67

Троичник бр.32

  • Upload
    -

  • View
    244

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

списание на Брегалничката епархија на МПЦ-ОА

Citation preview

Page 1: Троичник бр.32
Page 2: Троичник бр.32
Page 3: Троичник бр.32

ТРОИЧНИК, број 32

ТРОИЧНИК - списание за православна вера, култура, уметност, образование и воспитание.Година IX, број 32, декември 2011 г. Излегува четири пати годишно.Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип.Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин. Дизајн: ѓакон Тони Петрушевски.E-mail: [email protected] Печати: Европа92, Кочани.

ВОВЕДНИК ...4

св. Симеон СолунскиКНИГА ЗА ХРАМОТ (2) ...6

ЕПИСКОП ЈОВАН ОТШЕЛНИК ...13

Св. Тихон ЗадонскиДАЛИ СМЕ НАВИСТИНА ХРИСТИЈАНИ? ...17

ДУХОВНИ СОВЕТИ ОД СОВРЕМЕНИТЕ СТАРЦИ ...19

ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА НАПРЕСВЕТАТА МАЈКА БОЖЈА НАРЕЧЕНА ИВЕРСКА ...32

Јеромонах Серафим (Роуз)МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ ПЕТРОГРАДСКИИ ПОЧЕТОКОТ НА КАТАКОМБНАТА ЦРКВА ...35

Д-р Татјана ЃорѓевиќДЕВСТВЕНОСТА И ВЕРНОСТАСЕ СЕКОГАШ „ВО МОДА“ ...39

Митрополит Брегалнички г. ИларионСЛОВО ЗА ТОА КАКО ТРЕБА ДА ГИ ПРАЗНУВАМЕПРАВОСЛАВНИТЕ ПРАЗНИЦИ ...42

Гермоген ШимановскиПОЛОВОСТ И ЦЕЛОМУДРЕНОСТ (2) ...47

СО БЛАГОСЛОВНА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВОМИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г . ИЛАРИОН

Page 4: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 4

„Денес во Витлеем Христос се раѓа од Дева;

денес Беспочетниот, почетен станува;

и Словото се воплотува;

силите небесни се радуваат

и земјата се весели со луѓето.

Мудреците дарови на Господарот Му принесуваат;

Пастирите на Новородениот Му се восхитуваат;

а ние непрестајно извикуваме:

Слава на Бога во висините и на земјата мир,

меѓу луѓето добра волја.“

Овој радосен и светол ден, облечен со неискажливо голема светлина и сјај, нѐ исполнува со голема радост и благопријатна духовна сладост,

зашто денес се раѓа Оној Кој е наречен Сонце на Правдата, Христос Господ се раѓа, за на целиот свет да му донесе голема духовна радост. Се раѓа од девствената утроба, Оној кој душите на смртните ги исполни со радост и како Оној Кој од мртвите воскресна, мрачната смрт ја уништи, и сите оние кои адот под своја власт ги држеше, со својата сила ги ослободи, и на нас кои денес живееме, ни го отвори патот кон вечниот живот. Ништо посветло нема од овој ден, ништо поубаво со очите неможе да се види, од тоа како Дева денес Предвечниот Бог го раѓа, и со својата љубов и нежност, мајчински Го прегрнува Оној, Кого вселената неможе да го собере, Оној Кој благоволи во тесна пештера да се роди, и во јаслите покрај бесловесните животни да се вдоми, Христос нашиот Цар и Бог, Кој како Богочовек денес ни се јави, и со своето Раѓање ни даде можност да се возвисиме и да постанеме небесни жители на Небесниот Ерусалим. Денес ни доаѓа во пресрет Оној, Кој нам поразените и во невидливата борба победените, ни дарува

подигнување и мир, и нѐ помири со својот Отец нас кои долго и бесрамно, талкавме без Него и против Него. И ние, кои бевме далеку од Неговите очи, отфрлени и виновни пред Бога, облечени во гревовен срам и во телесна нечистотија, Он подеднакво нѐ украси со Своите добродетели, нѐ обнови и прероди, за да станеме повторно угодни на Бога, за да не бидеме „веќе туѓи и придојдени, туку сожители на светиите и свои на Бога“ (Ефес. 2, 19). Бог денес на земјата пребива, и има ли некој кој на небото да не сака да отиде?! Бог, Кој од Дева се роди, меѓу нас доаѓа, и има ли некој кој денес не би сакал да се обожи?! Бог во пелените на сиромаштвото и смиреноста се повива, и има ли некој кој во животот вкусил нешто неугодно и болно, а со раширени раце да не посака да биде причесник на Божеството?! Зашто, затоа Смирениот Бог во човечка сиромаштија и се облече, за нас со благодатта Своја богови да нѐ направи. Псалмопеачот Давид со пророчки дух просветлен, знаејќи дека по тело Христос ќе се роди, јасно гледајќи ги пресветлите дела Божји, со радосен глас воскликнува: „Јас реков: вие сте богови, вие сте синови на Севишниот“ (Пса. 81, 6). Бог денес помеѓу нас се роди, и ние соблекувајќи го од себе стариот гревовен човек, во новиот божествен да се облечеме, за очистени со пост и молитва, Бога да го пресретнеме, и нашите срца како јасли да Му ги понудиме, за и во нас да се роди Божествениот Богомладенец, дарувајќи ни голема милост.

Возљубени чеда во Господа!

Несомнено, Рождеството Христово е еден од најголемите, најубавите и најрадосните празници кои грижливо се чуваат и негуваат, единствено, во Православната Црква. Единствено кај нас православните христијани во целиот свет, сеуште е сочувана вистинската радост и начинот на вистинското прославување на овој голем празник кој е мајка на сите празници. Во овие свети денови,

ВОВЕДНИК

Митрополит Брегалнички г. Иларион

Page 5: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 5

кога се подготвуваме за достоинствено и вистински православно да го дочекаме Неговото Раѓање, кога сме сите обземени со света грижа колку што можеме потрудољубиво и повнимателно да постиме, кога борбата со нашите страсти и гревовни навики, потикнати и разгорени од лукавите демони, го достигнува својот врв, не смееме да дозволиме нашето внимание да биде одземено и пренасочено на туѓи погрешни традиции и лажни начини на празнување на овој голем православен празник. Ако вистински сме ја сфатиле убавината на Божиќните празници, и ако за време на овие празнувања сме дел од богослужбите кои се извршуваат во нашите православни храмови, тогаш, правилно ќе ја сфатиме пораката на празникот, а тоа е вистински да ги љубиме сиромашните, болните и затворените, да им служиме и да се свртиме кон нашиот Господ Исус Христос, зашто само Он може да нѐ научи вистински да ги љубиме сите, не за наша слава и пофалби, ниту пак заради некој лажен

општествен идеал, но од љубов кон Бога Кој стана човек, и со тоа ни стана пример за тоа, колку треба да го љубиме, но, и кога е неопходно, и да се жртвуваме за нашиот ближен. Искрено се надевам, дека на вашата празнична духовна трпеза, ќе има место и за нашето божиќно издание, во кое ви нудиме обилна светоотечка духовна храна за насладување на вашите души. Нека Семилостивиот Бог ве благослови, вас и вашите семејства, нека ве исполни со голема празнична радост и нека ви дарува мудрост во овие торжествени денови, да ги поминете во вистинско празнување, за радост на небесните ангелски хорови, за и ние заедно со нив да го славиме Бога велејќи: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“ (Лука 2, 14), Амин.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Page 6: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 6

КНИГА ЗА ХРАМОТ (2)св. Симеон Солунски

веронаука

Со благослов од епископот, започнува Светата Литургија, бидејќи ништо не се извршува без благослов. Тогаш свештениците, стоејќи во олтарот ги

кажуваат антифонските молитви, кои симболично ги претставуваат ангелските сили. Хоровите кои одговараат на молитвите ги симболизираат пророците и богогласниците.

Псалмите, кои се преполни со пророштва, говорат за времето во Стариот Завет, објавувајќи го доаѓањето на Спасителот, а кон нив се придодаваат химни на новата благодат (т.е. христијански химни. - Белешка на прев.). Поради тоа, прво се чита за девственоста на Пресвета Богородица, таа да ни биде заштитничка со нејзините молитви. Ние пееме: „По молитвите на Богородица, Спасителе спаси нѐ!“ Потоа се спомнува соборот на светителите, да ни бидат молитвени застапници пред престолот Божји, бидејќи до последен здив се бореле за верата и го примиле венецот на правдата. На крајот, на Началникот на нашето спасение, Господ Исус Христос Му вознесуваме срдечно славославие, пеејќи Му: „Спаси нè Сине Божји...“

32. Произнесувајќи ги антифонските молитви надвор од светиот олтар, епископот (со ѓаконот) не само што ги симболизира апостолите, туку и самите ангели, кои Му служат на Христа. При крајот, свештениците кои го произнесувале славословието во олтарот излегуваат, доаѓаат надвор при епископот (кој седи на амвонот), а сето ова го симболизира слегувањето на ангелите при Христовото вознесение. Тогаш пред нив одат ѓакони со запалени свеќи, наредени по двајца. По нив го носат светото Евангелие, а потоа епископот опкружен со ѓаконите, влегува во олтарот. По нив влегуваат и останатите свештенослужители, пеејќи на висок тон: „Дојдете да Му се поклониме и да припаднеме кон Христа...!“ По ова, клирот му пее поздравна песна на епископот, а малку пред тоа ѓаконот држејќи го светото Евангелие возгласува: „Премудрост, простум!“

33. Овој вход ја симболизира тајната на

воскресението и вознесението на Спасителот. Ѓаконот возгласувајќи Премудрост, ја проповеда веста за Христовото воскресение, како што тоа го направил ангелот на гробот, кој на жените мироносици им ја соопштил веста за Христовото воскресение. Останатите свештенослужители тогаш симболично ги претставуваат апостолите кои биле со Господ и ги слушале Неговите поуки и зборови. Епископот го симболизира Самиот Христос воскреснатиот Кој им се јавил на учениците и се вознесол од земјата на небото. Па затоа е речено дека дека храмот е образец на земјата, а олтарот - подобие на небесата. Како што при Вознесението на Исуса Христа на небото силите небесни Го воспеваа Царот на Славата, исто така и ние му пееме на епископот: „Ис пола ети Деспота (Многаја лета)“ а епископот влегува во олтарот. Царските двери, кои до сега беа затворени, сега се отвораат и го симболизираат отворањето на затворените небесни врати при влегувањето на воскреснатиот Христос во неракотворната Светиња.

34. Влегувајќи во олтарот епископот го кади светиот Престол, а прекрасниот мирис на темјанот го означува слегувањето на Светиот Дух Кој го примивме во денот на Педесетница. Осенувајќи го светото Евангелие со дикирата (двете свеќи), епископот покажува дека со воплотувањето на Синот Божји и небото и земјата добиваат просветување од Господ Христос кој е во две природи (Божја и човекова), бидејќи со воплотувањето на Логосот не се просветлиле само луѓето туку и ангелите, а тие започнале да ги спознаваат сокриените тајни Божји, и самата тајна на воплотувањето на Синот Божји.

35. Непосредно по ова започнува Трисветата химна во која се разгласува тајната на Света Троица. Таа означува еднодушен и мирен сојуз на ангелите со луѓето, па затоа оваа химна се пее внатре во олтарот (од свештенството) и надвор народот кој се собрал на молитва, а симболизира уште една вистина; дека Христос ја создал Црквата и од луѓе и од ангели. Истото го симболизира и

Page 7: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 7

епископот кога два пати го благословува светото Евангелие со трикирата (трите свеќи), покажувајќи со тоа дека во светото Евангелие е содржана проповедта за ПреСвета Троица, а при тоа се моли таа проповед да се зацврсти меѓу луѓето. Потоа епископот оди на Горното место кое го симболизира Христовиот престол, Кој седи десно од Отецот. Епископот оттаму осенува со трикирата учејќи нѐ:

а) дека нашето просветување доаѓа единствено од Света Троица;

б) дека Христос е вознесен на небото а нам ни ја испратил вистинската светлина на вистината за Триипостасниот Бог, а истоврермено и Неговиот благослов.

Доаѓајќи на Горното место и седнувајќи на него, епископот го симболизира Христа, а од неговата лева и десна страна седат другите епископи и свештеници кои ги симболизираат светите апостоли. Тогаш епископот возгласува: „Мир на сите!“ Ова ја означува нашата соединетост и еднодушност, бидејќи според зборовите на апостолот Павле, Христос е: „Нашиот мир Кој од двата народа

направи еден и ја разруши преградат што беше помеѓу нив (Еф. 2,14).“

36. Потоа се чита апостолското послание (апостолот), а тоа го симболизира испраќањето на апостолите на проповед. Кога се чита апостолот, епископот и сите свештеници, со исклучок на ѓаконите, го слушаат седејќи, бидејќи тие имаат благодат еднаква на апостолите.

Пред читањето на Евангелието се пее: Алилуија, пофална песна на Живиот Бог, која го означува доаѓањето на Божјата благодат, што е претставено преку читање на светото Евангелие.

37. Читањето на светото Евангелие ја означува евангелската проповед, која по вознесението Христово била раширена по светот, од страна на Христовите ученици. Кадењето пред читањето на светото Евангелие ја означува благодатта на Светиот Дух, која преку евангелската проповед се распространила по целиот свет, исполнувајќи ги човечките срца со вера во Синот Божји.

38. Кога се чита светото Евангелие, архиерејот го соблекува омофорот, со што сведочи за својата

Page 8: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 8

покорност пред Господ, бидејќи преку читањето на евангелието зборува Самиот Бог. Господ е присутен и во Негово присуство епископот не мора на себе да го носи образот на Неговото воплотување, што всушност и симболизира омофорот. Симнувајќи го од своите рамења, епископот го дава на еден од ѓаконите, а тој го сложува и држејќи го во десната рака, стои близу до епископот. За време на Големиот вход, тој ѓакон свечено оди со омофорот пред светите Дарови, во чест и почит на големото достоинство.

39. За време на читањето на светото Евангелие, еден од ѓаконите пред евангелието држи трикира со запалени свеќи, што означува дека:

а) централно место на нашиот живот, во рајското блаженство на вечниот живот ќе биде Христос, Кој примил човечко тело и пострадал;

б) Христос е личност на Света Троица, Синот Кој нѐ просветлил со Божествената светлина.

Кога ќе се прочита светото Евангелие, епископот, симнувајќи се од Горното место и произнесувајќи молитва за царот, го осенува народот со трикирата, утврдувајќи го во верата благочестивото царство и верниот народ, а потоа се моли за вечно царство со Триипостасниот Бог и сите

да живеат неповредени под светлината на Божјата благодат.

40. Потоа пристапувајќи кон Светиот Престол, архиерејот се моли како служител на тајните. Веднаш потоа им се наредува на некрстените да излезат од храмот, бидејќи за време на останатиот дел од Литургијата дозволено е да присуствуваат само крстените. Тој момент го симболизира крајот на овој век. Кога ќе биде проповедано Евангелието низ целиот свет, тогаш ќе дојде крајот на светот и ќе дојде Христовото пришествие, а праведниците ќе бидат одделени од грешните. Овој настан, кој ќе се случи во иднина, Светата Црква го спомнува на секоја Литургија, заповедајќи им на некрстените да излезат од храмот.

41. Според ова што е пред малку речено, потребно е да разбереме како да се навикнеме да живееме заедно со оние, кои живеат нехристијански. За ова, треба да водат грижа најмногу свештениците, зашто е нвозможно да се молиме со човек кој ја отфрла Црквата, но и да се примат дарови од такви луѓе. Затоа, особено вие свештениците не го примајте принесувањето од недостојните.

42. Пред да се принесат светите Дарови од Жртвеникот на Престолот, во текот на пеењето

Page 9: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 9

на Херувимската химна, епископот ги мие рацете пред собраниот народ, покажувајќи ја со тоа својата чистота и чистотата на својата совест, со која пристапува да свештенодејствува, а воедно ни покажува дека кон страшните Тајни треба да се пристапи очистен од гревовите, и единствено чист да се причестува со Светите Тајни.

Потоа следи преносот на Светите Дарови со особена свеченост. Чтеците, ѓаконите, свештениците и останатите служители на светата Црква, едни со запалени свеќи, други со светите садови, одат со свечен вход еден по друг.

Тоа велелепно пренесување на Даровите го означува доаѓањето на Спасителот, кога тој ќе се појави во слава. Поради тоа, на чело на поворката на входот е омофорот, на кој е изобразен крст - симболот на Исус Христос, кого ќе го види секој човек.

Зад омофорот стојат ѓаконите, кои ги симболизираат ангелските чинови. (Истото така и рипидите ги симболизираат ангелските чинови, а Свети Дионисиј Ареопагит овие рипиди ги нарекува крила. - Белешка на прев.) По нив одат оние кои ги носат Светите Дарови, а по нив останатите свештенослужители. На крајот е оној, кој на својата глава го носи свештениот покров, кој се нарекува Воздух. Сите тие поминуваат низ храмот, молејќи се за народот, но и за архиерејот, кој свештенослужи, изговарајќи ја гласно молитвата, молејќи се на Господ да ги спомне во Своето Царство. Тоа уште еднаш укажува дека на крајот од светот Господ ќе се јави во слава, одделувајќи ги грешните од соборот на праведните и на верните ќе им го подари ветеното Царство Божјо. На тој начин входот е симбол на Второто Христово Пришествие, а истовремено и на погребот на Господа.

43. За време на входот сите верници ги приклонуваат своите глави, правејќи воедно и поклон кон свештениците, барајќи од нив да се молат и да ги спомнуваат за време на богослужбата, со тоа покажувајќи ја својата почит кон Светите Дарови. Даровите, иако свети, сè уште не се потполно осветени, зашто преодредени како Бог (на проскомидија), сè уште не се претворени во Тело и Крв Господова, туку се подготвени за жртвопринесување. Ако ние им одаваме почит, чест и поклонение на светите икони, тогаш уште повеќе сме обврзани да се поклониме пред светите Дарови, кои според зборовите на Свети Василиј Велики, се символ на возвишените Тајни, кои се предодредени

да станат Тело и Крв Христови.

44. Кога светите Дарови ќе се постават на светиот Престол, тогаш се покриваат со Воздухот. Ова симболично ја означува вистината дека Христос не е признаен од сите како Син Божји. Иако воплотен во човечко тело, Тој и понатаму е вистински Бог и секогаш останува недостижен, неспознатлив, а на луѓето им е познат толку, колку што Самиот посака да ни се открие во Својата неспознатлива големина.

Потоа епископот ја приклонува својата глава и ги моли присутните свештенослужители да се помолат за него, означувајќи со тоа:

а) на сите да им се покаже себеси како човек;

б) стравопочитта кон службата, која ја извршува;

в) исполнување на апостолските заповеди (Јак. 5, 16), да не се моли сам за себе, зашто е човек исполнет со недостатоци.

На тој начин, смирено испросувајќи ги молитвите за себе од свештенослужителот, епископот излегува од олтарот, го благословува народот, се моли за народот, а воедно бара од луѓето и тие да се молат за него. На ова народот не одговара со Господи помилуј, туку со Многаја лета... посакувајќи тој да свештенодејствува во вистината уште многу години.

47. По враќањето на епископот во олтарот се затвoраат царските двери, зашто е забрането секој да го гледа она што се извршува внатре, туку само оние кои се повикани за извршување на тајната. Како што меѓу ангелските сили, според мудроста и тајновиденијата на светиот Дионисиј Ареопагит, постои утврден поредок, така што првите чинови непосредно се насладуваат од Божјата светлина, а вторите (чинови) преку првите, а последните преку сите. Таков поредок треба да има и во Црквата. Епископот непосредно се приближува до СветатаТрпеза; свештениците и останатите сослужители преку него (епископот), а преку нив (свештениците) и останатиот народ влегува во заедница со возвишеното свештенодејствие, слушајќи ги химните на Божјото славословие.

48. При крајот на молитвата кога се принесуваат Даровите, пред символот на верата е светиот целив, кој претставува:

а) дека Вистинскиот Бог во Троица и воплотениот Христос, Божјиот Син, Го исповедаме соединети, не само помеѓу себе, туку и со ангелите;

Page 10: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 10

б) да се сакаме еден со друг претставува должност, зашто и Христос себеси се принел како жртва кон Господ, токму заради љубовта кон Отецот и кон нас луѓето;

в) целивањето уште означува дека ние, пристапувајќи кон светата причест, не смееме да пристапуваме кон олтарот со срце, кое има злоба и омраза кон ближните;

г) дека во идниот век сите ќе бидат во единство на љубовта и нема да бидеме искушувани од сатаната.

Кога се чита символот на верата, свештеникот го држи Воздухот над приносот мавтајќи со него, а со тоа напоменува дека оној, кој сака да го види Христос, должен е тоа да го прави со чист ум, чисто срце и нелицемерни усни.

49. Епископот откако ќе го изврши горе наведеното, пристапува кон самата Евхаристија, почнувајќи да ги набројува големите Божји дела. Откако ќе заблагодари за сѐ, ги прославува бестелесните сили и соединувајќи се со нив, ја пее победничката песна, која ја слушнавме од самите ангели: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот! Полни се небото и земјата со Твојата слава... Оваа песна ја пее и народот покажувајќи дека во идниот век сите ние, соединети во една заедница со ангелите ќе му пееме на Господ Саваот. Потоа, откако ќе

го прослави воплотувањето на Синот Божји и Неговото страдање, епископот ја спомнува и Тајната Вечера, изговарајќи ги зборовите со кои Христос ја востановил оваа тајна.

50. Повикувајќи Го Светиот Дух и осветувајќи ги крстообразно светите Дарови, епископот Го гледа во нив Самиот Христос, а за нас тие навистина се Лебот и Чашата на животот. Потоа епископот со страв Божји произнесува молитва за сите. Со страв поради тоа што пред себе Го гледа човекољубивиот и незлобен Господ.

Благодарејќи и молејќи се, тој ги спомнува и упокоените. Ја спомнува и Пресвета Богородица, а со тоа сведочи дека преку оваа жртва ние влегуваме во заедница со светите. Потоа срдечно го моли Бога да ни подари, со една уста и едно срце да го вознесуваме Неговото великолепно име. Повикувајќи ја на нас милоста на Нашиот Господ Исус Христос, ние Го молиме да нè очисти од секој порок и да нè удостои да Го наречеме Свој Небесен Отец.

51. На тој начин извршувајќи ја божјата служба, епископот пристапува да се причести. Пристапувајќи, тој повторно го зема омофорот, го става на своите рамења, симболизирајќи со тоа дека до тој момен тој бил служител, а сега откако завршува службата и кога треба да најпрво сам да

Page 11: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 11

се причести, а потоа и другите, тој има обврска повторно да се облече во свештените обележја на својот чин (достоинство). Најголем украс на епископскиот чин е омофорот, па затоа епископот е должен да го носи врз себе, а особено кога се причестува со светите Тајни.

52. Откако ќе го стави омофорот, го подига Лебот и возгласува: Светињите се за светите! Со овие зборови епископот сите ги повикува кон животворните светињи. А народот со една уста и едно срце одговара: Еден е свет, Еден е Господ Исус Христос, во слава на Бога Оца. Овие зборови, кои ги изговара народот, ја означуваат: како прво, несоздадената светлина, со која Бог изобилува и која претставува извор за осветување на сите, а како второ, го означуваат нашето смирение.

53. Воздигнување на светиот Леб го симболизира Христовото воздигнување на крстот, па затоа овде е и Неговиот Путир, кој во себе ја содржи крвта и водата, која протекла од ребрата Исусови. Потоа епископот го раздробува светиот Леб на четири делови, поставувајќи го крстообразно. Таквото раздробување на Агнецот го симболизира Христовото распнување. Потоа горниот дел од Агнецот го става во Путирот, претходно правејќи крст со него над путирот, а со тоа прави соединување на тајните. Потоа во Путирот налева теплота (благословена топла вода), сведочејќи дека

тоа е Тело Христово, бидејќи и по разделувањето на Телото Христово од душата, тоа сепак останало животворно. Налевањето на теплота може да го има и следното значење: како што топлата вода со својата топлина има животворен почеток, и за време на причестувањето покажува дека ние допирајќи ги усните и примајќи ја во себе Крвта Господова, уште повпечатливо ја чувствуваме вистината, дека од телото Христово навистина протекла животворна крв. Постојат уште многу толкувања, кои ги искажале богомудрите Црковни учители, но, мислам дека доволно е ова што го рековме, за правилно да разбереме што симболизира налевањето теплота во путирот.

54. Потоа епископот го раздробува Лебот на повеќе делови (честици), исто како што Христос свештенодејствувал. Како што сведочи Евангелието, Христос зел леб, го прекршил и им дал на Своите ученици. Прв се причестува епископот, и тоа прво со Телото, а потоа со Крвта Христова. Откако ќе се причести тој, ја раздава причеста на останатите свештенослужители во олтарот. Тие, откако ќе се причестат, ја целиваат раката и образот на епископот. Тоа раздавање ја симболизира вистината, дека во идниот живот Христос ќе живее во нераскинлива заедница со верните (Црквата).

Свештеничкото целивање на раката и образот на епископот означува:

Page 12: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 12

а) дека неговата рака служела со страшните Тајни и ги допирала нив;

б) взаемната љубов и единството помеѓу себе, а тоа се потврдува со зборовите кои тогаш се изговараат: Христос помеѓу нас;

в) во спомен на Христовата болка, Која ја доживеал кога бил прикован со клинци на крстот.

Ова треба да го потсети епископот на Христовото смирение и да ги згасне во него (епископот) и најмалите искри на гордост.

55. По причестувањето на свештенослужителите во олтарот, кои го примаат најпрво Телото, а потоа пијат од Путирот, по ред во зависност од чиновите, Даровите покриени им се покажуваат на верниците, а тоа се прави така бидејќи на сите не им доликува да гледаат во Светињите. Ако некој тогаш е подготвен за причест, со побожност и страв Божји пристапува кон Светите Тајни. Верниците се причестуваат со лажичка (а не како свештениците, пиејќи од Путирот) од страна на свештениците.

Потоа Даровите се ставаат на Престолот, а епископот ги кади.

56. Потоа светите Дарови се носат на Жртвеникот. Дискосот се става на главата на ѓаконот, а путирот го носи свештеникот. Епископот произнесувајќи благодарствена молитва, ги мие рацете, излегува од олтарот и ја раздава нафората на верниците.

Нафората е осветен леб од кого на проскомидијата се земени честици кои се ставаат на Дискосот, а останатиот леб се раздава на оние кои не се причестуваат со Светите Тајни.

По ова, епископот проси благослов од Бога и ја завршува Литургијата.

57. Имавме желба поопширно да објасниме сè што се случува на светата Литургија, но слабоста на нашиот ум не ни дозволува тоа да го направиме, а воедно знаеме дека многу големи личности, искусни во Божјото созерцание на оваа тема и по мерата на своите возвишени знаења, доволно ни напишале за ова. Сето она што го рековме, не го измисливме од себе, туку го презедовме од делата на Светите Оци, кои премудро пишувале на оваа тема. За проскомидијата не зборувавме многу, бидејќи и за неа Оците кажале премногу корисни работи.

58. По древните правила, свештеникот прво го подготвува Агнецот за жртвопринесување, а потоа во Путирот го соединува виното и водата.

Потоа на Бога Му принесува честици: прво во чест на Преблагословената Дева Марија, второ во спомен на светите, а потоа за живите и умрените, кои починале со вера. А ти прашуваш: „Каква сила имаат во себе тие честици? Се претвораат ли во Тело Христово?“

59. За тоа дека честиците кои се принесуваат имаат Божествена сила, ни зборуваат Светите Оци. Честиците кои се принесуваат, ги претставуваат самите ликови, во чија чест се принесуваат и тие се жртвопринесување на Бога за нив. Тоа се потврдува со зборовите, кои ги изговара свештеникот за време на проскомидијата: „Прими ја Господи оваа жртва во небесниот Твој Жртвеник!“ Честиците кои се принесуваат за светителите, служат во нивна чест и слава и за преумножување на достоинството.

60. Но колку што е корисно за оние што се спомнуваат во овие молитви, а живеат достојно христијански, толку е погубно за оние, кои се предале на гревовен живот. Бидејќи честицата (Агнецот), која ќе се принесе од свештенослужителот, се претвора во Тело Господово, а во Путирот се натопува со животворната Крв Христова, затоа во душите на оние кои се причестуваат слегува благодатта и се случува духовно соединување на човекот со Бога. Но, доколку некој е предаден на гревовен живот и не сака да отстапи од него, таков недостоен за заедница со Бога, уште повеќе се осудува, ако се причестува со Светињите. Затоа свештениците треба да бидат внимателни и да не ги причестуваат таквите луѓе, кои отфрлајќи ја секоја добродетел од својата совест и срце, се предаваат на разни безаконија. Дури и свештеникот подлежи на осуда ако направи такво нешто.

61. Навистина, свештеникот мора да биде многу внимателен и како што учи Светото Писмо, тој мора да се преиспитува, колку што тоа е можно. Ние кои сме ја примиле благодатта на свештенство, покрај наведеното, должни сме да се грижиме и за чистотата и за светињите, но и да не бидеме злобни. Во нашите души треба да има смирение и љубов, зашто тие добродетели биле изобилни во Христа.

Само такви можеме да се причестуваме, а за вечниот живот да се удостоиме со постојана заедница со Христос, Кому Му припаѓа секоја слава, чест и поклонение со беспочетниот Отец и Пресветиот Благ и Животворен Дух сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Превод: ѓакон Илија Поп Гонов

Page 13: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 13

Од интервјуто кој со отец Теодул Варзар го водел о. Јоаникиј Балан и го вклучил во својата книга „Духовни разговори со романските Старци“ (1984 г.). Отец Теодул бил духовник на женскиот манастир Агапија во Молдавија, кадешто поминал преку триесет години, сѐ до своето упокојување 1981 г.

Oче Теодуле, откако сте во Агапија, дали сте запознале некој познат испосник?

Во 1947 година запознав голем испосник во планините на Агапија, кој надминуваше

многу други со чистотата и светоста на својот живот. Се викаше Јован. Не сум верувал дека такви исихасти има сѐ уште во длабочините на карпатските планини.

Кажете ни нешто за тој голем испосник.

До 1945 година никогаш го немав видено, иако за него ми раскажуваа отец Клеопа од Сихастрија и архимандрит Васијан Скрипца, духовникот на манастирот Сечу (†1956), кој бил негов духовен отец од 1930 до 1940 година. Дрвосечачите, горштаците и овчарите кои го познавале и среќавале по планинските патеки исто така ми раскажуваа за него. Секогаш одел со својот ученик во придружба. Јован пустиникот одел напред, а неговиот ученик десет или дваесет чекори зад него, за да може да се моли. Оние кои го имаат видувано од порано, ми рекоа дека одел гологлав, дека имал бела коса која му паѓала врз грбот, бела брада малку зашилена и светло и мирно лице. Бил облечен во стара облека и во рацете носел стап. Сите кои го сретнувале го викале пустиник, а тој ги благословувал и продолжувал по патот.

Отец Клеопа ми раскажа дека во есента 1930 година, кога чувал овци кои припаѓале на манастирот Сихастрија со својот брат на врвовите на планината Сила, се сретнал со Јован пустиникот и неговиот ученик на една патека. Застанувајќи, отец Јован рекол на постариот брат на отец Клеопа: „Брате Василије, подготви се и тргни напред. Долг е патот пред тебе.“ Тоа било претскажување за неговата смрт. По шест месеци брат Василиј се претстави (почина).

Старец Васијан Скрипца бил негов духовен отец кога живеел како отшелник во скитот Сила од 1930 до 1940 година и се восхитувал на неговото подвижништво. Тој ми кажа дека Јован бил од Тигинската област (денес позната како Бендер, во деловите на Молдавија кои ги презема Советскиот Сојуз). Замонашен е во Нов Њамц, а кога завршил теолошки факултет, станал викарен епископ некаде околу 1905 година. Како голем љубител на тихувањето, по неколку години се вратил во скитот. Подоцна кога чул за манастирите и исихастите во

современи свети ликови

ЕПИСКОП ЈОВАН ОТШЕЛНИК

отец Теодул Варзар

Page 14: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 14

Карпатските планини, отишол во планината Сила.

Кога точно го сретнавте, оче Теодуле?

Во летото 1945 година, ги зедов своите работи и тргнав преку планините во манастирот Сихастрија. Сакав да се исповедам кај отец Клеопа. Кога го префрлив врвот на планината и стигнав во долината на Сихастрија на работ на чистинката викана „Трапеза“, пред мене се појави мирно и свето лице на непознат испосник. Беше со низок раст, со слабо тело, откриена глава, облечен во долга мантија од волна, босоног и опашан со коноп. Немаше ниту некакви работи, ниту торба, а во рацете носеше бројаници кои самиот ги направил. Изгледаше дека ме чекал. Кога ме виде, ме благослови со двете раце и ме именува со моето име.

„Оче Теодуле, ти одиш во Сихастрија кај отец Клеопа. Колку пати и самиот одев таму и стоев за време на богослужението, но никој не ме виде. Јас знам дека твојата светост сака да ја напушти Агапија и да оди во Сихастрија (Агапија е женски манастир), но не треба да одиш. Остани во Агапија, зашто Бог не те пратил таму залудно. Таму е спасението на твојата светост“. Кога видов дека ми се обрати со моето име и дека ги знае моите мисли, прво ме обзеде некаков страв и изненадување, така што не можев ниту да зборувам, особено заради тоа што не знаев кој е тој. Но неговите зборови ми го допреа срцето и ме исполнија со голема духовна радост, каква што порано не сум почуствувал. Тогаш, се осмелив и го прашав: „Како се викаш, чесен оче? И колку долго живееш и се подвизуваш во овие планини?“

„Се викам Јован“, ми одговори, „и доаѓам од Тигинскиот крај. Бев викарен епископ во младоста. Но сакајќи го повеќе тихувањето и молитвата, го оставив овој висок чин и откако слушнав за испосницата Олтенија 1915 г., дојдов за искушеник во скитот Красна во областа Горје. Игуменот ме задолжи да се грижам за стоката. По неколку години ми рече: „Брате Јоване, подготви се, зашто ноќеска ќе станеш монах!“ Не беше запознаен со мојот претходен живот, дека сум епископ. Тогаш ги напуштив и таа ноќ отидов во пустина, во длабочината на шумата. Откако слушнав за испосниците во Молдавија дојдов во планината Сила за да живеам тука до крајот на животот.“

По кратко молчење светиот Исихаст Јован рече: „Оче Теодуле, те молам да ми донесеш пакет хартија за пишување и доста мастило“. „Но што ќе правите со тоа Ваша Светост?“ „Морам да напишам нешто!“ „А да ви донесам и перо?“ Добриот подвижник покажувајќи со прстот на гранките на елите рече: „Ми требаат само шилки. Погледни колку пера ни дава Бог!“ „Каде точно и кога да ви донесам хартија?“ прашав. „Не грижи се за тоа!“ одговори тој. „Бог се грижи за си!“ „Ваша Светост, сакате ли да Ви донесам нешто сув леб или некоја друга храна?“ „Не ми треба повеќе ништо, по милоста Божја имам сѐ што ми треба.“ Тогаш, целивајќи му ја раката, реков: „Благослови свети оче!“ „Бог да благослови и прости!“

Откако ме благослови со двете раце, тргнав назад спуштајќи се кон долината покрај Сихастрија, а тој застана за момент потпирајќи се на една елка. Потоа исчезна како елен во длабочината на шумата и повеќе не го видов. Неопислива радост имав во

Page 15: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 15

душата. Колку многу прашања сакав да го прашам овој голем исихаст. Но тој не сакаше ништо да ми открие за своето духовно подвижништво на Сила, ниту местото кадешто живее - својата пештера или земјена колиба.

Дали му купивте хартија и мастило, оче Теодуле?

Да, добивајќи го доста лесно, со обзир дека во тоа време недостигаше хартија. Вракајќи се во Агапија, отидов во селската продавница. Кога продавачот ме виде, ме повика веднаш настрана и самиот ми даде еден пакет добра хартија, мастило и острилка за перо. Го ставив сето тоа во ранец и Го молев Бога да ми помогне да го најдам светиот исихаст. Срцето ми гореше од желба повторно да го видам, да побарам благослов и духовна поука од него. По еден месец го ставив ранецот на грб и тргнав во планините во близината на Сихастрија. Имав нешто работа со отец Клеопа. На патот се молев да го сретнам епископот испосник Јован, за да му ја дадам хартијата и мастилото. Зедов за него исто така и сув леб за јадење. Кој знае што сакал да пишува! Некоја тајна, духовно учење? Можеби совети за Исусовата молитва која ја задобил уште во младоста? Можеби некои божествени откровенија? Можеби нешто за својот живот? Кога стасав до чистината наречена Трапеза, светиот Исихаст се појави пред мене, а не видов од каде дојде; лицето му беше бело, блескаво и зрачеше со небесна радост, која е непозната за обичниот човек; неговото срце беше исполнето со мир и духовен спокој. Го носеше она исто старо волнено расо кое самиот си го направил. Во левата рака држеше бројаници. Десната рака секогаш ја држеше на градите како што често тоа се прави во молитва. Откако му ја целивав раката и се поклонив, свети Јован ме благослови со двете раце, ме бакна во темето и ми рече: „Оче Теодуле, одиш во Сихастрија? Подобро е за тебе да се вбратиш во Агапија, бидејќи отец Клеопа, игуменот на Сихастрија денес е отсутен. Повикан е во манастирот Њамц“. „Ваша светост“, реков потресено, „Ви донесов хартија и мастило, еве и неколку пера“. „Благодарам оче Теодуле, знаев дека ќе ги најдеш!“ Тогаш, ги стави во ранецот што го носеше на грб. „Ви донесов и нешто храна: леб, овошје и малку вино“. Бог нека те награди за твојата љубов, оче Теодуле, но мене тоа не ми е потребно! Господ се грижи за мене.“

Инсистирав да земе нешто. Не ни погледна во корпата што сум донел, но за да не ме растажи, овој добар Христов војник, ми ја кажа оваа духовна поука! „Оче Теодуле, постот е голема гозба за монахот. Треба да се знае дека постојат седум видови на исхрана за човекот или седум видови на постење...“

...Сувата храна е на шестиот степен на монашкиот пост, којшто обично го практикуваат најревносните пустиници. Оние кои што живеат во вакво жестоко подвижништво јадат само сув леб наквасен со вода, со сол и малку оцет, еднаш дневно и тоа со мера. Така живееле египетските исихасти во долината на Нил.

Божествената храна или маната е последното и највисоко ниво на монашкиот пост кое го достигнуваат мал број на аскети, закрепени со Божја благодат после подолго подвижништво. Тие се задоволуваат само со Пречистите Тајни, Телото и Крвта Христови, кои ги примаат еднаш или два пати седмично, не земајќи друга храна, освен вода. После тешки искушенија и подвижништво, по милоста Божја и јас само се причестувам со Пречистите Тајни и повеќе не чуствувам глад и немам потреба од леб и зеленчук.

Гледате ли отци, до која мера на духовно подвижништво достигнал свети Јован. Тогаш го прашав: „Ваша светост, таму во шумата каде што живеете, зар не ви е ладно зимата?“ „Оче Теодуле, јас сум жител на карпатските планини и Господ води грижа за мене, каде и да се најдам.... Ништо повеќе не ми треба, не чуствувам студ во зима, ниту летна горештина, ниту глад или жед, ниту било каква земна потреба.“ „Ваша светост“, реков јас, „многу сакам да одам во Сихастрија да бидам поблиску до браќата. Би имал повеќе мир и време за молитва таму!“ Тој ми одговори: „Ако митрополијата ти го одредила манастирот Агапија, биди послушен бидејќи си пратен таму по волја Божја!“

Гледајќи дека големиот свет испосник не сака да зборува долго, за да не ја прекинува Исусовата молитва во умот и срцето, му се заблагодарив од срце за душекорисните зборови и совети што ми ги даде. Му се поклонив, му ја целивав раката и побарав благослов за заминување. И светиот епископ Јован ме благослови со знакот на чесниот крст и ми рече: „Нека Господ Исус Христос те благослови и прости ми.“ Така се видов и разделив по вторпат со свети Јован, жителот на Карпатските планини!

Page 16: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 16

Оче Теодуле, дали од тогаш го имате повторно сретнато овој голем испосник?

Уште една година помина во неволји и искушенија. Ништо не бев чул за светиот Јован. Во летото 1946 год. моите мисли ме натераа да отидам на неколку дена до манастирот Сихастрија. Ги прочитав вообичаените молитви пред патување, ги зедов моите работи и ја преминав планината со мисла дека ќе го сретнам уште еднаш светиот испосник Јован. Кога стигнав на чистината Трапеза чудото се повтори трет и последен пат. На крајот на чистината неговата светост Јован ме чекаше. Истото светло лице, истите бистри и радосни очи, истата радост и духовен мир во неговата душа, истото грубо расо од волна на неговото слабо тело. Направив вообичаен поклон, му ја целивав раката, тој ме целива во темето и седнавме на едно стебло од ела кое го урнал ветрот. Ништо овоземно не го занимаше. После неколку моменти на тишина неговата светост ми рече: „Би сакал да се вратам во своето родно село да умрам таму. Ние исто така таму имаме многу шума.“ „Како ќе одите сега кога војната сѐ уште не е потполно смирена?“ „Верувам во Господа дека секогаш ќе ме штити со Својата рака.“ Гледајќи ја мојата тага, тој ме охрабри во надежта и ме посоветува да се грижам за душите кои ми се поверени во манастирот Агапија и ми кажа повторно дека тука ќе биде моето спасение! На крајот повторно ме благослови со двете раце и ме целива. Се поклонив и кога се разделивме тргнав со солзи во очите. Тој замина во неговата толку сакана пустина покрај планината Сила, а јас се спуштив накај Сихастрија. Ова беше мојата последна средба со него.

Дали нешто повеќе сте чуле за Јован пустиникот?

Од 1946 год. не го сретнав повеќе. Никој ништо повеќе не спомнал за него. Мислев дека сигурно заминал во вечното царство, некаде од планината Сила. После пет години сепак слушнав дека некој брат кој ги чувал манастирските овци, го сретнал во шумите покрај

планината Читела.

Одејќи да ги пасе овците, тој одеднаш забележал дека сите овци се собрале една крај друга, а кучињата зачудено застанале. Кога погледнал подобро видел стар монах со бела брада, во средината на стадото. Тоа бил свети Јован пустиникот. „Навистина денес му згрешив на Бога, штом ме открива на луѓето!“ рече пустиникот повеќе за себе, а тогаш му рече на братот кој ги чуваше овците: „Брате Стефане, дојди тука и не се плаши! Знам дека се исповедаш кај отец Јоил, но те молам не кажувај на никој дека си ме видел денес!“

А што направи братот Стефан?

Тој се причести една недела и на никој ништо не рекол. Но мислите го мачеле да се исповеда на отец Јоил, а старецот откако го слушна ова, веднаш зеде малку сув леб и храна во торбата и тргна по шумата околу манастирот. Заедно со отец Висарион, игуменот на скитот Сила, оделе цела недела надевајќи се дека ќе го најдат светиот отец Јован пустиникот. Но не го сретнаа. После еден месец или два, братот Стефан одел со овците низ шумата и одеднаш го сретна отец Јован пустиникот. Бил босоног и со откриена глава. Му мавнал со раката и му рекол: „Брате Стефане, една работа побарав од тебе, а ти тоа не го направи. Знај дека ќе отидеш во војска и нема повторно да се вратиш во манастир“. Така и стана. Братот отиде во војска и остана во светот. Оттогаш не сум чул повеќе ништо за светиот Јован исихаст.“

Превод:

ѓакон Емил Атанасов

Page 17: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 17

“Испитувајте се сами себе дали сте во верата! Сами испитувајте се!” (2.Кор.13,5)

“Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам.” (Мт.11,28)

Слава му на Бога! Сите ние се нарекуваме христијани. Сите ние го исповедаме Едниот Триипостасен Бог, Живиот и Бесмртен Бог; сите сме крстени во името на Светата

и Едносушна Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух. Сите веруваме во Распнатиот и Воскреснат од мртвите Исус Христос, Синот Божји и како симбол на тоа се осенуваме со крстниот знак. Одиме во светиот храм, се молиме, го повикуваме, пееме и го славословиме светото Божјо име. Сите го слушаме светиот Божји збор (слово); сите се причестуваме со Светите и Животворни Христови тајни и сме повикани на вечен живот и Царство Небесно, исповедувајки во светиот Символ: го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век. Слава Му на Бога за тоа и за сѐ!

Навистина се преславни и големи тајните на христијанството. Возвишено и преславно е да се биде христијанин! Но да се свртиме и испитаме себеси, дали сме навистина христијани, како што нѐ советува Апостолот: “Испитувајте се себеси, дали сте во верата,” и останато. Без вера не постои христијанин. Како што наведовме претходно, покажуваме знаци на Христијанство, но дали во себе носиме вистинско Христијанство? Сѐ надворешно без внатрешното, е лага и лицемерие.

Сите се фалиме со верата, но дали твориме достојно на верата, како што ни говори Апостолот на сите: “Покажи ми ја верата твоја преку делата твои” (Јак. 2, 18)

Се нарекуваме христијани по Христа: а дали сме го распнале телото со страстите и желбите, како што им доликува на христијаните кои веруваат во Распнатиот Христос, според зборовите на св. ап. Павле: “Оние кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите и желбите” (Гал. 5, 24).

Ја чувствуваме ли во себе духовната радост од Помазанието кое го примивме? (1. Јов 2, 27) Веруваме во Евангелието - но, живееме ли достојно на Евангелието? Го исповедаме и повикуваме Вистинскиот Бог, но дали Му угодуваме со верата и чистата совест, која Он ја бара од нас? Го слушаме

светоотечка ризница

ДАЛИ СМЕ НАВИСТИНА ХРИСТИЈАНИ?

Св. Тихон Задонски

Page 18: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 18

светото Божјо слово, но дали го разбираме и се поправаме себеси според него?

Кога се причествуваме со Светите и Животворни Тајни, со Телото и Крвта Христови, но дали со тоа се обновуваме и израснуваме во еден нов духовен човек? Да размислиме за ова и за сѐ друго.

Да се испитаме себеси како живееме, како се однесуваме, како мислиме и зборуваме, како работиме? Кaкви сме пред Бога, Кој сѐ гледа, какви сме едни кон други.

Така размислувајќи, да се поправиме себеси, за да бидеме вистински христијани, а не само да се нарекуваме така.

Со благодатта Божја станавме христијани: да поитаме да го вратиме во себе вистинското христијанство. Крстени сме во името на Триипостасниот Бог и добивме дар на светост и искупување: да се потрудиме до крај да го сочуваме тој залог од небото. Веруваме во распнатиот Исус Христос: да Го следиме и со вера земајки го својот Крст, да појдеме по Него. Го исповедаме и повикуваме Небесниот Бог: да поитаме да му угодиме со небесен живот. Го слушаме словото Божјо, да се потрудиме и да живееме според него. Го чекаме воскресението на мртвите и животот во идниот век: да поживееме во овој свет достојно за воскресението од мртвите и идниот живот, да се стремиме кон единственото вечно благо, одвраќајки се од суетата на овој свет. Кога пристапуваме кон светата небесна трпеза на Тајните Христови, да се потрудиме Животворниот и Небесен Леб да ни биде наш живот, осветување, посветување, обновување, радост и духовна наша утеха.

Да ја покажеме нашата вера преку нашите дела. Да бидеме и по природа христијани, а не само по име. Боже! Биди милостив кон нас и благослови нѐ, озари нѐ со лицето Твое и помилуј нѐ, за да се знае на земјата патот твој и по сите народи спасението Твое (Пс.66 - 2,3).

За покајаниетоИскреното покајание е единствена надеж која

ни е останата нам, кои згрешивме по крштението. Слава му на Бога за тоа, слава Му, сѐ уште не сме изгубени. Грешници, има сѐ уште надеж, сѐ уште не престанало милосрдието Божјо, сѐ уште им се проповеда покајанието на грешниците, на сиротите сѐ уште им се проповеда Благата вест.

Милоста Божја сѐ уште насекаде се јавува, вратите на милосрдието не се затворени и благодатта Божја сѐ уште им е достапна на сите. Евангелието и Јагнето Божјо кое ги зема гревовите на светот и се проповеда, се јавува Царството Божјо сеуште покајаните грешници се спасуваат; цариниците и грешниците, очистени со Покајанието влегуваат во Царството Божјо. И понатаму Милосрдниот Бог заблудените ги повикува кон Себе и чека ветувајќи помилување. Чедољубивиот Отец ги прима блудните синови кои се враќаат од далечна земја и им ја отвара вратата на својот дом; ги облекува во нова облека и на секој му дава прстен на раката, им облекува нови обувки. А на сите свои свети пријатели им заповеда да се радуваат заради нив: Радувајте се Ангели и сите избраници Мои! Грешниците Ми се обраќаат, луѓето – творбата Моја по образ и подобие кои отпаднале – се спасуваат, мртвите оживуваат, изгубените се наоѓаат. Слава на благоста Негова, слава на човекољубието Негово, слава на милосрдието Негово, слава на милоста Негова!

О, ние бедните грешници! Зошто седиме во туѓа земја и не си заминеме кај нашиот Отец! Зошто умираме од глад? Зошто се храниме со беззаконија како со рокчиња? Во домот на Нашиот Отец од сѐ има во изобилие, таму наемниците се наситуваат. Нашиот Отец трпеливо и со тага нѐ чека за да нѐ види оддалеку како се враќаме. Да нѐ погледне со своите милостиви очи, да Му бидеме мили и да нѐ прегрне и да нѐ целива со целивот на својата света љубов; да не се сеќава на нашите гревови и беззаконија и да ги научи сите свети Ангели и своите избраници да се радуваат заради нас.

Да си дојдеме при себе и станувајќи да појдеме и да побрзаме кон Отецот наш Небесен, сите да му кажеме со смирение и со тага: Оче! Згрешив пред небото и пред Тебе и веќе не сум достоен да се наречам Твој син; прими ме како еден од своите наемници (Лк.15,18 и 19). Да побрзаме, да побрзаме, грешници, додека сѐ уште има време, додека Отецот сѐ уште чека додека не се затворат вратите од домот Негов. Да се покаеме додека сѐ уште чека милосрдието Божјо, да не го почувствуваме врз себе делото на неговата правда – вечнот суд. Амин.

Превод: ѓакон Стојанчо Јанев

Page 19: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 19

Старец Пајсиј Светогорец

Кротките се како славејчиња што се кријат по клисурите и со своето слаткопеење пренесуваат радост во душите на луѓето.

Не смееме да очајуваме кога се бориме, а постојано гледаме само мал напредок. Сите ние речиси ништо и не правиме, некои повеќе, некои помалку. Кога Христос ќе го види нашиот мал труд, Он ни дава соодветна паричка и така нашето речиси ништо, станува вредно и гледаме мал напредок. Заради тоа не смееме да очајуваме, туку да се надеваме на Бога.

За жал, во наше време има многу луѓе што ја вознемируваат мајката Црква. Од нив има образовани, кои ја разбрале догмата со умот, но не и со духот на Светите Отци. Истовремено, неписмените ја зграбиле догмата со забите, со кои чкртаат кога заборуваат за црковни теми. Вака, поголема штета на Црквата ѝ нанесуваат оние што се во неа, отколку оние што ја напаѓаат од надворешна страна.

Она што се бара од секој православен е да им влее „добар неспокој“ на хетеродоксните, за тие да сфатат дека се духовно болни и дека треба Светите

ДУХОВНИ СОВЕТИ ОД СОВРЕМЕНИТЕ СТАРЦИ

Старец Паисиј со

локум

послужува дете

духовни поуки

Page 20: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 20

Отци да ги прегледуваат. Кога ќе бидат исцелени, самите ќе го забележат болниот дух и истовремено ќе вкусат божествена благодат. Значи, оттогаш би ја користеле божествената енергија (за да им помогнат) на напатените души, а не за човечко лукавство.

Еден збор од кроток и (духовно) искусен човек, кој произлегува од длабочината на неговото срце, има поголема вредност отколку еден куп паметни изреки на надворешниот човек, кои бргу излегуваат од неговата образована уста. Неговите зборови не ѝ ја зборуваат вистината на човековата душа, бидејќи се телесни, а не пламени јазици на Педесетницата.

Ако страстен човек се обиде да го исправи егоистот, челикот удира во кремен и оганот веќе е запален! Ако се обиде да исправи чувствителна личност, многу ќе ја повреди. Тоа е како лудак да земе рибачка четка за да ја отстрани слузта од окото на бебето.

Колку е прекрасно кога се познаваме себеси! Тогаш смирението ќе биде наша постојана состојба, а Бог ќе нѐ обдари со Своите божествени дарови. Потоа духовните закони престануваат, а оној што се возвишува ќе се понизи; затоа сите ќе одиме ниско, нема да паднеме и постојано ќе примаме Божја благодат, која им се дава на смирените.

Светото подвижништво, подразбирајќи големо самоодрекување, кое се раѓа од голема вера во експлозија на љубов кон Бога, му донесува вистинска радост на човекот. Тој е среќен што живее, срцето му трепери, славејќи Го Бога за сите добродетели. Тој се радува и да умре, зашто повторно му се приближува на Бога и таму го продолжува своето славословие.

Добродетелта вообичаено го издава човекот, каде и да се сокрие. Може да се однесува и како јуродив заради Христа, таа ќе го издаде, иако можеби подоцна, а тој ќе им помогне на многу души.

Цел на читањето е да го примениме во животот она што сме го прочитале. Не да учиме напамет, туку да правиме како што е напишано. Не да вежбаме на јазикот, туку да се оспособиме

да примиме пламени јазици и да живееме според Божјите таинства. Ако некој учи многу за да стекне знаење и да ги учи другите, а не живее според она што го поучува, само си ја полни главата со празни приказни. Најмногу што ќе може да направи е да отиде на месечината со помош на машини. Цел на христијанинот е да се вознесе кон Бога без машини.

Не треба да очекуваме духовна пролет ако прво не поминеме низ духовна зима, во текот на која умира духовната глад. Не смееме да очекуваме божественото да процвета во нас, ако најпрво не умре човечкото.

Скапоцената (пламена) љубов, која се жртвува себеси и не општи со светот, се храни со внатрешната љубов кон Бог. Човечкиот живот е непрестаен Велик пост и сите негови денови се непрестајна светла радост. Скапоцената љубов кон Бога, со секоја жртва, го засладува срцето до вриење, а божествената љубов, која не може да се задржи, како пареа се издигнува и се соединува со Бога. Таквата состојба на духовна лудост, не само што го истерува човекот надвор од себе, туку и неговото срце излегува од телото, односно од телесните желби и целосно се облекува и прочистува во Бога. Оние, кои често се причестуваат со љубовта Божја, често се рамнодушни кон храната. Или, ако јадат, не ја (пробуваат) храната, зашто дури и тогаш продолжуваат силно да Го чувствуваат Бога и да се причестуваат со слаткиот благослов на Неговата љубов. Кога, преку љубовта Божја, срцето ќе стане оган, тогаш е способно да ја изгори целата суета која му се приближува, која носи внатрешен мир додека човекот поминува низ пламените искушенија на овој живот.

Нема поблагословени луѓе од оние кои стапиле во врска со „небесната телевизиска станица“ и кои благочестиво се поврзани со Бога. Истовремено, пак, нема победни луѓе од оние кои ја прекинале својата врска со Бога и така зашаматени талкаат по светот, менувајќи ги каналите на светските телевизиски станици за да ја заборават, макар и на кратко, маката поради тоа што животот им излегол од колосек.

Многу е добро, пред да почнеш да се молиш, малку да прочиташ од Старечникот. Ќе го загрееш

Page 21: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 21

срцето, капакот ќе падне на твоите земни грижи, а ти ќе се молиш без расеаност.

Во текот на молитвата, кога умот ќе ти заскита на помисли за лоши работи, или ако ваквите помисли ти доаѓаат без твоја волја, не треба да војуваш против непријателот, зашто дури и најдобрите светски адвокати да се соединат, нема да напредуваат против малиот демон. Ваквите помисли се отфрлаат само ако не им обрнуваш внимание. Истото важи и за хулните помисли.

Ако сакаш да го привлечеш Божјото внимание, за да те слушне додека се молиш, сврти го копчето на смирение, зашто Бог секогаш дејствува на оваа фреквенција; потоа смирено замоли Го за милост.

Брате мој, не барај ништо во молитвата, освен покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение, смирението - Божја благодат, Бог ќе те подржи со Својата благодат и ќе ти даде сѐ што ти е потребно за спасение, како и сѐ што е потребно, ако се даде

прилика да ѝ помогнеш на друга душа.

Кога човек е духовно здрав и се оддалечува од другите луѓе за подобро да им помогне преку своите молитви, тогаш секого смета за свет, а само себеси за грешник.

Ако немаме контрола над умот за време на духовното учење, од него немаме никаква корист. Само се прозеваме и се заморуваме без цел, бидејќи ништо не можеме да запомниме. Исто како и печатарот, ако не мисли на својата работа и заборави да стави мастило, печатарските машини ќе работат и нема ништо да отпечатат.

Секое зло се зачнува во умот, кога тој се интересира само за наука. Тогаш научниците не можат да најдат внатрешен мир и рамнотежа. Но, кога со умот се врзани за Бога, научниците ја користат својата наука за нега на својот внатрешен свет и за да му помогнат на светот, бидејќи умот им е осветен.

Page 22: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 22

Кога умот ќе почне да го поминува времето блиску до Бога, често заборава, не само на своето пребивалиште, туку и на пребивалиштето на душата, ова земно тело.

Во си, прво треба да им дадеме предност на добрите помисли и да одбиеме да примиме злобни телеграми, ако сакаме да си го исчистиме срцето и да ги замениме злобните машини на срцето со добри. Злото ќе се претвори во свет путир, а скршените ѕвона во полиелеј. Дури и фрлената хартија ќе се претвори во чиста салфетка. А, кога срцето е злобно и наместо злато гледа бронза, тогаш ќе го претвори во куршуми и топовски ѓулиња.

О, блажена пустино – преку која создадениот човек се помирува со својот Создател, и која се преобразува во земен рај – повторно собираш диви животни околу скротениот човек!

Колку што е можно, сакај ја пустината и нематеријалниот живот, и бегај од својот материјален имот во стадото на сиромашните. Поедностави си го животот, за да се ослободиш од земниот немир, за животот да ти има смисла.

Совеста е првиот Божји закон што Бог длабоко го врежал во срцата на првосоздадените луѓе. Понатаму, при раѓањето, секој од нас го наследува како копија од своите родители. Оние, што ќе успеат да ги вознесат чувствата на сопствената совест преку секојдневно проучување на себеси, се чувствуваат како странци во овој свет, додека световните луѓе се вчудоневидени од нивното однесување. Оние што не си ја проучиле совеста, нема да имаат корист од духовното учење, ниту од советите на своите старци (духовници). Тие нема да можат ниту да ги извршуваат Божјите заповеди, бидејќи станале нечувствителни.

(Кога човекот ќе сфати колку е грешен и колку е големо Божјото милосрдие), срцето пука, колку и да е тврдо, и вистинските солзи сами потекуваат и тогаш човекот се моли и плаче без труд. Тоа е така бидејќи смирението непрекинато дејствува заедно со љубовта и го буши срцето за да се зголеми изворот, а раката Божја постојано го милува

трудољубивото и сакано чедо.

Да се бориме со сите сили за да го стекнеме Рајот. Капијата е многу тесна и не слушајте ги оние што велат дека сите ќе се спасат. Тоа е сотонска замка за да не се бориме.

Христос е љубов, добрина и утеха, која никогаш не задушува, туку изобилува со духовен кислород.

Бог допушта искушенија за да ја избрише прашината од нашата душа, за таа да се исчисти преку тага и солзи, за да бидеме принудени да побараме прибежиште во Бога, заради нашето спасение.

Богословието е слово Божјо, кое го разбираат чистите, смирените и духовно препородените души. Тоа не се убави зборови од умот, кои се обликуваат со уметничка вештина и кои се изговараат во правен или светски дух. Како и прекрасната статуа, создадените зборови не можат да ѝ зборуваат на човечката душа, освен ако слушателите во голема мерка се од овој свет и едноставно се задоволуваат со убави зборови. Богословието, кое се предава како (световна) наука вообичаено ја истражува историјата и има надворешен начин на сфаќање. Таквото богословие е полно со сомнежи и прашања, бидејќи светоотечкото подвижништво и внатрешното искуство се отсутни. Човекот не е во состојба со својот ум да ја разбере божествената енергија, освен ако најпрво самиот не се подвизува за да живее со таа енергија, за да може Божјата благодат да дејствува во него.

Децата ја добиваат својата прва настинка од отворените сетилни прозорци на родителите. Мајката особено ја пренесува својата настинка кога не е скромно облечена и со своето однесување ги соблазнува децата.

Родителите кои живеат свет живот ги поучуваат душите на своите деца, а тие им се природно послушни и растат во побожност, без психолошки проблеми. Таквите деца се задоволни со своите родители. Родителите се радуваат поради своите чеда и во овој и во вечниот живот,каде што уште еднаш ќе уживаат во нив.

Page 23: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 23

Оној, кој мирно си живее во материјалниот свет не грижејќи се спасението на душата, е како бесловесна птица која не мрда во јајцето за да ја скрши лушпата и да излета и ужива во сонцето – небесен лет и рајски живот – туку, наместо тоа не се мрда и умира во лушпата.

Световната љубезност е многу штетна, бидејќи може да го измами човекот и да направи тој да се отвори кон световниот човек. Со неа може да се разниша побожноста, бидејќи световниот човек не знае што е тоа побожност. Тоа е како да им даваш златни фунти на луѓето кои знааст само за бронзени парички.

Ударите се неопходни за спасение на душата, бидејќи тие ја чистат душата. Колку повеќе ја удираш и трлаш облеката, подобро ќе ја испереш.

Живеј во постојано прославување и благодарење на Бога, бидејќи најголем грев е неблагодарноста и најголем грешник е неблагодарниот човек.

На почетокот од духовниот живот, Бог од љубов никому не му дозволува да си ја согледа својата грешност, ниту многуте добродетели со кои го обдарува, за да го сочува од очај, особено ако

човекот е чувствителен.

Оние кои се во светот не треба да очајуваат кога ќе бидат совладани од многу страсти и кога по природа се непослушни и страсно чекорат надолу. Наместо тоа, треба да веруваат во семоќната Божја сила и да го вратат управувачот на својот моќен мотор на патот кон Бога, угоре. Наскоро ќе претекнат друг, побавен автомобил, кој со години патува по патот кон Бога.

Старец Филотеј Зервакос

Сегашниот привремен живот е сличен на море, а ние сме како кораби. Како кораби во морето, не наидуваме само на мир, туку многупати среќаваме силни ветрови и големи бури, скандали, искушенија, болести, таги, неволји, прогонства и разни опасности. Сепак, не смееме да се обесхрабруваме. Мора да бидеме смели, храбри и верни. Ако, соочени со опасноста ја загубиме храброста како маловерни плашливи луѓе, да Го повикаме Христа како Петар, а Он ќе ни ја подаде раката и ќе ни помогне.

Родителите треба да ги учат своите деца уште од првите денови. Мора да ги учат на стравот Божји, да ги прекоруваат заради лошите постапки и грешки, а не смеат да им ласкаат или да им удоволуваат на нивните лоши желби или апетити.

Малото дете е како мека свеќа која ја обликуваш како што сакаш и која прима сѐ што ќе втиснеш во неа. Ако запишеш било која буква на чист лист хартија, останува запишано. Исто така, што и да научи детето додека е мало, останува втиснато до староста... Додека е младо дрвото, кога дува ветер, тоа се витка. Ако покрај него ставиме стап, тоа ќе расне право. Ако не ставиме стап, и остане свиткано, засекогаш ќе остане такво. Кога ќе порасне и кога добро ќе се вкорени, ако сакаме да го исправиме, тоа се крши и се сече. Истото е и со нашите деца. Да ги научиме во верата и во страв Божји додека се мали. Да ги оградиме и окружиме со бедем на поуки и добри примери, додека не се вкоренат во добродетелите и потоа нема да се плашат од никаква опасност.

Старец Филотеј Зервакос

Page 24: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 24

Христијаните се поделени во две групи: писмени и неписмени. Многу неписмени луѓе се неверници. Тие не знаат дека постои Бог, што е Бог и што е вера. Но, знаат многу митови, многу непристојни песни и игри! Многу писмени луѓе се целосни неверници. Освен неколку исклучоци... Тие никогаш не се молат и срам им е да се прекрстат.

За да се исправи нацијата, мора да се престане со лошите навики и гревови.

Животниот пат по кој одиш, било да е брачен или безбрачен, е Божја волја. Бидејќи, многупати луѓето сакаат едно, додека волјата Божја е друго. Бракот е добар, како и безбрачноста. Безбрачноста е подобра и повозвишена, бидејќи неоженетиот човек гледа како да Му угоди на Бога, додека оженетиот размислува како да ѝ удоволи на својата жена или на светот. Бог никого не принудува на брак или на безбрачност. Човекот сам треба да го избере едниот или другиот пат. Ако некој не е одлучен кој пат да го одбере, усрдно нека се моли со умиление и побожност, Бог да му го покаже.

Во сегашното зло поколение, духовниот отец мора да користи икономија, бидејќи ако користи строгост, никој, или само мал број од оние што доаѓаат на исповед ќе бидат достојни да ја примат Светата Причест. Сепак, потребна е голема грижа и расудување, и духовниот отец мора усрдно да Му се моли на Небесниот Бог и Отец за да го просвети како да ја користи икономијата.

Оној кој е послушен го подражава Христа, а горделивиот го подражава ѓаволот... Таканаречените христијани мора да бидат вистински – со зборови и дела, а не лажни – само по име.

Најлесен, најбрз и најсигурен пат кон Небото е смирението. Тоа е единствениот доверлив пат.

Се гордеам со мантијата што ја носам и ја сметам за поскапоцена и поприкладна од било која друга облека, дури и од царската одежда. Сметам дека сум недостоен да облечам таква скромна, чесна и света одежда, која ја почитувале безброј преподобни монаси, маченици, исповедници и светители.

Верата го води човекот во страв. Страв од што? Плашливиот човек е смирен. А оној што е смирен Го има во себе Светиот Дух.

Вистинска среќа не се почестите или телесните задоволства. Вистинска среќа е добродетелта. Сите што се борат да стекнат доблест, да ги извршат Божјите заповеди, се вистински среќни луѓе.

Старец Порфириј

Page 25: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 25

Некои луѓе не се причестуваат поради непобожност и неверие. Други од незнаење, слаба вера, невнимание и отсуство на вистинска и чиста љубов кон Бога, се причестуваат еднаш или двапати годишно од навика, без страв, вера и љубов. Жално е и достојно е за плачење, свештеникот да стои кај Царските Двери и да ги повикува христијаните да се причестат, а никој да не пристапи.

Длабоко чувство, како што се: маката и тагата во срцето, воздишките, молитвата, постот, бдеење во солзи – се показатели на вистинско покајание. Тоа е вистинско покајание. Таквото покајание е корисно, бидејќи во себе му носи прошка на гревовите на грешникот, правејќи го пријател Божји.

Причината (поради која сите не стануваме свети) е во нас. Прво, поради нашата лоша намера. Второ, поради нашето невнимание и мрзливост. Трето, поради недостаток или потполно отсуство на љубов кон Бога и Небесните работи. Четврто, поради нашето среброљубие, оддаденост кон материјалните работи и лекомисленост.

Кога непријателот те искушува со неверни помисли, со сето свое срце кажи: „Потполно верувам во сѐ што верува Црквата, во сѐ што Христос вели во Светото Евангелие, во сѐ што рекле Светите Апостоли и Светите Отци. Тебе, ѓаволу, не ти верувам, зашто си лажго и крадец“.

Ако човек изгради куќа, но ја остави без покрив, таа е неупотреблива. Исто така, ако човек стекне добродетел, а нема љубов, куќата останува без покрив и нема корист од неа.

Да ги подражаваме сите светители и секогаш да ги имаме за свои помошници и заштитници. Да ја подражаваме нивната борба и добродетели, особено: смирението, верата, надежта и љубовта.

Кроткиот човек е лишен од гревови, зашто Бог живее во кротките. Оној што се исчистил, блеска со зраците на Светиот Дух и стекнува љубов.

Кога како дете ги читав Житијата на светиите, чувствував како зраците на Божествената светлина влегуваат во моето срце. Срцето ми се исполни со

сладост, радост и (ликување) и се запали со копнеж и љубов кон Бога и кон небесните работи. Потоа, кога јадев, одев или кога разговарав со другите, умот ми размислуваше за небесните работи, а срцето ми беше приковано за Бога.

Старец Порфириј

Животот без Христа не е живот. Така е... Ако не Го гледаш Христа во сѐ што работиш, тогаш си без Христа.

Христос е наш Пријател, наш Брат, Он е сѐ што е убаво и добро. Он е си. Во Христа нема тага, меланхолија или повлеченост во себе, иако човек страда од разни искушенија и ситуации. Христос е радост, живот, светлост, вистинско светло што го весели човекот, прави да полета, да ги гледа сите работи, сите луѓе, страда за секој човек и сака сите луѓе да бидат со него, блиску до Него.

Можно е човек да дојде блиску до очајот и пред себе да ја види живата реалност на хаосот и да рече: „Паѓаме во хаос! Вратете се сите назад, назад, назад, измамени сме!“ и така се враќа на патот кој води кон Бога, а нашата Православна вера блеска. Бог дејствува таинствено и не сака да влијае на човековата слобода. Он устројува работите да се одвиваат полека, полека и човекот да оди таму каде што треба.

Секој што ќе нѐ навреди, ќе ни нанесе неправда, ќе нѐ наклевети, на било кој начин ќе нѐ повреди – е брат кој паднал во рацете на злотворот ѓавол. Кога ќе го предизвикаме братот, треба да се сожалиме над него, да сочувствуваме со него и усрдно и тивко да Го молиме Бога да нѐ закрепи во тешкиот час на искушение и да се смилува над него, кој станал жртва на ѓаволот. Бог и нам и нему ќе ни помогне.

Кога ќе погреши нашиот брат, треба да го претрпиме тоа искушение. Вистинската љубов нѐ инспирира да се жртвуваме за доброто на нашиот ближен. Без жртви и со осудување, ние правиме, нашиот брат, кој паднал, да падне уште пониско; додека со тивка жртва на нашата љубов и молитви за него, ја будиме неговата совест, која го буди и

Page 26: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 26

осудува, за да се покае и да се исправи.

Вистинските христијани во чии души живее Христос, не можат да сторат ништо друго, освен да го љубат секој човек, дури и непријателот. Врвот на нашата љубов кон пријателите има елементи што не се во ред (пресметливост, реципроцитет, суета, емоционална слабост, страсно сочувствување), додека врвот на љубовта кон непријателите е чист.

Единствено верата Христова соединува и треба да се молиме луѓето да дојдат до тоа. Таквото единство нема да се случи со верувањето... дека сите религии се исти. Не се сите исти.... Нашето Православие нема ништо сродно со другите религии.

За да те љубат другите, треба прво ти да љубиш.

Мачениците многу страдале кога биле измачувани. Страдале на ист начин на кој секој човек би страдал, со таа разлика што тие биле постојано соединети со Христа во молитвата и имале удел во силата, која ја надминувала нивната болка и на тој начин победувале. Но, ако само за миг би ја напуштиле молитвата, болката би станала неподнослива и тие би биле подготвени да се откажат од Христа. Сепак, истрајувајќи во молитвата и добивајќи закрепнување, ја истрпиле болката на мачеништвото до крај.

Само во благодатта на СветиотДух нашата молитва станува чиста. Да се молиме постојано, дури и кога лежиме во кревет, кога се подготвуваме за починка или додека се одмараме.

Постои електричен генератор и во собата има ламба. Но, ако не го претиснеме прекинувачот, остануваме во темнина. Истовремено, постои Христос и постои душа. Но, ако не го притиснеме прекинувачот на молитвата, душата нема да ја види светлината Христова и ќе остане во темнината на ѓаволот.

Знаеш ли колкав дар ни подари Бог кога ни дозволи да Му се обраќаме секој час и миг, каде и да се наоѓаме? Он секогаш нѐ слуша. Тоа за нас е најголема чест.

Додека се молиш, дури и ако си уморен, прави метании. Молитвата проследена со доброволна жртва станува поугодна за Бога и е поуспешна.

Кога се молиш за некого што страда од грешни страсти под влијание на ѓаволот, не кажувај му дека се молиш за него. Во спротивно ѓаволот ќе слушне за тоа и ќе влијае на неговата душа да биде против тебе и така твојата молитва ќе биде безуспешна. Моли се за таквиот човек во тајност и твојата молитва ќе биде делотворна.

Не можеш сам да се спасиш, ако не се спасат и другите. Погрешно е само за себе да се молиш, само за сопствено спасение. Треба да се молиме за целиот свет, никој да не биде изгубен.

Не се плашам од пеколот и не размислувам за Рајот. Само Го молам Бога да се смилува на целиот свет, па и на мене.

Лошата книга ти штети. Добрата книга ти прави добро. Дури и ако не си подготвен да го примениш она што го читаш, затоа што немаш желба во себе за тоа, полека, полека, со текот на времето, без присила и притисок, желбата за доброто ќе созрее и конечно ќе го примениш прочитаното.

Читај го Евангелието, бидејќи во него навистина се наоѓа ризница и со него се решаваат сите проблеми. Тоа е философија која потекнува од откровението на Божјите вистини, такви како што од почетокот биле зачувани. Нема други вистини.

Треба да ја стекнеме Божјата благодат колку што можеме порано. Без Божјата благодат нашите напори нема да бидат плодоносни и нема да отидеме во рајот. Бог ни дарува благодат кога ќе се смириме.

Што е тоа духовна борба? Еве, душата е градина поделена на два дела. На едната половина е засаден бодликав коров, а на другата цвеќиња. Имаме и пумпа за вода со две чешми и две црева. Едната вода води во трњето, а другата во цвеќињата. Секогаш треба да избирам дали ќе ја вклучам едната или другата чешма. Ги оставам

Page 27: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 27

трњето без вода и тие се сушат. Ги наводнувам цвеќињата и тие цветаат.

Кога Христос ќе дојде и ќе се всели во душата, сите проблеми исчезнуваат заедно со секоја измама и грижа; потоа и гревот заминува.

Посебно чувај се од демонот на мрзоволието (униние). Немој да го потценуваш. Кога ќе ја потчини душата, ја затровува и ја парализира. Тоа е голем демон кој влегува во човекот заедно со голем број други демони.

Не смееме да Му пријдеме на Христа од страв заради својата смрт и од тоа што ќе биде со нас. Наместо тоа, треба да Му го отвориме своето срце, како кога ќе ја повлечеме завесата и сонцето веднаш ќе нѐ осветли. Така ќе дојде Христос, кога само вистински би Го возљубиле. Тоа е најдобриот пат.

Што и да правиме, нека биде бидејќи го сакаме

тоа, слободно, одговорно и со радост.

Читај многу за Бог да ти го просвети умот. Знаеш ли што? Јас многу читав Всушност, со скалата што ја направив се качував на дрво и ја повлекував горе, откако ќе се искачам, за да не ме видат другите луѓе и да не ми досадуваат. Така во учење поминував многу време.

Се наоѓаш во мрачна соба и со рацете се обидуваш да го отфрлиш мракот, кој секако, не заминува. Ако го отвориш прозорецот и влезе светлина, мракот ќе исчезне. Светото Писмо, Житијата на светиите и делата на Светите отци се светлина која ја прогонува темнината од душата.

Продолжи по својот пат. Ѓаволот ќе дојде со своите искушенија и ќе те влече за ракавот, за да те заведе. Не свртувај се кон него, не почнувај разговор со него и не спротивставувај му се. Така ќе му здосадиш на ѓаволот и тој ќе те остави на мир.

Page 28: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 28

Знаеме кога нѐ посетува Светиот Дух. Воопшто не се сомневаме во тоа. Тоа не е слично со нашите вообичаени чувства. Тоа е нешто што се симнува од висините и целосно нѐ преобразува, правејќи нѐ поинакви. Кога Христос ќе влезе во нас, само тогаш добро живееме; живееме со љубов кон целиот свет. Злото, гревот и омразата сами исчезнуваат; тие не можат да останат овде, за нив нема место овде.

Секој човек што има грев во себе е многу збунет. Тој треба да ја отвори портата на својата душа за во неа да влезе светлина и љубовта Христова. Така ќе почне да ја ослободува својата душа. Почетокот секогаш Му припаѓа на Христа. Човек треба да Го прифати и потоа со својот внимателен труд ќе биде способен да ја почувствува големината на Божјите откровенија кон него.

Не можеш да се исповедаш добро и да бидеш на висините на Божјата љубов. Односно, да бидете (само) Бог и ти, Христос и ти. Љубовта Христова се дава и секогаш поминува преку другите луѓе.

Исповедта е пат по кој човекот доаѓа кон Бог. Така Бог Му ја дава Својата љубов на човекот. Никој и ништо не може да го лиши човекот од таа љубов.

Меланхоличниот човек се врти само околу себе и никој друг не го интересира. Грешникот кој се кае и се исповеда излегува од себе. Исповедникот и духовниот отец се прекрасени аспекти на нашата вера. Затоа, исповедај му сѐ што треба на својот старец и прими разрешување на своите гревови, а потоа не свртувај се.

Понекогаш треба да ги исповедуваме општите гревови, бидејќи различните душевни рани и разните случки нѐ оставаат со различни болести. На исповедта не треба да се ограничиме само на исповедување на своите гревови, туку треба да додадеме и за сите примамливи помисли, како што се страв, тага, радост и раздразливост, кои во нас се предизвикани од некои настани како што се земјотреси, смрт, венчавки, недостаток на вера, и така натаму.

Ги молам оние што ме познаваат да се молат за

мене, бидејќи и јас, со големо смирение се молев за вас. Сепак, сега кога заминувам на Небо, чувствувам дека Бог ќе ми рече: „Што бараш овде?“ Само едно имам да Му кажам: „Не сум достоен, Господи, да бидам овде, но Твојата љубов нека прави со мене како што сака“. Потоа не знам што ќе се случи со мене. Но, сакам само да дејствува љубовта Божја.

Послушанието води кон смирание, смирението кон расудување, расудувањето кон видение, видението кон прозорливост.

Да бидеме смирени, а не само да се преправаме дека сме смирени. Преправањето дека сме смирени е стапица на ѓаволот, која донесува очај и тромост, додека вистинското смирение донесува надеж и исполнување на Христовите заповеди.

За да се промени човекот, треба да слезе Божјата благодат, но за да слезе Божјата благодат, човекот треба да се понизи.

Христијанинот треба да ја избегне болната духовност, како што е надмоќта заради доблестите или инфериорноста заради грешноста. Да се има комплекси е едно, а да се биде смирен е сосема друго. Меланхонијата е едно, а покајанието е нешто друго.

Душата се мачи со страстите, а се одмора блиску до Божјата љубов.

Бидејќи немав многу искуство кога почнав да исповедувам, им давав големи канони на монасите и на лаиците што ми доаѓаа на исповед. Многумина од нив ми доаѓаа по кусо време, велејќи дека не можат да ги исполнуваат каноните што им ги давав. Сега сфаќам дека тоа го правев поради своето неискуство.

Се чувствував подобро кога се замонашив. Дури и здравјето ми се подобри. Иако претходно бев болникав, по монашењето станав поздрав, дури и поспособен да поднесувам трудови со физичка храброст. Над си, се чувствував вечно. Црквата е тајна. Кој и да влезе во Црквата, не умира, се спасува, станува вечен. Така и јас, секогаш се чувствувам вечно, иако сум смртен. Замонашувајќи

Page 29: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 29

се, верувам дека смртта не постои. Таа мисла ме привлекува.

Православното подвижништво не е само за манастирите, туку и за светот.

Болестите ни се од корист кога ги поднесуваме без негодување, прославувајќи Го името Божјо, и молејќи Го да ни ги прости гревовите.

Можно е среќа да постои (во бракот), но само под една претпоставка: сопружниците да стекнале духовно богатство, љубејќи Го Бога и почитувајќи ги Неговите заповеди. На тој начина навистина ќе се засакаат еден со друг и ќе бидат среќни. Во спротивно, ќе бидат физички слаби, нема да можат да даваат љубов, и ќе имаат демонски проблеми што ќе ги прават несреќни.

Лошата жена може да биде твоја прилика за да отидеш во Рајот.

Не вршете им притисок на своите деца. Во

молитва кажете сѐ што би сакале да им кажете. Децата не слушаат преку своите уши, туку само тогаш кога ќе ги просветли Божествената благодат, го слушаат она што сакаме да им го кажеме. Кога сакаш да им кажеш нешто на своите деца, кажи и на Пресвета Богородица и таа ќе им го пренесе. Таквата твоја молитва ќе биде како духовно милување, кое ќе ги прегрне твоите деца и ќе им го привлече вниманието. Понекогаш се обидуваме да ги милуваме, а тие се бунат, но тоа никогаш не го прават при духовното милување.

Родителите што имаат проблематични деца, кои лошо се однесуваат, не треба да се обидуваат да излезат на крај со нив, туку со оној што стои зад нивните деца, ѓаволот. Не можеме да се бориме со ѓаволот додека не станеме свети.

Психијатрите и психолозите се како слепци, кои, преку допирот се обидуваат да ги разберат работите околу себе. Душата е многу длабока и само Бог ја познава.

Без разлика дали сакаме во рајот или во пеколот, не зависи од тоа колку пари имаме, туку од начинот на кој ги користиме парите што ги имаме. Парите, имотот и сите материјални добра не се наша своина, туку Божја. Ние само сме одговрни како ќе бидат употребени. Треба да знаеме дека Бог ќе нѐ праша да дадеме одговор за секоја пара, дали сме ја употребиле според Неговата волја.

Денес луѓето сакат да се сакани и заради тоа се неуспешни. Правилно е да те интересира – не дали те сакаат луѓето – туку дали ти го љубиш Христа и луѓето. . Тоа е единствен начин на кој душата ќе биде задоволна.

Лажните Јеховини сведоци се бедни и Бог нека им се смилува. Тие раздразнуваат некои

Старец Георгиј од Драма

Page 30: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 30

христијани; други се караат со нив и ги нарекуваат со погрдни имиња, додека трети се судат со нив. Но, против хилијазмот не може да се бориме на тој начин. Само преку своето осветување ќе се бориме против него.

(Кога го прашале како да гласаат, старецот одговорил во приказна) Православната Црква е како кокошка носилка. Под своите крилја ги заштитува и црните, и белите, и жолтите и пилињата со секоја друга боја.

Што можат политичарите да сторат за вас? Тие се збунети од своите душевни страсти. Кога човек не може самиот да си помогне, како ќе им помогне на другите? Самите сме виновни за ваквата ситуација. Кога би биле вистински христијани, би можеле во парламентот да испратиме, секако не христијанска политичка партија, туку политичари христијани, и тогаш работите би биле поинакви.

Кога се воздржувам од храна, можам подобро да ја разберам човечката душа.

Ако нешто згрешам кај епископот, тој се лути на мене, а мојата молитва не се вознесува не Небото.

Вистината е во Православието. Живеев со неа и ја познав преку Божјата благодат. Има многу светлини што ги гледа човекот и што оставаат

впечаток врз него, но само една е вистинска светлина.

Христијанската борба не смееш да ја водиш преку проповеди и докази, туку преку вистинска тајна љубов. Кога се караме, другите реагираат. Кога ги сакаме луѓето, тие се трогнати од тоа и ние ги освојуваме. Кога сакаме, мислиме дека му даваме нешто некому, а всушност, ние први сме на добивка.

Не пренесувај им ги овие работи за кои ти зборувам на други луѓе, моите зборови се соодветен лек за тебе, за твојата ситуација. Истите зборови кога ќе ги слушне некој друг, иако неговите надворешни симптоми се слични на твоите, кај него нема да произведат исти благотворни резултати.

Старец Георгиј Драмски

Љуби ги своите ближни, дури и непријателите. Тоа е најосновно. Секогаш љуби ги, не само оние што нѐ љубат, туку и оние што нѐ мразат. Да им простиме дури и ако ни нанеле најголемо зло. Тогаш сме вистински Божји чеда. И тогаш ни се простуваат гревовите... Секогаш проповедај љубов. Тоа е најосновен Божји закон: љубов и само љубов.

Не треба да те восхитува ниту богатството, ниту честа, туку секогаш чекори праведно. Јади си го лебот со чесен труд, а не со неправедни средства.

Page 31: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 31

Живеј чесно и скромно, и колку што е можно давај милостина... тропни на вратите на сиромашните, болните, сираците. Треба повеќе да се сакаат домовите на оние во неволја, отколку домовите на радосните. Ако правиш добри дела, ќе имаш голема награда од Бога.

Зошто одиш во Црква секој ден, а не си се помирил со своите деца?

Продолжи по патот по кој одиш. Немој да мислиш дека мантијата и светата одежда го спасуваат човекот. Не, на прво место се добрите дела Божји, смирението, послушноста, љубовта, милостината.

Стреми се кон тоа да си ја засилиш верата, а за време на Божествената Литургија немој да бидеш расеан и врзи се за служењето на службата преку која ќе ти биде дозволено да го видиш Божјото величество.

Ветувањата на Бога не смеат да не се почитуваат. Бог ќе ти даде уште повеќе.

Постот, бдението и молитвата се небесни дарови. Сепак, потребни се и дела, заштита и помош на сиромашните.

Немој да седиш во текот на Божествената Литургија. Умот не треба да ти скита насекаде. Додека си во црква, биди верен и целото време посвети го на молитва.

Светот ја напушти незлобивоста и добрината. Секој ден се стреми кон зло. Годините минуваат, а светот (си повеќе) се стреми кон катастрофа, а Бог не го сака тоа.

Мајката Божја не сака големи свеќи. Таа сака милостина за сиромашните.

Морам да одам. Тоа е волја Божја и треба да тргнам. Гревот многу напредуваше. Тоа ме заморува. Морам да одам. Сепак, тажен сум поради дрвото што го засадив во градината, затоа што уште е мало и не е силно. Немаше време да созрее, да

добие големо стебло – туку од слаб ветер со витка.

Собрав стадо овци, и јас сум пастир. Се грижам да бидат како што би сакал. Сепак, кога ќе заминам, стадото ќе ми се расее. Секако, ќе останат овци во моето стадо, но многу ќе заминат на некаде. Ќе дојдат туѓи овци во моето стадо и ќе се научат од верните овци и нема воопшто да попуштат.

Немој никогаш да бидеш љубоморен заради богатство. Секогаш живеј скромно и смерно, без самољубие. Самољубието е голем грев. Кога ќе слушнеш како некого обвинуваат, иако можеби тоа е вистина, никогаш не додавај обвиненија, туку секогаш кажи нешто позитивно и сожали се на тој човек. Погрижи се секогаш да ги сакаш сиромашните, старите, сираците, болните. Поминувај го времето со сироти и понижени. Заработи си за живот со чесна пот. Не заборавај ја милостината. Тоа е пат по кој мора да одиш. Секогаш размислувај за тоа, какво добро дело можеш да направиш. Сето ова го сочинува христијанскиот живот.

Ќе дојде време кога ќе пријдеш кон дрвото, а нема да можеш да му ги вкусиш плодовите.

Ако се молиш без милостина, молитвата ти е мртва. Раката треба секогаш да ти е отворена. Давај им милостина на вдовиците и на сираците. Милостината и молитвата одат заедно.

Христијанинот кој го сака секој човек, има голема награда, особено ако им простува на оние што му прават зло. Бидејќи, ако не ги сакаме ближните, сите добри дела што ги правиме ќе бидат безвредни. Тие не значат ништо, а ние ќе бидеме безвредни. Љубов, браќа мои, Бог бара љубов од нас.

Не тагувај, зашто сите ќе заминеме одовде. Овде сме дојдени да ги покажеме своите добри дела и да заминеме.

Превод:

Дипл. теолог Жаклина Трајчев

Page 32: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 32

Тоа се случило во деветтиот век. Близу градот Никеја во Мала Азија живеела една побожна вдовица со својот син. Во нејзината домашна црквичка се наоѓала

чудотворна икона на Мајката Божја, пред која секојдневно срдечно се молела. Кога почнало гонењето на православните икони, кај вдовицата дошле војници и ја побарале иконата. Жената се преплашила. Разделбата со иконата за неа значело да се раздели од својот живот. „Господа мои!“ воскликнала со солзи во очите. „Оставете ми ја иконата до утре... За тоа богато ќе ве наградам“. Користољубивите војници се сложиле. Излегувајќи, еден од нив полн со омраза, го удрил со копје ликот на Мајката Божја. На негов најголем страв и ужас од прободената икона потекла крв. Потресениот војник паднал на колена пред иконата. „Прости ми Приснодево“ повикал тој. „Не знаев што направив“. (Наскоро тој отишол во манастир).

За да ја сочува иконата од новите исмејувања и разорувања, вдовицата ја дочекала ноќта и тајно ја однела на морскиот брег. Од срце се помолила на Небесната Царица и со умиление бакнувајќи ја, ја спуштила во водата. На нејзина голема радост иконата не потонала, туку продолжила да плива по брановите. Поминале два века. Еднаш, монасите од Иверскиот манастир на Света гора, виделе на морето висок огнен столб. Од неговиот сјај ноќта се претворала во ден. Огнениот столб се подигал до небото од иконата на Божјата Мајка. Душите на монасите се исполниле со радост. Огнениот столб се појавувал многу пати. Кога монасите пробале да ја земат иконата таа се оддалечила од нив. Тогаш се собрале во Црквата и почнале да Го молат Бога да им ја подари оваа светиња. Во текот на ноќта, на еден од монасите на таа обител, благочестивиот и богобојазлив старец Гаврил, му се јавила на сон Пресвета Богородица. Таа му рекла: „Кажи им на браќата дека сакам на вашата обител да ѝ ја

подарам Својата икона како покров и помош. Земи ја ти лично. Оди по морето како по суво, не сомневајќи се во ништо. Така сите ќе ја познаат Мојата љубов и благонаклоност кон вас“. Наредното утро старецот им го раскажал на браќата своето видение, и сите со молитвено пеење отишле на брегот. Гаврил без страв застанал на водата и одејќи по неа со таква вера како да оди по црковна припрата, дошол до иконата и со трепет ја зел во рацете. Враќајќи се на копното со светињата, ги благословил монасите кои на колена паднале пред неа. Браќата на брегот изградиле параклис и три дена и три ноќи извршувале богослужби пред чудотворната икона. Потоа, светињата ја однеле во соборниот храм, а на местото на која се наоѓала претходно се појавил извор. Наредниот ден, пред утрената, монахот кој ги палел кандилата во храмот забележал дека иконата исчезнала. По долго барање монасите ја нашле иконата над манастирските порти. Ја вратиле на претходното место. Но утредента иконата повторно стоела над истите порти. Најпосле, небесната Царица му се јавила на светиот Гаврил на сон и му рекла: „Кажи им на браќата веќе да не ме искушуват. Јас не ви се јавив за да ме чувате вие мене, туку јас да ве чувам вас. Додека мојата икона биде на тоа место, дотогаш и благодатта и милоста на мојот Син нема да отстапи од вас.“ Во чест на Пресветата Дева монасите над манастирските порти изградиле Црква, во која чудотворната икона претстојува и ден денес. По името на братството (на манастирот) ја нарекле „Иверска“, а по местото над вратите каде што се наоѓала ја нарекле и „Вратарница“.

Историјата на Иверскиот манастир знае за многу примери на чудесна помош и застапништво од Преблагословената Дева. Во една пригода, братството го нападнале мухамеданци, разорувајќи и убивајќи многу луѓе. Нападот бил толку неочекуван, што монасите кои останале живи, едвај

ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА НАПРЕСВЕТАТА МАЈКА БОЖЈА

НАРЕЧЕНА ИВЕРСКА

православни светињи

Page 33: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 33

Page 34: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 34

успеале да се сокријат во високата манастирска кула. Клечејќи на колена пред чудотворната икона тие деноноќно се молеле просејќи помош од Приснодевата. Таа ги посрамила напаѓачите. Наеднаш ураган со невидена сила ги уништил сите безбожнички бродови. Останал само еден брод на кој се наоѓал нивниот водач. Божјото чудо го уплашило и потресло, такашто се покајал за своите гревови, а на монасите им дал многу злато и сребро за обнова на манастирот.

Гласот за Иверската светиња дошол и до Русија. Рускиот народ, длабоко и пламено почитувајќи ја Мајката Божја, сакал да ја сретне и оваа нејзина прославена икона. Тој настан се случил вака: Во Москва, заради барање помош за манастирот, дошол Пахомиј, жител на Иверскиот манастир. Архимандритот на Новоспаскиот манастир (иден свјатејши патријарх Московски) го замолил да испрати копија од чудотворната икона од Мајката Божја, а овој му ветил. По извесно време дошло следното писмо: „Собирајќи ги сите браќа“, напишал Пахомиј, „направивме големо молебно пеење од вечерта па се до зори и ја осветивме водата со светите мошти. Со осветената вода ја поливавме чудотворната икона на Пресвета Богородица. Таа вода ја собравме во голема чаша и со неа ја поливме новата даска, која во целина ја зедовме од кипарисово дрво. И повторно осветената вода ја собравме во чаша. Потоа со голема смелост отслуживме Света и Божествена литургија. По божествената литургија на иконописецот, преподобномонахот Јамвлих Романов, му дадовме од светата вода и од светите мошти за да, мешајќи ги боите со светата вода и мошти, ја наслика светата икона“. Во писмото уште се вели дека иконописецот вкусувал храна само сабота и недела, а браќата двапати неделно извршувале сеноќно бдеење со Литургија. После долго време е завршена големата работа, заклучува Пахомиј: „И оваа новонасликана икона во ништо не се разликува од првата икона - ни во ликот, ни во боите, ни во должината, ниту пак во широчината“.

Иверската икона е донесена во Москва 1648 година. Била дочекана покрај Воскресенските врати од свјатејшиот патријарх Јосиф, царот Алексеј Михајлович и многубројни верници. Така Мајката Божја постанала Вратарница на Русија. Уште од древни времиња не отсуствуваше милоста која таа со својата дарежлива рака ја давала на рускиот народ. А и сега со особена надеж ги подигаме

своите духовни очи кон Приснодевата.

Само што преживеавме ледена мачителска зима, настапи пролет на духовен препород. Како што претскажаа Светите Отци, во Русија одново се отвараа не само сите Цркви но и сите Манастири. А тоа значи дека рускиот народ повторно му се враќа на Бога. Еден од побожните подвижници јеромонахот Аристокле, во 1918 година напишал: „Русија ќе се спаси. Многу маки и страдања ќе претрпи таа. Целата земја ќе постане темница, и треба силно да Му се молиме на Бога да ни прости.“ Мораме да се каеме за гревовите и да се плашиме да направиме и најмал грев; мораме да се трудиме да твориме добро, макар и најмалку. И крилото на мувата има тежина, а во Бога терзиите се точни. Ако на вагата најмалото добро надвладее, Бог ќе ја пројави Својата мислот спрема Русија.

„И кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото околу половина час“ (Откр. 8,1). Духовните луѓе ова место го толкуваат на следниов начин: „Половина час“ е краткото затишје кое им претходи на последните случувања во светската историја. Со други зборови, тоа е краток духовен подем на Русија, кој ќе биде последица на покајанието кај народот. Затоа ќе дојде до се светско покајание. Тоа ќе биде оној „последен и конечен збор“ кој Русија ќе му го каже на светот.

Преблагословената Дева, нашата сесрдна застапница и претстателка пред Синот свој и Господ наш Исус Христос, на крајот на краиштата, ќе ни помогне да се покаеме, да го извршиме тој многу тегобен, но очистителен чин. И кога тоа ќе се случи, Благата Вратарница ќе ни ги отвори дверите на Царството Небесно, „каде што нема болест, ни тага, ни воздишка, но има живот бесконечен“.

Превод: ѓакон Стојанчо Јанев

Page 35: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 35

“И не плашете се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат, туку плашете се од оној што може и душата и телото да ги погуби во пеколот”

Животот на Митрополитот Јосиф (Петрович) пред револуцијата ни е воглавно непознат, така што главните случувања од тој период може да се

прочитаат во неговите списи, кои се појавувале во рускиот верски весник кон крајот на векот. Така, знаеме дека е роден меѓу 1870 и 1875 г. во Новогородската област, во Тихвинската околија, позната по чудотворната икона на Мајката Божја, кон која идниот архиереј бил многу приврзан. Во 1899 г. отишол на поклоничко патување во Светата Земја и, веројатно, искрата на православната вера прв пат таму се разгорела во силна, пламена желба да служи на Црквата Христова. Поминувајќи ја ноќта, на 18 јуни во Црквата на Светиот Гроб, излегол во зорите, одејќи по пустите улици на Ерусалим, исполнет со највозвишени чувства.

“Беше толку прекрасно како што е само на Воскресение, кога се враќаш во домот после службата горејќи од желба да го прегрнеш сиот свет, да се одречеш од земното ид а одлеташ негде далеку, во длабочините и ширините на безграничните небеса”.

Целиот негов понатамошен живот е во знакот на ова, од Христа вдахновено, воодушевување. Години подоцна, ова чувство, веќе прекалено со подвижништво и очистено преку страдања, го водело кон исповедништво и мачеништво за Христа и за неговата Света Црква.

Списите на митрополитот Јосиф на тема

“духовен живот” откриваат цврста втемеленост во православната патристичка и аскетска книжевност и не мала вдахновеност во текстовите на црковните служби. Во 1901 год, како јеромонах напишал темелно и исцрпно истражување на тема “Дали може православниот христијанин да се моли за неправославните и како?”

Почнувајќи од 1905 г. како архимандрит, го објавил своето главно дело, книга создадена од кратки духовни умозренија со наслов: “Во

МИТРОПОЛИТ ЈОСИФ ПЕТРОГРАДСКИИ ПОЧЕТОКОТ

НА КАТАКОМБНАТА ЦРКВАспомен на 15-ти Декември (1938 г.)

Јеромонах Серафим Роуз

црковна историја

Page 36: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 36

прегратките на Отецот: Од дневникот на еден монах”. Извадоците кои ги изнесуваме од овој труд ќе дадат одблесок на авторското чувство и истенчената прозорливост за духовните работи.

“Тешките маки како злато во оган ја очистуваат душата, ѝ даваат живот, ја утврдуваат и доведуваат до прекаленост. Човекот станува помалку осетлив за своите секојдневни таги и маки на земјата, станува посмирен, врамнотежен, на светот гледа посериозно и потрезвено. Станува помалку приврзан за земното, а повеќе копнее за небесното, вечното, бесконечното”.

Набргу по 1908 г. архимандритот Јосиф е хиротонисан за епископ Углички. Неговата прва беседа била пророчка. Поттикнат од совеста за растечкиот развој на анархијата и безверието кои веќе ја зафатиле православната руска цивилизација и подготвувале раѓање на револуцијата, младиот епископ на својата паства ѝ упатил зборови кои прозвучиле како манифест на светата Руска душа.

Со доаѓањето на револуцијата, силите на безверниците, чија моќ архиерејот веќе добро ја познавал, нападнале со сета своја жестокост по Руската земја, а особено по Православието, чие постоење било закана за болшевистичкиот систем и укор за совеста која сѐ помалку ја имало кај измамените атеисти. Митрополитот Јосиф, набргу бил уапсен и прогонет во Централна Азија. Власта им забранувала на свештениците да вршат богослужби, дури кога тие биле и во прогонство. Така, низ Руската земја, низ тој огромен концентрационен логор, почнала да се создава Катакомбната Црква. Нејзиното херојство и страдање целосно ќе биде дознаено тогаш, кога Бог ќе благоволи да ни го открие. Но, и пред тој толку очекуван момент, може да се изложи нешто од нејзината историја. Овој извештај, кој го изложуваме од прва рака, го напишала Наталија В.Урсова, која успеала да побегне од Советскиот Сојуз во текот на Втората светска војна, а се упокоила во Њујорк, во 1968 г.

“Во август 1936 г. во Алма Ате (централна Азија), живееше еден релативно млад архимандрит Арсениј. Од него дознав за постоењето на тајната Катакомбна Црква на чие чело беше митрополитот Јосиф Петроградски. Со благослов на митрополитот Петар Крутикски (со кој митрополитот Јосиф имал чести контакти во прогонството) ја огранизирал Катакомбната црква. Го ракоположил архимандритот Арсениј, кој зас реќа можел да помогне и

материјално, правејќи разни производи и ситни предмети за музеи и така да заработува за живот. Имаше Црква длабоко под земјата и во неа служеа заедно со отец Јосиф. Митрополитот ја осветил при едно од ретките патувања во Алма Ате. Отец Арсениј ја ископал црквата по долготраен и тежок труд. Црквата која била вкопана во земјата се наоѓаше во станот на отец Арсениј. Влез беа вратите на подот, покриени со ќилим. Од нив имаше скали по кои се слегуваше во визбата. Во еден агол од подрумот имаше отвор во земјата, покриен со камења. Камењата се тргаа и свиткувајќи се лазеше околу три чекора и така се доаѓаше до влезот на црквата. Внатре имаше многу икони и кандила кои гореа. Митрополитот Јосиф беше мошне висок човек, па сепак два пати во мое присуство доаѓаше тајно и некако се вовлекуваше во црквата.

Црквичката го пленуваше умот и срцето. Не кријам дека стравот од тоа дека би можеле да ни откријат, особено ноќта, беше тешко да се победи. Кога големото куче ќе залаеше во дворот (иако беше пригушено, сепак го слушавме), сите очекувавме викање и тропање на комунистите. Целата 1936 г. и до септември 1937 г. сѐ беше во ред. Мојот син тука пееше со една монахиња. На 26 август, на мојот именден, бевме почестени со посета од митрополитот Јосиф”.

“Колку прекрасен,смирен и непоколеблив човек

Page 37: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 37

во молитвата. Во неговите очи и на лицето негово се читаше тоа како во огледало. Многу висок, со долга бела брада и необично благо лице, не можеше да не ги привлекува луѓето, и човек би посакал никогаш да не се разделува од него. Неговата монашка облека и косата му беа скриени, инаку веднаш би бил уапсен на улица, бидејќи беше под надзор и без право да патува.

Остана кај нас на чај нешто повеќе од еден час. За своето десетгодишно прогонство зборуваше дека било исклучително тешко. Живеел во кочина за свињи, одделен од нив само со ограда од неколку колци. Во такви услови тој поднесувал и мраз и жештина, разновидни временски промени и смрдеа од свињи. Еднаш, една змија ползејќи по

колците, преку покривот се спуштила до неговата глава. Таквите услови за живот допринеле да се разболи. Повремено страшно страдал од чир или тумор во стомакот, можеби дури и злочуден, па бил на диета за која се грижел архимандритот Арсениј. Страдањата ги поднесуваше праведнички, иако зборуваше за тешкото гонење на кое беше подложен - тоа беше затоа што си спомнувавме за суровоста на ГПУ.

Отец Арсениј раскажуваше за еден вид мачење и исмејување: “Кога нѐ водеа низ Сибир беше остар студ. Во возот имаше и вагон за капење. Нѐ потераа до вагонот потполно голи. Радосно се капевме со топла вода, по малку соземајќи се од студенилото, бидејќи во вагоните беше многу студено. Не давајќи ни ништо да се избришеме, со водени глави не враќаа назад. Намерно нѐ застануваа на металната платформа меѓу вагоните и нашите водени нозе

веднаш замрзнуваа и се залепуваа на металот. Одново потерани, ги остававме на платформата кожите од нашите крвави стапала.”

“Наредниот ден, бидејќи преноќи кај отец Арсениј, Митрополитот се врати во своето пребивалиште. Сега живееше во други услови. По многу години му дозволија да најде стан во Чемкент и отец Арсениј му најде пригодно место за мирен живот, грижејќи се за неговата храна и диета. Му дадоа цитра, а потоа и хармоника, што за него беше голема радост. Добро свиреше, ги преточи Псалмите во мелодија и ги пееше.

На 23 септември 1937 г. бил уапсен целиот клир на подземните Катакомбни Цркви во околината на

Page 38: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 38

Алма Ате и низ цел Казахстан и тоа по истекувањето на казните или прогонствата што ги издржале. Како што дознав подоцна, сите тие, а заедно со нив и митрополитот Јосиф, биле осудени на уште 10 години. И архимандритот Арсениј беше уапсен. По апсењето на мојот син, веќе надвор од себе, во рани зори отрчав кај отец Арсениј и приближувајќи се до неговата куќа, ги видов агентите на ГПУ како влегуваат во куќата. За среќа не ме видоа. Подземната црква на отец Арсениј беше откриена. Тој непретпазливо ја беше открил тајната на еден стар човек со достоинствен изглед, за кој подоцна се воспостави дека е агент.

“Враќајќи се во Москва по тригодишното доброволно прогонство покрај мојот син, открив и тука постоење на тајни Јосифови цркви. Всушност, тоа не беа цркви туку скриени соби во кои се

служеше, а кои собираа од 20 до 25 луѓе. Се служеше шепотејќи, со многу проверувања, случајно да не дојде до предавство. Луѓето воглавно доаѓаа в зори, раководејќи се според договорениот сигнал. Воглавно тропнуваа по олукот кај прозорецот каде некој стоеше и прислушкуваше. Мирно живеев овде и ги посетував катакомбните служби во Москва, сѐ до доаѓањето на Германците во Можајск во 1941 г.”

Кон крајот на 1938 г. митрополитот Јосиф е стрелан заради “злосторство”, за подржување и поттикнување на патувачките катакомбни свештеници. Претходните години тој се подготвуваше за своето идно мачеништво. Во воведот на својот “Дневник на еден монах”, објавен во септември 1905 г. тој напиша: “Љубете ги своите непријатели (Лк. 6,35)”. Да го кажеме тоа е лесно, но колку е тешко да го исполниме. Тоа е

многу повеќе од обична љубов кон ближниот. Тоа е величествен триумф на љубовта, на нејзината суштина и на нејзиниот најдлабок израз. За да се разгори срцето со љубов кон непријателот, мора да бидеме во посебна, благодатна состојба на душата и посебно (од горе дарувано) благоустројство на срцето: мора да постои таа неискажлива и неопишлива полнота, која ја исполнувала душата на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, чие лице при каменувањето светело како на Ангел и кој се молел за своите маченици: “Господи, не примај им го ова за грев” ( Дела. 7,60)”. О, колку малку земно имал во него, во тој величествен момент. Што биле за него погубувачите? Пред него се отвориле Небесата и го видел Синот Божји од десната страна на Отецот. Небесната слава се спуштила во неговата душа и ја озарила со неспоредливо Боговидение. А погубувачите, со жалење достојно за злоба, биле присутни, а не можеле да го спречат тоа. Во тој момент, тие биле и негови добротвори, подражавајќи го неговото брзо заминување од телото и потопувањето на неговата душа во океаните на блаженствата и небесното созерцание. Зарем во тој блажен момент измачениот страдалник би можел да повика поинаку, отколку со гласот на сепобедната љубов кон непријателите?”

Свети свештеномаченику Јосиф и сите свети маченици на комунистичкиот терор, молете го Бога за нас!

Превод: ѓакон Стојанчо Јанев

Page 39: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 39

Со поимот „телегонија“ за првпат се сретнав читајќи ја книгата на рускиот свештеник Илија Шугаев, а со благослов на рускиот патријарх Алексеј II – „Еднаш

за цел живот“. Книгата е одлична и топло би ја препорачала на тинејџерите и на нивните родители, зашто е полна со поуки, добронамерни и корисни совети за избор на партнер за христијански брак. Читајќи за телегонијата, бев ужасната од она што го прочитав. Ужасот беше дотолку поголем со тоа, што овие научни факти се кријат од јавноста и свесно се допушта генерациите на млади да водат развратен живот, мислејќи дека за тоа нема да сносат ама баш никакви последици. Каква заблуда! Современите научници креационисти, тврдат дека имунолошкиот систем во потполност одговара на нашиот однос со Творецот и дека засигурно ќе ги „почувствуваме“ последиците од неморалното однесување.

Што е тоа телегонија? (научни аспекти)

Феноменот на телегонија прво е испитан на животните уште пред 150 години. Научниците Флинт и Феликс Ледантек, како и други научници, го докажале овој ефект на животните. Експериментите се опишани во Ледантековата книга „Телегонија

– влијанието на првиот мажјак“. Одгледувачите на кучиња знаат дека ако расната женка, барем еднаш, се спари со „џукела“, потоа веќе не може да се смета на расно потомство. Исто така, гулабицата која е расна, се убива ако се спои со гулаб кој не е расен, зашто се знае дека потомството ќе биде без педигре. А, што е со феноменот на телегонија кај луѓето?

Телегонијата кај луѓето, научно е потврдена по долгогодишни опсежни физиолошки, антрополошки, социолошки и статистички истражувања и експерименти од страна на непристрасни научници. Науката овде категорички изјавила:

„Да, ефектот на телегонија се однесува и на луѓето и тоа во многу појасно изразена форма отколку во животинскиот свет“. Тоа значи дека жената која дури не ни забременила, носи во себе јајни клетки во кои се вградени низовите на ДНК на сите нејзини претходни полови партнери. Од порано се знае дека гените на партнерот можат да се вткаат во генетскиот систем на жената. Телегонијата тврди дека на потомството на жената влијаат сите нејзини поранешни полови партнери, независно дали со нив имала пород или не. Како пример за ова се наведуваат Русинките кои имале авантури

ДЕВСТВЕНОСТА И ВЕРНОСТАСЕ СЕКОГАШ „ВО МОДА“

Д-р Татјана Ѓорѓевиќ

искушенија на современоста

Page 40: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 40

со глумците од патувачките театри. Тие подоцна раѓале деца кои не личеле на здравите татковци со бел тен, туку на тие минувачи. Ужаснувачко, зарем не?

А што велат духовниците?

Во разговорот со еден духовник пред неколку години, дознав дека жената од секој партнер, како што вели тој, зема „дел од духот“, и притоа доаѓа до размена на духовите и до формирање на духовен однос. Во случај да постојат повеќе партнери, настанува комплексна ситуација и можност од појава на разни ментални пореметувања, па дури и психоза (нпр. шизофренија и сл.). Свештеникот Илија Шугаев вели вака: дека секој блуден однос остава траг на човекот. Не е можно да се соединиме само со телото, а да не ја добиеме и душата и духот на таа личност. Телесната врска е лесно да се раскине, но останува духовната врска, така што на жената не ѝ е јасно зошто не може да го засака својот маж со сета своја душа? Причината е таа, што нејзината душа веќе е врзана за други луѓе, и овие врски ја влечат и не ѝ даваат слобода. Сега е јасно зошто ваквите ситуации доведуваат до расцеп на личноста и до настанување на психози кај тинејџерите и адолесцентите. Психијатрите христијани, како и духовниците, тврдат дека 80 % од младиот свет е на граница на психоза (тешка душевна болест со лоши изгледи за излекување). Современата психотерапија го потврдува фактот дека промискуитетот ја разорува психата: во книгата „Православието и

современата медицина“ (Светигора 2001 г.) истите тие психотерапевти велат: „Автодеструктивното својство на стремежот за уживање, во основа е на многу сексуални неврози“.

Останатите разорни дејства

на промискуитетот

Си започна, отприлика, со „еманципацијата“ на жената кон средината на минатиот век. Целта на овие движења и разноразни револуции не беше ослободување туку токму спротивното: заробување и „уништување“ на жената. Беше важно да се „исфрли“ жената од домот, да се одвои од децата, да се вработи и да ѝ се даде таква улога, што повеќе да биде надвор од домот и да не биде идентитет кој ѝ е даден од Бога: мајка и жена. Притоа, жените добиваа финансиска независност, и на тој начин, им беше подгреан егоизмот и немотивираноста за брак и раѓање на деца. Жената денес е поголем роб од било кога. На работа од неа многу се бара, уценувани се на разни начини, па и со тоа дека не можат да имаат пород ако сакаат имаат кариера. Страшно!

Во еден познат часопис, кој го читаат младите мајки, советот на еден педагог, инаку жена, која ниту е од нашиот род, а уште помалку христијанка, гласи: „Ако наместо за деловните одлуки вие размислувате за тоа дали вашето дете ја изело цела кашичка, или гугуткате на телефонот со него – вие оставате лош впечаток... Не си дозволувајте себеси да изгледате запуштено, ниту давајте кај вас да се забележи дека едвај чекате да се вратите дома. Искористете го времето на работа да не мислите на домот... По долго отсуствување од работа, вашите колеги малку се одвикнале од вас, токму како и вие од нив. Можеби поради тоа ќе морате одново да се докажувате...“ Страшно. А, овие „стручни“ жени ги воспитуваат нашите млади мајки. Сѐ само со една поука – да не раѓаат деца, за да не мораат потоа на работа да размислуваат за нив. Очигледно дека созреало времето жените христијанки да имаат свој часопис, кадешто нема да ги трујат ваквите „советодавци“ и сличните на нив. Жената, особено младата мајка треба да се воспитува во христијански дух, а не во разврат и ширење на кариерата. За да не се чудиме потоа зошто сѐ повеќе се шират малигни, полови и заразни болести. Сето тоа е последица на еден нездрав начин на размислување, но и на потполната неинформираност на нашиот народ, на кој му се подметнува мноштво на гнасни

Page 41: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 41

лаги. Нпр. за мерките на заштита при половите односи. Секако, сето тоа е несигурно, и од христијанска гледна точка неприфатливо.

Жената која има добар имунолошки систем може да совлада секаква болест. За жал, многу од моите колеги доктори учествуваат во ширењето на лажната пропаганда за мерките на заштита во интимните односи, што од сопствено незнаење, што од финансиски причини. Сето ова, несомнено, го потврдува и статистиката.

На сите медиуми може да се слушне: Секој втор брак во нашата земја е стерилен. Дали воопшто сме се запрашале зошто Бог ги затвора матките? Дали се секогаш другите виновни за нашите тешкотии?

Статистиката понатаму вели: секое второ девојче од осмо одделение имало интимни односи, а несаканата бременост ја завршувала со абортус. Што очекувате од нашиот народ и од неговото потомство во наредните години? Што се однесува до стерилитетот, кој за жал, најчесто е последица на промискуитетот и блудниот живот, и проф. И. Мануилова (во книгата „Православието и современата медицина“) вели: „Медицинската индикација на вонтелесното оплодување, по правило, претставува последица од анатомските аномалии на јајцеводите настанати по вештачкиот абортус“. Секој понатамошен коментар е излишен.

Сето тоа што се случува, не ни се случува случајно: децата ни ги воспитуваат „идолите“ од ТВ екранот, како и разните „плитки“ серии и емисии, а

тука се и некои од развратностите, кои се нудат на интернетот. Во меѓувреме, родителите на деловните состаноци, ја „кројат“ кариерата или пак се борат за гол физички опстанок. Дотогаш, децата се на улица или крај ТВ екранот со алкохол, дрога и кој знае што уште.

Наместо заклучок

Званичната наука молчи за телегонијата, за да не ги оспори претходните сексуални револуции, коишто трупаат огромни пари. Нашите деца пропаѓаат угледувајќи се на „болните“ авторитети и на нивните лаги. Како лекар и мајка на три деца, би им препорачала на младите жени и девојки:

Девственоста и верноста, колку и да звучи тоа старомодно, се гаранција за вашето духовно и телесно здравје, зашто така заповеда и Господ во Својата седма заповед: „Не прави прељуба“.

Обраќањето кон Бога и традиционалните вредности се единствениот вистински пат за нашиот народ кон иднината.

(преземено од „Светигора“, јануари 2008 г.)

Превод: Братството на Манастирот

Св. Гаврил Лесновски

Page 42: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 42

Возљубени христијани!

Целокупниот живот на Светата Православна Црква е секојдневно непрестајно богослужение, кое се извршува во нашите православни храмови за спасение на

многуте души. Светата Црква секојдневно празнува и молитвено се обраќа кон многуте светители, кои облагодатени, очистени и обожени, имаат слобода пред Бога да се молат за спасение на нашите души. Така, во Црквата секој ден е празник, и затоа православниот живот е непрестајно богослужење, непрестајно живеење во заедница со Бога. Затоа, празнувајќи ги празниците и светителите ние молитвено обраќајќи се кон нив, примаме благодат и благослов без кои е невозможно да живееме нормален живот. Оттука произлегува и потребата, ние христијаните често да ги посетуваме православните храмови и да се молиме на Бога во нив, зашто тогаш, силно чувствуваме како благодата Божја се впива во нашето срце и полека ги залечува сите рани кои гревот ги направил во нас. Особено кога молитвено учествуваме во богослужбите, секој од нас го извршува својот подвиг на очистување, преобразување и покајание. Молитвата е најнеопходна добродетел за секој христијанин и е вистинско оружје против демоните. Како што вели св. Јован Лествичник: „Нема поголемо оружје ни на небото ни на земјата од името Исусово.“ Молитвата е особено силна кога ние христијаните се собираме на молитва во храмовите, и кога сите заедно, и свештенството и народот Божји, ги принесуваме пред Бога нашите молитви, зашто нашето спасение се состои во соборното живеење со сите наши браќа и сестри – христијани, но и со сите светии во Богочовечкото тело, односно Црквата. Не поминал некој поголем празник, а да не сме се собрале сите заедно во црквата, за заеднички да ја

споделиме благодатната празнична радост, која Бог особено изобилно ни ја дарува на секоја празнична литургија. Благодатта на светите празници и на светите богослужби поврзани со самите празници, е безгранична божествена сила која во душата на христијанинот ги разбудува светите добродетели и ја потикнува кон ревносно и свето служење на Бога.

Затоа, возљубени христијани, особено е важно кога се приближува некој поголем празник, достоинствено да се подготвиме за неговото одбележување, онака како што не научиле Светите Отци, за нашето празнување да биде побожно и угодно на Бога, согласно со Евангелието и нашата православна вера, па преку тоа и да добиеме благослов од Бога и од светителот чијшто празник го празнуваме. Празнувањето не смее да биде за пропаст на нашата душа, туку за издигнување, очистување и осветување, а не за суд и осудување. За да знаете како треба христијаните да ги слават своите празници, со Божја помош, ќе се потрудиме да ја објасниме тајната на христијанскиот празник.

Најпрво, потребно е да се запознаеме со содржината и смислата на самиот празник. Доколку станува збор за Господов или Богородичен празник, треба да го побараме во светото Евангелие местото каде што се зборува за тој празник и внимателно да го прочитаме. Треба да се потрудиме да ја разбереме смислата и пораката на празникот. Доколку се празнува некој светител, треба да го прочитаме неговото житие, за да се запознаеме со неговиот богоугоден живот. Тоа многу ќе ни помогне и ќе имаме голема корист за нашата душа, зашто на тој начин, ќе можеме да го споредиме нашиот живот со животот на светителот, и откако ќе ги согледаме големите разлики, ќе треба да се трудиме во иднина нашиот живот да го поправаме по примерот на светителот, зашто на тој начин најдобро и најубаво

СЛОВО ЗА ТОА КАКО ТРЕБА ДА ГИ ПРАЗНУВАМЕ ПРАВОСЛАВНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Митрополит Брегалнички г. Иларион

беседа

Page 43: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 43

ќе го прославиме него, заштитникот на нашиот дом и нашиот молитвеник пред Господа. Исто така, треба да побараме и на дополнителни места и во книги кои што светоотечки го објаснуваат и толкуваат празникот. Не смееме да дозволиме незапознаени да го дочекаме празникот. Тоа е исто како неподготвени да отидеме на работа, или необлечени во град. Навистина, таму ќе ни се смеат и потсмеваат луѓето со кои заедно работиме, а во град сите кои што ќе нѐ сретнат, а доколку незапознаени отидеме во црква, само ќе ги ожалостиме светите ангели и светители, кои ќе го видат нашето незнаење и неразбирање на молитвите кои се пеат во црквата. А и ние ќе се чувствуваме непријатно, бидејќи ќе сфатиме дека ништо не разбираме и не знаеме во врска со самиот празник.

Потоа, откако веќе сме се запознале со празникот, потребно е да посветиме внимание на нашата духовна состојба. Еве на пример, се приближува празникот Божиќ, за кој ние се подготвуваме со пост и молитва. Исто така, не смееме да пропуштиме да живееме во покајание. Секојдневно треба да внимаваме на нашиот живот

и да се трудиме да живееме во исполнување на Божјите заповеди. Како што деновите одминуваат и празникот се приближува, така и ние треба да бидеме сѐ подалеку од гревот и од гревовниот живот. Треба да одиме и кај свештеникот или нашиот духовен отец на исповед, бидејќи преку покајничкото откривање на нашите гревови пред Бога и духовникот, истите се бришат од црните списоци на демоните и ние се помируваме со Бога. Повторно стануваме негови пријатели и чеда. Затоа, секој кој сериозно мисли на своето спасение и секој којшто сака да влезе во Царството Небесно, потребно е почесто и поискрено да пристапува кон оваа Света тајна. „Единствено неисповеданиот грев е неопростив грев“ – велат Светите Отци.

Така очистени, вистински сме подготвени да започнеме торжествено да празнуваме. Но пред да го направиме тоа, потребно е смирено, длабоко и искрено да размислиме дали сме на некого згрешиле или пак сме се скарале со некој наш ближен. Доколку се најдеме виновни, без одложување да го побараме тој наш брат или сестра, и искрено покајнички да побараме прошка за нашата постапка

Page 44: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 44

и да ветиме дека во иднина ќе се трудиме да внимаваме. Колку ли само ќе се радуваат ангелите и светителите доколку искрено се помириме. Ако пак некој во тие празнични денови дојде и побара прошка од нас, како христијани должни сме да му простиме, бидејќи доколку сме тврдоглави и не сакаме да простиме, тогаш и Бог нема да ни ги прости нашите гревови, а по напуштањето на овој привремен живот нема да вкусиме од подобриот рајски живот, туку ќе добиеме вечна осуда.

Откако сме се помириле со Бога и со луѓето, воочи на празникот сме подготвени за вечерната празнична богослужба. Тивко и побожно треба да влеземе во светиот храм, без метеж да се поклониме и да ја целиваме празничната икона, молејќи се тивко во себе на светителот или на Бога, и кротко и смирено да го заземеме нашето место во Божјиот храм. Доколку сакаме, можеме да купиме осветени свеќи од црквата, и полека да ги запалиме на одреденото место. Додека ги палиме свеќите треба да се молиме за нашето семејство, роднини и пријатели, и да не забораваме дека „запалените свеќи ги означуваат светите помисли

кои треба во тебе да светат како свеќа, за во домот на твојата душа да нема ниедна мрачна гревовна помисла, туку сите твои помисли да бидат огнени и исполнети со светлината на Светиот Дух, така што да не оскудеваш ни во една од светлоносните помисли на расудувањето“, како што нѐ учи св. Симеон Нов Богослов. Вечерната богослужба треба да ја поминеме во молитва, притоа внимавајќи на содржината на црковните химни кои што се пеат во храмот, бидејќи преку нив благодатта Божја длабоко навлегува во нашето срце.

По завршувањето на вечерната празнична богослужба, тивко да го напуштиме домот Божји, и облагодатени и исполнети со радост да поитаме во нашиот дом и таа празнична благодатна радост да ја пренесеме и на сите домашни, кои од оправдани причини не беа во можност заедно со нас да се молат во храмот. Веднаш да го запалиме нашето домашно кандило, притоа потсетувајќи се на зборовите на св. Симеон, дека: „Кандилото што го палиш претставува мислена светлост, и неговата намена е да те потсетува, како што црквата е сета во светлина од многуте кандила, така и домот

Page 45: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 45

на твојата душа кој исто така е дом Божји, кој е повозвишен од секој ракотворен храм, е должен да пребива во духовна светлина, односно во него мора да светаат сите духовни добродетели, запалени со божествениот оган на благодатта, и да го осветлуваат целото твое битие, така што во твојата душа да не остане неосветлен ниту еден агол.“ А пак, за темјанот кој што дома ќе го запалиме истиот Свет отец вели: „Темјанот за кадење кој кога ќе се запали, шири благопријатен мирис, ти укажува на благодатта на Светиот Дух, во смисла како она одвнатре оди нагоре, или како она од човекот кој примил благодат од Светиот Дух се излива како воден извор кој што тече во живот вечен.“

И така, откако се помоливме на Бога, добро треба да размислиме и да се потсетиме дали има некој брат или сестра болен или во затвор, и ако е така, треба да отидеме и да го посетиме, за да ја исполниме Божјата заповед. Исто така не смееме да ги заборавиме и сиромасите, гладните, необлечените и сите оние наши браќа и сестри кои живеат во немаштија и беда. Потребно е да си спомнеме и за нив и да им однесеме според нашите можности сѐ што им е потребно, за и тие да ја почувствуваат празничната радост, а со тоа и ние да се покажеме како вистински христијани кои го љубат Бога и својот ближен, за да се наречеме вистински синови и ќерки на Севишниот Бог. Зашто, вака вели Господ: „Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот; оти гладен бев и ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте при Мене. Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ’Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме? Кога Те видовме болен, или во затвор и Те посетивме?’... Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Мт. 25, 34 – 40).

Ноќта пред празникот, не смееме да си дозволиме да ја поминеме раскалашано и гревовно, „не во срамни гоштавки и пијанство, не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во препирка и завист“(Рим. 13, 13), туку да се потрудиме да се подготвиме достојно за најсвечениот и најторжествениот чин, кога на самиот ден и на

самиот празник, на Светата Литургија изобилно се излева благодатта Божја, која како река ги напојува сите присутни во храмот, а ние, по претходната подготовка преку покајание и исповед, се причестуваме со Пречистото Тело и Божествената Крв на нашиот Господ Исус Христос. Неискажливо голема е радоста и благодатта која што ја чувствуваме кога се причестуваме, и само на тој единствен начин вистински го празнуваме празникот, со неискажлива радост поради нашето соединување со Господа. Според заповедите Христови и според богословието на Светите Отци, вистинскиот христијански живот е возможен единствено преку реалното заедничарење со Господ Исус Христос во Светата Тајна Евхаристија, а преку оваа сеспасителна Тајна и заедничариме и со сите луѓе. Доколку сме однеле во храмот панагија или славски колач, треба трпеливо да го почекаме свештеникот Божји, кој по завршувањето на Светата Литургија, ќе го пресече колачот или панагиата, кои таинствено и символички представуваат жртва на благодарност кон Бога, што преку Господ Исус Христос и Неговото страдање сме спасени од пропаста, смртта и пеколот, кои праведно сме ги заслужиле како плата за нашите гревови. Пред пресечениот и со црвено вино полиениот колач, треба да се потсетиме на големата Жртва, која нашиот Господ ја даде за нас, за Неговите страдања и распнувањето на Крст, па да се испитаме самите себе, дали нашиот живот е достоен за таа Жртва? Дали живееме според Евангелието Христово? Дали ги помагаме сиромашните и своите ближни, како што сме должни да постапуваме? Дали гладниот го нахранивме, голиот го облековме, дали жедниот го напоивме? Дали во Бога веруваме и се трудиме според верата да живееме? - Ако не сме постапиле така, тогаш да се потрудиме уште истиот ден таа грешка да ја поправиме, бидејќи верата без добри дела е мртва. Заедно со славскиот колач треба да однесеме и пченица која сме ја подготвиле како благодарствена жртва кон Бога за сите земни добра, кои што Тој како Човекољубив Отец секојдневно ни ги дарува.

И така, возљубени христијани, ова свето заедничарење со сите наши ближни, продолжува и надвор од храмот, во семејниот дом, кога исполнети со радост и веселба во нашето срце, сме собрани сите заедно околу скромната празнична трпеза, вознесувајќи му слава на Бога за си. Да не ги забораваме зборовите на св. апостол Павле, кој вели: „Не опивајте се со вино, од кое

Page 46: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 46

произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух“ (Ефес. 5, 18). Пријателите и ближните собрани во нашите домови на празникот, со самото свое присуство нѐ поучуваат дека сме должни да бидеме ревносни во исполнувањето на Божјите заповеди и во задобивањето на добродетелите, па збогатени со нетрулежно богатство, да бидеме вброени и да бидеме сожители со апостолите, пророците, мачениците и со сите светии.

Ако на овој начин ги славиме празниците, и ако достоинствено се подготвуваме за нив, тогаш навистина прославуваме духовна слава и празнуваме заедно со ангелите. Ако не славиме на овој начин и ако самите себе си не се трудиме да се изградиме на начинот за кој што говоревме, тогаш каква полза ќе имаме од празникот? Навистина, има меѓу нас и некои кои не се подготвуваат христијански за празникот, туку, за жал, повеќе наликуваат на незнабожци и пагани отколку на христијани. Не се угледувајте на тие неразумни и слепи, кои кога ќе дојде некој поголем Господов или Богородичен празник, или пак именден или домашна слава, наместо да отидат в црква и да го прослават Бога или да се помолат на Пресветата Владичица наша Богородица или на светителот чие што име го носат или пак на оној кој го избрале за свој семеен заштитник, наместо тоа тие прават раскошни гозби, изобилни трпези, невнимавајќи дали е време на пост, но свесно го нарушуваат, се опиваат, по цела ноќ седат, пијат и пеат, блудствуваат и со тоа не го измолуваат светителот да им го благослови домот и семејството, туку го навлекуваат на себе и на своето семејство гневот Божји, Кој праведно ги казнува оние кои вака гордо и изопачено постапуваат. За нив Господ вели: „Ќе ги претворам празниците ваши во тага и сите ваши песни - во плач“ (Амос 8, 10). Тие ги забораваат и на зборовите на св. Јован Лествичник кој вели: „Слугата на стомакот мисли со какво јадење да го прослави празникот, а слугата Божји мисли со какви добродетели да се збогати!“. Наместо тоа, ние сме должни со христијанска ревност и љубов кон нашиот Господ Исус Христос, Пресвета Богородица, светителите и кон сите наши браќа и сестри, да ги повикаме сите кои што го љубат Бога и благочестието, да ги отвориме портите на нашите домови и срца, за сите добронамерници кои сакаат со своето присуство уште повеќе да ни го разубават празникот и домот, и со скромна христијанска трпеза, а особено со христијанска љубов, да ги нагостиме сите: и роднини и пријатели, и браќа и сестри во Христа,

познати и непознати, сиромашни и бедни, просјаци, гладни и жедни, сите кои го слават Бога. На тој начин, славата која тие на Бога ќе ја вознесат, нам ќе ни се забележи како заслуга, и ќе се покажеме угодни пред Бога. Затоа да празнуваме благочестиво и достоинствено, за да добиеме милост од Бога, по молитвите на светителите кои што ги празнуваме.

Но, богослужението не започнува и не завршува само во храмот, туку тоа секојдневно треба да се извршува во најважниот и најсветиот храм, а тоа е човечката душа, во која ние христијаните секојдневно се трудиме да вршиме служба Божја, преку постојана молитва и труд во исполнувањето на евангелските заповеди. Св. Апостол Павле вели: „Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?“ (1. Кор. 3, 16). Овој наш труд и подвиг треба да е голем и ревносен, особено кога празнуваме некој празник, зашто непријателот на нашето спасение не спие, туку само чека погоден миг и час, кога не сме будни и не внимаваме доволно на себе, да нѐ завлече во своите пеколни мрежи и да нѐ оддалечи од Бога и од Небесното Царство. Како што велат Светите Отци: „Голем празник, големи искушенија!“ Затоа да внимаваме и да бидеме будни, бидејќи не го знаеме ни времето ни часот кога ќе треба да застанеме пред Бога и да дадеме одговор за нашето христијанско однесување. Наместо многу народ, играње и недолични веселби, со нас нека бидат војските на светите Ангели кои ќе го прославуваат Бога за нашите добри дела и ќе се радуваат за спасението и воздигнувањето на нашите души. Наместо мноштвото роднини, пријатели, видни и угледни лица, со нас нека празнуваат Светителите, кои како најљубени и најискрени наши пријатели, по преминувањето од овој живот во небесниот, ќе ја примат нашата душа во вечните живеалишта, како што Авраам го прими Лазара, така и тие да нѐ удостојат да живееме заедно со нив, вечно празнувајќи со небесни песни и славословија, посветени на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови, амин.

Page 47: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 47

ЗНАЧЕЊЕТО НА ЧИСТОТАТА НА ЦЕЛОМУДРЕНОСТА

Врската помеѓу чистотата и светоста според апостол Павле. Плодовите на чистота и наградата за неа. Преподобен Ефрем Сирин за чистотата на целомудреноста.

Ова е волјата Божја, вашата светост“, вели апостол Павле (1. Сол. 4, 3). За да не се сомневаме во поглед на тоа, што тој сакал да нарече светост – праведноста

ли, љубовта ли, смирението ли или трпението, бидејќи преку сите тие доблести се стекнува светост – тој разјаснува што всушност сакал да нарече светост: „Ова е волјата Божја, вашата светост: да се воздржувате од блудство, и секој од вас да

знае да го пази својот сад во светост и чесност, а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога“ (1. Сол. 4, 3-5). Чистотата на целомудреноста апостолот ја нарекува чесност на садот, (т.е. нашето тело) и светост. Напротив, оној што ѝ се препушта на страста на похотата се наоѓа во бесчесност и нечистотија и е далеку од светоста.

Продолжувајќи го своето слово за чистотата, апостолот потоа вели: „Зашто Бог не нè повика кон нечистота, туку во светост“ (1. Сол. 4, 7). Оној што го отфрла тоа што е речено за светоста, не отфрла човечка, туку Божја заповед. Тој Го отфрла Бога, Кој го одредил нашето срце за живеалиште на Својот Свет Дух (1. Сол. 4, 8). Според толкувањето на Светите Отци, апостол Павле овде укажува дека со

ПОЛОВОСТИ ЦЕЛОМУДРЕНОСТ (2)

Гермоген Шимановски

црквата и младите

Page 48: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 48

посредство на чистотата

на целомудреноста „Светиот Дух ќе живее во

нашето срце, што е најголема плата на совршената награда и

блаженство“ (преп. Јован Касијан). Како потврда на ова, тој во друго

послание пишува: „Трудете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема

да Го види Господа“ (Евр. 12, 14). Апостолот со оваа поука јасно покажал дека без чистота

на целомудреност, односно без светоста, која вообичаено ја нарекуваат непорочност на духот и чистота на телото, никој не ќе може да го види Бога. За уште повеќе да ја разјасни оваа мисла, апостолот додава:

„да не би меѓу вас да има некој блудник, или нечестив какао Исав“ (Евр. 12, 16).

Чистотата е знак на душевно здравје, извор на духовна радост. Оној што сака да задобие љубов кон Бога, мора да се грижи за чистотата на својата душа. Вистинската чистота прави душата во текот на молитвата да стекне смелост. Смелоста, пак, е плод на чистотата и на трудот за нејзиното задобивање (Преп. Исаак Сирин).

„Во чистотата живеат голема светлост, радост, мир и трпение. Меѓутоа, во блудот живеат жалоста, унинието, незаситниот сон и непровидната темнина“, пишува свети Еферем Сирин. Древните подвижници прекрасно рекле дека „блудот е измама, а целомудреноста е вистина и вистинска наслада“ (Преп. Нил Синајски).

Сладоста на чистотата на целомудреноста не може со зборови да му се објасни на оној, кој не се удостоил да достигне возвишеност на оваа доблест. Прекрасно Божјо дело! Телесниот човек, кој се наоѓа во тело, ги отфрла телесните страсти, и покрај големата разновидност на животните околности, непријателски напади и соблазни, со силата Божја непоколебливо пребива во чистота. Кој ќе го достигне овој степен на доблест, и самиот изненаден, со искрено расположение во срцето ќе воскликнува: „Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае“ (Псалм. 138, 14).

Поради свеста за победата над страстните побуди, заради радоста и спокојот на совеста, заради почитта кон самиот

Page 49: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 49

себеси, целомудрениот стекнува постојана душевна наслада. Во страстите живее разбрануваноста, избезуменоста, телесната слабост и болеста. Насладувањето во страстите е краткотрајно, а по него следува грижа на совеста, помрачување на умот, жалење, љубомора, кавга, закана, постојано незадоволство, раздразнетост и душевно пореметување, а при смртта голема болка и тежина на душата (Св. Јован Златоуст).

„Чистотата прави Бог да нè усвои, и колку што е можно, прави да се уподобиме на Него“ (Преп Јован Лествичник). Како нераспадлив и бестелесен, Господ се радува на чистотата и нераспадливоста на нашето тело. Меѓутоа, демоните, како што тврдат некои подвижници, не се радуваат на ништо толку многу како на злосмрдеата на блудот, и никоја друга страст не ја сакаат толку, колку онаа што го осквернува телото. „Како што на свињата ѝ е пријатно да се валка во кал, така и демоните се насладуваат од блудот и нечистотијата“ (Преп. Ефрем Сирин).

„Според начинот на живот, телесните луѓе со ниту една друга доблест не се приближуваат толку до духовните ангели, колку со заслугите и благодатта на целомудреноста. Со посредство на целомудреноста, тие, иако сеуште живеат на земјата, според апостолот, имаат жителство на небото (Филип 3, 20), кое, според ветувањето, по воскресението од мртвите и по отфрлањето на телесната распадливост, во идниот живот ќе го имаат светиите, иако го поседуваат уште овде, додека се во привидно тело“ (Преп. Јован Касијан).

Во пофалба на чистотата на целомудреноста, преподобниот Ефрем Сирин вели: „Чистотата се гади од раскош, нега и префинето украсување на облеката. Чистотата е непријателка на скапоцените јадења, таа го одбегнува пијанството. Чистотата е узда за очите, таа целото тело од темнина го изведува на светлина. Чистотата го поробува телото, нејзиниот поглед проникнува во небесното. Чистотата е родоначалница на љубовта и на ангелското живеење. Чистотата има чисто срце, слатко грло и свето лице. Чистотата е дар Божји исполнет со добрина, поука и знаење. Чистотата го радува срцето што ја стекнало и ја окрилува душата за небесното. Чистотата раѓа духовна радост и ја умртвува тагата. Чистотата ги умртвува страстите и раѓа бестрастие. Чистотата ги просветлува праведните, го помрачува ѓаволот, оди кон целта заради наградата на горното призвание

од Бога во Исус Христос“ (Филип. 3, 14). Чистотата го прогонува унинието, го советува трпението. Чистотата е лесно бреме, кое нема да потоне во водата, и вечно богатство, скриено во душата на христољубивиот човек, а оној што ја поседува, ќе го пронајде тоа богатство и во време на немаштија. Чистотата е прекрасен имот, кој ѕверовите не можат да го распарчат, ниту оган да го изгори. Чистотата е духовна кочија и оној што ја поседува го вознесува на висина.

Чистотата почива во кротките и смирени души и раѓа Божји луѓе. Чистотата, како ружа цвета во душата и во телото и целиот дом го исполнува со миомирис. Чистотата е претходник и собирач на Светиот Дух. Светиот Дух се радува за оној што ја љуби чистотата и му дарува трпение. Чистотата Го смилостивува Бога, го добива Неговото ветување и во сите луѓе стекнува благодат. Неа ја засакаа светиите, неа ја засака и светиот евангелист Јован. Кога ја засакал, се удостоил (на Тајната вечера) да отпочине на градите на Господ на славата. Чистотата стекнува почести не само за приснодевствениците, туку и за оние што живеат во сопружништво. Неа, со сето срце ќе ја засакме и ние, благословените следбеници на Христа Спасителот, за да Го израдуваме Духот Божји, Кој живее во нас“ (Преп. Ефрем Сирин).

СТЕПЕНИ НА ЧИСТОТАТА НА ЦЕЛОМУДРЕНОСТА

Почеток на чистотата – воздржување. Степени на чистота според свети Јован Лествичник и свети Јован Касијан. Најголеми степени на чистота – непорочност и светост.

„Секоја добродетел го воздигнува праведникот за еден степен погоре“, вели свети Григориј Богослов. „Оној што води чист, безбрачен живот, се уподобува на ангелите. Кој се подвизува во воздржување од телесните страсти, настојува да се изедначи со девствениците. Кој ја чува сопружничката (брачната) верност, станува еднаков на оној кој се воздржува. Само подвизувајте се сите во целомудреност, за да достигнете повисоки степени“ (Св. Григориј Богослов).

Христијанинот што живее во светот се сретнува со повеќе пречки за зачувување на целомудреноста, отколку оној што живее во манастир или во пустина. Блажениот Калист, константинополски патријарх (11. век) вели дека „оние што живеат во светот

Page 50: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 50

можат да се воздржуваат од телесни страсти и разбрануваност, или разумно да се оддалечат од нив, но невозможно е тие во светот да се искоренат или истребат. Единствено пустинскиот (осаменички, подвижнички) живот може очигледно да ги искорени“.

Како почеток на чистотата служи воздржувањето од телесните страсти. Преподобниот Јован Касијан укажува на разликата помеѓу воздржувањето и чистотата. „Едно е“, вели тој, „да се биде воздржан, а друго е да се биде чист и, така да речеме, да се дојде во состојба на непорочност и непропадливост, што се нарекува невиност. Оваа доблест ја усвојуваат само оние што се девственици или според умот или според телото (на пример, во Стариот Завет пророците Илија, Еремија и Даниил, а во Новиот Завет свети Јован Крстител и свети Јован Богослов). Ним можат да им се придружат и оние кои, искусувајќи го развратот, со голем труд и грижа достигнале слична состојба на непорочност на душата и на телото... Треба да се забележи дека е многу тешко, а можеби и невозможно таква состојба да се достигне ако човек живее покрај многу народ, а посебно ако живее во светот...“ „Впрочем, не може да се сомнева во тоа дека меѓу христијаните што се подвизуваат во светот има многу воздржани: тие се борат со грешните поттикнувања на телото, скротувајќи ги или задушувајќи ги со страв од пеколот или копнежот за Небесното Црство. Подвижниците, врз основа на искуството востановуваат дека оние што им припаѓаат на воздржаните ја поднесуваат борбата, го надвладуваат и го победуваат својот противник, но дека понекогаш овој противник и ги повредува“.

Постојат многу степени на целомудреност, кои водат кон ненарушена чистота. Ние не сме во состојба сите да ги согледаме и да ги наброиме. Преподобен Јован Лествичник укажува на три степени на чистота: на почеток, на средина и на крај (највисокиот степен) на чистота.

Лествицата на усовршување на целомудреноста преподобниот Јован Касијан ја дели на шест степени, кои, како што забележува тој, според својата висина не се далеку еден од друг. Оние степени кои се наоѓаат помеѓу нив, тешко можат да се забележат со човечките чувства и ум. Затоа со зборови е тешко да се опише со какви успеси секој ден постепено расте совршенството на самата чистота. Душевната сила и зрелост на чистотата се стекнуваат незабележително, слично на нашите

тела кои секојдневно незабележително сè повеќе растат, и без наше знаење, израснуваат до својот совршен облик.

Според зборовите на преподобен Касијан, совршена и целосна чистота на целомудреноста се состои во тоа, душата, не само во будна состојба, туку дури и во сон, да отфрли сè што е страсно и грешно и она кон што порано доброволно негувала сочувствителност. За таквата состојба на душата сведочи отсуството на нечисти осквернувања дури и во сон, зашто соновите вообичаено се одраз на делата на душата во будна состојба.

„За разлика од обичното (почетно) воздржување од страсните телесни движења и помисли, за потполната целомудрена чистота карактеристично е совршеното смирување на телесните поттици и спокојството во однос на нив. Целомудреноста, која потполно созреала и која секогаш ја чува непоматена и непоколеблива чистотата на душата и на телото, не е ништо друго, туку светост. Тоа се случува тогаш кога телото ќе престане со похота да го напаѓа духот, кога ќе почне да се согласува со неговите желби и доблести, кога и едното и другото меѓусебно ќе се соединат со цврст мир и кога, според зборовите на псалмопеачот, ќе започнат, како браќа да живеат заедно (Псалм 132, 1). Тогаш и Бог пребива со нив, бидејќи се вели дека Неговото место е во мирот (Псалм. 75, 3), те. не во метежот на борби и битки со страстите, туку во мирот на целомудреноста и во постојаниот спокој на срцето. Токму поради ова оној, кој заради гаснењето на телесните и на другите страсти ќе се удостои да стане место на мирот, истовремено посатнува и пребивалиште Божјо“.

Спорд зборовите на преподобен Јован Лествичник, „пофалбата на блажената чистота е толку голема и висока, што некои од Светите Отци се осмелиле да ја наречат бестрастие“.

Ова што е речено за степените на чистота и целомудреност се однесува првенствено на оние личности, кои се подвизуваат со безбрачен начин на живот: на монасите и монахињите што живеат во манастирите и на девствениците и девственичките што живеат во светот. Покрај тоа, ова се однесува и на христијанските момчиња и девојки, кои се чуваат во чистота на предбрачната целомудреност, но и на оние што живеат во чистота во христијанско сопружништво.

Што се однесува до степенот на чистотата

Page 51: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 51

на целомудреноста, сфатена во широка смисла на зборот, односно како сеопфатна добродетел, Светите Отци не даваат нивен опис: постепеното растење во добродетелта, е скриено од човечкиот поглед, бидејќи знаењето за степените на усовршувањето не е корисно за духовниот живот. Всушност, таквото знаење би можело да го повреди чуварот на доблеста, односно смирението.

ВРСКАТА НА ЦЕЛОМУДРЕНОСТА СО ДРУГИТЕ ХРИСТИЈАНСКИ ДОБЛЕСТИ

Целомудреноста е поврзана со самоодрекување, воздржување и трпение. Скрушеност на срцето и стравот Божји. Смирение. Молитва. Целомудреноста и љубовта го воздигнуваат човекот кон светост и богоопштење.

Како сеопфатна добродетел, целомудреноста (во широка смисла на зборот) го одржува во себе

душевното здравје и чистотата на живеењето. Таа се наоѓа во суштинска врска и во органско единство со сите христијански добродетели.

Пред сè, чистотата и целомудреноста се поврзани со самоодрекување, со воздржување, со трпение и страв Божји. Преподобниот Никита Ститат укажува дека мајка на чистотата и на целомудреноста е „сестраното воздржување, а татко – стравот Божји“.

Свети Јован Златоуст ги нарекува постот и воздржувањето потпора на целомудреноста. Воздржувањето е особено неопходно во целта на стекнување чистота од телесните страсти. „Оној што сака на Господа да Му принесе целомудрено тело и чисто срце, должен е да ги зачува негневливоста и воздржанието, бидејќи без овие две добродетели целиот наш труд ќе биде залуден“ (Преп. Јован Лествичник).

Чувари на целомудреноста се смиреноста на срцето и живеењето во покајание на сетилата. Смирението на срцето е непријател на лукавите и срамни помисли, а помошник на целомудреноста – безмолвието во послушание (Преп. Јован Лествичник.

Целомудреноста се гради врз смирението. „Оваа добродетел (целомудреноста) не може да се

Исус Христос. Цртеж на Ѓоко Арсениев.

Page 52: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 52

стекне доколку претходно не се постават темели на смирение“ (Преп. Ј. КАсијан). „По смиреноумието следува воздржување во сè, самоограничување, внатрешно, духовно добро устројство и украсување на душата со целомудреност“.

„Покрај стравот Божји, смирениот во секое време го следи скромноста во сите делови на телото, устроеност на сетилата и смирено срце“. Овие две добродетели, те. смирението и целомудреноста ја подготвуваат душата за примање на благодатните дарови на Светиот Дух, како „веренички залог за Светата Троица“ (Преп. Исак Сирин).

Добродетелите целомудреност и чистота постојано ги следи молитвата. „Ако некој ја засакал девственоста или ако ревносно ја почитува брачната целомудреност, ако некој си одредил за свои сопатници да ги има кроткоста и негневливоста или некоја слична добродетел – лесно и без напор може да го помине патот на благочестивиот доблесен живот, доколку за своја раководителка ја прифати молитвата“, вели свети Јован Златоуст.

Добродетелта целомудреност е незамислива без милосрдие, без љубов која ја оживотворува секоја доблест. Според зборовите на овој ист светител, без милосрдие се губи добродетелта на целомудреност. На пример, лудите девојки од евангелската приказна не биле осудени поради некој смртен грев, туку поради недостаток на елеј, те. милосрдие (Св.

Јован Златоуст). Целомудреноста и љубовта се најтесно поврзани. „Во правда со љубов.... се состои продуховувањето на душата, а продуховувањето на телото во целомудреноста, која ја опфаќа и секоја ослободеност од сè сетилно (грешно) и потполно очистување од страстите.“

Со помош на искрена љубов, чистотата и целомудреноста го воздигнуваат човекот до светост и богоопштење, „го соединуваат со Бога“ (Преп. Никита Ститат).

Ова е волјата Божја, вашата светост, вели апостол Павле (1 Сол. 4, 3), секој христијанин да го зачува телото во чистота и чесност. Апостолот со посебни пофалби ја велича целомудреноста (в. 1 Сол. 4, 3-8), припишувајќи ѝ ја светоста токму на оваа доблест и укажувајќи дека особено со нејзино посредство „Светиот Дух живее во нашето срце, а што претставува најголема плата на совршена награда и блаженство.“ Без непорочност и светост на душата никој нема да Го види Бога (в. Евр. 12, 14-16) (Преп. Ј. Касијан).

„Светоста е исполнување на срцето со сите доблести, но таа пред сè се посведочува со отсуство на телесни нагони и сочувства“, пишува еп. Теофан Затворник.

Заедно со правдата и благочестието, целомудреноста претставува неопходен чинител на светиот живот. Да се живее праведно, не

Page 53: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 53

значи само да не се нарушува правдата во однос на другите, туку и да им се прави добро. Да се живее благочестиво значи сè да се прави со страв и стравопочит пред секадеприсутниот Господ Бог Седржител, Кој сè гледа, сè да Му се посветува Нему и сесрдно да се ревнува за слава на Неговото пресвето име. Благочестието сестрано ги опфаќа односите на нашите ум и срце кон Бога, а пред сè молитвата и извршувањето на сè во Негова слава.

На тој начин, „целомудреноста, праведноста и благочестието го опфаќаат целокупниот свет живот и во себе ги содржат сите заповеди, целата волја Божја“ за наше спасение.

ОПШТОХРИСТИЈАНСКИ ПОДВИГ

ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЦЕЛОМУДРЕНОСТ И ЧИСТОТА

Целомудреноста е плод на борба и подвиг. Основа на целомудреноста е воздржување од храна, воздржување од гнев и злопамтење. Смирението е чувар на целомудреноста и на другите добродетели.

Целомудреноста е плод на борба и подвиг (Св. Јован Златоуст). Христијанството бара постојан и самопожртвуван подвиг, морална сила и одлучност за надминување на егоизмот, самоугодувањето и телољубието. „Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите“ (Гал. 5, 24).

Во нашиот телољубив век, христијанското начело на подвижништво е изложено на жестоки напади. Го нарекуваат насочување спротивно на човековата природа, непријателско кон човечките радости и среќа, штетно за општествениот живот.

Одат ли христијаните против природата? Не. Ние на човекот гледаме како на создание на Божјата премудрост и не го лишуваме од чистите радости и задоволства. Христијанските подвижници добро ја проучиле и ја познаваат човечката природа со сите нејзини наклоности и закони; тие врз основа на евангелското учење и на своето искуство укажуваат на патот за нејзиното усовршување. Во христијанскиот подвиг тие не одат против природата, туку против растројствата со грев во човековата природа, а посебно против извитоперената човечка волја, која за време на задоволувањето на потребите, не е способна да го задржи (човекот) во границите кои ги пропишува истата таа природа.

Еден од истакнатите руски подвижници вели: „Човекот, пред да згреши против законите пропишани од божественото откровение, згрешил против природата или против законот кој Создателот го положил во природата. Така, не сè што живее му е потребна храна за продолжување на животот, но само човекот е во состојба исхраната да ја претвори во насладување, кое оди до страст и да се здебели до нарушување на соспственото здравје. На сите живи суштества им е потребно пиење, но само човекот се насладува со оние облици и количини на пијалок кои го лишуваат од самосвест и самоконтрола. Сè што живее во природата има потреба за продолжување на видот, но само човекот го претвора тој инстинкт во извор на одвратни пороци, разврат и страшни болести. Сè што живее сака слободен живот и движење, но само човекот ја доведува својата слобода до самоволие и лудост, кои раѓаат толку многу престапи, што законодавците до ден денес не измислиле доволно мерки со кои ќе ги спречат и прекинат. Во момент на слобода и благосостојба, секое Божјо создание во природата се радува заради чувството на живот кое трепери во него, но единствено човекот се стреми целиот свој живот да го претвори во постојано празнување, се исцрпува во измислување на задоволства, губејќи ги во испразности и безделничење своите најдобри сили и способности.

Значи, за човекот да биде верен на природата, треба да биде подвижник (аскет). За ова биле свесни уште древните пагански (незнабожечки) философи. Може ли тогаш да не биде подвижник христијанинот, кој сака во својата растроена природа да го воплоти оној возвишен идеал на човечкиот живот, каков што му е изобразен во Евангелието?

Нашето христијанско знаење од нас бара подвиг. Во крајниот резултат, подвигот на христијанскиот добродетелен живот се концентрира на стекнување на сеопфатната добродетел на целомудреноста, во која учествуваат сите добродетели и чија круна се чистотата на срцето и љубовта.

Целомудреноста се достигнува со сестрано воздржување и трпение (посебно со трпение на неволји), со кроткост и негневливост, смиреност на срцето, со смирение и послушание, молитва со пост и други добродетели (Преп. Ефрем Сирин).

Превод:

Дипл. теолог Жаклина Трајчев

Page 54: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 54

Цртеж

: Ана

Марија Ангелова

БОЖИЌНА ПЕСНА

Едно утро застанав крај прозорецот јаси видов прекрасно божиќно утрокако се надѕира во овој часме облеа прекрасно чувствои си реков: Господ е со сите нас.

Дечиња весели и милиздружени со сите силипред вратите песни пеат- носат љубов и смеа.

Домаќинки вредни колачиња правати се трудат во кошничките многу нешта да стават:костени, ореви, јаболка и се по ред- тоа е нашиот благодет.

Под елката голема и светласе молиме со најблиските во еден глас:бериќет и к’смет во домот да царуваи со мир Господ да нѐ дарува.

Добри мисличувство на ближност и среќаи радост една вреќа,сите ние посакуваме да ги има до века.

Нина Миновска, VI-в,

ОУ Браќа Миладиновци, Пробиштип

БОЖИЌ

Божиќ е празникза сите насАјде да го празнуваме во овој час

Христос се роди!Навистина се роди!Велат: Ситесо тоа можатда ги поминатпрекрасно дните.

Сандра Ангеловска, Христина Трајковска

(VI одд., ОУ Кочо Рацин, Кратово)

ВОЛШЕБНА НОЌ

Зимска волшебна ноќ во Витлеемво пештера Синот Божји се родиХристос се роди.

Божиќ е, празник во сите срцаво сите градови и селаво сите топли домови.

Раѓањето на Синот Божји се славикако најголем христијански празник, апоздравот е: ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Анжелика Митева, V-б,

ОУ Браќа Миладиновци, Пробиштип

ВЕЛИГДЕН

Бог е нашето злато. Ние те сакаме сите и твојата мајка Богородица. Ти воскресна на небото, но ние нема да престанеме да те сакаме. Ти си цар на сите луѓе што те сакаат. А, тие што те измачуваат нека се покајат што ти го направија. Христос воскресна. Навистина воскресна.

Јоана Наскова

детски творби

Page 55: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 55

Вечерна и Духовна Академија во Радовиш на Патроноти Заштитникот на на Градот Св. мч. Спасо Радовишки

На 20. 08. 2011 година, четврта година по ред, на Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш - Св. мч. Спасо Радовишки, со изготвена посебна програма за одбележување, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. Троица во Радовиш, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од радовишкото архиерејско намесништво.

На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово.

Во 19:30 часот, во присуство на многуброен православен народ, се одржа духовна академија во Центарот за Култура во Радовиш. На духовната академија настап имаше Црковниот хор Свети Спасо Радовишки со пеење духовно црковни песни помеѓу кои имаше цркони рецитали од житието на Светиот маченик Спасо Радовишки. На духовната академија свое обраќање имаше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион кој се заблагодари на сите кои од пред четири години помогнаа и официјално да се прогласи и слави Светиот маченик Спасо Радовишки како Патрон и Заштитник на Градот Радовиш, како што прилега на Светителот кој е роден токму во Радовиш

По ова Митрополитот г. Иларион, Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, гостинот Градоначалник на Велика Плана Р. Србија г. Дејан Шукриќ, Пратеници во Собранието на РМ од Радовиш, Претседтелот на Советот и Советници во Општина Радовиш, како и сите присутни на Духовната Академија, со голема радост го посетија прекрасниот параклис, посветен на Светиот маченик Спасо Радовишки, изграден токму во Центарот на Радовиш на самиот Плоштад кој ќе остане траен белег на православието во Радовиш на кој е доизграден нов трем и изработен нов мозаик и фреска.

епархиски настаниуредува: протоѓакон Сашо Ристов

Page 56: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 56

Вечерна на Успение на Пресвета Богородица во ПробиштипНа 27. 08. 2011 година, вечерта на Празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото

Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и парохиските свештеници од Пробиштип, во храмот посветен на Успиението на Пресвета Богородица во Пробиштип, отсужи празнична вечерна богослужба и го благосови и пресече празничниот леб. На карајот од вечерната богосужба, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа и Им го честита храмовиот празник на Пробиштипјани.

Чествување на Светиот маченик Спасо Радовишки,Заштитник и Патрон на Радовиш

На 21. 08. 2011 година на празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија и одржа пригодна беседа. По ова Митрополитот г. Иларион ги благослови и освети иконите со ликот на Светиот маченик Спасо Радовишки и свештеноереите ги поделија на присутните верници. После светатат литургија, Митрополитот г. Иларион, зедно со Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, гостинот Градоначалник на Велика Плана Р. Србија г. Дејан Шукриќ, Пратеници во Собранието на РМ од Радовиш, Претседтелот на Советот на Општина Радовиш г. Сашко Николов, Советници во Општина Радовиш, свештенослужителите и многуројниот православен народ, со иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки, изврши литија од храмот Св. Троица до Градскиот Плоштад во Радовиш каде на новоизградениот трем при параклисот Св. мч. Спасо Радовишки, кој се наоѓа на Градскиот Плоштад, ја освети новонацратаната фреска со ликот на Пресвета Богородица и новоизработениот мозаик со ликот на Св. мч. Спасо Радовишки по што го благослови и пресече празничниот леб. По ова на самиот Плоштад, кој го носи името на Овој Светител, беше организирана културно – уметничка програма за присутните верници на која свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, гостинот Градоначалник на Велика Плана Р. Србија г. Дејан Шукриќ и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион посакувајќи им добредојде на православните гости од Велика Плана – Р. Србија и говорејќи за љубовта на Христа кон сите чеда.

Page 57: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 57

Молебен за почеток на нова учебна година во КочаниНа 31. 08. 2011 година, на поставена бина во дворното место при храмот Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани, Неговото

Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од храмот Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани, а во присуство на голем број ученици и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитров, изврши молебен за почеток на новата учебна година и одржа пригодна беседа.

На Успение на Пресвета Богородица во М.КаменицаНа 28. 08. 2011 година – Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото

Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица во М. Каменица, отсужи света архиерејска литургија. Пред Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го произведе во чин чтец теологот Даниел Стојчевски од М. Каменица. На крајот од светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа и им го честита храмовиот празник и денот на сите рудари во М. Каменица и Р. Македонија.

По ова Митрополитот г. Иларион присуствуваше на Свечената седница во Општинатаt на М. Каменица одржана во чест на тројниот празник т. е. храмовата слава, празникот на рударите и празникот на Градот при што свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина М. Каменица г. Дарко Митевски.

Page 58: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 58

Освет на сала и молебен за почеток на нова учебна година во М.КаменицаНа 05. 09. 2011 година во Општина М. Каменица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г.

Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското архиерејско намесништво, а во присуство на Градоначалникот на М. Каменица г. Дарко Митевски и голем број ученици со своите наставници, при Средното Училиште Гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“ во М. Каменица ја освети новоизградената училишна спортска сала, изврши молебен за почеток на новата учебна година, ги освети иконите со ликот на Пресвета Богородица со молитвата пред учење и одржа пригодна беседа.

На Св. Јоаким Осоговски во с. Јакимово – виничкоНа 29. 08. 2011 година, Неракотворниот лик на ГИХ и Св. Јоаким Осоговски, Неговото Високопреосвештенство

Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата посветена на Светиот Јоаким Осоговски во с. Јакимово – виничко, во сослужение на свештеници од кочанското и радовишкото архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија и одржа пригодна беседа. На крајот од светата литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го благослови и пресече празничниот леб и ја освети новоизградената фонтана во дворот на црквата.

Page 59: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 59

Раѓање на Пресвета Богородица (Мала Богородица) во штипско Ново Село На 21. 09. 2011 година на празникот Раѓање на Пресвета Богородица - Мала Богородица, во храмот посветен на

Нашата Мајка Пресвета Богородица во Штипско Ново Село, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, отсужи Света Архиерејска Литургија, на која се обрати кон верниот православен народ со пригодна беседа за животот и делото на Нашата Мајка Пресвета Богородица. На светата архиерејска литургија присуствуваа голем број православни верници од Штип и Штипско меѓу кои и Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов, Бригадниот Генерал д – р Димче Петревски, Советникот во Советот на Општина Штип г. Војо Маневски и Техничкиот Директор на ЈП Исар г. Игно Иванов. Непрестајно низ текот на целиот ден верниците доваѓаа да се поклонат и помолат на Мајката Божја Пресветата Владичица Наша Богородица.

Вечерна богослужба во с. Лески – виничкоНа 10. 09. 2011 година, Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, Неговото Високопресвештенство

Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи празнична вечерна богослужба во црквата посветна на Свети Јован Крстител во с. Лески – Виница, го благослови и пресече празничниот леб и одража пригодна беседа. На вечерната богослужба присуствуваше многуброен православен народ како и Градоначалникот на Општина Виница г. Емил Дончев.

Page 60: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 60

Традиционално „26-то Истибањско здраво-живо“ во ВиницаНа 21. 09. 2011 година Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваше на

Традиционалното „26 – то Истибањско здраво живо“ кое се одража во Спортската сала во Виница на кое учествуваа 390 деца од 19 земји во светот.

Литургија и ракополагање во ѓаконски чин во параклисот„Покров на Пресвета Богородица“ во женскиот манастир во Злетово

На 14. 10. 2011 година, Покров на Пресвета Богородица, св. Јован Кукузел, св. ап. Ананиј, во параклисот посветен на „Покров на Пресвета Богородица“, кој се наоѓа во комплексот на женскиот манастир „Свети Спиридон“ – метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион благоволи да принесе благодарна жртва, во сослужение на Игуменот на манастирот отец Дамаскин со братството и свештеници од кочанското архиерејско намесништво. Пред Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, го произведе во ипоѓакон чтецот Александар Алексов од Кочани, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин.На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

Page 61: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 61

Осветување и поставување на камен-темелник за нова манастирска цркваво с. Ораовица – радовишко

На 15. 10. 2011 година, Св. мч – ци Кипријан и Јустина, препод. Андреј Јуродив, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништо, изврши осветување и поставување на камен – темелник за изградба на нова манастирска црква посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – радовишко чиј што ктитор е г. Николајчо Николов, Ивршен Директор на Рудникот „Бучим“ во Радовиш.

Ракополагање во свештенички чин во КочаниНа 16. 10. 2011 година, 18-та Недела по Педесетница, Св. свешт – мч. Дионисиј Ареопагит, препод. Амон, Неговото

Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го ракоположи ѓаконот Александар Алексов од Кочани во свештенички чин и одржа содржајна беседа за возвишеноста на свештеничкиот чин.

Page 62: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 62

Архиерејска Литургија со венчавка во ШтипНа 22. 10. 2011 година, Св. ап. Јаков Алфеев, св. праведни Авраам и Лот, Неговото Блаженство Архиепископот

Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско – Канадски г. Методиј и Надлежниот Митрополит на Брегалничката Епархија Неговото Високопреосвештенство г. Иларион, во сослужение на протоереј - ставрофор Ацо Гиревски, Декан на Богословскиот Факултет во Скопје и свештеници од Штип, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија на која се соединија за света брачна заедница Божјите чеда Георгиј и Ана Глигорови од Штип.

Литургија и ракополагање во ѓаконски чин на Петковден во црквата „Св. Петка“ во Штип

На 27. 10. 2011 година, Преподобна Параскева – Петковден, прва храмова слава од осветувањето на параклисот – крстилна во населбата Сењак 2 во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, свештеници од Штип и протоѓаконот Ратомир Грозданоски, професор на Богословскиот Факултет во Скопје, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец и ипоѓакон богословот Јохан Митев од Чешиново – кочанско, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин. На крајот од Светата Литургија пригодна беседа произнесе Митрополитот Повардарски г. Агатангел, по што Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му се заблагодари на Митрополитот Повардарски г. Агатангел за отслужената Света Литургија на оваа прва храмова слава на параклисот - крстилната која отпочна со изградба во времето кога надлежен Митрополит беше Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел. После беседите Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благословија и пресекоа празничниот леб.

Page 63: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 63

Преосветување на Цркваи производство во протоѓакон во Свети Николе

На 01. 11. 2011 година, Св. Прохор Пчињски, прен. мошти на св. Јован Рилски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Свети Николе, го изврши чинот преосветување на возобновената стара црква во Свети Николе, која досега го носеше името на Св. Николај, а над неа е изградена нова црква посветена на истиот светител и со овој свечен и молебен чин изјави дека во иднина возобновената стара црква ќе го носи името на Светиот отец Прохор Пчињски и отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го произведе во протоѓакон ѓаконот Тони Петрушевски од Свети Николе. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларон одржа содржајна пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. По ова беше организирана заедничка трпеза на љубовта од овогодишниот кум сопственикот на ресторанот „Мечкуевска Куќа“ во Свети Николе.

Литургија, производство во протоереји камен-темелник за изградба на нова црква во Виница

На 31. 10. 2011 година, Св. апостол и евангелист Лука, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларон, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Виница, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион, на малиот вход, го произведе во протоереј ерејот Никола Цикарски од Виница. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. Истот ден во 13 часот Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештениците, а во присуство на многуброен народ, освети и постави камен – темелник за изградба на нова црква посветена на „Св. апостол и евангелист Лука“ во Виница. После осветувањето и поставувањето на камен – темелникот, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, ја посетија црквата (која наредниот месец треба да се освети) посветена на „Св. пр. Илија“ во нас. Градец – виничко.

Page 64: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 64

Именден на Владиката ИларионНа 03. 11. 2011 година, Св. Иларион еп. Мегленски, препод. Иларион Велики, Именден и педгодишнината од

Интронизацијата на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници на МПЦ – ОА, отслужи Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. Пред Светата Литургија, секретарот на Брегалничката епархија протоѓаконот Димко Миланов честитајќи Му го именденот и педгодишниот јубилеј на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, од името на монаштвото, свештенството и вработените во администрацијата на Брегалничката епархија, во знак на грижата кон своите чеда Му подари архиерејски одежди и архиерејска митра. На крајот од Светата Литургија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Митрополитите го благослови и пресече празничниот леб по што и одража пригоден говор честитајќи Му го именденот и педгодишниот јубилеј на Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Митрополитот Повардарски г. Агатангел по повод именденот и педгодишниот јубилеј од името на клирот и православниот народ во Повардарската епархија на Митрополитот г. Иларион Му подари мало архиерејско облекување. На крајот Надлежниот Митрополит г. Иларион од Свое лично име Му се заблагодари на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитите, монаштвато, свештенството и православниот верен народ за подршката и честа кон Него како Митрополит на древната Брегалничка епархија.

Монашење во манастирот „Св. Спиридон“, метох на Лесновската обителНа 02. 11. 2011 година, Св. Иларион еп. Мегленски, препод. Иларион Велики, Неговото Високопреосвештенство

Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на вечерната богослужба во женскиот манастир „Св. Спиридон“, метох на Лесновската Обител, расофорната сестра Серафима, која во 2007 година е потстрижана за расофорна а денес Надлежниот Митрополит г. Иларион ја потстрижа и замонаши во мала схима и и посака голем подвиг да ги пази Каноните на Светата Православна Црква според учењето на Светите Отци, и предавајќи му ја на духониот старец Му рече на Игуменот на Лесновската Обител отец Дамаскин пази и чувај ја водејќи ја по трнливиот монашки пат кон вечноста и поучувајќи ја во маншкиот живот за се она што препорачуваат Светите Отци.

Page 65: Троичник бр.32

• • • TROI^NIK • • • 65

На Патронот на МПЦ-ОА Св. Климент Охридски во ШтипНа 08. 12. 2011 година, кога Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија го празнува својот Патрон

и Заштитник Светиот Климент Охридски Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, каде и беше донесена честичка од моштиите на Свети Климент Охридски, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион го произведе во чтец богословот Мишо Ристов од Штип. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион отслужи акатис на Св. Климент Охридски Чудотворец, го благослови и пресече празничниот леб и одржа пригодно слово за животот и делото на Нашиот Патрон и Заштитник Свети Климент Охридски Чудотворец. Кум на овогодишната Свети Климентова прослава беше Потпреседателот на ЕУО на Брегалничката епархија г. Душко Зенделов со семејството од Штип.

Осветена црква во с. Градец – виничкоНа 19. 11. 2011 година, Св. Павле патријарх Цариградски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот

Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од Брегалничката епархија, ја освети новоизградената црква посветена на „Св. пр. Илија“ во с. Градец – Виница и отслужи Света Архиерјска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа во која ја искажа Својата радост за изградбата на овој прекрасен Божји дом и на сите што помогнаа во изградбата на овој свет храм им додели Благодарници од името на МПЦ - ОА – Брегалничка епархија. На чинот на осветувањето присуствуваше многуброен православен народ како и преставници од Општинита Виница и личности од jавниот и приватниот сектор.

Page 66: Троичник бр.32
Page 67: Троичник бр.32