4
Пзу СПецијална Болница По Хируршки БолеСти рМ 12.3.60 Документација која треба да ја доставите за операција Почитуван пациенту, внимателно прочитајте ги следните информации:

Доставување на документи за операција

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Се прашувате кои документи Ви се потребни пред да ви биде извршена одредена операција? Што треба, а што не треба да понесете со себе? Разгледајте ја нашата брошура и информирајте се навреме.

Citation preview

Пзу СПецијална Болница По Хируршки БолеСти

рМ 12.3.60

Документација која треба да ја доставите за операција

Почитуван пациенту, внимателно прочитајте ги следните информации:

Документација која треба да ја доставите за операција:

- Потврда за извршена санација на забите (само за пациентите на кои треба да им се оперира валвула).- Болнички упат кој ќе гласи за Кардиохирургија ФИЛИП ВТОРИ од матичен лекар (не постар од 1 месец).- Син картон или последен чек од пензија.- Целокупната медицинска документација и РТГ снимки- ЦД од коронарографија

Забелешка: Горенаведената документација задолжително ја носите со себе, на денот на приемот.

www.filipvtori.com www.filipvtori.com

Влезот за приемно одделение

www.filipvtori.com www.filipvtori.com

Пред да бидете повикани за операција треба да:

- Го информирате лекарот доколку имате прележано мозочен удар. три до шест месеци по мозочниот удар пациентите не се оперираат.- Ги следите инструкциите од лекарите при откажувањето на антикоагулационата терапија (аspirin, pelentan, sintrom, andol, sinkum, plavix, zilt, sinetra, clopidogrel, marivarin, coumadin).- Се подготвите предопративно (дома) и тоа да:

• ги отстраните влакната од цело тело (нозе, раце, пазуви, препони, граден кош). Најдобро е да употребувате обичен жилет (не се препорачуваат кремите за депилација поради можни алергиски реакции);

•го отстраните лакот за нокти и шминката;

•не носите со со себе вредни предмети (земете го само она што ви е неопходно: очила, забна протеза, ушен апарат, слика од драга особа...);

•носете ги лековите кои ги земате во моментот во нивното оригинално пакување;- На денот на приемот земете во придружба еден член од семејството кој би ги прифатил Вашите лични работи.

Администраторот на приемно одделение:

- телефонскиот број кој што е оставен за контакт со пациентот.- Го информира пациентот за: - неопходната докуметација која што треба да ја достави за да започне административната процедура за оперативен треман - потврдување на крвната група и обезбедување на 4 едини-ци крв, доколку е потребно. - предоперативната подготовка за операција; - сите дополнителни информации околу подготовката, приемот и престојот во нашата клиника; - телефон за контакт со администраторот на приемното одделение: 02/3091-493.

Општи информации:

- Прием на пациенти за операција се извршува секој ден (освен сабота) во период од 08.30-09.00 часот.

- Отпуст на пациентите се извршува секој работен ден во период од 08.30-09.00 часот.

- Посета на пациентите - секој ден во термин од 16.00 -17.00 часот. За време на посета дозволено е најмногу две лица да го посетат пациентот.

Контакт телефони:Премно одделение: 02/3091-493

Одделение за кардиологија:02/3091-498Трансфузиологија:02/3091-488