20
втор број - електронски магазин

САБА ТИН - април

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Изработено од учениците на САБА Битола.

Citation preview

Page 1: САБА ТИН - април

втор број - електронски магазин

Page 2: САБА ТИН - април
Page 3: САБА ТИН - април

Пламенот на една голема љубов

Дождот од спомениќе ги измие сите сомнежи

во мојата каллива имагинација.Капките ќе блеснат

врз сувите лисја од моите откинати соништа.

И кога бурата од емоцииќе се стиши,

ќе останат само згужвани мисли на подот;вештачка насмевка,

веќе излитена од пречеста употреба;среќа заклучена во фиоката,

чиј клуч сум го загубила барајќи те;милион сеќавања од едно друго време

и пламенот на една голема љубов,која ни ветрот на заборавот

не успеал да го згасне.

Шалевска ЕленалИтература

2

Page 4: САБА ТИН - април

СветСкИ бИзнИС СИнџИр од реСторанИ - мекдоналдС

Мекдоналдс корпорацијата е најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот, опслужувајќи повеќе од 58 милиони клиенти дневно. Мекдоналдс

првенствено продава хамбургери, чизбургери, пилешки производи, помфрит, доручек , безалкохолни

пијалаци, милкшејк и десерти. Како одговор на проблемите со дебелината во западните земји и критиките за хранливоста на своите производи,

компанијата го изменила своето мени ,вклучувајќи поздрави алтернативи. Бизнисот почнал во 1940 година, со ресторан отворен од браќата Ричард и

Морис Мекдоналд во Сан Бернардино, Калифорнија. кои ги создале принципите на модерниот ресторан за

брза храна.

бИзн

ИС

3

Page 5: САБА ТИН - април

Оригиналната маскота на ,,Мекдоналдс’’ е човек со глава како хамбургер и готвачка капа, чие име е

Спиди. А подоцна заштитен симбол, распространет низ светот е човек во костим на кловн. и двојно свиена буква,,М’’. Најзначајно лице за развојот на Мекдоналдс

е Реј Крок, кој компанијата ја довел до светска експанзија. Присутна е на сите меѓународни пазари

и стана симбол на глобализацијата и на ширењето на американскиот начин на живот.

Околу 15% од рестораните ,,Мекдоналдс’’ се во сопственост и управувани од корпорацијата

,,Мекдоналдс’’ директно. Остатокот се управувани од страна на други, преку различни договори за

франшизи и заеднички вложувања. Како услов за многуте договори за франшиза, кои варираат со

договор, возраст, земја, и локација, корпорацијата може да го поседува местото на кое се наоѓа тој

ресторан.Денес МекДоналдс рестораните се опремени

со современи надворешни и внатрешни детски игралишта, се најголеми дистрибутери на детски играчки кои им ги делат на децата со секој оброк,

имаат пријатен изглед, модерен и привлечен.Овој бизнис честопати е цел на критики насочени кон

нивното мени, протести за брзата храна, за неетичкото воспитување на децата, екплоатацијата на работници,

суровоста кон животните, како и нарушувањето на животната средина. Овие протести се на светско ниво.

За да одговори на јавниот притисок, Мекдоналдс мораше да преземе поагресивна кампања за заштита

на својот бренд. „Промените се големи и храбри, па и промената на имиџот ќе биде голема и храбра”,

беше мотото на борбата против сите закани од конкуренцијата и купувачите.

Илијоски ЉупчобИзнИС

4

Page 6: САБА ТИН - април

два новИ таблетИ од СамСунг

Самсунг објави два таблети со големина на дисплеј од 8.9 и 10.1 инчи. Двата уреди работат на Android 3.0 Honeycomb и имаат TouchWiz 4.0 кориснички

интерфејс.Осум-инчниот Самсунг Галакси Таб има димензии од двесте и триесет запирка девет на сто педесет и

седум запирка осум и тежи само од четиристотини и седумдесет грама. Останатите негови карактеристики

се еднакви како неговиот поголем брат со диплеј од 10.1 инчи, који мадимензии од 256.6 x 172.9 x 8.6 mm.Двата таблети имаат двојадрен процесор со работен-такт од 1GHz, примарна камера со резолуција од три мегапиксели која снима видео во 720p резолуција и секундарна камера за видео повици сорезолуција од

два мегапиксели. Уредите имаат Wi-Fi и Bluetooth конективност.

Новите таблетина Самсунг ќе се најдат на пазарот од јуни, по цени од четири стотини шеесет и девет долари за осум инчната верзија и четири стотини деведесет и

девет долари за десет инчнаната теблета.

Палензо Теодорте

хнол

огИј

а

5

Page 7: САБА ТИН - април

ipad2 ИнвазИја

Таблетoт iPad на компанијата Apple е продаден во три милиони примероци, а интересот на клиентите

во целиот свет не опаѓа, соопшти американскиот технолошки гигант.

Три милиони компјутери со екран чувствителен

на допир се продадени во рок од 80 дена.

“Луѓето го сакаат iPad-от и тој станува дел од нивното секојдневие” - изјави

директорот на Apple, Steve Jobs.Тој додаде дека компанијата

вложува напори да ја задоволи побарувачката ширум светот, вклучувајќи ги заинтересираните во плус девет

држави од следниот месец.iPad моментално може да си купите во САД,

Австралија, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Шпанија и Швајцарија, а наскоро ќе се продава и во Австрија, Белгија, Хонг Конг, Ирска, Луксембург, Мексико, Холандија, Нов

Зеланд и Сингапур.Apple исто така објави дека програмерите направиле

11 илјади апликации за iPad, а на него можат да се користат и другите 225.000 апликации наменети за

iPhone и iPod Touch.

Шалевска ЕленатехнологИја

6

Page 8: САБА ТИН - април

ПрИроднa маСкa за лИце ПротИв акнИ

Акните се проблем кој им создава непријатности не само на тинејџерите, туку често и на возрасните. Секој

што се соочил со овој проблем знае дека не постои еден „лек“ кој магично ќе ја исчисти кожата еднаш

засекогаш. За да се добие максимален ефект, потребно е да се комбинираат различни третмани.

Маските за лице треба да бидат дел од негата на кожата склона кон акни. Единствениот проблем кај нив е што не делуваат на еднаков начин кај сите луѓе, па

потребно е малку да експериментирате. Токму за тие што имаат желба да го сторат тоа, подолу е дадена една

од најпопуларните домашни маски за лице, за кожа склона кон појава на акни.

убав

Ина

7

Page 9: САБА ТИН - април

8

убавИнаПејовска Анета

ЈАБОЛКО И МЕДМожеби ќе ви биде послатко да го исечете јаболкото,

да го премачкате со мед и да го изедете како десерт, но одолејте му на тоа искушение и направете си маска за бенефициите од јаболкото и медот да ги почувствува

вашето лице.

СОСТОЈКИ:1 изрендано јаболко2 супени лажици мед

Во изренданото јаболко додајте го медот и мешајте додека не се соединат. Ставете ја смесата на лице и оставете ја да делува 20 минути. Потоа измијте го лицето со топла вода. Оваа маска не се суши, па не

чекајте да се случи тоа за да ја измиете.

Page 10: САБА ТИН - април

9

Парфемот – невИдлИвИот моден додаток

Парфемот отсекогаш бил особено ценет во различните култури во светот. Денес најголем дел од луѓето не го напуштаат домот без да го искористат својот омилен

парфем. Впрочем, на секоја четврта секунда се купува едно шишенце парфем некаде низ светот. Парфемот ја акцентира индивидуалноста и зборува многу за лицето

што го користи.На сите ни се познати најпопуларните парфеми како Chanel № 5, но треба да знаеме малку повеќе од тоа за да можеме правилно да го избереме и нанесеме

парфемот.

КАКОВ ПАРФЕМ ДА ИЗБЕРЕТЕ?Секогаш внимателно избирајте парфем, во зависност од годишното време и според тоа за каков повод ќе го

користите.Изберете си парфем со лесна, пријатна и свежа арома

за летните месеци. Потешките парфеми користете ги во зима. Во текот на денот користете парфеми со посвежа и слаба арома, а поинтензивните парфеми

нанесувајте ги за вечерни прилики.Дали ќе користите парфем или тоалетна вода зависи од вашиот избор и се разбира од вашиот буџет, затоа што

парфемот е секогаш поскап.

КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ ПРАВИЛНО?Нанесувајте парфем на чиста кожа;

Колку парфем ќе нанесете зависи од неговата концентрација;

Нанесувајте парфем на кожата, а не на облеката.

мода

Маџоска Дариа

Page 11: САБА ТИН - април

10

Оровчанец ЈулијакнИга

Порака во шИше

Дали мислите дека ако оваа книга не беше нешто посебно фамозниот Кевин

Костнер ќе се согласеше да глуми во филмот направен по оваа книга ?! Па секако

дека не, нормално.Во кратки црти, станува

збор за една девојка, жена во своите рани 30-ти години

која додека е на одмор ќе најде на брегот едно писмо кое е затворено во шише. Брановите го исфрлиле

шишето кое пловело низ океанот. Таа го чита писмото и сфаќа дека е напишано од страна на некој маж. Но тоа едноставно изгледа како да не е можно да го напишал

маж…Емоциите кои ги содржи,

речениците кои се напишани, сето тоа звучи толку добро, што таа едноставно не може да поверува дека таков маж може да постои на светот. Чини дека се заљубила во него преку самото писмо,

иако не го познава… Тогаш одлучува дека мора да го

најде, едноставно мора да го

запознае човекот кој го напишал тоа писмо.Но таа не знае кога е

писмото напишано, не знае колку време истото

пловело низ океанот. Можеби е старо десетици години, можеби тој е веќе старец или уште полошо,

мртов. Не знае како се вика, каде се наоѓа, не знае ништо за него, но сепак ја започнува

својата потрага.

Page 12: САБА ТИН - април

што е хИв а што СИда?

Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка СИДА е болест

која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се

подложени на голем број инфекции и тумори. Постои разлика помеѓу поимите - ХИВ позитивно лице и лице

болно од СИДА. Тоа се две поврзани ,но различни работи кои често погрешно се поистоветуваат. Хив позитивното лице е заразено од ХИВ вирусот што

не значи дека има СИДА. Но, до појавата на болеста може да помине период од две до десет години. ХИВ позитивно лице може да изгледа потполно

здраво, способно за физичка работа или било која друга активност. Вирусот најчесто се пренесува

преку сексуален однос, а има случаеви каде што е пренесен преку доаѓање во контакт со заразена крв, преку заразена мајка во текот на бременоста (каде што вирусот се пренесува на детето), преку доење на дете од страна на заразена мајка, пораѓање итн.

Вирусот неможе да биде пренесен преку секојдневните социјални контакти, ниту преку животни. Со цел

за превенција, во многу земји ширум светот се спроведуваат различни активности во едукацијата

на луѓето за начинот на пренесување на вирусот и мерките кои се превземаат за да не би дошло до инфекција. Засега не постои лек или вакцина кои

загарантирано можат да го излечат вирусот. Сепак, антиретровиралните лекови можат да го продолжат периодот на траење на инфекцијата пред нејзиното

мутирање во фаза на СИДА.

здра

вје

11

Page 13: САБА ТИН - април

Според податоците во програмата за хив вирусот и сидата, од појавата на оваа болест, заклучно со две

илјади и осма година, во светот вкупно биле заразени околу шеесет милиони луѓе, а од сида умреле околу дваесет и пет милиони луѓе. До крајот на две илјади

и осмата година од ХИВ биле заразени околу триесет милиони возрасни и околу два милион деца. Вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот наречен ХИВ се шири преку инфицирани телесни

секрети, доколку тие доспеат во крвта кај друг човек. Во телесните течности крв, сперма, пред-семена

течност, вагинални секрети и мајчино млеко вирусот го има во доволни концентрации за да може истиот да се пренсе. Додека во пот, солзи, плунка, урина, фецес вирусот го нема во доволна концентрација и преку

овие телесни течности вирусот не може да се пренесе. Но преку ракување, допирање или преку обично

бакнување, преку убод на комарец или инсекти, при делба на домот, донирање на крв, клозетски шолји, кваки на вратите, или преку шолји за кафе како и преку говор со ХИВ позитивно лице, вирусот не

пренесува.

Капошов сакром

Николоски Борчездравје

12

Page 14: САБА ТИН - април

ЧетИрИ “ел клаСИка” во дваеСет дена

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона успешно ја минаа четврт-финалната фаза во Лигата

на Шампионите и ќе се сретнат во полуфиналето на истото натпреварување. Но, исто така им

преостануваат уште два дуели. Првиот во финалето на Шпанскиот ,,Кралски Куп” и еден првенствен

дуел. Ни преостанува да гледаме одличен фудбал и да уживаме во мајсториите на Меси, Роналдо, Виља, Ди

Марија,Чави и останатите. Не пропуштајте!

Нестороски АлександарСП

орт

13

Page 15: САБА ТИН - април

тИерИ анрИ

Тиери Даниел Анри (роден 17 август 1977 во Париз, Франција) е

француски фудбалер кој игра за Њујорк Ред Булс во

северноамериканската лига. Роден во Лес Улис, Есоне

(предградие на Париз) каде што играше во редовите на локалната репрезентација како момче со извонредна

перспектива на стрелец. Тој беше забележан од страна

на АС Монако во 1990 година и веднаш потпиша договор со што дебитира на професионален план

во 1994. Добриот квалитет доведе до интернационален повик во репрезентацијата

во 1998 година по што тој потпиша за серија А

застанувајќи во одбрана на шампионот Јувентус. Доживеа разочарувачка сезона играјќи

крилна позиција, пред да премине во Арсенал за 10.5

милиони фунти во 1999 година. Арсенал е тимот кој што го класираше името на Анри во рамките на светски

познатите фудбалери. Покрај почетните напори во Премиер

лигата, тој се појави како најдобар стрелец на Арсенал на речиси сите сезони за време на неговиот настап

таму. Под водство на неговиот долгогодишен

ментор и тренер Арсен Венгер, Анри стана продуктивен

напаѓач и најдобриот стрелец на Арсенал на сите времиња со

постигнати 226 гола во сите натпреварувања. Французинот освои две титули во лигата и три ФА купови со Топчиите. Тој беше

СПорт

14

Page 16: САБА ТИН - април

номиниран за најдобар светски играч на годината од страна на ФИФА двапати и прогласен е за ПФА играч на годината исто така двапати и од страна на фудбалската асоцијација на новинарите за играч на

годината три пати. Последните две сезони во клубот на Арсенал, Анри ги помина како капитен на клубот,

водејќи ги до финалето на лигата на шампиони во јуни 2007. После 8 години поминати во дресот на Арсенал, тој преминува во Барселона за хонорар од 24 милиони евра. Неговите први признанија со Kаталонскиот клуб

се случија во 2009 година кога тие ја освоија лигата, купот и трипати лигата на шампиони. Тој продолжи

да постигнува успеси освојувајќи шест титули, освојувајќи го шпанскиот суперкуп, УЕФА купот и

светскиот куп. Севкупно, Анри беше избран во УЕФА тимот на година 5 пати. Во 2010 година тој се приклучи

кон Њујорк Ред Булс. Анри доживеа сличен успех со француската репрезентација освојувајќи го 1998

World Cup, Euro 2000 и 2003 FIFA Confederations Cup. Во Октомври 2007 тој го надмина рекордот на Мишел

Платине и стана најдобриот француски стрелец на сите времиња. Анри се повлече од интернационалниот

фудбал по светското првенство 2010. Надвор од теренот Анри е активен портпарол против расизмот во

фудбалот, делумно поради неговото лично искуство. Тој се ожени со англискиот модел Никол Мери во 2003 и добија ќерка и во 2007 се разведоа. Тој исто така беше и еден од најврвните врвните фудбалери застапени во светот на рекламите. Анри беше рангиран деветти во

светот во 2006.

Пајмакоски ИлијаСП

орт

15

Page 17: САБА ТИН - април

ноле – неПобедИв!

Новак Џокович ја запозна 2011 година со низа од 24 победи , без ниту еден пораз. Освои неколку АТП

турнири , меѓу кои престижниот Мајами како и првиот гренд слем годинава, Австралија Опен. Се искачи на второто место на АТП листата, веднаш зад Рафаел

Надал. Двапати годинава славеше над првиот светски рекет и трипати го победи најдобриот светски тенисер

на сите времиња Рожер Федерер. Поради повреда го пропушти турнирот во Монте Карло.

Нестороски АлександарСПорт

16

Page 18: САБА ТИН - април

Super Size Me

Документарецеот “Super Size Me” е многу интересен

и доста провокативен филм. Овој филм ја

раскажува приказната за многу здрав човек, на средна возраст, по име Морган Спурлок, кој реши да дознаете колку е лоша брзата

храна. Тој претпоставил дека причината за преку умерената

тежина и дебелината на Американците, е во тоа што секој дневно

конзумираат брза храна. Со цел да го реализира ова верување, тој одлучува да

јаде во McDonalds три пати на ден, цел месец. Тој, исто така не смееше да пешачи

повеќе од просечниот американец-дневно. Како

дел од експериментот, тој интервјуира луѓе

запрашуваќи ги колку често го посетуваа McDon-

alds и колку често јаделе таму.

Во прво време, новиот режим на исхрана

фИл

м

17

не направи голема разлика, но по околу

една недела тој започна да чувствува промена на своето физичко и ментално здравје. Тој

се чувствуваше уморен, нервозен и депресивен-

со брза промена на расположението. Се стекна

со болки во сомакот, а физичките активности

брзо го истоштуваа. Кога ги посети лекарите, му беше укажано дека се

Page 19: САБА ТИН - април

Николоски Борчеф

Илм

18

задебелува за околу четиристотини грама на ден, и дека холестеролот и крвниот притисок драстично му се зголемуваат. До крајот на месецонт тој се здоби со единаесет килограми, што се тринаесет проценти, од

неговата предходна телесна маса. Четирнаесет месеци после ехпериментот, успеа да ја изгуби дополнителната телесна тежина, но лекарите предупредија дека направил непоправлива штета на

црниот дроб.Спурлок заклучува дека брзата храна е опасна,

нездрава, а веројатно и причина за дебелината на Американците.

Page 20: САБА ТИН - април

http

://w

ww.

asso

ciat

edco

nten

t.com

/ ht

tp://

ww

w.ili

ke.m

k/ht

tp://

ww

w.fe

min

a.m

k/ h

ttp://

mk.

wik

iped

ia.o

rg/

http

://w

ww.

kapi

tal.m

k/ h

ttp://

ww

w.re

port

your

com

plai

nt.co

m/

http

://w

ww.

time.c

om/

http

://w

ww.

mcc

ruel

ty.co

m/