65
Факултет за спорт и спортски менаџмент Д И П Л О М С К А Р А Б О Т А Изработил : Ментор: Скопје, Јуни, 2012 година 1

Дипломска Фудбалот Во Р.М

  • Upload
    renata

  • View
    242

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Diplomska Fudbalot vo Republika makedonija

Citation preview

Page 1: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Факултет за спорт и спортски менаџмент

Д И П Л О М С К А Р А Б О Т А

Изработил : Ментор:

Скопје, Јуни, 2012 година

Содржина

1

Page 2: Дипломска Фудбалот Во Р.М

1. Вовед ................................................................................................ 3

1.1. Појава и развој на Фудбалот во Република Македонија

1.2. Дефинирање на поимот тактика ...................................... 4

1.3. Принципи на тактиката .....................................................4

2. Предмет, цел и задачи на дипломската работа.............................. 6

2.1. Предмет на дипломската работа....................................... 6

2.2. Цел на дипломската работа............................................... 6

2.3. Задачи на дипломската работа ..........................................6

4. Фактори кои влијаат на фудбалската тактика ................................ 7

3.1. Тактика зависна од фудбалската техника и техничко

тактичките дејствија .................................................................. 7

3.2. Тактика зависна од физичка подготовка ....................... 13

3.3. Тактика зависна од димензиите на теренот....................16

3.4. Тактика зависна од квалитетот на теренот ....................18

3.5. Тактика зависна од домашен или гостински терен .......19

3.6. Тактика зависна од атмосферските услови ................... 20

3.7. Тактика зависна од техничко-тактичките дејствија ...... 22

5. Tипа на одбранбен играч

5.1. Централен бек ......................................................................22

5.2. Дефанзивец поставен во среден ред ....................................24

5.3. Дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија .....25

5.4. Страничен бек ............................................................28

6. Заклучок............................................................................................. 29

7. Користена Литература .................................................................... 30

2

Page 3: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Фудбалот го разбираат само тие кои знаат тоа што го зборуваат да го искажат со

бројка – проф.д-р Вангел Симев

1.

ВОВЕД

Почетоците на фудбалот во Македонија датираат уште од почетокот на 20-иот век.

Всушност првиот меч беше одигран во Скопје на 20 април 1919 година. Селекцијата на

англиската армија составена од најдобрите играчи меѓу регрутите, се натпреваруваше

против екипата на Напредак од Скопје, меч кој му припадна на Напредак со 2:0.

На тоа место во знак на спомен на овој натпревар, беше подигнат споменик во форма на

фудбалска топка со тежина од околу 250 килограми, бидејки тоа беше првиот фудбалски

натпревар кој се одиграл на територијата на Македонија, а местото каде што истиот се

одиграл всушност претставуваше првиот фудбалски терен во Македонија.Споменикот

беше подигнат во 1979 година , во знак на јубилејот 70 години од почетокот на фудбалот

во Македонија.

Во периодот од 1909 до 2002-та, се формираа многу фудбалски клубови. Прв кој се

појави беше ФК Вардар од Скопје основан 1912 во Скопје. За време на втората светска

војна , селекцијата на македонски клубови играше против селекцијата на германската

армија, а се играа натпревари и против Бугарија. Воедно многу од македонските играчи

настапуваа за Бугарскиот национален тим. Во периодот од 1900 до 1991 година

Македонија немаше своја национална репрезентација, бидејки беше дел од СФРЈ, но по

1991 година младите тимови од сите југословенски републики играа на турнири

меѓусебно, за жал целата документација од тие натпревари се наоѓа во

Фудбалската Асоцијација (Сојуз) на Југославија.

Во 1945, по втората светска војна, беше поставена фудбалска секција како дел од Сојузот

на спортови во Скопје (со претседател Густав Влахов), од која беше оделена 16 август

1948, а конечно Македонскиот Фудбалски Сојуз беше формиран 14 август 1949 во

Скопје, како дел од Фудбалскиот Сојуз на Југославија, се до 1991 кога е прогласена

независност во исто време со независноста на Република Македонија. Прв претседател

беше Љубисав Иванов - Ѕинго.

3

Page 4: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Најпознати играчи од Македонија кои играа и во националниот тим на Југославија се

Кирил Симоновски - Џина, Благоја Видиниќ, Методија Спасовски, Андон Дончевски,

Дарко Панчев, Илија Најдовски и други.

Првиот шампионат во рамките на новиот сојуз беше организиран натпреварувачката

сезона 1992/93, во кој учество зедоа 18 клубови.

ФК Вардар од Скопје беше првиот шампион без изгубен меч.Исто така беше

организирано и куп натпреварување каде првиот пехар му повторно припадна на скопски

ФК Вардар.

Во 1994 година, Македонија стана членка на Фифа, Уефа и Балканската Фудбалска

Федерација . Балканската федерација организираше мини турнири Балкански првенства

за млади играчи до 16 и до 18 години.

Во 1995-та клубовите од Македоннија за првпат по осамостувањето земаа учество во

клубските натпреварувања на Уефа.

Како шампион ФК Вардар од Скопје во Уефа купот се сретна против ФК Бекешчаба од

Унгарија. Во КПК, Македонија ја претставуваше

ФК Силекс од Кратово, кој во првото коло го елиминираше унгарскиот тим Вац Самсунг

(1-1/1-0), а во вториот круг играше против Борусија Мехенгладбах од Германија. По

двата резултат 3-0 и 3-2, германците се квалификуваа за следното коло.

Националната репрезентација со официјални активости стартуваше во 1994-та со

квалификациите за Е.П. 1996 во група со Ерменија, Белгија, Кипар, Данска и Шпанија,

меѓу кои се издвојуваат успесите како нерешениот резултат 1-1 против Данска, исто

толку со Белгија и Кипар на гости, со Ерменија само 2-2 , а со Кипар се одигра 3-0 дома.

Во првиот официјален меч против Данска на 7.9.1994 , кој се играше на градскиот

стадион во Скопје, а заврши 1-1 , првиот гол за македонската репрезентација го постигна

Митко Стојковски.

Потоа Македонија играше во квалификациите за С.П. во група со Малта, Лихтенштајн,

Романија, Исланд и Р.Ирска.

Најзначајна победа е извојувана против Р.Ирска (3-2), а најубедлив триумф е постигнат

против Лихтенштајн на гости со победа од 1-11.

4

Page 5: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Од тогаш наваму Македонија учествува во сите натпревари на Уефа и Фифа, а во 2002-та

година Фудбалскиот Сојуз на Македонија е преименуван во Фудбалска Федерација на

Македонија.

Фудбалот, преку своите разновиднни форми на движење, стана еден од

најзначајните општествени феномени на современото живеење. Современите услови на

живеење се карактеризираат со намалена телесна активност на човекот што е резултат на

високиот технолошки развој во процесот на производство.

Во денешните влошени современи услови на живот и работа спортот со своите

разновидни форми и содржини создава можност да се задоволат разновидни-те интереси

и потреби на децата и младината. Спортските активности претставуваат единствен начин

да се вклучи локомоторниот апарат и да се избегнат болести-

те на современата цивилизација. Општо е познато дека физичката активност ги развива

органите, а мускулатурата под дејство на телесна вежба ги менува своите структурални и

функционални својства.

Денес, луѓето во голема мерка своите потреби и желби за движење ги остваруваат

преку разни спортски активности. Од многубројните спортски активности фудбалската

игра е најдостапна затоа што се применува од најмала до најголема возраст . Предноста

на фудбалската игра во однос на другите спортски активности и игри со топка е таа што

не бара посебни услови за применување, туку се изведува на секаква слободна површина

и на секакви временски услови.

Спортот е составен и неразделен дел на општиот развој на современото

општество, па затоа и за него важат истите развојни законитости како и за другите

области во него. Нагласениот интерес за развојот на спортот произлегува, пред се од

придонесот што го дава во подобрувањето на антропометриските и конативнит особини,

функционалните, биомоторичките и когнитивните способности, како и воспиту-вањето

на младината и развивањето на натпреварувачкиот дух.

Фудбалот како спорт се вбројува во групата на колективните спортски игри, а

според движењето спага во повеќе структурните комплексни активности, кои се

одликуваат со цикличен и ацикличен карактер. Големата популарност на Фудбалот

придонесе да се применува професионално, аматерски и рекреативно. Денес, тој е еден

5

Page 6: Дипломска Фудбалот Во Р.М

од најпопуларните и најмасовно посетените спортски активности во најголемиот број на

земји во светот. Оваа произлегува од неговата достапност, динамичност, емоцијоналност,

атрактивност и од големата творечка активност на сложените те-та-деј (техничко -

тактички - дејствија) кои се изведуваат скоро со сите делови на телото

За успешно учење и усовршување на фудбалската техника на децата неопходно

е со нив да работаат специјализирани фудбалски стручњаци, кои одлично ги познава

законитостите на детската возраст. Од исклучителна важност е познавањето на

биолошкиот развој на децата и методолошката застапеност на вежбите.

1. Дефинирање на поимот тактика

Под тактика во фудбалот се подразбира претходно подготвен, замислен и

организиран план на игра со кој на најсоодветен начин се користат сите индивидуални,

групни и колективни вредност на сите свои играчи и поедини, групни и колективни

слабостите на противничкиот тим.

Наједноставо кажано, тактика во фудбалот, е начин на дејствување на една екипа

со намера и осново определување, да се победи спротивниот тим или во надигравање со

спротивниот тим да се обезбеди поволен резултат. Како и која замислена тактика една

екипа, група играчи, или поединец, во текот на играта ќе ја примени, зависи од безброј

фактори. Али, на прво место, тоа, пред се, зависи од вредностите и маните на своите и

противничките играчи. Многу причини влијаат на промена и примена на одреден

тактички плана во фудбалската игра. Поред се на примена на одреден тактички план

влијаат и квалитетот на теренот на кој се игра, димензиите на игралиштето,

атмосферските прилики, судењето, важноста на натпреварот, местото во кое се игра,

публиката пред која се игра... и слично.

1.2. Принципи на тактиката

Како би можело тактичкото знаење успешно да се искористи, играчите мора да се

придржуваат на основните тактички принципи. Ако поединци не се придржуваат на

овие начела, екипата ќе стане многу помала од она што може према својата вредност.

6

Page 7: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Сите способности на играчите треба да се искористат, во прв ред со колективно

делување. Наравно, цела фудбалска игра се состои од безброј индивидуани потези, али

во таква форма и до таа мера, која дозволува само групната игра.

Играчите треба да се навикнуваат на остварување на логичката замисла, т.е.

играчите треба свесно да учествуваат во играта и секоја тактичка намера да ја изведат

промислено. Недозволено е, во било кој момент, да се изведе нешто по случаен избор,

потребно е секоја акција да поаѓа од некоја замисла.

Играчите треба да се рамномерно распоредени на игралиштето, а не да се

собираат околу топката. Во напад најчесто треба да се тргнува во коси линии, бидеќи

тогаш полесно се врши откривање и предавање на топката. Ако нападот се врши по

едноата бочна страна на теренот,играчите од спротивната страна мораат да го пратат тој

напад и да учествуваат во неговата завршници.

После изведеното додавање играчот не сме никогаш да остане во место, туку

мора одма да тргне во поволена позиција, и понатаму да учествува во акцијата. Ово

особено се однесува на играчите од средниот ред. Никогаш не треба да дозволи да

остане сам играчот, кај ја има топката, туку мораат да му се придодадат еден до два

соиграчи како би му помгнале за изведување на што поуспешен напад.

Кај играчот стално треба да се развива способност за добар преглед на теренот.

Добриот познавач на тактиката е онај играч кој брзо и правилно ја проценува ситуацијата

и топката ја додава на најдобро поставениот соиграч. Треба да се предвидат сите

околности и да се додаде топката на оној које во најдобра позиција да го загради

противничкиот гол.

Во продолжение ќе ги разгледаме и пооделно објаниме факторите што вилјаат на

тактиката.

2. ПРЕДМЕТ, ЦЕЛ И ЗАДАЧИ НА ДИПЛОМСКАТА РАБОТА

7

Page 8: Дипломска Фудбалот Во Р.М

2.1. Предмет на дипломската работа

Предмет на овој дипломски труд се Факторите кои влијаат на тактиката на

фудбалската игра. Како фактори кои влијаат на тактиката во понатамошниот текст се

споменуваат фудбалската техника и техничко - тактичките дејствија, физичка

подготвеност на фудбалерите, димензиите на теренот, квалитетот на теренот, домашен

или гостински терен, атмосферските услови и техничко - ктичките дејствија.

2.3. Цел на дипломската работа

Врз основа на поставениот предмет на оваа дипломска работа, ја дефинираме и

неговата основна цел. Целта на дипломската работа е да се прикажат факторите кои во

голема мерка влијаат на тактиката на играта, зависно од способностите и особините и

особините на својата и противничката екипа.

2.3. Задачи на дипломската работа

Тргнуваќи од предметот и целта на дипломската работа произлегуваат следните

задачи:

Тактика зависна од правилата на играта ;

Тактика зависна од техниката ;

Такта зависна од физичката подготвка ;

Тактиката заснована од димензиите на теренот;

Тактиката заснована на квалитетот на теренот ;

Тактиката заснована на домашниот или гостинскиот терен ;

тактиката заснована на атмосферските услови.

Тактика зависна од техничко-тактичките дејствија

8

Page 9: Дипломска Фудбалот Во Р.М

3.

Ф

АКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ТАКТИКАТА

Како што погоре беше споменато, врз фудбалската тактика значајно влијание

имаат голем број на фактори, и тоа : правилата на играта, техниката, физичката

подготовка, димензиите на теренот, квалитетот на теренот, дали натпреварот се игра на

свој или гостински терен, атмосферските услови и техничко-тактичките дејствија. Во

овој дел од дипломска работа овие фактори пооделно ќе бидат разработени.

9

Page 10: Дипломска Фудбалот Во Р.М

3. 1. Тактика зависна од правилата на играта

Кога станува збор за тактика, ние мораме да ги нагласиме општите

карактеристики што ја обележуваат секоја тактичка задача. Тие ќе се олесни и

да ќе се обезбеди имплементација и примена на одредени идеи во играта.

Општи карактеристики би биле следниве:

1. Секое претходно испланиранo намерно дејство мора да кореспондира со

можностите на поединци и тимови.

2. Создавање на можности за играчите на новите услови се применуваат

соодветни тактики, тактички комбинација корисно во одредени околности. Така

можноста за непосредни реконструкција или нова градба план за акција. Ова

значи дека тоа дава можност на тактички гејмерите мислења без налози, од

страна на независни иницијатива.

3. Богатството и разновидноста на елементите и ресурси. Тактички

подготвеноста на поединец или тим е сите на подобро и ако тоа е подобро ако

поголем репертоар на лекции елементи, ако толку е поголема можност да

поднесуваат апликација на свежо тактички комбинации.

4. Способноста да се изненадува, а потоа, неочекувано спроведување на

процесот во даден момент.

Врз основа на општите карактеристики на тактиката изложени, можеме да

видиме дека секој тактички задача претставува рамка која ги регулира односите

помеѓу два или повеќе играчи, но, исто така, рамка која обезбедува широк

интерпретација на слободата во играта.

Од топка е оној фактор што ги диктира правецот и брзината на соиграчи, а

вториот фактор претставуваат противници, планот предвидува патеки не можат

секогаш да бидат исполнети. Поради тоа е од суштинско значење тоа што

играчите имаат слобода во однос на решавање на делови од играта, затоа што во

пракса се докажува дека играчите кои имаат богата имагинација и способност за

доброволно решавање на проблемите кои се јавуваат, не успевајќи да се

спроведе многу повеќе успешно замислена планска игра.

10

Page 11: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Успешното спроведување на тактиката не може а да не ги опфати

правилата на фудбалската игра. Ако ги анализираме досегашните еволутивни

промени на правилата, ќе констатираме дека тие оставиле свои белези врз

тактиката на фудбалската игра. Не е можно успешно спроведување на

тактиката без темелно познавање и применување на правилата на играта.

Денешниот современ фудбал потврдува дека во правилата на играта

постојат уште многу неискористени тактички можности, како и недоволното

познавање на правилата на играта од поедини фудбалери. Познавање- то на

правилото офсајд им овозможува на играчите големи тактички можности како

во напад така и во одбрана. Од одбранбен аспект офсајд правилото е многу

силно оружје кое ги оддалечува противничките играчи што подалеку од голот.

Со правилното и навремено поставување на офсајдот се постигнува двоен

ефект, и тоа:

• Прво, се прекинува противничката акција и

• Второ, противничките играчи се плашат од повторно фаќање во

офсајд, бегање што подалеку од голот и несигурна игра.

Можеме да наведеме безброј примери од недоволно познавање на

правилото пасивен офсајд да се прими или да не се даде гол.

Исто така, значајно е правилото на прекин на играта, кое овозможува

продолжување на играта и акцијата без претходен знак на судијата. Брзото

изведување на слободниот удар е важно затоа што не им дозволува на

противничките одбранбени играчи да ги заземат своите одбранбени места.

Не помалку значајно место во тактиката треба да добие аутот, како

единствен елемент кој им е дозволен на играчите да го изведат со раце.

Наведениот начин дозволува играчот да прими топка на противничката

половина иако нема пред себе најмалку двајца противнички играчи, како и

можност прецизно да се нафрли топката во шеснаесетникот.

Непознавањето на правилото на изведувањето на пеналот во текот на

играта може да има пресудно значење за екипата. Во текот на играта ако при

11

Page 12: Дипломска Фудбалот Во Р.М

изведувањето на пеналот се одбие топката од дирекот истиот играч нема право

да игра, а во пракса има случаи кога играчот игра.

3.2. Тактика зависна од техниката

Под поимот техника се подразбира успешно, рационално и креативно

владеење со топката во текот на натпреварот.

Убавината на фудбалската игра произлегува од техниката, без добра

техника нема да има никаква смисла примената на тактиката. Тактиката е во

најголема корелација со техниката, што е и логички. За да се изведе тактичка

задача, дури и наједноставна потребна е техника. Постојаниот напредок на

техниката во голема мерка влијаел на развојот на тактиката. Како техниката во

минатото се надградувала и усовршувала така се менувала и тактиката.

Денешната техника во голема мерка е рационализирана во однос на

техниката од минатото. Како пример можат да ни послужат двата

најприменувани елементи во фудбалската игра, додавањето и примањето на

топката. Наведените елементи денес се изведуваат исклучиво во движење, така

што играчот додека е во движење ја проценува моменталната ситуација на

теренот и пред да ја прими топката одлучува како и каде да го продолжи

нападот. Таквиот начин на игра е услов играчот полесно да изведе техничко-

тактичко-дејствие (те-та-деј), да го избере најрационалното продолжение на

акцијата, да го изведе додавањето или примањето на топката пред да биде

нападнат и др. Ако во минатото фудбалерот можел и имал доволно слободно

време во место да ја прими топката и да размисли на кого ќе ја додаде, во

денешниот современ фудбал тој е во постојан недостиг на време и простор. Во

сегашниот фудбал играчот треба да мисли пред да ја прими топката, а не да

мисли што ќе прави со неа откако ќе ја прими. Во денешната современа

фудбалска игра преовладува рационалната техника, а како резултат на таквата

техника се гради рационална тактика.

12

Page 13: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Ако се игра против екипа која игра на кратки додавања ќе

биде применета една тактика, а ако се игра со екипа која

претежно игра на долги дијагонални додавања тактиката на

игра ќе биде друга, тоа значи дека техниката ја диктира

тактиката.

Големата разлика во техника не може да се надомести со

добра так- тика, како што не може добрата техника да ја замени

слабата тактика. Тактиката не може да ја подобри техниката, но

затоа може во одредена мерка да надомести некои технички

недостатоци. Наведената констатација можеме да ја

поткрепиме со безброј примери каде што технички послаби

екипи победуваат многу подобри од себе.

За да го нагласиме големото значење на методското

совладување на фудбалската техника, си зедовме право да го

прикажеме најлошиот методски пристап наречен циркуско

совладување на техниката. Во современиот фудбал не може да

се достигне високо фудбалско ниво со играчите и со екипата

ако во тренажниот процес се застапени само прости

повторувања на вежбите, како што се во циркускиот тренажен

процес. За пример ќе ги земеме циркуските жонглери, кои се

виртуози во владеењето со топка. Нив можат да им позавидат и

најдобрите светски фудбалски техничари, но, сепак, тие не

можат да се натпреваруваат за фудбалска екипа. Не затоа што

не знаат да ја примат или додадат топката, напротив тие тоа го

изведуваат многу подобро од многу фудбалери, туку затоа што

нивната техника е совладувана во исти услови и во едноличен

тренажен процес без противник. Добиената техника со

наведениот циркуски тренажен процес е обична дресура без

креативност. Додека, во фудбалската игра техниката треба да

се совладува во разновидни и непредвидливи услови, во

ограничено време и простор, со постојано спротивставување и

13

Page 14: Дипломска Фудбалот Во Р.М

надигрување со противничките играчи. Истата законитост важи

и за нивниот тренер, кој може да создаде виртуоз со топка за во

циркус, но не и за фудбалски терен. За жал, и кај нас некои

тренинзи повеќе наликуваат на циркуска дресура отколку на

тренажен процес.

Во денешната современа техника секој контакт со топката

има цел да реши одредена индивидуална или колективна

тактичка задача. За какво било тактичко дејствие, дури и за

наједноставно, е потребна соодветна техника. Тоа значи колку е

поразновидна техниката и колку вежбата е поблиску до условите

на игра, толку поголема е можноста за креативно и успешно

спроведување на тактиката.

Денешните врвни европски екипи поседуваат приближно

иста техника и во нивните меѓусебни натпревари најчесто за

крајниот резултат одлучува соодветно избраната и успешно

спроведената тактика во текот на играта.

Ако противничката екипа е многу поквалитетна технички, ќе

треба да се игра со позатворена формација, претпазливо,

дисциплинирано, едноставно, рационално, борбено, каде ќе нема

изгубена топка и да не им се дозволува слободно примање на

топка. Ако натпреварот се игра со послаб противник од себе,

дозволено е надигрување со противничките играчи, но таквата

игра не смее да се злоупотреби или да се потценат

противничките играчи, туку надигрувањето да е во интерес на

целокупната тактика.

Од екипа која има слаба техника не може да се бара да

спроведе тактика во која ќе дојде до израз креативното

надигрување во текот на натпреварот. При изготвување тактика

за одреден натпревар треба да се тргнува од техничките

способности, а не од желбите. Необјективните жел6и на

14

Page 15: Дипломска Фудбалот Во Р.М

тренерот можат да го нарушат стилот и ритамот на екипата и да

доведат до неповрзана и хаотична игра.

3.2. Тактика зависна од физичката подготовка

.

Слика бр.1

За да се спроведе успешна тактика и техника потребна

е соодветна физичка подготовка. Не постои играч кој не трча, но

колку трча, како трча, каде трча и колкав е ефектот од неговото

трчање се најбитните придонеси во текот на играта. Отсекогаш

брзината на трчањето и претрчаните километри влијаеле врз

15

Page 16: Дипломска Фудбалот Во Р.М

крајниот резултат. Меѓутоа, никогаш толку зна- чајно како во

денешниот современ фудбал. Не е никаква тајна дека

македонските фудбалери многу заостануваат во однос на

европските фудбалери во стартната брзина, бројот на

претрчаните спринтеви и во вкупно претрчаните километри. Не

само што постојат разлики во трчањето туку постојат разлики и

во навременото и рационалното трчање. Сето тоа е резултат на

неадекватен тренажен процес. Играта без топка за македонските

фудбалери како да не постои, за таква игра не се виновни

играчите туку целата вина паѓа на тренерите и нема никакво

оправдување за таквиот значаен недостаток во македонскиот

фудбал. Секоја чест на поедини фудбалери кои постигнаа и кои

постигнуваат врвни фудбалски резултати. Во голем процент

тактиката е зависна од моторичките способности на играчите,

таа е пресудна за екипите кои играат динамичен фудбал

проткаен со многу трчање, прелевање од една во друга зона,

скокови, менување места, преземање на играч, удвојување на

играч, лизгачки стартови, дуел игра и др. Многу тешко се игра

против екипи и играчи кои се добро подготвени затоа што

целиот натпревар од почеток до крај го играат со исто темпо, тие

навреме покриваат, за нив нема изгубена топка, таквите играчи

тешко прифаќаат да бидат надиграни, тие никогаш не се

помируваат со моменталниот резултат на натпреварот. Таквите

екипи многу често прават пресврти на крајот од натпреварот.

Ако противничката екипа кондиционо е подобро

подготвена, тактичкиот план треба да биде така поставен за да

не може да дојде до израз нивната подобра кондиција. Во таков

случај најдобро е да се примени игра со бавно темпо, каде

нападот ќе се гради со поголем број точни и течни додавања од

нога на нога. Или кажано со други зборови, ако не можат

играчите да трчаат "топката нека трча место играчите". Таквата

игра ќе овозможи да се намалат грешките во текот на играта кои

најчесто се проследени со многу трчања.

16

Page 17: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Ако се игра со послабо подготвена екипа, треба да се

форсира игра со многу трчање. Таквата игра треба да биде

проткаена со брзо пренесување на топката, чести менувања на

местата и тежиштето на нападот, постојано придодавање на

играчи од една во друга зона, стриктно чување на противничките

играчи, пресинг игра и др.

Најголемо влијание на сите промени во современата

тактика, од шеесеттите години на минатиот век до денес, даде

физичката подготовкa на играчите. Денес за квалитетен

фудбалер се смета оној кој игра во трите одбранбено-напаѓачки

зони. Денешните потреби и барања од фудбалерите се да играат

во трите зони, со постојано прелевање од една во друга зона во

текот на целиот натпревар. Само за такви фудбалери денес има

место во екипата, како и за фудбалери со натпросечна техника.

Ниеден современ тактички план не може да се спроведе без

постојано трансформирање, навремено покривање и игра во

трите простори. За да се спроведе наведеното неопходно е

постојано и долготрајно трчање, придружено со брзина и

брзинска издржливост.

Денешната современа тактика е во висока корелација со

физичката подготвеност, токму поради наведеното од

фудбалерите се бара да поседуваат: брзо менување на местата,

брзо втрчување во празен простор, навремено покривање,

навремено преземање на играч, брзо водење на топката, брзо

откривање, брзо трансформирање од одбрана во напад и

обратно. Наведените тактички барања на современиот фудбал се

во најголема корелација со физичката подготвеност на играчите.

Лесно е да се замисли техничко-тактички план со многу

трчање, но тешко е тој да се спроведе ако играчите немаат

адекватна физичка подготовка. Поради наведените причини

17

Page 18: Дипломска Фудбалот Во Р.М

потребно е објективно да се процени физичката подготвеност на

својата и противничката екипа за да не се наметне или да не се

прифати темпо со кое екипата самата ќе си наштети. наметне

или да не се прифати темпо со кое екипата самата ќе си наштети.

Селекторот на младата македонска фудбалска репрезентација

Бобан Бабунски, под чие водство надежите имаат одлична серија од

13 меча без пораз, ја објави стратегијата за создавање македонски

стил и модел на игра, кој многу на ликува на моделот на Шпанија. 

Градејќи свој стил на игра, своја идеја и интенција да се наметнат

модерните трендови во компактност на екипата на цел натпревар во

сите фази се обидуваме да спроведеме:

-Константна пресија по можност подлабоко во противничката

половина и одбрана, подалеку од нашиот гол.

- Синхронизирано и рамномерно придвижување на сите линии во

тимот во сите правци на нападот и одбраната и без разлика кој е

противникот, се настојува секогаш со истата офанзивна идеја во

секој момент на натпреварот, со голема концентрација и

подготвеност да се задржи концептот на игра.

-Неопходно е да се реализираат одредени активности или чекори во

однос на создавање на една победничка генерација која ќе може да

ја оствари целта , да се оди на некој завршен европски или светски

турнир.

-Нашата основна идеја , анализирајќи ги речиси сите натпревари во

изминативе 10 години на нашите селекции е ориентирана во:

Македонски модел за играч:

-Ќе мора да истрча преку 10 километри.

18

Page 19: Дипломска Фудбалот Во Р.М

-Ќе мора да изведе минимум 40-50 точни додавања (кратки, долги

топки, удари на гол, водење на топка, удари со глава, едноставно 50-

на активни дејствувања во допир со топка за време на натпревар).

-Во зависност од позицијата секој играч мора да работи во одбрана и

да одземе 5-15 топки од противникот.

- Напаѓачите да учествуваат во одбрана и во организација на игра,

покрај основната функција да даваат асистенции и голови.

-Играчите од одбраната мораат активно да учествуваат во

организацијата на играта и нападот покрај дефанзивните функции.

-Средните играчи како најуниверзални ќе мора да ги извршуваат

сите овие задачи како и голманот кој мора да биде постојано

активен и во движење. Да биде господар во 16-тникот и да реагира

на сите нафрлени топки, да биде прв во иницијативата да се

расчистат или да ги прифати.

-Македонскиот репрезентативец мора да демонстрира огромна

желба за работа, иницијатива за офанзива и дефанзива, огромна

желба за надигрување и победа со цел да ја мотивира но и забавува

публиката која што доаѓа на натпреварите и да биде во носечка

улога на самиот меч без оглед на името и рејтингот на противникот.

-Македонскиот репрезентативен модел на играч мора да поседува

најмалку два високи стандарди за постигнување врвни резултати:

Талент, техника, физичка подготовка,позитивен ментален карактер.

3.3 ТАКТИКА ЗАВИСНА ОД ДИМЕНЗИИТЕ НА ТЕРЕНОТ

19

Page 20: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Покрај тоа што димензиите на теренот се дефинирани со

меѓународни и домашни стандарди, сепак, сретнуваме покуси и

потесни терени. Ваквите разлики се резултат на дозволените

отстапки во плус и минус во должина и широчина на теренот.

Тоа значи дека правилата на фудбалската игра дозволуваат

играчите да играат на различна квадратура. При планирањето на

тактичкиот план треба да се земе предвид квадратурата на

теренот, особено ако таа е различна од теренот на кој постојано

се тренира и игра.

Пократкото и потесното игралиште ги згуснува играчите

на теренот и не дава можност да се развива играта течно со

прелевање на играчите од една во друга зона. Големата

концентрација на играчи на мал простор го отежнува

изведувањето на те-та-деј и доведува до многу прекини и

грешки, а сето тоа условува примена на специфична техника и

тактика. На таков терен препорачливо е да се применуваат

ниски, кратки и брзи додавања во движење, а да се одбегнуваат

водење на топката, дриблинзи и долги топки.

На голем и широк терен, пак, треба да се игра со долги

дијагонални додавања затоа што противникот не е во можност

добро да ги покрие сите делови на теренот. Ваквиот терен

најмногу им одговара на екипите кои физички се добро

подготвени и кои во своите редови имаат брзи играчи. Таквите

екипи имаат многу поголема можност да прикажат добра игра,

со високо темпо на трчање, со чести менувања на местата, со

долги и дијагонални додавања, со постојано прелевање на

играчите од една во друга зона, како и игра со контри и

полуконтри. Наведениот терен овозможува да се применуваат

ненадејни напади, втрчувања во празен простор, чести

вкрстувања и игра без топка. Со други зборови, постојат услови

да се игра динамичен фудбал проткаен со многу шанси и удари

на гол. Тоа значи дека терените кои се одликуваат со голема

20

Page 21: Дипломска Фудбалот Во Р.М

должина и широчина бараат многу повеќе трчање, односно

многу подобра кондиција.

Друг фактор кој е значаен, а не е врзан за димензиите на

теренот е визуелниот впечаток што го добиваат играчите ако

играат на стадион со или без атлетска патека. Терен на стадион

со атлетска патека секогаш изгледа поголем од постојните

димензии, а стадион кој нема атлетска патека, каде гледачите се

речиси до самиот терен, изгледа многу помал од постојните

димензии. Покрај тоа што нема разлики во димензиите на

теренот, блискоста на публиката до играчите носи значајни

предности на домашната екипа. Играчи кои не се навикнале на

толку близок контакт со публиката се чувствуваат неприродно,

невообичаено, тешко се ориентираат и адаптираат на таквиот

терен.

Во текот на доминацијата на 3-5-2 во арената фудбал, 4-4-2 беше

неговиот единствен ривал. Ариго Саки на Милан донесе новата

верзија на 4-4-2 во светот на фудбалот во доцните 80 години.

Почетокот на трансформацијата на 3-5-2 4-4-2 да започна по Евро

92. Многу тимови во Серија А почнаа да играат модерен 4-4-2 како

на италијанскиот национален тим.

По Светското првенство 94, модерен 4-4-2 стана водечки формации

во светот. Постојат различни верзии за тоа биле во сегашноста и

стратегии на тимот и играчи.

Различни делови на игралиште

Пред да продолжам со теоретските аспекти на системот 4-4-2, ајде

да погледнеме во областа поделби.

Како што е прикажано на слика 1 фудбалско игралиште е поделена

на 3 дела трансверзално (Дел А) и 3 дела по должината (дел Б).

21

Page 22: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Слика 1.

Во дел А, во дефанзива 1/3 е најважниот дел на одбраната. Сите

принципи се применуваат во областа на одбраната. Средината 1/3 е

од областа на напад и играчи од средниот ред мора да ги покрива

областа за време на одбраната. На напаѓање на третиот дел, во кој

тим се применуваат принципите на нападот.

Трето во делот Б од два типа, централните и странични.

Централниот дел е најважниот дел од кои имаат одбранбени играчи

за да се покријат во текот на одбраната. Странични делови се од

вториот значење. Во напаѓање на напаѓачите се користи од страна

позиција, да го извлече од средината на одбранбени играчи. Исто

така, странични 1/3 се користат за да ја фрлаат топката во

шеснаесетникот (centaršutevi), каде што одбранбени играчи не се

дозволени грешки.

По мешањето делови А и Б, ќе го добиеме дистрибуција на слика 2

како што е илустрирано, видете 9 зони.

22

Page 23: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Слика 2.

Теоретска основа на 4-4-2 наспроти 3-5-2

На теоретските основи на нови 4-4-2 во поделбата се гледа во 9 зони

на слика 2 Постојат два аспекти на недостатоците на 3-5-2 систем.

Првиот аспект е достапноста зони. Бидејќи системот исполнува

повеќе зони, толку подобро. Друг аспект е опфатен во текот на

одбраната и поддршка во нападот. Овие два аспекта на модерната 4-

4-2 систем.

Како што можете да видите на сликата, типична 4-4-2 опфаќа повеќе

зони од 3-5-2. Странични играчи од средниот ред има повеќе

поддршка во системот 4-4-2.

Слика 3.

23

Page 24: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Слика 3 се види дека на играчи во 4-4-2 страна се поддржани од

странични дефанзивци, а 3-5-2 страна играчи од средниот ред во

сите три области немаат латерална поддршка

Овие податоци се целосно видливи во следната

табела:

Формација       Вкупно покриени зони

Вкупно играчи на странични1/3

Вкупно играчи на надолжно централната 1/3     

Вкупно играчи во одбрана 1/3 

Вкупно играчи во средина 1/3     

Вкупно играчи во напад 1/3

3-5-2 5 2 8 3 5 24-4-2 7 4 6 4 4 2

Анализа на линии

Во овој дел, анализа на линии ќе бидат опишани основната идеја на

улоги формации, играчите во одбрана и напад. Исто така е јасно

играчите улоги се разликуваат од тренер да тренирам и зависи од

системите на противникот и сорти формирање.

Го свртиме нашето внимание на стандардот 4-4-2. Како што се гледа

на слика 3, ние разликуваме три линии на формирање.

3.4 . Тактика зависна од квалитетот на теренот

Покрај тоа што пропозициите принудуваат тревнат

терен, тоа не значи дека терените ќе бидат квалитетни. Терените

на кои се играат натпреварите кај нас можат да бидат рамни и

меки со идеални услови за игра, како и тврди, нерамни и лоши за

игра. Рамните, меките и добро подготвените терени

претставуваат идеална површина за игра бидејќи не влијаат на

промената на насоката на топката. Условите на теренот во

најголем дел го диктираат темпото и квалитетот на играта, дури

техниката на совладување на топката е поинаква.

Играчите кои играат на тврд и нерамен терен не смеат да

дозволат топката да падне на подлога, а потоа да играат со неа

24

Page 25: Дипломска Фудбалот Во Р.М

затоа што не ќе можат да предвидат каде и колkу ќе отскокне

топката. Тврдиот и нерамен терен бара од играчите да бидат

постојано претпазливи и преокупирани со условите во кои се

игра натпреварот за да не бидат изненадени. Таквиот терен

доведува до ненадејно отскокнување и движење на топката.

Исто така поради опасност од повреда играчите избегнуваат да

користат падови и лизгачки стартови.

Тврдиот и нерамниот терен условуваат играчите

натпреварот да го играат со гумени крампони.

1. Мерки за теренот на игра

Теренот мора да има форма на правоаголник. Должината не смее

да биде поголема од 120 метри ниту помала од 90 метри.

Најголемата широчина на теренот е 90, а најмала 45 метри. За

меѓународни натпревари теренот не смее да биде подолг од 110

метри ниту пократок од 100 метри. Широчината не смее да биде

поголема од 75 метри ниту помала од 65 метри. Во секој случај

должината мора да биде поголема од широчината.

2. Обележување

Теренот мора да биде обележан со линии кои се гледаат но не се

пошироки од 12 сантиметри. Линиите не смеат да се ископуваат во

форма на V.  Долгите гранични се викаат надолжни а пократките ги

25

Page 26: Дипломска Фудбалот Во Р.М

нарекуваме попречни линии. На секој агол од теренот мора да се

постават знаменца на копја од заоблен врв на височина најмалку од

метар и половина од земјата.  Тие мора да бидат оддалечени од

надолжните линии најмалку еден метар. Средината на теренот мора

да се обележи со средишна линија, средината мора да се означи со

видлив знак окулу кој треба да се опише круг со пречник од 9.15

метри.

3. Голмански простор

На двете страни од теренот на растојание од пет ипол метри од

внатрешната страна на секоја статива од голот мора да се повлечат

две линии под прав агол на попречната линија. Линиите што

влегуваат во теренот на длабочина од пет ипол метри треба да се

спојат со линијата што оди паралелно со попречната линија. 

Вака одбележаниот простор се вика голмански простор.

4. Казнен простор

На секоја попречна линија, на оддалеченост од шеснаесет метри, од

внатрешната страна на стативите, мора да се обележат две

внатрешни должни линии. Овие линии се пружат шеснаесет ипол

метри во длабочина на теренот и мора да бидат споени со меѓусебна

линија што оди паралелно со попречната линија. Одбележаниот

простор се вика казнен простор. Во секој казнен простор, 11 метри

од средината на голот со замислена права линија на видлив начин е

одбележано место за пенал.

Ова место мора да се опише надвор од казнениот просторен лак со

полу пречник од 9.15 метри.

5. Аголен простор

Од копјето на знаменцето на аглите внатре во теренот треба да се

опише четвртина од кругот со полупречник од еден метар.

6. Гол

На центарот на секоја гол линија се поставени головите, составени

од две вертикални стативи на еднакво растојание од аголното

26

Page 27: Дипломска Фудбалот Во Р.М

знаменце споени со хоризонтална греда на горните краеви.

Растојанието помеѓу стативите е 7.32 метри а долниот дел на

стативата од каде што се спојува со гредата е 2.44 метри. Според

широчината на стативите и гредата толкава е и широчината на

надолжните и попречните линии. Стативите и гредата мора да бидат

бели освен во лоши временски услови (снег) тие мора да се во

маркирани бои црвено бела или црно бела, да бидат приметливи на

играчите и судиите. Тие може да се направени од дрво, метал или

друг одобрен материјал. Пресекот на стативите и гредата може да

биде квадратен,  правоаголен,  кружен или елиптичен и не смеат да

бидат опасни за играчите.

7. Фоторепортерска линија

Оваа линија го ограничува просторот каде што е дозволен пристапот

за фоторепортерите за време на натпреварот. Таа тргнува од точката

поставена најмалку 2 метри зад аголните знаменца. Оди кон точката

која се наоѓа 3.5 метри зад голманскиот простор за да се допре до

точката најмалку 6 метри зад стативите и гредата. Фоторепортерите

за време на натпреварот не смеат да го напуштат обележаниот

простор. Фоторепортерите не смеат да користат вештачко светло во

облик на блиц.

8.Комерцијално рекламирање

Не е дозволен никаков вид на комерцијално рекламирање и било да

е реално или виртуелно на теренот за игра, головите, мрежичките,

стапчињата со знаменца. Не е дозволено ни опрема како камери,

микрофони и т.н да се закачи на претходно наведените предмети.

Рекламите кои се поставуваат позади надолжните и попречните

линии мораат да бидат раздалечени еден метар од граничните линии

на теренот заради безбедност на играчите.

9. Мрежи

Мрежите може да се прицврстуваат на стативите и земјата но така

27

Page 28: Дипломска Фудбалот Во Р.М

што нема да му пречат на голманот за тој да има доволен простор за

движење. Дозволени се мрежи од коноп, најлон или сличен

синетичен материјал кој не смее да биде потанок од вообичајниот

коноп, односно лен.

3.5 . Тактика зависна од домашниот или гостинскиот

терен

Секоја фудбалска игра се игра или на домашен или на

гостински терен. Нормално, сека играта на домашен терен дава

секогаш подобри резултати. Домашниот терен носи значајни

предности како екипни така и поединечни. Таквиот терен

овозможува соодветна игра која одговара на димензиите на

теренот, квалитетот на теренот, ориентација на теренот,

добиените навики, самодовербата и др. Ако натпреварот се игра

на домашен терен многу полесно може да се спроведе својот

стил на игра отколку ако се игра во гости. Домашниот терен и

публиката придонесуваат да се зголеми самодовербата и желбата

за победа кај играчите. Публиката со постојаното навивање во

текот на натпреварот ги мотивира своите играчи да се надминат

самите себе и да играат напаѓачки, агресивно, одговорно,

самоуверено, решително и дисциплинирано. Екипата кога игра

на домашен терен треба да ја искористи предноста и да игра

офанзивно и на победа. Домашниот терен колку стимулативно

влијае кај своите играчи толку дестимулативно влијае кај

гостинските. Тоа ќе биде уште поизразено ако натпреварот се

игра на терен без атлетска патека затоа што овозможува

непосреден контакт на играчите со публиката. Блискиот контакт

дава можност гласното навивање и неодговорното однесување на

публиката да се пренесат на поедини гостински играчи и кај нив

да предизвика појава на збунетост и несигурна игра. На таквото

игралиште се добива впечаток како публиката да е присутна на

самиот терен. Таквиот контакт со публиката има големо

психолошко влијание на играта и резултатот и не случајно се

28

Page 29: Дипломска Фудбалот Во Р.М

вели дека домашната публика претставува “дванаесетти” играч.

Има и такви гостински играчи кои однапред се помирени со

пораз и одвај чекаат да заврши натпреварот.

Поради предностите што ги има домашниот терен, кога се

игра на гостински терен со екипа со ист квалитет треба да се

игра претпазливо и со засилен среден ред. А кога се игра со

многу послаба екипа од својата, треба да се игра

дисциплинирано и отворено за да дојде до израз квалитетот на

својата екипа и покрај предностите што ги носи домашниот

терен. Ако, пак, се игра со појака екипа, не треба однапред да се

прифати поразот, туку треба да се игра позатворена формација со

голема дисциплина во играта. Во фудбалот нема сигурен

победник затоа што постои и непредвидливиот “фактор среќа”.

3.6 . Тактика зависна од атмосферските услови

Најбитен фактор за успешна фудбалска игра е атмосверската

состојба. Бидејќи големиот фудбал се игра исклучиво на

отворен терен и во четири временски периоди, нормално е тој да

се игра на: дожд, сонце, ветер, магла, снег или комбинирано.

ДОЖД - Ако теренот нема добра дренажа а заврне многу

дожд условите за движење со топка и без топка се отежнати. Во

такви услови те-та-деј тешко се изведуваат. Поради лошите

услови не е дозволено водење и додавање на топката во 1/3, а

посебно враќање на топката до голман или игра во својот

шеснаесетник затоа што постои можност топката да застане во

насобраната вода.Во такви услови најдобро е да се откаже

натпреварот и да се презакаже друг термин за одржување на

утакмицата.

Ако се игра по дожд на добар терен со дренажа, водата нема

да се собира, но теренот е лизгав. Тогаш се игра со куси и

средни додавања на топката на “нога”.Лизгавиот терен најмногу

29

Page 30: Дипломска Фудбалот Во Р.М

им одговара на ниските и борбените играчи, а посебно на

играчите кои се познати по лизгачките стартови. Исто така

голманот многу тешко ги фаќа лизгавите топки, затоа тој е

принуден да ги одбива, а секоја одбиена топка претставува

голема опасност да се погреши и прими гол.

Исто така има случаеви кога на теренот паднал многу дожд и

теренот станал каллив, тогаш не е препорачливо да се користи

игра на кратки додавања и водење на топката. На таков терен

контролата на топката е намалена, отежнато е водењето на

топката и многу често е застанувањето на топката во

насобраната вода или калливиот дел од теренот. На таков терен

треба да се одбегнува игра со ниски топки, а препорачливо е да

се игра со долги и високи додавања. Високите топки треба да се

примаат во фаза на лет затоа што топките кои отскокнуваат од

тревата тешко се контролираат.

СОНЦЕ - Иако сонецето е подобро од дождот, и тоа

предизвикува одреден степен на проблеми при ирањето на

фудбалската игра и при изборот на гол треба да се има предвид

положбата на сонцето и времето кога се игра натпреварот.

Сонцето има штетно вликание како на играчите така и на

гоманот - сонцето го отежнува успешното бранење на голманот,

па затоа голманот високите топки со поглед кон сонцето треба да

ги отстранува на наједноставен начин со боксување или

одбивање . Бидејќи сонцето доведува до кусо “заслепување” и до

можна грешка, играчите кои играат спроти сонце треба да

избегнуваат високи додавања на топката. Зависно од наведените

фактори се бира гол при кој на играчите сонцето ќе им биде зад

грб или во лице. Исто така, треба да се процени дали во второто

полувреме со спуштањето на сонцето пониско повеќе или

помалку ќе им пречи на играчите и голманот. Откако ќе се

процени кој гол носи предност, тренерот и капитенот одлучуваат

која страна да се избере.

30

Page 31: Дипломска Фудбалот Во Р.М

ВЕТЕР - Ветерот е еден од многубројните фактори кои

имаат значајно влијание врз тактиката на играта. Неговото

влијание произлегува од можноста да ја менува насоката на

топката и нејзината брзина. Ветровитото време има големо

влијание на начинот на играње, тоа ги отежнува точните

додавања на средните и долгите топки, а посебно високите.

Екипата која игра со ветер треба да ја искористи помошта од

ветерот и да изведува удари на гол од големи далечини така при

ветровито време треба да се користат ниски и куси додавања на

топката. Екипа која игра против силен ветер треба да игра на

куси и ниски додавања и да одбегнува додавања и исфрлања на

долги и високи топки од својот шеснаесетник, затоа што постои

можност ветерот да ја врати топката во сопствениот

шеснаесетник и гол. Зависно од насоката на ветерот, летот на

високите и долгите топки може да биде продолжен, скусен или

променет во несакана насока. Постојат екипи кои многу успешно

играат со помош на ветер, затоа што во текот на играта играат

многу дис- циплинирано и максимално се придржуваат на

законитостите на ветерот.

СНЕГ - Снегот во голема мерка ја отежнува играта и ја

ограничува можноста да се прикаже добар фудбал. Зависно од

висината на снегот и од моменталната температура, постои

можност снегот да се лепи за топката и таа да застанува. Во

текот на играта ќе се појават многу нерамнини кои ќе го

отежнуваат додавањето на топката, а кога на сето тоа ќе се

додаде и лизгавата површина условите за игра ќе бидат речиси

невозможни. Во такви услови препорачливо е да се игра

претежно со додавање на високи топки, но и високата топка ќе

мора да се спушти ниско долу. Во секој случај снегот создава

многу проблеми во текот на играта и затоа можностите за

грешки се големи. Кога теренот е покриен со тенок слој снег, а

31

Page 32: Дипломска Фудбалот Во Р.М

натпреварот се игра на ниска температура играта е отежната

поради лизгавата површина. За да се намали лизгавоста играчите

треба да играат исклучиво со гумени крампони. На таков терен

нема сигурна топка и течен напад, туку можни се чести грешки,

затоа играчите треба да бидат подготвени на секакви

изненадувања. Таквиот терен многу ги заморува играчите, затоа

треба да се внимава на составот на екипата. За таков терен

екипата треба да биде составена од силни, храбри и добро

физички подготвени играчи, а не од добри техничари каде што

тешко може да дојде до израз нивната техника. Има играчи кои

многу повеќе можат да дадат во тешки услови на снег отколку на

сув терен. Снежните услови многу повеќе им одговараат на

физички подготвените играчи отколку на добрите техничари.

Исто така, снежните услови многу повеќе им одговараат на

пониските и постабилните играчи, како и на играчите кои играат

едноставно, борбено и дисциплинирано, придржувајќи се на

тактичките задачи од тренерот. Затоа нема да биде никакво

изненадување ако од екипата отпаднат најдобрите техничари, а

во составот се најдат играчи кои во претходните натпревари не

биле ниту во резервниот состав.

МАГЛА - Кога се игра во услови на дозволена магла со

намалена видливост треба да се одбегнуваат долги додавања на

топка, а да се изведуваат што е можно повеќе удари на гол од

разни далечини и агли.

3.7 . Тактика зависна од техничко-тактичките дејствија

Денешниот современ фудбал во голема мерка ја користи

науката за да дојде до нови и рационални сознанија кои ќе може да

32

Page 33: Дипломска Фудбалот Во Р.М

ги применува во поставувањето и спроведувањето на тактиката на

играта, како и подобрувањето на ефикасноста на играта. Во

минатото влијанието на поедини факторите врз ефикасноста и

резултатот на играта беа проценувани од “око” или по интуиција.

Во достапната литература наидовме дека врз тактиката на

фудбалската игра значајно влијание имаат физичката и техничката

подготвеност, но колкаво е нивното влијание и дали е статистички

значајно нигде не наидовме. Единствено истражување каде што е

докажано влијанието на техничко-тактички дејствија врз успехот

на фудбалската игра го има извршено Д-р Вангел Симев.

Во неговото истражување со регресивна анализа издвоени се

5 (пет) фактори кои имаат статистички значајно влијание врз

успехот и тактиката на фудбалската игра, а тие се:

1. Број на точно изведените удари на гол;

2. Бројот на брзите напади;

3. Бројот на создадените шанси за гол;

4. Бројот на одземените топки во втората зона и

5. Бројот на смислените офанзивни акции.

Под поимот течничко-тактичко дејствие се подразбира

изведување на одредена одбранбена или напаѓачка акција во услови

на игра. За било која техничко-тактичка-акција е потребна техника,

кондиција и тактика, со други зборови техничко тактичките

дејствија претставуваат збир на физички, текнички и и тактички

способности. Во истражувањето техничко-тактички дејствија се

дефинирани како фактори. Кондициската подготовка и тактичката

спроведливост се во висока корелација

со техниката и техничко-тактичките дејствија за време на играта.

33

Page 34: Дипломска Фудбалот Во Р.М

5.

Во рамките на фудбалот како спорт, одбранбениот играч кој се наоѓа

во најоддалечениот дел од теренот има задача да го спречи

противничкиот напад. Постојат четири типа на одбранбен играч -

централен бек, дефанзивец поставен во среден ред, дефанзивец кој ја

држи целосната дефанзивна линија и страничен бек. Позициите на

централниот бек и дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна

линија се од суштинско значење во повеќето современи формации.

Улогите на дефанзивецот во средниот ред страничниот бек се повеќе

специјализирани за одредени формации.

Одбранбен играч (во белиот дрес), поставен пред противничкиот

играч да го спречи нападот.

5.1. Централен бек

Задачата на централниот бек ( т.н. последен играч, централен

дефанзивец или стопер) е да се спречи противничките играчи

( напаѓачи ) да постигнат гол и да ја изнесат топката од својот

шеснаесетник. Како што и самото име кажува, тие играат во

централната позиција. Позицијата предходно се однесувала на

централната одбранбена половина. Кон почетокот на 20 век, кога

повеќето тимови ја користеле 2-3-5 формацијата,двајцата играчи во

улога на бекови биле познати како дефанзивци кои ја држат

целосната дефанзивна линија,а редот од тројца играчи пред нив била

34

Page 35: Дипломска Фудбалот Во Р.М

познат како среден бек. Со текот на времето формациите се

менувале и централниот играч од ова трио преминал во поголема

одбранбена позиција, а со тоа го преземал називот среден бек.

Левиот и десниот играчи од ова трио биле наречени лев и десен

среден бек.

Во модерниот фудбал, повеќето тимови вклучуваат двајца

централни дефанзивци позоционирани пред голманот. Постојат две

главни одбранбени стратегии кои ги користи централниот бек –

зонска одбрана кога централниот бек покрива одреден дел од

теренот, и маркирање човек – на – човек кога секој централен бек

има задача да покрие одреден противнички играч: Основни задачи

на централниот бек се

Преглед на закани во непосредната околина (зонски одбрана)

или маркирање одреден противнички играч.

Стартување над противнички играч како последна начин на

одбрана од противникот.

Блокирање опасни вкрстувања, удари и додавања кои

претставуваат опасност за тимот.

Спречување на противнички корнери и останување во

противничкиот казнен простор при изведување на корнери или

удари со глава.

Да се формира тактичка постава на тимот. Тренерите изберат

дали да ја постават линијата на одбрана длабоко во својата

половина или со поофанзивна формација. Изборот на

дефанзивна линија е од голема важност за тактиката во

професионална игра. Начинот на одбрана кога линијата е

длабоко во својата половина се смета за поконзервативен

пристап, меѓутоа, тоа исто така значи дека играчи од средниот

ред треба да покријат поголем дел од теренот во текот на играта

и ризикуваат да ја отстапат средината на теренот на

противничките играчи. Високата дефанзивна линија овозможува

35

Page 36: Дипломска Фудбалот Во Р.М

да се истера противничкиот тим на негова територија и да се

изврши притисок кога има шанса за гол, сепак, го остава

напаѓачки тим ранлив на контра напади од брзите противнички

играчи.

Одржување дефанзивна позиција. Поради појавувањето на

офсајд правилото во модерниот фудбал, одбранбените играчи и

централните бекови особено треба да се осигурат дека

одбранбените линија е поставена пред противничките играчи

кога се во непосредна близина на голот. Одбранбениот играч кој

стои малку позади одбранбената линија, може на пример да

"игра" како противнички играч и ненамерно креира можност

противниците да дадат гол.

Играње едноставна игра. Поради нивната близина до голот,

централните бекови треба да избегнуваат премногу усовршена

игра и да изведуваат кратки и едноставни додавања кон нивните

соиграчи, како и да одбегнуваат додавања блиску до

одбранбената линија поради тоа што може да бидат изложени на

пресекување на топката од страна на противничките играчи.

Централниот бек повлекува посебен спектар на атрибути:

добра почеток на акцијата и способност за воздушни дуели за

да ги спречат топките во воздух.

Сила, способност за стартување и добар преглед на играта за

да ги спречи нападите еден на еден

Храброст и агресивност да дејствува и да се справува со

неочекувани закани.

Способност да се чита играта на противниците како и

предвидат нападите. Централните бекови треба да направат

баланс меѓу потребата да се справат со секој противнички напад

и потребата да одржуваат дефанзивна позиција.

Концентрација. Централните бекови треба да се фокусира на

задачата и да се осигураат дека правилно стартуваат на топката

кога ја одземаат и со тоа ја отстрануваат опасноста.

36

Page 37: Дипломска Фудбалот Во Р.М

Додавање. Под притисок, централните бекови да изведат

прецизни додавања за да ја префрлат топката до средниот ред.

5.2. Дефанзивец поставен во среден ред

Дефанзивецот поставен во средниот ред е поподвижен од

централниот бек со самото тоа што успева да ја исчисти топката

доколку противникот успее да ја навлезе во одбранбената линија.

Неговата позиција е подинамична од онаа на останатите одбранбени

играчи кои всушност се фокусирани на одредени играчи. Поради

ова, позицијата е понекогаш се нарекува Либеро (потекнува од

италијански збор што значи "слободен", употребен од спортскиот

новинар Џани Брера). Иако од дефанзивецот поставен во средниот

ред може да се очекува да повлече контра-напад, неговите

способности честопати се поврзуваат конкретно со дефанзивата. На

пример,во затворениот систем на игра, што се употребувал во

италијанскиот фудбал во 1960-тите години, дефанзивецот од среден

ред бил сконцентриран само на својата половина. Некои дефанзивци

од среден ред се движат нанапред и ја изнесуваат топката во

противничкото поле, додека другите ја пресекуваат акцијата и ја

уфрлаат топката во противничкиот дел без да направат старт. Во

современиот фудбал оваа дефанзивна позиција била многу ретко

користена, само некои од клубовите во големите лиги ја

применувале.

5.3. Дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија

Овој тип на одбранбен играч ја држи целосната дефанзивна линија,

по една од двете страни на теренот Нивната основна задача е да ги

спречи противничките играчи да ја преминат или пресечат топката

37

Page 38: Дипломска Фудбалот Во Р.М

да се врати назад во казнениот простор. Во некои одбранбени

системи, дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија

целосно е фокусиран на одреден противнички играч. Од повеќето

дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна линија се очекува да

повлечат напаѓачка димензија со навлегување во другата половина,

да навлечат вкрстување заедно со страничните играчи. Во

традиционалната 2-3-5 формација, двајцата играчи во дефанзивата

пред својот голман се сметаа како дефанзивци кои ја држат

целосната дефанзивна линија. Оваа формација речиси никогаш не се

користи во современиот фудбал, била заменета со одбрана од

четворица играчи, меѓутоа и понатаму се употребува поимот

дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија заедно со

централниот бек и со тоа ја зајакнуваат дефанзивната линија.

Традиционалниот дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна

линија во Англија обично е крупен, силен маж спремен да изведе

хакирање т.е. внимателно кошкање со противникот. Оваа тактика

била легализирана во Британија но не и во другите земји со што се

предизвикаа контроверзии особено откако играта станувала

популарна на интернационално ниво во педесетите години.

Тактиката денеска е официјално забранета во сите земји, а со тоа им

беше отворена вратата на новите различни одбранбени тактики.

Во современиот фудбал, дефанзивец кој ја држи целосната

дефанзивна линија има заземено офанзивна улога, што не е случај во

традиционалниот фудбал. [Крилната формација во форма на

дијаманд 4-4-2 му налага на дефанзивецот кој ја држи целосната

дефанзивна линија да покрие значителен дел и да се движи надолу

кон боковите. Некои од одговорностите на дефанзивецот кој ја држи

целосната дефанзивна линија се:

да обезбеди физички опструкција на противничките напаѓачи

со тоа што ќе ги оттргне во област каде што се безопасни. Тие

можат да маневрираат на начин кој го предизвикува

противникот да прекине со нападот кон централниот бек или кон

дефанзивецот од средниот ред со послаба концентрација кога

38

Page 39: Дипломска Фудбалот Во Р.М

малку е веројатно да биде подготвен. Инаку, маневрирањето и

интелигентното позиционирање може едноставно да го притисне

крилниот играч кон област каде има слабо влијание.

Водење на топката и изведување вкрстувања во казнениот

простор на противникот.

Фокусирање на страничните и останатите играчи од нападот.

Дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија обично

не учествува во акции во противничкиот дел. Сепак се стремат

кон брзо покривање на противничките играчи кои веќе ја

преминале дефанзивната линија . Меѓутоа, тие имаат за цел брзо

да се освојува со напаѓачки играчи кои весо лесни стартови од

страна. Меѓутоа сепка не е препорачливо цело време да се

фокусирани на противниците заради тоа што ризикуваат да им

се наруши тактиката.

Одржување на тактичка дисциплина со спречување на

противничките играчи да навлезат во одбранбената линија со

нивно ненамерно уфрлање во противничкото поле.

Овозможување додавање на страничните позиции, на пример

со создавање можност за дупли пас.

Во крилните формации, дефанзивецот кој ја држи целосната

дефанзивна линија треба да ги превземе улогите на двајцата

крилни играчи и иако одбранбената задача може да биде

превземена од играчите од средниот ред.

Дополнително , дефанзивецот кој ја држи целосната

дефанзивна линија кога напаѓа агресивно ги притиснува

противничките дефанзивци кои ја држат целосната дефанзивна

линија и крилните играчи длабоко кон нивната половина.

Нивното присуство во нападот ги приморува противниците да се

повлечат од средиштето, што може да го свртат во своја корист

Поради физички и технички барања кои ги налага нивнатга играчка

позиција, успешниот дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна

39

Page 40: Дипломска Фудбалот Во Р.М

линија мора да поседува одлични предиспозиции, кои го прават

прилагодлив на улогата на теренот. Многу од подвижните играчи

кои можат да играат на различни позиции на теренот се обично во

улога на дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија.

Добар пример за ова е капитенот на Интер од Милано,

Аргентинецот Хавиер Занети кој во својата богата кариера има

играно како дефанзивец кој ја држи целосната дефанзивна линија,

крилен играч и како играч од среден ред. Во современиот фудбал

дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија учествува со

прецизни додавања кога тимот преминува во контра напад.

Позначајни карактеристики на дефанзивецот кој ја држи целосната

дефанзивна линија се

брзина и издржливост за да одговори на предизвикот да ја

покрива целатта страна која ја бара од него дадената позиција.

добра работна навика и тимска одговорност.

способност за фокусирање и стартување како и претчувство

како ќе се изведува акцијата.

способност за добро пресекување на топката со цел да се

создаде можност за напад на неговиот тим со движење во

слободен простор.

способност за водење на топката. Повеќето од дефанзивците

кои ја држат целосната дефанзивна линија се одлични водачи на

топката и понекогаш се наоѓаат во улога на напаѓачи од втор

план.

играчка интелигенција. Како што е вообичаено за

дефанзивците, дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна

линија во текот на играта треба да одлучи дали да се движи во

близина на крилниот играч или да одржува дистанца. Оние кои

се во блиизна на играчите кои напаѓаат се повеќе изложени на

исфрлување од својата позиција, а со тоа може да остават празен

простор во одбраната. Брзо ослободување од топката со дупли

пас ќе овозможи слобдно место позади дфанзивецот. Поради

оваа слабост крилните играчи кои се сметаат за опасни се

40

Page 41: Дипломска Фудбалот Во Р.М

пратени и од дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна

линија и од страничниот бек. Со ова на дефанзивецот кој ја држи

целосната дефанзивна линија има можност за одржување на

дефанзивната линија.

5.4. Страничен бек

Страничниот бек е модерна варијанта на дефанзивецот кој ја држи

целосната дефанзивна линија, само што е повеќе сконцентриран на

нападот. Називот е добиен од спојување на значењето на "крилен

играч" и "дефанзивецот кој ја држи целосната дефанзивна линија".

Обично се употребуваат во 3-5-2 формацијата, и затоа може да се

сметаат за дел од средниот ред. Но, тие исто така може да се

употребат во 5-3-2 формацијата и со тоа добиваат повеќе

дефанзивни задачи. Во развојот на современиот фудбал,

старничните бекови се комбинација на крилни играчи и дефанзивци

кои ја држат целосната дефанзивна линија . Ова е една од позициите

кои бараат најголема физичка подготвеност. Страничните бекови

обично се посмели од дефанзивците кои ја држат целосната

дефанзивна линија и од нив се очекува да обезбедат простор особено

во тимовите кои играат без крилни играчи. Страничните бекови

мора да се многу издржливи, да бидат способни за додавања на

противничката половина и да ги издржат нападите

од противничките крила. Дефанзивниот среден играч има за задача

да го покрие страничниот бек кога тој преминува во напад

41

Page 42: Дипломска Фудбалот Во Р.М

6. ЗАКЛУЧОК

Спортската практика во фудбалската игра одсекогаш

настојувала да дојде до нови и што порационални сознанија, со кои

ќе се овозможи постигнување на подобри резултати. Од наведените

причини се одлучивме за оваа дипломска работа, се со цел да ги

проанализираме факторите кои имаат значајно влијание врз

тактиката и успехот на фудбалската игра. Од напишаното

произлегуваат следните заклучоци:

1. Адекватно избраната и дисциплинирано спроведената

тактика дава големи можности за успешни и ефикасно

користење на своите квалитети и попречување на

противникот да ги демонстрира неговите квалитети.

2. Тренерот- менаџерот изготвува соодветен тактички и

стратешки план граден на индивидуални, групни и екипни

техничко-тактички дејствија.

42

Page 43: Дипломска Фудбалот Во Р.М

3. Тактиката треба да се гради претежно врз своите и

противничките, техничко-тактички спсособности,

карактеристиките и спецификите на теренот каде што се

одигрува натпреварот, како и физичките способности на

играчите (антропомоторичките).

7. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Симев, В. (2005). Современа фудбалска тактика - Скопје.

2. www.fudbalskitrening.com

3. www. passagen.se

4. http://www.skolafudbaladif.com

5. http://www.kakopedija.com

6. проф. Ангелче Гусев Фудбал Правила на играта

43