7
Обртни средства - прашања предавања 1. Што се обртни средства и кои се нивните основни карактеристики? Претпријатието, за непречено функционирање и обезбедување на производниот процес, покрај постојани користи и обртни средства. За разлика од постојаните средства, кои се трошат постепено во повеќе производни циклуси и пренесуваат само дел од својата вредност на новосоздадените производи, притоа задржувајќи го својот облик, обртните средства се трошат целосно во еден циклус на репродукцијата и количински и вредносно се трансформираат во нов производ. Така на пр. машините, транспортните средства, зградите и другите постојани средства со материјален вид ќе се употребуваат подолго, во повеќе репродукциони циклуси. За разлика од овие средства, брашното што се користи како основна суровина за производство во пекарската индустрија, по завршувањето на неговата обработка во процесот на производство ги менува својот облик и својства, така што се добива сосема нов производ, т.е. леб. Oсновните карактеристики на обртните средства. Тие главно се сведуваат на следново: Основна карактеристика на обртните средства, кои се јавуваат како предмети на трудот, е што тие влегуваат целосно, со сета своја супстанца, во новиот производ и Битна карактеристика на обртните средства е нивното постојано кружно движење, нивниот обрт во процесот на репродукција и преминување од еден облик во друг. Додека постојаните средства ја трансформираат својата вредност и се амортизираат во подолг временски период, во повеќе следователни години, обртните средства, најчесто прават обрт по неколку пати во текот на една година. Поради тие причини, коефициентот на обрт на средствата е основа за диференцирање на постојаните и обртните средства. Треба да се истакне дека во групата на обртните средства, главно влегуваат предметите на трудот, но има исклучоци. Имено, материјалните средства кои имаат век на употреба подолг од една година, а со тоа и коефициент на обрт е помал од 1, се сметаат за постојани средства. Меѓутоа, основните средства се поширока категорија од предметите на трудот. Во групата на обртни средства, покрај предметите на трудот, влегуваат паричните средства, одредени побарувања и готовите производи, но исто така, за обртни средства се сметаат и некои средства на трудот што имаат релативно мала вредност и век на употреба помал од една година (ситен инвентар). 2. Според кои критериуми се врши поделбата на основните средства? Постојат различни критериуми за класификација на обртните средства, меѓутоа во теоријата и парктиката најчеста е поделбата според следните критериуми: Појавните облици на обртните средства Економската содржина на обртните средства Ангажирањето на обртните средства во процесот на репродукција Изворите на обртните средства и Актуелната официјална шема во билансот на состојба. 1

обртни средства

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: обртни средства

Обртни средства - прашања предавања

1. Што се обртни средства и кои се нивните основни карактеристики?

Претпријатието, за непречено функционирање и обезбедување на производниот процес, покрај постојани користи и обртни средства. За разлика од постојаните средства, кои се трошат постепено во повеќе производни циклуси и пренесуваат само дел од својата вредност на новосоздадените производи, притоа задржувајќи го својот облик, обртните средства се трошат целосно во еден циклус на репродукцијата и количински и вредносно се трансформираат во нов производ.Така на пр. машините, транспортните средства, зградите и другите постојани средства со материјален вид ќе се употребуваат подолго, во повеќе репродукциони циклуси. За разлика од овие средства, брашното што се користи како основна суровина за производство во пекарската индустрија, по завршувањето на неговата обработка во процесот на производство ги менува својот облик и својства, така што се добива сосема нов производ, т.е. леб. Oсновните карактеристики на обртните средства. Тие главно се сведуваат на следново:

Основна карактеристика на обртните средства, кои се јавуваат како предмети на трудот, е што тие влегуваат целосно, со сета своја супстанца, во новиот производ и

Битна карактеристика на обртните средства е нивното постојано кружно движење, нивниот обрт во процесот на репродукција и преминување од еден облик во друг.

Додека постојаните средства ја трансформираат својата вредност и се амортизираат во подолг временски период, во повеќе следователни години, обртните средства, најчесто прават обрт по неколку пати во текот на една година. Поради тие причини, коефициентот на обрт на средствата е основа за диференцирање на постојаните и обртните средства.Треба да се истакне дека во групата на обртните средства, главно влегуваат предметите на трудот, но има исклучоци. Имено, материјалните средства кои имаат век на употреба подолг од една година, а со тоа и коефициент на обрт е помал од 1, се сметаат за постојани средства. Меѓутоа, основните средства се поширока категорија од предметите на трудот. Во групата на обртни средства, покрај предметите на трудот, влегуваат паричните средства, одредени побарувања и готовите производи, но исто така, за обртни средства се сметаат и некои средства на трудот што имаат релативно мала вредност и век на употреба помал од една година (ситен инвентар).

2. Според кои критериуми се врши поделбата на основните средства?

Постојат различни критериуми за класификација на обртните средства, меѓутоа во теоријата и парктиката најчеста е поделбата според следните критериуми:

Појавните облици на обртните средства Економската содржина на обртните средства Ангажирањето на обртните средства во процесот на репродукција Изворите на обртните средства и Актуелната официјална шема во билансот на состојба.

3. Какви видови обртни средства разликуваш според појавните облици на обртните средства?

Предмети: суровини и материјали, недовршеното производство и полупроизводите, залихите на готови производи, средствата за работа со пократок рок на употреба и со релативно помала вредност (ситен алат, ситен инвентар, и амбалажа) и резервни делови.Права: краткорочни побарувања (аванси или плаќања извршени однапред), депозити дадени на чување во банка или депонирани кај друг субјект за одредени цели и под одредени услови, кауциите дадени во пари или како хартии од вредност-како гаранција дека дадената обврска ќе биде исполнета, побарувањата од купувачите од земјата и странство за продадени, а неисплатени производи, побарувања од заедничкото работење со други претпријатија и други краткорочни побарувања, како што се побарувањата од државни институции и органи (на пр. поврат на ДДВ и сл.) и разни други побарувања.

1

Page 2: обртни средства

Обртни средства - прашања предавања

Парични средства: парични средства на жиро-сметка и на тековна сметка, парични средства во касата, парични средства на девизните сметки и други парични средства, хартии од вредност во кои спаѓаат чековите, мениците и други хартии од вредност и карткорочните финансиски вложувања, односно вложувањата во други претпријатија, во банка, дадени кредити во земјата и странство и други краткорочни финансиски вложувања.

4. Какви видови обртни средства разликуваш според економската содржина на обртните средства?

Обртни средства во стоковен облик: залихи на материјали и полупроизводи и готови производи. Обртни средства во паричен облик: сите парични средства и побарувања во паричен облик. Обртни средства во пресметка: побарувањата од купувачите и други средства во пресметка (пр. активни временски разграничувања и сл.)

5. Какви видови обртни средства разликуваш според ангажирањето на обртните средства во процесот на репродукција?

Обртни средства според ангажирањето во процесот на репродукција се делат на: Обртни средства во сферата на производството: основен материјал, помошен материјал, гориво,

мазиво, ситен инвентар, полупроизводи, недовршено производство и сл. Обртни средства во сферата на прометот: готови производи, парични средства, побарувања од

купувачи и сл.

6. Какви видови обртни средства разликуваш според изворите на обртните средства?

Според изворите од кои потекнуваат обртните средства се делат на: Сопствени обртни средства и Туѓи обртни средства.

7. Какви видови обртни средства разликуваш според актуелната официјална шема во билансот на состојба?

Залихите: залихи на материјали, резервни делови, ситен инвентар, залихи на производство (производство во тек), готови производи и стоки. Краткорочни побарувања од работењето: побарувањата на претпријатијата кои произлегуваат од дадени аванси, депозити и кауции, како и побарувања по основ на продадени производи на купувачите во земјата и странство и други побарувања од работењето. Краткорочни финансиски вложувања: вложувања во поврзани претпријатија, вложувања во банки, вложени средства во други претпријатија, позајмени средства во вид на кредити во земјата и странство и други краткорочни вложувања. Хартии од вредност и парични средства: хартии од вредност (меница, чек) и парични средства во каса и на разни сметки на претпријатието.

8. Што е кружно движење на обртните средства и која е разликата на кружното движење на обртните средства кај производните и услужните претпријатија?

Обртните средства во процесот на репродукција во претпријатието се во постојано движење и обрт. Тоа е нивно основно обележје. Процесот на обрт на обртните средства се одвива по прецизно определен редослед, минувајќи низ сите фази во процесот на репродукција: фазата на набавка, фазата на производство и фазата на продажба. Движењето на обртните средства по одделните фази во процесот на репродукција предизвикува одредена условеност и поврзаност на тие фази.

2

Page 3: обртни средства

Обртни средства - прашања предавања

Kружното движење на обртните средства кај производните деловни субјекти се одвива по следниот редослед: П – С – ПП – ГП - П1Односно, кружното движење започнува со парите (П) со кои се купуваат суровини (С). Тие влегуваат во процесот на производството (ПП), по што се добива готов производ (ГП) кој со продажбата се претвора повторно во пари (П1), кои по правило се со поголем, зголемен износ во однос на тие што се употребени на почетокот на циклусот на репродукција. Јасно е дека обртните средства го менуваат својот облик – од паричен во материјален, па од материјален повторно во паричен итн. Кај услужните деловни субјекти, кружното движење на обртните средства се одвива на ист начин, со таа разлика што изостанува процесот на производство, а за сметка на готовите производи се јавува давањето на услугата. Или посликовито прикажано:П – С – У – П1

9. Како се изразува брзината на обрт кај обртните средства?

Брзината на обртот на обртните средства се изразува преку: утврдување на коефициентот на обрт и преку утврдување на траењето на обртот.

10. Од какви фактори зависи големината на обртните средства?

Големината на обртните средства е условена од објективни и субјективни фактори.

11. Кои се субјективни, а кои објективни фактори од кои зависи големината на обртните средства?

Во групата на објективни фактори се вбројуваат: Обемот, асортиманот и квалитетот на производството Карактеристиките на технолошкиот процес и Однесувањето на деловните партнери.

Субјективните фактори кои делуваат врз определувањето на големината на обртните средства се: Организација на набавката Организација на продажбата и

Побрза наплата на побарувањата

12. Што е оптимална големина на обртните средства?

Под оптимална големина и структура на обртните средства се подразбира таква состојба на големината и структурата на обртните средства во одделните облици на нивното кружно движење, која најмногу одговара на потребите на претпријатието.

13. Што е оптималност на обртните средства?

Оптималноста на обртните средства (ОБоп) може да се пресмета со утврдување на односот меѓу расположивите обртни средства (ОБр) и потребните обртни средства (ОБп), или со формулата

14. Како се утврдува големината на потребните обртни средства?

Во теоријата и практиката се користат повеќе методи за утврдување на големината на потребните обртни средства, но најголема употреба има методата врз основа на денови на врзување на обртните средства во одделни фази и елементи во кои се јавуваат обртните средства.

3

Page 4: обртни средства

Обртни средства - прашања предавања

15. Во кои услови ангажирањето на обртните средства се намалува?

Ангажирањето на обртните средства ќе се намали со: Скратување на времето на кружење на обртните средства во фазата на набавка. Скратување на циклусот на производство Скратување на времето на кружење на обртните средства во фазата на продажба и наплата.

Обезбедување на оптимална количина на залихи на готови производи

16. Што е трошење на обртните средства и како се намалува?

Употребата и трошењето на предметите на трудот со цел изработка на нови производи има карактер на производна потрошувачка и создавање нови употребни вредности. Трошењето на обртните средства се намалува со штедење, т.е со намалување на трошењето на репродукциониот материјал во процесот на репродукцијата. Притоа, треба да се внимава на видовите материјали кои се користат во однос на нивната цена, а особено при одредувањето на нормативите на материјалот. Во текот на технолошкиот процес поголемо трошење се избегнува со намалување на отпадоци, со штедење и со отстранување на дефектите.

17. Како се утврдуваат нормативите на материјалите и какви нормативи познаваш?

Норматив е однапред и на одреден начин утврдена количина на суровина, материјал, енергија и др, која е потребна да се оствари одреден учинок. Нормативите се утврдуваат на два начини:

по искуствен метод по технички метод.

Искуствениот норматив може да се одреди со мерење на димензиите или тежината на веќе направениот производ и количината на преостанатиот отпад, како и со утврдување на количината на потрошениот помошен материјал кој не влегол во новиот производ. Овој норматив се одредува и врз основа на вкупно направените производи и потрошениот материјал. Искуствениот норматив се определува и со пробна изработка на готов производ. Техничкиот норматив се спроведува уште од самата замисла на производот, водејќи сметка за најсоодветните видови потребни материјали и за нивна заштеда. Се изработува пробен примерок, но според извршените пресметки и скици, со точно мерење на материјалите потребни за негова изработка, и на помошниот материјал.

18. Какви загуби постојат кај обртните средства?

Во зависност од причините, загубите можат да бидат: природни и манипулативни.

Природните загуби настануваат под влијание на природните процеси во суровините, материјалите, трговската стока и другите предмети на трудот што содржат помала или поголема количина на влага. Такви загуби се:

Калото претставува загуба во тежината што настанува со сушење на овошјето, зеленчукот итн, како и со испарување на течностите.

Расипувањето е таква природна загуба со која делумно или целосно се уништува квалитетот на предметот за работа.

Манипулативните загуби се резултат на физичкото манипулирање со предметите на трудот (превоз, истовар, спуштање). Манипулативните загуби зависат од (не)вниманието при нивната изработка и од (несоодветните) средства за нивна изработка. Во манипулативни загуби спаѓаат: отпадоци, споредни производи, шкарт, крш, растур, и загубите на енергија.

4

Page 5: обртни средства

Обртни средства - прашања предавања

19. Што се извори на средства и какви видови извори на средства разликуваш?

Под поимот извор на средства се подразбира правно или физичко лице од кое претпријатието ги добива средствата,но како извор на средства се јавува и самото претпријатие. Во претпријатието постојат разни извори на средства и класификацијата на обртните средства се врши според различни критерииуми, така што ги разликуваме следниве групи на обртни средства:

Извори според нивната намена Извори според можностите за располагање со капиталот и Извори според нивното потекло.

20. Што е структура на изворите на средства?

Структурата на изворите на средства ни го покажува учеството на одделните извори во вкупните извори со кои располага претпријатието. Структурата на изворите на средствата битно влијае врз самостојноста на претпријатието, врз сатбилноста на финансирањето и врз приносите од капиталот. Кај економиката на претпријатијата, структурата на изворите на срдства, првенствено се разгледува од аспект на соодносот меѓу сопствените извори кои може неограничено да се користат и за кои не постои обврска за враќање и туѓите извори на средства за кои постои обврска за враќање.Во основа, доминантното учество на сопствените извори на средства во структурата, е поприфатливо.

21. Кои се предностите од користење на сопствени извори на средства?

Предностите на употребата на средства од сопствени извори е таа што претпријатието не е временски ограничено со располагањето на капиталот. За разлика од тоа, искористувањето на средства од извори што дреба да се вратат, временски е ограничено и го опфаќа времето до доспевање на обврските.

22. Кои се предностите од користење на туѓи извори на средства?

Позајмените средства го оптоваруваат претпријатието со камати и други трошоци кои директно влијаат врз работењето на претпријатијата. Секоја финансиска структура, во која преовладуваат туѓите средства ја зголемува зависноста на претпријатието. Меѓутоа, тие можат да имаат и позитивно влијание врз економијата на претпријатието во услови кога тоа не располага со доволно сопствен траен капитал, а постојат услови за зголемување на активностите. Исто така, треба да се укаже на евентуална полза од ангажирање на капитал со обврска за враќање, која се манифестира преку таканаречениот leverage effect и тоа од аспект на рентабилноста на претпријатието. Станува збор за економска оправданост на ангажирање на капитал со обврска за враќање, во услови кога трошоците за ангажирање на тој капитал се помали од ползата (приносите) од тој капитал што се остварува во работењето. Во такви случаи, под влијание на ангажираниот туѓ капитал се подобрува рентабилноста на целото претпријатие.

23. Со помош на кои индикатори се согледува структурата на изворите на основните средства?

Најчесто се користат индикаторите за: Финансиската независност (претставува однос меѓу трајниот капитал и вкупните извори на

средства) Финансиската задолженост ( се изразува како однос меѓу изворите со обврска за враќање и

вкупните извори на средствата) и Нето обртниот фонд (се добива кога од трајниот капитал се одземат постојаните средства).

5