6
Романтизмот се појавува по буржоаската револуција (1789),на крајот од XVIII век како реакција на класицизмот.Се појавил во Германија, но веднаш се проширил во Англија,Франција,Италија,Русија и траел до средината на IX век. Особености на романтизмот : -Незадоволство од сегашноста и копнеж по нешто непознато и далечно ( се зголемува стремежот за патување во непознати и далечни земји,а незадоволството од сегашноста се изразува со враќање во минатото кое се идеализира) -Во романтизмот не се изразуваат колективните,туку само субјективните чувства(творечки индивидуализам; ликовите се индивидуалисти кои се незадоволни,најчесто гневни и се борат за големи хумани идеали) -Се создава култ кон жената која е претставена како прекрасна убавица,благородно и возвишено суштество( во овој период за прв пат по античката литература се појавуваат главни женски ликови) -Слобода во творечкото создавање,односно мешање на литературни видови и стилови (за разлика од класицизмот каде тоа не било дозволено), што довело до создавање на нови: роман во стихови, поема. -Култ кон народното творештво ( како најверен израз на народниот дух и јазик) -Збогатување и усовршување на поетскиот стил и јазик,особено со зборови и изрази од секојдневниот говор. Романтизмот се развил во 2 насоки : 1.Реакционерна-потомци на собореното благородништво кои биле против сегашната власт и мечтаеле за минатото. 2.Прогресивно-револуционерна-новото граѓанство кое гледало кон иднината која ја идеализирале. Романтизмот во Германија Лулка на европскиот романтизам е Германија.Она што денес воопштено го поимаме под терминот германски романтизам опфаќа педесетгодишен период

Романтизам - трета година средно образование

Embed Size (px)

DESCRIPTION

нешто за романтизам

Citation preview

Page 1: Романтизам - трета година средно образование

Романтизмот се појавува по буржоаската револуција (1789),на крајот од XVIII век како реакција на класицизмот.Се појавил во Германија, но веднаш се проширил во Англија,Франција,Италија,Русија и траел до средината на IX век.Особености на романтизмот : -Незадоволство од сегашноста и копнеж по нешто непознато и далечно ( се зголемува стремежот за патување во непознати и далечни земји,а незадоволството од сегашноста се изразува со враќање во минатото кое се идеализира)-Во романтизмот не се изразуваат колективните,туку само субјективните чувства(творечки индивидуализам; ликовите се индивидуалисти кои се незадоволни,најчесто гневни и се борат за големи хумани идеали)-Се создава култ кон жената која е претставена како прекрасна убавица,благородно и возвишено суштество( во овој период за прв пат по античката литература се појавуваат главни женски ликови)-Слобода во творечкото создавање,односно мешање на литературни видови и стилови (за разлика од класицизмот каде тоа не било дозволено), што довело до создавање на нови: роман во стихови, поема.-Култ кон народното творештво ( како најверен израз на народниот дух и јазик)-Збогатување и усовршување на поетскиот стил и јазик,особено со зборови и изрази од секојдневниот говор.Романтизмот се развил во 2 насоки:1.Реакционерна-потомци на собореното благородништво кои биле против сегашната власт и мечтаеле за минатото.2.Прогресивно-револуционерна-новото граѓанство кое гледало кон иднината која ја идеализирале.

Романтизмот во ГерманијаЛулка на европскиот романтизам е Германија.Она што денес воопштено го поимаме под терминот германски романтизам опфаќа педесетгодишен период на буен развиток на германската литература,теорија,филозофија и уметност воопшто,па претставува комплексен склоп на бројни тенденции во текот на неговиот развиток во времето. Највисок литературен дострел движењето остварува во раното стразбуршко творештво во делата на Гете и Шилер,кои доживуваат голем успех и широка популарност.По заминувањето на Гете во малата германска република Вајмар.започнува нов период во германскиот предромантизам,наречен Вајмарска класика.Хајделбершкиот кружок ја означува подоцнежната фаза на гер. романтизам. Браќата Јакоб и Вилхелм Грим во својата плодна истражувачка и професорска дејност се,всушност основачи на германистиката,творци на Германската граматика,Германскиот речник и проследувачи на германската литературна историја.Претставник на доцниот романтизам е Ернст Теодор Амадеус Хофман.

Page 2: Романтизам - трета година средно образование

Јохан Волфганг ГетеНајголемиот литературен дел од гер. романтизам му припаѓа на Гете,иако само мал дел на неговото младешко творештво навистина му припаѓа на предромантичарското движење ‘Бура и натисок’.Најголемиот дел од неговиот обемен литературен и критички опус,што го чинат бројни стихови,драми,романи,критичко-есеистички и филозофски дела,му припаѓа на правецот во германската литература познат како ‘Вајмарска класика’.Дела: Страданијата на младиот Вертер(роман),Херман и Доротеја(еп),Римски елегии(стихозбирка),Лајпцишка книга песни(1769),Гец фон Берлихинген(драма),Венецијански епиграми и Западно-источен диван(стихозбирки),Години на наукувањето на Вилхем Мајстер(роман), Ифигенија на Таврида(трагедија),Од мојот живот;Поезија и вистина(автобиографија),Италијанско патување(патопис).

Романтизмот во АнглијаВтемелувачи на англискиот романтизам се двата големи поети: Вилијам Вордсворд и Семјуел Тејлор Колриџ,кои заемно соработуваат и ја претставуваат таканаречената Езерска школа на англискиот романтизам.Иако својата литературна дејност ја започнува со поеми со авантуристичко-љубовен карактер според вкусот на неговото време,Валтер Скот е до денес особено значаен како творец на историскиот роман во англиската литература.Дела:Ајванхо,Амајлија,Ваверли или шеесет години подоцна,Стариот начин на умирање,Мидлотианското срце,Доживувањата на Нигел(романи). Џорџ Гордон Бајрон Својот најзнаковит претставник англискиот романтизам го наоѓа во бујната ,нескротлива и поетична личност на Бајрон.Неговите стихови се израз на длабоко проживеаното искуство на непромирлив бунтовник пред конформизмот на сопствената средина,прогнаник,романтичен поет задоен со чувството на светската тага,пламен поборник против ропството и тиранијата.Дела:Странствувањето на Чајлд Харолд,Ѓаур,Абидоската свршеница,Дон Жуан(поеми),Манфред,Каин(драми),Гусар,Лара(поеми),Визија на небесното судење(драма).

Page 3: Романтизам - трета година средно образование

Виктор ИгоИго е челник на францускиот романтизам,кој ќе ја одбележи епохата со бројни книги песни,драми,романи и есеи.Неговото шеесетгодишно и разновидно творештво ќе го надживее тридеценскиот подем на францускиот романтизам,но Иго останува да твори и до денес го има значењето на најголем книжевник во Франција во XIX век.Неговото лит.творештво е обемно и разновидно.Зад себе остава повеќе од 20 големи поетски книги.Дела:Оди,Нови оди,Балади,Ориенталки,Самрачни песни,Внатрешни гласови,Одмазди(политичка сатира),Контемплации,Легенда на вековите(епски дела),Кромвел,Ернани,Руј Блаз,Германски грофови(драми),Последнот ден на еден осуден на смрт(роман),Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз,Клетници,Човекот што се смее.

Едгар Алан По(романтизмот во САД)Прозното и поетско творештво на По,од една страна се јавува во препознатлив американски контекст во своето време,а од друга страна го предвестува новиот развиток и на американската и на европската литература-симболизмот.Едгар Алан По е американски поет,раскажувач,публицист и критичар,чие творештво се совпаѓа со периодот на европскиот романтизам.Популарноста најпрвин ја стекнува во Европа,преведен од фран.поет Шарл Бодлер.Покрај бројните успешни есеи и публикации во американските списанија и студии во кои ги изразува своите погледи во однос на поетската уметност ,автор е на поетските книги:Тамерлан и други песни,Гарванот и други песни,Раскази гротески и апабески(кратка проза),Ѕвона,Анабел Ли,За Ани(песни).Се чини ужасот е другото лице на судбински доживеаната убавина.Најчест мотив во неговата поезија е мотивот на смртта,особено мотивот на мртвата љубена.Мотивот на смртта во поезијата на По е секако предизвикана од несреќните загуби,кои го чинат неговиот живот,а неговата фантазмагорија е израз на неговата душевна растргнатост,која ќе доведе и до негово растројство.

Page 4: Романтизам - трета година средно образование

Александар Сергеевич Пушкин(романтизмот во Русија)Романтизмот е богато поглавје во руската литератуа од XIX век.Пушкин е голем лит.поим,најавторитетен челник на една најгласовита во целиот свет литература-руската.Веројатно нема ниеден национален јазик на Земјината топка во којшто не е приопштено неговот дело.Штом една национална литература,сеедно дали се подалечни или со понови почетоци успеала да го приопшти Пушкин кој својата култура,таа литература веќе располага со статус на самобитна национална литература.Дeла:Кавкаскиот пленик(поема),Евгениј Онегин(роман во стихови),Ревизор и Мртви души,Бахчисарајскиот фонтан,Цигани(поеми),Кинжал,Кон морето,Изгасна дневната светлина,Демон(песни).Пушкин е почеток на сите почетоци на руската лит.Практично тој го создава рускиот лит.јазик,исковувајќи му го целосно стилското богатство.Се смета за родоначалник на класичниот романтизам и на реализмот во руската лит.Името на Пушкин е синоним за вечен монументален автор,се смета за родоначалник на новата руска лит,ненадминат во својата опигиналност и индивидуалност,автор признат со светски релации,еден од најретките избраници меѓу поетите-космополити.Сеопшто е мислењето дека Пушкин претставува централна личност не само во руската поезија од XIX век,туку и во руската поезија воопшто или како ќе биде речено:некој вид на руска поетска антика.Поезијата на Пушкин од раниот период го изнесува чувствувањето на брзата одминувачка на животот,која наметнува жед за наслади.

Михаил Јурјевич Лермонтов Лермонтов е еден од најгласовитите руски поети од првата половина на XIX век ,од периодот на романтизмот,којшто уште за време не својот живот ќе биде наречен Пушкинов наследник и заштитник.Дела: Вадим(роман),Маскарада,Бородино.