-дителите. Училиштето што ќе собере најмногу от-пад, ќе добие и дополнителни награди. “Целта на овој проект е тој да прерасне во активност” – изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на “Па-комак”.

За големиот интерес и ефикасноста на оваа акција посведочи и директорката на основното училиште Владо Тасевски, според која, за неполни 2 месеци се

собрани над 600 килограми пластичен отпад. “Драго ни е што нашето училиште е дел од оваа еколошка кампања и што нашите ученици заедно со своите најблиски ќе размислуваат и разговараат за еколо-гијата и за тоа како паметно да се селектира отпадот”, истакна директорката. На оваа акција присуствува-ше и градоначалникот Стевчо Јакимовски, според кој, поддршката што ја дава локалната власт, е потврда на заложбата на Општина Карпош за создавање на еколошки чиста животна средина и обезбедување на поубава иднина за младите генерации. “Сакаме на-шите деца да учат и да растат во еколошко опкружу-ва ње, да градат навики за примерно однесување кон животната средина. Се надеваме дека оваа акција ќе придонесе за будење на еколошката свест на општин-ско и на национално ниво, и дека ќе поттикнеме дру- ги општини и институции да реализираат вакви и сли- чни еко-проекти во иднина” – изјави Јакимовски.

В. Ц.

УЧИЛИШНА АКЦИЈА ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ ОТПАДВо О.У. “Владо Тасевски”

ција‘‘, покажа дека над 50 % од наставниците од од-деленска и предметна настава (од две скопски учи-лишта) сметаат дека улогата на наставниците во ос-тварувањето на воспитната функција е голема. Ме-ѓутоа, подолго време наставниците се насочени пре- тежно кон образовната функција, а воспитната е во голема мера маргинализирана. Сето тоа повлекува и опаѓање на авторитетот на наставниците, занема-рување на воннаставните активности, формални го- дишни програми за воспитно делување, зголемени администартивни задолженија.

Од многу одамна е познато дека наставникот не може и не смее да биде само предавач, односно пре-несувач на знаењата и единствен извор на инфор-маци кои учениците ги користат. Не занемарувајќи ја оваа функција на наставникот, напоменуваме де-ка наставникот е пред сè воспитувач на младата ге-

нерација и дека знаењето што го поседува треба да биде само средство со чија помош тој ќе ги воспи-тува учениците, односно ќе делува воспитно врз нив, градејќи систем на вредности и ставови, меѓу-себно почитување, толеранција, како и развивање на механизмите на заеднички живот и работа.

Значи, колку успешно ќе се остварува воспитна-та работа низ наставата и надвор од неа, во голема мера зависи од наставникот. Доколку наставникот влијае со позитивни примери и постапки преку своето однесување, преку начинот на комуникаци-ја, облекувањето, говорот и сл. тогаш многу човеч-ки вредности ќе се откриваат и ќе се прифаќаат од страна на учениците толку успешно, колку што ис-тите се на најдобар начин откриени, протолкувани и поврзани со детското искуство.

Проф .д-р Розалина Попова-Коскарова

Page 24: Карпош Урбан бр.22

24 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

СВЕТИЛКИ ЗА РИПЛИ И ГИНИС

НАЈ ВО КАРПОШ

Глетката е збунувачка и за пасиониран собирач на старини и други дрангулии, бидејќи, во сучајов, станува збор за стан пренатрпан со стотици столни ламби од сите страни на светот. Собирачот Нове Ристевски, заставник во пензија, ужива во затечено - ста на новодојденецот, бидејќи од искуство знае де-ка истиот, кога ќе се привикне на глетката, ќе добие желба да ракоплеска. Толку столни ламби нема ниту во еден музеј, доколку таков , за ламби, постои нека- де во светот.

Некогашниот фурнаџија во Титовата гарда, по-ради слабите, попуштени нозе, сега сè повеќе врзан за постела, едно време ве остава да се воодушевува-те на неговото несекојдневно хоби, а потоа, со вој-ничка речитост ја наметнува приказната за славно-то служење во некогашната Титова армија. Иако роден демирхисарец (Жван, 1927 година), спомени-те ги евоцира на српскохрватски јазик и со ностал-гија, позната само на неговите некогашни соборци од ЈНА.

- Нове беше војничина пред чие знаење замол-чуваа и високите воени старешини, ги прераскажу-ва инсертите од својата животна биографија, како да зборува за некој друг. Само Нове имаше смелост да стане и да го замолчи соодветниот старешина, велејќи му дека не е точно тоа што тој го зборува. И тогаш, настапуваше Нове и добиваше аплауз на от-ворена сцена. Така беше во Херцег Нови, така во За-греб и во Карловац.

Насобраните соседи, кој на чичко Нове и негова та втора сопруга Елица, им се наоѓаат при рака, предво-дени од госпоѓата Каја и другарот Добре Младенов-ски, „кустос“ во музејот за столни ламби, го надо - полнуваа својот сосед, сакајќи да ја потполнат сликата за легендарниот наставник за месење војнички леб.

- Домаќинот ги слуша и, одвреме навреме, ќе се огласи со некоја стара досетка, задолжително по-тенцирајќи, Нове знаеше, можеше и смееше да им се спротивстави на капетани, мајори и полковници, се- когаш кога грешеа...“.

Нове Ристевски - воен пензионери сопственик на најголемата колекција на столни ламби во Мекедонија

- Би ги продал, ако има заинтересиран купувач, ако нема, сакам да ги подарам на Општина Карпош, да се искористат во хуманитарни цели, вели чичко Нове, одново враќајќи се на својата омилена тема - преубавите војнички денови во Карловац

Page 25: Карпош Урбан бр.22

25КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Соседот добро го надополнува, објаснувајќи ми дека токму и заради тоа „чичко Нове бил предвре-ме пензиониран“, и имал време да им се посвети на своите хобија, односно да прави фотографии, да поправа чевли, да шие, да поправа електрични апа-рати, да прави рибарски тапи“.

Инсистирам муабетот да го свртиме кон купчи-њата ламби што не опкружуваат. А, ова е само дел, дојдете да ги видите и другите, вели Добре и тогаш ги обиколуваме трите други простории. Дури по таа кратка прошетка низ трособниот стан, сфаќам дека чичко Нове навистина бил воен старешина, пред кој, и оние со двојно повисок чин, морале да стојат мир-но.

- Ова е само дел од колекцијата на чичко Нове, ми вели „кустосот“Добре, додавајќи дека другиот дел е подолу, во другиот стан на чичко Нове. Тоа сега е стан на син му, кој живее во Лондон, и таму се порепрезентативните примероци на столни ламби.

- Ламби почнав да собирам пред десетина годи-ни, а почнав најпрвин поправајќи ги и реставрирај-ќи ги старите примероци што ги купувам на Циган-скиот пазар, вели нашиот домаќин и додава дека, сега, додека е при свест, сака својата колекција да ја вдоми.

- Би ги продал, ако има заинтересиран купец, ако нема, сакам да ги подарам на Општина Карпош, да се искористат во хуманитарни цели, вели чичко Нове, одново враќајќи се на својата омилена тема- преубавите војнички денови во Карловац, каде и ја завршил својата војничка кариера. Раскажува дека има син и ќерка, и од нив три големи внуци.

- Да ви раскажам нешто и за мојата сегашна со-пруга Елица. Таа останала вдовица во исто време кога умре мојата прва жена. А, за неа ви раскажу-вам, бидејќи јас сум веројатно единствениот маж на светов, кој по вторпат се оженил само со два збора. Ја гледам Елица и и велам, „Би ли ти пошла за мене одма?“ „Би, зошто не би“, рече таа, и така се оженив.

Тетка Елица е навистина симпатична дама, која со насмевка го потврдува раскажувањето на својот Нове, а потоа, кога соседите се разидоа, ни свари убаво ка фе и рече дека и таа му помагала во соби-рањето на овие неброени столни ламби.

На заминување, чичко Нове ми подарува некол - ку од илјадниците тапи поместени во пластични чан- чиња, наредени над висечката кујна.

- Помогнете да ги вдомиме овие прекрасни лам-би на чичко Нове, ми вели неговиот најблизок со-сед, Добре Младеновски. Ќе се обидам, му велам, заминувајќи со мисла дека колекцијата на чичко Нове заслужува внимание на Гинисовата фонда-ција. А за енциклопедијата на Рипли, и да не збору-ваме.

Миле Раденковиќ

Page 26: Карпош Урбан бр.22

26 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

НИЕ ЗА НАСАЛО ЕЛМАЗ, КАЈ СЕ НАОЃАШ...

Горниов наслов е лозинка за секој од вработени-те во локалната самоуправа на Општина Карпош, кога сака на време да стаса на некој состанок или на стан, важен за нејзиното успешно работење. Вто-риот дел од „лозинката“, пак, ја одразува блискоста со Елмаз Амери, еден од службените возачи во Оштината, и без неа, при телефонски повик, тешко дека ќе бидете регистрирани како некој на кој му се брза.

Откако ќе ја слушне лозинката, Елмаз муабетот го крати, со: „А“, „Ахаа“, „Каде“, „Подоцна“, „Кој ти рече“... Ако сте во негова близина, или веќе ве вози некаде, ќе добиете објаснување за она, „па не можам да летам“, со кое скратува нечие инсистирање, „вед-наш да се нацрташ“.

Уредност, точност, и подготвеност за шега, се осо- бини со кои не можат да се пофалат неговите сона-родници од Злокуќани, каде се вбројува во угледни домаќини. Вели дека тие работи ги учел од дома и од повозрасните колеги, возачи. Развојниот рабо-тен пат на Амери е сообразен со пред малку набро-ените особини, што ќе рече дека напредувањето во слу ж бата, од хигиеничар, шеф на хигиеничарите, па до службен возач, не е ни малку случаен.

- Како си тргнал, му велам на шега, еден ден ќе стасаш до шефовска фотелја. Тоа е природен пат на секој совесен работник, ми возвраќа, шеретски сме-ејќи се.

А нашиот Елмаз е навистина домаќин во целосна смисла на зборот. Оженет е со Гордана и на моето прашање, дали и каде таа работи, тој возвраќа. Таа е вработена дома, како и што е ред кога се омажила за способен маж. Кога потоа ќе ви каже дека има две ќерки, Алиса и Рамиза, и двете мажени во Франци-ја, сериозно ќе ви подвлече дека не се шегува.

- Од Алиса имам две златни внучиња, од Рамиза едно, исто така златно, а второто е на пат и ако даде Господ, ќе имаме по две од двете ќерки, што е сосе - ма доволно за современа фамилија.

Наследникот Мухамед е сеуште млад, но веќе е вработен и не му е на товар. „Останува и него да го „туриме во вера“, и потоа Господ нека ни дава здра-вје. Се друго ќе си дојде, како што е пишано.

- Ако ме прашуваш за слободно време, јас и не го имам многу, но кога ќе ми налетa, го користам да помогнам дома, нели ние „папучарите“ си ги почи-туваме своите домаќинки. Прошетките покрај Вар-дар ми се задолжителни, а играм и фудбал.

- Кој ти е најголем пријател во Општината, го прашувам Елмаз.

- Градоначалникот Стевчо, одговара како од топ, а потоа, смеејќи се, додава, Јоце се подразбира, во си- те варијанти на пријателство, ако сериозно ме пра-шуваш.

М. Раденковиќ

- Како си тргнал, му велам на шега на Елмаз, еден ден ќе стасаш до шефовска фотелја. Тоа е природен пат на секој совесен работник, ми возвраќа, шеретски смејеќи се

Page 27: Карпош Урбан бр.22

27КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

МЛАДИТЕ НА ДЕЛО

Во почетокот на октомври, во Стразбур, една од институционалните престолнини на Европа, се одр- жа Светскиот форум за демократија на Советот на Европа, традиционалниот чувар на демократијата и човековите права и слободи. Во текот на една неде-ла, околу 1500 учесници од 120 земји од петте кон-тиненти дебатираа и споделуваа искуства, за локал-ните и регионалните проблеми, но и за глобалните предизвици пред кои е исправено човештвото во 21-от век. Говорници беа еминентни предавачи од ра злични области и со најразлични професии, поли- тичари, активисти, новинари, а на самото отворање се обрати и генералниот секретар на Обединетите на- ции, Бан Ки Мун.

Чест и привилегија да биде дел од овој настан има- ше и нашата сограѓанка, Весна Попоска, магистер од областа на меѓународното право и меѓународните од- носи и еден од најдобрите студенти на својата генера - ција, во Школата за политика на Советот на Европа, која во нашата земја е позната под називот Школа за јавни политики „Мајка Тереза“, при Центарот за истражување и креирање политики. Попоска беше една од најмладите и најактивните учесници на фо-румот и остави свој белег на дискусиите за светска-та демократија, но и да даде насоки за регионалните политички текови.

И покрај фактот што била дел од најразлични обу- ки и образовни програми во Македонија и странство,

ова искуство го оценува како посебно во својата до- сегашна кариера. „Чувството дека сте граѓанин на светот е неповторливо. Пред вашите очи се обедину - ваат сите раси, сите традиционални облеки, во уши- те ви одекнуваат зборови на различни јазици. Од друга страна, имате можност директно да им се обра - тите на најеминентните имиња, да ги прашате за нај- горливите работи. И секако, иако атмосфера беше ев- ропска, дружењето надвор од официјалните настани беше во балкански дух – непосредно, топло и многу весело“

Позитивното искуство од Школата за политика Весна несебично го сподели со нас и со својот сосед и пријател м-р Иван Стефановски кој е дел од новата генерација студенти на школата „Мајка Тереза“ и од кого исто така очекуваме да ги сподели своите иску - ства од следниот Светски форум за демократија.

Посебно, пријатно бев изненадена од реакцијата од босанските колеги, кои, по една моја дискусија во текот на дебатите, ми придоа со забелешка: „Ти си-гурно живееш во Карпош. На прв поглед е очиглед-но од каде доаѓа оваа бунтовност и енергија. Ние бев- ме присутни на доделувањето на наградата на ваши - от Стевчо за најградоначалник. Тој е најдобар и за-тоа и вашата општина изгледа така урбано“, ми ре-коа, ги заклучи Весна своите импресии од Првиот светски форум за демократија.

Ива Манова

На Првиот светски форум за демократија во Стразбур

СЛОБОДАРСКИОТ ДУХ НА КАРПОШ

Page 28: Карпош Урбан бр.22

28 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ЗАПИСОЖИВУВАЊЕ НА ХЕРОЈОТ ПИТУ

Доколку на еден уметник му ги обезбедите нај-оптималните услови за работа, од неговото творе-штво не очекувајте врно уметничко дело, велат дека еднаш рекол генијалниот Леонардо Да Винчи. Сашо Поповски, наш реномиран вајар, не го дели таквото мислење, додека во импровизираната работилница, во глина, го довршува своето најново дело.

- Не ми пречи што наместо подвижното скеле ја користам оваа штица потпрена на две столчиња, бидејќи мотивот да го овековечам ликот на славни-от херој Кузман Јосифовски Питу е поголем од сите субјективни пречки, вели, додека со дрвено ноже ја

извлекува впечатливата аркада над окото на слав-ниот македонски револуционер.

Приказната за нашиот уметник со европска на-образба и балканска душа, како и неговото дело, не е никаква етапа од некоја си урбанистичка мисија од типот „Скопје 2014“, а уште помалку политичко популистички проект на локалната самоуправа на најурбанизираната општина во државата. Таа е кус запис за благородната спрега на идејата на еден уме- тник и желбата на еден градоначалник, ликот и де-лото на еден знаменит маж на овој народ да се ове-ковечи со споменик, достоен на тој лик и тоа дело.

- Да бидам искрен, во креативниот тим при Оп-штината Карпош, каде што бев примен според сите процедури и критериуми, веднаш на почетокот се соочив со дилемата, што навистина ќе работам. Ди-лемата се зголеми кога сфатив дека во урбаните проекти, како што се сега веќе завршените плошта-ди и фонтани, не беа предвидени вајарски елемен-ти, односно, моето конкретно ангажирање. Во тоа време, присуствував на чествувањето по повод го-дишнината од смртта на Кузман Јосифовски Питу, и се запрепастив од сознанието дека на местото на неговото загинување нема никаков белег. И вед-наш, тука, пред очи го видов споменикот на херојот, за кој, на тоа чествување говорниците ми ги осве-жија сеќавањата за Питу. Утредента, рано сабајле отидов кај Градоначалникот, му ја изнесов мојата идеја, и плод на таа средба е ова што го гледате, или поточно, она што за некој месец ќе го видите на ме-стото на кое некогаш загина големиот македонски револуционер, Кузман Јосифовски Питу.

Без помпа и таламбаси, уметникот и градона-чалникот си ги поделиле обврските, и веќе ова лето, во дотраената барака во Карпош, вајарот Сашо По-повски ја создаваше минијатурата на идниот спо-меник. По сплет на околности, потписникот на овие редови, имаше ретка прилика, пред сите други да го види идниот споменик.

- Ако Вашето воодушевување е искрено, и до-колку градоначалникот го сподели со нас, јас рабо-тата сум си ја завршил, ми се довери уметникот. Ако тогаш, и со право се сомневаше во лаичкото вооду-шевување на еден новинар, Сашо Поповски за так-во нешто немаше повод по првото соочување на не-говото минијатурно дело со судот на градоначални-кот Јакимовски.

Овде не станува збор за етапа од некоја си урбанистичка мисија од типот „Скопје 2014“, а уште помалку за политичко популистички проект на локалната самоуправа на најурбанизираната општина во државата, туку за благородна спрега на идеја на еден уметник и желба на еден градоначaлник

Сашо Поповски и херојот

Page 29: Карпош Урбан бр.22

29КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Шкрт на комплименти, градоначалникот не го криеше своето воодушевување. Го разгледуваше во глина оживеаниот Херој, го потапка по рамото уме-тникот, и го запраша кога да очекуваме ова да го ви- диме во вистинска големина? - Од утре почнувам со главната работа, возврати уметникот, a ние по-беднички си заминавме од импровизираното атеље.

Во наредните три месеци бев сведок на балкан-ското проклетство кое му е судено на секој умет-ник, заколнат индивидуалец. Тендери, комисии, аде- кватен простор и материјал, и долги разговори, во кои го убедував дека е тоа нормално, дури и во Кар-пош, во кој за добра идеја секогаш има слух.

Едно утро, при крајот на месец август, уметни-кот ми доаѓа во пресрет со раширени раце. - Бевте во право, но ќе ме разберете зошто бев досадно нетрпелив. Ги завршив сите подготовки и веќе де-нес започнувам со кревање арматура. Во наредните три месеци, речиси ден за ден, навраќав во „ново-то“ атеље, и имав привилегија да гледам како се раѓа уметничкото дело, поточно стамената фигура на го-лемиот револуционер Кузман Јосифовски Питу.

- Сакам да биде во природна големина, токму онаков каков што бил, ми зборуваше Сашо додека жилавата глина је преточуваше во ренесансна кон-дура или рака на револуционерот, стисната во ту-паница.

Првата „инспекција“ се случи кога Питу веќе ја беше зазел позата од еден говор што го држеше пред своите соборци во славната Дебарца. Покрај

градоначалникот, во визита беа повикани и неко-гашните соборци на Питу, другарите Томе Буклев-ски-Маќули и Перо Ивановски-Ти- квар. Уметникот ги прашуваше дали тоа што го гледаат е Питу, и што треба да се коригира тој да биде навистина, каков што го паметат.

Пак си заминуваме воодушевени, а уметникот ос- танува да ги „внесе“ забелешките од најмеродавни-те супервизори.- Уште ми преостанува да го викнам мојот драг професор, оти неговите забелешки се за-кон за сите нас кои вака ги оживуваме нашите славни сонародници, ми се доверува Сашо, додавајќи дека веќе размислува за постаментот и изгледот на прос-торот во кој Питу треба да векува.

- Просторот пред споменикот треба да биде по-плочен со вакви коцки, клупите треба да бидат од железо и дрво, како што биле во тоа време. Околу треба да има класични канделабри, какви што ги има околу руските споменици. Околу нив треба да се насадат диви костени и тоа ќе биде амбиент дос-тоен за херојот Питу. Секаков модернизам и ком-пјутерски маниризам не е дозволен...

- Ако не можете да го замислите ова што ви го зборувам, бидете трпеливи до февруари идната го-дина. Тогаш ќе го видите оживеаниот Кузман Јоси-фовски Питу, ми вели уметникот Поповски, под-готвувајќи се за средба со луѓето што неговото дело треба да го излеат во бронза.

Миле Раденковиќ

Page 30: Карпош Урбан бр.22

30 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 31: Карпош Урбан бр.22

31КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

СПОРТОРАМА

Во спортските сали при основните училишта во нашата општина, без медиумска помпа, и оваа учеб-на година течат натпреварите во училишните лиги во: од бојка, кошарка и фудбал. Во спортска атмос-фера, сле дени од своите спортски учители и верни-те нави вачи, основците, во спомнатите спортови, би-еја жестоки битки за престиж на табелата. Знаејќи дека на крај, на пролет, кога превенствата ќе завршат, најдо брите добиват и вредни награди, најмладите спо-

рти сти не се штедеа. А кои ќе бидат најдобри ќе се знае на крајот на првенството, така што оние кој есенва не заседнаа на врвот на првенствената табе-ла, својата шанса ќе ја чекаат напролет, кога лигите завршуваат. Се разбира, благодарејќи им на колеги-те од Одделението за спорт при локалната самоупр-ва, во можност сме и со задоволство ги објавуваме табелите и постигнатите резултати од првиот дел на спортските училишни лиги во Карпош.

ЗАВРШИ ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ НА УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ЛИГИ

Училиште одиграни натпревари

победи порази нерешено дадени голови

примени голови

бодови

1 ОУ"Владо Тасевски" 9 5 0 4 15 5 192 ОУ "Д. Х. Димов" 8 5 1 2 10 5 173 ОУ "Братство" 9 5 3 1 18 8 164 ОУ "В. Черно дрин ски" 9 4 3 2 21 17 145 ОУ "Братство" 9 5 3 1 18 8 136 ОУ "В. Ц. Трена" 9 4 4 1 18 10 137 ОУ "П. Поп Арсов" 9 3 4 2 10 14 118 ОУ "Ј. А. Коменски" 9 2 5 2 8 17 89 ОУ "Л. Трповски" 8 2 5 1 8 21 710 ОУ "А. Писевски“ 9 1 6 5 8 18 5

Екипа Коло Победи Порази Сет количник Бодови

1 Петар Поп Арсов 7 7 0 197:127 142 Војдан Чернодрински 7 5 2 204:143 123 Димо Хаџи Димов 7 5 2 172:126 124 Владо Тасевски 7 4 3 182:137 115 Вера Циривири Трена 7 2 5 127:147 96 Христијан Тодоровски Карпош 7 2 5 179:204 97 Јан Амос Коменски 7 2 5 121:169 98 Лазо Трповски 7 1 6 119:161 8

Екипа Коло Победи Порази Сет количник Бодови

1 Владо Тасевски 7 7 0 14:0 142 Петар Поп Арсов 7 5 2 10:5 103 Лазо Трповски 7 5 2 11:5 104 Димо Хаџи Димов 7 4 3 9:7 85 Аврам Писевски 7 3 4 7:8 66 Војдан Чернодрински 7 2 5 5:11 47 Братство 7 2 4 5:8 48 Јан Амос Коменски 7 0 7 0:14 0

Фудбал

Кошарка

Одбојка

Page 32: Карпош Урбан бр.22

32 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Колку и да е апсурдно, вистина е дека Македони-ја веќе неколку години нема женска одбојкарска ре-перезентација. Вистина е, исто така, дека во Општи- на Карпош постојат бивши одбојкари, ентузијасти, кои се решени да и го вратат сјајот на македонската женска одбојка, спорт во кој некогаш нашата земја имаше свое место под европското одбојкарско небо.

Еден од оние кој е убеден во таква перспектива на нашата одбојка е и нашиот соговорник, Атанас Фи- липовски, некогашен успешен одбојкар на „Сту-дент„, „Олимпик“, „Вардар“ и „Лирија“, а сега рако-водител и тренер во Одбојкарскиот клуб „Фит фан волеј“.

- Нашиот проект, под ова метафорично име „Фит фан волеј“, го започнавме пред пет години и на пат сме да создадеме база за сите одбојкарски се-лекции. Кога решивме да тргнеме од нула, не раз-мислувавме за објективните пречки, со кои и денес се соочуваме. Едноставно, решивме своето искус-тво да им го пренесеме на младите, заинтересирани и талентирани девојчиња и себе си да се спасиме од губење време во потрага по вработување во струка-

та. Мојот колега, Благоја Ставревски, и јас сме дип-ломирани професори по физичка култура и вистин- ски вљубеници во одбојката, со која долги години професионално се занимаваме.

Така зборува нашиот соговорник, објаснувајќи дека голема вина за формирање на нивен клуб има фор малниот селектор на женската одбојкарска реп-резентација на Македонија, Зоран Чадиев, сопстве-ник на девет шампионски титули со повеќе екипи во земјава. „Од него ги учевме сите тренерски тајни, бидејќи повеќе години бевме негови први соработ-ници. Од него научивме дека само со напорна рабо-та и љубов можат да се постигнат резултати во се-која работа, па и во одбојката“.

Во нашиот клуб активно тренираат над осумде-сет девојчиња на возраст од 9 до 16 години, и сите три наши екипи, веќе се натпреваруваат во држав-ното првенство, а во нашите редови имаме и една репрезентативка. Станува збор за супер талентира-ната Моника Црнокрак, на која, се надеваме, наско-ро ќе и се придружат уште неколку талентирани де-војки. Веднаш да ви кажам дека токму таквиот ин-

Спортски ентузијасти: Атанас Филиповски

ФИТ ФАН ВОЛЕЈ - ОДБОЈКАРСКА АКАДЕМИЈА ЗА ДАМИСо сестрана, пред сè финансиска поодршка на локалната самоуправа, во женскиот одбојкарски клуб „Фит фан волеј“ осумдесет талентирани девојчиња се подготвуваат да го повратат сјајот на македонската женска одбојка

Page 33: Карпош Урбан бр.22

33КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

терес кај најмладите ни дава поттик на работите во клубот да им приоѓаме одговорно и професионал-но.

За наша среќа, во таквите настојувања имаме поддршка од локалната самоуправа, од Општината Карпош и нејзиниот градоначалник Јакимовски, и искрено се надеваме дека наскоро Карпош ќе стане расадник на врвни одбојкарки. Ова не го кажувам од чиста куртоазија, туку со чувство на гордост, би-дејќи таа помош не уверува дека во Општината има луѓе кои знаат дека без вложување во млади и та-лентирани, без оглед во која сфера, нема одење на-пред. Ова чувство е уште посилно кога ќе ви кажам дека ние, од Одбојкарската федерација и од Агенци-јата за млади и спорт не добиваме ниту еден денар.

Јас, лично, не можам да ви ја опишам радоста што ја почуствував кога градоначалникот Јакимовски ни подари шест олимписки топки, онакви со какви што одбојка се тренира и се игра во цела Европа. Добивме нова мрежа и две топки за одбојка на пе-сок, а кога на тоа ќе додадеме дека во салите во ОУ

„Лазо Трповски“ и ОУ „Петар Поп Арсов“ ги имаме сите услови за тренинзи, ќе стане јасно зошто сме оптимисти кога е во прашање проектираната цел.

Колегата Баже работи со младите одбојкарки на ОУ„Лазо Трповски“ , каде што е вработен како на-ставник по фискултура, и тие мошне успешно се натпреваруваат во општинската одбојкарска лига за основци...

Со оглед дека досега, според условите за работа, пред нас беа тимовите од Струмица, Велес и Тетово, во иднина ќе им бидеме достојни конкуренти, а сите заеднички ќе создадеме државна лига со пове-ќе од сегашните четири тима, и автоматски со тоа ќе создадеме играчи за државната репрезентација.

Да не заборавам да споменам, дека неколку го-дини наназад, со тимовите од Струмица и Тетово, секое лето, во Претор организираме еднонеделен летен камп „Бич волејбол“, се повеќе популарната одбојка на плажа.

М. Раденковиќ

Во френетична атмосфера, пред многубројната публика во СЦ „Борис Трајковски“, се одиграа финал - ните натпревари од турнирот во кошарка за средни- те училишта, организиран и финансиран од Општи-на Карпош. Во првиот натпревар за третото место, победи екипата на гимназијата „Орце Николов“ ко-ја со резултат од 65:36 ja совлада екипата на гимна-зијата „Кочо Рацин“. Во финалниот натпревар кој помина во голема неизвесност до последната мину-та, првото место го освоија младите кошаркари на „Георги Димитров“ со тесен резултат од 80:78 про-тив екипата на „Никола Карев“.

За трите финалисти, Општина Карпош обезбеди парични награди од кои првопласираната екипа до-

би награда од 150.000 денари, втората од 100.000, до- дека третопласираната освои 50.000 денари. Општи- на Карпош за сите учесници на овој турнир, исто така, обезбеди кошаркарска опрема (дресови, гаќич-ки и патики). Турнирот беше организиран во рам- ките на манифестацијата „Денови на Општина Кар-пош“ по повод роденденот на Општината – 3 ноем-ври. Локалната самоуправа во континуитет ги под-држува сите спортски настани од различен вид, со цел да ги стимулира младите спортисти, таленти и ентузијасти да развиваат здрави животни навики. Турнирот се одржува по вторпат и има цел да пре- расне во традиција.

И. М. – И. Ѓ.

Средношколски кошаркарски турнир

ПОБЕДНИЦИ МОМЧИЊАТА ОД „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“

Page 34: Карпош Урбан бр.22

34 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ПРОЕКТИ

Со цел да му се помогне на бизнис-секторот и да се зајакне локалниот економски развој, Општина Карпош преку консултантска куќа организира бес-платни обуки за вработените во малите и средни претпријатија кои работат на подрачјето на нашата општина.

Директни бенефити од овие обуки ќе имаат учес- ниците коишто ќе учествуваат на истите, како и ма-лите и средните претпријатија од сите дејности во коишто тие се вработени.

Целна група за која се наменети овие обуки се вра- ботените лица во малите и средните претпријатија, особено оние од секторите маркетинг, продажба и односи со клиенти.

За таа цел се предложени три различни тематски обуки:

Обука за вештини во маркетингот

Во овој курс учесниците ќе се запознаат со цело-сниот процес на маркетинг и колкаво е неговото зна- чење за успехот на фирмите. Тие исто така ќе нау-чат како потрошувачите ги донесуваат одлуките за купување, како да се сегментираат пазарите, како да се таргетираат потенцијалните купувачи и како да се определат инструментите на маркетинг-миксот за таргетираните сегменти.

Овој курс овозможува учесниците да ги сознаат маркетинг-методите кои се применуваат во нивните компании и заедно со другите учесници во групата и тренерот заедно да ги анализираат. Ако учесници-

те доаѓаат од различни организации тогаш тоа е уни- катна можност да се разменат маркетинг-идеи од ра-зличните сектори и индустрии коешто историски се покажало како одличен извор на маркетинг-инова-ции.

Обука за продажни вештини

Овој курс ги опфаќа традиционалните и модер-ните техники за продажба и ги подготвува учесни-ците за упешна продажба во разни сектори: тргови-ја, услужен сектор, производство, како и за Б2Б и Б2Ц сектори. Исто така, по комплетирање на овој курс учесниците ќе бидат оспособени да се справат и со комплицирани продажни сутуации без разлика дали станува збор за мали или големи проекти.

Обука за истражување на задоволството на клиентите

Задоволството на клиентите е најважен нефи-нан сиски индикатор со кој се мери успешноста на ра ботењето на компаниите, особено во услужниот се ктор (ресторани, хотели, кафетерии, и сл.). Задо-волните клиенти прават бесплатна промоција на фирмите. Клучната цел на фирмите треба да биде задржување на лојалните клиенти со што директно се зголемува нивниот профит. Во новото време, за-држувањето на лојалните клиенти е многу поважно од освојувањето на нови.

Обуките ќе се одржат во декември и тоа во след-ните термини:

12.12.2012 година (среда) – од 9.00 до 17.00 часот15.12.2012 година (сабота) – од 9.00 до 17.00 часот

Со овие обуки и сите претходни ре-ализирани проекти, ние како Општина ќе ја заокружиме успе шно годината, за-што знаеме дека придонесовме за раст на локалниот економски развој во Оп-штина Карпош. Индиректно им помог-навме на многу млади невработени ли-ца, млади со голем потенцијал во себе. Помогнавме во формирањето на нови бизниси и секако ги одржуваме посто-ечките.

Александра Теова

БИЗНИСМЕНИТЕ ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ВО МАРКЕТИНГОТ

Page 35: Карпош Урбан бр.22

АКЦЕЛЕРАТОР УСЛУГА - ПСМ СТАРТАП ПРЕДИЗВИК

ПСМ Фондација (www.yes.org.mk) и Општи-на Кар пош ви го најавуваат почетокот на про-ектот “Акцеле ратор услуга-ПСМ стартап предизвик”. Проектот вклучува селекција на 20 млади луѓе од Општина Кар пош (преку отворен конкурс), кои ќе поминат 3 ме сеци во ПСМ Акцелераторот каде ќе добијат бес-пла тен простор за работа, совети од ментори, можност за вмрежување со потенцијални ин-веститори и средби со ус пешни претприе ма-чи кои ќе им помогнат да се соо чат со пре диз-ви ците во текот на престојот. Понатаму, по изминување на периодот од 3 месеци, врз ос-нова на различни параметри за развој (ге не-рирани прихо ди, склучени договори, ква ли-тет на понудените услуги итн.), тројца та нај-

успешни учесници ќе бидат на гра дени со на-граден фонд во износ од 120 000 денари.

Проектот има за цел да овозможи соодвет-ни ресур си на младите кои веќе работат одре-дена форма на ус лужен бизнис, но сеуште не-маат регистрирано своја компанија. Со ова би се создала нова генерација на претприемачи, кои понатаму би биле идни работодавачи и би креирале работни места во заедницата.

Сите заинтересирани за учество треба да се прија ват на [email protected] со пополне-та апликација најдоцна до 20 декември 2012 година.

*Апликацијата можете да ја најдете на веб страната на ПСМ Фондација www.yes.org.mk

Page 36: Карпош Урбан бр.22

МОНТЕСОРИМОНТЕСОРИМОНТЕСОРИМОНТЕСОРИМОНТЕСОРИМОНТЕСОРИ ВО КАРПОШ ВО КАРПОШ ВО КАРПОШ ВО КАРПОШ ВО КАРПОШ ВО КАРПОШ