36
Весник на локалната самоуправа февруари 2013 бр. 25 година 5 КАРПОВ ВО КАРПОШ ГРАЃАНИТЕ ГО ИЗБИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Карпош Урбан бр.25

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Карпош Урбан бр.25

Citation preview

Page 1: Карпош Урбан бр.25

Весник на локалната самоуправафевруари 2013 • бр. 25 • година 5

КАРПОВ ВО КАРПОШ

ГРАЃАНИТЕ ГО ИЗБИРААТ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Page 2: Карпош Урбан бр.25

2 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 3: Карпош Урбан бр.25

3КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

окус ОД МОЈ АГОЛСтевчо Јакимовски

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГО ИЗБИРААТ ГРАЃАНИТЕ

Зад нас оставаме четири години од растот и развојот на Карпош. По што ќе ги паметите?

- Пред четири години почнавме со големи пла-нови, кои беа сериозна обврска и долг кон жители-те на Карпош. Но, не се уплашивме. Во големата „битка“ за нов, европски Карпош, тргнавме заедно: граѓаните на Карпош и локалната самоуправа како најблиска до нив. Во неа се водевме од геслото: „Ве-тено-сторено“. Имавме дадено многу ветувања и тргнавме едно по едно да ги остваруваме. Успеавме во тоа и ги надминавме. Изградивме општина која стана најпосакувано место за живеење во Скопје и во државата на што лично сум многу горд.

Се обидовме да имаме слух за секојдневните по-треби и проблеми што ни ги посочуваа граѓаните би ло да станува збор за комунални прашања, одо-бренија за градба, за образованието и згрижување-то на нашите деца, за соци јал ната несигурност, за културните потреби за спо ртот, но оставивме прос-тор и за разонода. Посакував благосостојба и ми-рен живот за секое семејство во Карпош.

Не запоставивме ниеден сегмент од живеењето. Се грижевме за културата, преку „Карпошовото културно лето“, но и преку бројни други културни манифестации, ликовни настани, драмски претста-ви, концерти. Спортот, како најспортска општина ни е меѓу врвните приоритети. Освен училишните спортски игри, востановивме и шаховски турнир „Опен Карпош“ кој стана настан со светско реноме.

Најголема грижа и внимание посветивме на на-шите сограѓани кои се во тешка материјална по-ложба, болни или немоќни. Карпош е прогласена за Општина со најголема социјална инклузија, со нај-висока транспарентност, енергетски најефикасна. Сето тоа го видоа и другите, компетентни органи-зации и институции, и ни оддадоа признанија. Се прочувме и надвор од земјата. По добро, се разби-ра. Се вброивме меѓу најуспешните општини во Ју-гоисточна Европа.

Карпош се стекна со ИСО меѓународен сертифи-кат за своето работење, како резултат од квалите-тот на дадените услуги на граѓаните. Нашиот напор и постигнувања, најмногу ги забележавте Вие граѓа-ните од Карпош кои се изјаснивте дека сте најзадо-волни од сработеното во локалната самоуправа, ме-ѓу сите општини во државата, и дека Карпош го пре- порачувате како добро место на живеење. Донесовте одлука да се кандидирате повто-

рно за градона ча лник. Што ве во де ше кон таа од-лука?

- Ме водеа гра- ѓаните на Карпош и желбата за убав и просперитетен Карпош. Јас чети-ри години сум во постојан контакт со нив. Ги знам нивните желби и потреби. Јас сум дел од нив. Тие во 2009 година веруваа во мене, ми дадоа доверба и мислам дека неа ја оправдав. Сега решив уште ед-наш да ја побарам довербата и да продолжиме по започнатиот пат. Граѓаните сега имаат избор меѓу три кандидати, мене, г-ѓата Куновска и Андреј Пе-тров. Добро е што се кандидираше и Андреј Петров, човекот што јас го поставив за градоначалник. Ре-зултатите од моето и неговот работење им се позна-ти на граѓаните на Карпош. Интересно е што граѓа-ните на Карпош покрај визијата која е битна за по-беда ќе може да употребат и компарација. Тоа е нивно легитимно право кое може да го искажат на 24 март. Искрено верувам дека ќе го направат ви-стинскиот избор и ќе оценат кој во иднина најдобро ќе им ја води Општината. Кој се Вашите идни визии за Карпош?- Во идниот период Карпош ќе се фокусира на

капитални проекти, меѓу кои, на прво место е Оп-штината. Тоа е нешто, што според нашите анкети, е од животен интерес за граѓаните бидејќи директно го засега домашниот буџет на секој жител на Кар-пош. Стандардот на граѓаните, во овие тешки еко-номски времиња е сериозно паднат и секоја за ште-да на трошоци и енергија, од витално значење за нив. Ни претстои разубавувањето на Карпош, об-нова на сите стари фасади, на подигнување на еко-лошката и енергетската свест. Мојата визија е сите улици да бидат „цветни алеи“. И натаму ќе градиме нови улици, нови згради, ќе ги привлечеме сите ин-веститори кои ќе вложат во економскиот проспери-тет и развој на нашата општина. Треба да се отвора-ат уште работни места, треба да имаме вработени и среќни граѓани. Затоа ќе даваме поволности за оние кои ќе инвестираат во нашата општина и ќе врабо-туваат наши граѓани. За тоа имам и визија и про-грама.

Сакам сите заедно да опстоиме на вистинскиот пат. Патот кон прогресот. Знам дека предизвиците се големи, но нашиот ентузијазам и амбициите се уште поголеми. Затоа сум убеден дека со граѓаните ќе продолжиме напред во изградбата на уште помо-дерен и поубав Карпош.

Виолета Цветковска

Page 4: Карпош Урбан бр.25

4

Издава Општина Карпошул. „Демир Трајко“ бр.43

1000 Скопје, Р. Македонија

тел.: 02 / 30-61-353

факс: 02 / 30-68-416

[email protected]

www.karpos.gov.mk

Издавачки советСтевчо Јакимовски

Даница Мартиновска

Димче Мешковски

Главен и одговорен уредникВиолета Цветковска

[email protected]

УредникМиле Раденковиќ

[email protected]

РедакцијаЖивко Трајановски

Ива Манова

Игор Ѓуровски

Елена Кузмановска

Технички уредникЗоран М. Гулевски

ЛектураЖивко Трајановски

Ангелина Николовска

ФотографијаИва Манова

М. Раденковиќ

4

РАЗГОВОР

Сашо Поповски, скулптор автор на споменикот на Кузман Јосифовски Питу

БИ САКАЛ ДА ГО „ОЖИВЕАМ“ ПАРТИЗАНОТ КАРПОШ

СПОРТОРАМА

ТОЉА КАРПОВ ВО КАРПОШ

АКТУЕЛ

ЈАКИМОВСКИ ВО ОДБРАНА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Весник на локалната самоуправафевруари 2013 • бр. 25 • година 5

КАРПОВ ВО КАРПОШ

ГРАЃАНИТЕ ГО ИЗБИРААТ

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

..................................................... 6

ТРЕТО ДОБА

НОВО КАТЧЕ ЗА ДРУЖЕЊЕ..................................................... 23

....................................................... 16

...................................................... 30

ВО ОВОЈ БРОЈ

ЕСЕЈКОГА СЈААТ КАМЧИЊАТА................................................... 20

Page 5: Карпош Урбан бр.25

5КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

КОЛУМНА

Во далечната 1964 година, по неколкукратно селење, бидејќи куќата во Ибни Пајко за време на земјотресот ни се сруши, се вдомив во Тафталиџе. Иако многу мал, ги паметам неасфалтираните тафталиџански сокаци со чакал, а ме-ѓу нив дрвените бараки од Финска и Норвешка. По неколку години, се стави пр виот асфалт кој во 40-ината години беше многу пати преоран и прекопан. Де нес, улиците и тротоарите во мое Тафталиџе се како во Америка и во Јапони-ја каде што живеев извесно време. Широки и пространи. Да ти е мерак да одиш и да возиш по нив.

Првите чекори во моето најомилено хоби – спортот, ги направив на тафта-лиџанските полјани на кои „садевме“ кошеви или стававме камења за да игра-ме фудбал. Во 2000 година бев на студиски престој во Италија, и кога се вратив оттаму, на тогашниот и сегашен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски му кажав дека во тоа мало универзитетско гратче во кое извесно време живеев, во кој било правец да тргнеш, за пет минути ќе налеташ на спортско игра-лиште, под рефлектори на кое можеш да спортуваш кога сакаш. И види чудо, по неколку години во Карпош никнаа десетина осветлени спортски терени, баш исти онакви какви што имаше во Витербо.

Моја особена страст е реката Вардар, на чии плажи своевремено со татко ми и брат ми сум се бањал. За жал, долги години Вардар беше целосно запуш-тен и препуштен на забот на времето. За среќа, некому му текна да направи пе-шачка патека и патека за велосипеди и скејборди, и буквално да не врати покрај коритото на нашата најголема река.

Основното образование го стекнав во „Братство“, таму извесно време ста-жирав и како наставник, а таму завршија и моите деца. Училиштето го гледав 40-ина години како тоне во својата монтажна конструкција. И повторно се нај-де човек кој од ова, но и од сите други основни училишта на територија на Кар-пош направи вистински образовни храмови за учениците. Места во кои во светски услови ќе го стекнуваат своето образование. Ваква инфраструктурна револуција на училишта не верувам дека се случила на дуго место за само една година. И пак-Стевчо.

Не помалку важен е фактот што Карпош е единствена општина во која не се плаќа за паркинг простор, односно не се собира арач од неговите граѓани. Во ваква тешка економска состојба, тоа не е за потценување. Погледнете ги Кисела Вода, Центар и другите скопски општини. И да сакаш да платиш паркинг теш-ко ќе најдеш место.

Порано, естрадните имиња како Влатко Стефановски, Кемал Монтено, Хари Мата Хари, Биља Крстиќ, Игор Џамбазов и многу други, можевме да ги гледаме само во Универзална сала или во МНТ, со платени влезници. Денес додека шетате покрај Вардар, летно време може, онака лефтерно, без посебно подготвена тоалета, да си седнете покрај кејот и да уживате во нивните интерпретации.

Е, ЗАРАДИ СЕТО ТОА, ВРЕДИ ЧОВЕК ДА СЕ БОРИ ЗА КАРПОШ. Не навлегувајќи во политичката ситуација во земјата поврзана со локалните избори, безрезервно ја прифатив поканата од актуелниот гра-доначалник на Општина Карпош да се кандидирам за советник во нашата општина. Ако не повеќе, барем до толку можам да помогнам да го задржиме Карпош како слободна територија во која нема да влезат ки-чот, урбаната мафија, платените паркинзи, партиските вработувања и неефикасноста на институциите.

Затоа мислам дека во моментот граѓаните на Карпош треба да се обединат околу граѓанскиот концепт на актуелниот градоначалник, кој, заедно со својата кандидатура, поднесе и листа на кандидати за сове-тници која е огледало на населението во Карпош по секоја основа: територијална, етничка, професионал-на, полова и т.н.

Е, заради сето тоа, верувам во довербата на граѓаните и во победатa која на Карпош ќе му овозможи и натаму да се развива како најдобра и најпосакувана општина за живеење во Република Македонија.

ЗОШТО СЕГА ВРЕДИ ЧОВЕК ДА СЕ БОРИ ЗА КАРПОШ?

Скоро 50 години жи-веам во Тафталиџе и

мислам дека ова е ис-ториски момент во кој нашата општина треба

да ја одбраниме од кичот и невкусот, од

урбаната мафија и од оваа насилна власт која во изминатите

години секојдневно 24/7 ги манифестира-ше својата бруталност

и недоветност

Пишува: проф. д-р Зоран Т. Поповски

Page 6: Карпош Урбан бр.25

6 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Глигор Чемерски, академик, ликовен уметник

ТАКОВ ГЕСТ БЕШЕ ПОТРЕБЕН

- Јас лично, сметам дека беше потребен еден та-ков гест. Јас не сум политичар, меѓутоа сметам дека апстиненцијата ќе донесе само неприлики на оваа општина. Мислам дека основен потег што требаше да го направи опозицијата, гледајќи ја како нејзина обврска да ги заштити општините, граѓаните, беше очекувано да се излезе на претстојните локални из-бори, а што прави надвор од тоа, тоа е нејзина ра-бота. Меѓутоа, се работи за дел од нејзината програ-ма, па опозицијата е одговорна во добра или во лоша насока. Ви велам, јас зборувам како човек кој не е вклучен во политиката, меѓутоа,- јас сум човек

АКТУЕЛ

Кандидатурата на Стевчо Јакимовски за нов мандат, две недели пред опозициската СДСМ да го напра-ви истиот чекор,предизвика различни реакции во пошироката јавност во државата. Со цел да го слушне мислењето на граѓаните, меѓу кои и видни јавни личности, Редакцијата на весникот Урбан, спроведе анке-та, поставувајќи им го прашањето: Што мислите за одлуката на Стевчо Јакимовски да се кандидира за гра-доначалник на Општина Карпош?

Анкетата е правена пред одлуката на Црвенковски, под притисок на претставниците на ЕУ, сепак да се откаже од бојкотот на локалните избори.

ЈАКИМОВСКИ ВО ОДБРАНА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Page 7: Карпош Урбан бр.25

7КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

со доволна политичка култура. Како граѓанин на Македонија, сметам дека самите избори се како не-кој вид огледало, обврска и начин да се изрази граѓанското право. Тоа што го презема опозиција-та, тоа е нејзина одговорност и ако смета дека тоа ќе и донесе победа, в ред. Меѓутоа, големата шанса е испуштена и мислам дека кризата веќе е двојна.

Во секој случај, сметам дека овој гест на градо-началникот Јакимовски е не само спонтан, туку и промислен, со одговорноста и со последиците што доаѓаат. Сметам дека е во полза на граѓаните на Општина Карпош,бидејќи имаат можност да се из-разат, со кој вид на политика и политичка иднина ќе живеат.

Силјан Цабески, жител на МЗ Карпош 2

ОДЛУКА ЗА ДЕМОКРАТСКИОТ ИМИЏ НА ДРЖАВАТА

- Лично мислам дека досега, меѓу градоначални-ците на Општина Карпош немало политичар и стратег каков што е господинот Стевчо Јакимовски. Неговата определба, повторно да се кандидира, е вистинска одлука која ќе остане во меморијата на

граѓаните на Карпош и на Р. Македонија, за тоа, што значи да бидеш визионер, лидер и борец за интере-сите на Општината како и за демократскиот имиџ на државата. Навистина е штета што неговиот при-мер не го следеа и некои други актуелни градона-чалници.

Јово Гиновски, претседател на ЗП “Карпош”

ГРАЃАНИТЕ ГО САКААТ ЈАКИМОВСКИ...

Го оправдувам потегот на господинот Стевчо Ја-кимовски. Сметам дека правилно размислува би-дејќи оваа одлука е во служба на народот, односно на Општината Карпош, за којашто навистина чети-ри години многу вложил. Тие проекти, со неговото некандидирање за градоначалник на Општината, ќе бидат голема загуба за Општината и за сите нас. Му честитам на одлуката за кандидирање за градона-чалник на Карпош, и сметам дека сигурно ќе ја има поддршката на граѓаните. Општината Карпош го сака Стевчо, а Стевчо ја сака Општината.

Page 8: Карпош Урбан бр.25

8 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Биљана Ванковска, универзитетски професор

ГРАЃАНИТЕ ИМАТ МОЖНОСТ ЗА ИЗБОР

Генерално, жалам што опозицијата се одлучи на бојкот со што ги потцени локалните избори, а со тоа и локалната демократија и граѓаните во нивни-те помали заедници. Тие заборавија дека локалната самоуправа е темелна вредност на уставниот поре-док, а јас би рекла и темелот на тој поредок. Во неа е вградена идејата за децентрализација на власта, која се носи поблиску до граѓаните. Затоа, задача на локалната самоуправа е да биде противтежа на централната власт, која е обично подалеку но и по-отуѓена затоа што е фоксуирана на државно ниво, од кое понекогаш не се гледаат посебните и специ-фичните интереси на граѓаните таму каде што жи-веат. Со оглед на тоа што г-нот Јакимовски не се от-кажа од социјалдемократската позиција, туку обра-тно, СДСМ го исклучи од своите редови, сметам дека неговата кандидатура е сепак нудење избор на граѓаните од Општина Карпош, особено на оние кои не се симпатизери на десната опција и/или се задоволни од својата досегашна локална власт. Не-говата битка нема да биде лесна, особено сега кога е

јасно дека опозицискиот фронт е дециден дека нема да оди на локални избори, ако не добие гаранција за предвремени парламентарни избори. Парадоксал-но е на лидерот Црвенковски да му е поблизок сојузник Љубчо Георгиевски, отколку луѓето кои имале храброст да му се спротивстават, но не ја на-пуштиле левата идеолошка позиција. Сега граѓани-те на Карпош треба да бидат главните арбитри за работата на досегашниот градоначалник, и се наде-вам дека тоа ќе го прават низ призма на сопствени-те интереси, а не заради лојалност на една или дру-га партија. Како граѓанин на општината и самата сум била во позиција да гласам за кандидати со раз-лична идеолошка провиниенција (за локални и претседателски избори), затоа што поважни ми се квалитетите на кандидатите и нивните резултати, отколку партиските бои.

д-р Нелко Стојаноски, универзитетски професор во пензија

СТЕВЧО Е ЕТАЛОН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

Рекреацијата и пешачењето се мое хоби и затоа често шетам низ реконструираниот кеј на Вардар, уживам во педантното хортикултурно средување на мојата општина. Стевчо Јакимовски го направи Карпош да биде излог и витрина што ќе го следат

Page 9: Карпош Урбан бр.25

9КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

сите останати општини во Македонија. Карпош е посакуван и следен пример од сите, со средени ко-мунални, здравствени, образовни институции, општина во која е привилегија да живееш и сето тоа благодарение на градоначалникот Стевчо Јаки-мовски.

Проф. д-р Никола Петров

ГЕСТ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ И ПАМЕТЕЊЕ

Јакимовски го познавам многу одамна, уште кога беше младински функционер во Белград. И то-гаш беше интелигентен и комуникативен, заради што, подоцна не бев изненаден што стана успешен министер и градоначалник. Посебно би го истакнал неговото успешно водење на Општината, особено во нејзиното инфраструктурно уредување и разу-бавување. Како непосреден и мошне срдечен во контактите со граѓаните, тој успеа и нив да ги моти-вира заеднички да се грижат за сите работи во Општина Карпош. Токму заради тоа, таа е и една од најдобрите општини во државата.

Сакам да нагласам дека неговата когнитивна и социјална интелигенција даде и ќе дава ефекти во раководењето со Општината. Имено, неговата од-лука да се кандидира, спротивно на одлуката на

СДСМ, да се бојкотираат локалните избори, сметам дека е мотивирана од неговите ветувања на граѓа-ните. Замислете, како би изгледало Јакимовски и За- ев, најуспешните градоначалници во Р. Македонија, сега на „тацна“ да им ги отстапат завршените и но-возапочнатите проекти во нивните општини. Тоа не би било во ред, не само заради нив самите, туку и поради граѓаните кои од нив очекуваат и нови проекти во функција на севкупно поубаво живе-ење. Лично го поздравувам гестот на Јакимовски.

Проф.д-р Јасмина Делчева - Диздаревиќ

ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ НАС

Сметам дека градоначалникот на Општина Кар-пош донесе правилна одлука за нас граѓаните. Се-која друга одлука би била непотребна авантура, а губитници ќе бидеме ние самите. Се надевам и са-кам да верувам дека без разлика на политичката оп-ределба, г-дин Стевчо Јакимовски  ќе биде поддр-жан од сите нас, за нашето добро, за доброто на оп-штината.

Така мислам како жител на Општината која со право го носи епитетот најдобра во Р. Македонија.

Page 10: Карпош Урбан бр.25

10 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Илија Николовски, генерал во пензија

ЈАКИМОВСКИ ЌЕ ПОБЕДИ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ

Мислам дека тоа е рационално решение, особе-но што Стевчо Јакимовски е еден од најдобрите гра-доначалници во Република Македонија. Затоа што граѓаните на Општина Карпош очекуваа дека тој ќе се појави како кандидат за градоначалник на Кар-пош и ќе беше голема штета доколку тој не се поја-веше како кандидат. Бидејќи најголемиот дел од граѓаните на оваа општина не можат да замислат, некој друг да ја менаџира локалната самоуправа, особено што има проекти кои тој лично треба да ги заврши, и затоа тие очекуваат дека Јакимовски ќе победи на претстојните локални избори, воедно и дека овие проекти ќе бидат реализирани. Јас се дви-жам меѓу повозрасни луѓе, особено пензионерите, и гледам дека актуелниот градоначалник на Карпош, ужива голема поддршка кај нив. Во оваа политичка ситуација, дали е тоа рационално или пак не е ра-ционално, јас лично сметам дека опозицијата тре-баше да најде решение за тие неколку градоначал-

ници кои се сигурни кандидати за нов мандат, да се изнајдеше некаков модус и сеуште мислам дека тие клучни места, опозицијата не требаше да ги ис-пушти.

д-р Татјана Стојаноска Иванова, универзитетски професор

ПОСАКУВАМ ЈАКИМОВСКИ ДА ОСТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК

Карпош како општина е еклатантен пример за урбана, средена и развиена општина. Општинскиот татко, со севкупниот потенцијал, со постојаните прогресивни идеи и активности го ставаат на пие-десталот на најдобри и најпосакувани градоначал-ници.

Заради инвестирањето во капацитети и објекти со кои ќе се олесни и ќе се збогати квалитетот на животот на жителите на Ка р пош, со разубавување на стотици катчиња за спо ртски и културни актив-ности, посакувам и сметам дека Стевчо Јакимовски треба да биде градоначалник на Општина Карпош, за доброто и за просперитетот на сите карпошовци.

Page 11: Карпош Урбан бр.25

11КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Џевдет Хајредини, поранешен министер и актуелен аналитичар

ЈАКИМОВСКИ МИСЛИ НА ГРАЃАНИТЕ

Господинот Стевчо Јакимовски добро го позна-вам и лично високо го ценам. Неговата одлука пов-торно да се кандидира за градоначалник, и тоа на-спроти одлуката на раководството на СДСМ, во овој момент во прилог му оди на Груевски. Јакимов-ски е еден од ретките функционери на СДСМ кој, во своите многубројни колумни, најостро и со пра-во го критикуваше ВМРО и посебно Груевски. Се сомневам во вистинитоста на гласините дека меѓу нив има некаков политички дил. Познавајќи го Ја-кимовски, убеден сум дека неговиот мотив се граѓа-ните на општината во која и самиот живеам, и која е една од најуспешните во Македонија.

Впрочем, заради тоа, Груевски за противканди-дат на Јакимовски ја истопори Јагнула, „чиста нула“, да не кажам некој потежок збор. Да сакаше вистин-ски да му се спротивстави на Јакимовски, Груевски ќе излезеше со некој посаглам кандидат. Значи, тој однапред ја жртвуваше Јагнула. Лично се плашам од можноста, под притисокот на меѓународниот фактор, СДСМ да се врати во „игра“ и токму во Карпош да истакне свој кандидат. Замислете ја так-вата, за нас, катастрофална ситуација...

Мурат Сулејманов, жител на Злокуќани

ТОА Е ПОТЕГНА ВИСТИНСКИ ЧОВЕКОЉУБЕЦ

- Најпрвин да кажам дека ми е чест што ме пока-нивте да учествувам во една ваква анкета, посебно што сум од Злокуќани, населбата којa заличи на пристојно место за живење, благодарејќи му токму на големиот човек Стевчо Јакимовски. Неговиот потег е храброст за оние што не го познаваат, за нас Ромите тоа е сосем очекуван гест на човек кој ми-сли на граѓаните.

Граѓаните од Карпош, а посебно ние од Злокуќа-ни знаеме што добивме со г. Јакимовски и свесни сме што можеме да загубиме доколку тој не се кан-дидираше за нов мандат. Сега во нашата населба нема кал и безделничење на млади луѓе. Благодаре-ние и на грижата на градоначалникот, посебо за нас Ромите, но и за сите социјално загрозени гра ѓани, голем број луѓе од Злокуќани денес одат на работа.

Ние сме горди што имаме ваков градоначалник и можам да порачам дека нашата поддршка, во до-бро и во лошо му е загарантирана. Ако не ми веру-вате, прашајте ги и другите од Злокуќани.

Page 12: Карпош Урбан бр.25

12 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Петар Узунчев, пензионер, поранешен функционер во Општина Карпош

НАРОДОТ ГО САКА СТЕВЧЕ

Мислам дека потегот на Јакимовски, повторно да се кандидира за градоначалник, независно од ставовите на „централата“ на СДСМ и здружената опозиција, е храбар и чин за почит, својствен на мал број актуелни политичари. Времето во кое жи-вееме, од аспект на внатрешните состојби и очеку-вање милост од ЕУ и НАТО да ни дозволи да излез-еме од „чекалната“, бара токму луѓе со визионерски сфаќања и дејствувања.

Јас сум народен човек, се движам меѓу голем број граѓани и пријатно се чувствувам кога слушам дека за некого убаво се зборува. А за Стевче, на се-каде низ општината убаво се зборува. Се разбира дека е тоа логична последица на она што тој го на-прави и го прави за граѓаните на Карпош. Пред конкретно да ви одговорам на вашето прашање, са-кам да нагласам дека нема сфера во нашето опш-тествено живеење, од инфраструктурата, преку, об-новата на училиштата и градинките па до целосна-та поддршка на културните содржини, уметниците и спортистите, и стимулирањето на талентираните ученици, во која градоначалникот не дал свој при-донес.

Значи, неговиот потег да се кандидира наспроти инаетот на Б. Црвенковски, кој го поддржува една мала група од неговото потесно окружување, го

сметам за исклучително храбар и се надевам дека г. Јакимовски ќе го издржи силниот притисок, што го врши „централата“ врз своите членови и симпати-зери, наложувајќи им да не излезат на претстојните избори. Лично очекувам дека во наредниот мандат градоначалникот Јакимовски ќе го реализира даде-ното ветување, во нашата општина заеднички да изградиме дом на пензионери.

Димитар Димовски, претседател на ЗП “Тафталиџе”

ЈАКИМОВСКИ ЗАСЛУЖУВА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ

- Тоа е одлука за почит, која наиде на одобру-вање кај најголемиот број од граѓаните на Општина Карпош, кои се убедени во менаџерскиот и лидер-скиот капацитет на г. Јакимовски и со задоволство посакуваат тој, уште еден мандат да биде на чело на една од најуспешните општини во Р. Македонија.

Да не се случеше такво нешто, во прашање ќе беше доведена реализацијата на повеќе проекти кој ги започнаа градоначалникот и локалната самоу-права.

Токму заради тоа, сметам дека ваквата негова оп-ределба е во интерес на граѓаните на Општина Кар-пош, која, се надевам, ќе биде потврдена на 24 март.

М. РаденковиќЖ. Трајановски

Page 13: Карпош Урбан бр.25

13КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

СОРАБОТКА

ВО ЧЕСТ НА „КРТОТ И ПРИЈАТЕЛИТЕ“Амбасадорот на Чешка во „Коменски“

На 27 февруари, чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш, беше гостин на ОУ „Јан Амос Коменски“ во Општина Карпош. Повод за оваа посета беше про-моцијата на чешкиот култен цртан филм „Кртот и пријателите“. Кртот е анимиран лик во серијата цр-тани филмови, создадени од чешиот аниматор Зде-нек Милер во далечната 1956 година. Специфични-от карактер на главниот лик во тој цртан филм, не-говата добрина, наивноста и снаодливоста, беа главната причина за неговата планетарна популар-ност. Анимираните филмови со Кртот се вброени меѓу најпопуларните цртани филмови во Кина, Ин-дија и Јапонија, што дополнително ја потврдува ге-нијалноста на неговиот творец.

По истиот повод, во холот на училиштето беше отворена и ликовна изложба од 40 колорни фото-графии од споменатиот филм и творештвото на Милер. Изложбата ќе трае до 10-ти Март годинава. Во оваа пригода, чешкиот амбасадор и директорка-та на училиштето г-ѓа Емилија Арсовска договорија нови заеднички проекти, преку кои ќе се афирми-раат воспитно-образовните достигнувања на че-шкиот и на македонскиот народ.

Page 14: Карпош Урбан бр.25

14 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

На 25 февруари, во населбата Козле, на местото каде што во далечната 1944 година загина Кузман Јосифовски - Питу, свечено беше откриен новиот споменик на овој истакнат македонски револуцио-нер. На ова големо чествување, во организација на Опш тинскиот одбор на СЗБ од НОАВМ на Карпош и Општината Карпош, многубројни граѓани, боре-чки делегации и членови на семејството на големи-от борец за самостојна Македонија и антифашист, положија букети свежо цвеќе. Носителот на „Пар-тизанска споменица“, проф. д-р Трајче Грујоски, пред присутните, своите соборци и претставници-те на локалана самоуправа, одржа пригодно об-раќање, осврнувајќи се на животот и делото на го-лемиот револуционер и херој, кој луѓето го нареку-вале „Новиот Гоце Делчев“. - Кузман Јосифовски Питу е роден на 15 јуни 1915 година, како второ, од петте деца на таткото Цветан и мајката Лефта, во време кога туѓи војски војувале низ Македонија. Уште како студент на Правниот факултет во Бел-град, истакна проф.д-р Трајче Грујоски, Кузман Јо-сифовски –Питу станал комунист, а член на КПЈ од 1938 година.

Тој и неговата генерација интелектуалци први ја осознаа судбината на македонскиот народ и согле-даа дека КПЈ може да вети и да обезбеди национал-

на слобода и рамноправност. Питу ја оспособи За-падна Македонија за првата слободна територија по распадот на Кралството Југославија, новата дел-ба и фашистичката окупација на Македонија. Беше член на првиот состав на ЦК КПМ, на Главниот штаб на Македонија. Сепак, негов најголем придо-нес се подготовките за конституирање на самостој-на Република Македонија, сонот на сите генерации Македонци, истакна Грујоски. Во илегала, кога во Скопје газеше бугарската фашистичка чизма, тој ги координираше врските на територијата на Македо-нија и работеше на подготовките на Првото заседа-ние на АСНОМ. Но, тоа го осозна и бугарскиот окупатор кој душмански го уби токму на ова место, рече Грујоски. Говорејќи за сите контроверзи, кои злонамерните се обидоа да ги прилепат за име то и делото на овој национален херој, професорот Гру-јоски, ги спомна конструкциите на врховистичката ВМРО и Ванчо Михајлов, минимизирање на улога-та на комунистите кои денес се рефлектираат во нивното „Скопје 2014“, каде што немаше место за споменик на Кузман, а не се споменува ниту првиот македонски генерал Михаило Апостолски.

На крајот од своето инспиративно излагање, проф- д-р Грујоски се заблагодари на академскиот скулптор Сашо Поповски, на Општина Карпош и

ПРАЗНУВАЊА

СПОМЕНИК НА ХЕРОЈОТ КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ

Во Карпош

Page 15: Карпош Урбан бр.25

15КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

на градоначалникот Стевчо Јакимовски, како и на Општинскиот одбор на СБМ, на чело со Наум Буре-ски што собраа сила и средства да го изградат овој споменик.

- Општина Карпош има три свети места: Мана-стирот „Свети Пантелејмон“ од 12 век, споменикот на Првиот скопски партизански одред и ова место местото на загинувањето на великанот Кузман Јо-сифовски Питу, рече градоначалникот Стевчо Јаки-мовски, обраќај ќи им се на присутните. Овие свети места ние треба и натаму да ги чествуваме и да овозможиме гра ѓаните да се собираат и да се потсе-туваат на големото дело на Кузман Јосифовски Питу, кој својот живот го положи на олтарот на слободата на 25 февруари 1944 година, нагласи Ја-кимовски и додаде; Ова место уште ќе се развива, ќе изградиме фонтана, а со неговото блаженство, архиепискот Охридски и македонски, договорено е тука да се изгради и црква која ќе се вика „Свети Кузман и Дамјан“. Општина Карпош и натаму ќе ги негува традициите на НОВ, ќе дава свој придонес во развојот на Општината, градот Скопје и на Репу-блика Македонија, заклучи градоначалникот на Општина Карпош.

По завршувањето на свеченоста по повод от-кривањето на споменикот, во Кинотеката на Маке-донија се одржа трибина за ликот и делото на рево-луционерот К. Ј. - Питу. На трибината, што ја отво-ри претседателот на Општинскиот одбор на СЗБ од

НОАВМ Наум Бурески, учествуваа голем број ак-тивисти на боречката организација, соборци на Кузман, историчари и други граѓани. Во оваа при-года, спомени за ликот и делото на херојот, евоци-раше неговиот соборец и еден од најстарите рево-луционери во Македонија Перо Иваноски - Тиквар.

„Го познавав од најмладите години. Се друже-вме, соработувавме и постојано бевме заедно. Тој беше човек кој оставаше силен впечаток кај сого-ворниците и голема доверба кај сограѓаните, особе-

но кај младите, заради што кон народноослободи-телното движење се приклучуваа многу нови луѓе. Особено е значаен неговиот придонес за проширу-вањето и јакнењето на Народноослободителното движење во западниот дел на Македонија, во што беше непосредно вклучен и Крсте Црвенковски“ нагласи, меѓу другото, Перо Ивановски - Тиквар.

Пошироко излагање за К. Ј. - Питу, како револу-ционер и национален деец, пред учесниците на три-бината презентира проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски од Институтот за национална историја.

„Многу личности од македонската историја ос-тавија силен печат на своето време со сопственото дело на политички, воен и културен план. Кога се зборува за периодот од Втората светска војна на ма-кедонскиот простор, за напорите кои се правеа за конечно формирање на сопствена држава и придо-несот во сеопштата борба против фашизмот, Куз-ман Јосифовски беше една од најзначајните лично-сти кој остави траен белег во нашето поблиско ис-ториско минато. Тој се потврди како една од цен-тралните фигури во поновата македонска историја, како силен македонски патриот, личност која се вгради себе си во темелите на македонската држава.

Ако Гоце Делчев македонската историографија го дефинира како идеолог на Македонската револу-ционерна организација во предилинденскиот пери-од, тогаш Кузман Јосифовски, несомнено, е двига-телот и моторната сила на македонската национал-

но ослободителна борба започната во предвоениот и особено во воениот период, кога Македонија бе-ше повторно окупирана. Беше еден од креаторите на македонската национална мисла и држава, орга-низатор на бројни илегални групи, со визија за вос-поставувањето и организацијата на повисоките ор-гани на првата македонска власт“, нагласи д-р Ча-карјаневски.

Ж.ТрајановскиВ.Цветковска

Page 16: Карпош Урбан бр.25

16 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

РАЗГОВОРСашо Поповски, скулптор, автор на споменикот на Кузман Јосифовски Питу

Како се чуствувате по убавиот епилог свр-зан со поставувањето на споменикот на големиот револуционер К.Ј. Питу?

Убаво е да се види конечната работа направена онака како што си  ја замислил, знаејќи едновреме-но дека делото ќе те надживее. Тоа те одвојува од масата на обичните и те прави бесмртен во вистин-ската смисла на зборот.

Како се случи токму Вам да ви биде довере-на една таква историска задача, гледано од умет-ничкото и општествено значење?

За да ти доверат една од овие работи треба да имате минат труд кој ке биде виден од релевантни фактори кои имаат осет и чувство, прво за убавина, а потоа и почит кон делото на тој што го оживувате. Среќен сум дека имаме таков градоначалник со на-

предна визија за идните нешта и космополитски дух за опкружувањата во нашата Општина.

Од уметнички карактер, благодет е да оживеете некој кој загинал за Македонија толку млад, воден само од една мисла, Македонија да биде слободна. Неговата одлучност јасно е претставена во негови-от расчекор со цврсто стегната тупаница во знак на  отпор и истрајност во борбата за слобода, доде-ка неговиот бел поглед насочен во некоја си бескрај-на далечина за подобро утре со показалецот на му-драта  реч негова.

Што Ви беше основниот лајт мотив во „ожи- вувањето“ на една така значајна историска лич-ност?

Светла точка на овој лик е неговата цврста идеја за слобода и единство на „жална Македонија“, каде

БИ САКАЛ ДА ГО „ОЖИВЕАМ“ ПАРТИЗАНОТ КАРПОШ

Page 17: Карпош Урбан бр.25

17КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

што неговиот збор отвора железни врати во свеста на македонскиот народ за ослободување од окупа-торите, а уште поголема енигма е тоа што младиот човек се кренал од таму некаде прилепските карпи на правни студии во Белград, за подоцна, неговата речитост да биде главното оружје за слобода... ЌЕ ПОБЕДИМЕ...е реченица која секогаш ја употребу-вал. Познато ми е дека живите современици на

Кузман велат дека сте ги „фатиле“ ставата и ка-рактерот на херојот ?

Имаше убави коментари за пренесениот карак-тер на личноста на Питу од повеќето присутни на отворањето на споменикот, но некои и ми забеле-жаа дека и нема врска лицето со него. Морам да појаснам дека ни еден споменик на личност не се прави напамет, туку со последователно истражу-вање на неговиот лик и дело од стари фотографии, писанија, архиви и разговори со личности се уште живи, а биле негови другари, соборци и роднини. Впечатоци за него ми пренесоа Томе Маќули и Перо Тиквар, луѓе кои непосредно, за време војна-та, дејствувале со него. Значи, лично го познавале. Да споменам дека Ѓорѓија Поповски како седумго-дишно дете, го памети Питу кој се дружел со татко му и доаѓал во нивната куќа. Тој го опишува како висок, тенок и строен, момче со длабоки веѓи, школска фризура со модерен капут и чевли од вре-

мето на студентските години во Белград, избледени веќе одамна. Сумирајќи ги овие факти, јас како уметник, градам своја слика како да изгледа негова-та статуа. Јас не можам и не сакам да прифатам се она што други ќе ми сугерираат бидејќи така ми го рушат мојот замислен идеал за херојот. Сепак, да напоменам дека сите ние сме обични луѓе и не гле-даме и не ги доживуваме нештата со исти очи. Ете, тука се тие различни мислења околу тоа како и дали статуата личи или не на вистинскиот човек. Сепак, ако јас имав моќ навистина да ги оживувам луѓето, ќе добиев Нобелова награда. Во уметноста тоа не е така. Овде се работи едноставно за простор, време, идеологија, структура, материјал и чиста идејна ми-сла... 

Дали наскоро треба да очекуваме нов спо-меник, овековечување на некоја историска лич-ност од нашата општина?

Би сакал да се обноват сите бисти кои ни фалат во Општината, пред сè во убаво направените учи-лишта кои се празни без бистата на херојот чие што име го носат. Се сеќавам на времето кога растев и секое училиште си имаше биста, но од тоа не остана ништо. На вашето прашање ќе одговорам конкрет-но: Би сакал да го направам партизанот Карпош....

Миле Раденковиќ

Page 18: Карпош Урбан бр.25

18 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ОБРАЗОВАНИЕ

На меѓународниот конкурс во Велика Британи-ја, литературните творби на тројца ученици од ОУ „Владо Тасевски“ беа селектирани и наградени со CERTIFICATE OF MERIT AND DISTINCTION. Ре-номираната агенција за млади писатели од Англија, во поетските трудови на Мартин Каранфиловски, Елена Пренџова и Ана Тодорова, го препозна тален-тот во поетското изразување на учениците од наше-то реномирано училиште.

Наградените литературни творби ќе бидат пуб-ликувани во март 2013 год. во Детската антологија на млади писатели под наслов “ Моќта на поезијата во Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска“. Антологијата ќе биде застапена во Британ-ската библиотека како и во другите библиотеки ши-рум земјата. Убаво е што еден број примероци ќе би дат испратени до училиштето од кое потекнуваат наградените ученици, поети.

Талентот ќе остане неоткриен ако нема кој да го забележи и да го насочи. Благодарение и на нас-тавничката по англиски јазик Виолета Панев, пред-метен наставник во ова училиште, веќе подолго вре-ме, во ОУ „Владо Тасевски“ се негува креативното пишување на англиски јазик. - Мојата цел, вели таа, е на часовите по дополнителна едукација на децата да им се овозможи да творат и да навлезат во светот на креативноста која вдахнува животна енергија и претставува канал и основна претпоставка за хума-низација и образование на младите ученици.

Творештвото и литературните творби се хума-нистичка дисциплина и универзална форма на ко- муникација, исконска потреба за уметничко доло-вување на зборот како и феномен во формирањето на детската личност во смисла на духовниот живот и хуманизација на неговата личност, како и развој на неговите општи, сознајни, творечки, морални и волеви способности.

Секако дека ќе продолжиме со овие проектни активности - вели професорката Панев, додавајќи дека веќе интезивно работи и со најмалата катего-рија ученици,во проект насловен како “ Мојата прва песничка на англиски јазик “. На тој начин се зго-лемува свесноста за учење на јазикот и за време на часот, ги инволвира и ги поттикнува учениците во креирање на зборот и стилските фигури во литера-турното творење преку забава и дружење.

Заедничкото „патување во поезијата“, вели про-фесорката јас го започнувам со зборовите “ „Знаете деца, поезијата е место кое може да го допрете со мислите и со срцето, со неа ќе стигнете до најдлабо-кото море, ќе полетате на најдалечната планета, ќе ги допрете зраците на сонцето. Додека ова го збо-рувам децата ме гледаа со очи широко отворени, светнати и весели, тишина и копнеж во училницата, само неколкумина недоверливо се мислат како да се дофати сонцето. Секако, наставничката е секогаш тука да помогне и создаде пат.

В.П.

НАГРАДЕНИ ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВОУченици, поети од ОУ „Владо Тасевски“

Page 19: Карпош Урбан бр.25

19КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВМРEЖУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Новини во образованието

Кон крајот на февруари, во ЈУОДГ “ПРОЛЕТ” се одржа трибина на тема “Проектно работење и вмре-жување на воспитно-образовните установи”. Триби-ната ја отвори директорката на градинката Вита Ја-ковлевска, а по неа зборуваше Гордана Стојчевска Зафировска, претставник на Општина Карпош која воедно беше и носител на овој работен собир.

Таа се осврна врз состојбите и перспективите во детските градинки и чекорите што ги прави Општи-ната за нивно осовременување. Учесниците на соби-рот, со кратко резиме, ги презентираа своите интер-ни проекти. Проф. д-р Јелица Николовска и д-р Ата-нас Николовски зборуваа за аспектите на проектно-

то работење во образовно-воспитните установи. На трибината беа присутни 65 претставници од 12 гра-динки, од четири основни и четири средни учи-лишта од Општина Карпош, градот Скопје и Р. Ма-кедонија, како и од приватното училиште „Јахја Ке-мал“ и од специјалното училиште „Златан Сремац“. На дебатата беа презентирани проектите, по што се разви дискусија за целите, придобивките и задачите на истите. Истражувачите, проф.д-р Николовска и д-р Николо вски, говореа за аспектите на работењето во образо вните установи.

И.Ѓ.

На републичкиот натпревар по англиски јазик, кој деновиве се одржа во просториите на „5-тата приватна гимназија“ во рамки на ФОН универзи-тетот, ученикот од ОУ „Петар Поп Арсов“ - Дими-тар Костовски, постигна извонреден резултат. Во силна конкуренција од 380 ученици ширум Маке-донија, Димитар успеа да се пласира меѓу најдобри-те пет осмоодделенци со освоени 89 бода од можни 100, само два помалку од првопласираниот, кој има освоено 91 бод. И покрај тоа што ова е прв натпре-вар за него од ваков карактер, тоа не го спречи овој млад лингвист, на најдобар начин да го демонстри-ра своето познавање на англискиот јазик. Офи-цијално, наградите ќе бидат доделени на 16.03.2013 год. на ФОН универзитетот.

И.Ѓ.

Димитар Костовски, ученик од „Петар Поп Арсов“

МЕЃУ ШАМПИОНИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Page 20: Карпош Урбан бр.25

20 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25• ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

КОГА СЈАЈАТ КАМЧИЊАТА

ЕСЕЈ

- Еден, два, три, четири, пет... седумнаесет, осум-наесет, деветнаесет... Уште колку камчиња треба да избројам за да стигнеме, дедо? - љубопитно прашу-вав.

- Уште малку, Сакипе... - ми одговара дедо ми. - Штом ќе изброиш сто камчиња, ќе го здогледаш и училиштето!

Така беше секое утро во детството. Одејќи по патот кон училиштето, јас и дедо ги броевме кам-чињата. Па, уште на шестгодишна возраст научив да бројам до сто, за што бев многу среќен и радосен.

Во доцна есен од поројните дождови камчињата не се гледаа. Тоа малку како да ме растажуваше.

- Ги нема камчињата, дедо... - сневеселено му ве-лев. - Се скриле некаде, а околу нас само кал.

- Не грижи се, дете... - ме смируваше тој. - За не-кој ден повторно ќе светнат. Ќе се увериш.

Се нижеа месеци, поминуваа и години. А со нив доаѓаа и моите успеси. Научив да читам и да пишу-вам. Научив и да сметам. Станав водител на праз-ничните приредби во училиштето, подоцна, дури и претседател на младинската организација. Глумев и во драмата ,,Чорбаџи Теодос,, која беше видена и од многу театарски личности... Пофалбите не изоста-нуваа. Тоа ме правеше среќен. А секој успех ме мо-тивираше да чекорам кон нови предизвици.

Еден ден ме повика директорот во неговата канцеларија и тоа заедно со мајка ми која беше вра-ботена како хигиеничар во училиштето. Ми дадоа сериозна задача која требаше да ја исполнам. Да ги посетам ромските семејства кои живееја во Зло-куќани и да разговарам со нив. Да им објаснам дека треба да дојдат во училиштето за да ги запишат де-цата, кои како и сите други ќе стекнат образование кое ќе им помогне за подобар живот.

Page 21: Карпош Урбан бр.25

21 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25• ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Се чувствував многу горд и со голема сериоз-ност пристапив на задачата. Бев среќен што повеќе од триесет Ромчиња го започнаа своето образова-ние во училиштето. И тоа благодарение на мојата упорност и сесрдно залагање, одејќи од куќа во куќа и трпеливо убедувајќи да го сторат токму тоа - да станат дел од образовниот систем.

Така во мене се роди желбата и потребата да им помагам на моите сограѓани, кои воопшто не знаеја какво значење има образованието за нив. Требаше тоа да го сфатат и се да си дојде на своето место.

Бевме собрани во холот на училиштето. Во еден миг луѓето почнаа да ракоплескаат и гласно да из-викуваат. Директорот замоли за внимание. Потоа се разнесе убав, нежен звук на пријатна мелодија отсвирена на гитара. Тоа беше Златко, мојот најдо-бар другар! Колку убаво свиреше! Добро е што го повикале да свири на свеченото прогласување пр-венец на генерацијата. Во близина некои деца си дошепнуваа и се прашуваа кој ќе биде прогласен за најдобар ученик. Стоев потпрен на столбот и со по-глед ја барав мајка ми. Неа ја немаше. А толку сакав да е тука, со мене. Но таа подолго време не доаѓаше на работа.

Потоа на сцената се појави директорот. Сите го очекувавме неговото обраќање кон учениците и гостите.

- Ученици мои, почитувани гости и родители! - почна и подзастана. - Денес го имам задоволството да го прогласам првенецот на генерација во нашево училиште. Тоа е ученикот Сакип Бектешов!

Тој час моите мисли беа свртени кон мајка ми и како да бев отсутен од настанот што се случуваше. Кога одеднаш, ме сепна гласот на наставничката Наде.

- Сакип! Зар не слушаш?! - ме гушна. - Те прогла-сија за најдобар ученик и првенец на генерацијата! Излези на сцената за да ти честитаат!

Бев збунет, но радосен. Побрзав кон бината. Прв ми честита директорот, а громогласниот апла-уз од присутните долго ми одзвонуваше во ушите. Сиот среќен заиграв на една ромска песна. Аплау-зите не стивнуваа.

Одвај чекав да заврши свеченоста за да отрчам дома. На куќниот праг го здогледав дедо ми и со на-солзени очи му се фрлив во прегратки.

- Денеска, дедо, камчињата навистина сјајат! - радосно извикав. - Јас сум првенец на генерацијата!

Се завртев да ја побарам мајка ми, но неа ја не-маше. Си реков, ќе одам во другата соба да ја изра-дувам и да и кажам за тоа како тој ден блеснав во училиштето. Но не забележав дека дедо како да имаше скаменет лик и поглед вперен во подот на собата.

- Да, Сакип, ти навистина денеска блесна. Сега камчињата најсилно сјајат - низ солзи и со растре-

перен глас ми рече. - А мајка ти како ангел сјае од небото, те гледа и се радува.

Стоев подзинат, без збор. Светот како да се урна врз мене. Не можев ни збор да изустам.

Како најдобар ученик добив награда за лету-вање во Охрид. Таму знаев да седнам на брегот од езерото и да го гледам сјајот на камчињата. Седејќи крај разбрануваната вода, како да барав и драги ли-кови, ја барав мајка ми. Неа ја немаше. Ја барав и среќата во блесокот на камчињата и сфатив дека тие, со својот сјај, ми го осветлуваат патот и ме во-дат низ животот.

Времето минуваше. Многу побрзо отколку што си мислев.

По завршувањето на средното училиште со од-личен успех, патот ме одведе во Италија каде што го продолжив моето образование. Таму се стекнав со звањето социјален и санитарен оператор. Со текот на годините создадов и семејство. Љубовта кон чо-векот и желбата секој под ова сонце да биде среќен, ме храбреше мојот живот да го посветам на помош на Ромите. Знаев дека тие чекорат на маргините на животот и заслужуваат многу поголема среќа. Тоа стана моја професионална определба. Всушност, љубовта и посветеноста кон професијата секојднев-но ме тераше да мислам на мојот народ во таткови-ната и да донесам конечна одлука да се вратам дома.

Не се каам! И не згрешив што не направив по-инаква кариера. А и мислам дека со моето залагање и посветеност сум поуспешен, да речеме, од Ромите кои се занимаваат со политика и прават сомнител-ни кариери. Успеав, се образував и станав човек кој се грижи за доброто на другите, за будењето на свеста кај Ромите. А и верувам дека нивната иднина ќе се подобри, во прв ред, само со образование.

Наесен помалата ќерка Елеонора, на мое големо задоволство, ќе го започне своето образование ток-му во ОУ ,, Аврам Писевски”, кое е длабоко врежа-но во моето срце. Во него наставниците ми го пока-жаа патот кон човекољубието и хуманоста, ме нау-чија на духовните вредности што треба да го красат човекот.

Денес ме обзема чувство на задоволство и голе-ма радост што на овој начин, преку своето дете, повторно се вратив во моето старо добро учи-лиште. Во тој свет дом за многу ученици што, под-готвени со знаење и вештини, за љубопитство и љу-бов, за сигурност и подобра иднина, чекорат по па-теката на исполнет живот.

Ќе го паметам засекогаш сјајот на камчињата.

Соња Казакова, педагог ОУ “Јан Амос Коменски”, Скопје

Page 22: Карпош Урбан бр.25

22 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ22

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО

Деновиве во редакцијата на „Карпош Урбан“ стигна покана за присуство на „Балот на различ-ности“во која се соопштува дека тој хуманитарен настан, во соработка со МОБ го организира Здру-жението на гарѓани „Дајте ни крилја“.Убава покана и уште поубав повод за средба со Катарина Ивано-виќ, една од активистите во граѓанската „Дајте ни крилја“ која заедно со првата дама на Здружението, Ребека Јанковска Ристески се организатори на „Ба-лот на различности“.

- Најпрвин да кажам дека таа хуманитарно-за-бавна манифестација ќе се одржи под мотото „Не гледај со очите, погледни со срцето“ на 6. март во Македонската опера и балет, со почеток во 18.30 ча-сот. Инаку, ние како Здружение на лица со дисфунк-ции, хендикеп, ретки болести и со посебни потре-би, постоиме три години и сега веќе имаме над 200 членови. Благодарение пред се на колешката Ребе-ка, која е душата и срцето на Здржението, може да се пофалиме со низа активности кои се во функција на подобрувањето на состојбата и условите за дечи-њата и сите луѓе со хендикеп.

Госпоѓата Ивановиќ со страст на мајка која има две здрави деца, со љубов зборува за дечињата со кои работи како тренер, потенцирајќи дека е среќна

што постојат поединци кои даваат немерлив придо-нес за поубаво секојдневие на лицата со посебни по треби.

- Нашето здружение сега посебно е преокупира-но со терапевтско пливање и терапевтско јавање, за што имаме оспособени тренери, волонтери. Во ба-зенот „Младост“, за 150 дечиња, бесплатно беше ре-ализирано терапевтско пливање. Имено, во истиот базен беше реализиран семинар под наслов „Сло-бода во вода“ со кој раководеше предавачот и тре-нер, Јохан Ламбек- виш предавач на Хавик програ-мата.Терапевтското јавање, кое во светот одамна се применува во лечење на телесниот и ментален хен-дикеп, ние го практикуваме веќе две години, пред се со донациите на добрите луѓе.

Зборувајќи за претстојниот бал, госпоѓа Ивано-виќ, покрај останатото рече: - Целта ни е преку вак-ви манифестации да ги вклучиме лицата со посеб-ни потреби и да придонесеме за подигање на свеста кај здравите луѓето. На овој настан јавно ќе им се заблагодариме на сите пријатели на Здружението, посебно на оние кои несебично ни помагаат. Исто така, настанот ќе има инклузивен карактер, ќе ја прикаже креативноста, без оглед дали протагонис-тите се со хендикеп или не.

Во двочасовната програма ќе учествуваат врвни таленти со посебни потреби и солисти на МОБ меѓу кои: Анастасија Низамова-Мухиќ, Весна Ги-новска и Наде Талевска во пијано-придружба на Ја-нинка Невчева, Марија Савевска, квартетот „Ер стрингс“, „Пијано форте“, пијанистката Ема Анани-ева, Џенгис Мемедовски, а балетската двојка Ивана Коцевска и Бобан Ковачевски ќе изведе фрагмент од балетот „Слепа девојка“ на Љубомир Бранѓоли-ца. Во ревијалниот дел модната куќа „Елена Лука“ ќе има своја ревија, а хуманитарната изложба ќе биде збогатена со џез-изведба на бендот на Тони Китановски. Поезија ќе читаат Искра Донева и Але-сандар Матовски-Цако.

Водители ќе бидат актерите Сашко Коцев, Горазд Цветковски и Изабела Новотни, а ќе им помагаат членови на Здружението. Треба да нагласам дека по-кровител на „Балот на различности“е НЛБ Тутунска банка, заклучи госпоѓа Катарина Ивановиќ.

М. Р.

Разговор со Катарина Ивановиќ, активистка во „Дајте ни крилја“

ДОЈДЕТЕ НА „БАЛОТ НА РАЗЛИЧНОСТИ“Хуманитарно-забавната манифестација „Не гледај со очите, погледни со срцето“ ќе се одржи на 6. март во Македонската опера и балет, со почеток во 18.30 часот

Page 23: Карпош Урбан бр.25

23КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ТРЕТО ДОБА

НОВО КАТЧЕ ЗА ДРУЖЕЊЕЗа пензионерите од Тафталиџе 1

При крајот на минатиот месец, во населбата Та-фталиџе 1 во Карпош, на свечен начин беше пуш-тен во употреба новиот клуб на пензионери, еден од шесте кои се наоѓаат на територијата на Општи-ната. На отворањето на ова ново катче за дружење на пензионерите, присуствуваше и градоначални-кот на Општина Карпош-Стевчо Јакимовски, кој во таа пригода истакна дека е задоволен што локална-та самоуправа има можност да им помогне на свои-те повозрасни сограѓани, овозможувајќи им прос-тор за осмислување на слободното време, за забава и за разонода.

Градоначалникот на своите драги сограѓани, пе-нзионери, им вети дека набргу овој клуб ќе ги до-бие и потребните реквизити за најразновидни дру-штвени игри, и им посака во добро здравје да ги поминуваат своите заеднички моменти на друже-ње. Со овој гест Општината покажува дека таа во континуитет се грижи за своите сограѓани без раз-лика на која старосна категорија и припаѓаат.

И. Ѓ.

Page 24: Карпош Урбан бр.25

24 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Андреја Поповиќ, ученик во ОУ „Владо Тасевски“

ТАЛЕНТИ

Врвниот светски пијанист, нашиот Симон Трп-чев ски претставува мотивација на многу мали и млади пијанисти, не само во нашата земја, туку и пошироко.

Еден меѓу оние што посакуваат и се подготвува-ат да стасаат до височините на кои сега е маестро Трпчевски, е и Андреја Поповиќ, ученик во IV од-деление во ОУ „Владо Тасевски“.

„Дома секогаш се свирело и се пеело. Музиката секогаш е околу мене. Уште на мојот прв роденден. пред мене биле наредени многу убави играчки, но јас, тогаш, сум ја грабнал виолината- играчка„ – вели нашиот соговорник. Во редакцијата на Урбан дојде во придружба на баба му Јулијана, пензиони-ран професор и педагог.

„Во нашето семејството нема професионални музичари, ниту професори по музика, но сите има-ат талент кон уметноста, меѓу кои и за музиката, вели госпоѓа Јулијана и додава“; Растејќи во такво опкружување, Андреја уште од мал се заинтересира за музиката.

Дома ги имаме речиси сите инструменти и сите свириме според “слух“. Но, никој од нас досега не е образован музичар. Затоа јас и Даниела, мајка му на Андреј, решивме да му овозможиме музички да се образува.

Токму во таквата семејна „стратегија“, на седум-годишна возраст се запишува во Државното музич-ко – балетско училиште „Илија Николовски Луј“ и под будното око на музички педагози започнува да навлегува во магијата на нотните записи. Сега е во класата на професорката Елена Андоновска и заед-но бележат значителни резултати. Го прашувам Ан-дреја за досегашните постигнувања во сферата на музиката, а тој, без никаква ронка трема набројува: „Добитник сум на првата награда на Третиот држа-вен натпревар на млади музичари, одржан во умет-ничката галерија „Даут Пашин Амам“ и втора на-града на Вториот меѓународен натпревар на млади пијанисти од Европа, одржан во хотелот „Аполо-нија“ во Гевгелија.“

Андреја Поповиќ не е талентирано дете само во музиката. Неговата наставничка Флорика Петрова го пријави во Општината Карпош како „талентира-но дете“ од нејзиното одделение. Тој инаку е редо-вен учесник на завршните, на новогодишните како и на првоаприлските концерти, но и на други мани-фестации во училиштето и во општината.

Андреја тој епитет го оправдува на натпревари-те по математика „Кенгурче“ за што има добиено и

пофалница. Исто така е освојувач на второто место на литературниот конкурс по македонски јазик во ООУ „Владо Тасевски“. Редовен учесник е на нат-преварите во шах, каде силите и знаењето ги одме-рува и со повозрасни соученици, оди на курс по ан-глиски јазик и учесник е во проектот на Германска-та Амбасада во соработка со ООУ „Владо Тасев-ски“, за учење германски јазик.

Самиот вели дека, покрај музиката, има време и за игра, а редовно настапува во училишната кошар-карска екипа...

- Многу сме им благодарни на сите наставници кои знаат да го мотивираат, да му помогнат и да го извлечат најдоброто од моето внуче вели госпоѓа Јулијана и додава:

Посебна благодарност изразувам кон Општина-та Карпош, што ги мотивира, ги истакнува, и им помага на овие деца. Не можете ни да замислите кол ку Андреја е возбуден, што некаде и некој ќе чита за него, а се уште е толку мал. Тоа е уште пого-лем мотив да постигнува уште поголеми успеси“.

М. Р.

САКАМ ДА СТАНАМ СИМОН ТРПЧЕВСКИ

Page 25: Карпош Урбан бр.25

25КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во рамките на Контактно - училишната програ-ма на МТВ, на почетокот на минатиот месец, околу 50-тина ученици од О У "Војдан Чернодрински" по-делени во две групи, се натпреваруваа и го демон-стрираа своето познавање од областа на природни-те науки, како и решавање на математички логички задачи. Дел од нив, направија експерименти од об-ласта на физиката, хемијата, и биологијата, кои ги изведувале за време на наставата во училиштето, под менторство на одговорните наставници по да-дените предмети. Учениците низ краток осврт, на-правија презентација за работата на нивното учи-

лиште од неговото основање до денес, и ги образло-жија проектите кои се реализираат во училиштето оваа учебна година, во кои тие се активни учесни-ци. Во рамките на емисијата учениците изработу-ваа и енергетско ефикасни еко-куќи, со употреба на природни материјали за кои се обучувале во рам-ките на Еко проектот. Покрај тоа, што учениците го покажаа своето знаење по природни науки, учи-лиштето го претстави и ученичката Ева Џингова со изведба на музичко - балетска точка.

И.Ѓ.

ТАЛЕНТИ ЗА ПРИРОДНИ НАУКИУчениците од " Чернодрински " на МТВ

Општина Карпош успешно го помина вториот надзор над спроведувањето на Системот за управу-вање со квалитет. Надзорот го спроведе оценувач-киот тим од белградската канцеларија на британ-ската компанија “DAS Certi� caion Ltd“. Повторно, со гордост можеме да кажеме дека Карпош го опра-вда стекнувањето на меѓународниот сертификат за имплементација на Системот за управување со ква-литет во делот на развој и давање на услуги во на-длежност на локалната самоуправа ИСО 9001:2008, со кој се здоби во март, 2011 година.

Со извештајот од надзорот се потврди дека сис-темот функционира и успешно се применува, а пос-ветеноста на раководството и вработените придо-несуваат за континуирано унапредување на упра-

вувањето со услугите кои општината им ги дава на граѓаните.

Во таа смисла, како што е утврдено и во Полити-ката за квалитет, наша најважна цел останува Граѓа-нинот, кој треба секогаш да биде задоволен од оп-служувањето од страна на администрацијата, при што ќе му биде обезбедена квалитетна, навремена и ефикасна услуга, а сето тоа во согласност со пози-тивните законски прописи.

Администрацијата на Општина Карпош во ид-нина, уште поинтензивно ќе работи на континуи-раното подобрување на квалитетот на услугите што им ги дава на своите граѓани и на сите заинтереси-рани субјекти, а гаранција за тоа се нејзината ком-петентност, стручност и посветеност. Е.К.

БЕСПРЕКОРНИ ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ

Page 26: Карпош Урбан бр.25

26 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

СРЕДБИ

По повод христијанскиот празник Свети Три-фун, познат и како празник на љубовта Свети Ва-лентајн, градоначалникот на Општина Карпош Стев- чо Јакимовски имаше заеднички ручек со 40-тина свои сограѓани, осамени лица и лица со посебни по- треби.

- Ова е наша трета последователна средба, би рекол посебен ден, на кој на нашите сограѓани кои се осамени или имаат потреба од повеќе дружење и внимание им даруваме особена грижа, љубов и пос-ветеност. Целта на ваквите дружења е да им пока-жеме дека локалната самоуправа секогаш е најбли-ска до нив, дека не ги заборава во ниту еден мо-мент, и дека водиме грижа за сите граѓани на Кар-

пош, рече градоначалникот, обраќајки им се на сво-ите драги гости.

Грижата за осамените лица, за болните, за оние кои имаат здравствени, социјални или емоционал-ни проблеми продолжува во текот на целата годи-на, но во исклучителни моменти и по одредени по-води се дружиме и повеќе со нив, изјави првиот чо-век на Карпош, посакувајќи сите нивни проблеми да бидат од времен карактер и час поскоро да ги на-дминат со заеднички напори со Општината. На си-те присутни гости на дружењето со Општината и на заедничкиот ручек во ресторанот „14-ка“ во Кар- пош, во знак на внимание, Јакимовски им подари по еден цвет. В. Ц.

По повод Св. Трифун

ЦВЕЌЕ СО ЉУБОВ ЗА ОСАМЕНИТЕ

Page 27: Карпош Урбан бр.25

27КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

При крајот на февруари, претставници на Одде-лението за детска , социјална и здравствена зашти-та од Општина Карпош и учениците и наставнич-ката по биологија Благородна Спировска од ОУ “Димо Хаџи Димов”, беа во хуманитарна посета на семејството Ололовски. Токму по иницијативата на другарчињата на Русимир, чие семејство се наоѓа во потешка материјална сосотојба, беа обезбедени па-кети со прехранбени производи, облека, прибор за готвење и хигиенски средства. На оваа посета на

хуманите луѓе најмногу и се израдува Виолета, сес-тричката на Русимир, која е и лице со посебни пот-реби.

Акцијата е спроведена во координација со Одде-лението за детска, социјална и здравствена заштита на Општина Карпош, кое водејќи се од досегашните искуства од областа на социјалната сфера, ги насо-чи хуманите ученици од ОУ “Димо Хаџи Димов” и заеднички го израдуваа семејството Ололовски.

М. Г.

Хуманост на дело

ЧУВСТВИТЕЛНИТЕ ДРУГАРЧИЊА НА РУСИМИР

Page 28: Карпош Урбан бр.25

28 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 29: Карпош Урбан бр.25

29КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

СПОРТОРАМА

Анатолиј Карпов, светската шаховска легенда ќе биде гостин на „Опен Карпош 2013“ најголемиот шаховски турнир кај нас, во организација на Општина Карпош. Тој ќе се одржи од 9-ти до 16-ти март во хотелот „Александар палас“, а на 8 март Карпов ќе одигра симултанка на 20 табли. Освен него, на годинашниов турнир на кој се очекува ре-кордна посетеност од врвни шаховски велемајсто-ри, ќе дојде и вицешампионката во шах и светската шампионка во „забрзан шах“ Антоанета Стефано-ва, која ќе учествува и во натпреварувачкиот дел од турнирот. Овој голем шаховски настан ќе биде по-честен и со присуство на Владимир Шакотиќ, пот-претседателот на Шаховската федерација на Евро-па. Третиот меѓународен шаховски турнир „Опен Карпош 2013“ е најсилниот шаховски турнир кој воопшто се одржал во Македонија, и претендира да стане меѓу најпрестижните и во Европа.

Оваа меѓународна спортска манифестација нај-речито ги потврдува сериозните амбиции на Оп-штина Карпош и во иднина да ја промовира и да ја

популаризира древната игра-шахот. За Карпошови-от турнир (до затворање на весникот) се пријавени 250 шахисти, од кои, повеќе од половина се од странство, односно од 32 земја од светот, (Русија, Турција, Италија, Украина, Англија, Франција, Шпанија, Словенија, Португалија, Хрватска, Ирска, Романија, Полска, Унгарија, Луксембург, Канада, Индија, Црна Гора, Венецуела, Холандија, Ка-захстан, Белорусија...). Според досегашните прија-ви, најбројни се шахистите од соседна Србија , дури 16, потоа следат Грците со девет и Бугарите со осум шахисти. На овој турнир 103 шахисти се титуларни: 59 се велемајстори, 24 интернационални мајстори и 20 ФИДЕ-мајстори. Да повториме „Опен Карпош 2013“ е во организација на Општина Карпош и ша-ховскиот клуб „Гамбит Асеко СЕЕ“, финансиски подржан од локалната самоуправа на Карпош.

За големината и рејтингот на нашиот турнир зборува и наградниот фонд, кој изнесува 20.000 евра од кои 4.500 ќе добие победникот.

„Опен Карпош 2013“

СВЕТСКАТА ШАХОВСКА ЕЛИТА ВО КАРПОШ

Page 30: Карпош Урбан бр.25

30 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Наш гостин

ТОЉА КАРПОВ ВО КАРПОШЕден од најголемите играчи во светот на древна-

та шаховска игра во нејзината понова историја, Ана- толиј Евгениевич Карпов, популарниот Тоља, ќе би-де гостин-промотор на големиот меѓународен тур-нир „Опен Карпош 2013“.

Тоа е непосреден повод љубителите на шахот, но и читателите на „Урбан“ да ги потсетиме на овој шаховски великан, кој без посебни условувања се одѕва на повикот на организаторите, да го воздигне овој голем спорски настан во нашата Општина, во градот Скопје и во Република Македонија.

Почнувајќи од 1967 година кога како 16- годиш-ник ќе стане светски младински првак во шахот, па преку драматичните пресметки со легендарниот Виктор Корчној, до неповторливото ривалство со десет години помладиот Гари Каспаров, дваесет го-дини подоцна, Карпов ќе ги собори многуте шахов-ски рекорди. Во светот на најмисловната игра во човековата историја, Тоља ќе влезе на четригодиш-на во зраст и во неа ќе остане до ден денешен. Ва-жно е да се нагласи дека, како и сите советски ша-хисти од помладата генерација и Анатолиј го завр-

ши шаховското училиште „Михаил Ботвиник“, и заедно со Каспаров, го прослави името на неговиот основач и исто така легендарен шахист.

За името и блескавата кариера на синоокиот ве-лемајстор сврзани се и неколку драматични, би ре-кле, шаховско-политички настани, пред се двата го-леми натпревари со Виктор Корчној. Првиот се случил во Манила (Филипини), во 1978. година, кога Карпов за прв пат ќе ја брани титулата светски шампион, која инаку ја стекнал без борба. Имено, по блескавите победи против, големите мајстори Лав Полугаевски, Борис Спаски и Виктор Корчној, Карпов станал предизвикувач на Роберт Боби Фи-шер, тогашниот светски првак во шах. Контроверз-ниот и генијалниот американски шахист, дуелот со Карпов го условувал, барајќи од Светската шахов-ска федерација, навистина невозможни услови, пред се енормно голем за себе, без оглед на исходот на мечот со Русинот.

Тој настан ќе остави траги врз Карпов, но сепак, тој, во три наврати, едно подруго ќе ја сочува титу-лата светски шампион. Токму против големиот так-

Page 31: Карпош Урбан бр.25

31КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

тичар Виктор Корчној, двапати ќе го одбрани прес-толот. Првиот дуел во Манила ќе биде запаметен по инцидентите сврзани со името на Владимир Захар, професор по психологија на московскиот Меди-цински факултет, кој, наводно, како дел од струч-ниот штаб на Карпов, се обидувал Корчној да го хипнотизира за време на играта. Втората пресметка со исти актери се случила во Мерано (Италија), и во светскиот печат е регистрирана како „Масакр во Мерано“. Имено, непосредно пред мечот, во СССР (од политички причини), бил уапсен синот на Корч-ној, кој тој натпревар го загубил со 11:7 со 21 реми.

Не помалку интересни биле и шаховските тур-нири кој Тоља Карпов ги играл со суперталентира-ниот Гари Каспаров. Впрочем, тие, од 1984 до 2002 година одиграле 235 партии при што Карпов забе-лажал 23 победи и 33 порази, додека 179 партии за-вршиле без победник. Карпов и Каспаров три пати играле за титулата светски првак и во трите меча по бе дник бил Каспаров. Интересно е дека во први-те два натпревари Карпов победувал со 4:0, а сепак, истите ги губел. Колку тие натпревари биле неиз-весни покажу ва и крајниот резултат (12,5-11,5, 12-12, 12,5-11,5).

За разлика од Каспаров, во чија шаховска ера ко- нкуренцијата била слаба, (Камски, Топалов, Ананд), Каспаров најголеми и неповторливи резултати по-стигнал во време кога во својот играчки зенит биле: Таљ, Корчној, Спаски, Љубојевиќ, Јан Тиман, Љубо-мир Кавалек, Најџел Шорт... Токму во тоа време, Карпов има освоено 140 најсилни шаховски турни-ри во светот. Сè на сè, Тољ одиграл 3.163 партии, победил 1.118, загубил само 287 партии, а ремизи-рал во 1.480 меча. Токму во тоа време неговиот мак-симален рејтинг изнесува 2.780.

Ако на се ова додадеме дека Карпов е амбасадор на УНИЦЕФ (Меѓународен фонд за деца при Обе-

динетите Нации за итни состојби), дека има безброј советски, руски и меѓународни признанија и одли-кувања, сите заслужени за ангажман на полето на мирот и заштитата на деца, ќе ни стане јасно за ка-ков голем хуманист и човекољубец станува збор. Впрочем, при претстојното гостување во Карпош и во Скопје, големиот шаховски шампион ќе го посе-ти и СОС детското село - клонот во Бардовци, Оп-штина Карпош.

М. Раденковиќ

Page 32: Карпош Урбан бр.25

32 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ПОБЕДНИК ЕКИПАТА НА ГИМНАЗИЈАТА „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“

При крајот на февруари, во преполната сала на СЦ „Борис Трајковски“ се одржаа финалните нат-превари од турнирот за кошарка за средните учи-лишта организиран и финансиран од Општина Карпош. Станува збор за турнир во кошарка кој оваа година беше организиран по третпат и на него учествуваа екипи од средните училишта: „Георги Димитров“, „Никола Карев“, „Нова“, „Кочо Рацин“ и „Орце Николов“.

Во атмосфера со преполни трибини и громогла-сни навивања, беа проследени двата финални нат-превари, во битката за трето и за прво место. Во пр-виот натпревар, играа екипите на „Кочо Рацин“ и „Никола Карев “ и по победата од 62 : 51, момчи њата

На турнирот во кошарка за средните училишта

Page 33: Карпош Урбан бр.25

33КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Мирко Лазарески од О У “Вера Циривири - Трена”

ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ВЕЛЕСЛАЛОМУченикот од ОУ «Вера Циривири - Трена» - Кар-

пош, Мирко Лазарески, го освои првото место во дисциплината велеслалом, во категорија за учени-ци од четврто и петто одделение, на Државниот натпревар во скијање, кој се одржа на 8. февруари годинава, на Пелистер (Битола), во организација на Федерацијата на училишни спортови на Р. М.

Една недела претходно, (30.01.2013) Мирко учествуваше на Меѓународниот натпревар кој се одржа во Мокра Гора (Србија), каде во мошне сил-на конкуренција успеа да го освои третото место. На ова натпреварување учествуваа деца од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Бу-гарија. Поведени од овој успех, учениците и цело-купниот колектив на ООУ „Вера Циривири - Тре-на“ се горди на својот соученик Мирко Лазарески, кој даде сопствен придонес за успешно афирми-рање на училиштето и на Општина Карпош и над-вор од границите на нашата земја.

од „Карев“ го освоија третото место. Финалниот натпревар помеѓу екипите на „Орце Николов“, и „Георги Димитров“, заврши со победа на младите кошаркари од гимназијата на „Георги Димитров“ (42:63), и тие, како победници на турнирот освоија

парична награда во износ од 150.000 денари. За ос-военото второ место им припадна парична награда од 100.000 денари, додека третопласираната екипа, младите кошаркари од „Никола Карев“ добија на-града од 50.000 денари.

Page 34: Карпош Урбан бр.25

34 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 25 • ФЕВРУАРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

МЕЃУВРЕМЕСекој искрен вер-

ник, од која било ве-ра, е на вистинскиот пат, се додека не по-чне да зборува дека другите се на погре-шен пат.

Д. Берн

Еден колега на славниот физичар Нилс Бор, кога ја здогледал потковицата закачена на ѕидот над неговата работна маса, го прашал; - Дали е можно научник како вас да верува дека поткови-цата носи среќа?

Бор му одговорил: „Се разбира дека не верувам во такви глупости! Но верувам дека потковицата им носи среќа на тие што веруваат во тоа.“

Во животот мо-жеш да ги оствариш сите желби, доколку на доволен број луѓе им помогнеш да ги остварат своите жел- би.

Зиг Зиглар

Пријателите се губат доколку често ги повикуваш и ако ретко ги пови-куваш.

Шкотска поговорка

Влегува човек кај психијатар, велејќи дека не-говиот брат, кој седи во чекалната, тврди дека е шарпланинец.

Докторот: Нека влезе да го прегледам.Човекот излегува и се враќа водејќи шарпла-

нинец.Докторот: Па тој навистина е шарпланинец.Човекот: - Ете гледате! Успеа и вас да ве убе-

ди.

Под

готв

ил: М

. Рад

енко

виќ

Во тебе се три човека, еден е каков што сакаш ти, другиот каков што ми-слиш дека си и третиот каков што навистина си. Токму тој не го познаваш.

Кинеска мудрост

Page 35: Карпош Урбан бр.25

„Уметност на живеење Македонија“ Ви предлага работилници:

Запознај го здивот – научи да управуваш

со стресот

Теодора Костовска: тел. 075 40 50 60 или theodoraа[email protected]

Елементи кои ја сочинуваат работилницата:

Практично знаење за да се справи со секојдневните предизвици на животот Интерактивна вежби Yoga вежби, истегнување за релаксација Mедитација и моќни техники на дишење Ujjayi, Pranayama, Bhastrika, Sudarshan Kriya, уникатна техника

Page 36: Карпош Урбан бр.25