12
ГОДИНА I БРОЈ 2 АПРИЛ 2012 Оваа пролет на прагот на сезоната за венчавки и други весели случувања, Моден Викенд Скопје и Рамстор мол подготвија големо изненадување за сите оние кои планираат да направат еден од најголемите и најважните чекори во животот – свадба. ШОПИНГ ЦЕНТАР ВО КОЈ СТЕ КАКО ДОМА СТРАНА 4

Ramtore Mall News - април 2012

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Новости за ТЦ Рамстор во месец април, 2012

Citation preview

Page 1: Ramtore Mall News - април 2012

ГОДИНА I БРОЈ 2

АПРИЛ 2012

Оваа пролет на прагот на сезоната за венчавки и други весели случувања, Моден Викенд Скопје и Рамстор мол подготвија големо изненадување за сите оние кои планираат да направат еден од најголемите и најважните чекори во животот – свадба.

ШОПИНГ ЦЕНТАР ВО КОЈ СТЕ КАКО ДОМА

СТРАНА 4

Page 2: Ramtore Mall News - април 2012

2

AПРИЛ07-20

Компанијата Kemal Plus го претставува Kemal Tanca, водечкиот турски бренд за чевли кој е познат по фантастичниот асортиман и квалитет на чевли и кожена галантерија. Овој бренд датира од 1950 година, а неговиот успех се должи на квалитетно производство на чевли и дру-ги кожени производи ташни, паричници и каиши, нудејќи истовремено

најповолни цени и максимална услуга на купувачите. Еден дел од про-изводите на овој бренд се увезени од Италија, Шпанија и Франција, преку соработка со најпознатите светски брендови за чевли, Armani Jeans, Calvin Klein, Versace Jeans, Just Cavalli, Ferre Milano, Fornarina, Guess, Moschino ,Braccialini ,Fabi ,Sofia Baldi и многу други. Со при-влечниот дизајн на чевли и други кожени производи, Kemal Plus ќе ги задоволи вкусовите на повеќето потрошувачи. Од 02 април во ТЦ Рам-стор –Скопје, Kemal Plus, ќе биде дестинација за најдобро дизајнирани чевли по најповолни цени.

ВО РАМСТОР МОЛ

Page 3: Ramtore Mall News - април 2012

3

Надалеку познат и како турска пица, овој посебен и навистина вкусен специјалитет денеска ги краси менијата на многу познати национал-ни ресторани во Германија, Данска, Белгија – па дури и во Велика Британија, Канада и Австралија. Дека станува збор за една карактери-стична и специфична метода за селекција на вистински-те состојки и мирудии кои финално ќе произведат супериорен шмек на совршено балансиран вкус и мирис, зборува и фактот според кој мајсторите за овој рецепт постојано се натпреваруваат во трката за тоа кој и како ќе го подготви најдобриот и највкусниот – ЛАХМАЏУН (lahmacun). Лахмаџунот претставува навистина интересна комбинација на состојки кои со секој залак на вашето непце оставаат траги на една богата медитеран-ска и блискоисточна историја и традиција. Ако лахмаџунот се смета за еден вид на пица, тогаш секако дека првата и основна состојка од која и се понатаму бидува е квалитетно изработеното тесто како основа на можеби, најпознатиот специјалитет произлезен од турската ризница. Во буквален превод де-финиран како тесто со месо, за врвните кулинарски мајстори вистин-скиот лахмаџун претставува огромен тест на способност и предизвик за негова подготовка. Познати по тоа што ниеден професионален мајстор за лахмаџун нико-гаш нема комплетно да ви го открие целосниот рецепт за подготовка, не чудете се кога нарачаниот лахмаџун во специјализиран и познат ресторан ќе има побогат и покарактеристичен вкус од оној кој по-

следен пат вие сте го подготвиле дома. Рецептот според кој токму ова карактеристично јадење и може да го подготвите во вашата кујна, на крајот ретко и кога ќе биде вистински верен на оригиналот

– освен во случај кога сте сосема уверени во вашите врвни кулинарски вешти-ни и познавања од областа. Дека и

најситниот детал од подготовката на лахмаџун игра сосема довол-на улога во успехот на финалниот

резултат, сведочи и дефинираната дебелина на тестото која не би тре-бало да надминува просек од 3 ми-лиметри.Кога состојките на топингот

ја заокружуваат целокупната приказна – доколку сепак се обидете да ја пого-

дите тајната зад целовкупната подготовка на приложениот специјалитет, тогаш мешањето

на пире од домати, магданос, бибер, ким, месо, кро-мид и црвен пипер, па дури и лук и цимет - правете ги внимателно и согласно одредената количина на рецептот за подготовка. Остатокот од состојките, зеленчукот и мирудиите кои финално ќе произведат ваш сопствен и уникатен пример на лахмаџун, ви ги препуштаме на вашата сопствена фантазија. Читајќи го описот и карактеристиките на ова светски познато јадење засигурно почувствувавте глад и желба да го пробате толку фаленото тенко испечено тесто со додаток од вкусно мелено месо – па бујрум на ручек во Рамстор, и тоа токму во специјализираниот турски ресторан за подготовка на лахмаџун “Анатолија”.

Златото ја надополнува ви-зуелната убавина и грациоз-ност на многумина. Било да станува збор за селекција на 14 / 18 или 22 каратно злато во вашата приват-на колекција, вашето соп-ствено богатство од златен накит е нешто што никогаш нема да ја изгуби својата вред-ност. И емотивна, но и финанси-ска. Уште повеќе, кога вашето сопствено Ел Дорадо претставува симбол за долгорочна вредност, ви ја откриваме информацијата која висококвалитетниот златен накит го разлику-ва од самото чистото злато - засега се уште употребливо единствено како средство за на-плата. Така, доколку се вљубите во накит од 14 каратно злато, во вашата колекција ќе поседу-вате накит кој во себе содржи 585 милијами чисто злато, додека останатите 415 милиами се други алои. Или пак, во случај кога вашиот гламур ќе го надополните со накит од 18 или 22 карати, вашата убавина дополнително ја краси навистина вреден и блескав накит од

750, односно 916 милијами прекрасно и квалитетно из-работено злато. Приказ-

ната за вредноста и долготрајноста на наки-тот, добива уште повеќе

на тежина – кога во соп-ственост поседувате накит

со брендот на Алтинбаш... Што е она што накитот на Алтинбаш

го прави подобар и поинаков од другите?Со богата и ексклузивна традиција од над 60 години, Алтинбаш денеска претставу-ва вистински поим за едно од најголемите светски прет-ставништва активни и успеш-ни особено во насока на про-изводство и продажба на накит. Дека производите на Алтинбаш се нешто повеќе од само светкав зла-тен 14 каратен, 18 каратен и 22 каратен накит кој во целост ја надополнува вашата убави-на, сведочи и посветеноста на компанијата за

постојано производство на модерни дизајни на сетови од уникатни и тематски поврзани обетки, нараквици, брошови, ѓердани и алки – произведени во комплетна согласност со строгите ISO 9001 стандарди за квалитет. Дека Алтинбаш е и најдобар од најдобрите, сведочи и фактот според кој токму овој бренд е единствениот со ексклузивитет на рекламирање линија на накит во рамките на

сега, мега популарната турска серија – Ве-личенствениот.

Прикажаните модели на сли-ката се конкретен пример на само една од многуте врвни

прозиводи од брендот на Алтинбаш. Конкретниот при-

мер на накит е изработен од 14 каратно злато за кој Алтинбаш

дополнително доделува и сертификат – гаранција за квалитетот на производот кој ќе го поседувате.

СЈАЈ ШТО НИКОГАШ

ј дурстанува збор за една карактери-ција на вистински-е произведат лансиран поред јано

кој

е ран-ција. ид на пица, тогаш а од која и се понатаму бидува е

р ј р д– освен во

во вани и

најнана

резудеббаллиме

ја зао– докол

дите тајнатна приложенио

на пире од домати, ммид и црвен пипер па дури и лук и ц

Page 4: Ramtore Mall News - април 2012

4

Весели, пастелни бои, принтови инспири-рани од природата, цветни дезени, игра со стилови и форми и впечатливи модни до-датоци се во тренд оваа пролет-лето 2012 сезона. По долгата и студена зима, исполнета со темни бои и крути материјали, време е да го освежите вашиот орман со поведри нијанси, лелеави, удобни материјали и уни-катен накит. Будењето на природата, со сите нејзини форми, бои и појави е инспирација за секојдневниот и за вечерниот изглед оваа година. Покрај свилата, памукот и ленот, за-стапена е и тантелата применета кај блузите, фустаните и здолништата.

Свежите бои-предвесници на новата сезонаПрвиот знак дека пролетта пристигнала е воведувањето на динамика во облеката со поширок колорит. Годинава палетата се дви-жи од бела, крем, преку светлосината, корали, црвената, зелената и портокаловата боја.Се препорачува смела комбинација на кон-трасти и впечатливи бои, како корали со ви-олетови тонови, црвена со зелена, сината со жолти додатоци и бела во сите комбинации. Напуштете ги бледите, стерилни варијанти и класичните црно-бели тонови. Доколку тоа е Вашиот стил, тогаш во духот на будењето во природата, можете да освежите со модни додатоци и накит во силни тонови на порто-каловата, црвената и зелената боја. Доколку вашиот фустан е еднобоен, комбинирајте го со колан, чанта и чевли во друга, впечетлива боја или со шара.

Принтови кои даваат уникатен печатВо речиси сите колекции на светските модни брендови и славни дизајнери заеднички име-нител оваа пролет се моделите со принтови. Низ фустаните, здолништата, кошулите, па

дури и низ додатоците како марами, хула-хопки и хеланки, оваа пролет изобилуваат со принтови со птици, лисици, зајчиња, мачиња, цветови и листови. Хит се моделите со печа-тените слики што се повторуваат. Стилистите ги комбинираат кошулите со повторлив принт со еднобојни здолништа и панталони, но за посмелите трендсетерки се препорачуваат спој на поситни со покрупни шари. Сликите од природата се појавуваат и кај на-китот. Едно од најзастапените модели оваа пролет се ѓерданите со ластовици, бувови, цветови и пеперутки кои ќе му дадат уште поголема разиграност на стилот.

Враќање на шмекот на 50-тите и 60-тите годиниБунтовничкиот изглед од 50-тите и жен-ственоста од 60-тите години на минатиот век се вратија во пролетните колекции. Се

носат широки здолништа до под колена или здолниште-панталони во стилот на 50-тите, комбинирани со колан и кошули со шари или морнарски маички. Се препорачуваат еднобојни модели со тиркизна, корали, жолта и виолетова боја. Кошулите и блузите се надополнети со по-лукружни јаки и со копчиња или патенти позади. Кратките фустанчиња -ала Твиги и едноставните прави модели на туники надо-полнети со големи ѓердани се исто така во тренд. Тие може да се комбинираат со балет-наки или чевли на висока платформа. И тука се јавуваат моделите со повторливи принто-ви, а на сликите се чадори, коли, планети.За вечерниот изглед пак се актуелни моде-лите инспирирани од шармот на 20-тите го-дини, во кабаре-стил со тантела, светликави додатоци и многу отвори.

ДЕНОВИ НАМОДЕРНИТЕ НЕВЕСТИОваа пролет на прагот на сезоната за венчав-ки и други весели случувања, Моден Викенд Скопје и Рамстор мол подготвија големо изненадување за сите оние кои планираат да направат еден од најголемите и најважните чекори во животот – свадба. Во рамките на Моден Викенд прв пат се организира ексклузивен проект – модна из-ложба „Денови на модерните невести” која ќе се одржи од 3 до 10 април во Рамстор мол. Најдобрите модни куќи и дизајнери кои изра-

ботуваат венчаници и вечерни тоалети ќе се претстават со своите креации. Освен тоа, по-сетителите ќе имаат можност да се запознаат со услугите на компаниите кои се занимаваат со организација на свадби и други свечени настани. За оваа прилика Рамстор мол ќе издаде специјално издание на весникот Ramstor News каде ќе можат да се најдат детални информации и контакти на учесниците од проектот, а на 10 април сите посетители

на Рамстор мол ќе имаат шанса да го про-следат завршното дефиле. Голем процент на модниот бизнис во Македонија се должи на венчаниците и свечените тоалети. Токму затоа организаторите се надеваат дека овој проект ќе прерасне во интересна традиција која нуди можност невестите да ги добијат сите неопходни информации. Не пропуштајте ја оваа шанса да уживате во убавината, сти-лот во хармонија со ведрото пролетно рас-положение!

ПРОЛЕТНО БУДЕЊЕ ВО ВАШИОТ ОРМАН

Page 5: Ramtore Mall News - април 2012

5NTNENATUNIC071 384 234 | [email protected]

[email protected] www.antonijaristovska.comBul. Jane Sandanski 70 lok. 15, Skopje

070 231 144 | [email protected]

Page 6: Ramtore Mall News - април 2012

6GKGOCA KANIKOVA075 385 211 | [email protected]

EEEMILIEXLUSIVE034 328 330 | [email protected]

Page 7: Ramtore Mall News - април 2012

7SMSPOSAMODAStudio Sposa ModaPartizanski Odredi 17, Skopje02 2450 470 | 070 736 614 | 075 435 613

СВАДБЕНИПОКАНИТ.Ц. МАВРОВКА

Page 8: Ramtore Mall News - април 2012

8TRTRESORwww.tresor.mk [email protected]: TRESOR MODNO STUDIO 078 207 107

BNBIANKA NOVADTC Mavrovka lok.3, [email protected]+389 2 321 2862 | +389 71 336 801

Page 9: Ramtore Mall News - април 2012

9ELELENALJUTIKOVA075 544 965 | [email protected]

Page 10: Ramtore Mall News - април 2012

10

фустан Cotton

фустан Y London сако Fioriсако Cotton

панталони Cottonфустан Fiori фустан Y London

фустан Springfield

здолниште, Bershka, Euroasia

комбилизон Y Londonпанталони Fioriфустан Stradivarus, Euroasia

фустан Bershka, Euroasia

фустан Stradivarus, Euroasia

марама AccessoriesМарама Springfield10

1.990.00 ден.

4.290.00 ден.

1.950.00 ден.

1.690.00 ден.

1.990.00 ден.

1.290.00 ден.

2.950.00 ден.

1.690.00 ден.

1.690.00 ден.

1.390.00 ден.

2.650.00 ден.

1.290.00 ден.

1.290.00 ден.

799.00 ден. 960.00 ден.

990.00 ден.

Page 11: Ramtore Mall News - април 2012

11

нараквица Accessories

чевли Adam’s Shoes

чевли Springfield

Чанта David Jones, Euroasia

брош Accessories

чанта Y London

чанта Y London

чанта David Jones, Euroasia

чанта David Jones, Euroasia

чевли Adam’s Shoes

чевли Adam’s Shoes

чевли Adam’s Shoes

нараквица Bershka, Euroasia

лак за нокти Flormar

паричник Accessories

лак за нокти Flormar

марама Springfield

очила Cotton

очила Fiori

нараквица Accessories

марама Spмарама SpprSpr

марама Fiori

11

450.00 ден.

620.00 ден. 1.890.00 ден.

3.890.00 ден.

10.890.00 ден.

8.490.00 ден.

2.690.00 ден.

2.500.00 ден.

1.790.00 ден.

1.990.00 ден.

1.950.00 ден.

228.00 ден.

1.950.00 ден.

100.00 ден.

850.00 ден.

890.00 ден.

299.00 ден.

390.00 ден.

100.00 ден. 590.00 ден.

299.00 ден.

Page 12: Ramtore Mall News - април 2012

12

ОСВОИ СИТЕ НАГРАДИ!

Јасмина Диневска беше нашиот абсолутен по-бедник во играта „Погоди ја точната цена и освој ги сите награди“ погодувајќи ја точната вредност на сите производи кои беа изложени во „Излогот на подароци“поставен на влезот на Рамстор Мол. Упорноста на Јасмина Ди-невска ја доведе до точната сума на произво-дите која изнесуваше 84.038 ден. Таа неколку пати се обидуваше да ја погоди вредноста, проценувајќи ги најблиските вредности од

84.013ден. до 84.037ден. Всушност целта на играта беше, да ги поттикне потрошувачите со секоја купена вредност над 1000 ден. да уче-ствуваат во освојувањето на сите производи поставени во „специјалната соба“. Тие имаа за-дача да ја проценат вредноста на обележаните производи и да ги следат нивните проценки на екранот поставен на влезот на трговскиот цен-тар, на страницата на facebook/ramstoremall и на веб страната ramstoremall.mk. На тој начин

секогаш ја дознаваа најблиската точна вред-ност на производите и постојано се обидуваа да ја погодат вистинската цена. Останатите потрошувачки кои беа најблиску до точната вредност на производите исто така освоија вредни награди од продавниците на Рам-стор Мол, тоа се Билјана Андреева, Марија Јовановска, Елена Митевска и Иза Белјиева. Знаеме дека имаа најубав 8ми Март :). Честит-ки од целиот тим.

Ветено, сторено.. Како што напоменавме и во минатото издание на месеч-никот Рамстор њуз, младиот и шармантен пар: Вики и Тони – добитници на првите награди од натпреварот за избор на романтична фотографија беа, ја видоа и дозволија да ги освои единствената метропола на два континенти – Истанбул. Антонио Радески и Викторија Гавровска победија во конкуренција на над 540 вљубени двојки. Носејќи ја во срцето возбудата за пред сè, освое-ното патување што го обезбедија нашите пријатели од Делфина турс, двајцата вљубени прошетаа од Таксим до Босфор, од Топ капи па сè до пејсажот на Принцеските острови и Мраморното море. По враќањето ни ги пренесоа впе-чатоците за првото заедничко патување во Турција. Во низата на прекрасните впечатоци кои уште долго време ќе ги исполну-ваат нивните срца, Вики и Тони ги издвојуваат доживувањата при посета на грандиозната Аја Софија, Сината џамија, како и уникатната Капали чаршија (големиот базар составен од дури 60 улици и повеќе од 4.000 дуќани и тезги) која никого не остава рамнодушен. Велат, никој не си оди од Истанбул без да си купи барем нешто, па така и нашите Вики и Тони не успеаа да одолеат на големиот број брендирани бутици во трговските центри низ Истанбул. Со па-узи доволно долги само да се испие по некое кафе или турски чај, овие наши млади претставници и повеќе од благодарни и среќни го завршија своето патување, враќајки се дома желни да ги прераскажат своите доживувања на семејствата и пријателите. Драги вљубени, Рамстор ви посакува уште многу убави денови и години по-минати во љубов – и уште многу други доживувања и најразлични светски патувања.

ПОЗДРАВ ОД ИСТАНБУЛ...

ЈА ПОГОДИ ТОЧНАТА ЦЕНА И ГИ