19
СОДРЖИНА Монетарна политика – поставеност......................................... .......2 Споведување на монетарната политика........................................4 o Операции на отоверен пазар.......................................... .....5 o Задолжителна резерва........................................ .................6 o Ломабарден кредит......................................... ......................7 o Интрадневни кредити........................................ ...................8 Меѓубанкарки пазар на депозити............................................ .

МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

СОДРЖИНА

Монетарна политика – поставеност................................................2

Споведување на монетарната политика........................................4

o Операции на отоверен пазар...............................................5

o Задолжителна резерва.........................................................6

o Ломабарден кредит...............................................................7

o Интрадневни кредити...........................................................8

Меѓубанкарки пазар на депозити.............................................

Page 2: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА - ПОСТАВЕНОСТ

1.      Поставеност на монетарната политика

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) е централна

банка, чијашто основна цел е одржување на ценовната стабилност, при

што таа е независна во остварувањето на функциите. Притоа, НБРМ ја

поддржува економската политика и финансиската стабилност на земјата

без да се загрози остварувањето на основната цел, почитувајќи ги

начелата на пазарната економија. Во согласност со законски

определените функции, НБРМ ја осмислува и ја спроведува монетарната

политика. На крајот на тековната година, во согласност со претходно

утврдената рамка на макроекономската политика, НБРМ изготвува

Проекција на монетарните движења за следната година, која ја усвојува

Советот на НБРМ. 

2.      Цели на монетарната политика

Одржувањето на ценовната стабилност е основната цел на

Народната банка на Република Македонија, утврдена со закон.

Поставувањето на оваа цел е во согласност со емпириски потврдените

сознанија дека ценовната стабилност создава најповолен

макроекономски амбиент за долгорочно одржлив економски развој.

Заклучно со 1999 година, инфлацијата во Република Македонија се

мереше преку индексот на цените на мало, а од 2000 година таа се

следи преку индексот на трошоците на животот. За остварување на

2

Page 3: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

крајната цел, НБРМ утврдува посредна цел на монетарната политика.

Така, од април 1992 година до септември 1995 година НБРМ ја

применуваше стратегијата на целење на паричната маса М1, како

посредна цел на монетарната политика. Почнувајќи од октомври 1995

година наваму, НБРМ спроведува монетарна стратегија на целење на

номиналниот девизен курс на денарот во однос на германската марка, а

од јануари 2002 година во однос на еврото. Според тоа, одржувањето на

стабилноста на девизниот курс на денарот претставува посредна цел на

монетарната политика. Примената на стратегијата на целење на

девизниот курс произлегува од: а) важноста на девизниот курс во мала и

отворена економија;  б) потребата од номинално сидро за одржување

кредибилитет; в) високиот степен на евроизација, и г) транспарентноста

на политиката на девизниот курс и можноста за секојдневно следење од

страна на економските субјекти. 

3.      Каматна политика и трансмисиски механизам

Во услови кога монетарната политика е насочена кон одржување

на стабилноста на девизниот курс на денарот, каматните стапки и

понудата на пари се зависни  категории, одредени од остварувањето на

посредната цел. Преку својата каматна политика НБРМ упатува

монетарни сигнали до банките и на тој начин настојува да влијае врз

висината на нивните активни и пасивни каматни стапки. Тековно,

основна каматна стапка на НБРМ е каматната стапка остварена на

аукциите на благајнички записи. 

3

Page 4: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

СПРОВЕДУВАЊЕ НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА

Заради остварување на ценовната стабилност, како примарна

цел на монетарната политика, НБРМ располага со различни инструменти

за монетарно регулирање.

Имајќи предвид дека помеѓу инструментите и крајната цел на

монетарната политика постои сложена и индиректна поврзаност со

временско задоцнување, НБРМ го следи движењето на одредени

економски варијабли - оперативни и посредни цели. Оперативните цели

полесно се контролираат, но се подалечни од крајната цел, додека

посредните цели потешко се контролираат, но се поблиски до крајната

цел. Преку управувањето со нивото на каматните стапки, а со тоа и

нивото на ликвидните средства во банкарскиот систем, како оперативна

цел, НБРМ настојува да влијае врз нивото на девизниот курс, како

посредна цел на монетарната политика.

Од инструментите на НБРМ, најфлексибилни се операциите на

отворениот пазар, коишто зависно од ликвидносната состојба во

вкупниот банкарски систем, можат да се спроведуваат преку емисија на

хартии од вредност на НБРМ - аукции на благајнички записи, или преку

купување или продажба на хартии од вредност на привремена или

дефинитивна основа. Стандарден инструмент претставува

задолжителната резерва преку која НБРМ директно влијае врз понудата

4

Page 5: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

на пари и кредити. За надминување на краткорочниот ликвидносен

недостиг кај банките на крајот на денот, НБРМ одобрува ломбардни

кредити преку ноќ.

Инструменти на монетарната политика:

Операции на отворениот пазар

Задолжителна резерва

Ломбарден кредит

Интрадневен кредит

ОПЕРАЦИИ НА ОТВОРЕНИОТ ПАЗАР

Операциите на отворениот пазар претставуваат група индиректни

пазарни инструменти на монетарната политика, преку кои НБРМ врши

продажба и купување на хартии од вредност. Со овие инструменти се

влијае врз нивото на краткорочните каматни стапки, односно нивото на

расположливите ликвидни средства на банките. Зголемувањето на

каматната стапка кај овие операции упатува на порестриктивна

монетарна политика и обратно, намалувањето на каматната стапка

овозможува релаксирање на монетарните движења.

Структурната позиција на банкарскиот систем во однос на централната

банка придонесе повлекувањето ликвидни средства од банкарскиот

систем коешто НБРМ го остварува преку емисија на хартии од вредност

(благајнички записи) да доминира подолго време. Од друга страна, репо-

операциите и дефинитивните купопродажби на хартии од вредност на

секундарниот пазар се помалку застапени.

Во услови на позначајни отстапувања кај проекциите на ликвидноста

коишто доведуваат до непланиран вишок или недостиг на ликвидност во

вкупниот банкарски систем, НБРМ може да применува (вонредни)

5

Page 6: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

операции за фино регулирање преку коишто се избегнуваат значајни

флуктуации на нивото на ликвидноста на банкарскиот систем и

каматните стапки на пазарите на пари.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА

Задолжителната резерва е стандарден инструмент на

монетарната политика на НБРМ, којшто ги обврзува банките и

штедилниците да издвојуваат средства на сметките кај централната

банка. Основната функција на инструментот е стабилизирање на

краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, управување со

понудата на пари и нивото на кредитна мултипликација и намалување на

структурниот вишок на ликвидност. 

Стапката на задолжителна резерва на банките изнесува 10,0% за

обврски во домашна валута, 20,0% за обврски во домашна валута со

валутна клаузула и 13,0% за обврски во странска валута. Стапката на

задолжителна резерва на штедилниците изнесува 2,5%. Основата на

задолжителната резерва се утврдува како просек од состојбата на

обврските од билансите на банките и штедилниците за секој календарски

ден од претходниот месец. Периодот на исполнување на

задолжителната резерва е од 11. во тековниот месец до 10. во следниот

месец.

Задолжителната резерва во денари на банките се пресметува како збир

на износот утврден од обврските во домашна валута, износот утврден од

обврските во домашна валута со валутна клаузула и 23% од износот

утврден од обврските во странска валута. Задолжителната резерва во

денари банките ја исполнуваат на просечно ниво. Задолжителната

резерва на банките во девизи се утврдува на ниво од 77% од износот

пресметан од обврските во странска валута. Задолжителната резерва на

банките во девизи се издвојува на посебни девизни сметки на НБРМ во

странство и се исполнува во евра на фиксно ниво. Штедилниците ја

6

Page 7: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

исполнуваат задолжителната резерва на посебни сметки кај НБРМ на

фиксно ниво.

Стапката на надомест за задолжителната резерва во денари изнесува

2%. Стапката на надомест на задолжителната резерва во евра изнесува

0,1%.

РАСПОЛОЖЛИВ КРЕДИТ ПРЕКУ НОЌ (ЛОМБАРДЕН КРЕДИТ)

Основната функција на ломбардниот кредит е надминување на

ликвидносните проблеми кај поединечни банки со што се придонесува

кон стабилизирање на ликвидноста на пазарите на пари и флуктуациите

на краткорочните каматни стапки. Ломбардниот кредит се одобрува со

рок на достасување преку ноќ. Каматната стапка на ломбардниот кредит

претставува горна граница на краткорочните каматни стапки на пазарот

на пари. Кредитот се одобрува по барање на банките, во форма на репо-

трансакција (ломбарден репо). Ломбардниот репо се склучува согласно

со Генералниот репо-договор, а како обезбедување се користат хартии

од вредност согласно со Листата на хартии од вредност за

спроведување на монетарни операции.

ИНТРАДНЕВЕН КРЕДИТ

Основната функција на овој кредит е надминување на

ликвидносните нерамнотежи кај банките коишто настануваат како

резултат на поголеми одливи во однос на приливите во текот на денот.

7

Page 8: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

На тој начин, овој инструмент овозможува непречено реализирање на

платните трансакции во текот на денот и го подобрува ликвидносното

управување на банките. НБРМ не наплаќа камата на интрадневниот

кредит. Кредитот се одобрува по барање на банките во форма на репо-

трансакција (интрадневен репо) и постои можност за претворање на

интрадневниот репо во ломбарден репо на крај на денот. Интрадневниот

репо се склучува согласно со Генералниот репо-договор, а како

обезбедување се користат хартии од вредност согласно со Листата на

хартии од вредност за спроведување на монетарни операции.

Време е Македонија да ја менува монетарната политика?!

НА ЕКОНОМИЈАТА И ТРЕБА ПОВИСОКА ИНФЛАЦИЈА И

ФЛЕКСИБИЛЕН

ДЕВИЗЕН КУРС

Македонските економски експерти предупредуваат дека е

време во преговорите со ММФ да се отворат прашањата за

повисока инфлација и флуктуирачки девизен курс, кои покрај

реформите во реалниот сектор ќе помогнат во остварувањето на

поголем економски раст. Предлозите се дека за Македонија

најоптимална стапка на инфлација е од 6% до 7%, наспроти

годинашните 1,8%

Главните цели на макроекономските политики на Владата на

Бранко Црвенковски за изминатава 2003 година беа зголемувањето на

вработувањето и намалувањето на сиромаштијата. На крајот на

годинава може со сигурност да се каже дека целите не се остварени.

8

Page 9: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

Невработеноста се зголеми достигнувајќи рекордна бројка, дури и во

светски рамки. Не е постигнат ниту планираниот пораст на бруто

домашниот производ (БДП) од 3%. Македонската економија годинава ќе

забележи раст од ниски 0,7%. Извозот сe уште е на ниско ниво,

трговскиот дефицит продолжува да се зголемува, како и задолженоста

на земјата во странство. Курсот продолжува да се држи стабилен, а

инфлацијата е под нивото дури и на најразвените земји.

Оттука, едноставниот заклучок е дека макроекономските прогнози се

предвидуваат на нереални основи, односно дека нешто не е во ред со

економските политики кои ги спроведува Владата и Народната банка на

Македонија (НБМ).

Во време кога треба да се планираат макроекономските

показатели за идната година, голем дел од домашните економски

експерти сметаат дека е време Македонија да ја промени досегашната

парадигма на одржување на ниска инфлација и фиксен девизен курс по

секоја цена. Време е на ММФ аргументирано да му се посочи дека

стабилизационата политика која се спроведува за Македонија е

премногу рестриктивна и контрапродуктивна во услови на слаба

економска активност.

Која е оптимална стапка на инфлација за Македонија?

Според академик и професорТаки Фити оптимална стапка на

инфлација за Македонија би била од 6% до 7% на годишно ниво, со

истовремено одржување на цврста фискална и порелаксирана

монетарна политика.

“Состојбите во македонската економија не убедуваат дека е време

Владата, во преговорите со ММФ и Светската банка да го отвори

прашањето на пофлексибилно управување со агрегатната побарувачка,

во функција на зголемување на производството и вработеноста. Во

услови кога ниските стапки на инфлација се факт за Македонија и кога не

постојат стравувања од инфлаторни очекувања, мислам дека со

9

Page 10: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

соодветен монетрано-фискален микс, Македонија треба да оди на стапки

на инфлација од 6% до 7%”, смета Фити.

Според него, монетарната експанзија, на краток рок, ќе придонесе

за зголемување на вкупната побарувачка, како и за зголемување на

вработеноста и производството, преку намалување на реалните каматни

стапки, зголемување на инвестиците кај компаниите и зголемување на

извозот, поради депрецијацијата на курсот на домашната парична

единица.

Според Глигор Бишев, прв генереален директор на Стопанска банка

монетарната политика е веќе дефинирана кон одржување на стабилен

девизен курс.

“Под ценовна стабилност се смета она ниво на инфлација кое не

доведува економските субјекти да го вградуваат при донесувањето на

идните ценовни одлуки. Носителите и креаторите на монетарната

политика не може однапред да знаат кое ниво на инфлација е оптимално

за Македонија. Потребна е соодветна координација на политиките и

внимателност во постепеното изнаоѓање на оптималната и прифатлива

стапка на инфлација, која нема да ги тера економските субјекти да се

чувствуваат дека цените постојано ќе растат и тие очекувања да ги

вградуваат во нивните ценовни одлуки”, смета Бишев.

Бишев потенцира дека резултатите од кратењето на јавните

трошења и намалувањето на буџетските дефицити веќе почнуваат да се

манифестираат преку трендот на намалување на каматните стапки.

“Сега треба да следи реструктуирањето на реалниот сектор”, вели

Бишев.

Во случај на зголемувањена стапката на инфлација, економските

експерти предупредуваат дека би требало особено да се внимава да не

дојде до зголемување на буџетската потрошувачка, туку да се пристапи

кон промена на лошата структура на буџетските трошоци. Во

10

Page 11: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

минатогодишниот буџет околу 90% од буџетските трошоци беа наменети

за плати за јавна администрација, социјални трансфери, тековни

трошоци и отплата на долгови, за сметка на ниските износи на капитални

трошоци за крупни инфраструктурани објекти. Годинава Владата дури не

успеа да ги потроши и планираните, а со ММФ договорени капитални

трошоци, што дополнително ја загуши економската активност во земјата.

Поврзаноста помеѓу стапката на инфлација и стапката на

економски раст е тема на многу економски анализи, како на домашни,

така и на странски економски експерти. Анализите и искуставата од

другите земји покажуваат дека претерано ниската инфлација има

контрапродуктивно влијание врз стапките на економски раст, особено во

земјите во развој и транзиционите економии. Од друга страна, постои

заедничка согласност дека инфлационото финансирање на економскиот

раст, со одржување на високи буџетски дефицити и високи двоцифрени

стапки на инфлација има многу поголеми штети врз економијата.

Повеќе светски економисти на чело со нобеловецот Јозеф

Стиглиц сe почесто го критикуваат ММФ за неговите рестриктивни

стабилизациони програми кои подразбираат ниска инфлација и ниски

буџетски дефицити.

Според Стиглиц, инсистирајќи на ниска инфалција, ММФ често ги меша

целите, односно ги занемарува вистинските проблеми со кои се

соочуваат земјите во развој и транзиционите економии, како нискиот

економски раст и високата невработеност.

Денарот треба да е флуктуирачки, но ќе остане фиксен

За да се олесни прилагодувањата на економијата кон

внатрешните и надворешните шокови експертите предлагаат во

преговорите со ММФ да се отвори прашањето за воведување на режим

на флуктирачки девизен курс во границите +/-5% од основниот курс во

однос на еврото. Тоа во пракса би значело дека курсот би бил исто

стабилен, со таа разлика што може слободно да осцилира во границите

+/- 5%, без НБМ да треба да реагира на девизниот пазар.

11

Page 12: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

“Единствено прашање што може да се дискутира е каков девизен курс да

се тергетира, односно дали фиксен, дали флуктуирачки, ако е

флуктуирачки колку да изнесуваат маргините. НБМ се изјасни дека

девизниот курс останува фиксен и од тој аспект сите непознаници или

шпекулации се непотребни и штетени. Во секој случај, маневарскиот

простор за манипулација со курсот на денарот не е многу голем, особено

ако се има предвид дека Македонија е мала и отворена земја”, објаснува

Бишев.

Гувернерот на НБМ Љубе Трпевски како и секогаш е дециден дека

фиксниот девизен курс останува и понатаму главно средство во одбрана

на ценовната стабилност во земјата.

Фиксниот девизен курс е договорен и во Стенд-бај аранжмнот со

ММФ кој истекува во јуни идната година, што значи дека евентуална

промена во режимот на девизниот курс би можела да се очекува дури во

втората половина на идната година.  

Експертите се согласни околу фактот дека само извозот, односно

девизните извозни приливи се гаранција за стабилноста на денарот,

односно дека монетарните и фискални корекции нема многу да им

помогнат на македонските компании, ако тие не сфатат дека мора да го

подобрат своето работење, да бидат попрофитабилни и поконкурентни,

да го подобрат менаџментот и управувањето и да инвестираат во својот

развој.

“Монетарната политика не може да ги реши реалните и структурни

проблеми, како реструктуирањето на претпријатијата, иницијативноста и

квалитетот на менаџерите, изготвување на добри инвестицони проекти.

Но, секако може да создаде поповолен претпримечки амбиент и да ги

поттикне мотивите за инвестирање и очекувањата за поголеми профити

на економските субјекти”, вели Фити.

12

Page 13: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

ФИСКАЛНА ПОЛИТИКА

Фискална политика (fiscal policy) - политика на владина потрошувачка

преку која владата влијае на макроекономските услови, со цел да ја

набљудува економијата. Фискална стратегија е стратегија која ја

изготвува Министерството за финансии за среднорочен период од три

години со која ги предлага насоките и целите на фискалната политика и

ги утврдува износите за главните категории на проценетите приходи и

одобрените средства за тој период. Стратегијата ја донесува Владата на

Република Македонија најдоцна до 31 мај во тековната фискална година.

13

Page 14: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

ЗАКЛУЧОК

Промените во државната макроекономска политика влијаат врз

аутпутот и девизниот курс.Нашето интересирање за макроекономските

политики произлегува од низвната корисност при дејствувањето против

економските нарушувања кои предизвикуваат флуктуирање на аутпутот,

вработеноста и инфлацијата.

Најважни се два вида на државни политики, монетарната политика,

која дејствува преку промените на пониудата на пари, односно Народна

Банка влијае на оваа промена затоа што таа има главно учество во

регулирањето на прите во оптек.И фискалната политика, која дејствува

преку промените во државната потрошувачка или даноците.Овде не

влијае Народната Банка, туку тука најголемото влијание за овие промени

паѓа на Владата која влијае на макроекономските услови.

14

Page 15: МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА

Меѓународни финансии…………………………Универзитет Климент Охридски

15