16
ИСПИТУВАЊЕ НА КРАНИЈАЛНИТЕ НЕРВИ КАЈ КУЧИЊА 12 мозочни нерви и нивните рефлекси

Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Испитување на кранијалните нерви кај кучиња. 12 мозочни нерви и нивните рефлекси. 12 мозочни нерви. На главата има 12 мозочни нерви, сензорни и моторни, кои својствено регулираат одредена функција на органите и мускулите на главата. - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Page 1: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

ИСПИТУВАЊЕ НА КРАНИЈАЛНИТЕ НЕРВИ КАЈ КУЧИЊА

12 мозочни нерви и нивните рефлекси

Page 2: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

На главата има 12 мозочни нерви, сензорни и моторни, кои својствено регулираат одредена функција на органите и мускулите на главата.

Нивното правилно работење овозможува нормална функција на сетилните органи кои ги инервираат, а со тоа и нормален живот на единката.

Испитувањето на овие нерви се изведува врз основа на соодветните рефлекси кои се поврзани со нив, односно согледување на реакцијата на животните на одредени, намерни дразби од надворешната околина.

Секој поединечен рефлекс ја покажува функционалноста или дисфункцијата на еден или повеќе кранијални нерви, зависно од нивниот меѓусебен сооднос и преплетеност на патиштата.

Рефлексите се лесни и брзи за испитување, значително корисни дури и при рутински прегледи.

12 мозочни нерви

Page 3: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus olfactorius (I)

Првиот мозочен нерв излегува од bulbus olfactorius од мозокот, поминува низ lamina cribrosa и завршува во олфакторната мукоза на етмоидалниот лавиринт.

Учествува во перцепцијата на мирис и уникатен е по неговата функционалност.

Сензорната функција на овој нерв се испитува преку одговорот на кучињата на ароматични супстанци (лижење на носот и душкање), додека нивните очи се прекриени.

Не треба да се користат иритантни супстанци кои би го стимулирале n. trigeminus и би предизвикале ист или сличен ефект.

Page 4: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus opticus (II)

Вториот мозочен нерв е одговорен за чувството за вид.

Започнува од вентралниот диенцефалон, се движи низ canalis opticus со конечно дистрибуирање во ганглиските клетки на мрежницата на окото.

Рефлексот на трепнување, поврзан со овој нерв, се испитува со нагло доближување на раката, странично кон окото при што треба да настане актот на трепкање при непроменета функција.

Се испитуваат двете очи одделно, при што едното се држи затворено додека другото се испитува.

Треба да се внимава да не се создава турбулентно воздушно струење и да не се допрат трепките, бидјќи на тој начин се активира n. trigeminus кој предизвикува трепкање со капаците на очите.

Page 5: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus oculomotorius (III)

Третиот мозочен нерв излегува од мозокот во пределот на ростралниот мезенцефалон, преку sinus cavernosus оди до fissura orbitalis од каде го напушта черепот. Се инсертира во мускулите одговорни за движење на очното јаболко, движење на горниот очен капак и акомодација на ирисот.

Со оглед на тоа што има повеќе функции, неколку рефлекси се испитуваат за да се востанови неговата функционалност.

Најважни се вестибуло-окуларниот и пупиларниот рефлекс.

Вестибуло-окуларниот се изведува со движење на главата на кучето и согледување на симетријата во движењето на очните јаболка.

За испитување на пупиларниот рефлекс се вперува светлосен извор во очите на кучето и се следи дилатацијата и констрикцијата на зениците.

Page 6: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus trochlearis (IV)

Четвртиот мозочен нерв започнува од дорзалниот мезенцефалон и преку fissura orbitalis се инсертира во m. obliquus dorsalis.

Функционално учествува во движењето на очното јаболко.

Се испитува со претходно споменатиот вестибуло-окуларен рефлекс.

Page 7: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus trigeminus (V)

Петтиот мозочен нерв е мешовит (сензорни и моторни влакна) и е одговорен за инервација на поголем дел од кожата и слузниците на главата, како и мускулите кои учествуваат во актот на џвакање.

Моторниот дел започнува од pons cerebri, а сензорниот од трансверзалните нервни влакна долж мозочното ткиво.

Низ fissura orbitalis се издвојува n. ophthalmicus кој ја инервира носната мукоза, челото и пределот околу него.

Низ foramen rutundum поминува n.maxillaris кој ја инервира горната вилица. Низ foramen ovale поминува n. mandibularis задолжен за инервација на

долната вилица и брадата. Џвакачките мускули се инервирани од гранки на мандибуларниот нерв. Моторната функција на петтиот мозочен нерв се испитува преку држење на

устата на кучето отворена и согледување на отпорот кој мускулите го даваат.

Сензорните функции се испитуваат преку: - палпебралниот рефлекс (n.opht, n.max.); се палпираат аглите на окото да

се предизвика трепкање; - рефлекс на носната лигавица (n. opht.); се иритира носната лигавица со

последично повлекување на главата; - рефлекс на кожата (сите нерви зависно од локацијата); се потфатува

кожата со хемостат и се согледуваат гестикулациите на лицето.

Page 8: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus abducens (VI)

Шестиот мозочен нерв започнува од ростралниот дел на medulla oblongata, а неговите аксони го пратат правецот на III и IV мозочен нерв.

Се прифаќа за m. rectus lateralis и m. retractor bulbi.

Одговорен е за актот на повлекување на очното јаболко.

Се испитува со помош на корнеалниот рефлекс, со кој нежно се допира корнеата на очното јаболко, а ефектот е затворање на капаците и повлекување на очното јаболко.

Page 9: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus facialis (VII)

Седмиот мозочен нерв започнува од фацијалното јадро на ростралната medulla oblongata. Аксоните поминуваат низ внатрешниот акустичен отвор, а черепот го напуштаат низ foramen stylomastoideus.

N. facialis обезбедува моторна функција за мускулите на фацијалната експресија, а сензорната функција е одговорна за чувството на вкус во јазикот и непцето.

Парасимпатикусната компонента на овој нерв ги инервира лакрималните, мандибуларните и сублингуалните жлезди.

Поминува низ средното уво каде парасимпатикусните влакна се одделуваат.

Неговата функционалност се испитува со веќе познатите палпебрален и корнеален рефлекс, рефлекс на кожата и рефлексот на трепнување.

Page 10: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus vestibulocochlearis (VIII)

Осмиот мозочен нерв започнува на латералната страна од medulla oblongata и латералниот крај на трапезоидното тело. Поминува низ внатрешниот акустичен отвор и завршува на различни делови од увото.

Одговорен е за чувството за слух, рамнотежата и едначење на движењето на главата со движењето на очите.

Се испитува со помош на звучни сигнали, согледувајќи дали кучето ги слуша или не.

Може да се испита и со движење на главата со сразмерно или несразмерно движење на очите, или пак со движење на предмет.

Page 11: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

IX и X мозочен нерв

Делат заеднички сензорни и моторни нуклеуси.

Ја инервира мускулатурата на фаринксот и непцето, површински е одговорен за една третина од чувството за вкус, а под негова регулација се зигоматичните и паротидните жлезди.

Делат заеднички сензорни и моторни нуклеуси.

Ги контролира моторната и сензорната функција на ларинксот, фаринксот и трахеата.

Гранки има и во торакалната, абдоминалната и пелвисната регија.

N. Glossopharyngeus N. Vagus

Функционалноста да двата нерва се испитува со вршење на надворешен или внатрешен притисок во висина на коренот на јазикот и очекување на вообичаен акт на голтање. Непостоењето на голтање е индикатор за дисфункционалност.

Page 12: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus accessorius (XI)

Единаесеттиот мозочен нерв започнува од цервикалниот спинален јазол и медула облонгата.

Низ foramen jugularis поминува обезбедувајќи моторна инервација на мускулите трапезиус, дел од стерноцефаликус и брахиоцефаликус.

Клиничката проценка е врз основа на изгледот и функционалноста на мускулите кои ги инервира.

Неговите лезии предизвикуваат атрофирање на мускулот трапезиус.

Page 13: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Nervus hypoglossus (XII)

Дванаесеттиот мозочен нерв започнува во каудалниот дел на medulla oblongata, се движи низ foramen hypoglossus и обезбедува моторна инервација на мускулите на јазикот.

Се испитува со преглед на јазикот за атрофии, асиметрии или еднострани девијации, рачно истегнување на јазикот и согледување на ретракцијата, а може и преку лепење на хранлива паста на носот на кучето и пратење на правилноста на движењето на јазикот.

Page 14: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Редослед на рефлексни испитувања

Рефлекс на мирис (I) Рефлекс на трепнување (II, VII) Вестибуло-окуларен рефлекс (III, IV, V, VI, VIII) Пупиларен рефлекс (III) Палпебрален рефлекс (V, VII) Рефлекс на носна лигавица (V, VII) Пинеален рефлекс (V, VII) Рефлекс на кожа (V, VII) Корнеален рефлекс (V, VI, VII) Рефлекс на подголтнување (IX, X) Рефлекс на ретракција на јазикот (XII)

Page 15: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

Видео презентација

Page 16: Испитување на кранијалните нерви кај кучиња

ИЗРАБОТИЛ:

Борис Ѓеровски