4
СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ФИЛИП ВТОРИ AРТРОСКОПИЈА НА ЗГЛОБОВИ www.filipvtori.com; 02/ 3091- 484

Артроскопија на зглобови

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Артроскопија е опративна интервенција со која се експлорираат и третираат оштетувањата во внатрешноста на зглобовите како што се рамото, колкот, коленото, скоковниот зглоб, лактот и рачниот зглоб при различни ортопедски и трауматолошки состојби.

Citation preview

Page 1: Артроскопија на зглобови

СПЕЦИЈА ЛНА БОЛНИЦАФИЛИП ВТОРИ

AРТРОСКОПИЈА НА ЗГЛОБОВИ

www.filipvtori.com; 02/ 3091- 484

Page 2: Артроскопија на зглобови

Aртроскопијата e оперативна интервенција со која се експло-рираат и третираат оштетувања-та во внатрешноста на зглобо-вите како што се рамото, колкот, коленото, скоковиот зглоб, лако-тот и рачниот зглоб при различ-ни ортопедски и трауматолошки состојби.

Артроскопијата, како мини-мално инвазивна хируршка про-

цедура, претставува внесување на камера во зглобот преку мал отвор, т.н портал.

Камерата е поврзана со екран на кој се добива одлична визу-елизација на внатрешноста на зглобот со сите негови структу-ри и на тој начин се истражува

зглобот и се поставува прецизна и точна дијагноза.

Понатаму, преку друг отвор (портал) се внесуваат специјал-ни микрохируршки инструмен-ти со кои може да се изведуваат различни хируршки процеду-ри како што се отстранување на слободни зглобни тела, освежу-вање на 'рскавицата и чистење на зглобовите од дегенеративни

заболувања на 'рскавицата, шие-ње на менискуси и отстранување на раскинат менискус, рекон-струкција на скинати лигамен-ти, декомпресија на рамото, скр-шеници во предел на коленото, скочниот зглоб итн.

AРТРОСКОПИЈА НА ЗГЛОБОВИ

Page 3: Артроскопија на зглобови

Пред операцијата се прават рутински медицински (клинич-ки, лабараторски и ртг) тестови за проценка на општата состој-ба на пациентот, а оперативна-та интервенција се изведува во општа или регионална анесте-зија.

Предноста на артроскопијата во однос на отворените хирурш-ки процедури на зглобовите е точно во нејзината неинвазив-ност - секогаш се користат само два мали реза на кожа 3-4 мили-метри за порталите, едниот за внес на камерата, а другиот за хируршките инструменти.

Артроскопијата е едноднев-на хирургија со можност за брза постоперативна рехабилитација и одличен козметски ефект. Тоа е минимално инвазивна хирур-гија, сигурна метода која овоз-можува егзактна дијагностика и

во исто време соодветен третман на оштетените структури.

Ова е особено важно за спор-тисти, рекреативци и активната популација кои често ги повре-дуваат зглобовите, мускулите и коските а кај кои неопходна брза, сигурна дијагностика и третман за брза рехабилитација и враќање на секојдневните ак-тивности.

Сумирано, артроскопијата претставува современа мини-мално инвазивна процедура која е златен стандард во дијагности-цирањето и третманот на голем број повреди и заболувања на зглобните структури.

Page 4: Артроскопија на зглобови

СПЕЦИЈА ЛНА БОЛНИЦАФИЛИП ВТОРИ

www.filipvtori.com; 02/ 3091- 484