40
ೀೃೀೇೈ ٻ ڕಭೄೈೊೀ ٻ ٻೊೈೈೀ ٻೇೀ ٻновата болница ಭೄೈೊೀ ٻ ٻೊೈೈೀ ٻೇೀ ٻПроф. Д-р Методи Чепреганов ಬೇ ٻٻೄೀ ٻڈٻٻٻೀೊೈ ٻ ٻೈೇೈೊ ٻ ٻೂೖೈ ಬೇ ٻٻೄೀ ٻڈٻٻٻೀೊೈ ٻ ٻೈೇೈೊ ٻ ٻೂೖೈ ಯಠರಲಭಥರ ٻಭಠ ٻಢಠಸಥಲಮ ʈʗUYG ˍ GɸʌʖʙʌʓʉʗʏGYWX\

Партнер на Вашето здравје бр. 2

  • Upload
    -

  • View
    253

  • Download
    10

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Партнер на Вашето здравје бр. 2

Citation preview

Page 1: Партнер на Вашето здравје бр. 2

новата болница

Проф. Д-р МетодиЧепреганов

Page 2: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Во функција е ONLINE DOCTOR веб апликација на

Neuromedica и NMD.mkЦелта е да со оваа апликација луѓето кои имаат некаков здравствен проблем да побараат совет од докторите на Neuromedica преку поставување на прашање.Брзиот и хаотичен начин на живот во 21-от век придонесе повеќето луѓе да немаат време за себе и за своето здравје. Тие често немаат време да посетат доктор за да се консултираат и да направат испитувања за своите здравствени проблеми. Оваа апликација ќе овозможи на лесен начин да се дојде до првична информација за тоа дали некој симтом или болка е индикација за некој сериозен здравствен проблем и со цел превентивно да се делува.

На апликацијата достапни се 16 различни специјалности на кои читателите може да постават прашање од соодветната област. Со тек на време, сите овие прашања и одговори ќе се оформат како база на податоци од која читателите ќе имаат можност да читаат стручни медицински насоки за одредени здравствени индикации и проблеми.

Проверете на www.nmd.mk

Page 3: Партнер на Вашето здравје бр. 2

новата болница

Проф. Д-р МетодиЧепреганов

4 | МОЗОЧЕН УДАР (Фактори на ризик и превенција)

6 | НЕУРОМЕДИКА се екипира за новата Болница

7 | Проф. Д-р Миодраг Врчаковски се приклучува на врвниотдокторски тим на Неуромедика

8 | Македонецот Здравко Дејановиќ се искачи на врвот Анапурна 1 висок 8.091 метар

9 | Учениците од Нова беа на стоматолог во Неуромедика

10 | Заболувања на простатата

12 | Интервју: НЕУРОМЕДИКА гради најсовремена хируршкаболница

14 | Болницата Неуромедика со забрзано темпо се гради

16 | Компјутерски визуелен синдром

18 | Неуромедика официјална Поликлиника на Фудбалската репрезентација на Македонија

19 | Официјална Поликлиника и спонзор на Ракометната репрезентација на Македонија

20 | Проект РК Работнички - да го вратиме на врвот

21 | ФК Работнички го освои Купот на Македонија!

22 | НЕУРОМЕДИКА официјална Поликлиника на Скопски маратон

23 | По трет пат се одржа ЖЕНСКА ТРКА

24 | Neuromedica официјална Поликлиника на Месецна Спортот 2015

26 | Квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во Футсал Србија 2016

28 | Заштита на бебињата и децата од сончевите зраци

30 | Стручен состанок - Штип

31 | Прва конференција за предизвици на транзицијата на семејните бизниси

32 | Умници (Импактирани заби)

33 | Најистакнат работник за првата половина на 2015 г.

34 | Панични напади

36 | Алергии - дијагноза и третман

38 | NEUROMEDICA со нови кабинети во Битола и Штип

НЕУРОМЕДИКАПрва Приватна Поликлиника Since 1992Партизански одреди бр. 42 1000 Скопје

[email protected]

Дирекција: 02/3 114-023 | Центар: 02/3 133-313 | Влае: 02/2 042-323 | Битола: 047/252-255 Тетово: 044/344-000 | Куманово: 031/414-033 | Штип: 032/385-355 | Кукуш, Грција: + 302 341 022-060

www.neuromedica.com.mk

Издава:ПЗУ Неуромедика

Уредник:Никола Митревски

Стручни соработници:Проф. Д-р Методи Чепреганов

Прим. Д-р Мирослав Спасовски

Спец. Д-р. Антон Кладорабски

Спец. Д-р Сашо Ѓорѓиоски

Спец. Д-р Тодор Стаменковски

Д-р Анета Начевска

Д-р Јулија Ранѓеловиќ

Маркетинг и реклама:071381315

[email protected]

Лектор:Катерина Ангеловска

Фотографија:Дарио Јанковиќ

Златко Димитров

Дизајн:м-р Зоран Ефремов

Европа92 - Кочани

Печат:Европа92 - Кочани

Page 4: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Проф. Д-р. Методи ЧепрегановСпецијалист по невропсихијатрија

Колку луѓе страдаат од оваа појава?

Епидемиологија: голем јавно здравствен товар во светот; мозочниот удар е трета најчеста причина за смрт кај светската популација; за инвалидитет кај адултната популација и за дементни состојби;

Преваленција: 7.1 милиони нови болни секоја година во светот.

Во Македонија 6000 нови болни годишно, или 300 пац/на 100 000 жители. Во Скопје, апроксимативно: 4,9 пац/на ден, или 1800 пац/годишно.

Кои се клиничките манифестации?

Исхемичен мозочен удар, транзиторна исхемична атака, миокарден инфаркт, ангина пекторис (стабилна, или нестабилна), периферна артериска болест (claudication intermitens, болка во мирување, гангрена, некроза); Крварења (мозочни и субарахноидални).

Превенција?

Традиционално, превенцијата е поделена на примарна и секундарна. Примарната има за цел да ја превенира појавата на мозочен удар, додека секундарната да ја спречи појавата на втор удар. Факторите во превенцијата ги делиме на ризико фактори, кои ги фаворизираат мозочните удари и протективни фактори, кои ги превенираат. Оваа превенција ги опфаќа сите вариетети на заболувања на крвните садови (МВА=мозочни васкуларни акциденти) на мозокот: мозочна хеморагија; суб арахноидална хеморагија; мозочен инфаркт со сите етиопатогенетски суб-типови.

Фактори на ризик?

1. Х Т А (покачен крвен притисок)Медикаментите не се единствената пре-венција. Хигиено-диететскиот режим: намалениот внес на сол, алкохол, живо-тински масти, идеална телесна тежина, физичка активност, внес на витамини, зеленчук, овоштие, во бројни рефенци се акцептираат како превенција од МВА.

2. Хиперлипидемија (покачено ниво на масти во крвта)

Секундарна превенција на МВА, редук-ција од 19 до 39% (просек 25%); примар-на превенција: околу 15%; Статините го редуцираат и ризикот од деменции (број-ни студии во тек); СТАТИН се препорачува секогаш како превенција после мозочен исхемичен акцидент, во колку пациентот има дури и граничен ниво на липиди.

3. ПушењеАктивниот и пасивниот табагизам: пла-нетарен проблем за МВА, но особено за пулмоналните болести, со спуштање на старосната граница до 13 година.

4. ДијабетНормализацијата на шекерот ги намалува ризикот од појава на дијабетична МИКРО-АНГИОПАТИЈА (нефропатија, ретинопа-тија, неуропатија), но останува без ефект во превенцијата на МВА. Кај сите дијабе-тичари, постоењето на мултипли фактори (Х Т А, хиперлипидемија, пушење) го дуплира ризикот од МВА. Надвор од дија-бетот, хиперинсулинемијата, како и зголе-мувањето на резистенцијата на инсулин, се значајни фактори за: мозочни инфар-кти и каротидни атероматозни стенози.

5. АлкохолПрекумерна консумација, минимум над 150 мл. дневно: го зголемува ризикот од сите вариетети на МВА (суб арахноидални хеморагии, мозочни хеморагии и инфар-кти) за 8,29%. Додека мала консумација, испод 50 гр. дневно има протективен фактор за мозочни инфаркти. Ризикот кај алкохоличарите (над 500 гр. дневно било каков алкохол или минимум 5 чаши жесток алкохол на ден) за суб арахнои-дална и мозочна хеморагија е зголемен за 4 до 6 пати, во однос на апстинентите и тоа фаворизирачкиот ризик на алкохолот се појавува 24 часа после напивањето и перзистира за период од една недела.

6. Прекумерна телесна тежина (Обеситас)Прекумерна тежина процентуален ризик 2%, секогаш мултиплициран од асоци-раните ризико фактори: Х Т А, дијабет, хиперхолестеролемија.

7. Орални контрацептивни лекови (ОКЛ)Се смета дека 78 до 85 милиони жени во светот употребуваат орални контрацеп-тивни средства. Резимиран заклучок: ризикот се зголемува со зголемувањето на дозата на естрогенот и тоа над 50 ми-крограми се мултиплицира со фактор 5, особено кај жени над 35 годишна возраст, во асоцијација со други ризико фактори. Х Т А и пушењето го зголемуваат ризикот за 2,75%. ОКЛ е специфичен фактор на ризик за мозочни венозни тромбози.

8. Инфламација и инфекцииБројни референци сугерираат дека инфламацијата е фактор на ризик за ате-росклероза, посебно покачувањето на Ц реактивниот протеин го удвојува ризикот за мозочен инфаркт. Према некои автори: дел од превентивниот ефект на аспиринот и статините се должи на нивните анти инфламаторни својства.

Енормен број на студии се посветени на акутната и хроничната инфекција, при-мери: Chlamydia pneumoniae, Helicobacter pylori, цитомегаловирусите, периодон-тална инфекција се ризик за мозочни инфаркти.

9. ХомоцистинемијаБројни судии ја потврдуваат врската помеѓу покачувањето на хомоцистеинот и ризикот од мозочен инфаркт 1,2 до 2,91%. Витамин-скиот третман го намалува овој ризик.

Page 5: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Протективни фактори?

Мали дози на алкохолПрема Physician’s Health Study , Framingham: консумација на алкохол, во доза помала од 50 мл., два до 4 пати во неделата го намалува ризикот од мозо-чен инфаркт за 25%. Спрема Manhattan студијата: две чаши вино за мажите и една за жените во тек на денот го намалу-ва ризикот за 50%. Во сите студии се пре-порачува интерпретација на овие резулти со внимателност и голема претпазливост.

Физичка активностОдредена физичка активност од рана возраст треба да следи секоја индивидуа во тек на целиот живот: го намалува ризикот од МВА и срцеви инфаркти и тоа многу покорисно е должината на траењето на физичката вежба, од интен-зитетот на физичките вежби.

Нутритивни факториЗголемувањето на консумацијата на КА-ЛИУМ и МАГНЕЗИУМ, на плодови, зелен зеленчук и цереалии се намалува ризи-кот за мозочни инфаркти. Витамините Ц и Е, како антиоксиданси имаат исто така докажан позитивен ефект.

Превенција на мозочните хеморагии (МХ)?

Прва и основната превенција на МХ (10 до 20% према различни студии) ја чини: антихи-пертензивниот третман, редукција до 80%.

Втора превенција: третман на алкохолиз-мот (над 50 мл дневно).

Трета превенција: коректна и адекватна прескрипција на антитромботичните (антикоалулантните) медикаменти. Фак-тори од кои зависи: возраст; висина на Х Т А; присуство на леукоареоза во бела маса; асоциран алкохолизам; нивото на плакетарните елементи; постоење на хипергликемија; повторувани васкулар-ни акциденти.

Четвртата превенција: откривање на мозочните васкуларни малформации и нивна превенција од руптура (аневри-зми и АВ малформации, каверноми). Симптоми кој ги откриваат: главоболки + епилептични кризи.

Превентива: контрола на ХТА, забрана на ексцесивна консумација на алкохол, забрана на аспирин, на антитромботици, Хируршки третман, или тромболиза.

Превенција на мозочните инфаркти?

ПРИМАРНАЕдинствен студиран антитромботик за примарната превенција е АСПИРИН-от. Пред 15г. четири големи рандомизирани студии во Англија и во САД, кај пациенти без васкуларни акциденти, објективи-зирале: редукција на миокардните ин-фаркти, без модификација на ризикот за мозочни исхемии.

СЕКУНДАРНА ПРЕВЕНЦИЈА

АТТ Цоллаборатион, мета анализа на 135 000, од 287 студии, aspirin, tiklopidin, clopidogrel и dipyridamol: во глобала антиплакетарните (антиагрегантните) лекови го намалуваат комбинираниот ризик за морталитет од васкуларна бо-лест, од миокарден и мозочен инфаркт во просек за 25%+, а само за мозокот: редукција на ризикот од ТИА и мозочен инфаркт за 22%.

Заклучок

ПРЕПОРАКИ од европската асоцијација Stroke во однос на ризико факторите: контрола на артеријалниот притисок (140/85 ммХг); контрола на гликемијата и нивото на холестеролот; кај пациен-ти со коронарна болест прескрипција на СТАТИН-И; кај пациенти со МВА: прескрипција на статин+плавикс, или клопидогрел, тиклопидин, аспирин, или дипиридамол (процентуално најуспешна комбинација АСПИРИН 100 мгр + Пла-викс 75 мгр/ден); престанок на пушење; забрана на консумација на ексцесивни дози на алкохол, дозволено мали дози до 50 мл дневно; постојана физичка ак-тивност, без преголемо напрегнување; не се препорачува субститутивен хор-монален третман во менопаузата; не се препорачуваат орални антикоагулантни лекови.

Page 6: Партнер на Вашето здравје бр. 2

НЕУРОМЕДИКА СЕ ЕКИПИРА ЗА НОВАТА БОЛНИЦАНеуромедика со забрзано темпо се подгот-вува за новата Болницата. Изградбата е во втора фаза и активно се работи на градеж-ното земјиште на ул. Јордан Мијалков бр. 62. Се очекува за 12 месеци да биде завршена градбата и да се направат првите прегледи во новите простории.

Менаџментот на Неуромедика започна со екипирање на персонал за Болницата. Покрај досегашниот врвен медицински кадар, Неу-ромедика се засили со нови врвни доктори:

- Проф. Д-р Миодраг Врчаковски - неврорадиолог

- Спец. Д-р Никола Дамчевски - гинеколог

- Спец. Д-р Ивона Палашевска - гинеколог

- Спец. Д-р Ирена Најдоска - психијатар

- Спец. Д-р Марија Милановска - невролог.

Д-р Ирена Најдоска има завршено Mе-дицински факултет на УКИМ во 2004 год. Работела како матичен лекар до 2010 год. кога запишува студии по специјалноста Психијатрија на Медицинскиот факултет на УКИМ, кои ги завршува во 2014 год. Има дополнителна едукација од две години за Системска и семејна психотерапија. Работи индивидуална и системска психотерапија (несоници, неврози, пореметувања на исхрана, панични растројства, социјални, школски и други фобии, пострауматски стресни растројства, анксиозни растројства, депресии, психози).

Спец. Д-р Ирена Најдоска - психијатар

Спец. Д-р Марија Милановска - невролог

Д-р Марија Милановска завршува медицински факултет во 2008 година и веднаш се запишува на специјализација по неврологија. Станува специјалист невролог во 2014 година и се запишува на докторски студии во областа на клиничката невро-физиологија. Од месец мај активно работи како невролог во Неуромедика - Влае во одделот Неврологија под менторство на Проф. Д-р Методи Чепреганов. Д-р Ми-лановска, заедно со радиолошкиот тим, одлично работи со современите невро-лошки дијагностички методи како ЕЕГ, ЕМГ, магнетна резонанца и компјутерска томо-графија, со кој се поставуваат најпрецизни дијагнози во државава и регионот.

Д-р Никола Дамчевски има долго иску-ство во полето на гинекологијата и акушер-ството во јавното и приватното здравство со бројни успешни ин витро оплодувања и породувања. Во Неуромедика во одделот за гинекологија се прават сите гинеколош-ки дијагностичко-терапевтски процедури и иследувања (ултразвучна дијагностика 3D/4D, ПАП тест, колпоскопија, контра-цепција, амбулантски интервенции и третмани, рано откривање и следење на бременост, скрининг на аномалии, приска тест и др.).

Д-р Ивона Палашевска е специјалист гинеколог акушер, која својата едукација и обука ја има здобиено на повеќе прес-тижни светски медицински центри. Ме-дицинскиот факултет го заврши во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. По завршување на медицинскиот факултет се упати на стручно усовршување, однос-но магистерски студии кои успешно ги заврши на престижниот универзитет во Италија La Sapienza во Рим, како стипен-дист на Владата на Република Италија. Специјализираше во Ниш, Република Србија. Во текот на специјализацијата посети бројни медицински центри во ЕУ, САД и Канада каде се стекна со искуства од познати професори признати профе-сионалци во сферата на гинекологијата и акушерството. Активно учесник на повеќе светски, европски и национални конгреси и симпозиуми.

Моментално работи како специјалист гинеколог акушер во Neuromedica, а па-циентките имаат можност да ја изберат за матичен гинеколог.

Спец. Д-р Никола Дамчевски - гинеколог

Спец. Д-р Ивона Палашевска - гинеколог

Page 7: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Проф. Д-р Миодраг Врчаковски е лик кој долго време е во нашето здравство и како професор и како лекар од областа на неврорадиологијата. Од 1985-та годи-на се бави со интервентна неврорадио-логија и практично тој е основоположник на неврорадиолошките процедури во земјава, како на пример имболизации на хиперваскуларните тумори на мо-зокот, имболизација на малформации на крвните садови во мозокот и емболиза-ција на мозочни аневризми, а сето ова претставува дел од почетоците на невро-логијата, како што вели и самиот тој.

Професор Врчаковски има објавено свои четири монографии:

1. приказна за дисхусхерниите

2. тајните на хипофизата

3. контрастни средства во магнетната резонанца и

4. моќта на протоните

Исто така има направено и три научно едукативни филмови, реализирани преку советот за радиодифузија, а нивната тема е од областа на радио-логијата.

Своето работно искуство го започнува на институтот за неврохирургија, со тенденции да стане неврохирург, но потоа неговите интереси се насочуваат кон неврорадиологијата. Својот докто-

рат на тема „Радиолошка геометриска реконструкција“ го има одбрането во 1985-тата година. По неговото докторирање, како што вели тој, бла-годарејќи на својата „среќна ѕвезда“, веднаш станува доцент, па потоа во-ндреден професор, а за не многу долго време и редовен професор. Тој сеуште останува посветен на студентите и пациентите.

Од месец април 2015г. Проф. Врча-ковски започна активно да работи на најсовремената невродијагностика во регионот, во одделот за Радиологија на Неуромедика.

ПРОФ. ДР МИОДРАГ ВРЧАКОВСКИ СЕ ПРИКЛУЧУВА НА ВРВНИОТ ДОКТОРСКИ ТИМ НА НЕУРОМЕДИКА

Page 8: Партнер на Вашето здравје бр. 2

МАКЕДОНЕЦОТ ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌСЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ АНАПУРНА 1 ВИСОК 8.091 МЕТАР

Македонецот Здравко Дејановиќ се ис-качи на врвот Анапурна 1 на Хималаите висок 8.091 метар, кој се смета за еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување. Дејановиќ врвот го ис-качи на 24 март годинава во 14.45 часот по локално време. На врвот Анапурна 1 досега се забележани само 192 искачу-вања од планинарски експедиции.

Ова е огромен успех за македонското планинарство. Здравко Дејановиќ со ова стана прв и единствен Македонец кој до сега има искачено три врва над 8000 метра, а со ланското искачување на К2 и овогодишното на Аннапурна 1, како и со претходно искачениот Монт Еверест, до

денес е нашиот најуспешен ХИМАЛАЕЦ, чии успеси полека влегуваат и како врвни, светски достигнувања во Хималаизмот.

Алпинецот, на 49 годишна возраст, со смрзнатини на прстите на десната рака од четврти степен, смрзнатини на прстите на левата рака од први степен, како и смрзнатини на прстите на нозете од прв степен се здобил на 24-ти март 2015 год. при својот алпинистички поход. Смрзнатината е здобиена кога ја извадил ракавицата од својата десна рака како би го поставил Македонското знаме на осво-ениот врв. Исто така тој ја поминал ноќта на висина од 7400 м. Не примал никакви лекарства четири дена и се јавил во кли-ника во Катманду на 28 Март 2015 год.

Пациентот е примен на преглед во

Neuromedica на 1-ви април, веднаш по

слетувањето на аеродромот во Скопје.

Применети се сите современи мерки

за локален третман и ординирана

терапија. Пациентот го продолжува

своето лекување во Neuromedica кое е

во целост е покриено и овозможено од

менаџментот и Директорот Д-р Емил

Угриновски. За него се грижи Прим. Д-р

Добрила Андоновска специјалист по

пластична и реконструктивна хирургија.

Тимот на Neuromedica ќе стори се за да

му помогне на овој врвен македонски

спортист да оздрави и да се врати во

форма што поскоро.

Неуромедика - Општествено одговорна институција

Page 9: Партнер на Вашето здравје бр. 2

УЧЕНИЦИТЕ ОД НОВА БЕА НА СТОМАТОЛОГВО НЕУРОМЕДИКА Стоматологот Д-р Поповски љубезно ги пречека учениците од приватното училиште НОВА во стоматолошката орди-нација на Неуромедика. Тој им објасни како да се грижат за своите заби, одговараше на прашања од учениците и им направи контролни прегледи за да провери дали е се во ред со нивните заби.

Презентацијата помина одлично и учениците беа задоволни. Тие раскажаа дека воопштно не било страшно да се оди на стоматолог и ветија дека редовно ќе ги четкаат забите. Повеќето ученици беа доста љубопитни околу докторската дејност, со внимание гледаа како работи докторот, прашуваа за медицинските апарати, а дел од нив кажаа дека сакаат да станат доктори кога ќе пораснат.

Page 10: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Простатата е егзокрина жлезда која ја опколува уретрата во склоп на репро-дуктивниот систем кај мажите. Основна функција на истата е продукција, екскре-ција на алкална течност, за време на ејакулација, која е составен дел на спер-малната течност и има значајна улога за преживувањето на сперматозоидите во киселата вагинална околина.

Најчести заболувања на простатата се бенигна хиперплазија на простатата, вос-паление (акутно и хронично) и карцином на простата. Бенигна хиперплазија на простатата е зголемување на волуменот на простатата која се јавува кај мажите со стареењето и е хормонално условено. Обично зголемувањето на простатата почнува во 5 декада од животот, додека речиси сите мажи на возраст од 70 и повеќе години имаат зголемена простата. Најчести симптоми на истата се: потреба за често мкрење, потешкотија при почну-вање на мокрењето, слаб млаз, чувство на недоиспразнетост после мокрење. Дијагноза на истата се поставува со по-мош на ултразвучен и ректален преглед. При изразени симптоми истата се лекува со помош на лекови или хируршки со отстранување на дел или пак целосно остранување на истата. Акутно воспале-ние на простатата (акутен простатит) нај-често го предизвикуваат грам негативни бактерии и најчесто се јавува кај младите и средновечните мажи. Акутниот прос-татит често се јавува во склоп на воспа-ление на другите делови на уринарниот систем (цистит-воспаление на мочен меур, уретрит- воспаление на уретра итн) и после инвазивни дијагностички процедури (катетеризација, биопсија на

простатата). Пациентите најчесто имаат потреба за често мокрење, уринарна ин-континенција, треска, висока температу-ра, потешкотија во мокрењето, заматена урина, пелвична и перинеална болка. Истата се лекува со помош на антибио-тици. Дијагноза се поставува со помош на ултразвучен преглед, крвна слика со ПСА, ректален преглед. Хроничното воспаление на простата е компликација на акутното воспаление, како резултат на недоволно лечење на истата. За разлика од акутниот простатит каде пациентот е акутно болен со очигледни симптоми, пациентите со хроничен простатит може повремено да ги имаат гореспоменатите симптоми во помал интензитет или да бидат асимпроматски и обично дијагно-зата се поставува ако симптомите перзис-тираат повеќе од три месеци особено ако постојано во повеќе наврати се детектира присутна бактерија во урината.

Карцином на простатата е втор најчест карцином кај мажите. Најчести ризик фактори се возраста, етничктата при-падност, генетските фактори и во помал степен храната. Карцином на простатата ретко се јавува кај мажи на возраст пома-ла од 40 години. Карцином на простатата е многу почест кај црната раса отколку кај населението од белата раса. Карциномот на простата е за два пати поголем кај ма-жите чии роднини од прво колено имале карцином на простатата. Присуството на БРЦА1 и БРЦА 2 мутациите го зголему-ваат ризикот за карцином на простатата. Установено е дека консумацијата на животински масти, намалениот внес на заленчук го зголемува ризикот за карцином на простатата. Зголемениот внес на кафе е асоциран со намлен ризик за појава на високо агресивен карци-ном на простата. Пушење-то, бројот на испушени цигари во текот на денот, е асоциран со почеста појава и рекуренција на инвазивни карциноми на простатата. 5 годиш-ното преживување од карцином на простатата зависи од раширеноста на болеста која се движи од 100% преживување ако е карциномот ограничен на простатата, па до 30% кај оние со далечни метастази.

За карцином на простата како скрининг метода се користи определување на нивото на ПСА (простатичен специфичен антиген) во крвта. Установено е дека покачениот ПСА дури со години (5-10 години) може да биде предвесник за карцином на простатата. Но, треба да се земе во обзир дека истиот е покачен и кај простатит и кај бенигната хиперплазија на простатата. Кај простатит обично ни-воата на ПСА за 6-8 недели се враќаат во нормала. Лековите за БХП го намалуваат нивото на ПСА. Зголемувањето на ПСА при терпија со лекови за БХП најчесто укажува за карцином на простатата. Како скрининг метода за рано откривање на карциом на простатата најдобро е одредување на ПСА и дигитален ректа-лен преглед, поединечно или заедно, а во втор план и ехо на простатата. При позитивен наод потребно е да се направи биопсија на простатата за да се докаже присуството на карцином на истата. Скри-нинг за карцином треба да се започне кај мажите над 50 год., додека кај мажите со зголемен ризик (кои имале роднини со карцином на простатата) да се започне на 40-45 годишна возраст. Повеќето пациенти во рана фаза немаат симптоми на карцином на простатата. Лекувањето на карцином на простата (локализирана форма) се спроведува со радиотерапија или радикална простактетомија (хирурш-ко остранување на простатата).

Д-р Антон Кладорабски

Специјалист кардиолог

Спец. Д-р. Антон КладорабскиСпецијалист кардиолог

Page 11: Партнер на Вашето здравје бр. 2
Page 12: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Интервју со Д- р Емил Угриновски - директор на Неуромедика

НЕУРОМЕДИКА ГРАДИ НАЈСОВРЕМЕНА ХИРУРШКА БОЛНИЦАСпоред д-р Угриновски болницата е сопствена инвестиција на Неуромедика, вредна 7 милиони евра, а во неа ќе бидат вклучени повеќе хируршки дејности како ортопедија, торакална, пластична...

фото. Ѕ. Плавевски

Валентина МАРЈАНОВИЌ

Здравствениот бренд Неуромедика почна да гради нова болница лоцира-на во центарот на Скопје. Болницата ќе има 8 ката, два под земја и 6 над земја и ќе опфаќа површина од 3.500 метри квадратни. Изминативе 23 години првата приватна поликлиника Неуромедика за македонските граѓани стана не само познат бренд, туку и синоним за здравје, бидејќи ја докажа професионалноста и стручноста во работењето. Изминативе години околу милион и пол граѓани од земјава и од странство поминале низ Неуромедика и ги користеле нејзините здравствени услуги.

Новата болница ќе располага со нај-современа медицинска апаратура, истовремено ќе се прошири и нивната медицинската дејност со повеќе спе-цијалности, а ќе има и нови методи на лекување. По тој повод разговаравме со д-р Емил Угриновски, генерален директор на Неуромедика, за да дознаеме нешто повеќе за оваа голема приватна инвестиција во домашниот здравствен сектор вредна околу 7 ми-лиони евра.

1. Камен-темелникот е веќе поставен, како напредуваат активностите со изград-бата на болницата која се наоѓа на атрак-тивна локација во центарот на Скопје?

- На 11 февруари стартувавме со активностите и на свечен начин го ставивме камен-темелникот на болницата што се гради во центарот на Скопје. Временските услови се одлични, се оди како што треба и затоа се планира крајот на овој месец да се изведува карабината. Се надевам дека и во иднина времето нема да биде пречка и сите градежни активности да се реализираат без застој. Објектот е ист како сите светски современи болници каде се применуваат современи принципи и правила. Изградбата е предвидено да се одвива во две етапи. Карактеристично за првата етапа е што приоритетно е да се отвори поликлиничкиот дел, бидејќи за него е потребно помалку време, отколку за болничкиот дел, оти не треба да се монтира апаратурата, туку само да се опреми со нов инвентар и мебел. Инвестицијата, односно изведбата на објектот, е 3 милиони евра, а 4 милиони евра е медицинската опрема.

2. Болницата ќе биде модерна и специјалност ќе и биде хируршката дејност. Според проектот за колку време ќе бидат овие услуги достапни за македонските граѓани?

- Неуромедика ги поседува најсовремените апарати како што е магнетната резонанса и компјутерската томографија кои само ќе бидат дислоцирани од една на друга локација. Првата етапа е изградба на зградата и пуштање на поликлиничкиот дел при што период на завршување е меѓу 12 и 15 месеци, односно најдоцна до мај 2016 година. За реализација на втората фаза се потребни уште 6 до 8 месеци. Во тој временски период ќе бидат изградени потребните

болнички капацитети, односно ќе се направи се за целосно да се поврзат сите системи за се да функционира беспрекорно. Од камен-темелникот до завршување на болницата предвидени се 2 години.

3. Колкав ќе биде капацитетот во делот на поликлиничките и болничките услуги?

Болницата ќе биде современа и според сите светски стандарди, бидејќи на изготвувањето на проектот се работеше детално 4 години и во него беа вклучени домашни врвни професионалци. Таа ќе биде на 8 ката, два се под земја од кои едниот паркинг, а другиот за третирање на најсовремените дијагностички процедури. Според сите светски стандарди ќе се гради специјален бункер каде најсовремени апарати ќе бидат ставени во систем каде ќе има заштита од зрачење. На приземјето ќе биде приемното одделение и за поликлиничкиот дел и за болничкиот дел. На првиот и вториот кат ќе бидат поставени 21 амбуланта, на третиот ќе бидат операционите сали и постинтензивната и интензивната нега. Четвртиот кат е резервиран за апартманите за сместување на болните лица кои ќе бидат еднокреветни, двокреветни и трокреветни. На последниот кат ќе биде сместена администрацијата и менаџментот.

4. Дали се работи за домашна инвестиција или преку Неуромедика влегува друг познат медицински бренд?

Инвестицијата е целосно на Неуромедика иако имаше притисоци од разноразни инвеститори. Дел од нив беа болници од Турција, Германија, Швајцарија, но и македонски компании и банки кои нудеа заедничко партнерство. Сепак во конкретниов случај се работи за чисто македонска инвестиција. Но, како компанија сме заинтересирани да ангажираме стручњаци медицински лица од странство. Договорено е да работат двајца еминентни светски стручњаци

Page 13: Партнер на Вашето здравје бр. 2

кои значат многу на светско ниво во областа на ортопедијата и хирургијата. На тој начин сметам дека ќе се привлечат пациенти и од Косово, Албанија, Јужна Србија...

5. Дали планирате да го проширите кадарот, ќе има ли нови вработувања?

Покрај постоечкиот кадар што го има Неуромедика од 100 лица ќе бидат вработени уште 60 и тоа доктори и средномедицински кадар. Тие ќе бидат дел од болницата која ќе биде специјализирана за хируршка дејност, но во неа ќе бидат вклучени ортопедијата, трауматологијата, општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија. Ќе има и ургентен центар, оти нашата добра локација неминовно го налага тоа, но нема да има кардиохирургија и гинекологија. Што се однесува на капацитетите тие ќе бидат прилагодени на домашниот пазар за да бидат максимално исполнети и рационално искористени. Рационалноста ќе биде корисна и за пациентите и за нас како компанија. На располагање ќе бидат 30 лежаи и според тоа ќе бидеме втора по големина приватна болница во земјава според бројот на кревети.

6. Зад вас е успешна година, колку пациенти лани се лекуваа во Неуромедика?

- 2014 година ние ја завршивме со дадени услуги во сите дејностои на 147.000 пациенти, од кои околу 2.000 се странци. Со оваа бројка сме во топ 3 приватните здравствени установи по бројот на пациентите. Споредено со претходната година имаме раст од 10% во однос на 2013 година кога имавме 131.000 пациенти. Доколку од вкупната бројка пациенти само еден посто побараат болнички услуги тоа е околу 1.500 пациенти. Неуромедика е присутна во речиси сите региони од Македонија како што се поголемите градови Битола, Тетово, Куманово, Штип и со тоа ја покриваме речиси територијата на целата држава.

7. Вие сте една од ретките здравствени комании кои имаат инвестирано надвор од државата, односно во земја која е дел од ЕУ. Кои се вашите идни планови, особено ако се има предвит дека вие успешно работите 23 години како познат медицински бренд?

- Неуромедика 10 година има Поликлиника во Грција и тоа е прва македонска инвестиција во Грција, за што сме горди оти опстојуваме на пазарот на европската унија. Во Грција годишно се третираат од 25.000 до 30.000 пациенти. Кај нас се лекуваат речиси сите претставници на странски компании, како и претставници на дипломатскиот кор, амбасадори, министри, тоа не прави да бидеме навистина горди на она што сме го изградиле. Но, ние во нашиот развој не застануваме продолжуваме со перманетно едуцирање на нашиот кадар, но и вработуваме квалитетен кадар. Неуромедика е основана во јуни 1992 година, годинава ќе направиме 23 години што само потврдува дека сме прва приватна здравствена ординација во РМ. Вработени се 115 лица од кои 100 во РМ, а останатите се во Грција. Околу 40% од вработените во земјава се лекари, односно стручен медицински кадар. Генерално речиси 90% од сите вработени се со високо образование и млади до 30 години.

Новинар Валентина Марјановиќ

Page 14: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Од поставувањето на камен темелни-кот во месец февруари 2015г. до сега активно и со забрзано темпо се гради болницата Неуромедика. Ископот на земјиштето и поставувањето на

темелите на Болницата беа завршени во предвидениот рок и веќе 2 месеци се работи на карабината. Изведува-чите на проектот ги вложуваат сите свои ресурси за да изведбата биде по

дадениот рок и идејниот проект во кој е предвидено Болницата да биде на 8 нивоа од кои во 6 нивоа ќе биде сместен болничкиот дел на вкупна површина од 3.500 м2.

Page 15: Партнер на Вашето здравје бр. 2
Page 16: Партнер на Вашето здравје бр. 2

ДефиницијаАко редовно користите компјутер, многу е веројатно да патите од компјутерски визуелен синдром. Овој синдром се состои од серија на едноставни проблеми со очите и видот, поврзано со честа употреба на компјутер и тоа го имаат речиси околу три четвртини од корисниците на компјутер. Иако не постои причина за паника, секако е препорачливо да се преземат одредени чекори како ситу-ацијата не би станала полоша.

СимптомиНајчестите симптоми на синдромот се замор, напнатост на очите, суви очи, чувство на печење во очите, чувство на страно тело во окото или присуство на песок во очите, чувст-вителност на светлина, заматен вид, главоболки, осетливост на ненадејни движења, болка во вратот, рамената, грбот.

ПричиниОвој синдром има повеќе причини. Проблеми со очите за време на употребата на компјутер може да се должи на:

• Недоволен проток на солзите во очите поради намале-но трепкање на очните капаци

• Намалено трепкање (заборавање на трепкање) на очните капаци може да биде предизвикано поради премногу „зјапање“ во мониторот и поголема изложе-ност на светлина, одблесок на мониторот

• Слабеење на видот се должи на зголемени напори на окото поради што треба да се земат нови очила или пак по прв пат треба да почнат да се носат.

Page 17: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Лекување и превенцијаПроблемот се решава со прилагодување на мониторот така што рефлексијата на светлината кон окото е помала. После тоа, неопходно е да се посети лекар специјалист за очни болести (офталмолог) за очен преглед и евентуално препишување на очила доколку е потребно. Проблемот може да го подобрат и ергономски интервенции на ра-ботното место, - потребно е да седи во удобен канцела-риски стол на соодветна височина, со потпирач на грбот и вратот. Очите треба да бидат во ниво на мониторот, а раката во ниво на тастатурата. Oчила со заштитен ан-тирефлексен слој препишани од страна на очен лекар, исто така, може да ги намалат симптомите особено симптомите кои се предизвикани од рефлексијата што се одбива од мониторот. Лубрикантни капки кои ги подмачкуваат очите и кои спречуваат солзите да ис-парат од површината на очите се исто така потребни и можат да ги отргнат симптомите. Доволно се само 2-3 капки дневно. Доколку почувствувате вакви или слич-ни тегоби можете слободно да се обратите на очниот оддел во Поликлиника Неуромедика за понатамошно иследување, потврдување или исклучување на овој проблем.

Спец. Д-р. Сашо Ѓорѓиоски извршува офтамолошки прегледи, поставува дијагноза и третман со најсо-времена медицинска апаратура. Во офталмолошката амбуланта во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА може да се извршат следниве дијагностички процедури:

1. Општ офталмолошки преглед: биомикроскопија, директна офталмоскопија

2. Авторефрактокератометрија (компјутерско одре-дување на диоптрија);

3. Проба и фитување на меки контактни леќи со пробни сетови на контактни леќи ( CIBA Vision и Bausch and Lomb);

4. Тонометрија (мерење очен притисок со неконтак-тен тонометар);

5. Периметрија (компјутерско одредување на видно

поле особено значајно кај пациенти со покачен очен притисок);

6. Гониоскопски преглед (преглед на иридо корнеалниот агол - очниот агол со Goldman тространа призма - осо-бено значајно кај пациенти со покачен очен притисок)

7. Страболошки преглед и одредување на диоптрија кај деца со скијаскопија и авторефрактокератометрија;

8. Ширмер тест, ТБУТ тест (тестирање на квалитетот на солзниот филм и степенот на сувост на очите);

9. Преглед и промивка на солзните канали;

10. Земање на брис од очи;

11. Отстранување на туѓо тело од око и понатамошно третирање;

12. Дијагностика и третман на разни воспалителни и не-воспалителни патолошки промени на очите.

Закажете преглед на телефонскиот број: 02/3 133-313Спец. Д-р. Сашо ЃорѓиоскиСпецијалист по офталмологија

Page 18: Партнер на Вашето здравје бр. 2

НЕУРОМЕДИКА ОФИЦИЈАЛНАПОЛИКЛИНИКА НА ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Оваа година фудбалската репрезентација на Македонија играше квалификации за

Европско превенство 2016 во Франција. Во групата C во дуел со 5 репрезентации или вкупно 10 наптревари, 5 се играа на арената Филип II на кои Неуромедика беше медицинско обезбедување по критериумите на УЕФА. Единствено во Р. Македонија само Неуромедика ги исполнува високите критериуми на УЕФА и заедно во соработка со ФФМ се грижиме за здравјето на нашата репрезентација и на сите гостински репрезентации.

Секој натпревар се обезбедува со 5 медицински екипи или вкуп-но 20 медицински лица кои се опремени со најсовремена ме-дицинска опрема и помагала за брзо интервенирање и санирање на повреди при фудбалските натпревари. Мобилните екипи со санитетски возила се спремни во секој момент брзо и безбедно да транспортираат посериозно по-вредени фудбалери до најблис-ката болница за дополнителна дијагноза и лекување на тешки спортски повреди.

СП РТНеуромедикаго поддржува македонскиот

Page 19: Партнер на Вашето здравје бр. 2

ОФИЦИЈАЛНА ПОЛИКЛИНИКА И СПОНЗОР НА РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЖЕНСКАТА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СЕ ПЛАСИРА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ШПАНИЈА 2015По квалификацискиот турнир за Euro Handball Women‘s U19 Spain 2015 кој се одржа во Скопје во организација на РФМ, нашата младинска ракометна репрезентација со 3 победи лесно се пла-сира на првенството.

Во подготовките за на Euro 2015, рако-метарките беа под постојан надзор од докторите на Неуромедика кои се грижеа за нивното здравје и ја пратеа нивната кондициона и физичка подготвеност. Специјалисти од различни области вршеа целосни прегледи пред и после физичките подготовки за првенството, за да ја увидат разликата од припремата. Современите дијагностички методи и

искуството на докторите потврдија дека со квалитетни тренинзи, добра исхрана и медицински надзор физичката подгот-веност може да се подигне на највисоко ниво. Првиот човек на Нeуромедика Д-р Емил Угриновски, кој во исто време е Ди-ректор и спонзор на Женската Ракометна Репрезентација посочи дека ракометар-ките ќе бидат будно следени и на ова европско првенство. Врвните спортски резултати секако дека зависат од физич-ките подготовки, но доколку не им пону-диме постојана грижа тие нема да бидат на нивото што го бара овој спорт.

Д-р Угриновски и Селекторот на жен-ската младинска репрезентација, Симе

Симовски истакнаа дека подготовките поминале во најдобар ред. Тие имаат на располагање квалитетен состав од млади ракометарки, кои претставуваат огромна надеж за иднината на македон-скиот женски ракомет.

ЕП Шпанија 2015 за девојки до 19 години се одржa од 23. јули до 02. август 2015 во Валенсија. Македонија го освои 15-то место со биланс од 2 победи, 1 нерешен резултат и 3 порази. Оваа е одличен успех за нашата млада репрезентација, што ветува дека оваа генерација на млади ракометарки во иднина ќе на-предуваат и ќе носат поголеми успеси на македонската ракометна сцена.

Page 20: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Долго очекуваниот и најавуван проект РК Работнички започна со реализација. Клубот кој има долга традиција во нов засилен состав под водство на тренерот Андон Бошковски и на неговиот помошник Благојче Весиќ почна со припреми

за суперлигашките натпревари. „Проектот Работнички како клуб постои, тој е најстар клуб во Македонија. Тоа е клуб со традиција од кој излегле многу ракометари и клуб кој има многу дадено за ракометот во Македонија. Последниве години беше во некој застој. Влатко Неделковски и Александар Милошевски малку го подигнаа клубот, го внесоа во Супер лига и еве дојде до овој момент кога се вклучивме и ние и мислиме дека со добра работа, Работнички треба да стане еден добар стабилен клуб, пред се на финансиски план и да биде еден сериозен и конкурентен суперлигаш. Не велиме дека веднаш ќе бидеме како Вардар, Металург, еве сега Струмица, Пелистер. За Работнички во овој момент, сите тие се големи клубови во Супер лига. Тие ќе ни бидат еден репер, ќе се трудиме да ги достигнеме, а зошто да не по еден одреден период да бидеме и подобри од нив. Амбициите ни се да бидеме во плеј-оф од Супер лигата, во првите четири екипи“ – истакнува Ристо Чокрев, новиот претседател на клубот.

Во новата управа на клубот е и Директорот на Неуромедика Д-р Емил Угриновски кој преку својата компанија Neuromedica како спонзор, финансиски ќе го поддржува клубот. Neuromedica официјално ќе биде Поликлиника на РК Работнички, ќе биде медицинско обезбедување на сите нивни натпревари и ќе се грижи за здравјето на ракометарите. Д-р Угриновски за проектот истакна: „Заедно со управата на клубот ќе се залагаме РК Работнички да го вратиме на врвот во македонскиот клубски ракомет. Идејата е уште годинава со макотрпна работа ќе се обидеме да стигнеме до посакуваното второ место кое води до СЕХА Лигата. За тоа ќе ни биде потребна сериозна посветеност на управата, упорност кај играчите, постојано вложување и унапредување во тимот и секако да не прати среќа. Планот е тимот да се гради и основата да бидат воглавно млади македонски ракометари, поткрепени со искуството на неколку искусни кои би ја направиле основната конструкција на новиот РК Работнички. Она досега што го направивме, брзото регрупирање, зголемувањето на финансиската состојба и формирањето на силен состав не го постигнал никој во првата сезона на трансформација. Сега работиме на тоа максимално физички и кондиционо да се подготвиме, да се работи на техничко уигрување на играчите и тактички да се поставиме кон секој конкурент поединечно. Она што останува оваа сезона, е да ги победиме сите наши конкуренти и да стигнеме до Final 4 со што ќе се обидеме да обезбедиме пласман во СЕХА Лигата.“

Во тимот на РК Работнички покрај младите ракометари кои го донеса клубот во супер лигата, управата ги ангажира македонските репрезентативци: браќата Велко и Никола Марковски, Ванчо Димовски, Мите Стоилов, Златко Мојсовски и интернационалците Илиќ и Марсениќ. „Се надеваме до крајот на преодниот рок дека ќе го засилиме тимот со уште некој квалитетен играч. Во игра се неколку македонски играчи кои и се добро познати на ракометната јавност, а во завршни преговори сме и со неколку странски играчи“ - изјави Андон Бошковски.

ПРОЕКТ РК РАБОТНИЧКИ ДА ГО ВРАТИМЕ НА ВРВОТ

– Го поддржува македонскиот СП РТ

NEUROMEDICA - Официјална Поликлиника на РК Работнички

Page 21: Партнер на Вашето здравје бр. 2

ФК РАБОТНИЧКИГО ОСВОИ КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА!

Нашиот партнер ФК Работнички ја одбрани титулата во фудбалскиот куп. Со одлична игра на арената Филип II го совладаа ФК Тетекс. Неуромедика со 5 медицински екипи беше медицинско обезбедување на финалниот натпревар. Неуромедика веќе

втора сезона е официјална поликлиника на ФК Работнички. Докторите на Неуромедика константно се грижат за здравјето на фудбалерите на Работнички.

Оваа сезона ФК Работнички играше квалификации за елитното европско натпреварување Лига Европа каде беше на праг да се пласира и да оствари историски успех за македонскиот клубски фудбал. Неуромедика беше медицинско обезбедување на сите наптревари од квалификациите за елитната европска лига организирани од УЕФА. Високите стандарди кои ги поставува УЕФА за организација на ваквите натпревари единствено ги исполнуваме само ние со нашиот оддел за Медицинско обезбдување и санитетски транспорт кој го води Д-р Никола Чамуровски.

Page 22: Партнер на Вашето здравје бр. 2

ОФИЦИЈАЛНА ПОЛИКЛИНИКАНА СКОПСКИ МАРАТОН 2015

Од оваа година Neuromedica ќе биде спонзор и медицинско обезбедување на Скопскиот Маратон. Neuromedica и Скопски Маратон склучија 3 годишен спонзорски договор со кој Neuromedica се обврзува да се грижи за здравјето на натпреварувачите при маратонот.

Оваа година поради неочекуваната вонредна состојба во државава Маратонот 2015 се одложи, Neuromedica иако спремна со 5 теренски екипи или 20 медицински лица беше спремна да го обезбедува најмасовниот спортски настан во државата. Наредна година во мај приклучете се и Вие! Спортувајте и грижете се за своето здравје!

NEUROMEDICA ДОДЕЛИ ВАУЧЕРИ НА СИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ НА СКОПСКИ МАРАТОН 2015Neuromedica како Официјална поликлиника на Скопски маратон 2015 на сите натпреварувачи им додели ваучери за Маратонски пакет со кој можеа да ја испитаат својата здравствена состојба и издржливоста при спортување.

Ваучерите се делеа бесплатно во стартните пакети на натпреварувачите. Иако Маратонот не се одржа, околу 120 натпреварувачи го искористија ваучерот и ја испитаа својата здравствена состојба. Докторите на Неуромедика скоро на сите позитивно им препорачаа да се натпреваруваат и слободно да го оптере-туваат организмот на долги патеки. Секако, имаше и препораки да не се трча кај оние лица што имаа индиции за нарушена здравствена состојба.

– Го поддржува македонскиот СП РТ

Page 23: Партнер на Вашето здравје бр. 2

НА 05.04.2015 ВО ГРАДСКИ ПАРК ПО ТРЕТ ПАТ СЕ ОДРЖА ЖЕНСКА ТРКАНа 05.04.2015 во Градски парк по трет пат се одржа ЖЕНСКА ТРКА со една единствена цел: "Превенцијата од заболувањата

започнете ја со вежбање". Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски а се помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е се поголем. Овој непобитен факт треба да се промени, почнувајќи макар и со трка на 1км со кој треба да се покрени совеста кај женската популација за водење на здрав живот.

Neuromedica беше спонзор и медицинско обезбедување на овој настан со што во целост ја поддржуваме целта на настанот за превенција на заболувањата кај жените со спортување и практикување на здрави навики.Neuromedica имаше и свој претставник на трката Прим. Д-р Добрила Андоновска.

Neuromedica - Партнер на Вашето здравје

Page 24: Партнер на Вашето здравје бр. 2

NEUROMEDICA ОФИЦИЈАЛНА ПОЛИКЛИНИКА НА МЕСЕЦ НА СПОРТОТ 2015

Месец на Спортот е спортски турнир за бизнис единките во Македонија,

наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building-от и е одлична можност за дружење и забава на голем број вработени од најеминентните македонски компании. Турнирот тради-ционално се одржува по осми пат годи-нава во СЦ ФОРЦА и СЦ Борис Трајков-ски. Настанот ги опфаќа спортовите: фудбал, баскет, одбојка, пинг понг, team building, картинг, пливање и куглање.

За време на натпреварите е обез-бедена лекарска супервизија од медицински екипи на Neuromedica. Покрај медицинското обезбеду-вање, Neuromedica како промо-тор на здравиот начин на живот учествуваше како натпреварувач и пријави екипи во спортовите: баскет, одбојка, пинг понг, куглање, картинг и пливање.

Оваа година турнирот се одвиваше во одлична атмносфера исполнета

со спортски дух и дружење на вра-ботените од најеминентните ком-пании во Македонија. Нашите док-тори медицински ги обезбедуваа сите натпревари. За среќа немаше сериозни повреди и интервенции за разлика од лани.

Како натпреварувач, Неуромедика го освои второто место во картинг, четврто, петто и шесто место во пливање, осмо место во одбојка и десетто место во баскет.

– Го поддржува македонскиот СП РТ

Page 25: Партнер на Вашето здравје бр. 2
Page 26: Партнер на Вашето здравје бр. 2

NEUROMEDICA - медицинско обезбедување на натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман на ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУТСАЛ СРБИЈА 2016На овој турнир учествуваа репрезентациите на Македонија, Шпанија, Унгарија и Швајцарија. Македонија како домаќин на турнирот имаше огромна шанса за пласман на Европското Првенство во Футсал 2016 кое ќе се одржи во Србија.

Киксот во последната минута со кој Унгарците изедначија на 3:3 и минималната победата над Швајцарија не беа доволни за да се освои второто место кое водеше до бараж за пласман на првенството. Но, репрезентацијата покажа дека е спремна за идни предизвици и за големи успеси во иднина.

Neuromedica како официјална Поликлиника на ФФМ и македонските репрезентации со 3 екипи беше медицинско обезбедување на сите натпревари кои се одиграа во СЦ Борис Трајковски.

– Го поддржува македонскиот СП РТ

Page 27: Партнер на Вашето здравје бр. 2
Page 28: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Изгореници од сончевите зраци, третман и превенцијаЛицата со потемен тен на кожата се

помалку сензитивни на дејството на

сончевите зраци, но ризик од изгореници

постои кај сите луѓе. При полесни форми

се појавува црвенило и, на допир, болна

и топла кожа. Во потешките форми може

да се развијат меури (везикули), треска,

покачена температура, главоболки, општа

слабост и останати тегоби. Потешките

форми на изгореници водат и до брза

дехидратација и некогаш бараат хоспита-

лен третман. Везикулите на кожата може

да се инфицираат и бараат дополнителен

антибиотски третман.

Бебињата и децата имаат сензитивна

кожа и се изложени на поголем ризик од

изгореници и оштетувања при подолгот-

рајна изложеност на сончевите УВ зраци.

Потребна е заштита на детската кожа

од штетните сончеви УВ зраци при секој

престој на отворено.

Што треба да правземете до-колку дојде до појава на изго-реници• При појава на изгореници кај деца под

1 година, веднаш да се консултира

педијатар, а кај поголеми деца да

се консултира педијатар доколку на

кожата се појават меури (везикули),

појава на покачена температура или

болка.

• При појава на изгореници од полесен

степен со појава на црвенило на ко-

жата:

• интензивен внес на течности:

вода или 100% овошни сокови за

надомест наизгубените течности;

• аналгетик сируп Paracethamol

или сируп Ibuprofen при појава на

болка;

• ладни облоги или туширање на

детето со поладна вода;

• локално медицински лосиони

само по препорака на доктор;

• да не се изложува на сонце детето

се додека промените не се санира-

ат во потполност.

Корисни совети за спречување на изгоренициНеколку корисни совети и препораки за

заштита на децата од сончевите зраци:

• Бебињата на возраст под 6 месеци, не

треба да бидат изложени директно на

сончевите зраци, секогаш да постои

заштита со чадори за сонце или под

сенка од дрво;

• Да се носи удобна, памучна, лесна

облека во светли тонови;

• Да се користат очила за сонце и капи

кои го штитат лицето, ушите и задниот

дел од вратот на детето;

• Да се избегнува изложеност на сонце

во периодот од 10:00 до 16:00 часот

во тек на денот, кога УВ зраците се

најинтензивни;

• Да се користат заштитни креми кои

штитат од УВБ и УВА зраците со висок

заштитен фактор SPF (sun protection

factor) од најмалку 15 до 50 SPF. Да се

нанесе на сите експонирани делови

од телото посебно на носот, образите,

ушите, рамениците и тоа најмалку 15

до 30 минути пред изложување на

сончевите зраци бидејќи е потребно

време кремата да се абсорбира во

кожата;

• Да се нанесе нов слој од заштитната

крема на секој 2 часа и по престој во

вода бидејќи ниедна крема не е 100%

водоотпорна;

Неуромедика

Изгореници од сончевите зраци, третман и превенцијаЛицата со потемен тен на кожата се

помалку сензитивни на дејството на

сончевите зраци, но ризик од изгореници

постои кај сите луѓе. При полесни форми

се појавува црвенило и, на допир, болна

и топла кожа. Во потешките форми може

да се развијат меури (везикули), треска,

покачена температура, главоболки, општа

слабост и останати тегоби. Потешките

форми на изгореници водат и до брза

дехидратација и некогаш бараат хоспита-

лен третман. Везикулите на кожата може

да се инфицираат и бараат дополнителен

антибиотски третман.

Бебињата и децата имаат сензитивна

кожа и се изложени на поголем ризик од

изгореници и оштетувања при подолгот-

рајна изложеност на сончевите УВ зраци.

Потребна е заштита на детската кожа

од штетните сончеви УВ зраци при секој

престој на отворено.

Што треба да правземете до-колку дојде до појава на изго-реници• При појава на изгореници кај деца под

1 година, веднаш да се консултира

педијатар, а кај поголеми деца да

се консултира педијатар доколку на

кожата се појават меури (везикули),

појава на покачена температура или

болка.

• При појава на изгореници од полесен

степен со појава на црвенило на ко-

жата:

• интензивен внес на течности:

вода или 100% овошни сокови за

надомест наизгубените течности;

• аналгетик сируп Paracethamol

или сируп Ibuprofen при појава на

болка;

• ладни облоги или туширање на

детето со поладна вода;

• локално медицински лосиони

само по препорака на доктор;

• да не се изложува на сонце детето

се додека промените не се санира-

ат во потполност.

Корисни совети за спречување на изгоренициНеколку корисни совети и препораки за

заштита на децата од сончевите зраци:

• Бебињата на возраст под 6 месеци, не

треба да бидат изложени директно на

сончевите зраци, секогаш да постои

заштита со чадори за сонце или под

сенка од дрво;

• Да се носи удобна, памучна, лесна

облека во светли тонови;

• Да се користат очила за сонце и капи

кои го штитат лицето, ушите и задниот

дел од вратот на детето;

• Да се избегнува изложеност на сонце

во периодот од 10:00 до 16:00 часот

во тек на денот, кога УВ зраците се

најинтензивни;

• Да се користат заштитни креми кои

штитат од УВБ и УВА зраците со висок

заштитен фактор SPF (sun protection

factor) од најмалку 15 до 50 SPF. Да се

нанесе на сите експонирани делови

од телото посебно на носот, образите,

ушите, рамениците и тоа најмалку 15

до 30 минути пред изложување на

сончевите зраци бидејќи е потребно

време кремата да се абсорбира во

кожата;

• Да се нанесе нов слој од заштитната

крема на секој 2 часа и по престој во

вода бидејќи ниедна крема не е 100%

водоотпорна;

Неуромедика

Page 29: Партнер на Вашето здравје бр. 2

• Да се користи заштитна крема и при

облачно време, бидејќи до 80% од

сончевите УВ зраци проаѓаат низ

облаците;

• При нанесување на заштитната крема

да се внимава на контакт со очите. До-

колку настане иритација да се измијат

и избришат очите и рацете со памучна

ткаенина. Доколку кремата ја иритира

кожата да се проба друг препарат

кој во својот состав содржи титаниум

диоксид или цинк оксид. Доколку се

развие алергиски исип од заштитната

крема треба да се консултира лекар;

• Зголемен внес на течности за да се

превенира дехидратација.

Не заборавајтеНезаштитената кожа може да се оштети

и по престој од само 15 минути на интен-

зивни сончеви УВ зраци, додека кожните

промени ќе станат видливи 6 до 12 часа

по изложеноста. Затоа превземете ги сите

горенаведени заштитни мерки за да ги

превенирате штетните ефекти на кожата

од сончевите УВ зраци.

Д-р Јулија РанѓеловиќПедијатар

тел. 070336161 • www.vilasvetigorgi.mk

Page 30: Партнер на Вашето здравје бр. 2

СТРУЧЕН СОСТАНОК ШТИПНа 17.04.2015 во хотел Оаза - Штип Проф. Д-р Методи Чепреганов одржа Стручен состанок акредитиран од Лекарска комора на РМ на тема „Стре-сот и ние - Репетиториум и кратка променада“.

На Стручниот состанок беа присутни околу 120 слушатели од кој најголем број медицински лица, професори и студенти од Медицинскиот факултет при УГД, доктори специјалисти од Клиничкиот Центар Штип, општи доктори, медиуми и заинтересирани граѓани.

Неуромедика продлжува со органи-зирањето на Стручни состаноци на кои докторите специјалисти го споде-

луваат своето знаење и искуство со своите колеги доктори. Оваа година во план е да се одржи есенскиот Стру-чен состанок во Скопје на кој е пред-

видено докторите од Неурмедика да ги презентираат своите нови научни достигнувања и стекнатите практич-ни медицински методи и новитети.

– Континуирана медицинска едукација

Page 31: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Директорот на NEUROMEDICA Д-р Емил Угриновски учествуваше на ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРЕДИЗВИЦИ НА ТРАНЗИЦИЈАТА НА СЕМЕЈНИТЕ БИЗНИСИ На оваа Конференција учествуваа еминентни претприемачи кои го споделија своето искуство на темата. Идејата беше да се разработи една панел дискусија од која би се извлечиле заклучоци, како малите семејни компании прераснуваат во водеч-ки на пазарот и како најдобро да се наследуваат од колено на колено.

Д-р Емил Угриновски како успешен менаџер и хирург во македонскиот бренд Неуромедика е од самото основање. Со неговата упорност и креативност денес Неуромедика е бренд од кој треба да се земе пример како еден мал семеен бизнис може да прерасне во лидер во својата област. Тој на оваа Конференција го сподели своето искуство, ги сподели своите методи на работа, и конкретно на темата разработи теза како бизнисот полесно да се пренесува од колено на колено без да се изгубат квалитетот и вредностите кои долго време се граделе.

Page 32: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Dentesserotini - трети молари, осмици,

заби на мудроста, се само некои

од имињата кои се однесуваат на

умниците. Луѓето често не се свесни

дека имаат умници. Непријатно

чувство,будење од сон, отежнато

отворање на уста (тризмус), отежнато

голтање како и болка со различен

интензитет се некои од причините

поради кои пациетите се јавуваат кај

стоматолог.

Умниците се развиваат релативно

доцна. Нивната минерализација завр-

шува околу 13-та година од животот, а

нивното никнување е во периодот од

18-25 години.

Причините за импактиран заб се бројни, а најчести се:

• недостаток на простор во забниот лак;

• неправилна положба на импакти-раниот заб;

• длабоко поставен заб во вилична коска;

• склероза на коската;• присуство на прекубројни заби; • присуство на патолошки процеси

(цисти, одонтоми);• наследноста е предоспонирачки

фактор.

Импактираните заби се откриваат од страна на стоматолог со помош на:

• анамнеза• клинички преглед• РТГ снимки (панорамикс) - снимка

на сите заби

Компликации ако не се извадат им-пактираните заби:

• pericoronitis (воспаление на мекото ткиво околу забот). Се манифести-ра со јака болка, отежнато отва-рање на устата (тризмус), отежнато голтање со црвенило и оток, како и со воспаление на лимфните жлез-ди под долната вилица;

• создавање на парадонтален џеб околу соседниот заб;

• кариес;• болка;• создавање на ортодонски аномалии.

Третман

• хирушко вадење на импактира-ниот заб на основа на поставена дијагноза, клинчки преглед и ана-лиза на РТГ снимката;

• после операцијата на пациентот му се аплицира кортикостеро-ид локално за да се редуцира отокот,болката,тризмусот.Се ординираат антибиотици,анал-гетици, држење на ладно од надвор;

Некогаш поради ортодонски причи-ни потребно е хирушко вадење на импактираните заби (умници) кои немаат завршен коренов раст (зер-мектомија) и обично тоа се прави во 13 или 14 година од животот.

Спец. Д-р Тодор Стаменковскиспецијалист по орална хирургија и имплантологија

NEUROMEDICAwww.neuromedica.com.mk

Page 33: Партнер на Вашето здравје бр. 2

ЗА ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2015 г. Е ДР НИКОЛА ЧАМУРОВСКИ Д-р Никола Чамуровски е Најистакнат работник за првата половина на 2015г. Тој собра најмногу гласови од своите колеги и најпозитивни критики од неговите пациен-ти со што менаџментот на Neuromedica и официјално го прогласи.

Д-р Чамуровски е доктор по општа пракса, матичен лекар на над 1200 пациенти, раководител на општата служба и службата за санитетски транспорт и медицинско обезбедување на Neuromedica. Иако млад, Д-р Чамуровски има големо искуство во својата дејност. Тој во тимот на Neuromedica е од почетокот на својата докторска кариера што имаше одлична можност да учи од искусни и стручни доктори.

Д-р Чамуровски од персоналот во Neuromedica е опишан како ведар, секогаш насмеан и забавен доктор и одличен пријател. Неговата харизма, љубезност и култура се репер како треба да постапува еден доктор и млад човек пред се.

Како награда, менаџментот на Неуромедика му додели на Д-р Чамуровски пофалница и викенд во Охрид во Вила Св. Ѓорѓи.

Page 34: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Напад на паника е емоционално пореметување кое се манифестира нагло, кое е пропратено со непријатни вегетативни симтоми (забрзана работа на срцето, отежнато дишење, потење, вртоглавица, тремор на рацете, поматување на видот и сл.), најчесто се јавува без никаква видлива причина. Наведените симтоми за време на паничниот напад забрзано се појачуваат и личноста чувствува дека не е во состојба да ги поднесе.

Што всушност се панични напа-ди? Најпрво паника е страв од страв. Нападот на паника понекогаш се јавува кај личности кои се склони кон анксиозни реакции (плашливи и сензитивни личности). Паничните напади не се јавуваат случајно и без никаква причина како што си мисли личноста која ги преживува. Јаву-вањето на првиот паничен напад нај-често е поврзан со непријатни случу-вања кои допринеле да се чувствува личноста анксиозно (вознемирено и напнато). Некои од тие случувања кои претходат на паничните напади се: хроничен стрес, трауматско искуство или серија на стресни случувања, хронична исцрпеност на организмот после напорна работа или неспиење,

губиток на блиска личност, интензи-вен бес, претерано конзумирање на токсични супстанци (дрога, кофеин, алкохол), физиолошки пореметувања (тахикардии, проблеми со работа на тироидната жлезда), хипервенти-лација и тн. Сите наведени причини можат да бидат причина за појава на напнатост, анксиозност и вегетативни хиперсензитивност. Некои луѓе се сензитивни, плашливи и покажуваат склоност да се уплашат од овие не-пријатни телесни симтоми. Кога лич-носта ќе се уплаши, сите горенаведе-ни телесни симтоми се појачуваат, и личноста во тие моменти чувствува дека се случува нешто страшно. Во тие моменти се јавуваат страшни мисли како на пример „ќе умрам, ќе добијам инфаркт, ќе паднам во несвест, се гушам, ова е знак дека ќе полудам, морам да побегнам, морам ова да го спречам, јас ова не можам да го поднесам, ќе престане срцето да му чука и тн.“ Наведените ми-сли дополнително го зголе-муваат стравот, а стравот телесните симтоми и на тој начин се соз-дава магепсан круг кој предизвикува паника.

Паничниот на-пад често повтор-но се јавува после некој извесен период. Тогаш личноста обично повеќе ќе се

исплаши и почнуваат да антиципи-раат (предвидуваат, очекуваат) нов паничен напад. На пример кога ќе излезат од домот или одат во некој ноќен клуб почнуваат да ги перце-пираат своите телесни сензации. На тој начин ги провоцираат и предиз-викуваат нов паничен напад. Кога паничниот напад ќе се појави повеќе пати, личноста почнува да избегнува

да се вози во автобус, да поминува мостови,

затворени простории со многу луѓе и тн.

Со избегнување на овие ситуации се допринесу-ва јакнење и одржување на паничниот страв. Секој пат кога личноста ќе побегне од ситуација

во која

Анета НачевскаСпецијалист по медицинска психологија

Page 35: Партнер на Вашето здравје бр. 2

очекува да се случи паничен напад, тоа има значење како да си кажува на самиот себе „јас ова не можам да го под-несам“...

Нападите на паника доста успешно се третираат. Во поголем број од случаите доволен е психотераписки трет-ман, а во некои случаи (потешки случаи, или се пропратени со некои други ментални или телесни пореметувања) по-требно е покрај психотерапискиот третман да се примени и фармаколошки третман (земање на терапија која може да ја препише исклучиво психијатар). Когнитивно бихејвиорална терапија се покажала како најефикасна во третманот на на-падот на паника.

Личноста кога прв пат доживува паничен напад доста е уп-лашена и збунета и почнува да се запрашува што се случува со нејзиното здравје. Многумина одат кај своите матични доктори, специјалисти (кардиолог, пнумолог, и тн) да се прегледаат. Одењето кај доктор е секако корисно, со тоа ќе се елиминира можноста од некое органско пореметување. Кога на тие прегледи нема да се утврди никакво соматско заболување, докторите обично ги препраќаат овие пациенти кај психолог или психијатар.

Што е важно да знаете доколку имате паничен напад:• Паничните напади сами по себе не се опасни и неможат

да предизвикаат смрт или било кое телесно заболување;

• Паничните напади потребно е да се третираат затоа што во спротивно тие можат да траат до крајот на животот (нема да поминат сами по себе), од таа причина треба да се побара помош од психолог или прихијатар;

• Паничните напади не се знак на лудило, ниту се знак за некое тешко душевно заболување, од паничниот напад неможе да се полуди или да се изгуби разумот и контро-лата;

• Нападот на паника психотераписки доста успешно се третира.

Психотераспискиот третман на паничите напади под-разбира:Eдукативен дел: терапевтот му објаснува на клиентот што се напади на паника, како и зашто настануваат и како лич-носта ги создава и одржува истите.

Тераписки интервенции: откривање, анализа, забавување на мислите и чувствата кои личноста ги создава и одржува паничните напади, учење на нов начин на мислење кој ќе и помогне на личноста да не ги доживува новите напади, при-мена на научените вештини и излагање на реални ситуации и тн.

02/3 133-313

02 615 3507 Партизански одреди 42 coff eedreammk

Нескафе50 ден.

Кафе за носење и достава

Макијато

Еспресо

Капучино

40 ден. Coffee2 Go

Page 36: Партнер на Вашето здравје бр. 2

Современиот свет се разви во индус-

тријализацијата, во модернизацијата

и во урбанизацијата. Овој процес на

развој, за жал, оди со голема про-

дукција на загадувачи, кои што се

присутни во воздухот, во земјата и во

водата. Тука постојат многу токсични

супстанци, што се исфрлаат со индус-

триските процеси, кои во овие мо-

дерни времиња, се главна причина

за појава на алергиски заболувања.

Тие се одразуваат не само на кожата,

туку и на слузницата. Кожата како

надворешен фактор, не штити, но и

слузниците кои се наша редуцирана

кожа не штитат во дишните патишта,

како и во патиштата за варење на

храната. Во секој случај изложени

сме на еден атак од многу хемиски

супстанци, што за жал го нарушуваат

нашето здравје, не како инфекција,

туку како алергија.

Алергијата на некој начин е пораз-

лично реагирање на организмот на

штетни хемиски супстанци. Најчес-

тите причини за појава на алергија се

пулотантни загадувачи, меѓутоа тука

спаѓаат и природните супстанци, како

што се полените, конзервансите во

храната и лековите во секојдневната

употреба. Сите тие, можат да го напра-

ват организмот да биде алергичен. Тој

може да почне да реагира поинаку, не

со една умерена, туку со една воспа-

лителна експлозивна реакција, што се

одразува на кожата во вид на аутопии,

егземи и неуродерматити. Додека на

слузницата, тие се уште потешки, како

конјуктивитис – воспаление на очите,

ринитис – воспаление на носот, ларин-

гитис, бронхит на дишните патишта.

Најголем степен на таа алергиска

реакција е појавата на астма. Тоа е кул-

минација и по живот претешка состој-

ба. Алергиите во поблаги форми лесно

се контролираат, со антихистаминици,

кои се бенигни супстанци. Освен мала

поспаност, тие не учествуваат во оште-

тување на црниот дроб, бубрезите или

на другите внатрешни структури. Ако

овие алергиски реакции не успеат да

се контролираат со антихистаминици,

тогаш се оди со таа кортикостеридна

терапија, со многу нус појави. Тоа е

многу јака терапија и дава тешки ком-

пликации. Затоа дозирањето е многу

внимателно и редовно се следи. Се

прават чести контроли.

Во целиот процес со алергиите, многу

ни помагаат алерготестовите, со кои

можеме да го докажеме причинскиот

фактор, да докажеме дека алергијата

е предизвикана од суспстанции кои

се во воздухот, поленски супстанци,

продукти од распадот на паразити што

живеат на нашата кожа, како дермато-

фаги, потоа, влакната од миленичиња-

та, мачиња, кучиња и пердуви, за тие

што чуваат папагали дома.

Во втората група, алергени во храната

спаѓаат конзервансите и лековите како

супстанци. Тие се користат кај хронично

– Интервју со доктор

Page 37: Партнер на Вашето здравје бр. 2

болните пациенти и можат да предиз-викаат алергија. Пеницилинот кој порано беше број еден антибиотик во медицината, сега е опасност да се даде кај многу индивидуи, кои се алергични поради долготрајна употреба и засите-ност на организмот. Кога направените тестови ќе откријат кои се причините, тогаш најдобра терапија е елиминација на сусптанцата што предизвикува алер-гија. Ако се открие, дека тоа е некоја постелнина од одреден материјал, тогаш таквата постелнина треба да се елиминира. Сега постојат антиалер-гиски материјали кои се користат и во облеката и во постелината. Исто е и со храната, ако се открие дека некој конзерванс е штетен, тогаш треба да се избегнува таков вид на храна.

Најчести симптоми за алергија се црвенило на кожата. Тоа може да се појави кај дете, веднаш по раѓањето. Меѓутоа, најчесто се појавува кај дете, што е родено од мајка, која веќе има некаква алергија, а уште повеќе доаѓа до израз кога е родено од мајка и од татко, кои го имаат истиот проблем. Тоа е наследно, и тоа дете, од алергија ќе страда уште од раѓање. Настанува мутација на генот, тој се наследува и генерациски се зголемува. Порано се

раѓале околу пет проценти деца, кои страдале од алергии уште од самото раѓање, а сега таа бројка се зголемила на околу 20 проценти.

Значи човекот може да стане алерги-чен на секоја суспстанца. Ако работи во услови на прашина, тогаш повеќе се зголемуваат шансите да стане алергичен. Во тој случај не може да се брани, пука одбраната и тоа му го руши организмот. Значи мора да нагласиме дека, кожата реагира со црвенило, со свраб, со создавање на меурчиња што пукаат. Постои и еден друг вид на алергија, пропратен со црвенило, свраб и пукање на меур-чиња, ама тоа се вика атопичен дер-матит. Многу луѓе, на одредени места кај што работат, стануваат алергични. Некои работат во хемиска индустрија, таму работат со тешки отрови или на места кај што се произведува гума. Кај хирурзите, исто така се појавува алер-гија на рацете. Проблемот се повеќе се продлабочува поради еколошките проблеми.

Гушењето е крајниот степен, што ги за-фаќа дишните патишта. Слузниците се како кожа, ама редуцирана кожа. Таа има четири слоеви на клетки и тие не

чуваат во внатрешноста. Ако се случи шок на организмот, тогаш настанува тој феномен на гушење и се активира слузницата.

Дијагнозата за заштита од алерија се воспоставува на дерматолог, ако е тоа манифестирано врз кожата, на офталомолог, ако е тоа манифестирано врз очите и на оторинголаринголог, ако се работи за носната слузница, или пулмолог, кој ќе констатира ас-тма. Многу е важно да се каже дека превенцијата е во умереноста. Тоа значи, дека никогаш не треба да се злоупотребува некоја супстанца. Во овие модерни времиња, гледам дека се повеќе луѓе пијат некакви протеин-ски супстанци, некои антиоксиданси за подобро здравје, но сите тие носат ри-зици. Дури и ако се претера со пиење вода, настанува труење со вода, а да не зборуваме за хемиските супстанци. Исто така, мора да се развива свеста кај луѓето… Факт е дека алергијата не може трајно да се излекува. Се ко-ристи вакцина, која го прави човекот имун на тие алергиски реакции.

Прим. Д-р Мирослав Спасовски Специјалист по дерматовенерологијаПолиликлиника НЕУРОМЕДИКА

Page 38: Партнер на Вашето здравје бр. 2

NEUROMEDICAСО НОВИ КАБИНЕТИ

ВО БИТОЛА И ШТИПМенаџментот на Neuromedica во јуни 2015 одлучи да воспостави нови нев-ропсихијатриски кабинети во своите поликлиники во градовите Битола и Штип. Замислата е да им се олесни на пациентите кои имаат невропси-хијатриски проблеми полесно да ја добијат потребната дијагноза и трет-

ман. Проф. Д-р Методи Чепреганов заедно со својот тим на еминентни доктори како неврорадиологот Проф. Д-р Миодраг Врчаковски, неврологот Д-р Милановска и останатите меди-цински лица ќе патуваат во градовите во нашите поликлиники за да вршат прегледи и контроли на пациентите.

Во Неуромедика Битола има мож-ност за поставување на дијагноза со најсовремените дијагностичките процедури како Магнетна резонан-ца, а во двете поликлиники може да се вршат дијагнози со стандардните ЕЕГ, ЕМГ, ЕКГ, лабораториски испиту-вања итн.

Page 39: Партнер на Вашето здравје бр. 2

РЕКЛАМА

Page 40: Партнер на Вашето здравје бр. 2

ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАРВО РЕГИОНОТ

НАЈСОВРЕМЕН