29
Univerzitet Sv. Kliment Ohridski - Bitola Ekonomski fakultet - Prilep SEMINARSKA RABOTA Nastavna disciplina: Finansiska teorija i politika Тема: Koordinacija na monetarnata i fiskalnata politika

Координација на фискалната и монетарната политика

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Координација на фискалната и монетарната политика

Univerzitet „ Sv. Kliment Ohridski “ - Bitola Ekonomski fakultet - Prilep

SEMINARSKA RABOTA

Nastavna disciplina: Finansiska teorija i politika

Тема:Koordinacija na monetarnata i

fiskalnata politika

Изработиле: Ментор:Димитар Петровски Проф. д-р Гордана Трајкоска досие број 116/04 Јасна Трајкова досие број 26/04

Prilep, 2009 godина

Page 2: Координација на фискалната и монетарната политика

СОДРЖИНА

Вовед...............................................................................21. Потребата и значењето на координацијата на

монетарната и фискалната политика..............3

2. Шематски приказ на релациите на мерките

на монетарната и фискалната политика.........5

3. Координираното дејство на монетарната и

фискалната политика во различни состојби

на стопанството....................................................6

4. Основни задачи на монетарната и

фискалната стратегија......................................10

5. Монетарната и фискалната политика во

регулирањето на побарувачката и доходот..11

6. Различната ефикаснот на монетарната и

фискалната политика........................................15

Заклучок......................................................................17

Користена литература..............................................18

1

Page 3: Координација на фискалната и монетарната политика

Вовед

Кејнзијанската макроекономија, именувана според името на англискиот

економист John Maynard Keynes, доминирала меѓу економистите од 40-те до 60-

те години на 20-от век. Основна теза што проникнува во кејнизјанската

економија е нагласокот на нефлексибилноста на платите и цените. Таа ги води

многу кејнзијанци да препорачуваат активна владина макроекономска политика

со цел да се реализира задоволителна стапка на економски развој. Денес

кејнзијанската, односно новокејнзијанската економија ја истакнува улогата на

Владата што ја игра во стабилизирањето на стопанство со управување на

агрегатната побарувачка. Таа економија смета дека Владите можат да ја

управуваат агрегатната побарувачка токму со мерките на фискалната политика.

Во доцните шеесетти и седумдесетти години на 20-от век, пак се појавува

монетарната економија, како теоретска мисла којашто ја нагласи улогата на

промената на понудата на пари што ја игра во определувањето на рамнотежата

на националниот доход и цените. Монетаристите сметаат дека најдобро

влијание врз националното стопанство, односно најдобро влијание во

определувањето на нивито на рамнотежа на националниот доход и цените може

да се оствари преку промена на понудата на пари, иако се противат на

користењето на дискрециона монетрана и фискална политика со која би се

управувало со макроекономијата, односно се склони кон одредено поголемо

ниво на либерализам.

Може да се каже дека токму на тие теоретски основи-кејнизијанизмот и

монетаризмот, кои своевремено имале и своја примена во развиените

национални стопнатсва, се развива политиката на координирана примена на

фискална и монетарна политика, како инструмент на државен

интервенционизам со кој се во регулираат повеќе варијабли на националното

стопантсво.

Токму за таа координација на монетарната и фискалната политика ќе

стане збор во оваа семинарска работа, при што прво ќе биде разгледана

потребата од координација на тие две политики, потоа, ќе биде даден шематски

2

Page 4: Координација на фискалната и монетарната политика

приказ на релациите на мерките на тие политики, дејството на тие политики во

различни состојби на националното стопанство, нивните основните задачи и

нивнота улога во регулирањето на побарувачката и доходот.

1. Потребата и значењето на координацијата на монетарната и

фискалната политика

Во настојувањето да се остварат основните цели на економската

политика, посебно да се осигура стопанска експанзија и да се отстранат

неконјуктурните флуктуации, да се постигне полна вработеност и стабилно

ниво на цените, голем број земји се користат со комбинација на мерките на

монетарната и фискалната политика.

Современата макроекономска теорија пристапува на проблемите на

нестабилност од голем број аспекти, така што не се задржува само на

оригиналните кејнизајнски ставови. Современата држава, денес, може многу

силно да влијае на вкупната побарувачка, пред сî на личната, инвестиционата и

општата потрошувачка или на агрегатната побарувачка, и тоа со своите огромни

приходи и расходи, коишто во некои земји достигнуваат и до 50% од БДП и со

определени монетарни мерки.

Основната цел на монетарната и фискалната политика, главно, е сведена

на подрачјето на регулирање на побарувачката, така што инструментите, и на

едната и на другата политика, мораат да се координираат за реализација на

поставените цели.

Монетарната политика секако влијае врз формирањето на побарувачката,

меѓутоа истото може да се рече и за фискалната политика, па оттука се

поставува прашањето: кои мерки се поефикасни за регулирање на агрегатната и

структурната побарувачка, односно за стабилизација и врамнотежување на

основните макроекономски агрегати.

Според академик Ксенте Богоев, "во зависност од интензитетот на

нарушувањата и осетливоста на стопанството на поодделни мерки на

фискалната политика, понекогаш ќе биде изводливо стабилизациониот ефект да

се постигне само со фискалната акција, додека во друга ситуација подобра

алтернатива ќе претставува примената на монетарната политика".1

1 Академик К.Богоев: "Фискална политика", Економски факултет-Скопје, 1964 година

3

Page 5: Координација на фискалната и монетарната политика

Секое стопанство е осетливо, на свој начин, на определени мерки, во

зависност од степенот на развој на стопанството, националниот доход per capita,

степенот на монетаризацијата на стопанството, финансиската структура и

инструментите на фискалниот систем и друго, како за монетарната, така и за

фискалната политика. Во практичната економска политика се пристапува кон

координација на тие мерки со цел да се постигне нивно задоволително и сакано

оптимално дозирање и постигнување оптимални резултати. Меѓутоа, ако тоа се,

пред сî, ex post преземени мерки или мерки на краток рок, под притисок на

тековната економска политика, без длабока анализа за нивното стратешко

дејствување, тие секогаш не ги даваат саканите резултати.

Колку е значајна координацијата меѓу монетарната и фискалната

политика сведочат и Мастришките критериуми, кои беа поставени во 1999

година на земјите кои подоцна влегоа во европската монетарна унија, како што

се гледа на табелата 1:

Табела 1. Мастришки критериуми за монетарната унија

Мастришки

критериуми

Дефицит во јавен

сектор (помалку од

3% од БНП)

Владин долг (помал

од 60% од БНП)

Инфлација

(под 3,1%)

Проекција 1997 1998 ? 1997 1998 ? 1997 1998 ?

4

Page 6: Координација на фискалната и монетарната политика

Австрија

Белгија

Данска

Финска

Франција

Германија

Грција

Ирска

Италија

Луксембург

Холандија

Португалија

Шпанија

Шведска

Британија

3,0

2,7

0,3

1,9

3,0

3,0

4,9

1,0

3,2

1,1

2,3

3,0

3,0

2,6

2,9

2,9

2,3

0,3

0,6

3,0

2,7

3,4

1,2

3,9

1,0

1,8

2,8

2,7

1,7

1,4

да

да

да

да

да

да

не

не

не

да

да

да

да

да

да

68,8

126,7

67,2

59,2

57,9

61,8

108,3

68,3

122,4

6,5

76,2

64,1

68,1

76,5

54,7

68,8

123,2

64,3

58,6

58,9

61,9

104,9

64,3

120,7

6,8

74,2

62,9

67,2

74,7

53,8

не

не

не

да

да

не

не

не

не

да

не

не

не

не

да

2,1

1,9

2,3

0,9

1,6

1,9

6,0

2,0

2,7

1,7

2,4

2,5

2,4

1,6

2,3

2,0

1,9

2,6

1,4

1,7

2,0

4,8

2,5

2,4

1,9

2,1

2,3

2,2

1,5

2,5

да

да

да

да

да

да

не

да

да

да

да

да

да

да

да

2. Шематски приказ на релациите на мерките на монетарната и

фискалната политика

Интересна е поврзаноста на мерките на монетарната и фискалната

политика во регулирањето на побарувачката и остварувањето на економскиот

раст. Нивните релации се презентирани на наредната слика 1:

5

Page 7: Координација на фискалната и монетарната политика

Слика 1. Монетарната и фискалната политика и нивното дејствување на

доходот и побарувачката

3. Координираното дејство на монетарната и фискалната политика

во различни состојби на стопанството

Теоретски поставен моделот на дејствувањето на монетарната и

фискалната политика, во различни состојби на стопанството, може да се

прикаже со помош на следните графикони (слика 2 и слика 3).

6

Page 8: Координација на фискалната и монетарната политика

Слика 2. Комбинација на монетарната и фискалната политика при

внатрешна нерамнотежа и полна вработеност

На сликата 2 можат да се видат алтернативните комбинации на

монетарната и фискалната политика во услови на постоење инфлација,

дефлација и рецесија во рамките на националното стопанство и нивното дејство

врз вработеноста. Во стопанството, доколку дојде до формирање буџетски

суфицит, при дадена побарувачка монетарната политика мора да биде

рестриктивна и обратно во услови на буџетски дефицит таа мора да биде

експанзивна. Проблемите се мултиплицираат при комбинација на овие

политики во услови на стагфлација (инфлација и рецесија).

Доколку во графиконот се вклучи и постоењето на екстерната економија,

односно постоењето на суфицитот и дефицитот на платниот биланс, односите

меѓу монетарната и фискалната политика стануваат сложени, за што сведочи и

сликата 3.

7

Page 9: Координација на фискалната и монетарната политика

Слика 3. Комбинација на монетарната и фискалната политика при

постоење на внатрешна нерамнотежа и нерамнотежа на екстерната економија,

при што:

А = суфицит на платниот биланс и рецесија

Б = дефицит на платниот биланс и рецесија

С = суфицит на платниот биланс и инфлација

Д = дефицит на платниот биланс и инфлација

В = внатрешна рамнотежа

Н = надворешна рамнотежа

Е = сотојба на рамнотежа во стопанството со мерките на монетарната и

фискалната политика.

Постојат бројни алтернативни комбинации во коишто може да се наоѓа

стопанството на една земја. Состојбата на стопанството на било која точка

должината на линиите В (внатрешна рамнотежа) и Н (надворешна рамнотежа),

освен во точката Е значи состојба на нерамнотежа, со помало или поголемо

значење на мерките или инструментите на монетарната или фискалната

политика.

Според графиконот може да се види дека монетарната политика

дејствува индиректно на внатрешната рамнотежа и агрегатната побарувачка, а

директно на надворешната рамнотежа. Спротивно на тоа, фискалната политика

дејствува директно на внатрешната побарувачка и потрошувачка, а со тоа и на

внатрешната рамнотежа и индиректно на платно-билансните односи, односно на

надворешната рамнотежа.

Оттука, монетарната и фискалната политика мораат да се комбинираат

така што да дејствуваат врз интерната и екстерната економија, односно на

внатрешната и надворешната рамнотежа.

Ефикасната монетарна политика и натаму ќе зависи од тоа колку е

поткрепена со мерки на фискалната политика, посебно на буџетската политика.

Буџетскиот дефицит во периодот на рецесија, во комбинација со експанзивната

монетарна политика, сигурно ќе придонесе за пораст на општата ликвидност на

националната економија, но и за пораст на нивото на цените. Оттука, М.

Фридман и неговите следбеници се противат на употребата на дискреционата

8

Page 10: Координација на фискалната и монетарната политика

монетарно-кредитна политика-залагајќи се за таква монетарна политика што че

доведе до зголемување на понудата на парите по константна стапка.

"Најсложен проблем на монетарната и фискалната политика е како во

формирањето на ликвидноста на стопанството да се осигура таква состојба

којашто нема да спречува, туку ќе дава поддршка во остварувањето на

економскиот раст без инфлаторен притисок и падови во рецесија".2

Монетарната политика сама не може да ја изврши стабилизационата задача и

затоа се јавува општо барање за истовремена примена на активна фискална

политика. Фискалната политика влијае на распределбата на националниот доход

и на сите видови доходи преку даноците, јавните долгови, царини и слично, а со

тоа и на куповната сила, цените, аконтацијата на финансиските и реалните

ресурси во стопанството и друго.

Фискалните инструменти обично дејствуваат ex post на

прераспределбата на националниот доход, додека со монетарната политика се

влијае ex ante на формирањето на доходот, однесувањето на вработеноста и

промената на цените.

Синхронизацијата на мерките на монетарната и фискалната политика во

процесот на стопанскиот раст може да се прикаже со следната табела:

Табела 2. Синхронизација на монетарната и фискалната политика

Монетарна и

фискална

политика

Интерна економија Екстерна економија

Експанзија и

висока

конјуктура

Депресија и

невработеност

Суфицит на

платниот

биланс

Дефицит на

платниот

биланс

Монетарна политика

Монетарна

маса Стеснување Ширење

Внимателно

ширење

Комбинирано

стеснување

Каматна

стапка Зголемување Намалување Намалување Зголемување

Банкарски

кредит Намалување Зголемување Комбинирано Комбинирано

Девалвација Евентуално

2 К. Богоев: Комбинована примена монетарне и фискалне политике у западним земљама, Финансије, Београд, бр. 11-12

9

Page 11: Координација на фискалната и монетарната политика

Ревалвација Евентуално

Фискална политика

Даноци и

други јавни

приходи Зголемување Намалување

Буџет Политика на

суфицит

Политика на

дефицит

Јавни расходи Стеснување Проширување Стеснување Проширување

Долг Стеснување

на отплатата

Проширување

Јавни работи Се стеснуваат

или

престануваат

Се

прошируваат

Извор: С. Комазец и Ж. Савиќ, Монетарна и фискална стратегија, Институт за

финансије и развој, Београд

4. Основни задачи на монетарната и фискалната стратегија

Основна задача на монетарната и фискалната стратегија е контролата на

основните дестабилизатори и кумулатори и тоа во двете основни фази на

циклусот, посебно на интерната економија. Секоја фаза содржи целосен систем

на конзистентни мерки и само се поставува прашањето на избор, комбинација и

стратегија на временското и стратегиско дејствување.

Кога во стопанството постои ниска агрегатна побарувачка, односно

рецесија и невработеност, монетарната и фискалната политика мораат да

дејствуваат експанзивно, а кога е во прашање инфлацијата предизвикана од

претерана агрегатна побарувачка, рестриктивната монетарна политика ќе биде

дополнета со рестриктивно ориентирана фискална политика. Меѓутоа, таква

еднонасоченост обично не постои во практиката, бидејќи често е потребно да се

води "политика на евтини пари", или либерално-кредитна политика за да се

поттикнат инвестициите и стопанскиот раст со паралелно спроведување на

рестриктивна буџетска политика и политика на даноци.

Земјите во развој најчесто поттикнувањето на стопанството и

зголемувањето на вработеноста го остваруваат во услови на постоење дефицит

10

Page 12: Координација на фискалната и монетарната политика

во платниот биланс. Подолго инсистирање на овие мерки во тој правец доведува

до натамошно слабеење на девизните резерви, како прва одбранбена линија

против дефицитот, а потоа и пад на вредноста на домашната валута

(девалвација). Меѓутоа, постои и обратна можност: доколку инветициите

покажуваат екстремно движење во однос на штедењето (односно се поголеми

од штедењето), како и на ругите форми на потрошувачка, во тие околности е

посакувана рестриктивната монетарно-кредитна политика со цел да се спречи

кумулирањето на инфлациониот јаз и создавањето на отворена инфлација.

Стратешката поврзаност на монетарната и фискалната политика особено

доаѓа до израз во системот на финансирање на буџетскиот дефицит, а потоа и во

политиката на јавниот долг. Денес буџетската политика, скоро никаде не е

политика на врамнотежување на буџетот. Таа, пред сî, е политика на буџетски

суфицит или дефицит што има непосредно монетарно дејство. Имено, во

финансирање на дефицитот можат да се употребат следниве методи: 1. парична

емисија на централната банка; 2. парични средства (акумулација) на деловните

банки; 3. средства (акумулација) на претпријатијата и граѓаните; 4. задолжување

во странство.

Првиот метод претставува креирање на пари и проширување на

монетарната база. Вториот метод има карактер на креирање на пари, додека

третиот метод има за основа повлекување на паричните доходи што инаку би се

насочиле во потрошувачка.

Јавниот долг исто така е битно подрачје кадешто монетарната и

фискалната политика непосредно се спојуваат. Овде тешко е да се разграничи

монетарниот од фискалниот дел. Политиката на јавниот долг се сведува на

политика на отворен пазар на развиените пазарни стопанства со развиени

финансиски пазари. Со купувањето и продавањето на хартиите од вредност,

настанати врз основа на јавниот долг, владста дејствува на средствата на

деловните банки и на нивниот кредитен потенцијал. Владата, во услови на

рецесија, купува пред сî обврзници коишто самата ги емитирала, а во услови на

прегреана агрегатна побарувачка односно во услови на просперитет, таа

продава обврзници со цел да влијае на ублажување на цикличното дејство на

стопанските движења, односно води антициклична политика.

11

Page 13: Координација на фискалната и монетарната политика

5. Монетарната и фискалната политика во регулирањето на

побарувачката и доходот

Според кејнзијанците, конјуктурата само посредно влијае на создавањето

доход, а тоа се остварува преку буџетот, односно само преку фискални мерки.

Расходите на јавниот сектор ги зголемуваат доходите на приватниот

сектор со што, истовремено, се поттикнува агрегатната побарувачка. Слични

ефекти се добиваат и со даночната политика. Фискалните мерки, според

кејнзијанската теорија, се многу поефикасни од мерките на монетарната

политика во поглед на брзината на дејствувањето, бидејќи според тие ставови се

знае дека "таму каде што се води добра и еластична фискална политика, не

треба да се користи монетарната политика". Оваа теорија поаѓа од ставот дека

вкупната количина пари прикажува не само една од бројните варијанти што

само индиректно, преку каматата, дејствуваат на конјуктурата. Имено, ова е

типично "фискалистичко" толкување што скоро целосно ја негира ефикасноста

на монетарната политика.

Монетаристичкото сваќање секогаш се враќа на ставовите на

квантитативната теорија во којашто постои причинска врска: количина на пари-

промена на ефективната побарувачка-промена на цените. Според овие ставови

може да се заклучи следното:

1. доминантен фактор во стопанството се монетарните импулси што

трајно влијаат на однесувањето на доходот;

2. мерките на фискалната политика (промените на даноците и јавните

расходи) имаат слабо и минливо дејство;

3. промените во вкупната количина пари или монетарната база се

најсигурни критериуми во определувањето на насоката и јачината на

монетарното дејствување на доходот.

Со промената на вкупната количина пари, во определени временски

периоди (обично од 5-8 месеци), доаѓа до промена на цената и доходот, што

значи дека меѓу доходот и вкупната количина пари постои определен постојан

однос.

Монетаристите настојуваат целокупната активност на централната банка

да ја мерат врз основа на постојаниот однос на вкупната количина пари и

националниот доход-коефициент на монетаризираност на економијата. Доколку

12

Page 14: Координација на фискалната и монетарната политика

вкупната количина пари е најважна детерминанта за сатбилноста и движењето

на цените, тогаш централната банка би требало само да се грижи во

стопанството да уфрла нова количина пари, со скоро константи годишни стапки

на зголемување. Според тоа, вкупната количина пари станува основен фактор

што ја определува побарувачката и доходот.

Ниското ниво на приватно штедење и создавањето "дополнителна"

акумулација не може да се надмине во краток период, односно тој е долгорочен

процес во развојот којшто тесно е поврзан со растот на националниот доход,

при што мерките на фискалната политика имаат значајна улога. Имено, со

порастот на националниот доход, вкупно и по глава на жител, расте и улогата на

фискалната политика, но истовремено не слабее дејствувањето и местото на

монетарната политика, особено со се поголемата монетаризација во

стопанството.

Современата макроекономија поаѓа од неопходноста на државната

интервенција во стопанскиот механизам, со цел да се отстранат:

1. инфлацијата или општиот пораст на цените, односно пазарно-

монетарната нестабилност;

2. масовната невработеност и ниското ниво на националниот доход; и

3. осигуривање на доволно висока стапка на раст и развој на

стопанската структура.

Потпирањето исклучиво на мерките на монетарната политика се покажа

како неефикасно и затоа мерките на фискалната политика добиваат се поголемо

значење во регулирањето на потрошувачката и распределбата на националниот

доход.

Во услови на ниска стапка на раст, недоволна вработеност со рецесиони

тенденции и платнобилансен дефицит, мерките на монетарната политика се

неефикасни. Имено, тие потхранувајќи ја и стимулирајќи ја стапката на раст и

вработеност, влијаат на претераната парична побарувачка и инфлацијата. Секое

поголемо дозирање на побарувачката со кредитна експанзија поради оживување

на стопанството и зголемување на вработеноста, неповолно брзо ќе се

рефлектира на состојбата на платниот биланс и ќе доведува до натомошно

опаѓање на вредноста на валутата.

Кога банкарскиот систем мора да се спроведува силна и оштра акција на

контрола и ограничување на кредитот и парите, фискалната политика може да

13

Page 15: Координација на фискалната и монетарната политика

биде особено атрактивна во ограничувањето на претераната побарувачка, и тоа

со даночната политика за намалување на побарувачката на економските

субјекти и создавање услови за редистрибуција на доходот. Ефикасноста на

фискалната и монетарната политика е различна во регулирањето на вкупната и

структурната побарувачка, а точно тоа дава основа за нивна интеграција со цел

позитивните страни на нивното дејствување повеќе да се покажат и искористат.

При водењето политика на стабилни пари, во комбинација со политиката

на буџетски дефицит, истовремено се обезбедува борба против невработеноста

(контролиран и ограничен платнобилансен дефицит) при определена стапка на

раст. Сосема е јасно дека мерките на фискалната политика временски се во

извесно заостанување во своето дејствување, пред сî поради процедурата на

донесување, но затоа пак ефектите се подлабоки и структурно сатурирани, пред

сî преку доходот и неговите составни елементи.

Од фискалната политика се очекува да влијае на одржувањето на таквото

ниво на ефективната побарувачка коешто би било доволно високо да ја спречи

рецесијата, депесијата со масовната невработеност, но не премногу високо за да

дозволи појава на инфлација.

Со јавните расхои и даноци, како основни конституитивни елементи

обично се настојува кривите на штедење и инвестиции да се доведат до ниво на

полна вработеност. Стратегијата на експанзивната фискална политика на планот

на регулирањето на побарувачката (чија цел е пораст на јавните расходи и

намалување на даноците) влијае на дефлацијата и изразената невработеност.

Современата економска теорија во целост ја прифати, како нужност,

комбинираната промена на мерките на монетарната и фискалната политика,

бидејќи тие органски се проникнуваат преку доходот и практично не е

возможно да се одделат. Меѓутоа, ставовите се разминуваат кога ќе се применат

на терен-на кои мерки да им се даде предност, односно кои мерки се

поефикасни и поадекватни на општиот план на стабилизацијата?

Монетаристите и фискалистите се разминуваат во поглед на оценката на

мерките и придонесот на дискреционата стабилизациона фискална политика на

краток период и во долгорочна перспектива: монетаристите сметаат дека

буџетот долгорочно гледано, ја детерминира алокацијата на ресурсите од

приватниот кон јавниот сектор и притоа има само секундарно значење во

стабилизацијата на стопанството; додека пак фискалистите стојат на позиција на

14

Page 16: Координација на фискалната и монетарната политика

посткејнзијанизмот и во буџетот гледаат клучна варијабла на макроекономската

политика во регулирањето на побарувачката, но и краткорочно на политика на

стабилизација.

Така, националниот доход, кој во некои земји настанува со намалување

на даноците, во фискалните модели настануваат од односот на доходот-

расходите (фискалниот концепт) и се објаснува со зголемувањето на

расположливиот доход на носителите на доходот, додека во монетарните

модели односот на доходот и расходите се третира како последица на

монетарниот раст. Всушност, вистината, како и обично, се наоѓа некаде на

средина, бидејќи однесувањето на доходот е последица на дејствувањето и на

фискалните и на монетарните фактори.

Буџетскиот дефицит обично се финансира преку банкарскиот систем,

пред сî, со забрзување на монетарниот раст. Меѓутоа, тоа не го забележуваат

дијаметрално поставените толкувања на монетаристите и фискалистите.

Фискалниот дефицит и монетарниот раст имаат редовна тенденција да се

движат во иста насока.

Факт е дека во современото стопанство фискалната политика успешно се

користи како силно оружје на економската политика, особено во насока на:

1. регулирање на темпото, структурата и обемот на побарувачката;

2. редистрибуцијата на доходот, издатоците и глобалните насоки на

вложување; и

3. комплексен интервентен механизам, кога "автоматизмот" на пазарот

попушта или е недоволно развиен и остелив и кога "чистите

економски принципи на работење" не можат да дојдат до израз.

Фискалната политика може да се употреби како силно-"компеназационо

средство" за намалување на преголемата побарувачка во денес често

употребуваните средства на монетарната политика (пред сî, заради нејзиното

линеарно дејствување).

Монетарната политика, според многу економисти е неефикасен

инструмент во спречувањето на рецесијата, но исто така и за трошковната и

структурната инфлација. Тоа значи дека тие мерки не се ефикасни во

запирањето на инфлацијата и растот на цените кога тоа е резултат и последица

на преорентацијата на побарувачката или намалување на глобалната понуда,

што повеќе е подрачје на дејствување на фискалната политика..

15

Page 17: Координација на фискалната и монетарната политика

Всушност, без разлика на ставовите на монетаристите и фискалистите,

вистина е дека овие две економски дисциплини се само два дела, два

потсистема на единствената финансиска политика.

6. Различната ефикаснот на монетарната и фискалната политика

Од арсеналот на бројни фискални и монетарни мерки треба внимателно

да се бираат оние што ќе дадат најдобар "коктел" на мерки за постигнување

определени цели. Наведените "коктели" ќе варираат од земја во земја, од време

на време, зависно од типот на нарушувањето на рамнотежата и

карактеристиките на стопанскиот систем во којшто тие треба да дејствуваат.

Меѓутоа, овде треба да се има во предвид следното:

1. Монетарно-кредитната политика е ефикасна во периодот на инфлација,

додека фискалната политика е значително поефикасна во периодот на

депресија и невработеност;

2. Монетарната политика е поефикасна на планот на општата ликвидност

на понудата, деловната клима и екстерната економија (платниот биланс,

девизниот курс, девизните резерви и слично), а фискалната политика на

планот на регулирање на внатрешната глобална побарувачка, на цените и

степенот на вработеноста;

3. Монетарната политика покажува поголема ефикасност во

поттикнувањето на инвестициите, додека фискалната политика

поефикасно го регулира општото ниво на потрошувачка (лична и општа

потрошувачка). Таа е далеку поефикасна во регулирањето на

внатрешната потрошувачка и стабилност, особено во случаи кога не мора

да се води сметка за состојбата на платниот биланс. Меѓутоа, при

монетарното дејствување секогаш треба да се има предвид силното

намалување на стапката на внатрешниот раст коешто, на карток рок, го

покренува механизмот на кочење на растот на агрегатната побарувачка

во реален израз.

Монетарната и фискалната политика се јавуваат како единствени делови

на финансиската политика со којашто се регулира глобалната ефективна

побарувачка, а тоа значи дека единствено може да постои комбинирана примена

16

Page 18: Координација на фискалната и монетарната политика

на монетарната и фискалната политика. Различниот ефект и начинот на

дејствувањето на монетарната и фискалната политика е најприфатливиот

елемент на нивната синхронизација.

Доколку се сака да се обезбеди стабилност на цените, високо ниво на

вработеност со забрзан економски раст, се интегрираат монетарната и

фискалната политика, но не се заборава на интеракциското дејствување на

политиката на доходот, капиталот, надворешно-трговската политика,

политиката на потрошувачка и другите чинители на економската политика,

бидејќи само под такви услови можат да се добијат саканите резултати.

Заклучок

Монетарната и фискалната политика во голема мерка можат да влијаат

врз агрегатната побарувачка и потрошувачка и поради тоа е неопходно истите

да бидат координирани. Понекогаш треба повеќе да доминираат мерките само

или повеќе од фискалната а некогаш мерките од монетарната политика. Тоа,

воедно ќе зависи од случај до случај, односно од земја до земја, во зависност од

осетливоста на земјата на мерките на фискалната, односно монетарната

политика.

Од шематскиот приказ на релациите на мерките на монетарната и

фискалната политика видовме дека монетарната политика преку пораст на

паричната маса и проширување на кредитите може да доведе до економски раст,

а фискалната политика, преку намалување на даноците и другите давачки може

да доведе до пораст на инвестициите и другите форми на потрошувачка, што во

крајна линија, исто така, доведува од економакси раст. При тоа, врз

економскиот раст не треба да се заборави дека влијаат и другите политики,

како: административната контрола на цените, политиката на доходот капиталот,

надворешно-трговската политика, политиката на потрошувачка и другите

чинители на економската политика.

Во стопанството, доколку дојде до формирање буџетски суфицит, при

дадена побарувачка монетарната политика мора да биде рестриктивна и обратно

17

Page 19: Координација на фискалната и монетарната политика

во услови на буџетски дефицит таа мора да биде експанзивна. Проблемите се

мултиплицираат при комбинација на овие политики во услови на стагфлација

(инфлација и рецесија). Но затоа тука постојат бројни мерки на фискалната

политика кои треба да помогнат во воспоставувањето како на внатрешната, така

и на надворешната рамнотежа на стопанството. Всушност, потребна е

синхронизација на различните мерки на тие две политики, која синхронизација

треба да ги даде бараните резултати.

Во современата макроекономска теорија, денес не се прифаќаат ниту

ставовите на монетаристите, кои ја фаворизираат само монетарната политика,

ниту ставовите на кејнзијанците, кои ја фаворизираат само фискалната

политика, туку се прифаќа една единствена комбинирана (од овие две

политики) финансиска политика.

Користена литература:

1. Б. Спиркоски: "Вовед во применетата економија", Економски

факултет-Прилеп, 2002 година

2. К. академик Богоев: "Фискална политика", Економски факултет-

Скопје, 1964 година

3. К. Богоев:"Комбинована примена монетарне и фискалне политике у

западним земљама", Финансије, Београд, бр. 11-12

4. С. Комазец и Ж. Савиќ:"Монетарна и фискална стратегија",

институт за финансије и развој, Београд, 1984 година

18