73
ИЛИНА Ј. СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Составена од песни и кратки раскази, оваа збирка балансира меѓу мисловното, ироничното и хумористичното. До сега објавувани во периодичните списанија и на блог, овие писанија од читателите се оценети како „шармантни“ и напишани со „свежа перцепција“.Често повикувајќи се на нејзините херои, од Том Вејтс, Ник Кејв, до Шимборска и вработените во омилената кафана, авторката преку оваа книга всушност ја пишува нејзината интимна автобиографија.

Citation preview

Page 1: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ИЛИНА Ј.

СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

Page 2: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ТАА

Умна, таа мислата остра к`о тупаница пркосно ја стега А кршлива, ровка со едното око сега во себе, со другото кон надвор гледа

Тивка к`о снегулка,

чека ли,чека.

Page 3: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

KOПНЕНА ПЕСНА

Пула, јули `97

Камчиња к`о овесни снегулки (со рибино масло испрскани) Црвеноперки од солени стапчиња презаситени (со помада од алги негувани) Острови - плочки за табла вртење (пловечки монети од времето кога боговите „писмо-глава“ си играле)

И - моето бротче од стиропор со меурчиња наместо пукнатини со од патишта и патила невидлива патина Весело морско коњче, од игра помалку уморно во правците на светот неопитно од светот тркалезен и чудесен восхитено

К`о икра за плодење тоа за копно копнее.

Не само вода и воздух и оган, но и парче земја.

I - Land. I(s)land.

Page 4: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ЈАЗ(И)К

„Јазикот е вирус од вселената“ Вилијам С. Бароуз

Ѓаволче црвено во јама црна, тврдоглав мекотелец и делфин во чаша дождовница. За игра љубовна потентна алатка (клуч француски, а може и секира); Во сос похуван, рапаво сетило за зборообразување и други орални задоволства - логореа како нимфоманија, вербален деликт како крвна одмазда. Виртуоз на дијалогот: залажува и залижува зборува и о-зборува во уво се вовлекува дршка од цреша во јазол врзува; Коски нема, а коски крши. Лизни-мазни е, за вкусови не расправа. Политички коректен, мајчин и странски во оригинал и превод како текст и подтекст, меѓу редовите клокоти, а редовите празни. Нем говор на просторот немушт на телото јазик, и Цитат: „Имате право да молчите“, а богами и обврска, кога наместо да зборувате - дрдорите. На почетокот беше Зборот, а зборот пустиот секогаш на врв јазик.

Јаз`к да му е - За она што тој не може да го каже ќе мора и натаму да се трае.

Page 5: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

„ТИ“

„Јас“ е се уште сосема само-доволна заменка, дрско распослана по целата ширина и должина моќно исперчена, пркосна

Па, сепак...

„Другиот“,

Ти!

Какво изненадување.

Каква можност.

Page 6: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

КОВЧЕЖЕ

Закатанчено и заковано во морски јазли јазлосано со појас на невиност опашано ниту да мрдне, ниту да писне.

Тоа ковчеже, тоа што го сохрануваш, чуваш, Ти ли си? Твое ли е?

Па чук, чук ѕе и гу, гу Од мене не се плаши, отвори...

Page 7: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ИЗВЕСЕН ПОГЛЕД

Веќе ништо не е како порано.

Вратите низ кои минавме со тресок се затворија.

Убавината не замори 'знаењето' ни преседна.

И нашиот свет (најдобриот од сите можни?) стана притока на Стварноста.

Од далечина сега набљудуваме, одблизу се чудиме -

Колку е тивка оваа долина, Колку свечена оваа височина!

На она што од нас стана спокојно му се поддаваме,

Се' гледаме, Се гледаме

Се препознаваме.

Page 8: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ВЕРУВАМ, НЕ

Верувам, да но моето кредо е она на скептик:

И без, и со наша верба и со, и без наша помош некои нешта се, и ќе се.

На крајот веруваме во она во што мораме (сврделот на фактите полека не’ дупчи) или во она во што сакаме да сме убедени, во она што ни треба.

„Верувам во...“, и очите замаглено во далечина се ѕурат давајќи посебен тон на инстант ставот, кој како таков и не мора да се аргументира.

Повеќе ја сакам иронијата на сомнежот друшка -

на распетието меѓу „верувам“ и „знам“ меѓу „сакам“ и „можам“ гради в гради со себе неверникот гинам, и првото чкорче на кладата го фрлам.

Без многу верба.

Но и без голем избор.

Page 9: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

WHAT'S THE POINT?

Геометриски објект, пресек на две прави, без димензија. Апстракција? Една пулсирачка бемка во соѕвездието на твојот грб-екран со висока резолуција. Секогаш онаа под прашалникот, де на мрзнење, де на вриење, од која нема враќање, А pointless point -

Јас сум само точка која го впива околниот простор.

И црната јама велат е точка голем вселенски хематом потемнет од маката во себе се` да собира...

Ќе си стојам на ова место неподвижна, загледана во една точка, до оној момент кога ќе речам

Толку

И точка.

Page 10: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ЗА СМРТТА СО ПОЧИТ (И БЕЗ ПРЕТЕРУВАЊА)

на дедо ми, каде и да е

Беспомошен те гледам беспомошна.

Ти клокоти тој внатрешен вртлог. Се` уште далеку од мирна, душата патот си го пробива.

Не метафизичка, а стварна е таа река што си почнал да ја минуваш.

Беспоговорно јасна, бело-жолта и затегната, страшна и кога е очекувана, свечена (од сите метафори и еуфемизми ослободена) Смртта...

Утеха? Умираш - значи си постоел, исто како и еден цел свет кој со тебе го снемува.

За рака те држам додека тивко се оддалечуваш. Ми мавташ (на помош или за разделба?) додека Таа по име те повикува, по рамо нежно те потчукнува

Велиш: „Не се плаши - не се плашам,

Таа само еднаш вака доаѓа...“

2 август 2000

Page 11: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

A LIFE LESS ORDINARY

To K. and F.

The plan is simple:

There should be a small house on the edge of a dark pine wood, with a huge meadow in front of it, where grass could grow untamed.

In it- a marching colony of ants and miniature flowers showered by the morning rain, glittering like precious stones.

There should be this couple: a women who would cook while the man would cut the weeds, and they would both smile when their eyes would meet knowing even without knowing that they have it all.

There should be friends, far away, but close who would share and understand the doubt, the grief and the joy.

There should be children, (at least two) who would eat the berries and pick up the mushrooms,

who would make the world appear as both innocent and old.

The plan is simple: there could be, there should be,

an ordinary life.

Something least pretentious, like a wedding without the cake, a funeral without the speech,

like swimming in the lake with your clothes off.

No debts, no promises, only small expectations, small wishes coming in small packages - "give us our daily bread",

Page 12: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

strength to change what can be changed, courage to cope with what can be not, and the wisdom to make a difference between these two.

The plan was simple: There could have been, and maybe there is still a chance that it will finally be an ordinary life - this life less ordinary that we call our own.

Trynkus, PolandAugust 2001

Page 13: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ПРВИОТ ДЕН на другарка ми

На бела основа од подвижни облачиња: перде со тантела и масичка со жолти шољички за чај.

Како миризливо масло испарува првиот ден од остатокот на нашите животи.

Загледани една во друга како во себе ние-сонце и месечина, две свилени бубалки, меѓу две голтки траеме и го чекаме -

Денот кога на бела основа од подвижни облачиња под перде со тантела и на масичка со жолти шољички за чај како миризливо масло ќе испарува тој ден, првиот ден од Почетокот на нашите животи.

Page 14: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ЅВЕЗДА

Се лизгаш низ сопствените раце, како јагула немирен, и за себе недофатлив

И светот со тебе се лизга ко дете на тобоган, Привремено весело, сепак...повторливо, толку извесно просто неинтересно -

се знае дека на крајот ќе падне она што паѓа од високо.

Природен закон, животен факт, неправда? Што и да е, боли вон критериумите и над очекувањата.

Како да те утешам, со што да те згреам, да те смирам, а да не те запрам?

Зошто и кога паѓаш си убав:

од далеку си точка, одблиску - Ѕвезда.

Page 15: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

THE WORD

A word, so scented - like a drop of sweat between the breasts, a gold fish pond of fluid grains.

A word, so quiet - like a gentle sound of sinking ships, a distant waving of someone dear.

A word, so soft - like a lamb's breath, a mattress of clouds, a kiss on a baby's cheek.

A word so great - like a temple, like a whale.

An untranslatable word.

I take it, and point it as an arrow to show you the way, to the Light which replaces everything that is written, heard, voiced

or said.

Page 16: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

Во подрумот, на скришно место, за не дај боже и за зимница во тегла си чувам - конзервирани сонценца:

Првото за украс - на знамиња и слики, вез и масло на платно, прекршено во бранови и над сончогледови полиња.

Второто за лек - за месечари и вампири, против бледило и лудило, за уплав од темница и за од несоница.

Третото за ќефови - мачки во осој, залез во доцна лето, лубеници на кришки, виножита и вилини коњчиња.

Четвртото за едно слепо дете, зракот на ѕидот што го допира.

Петото за љубовниците - наместо календар, за мурги и самраци само за мезе, во фон без сметка и без потреба.

Шестото е за приказни - за змејови и принцези, богови и херои; за фотографии на туристи покрај гробот на некој фараон.

По едно сонце за: поетите и естетите астрономите и астролозите, земјоделците и метеролозите, патриотите и пилотите,

неколку со расипани заби, со чачкалица, четкичка и паста, за стоматолозите.

Page 17: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

Сонценца за инает на глечерите и сладоледите, мрачните луѓе, Ескимите, месечината и фрижидерите.

Сонценца како кандилца, како златни парички.

Едно за мене - патот да ми го осветлува Едно за тебе,

Сонце мое,

кога ќе ме нема,

да те прегрнува.

Page 18: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

PREDUPREDUVAWA

Izbegnata tupanica, proma{eno skalilo, vozewe vo pogre{na lenta;

Penicilinski {ok, visokonaponski kabel, neprecizen kujnski no`;

solna a ne alkoholna, vrela a ne mlaka.

Zarazna.

Ne bulo bukovka, bri~ot bil zar'|an, ogradata rasklatena, drugiot pijan.

Ne znaev, ne vidov, porani, zadocniv, nema{e znak, zaboraviv, zgre{iv.

Predupreduvawa: sekoj zdiv e podarok sekoj mig - }ar.

Ovoj pat pre`iveavme, no Taa ne' demne.

Page 19: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

LINIJA

"Prva bila linijata okolu ~ovekovata senka" Leonardo Da Vin~i, Traktat za slikarstvoto

Najprvin te vidov kako senka.

Ednodimenzionalen, temen ne ~ovek, a forma bedna povr{ina.

I mnogu drugi takvi ima{e - crni fleki na bela pozadina.

Potoa sonceto zajde - vo mrakot za da te vidam morav da te dopram.

Senkata stana telo:

Reljefni dlanki zategnati tetivi mre`a od igrivi veni.

Edno vdlabnato zasolni{te, me|u klu~nite koski, ko`a {to nabrsnuva vo studena voda i obrazi {to se zategnuvaat koga se smee{.

Prva be{e linijata okolu tvojata senka.

Tretata mi minuva sred srce.

Page 20: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

IVAN

Vo ra~eto zdivot mi go ~uva{.Denot mi go vgraduva{ vo sebe.

]u}a poviena so nasmevkii dvor so tragi od bebe{ki stapki.

^ista qubov,so mnogu strav od nea.

Bi te v{mukala i goltnalabi te izela,bi te baknuvala do besvest.

Neotporen li }e stane{ potoana svetskite tagi?

Spij mi male~ok, nani.

Tvojot пркос}e te napravi da raste{.

Page 21: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ШИМБОРСКА

Ја следамвознемирената прецизност на твоите потези.

Не оргазмичка пофалба на заклучоците,туку мека еротичност на прашањата.:Значењето смисла има ли?А смислата значење?

Меѓу тебе и светот - дупчедоволно низ него да се дувне,со јазик да се пробие.

Не е тоа раката со која се (пот)пишуваш,срцето трепери.

Ја гледамтаа твоја питома и смасна љубов,

како моја да е.

Page 22: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ТОГАШ

Просторот што сегаго завзема моето телополесно ќе дише.

Моите предмети некое времеќе лежат спокојни,додека некој не соборе храбростда ги раздаде, или да ги исфрли.

Садовите подолго ќе бидат немиени,мачката прегладнета,домашните небањати.

Еден муштерија помалкуво локалните книжарници.

Нема веќе да има потреба од:разумни одлуки,исплатливи инвестиции,детални објаснувања,големи планови

ни од автомобил,оти нема да има кај да се оди,ни од часовникзатоа што времето ќе престане.

Нема да има потреба од ништо,бидејќи смртта заменува се’.

Па сепак, ако умрам,тогаш како ќе те сакам?

Page 23: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

PРОЗНИ ПОУКИ,POZDRAVI I ^ESTITKI

(ПППЧ)

Page 24: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ЗАМЕНЕТИ УЛОГИ

Еден ден во годината улогите се менуваа. Заради забава, но и заради поука. За да се види како изгледа светот во очите на другиот. За да се развие емпатија и солидарност. И за нешто да се научи.

Гробарот ја поттикнуваше родилката да бутка - „Ајде мајко, уште малку, главчето само што не излегло!“, со насмевка, иако благо стискајќи ја устата кога ќе се сетеше на дупката во која тоа сега мало и нејако тело некогаш ќе заврши, во рацете пречека здраво, машко дете, 51 сантим во должина и речиси 5 килограми тежина. Само на тој ден беше сведок на раѓањето, на радоста на почетокот. Иако јачењето и длабоките воздишки на мајката го потсетуваа на истите звуци кои луѓето ги испуштаа на погребите, особено тогаш кога од раѓањето до смртта патот на погребаниот и не бил толку долг за во тоа да се пронајде барем минимална утеха. ’Го проживеал своето’, ќе речеа за некој старец. А како би било да велат ’го изумре своето’, за некој кој се раѓа, и тој понатаму да биде ослободен од таа прилично здодевна и мрачна обврска, си мислеше гробарот. Но тогаш тој, гробарот, ќе мораше да се пријави како технолошки вишок, и да си ја погребе сопствената идина. Или да отвори приватни гробишта за миленици, со капела во кои би се пуштале пригодни песни за една таква, тажна пригода, на пример песнички во кои се велича верноста на песот и милозвучниот глас на папагалчето, и би се раздавале коски и мешани зрна со сипа за душа. Ќе мора да се смислат и пооригинални комбинации, си мислеше, затоа што и луѓето веќе почнаа да чуваат необични миленици. Што да се каже на пример, на погребот на еден питон? Какви утешни зборови да се упатат на ужалените, или кој цитат да се одбере од било која света книга, за смртта на еден пајак? Не, не, сепак раѓањето е поедноставна работа. Детето излегува, или на сила го вадат. Се јадат мекици. И тоа е тоа.

Проститутката уживаше во сопствениот одраз од излогот на стоковната куќа на главната улица, на која само тој ден имаше право да ги сопира несовесните возачи, елегантно кревајќи го знакот “Стоп“ и дувајќи во свирчето, толку меко, речиси нечујно. Движењата во тој миг и’ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор. Нејзиното тело со тоа добиваше некаква посебна привлечност и, да беше еден од оние ’обични’ денови, тоа секако би и’ го зголемило ноќниот промет. Црвено лакираните нокти, посебно дотерани за оваа прилика, одлично пасуваа со сината униформа, со само една бела дамка на реверот, која наспроти првата асоцијација, беше од јогуртот во кој утрото го мацаше ѓеврекот. Беше строга со прекршителите затоа што веруваше дека треба да се знае што е ред, а таа ете денес беше негов чувар. Со продорен глас им укажуваше на членовите од Законот и потоа им пишуваше казни, додуша на листови од тефтерче со Вини пу и моливче кое оставаше светкави, виолетови траги (во кое инаку ги запишуваше телефоните на клиентите) но, без разлика, психолошкиот ефект беше постигнат, а возачите посрамено и повнимателно продолжуваа понатаму. Таа самозадоволно се насмевнуваше. И повторно го креваше знакот.

„Оставете ги торбите и мобилните на страна и внимателно прочитајте ги прашањата. Имате половина час да го пополните тестот.“, со по малку пискав но сепак одлучен глас еден ученик на околу тринаесет години им даваше инструкции на неговите професори. “Ти, во третата клупа! Да, ти, не се прави на удрен! Што е ти е тоа во левиот џеб? Ц ц ц, значи никако да ви дојде умот“, строго но сепак татковски ги опоменуваше. Со рацете

Page 25: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

зад грб одеше помеѓу клупите ѕиркајќи во она што го пишуваа, под око следејќи им го секое движење. Една постара професорка со дебели наочари, какви што ги замислуваме оние од ’старата школа’, кои на почетокот од кариерата на немирните им удирала заушки и ги потчукнувала со врбов стап, сега молежливо гледаше во професорот до неа, нервозно врткајќи се на столчето. “Очигледно книга не фатила“, помисли ученикот, точно распознавајќи го секој гест на неговите професори - колку повеќе мрдање толку помалку знаење.

Клекнат на колена свештеник се исповедаше на еден од неговите најгрешни верници. „Оче, згрешив, минатата година многу пати помислив на онаа работа. Еднаш, божем посегајќи по Орбит мастики, украдов кондом од трафиката, го навлеков на показалецот, и потоа прстот го бутав во презреано јапонско јаболко, замислувајќи какво е чувството да влезеш во нешто толку мирисно, слузаво и меко како што велат дека е во жена. Прости ми.“, трепереше отецот, соочувајќи се со грешникот во секој, па и во најдоблесните од нас. „Простено нека ти е“, рече грешникот, чувствувајќи се за миг како авторитет во областа на моралот. Ако рајот навистина постои, тогаш тој мора да личи на оваа сцена. Во пеколот и онака е доцна за прошка.

Некои замени на места сепак не беа дозволени. Високо специјализираните професии се најдоа на списокот на забранети улоги, откако една професорка по филозофија, чија пасија беа медицинските енциклопедии, доживеа тешка траума присуствувајќи на операција на слепо црево, каде од неа беше побарано да го направи првиот рез. Пилотите исто така беа изземени, откако една климактерична жена предизвика катастрофа намерно удирајќи во зградата на љубовницата на нејзиниот сопруг, ул. 254, влез 3, стан 46, од лифтот одма лево, како одмазда за тоа што тој, сопругот, и’ купил на љубовницата правосмукалка на вода со ХП филтер, а неа, со три мали деца и долговлакнест териер, не. И писателите беа помилувани, од страв дека ним може да им се случи истото што и на познатиот Нобеловец С.Р., кога лик од неговата последна книга најпрвин го врзал гол за неговата работна маса, вербално злоставувајќи го со најздодевните реплики, и читајќи му ги, со особено навредлив тон, пасусите со бескрајни описи на само едно дрво (по кои писателот беше особено познат во упатените кругови), за на крај да му го направи истото што и авторот му го сторил на неговиот лик - го фотографирал во таа, а и во други деградирачки пози, и потоа фотографиите ги ставил на Фејсбук, зачинувајќи ги со злобни коментари. По ова, токму според планот на ликот, писателот од срам се самоубил, оставајќи ја недовршена автобиографијата со несреќен наслов - „Мојот лик и дело“.

Владата планираше овој ден на заменетите улоги да прерасне во традиција. За жал по првиот мандат власта се смени, а опозицијата веќе не сметаше дека тоа е добра идеја.

Штета.

Затоа што само тој ден ти ме сакаше.

Page 26: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ДЕЦА

„Си беше еднаш еднаш едно убаво русокосо девојченце кое живееше блиску до шумата“, почна да чита мајката, како суптилен вовед во успивањето, кое тој го презираше. Вреќичката му ги попречуваше движењата, па така несмасен постојано се удираше од оградата на креветчето обидувајќи се да апелира дека му е уште рано за спиење. Во единаесет почнуваше неговата омилена „Час по анатомија“, потоа на полноќ беа вестите на Сител, најновите настани околу студентските немири во Грција и можното поскапување на струјата. Светот беше во пламен, а тој тука требаше да слуша за некакво русокосо девојче. Не можеше ли Црвенкапа да биде дебелка хевиметалка, со масна нечешлана коса, пирсови и подгрбавен од? Или хероината од бајките мора да биде убава, нежна, и да, русокоса, што значи автоматски лесна за манипулација, наивна и - глупа. Родовите стереотипи го излудуваа, особено кога беа камуфлирани во поучни детски приказни. Како кога во игротеката ќе застанеше крај импровизираната кујна: таман ќе почнеше божемски да ги мие садовите, девојчињата кои притоа мораше да ги избутка за да дојде до лавабото застануваа до него наредени како пивски шишиња и со чудење го гледаа. „Што гледате бе, мечка оро игра? Монах влегол во секси шоп?“, му идеше да викне, ама од устата му излегуваа само неартикулирани слогови, со-бе-ме-мо. Нема врска, и онака ништо не би разбрале. Повеќето беа русокоси.

Една мајка со ужаснување ја погледна неговата, кога тој, додуша сосема свесно, на двете кукли кои некој ги беше ставил во брачен кревет, како да се маж и жена, им додаде уште една, речиси андрогина, целата искубана и рамна, поставувајќи ја опчекорена над ’машкото’. „Дете...си игра..“, засрамено промрморе мајка му. Додуше во приказните имаше и добри моменти, вешто камуфлирани иронии, кои го оправдуваа терминот ’народен гениј’ за нивните анонимни автори. “Откако ја голтна бабата, волкот облече ноќница и си ја стави нејзината капа“, ха ха, каква травестија, боже, и тоа тројна, сексуална, зоолошка, дури и генерациска. Младиот потентен маж се претвора во климактерична баба, волкот во човек. И легнува во кревет за да ја дочека - сопствената ’внука’. Внимание, внимание - инцест и прељуба во еволутивната ниша на цицачите!

Тајмингот во бајките исто те поздрави. Како баш тогаш, во вистинскиот момент, ловецот знаел да помине крај куќата на бабичката? Нели можело волкот, наместо да спие, токму тогаш да си ги лакира ноктите или да си ги корне веѓите, и наместо тој, ловецот да биде начекан неподготвен? Каков антропоцентризам, каде е тука друштвото за заштита на животните? А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови? Влакно случајно да голтнеш не излегува на другиот крај исто, камо ли...

Го сакаше херојот во приказните - поврзан со невидливи врски со силите што го моделираат светот, како да е влечен од магнет, тој самоуверено ја следи прецизната линија која за него ја одредила судбината. Без некои посебни подготовки и вештини, со низок IQ и без скршен денар, само со “врски“, тој успева да ја изврши задачата и да ја добие наградата, која се состои од пари, слава и најдобрите жени. Колку точно и модерно. Колку лесно применливо во реалноста. Копи, пејст. Всушност холивудските филмови ја следеа истата линија. И затоа му беа здодевни. Како по индексот на Арне и Томпсон, секој филм можеше да се раскаже во три реченици, означени дури и со бројки. Мотив број 23, плус мотив 124, плус 694, дава сочна љубовна мелодрама на која

Page 27: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

дури и најтврдите пуштаат по некоја солза. Се’ беше веќе измислено во уметноста. Само цитати и толкувања. Ништо ново.

Понекогаш кога го чуваше дадилката, секој работен ден од 9-16, божем случајно во плеерот ставаше некој од филмовите што неговите љубоморно ги складираа во пластично пакување и си гледаа на само. Џармуш, Куросава, Монти Пајтон и некој јужно-корејски режисер чие име звучеше како песничка погодна за играње ’школка’. И тие знаеа да ’крадат’ ама барем нивните филмови не беа цртани, и во нив имаше насилство и секс. Кога веќе не можеше сам да бира што ќе чита, можеше да бира што ќе гледа. Сетилото за вид е подемократско, можеш и да замижиш. Кога некој ти зборува, а особено кога ти чита од книга со дебели корици, пристојно е барем да се правиш дека слушаш. Иако е доволно од десет збора да чуеш барем еден и веќе да си контаминиран. Ако од ништо друго, тогаш од сопствените асоцијации.

„Двете топло му се заблагодарија на ловецот и радосни направија забава за сите луѓе и животни во шумата.“, заврши мајката.

Уф, имало крај. Сонот почна да го совладува дур мислеше на тоа колку Проп бил пред Клод Леви-Строс во неговите ставови. Ама во триесетите западно-европскиот академски мејнстрим не читал на руски. Освен можеби самиот Клод.

Не си ги потценувајте децата.

Page 28: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ЗБОРОВИ

„Долго време ти премолчувам. Ама работата е веќе врвка. Морам да ти кажам дур самата не си сфатила“, и’ рече таа на нејзината пријателка, пред која се обидуваше да нема тајни. „Се навлеков на зборови. Бев на гости и ми понудија да шмркнам. Таа вечер на менито додуше имаше само прилози - за време, место и начин. Кратки зборови, малку роба, а ние повеќемина. Но, ефектот сепак беше силен. Почнав да навраќам, се’ почесто и почесто. Како што се зголемуваше друштвото, така и репертоарот стануваше се’ поразновиден. Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии. Енергијата која ја испуштаа овие зборови создаваше чувство на брзопотезен оргазам, после кој следеше период на долг, посткоитален мир. На придавките обично се реагираше со меланхолија и плачење, па им ги препорачуваа на жените - и онака тоа им беше рутинско задоволство, сега само синтетички кренато на квадрат. Уште кога придавката ќе се споеше со именката на која најмногу и’ прилега (како во паровите ’пулсирачка...хипотенуза’ или ’автоеротична...пирана’) глетката стануваше трогателна. Жените почнуваа да вртат со бедрата, ги извиваа задниците како мачки во еструс, допирајќи се меѓусебно и истовремено мешајќи си ги солзите. На мажите повеќе им лежеа глаголите, и тоа неповратните, нерефлексивните - со исклучок на “ми се може“, кој и онака тешко може да се вклопи во стандардните речници. Беа барани сите глаголи кои асоцираат на акција, во сите можни граматички времиња, со исклучок на глаголот „сум“кој, особено во сегашно време, носеше аура на некаква пасивна, потополно неинтересна, дури и мачна состојба, во секој случај онаква од каква што всушност секој од нив сакаше да излезе.

Зборовите најпрвин се кршеа на делчиња, па се толчеа, се загреваа на алуминиумска фолија и потоа се вдишуваа, како најфин парфем. Иако зборовите всушност не мирисаа, освен зборот „кадифе“ кој имаше сосема дистинктивна арома, неспоредлива со останатите. Кога дилерот навистина умееше со нив, тогаш од морфологија бргу се преоѓаше на синтакса, па дури тогаш почнуваше вистинскиот пир. Прво прости реченици, па оние со апозиција, дијалози, цели пасуси. Во моментот кога човек ќе сфатеше дека е веќе неспособен да ги разликува зборовите по вид, род и број, кога ќе станеше свесен дека тие се претвораат во лигав куп бесмислени звуци кои за него немаат никакво значење, тогаш знаеше дека нема враќање. Туѓите зборови самоуверено го имаа завземено местото на неговите. Немаше веќе приказна која можеше да ја нарече своја. А и неговата тишина ја немаше, онаа по која некогаш се разликуваше од другите, она автентично, индивидуализирано отсуство на зборови, кое пркоси на нивното стандардно користење - безличносното ломотење.

„Веќе неколку недели се обидувам да се симнам, слушајќи само музика, без зборови. И добро ми оди. Наскоро ќе можам самата да склопам реченица. Со интерпункција и во идно време.“, рече, насмевнувајќи се како девојче.

Другарка и’ побрза да и’ каже нешто, но веднаш замолча. „Те сакам“ би можело да звучи како исушен куп зборови, кои вбризгани во вистинскиот момент би дејствувале како дрога. Сакаше да и’ даде нешто живо, чисто, речиси еколошко во сферата на неискажливите чувства. Ја погали по косата.

За она што не може да се зборува треба да се ...

Page 29: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

МУЗЕЈ

На долгите службени патувања најчесто седеше на совозачкото седиште. Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка-изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц. Нешто, што и да е, што би ја разбило здодевноста и би им дало смисла на изминатите километри, некаков момент кој суштински ништо не менува, но пред и по кој всушност ништо не е исто.

Во селото Н. група мажи, очигледно вознемирени, беа собрани околу едно возило кое, испружено како мртов коњ сред патот, го блокираше сообраќајот на двете ленти. Возачот, наведнат врз воланот, крвареше од расцепената глава, веројатно од силниот удар во предното стакло. Колата налетала на знак за кој селаните тврдеа дека никогаш не го виделе, огромен, сега целосно деформиран патоказ, на кој со бели букви имаше испишано само еден збор - МУЗЕЈ. Ниту некој дотогаш го имаше забележано знакот, ниту пак некој имаше чуено дека во близината постои музеј. Во правецот кој тој најверојатно го посочувал пред да биде соборен (по ридот нагоре, малку на лево) имаше само букова шума, и тоа речиси целосно уништена од минатогодишните летни пожари. А и кој нормален би градел музеј тука - за време на локалните избори додуша им ветуваа споменик на сред село, интернет во секој дом и топла вода од сончеви колектори, ама единствено што добија од сето тоа беше плазма телевизор во локалното гранапче, преку кој ги слушаа владините соопштенија. Во ниту едно од нив не беше спомнат некаков музеј во близина на селото Н.

Ги замоли двајцата колеги, шоферот и една постара колешка, да појдат нагоре по патот, кон буковата шума - и онака застојот изгледаше дека ќе потрае. Се согласија, иако за разлика од неа ги сакаа рутините, тој канализиран, доблесен начин на живот на избегнувачите на возбуди, и на граѓанската класа. Но прошетката ќе ги освежи, ќе запалат по една цигара, а сообраќајката е добро оправдување за евентуалното доцнење - рационално си ја сумираа ситуацијата, без поим во што се впуштаат.

Едно време се’ беше обично дур го искачува ридот. Секој чекор создаваше по едно облаче прашина по кое, таман кога првото имаше намера да слегне, следуваше ново. Навикнати на канцелариска работа и седење во кола беа веќе и по малку забревтани, па молчеа за да го штедат здивот. Во еден момент патеката се двоеше - првата водеше кон врвот на ридот каде очигледно немаше ништо интересно, само тапа, заоблена завршница на искачувањето, после кое следеше веројатно исто толку правливо спуштање удолу. Левата беше малку обрасната со трева и навидум не водеше никаде. Направија уште неколку чекори, и токму размислуваа да се откажат, пред нив искрсна некаква полураспадната зграда, налик на старите селски училишта, на два ката, со големи прозорци и траги на некогашен авторитет. Немаше жива душа.

Влегоа како мачки, забавувајќи ги движењата. Во големиот хол, каде некогаш можеби вежбала рецитаторската секција пред настапите за државните празници,

Page 30: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

сега имаше витрини кои личеа на музејски. Но сите беа празни, иако оддржувани - со халогени светилки, филтер за воздух и аларм во случај на допир врз стаклото од несовесните посетители.

„Ништо не разбирам. Каков музеј е ова? На невидливи работи?“, рече таа, и самата не насетувајќи колку е блиску до поентата. Стоеше така зачудена пред последниот експонат - големо огледало во кое можеше да се види целата, од глава до петици. Во позадина се наѕираше колешката со правливите штикли и џиш розевиот кармин, чиј интерес за целата работа како веќе да спласна.

Се проврткаа наоколу уште малку и полека почнаа да се враќаат. Од патеката се гледаше како гужвата се расчистува. Возилото на брза помош заминуваше без сирена и ротационо светло, што можеше да значи само едно - дека за возачот патот беше завршен. Таа сакаше да им каже нешто на селаните, дека ’таму’ сепак нешто има, но тие веќе беа заминати, секој по својата работа, која не вклучуваше рекреативни прошетки и туристичка посети на музеи. Седнаа во автомобилот и молчеа. Во суштина ништо не се промени. Но ништо не беше ни исто.

Она што тие не го видоа, а би објаснило многу, беше знакот задскриен зад ползавците на влезот на зградата. На дијагонално распуканата плоча пишуваше:

„Музеј на замислени непријатели“

Сите имаме свој замислен, невидлив непријател, виновник за нашите животни неуспеси. Од реалните, секој од нас има по најмалку три:

Патоказите, кои ако не ги следите можат да водат во погрешна насока.

Здодевноста.

И ние самите.

Page 31: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

СРЕЌА

„Што мислиш, дали си среќна?“, ја праша другарка и’ како гром од ведро небо, додека минуваа крај големиот фрижидер со замрзнати копани и лиснато тесто.

Беше крајот на декември: супер маркетот вриеше од купувачи, кои како во полусон се движеа меѓу гондолите, со извежбани движења посегнувајќи по предметите и ревносно полнејќи ги количките. Едно тригодишно девојче кое очигледно се имаше загубено во толпата, како кутренце цвилеше по нејзините родители. Како во некаква сцена на лов на ренесансните таписерии, луѓето, со кошници наместо со копја и харпуни, пазареа за празниците.

„Ако таа крава се омажила, тогаш има шанси и за нас“, се тешеа две девојки кои минуваа крај нив, со сосема пристоен изглед, но со оној едвај забележлив став на лажна надменост, карактеристичен за повеќето немажени а ’еманципирани’, на прагот на средовечноста. Гледано од страна ги имаа сите предуслови да бидат среќни: едната од нив внесена во муабетот почна несвесно да мафта со клуч од скап автомобил, со клима, воздушни перничиња и централна брава. Другата, брзајќи за на солариум, погледна на часовникот, кој не изгледаше како купен од пазар. Требаше да бидат задоволни, но нешто во воздухот околу нив мирисаше на незадоволство. И на отсуство на среќа.

Беше затечена. Прашањето изгледаше сосема на место, но местото на коешто беше поставено не можеше да биде попогрешно. Имаше некоја тага во купувањето по супермаркетите, во тоа отсуство на духот сред купиштата материја, кое додуша понекогаш е неопходно за и најдуховниот да се сосредоточи на неговите практични потреби, дури и ако тие за него завршуваат кај млекото и лебот. Секогаш кога застануваше пред преполните полици се сеќаваше на еден пријател кој и’ ги кинеше нервите кога одеа заедно на шопинг - тој пред да стави било што во кошницата гласно се преслушуваше: „Дали ова би му било потребно на еден јогин?“. Иако сосема ја разбираше неговата потреба за контрола над сопствената потрошувачка, за поставување ментална брана пред надојдената река на конзумеризмот, прашањето сепак и’ изгледаше смешно. Како прво, што воопшто би барал еден јогин во супер маркет?

Во трговските центри ја фаќаше клаустрофобија. Му беше вечно благодарна на архитектот кој го дизајнирал оној што го нарекуваа ’градски’ (како другите да беа на периферија или не дај боже, селски) бидејќи таму, влегувајќи и излегувајќи од продавниците, барем можеше да дише чист воздух. Отсуството на поглед кон небото, или на било какво парче ’надвор’, прениската или превисоката температура внатре (лете во нив си носеше џемпер) и немузикалниот човечки џагор помешан со онаа посебна, безлична музика за шопинг, и’ создаваше чувство на очај. Па сепак, ете ја таму, крај фрижидерот за длабоко, полн со копани и лиснато тесто. Што ја прави толку различна од останатите? Интроспективното трошење пари се разликува од ’обичното’ само по тоа што оној кој троши во првиот случај има малку повеќе чувство на вина. Можеби сето тоа и нема врска со некаква идеологија, со анархизам, марксизам и ленинизам. Едноставно, можеби и на неа нешто и’ фали од богатиот асортиман на животни производи. Можеби и неа и’ фали малку...среќа?

Од филозофската литература со која се клукаше знаеше дека еднозначни одговори на клучните животни прашања нема. За жал, повеќето од нив не беа ни со заокружување. Особено не беше јасно што точно се подразбира под “среќа“: еднаш тоа беше куп статистички параметри кои би требало да укажуваат на нечија благосостојба, висината на просечна плата или парот чевли по глава на жител. Друг пат тоа беше некакво чувство на задоволство, кое за жал се мереше во мигови, па не можеше да се смета како релевантно за некаква долгорочна, еднаш засекогаш запечатена среќа. „Имал среќа“ се

Page 32: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага се’ да биде како што треба. „Погоди на среќа“, велеа за добитникот на 500,000 во најновото издание на „Милионер“, всушност љубоморни што не тие, туку некој селанец од Росоман, знаел која е Модести Блејз. Несреќата е потценета работа кога им се случува на другите. Среќата, изгледа, исто така.

Во неколку чекори од фрижидерите пристигнаа на касата, и тука работите почнаа да се одвиваат бргу. Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил. Кога касиерката механички ја праша: „Имате ли картичка за попусти?“ и’ дојде да и’ рече: “Се уште не. Но затоа вие имате прекрасна шнола.“ Сепак во последен момент го одбра тивкото одмавнување со главата, тој културолошки кодиран, и донекаде културен гест за “не“ и, понекогаш, „не сакам“ и „немам“.

Полека ги спакуваа работите и повлечени од толпата која одеше кон излезот се најдоа надвор. Кога автоматската врата се затвори зад нив со тап удар, џагорот одеднаш го снема. Во меѓувреме почнало да снежи - чудно е колку се тивки паркинзите прекриени со снег. Застанаа малку на страна, покрај плакат кој рекламираше поволен кредит од С-банка, под кој случајно ѕиркаше зборот „Убиство“ - остаток од постер против абортусот кој бил тука пред него. За иронијата да биде поголема, и дечкото на постерот кој требаше да го претставува задолжениот но среќен граѓанин од неодамна беше мртов. Студеше па мораа да побрзаат со поздравите и најавите за следната средба. Прашањето фрлено како ракавица среде супер маркетот остана да лежи на плочките, газено, туркано и најпосле фрлено во отпад од дежурната чистачка, која додуша покажа мали знаци на чудење за тоа што бара едно прашање на подот. „Ако случајно го побараат, ќе им најдам друго“, си рече најпосле, тресејќи ја во контејнер големата црна ќеса, и завршувајќи ја втората смена.

„Ќе се чуеме“, рече другарка и’, и благо одмавна со раката, упатувајќи се во спротивен правец. Ги смести ќесите на задното седиште, седна на возачкото и пушти музика. People just ain't no дood, запеа Кејв. Возејќи накај дома се обидуваше, како во некоја таблица, да ги подреди сите нешта кои неа би требало да ја чинат среќна. Состојбата изгледаше добра - пријатели, работа, редовна плата, куќа и кола. Па сепак, не и’ одговори на другарка и’ како од пушка со „да“. Дали воопшто има такви луѓе, кои со сигурност знаат дека се среќни?

Кога паркираше пред куќата низ прозорецот ги здогледа мажот и син и’. Прегрнати гледаа во снегулките кои меко паѓаа на асфалтот. Кога ја забележаа и двајцата и’ се израдуваа и почнаа да мафтаат. „Мамаа!“, ја пречека малиот сиот озарен, и веднаш фати да копа по торбите, барајќи нешто за себе, можеби нова играчка, или барем сокче.

Нема поголема несреќа од тоа да не знаеш дека си среќен.

Page 33: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ЦЕПЕНКОВ et all.

Ножот тргна од вратот. Прецизниот прав рез го распори мускулниот ѕид на стомакот, лизгајќи по месото тивко, како санка по снег. Од превртениот џеб на утробата, како од учебник за средно медицинско, ѕиркаа неподвижни органи. Само крвта како уште да не се беше смирила - како во чамец се прелеваше де на едната де на другата страна, онака како што раката го движеше ладнокрвното тело, за да го испита и да го дораспори. Со извежбани потези наскоро надвор се најдоа сите внатрешни органи, прогласени за непожелни. Кадаверот, кој сега лежеше на масата како испразнет брод, се уште личеше на себе заради скелетот и главата, со по малку отворената уста и со ококорените, влажни очи. Кожата, наместа истругана, се уште беше сјајна и по малку лигава. Идеална сцена за масло на платно - час по анатомија, или свежа мртва природа.

Раката ја наполни внатрешноста со магдонос и лук. Го прели трупот со вино, го посоли и забибери. Рерната веќе беше загреана на 150. Ја стави рибата во неа.

Не е за кого било речено, туку за кого било печено.

**

„40-годишен господин, сопруг и татко, бара партнерка за жежок садо-мазо секс. Подготвена ли си да ми бидеш робинка? Шифра: Господарот на камшиците“, гласеше огласот кој го испрати по СМС во неделниот додаток на весникот кој редовно го купуваше и го читаше оптегнат на троседот во пижами и влечки, додека жена му трчаше по децата, готвеше и пеглаше. „Колку беше згодна кога ја запознав, колку е млитава и досадна сега“, си мислеше, возбудено очекувајќи го повикот од Агенцијата. Човек понекогаш мора да си го направи ќефот, за потоа некое време да биде мирен. Како бубалка во влечки.

На огласот се јавија неколку души (длабоко се надеваше дека сите се навистина жени). Ја одбра онаа која според описот изгледаше дека најмногу ќе му одговара. Меѓу другото и таа беше „со обврски“, што укажуваше на нивната подеднаква заинтересираност за дискреција. Фотографија немаше, но пропорциите звучеа добро. Исто како и реченицата со која му одговараше на огласот: „Да, подготвена сум“.

Се сретнаа во хотелска соба во еден од поскапите хотели во градот - тој сакаше да делува великодушно, барем на првата средба. Се договорија да носат маски, заради мистеријата, тој афродизијак подобар од шпанска мува. Додека ја чекаше на креветот во кожните гаќи и црната маска кои по малку го стегаа и му ги зацрвенуваа парчињата месо на препоните и образите, по навика почна да ги менува каналите на далечинското, со истиот отсутен израз како на домашниот тросед. Кога го виде сопствениот одраз во огледалото се освести. Во истиот миг од зад вратата се чу женско бревтање и шушкање на ќеси. Таа, нервозно гледајќи низ ходникот, забрзано ги менуваше волнените со чорапи со подвезици (надвор беше кочан ладно), го подмести кожниот корсет вешто скриен под облеката, ја натна маската и конечно влезе. Се поздравија како деловни пријатели, ракувајќи се без збор.

Играта почна. Нејзиното тело, на прагот на прецутеноста но сепак се уште привлечно и меко, вешто се извиваше под неговиот груб допир. Добар избор, си рече тој, најпрвин нежно а потоа се’ пожестоко удирајќи ја со камшикот. Нејзиното офкање, со онаа специфична интонација, мешавина на задоволство и повик за милост, го излудуваше. Се однесуваше како професионалка, како тоа да и’ е рутина. Блазе си му на тој маж. А можеби и не знае што пропушта, си рече.

Page 34: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

Во еден миг, сосема занесен во кучешка поза, ја зграпчи одзади за темето и случајно ја повлече маската, која очигледно не беше прицврстена добро. Од неа се изли црна виткана коса која добро пасуваше со корсетот. Не издржа - благо се наведна за да и’ го види лицето. Срцето за миг му застана. Во убавиот женски лик, благо деформиран од болка но со речиси незабележлива насмевка, ја препозна сопствената жена. Не, не е можно. Таа би требало да е дома со децата. Таа никогаш не би можела да го стори ова. Таа..

Набрзина ги собра парталите и излета од собата. Зачудениот поглед на рецепционерката, која додуша се имаше изнагледано се’ и сешто, го потсети дека маската е се уште на него. Ја извади со еден потег, несвесен за линиите кои се исцртуваа долж притиснатите места. Сакаше само да стигне дома, на троседот, во неговите топли влечки. Ова мора да беше некаков знак од Бога. Си вети дека ништо нема да и’ рече. И дека отсега ќе биде добар.

Ја запали колата и тргна по мразот. Возбуден, не го виде црвеното светло. Почна да кочи но колата се излизга и удри во друга, паркирана покрај тротоарот. За среќа никој не беше повреден. Освен него.

Кога и’ јавија дека мажот и’ е во Градска, повторно благо се насмеа. Така му треба. Ако, ако, нека праќа огласи и друг пат...

Кој си бие жената, тој си бие снагата.

**„Ја отварам седницата на собранието“, рече претседателот, силно удирајќи по ѕвончето, како нервозен хотелски гостин. На дневен ред беа измените на кривичниот закон, кој во новата верзија предвидуваше тешки казни за дела против државата, дури и смртна казна. Интелектуалната јавност беше скандализирана, опозицијата постојано свикуваше прес конференции и даваше изјави по ходниците на Парламентот. Меѓународната заедница и невладините се обидуваа да притиснат. Никому не му изгледаше веројатно дека еден ваков закон може да мине, не во земја која сакаше да стане европска, и не во 21-от век. Сепак сега, на неколку часа од гласањето, работата беше врвка. Откако координаторите на пратеничките групи се преброија, излезе дека разликата ќе биде тенка. Секој глас можеше да биде одлучувачки.

Денот му почна наопаку. Жена му беше нервозна по вчерашната слава, брдо неизмиени садови и извалкан тепих. Нему пак главата му беше тешка, многу греана ракија и домашно вино. Во полусон седна во пратеничката клупа. Му беше речено да биде присутен и како и секогаш да гласа ’против’, но ништо друго. Колегите никогаш не го заморуваа со висока политика, со образложенија и детали, се’ што им беше потребно беше неговиот глас. Никогаш немаше излезено на говорница, освен еднаш, кога со акламација беше прифатен неговиот предлог - пауза за ручек.

Забележа извесна вознемиреност, полни седишта во новинарската ложа, но не беше прв пат некоја измена на закон да предизвика такви реакции. Во мандатот на последнава влада и онака речиси сите закони поминуваа глатко, зошто толкава вознемиреност за ништо? Говорниците си упаѓаа во збор, се пенеа, зборуваа на неразбирлив јазик (го мрзеше да стави слушалки за превод, и без тоа му зуеше во уши), накратко, ништо не успеваше да сфати. Едно време страшно го здоболе стомак. „Не требаше толку да се натупам од посниот грав“, си рече, правејќи стратегија како да шмугне. За среќа беше прв во редот, најблиску до вратата, па неговите колеги не го ни забележаа. Во ВЦ-то се задржа долго, заради стомачните проблеми, а и затоа што му беа досадни собраниските натегања. И други пратеници бегаа од час, пушеа цигари и пиеа кафиња во бифето. Некои од нив воопшто и не доаѓаа на седници. Па што ако..

Page 35: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

Кога се врати во салата гласањето беше завршено. Измените едвај, но сепак поминаа. Колегите го гледаа со прекор. Навистина не можеше да разбере зошто. Големо чудо де, не се гласаше за воведување смртна казна. А на човек некогаш стварно му се оди во ВЦ.

Нужда ради, закон измењава.

**

„Малер“, постојано велеше за себе, раскажувајќи им ги до детали, речиси со сласт, и најбаналните настани од кои тој излегол насамарен, излажан и поразен. Сето тоа беше претставено како некаков заговор - куп ликови, шалтерски работници, касиерки, адвокати, автомеханичари, доктори, луѓе со или без име и презиме, кои правеа се’ за тој да заврши несреќен, му наплатиле пет денари повеќе, го завеле под погрешна адреса, го загубиле пакетот, се препознале, демек по грешка ја загубиле резервацијата, наместо да му ја излечат настинката сериозно го разболеле. Неговите пријатели стануваа се’ позагрижени. Веќе се сомневаа во некаква психијатриска дијагноза. Всушност работата беше проста. Тој едноставно не сакаше да има среќа.

Нерадо патуваше туристички, а кога ќе се вратеше, наместо да зборува за музеите кои ги посетил и да ги покажува фотографиите од плажите повторно раскажуваше за неговите неволји. Овој пат сепак мораше да замине - го испраќаа службено, на некаков семинар за, како што тоа модерно се велеше, „менаџирање на ризици“. Авионот беше преполн, а неговото седиште беше последно и до прозорецот (ете ти..). По одлепувањето од лизгавата писта (веќе неколку дена истураше) стујардесата љубезно го понуди со храна ама тој одби - каква среќа имаше сигурно на сред пат сигурно ќе го фатеше стомак. Таман почна да задремува слушна чудно брмчење кое наскоро прејде во гласна бучава. Авионот почна да губи контрола, се навалуваше де на лево де на десно, фрлајќи го на сите страни рачниот багаж, пластичните чаши и весниците. Патниците беа во паника, ечеше од женски пискотници и врескање. Почнаа да губат висина.

Се разбуди во болница, од светлината на вперените камери, и гласното зборување на новинарите дојдени да земат изјава од единствениот преживеан од катастрофалниот пад на Боингот 747. Една од нив, забележувајќи дека ги отворил очите, веднаш завзема поза и почна со најавата. „Ексклузивно за Канал 6 зборуваме со човекот кој имаше неверојатна среќа“, рече, и му се вдаде со микрофонот. Не му се веруваше дека некој преживувањето авионски пад го зема за сериозен критериум за среќа. Кога бе он добил на лото? Кога му се паднало скутерче на грепка? А да му се јавеа од Супер бинго? Не, не, ова со авионов мора да е некаква случајност. Или нечија грешка.

К’то добиеш јабука, не гу врти да видеш да не е црвлива.

Page 36: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ЧУДНИ ПОПИСИ

Работи кои не може а да не ги сторишда не нарачаш петто пиво откако си испил четири; да не го ставиш откако веќе си го брцнал; да останеш кул кога одеднаш ќе се разбудиш во крематориум, поклопецот на печката е затворен, а копчето притиснато на ’он’; да не ја сфатиш погрешно реченицата која почнува со „не ме сфаќај погрешно, ама..“; да не го родиш ако главчето почнало да ѕирка; два дена да не ги миеш садовите, демек за домашните да се свестат; да не офнеш кога некој силно ќе те штипне; да не ти е мило кога некој те фали; да не тргнеш влакно од нечија храна; да не помислиш „у курац“ кога ќе видиш некролог од дете. да го издржиш она што не можеш да го промениш и, за да преживееш, да го препознаеш она што можеш.

Работи кои нервираат, ама не многукога твојот ред во банка се движи побавно од сите други; кога ќе облечеш нешто наопаку; кога било притиснато на CapsLock; што никаде не се наоѓаат женски чевли број 41, а подоцна на распродажба се останати само од тој број; кога некој интересен филм постојано го фаќаш од пола; кога помеѓу сите можни шампони во продавницата се потрошил баш твојот; кога сред презентација ќе ти откаже видео бимот; кога некому ќе му кажеш дека нешто „мора“ а тој ти одговара со „се мора само едно“; кога ДВД-то сецка сред порнич; кога ќе ти избега мисла; кога очекуваш мејл а тој отишол во спам; кога детето нејќе да ти заспие а ти паѓаш од умор; кога таман си се стуткал во топлиот кревет почнува да ти се моча; кога си на глуп состанок а надвор пука сонце. кога некој постојано ти вели „ај ќе се видиме“ а тебе ти иде да речеш „е добро де, кога??“

Работи кои не смрдат, но и не мирисаат добробанкнота од илјада денари, кога ќе излезе од банкоматот; лубрикант на чија етикета пишува „гарантирано без вкус и мирис“; велосипед цела зима чуван во подрум; небањато дете, ама твое; купачи носени во базен, после три дена; рацете откако си лупел компир; она за полирање пластика во кола; стог сено среде поле; парфем кој си го добил на подарок од некој што не те знае добро; дупче од цигара на волнен џемпер; топол здив од крава; лифт во државна институција; ретко отварана книга, само за референца; автомобил оставен на +40, под сенка; каталози за козметика со опција „изгреби и помирисај“ со помешана арома на печатарска боја и млеко за тело; нечии најдобри намери и наивни лаги.

Работи што се тркалаатсонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Подморницата Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините. и ние со нив.

Работи кои немаат име

Работи за кои паѓа кривошто кога ти е убаво тоа трае кратко; што никогаш нема да има улица со твое име; што на човек со сила можеш да му земеш, но не и да му дадеш; што некој не знаел да земе од тебе; што „умре тоа време“, а и ова богами не се чувствува баш добро; што колку и да се трудиш, некои луѓе и понатаму ќе мислат дека си лош човек; што како и да го вртиш светот е мрачно место; што не е онака како што ти велеле дека ќе биде. што веќе ништо нема да биде како што беше.

Page 37: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

Работи кои е подобро да не ги знаешшто навистина мислат другите за тебе; како се произведува (детска) паштета; како изгледа твојот стомак, од внатре; што се’ го возбудува твојот партнер; каков е, како човек, твојот омилен писател; кој се крие зад никот на оној што ти остава злобни коментари; дали ако уплатеше ќе се паднеа баш тие бројки; што ти мислам..; кој е убиецот, на почетокот од филмот; колку ќе ти доцни хонорарот; што се случува зад сцената во театар; како котираш во еволутивни рамки; на што се’ се подготвени некои твои блиски луѓе; кога и од што ќе умреш; што би било кога би било. дали сево ова има некаква смисла.

Работи кои губат на значење, со тек на времедали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; се’ што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било. и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?

Page 38: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

СЕМАФОР(според вистински настан)

5, 4...притисна на гасот надевајќи се дека ќе го фати семафорот. Редот беше толку бавен што губеше надеж...3, 2...ништо! Мерцедесот пред неа нагло закочи и остана вкопан во место, длабоко загазувајќи во пешачкиот со предните гуми. Овие семафори беа едни од подолгите во градот. Дигиталниот бројчаник крајно рамнодушно пак почна од 60, небаре булеварот е ракетен полигон, а тргнувањето на зелено рутинско лансирање. Минутата добива сосема поинакво значење кога чекаш, особено кога она што го чекаш е баш таа, едната да помине. Не е тоа како кога дремеш на некоја досадна театарска претстава за која знаеш дека трае саат и пол, или како кога во средно си очекувал да ѕвони. Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла. Парадоксално, ама развлеченото време полесно се поднесува затоа што дава можност за исто такво развлекување и расфрлање на погледот и мислите, па во такво хронолошко бунило петнаесет минути лесно поминуваат како две-три. Но кога некој ти одбројува од шеесет на семафор мора да бидеш концентриран, една стотинка одложување при поаѓањето може да те кошта колективна клетва.

33, 32...вратата на Мерцедесот се отвори и возачот излезе. Можеби сака да го забрише стаклото, да купи миризлива елка или да се поздрави со некого во соседната колона. Таа често беше сведок на такви ситуации, возачот брзопотезно излегува, го соблекува џемперот, ја поднаместува косата и, со едното око се уште будно следејќи ги бројките на семафорот, влегува во колата, двојно задоволен, ем не му е веќе жешко, ем успеал навреме да се врати на своето место. Но овој возач воопшто не делуваше како да брза. Со елегантно движење ја тресна вратата и едноставно - отшета. За миг, како урбан камелеон, од возач се трансформира во пешак, си сврте лево и зацепа кон Кисела вода. Ниту се поколеба, ниту се сврте. Возачкото седиште зјаеше празно.

27, 26...Сите што го забележаа чудниот настан и, вклучувајќи ја и неа, со Цитроенот залепена до фантомскиот Мерцедес, беа шокирани. Не ми се верува, што сега? Набргу ќе се запали зелено, а нема да може да се мрдне. Оние од позади ќе почнат да свират, не сфаќајќи кој го кочи редот. Оние пак кои видоа што се случи нема да можат да сторат ништо, и залудно ќе се обидуваат низ полудените звуци на автомобилските сирени да им објаснат на другите да почнат да бараат друго чаре. Разумот е втор, прв е гневот. Во таква ситуација тешко дека некој може да се наметне како водач, и да го покаже излезот од “наметнатиот хаос“. 13, 12...Ќе останеме со часови заглавени на булеваров, како во лош сон, мафтајќи со рацете и отварајќи ја устата како риби, обидувајќи се да го изложиме сопствениот план за разрешување на кризата во регионот. Таксистите, единствените профитери од ваквата ситуација, задоволно ќе ги тријат рацете. Многумина ќе доцнат, ќе падне и понекој нервен слом, некој срцев болен можеби и ќе умре. Некој пак, како таа, само ќе ја констатира патетичноста на ситуацијата и ќе биде тажна. И по кој знае кој пат ќе се почувствува “заглавено“, во град на дивоградби и лоши луѓе, во јануари кој никако да мине, во минус на тековна, во плус на килажа, во свет кој станува се’ понесигурен и понапнат, во сопствената кожа. Дали е вака и на улиците на Париз? Ќе има ли пак спокојни денови, на сонце, покрај море? Или животот се’ повеќе ќе личи на ова долго чекање на некоја раскрсница, на прометен булевар, во центарот на градот. Дур некој не ја расчисти гужвата и не го запали зеленото светло.

Page 39: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

4, 3, 2..Минутата помина. Семафорот се отвори. Мерцедесот, на општо изненадување, тргна. Престигнувајќи го по првото двоење на лентата таа сфати - воланот, и ’невидливиот’ возач, задскриен зад високото седиште, биле на десната страна. Застана со автомобилот сред улица и не можеше да престане да се смее. Нејзината смеа го заглави сообраќајот, тој ден, таа минута, некаде кај Рамстор.

Понекогаш застојот е добра работа.

Page 40: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ЉУБОВ

Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на р’бетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно. Ако само малку се концентрираше, на сликите можеше да им додаде и звуци и мириси, цела атмосфера: крцкање на летен песок и слатка врелина под нозете, тазе испеглана постелнина, Нивеа, печени тостови со кулен и млечен намаз, здив после ќебапи, куп искористени кондоми и кучешки лаеж. Како ревносен магационер правеше попис на неговите расположенија, нијансите во неговиот глас кои без грешка откриваа дали зборува со маж или со жена, кога некого одбегнува, дали и колку лаже или само крие. Со просто напипување на воздухот низ кој минал знаеше во колку часот бил таму, и кога пак ќе биде. Нејзината високо крената рака ги запираше возилата кога поминуваше улица и го покриваше додека спие. Ги повторуваше како во огледало неговите гримаси („ова е кога зеваш, ова е кога се чудиш, а ова е кога си многу лут“), а тој слатко се смееше гледајќи во нејзиното полничко, речиси детско лице. Тој само тоа и го правеше - задоволно се смешкаше и како маче се подместуваше за да биде почешан на вистинското место. Ништо друго не мораше ни да прави, доволно беше што постои. Зградите крај кои минуваа заедно престануваа да бидат само сиви зданија од цигли и бетон, дождот од кого се криеа по влезови паѓаше посвечено од некаква си кондензирана водена пареа, а кафето што го пиеја имаше поголемо достоинство од обична кафена течност со пена. Светот добиваше ерекција кога ќе го погалеа нејзините долги, клавирски прсти. И тој исто така.

Помина доста време, иако „доста“ е прилично неодреден збор во календарот на љубовта. Ги правеа истите работи како и на почетокот, се држеа за раце пред телевизорот и се среќаваа на истите, ’нивни’ места. Но боите омлитавеа, уморната армија го предаваше оружјето, и ги заменуваше златната и портокаловата со нивните помалку воинствени колеги. Таа не се откажуваше - како огромна сигурносна камера поставена високо над градот се уште ревносно го чуваше од зло, и како првите астрономи ја следеше неговата патека со агломер и шестар. Нејзиниот календар всушност и беше астрономски: работите ги мереше во термини како ’еони’ и ’вечност’. За жал, тоа не беше и човечката мерка.

Таа вечер се разбуди сред сон, чувствувајќи дека некој е во собата. Го запали светлото и го провери секој агол. Погледна дури и зад завесата - никој. Се обиде повторно да заспие но постојано имаше чувство дека некој го демне. Таа, разбудена од неговите вознемирени движења, се обиде да ја сврти работата на игра - го заскокотка по стомакот, а тој скокна од болка. Прстот кој од забава понекогаш му го ставаше во устата а тој со сласт длабоко го вшмукуваше, еднаш велејќи дека има вкус на толчено морско оревче, друг пат на киви, сега му предизвика мачнина. Ја тргна главата со гадење. Почна да мафта со рацете, удирајќи му тупаници на невидливиот душман. Таа стоеше отстрана и плачливо шепотеше: „Ама јас сум..истата, таа...“ Ниту ја слушаше, ниту ја гледаше. Беше јасно. Веќе не ја сакаше.

Љубовта не е ни глува, ни слепа. Само е суштество со посебни потреби.

Page 41: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

PARTICIPANT OBSERVATION(или: на топло чоколадо во Living Room)

- Топло чоколадо со шлаг за петка. Побргу со тоа водите.

Петка. Договорен систем за означување на локацијата на нарачката и на одговорноста за нејзино плаќање - каде треба да се однесе чоколадото, и кој треба на крај да ги изброи парите. Што ако физички им ги замениш местата на масите, единицата ја преместиш кај петката, а петката ја ставиш на единица? Всушност, петката може самата да стане единица ако со броењето почнеш наопачки. А зошто наместо масите да не се бројат столчињата? Тогаш нарачката би добила на индивидуалност, а столчињата би станале поеманципирани. Ете на што се сведува идентитетот на гостинот, шифра на потрошувачка ниша, проста маса, кафански бар код. Јас - петката, со лаптопот наместо пријател.

- И што стаиле на сред улицава, шмизла! Абе што народ ќе бевме, суртуци. Во Париз имаат Триумфална капија, во Лондон Биг Бен, во Прилеп Могила на непобедените. Ние, Скопјани - шмизла! Ееее, после друг ни е крив. Сеа се изнервирав! Дај од тоа ф’стаците. Види ги жити се’, шмизли разгалени. Како колонијални освојувачи го забиле мобилниот наместо знаме на нивното парче кафанско земјиште. Се стуткале околу масите како околу племенски оган, будно следејќи ги надворешните настани. Фуко згрешил - не е државата најмоќниот систем за дисциплинирање. Земи тројца кафански сеирџии, ете ти Голем брат, фолклорен. Добро де, не бил од тука човекот, не знаел. Не е лошо нему еден споменик на плоштад да му подигнеме. “Да ви го фукне Фуко. Од љубов, и за сеир.“

- И ја му викам - е како бе си спиел кога тоа време беше на Месинџер. И он ми вика, не бе, мајка ми солитер играла, случајно и’ се уклучил. Ја му викам, е како да не, еве ти копи пејст од муабетот што си и’ го правел на другарка ми, увелико пуштање. И он ми вика, нема везе, другарка ти нешто измишља, не е мојот ракопис. И ја му викам...

Зелкава на Фејсбук машала ми напредува. Уште малку сарми ќе виткаме. До кај дојде светот..бакнежи и гушкања во битови, солзи во пиксели. Дури ни смртта не ги уништува виртуелните профили. Како да дремат, до некое следно активирање. Има ли некој компјутерски св. Петар кој одвреме-навреме го чисти виртуелниот простор од реалните мртовци? Како ја прави разликата помеѓу оние кои паузираат, и оние кои се засекогаш исклучени? Фала богу што уште има некролози по весниците. Инаку за никој од нашите пријатели немаше да бидеме сигурни дека умрел. Освен ако не сме биле таму кога ги закопале.

- У Центар тепаме сто посто. Гази Баба и Ѓорче исто. Абе, ш’о да ти кажам, цел град наш е!

Ќе го сечат моето дрво на Кале. Го заградија и нашиот кеј. Улица Македонија почнува да личи на Дизниленд. На мојата улица пак нема кај да плукнеш од новоградби и автомобили. Пробај со точак, или не дај боже со бебешка количка, да извозиш од Соборна до Трговски. Ни во мојата соба веќе не сум раат. Остана оваа “Дневна соба“ која ја делам со непознати. Градот можеби е ваш. Ама мој не ќе да е.

Page 42: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

- Ќе може да наплатам? Смена..

Може, и така си одам.

Alt+F, Save. Alt+F, Close. Turn off. Shut down.

Тивко снимај од аголот. Учи.

И издржи го тоа што си сам.

Page 43: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

КУЧЕ

"Give my umbrella to the Rain Dogs,For I am a Rain Dog, too"

T. Waits

Со подзината уста која потсетува на човечка насмевка ги набљудува минувачите низ Трговскиот. Како телевизиски новинар - почетник се обидува во нив да препознае трпелив соговорник и добар табиет. Опавчето му е исправено како стрелка на метроном која го менува темпото од адаџо во алегро кога ќе му се приближи на потенцијалниот сопственик. Една госпоѓа во крзно елегантно гази по плочникот, така голема и рунтава го потсетува на мајка му во најдобрите денови. Тик-так, тик-так-тик-так..срцето му избива од градите дур со муцката се обидува да и’ ги допре хулахопките. “Марш џукело“, вика таа и со израз на гадење продолжува да чекори. Наскоро во гужвата исчезнува и мирисот на нејзините мускулести потколеници.

Караванот врви, а тој не лае. Ја поминува патеката од Соравија до Тера Нова безброј пати во текот на денот, еднаш со потскокнување, друг пат уморно ползејќи. Некогаш по цели денови преседува крај јавната говорница на средина од ходникот, тажно цвилејќи. Веќе не ни размислува за тактички потези, манипулативни трошоци и воени стратегии. Ништо од тоа досега не се исплати. “Првиот чекор за наоѓање газда е да се здобиеш со неговите симпатии“ - пишува во прирачникот за склопување кучешко-човечки пријателства, илустрирајќи ја успешноста на советот со фотографија на кокетен пекинезер како целиот излигавен и’ се потпикува на една средовечна дама, која со насмевка му подава копанче. Какво гребење за љубов, какво понижување. Првиот чекор некому да му влезеш под кожа е тој да ти даде шанса. The rest is history.

Го разбуди кркорење на цревата. Летото е добро за кучињата скитници - и покрај новиот закон за јавна чистота луѓето што шетаа по плоштадот навечер фрлаа по некој недојаден сендвич или ќеса со оладени пуканки. Малите деца кои тукушто проодуваа, само за глава повисоки од него, му правеа убав муабет и со него ги делеа смоките. Зимата е заговор на непријателите на бездомните кучиња и птиците, еднаш годишно да спроведат чистка и со студени оружја да им ги проретчат редовите. Цел ден мина во обиколка на кафаните и кантите за отпадоци - и ѓубрето го имаше погодено рецесија. Се’ беше на попуст, секој секому попушташе, само жива глава да извлече. Нему попуштени му беа само нервите. Друго и немаше да понуди во општото ценкање.

Два залака намокрен ѓеврек и парче сомнителна ’посебна’ салама подоцна, веќе беше уморен. Почна да се враќа кон неговото место, под ескалаторот кој го поврзуваше подрумот на трговскиот со првиот спрат. Момчињата кои некогаш работеа во ЦД-теката, сега затворена заради пиратерија, тука му направија засолниште од картон. Го тргна поклопецот од дувлото и токму сакаше да зачекори во него нешто го пресече. Тежок мирис на мокар човек небањат со денови се помеша со аромата на ванила која доаѓаше од слаткарницата од спротива. Домот му го беше завзел човечки бездомник. Му дојде да залае, да викне - марш џукело хомосапиенска - да го гризне или барем да го преплаши. Но кога им се сретнаа погледите метрономите почнаа да отчукуваат. Најпрвин многу бавно, речиси посмртно, потоа се’ позабрзано. Двајцата се стуткаа под ескалаторот. The rest is history.

Дај шанса.

Page 44: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

Vivaldi Op. 8Il cimento dell'armonia e dell'inventione

Мразулците како тродимензионално ЕКГ се слеваат од покривите, капејќи врз главите на минувачите. Снегот најпрвин се топи во тенки млазови а потоа во крупни парчиња, кои како огромен птичји измет, паѓа од гранките и тендите. Автомобилите ја распрскуваат насекаде светата водичка - мешавината од бензин, снег и кучешка мочка. Довчерашната романтична глетка како од зимска разгледница се пародизира. Детските стапалки во снегот се шират како долго носен прслук, губејќи ја убавината на малите форми. Дрвјата се како кукли во излог на кој со болдирани црвени букви пишува „тотална распродажба“ - голи и бедни. Снешкото на балконот почнува да го губи достоинството, па домаќинката решава да му ги скрати маките: со еден замав на метлата го обезглавува и го исфрла на улица како партал. Дебелите чорапи преку ноќ се прогласени за теткински, а волнените појаси за смешни. Чизмите и антифризот се на попуст.

Отпрвин срамежливо, едно кокиче-извидник ја подава главата, а по него, похрабро, изникнуваат уште две-три. На влез на трговски се продаваат првите увезени мимози. Сметките за струја драстично паѓаат. Не е веќе проблем да се води љубов на клупа. Едно тукушто родено машко бебе подмижува на сонцето, во позајмен, розов скафандар. На кејот повторно има рибари, дури и по некој точак. Сивите фасади почнуваат да руменеат како прв пат бакната тинејџерка. Службениците во Авто-мото сојузот лежерно пијат кафе. Еден багер за расчистување снег дреме на сонцето како стар мачор. Зимата заминува без почести, како дртава баба. Во весниците дури нема ни некролог од ужаленото семејство. Никој не сака да му биде студено на душата.

На секое создавање му претходи распад.

Дојде пролетта.

Page 45: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ВОДА

Сувиот збор е сува мисла. Сувата мисла не може да раѓа.

Светот настанал од влажен збор.

(настанокот на светот според Догоните)

во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот.

потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно. бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и легените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот. ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa. поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун. Талес знаел што зборува: водите се живи организми, тивки освојувачи кои го ронат брегот, и ја завземаат површината која сметаат дека е нивна. Венеција тоне, Холандија се лизга, глечерите се топат. чешмата капе. во лакримариумот на седумнаесетгодишната принцеза има солзи стари 23 века. во твојот тие се од пред два дена. El mundo es un panuelo - светот е марамче. влажна и мрсулава Палома.

како жеден Бушман бараш вода во секое дупче, под мишки, меѓу нозе, длабоко во нечие грло. ги тераш да те гушкаат, лижат и влажно да те бакнуваат. ритмичните движења го лулаат твојот чамец. откако ќе свршиш лебдиш, бура во чаша вода. спиралите ти се омилена форма, имаш вода во колено и две-три капки во очи. наспроти популарното убедување, крвта сепак е девеесет посто вода. замислуваш самоубиство, во Охридско езеро, како Вулф или Мартин Идн. гледаш додека нуркаш. постоиш дур пливаш, преташ под површината како патка. фрлаш паричка во фонтана наместо жртва, и замислуваш желба. да уживаш онака како што си уживал во плодовата вода.

не пепел од пепел и прав од прав.

од вода, и во вода.

19 јануари 2009, Водици

Page 46: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

АПОЛОН И ДИОНИС

Денот е проѕирен, како неколку пати поминат со средство за чистење стакло. Под рака се чувствува косата рамнина и меката патина на покривите, нежните пори на асфалтот, високо исправените опаши на мачорите. ’Дррр-вооо’, изговараш галејќи ја распуканата кора на јаболкницата во дворот, восхитувајќи се на совршеното разгранување на растението и на неговиот еквивалент во зборот. Просторот е интензивен, прета и забрзано дише, но сепак е контролиран: тука саксија со петунии, тука леа со момини солзи. Местото на велосипедот е во подрум. Алиштата се испрани и систематски распнати на јажето, по форма и по боја. Чешмата не капе. Во куќичката на полжавот се отсликува спиралата на Фибоначи. Клавирот во дневната е поставен симетрично во однос на другите предмети, ни по лево, ни по десно. Тука стои овошјето, тука лековите. Какано и џиш - во струјата не се фаќа. На календарот со црвено одбележани важните датуми, во тефтерот "to do" листа. Постелнината е истресена, a креветот секое утро наместен. Кујнското лавабо е празно, чиниите измиени и внимателно наредени во шкафот. Нема производи со изминат рок, не се пие и не се пуши. На списокот за пазар детално наведени неделните потреби. Во компјутерите нема вирус, сите часовници покажуваат точно време. Ништо не е препуштено на случајноста - и случајноста се планира. Oд Големиот планер.

Во еден миг хаос. На ќилимот во дневната се истура тенџерчето ориз и варен морков, зрната влегуваат во процепите во подот, а оние собраните не сакаат да се одвојат од прстите ни кога ги тресеш. Снемува струја. Предметите откажуваат послушност и ти пркосат испречувајќи се на патот. Ветерот фучи и им ги кине главите на петуниите, а на момините им предизвикува солзи. Градското ѓубре лета, оргија на пластични ќеси, два денара парче. Кабелската и интернетот паѓаат, во запалката нема бензин. Останува само да се води љубов. Телото си бара друго во темнината, за утеха, како тукушто родено кутре. Кога не гледаш допирот добива очи - ти гледаат прстите и устата, а нечие стапало гледа во тебе. Клавирот се поместува за неколку сантиметри, алиштата киснат во дворот. Сцената е без зборови, ништо не е ни симетрично, ни планирано, ни важно. Ганг се излева од своето корито, на Атлантикот се активира Катарина. Спиралата се одвиткува и како шамија ти се завива околу вратот. Само уште малку, си велиш, чувствувајќи го во тебе Големиот Планер. Таа се затега, нежно те дави. Еден вулкан на јужната хемисфера еруптира. Наскоро станувате едно, ти и мракот.

Следниот ден е проѕирен. Како неколку пати поминат со средство за чистење стакло.

Page 47: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

СТРАВ

Само ги затвора очите. Воздивнува, речиси нечујно. Рачето меко паѓа настрана.

Секоја разделба е мал ризик. Што ако не се разбуди? Што ако не се разбудам?

Нема ништо потрогателно од дете што се радува. Не треба многу - убаво му е кога го скокоткаат зад вратот, кога му шушкаат со хартија, кога ќе дофати нешто што е високо, кога ќе го пушти вовчето како пијано да се влече низ соба, кога ќе ја истури преполната кошница со играчки и сите викаат ’ле-лее’, кога си го наоѓа патот низ тревата и трча, трча, се’ подалеку, слободен и сам.

Нема ништо потешко од тоа да си мајка. Пред секој негов самоуверен чекор гледаш потенцијална дупка спремна да го проголта. Знаеш дека мора така, и го пушташ да се оддалечи, а снагата ти е во грч. Помислуваш - ќе падне, и паѓа, а тебе ти треба вечност да ги заобиколиш клупите, да претрчаш преку тревата, да стигнеш до него и да го видиш како лежи, толку мал, толку ранлив, и толку...насмеан. Кога минувате улица му го стегаш рачето толку многу што почнува да се жали дека го боли, а тебе ти е страв, страв од тоа да не ти се измолкне, да не поттрча, да не го удрат, да не го повредат. Сендвичот мириса чудно, топката е кинеска, делчињата од количката преситни, сокот студен, игротеката непроветрена. Некој кивнува во близина, мора да е свински грип. Те тера да се возите по ескалатори, а ти веќе визуелизираш: невино го пружа ноџето нанапред, испотената рака се лизга, и тој паѓа во слоу моушн додека целиот трговски занемува. Ги гледа колите низ прозорецот (’ко-ко’), мобилниот ѕвони во другата просторија, за миг го оставаш, и додека се враќаш замислуваш дека го нема, дека се наведнал и паднал, и дека ти ќе бидеш виновна. Некој ти зборува а ти не смееш да си дозволиш да го слушаш, мораш будно да следиш што се случува, затоа што секоја секунда е потенцијално опасна, затоа што животот и смртта добиваат сосема други димензии кога си вака безусловно врзан за друго човечко суштество, затоа што нема назад откако тоа еднаш ќе го почувствуваш.

Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, “две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?

Се протега и мљацка со устата. Ги подотвара очите и ја подава раката.

’Ма-ма’

Љубовта е страв.

Page 48: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ТЕХНОЛОШКА РЕВОЛУЦИЈА

- Ало, Коле! Абе нешто пишува на англиски. Вирус де-тек-тед. Душман, точка, инф. Цел компјутер се закочи. Што? Бекам дали имаме? Ааа..бекап. (се врти со рака покривајќи ја слушалката од мобилниот: Дечки, бекап имаме?) Тц. Нема. Сеа ш’о праиме?

Џабе технологија кога човечките ресурси ти се неспособни. На Митбастерс од обична цепаница дрвен топ направија - нашиве цела виртуелна плантажа цреши испустија, со тоа моторните пили се испосекоа, товар стипса потрошија, и сега, таман се склопи трајл верзијата, вирус фатија. Кога викав во Линукс работете..

- Атомскана бомба вие да ја правевте Нагасаки ќе се спасеше. Ај баталете, со голи раце ако треба ќе се тепаме.

Ти-тиит. Пак СМС: “Денес е ваш ден. Дрште се здраво, браќа! Само во опорита и долготрајна борба јет нашето спасение! Имате 5600 бода, можете да одбере подарок од нашиот клуб на потрошувачи"

А им пишавме во тендерската документација без рекламни пораки. И револуцијата да се искомерцијализирала, бреее. Плус со ова бизнис пакетиве страв да те фати порака да пуштиш, не знаеш до кого се’ ќе пристигне. Убаво им предложив потрадиционално да одиме. Чиста работа, курири и гулаби. И да ги фатат бар ќе знаеш со прст на кого да покажеш. Вака..

“Гориме од нетрпение и чекаме ноќ“. Значи овие од Штабот пак забегале. Вака ли настан се најавуе? Ќе помислат луѓето на журка ги викаме, со Ред бул место малихерки ќе се појават на Мечкин камен. Па и на повеќе јазици ставиле, светот да не’ разбере. Арно и на турски не превеле, да знаат дека се спремаме. Многу одговори со “можеби ќе присуствувам“. Ви викам, народов не сфатил. Ќе сменам: “Одвај чекаме да падне ноќта и да го преземеме Крушево, та заедно со сиот народ да го викнеме нашето Македонско УРА!", и линк од Google Earth. Сега ваљда појасно е. Ќе треба, здрави живи, понатаму и еден манифест да срочиме. Мора малку и со теорија да ги потковаме.

Ту ду лист: уште еднаш да се прегледа логистиката. Дали има доволно машини и брзи конекции. Стратегијата да си ја повториме - ја разработувавме со месеци, две недели потрошивме само на тоа како се држат џојстици. Раководителот на обуката, поранешен полковник во британската армија, од нервоза секој ден тон целувки маваше. Не се овие луѓе за војна водење, од лице му се читаше. Битно ракијата го бендиса. И, да, природните убавини.

Пред полноќ почнаа да се собираат. Најпрвин маалските деца, поспретни во рацете, со нив нивните татковци, чичовци и вујковци, од сите вери и народности. Женското лоби, со плетала, во задните редови. На големиот ѕид на чело на интернет кафето директен пренос од акцијата на видео бим. Гајби Битолско, газоза и пелистерка лајт. Неколку новинари и странски посматрачи. Еден залутан јапонски турист. Во моментов на теренот само македонските играчи. Средбата он-лајн со Турците закажана за неколку минути. На виртуелната карта убаво се гледаат Смилево, Клисура, Прибилци. И Крушево, бај најт.

Тишината со кама можеш да ја сечеш. Рацете веќе испотени. Три, два, еден, како Нова година да чекаме. Кај се бе ова Турциве? Сврти во жандармерија, види до кај се. Психолошка војна, речи, да не водите?

Page 49: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

“Телефонскиот вод се сервисира“.

Сврти му на Џемо на мобилен.

“Ало, Џемо! Абе кај сте, нели ќе се биевме?“

Вика од Он.нет ги искучиле. Немале платено за два месеца и фиксен и интернет. Отишле да платат денес, лири не примале. А ради празникот менувачниците порано затвориле.

Тууу, кај баш сега. Беља. Толку народ собран, толку најави. Реков ја уште на Конгресот дека нема да арно да испадне. Нејсе...

“Џемо, а да дојдете на по едно турско? После табла може да свртиме. Биткава за едно десет-дванаест дена да ја презакажеме“

Технологијата отуѓува. Играјте табла, не War Craft.

Page 50: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ЛИК И (о)ДЕЛО

„Ликовите ти се безлични. Се’ се тоа интелектуални конструкции, без грам живот“, безмилосно дијагностицираше шанкерот, инаку професор по книжевност. Тоа додуша беа нејзините почетнички раскази - еден ден ја напиша првата реченица, во македонска поддршка и со единечен проред, зборовите се протегнаа, направија утринска гимнастика, и оттогаш не можеа да сопрат. Всушност таа не пишуваше, туку запишуваше, без скици и корекции, како некој да и’ диктира.

На многумина расказите им се допаднаа: нејзините пријателки рекоа дека ги трогнале, дури и расплакале, а еден познат локален издавач беше подготвен веднаш да ги објави, предвидувајќи и’ блескава прозна кариера. Но утехите, тој специфичен вид лаги кои луѓето си ги кажуваат за да се чувствуваат добро, во овој случај не и’ помагаа. Таа сакаше расказите да му се допаднат токму нему, единствениот кој не беше импресиониран.

За волја на вистината, она што повеќе ја загрижуваше од расказите беше како низ нив се отелотворува нивниот автор, самата таа. „Се гледа сето она што го знаеш, што си го прочитала и научила низ годиниве, но каде се чувствата, каде е она што не’ прави хумани, како автори и како луѓе?“, продолжи тој со љубезен, но крајно неподмитлив тон. Се прашуваше што ли подразбира тој под „знаење“, и дали фактот што во последно време нејзината турлитава стануваше се’ подобра има некаква врска со квалитетот на книжевното дело. Дали тоа што знаеше да разликува добар од лош чај, „прашина“ од листови Камелија синенсис од врвен Оринџ пеко, имаше некакво влијание врз минуциозноста на нејзиниот опис на урбаните пејсажи, и дали одбивноста кон институциите, јасно воочлива во расказите, можеби се должеше на тековната наследна постапка за имотот на нејзиниот вујко, на која не и’ се гледаше крајот. Дали иронијата која на моменти преоѓаше во благ цинизам беше резултат на бесцелните расправи на блоговите кои секојдневно ги читаше, или на генетскиот код наследен по таткова линија, по потекло од едно село на југозапад? Што е прво, литературата или животот? Кој кого создава, ликот авторот или авторот ликот?

Ако ликот е безличен, можеби тоа е затоа што и авторот не се чувствува сосема добро - некој му го допира лицето, но прстите, тие долги ковчести и груби прсти на стварноста, пропаѓаат во меката кожа, која како глина го поприма нивниот облик. Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира се’, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.

„Очајните ситуации бараат очајни мерки“, помисли откако го напушти шанкот. Мораше да си докаже дека животот и’ е повеќе од концепт и некаква книжевна, вештачки конструирана атмосфера. Понавредливо од тоа дека нејзините ликови имаат психолошки профил на амеба можеше да биде само тоа дека таква, лигава и леплива

Page 51: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

едноклеточна маса, е и самата таа. Пострашно од тоа дека ликовите не и’ се од крв и месо можеше да биде потврдата дека и таа не е само обичен смртник.

Одлучи да проба.

Првиот обид се случи во сообраќајниот шпиц на Партизанска. Застана, целосно свртена кон автобусот, пред полна 19-ка. Возачот, изваден од памет, најпрвин се двоумеше дали да кочи, убеден дека таа ќе се предомисли и ќе се тргне. Во последниот миг го заврте огромниот волан на десно, удирајќи во познатата слаткарница каде се правеше најдобрата боза. За среќа немаше повредени. Само куп ликови кои уплашено излегуваат од автобусот. И се качуваат на следната 19-ка.

Уште истата ноќ, некаде околу полноќ, се качи на покривот од куќата само по маица и гаќи, замислувајќи како утрината, како во некој расказ, мајсторите кои работат на соседната зграда ќе ја најдат смрзната, но среќна. Беше декември, и од покривот можеше да го види одразот на новогодишните светилки на прозорците на соседните згради. Чекаше и чекаше, но од паѓањето во благ сон кој требаше да биде знак дека смрзнувањето започнало, ништо. „Да ти се плукнам во тоа глобалното затоплување“ промрморе, демонстративно напуштајќи ја сцената на неуспешното самоубиство.

Ги преврте сите фиоки, но жилети дома немаше. Мажот и’, откако го знаеше, последниве дваесет години, носеше брада, а таа нозете ги депилираше со крема. Антидепресиви, иако некогаш им требаа, не користеа, а немаше чуено дека до сега некој се отрул од Бетадине или од руска вода. Фрлање од високо не доаѓаше предвид, бидејќи од високо и’ се вртеше, а би било глупаво, кога веќе свесно експериментира со сопствената смрт, во клучниот миг да ја фати несвестица. Давењето ја потсетуваше на други видови врзувања, што и’ создаваше дуални накај пријатни чувства, а поентата беше дека смртта треба да биде недвосмислена, крајно непријатна и болна.

Кога веќе размислуваше да се откаже и да поверува во својата фиктивност, конструираност и лажност, се сети. Ги отпечати расказите и со Зипото кој иако беше непушач секогаш ја носеше со себе, за пријателите пушачи да не ја прекинуваат сред збор нервозно буричкајќи во ташната и реторички извикувајќи „абе кај ми е упаљачот?“, потпали убав оган. Лижејќи ја хартијата со својот вжештен јазик, тој потоа се прошири на жолтите завеси од Икеа, уредно наместениот кревет, бродскиот под, вагата која секогаш покажува повеќе, и книгите, да, купот книги во кои ликовите, за разлика од неа, не се грижеа за својот лик и дело. Немаше крв, но почна да мириса на месо. „Половичен успех“, помисли, сепак задоволна. Затоа што половина е навистина помалку од цело, но е повеќе од - ништо.

Книжевната критика е опасна по живот.

Шанкерите треба да бидат помилосрдни кон своите муштерии. Па и муштериите се, побогу, луѓе!

Page 52: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

ШТО САКАЛ АВТОРОТ ДА КАЖЕ,

(со нејзини зборови)

Не влегувај во дискусии со помалку информирани, а поагресивни. Не се обидувај да ги наречеш “недоразбирања“ очигледните недостатоци на образование, ниту да го оправдаш со “личен стил“ отсуството на минимална суптилност. Не дозволувај да те совлада цинизмот. Во таквите мигови сврти се кон големите и сериозни нешта, пред кои тој станува или мал и беспомошен, или напротив, добива на сила, прераснувајќи во релевантна алатка за формирање и изразување на твојот светоглед. Со детска возбуда пристапувај им на парадоксите, со разблажен гнев на апсурдите. Не се обидувај да го подучиш оној кој е сигурен дека знае. Не биди ни сигурен дека знаеш како да подучиш - самиот учи. Сомневај се, но не го мешај благородниот сомнеж со постојаното, а приорно отфрлање. Биди критички настроен кон некритичноста, особено кон некритичноста кон себе. Не им простувај кога знаат што прават, и кога постојано го прават она што не го знаат. Разговарај, не се конфронтирај. Креативно спротивставувај се. Набљудувај, со тивка и чесна љубопитност. Не бирај страна само затоа што мораш. Не дреми, а ако ти се спие - спиј!

Со резерва вели „не е познато“ или “тој и тој бил прв“. Со добронамерна иронија вели “универзитетско образование“, “наука“, “методологија“ и “научни резултати“. Со понизност изговарај “слобода“ и “љубов“. Ако не знаеш, кажи. Остави простор, а и време. Биди политички свесен но не и вулгарно политизиран. Верувај дека знаењето е моќ, дури и кога тоа е само моќ да се поднесе. Внимавај што и кого цитираш. Анализирај го контекстот како мрачна шума во која вирее твоето дрво. Гледај го дрвото, на дрвото гранката, на гранката јаболкото, а во јаболкото црвот. Кој, кога и зошто нешто рекол? Зошто воопшто некој нешто вели? Зошто воопшто нешто, а не ништо?

Не си ги потценувај децата, но биди подготвен цел живот тие да те потценуваат. Не се убивај заради лоша критика - само напиј се на шанк. Цени кога си среќен, и научи нешто од тоа кога не си. Не дозволувај да те обземе досада, од неа направи штрудла со вишни, и измиј ги садовите. Сфати дека на човека со сила можеш да му земеш но не и да му дадеш. Научи дека најдобри пријатели ти се оние со кои ти е убаво и кога молчиш.

И аман веќе, замолчи!

Page 53: СОНЦЕ ВО ТЕГЛА

Илина Ј.(акимовска) е мајка на Иван. Сака: кога некој ќе и’ го погоди кафето; кога во Сопотско ќе и’ го пуштат Том Вејтс; кога нејзините студенти на испит ја започнуваат реченицата со „јас мислам дека..“; кога некој е циничен ама добар, а најмногу, тоа што се уште има добри кои не станале цинични.

Ова е нејзина прва збирка одамна напишани песни и неодамна срочени раскази.