14

Информатор на Општина Пехчево бр.2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Информатор на Општина Пехчево бр.2

Citation preview

Page 1: Информатор на Општина Пехчево бр.2
Page 2: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Во периодот 11 - 12 февруари 2012 година во просториите на Здравен дом - Пехчево се одржа дводневна

обука за основен медицински пакет наменета за 20 жени - потенцијални негователки на стари и

изнемоштени лица. Од страна на проектниот тим : Д-р Нада Симовска, Ружа Вазлиска и Билјана

Тодоровска, односно ангажираниот експерт д-р Јагода Шахпаска на присутните им беа пренесени знаења за

третманот на болни лица и вештини за мерење на крвен притисок, шеќер во крв и навики за здрава исхрана.

Заврши обуката за пакетот за основна медицинска помош во рамките на проектот ,, Мобилен патронажен тим за грижа на стари и изнемоштени лица - Добро утро како сте ? ,,

Општина Пехчево доби автубус донација од НР Кина

Општина Пехчево е една од 23-те општини која доби еден училишен автобус, донација на НР Кина за Република Македонија. Производител е кинеската компанија „Јутонг“, која ги направи и двокатните автобуси за јавен превоз во Скопје. Проектот е вреден милион евра, а новите училишни автобуси се произведени во Кина. Договорите за доделување на 23-те автобуси вчера во Владата ќе ги потпишат вицепремиерката за европски прашања и национален координатор за странска помош Теута Арифи и претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа Коце Трајановски.

Имплементатор на проектот во Кина е националната корпорација за економска соработка со странство, а во Македонија е спроведен во соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ и Амбасадата на Кина во Скопје. Aвтобусите се доделуваат со цел решавање на проблемот со кој се соочуваат општините при обезбедување на превози на ученици.

Страна 2

Page 3: Информатор на Општина Пехчево бр.2

На 23-24 февруари ( Четврток и Петок ) беше одржана работилница за ревизија - развој на Локален Акционен План во Општина Пехчево. Оваа локална приоритетна мерка е спроведена како дел од имплементацијата на проектот ,, Подршка на имплементацијата на Стратегијата на Ромите ,, чија што општа цел е да ги зајакне институционалните капацитети на координативните структури за имплементација на Националната Стратегија за Ромите и Декадата за вклучување на Ромите 2005 - 2015 година, со цел да придонесе кон подобрување на ситуацијата на Ромите во државата.

Работилницата беше спроведена од страна на Општина Пехчево во соработка со Министерството за труд и социјална политика

преку проектот за ,, Подршка за имплементација на Стратегијата за Ромите кој е финансиран од Европската унија ,,.

Работилницата ја водеа Марио Велковиќ претставник од МТСП и Валериј Панџаров член на консултанскиот тим, а присуствуваа

преставници на Локалната самоуправа, преставници од образование, бирото за вработување, труд и социјална политика,

здравство и локални граѓански организации кои беа поделени во четири области - домување, здравство, образование и

вработување. Беше поставена визија, и беа наведени програмски и краткорочни цели.

Визија за Локален Акционен План во Општина Пехчево гласи ,, Општина Пехчево е заедница на интегрирани граѓани каде

ромите имаат достоинствен живот ,,. Беше поставен концепт за ЛАП, и беа презентирани резултатите во кои беа посочени

приоритетните проблеми на Ромите.

Подршка на имплементацијата за Стратегијата на ромите

Страна 3

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Page 4: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Страна 4

Работна посета на Министерот за образование и наука Панче Кралев во општина Пехчево

Во официјална службена посета на општина Пехчево беше Министерот за образование и наука во Влада на Република Македонија г-динот Панче Кралев.

Официјален прием беше приреден во просториите на општина Пехчево и градоначалникот д-р Јованчо Станоевски. Во разговорот со градоначалникот на општина Пехчево, Министерот за образование и наука г-динот Панче Кралев имаше прилика директно да се запознае со состојбите во општината од областа на образованието, како и тековните активности кои треба да се реализираат во оваа област.

Градоначалникот д-р Јованчо Станоевски се заблагодари за повеќегодишната соработка со Министерството за образование и наука на највисоко ниво, и истакна дека Пехчево не е проблематично за разлика од другите општини, се одвива добро образованието и настават и дека нашите заложби се тоа што го имаме замислено со министерството да го оствариме. Се заблагодари за добиениот училиштен автобус од кинеската донација, со што многу ќе се олесни превозот на учениците од селата кои посетуваат настава во општинскиот центар.

Како дел од планираната агенда на Министерот имаше можност и директно да се запознае со состојбата во ООУ ,, Ванчо Китанов ,, во кое се сместени и дисперзираните паралелки од средното гимназиско училиште ,, Ацо Русковски ,, - Берово. Министерот имаше можност преку директна комуникација со директорката на ООУ ,, Ванчо Китанов ,, Валентина Станоевска и наставниците и професорите да се информира за состојбата во училиштето. Директорката на ООУ. ,, Ванчо китанов ,, ги посочи проблемите со кои се соочуваат професорите, наставниците и децата во училиштето, дека наставата се одвива во смена и меѓу смена од прво до четврто одделение, додека петтодеветогодишно и гимназиските паралелки учат во прва смена и си ги менуваат кабинетите и се надеваме дека проблемот ќе го решиме во најбрзо време, со реконструкција на старото училиште.

Page 5: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Страна 5

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Министерот ги истакна идните планови и идните инвестиции кои ги планираат Министерството за образование и наука заедно со општина Пехчево во училиштето но и со околните предизвици со кои се соочуваат наставниците, професорите и децата со единствена цел како секундарно да допринесеме да ги подобриме условите во кои се иведува наставата. Истакна дека веќе се обезбедени средства и се планираат зафати од аспект на реконструкција на кровот во училиштето ,, Ванчо Китанов ,, и се планира реконструкција на дополнителен простор со цел сместување на дисперзираните паралелки. Овие инвестиции ќе се реализираат со подршка на општина Пехчево со единствена цел да се овозможи наставата да се одвива без проблеми.

На новинарско прашање министерот одговори дека има разбирање за отворање нови струки во средното образование во Пехчево, по најавениот старт на двата рудника за јаглен кај село Панчарево и за бакар кај село Негрево. Со новите струки би се подготовувал кадар за компаниите што ќе вршат експлоатација на рудното богатство во општината.

Министерот имаше можност преку директна комуникација со граѓаните да се информира за состојбите во образованието, како и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните но и придобивките во секојдневниот живот, а исто така присуствуваше и на презентација на проектот ,,Мобилен патронажен тим за пружање на нега на стари и изнемоштени лица : ДОБРО УТРО, КАКО СТЕ ? ,, на организација на жени од Пехчево ( ОЖП ).

Page 6: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Општина Пехчево е дел од селектираните општини каде во селдниот период ќе се спроведува програмата Форуми во заедницата, која е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Главна цел на програмата е да се поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Форумот претставува платформа за развој којашто цели кон тоа :

1 Граѓаните да го подобрат сопствениот живот, со сопствени идеи и учество

2 Администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на кое ќе му се верува.

Пред почетокот на процесот, вчера во општина Пехчево се одржа состанок помеѓу претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка , Програмата форуми во заедницата и претставници од локалната заедница.

На состанокот присуствува г-динот Ибраим Мехмети-национален координатор на проектот во Амбасадата на Швајцарија, Кристина Хаџи-Василева-менаџер на програмата за координација со форумите, претставници од локалната самоуправа, бизнис секторот, претставници од НВО, и престставници од месните заедници.

Цел на состанокот беше да се потврди подготвеноста и капацитетот на општина Пехчево за учество во програмата, како и да се слушнат ставовите на невладиниот сектор и бизнис заедницата во однос на форумскиот процес и учество на јавноста во процесот на донесување на одлуки.

Беа посочени 3 главни теми на форумот и кои се проблемите во рамките од секоја од дадените теми :

- Инфраструктурата

- Животната средина

- Рурален развој

Прогарамата Форуми во заедницата на Швајцарската агенција за Развој и Соработка, подржува процес на транспарентно и активно учество на граѓаните во дефинирање на приоритетните проблеми и инзаоѓање на нивни решенија. Дел од предложените проекти за реализација од страна на самите граѓани ќе бидат реализирани во рамки на програмата.Финансиска конструкција на овој проект е одредена на 4 800 000, оо денари со рамноправно учество на општина Пехчево и Швајцарската агенција, а веќе во средината на март се очекува да биде организирана првата форумска сесија.

Програма ,, Форуми на заедницата ,,

Страна 6

Page 7: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Во понеделник 27.02.2012 во општина Пехчево беа потпишани меморандуми за соработка меѓу Здружението на граѓани ОХО и општините Пехчево, Делчево, Македонска Каменица и Берово за реализација на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ на локално ниво.

На почетокот воведно обраќање имаа градоначалникот на општина Пехчево д-р Јованчо Станоевски, Љупчо Спасовски, претседател на управниот одбор на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, Зорица Велковска како програмски координатор при Министерството на образование и наука и Пеце Талевски, извршен директор на ОХО кои го истакнаа значењето но и посветеноста и спремноста за реализирање на програмата ,, Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем ,,.

Главна цел на програмата е успешно спроведување на теоријата во дневната пракса при работа на воспитно - образовните институции со што би се влијаело на подигање на еколошката свест кај сегашните и идните генерации, на одржлив еколошки и финансиски развој и заштеди не само на градинките и училиштата, туку и на сите вклучени како што се општините, Министерството за образование и пошироката јавност.

Целта на потпишаните меморандуми е воспоставување и развивање соработка со општините во реализација на Програмата во градинките, основните и средните училишта од општините со цел зголемување на бројот на еко-училишта и еко-градинки на локално, национално и интернационално ниво.

Градоначалникот на општина Пехчево потпиша меморандуми за соработка со ОУ. ,, Ванчо Китанов ,, - Пехчево, ОЈУДГ. ,, 7

Септември ,, - Пехчево и со спроводителите на проектот, канцеларијата во Министерството за образовани и наука, односно

имплементаторот Здружението на граѓани ОХО како организација кој има долгогодишно искуство во областа на заштита на

животната средина и еколошката едукација.

Притоа беа потпишани и меморандуми за соработка меѓу градинките, основните и средните училишта вклучени во Програмата

со нивните општини: Пехчево, Берово, Делчево и Македонска Каменица.

Програмата се спроведува согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството за образование и наука на

Република Македонија, Швајцарската агенција за развој и соработка и Здружението на граѓани ОХО.

Потпишан меморандум за ,, Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем

Страна 7

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Page 8: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Бесплатни превентивни здравствени прегледи во Пехчево

Страна 8

Министерството за Здравство на Р.Македонија и оваа година продолжува да организира бесплатни превентивни прегледи на граѓаните на општина Пехчево.

Денес околу 11 часот преку поставување на здравствен пункт на отворено во центарот на Пехчево, граѓаните добиваа здравствени совети, прегледи, мерење на шеќер во крв и мерење на холестерол. Оваа акција од секој аспект наиде на голем одзив кај граѓаните на цела општина.

Акцијата ја спроведе превентивниот тим од Здравствениот Дом - Пехчево и даваа бесплатни здравствени прегледи на сите заинтересирани граѓани.

Page 9: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Децата од детската градинка ,, 7 Септември ,, - Пехчево го искористија топлото време да го поминат првиот пролеттен ден во дворот на градинката

Страна 9

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Денес е првиот ден на пролетта. Ден кој го најавува будењето на природата. Со пролетта доаѓа топлото и сончево време. Овие денови треба да ги искористите на најдобар начин.

Со традиционална манифестација во дворот на детската градинка ,, 7 Септември ,, - Пехчево, децата први ја најавија пролетта и го одбележаа денот на екологијата.

Со пригодна програма децата и вработените во детската градинка во прекраснит двор на градинката ечеше од детскиот глас, детската смеа, детската игра, среќни го одбележаа почетокот на пролетта.Детските изработки и многубројните пароли за редовна грижа и внимателно однесување кон природата го облагородија и збогатија дворот и училишните простории.

Денеска во дворот на градинката весници на пролетта се децата со венчиња на главата изработени од нивните учителки - рече директорката на детската градинка Јасминка Матевска, а најави дека пролетта во градинката ќе продолжи со бројни активости.

Page 10: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Обука на државните службеници за Регионална политика на Европската Унија – студиско патување во Брисел

Страна 10

Како завршна фаза од обуката за Регионална политика на Европската Унија, која е дел од проектот ,, Одржливо учење за ЕУ и систем за обука ,, финансиран преку билатералната помош на Република Македонија од Кралството Норвешка, во периодот од 12-16 март 2012 година во Брисел беше организирано студиско патување за државни службеници од Република Македонија.

Општина Пехчево имаше свој претставник на студиското патување, на кое му претходеше прв модул од обуката која се одржа во Скопје, од 14-18 ноември 2011 година, во Центарот за обуки при Секретаријатот за Европски прашања, Влада на Република Македонија. Следуваше процес на тестирање и селекција преку кој беа избрани учесниците на студиското патување. Покрај претставниците од општинските администрации, имаше и претставници од Центрите за развој на регионите. Бирото за рамномерен развој, надлежните министерства кои имаат допирна точка со регионалното планирање, како и од Секретаријатот за Европски прашања и Владата на Република Македонија.

Составен дел на студиското патување беа посети на релевантните институции на Европската Унија во Брисел : Европски парламент, Европска комисија, Советот на Европа, Комитет на региони, како и на мисијата на Република Македонија во Брисел, канцеларијата на ЗЕЛС и Градот Скопје, канцелариите на Војводина и Каталонија, претставништвото на бугарските општини. Учесниците беа запознаени и со сите релевантни програми кои се реализираат преку директоратите, а се однесуваат на фондовите кои во моментот се достапни за нас, како и за оние кои ќе може да ги користиме во следниот период, после отпочнување на преговорите со ЕУ.

Добиените информации и остварените контакти со наведените институции се можност повеќе за развивање на заеднички проекти и подобро планирање на развојните програми во следниот период.

Page 11: Информатор на Општина Пехчево бр.2

13-сета Меѓународна научно - практична конференција во Р.Бугарија

Страна 11

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

5 и 6 Април 2012 година директорката Јасминка Матевска - Детска градинка ,, 7 Септември ,, - Пехчево ја претстави и одбрани својата однапред предадена тема на научно - практична конференција одржана во Општина Сандански - Р.Бугарија.

Директорката Јасминка Матевска е учесник на конференцијата уште од 2006 година, за кое му се заблагодарува на градоначалникот на Општина Пехчево д-р Јованчо Станоевски за подршката сите овие години да ја претставува градинката ,, 7 Септември ,, и општината во Р.Бугарија.

Веќе во 2007 година учествува со нејзиниот труд под наслов ,, Современите тенденции - чекор напред во предучилишното воспитување - ЧЕКОРОТ НА ДЕТСКАТА ИДНИНА ,,.

Во 2011 година учествува со нејзиниот втор труд ,, Играта и нејзиното место во предучилишното воспитување и образование ,, , а оваа година 2012 во друштво на повеќе претставници и директори на детски градинки од Р.Бугарија, Р.Србија и Република Македонија достојно и професионално ја претстави детската градинка ,, 7 Септември ,, и општина Пехчево со нејзиниот трет труд под наслов ,, Претстави, празници и други свечености во детската градинка ,, 7 Септември ,, - Пехчево.

Page 12: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Земјоделците и природата - заедно !!!

Страна 12

На 26.03.2012 година (понеделник), во салата во општина Пехчево се одржа тркалезна маса организирана во рамките на проектот ,, Промовирање на земјоделство со високи природни вредности и агро - еколошки плаќања преку граѓанските организации во Македонија ,,.

Проектот се спроведува заеднички од страна на Движењето на екологистите на Македонија - ДЕМ и Центарот за граѓанска иницијатива Прилеп (ЦГИ), во соработка и со поддршка на две меѓународни невладини организации - Авалон од Холандија и Институтот за европска политика за животната средина (IЕЕР) од Велика Британија.

Овој проект се фокусира врз позитивните придобивки на одредени видови на земјоделство во Македонија за заштита на нашите вредни живеалишта и важни видови на флора и фауна. Целта на овој проект е да се придонесе кон стопирање на загубата на биодиверзитетот на Високата природна вредност (ВПВ), обработливо земјиште во Македонија.

Конкретно проектните активности се поставени на:

- Претставување и примена на концептот на земјоделство со ,, Високи природни вредности ,, на различни видови на земјоделство засновани во Македонија,

- Подигање на свеста за важноста на земјоделството со високи природни вредности заради зачувување на биолошката разновидност,

- Преземање на првични чекори кон помагање за да се поддржи и охрабри продолжувањето на постоењето на традиционалното земјоделство, кое е практика во многу региони на нашата земја. Овој проект и неговите активности ќе ги подобрат капацитетите на 23 еколошки организации во Македонија, членки во мрежата на ДЕМ, ќе воспостават подобра комуникација помеѓу еколошките организации и земјоделците од една страна со одговорните институции за ВПВ во Македонија (министерства и агенции) од друга страна, ќе ги промовира ,, Скриените вредности ,, на традиционалните и со низок интензитет земјоделските системи во Македонија, ќе ги информира и едуцира земјоделците во Македонија.

После две годишното планирање, организирање и спроведување на активностите во проектот, овие средби се можност за пренесување на постигнатите резултати од проектот пред поголем број различни заинтересирани страни кои имаат интереси во земјоделството со високи природни вредности.

Присутните кои учествуваа на тркалезната маса организирана во рамките на проектот, пред реализаторите ги идентификуваа предизвиците со кои се соочуваат земјоделците во општина Пехчево, а беа идентификувани и нивните потреби.

Page 13: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Одржана нултата сесија од проектот ,, Форуми во заедницата ,,

Страна 13

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), Центарот за одржлив развој АЛКА, Фондацијата институт Отворено Општество Македонија (ФИИОМ), Центарот за Институционален развој (ЦИРА), МЦМС, и Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ), започнува со реализација на програмата Форуми во Заедниците во општините Пехчево, Делчево, Валандово, Неготино, Осломеј, Зајас, Липково, Желино, Карпош и Гази Баба во периодот Мај 2012 до Ноември 2013 година.

Форумите во општина Пехчево ќе ги спроведува Центарот за Одржлив Развој АЛКА од Скопје.

Квалитетна инфраструктура, развој на руралните средини и животната средина се темите на кои граѓаните на општина Пехчево во наредните неколку месеци ќе прават проекти за да ги употребат 4.800.000 денари од Швајцарската Агенцијата за развој и соработка и Општина Пехчево.

Главна цел на програмата е да се поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво. Форумот претставува платформа за развој за:

1) Граѓаните да го подобрат сопствениот живот со сопствени идеи и учество

2) Администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на кое ќе му се верува.

Конкретни цели на програмата Форуми во заедницата се

* Да се вклучат граѓаните

* Создавање на партнерства меѓу локалните засегнати страни

* Подобрување на капацитетот на локалната заедница за развивање проекти

* Подобрување на капацитетот на локалната администрација во однос на децентралицазијата

* Конкретно подобрување на локалната социоекономска средина.

Активности :

Процесот на Форумот е составен од три главни фази. Првата фаза го конституира Форумот. Втората ги вклучува учесниците во форумот во најмногу десет (10) работни маси кои ќе водат дискусии во рамките на темата со кои ќе се создаваат проектни идеи и препораки. Третата фаза е практичното спроведување на избраните проекти.

Фазата на сесиите се состои од 6 форумски сесии.

Форумот е отворен за сите структури на граѓани од општината кои ќе можат да учествуваат во ваков вид на имплементација на проекти, да ги кажат своите идеи и се заинтересирани да ги кажат своите приоритети, а најважно е тоа што граѓаните сами ќе одлучат што им е потребно и што им прави проблеми во секојдневното живеење.

Page 14: Информатор на Општина Пехчево бр.2

Традиционално секој четврток пред Велигден ( Великичетврток ), Општина Пехчево и О.У.Д.К. Јане Сандански, организира изложба на Велигденски јајца. Изложбата има натпреварувачки карактер, трите најубаво украсени јајца ќе бидат наградени со парични награди. И оваа година изложба ќе се одржи пред Домот на Културата Јане Сандански. Украсените Велигденски јајца треба да се донесат најкасно 12 Април до 12 часот во канцеларијата при Домот на Културата, а сите ќе бидат изложени пред Домот на Културата од 13 до 14 часот.

Првата награда ја доделува Општина Пехчево, додека втората и третата награда ја доделува Домот на Културата ,, Јане Сандански ,,.

Од вкупно над 150 јајца кои учествуваа за избор на најубаво украсено Велигденско јајце на 12 Велики Четврток во Дом на култура ,,Јане Сандански,, Пехчево се избраа 3 најубави Велигденски јајца. Прва награда од избор на најубаво Велигденско јајце , која ја доделува Градоначалникот на Општина Пехчево ја доби Наталија Поповска. Втора награда која ја доделува Домот на културата ја доби Ивана Митринова. Трета награда која ја доделува Домот на културата ја доби Атанас Каракашевси.

Оваа година за прв пат Домот на културата ,,Јане Сандански,,Пехчево,после изборот на најубаво јајце и доделување на 3 награди во вредност од 3000,2000,1000 ден . велигденските јајца од изложбата ги продаваше ,и ги донира на самохрана мајка со три деца .

Манифестацијата продолжува вечерта во 19 часот, следува богата Велигденска манифестација по повод нашиот најголем Христијански празник Велигден.