14
Фискална политика 1 С О Д Р Ж И Н А Вовед.............................................................................................2 1. Фискална политика и агрегатната побарувачка.......................3 2. Стабилизациона улога на фискалната политика......................4 3. Методи на спроведување на фискалната политика.................9 3.1. Вградени (автоматски) стабилизатори........................................9 3.2. Дискрециона фискална политика политика..............................10 3.2.2 Ограничување и слабости на дискреционата...............11 4. Заклучок.................................................................................... .13 Користена литература................................................... ...............14

Фискална политика

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Фискална политика семинарска

Citation preview

Page 1: Фискална политика

Фискална политика

1

С О Д Р Ж И Н А

Вовед.............................................................................................2

1. Фискална политика и агрегатната побарувачка.......................3

2. Стабилизациона улога на фискалната политика......................4

3. Методи на спроведување на фискалната политика.................9

3.1. Вградени (автоматски) стабилизатори........................................9

3.2. Дискрециона фискална политика политика..............................10

3.2.2 Ограничување и слабости на дискреционата...............11

4. Заклучок.....................................................................................13

Користена литература..................................................................14

Page 2: Фискална политика

Фискална политика

2

Вовед

Фискалната политика е една од најзначајните макроекономски

политики што ги спроведуваат современите држави.

Фискалната политика претставува употреба на државните

(владините) прходи и расходи за дејствување врз макроекономските

агрегати, односно врз вкупната економска активност.

Целите на фискалната политика во смисла на макроекономската

стабилност се остваруваат со промени во обемот и во структурата на

јавните расходи и промени во структурата на даноците и на даночните

стапки. Можноста на овој начин да се остваруваат целите на

макроекономската политика се базира на можноста со наплата на даноците

и реализацијата на програмите на јавните расходи да се влијае на нивото

на агрегатната побарувачка, за кое подоцна ќе стане збор, а преку тоа и на

нивото на вработеноста и на цените.

На тој начин политиката на даноци и на јавни расходи има значајно

дејство врз макроеконмските движења, а на микорекономски план на

однесувањето на стопанските субјекти.

Поимот на стабилноста е поврзан со поимот на економската

рамнотежа. Под рамнотежа на целовкупната економија во еконмската

полтитка се смета истовремено оставрување на високо ниво на

вработеност, односно полна вработеност, стабилност на општото ниво на

цените, уремнотежен платен биланс и стабилен стопански раст,

економската рамнотежа е обратно. Koncepcijata na fiskalnata politika vo sovremenata

makroekonomska teorija svoite koreni gi ima vo

krupnite kvantitativni i strukturni promeni na

javniot sektor {to nastanaa so porastot na dr`avniot

a vo tie ramki i na fiskalniot intervencionizam vo

stopanstvoto i vo socijalnite odnosi, {to dovede do

novi i obemni javni rashodi, do zgolemuvawe na

fiskalnata presija i do pro{iruvawe na praktikata na

deficitno finansirawe na dr`avata i sozdavawe na

hroni~ni buxetski deficiti. Do eskalacija na javniot

sektor dojde osobeno vo tekot na Golemata depresija

vo triesetite godini, vo tekot na Vtorata svetska

vojna i vo periodot na relatиvniot prosperitet po

vojnata, pridru`en od sfa}awa za dr`ava na

blagosostojba vo razvienite zemji no i vo vrska so

sovladuvaweto na tekovnite i na drugite ekonomski i

politi~ki sprotivnosti vo sovremenoto op{testvo.

Page 3: Фискална политика

Фискална политика

3

Vo takvi uslovi fiskalnata teorija i

makroekonomskata analiza svojot interes go iska`uvaat

vo prv red, za dano~nata struktura, za karakterot i

goleminata na oddelnite vidovi javni prihodi, za

visinata na vkupnoto fiсkalno optovaruvawe na

op{testveniot proizvod i za efektite {to gi

predizvikuvaat danocite i drugite prihodi na dr`avata

i nejzinite institucii na {tedeweto (akumulacija)

investiciite i vrabotuvawe, na lokacijata na

resursite i na redistribucijata na dohodot {to

nastanuva po dejstvo na fiskalniot mehanizam.

Vo ponovite programi na pogolem broj zemji

te`i{teto se pove}e se stava na implikaciite {to gi

induciraat fiskalnite merki na mikroekonomski plan,

na efikasnosta i komponentnosta na stopanskite

subjekti, kako i na funkciite na fiskalniot sektor vo

procesite na strukturnoto prisposobuvawe i na

meѓunarodnata kompetitivnost.

1. Фискална политика и агрегатната побарувачка

Кога фактичкиот БДП е над потенцијалниот, економијата е во фаза

на експанзија – порст на економската активност со живи цени и

инфлаторен притисок кој може да премине во неконтролирана инфлација.

Во овој случај зборуваме за постоење на инфлаторен јаз. Обратно, кога

фактичкиот БДП е под потенцијалниот економијата е во фаза на рецесија-

опаѓање на економската активност. Во овој случај во економијат постои

рецесионен јаз. Ако економијата се наоѓа во фаза на експанзија, доаѓа до

пораст на општото ниво на цените, а со тоа и до порст на номиналните

доходи на учесниците во економскиот живот.

За да се забави економската активност и да се спречи инфлацијата

државата ќе води рестриктивна фискална политика. Рестриктивната

фискална политика може да се реализира преку една од следните три

опции:

- Намалување на државната потрошувачка;

- Зголемување на даноците;

- Комбинација на првата и втората опција, односно намалување на

државната потрошувчка со едновремено зголемување на

даноците.

Page 4: Фискална политика

Фискална политика

4

Ако владата се определи за првиот пристап, тогаш и намалувањето

на агрегатната побарувачка е директно бидејќи едноставно е составна

компоненета на агрегатната побарувачка: AD=C+L+G+ (X-M).

Доколку пак владата го прифати вториот пристап зголемените

даноци ќе значат зафаќање на поголем дел од доходите на домаќинствата и

претпријатијата со што намалувањето на агрегатната побарувачка ќе се

ефектуира преку намалување на потрошувачката на секторот на

населението и инвестициите на секторот на претпријатијата.

Третиот пристап би се свел н комбинирано дејство на првите два

пристапи.

2. Стабилизациона улога на фискалната политика

Користењето на инструментите на фискалната политика за

регулирање на обемот и структурата на агрегатната побарувачка е во врска

со остварувањето на нејзината стабилизациона улога во однос на

стабилноста на цените, полната вработеност, нивото на економскиот раст и

рамнотежата во билансот на плаќањата.

Според кензијанската теорија, економската нестабилност е

предизвикана од колебањата на агрегатната побарувачка. Кога таа е

доволна, односно кога заостанува зад движењето на потенцијалниот аутпут

(понудата), нивот на невработеноста се зголемува. Од друга страна, кога

економијата функционира блиску до полна вработеност, вишокот на

агрегатната побарувачка предизвикува инфлација. Оттука, ако може

движењето на агрегатната побарувачка да се управува за да се доведе во

согласност со движењето на потенцијалната понуда ќе се создадат

предуслови за постигнување на стопанска рамнотежа и остварувањата на

наведените стабилизациони цели.

Диспропорциите помеѓу агрегатната побарувачка и агрегатната

понуда може да се манифестираат како рецесионен јаз и како инфлаторен

јаз.

А. Експанзивна фискална политика. Овој вид на политика треба

преку одредени фискални акции да доведе до пораст на агрегатната

побарувачка заради елиминирање на рецесиониот јаз.

Рецесиониот јаз е големина со која агрегатната побарувачка го

намалува нивото на доходот при полна вработеност, кога не се потполно

Page 5: Фискална политика

Фискална политика

5

искористени материјалните и човечките ресурси. Состојбата на рецесија

освен со недоволната вработеност, се одликува и со намален обем на

инвестиции, а понекогаш и со пад на цените.

Основната задача на стабилизационата фискална политика во услови

на постоење на рецесионен јаз е создавањето компензаторски ефекти со

цел агрегатната побарувачка да се подигне до ниво кое одговара на

производството при полна вработеност, односно на ниво на

потенцијалниот output. Таквата фискална политика, која има цел да ја

стимулира агрегатната побарувачка претставува експанзивна фискална

политика. Целите на експанзивната фискална политика може са се

остварат со преземање на поединечни мерки или со комбинација на

мерките кои ќе придонесат да се зголемат јавната или личната

потрошувачка, или и едната и другата потрошувачка.

Тие мерки се:

1. зголемување на јавните расходи, при непроменети даноци, со што

се зголемува јавната потошувачка;

2. намалување на даноците и зголемување на трансферните плаќања,

при непроменети други видови јавни расходи, со што се зголемува

приватниот доход за потрошувачката;

3. едновремено зголемување на јавните расходи и намалување на

даноците, со што ќе се предизвика пораст на јавната и на приватната

побарувачка.

Порастот на јавните расходи за добра и услуги, освен што ќе има

примарен ефект, ќе предизвика и мултипликативно дејство, поради што

агрегатната побарувачка ќе се издигне на повисоко ниво (C+I+G),

придвижувајќи го стопанството до полна вработеност.

Државата треба да го избегне зголемувањето на даноците за

финансирањето на расходи за добра и услуги. Ако даноците на доход се

зголемат, тогаш ќе се намалат расположливиот доход и потрошувачката на

домаќинствата. Повисоките даноци на доход, исто така ги намалуваат

инвестициите на претпријатието. Зголемувањето на даноците може, значи,

делумно да го неутрализира ефектот на експанзивна политика.

Како алтернатива на порастот на јавните расходи за добра и услуги,

во функција на зголемувањето на агрегатната побарувачка во услови на

рецесија, може да се прибегне кон намалување на даноците.

Page 6: Фискална политика

Фискална политика

6

Таква мерка доведува до пораст на доходот на домаќинствата и на

нивната потрошувачка. Во овој случај, исто како и во случајот на

расходите, ќе се појават мултипликативни ефекти, што ќе биде

стимулативно за формирање на повисоко ниво на агрегатната побарувачка.

Доколку се комбинира порастот на јавните расходи со едновремено

намалување на даноците ќе се придонесе да се зголемат и јавната и

дериватната потрошувачка. Буџетскиот дефицит и јавниот долг неизбежно

ќе се зголемат. При постоење на неискористени расположливи материјали

и човечки капацитети, комбинираното стимулирање на агрегатната

побарувачка ќе влијае да се постигне нивото на доходот што одговара на

полна вработеност.

Б. Рестриктивна фискална политика.Оваа политика е насочена

кон ограничување на агрегатната побарувачка со цел да се елиминира или

да се ограничи инфлаторниот јаз.

Инфлаторниот јаз е големина со која агрегатната побарувачка го

надминува нивото на доходот при полна вработеност, кога се јавува пораст

на цените поради висока побарувачка.

Полната вработеност покажува дека економијата го достигнала

плафонот на својот капацитет. Доколку економската експанзија

придонесува агрегатната побарувачка да се формира на ниво кое го

надминува потенцијалниот обем на производство, доаѓа до зголемување на

нивото на цените, односно до појава на инфлација. За да се запре

инфлацијата треба де се спроведува рестриктивна фискална политика.

Инфлаторниот притисок кој произлегува од дополнителната

побарувачка е илустрирана на слика 1.

Ако кривата на побарувачката е С2+I2+G2, тогаш инфлаторниот јаз е

еднаков на отсечката АВ, т.е. на сумата со која агрегатната побарувачка го

надминува доходот кој одговара на полна вработеност.

Со мерките на фискалната политика треба де се редуцира

агрегатната побарувачка на нивото С1+I1+G1 за да се неутрализира

инфлаторниот притисок.

Page 7: Фискална политика

Фискална политика

7

AD

C2+ I2+ G2

C + I + G1 1 1

П ЛА НИ РА НА А ГРЕ ГАТ НА П О БА РУ ВАЧ К А

Y (БДП)

ИНФЛАТОРЕН ЈАЗ

ПОЛНА ВРАБОТЕНОСТ СТАБИЛНИ ЦЕНИ

A

B

Y 1

Сл.1 Инфлаторен јаз при диполнителна агрегатна побарувачка

Мерките со кои треба да се неутрализира притисокот на претераната

побарувачка се спротивни од оние се кои се поддржува експанзивата

фискална политика за запирање на рецесијата. Станува збор за следните

поединечни мерки или нивната комбинација:

1. намалување на јавните расходи за да се редуцира потрошувачка на

добра и услуги;

2. зголемување на даноците и намалување на трансферните расходи,

со што треба да се намалат расположливиот дохор и потрошувачката на

приватниот сектор;

3. комбинирана употреба на зголемувањето на нето даноците и

редуцирање на јавните расходи за добрата и услугите.

Споведувањето на овие мерки ќе резултира со намалаување на

постојниот буџетски дефицит или со создавање на буџетски суфицит.

Истите мерки ќе имаат соодветно дејство врз производството, доходот и

вработеноста како што е претставено на сликата 2 .

Page 8: Фискална политика

Фискална политика

8

Сл.2

P1

P2

P3

AD1

AD2

AD3

ASLRAS

Y3 Y2 Y1 Y (БДП)

Ниво на цените

0

Иницијалната рамнотежа на економијата е воспоставена при

постоење на инфлаторен јаз. Рамнотежниот доход (Y1) e повисок од

потенцијално можното производство, додека вработеноста е над т.н.

природна стапка на вработеност. Рестриктивните фискални мерки ја

редуцираат агрегатната побарувачка, поради што се воспоставува нова

рамнотежа во економијата. Од интензитетот и времетраењето на

рестриктивните мерки може да настанат следните ситуации:

(1) При поместување на кривата на агрегатната побарувачка (АD) од

почетната позиција АD1 во новата позиција AD2 рамнотежата се

воспоставува на нивото на потенцијалното производство. Малиот пад на

доходот и на вработеноста настануваат од запирање на инфлаторниот јаз.

Нивото на цените се спушта од точката Р1 во точката Р2.

(2) Натамошното редуцирање на агрегатната побарувачка го

намалува производството, при што новиот рамнотежен доход Y3 се

формира под нивото на потенцијалното производство. Поради нивото на

побарувачката AD3 нивото на цените се поместува во точката Р3. падот е

поблаг отколку во случајот (1).

(3) Доколку се продолжи со примената на рестриктивните мерки,

тогаш фискалната политика директно би се одразила на падот на доходот

на вработеноста, без да се промени нивото на цените. Новиот рамнотежен

доход уште повеќе би се одалечил од потенцијалното производство.

Page 9: Фискална политика

Фискална политика

9

Ситуацијата (3) претставува најефикасен избор поради позитивните

примарни и секундарни ефекти. Во случајот (2) се комбинираат

позитивниот примарен ефект и секундарниот негативен ефект; во првиот

случај двата ефекта се со сомнителна вредност.

Ако од досега изнесеното се заклучи дека рестриктивната фискална

политика насочена кон запирање на инфлацијата влијае на падот на

производството, доходот на вработеноста, тогаш промените во

инструментите на фисклната политика мора секогаш да биде во корелација

со последиците од тие промени. Ефектите, во секој случај, не се само

позитивни, поради што се наметнува прашањето за изборот на најдобрата

алтернатива, или алтернатива со најмалку негативни последици, која ќе го

одразува рационалното економско однесување и одлучување.

3. Методи на спроведување на фискалната политика

Реализацијата на целите на стабилизационата фискална политика по

пат на регулирање на агрегатната побарувачка може да се обезбеди преку

различни методи на користење на фискалните инструменти, како што се:

1. Методот на вградени (автоматски) стабилизатори;

2. Методот на дискрециони мерки;

3. Методот на формула на флексибилност.

3.1. Вградени (автоматски) стабилизатори

Експанзиите на економската активност проследени со пораст на

инвестициите, производството и вработеноста редовно се заменуваат со

рецесии, проследени сега обратно со пад на инвестициите, производството

и вработеноста. Силните експанзии понекогаш можат да преминат во

неконтролирана инфлација, а силните рецесии во депресии со

катастрофални последици. Затоа владите се принудени преку мерките на

дискреционата фискална политика да дејствуваат стабилизирачки врз

економиите.

Многу пати за да се реши некоја состојба во економијата владите

донесуваат различни одлуки кои што бараат долго време за спроведување.

Додека таквите одлуки се донесат состојбата во економијата може битно

да се влоши (на пример: експанзијата да премине во висока инфлација или

пак рецесијата во силна депресија) или пак економскиот циклус да

премине од едан во друга фаза. Задоцнетото дејствување на мерките на

Page 10: Фискална политика

Фискална политика

10

дискреционата фискална политика во секој случај на економијата ќе и

нанесе големи штети.

Но, во пректиката, за среќа работите стојат поинаку.

Современите фискални системи содржат во себе т.н. автоматски

стабилизатори кои самостојно се вклучуваат и дејствуваат антициклично

врз економијата, без да чека владата и парламентот да ги донесат тешките

одлуки за промената на даночните стапки и јавните расходи. Ако

економијата е во експанзија, цените растат а со тоа се зголемуваат

номиналните доходи на учесниците во економскиот живот, односно на

даночните обврзници, на граѓаните и претпријатијата. Сега со исти

непромененти даночни стапки владата во буџетот, во маса ќе зафати и

прибере поголеми доходи со што извлекува дел од парите во економијата и

ја смирува експанзијата.

Методот на вградени автоматски стабилизатори се базира врз

претпоставката дека одредени фискални големини автоматски дејствуваат

антициклично. Остварувењето на антицикличното дејство се постигнува

врз какви било интервенции на законодавното тело и на владата во однос

на обликувањето на инструментите на фикалниот систем. Со други

зборови, самиот фискален систем придонесува за стабилизација преку

генерирањето на автоматски приспособувања на даноците и на јавните

расходи на промените на нивот на доходот. Вградените стабилизатори го

ублажуваат падот на приватниот доход, а потрошувачката кога доходот

опаѓа и го ограничуваат приватниот доход и потрошувачката кога доходот

расте. Тие се автоматски по својата суштина затоа што дејствуваат

инверзно во однос на промените на доходот без да се превземат посебни

мерки за промени на елементите на фискалниот систем.

3.2. Дискрециона фискална политика

Дискреционата фискална политика претставува право на

владите на современите економии да предлагаат и применуваат промени

во јавните давачки (даночните стапки ) и во програмите на јавната

поторшувачка во зависност од фазата на економскиот циклус.

Поинаку кажано станува збор за активната, стабилизациона

фискална политика која што владата ја конципира и спроведува за да ги

избегне несаканите последици од експанзијата, односно рецесијата и да

осигура функционирање на економијата блиску до нивото на

Page 11: Фискална политика

Фискална политика

11

потенцијалниот БДП, односно да осигура што е можно порационално и

поефикасно користење на расположливите ресурси на економијата.

Ако владата е соочена со рецесија, дискреционата фискална

политика претпоставува право на владата да предложи и да побара од

парламентот да усвои намалување на даночните стапки или зголемување

на јавната потрошувачка, или да ги комбинира двете мерки, за да се

зголеми агрегатната побарувачка и да се надмине рецесијата. Владата

обратно би постапила, односно обратно би ги конципитала мерките на

дискреционата фискална политика во фаза на експанзија.

Иако голем број макроекономисти денес мислат дека владите,

особено во случај на посилни рецесии и експанзии имаат легитимно право

и обврска да спроведуваат дискрециона фискална политика за да ја

стабилизираат економијата и да го спречат нерационалното користење на

ретките ресурси, треба да се има во предвид фактот дека дискреционата

фискална политика се соочува со бројни слабости ограничувања кои ја

намалуваат нејзината ефикасност а понекогаш ја прават и контра

продуктивна.

3.2.2 Ограничување и слабости на дискреционата

политика

Можно е да се говори за две групи на ограничувачки фактори и

слабости со кои се среќаваат современите влади при концепирањето и

спроведување на дискреционите фискални политики:

слабости што произлегуваат од постоењето на т.н. time lag

(задоцнувања врзани со конципирањето и спроведувањето на

дискреционата фискална политика)

слабости што произлегуваат од неможноста на економската наука

со сигурност да ги антиципира, предвиди, настаните во иднина.

Временско задоцнување, односно т.н. time lag го опфаќа периодот

од иницијалното спознавање на рецесијата или инфлацијата преку

промените во дискреционите стабилизациони политики и нивната

примена се до првите ефекти што економијата ќе ги почувствува од нив.

Временскотот задоцнување им е иманентно, карактеристично на

двете клучни макроекономски политики: монетарната и фискалната.

Page 12: Фискална политика

Фискална политика

12

Кога е во прашање монетарната политика, временското задоцнување

од моментот на зголемувањето на понудата на пари, односно масата пари

во оптек, до првите ефекти врз економијата Фридман го проценува на 6-24

месеци. Ваквото задоцнување е резултат на спецификите на т.н.

трансмисионен механизам, кој монетарната политика-промените на

зголемената маса пари во оптек најпрвин се одразуваат врз каматните

стапки, а дури потоа врз штедењето, инвестициите и другите

макроекономски големини. Но, се разбира за тоа време реалните состојби

во економијата можат значајно да се изменат и промените во понудата на

пари да имаат спротивни ефекти.

Во овој контекст ефикасноста на фискалната политика е уште

попроблематична, бидејќи промената на даночните стапки и на програмите

врзани со јавната потрошувачка се законска материја која што бара долга

процедура-владина одлука, парламентарни комисии и расправа и

усвојување на промената на законите на самиот парламент. Фактички, кај

фискалната политика time leg произлегува од следните типови на

временско пролонгирање:

информационо-условено од потребата за прибирање и анализа на

информации за дијагностицирање на економската состојба,

односно на фазата и спецификите на економскиот циклус;

пролонгирање врзано со потребното време да се донесат

одлуките за промените на фискалната политика;

егзекутивно, задоцнување што се однесува на периодот помеѓу

озаконувањето на промените во фискалната политика и нивната

практична примена.

Проблемите од овој тип често пати ја чинат дискреционата фискална

политика. Да претпоставиме дека поради постоење на рецесија, владата се

подготвува да спроведе експанзивна фискална политика, односно да ги

намали даночните стапки, да ја зголеми јавната потрошувачка или да ги

комбинира двете мерки. Меѓутоа, поради долгиот time lag поминала цела

година.

Во меѓувреме состојбите во еконмијата значајно се промениле-

економијата веќе навлегла во фаза на експанзија. Поради тоа предложената

фискална политика сега е веќе депласирана и таа ќе ја поттикне

експанзијата наместо да ја заузда. Фискалната политика е значи

контрепродуктивна. Таа ќе предизвика инфлаторен јаз.

Page 13: Фискална политика

Фискална политика

13

4. Заклучок

Фискалната политика претставува употреба на државните (владините)

прходи и расходи за дејствување врз макроекономските агрегати, односно

врз вкупната економска активност. За да се забави економската активност

и да се спречи инфлацијата државата ќе води рестриктивна фискална

политика.

Користењето на инструментите на фискалната политика за

регулирање на обемот и структурата на агрегатната побарувачка е во врска

со остварувањето на нејзината стабилизациона улога во однос на

стабилноста на цените, полната вработеност, нивото на економскиот раст и

рамнотежата во билансот на плаќањата.

Диспропорциите помеѓу агрегатната побарувачка и агрегатната

понуда може да се манифестираат како рецесионен јаз и како инфлаторен

јаз.

Експанзивна фискална политика треба преку одредени фискални

акции да доведе до пораст на агрегатната побарувачка заради

елиминирање на рецесиониот јаз.

Рестриктивна фискална политика е насочена кон ограничување на

агрегатната побарувачка со цел да се елиминира или да се ограничи

инфлаторниот јаз. Инфлаторниот јаз е големина со која агрегатната

побарувачка го надминува нивото на доходот при полна врабитеност, кога

се јавува пораст на цените поради висока побарувачка. Реализацијата на

целите на стабилизационата фискална политика по пат на регулирање на

агрегатната побарувачка може да се обезбеди преку различни методи на

користење на фискалните инструменти, како што се: методот на вградени

(автоматски) стабилизатори; методот на дискрециони мерки; методот на

формула на флексибилност.

Дискреционата фискална политика претставува право на владите на

современите економии да предлагаат и применуваат промени во јавните

давачки (даночните стапки ) и во програмите на јавната поторшувачка во

зависност од фазата на економскиот циклус.

Можно е да се говори за две групи на ограничувачки фактори и

слабости со кои се среќаваат современите влади при концепирањето и

спроведување на дискреционите фискални политики: слабости што

произлегуваат од постоењето на т.н. time lag (задоцнувања врзани со

конципирањето и спроведувањето на дискреционата фискална политика),

слабости што произлегуваат од неможноста на економската наука со

сигурност да ги антиципира, предвиди, настастните во иднина.

Page 14: Фискална политика

Фискална политика

14

Користена литература

Проф. Д-р Живко Атанасовски: (2005), Јавни финансии,

Економски факултет, Скопје, стр. 386-420.

Д-р Таки Фити, М-р Владимир Филиповски: (1999),

Макроекономија, Економски факултет, Скопје, стр.197-206.

Мајкл Бурда (2000), Макроекономија, превод од англиски,

Економски факултет, Скопје.