37
Универзитет ”Кирил и Методиј” Скопје Економски факултет, Скопје Стручен труд по предметот “Маркетинг на услужни дејности”: Финансиски услуги на Тутунска БанкаСтуденти: Ментор: Проф. Д-р Снежана Ристевска

Финансиски услуги на Тутунска Банка

Embed Size (px)

DESCRIPTION

seminarska

Citation preview

Универзитет ”Кирил и Методиј” СкопјеЕкономски факултет, Скопје

Стручен труд по предметот “Маркетинг на услужни дејности”:

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Студенти: Ментор: Проф. Д-р Снежана Ристевска

Јовановска

Скопје,2005

СодржинаСодржинаВовед.........................................................................................................31. Профил на банката..........................................................................5

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

2. Мисија на банката...........................................................................63. Електронско банкарство................................................................64. Картички за мене.............................................................................9

4.1. MASTERCARD® INTERNATIONAL КАРТИЧКИ НА ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ..................................................94.2. Приватна картичка................................................................114.3. Бизнис картичка.....................................................................12

5. Кредитни линиии на Тутунска...................................................135.1 Станбен кредит.....................................................................................135.2 Кредит за автомобили.........................................................................135.3 Потрошувачки кредити......................................................................145.4 Хипотекарен кредит............................................................................155.5 Студентски кредит...............................................................................155.6 Туристички кредити............................................................................16

6. Штедни влогови.............................................................................167. WESTERN UNION MONEY TRANSFER..................................188. Сефови.............................................................................................189. Бизнис финансии...........................................................................1810. Улогата на човечки ресурси....................................................2011. Структура на вработени:..........................................................2112. Процес на селекција и вработување.......................................2213. Имплеменатцијата на маркетинг концептот.......................23Заклучок:................................................................................................25Фусноти:.................................................................................................26КористенаКористена ЛитератураЛитература........................................................................27

2

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Вовед

Различните услужни дејности, од банкарството до авиосообраќајот, од медицинските услуги до сметководството се соочуваат со промени на пазарот. Видови на вакви промени се заедничкиот пазар во Eвропа и користење на заедничка валута во Европа, заедничкиот пазар во Северна Америка, растот во Кина, транзицијата во Европа итн.

Сервисната индустрија се разликува од производната индустрија и бара посебно да се планираат маркетинг стратегиите. Оваа значи дека услугата се разликува од производот со тоа што таа си има свои специфичности.

Услугата се дефинира како економска активност која произведува време, место, форма или психолошки активности. Услугата исто така може да се дефинира како спротивност на производите. Производот е допирлив кој може да се произведе и да се продаде или покасно да се користи.

Карактеристиките пак на услугите се тоа дека тие се нематеријални, неразделни, краткотрајни и променливи. Нематеријалноста на услугите значи дека тие не се физички но можат да бидат опфатени во физички предмети или да користат физички предмети. Исто така со нематеријалноста на услугите не може да се стекне сопственост. Една форма на неразделност на услугите значи дека услугите можат да се трошат само откако ќе се произведат. А другата форма на неразделност е неразделноста на купувачот од процесот на давање услуги. Краткотрајноста на услугите значи дека тие се трошат истовремено кога се произведуваат. Додека променливоста како карактеристика на услугите е тоа дека тие често се менуваат во зависност од интерактивноста на луѓето.1

Исто така планирањето на услугите е различно од планирањето на производите. Планирањето на услугите вклучува развој на сервисниот концепт како и развој на систем за испорака на услугите. И двата процеса овозможуваат континуиран прогрес во целокупниот процес на услугите. Овие два процеси се неразделни тие не можат еден без друг. Услугите се многу значајни во едно стопанство. Без нив не може едно стопанство да опстане. Услугата може да биде процес или систем.

Финансиските услуги се услуги кои ги даваат банките и другите финансиски институции. Банките претставуваат финансиски институции кои се акционерски друштва со сите права и обврски кои произлегуваат од типот на таквото организирање. Како акционерско друштво банката ги менува своите цели и функции. Основната цел на банката е остварување на профит(добивка) од нејзиното работење.2

Банки може да бидат основани од домашни и странски правни и физички лица. На странските правни и физички лица им се дава можност да основаат филијали на банки како правни лица или преставништо на банка без својство на правно лице.

Банката може да работи во свое име и за своја сметка, во свое име и за сметка на други лица и од име и за сметка на други лица. Неколку од најважните финансиски услуги што ги врши банката се примање на парични депозити, давање и земање кредити, девизно валутни работи, купување меници и чекови, емисија на хартии од вредност, издавање парични картички, чување и управување со хартии од вредност, купување и продажба на хартии од вредност, издавање гаранции, вршење на работи на платниот промет во земјата, вршење работи на платниот промет со странство, кредитни и гаранциски работи со

3

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

странство, осигурување на депозити, враќање и откуп на долгови, посредување во промет на хартии од вредност, купување и наплата на побарувања, економско финансиски консалтинг и други банкарски услуги.

Со банката управуваат нејзините сопственици акционери преку користењето на своето право да учествуваат во работата на органите на банката. Бројот на нивните гласови зависи од нивниот влог во банката. Органи на управување на банката се собранието на банката, управниот одбор на банката, надзорниот одбор на банката и работодавниот орган на банката. 3

Една од поголемите банки во Македонија е Tутунска Банка. Тутунска банка дава разновидни финансиски услуги од давање кредити до вршење трансакции со странство.

4

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

1. Профил на банката

Тутунска банка АД Скопје е водечка банкарска институција во Македонија со постојан тренд на пораст и позитивни резултати од основањето до денес.

Основана е 1985 година, а од 1993 година на пазарот во Македонија работи како комерцијална банка со извршување на сите финансиски и банкарски услуги за клиентите во земјата и во странство. Банката спаѓа во групата на големи банки и според вкупната нето актива е трета по големина банкарска институција во Република Македонија. Денес Тутунска банка АД Скопје е приватно акционерско друштво, во кое најголеми акционери се LHB, Internationale Handelsbank AG Франкфурт и Nova Ljubljanska Banka dd Љубљана кои поседуваат 53,1% од акциите со право на управување.

Стратешки партнери на Тутунска банка се Nova Ljubljanska Banka d.d. Ljubljana и LHB AG Frankfurt, односно групацијата NLB. Во вкупниот капитал на Банката групацијата на NLB учествува со 77.20%, а останатиот дел од 22.80% е во сопственост на правни и физички лица од Република Македонија.

Членството во групацијата на NLB за Тутунска банка подразбира нов квалитет во работењето преку трансфер на знаење, искуство, технологија и пристап до странските пазари на капитал. Тутунска е прва по перформансите и една од најуспешните банки во групацијата.

Стратешка определба на Банката е да го поддржува и финансира развојот на мали и средни претпријатија, како субјекти што имаат потенцијал да прераснат во носители на економскиот развој. Банката е значаен учесник во сите финансиски случувања во Република Македонија и промотер на македонскиот бизнис на меѓународните пазари, преку што директно влијае на развојот на националната економија.

Со понуда на современи продукти и имплементација на систем за управување на односите со клиентите, Банката е водечка во кредитирање на населението, предводник во ширењето на картичната култура во Македонија и развојот на е-банкарството.

Тутунска банка инвестира во развој на современа деловна мрежа, што ја сочинуваат 22 модерни експозитури, распространета на цела територија на Република Македонија. Експозитурите се организирани како мали банки, со комплетна понуда на продуктен асортиман и претставуваат база за унапредување на работењето со население.

Тутунска банка е наградена од Finance Central Europa за Банка со најголем остварен профит меѓу банките во Македонија за 2002, 2003 и 2004 година.

Во 2003 година за извонредните резултати во севкупното работење, Банката го доби престижното признание за Банка на годината за 2003-та во Македонија, од финансискиот магазин The Banker.4

5

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

2. Мисија на банката

Нашата цел е да бидеме помеѓу водечките финансиски институции во земјата.

Да обезбедиме повисоко ниво на квалитет на услугите, современа понуда на нови продукти и градење на традицијата на Банката.

Преку ефикасноста и економичноста во работењето да оствариме профит.5

3. Електронско банкарство

Без оглед на тоа каде се наоѓате, Тутунска овозможува лесно   плаќање на налозите и целосен увид во состојбата на банкарската  сметка - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Тутунска ги овозможува услугите на електронското банкарство за   ситe правни лица во денарскиот платен промет кои имаат склучено   договор и поседуваат жиро сметка во Тутунска. Електронското банкарство на Тутунска е систем кој овозможува  брзо и безбедно вршење на електронска трансакција (безготовинско  плаќање), без притоа да доаѓате на шалтерите на Тутунска. Освен тоа, оваа услуга овозможува брзо и безбедно да реализирате  безготовински налог од платен промет во земјата, да добиете извод и информации за состојбата на сметката или за статусот на налозите во банката, како и известувања за приливи и одливи на сметката. Преку електронското банкарство добиватае заштеда на време и пари, трансакции од работно место, со поевтина реална провизија отколку за налози донесени на шалтер, брз и безбеден платен промет како и постојан увид во состојбата на сметката

За да ја користите оваа услуга на Тутунска, потребни се:  Персонален компјутер  Интернет пристап

            Модем            Пакет кој содржи CD за инсталација, дигитален сертификат и упатство (го обезбедува Банката)            Смарт картичка и читач на смарт картички (за електронски плаќања го обезбедува Банката)

А за да се пријави на E-banking системот, доволно е да се пополни основнатан форма на пристапница, составена од прашалник за пријава на нов корисник и два договори за регулирање на меѓусебните права и обврски. Овие документи можете да се подигнат на шалтерите на Тутунска банка, или да се изврши нивен download на веб – страницата на банката.

По нивното пополнување, се што треба да се направи е да се заверат со печат и потпис на овластено лице и да се достават на шалтерите на Тутунска банка, или по пошта.

6

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Услугите кои се добиваат:

Известување по факс

    За да се користи оваа услуга, треба да се пополни пријава за пријавување на нови корисници, заедно со договорот за регулирање на меѓусебни права и обврски, наведувајќи го бројот на факсот на кој се добиваат пораките и времето во кое сакате да го добивате изводот.

Говорен автомат

    За да ја дознаете моменталната состојба на сметка, мозе да се користи и говорен автомат и тоа:

      1 за говорно исчитување на моменталната состојба, или      2 за да закажете извод по факс

WEB

    Оваа опција нуди можности за промена на лозинката, моментален увид во состојбата на сметката, следење на дневните промени на сметката, пристап до конечниот извод, како и вршење на безготовински електронски трансакции ( пуштање на налози ПП 30 и ПП 50).

SMS

    Со оваа услуга, во секое време можете да се добие информација за моменталната состојба, како и сите приливи и одливи на сметкa, преку едноставно праќање на кратки пораки на мобилен телефон.

E-MAIL    Користењето на е-mail овозможува добивање на пораки со содржина како прилив, одлив, моментална состојба и конечен извод .

модели на кориснички пакети се следниве:

Пакет Говорен автомат

Факс SMS E-mail Web Налози за плаќање

Цена ден/мес

Fax пакет / / / / / 190 – 416 ден.*

Email пакет / / / 150 / / 550 ден .

WEB пакет 0 0 0 0 0 650 ден.

24 e-banking Lite 100 10 20 100 200 800 ден.

24 e-banking Business

200 30 50 200 500 1 , 600 ден .

24 e-banking Enterprise

300 50 200 300 1000 4 , 100 ден .

7

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Известување по E-mail   Доколку најмногу одговара да бидете известувани по e-mail, се одбира E-mail пакетот, со кој се добива 150 пораки.

WEB пристап

   Доколку пак се користи услугата Web Интернет пристап, може да се одбере пакет кој во бонусот на услуги има само WEB пристап.   Доколку потребите ги надминуваат овие услуги, може да се одбере кој било од останатите пакети: Lite, Business, Enterprise или Unlimited.6

   ТАРИФНИК

Еднократен надоместок за приклучок на е-банк сервисите за електронско плаќање (се користи смарт картичка и читач)

4999 денари

УСЛУГИ НА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО    

Пакет Факс SMS E-mail Говорен Автомат

Налози за плаќање

Email 0 0 150 0 Не е вклучено

WEB 0 0 0 0 Не е вклучено

Lite 10 20 100 100 200

Business 30 50 200 200 500

Enterprise 50 200 300 300 1000

8

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

4. Картички за мене

41. MASTERCARD® INTERNATIONAL КАРТИЧКИ НА ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

Тутунска банка АД Скопје ја проширува продуктната палета со четири картички од програмата на MasterCard® International. Портфолиото го сочинуваат кредитните Standard MasterCard® , Gold MasterCardTM и MasterCard BusinessCardTM , како и дебитната Maestro® картичка.

MasterCard® Internetional е систем во кој членуваат 25.000 членки од 210 земји во светот, опслужуван со 900.000 банкомати и со над 32 милиони продажни пунктови во кои се прифаќаат картичките на MasterCard® .Тутунска банка, како Principal member (Главен член) на MasterCard® International овозможува на своите клиенти да ги користат привилегиите кои ги нудат овие картички. Со својот настап на пазарот Тутунска настојува преку новата картична понуда да изгради култура на картично работење во Македонија и да ги приближи паричните картички до населението. Крајната цел е картичките да станат масовен платежен инструмент со кој постепено ќе се истиснуваат традиционалните платежни инструменти како што се готовината и чекот.

Новите картички се наменети за населението и за правните субјекти. Maestro® , Standard MasterCard® и Gold MasterCardTM се парични картички кои ги пресретнуваат потребите на различни сегменти кај населението.

Maestro® е дебитна картичка наменета за широка популација, најфлексибилна во naчинот на издавање. Со Maestro® картичката може да располага секој, започнувајќи од средношколската популација, па до пензионерите, а лица помлади од 16 години можат да користат овластена картичка. Maestro® е денарска картичка со меѓународна важност. На банкоматите на Тутунска банка користењето на картичката е без провизија, како и безготовинските плаќања насекаде во светот. Maestro® е поврзана со тековна сметка на граѓанинот со можност за дозволено пречекорување (плата на Maestro® ).

Standard MasterCard® исто така е картичка за широка популација, но за лица кои остваруваат редовни приходи. Имателите можат да ја користат картичката во земјата и во странство со одреден кредит - лимит кој банката го одобрува на корисникот во зависност од неговата кредитоспособност и кој може да изнесува до 100.000 МКД. Тоа е кредитна картичка за која не е потребен депозит. Со неа, секоја безготовинска трансакција над 3.000 МКД може да се плати на 6 рати на било кое продажно место со знакот на MasterCard® . Дозволениот рок за подмирување на трошоците направени со картичката може да изнесува најмногу 45 дена.

Gold MasterCardTM е картичка наменета за физички лица, со која на корисниците им се овозможува голема финансиска флексибилност, комодитет и привилегии при користењето. Тоа е картичка која се издава на корисници што имаат потреба да користат големи месечни лимити кои може да изнесуваaт до 250.000 МКД. Gold MasterCardTM според својот ексклузивитет, а од аспект на кредитниот и дневниот лимит, има третман на премиум картичка.

На правните субјекти на располагање им е деловната MasterCard BusinessCardTM . Овие картички гласат на име на претпријатието и можат да ги користат повеќемина вработени во фирмата за различни цели, поаѓајќи од

9

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

подмирување на секојдневни службени трошоци, за деловни патувања во земајта и во странство и сл.

Тутунска банка воведе нова кредитна картичка MasterCard™ Light. Со новата картичка Банката го адаптира постојното картичното портфолио во сегментот тинејџери и млада возрасна популација, група иноватори и тренд сетери. MasterCard™ Light претставува младинска картичка. 7

Основни информации: Една година по лансирањето на картичките од програмата на

MasterCard™ International - Maestro, Standard MasterCard™ и Gold MasterCard™, Тутунска го проширува картичното портфолио со MasterCard™ Light

Картичката е наменета за популација на возраст од 16-35 години Картичката можат да ја користат:

I. Средношколци во последните две години од средно образованиеII. Студенти и штотуку дипломирани, а невработени професионалциIII. Млади штотуку вработени поединци во стопански субјекти IV. Вработени во странски претставништва, амбасади и НВО

Предности на картичката: Единствена кредитна картичка за млади MasterCard™ Light е light во обезбедувањето и условите за издавање,

light во кредитниот лимит кој ги пресретнува месечните потреби на младите, пред сe на студентите, light во надоместоците

Картичка без депозит Секоја трансакција над 1.500,00 МКД реализирана на продажно место

или при подигнување на готовина на банкомат може да се плати на 6 рати

Можност за користење на дополнителна картичка Што овозможува:

Можност за плаќање на сите места каде е истакнат знакот на MasterCard™ во земјата и странство

Безгрижно и сигурно патување Лесен пристап до готовина преку подигање на пари на банкомат Можност за плаќање на туристички аранжман за апсолвентска екскурзија

и летен одмор на 6 рати Што е потребно за да се добие картичката:

Во било која експозитура на Тутунска банка (вкупно 22) побарајте и пополнете

Барање за добивање и користење на Mastercard™ Light картичка

Што Bи овозможува Тутунска MasterCard® ? Да патувате безгрижно и сигурно Да бидете препознатлив во над 32 милиони продажни места ширум

светот. Да се чувствувате дoбредојдени во најдобрите хотели, ресторани,

трговски центри, авионски компании, рент а кар агенции и многу други продажни места.

Да плаќате насекаде без провизија Да подигате готовина во банки и на повеќе од 900 000 банкомати во

земјата и во странство

10

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Кредит без депозит Со кредитната картичка да купувате на рати, а секоја безготовинска

трансакција над 3 000 МКД да ја плаќате на 6 рати Надвор од земјата да плаќате во странски валути, а трошоците да ги

подмирувате во денари Дополнителни картички, колку сакате и за кого сакате

А, освен тоа... Подигање готовина во секое време, на сите банкомати на кои стои

знакот на MasterCard®. Подигање готовина со Maestro® картичките на банкомати на

Тутунска банка, без провизија Мoжност за прецизно лоцирање на банкомати ширум светот преку

интернет секогаш кога патувам Информации, издавање и поддршка на корисниците низ 19

експозитури на Тутунска банка

Паралелно со воведувањето на картичките од програмата на MasterCard®

Тутунска банка работи и на градење на инфраструктура за примена и користење на картичките. За таа цел има пет банкомати во Скопје. Во процес за набавка се дополнителни 15 (петнаесет) банкомати од кои дел ќе бидат инсталирани и во поголемите градови во земјата.

Со имплементацијата на новите картички Тутунска банка придонесува во насока на поттикнување на придобивките од картичното работење кои се општо познати:

осовременување на платниот промет контрола врз тековите на монетарната маса во оптек намалување на готовите пари во оптек многубројни анализи за планирање и развој на финансискиот сектор,

за општествени и социолошки потреби 24-часовен пристап до своите пари зголемена лична и финансиска безбедност заради замената на кешот

со картичка и многу други.

42. Приватна картичка

Член на Динерс Клуб Интернационал - МАК д.о.о. (во понатамошниот текст Динерс Клуб) може да биде секое полнолетно лице кое има живеалиште или престој на територијата на Македонија, под услови да може сигурно и на време да ги подмирува трошоците и обврските кои настанале со користењето на картичката.

Што ви овозможува приватната картичка на Diners Club International: Ги задоволува годишни финансиски потреби. Гласи на лично име и презиме и служи за секојдневна употреба. Овозможува многу полесно и поедноставно подмирување на сите

предвидени и непредвидени трошоци (во земјата и во странство). Истото може многу лесно да стане достапно и на најблиски преку

издавање на дополнителна фамилијарна картичка за членовите од потесно семејство, за половина од годишната членарина.

11

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Трошоци (провизии) за подигнување на готовина со Динерс клуб картичка: Тутунска Банка и Diners Club Македонија овозможуваат да се

подигне готовина со картичката во висина од 250 EUR во рок од 30 дена, без разлика на начинот на подигање (Банка или банкомат(АТМ)), или на местото на подигање (во земјата или во странство)

Во земјата може да се подигне готовина максимално до 15.000,00 ден месечно на сите шалтери на Тутунска Банка со провизија од 5 % (важи за корисници на приватни картички).

Во земјата може да се подигне готовина и на банкоматите кои го имаат знакот на CIRRUS , максимално до 250 EUR месечно со следните провизии: 0-150 ЕУР = 15 ЕУР 150-250 ЕУР = 6% од износот

Надвор од земјата максималниот износ кој што може да се подигне од Банка, менувачница или банкомат, на кои што го има знакот на Diners Club International или CIRRUS е 250 EUR со истите провизии како во земјата

Провизијата при неуспешна трансакција изнесува 5 EUR Во случај на 3(три) последователни неуспешни трансакции или

надминување на износот на подигнатата готовина од 250 EUR месечно, картичката ќе биде блокирана за користење. 8

Надоместоци:

Еднократна уписнина 930 МКД Годишна чланарина за основна картичка 1.550 МКД Годишна чланарина за дополнителна картичка 1.550 МКД

43. Бизнис картичкаБизнис безготовинска картичка :

Е деловна картичка за претпријатија и институции Гласи на име на претпријатието или на име на поединец Многу полесно и поедноставносе решаваат сите предвидени и

непредвидени трошоци за: хотелски услуги, набавка на авио билети, службени ручеци и вечери, рент а кар услуги и други трошоци

Следењето на трошоците е едноставно бидејќи со фактурата, се доставува и спецификација

Опис на трошоците за секој корисник поединечно Се доставува фактури два пати месечно со рок на плаќање од 8 дена Нема потреба од купување на девизи на девизен пазар затоа што

девизните трошоци се пресметуваат во денарска противредност При службените патувања на вработени нема веќе исплата на патни

трошоци, при што се намалува потребата за готовина Во странство може да се подигне готовина во банки, штедилници,

менувачници и хотели на кои го има знакот на Diners Club или Cirrus Во случај на губење или кражба на картичката во странство, се издава

временска картичка во најкраток можен рок.

12

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

5. Кредитни линиии на Тутунска

ТУТУНСКА обезбедува кредити под мошне поволни услови од сопствени извори, од групацијата на NLB, како и од повеќе странски кредитни линии.

 На тој начин овозможува:      -  поддршка на развојот на приватниот бизнис  -  кредитирање на развојни и инвестициони проекти на малите и средни претпријатија      -  промоција на македонските извозни претпријатија      -  микрофинансирање

5.1 Станбен кредит

Овој вид на кредит е наменет за секој кој планира да купи стан, куќа или деловен простор. Или пак сака да ги догради, надгради, изгради или адаптрира својот стан, куќа или деловен простор.

До овој кредит може да се дојде многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА. Сe што треба да се направи е да пресмета колку треба за да се вселите во домот кој отсекогаш сте го посакувале. За станбен кредит потребно е:

да сте кредитоспособен да запишете хипотека на недвижен имот во корист на ТУТУНСКА да обезбедите двајца кредитоспособни жиранти

Со кредитот се добива кредит до 50.000 евра и можност за враќање до 15 години. Каматата изнесува: 11% годишно за кредит без депозит, или 9% годишно ако сеобезбеди1/3 депозит.

5.2 Кредит за автомобили

Овој кредит е наменет за секој оној кој размислува да купи нов автомобил, а истовремено сака внимателно да ги распореди своите финансиски средства.

До овој кредит може да се дојде многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА. Сe што треба да направите е да пресметате колку треба за да го купите автомобилот што го сакате.

За да се добие кредит за автомобил потребно е да се има редовни месечни примања, да се запише хипотека на недвижен имот во корист на ТУТУНСКА или да се стави под залог автомобилот што посакувате да го набавите. Кредит до 15.000 евра со можност за враќање до 5 години. Каматата изнесува:

12% годишно за кредит обезбеден со хипотека - без учество и без жиранти.

14% годишно за кредит обезбеден со залог на возилото и со сопствено учество 35-40% од износот на кредитот

13

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

13.5% годишно за кредит обезбеден со залог на возилото и покритие девизен депозит

25-30% од износот на кредитот. На делот покриен со девизен депозит плаќате 4 проценти каматна маргинаЗа кредит од 10.000 ЕУР месечно се плаќа:

218,6 Х ЕУР за кредит обезбеден со хипотека 136,44 ЕУР за кредит обезбеден со залог на возилото и со сопствено

учество 40% од износот на кредитот 215.54 ЕУР за кредит обезбеден со залог на возилото и покритие девизен

депозит 30% од износот на кредитот.

Потрошувачки кредити

Потрошувачкиот кредит е наменет за секој оној кој сака да го поднови својот дом со нов мебел, компјутер, некој од неопходните апарати за домаќинство, со аудио-визуелна опрема или да си го овозможи туристичкото патувањеодсвоитесоништа. До овој кредит може да се дојде многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА. Сe што треба да се направи е да се утврди што и колку е потребно, а ТУТУНСКА во соработка со голем број на продавачи и туристички агенции ги задоволува потребите. Со кредитите без определена намена, пак, слободно се овозможува располагање со пари на рака.

За да се доби потрошувачки кредит потребно е двајцата жиранти да се кредитоспособни. Износот на кредитот е детерминиран од кредитната способност, а максималната месечна отплата може да изнесува 1/3 од просечната месечна плата. Со него се добива и бесплатна Maestro® картичка!

За паричните кредити каматата изнесува: 16,8% годишно за кредит до 2,94 месеци 17% годишно за кредит до 36 месеци

Овој кредит е наменет за секој оној кој сака да ја зачува својата заштеда, а сепак да ги реализира своите желби и потреби. До овој кредит може да се дојде многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА. Сe што треба да се направи е да се пресмета заштедата и да се подигне вистинскиот кредит. Колку се депонира - толку се добива. За да се добие кредит со наменски депозит потребно е заштедата да ја чувате во ТУТУНСКА.

Се добива кредит до 97% од износот на заштеда. Можност за враќање е до 10 години. Каматата изнесува: 4% годишно за кредит до 10.000,00 ЕУР и 3.5% за кредит над 10.000,00 ЕУР односно 3% годишно за кредит до 500.000 МКД и 2.5% годишно за кредит над 500.000 МКД.

Хипотекарен кредит

Овој кредит е наменет за секој оној кому во моментот му се потребни повеќе финансиски средства од оние со кои располага во моментот.

14

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

До овој кредит може да се дојде многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА. Сe што треба дасе направи е да утврди колку дополнителни средства се неопходни за да се исполнат своите желби и потреби.

За хипотекарен кредит потребно е: да сте кредитоспособен да запишете хипотека на недвижен имот во корист на ТУТУНСКА да обезбедите двајца кредитоспособни жиранти

Се добива кредит до 10.000 ЕУР, со можност за враќање до 5 години. Со камата од 14,9% годишно за кредит без учество, или 10% годишно ако обезбедите 1/3 депозит. 

Студентски кредит

Овој кредит е наменет за секој оној кому му е потребно да обезбеди финансиски средства неопходни за да го продолжи и надгради своето образование.

До овој кредит може да се дојде многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА. Сe што треба да се направи е да се утврди износот на школарината во образовната, институција во земјата или во странство.

За кредит за образование потребно е: да сте кредитоспособен да приложите документ за плаќање на школарина (фактура,

профактура или друго) издаден од образовна институција од земјата или странство

да запишете хипотека на недвижен имот во корист на ТУТУНСКА или да обезбедите двајца кредитоспособни жиранти

Се добива кредит во зависност од кредитоспособността, обезбеден со двајца жиранти и можност за враќање до 24 месеци, односно кредит до 12.000 ЕУР, обезбеден со хипотека и можност за враќање до 60 месеци. Камата е10% годишно.

Овој кредит е наменет за секој оној кој располага со државни обврзници по основ на старо девизно штедење и/или денационализација.

До овој кредит може да се дојде многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА. Сe што треба да се направи е да се утврди номиналанта вредност на државните обврзници и да се побара кредит во висина од 1/3 од вредноста на обврзниците.

За кредитот потребно е: да сте кредитоспособен да приложите државни обврзници како обезбедување за кредитот

Се добива кредит во висина 1/3 од номиналната вредност на државните должнички хартии од вредност со рок на отплата во зависност од рокот на доспевање на обврзниците. Камата е 10% годишно. 

Туристички кредити

Овој кредит е наменет за секој оној кој сака да си го овозможи туристичкото патување.

15

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

До овој кредит може да се дојде многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА. Сe што треба да се направи е да утврди што и колку треба, а ТУТУНСКА во соработка со голем број на туристички агенции ќе овозможи да се задоволат потребите на клиентите. Да се добие кредит потребно е двајцата жиранти да се кредитоспособни. Износот на кредитот е детерминиран од кредитната способност, а максималната месечна отплата може да изнесува 1/3 од просечната месечна плата. Со него се добива и бесплатна Maestro® картичка!

За купување на трајни добра и туристички аранжман се плаќа камата од 15% годишно со рок на отплата до 24 месеци.9

6. Штедни влогови

Тутунска нуди два вида на штедни влогови:a) Денарски штедни влогови- Денарските штедни влогови се ненаменски

и можат да бидат по видување или орочени. Депозити по видување се сите средства депонирани во Банката, со кои депонентот може да располага без ограничување. За орочени депозити без намена се сметаат средствата депонирани во Банката, за кои депонентот посебно не ја договорил намената и со кои може да располага по истекот на определениот временски рок. Тие можат да бидат орочени на 15 дена, или на еден, 3, 6, 9, 12, 24 или 36 месеци.

Со средствата на штедниот влог располага вложувачот, односно лицето на кое гласи штедниот влог, или законскиот застапник, старателот или овластеното лице-ополномоштеникот, кој може да биде овластен од страна на законскиот застапник за еднократно или постојано полномошно.

Висината на каматната стапка на Тутунска зависи од рокот на орочување на штедниот влог, а каматите на орочените штедни влогови се исплаќаат месечно, квартално, полугодишно и годишно, или по истекот на рокот.

b) Девизен штеден влог- Сопственик на девизен штеден влог може да бидедомашно физичко лице (македонски граѓанин со живеење во РМ), Македонски граѓанин на привремена работа во странство, иселеник на РМ, странско физичко лице со живеење во РМ и во странство .

Освен нив, девизни штедни влогови можат да имаат и малолетни лица под старателство, а отворени од страна на законскиот застапник или старател, членови на семејството, како и кое било друго лице со уплата од странство.На домашните и странски физички лица со девизни штедни влогови и девизни

ГОДИШНОПо видување 1,0%15 дена 3,0%1 месец 6,0%3 месеци 7,5%6 месеци 7,8%12 месеци 8,0%24 месеци 8,5%36 месеци 9,0%

16

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

сметки, Тутунска ја пресметува каматата во девизи, а по нивно барање и во денари. Висината на каматната стапка зависи од валутата и од рокот на орочување на штедниот влог.

Вид на девизи

% на штеден % за орочени штедни влогови

  влог неорочен

1 месец 3 месеци 6 месеци 9 месеци 12 месеци

ЕУР 0.80 1.50 1.75 1.80 2.00 2.20

УСД 0.60 0.90 1.00 1.10 1.15 1.20

ЦХФ и 0.10 0.20 0.30 0.40 0.45 0.50

Останати валути

0,7 1.0 1.2 1.4 1.6 1.8

Освен тоа... Денарските и девизните депозити можат да се користат и наменски,

односно како обезбедување за кредит. Депонентот може да достави барање за паричен кредит со рок на отплата до 20 години и грејс период до една година.

Каматните услови за кредитот се: 4% годишна камата за кредити до 10.000 ЕУР или 3,5% годишна камата за кредити над 10.000 ЕУР3% годишна камата за кредити до 500.000 МКД или2,5% годишна камата за кредити над 500.000 МКД.

Девизниот штеден влог може да се искористи и како обезбедување за користење на хипотекарен или станбен кредит со поповолна каматна стапка. За депонентите кои вложуваат поголеми девизни износи, Тутунска овозможува штедење по договорна камата, стимулативна за депонентот.

Штедните влогови се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, а фондот ги обесштетува физичките лица во висина од: 100% од вкупниот депозит на секое физичко лице до износот на денарска противвредност на ЕУР 10.000 и 90% од вкупниот депозит на секое физичко лице до износот на денарска противвредност меѓу ЕУР 10.000 и ЕУР 20.000, но не повеќе од денарска противвредност на ЕУР 20.000.

7. WESTERN UNION MONEY TRANSFER

Брзиот раст на глобалната економија наметнува потреба за брз трансфер на пари без притоа да постојат просторни ограничувања

17

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Western Union Money Transfer претставува услуга што Тутунска ја нуди за сите оние кои имаат потреба од брз трансфер на пари преку систем што овозможува испраќање на пари низ целиот свет.

Секое лице кое има потреба да испрати или да прими пари во готово може да го користи Western Union Money Transfer. На оние кои се едуцираат надвор од земјата, за сите оние кои патуваат туристички или деловно или ако сакаа да им испрат финансиски средства на своите блиски можат тоа да го сторат за неколку минути на едноставен и сигурен начин.

8. Сефови

За предмети од вредност, документи, хартии од вредност и други материјали за кои е потребна сигурност, дискреција и тајност може да се закупи сеф во Тутунска.

Со сефовите на Тутунска се добива: сигурност на предметите кои се чуваат во сефот, сигурност на просториите каде се наоѓа сефот, посебна просторија наменета за манипулација со сефот, тајност на податоците и дискреција при употребата.

Сефот се отвора со два клуча од кои едниот е клиентот, а другиот во банката. Во сефот не е дозволено да се чуваат запаливи и предмети подложни на експлозија, радиоактивни материи, оружје, предмети подложни на распаѓање, расипување, разлевање или предмети за кои постои забрана за промет со закон или други прописи. Закупувањето на сефот не може да биде пократко од 30 дена. Со поднесување на писмено барање најмалку 8 (осум) дена пред истекот на рокот на закупот може да го продолжите рокот на користење на сефот под закуп. Доколку не го откажете сефот најмалку 15 (петнаесет) дена пред истекот на договорениот рок, закупот продолжува автоматски за исто времетраење како претходно договореното. Потребни документи за изнајмување на сеф се документ за идентификација (лична карта) и Договор за закуп на сеф.Сефовите се сместени во просториите на Дирекцијата на Банката и во експозитурата на Тутунска во Битола.10

9. Бизнис финансии

Платен промет во земјата

Носители на платниот промет се Народната банка на Република Македонија и банките со дозвола за вршење платен промет.Учесник во платниот промет е домашно или странско правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари преку носителите на платниот промет

Учесникот во платниот промет може да има:повеќе сметки кај еден носител на платен промет и сметки кај повеќе носители на платен промет.

Тутунска банка АД Скопје е носител на платниот промет во земјатаи дел од платниот систем на Р.Македонија, каде сите денарски платни трансакции на своите комитенти ги извршува преку:

18

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

1. Интерен платен промет - плаќања помеѓу комитентите на банката (систем на плаќања во рамки на една банка), кој е најефтин и најбрз начин на реализација на налозите за плаќање. Истовремено банката ги врши и сите готовински плаќања (уплати и исплати на готовина).

2. Екстерен платен промет - меѓубанкарски платен промет каде учесниците од две банки своите плаќања може да ги извршуваат преку два система на порамнувања: Македонски интербанкарски платен систем и клириншки интербанкарски систем.

Предностите на платниот промет на Тутунска:1. Едноставно и брзо отварање на една или повеќе сметки во експозитура на банката која ќе ја изберете, без надомест. На располагање ви се 22 експозитури во Р. Македонија2. Сигурно, квалитетно, ефикасно и брзо извршување на Вашите налози за плаќање.3. Најповолни тарифи4. Тајност на податоците за Вашата сметка5. Уплата на оснивачки влог6. Доставување на изводи за промените на сметките на шалтер на банката или електронски (по факс, E-mail, Web, SMS)7. Можност за работа од Вашите деловни простории 24h на ден, седум дена во неделата преку E-banking со тарифа пониска од редовната за додатни 30% 8. Брзо и ефикасно решавање на рекламациите9. Изработка на сите видови потврди по Ваше барање10. Доставување на налог за плаќање на било кој шалтер на банката11. Извршување на налози во интерниот платен промет во истиот момент на доставата12. Извршување на налози во меѓубанкарскиот платен промет веднаш по добивањето на средства на Вашата сметка 13. Можност за одредување приоритет на налозите 14. Можност за добивање статус на VIP клиент15. Картички-бизнис картички16. Револвинг кредити17. Гаранции (девизни и денарски)18. Користење на дневно ноќен трезор.

Платен промет во странство

Услуги кои банката ги нуди во платниот промет во странство: Документарен акредитив- извозен Документарен акредитив-увозен Инкасо домументи-увозни Документарна наплата-извозна Девизни гаранции Денарски гаранции Плаќање во странство-дознака во странство Приливи од странство Наплата на чекови издадени од странски банки Издавање банкарски чекови Отварање девизни сметки за правни лица

19

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Правните лица можат своите денарски и девизни средства да ги депонираат во Тутунска банка.Денарски депозити можат да бидат:

по видување краткорочни ненаменски или со намера орочени депозити долгорочни ненаменски или со намера орочени депозити орочени денарски депозити со девизна клаузула

Депозитот по видување се карактеризира со неограничен износ на депонирање и слободно располагање со депонираните средства на време и начин погодни за комитентот.Денарски орочени депозити можат да бидат со рок на орочување од 3, 5, 7 и 15 дена или на 1, 2, 3, 4, 6, 9, 12 и 24 месеци или повеќеОрочените денарски депозити со девизна клаузула можат да биде со рок на орочување од 3, 6, 9 или 12 месеци.Девизните ненаменски депозити можат да бидат:

Депозити по видување (резиденти и нерезиденти) Орочени депозити (резиденти и нерезиденти)

Рокот на орочување може да биде на 1, 3, 6 или 12 месеци

10. Улогата на човечки ресурси

Тутунска Банка верува во квалитетот и традицијата, но истовремено го потенцира значењето на својот тим вработени врз успешноста на Банката воопшто. Менаџментот на Банката постојано бара и изнаоѓа начини, техники и алатки со цел да се приближи до овој неисцрпен и незаменлив ресурс. На почетокот на 2004 година во Тутунска банка е формиран и отпочна со работа оддел за човечки ресурси како интегрален дел на Службата за стратегија и развој. Тимот ангажиран за развој на човечките ресурси работи на повеќе развојни проекти, чија главна цел е мотивација, усовршување и оптимално искористување на потенцијалот на вработените во Банката. Во насока на доследно реализирање на овие цели е ангажиран надворешен експерт од Германија кој работи заедно со HR тимот на Банката.

Тутунска се стреми кон извонредни резултати во работењето вложувајќи посебни и лични напори да ги постигне целите на врвен начин и во корист на клиенти. Работат во организациона клима на редовно поставување на предизвикувачки цели, кои ги земаат во предвид индивидуалните способности на вработените кои се од најголемо значење за успех на банката.

Тутунска банка цврсто го следи начелото на еднаква можност за вработување. Критериумите за селекција се засноваат единствено на индивидуалните способности на кандидатот.

Улогата на Човечките ресурси во Банката е да ги стимулира вработените кои поседуваат висок потенцијал, манифестираат надпросечни способности и вештини при реализирање на работните активности. Преку поставување на амбициозни планови вработените се мотивираат во континуитет да ги надминуваат поставените цели, што претставува предуслов за понатамошен индивидуален прогрес и севкупен успех на Банката.

20

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

11. Структура на вработени:

Тутунска банка заклучно со 31.12.2004 година брои 298 вработени што е пораст за 19,8% во споредба со 2003 година. Од вкупниот број на вработени, 65% се со висока стручна спрема, додека 49% се на возраст од 25 до 35 години.

12. Процес на селекција и вработување

21

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Една од примарните цели на Тутунска банка е да осигура дека вработува луѓе со висок потенцијал, кои се ориентирани кон клиентите, способни да одлучуваат, спремни да превземат одговорност и имаат одлични комуникациски и тимски способности.

Накратко, пристап кон селекција на кандидати е разработен во структуриран процес на селекција и вработување, кој се покажува како многу успешен. Целиот процес се состои од неколку чекори: •  Прелиминарна селекција – проверка дали кандидатот ги исполнува минимум условите наведени во огласот за работа, нпр. возраст, образование, специфично знаење и искуство и сл; •  Тестирање – по пат на стандардизиран тест, кој содржи различни аспекти на оценување, се тестираат потенцијалните кандидати за вработување. Тестот вклучува тест на интелигенција, логичко размислување и расудување, општо знаење, познавање на англиски јазик, работа со компјутер и сл. Тестот е поделен на делови, за кои постојат точно одредени временски интервали за решавање.

Ова бара од кандидатот да мисли и делува брзо и под притисок на време. •  Интервју и евалуација – последен чекор во процесот на селекција е интервјуто кое се води со секој кандидат посебно кој успешно го положил тестот. •  Вработување на најдобрите кандидати – откако процесот на селекција ќе се комплетира, кандидатите кои покажале најдобри резултати се вработуваат; •  Вовед на новите вработени во работењето на Банката – новите вработени учествуваат во кратко воведување во работењето на Банката за кое време тие согледуваат како Банката работи во целост. По завршувањето на периодот на воведување тие се алоцираат на соодветно работно место.

Тутунска банка ја поттикнува и младата студентска иницијатива. Банката нуди можност за практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии од областа на економијата.

Банката соработува со Универзитетот Sheffield од Солун, Грција за ангажирање на практиканти и со студентската организација AIЕSEC за студенти на размена.

Студентите кои ќе бидат избрани за пракса за време на летото имаат можност да учествуваат во банкарските операции, да работат во динамична и постојано променлива околина, да научат за различните области од банкарството и сл. На крајот на праксата тие добиваат препораки кои можат да им помогнат во нивното вработување во иднина. 11

13. Имплеменатцијата на маркетинг концептот

Интегрален сегмент од севкупната развојна стратегија на Тутунска банка претставува имплеменатцијата на маркетинг концептот. Постулатот за задоволен корисник претставува императив во работењето на Банката.Фокусот кон иновации и следење на потребите на пазарот резултира со понуда

22

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

на современи продукти и услуги што креираат компаративни предности за Тутунска. Банката гради маркетинг вредности преку непосредна комуникација на вработените со клиентите, но и користејќи широк спектар на медија формати. Изградбата на брендот Тутунска и неговото развивање наметнува потреба од професионален пристап при креирање на релевантна информација и комуникациска стратегија наменета за широката јавност. Клучната маркетинг порака има за цел да потенцира квалитет, придобивки, доверба, сигурност и лојалност.

Тутунска банка негува и општествена одговорност преку спонзорство на културни, хуманитарни и спортски активности. Тутунска банка доби Плакета за трета награда за Најуспешна промотивна кампања за услуга во 2004 за кампањата Лансирање на MasterCard - Разликата е во Тутунска, што ја доделува Министерство за Економија на Република Македонија. Успехот на Тутунска е поим зад кој стои тим на професионалци. Секој вработен е носител на маркетинг процесот во Банката. Разликата е во моќта на секој поединец со својата индивидуалност да придонесе за јакнењето на корпоративниот имиџ.

Дом за мене Автомобил за мене

Иднина за мене Картичка за мене

23

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Парична картичка Штедење за иднината

Тутунска банка АД Скопје во соработка со Пивара Скопје АД е вклучена во наградната игра на Coca-Cola Liдht и Coca-Cola Classic Silver Dress ! 12

Тутунска банка АД Скопје за целите на наградната игра доделува пет кредитни картички од програмата на MasterCard со нов дизајн, со награден фонд од 30.000 МКД по картичка.

Во текот на Февруари, 2005 во сите експозитури на Тутунска банка ќе биде изведена семплинг програма. Тоа подразбира дека Silver Lady тим на клиентите и на вработените во Банката ќе им подели Coca-Cola Light лименки.

Заклучок

Како што може да се види од податоците Тутунска Банка е успешна банка во Македонија. Како потврда за нејзината успешност се бројните меѓународни и национални награди. A посебно значајна е Плакета за трета

24

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

награда за Најуспешна промотивна кампања за услуга во 2004 за кампањата Лансирање на MasterCard - Разликата е во Тутунска.

Може да заклучиме дека Тутунска Банка е финансиска институција што дава разновидни финансиски услуги. Како што се разновидните кредити за населението, електронско банкарство, платниот промет во земјата и во странство и др. Исто така Tутунска Банка нуди разновидни картички кои ги задоволуваат потребите на населението. Овие видови картички се MasterCard International, Maestro, Standard MasterCard , Gold MasterCard и MasterCard Business Card kako и Diners Club International.

Како што може да се види примарната цел на банката е да оствари профит како што е целта и на секоја друга банка. Организацијата на Tутунска е поделена на две групи и тоа на микро и на макро организациона шема. Ваквата организација и помага на банката да работи добро и посредено.

Од финансиските извештаи може да се види дека банката работи успешно на нивно задоволство како и назадоволство на потрошувачите..

25

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

Фусноти:

1. “Маркетинг” – проф. Д-р Снежана Ристевска –Јовановска, Скопје 2004

2. “Пари и банкарство”- проф. Д-р Љупчо Трпчевски, Скопје 1995, стр. 117

3. “Финанасиски пазари и институции”- проф. Д-р Михаил Петковски, Скопје 2004, стр.23

4. Годишен извештај на Тутунска Банка за 2004 година, стр 75. Исто како и претходното6. Електронско банкарство за мене- проспект од Тутунска Банка 7. http:\\ www.tb.com.mk 8. Тековна Сметка за мене- проспект од Тутунска Банка 9. Кредит за мене, кредитирање на населението- проспект од

Тутунска Банка 10.http:\\ www.tb.com.mk 11.http:\\ www.tb.com.mk 12.“Дневник” 23.02.2005 oд web site на Тутунска

26

“Финансиски услуги на Тутунска Банка”

КористенаКористена ЛитератураЛитература::

1. “Маркетинг” – проф. Д-р Снежана Ристевска –Јовановска, Скопје 2004

2. “Финанасиски пазари и институции”- проф. Д-р Михаил Петковски, Скопје 2004

3. “Пари и банкарство”- проф. Д-р Љупчо Трпчевски, Скопје 19954. Годишен извештај на Тутунска Банка за 2003, 2004 година5. MasterCard International Картичка за мене – проспект од Тутунска

Банка 6. Тековна Сметка за мене- проспект од Тутунска Банка 7. Штедење за мене- проспект од Тутунска Банка 8. Кредит за мене, кредитирање на населението- проспект од

Тутунска Банка 9. Бизнис за мене, кредитирање на правни лица- проспект од

Тутунска Банка 10.Електронско банкарство за мене- проспект од Тутунска Банка

Интернет:http:\\ www.tb.com.mk http://www.lhb.de/http://www.24x7.com.mkhttp://www.nlb.si

27