41
Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Факултет за земјоделски науки и храна- Скопје Сања Паункова ИНВЕСТИЦИОНА ПРОГРАМА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО Дипломски труд

Дипломска работа

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Дипломска работа

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

Факултет за земјоделски науки и храна- Скопје

Сања Паункова

ИНВЕСТИЦИОНА ПРОГРАМА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО

Дипломски труд

Скопје, 2013

Page 2: Дипломска работа

КОМИСИЈА ЗА ОЦЕНА И ОДБРАНАНА ДИПЛОМСКИОТ ТРУД

МЕНТОР:

Проф. д-р Драган ЃошевскиФакултет за земјоделски науки и храна- Скопје

___________________________________________

ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА:

Проф. д-р Драги ДимитриевскиФакултет за земјоделски науки и храна- Скопје

___________________________________________

Проф. д-р Ненад ГеоргиевФакултет за земјоделски науки и храна- Скопје

___________________________________________

Оценка (описно): ___________________ EKTС Оценка

Датум на одбраната:________________________

2

Page 3: Дипломска работа

Содржина

Вовед...............................................................................................................41. Материјал и метод на работа....................................................................43. Анализа на пазарот на продажба..............................................................53.1 Технолошки карактеристики на производот...........................................53.2 Пазарни карактеристики на производите...............................................53.3 Пазари на кои ќе се продаваат................................................................63.4 Суституција на производите....................................................................83.5 Комплементарност на производите........................................................94.Технолошко – техничка анализа................................................................94.1 Опис на технолошкиот процес.................................................................94.1.1 Карактеристики на расата.....................................................................94.1.2 Насока на производство........................................................................94.1.3 Нормативи на производство на несилките Исабраун.........................94.1.4 Објекти за одгледување на несилките...............................................104.1.5 Опрема за одгледување......................................................................104.1.6 Вентилација и амбиент.......................................................................114.1.7 Улога на телесната тежина и возраста врз несивоста.....................114.1.8 Исхрана во периодот на несење........................................................114.1.9 Напојување...........................................................................................124.1.10 Светлосен режим...............................................................................124.1.11 Болести кај несилките.......................................................................134.1.12 Морталитет.........................................................................................144.1.13 Принудно митарење на несилките...................................................145. Техничко решение....................................................................................145.1 Нормативи за потребна опрема............................................................145.2 Нормативи на потребна работна сила..................................................155.3 Нормативи за потребна енергија...........................................................155.4 Нормативи за потребни суровини и материјали..................................155.5 Динамика на изведување на инвестицијата.........................................165.6 Динамика на дејствување на производството и усвојување на производството и утврдување на оптималниот капацитет.......................166. ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА.........................................................................17Заклучок........................................................................................................30

3

Page 4: Дипломска работа

Вовед

Земјоделството е третиот најголем сектор по услугите и индустријата.

Земјоделското производство е стопанска гранка што е усмерена кон

производство на органска материја од растителни и сточарски производи

кои имаат употребна вредност за човекот.

Производството се одвива под влијание на одредени климатски и

почвени фактори, при одредена технологија и треба да задоволи

одредени економски закони. По природа и потекло на своите продукти се

дели на растително и сточарско производство.

Носечка гранка на индивидуалниот земјоделски сектор е сточарството,

каде што доминираат малите индивидуални семејни фарми (90%), кои

произведуваат главно за сопствени потреби.

Во општествениот сектор на земјоделството релативно големо

економско и стопанско значење има живинарството. Тоа е многу

интензивна сточарска гранка и има карактер на стоковно производство

т.е производство за пазар.

1. Материјал и метод на работа

Согласно од Законот за изменување и дополнување на законот за

изградба на инвестициони објекти објавен во Службен весник на

Република Македонија бр. 11 од 1994 год. во дипломскиот труд

применета е заедничка матодологија за оценување на општествената и

економската оправданост на инвестициите и на ефикасноста на

инвестирањето.

4

Page 5: Дипломска работа

3. Анализа на пазарот на продажба

Во текот на последните десет години бројот на живината постојано се

намалува, иако индивидуалните земјоделски стопанста ја зголемуваат

активноста во овој сектор. Со оваа инвестиција се планира да се изгради

штала и да се набават 1.000 несилки од кои како примарен производ се

добиваат јајца. Со завршување на употребната вредност несилките исто

така ќе станат предмет на продажба, покрај ова се предвидува дека како

производ на пазарот ќе се јави и кокошкиното ѓубриво.

3.1 Технолошки карактеристики на производот

Во предметната инвестиција како примарен производ се јавуваат јајцата

и месото од кокошките кои се незаменлив дел од исхраната на човекот.

Месото и мелкото содржат многу квалитетни белковини, но

најквалитетните белковини се наоѓаат во јајцата кои по содржина на

витамини и минерали ги надминуваат сите други животински намирници.

По однос на витамините единствено се сиромашни со витамин Ц.

Пилешкото месо можат да го конзумираат луѓе со прекумерна тежина

како и луѓе со здраствени проблеми бидејќи не го оптеретуваат

организамот со холестерол.

Како органско ѓубриво се употребува кокошкиното ѓубриво кое има

извонреден квалитет ( ја збогатува почвата со хумус и овозможува

развиток на позитивна микрофлора).

3.2 Пазарни карактеристики на производите

Веќе подолг временски период јајцата се дефицитарен производ на

пазарот во Република Македонија. Поради тоа во големи количини се

увезува. Во однос на потрошувачката таа е релативно еднаква во текот

на целата година, освен за време на верскиот празник Велигден кога има

зголемена потрошувачка.

Пилешкото месо може да се транспортира во ладилници на поголеми

далечини без опасност од расипливост и губење на неговите позитивни

5

Page 6: Дипломска работа

својства. Јајцата се лесно кршливи и поради тоа се отежнува

транспортот, но сепак со внимателно пакување и ракување тие

евентуални загуби би се сведиле на минимум.

За разлика од нив кокошкиното ѓубриво е лесно транспортибилно,

меѓутоа транспортните трошоци се многу високи, а самото тоа има ниска

цена на чинење.

3.3 Пазари на кои ќе се продаваат

Според анализата на статистичките податоци користени се податоци од

Статистичкиот годишник на Република Македонија – 2011 и податоци од

годишниот извештај на FAO.1 Цената на јајцата на мало во зависност од

нивната големина се движи од 3,2 за најмалите до 6 денари за

најкрупните. Се планира продажната цена на јајце да биде 4,5 денари.

Водечки хибрид на несилки со обоена лушпа на јајце продавани по

целиот свет е линискиот хибрид Исабраун. Овој хибрид има селско

потекло кое е комбинирано со високиот генетски потенцијал дава

оптимални резултати во поглед на сите барања кои се поставуваат пред

него. Цената на чинење на една несилка откако ќе заврши периодот на

несење на пазарот се движи од 100-120 денари.

Табела 1 Годишно производство на јајца во тони по континенти

Континенти 2009 2010 2011Африка 2530418 2652104 2656313

Северна Америка 3771526 5844944 5856664

Јужна Америка 4091293 4085451 4359184

Азија 41960366 42646122 43466798

Океанија 231810 249830 281030

Европа 10403297 10544982 10732692

Вкупно 64988710 66023433 67352687

Извор: www.fao.org2

1 FAO - Food and Agriculture Organization

2

6

Page 7: Дипломска работа

Од оваа табела може да се изведе заклучок дека вкупното годишно

производство на јајца во свет и по континенти во последните 3 години

има тенденција на пораст.

Табела 2 Годишно производство на јајца во тони во соседните земји и

Република Македонија

2009 2010 2011

Бугарија 88839 89698 73906

Грција 108800 99800 99800

Албанија 30000 31300 31745

Србија 59001 70097 70079

Македонија 15350 18820 16600

Извор: www.fao.org3

Од табелата може да се заклучи дека производството на јајца во

балканските земјии во последните години покажува тенденција на опаѓа.

Табела 3 Производство на јајца во Република Македонија

Година Вкупно Земјоделски претпријатија

Во 000 броја Број по 1 несилка Во 000 броја Број по 1 несилка

2007 321 000 187 321 000 187

2008 276 000 166 157 386 166

2009 274 000 179 164 430 255

2010 336 000 199 171 015 242

2011 296 000 193 130 178 241

Извор: www . stat . gov . mk 4

Од табелата може да се заклучи дека споредено со 2007 година кога

бројот на јајцата по една несилка изнесувал 187, во последната 2011

година тој број е зголемен на 193 јајца

3 www.fao.org

4 www.stat.gov.mk

7

Page 8: Дипломска работа

Табела 4 Годишна потрошувачка на јајца и живина, просеци по

домаќинства за 2011 година

Единица

мерка

Вкупно

Земјоделски

домаќинства

Мешовити

домаќинства

Неземјоделски

домаќинства

Јајца парче 799 719 934 762

Живина кг. 43.2 49.9 52.9 40.1

Извор: Статистички годишник на Република Македонија 20115

Табела 5 Годишна потрошувачка на јајца и живина, просеци по член на

домаќинство за 2011 година

Единица

мерка Вкупно

Земјоделски

домаќинства

Мешовити

домаќинства

Неземјоделски

домаќинства

Јајца парче 206 202 203 208

Живина кг 11.2 14 11.5 11

Извор: Статистички годишник на Република Македонија 2011

Од предходните две табели може да се забележи дека по однос на

потрошувачката на јајца и живина во нашата република сите

домаќинства консумираат скоро еднакви количини на јајца и живина.

3.4 Суституција на производите

Јајцата се специфичен производ кој не може да се супституира со некој

друг производ што ги прави незаменлив дел од човековата исхрана.

Пилешкото месо може да се суституира со некој друг вид на месо,

меѓутоа тоа не е препорачливо бидејќи по својата хранлива, биолошка и

здраствена вредност тоа го завзема највисокото место.

Кокошкиното ѓубриво е едно од органските ѓубрива кој се користат за

изѓубрување, тоа е најквалитетно органско ѓубриво кое ги супституира

вештачките ѓубрива.

3.5 Комплементарност на производите

5 Статистички годишник на Република Македонија 2011

8

Page 9: Дипломска работа

За разлика од супституцијата јајцата покажуваат висока

комплементарност со другите производи кои можат да се најдат на

пазарот. Оваа особина ја има и пилешкото месо.

4.Технолошко – техничка анализа

4.1 Опис на технолошкиот процес

4.1.1 Карактеристики на расата

За производство на јајца треба да се користат само хибридни

високопродуктивни несилки. Инвеститорот планира да набави јато од

1.000 несилки од линискиот хибрид Исабраун. Бојата на пердувите е

светло или темно смеѓа, во различни нијанси додека вратните пердуви и

пердувите на опашката се беличести. Јајцата се темни по боја. Оваа

хибридна линија покажува поголема отпорност од другите хибриди.

Телесната маса се движи од 1,65 до 1,95 кг. Просечната несивост

изнесува од 0,70- 0,91% или 270 – 310 јајца во годината.

4.1.2 Насока на производство

Единствен производен правец во одгледувањето на оваа хибридна

линија е произодство на јајца. По завршување на употребната вредност

на несилките тие се продаваат на пазарот. Кокошкиното ѓубриво како

нуспродукт исто така има пазарна вредност.

4.1.3 Нормативи на производство на несилките Исабраун

Возраст во

недели

Виталност во

проценти

% на нес. од

несилка на ден

Просечна маса

на јајца во гр.

20 100 2,0 48,0

21 99,9 15,0 51,5

9

Page 10: Дипломска работа

22 99,8 50,0 53,5

23 99,7 80,0 55,0

24 99,6 88,0 56,0

25 99,5 90,0 57,0

30 98,9 93,0 60,0

40 97,7 88,5 62,8

50 96,5 83,5 64,2

60 95,3 78,5 65,0

70 94,0 73,5 65,4

72 93,7 72,5 65,6

Во оваа инвестициона програма за просечна несивост на несилките е

земена вредноста од 0,80% т.е по 292 јајца од несилка за една година.

Временскиот период за оптимално искористување на несилките изнесува

51-53 недели или тие излегуваат од употреба со 72-74 недели старост.

4.1.4 Објекти за одгледување на несилките

Објектот треба да биде изграден од цврст материјал и да биде добро

изолиран. Исто така објектот треба да поседува магацински простор, да

биде заштитен од временски неприлики, високи и ниски температури и

да има приклучок за вода и електрична енергија. Да поседува кафезна

опрема за сместување на несилките опремена со хранилки и поилки,

систем за вентилација и осветлување. Без разлика колку објекти има

живинарската фарма, треба да се одгледува живина на иста возраст.

4.1.5 Опрема за одгледување

Хибридот Исабраун може да се одгледува во кафези и на под.

Предности на кафезното одгледување се : пониска потрошувачка на

храна, сузбивање на паразитите и поголем број на единки на м². Секоја

несилка треба да има простор од 450 см² и хибриден простор од 12 см².

10

Page 11: Дипломска работа

Опремата за исхрана мора да обезбеди рамномерна дистрибуција на

храна без да дојде до сепарација на одделни компоненти од

концентратот.

4.1.6 Вентилација и амбиент

За целото време на одгледувањето вентилацијата треба да обезбеди

проветрување со околу 3,6м³/кг жива маса/час. Оптималната

температура во објектот треба да биде 20ºС и релативна влажност од

60 - 70 %.

4.1.7 Улога на телесната тежина и возраста врз несивоста

Од досегашните испувавања утврдено е дека несилките Исабраун ќе

почнат со несење на возраст од 19 недели односно кога телесната маса

изнесува 1650 гр. Несење од 15% достигнува на возраст од 21 недела и

1750 гр. Несење од 50% постигнува со телесна маса 1825 гр, додека

несење од 90% постигнува со телесна маса од 1900 гр.

Според истражувањата на ISA утврдено е дека просечната тежина на

јајцата се зголемува за 1 гр. ако пронесувањето се одложи за една

недела. Бројот на јајцата ќе се зголеми или намали за 45% ако несивоста

се одложи или забрза за 1 недела, но вкупната маса на јајцата нема да

се промени.

4.1.8 Исхрана во периодот на несење

Во почетокот на несивоста мора да се обезбеди доволно храна за да се

задоволат потребите за одржување на животот и несивоста. За

оптимално ниво на несивост и големина на јајцата несилките дневно

треба да внесуваат минимум 320 Kcal. дневно, при температура

11

Page 12: Дипломска работа

повисока од 23 º С големината на јајцата ќе се намали за 0.5 до 1% за

секој степен повеќе.

Продуктивноста на несилките зависи од внесот на аминокиселините

метионин и лизин. За добивање јајца од висока класа потребно е дневно

да се внесува 430 мг метионин. дневните потреби од лизин изнесуваат

860 мг, додека дневните потреби од суров протеин изнесуваат 19 гр.

Несилките имаат зголемена потреба од калциум во период на

создавање на лушпата. Јајцето се формира за 24-27 часа, а само

лушпата се формира 20-22 часа. растителните масла играт голема

улога во зголемувањето на јајцата бидејќи имаат високо ниво на линолна

киселина, ги подобруваат вкусот и сварливоста на храната. Во се кој

случај потребна е постојана контрола за квалитетот на храната бидејќи

секоја промена во нејзиниот квалитет дирекно ќе се одрази врз

квалитетот на јајцата.

4.1.9 Напојување

Дневните потреби за вода кај несилките изнесува 2,5 децилитри, но

треба да се земе во предвид зголемената потрошувачка на вода во

летниот период како и технолошката вода затоа оваа вредност ќе

изнесува 0,5 литри по несилка.

4.1.10 Светлосен режим

Еден од важните фактори за несењето на јајцата е свелината. Основни

нормативи на една светлосна програма се : по преселувањето

должината на светлосниот ден треба да изнесува 15-16 часа и овој

светлосен режим треба да се задржи до крајот на несењето. Со

излегување на сонце светлото се гасне за повторно да се влкуци пред

стемнување. За време на облачните денови светлото е постојано

вклучено. Доколку има потреба од зголемување на несивоста

светлосниот период се зголемува до 17 часа. Овие нормативи се

однесуваат на објекти со прозорци.

12

Page 13: Дипломска работа

4.1.11 Болести кај несилките

- Марекова болест : се јавува после 9 месеци живот. Симптомите се

парализа, промени во зениците и сл. Во инкубаторска станица се врши

вакцинација.

- Гамборо болест : имуниот статус зависи од пасивно пренесените

антитела од родителот. Доколку овие антитела не постојат потребна е

вакцинација.

- Инфективен бронхитис : се карактеризира со оштетување на

респираторниот систем. Симптомите се отежнато дишење, блага

кашлица, несење смалено 15- 20 % и цл. Превентива е вакцинација.

- Њукастелска болест ( чума) : оваа болест е една од најопасните

болести не само кај несилките туку воопшто и кај останатите птици.

Пренесители на оваа болест може да биде и човекот и приборот за

работа. Оваа болест може да се прошири и преку водата и преку

храната. Симптоми на болеста се молк во јатото, пердувите се

накострештени, отежнато дишење, губење апетит и сл. Болеста не се

лечи.

- Микоплазмоза: контаминацијата сама по себе не доведува до пад на

производството, но ја влошува состојбата во однос на другите болести.

- Колибацилоза : Инфекцијата ја предизвикува бактеријата Е. coli. Како

превентива се спроведува соодветна регулација на густината на

населеноста на објектот, светлосната програма и водата за пиење.

- Салмонелози : контаминентот може да се јави во храната, околината и

т.н. Некои салмонелози можат да предизвикат заболување и кај човекот

дотолку се хранат со јајца и пилешко месо од заболената живина.

- Пулороза : симптомите на оваа болест се поспаност, губење на апетит

па дури и ослепување.

- Кокцидиоза : смптоми се губење апетит, пролив и кашест измет. За

околу 6 дена оваа болест резултира со смрт.

- Сингамоза : предизвикува тешко дишење, гушење, губење апетит и сл.

Оваа болест е неизлечлива, а се јавува најчесто во пролет и есен.

13

Page 14: Дипломска работа

- Аскаридијаза : предизвикува тромавост, променлив апетит, пролив,

слабеење и паѓање на пердувите. Смртноста е висока но сепак болеста

се лечи.

4.1.12 Морталитет

Вообичаен месечен морталитет кај несилките изнесува 0,5%. Меѓутоа

овој процент може да варира, но сепак се смета како просечен. Месечно

овој процент изнесува 0,5. Максималните месечни губитоци се 1%, а

годишните изнесуваат од 10-12%.

4.1.13 Принудно митарење на несилките

Принудното митарење кај несилките е сложена постапка која се состои

во смалување на светлосниот ден и редукција на храната и водата. Сето

тоа доведува до престанок на производството, но со повторно

воведување на нормалните услови на производството, несилките

започнуваат нов циклус на производство.

5. Техничко решение

Амбиетални услови Оптимална температура 18-20º С

Оптимална влажност 65-75%

Хранидбен простор 12-15 см²

Сместувачки простор 450см² за 1 несилка

Јачина на осветлувањето 3,5 – 4,5 w на м²

Светлосен режим 16-17 часа

Природно осветлување 1/10 од подната површина

5.1 Нормативи за потребна опрема

Опремата која се планира да се вгради овозможува смештај за 4 несилки

во една преграда или 16 кокошки во еден кафез. Самата опрема има

вградено автоматски поилки и хранилки. Јајцата се собираат рачно 2

14

Page 15: Дипломска работа

пати во денот. Изѓубрувањето исто така треба да биде рачно и оваа

операција треба да се врши редовно, при што изметот се носи во јами

кои се предвидени да се ископаат за таа намена. Во склоп на објектот се

предвидува и изградба на магацин за концентрирана храна.

5.2 Нормативи на потребна работна сила

- Работна рака

работната рака ќе се обезбедува од семејството каде што 2 работника се

обучени за извршување на сите операции поврзани со оваа фарма.

5.3 Нормативи за потребна енергија

Потрошувачката на енергија во согласност со технолошкиот процес за

извршување на предвидените активности изнесува 1800 кw. Просечно

дневно за целата година според бројот на потребните светилки дневната

потрошувачка е околу 3,5 kw.

5.4 Нормативи за потребни суровини и материјали

За исхраната на несилките се користи концентрат KKH. Неговата цена

изнесува 15,87 ден/кг . Дневните потреби за концентрат изнесува 110 гр.

по несилка. За 1.000 несилки дневно е потребно 110 кг храна или

годишно 40.150 кг. вкупните трошоци за храна на несилките ќе

изнесуваат 637.180 ден. годишно.

се предвидува на секој 15 дена на несилките да им се дава витамински

напиток Nutril Se. Нормативот изнесува 200 гр. на 1.000 несилки.

Месечните потреби за предвидените несилки изнесува 400 гр. т.е

годишно 4,8 кг. Цената на Нутрилот изнесува 900 ден/кг, годишно ќе се

издвојува сума од 4.320 денари.

За пакување на јајцата потребно е да се обезбедат влошки и пакети. На

секои 30 јајца е потребна по 1 влошка, каде во 1 пакет се ставаат по 12

влошки и се сместуваат 360 јајца. Со оваа програма се очекува

производство од 310.250 јајца годишно и затоа се потребни 10.342

влошки и 862 пакети. Цената на 1 влошка е 2,2 дена додека цената на

15

Page 16: Дипломска работа

еден пакет е 50 ден. Сумата издвоена за влошките ќе изнесува 22.570

ден. а за пакетите 43.100 ден.

5.5 Динамика на изведување на инвестицијата

Планираната штала ќе се изгради за рок од еден месец. Потоа следува

набавка на 1.000 несилки и се започнува со редовното производство.

5.6 Динамика на дејствување на производството и усвојување на производството и утврдување на оптималниот капацитет

По набавката на несилките производството започнува за многу краток

период.

Оптимални производни капацитети

Вид производ дневно вкупно годишноКонзумирани јајца 850 310,250 броја

Кокошкино ѓубре 150 54,750 кг

Шкартирани кокошки 964

16

Page 17: Дипломска работа

6. ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА

6.1 Инвестиција во основни средства

ПОСТОЈАНИ ( ОСНОВНИ) СРЕДСТВА

Показател денари €

Кокошки 310,000 5 000

Штала 494,800 8 110

Опрема 275,894 4 522

Вкупно 1,080,694 17 632

6.2 Пресметка на трошоци на производство и формирање на вкупен приход

Материјални и други трошоци на работењето

Потребен

материјал

Единечна

мерка

Вкупно

материјал

Единечна

цена

Вкупно

денари

Концентрат кг 40.150 15.87 637.181

Нутрил кг 4.8 900 4.320

Влошки броја 10.342 2.2 22.752

Пакети броја 862 50 43.100

Елек. енергија кw 1.800 2.195 3.951

Помошен

материјал

20.000

Вкупно 731.304

17

Page 18: Дипломска работа

Осигурување

Средство вредност премија износ

Штала 494,800 2,00% 9,896

Основно стадо 310,000 4,00% 12,400

Вкупно 310,000 12,400

За да се избегнат негативните влијанија од заразните болести и

непогоди потребно е да се изврши осигурување на основното стадо.

Премијата за осигурување изнесува 4%, а за шталата изнесува од 2%.

Пресметка на трошоци за инвестиционо одржување

Поради потребата за одржување на објектот и опремата се

предвидуваат средства кои би се користеле за евентуални поправки на

објектот и поситни кварови на опремата.

Основно средство вредност % износ

Опрема 275,894 3% 82,768

Штала 494,800 2% 98,960

Вкупно 494,800 181,728

Пресметка на бруто плати

Квалификациона

структура

Број на

работници

Месечна

нето плата

Месечна

бруто плата

Годишен

износ

Одгледувачи 2 5500 9900 237600

Вкупно 2 5500 9900 237600

18

Page 19: Дипломска работа

Пресметка на амортизација

Како основица за амортизација се зема набавната вредност на

механизацијата, стадото и шталата, која поможена со законските

пропишани амортизациони стапки ќе ја дадат годишната вредност.

Основни средства Опрема Основно стадо Градежи ВкупноОсновица на амор. 275,894 310,000 494,800 1,080,694

Стапка на амор. 0,165 0,70 0,025 /

Годишни износи во економскиот век на проектот

0 год 45,523 217,000 12,370 274,8931 год 45,523 217,000 12,370 274,893

2 год 45,523 217,000 12,370 274,8933год 45,523 217,000 12,370 274,893

4 год 45,523 217,000 12,370 274,8935 год 45,523 217,000 12,370 274,893

Вредности на крајот од векотисправка на

вредност

227,613 1,085,000 61,850 1,374,463

сегашна вредност 48,281 -775,000 432,950 -293,769

Вкупен приход- Вкупниот приход предвиден со оваа инвестиција ќе го формираат

приходите од продажбата на јајца, шкартирани кокошки и арско

ѓубре.

-

Вид услуги Броја Единечна вредност Износ во денари

Јајца 310,250 5,0 1,551,250

Шкартирани кокошки 964 90 86,760

Арско ѓубре 54,750 1 60,225

Вкупно 1,698,235

19

Page 20: Дипломска работа

Потребна инвестиција за трајни обртни средства

Вид на обртни средства

вкупно годишни потреби

денови на врзување

коефициент на обрт

потребни обртни средства

А. Обртни средства  /  /  / 209,0071. трајни обртни средства  /  /  / 67,4871.1 залихи на суровини и реприматеријали 731,304 10 36 20,3141.2 залихи на недовршено производство 1,698,235 10 36 47,1731.3 залиха на готово производство 1,698,235 02. други обртни средства 141,5202.1 средство на жиро сметка 1,698,235 15 24 70,7602.2 побарувања 1,698,235 15 24 70,760

Б. Извори од тековно работење 73,1793. добавувачи 731,304 15 24 30,4714. амортизација 274,893 30 12 22,9085. бруто плати 237,600 30 12 19,800

В. Потребни обртни средства       135,828

Рекапитулација на инвестиционите вложувања

Вкупните потребни инвестициони вложувања во оваа инвестиција се

дадени во следнава табела:

Показател Износ во ден. € структура

Основно средство 1 080 694 17 716 86,63

Обртни средства 135 828 2 226 10,89

Останати вложувања 31 000 500 2,48

Вкупно 1 247 522 20451 100,00

20

Page 21: Дипломска работа

Извори и услови на финансирање

Извори на

средства

Износ во

денари

структура Грејс

период

Каматна

стапка

сопствено

учество 249,504 20%

0 4 090

банкарско

учество 998,018 80% 2 8% 16 360

Вкупно 1,247,522 100% 20 451

Амортизационен план на отплата на кредитот

Износ на средства 998,018Време на отплата 3 годиниКаматна стапка 8%Грејс период 2 годиниПристигање на првиот ануитет 31.12.2015Интеркаларна стапка 79,841

Пристигна на камата отплата ануитет остаток

31.12.2015 0 0 0 998,018

31.12.2016 0 0 0 998,018

31.12.2017 79,841 332,673 412,514 665,345

31.12.2018 53,228 332,673 385,900 332,673

31.12.2019 26,614 332,673 359,286 0

21

Page 22: Дипломска работа

Биланс на успех

Биланс на успех и распоред на резултатите во динамиката

 Показател 

    Години од инвестициониот проект   0 1  2  3  4  5 

А. Расходи    1.486038  1.486038  1.486038  1.459424  1.4328101.Трошоци на продадениучиноци    1.406196  1.406196  1.406196  1.406196  1.406196

 1.1 материјални трошоци    731 304   731 304   731 304   731 304   731 304 1.1.1. основен материјал    707 353  707 353  707 353  707 353  707 353 1.1.2 помошен материјал    3.951   3.951   3.951   3.951   3.951 1.1.3 трошоци за енергија    20 000  20 000  20 000  20 000  20 000 1.1.4 др. материјални трош.    0 0  0  0  0  1.2 Амортизација    274 893  274 893  274 893  274 893  274 893 1.3 нематеријални трошоци    12 400  12 400  12 400  12 400  12 400 1.4 маркетинг трошоци    150 000  150 000  150 000  150 000  150 000 1.5 плати    237 600  237 600  237 600  237 600  237 600 2. расходи на финансирање    79 841  79 841  79 841 53 228  26 614 2.1 камати    79 841  79 841  79 841  53 228  26 614 2.2 др. расходи на финансирање    0 0  0  0  0  3. капитална загуба    0 0  0  0  0  4. вонредни расходи    0 0  0  0  0 

Б. Приходи    1.698235  1.698235  1.698235  1.698235  1.698235 1. Приходи од продажба на учиноци    1.698235   1.698235   1.698235   1.698235   1.698235 2. приходи од финансирање    0  0  0  0  0 3. капитална добивка    0  0  0  0  0 4. вонредни приходи    0  0  0  0  0 В.добивка пред даночување    212 197  212 197  212 197  238 811  265 425 1. дан.,придон.и др. давач. од .добивка    63 659  63 659  63 659  71 643  79 627 Г. Нето добивка    148 538  148 538  148 538  167 168  185 797 Д. Загуба             1. покривање на загуба од предх. год             Ѓ. Нето добивка за распоредување    148 538  148 538  148 538  167 168   185 797 1. дел од заедничката потрош.    47 520   47 520   47 520   47 520   47 520 2. дел за резерви    14 854  14 854  14 854  16 717  18 580 3. дел за други фондови    86 164  86 164  86 164  102 931  119 698 Е. Нераспоредена добивка    0  0  0  0  0

Биланс на успех во просечна година

22

Page 23: Дипломска работа

 Показател 0 4

 А. Расходи  1. 459 424 1.Трошоци на продадени учиноци  1. 406 196 1.1 Материјални трошоци  731 304 1.1.1 Основен материјал  707 353 1.1.2 Помошен материјал  3 951 1.1.3. Трошоци за резервни делови  20 000 1.1.4 Трошоци за транспорт  0  1.2 Амортизација  274 893 1.3 Нематеријални трошоци  12 400 1.4 Маркетинг трошоци  150 000 1.5 Плати  237 600 2. Расходи на финансирање  53 228 2.1 Камати  53 228 2.2 Други расходи на финансирање  0 3. Капитална загуба  0 4. Вонредни расходи  0 Б. Приходи  1. 698 235 1. Приходи од продажба на учиноци  1. 698 235 2. Приходи од финансирање  0 3. Капитална добивка  0 4. Вонредни приходи  0 В. Добивка пред оданочување  238 811 1. Дан., придон. и др. давач. од добивка  71 643 Г. Нето добивка  167 168 Д. Загуба  0 1. Покривање на загуба од предходната год  0 Ѓ. Нето добивка за распоредување  167 168 1. Дел за заедничка потрошувачка  47 520 2. Дел за резерви  16 717 3. Дел за други фондови  102 931 Е. Нераспоредена добивка  0

Цена на чинење на производството

23

Page 24: Дипломска работа

Показател ден структура %

1. материјални трошоци 731,304

1.1.1 основен материјал 707,353 50,8

1.1.2 помошен материјал 3,951 0,3

1.1.3 трошоци за резервни делови 20,000 1,4

2. амортизација 274,893 19,7

3. нематеријални трошоци 12,400 0,9

4. плати 237,600 17,7

5. даноци и придонеси 71,643 5,1

6. заедничка потрошувачка 47,520 3,4

7. резервен фонд 16,717 1,2

Полна цена на чинење 1,392,076 100,0

Развојна цена на жинење 1,698,235 122,0

Фонд за прош. на мат. основа 306,159 22,0

Финансиски тек на проектот

Показател 0 1 2 3 4 5

А. Прилив 1.247 522 1.698 235 1.698 235 1.698 235 1.698 235 1.540 295

1. вкупен приход 0 1.698 235 1.698 235 1.698 235 1.698 235 1.698 2352. извори на финансирање 1.247 522 0 0 0 0 03. остаток на вредноста на пр 0 0 0 0 0 -157 940

Б. Одливи 1.247 522 1.134 858 1.134858 1.507451 1.490684 1.473917

4. инвестиција 1.247 522 0 0 0 0 0

5. трошоци на работење 0 731 304 731 304 731 304 731 304 731 304

6. плати 0 237 600 237 600 237 600 237 600 237 600

7. даноци и придонеси 0 63 659 63 659 63 659 71 643 79 6278. издвојување во фондови 0 62 374 62 374 62 374 64 237 66 1009. обврски кон извори на финан. 0 39 921 39 921 412 514 385 900 359 286

В. Нето приливи 0 563 377 563 377 190 784 207 551 66,377Финансиско – пазарна оценка на проектот

Показател Вредност на показателот

24

Page 25: Дипломска работа

1. Бруто добивка по врабтен 119,405

2. акомулативност во % 0,096

3. бруто плата по вработен 4,950

4. Економичност во производството 1,164

5. репродуктивност 0,273

6. Капитална опременост 623,761

Врз основа на пресметаните индикатори за ефикасност на

инвестиционите вложувања може да се констатира оправданост од

изградба на предвидениот проект.

Динамична оценка

Економски тек на проектот

Од тебелата може да се забележи кај економскиот тек на проектот нето

преливот е негативен само во нултата година т.е во времето на

инвестиционите вложувања кога нема производство

Показател 0 1 2 3 4 5

А. Прилив 0 1.698 235 1.698 235 1.698 235 1.698 235 1.540 295

1. вкупен приход 0 1.698 235 1.698 235 1.698 235 1.698 235 1.698 2352. остаток на вредноста на пр 0 0 0 0 0 -157 940

Б. Одливи 1.247 522 1.094937 1.094937 1.094937 1.104784 1.114631

3. инвестиција 1.247 522 0 0 0 0 0

4. трошоци на работење 0 731 304 731 304 731 304 731 304 731 304

5. плати 0 237 600 237 600 237 600 237 600 237 600

6. даноци и придонеси 0 63 659 63 659 63 659 71 643 79 6277. издвојување во фондови 0 62 374 62 374 62 374 64 237 66 100

В. Нето приливи -1.247522 603 298 603 298 603 298 593 451 425 663

25

Page 26: Дипломска работа

Период на враќање на вложувањата

Време на враќање на инвестиционите вложувања

Години Нето прилив кумулатив

0 - 1,247,522 -1,247,522

1 603,298 -644,224

2 603,298 -40,926

3 603,298 562,372

Од извршената пресметка се гледа дека целосното враќање на

инвестицијата се обезбедува во втората година од нормалното

функционирање на производството.

Нето сегашна вредност на проектот при дисконтна стапка од 15 %

Показател0 1 2 3 4 5

1. Нето прилив -1,247,522 603,3 603,298 603,3 593,45 425,632. Дисконтен фактор 1 0,8696 0,75614 0,6575 0,5718 0,49723. Сегашна вредност -1,247,522 542,61 456,18 396,68 339,31 211,634. Кумулатив на нето. сегашна вредност

-1,247,522 -722,9 -266,74 129,94 469,25 680,88

5. Релативна нето сег. вредност во %            55

Интерна стапка на рентабилитет

Од извршената пресметка на интерната стапна на рентабилитетот може

да се согледа дека таа покажува вредност од 27.60% и по овој метод

укажува на рентабилноста на вложувања инвестиционен проект

26

Page 27: Дипломска работа

Пресметка на интерна стапка на рентабилитетот на инвестиционите

вложувања

Показател 0 1 2 3 4 5

нето прилив -1.247522 603,298 603,298 603,298 593,451 425,633

Дис. фактор

понизок 37

1 0,729927 0,532793 0,388900 0,283869 0,207204

сегашна

вредност

-1.247522 440,364 321,433 234,623 168,462 88,199

кумулатив -1.247522 -807,158 -485,725 -251,102 -82,640 5,559

Дис.фактор

Повисок 38

1 0,724638 0,525100 0,380507 0,275730 0,199804

Сегашна

вредност

-1.247522 437,173 316,792 229,559 163,632 85,049

кумулатив -1.247522 -810,350 -493,558 -263,999 -100,366 -15,317

ИСР = 37.27

Анализа на осетливост

27

Page 28: Дипломска работа

показател фиксни варијабилни вкупни

Мат. трошоци 73,130 658,174 731,304

Амортизација 274,893 0 274,893

Немат. трошоци 3720 8,680 12,400

Плати 190080 47,520 237,600

Даноци и

придонеси

14329 57,315 71,643

Заед. потро.и

Рез. фонд

51389 12,847 64,237

Вк. трошоци 607,541 784,535 1,392,076

Вк. приходи 1698235

покритие 306,159

Праг на рентабилност = 66%

Збирна оценаДобри страни на инвестицијата

- Големо искуство во дејноста

- Разработен пазар на продажба

- Голем квалитет на производи

- Обезбедена квалификувана работна сила

- Краток период на враќање на инвестицијата

- Висока нето сегашна вредност при дисконтна стапка од 15% =

680,881

- Можност за поголеми приходи поради трендот на пораст на цените

на овие производи

- Релативна нето сегашна вредност од 55%

Лоши страни на инвестицијата- Можност за појава на болести

- Зависност од редовниот пласман на јајцата

- Можна конкуренција

28

Page 29: Дипломска работа

Заклучок

Врз база на изработената програма, како и пресметаните показатели во

рамките на финансиско – пазарната оцена на проектот може да се

констатира дека инвестицијата економски е оправдана. Се препорачува

да биде финансирана.

29

Page 30: Дипломска работа

Користена литература

С. Арсов. Финансиски менаџмент. Универзитет ,,Св. Кирил и

Методиј” Економски Факултет Скопје, 2008

Годишен извештај за земјоделство и рурален развој за 2010

Статистички годишник на Република Македонија за 2011

www. fao.org

30