40
АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ Верица Хаџи Василева-Марковска

Анализа на финансиски извештаи

  • Upload
    collin

  • View
    149

  • Download
    8

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Анализа на финансиски извештаи. Верица Хаџи Василева-Марковска. Зошто е потребно да се прави анализа на финансиски извештаи. Системот на финансиско известување е несовршен: Несовпаѓање на настаните со сметководственото признавање Некогаш и во различни периоди (капитална добивка) - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Page 1: Анализа на финансиски извештаи

АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИВерица Хаџи Василева-Марковска

Page 2: Анализа на финансиски извештаи

ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРАВИ АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

Системот на финансиско известување е несовршен:Несовпаѓање на настаните со

сметководственото признавање Некогаш и во различни периоди (капитална добивка) Голем број договори не добиваат сметководствен

третман, туку само се обелоденуваат (ако воопшто тоа е случај!)

Различен сметководствен третман во различни земји, дејности или фирми

Претпријатијата содржат и дополнителни информации, кои се надвор од ФИ – индикатори и сл.

Во идеален свет би се гледале само нето добивката и главнината

Page 3: Анализа на финансиски извештаи

ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА Цели:

Компаративно согледување на ризикот и приносот со цел да се донесат поквалитетни одлуки за инвестирање или кредитирање

Таквите анализи означуваат способност да се погледа во иднината

А за тоа епотребно да се објасни минатото и да се даде основа за проектирање на идните заработувачки и парични текови

Капиталниот инвеститор е првенствено заинтересиран за заработувачката способност на подолг рок

Кредиторот повеќе го интересира ликвидносниот статус

Кредитниот ризик обично е помал од капиталниот ризик и полесно се квантифицира.

Аналитичките техники се слични

Page 4: Анализа на финансиски извештаи

НЕКОИ ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА Споредувајте, но споредувајте конзистентно: треба да се

корегираат податоците за евентуалните промени: забелешките објаснуваат

Никогаш не се потпирајте само на еден индикатор Колку повеќе години се анализираат – толку подобро: 3-5

години Идентична фискална година: 31 Декември, или др. Споредувај со секторскиот просек: аритметички просек

или медијана Испитајте зошто фирмата е ралзична од секторските

карактеристики? Не треба да се избрзува со заклучоци. Цртајте графикони Никогаш не се потпирајте на туѓи анализи. Особено не од

самата фирма. Пре-пресметувајте! Пресметувајте проценти, индекси Преведувајте ги финансиските извештаи во споредбени

валути Користете јавни бази на податоци

Page 5: Анализа на финансиски извештаи

АНАЛИЗА

Билансот на успех ни покажува колкаво богатство друштвото креирало во определен период на време

Колкава е способност на друштвото да креира профит?

Вертикална анализа ни овозможува анализа на финанискиот извештај во текот на еден период

Хоризонталната анализа ни овозможува анализа на трендовите во тек на време.

Page 6: Анализа на финансиски извештаи

ВЕРТИКАЛНА И ХОРИЗОНТАЛНА АНАЛИЗА НА БИЛАНСОТ НА СОСТОЈБА

Билансот на состојба ја презентира финансиската позиција на друтшвата на еден пресечен ден.

Тоа е фотографска снимка

Page 7: Анализа на финансиски извештаи

ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ ЗА АНАЛИЗА

Белешки за финансиските извештаи и други извештаи

Природата на средствата на претпријатието Тековни и идни промени на пазарот на

претпријатието, скорешни стекнувања или оттуѓувања на

подружници од страна на претпријатието Невообичаени ставки посебно обелоденети во

билансот на успех Некои други забележливи карактеристики на

извештајот и финансиските извештаи, како што се настани по датумот на билансот на состојба, неизвесни обврски, квалификуван ревизорски извештај, даночната состојба на претпријатието, и тн.

Page 8: Анализа на финансиски извештаи

ВИДОВИ ИНДИКАТОРИ Споредба на еден параметар со друг за да се

направи коефициент - индикатор Пет категории индикатори:

Профитабилност и поврат Долгорочна солвентност и стабилност Краткорочна солвентност и ликвидност Ефикасност (коефициенти на обрт) Коефициенти на акционерски вложувања

Секое поединечно претпријатие треба одвоено да се разгледува

Индикатор кој е значаен за производствено претпријатие е различен од финансиска институција.

Споредбата е важна. споредување на коефициенти низ време во рамките на

исто претпријатие споредување на коефициенти помеѓу слични

претпријатија Споредување со просекот во рамките на дејноста.

Page 9: Анализа на финансиски извештаи

ИНДИКАТОРИ НА ПРОФИТАБИЛНОСТ

Иако најексплицитни на прв поглед, овие можат да бидат најнејасни

Профитабилноста е резултанта. На неа влијае сé

Низок профит во една или две години не мора да значи лошо

Многу деловни можности значат жртвување на сегашен профит за идни профити

Сметководствениот профит го игнорира ризикот. Две фирми со ист профит можеби имаат различни проспекти, зависно од ризикот.

Сепак, за обичен инвеститор, таа е директно споредлива со профитабилноста на алтернативните инвестирања на пазарот на капитал

Page 10: Анализа на финансиски извештаи

ПОВРАТ НА АНГАЖИРАНИОТ КАПИТАЛ (ROCE)

добивка пред камата и даноци ROCE = ------------------------------------------------- Х 100

ангажиран капитал

Добивка пред камата и даноци = = Добивка пред даноци + расходи за камата

Ангажиран капитал = главнина + нетековни обврски или

Ангажиран капитал = вкупни средства - тековни обврски

Page 11: Анализа на финансиски извештаи

КАКО СЕ КОМЕНТИРА ROCE

Постојат три споредби кои може да се направат. Промената на ROCE од една година до

друга. ROCE кој го заработуваат други

претпријатија. Би можела да се направи споредба на ROCE

со тековните пазарни стапки на позајмување.

Page 12: Анализа на финансиски извештаи

ПОВРАТ НА АКЦИОНЕРСКА ГЛАВНИНА (ROE, ROAE)

нето добивка ROE = ---------------------------------- Х100

главнина Поврат на капиталот (ROAE)=

Нето добивка= -----------------------------------------------------

Просечна главнина Просечна главнина =

Главнина (200Х) + Главнина (200Х-1)= -------------------------------------------------------

2 Колку денари добивка се добива на 100 денари

ангажирани сопствени средства (главнина)

Page 13: Анализа на финансиски извештаи

ВТОРОСТЕПЕНИ КОЕФИЦИЕНТИ ROCE може да се анализира и со

анализирање на неговите компоненти Профитна маржа. Колку добивка се остварува

на 1 денар продажба. Обрт на средства. Обрт на средства е мерка за

тоа колку добро средствата на претпријатието се користат за создавање на приходи од продажба. Обртот на средства се изразува како ‘x пати’ така што

средствата ја генерираат x пати нивната вредност во годишната продажба.

Профитна маржа и обрт на средства заедно го објаснуваат ROCE,

ROCE е примарен коефициент на профитабилност,

Профитна маржа и обрт на средства се секундарни коефициенти.

Page 14: Анализа на финансиски извештаи

МАТЕМАТИЧКИ ПРИКАЗ

Профитна маржа Х Обрт на средство = PBIT Продажба

ROCE -------------- = ------------------------------- = Продажба Ангажиран капитал

PBIT

= ---------------------------------- Ангажиран капитал

Page 15: Анализа на финансиски извештаи

ПРОФИТНА МАРЖА Профитна маржа =

Нето добивка= -----------------------------------------------------

Приходи од продажба Способност на фирмата да

произведува приходи од продажба со високи односно мали трошоци

Висока профитна маржа значи висока добивка на 1 денар продажба.

Page 16: Анализа на финансиски извештаи

ROE РАЗЛОЖЕН ROЕ = Профитна маржа * Обрт на вкупните средства * Мултипликатор на

главнина ROЕ =

Нето добивка Приходи од продажба Просечни вкупни средства

= --------------------------------------- Х ---------------------------------------- Х ----------------------------------Приходи од продажба Просечни вкупни средства Просечна главнина

Колку денари добивка се добива на 100 денари ангажирани сопствени средства, главнина

Висок обрт на средства значи дека претпријатието генерира многу продажба, и брзо ги врти средствата.

Колку е задолжувањето поголемо, толку е ROE поголем, но...

Page 17: Анализа на финансиски извештаи

МАРЖА НА БРУТО ПРОФИТ Маржа на бруто профит =

Бруто добивка= -----------------------------------------------------

Приходи од продажба Способност на фирмата да

произведува приходи од продажба со високи односно мали директни трошоци

Page 18: Анализа на финансиски извештаи

ДОЛГОРОЧНА СОЛВЕНТНОСТ: КОЕФИЦИЕНТИ НА ДОЛГ И ЗАДОЛЖЕНОСТ Колку претпријатието должи во однос на неговата

големина? Дали влегува во поголеми долгови или се подобрува

неговата финансиска позиција? Дали неговиот должнички товар изгледа тежок или лесен? Кога претпријатие е во долгови, банките и другите

потенцијални заемодаватели може нема да сакаат да одобрат кредити.

Кога претпријатие заработува умерена добивка пред камата и данок, и има голем должнички товар, ќе има малку добивка која ќе остане за акционерите по плаќањето на трошокот за камата.

Тоа би можело евентуално да води кон ликвидација на претпријатието.

Коефициенти : коефициент на долг, коефициент на задолженост, покриеност на камата коефициент на готовински тек.

Page 19: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТ НА ДОЛГ Долг спрема вкупни средства =

Вкупен долг= -----------------------------------------------------

Вкупни средства Вкупен долг = Кусорочни обврски ++ Долгорочни обврски За секој денар актива, друштвото

ангажира ___ денари долг Ова е директно поврзано со

профитабилноста: атрактивно, но и ризично

Некакво мерило: 50%

Page 20: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТ НА ЗАДОЛЖЕНОСТ / ЛЕВЕРИЏ

Задолженост = долг што носи камата

= -------------------------------------------------- × 100% главнина + долг што носи камата

Поинаку / обратно: Задолженост =

акционерка главнина = -------------------------------------------------- × 100%

главнина + долг што носи камата

Page 21: Анализа на финансиски извештаи

ДРУГИ ИНДИКАТОРИ НА ЗАДОЛЖЕНОСТ

Долг спрема капитал =Вкупен долг

= ------------------------------------------Вкупен капитал

Вкупен долг = Кусорочни обврски +

+ Долгорочни обврскиЗа секој денар капитал, друштвото ангажира ___ денари долг

Page 22: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТ НА ПОКРИЕНОСТ НА КАМАТА

Покриеност на камата = ДПКД (EBIT)

= -----------------------------------------------------Трошоци за камата

За секој денар камата, друштвото остварува ___ денари ДПКД

Page 23: Анализа на финансиски извештаи

МУЛТИПЛИКАТОР НА КАПИТАЛОТ

Мултипликатор на капиталот = Вкупни средства

= -----------------------------------------------------Вкупен капитал

За секој денар капитал, друштвото има ___ денари средства

Page 24: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТ НА ГОТОВИНСКИ ТЕК

Коефициентот на готовински тек на нето готовинските приливи на претпријатието во однос на неговиот вкупен долг.

Нето готовински прилив е износот на готовина која претпријатието ја генерира со неговите активности.

Вкупен долг се краткорочните и долгорочните обврски, вклучувајќи и резервирањата. Разлика може да се направи помеѓу долгови кои се плативи во рамките на една година и други долгови и резервирања.

Page 25: Анализа на финансиски извештаи

КРАТКОРОЧНА СОЛВЕНТНОСТ И ЛИКВИДНОСТ

Ликвидноста е износот на готовина која претпријатието може брзо да ја добие за да ги подмири достасаните долгови.

Ликвидните средства се состојат од: Готовина Краткорочни вложувања за кои постои пазар Депозити во банка или друга финансиска институција со

фиксен рок, на пример, шестмесечен каматен депозит во банка Побарувања од купувачи (бидејќи тие ќе го платат тоа што го

должат во рамките на разумно краток временскипериод) Побарувања по меници (тие претставуваат износи на готовина

која треба да се прими во рамките на релативно краток временски период)

Ликвидни средства се ставки на тековни средства кои ќе или може наскоро да се конвертираат во готовина. Сите текоовни средства без исклучок Сите тековни средства со исклучок на залихите

Добивките не водат секогаш кон зголемување на ликвидноста.

Page 26: Анализа на финансиски извештаи

ЦИКЛУСОТ НА ГОТОВИНА

Циклусот на готовина го опшува текот на готовината надвор од претпријатието и нејзиното враќање повторно како резултат на редовното работење.

Плаќање на добавувачи, плати и други расходи, користење на кредитирање. Претпријатието може да држи залихи за некој период

и потоа да ја продаде. Готовината ќе се врати во претпријатието со

проадажбите, иако купувачите може самите да го одложат плаќањето со користење на кредитирање.

Коефициентите на ликвидност и коефициентите на обрт на обртниот капитал се користат за тестирање на ликвидноста на претпријатието, должината на циклусот на готовина и за вложување во обртен капитал.

Page 27: Анализа на финансиски извештаи

МЕРЕЊЕ НА ЛИКВИДНОСТ Тековен коефициент =

Тековни средства= ---------------------------------

Тековни обврски Способност на друштвото да ги подмири

кусорочните обврски. Вклучени се сите тековни средства и обврски

За секој денар тековни обврски компанијата чува __ денари тековни средства

1:1 е груба мерка

Page 28: Анализа на финансиски извештаи

БРЗ (ЛИКВИДЕН) КОЕФИЦИЕНТ Брз коефициент =

Ликвидни средства= ---------------------------------

Тековни обврскиЛиквидни средства = Тековни средства – Залихи илиЛиквидни средства = пари + хартии од вредност +

побарувања од купували За секој денар тековни обврски компанијата чува

__ денари ликвидни тековни средства

Page 29: Анализа на финансиски извештаи

МЕРИЛА ЗА ТЕКОВНИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ

Апсолутните цифри не треба да се толкуваат толку буквално.

Се смета дека прифатлив тековен коефициент е 1,5

Прифатлив брз коефициент е 0,8, но тоа е само насока.

Ланец на супермаркети може да има на пример, тековен коефициент од 0,5 а брз коефициент од 0,2.

Супермаркетите имаат малку побарувања од купувачи, малку готовина, средни залихи и многу високи обврски спрема добавувачи.

Важен е трендот на тие коефициенти Не треба ни да се преголеми

Page 30: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТИ НА ЕФИКАСНОСТ

Период на наплата на побарувања од купувачи

Период на обрт на залихи Период на плаќање на обврски спрема

добавувачи

Page 31: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТИ НА ОБРТ НА ПОБАРУВАЊАТА

Коефициент на Обрт на побарувањата од купувачи = Приходи од продажба = -------------------------------------------------------

Просечни побарувања Просечни побарувања =

Побарувања (200Х) + Побарувања (200Х-1)= ----------------------------------------------------------------

2 Денови во побарувања = 365 / коефициент на обрт

на побарувањата Колку е коефициентот поголем, толку се деновите

врзани во побарувањата помали и обратно Супермаркет наспроти производствено претпријатие

Page 32: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТИ НА ОБРТ НА ЗАЛИХИТЕ

Коефициент на Обрт на залихите = Трошоци на продадени стоки

= ------------------------------------------------------- Просечни залихи Просечни залихи = Залихи (200Х) + Залихи (200Х-1)

= ------------------------------------------------------- 2

Денови во залихи = 365 / коефициент на обрт на залихите

Колку е коефициентот поголем, толку се деновите врзани во залихи помали и обратно

Page 33: Анализа на финансиски извештаи

ЗАЛИХИ

Подобар е повисок обрт на залихите, или помал период на обрт е подобар, но неколку аспекти на политиката на чување залиха треба да бидат избалансирани. ВреметраењетоСезонски флуктуации во нарачкитеАлтернативна употреба на магацинскиот

просторПопусти за купување на големи количиниВеројатноста за оштетување на залихите или

да станат застарени

Page 34: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТИ НА ОБРТ НА ОБВРСКИТЕ

Коефициент на Обрт на обврските од добавувачи =

Трошоци на продадени производи = -------------------------------------------------------

Просечни обврски Просечни обврски =

Обврски (200Х) + Обврски (2000Х-1)= -------------------------------------------------------

2 Денови во обврски = 365 / коефициент на обрт

на обврските Колку е коефициентот поголем, толку се

деновите врзани во обврски помали и обратно

Page 35: Анализа на финансиски извештаи

ОПЕРАТИВЕН ЦИКЛУС

Оперативниот циклус се премсетува како: Период на обрт на залихи:

плус Период на наплата на побарувања:

минус Период на плаќање на обврски

Page 36: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТИ НА АКЦИОНЕРСКИ ВЛОЖУВАЊА Коефициенти кои им помагаат на

акционерите и другите вложувачи да ја оценат вредноста и квалитетот на едно вложување во обичните акции на некое претпријатие. Заработувачка по акција Дивиденда по акција Покриеност на дивиденда Коефициент Ц/З Принос на дивиденда

Вредноста на вложувањето во обични акции на некое претпријатие кое котира на берза е неговата пазарна вредност

Коефициентите на вложувањето треба да имаат предвид не само кон информациите во објавените финансиски извештаи на претпријатието, туку и тековната цена.

Page 37: Анализа на финансиски извештаи

ЗАРАБОТУВАЧКА ПО АКЦИЈА

Можно е да се се пресмета повратот на секоја обична акција во годината.

Тоа е заработувачката по акција (ЗПА). Заработувачката по акција е износот на

нето добивката за периодот кој и се припишува на секоја обична акција која е во оптек за време на целиот или дел од периодот

Page 38: Анализа на финансиски извештаи

ДИВИДЕНДА ПО АКЦИЈА И ПОКРИЕНОСТ НА ДИВИДЕНДА Дивиденда по акција самата се објаснува. Покриеност на дивиденда е коефициент:

заработувачка на акција ПД = -----------------------------------------------------

дивиденда на акција Таа го покажува делот од добивката за

годината кој е расположлив за распределба на акционерите и кој бил платен (или предложен), а кој дел ќе биде задржан од претпријатието за финансирање на иден раст.

Задржаните добивки се важен извор на средства. Значајна промена во коефициентот на

покриеност на дивиденда од една до друга година би била вредна за разгледување.

Page 39: Анализа на финансиски извештаи

КОЕФИЦИЕНТ Ц/З

тековна цена на акцијата Ц/З = -----------------------------------------------------

заработувачка на акција Висок коефициент Ц/З укажува на силна

доверба на акционерите во претпријатието и неговата иднина, на пример, раст на добивката, а низок коефициент на Ц/З укажува на помала доверба.

Коефициентот Ц/З на едно претпријатие може да се спореди со Ц/З на: Други претпријатија во истиот деловен сектор Други претпријатија генерално

Тој често се користи во известувањето на берза каде цените се веднаш расположливи.

Page 40: Анализа на финансиски извештаи

ПРИНОС НА ДИВИДЕНДА Принос на дивиденда е поврат кој акционерот

тековно го очекува за акциите на претпријатието.

Принос на дивиденда = дивиденда од претходната година

= ------------------------------------------------------- Х 100% тековна пазарна вредност на акцијата

Дивидендата по акција ја зема дивидендата за претходната година.

Ex-div значи дека цената на акцијата не го вклучува правото на неодамнешната дивиденда.

Акционерите ги разгледуваат двете, принос на дивиденда и раст на капиталот.