62
УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ ИНСТИТУТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ПРИЧИНИ ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА (базирано на истражување со малолетници сместени во институција) -Дипломска работа - Кандидат : Ментор : Дамовски Андон 5075/07 Проф. Д-р Мариа Доневска Скопје , 2011г.

Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон Дамовски

  • Upload
    andon5

  • View
    2.870

  • Download
    4

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Дипломска работа, малолетничка деликвенција, причини,

Citation preview

Page 1: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

СКОПЈЕ

ИНСТИТУТ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

ПРИЧИНИ ЗА

МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА (базирано на истражување со малолетници сместени во институција)

-Дипломска работа -

Кандидат : Ментор :

Дамовски Андон 5075/07 Проф. Д-р Мариа Доневска

Скопје , 2011г.

Page 2: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 2

СОДРЖИНА

ВОВЕД.................................................................................................................................. 4

I.ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ .......................................................................................................... 6

1.ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА КРИМИНАЛНАТА ФЕНОМЕНОЛОГИЈА................ 6

2.МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА..................................................................... 8

2.1. Поим и значење на малолетничката деликвенција................................................... 9

2.2. Малолетник................................................................................................................... 10

2.3.Малолетнички криминалитет....................................................................................... 11

2.3.1. Малолетнички банди............................................................................................... 12

2.4. Социјално-патолошки појави кај малолетниците...................................................... 13

2.5.Најчести деликти кај малолетните деликвенти........................................................... 14

2.5.1. Имотни деликти........................................................................................................ 14

2.5.2. Деликти против животот и тело............................................................................. 15

2.5.3. Сексуални деликти .................................................................................................. 16

2.5.4. Сообраќајни деликти ............................................................................................. 17

3.ПРИЧИНИ ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА......................................... 19

3.1. Биолошки и психолошки причини............................................................................. 20

3.2. Социјални причини....................................................................................................... 23

3.2.1. Семејство................................................................................................................... 24

3.2.1.1. Воспитание........................................................................................................... 25

3.3. Училиште....................................................................................................................... 26

3.4. Група на врсници.......................................................................................................... 27

3.5. Економска состојба........................................................................................................ 28

3.5.1. Сиромаштија.............................................................................................................. 29

3.5.2. Миграција и урбанизација....................................................................................... 30

3.6. Слободно време............................................................................................................. 30

3.7. Мас-медиуми..................................................................................................................32

3.8. Исклученост....................................................................................................................35

Page 3: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 3

4.ПРЕВЕНЦИЈА ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА.................................. 36

II.ИСТРАЖУВАЧКИ ДЕЛ.............................................................................................38

1.МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ...............................................................38

1.1. Предмет на истражување............................................................................................38

1.2.Цели на истражувањето................................................................................................38

1.3.Задачи на истражувањето.............................................................................................38

1.4. Хипотези.......................................................................................................................39

1.5. Примерок......................................................................................................................40

1.6. Методи и техники на истражувањето........................................................................40

1.7. Место и време на истражувањети.............................................................................40

2. АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО................................ 41

2.1. Приказната за децата сместени во Заводот за згрижување,воспитување и

образование за деца и младинци “Ранка Миланoвиќ”- Скопје.....................................41

2.2. Социодемографски карактеристики на малолетниците.........................................43

2.3.Причини кои доведуваат до малолетничко престапништво....................................46

III.ЗАКЛУЧОК.................................................................................................................. 59

IV.КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА....................................................................................61

Page 4: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 4

ВОВЕД

За појавата на девијантното однесување кај децата и младите, многу е деликатно

да се говори, и пред тоа би требало да се запрашаме не за последиците, туку за

причините за овој значаен општествен проблем поради кој кај малолетниците доаѓа до

пореметување на општественото однесување и зошто тие имаат желба и потреба да ги

кршат општествено прифатените норми на однесување? Тие тоа најчесто го прават да

го изразат револтот спрема постоечката состојба во општеството и несогласувањето со

наметнатите начини на однесување, но неприликите и проблемите продолжуваат кога

тоа го прават непромислено, затоа што кога креативноста и побуната против

авторитетот ќе настапат место деструкција не можеме повеќе да говориме за

субкултура или контра култура како побуна против конформизмот.

Се почесто во медиумите, во црните хроники на нашите новини не се

споменуваат имињата на извршителите на кривични дела , туку се пишани само

нивните иницијали, заради тоа што скоро секојдневно се случува да законите ги кршат

личности помали од 18 години. “Малолетникот Н.Н ограбил продавница”...

“Малолетниците М.Д. и Т.М. обвинети за силување”... Оваквите наслови се повеќе ги

полнат рубриките на црната хроника . Речиси и да не помине ден а да во медиумските

извештаи не се најдат иницијали зад кои се крие дете- деликвент.

Деликвентното однесување како екстремен начин на асоцијално однесување,

има квалитативна разлика, специфични карактеристики према просечното и

пореметеното однесување, покрај тоа што е значајно поврзано. Со оглед на возраста и

низа други причинители ( био-психо-социјални, и многу други) кои се

карактеристични за децата, малолетничката деликвенција покажува одредени обележја

од кои произлегуваат потешкотиите во дефинирањето на самиот поим- малолетничка

деликвенција.

Нашето општество поради долго годишните политички и економски кризи,

посебно е во ризик. Сиромаштијата како преовладувачка состојба на населението, е

значаен ризичен фактор на различни неприфатливи однесувања кај младите.

Несигурноста низ која помина земјата , пропратена со интензивните миграциони

движења, допринеле да се влоши состојбата во сите општествени системи. Замјата ја

Page 5: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 5

напушта голем дел од образовното население во најпродуктивниот животен период,

доаѓа до внатрешна миграција , па релативно голем број од раселените и бегалците

мора да се прилагодат на новото, често неповолно. Тоа дополнително ги оптеретува

здравствените, образовните, социјалните и другите системи за грижа и заштита на

децата и младите со што се отвара простор за квалитативен и квантитативен раст на

неприлагоденото однесување.

Оптоварени со борбата за преживување, родителите често немаат време за своите

деца. Доаѓа до значајни промени и пореметувања во семејниот живот па семејството се

повеќе ја губи својата традиционална улога. “Во мода” се модели на однесување, по

кои лугето не избираат средства за да би дошле до целта. Тие на жалост се проектираат

и на тие најранливите- на децата.

Недостатокот од комуникација, помегу децата и родителите , пореметените

брачни односи , училиштето кое не ја остварува својата образовна а посебно воспитна

улога, криза во општеството... се се тоа причини поради кои трендот на малолетнички

криминалитет денес е во пораст, а малолетничката деликвенција станува сериозен

општествен проблем и во нашата земја.

Во Република Македонија се јасно видливи некои трендови поврзани за

малолетничката деликвенција . Тие трендови вклучуваат се поголем број малолетници

помлади од 14 години вклучени во извршувањето кривични дела и здружување на

малолетниците во организирани групи на сторители на кривични дела.

Сите наведени факти ме поттикнаа да за тема на оваа Дипломска работа го

одберам анализирањето на феноменот и причините на девијантно однесување, односно

“Причините кои доведуваат до девијантно однесување кај малолетниците сторители

на кривични дела”, гледано од социјален аспект. Во склоп на темата е реализирано

истражување, каде е приложен описот , предметот, целите, методите и техниките на

самото истражување. Дипломската работа завршува со заклучок во кои се елаборираат

релациите помегу хипотезите и варијаблите од истражувањето.

Page 6: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 6

I.ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ

1.ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ НА КРИМИНАЛНАТА ФЕНОМЕНОЛОГИЈА

Криминалната феномнологија е составен дел на криминологијата која се

занимава со проучување на појавните облици на извршени кривични дела и социјално-

индивидуалните својства на извршителите . Може да се каже дека криминалната

феноменолигијa, односно дескриптивното опишување на кривичните дела и

извршителите , од исклучување на сите други аспекти (етиолошки,криминалистички )

почнува науката за казнувањето.

Меѓутоа многу е тешко, речиси невозможно дескриптивно да се објаснат

кривичните дела и извршителите во сите облици на појавувања, при тоа да не се

помешаат други елементи , во прв ред етиолошки и криминолошки. Криминалитетот е

хетерогена појава која се манифестира во најразлични врснички облици. Поединечни

групи на кривични дела немаат речиси никакви врски и сличности. Појавните облици

на поединечни кривични дела покажуваат мегусебно значајни разлики:пр. (убиство од

користољубие,политичко убиство,убиство на дете при пораѓај, итн.). Токму поради ова

огромно богаство и разновиден облик во кој се манифестира криминалното однесување

станува неопходно проучување на различните облици на криминални дела, тука и

нивна регионална распространетост,временска дистрибуција,големина и тенденција.

Тоа е научното подрачје на феноменологијата1 на криминалот која ги проучува

појавните облици на деликвентите и ги опишува формите на поединечните кривични

дела. Истовремено ги проучува социјалните и личните особини на извршителите

начинот на кој живеат,нивните навики , а по мислење на многу криминолози дури и

нивниот посебен жаргон, трикови, празноверие итн. На тој начин криминалната

феноменологија обезбедува дескриптивна страна на криминалитетот а истовремено

допринесува подобро и покомплексно познавање на феноменот наречен криминал

посебно во поуспешна борба против него. (Чачева.В, 2007: 98)

1 Феноменологијата е една од различните концепти на модерната филозофија, која се состои од јасно

дефинирана структура и доктрина чии основни карактеристики можат лесно да се изразат и објаснат.

Page 7: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 7

Криминалната феноменологија со други научни дисциплини материјалната

основа ја опишува( криминални тактики,организирани банди,карактеристики на

извршителите на кривични дела ). Техника за издвоени кривични дела (џебна

кражба,крвен деликт,фалсификат) итн. На друга страна и криминалната етиологија2

поаѓа од самиот феномен на злосторството утврдувајќи ја на тој основ законитоста на

појаватата на одреден тип на деликвентно однесување во животот на поединецот

како и во животот на заедницата.

Питавел уште во HVIII век го направил првиот обид личните случаеви ,да

ги прикаже дескриптивно. Неговата работа во оваа област, денеска многу ја нарекуваат

како почеток на науката за криминалната феноменологија . Во склоп на криминалната

популација феноменологијата ги проучува деликвентите по нивните индивидуални

карактеристики и социјални обележја ( пол, возраст, социјална и друга припадност ).

Во типолошката класификација на криминалното однесување во научната и

стручната литература присутни се многу различни пристапи. Некои поделби поагаат

од степенот на општествена опасност, па нивната поделба ја делат на лесни и тешки

облици, други од законските подглавја и обликот на заштитените добра односно

вредности, трети од категоријата –деликвент. Постојат и класификации кон објектот

на кривичното дело ,потоа кон извршителот и слично. (Млаѓеновиќ.Р, 2001:57)

Секоја од овие горе наведени класификации има свои оправданија и

недостатоци. Не постои идеална феноменолошка класификација . Со оглед на тоа дека

манифестацијата на поединечните облици на криминалитет и својства на нивните

карактеристики, може да се каже дека подрачјето на криминалната феноменологија е

многу големо. Оваа дисциплина за предмет на свое истражување го има

криминалитетот како општествена појава чија суштина се наоѓа индивидуалното и

колективното деликвентно однесување.

2 Етиологијата во најширока смисла означува истражување на причините за одредени појави. Овој поим

потекнува од грчките зборови αἰτία (причина) и λόγος (збор, говор, наука);се користи во физиката,

психологијата, биологијата и другите науки со цел да се опишат причините за одредени појави, односно

зошто се јавуваат одредени појави.

Page 8: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 8

“Малолетноста е голема привилегија

предност во однос на другите фази од

животот на човекот,но истовремено

фаза оптоварена со многу ризици и

предизвици особено во развојот и

иднината на младата личност “

Нанев

2.МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА

Малолетничката деликвенција како посебна општествено негативна појава

претставува сериозен општествен проблем со кој денес се судираат, сите земји во

светот. Тежината на проблемот произлегува од обемот , структурата и динамиката на

кривичните дела што ги вршат малолетниците како и од тоа дека се работи за млади

лица кои со своето деликвентно однесување во голем број продолжуваат и како

полнолетни , возрасни луѓе. Ова се само основните сумирани акценти што ги

наметнуваат сите теоретски и практични расправи кон спречување и сузбивање на

причините и условите што доведуваат до вакви случувања.

Малолетничката деликвенција се издвојува во посебен вид на криминално

поведение на кое му се придава посебно внимание поради неговите бројни

специфичности. Во таа смисла на прво место се истакнува дека малолетниците се

наогаат во периот на созревање кога нивната психофзичка состојба се уште не е

целосно оформена . На малолетничката деликвенција и малолетните деликвенти ,

всушност започна да им се придава посебно значење откако се проби уверението дека

малолетникот не е возрасен човек , туку човек кој се развива во личност во

психолошки и психолошки замрсениот процес на созревање, односно дека поседува

такви особини кои во многу се разликуваат од оние кај возрасните.

Во споредба со криминалитетот на возрасните малолетничката деликвенција

според начините на извршување и штетните последици е од помала тежина.

Престапите почесто стануваат во обид : поретки се употребите на огненострело оружје

и остварување на заканите , а казнивите дела најчесто настануваат спонтано

Page 9: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 9

непланирано и инпулсивно. На малолетничката деликвенција и се посветува посебно и

поголемо значење и оттаму што претставува посебна општествена појава со оглед дека

во сите земји просечната старост на младите кои се оддаваат на ваквото поведение се

спушта се пониско.

2.1. Поим и значење на малолетничката деликвенција

Во самото определување на поимот малолетничка деликвенција, владее големо

шаренило кое денес може да се види од бројни термини што за означување на истата

суштина се среќаваат како во криминолошката така и во кривично-правната теорија

воопшто. Така покрај за нас најприфатливиот израз малолетничка деликвенција ова

криминолошко однесување се означува и како : малолетнички криминал,

малолетничко престапништво, воспитна-запуштеност; и сл.

Ни носителите на овие поведенија, не се поштедени од најразлични називи како

што се : криминалци , деликвенти, воспитно-запуштени малолетници , хулигани,

морално пропаднати малолетници и сл. Притоа и овде како и кај определувањето на

поимот криминалитет се оди во премногу екстензивно толкување на овој поим. Во таа

смисла е срочена и дефиницијата на Јошовиќ кој вели дека “ Престапнишкото

поведение на младите е секое поведение на поединец или на група на младите кое е

противопштествено,односно општествено неприфатливо т.е. се кое се кршат

правните и моралните норми на определено општесво и кои,кога тоа е општествено

видливо предизвикуваат спонтано или организирано општествено реагирање со

намера да се заштитат општествените добра и вредности како и самите актери

на тоа поведение”.( Стојаноски, Н. Сулејманов, З.2002, стр .387).

Ваквото широко сфаќање се заснова на проширувањето на поимот

малолетничка деликвенција на сите девијации во поведението на младите луѓе како

што се : социјална неприлагоденост во најширока смисла на зборот, скитање, пушење

на училиште, бегање од семејството од училиште и сл. поведенија кои често

излегуваат од рамки на законските лимитации како и оние активности кои се

инкриминирани со нормите на материјалното кривично законодавство. Во рамки на

овој концепт се среќава и поделбата на социјално неприлагодени младинци на

предделиквенти и деликвенти која во основ се базира на законска лимитација.

Page 10: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 10

2.2. Малолетник

Малолетникот е личност која се разликува од возрасните по степенот на

емоционалната и интелектуалната зрелост, свесност , постапки и одговорност за

своето однесување. Во законодавната пракса има различни пристапи и класификации

на престапниците, но тие обично се испреплетуваат во категорија млади( деца помеѓу

14 и 16 години живот) и постари малолетници ( деца помеѓу 16 и 18 години живот).

Поделбата се заснова на анатомската и псохичката развиеност односно

менталната зрелост на малолетната популација , односно реални основи на можните

складности на нивниот однос во поглед на усвојување и почитување на правните

моралните и општествените норми. Уважувајќи ги специфичностите на

кривичноправната теорија односно кривично правното законодавство спрема оваа

категорија има посебен третман, постапка , казненопоправни мерки и

ресоцијализација. Се смета дека таквиот пристап има научна подлога , бидејќи

структурата малолетно лице во споредба со возрасните е сосема различна. Тоа се гледа

во слабата развиеност на нервниот систем и психичките структури по различните

доживувања, емоционалната и социјалната незрелост. Сите веќе наведени елементи

битно влијаат во недоволно изразена свест и неизграден систем на чувства на

одговорности за одредена појава на однесувања и нивни можни последици.

Малолетникот припаѓа на старосната популација со интензивни емоции,

физички и сексуални промени кои се услов за социјално созревање. Во тој поглед

личноста манифестира облици на расположение, физички и интелектуално созрева ,

усвојува принципи на однесување и вредности кои не мораат секогаш да се вклопуваат

во вообичаените клишеа. Интензивните промени во развојот и однесувањето се

одразуваат на несогласувањата во семејството и социјалната средина притоа младиот

човек наоѓа поддршка во некој вид асоцијално однесување , но и однесување кое може

да стане негов модел на трајна негативна идентификација. Со тоа кај малолетникот

некои внатрешни психички својства се и опструкција , агресивност или повлекување ,

депресија и изолација повеќе изразени отколку кај другите малолетници.

Во социјалниот свет сите тие манифестации на односи или однесувања се и

форма на конфликт на генерации односно конфликт на вредности. Младите а особено

малолетниците спаѓаат во најричната група на деликвентно однесување, посебно на

Page 11: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 11

насилство. Тие сеуште немаат изграден идентитет,како индивидуален така и групен ,

па затоа лесно потпаѓаат под влијание на различни вредности, стил на живеење ,

културни обележја и вообичаената средина.

2.3. Малолетнички криминалитет

Криминалитетот е нејтежок облик на малолетничко престапништво,

карактеристичен по тоа што е застапен во криминологијата но и по обемот во

поединечните негови облици. Во современите движења на оваа општествена појава

воочливи се тенденциите на зголемен процент на застапеноста на малолетничкиот

криминалитет, и криминалните целини во делови со елементи особено на насилство

како и во некои нови организирани и колективни облици на криминалитет.

Влијанието на малолетничката деликвенција воопшто се разликува од земја до

земја. Во поединелни облици на криминалитет влијанието на малолетничката

деликвенција е нееднаков. Малолетниците највеќе вршат имотни деликти (најмногу

дела на кражба) и тој процент се движи околу 50%. Друга појава по застапеност се

сообраќајните деликти кои се предизвикани од факторот на неискуство но и на

посебна психоструктура. Трета карактеристика а и во поново време во пораст, се

сексуалните деликти , посебно кривичните дела за силување.

Мегутоа во некои облици на криминалитет малолетниците речиси и да не

учествуваат , особено кога е во прашање политичкиот криминалитет , дела против

службена должност. За малолетните криминалци во поново време е карактеристичен

зголемениот број на деликти на насилство и тоа не само поединечно туку и

колективно. Колективниот криминалитет кај малолетниците е повеќе присутен

отколку кај возрасните. Тоа е нормална појава со оглед фактот дека младите имаат

потреба за дружење и социјална комуникација, па спрема тоа и престапничко

однесување. Спрема некои сфаќања малолетничкото насилство на улиците

малолетниците го пренесуваат како модел на однесување од семејната средина , каде и

самите биле злоупотребени психички, физички и сексуално.

Како одраз на колективното престапништво се јавуваат разни видови на

спонтано полуорганизирано и организирано насилство.

Page 12: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 12

Спонтаното насилство најчесто се јавува во форма на изразен неред и организирани

примени на насилство кое самото по себе е цел. На пр.(спортски натпревари,

концерти). Полуорганизирани насилства особено се однесуваат на активности на

застрашување и рекетирање на ученици , крадење на работи, ситни кражби . Таквите

групи посебно ги малтретираат своите врсници во училиштата,дворовите, на улица,

како и во средината во која живеат . Организираното насилство на малолетниците се

спроведува во структурни малолетнички банди.

2.3.1. Малолетнички банди

Малолетничките банди претставуваат посебен вид на престапничко однесување

кое е карактеристично по специфичниот систем на вредности и подкултура

(организирање на живот , однесување ) кои ги одвојуваат и доведуваат во конфликт со

општествените вредности и норми. Малолетничките банди се одликуваат со

реализација на индивидуални цели кон групно однесување. Во групата се стекнува

углед и престиж и исполнување на специфични облици на солидарност (пријателство,

колективен дух и заедничко убедување ). Членовите се избираат и примаат во

групата само ако се спремни да прифатат посебни правила на однесување и систем на

вредности на деликвентната група . Ваквите групи се исклучиво карактеристични за

градските средини, стилови и култури . Имаат утврдена форма на организација ,на чело

се наога “лидер “- водич што на неформалната група му обезбедува единство ,влијае

на формирањето на ставовите и правилата на дисциплина.

Традиционални карактеристики на малолетничките банди се :

Членство на иста етничко, расно и

социјално потекло кои потекнуват од

дезорганизирани семејства од приградски

населби ;

Почитување на вообичаените норми на

бандата ;

Кохезија помеѓу членовите;

Page 13: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 13

Солидарноста и другарството се

искажуваат во насилни акции;

Целите ,улогите и одговорностите се

јасно дефинирани правила на бандата;

Постои утврдена хиреархија и

установена одговорност;

Просторот на делување е под контрола

на малолетничката банда ;

2.4.Социјално-патолошки појави кај малолетниците

Во структурата на малолетничката деликвенција по големината во

општествените последици, социјалните патолошки појави се пред криминолошките и

останатите видови на престапништво. Тие се во таа мера изразени во малолетничката

популација да примаат обележја на болест поврзани за младоста, особено кога се

зборува за алкохолизмот, наркоманијата, проституцијата. Влијанието на алкохолот и

наркоманијата по здравјето на младите е видно изразен во споредба со возрасните.

Медицината има утврдено дека организмот на младите од десет до дваесет пати е по

осетлив на овие средства и дека тие директно влијаат на нивното здравје. Покрај тоа,

што се јавуваат пореметувања во метаболизмот и нервниот систем, последиците се и во

слабата концентрација, пореметување во мислењето, и низа други пореметувања кои се

одразуваат на човечкиот карактер.

Организмот под дејство на алкохол и наркотици кај младите доведува до

недоволна самоконтрола и навика која девијантното однесување го претвара во

нормално и секојдневно. Проблемот со наркоманијата кај младите не е само во болеста

и тоа што таа го има како непосредна последица по личноста. Проблемот се

манифестира и во социјални последици кои имаат ставови кај младата популација и

деликвентната личност и спрема нив имаат таков практичен однос.

Алкохолизмот мегу младите постепено поприма размери на епидемија. Сите

статистички податоци за потрошачката на алкохол и истражувања укажуваа на тоа

дека оваа појава е најмногу распространета помегу младите. Некои податоци говорат

Page 14: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 14

дека еден од осум момчиња под 25 години и една девојка од 25 години од иста возраст

конзумираат иста количина алкохол која е штетна по здравјето.(Тодоровиќ.А,1995:58)

Овака раширената појава на алкохолизам мегу младите има и субјективна

страна на карактеристичната возраст. Во тој период алкохолот за човекот е средство за

ослободување од страв, страм и модел за потсмевање на зрелите личности. Слична е

и состојбата и со другите социо-патолошки појави. Податоците за распространетоста

на проституцијата покажуваат дека во најтешките облици на проституција ( улична) се

занимаваат прежно млади жени.

2.5. Најчести деликти кај малолетните деликвенти

Сите научни дисциплини кои се занимаваат со малолетничката деликвенција

имаат ист став, дека малолетничката деликвенција битно се разликува од

деликвенцијата кај возрасните. Малолетничкиот криминалитет видно е застапен во

вкупниот криминалитет. Во современите движења се воочува се поголем процент на

малолетнички криминалитет кој се разликува од земја во земја. Во поединечни облици

на криминалитетот, уделот на малолетничката деликвенција е нееднаков. Најчести

деликти кои ги вршат младите се : имотни, деликти против животот и телото,

сексуални деликти, сообраќајни деликти и останати. ( Јошкович.Ж, 1991:252)

2.5.1. Имотни деликти

Имотни деликти се нарекува онаа група на кривични дела на кои им се

загрозени личните права на граганите и другите правни субјекти. Овие деликти спаѓаат

во групата на класичен криминалитет. По големината претставуваат најбројна група на

кривични дела. Имотните деликти спрема видот можеме да ги поделиме на : класични

деликти, деликти со елементи на физичко насилство, деликти без мотив.

Во класичните имотни деликти спаѓаат сите видови на кражби и други облици

на незаконско присвојување на туѓи работи. Најчесто кражбите се случуваат по

трговските центри, во затворени простории а према начинот на извршување најбројни

се т.н. џебни кражби. Спрема видот малолетните деликвенти може да се поделат во

професионални и непрофесионални видови.

Page 15: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 15

Непрофесионални видови се сметаат повремените и пролазните случаеви,

авантуристичко однесување на малолетниците во кражбите на објекти со степен на

помал ризик, а професионалните видови се онии чии кражби се вршат континуирано и

се со мотив на користољубие.

За тешка кражба се смета кражба зад затворени врати, обивање или

провалување , кражби за време на елементарни непогоди , како и кражби на опасен

начин –кога покрај начинот на извршување на делото објективно би можел да биде

загрозен и животот на други личности.

Деликтите на кражба, особено ситните и обичните се специфични по два битни

фактори на влијание. Едниот се однесува на примарноста на појавата и почетоците на

создавањето на криминалната кариера, а другиот се однесува на егзистенцијалната

потреба – т.е оние причинители кои ја навеле личноста на криминалитет поради

сиромаштија, беда .

2.5.2. Деликти против животот и телото

Сите облици на криминалитет се во одредена смисла насилство. Битни

обележја на насилство се подлежноста кон иживување без одреден повод,

принудување на друг да трпи такво однесување со што тешко се повредува неговото

достоинство или се загрозува неговиот физички интегритет. Во деликти на насилство

спаѓаат т.н. крвни деликти, повреда на телесното здравје (тешки и лесни телесни

повреди ) и други извршени деликти каде се применува сила. ( Јошкович.Ж, 1991: 253)

Под поимот крвен деликт се подразбираат кривични дела кои се насочени

против физичкиот интегритет на личноста, деликти извршени со примена на сила и

насилство. Во оваа област спагаат сите облици на дела кои за последица имаат смрт

или телесна повреда. Најтежок облик на крвен деликт се убиствата и тешките телесни

повреди.Такви дела може да бидат извршени со различни средства : физички, психички

непосредно или посредно. Најтежок деликт од споменатите групи на кривични дела е

убиството.

Убиството е еден од најстарите човечки гревови. Кај сите убиства, насилството

е доминантно средство но постојат и посебно тешки, квалификувани облици на

насилство кои за последица имаат убиства на свиреп (мачење на жртвата ) и подмолен

начин( убиство на дете, бремени жени и убиство на повеке луге). Во крвни деликти се

Page 16: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 16

вбројуваат и сите облици на нанесување на телесни повреди , особено на тешки

телесни повреди и повреди кои за последица имаат одреден степен на физичко

оштетување , инвалидност или смртност.

Покрај тоа и некој други деликти како учествување во тепачки со опасно

оружје, насилство, напуштање на изнеможтени лица без помош во состојба кога им е

загрозен животот и здравјето, наговарање на самоубиство се сметаат деликти кои

непосредно или посредно имаат елементи на насилство.

2.5.3. Сексуални деликти

Сексуалната деликвенција е појава која ги преминува облиците на природноста

и доброволноста на партнерот во сексуалниот однос. Тоа е комплексна појава чија

суштина произлегува од поединечното однесување на учесникот на деликтот и односот

на жртвата. Кривичните дела против слободното одлучување за полови односи

секогаш представувале појава со сериозна општествена реакција , но и проблем во

кривично- правните системи.

Во општа смисла, сексуалнните деликти се специфични по степен на моралната

изопаченост, висок процент на т.н. темни бројки, изразен рецидивизам и

карактеристики на причината. Специфичните фактори на оваа појава деликвенција, е

во тоа што , за разлика од другите облици во нив доминираат субјективни чинители,

пред се причини поврзани со личноста на извршителот, додека социјалните фактори се

појавуваат само во изборот на погодни услови за да се реализираат мотивите и целите

на нивната морална изопаченост.( Бошкович. М, 2006:62)

Сексуалната деликвенција е претежно урбан феномен. Такви ставови наогаат

основа и во статистичките податоци на регионално ниво, анализа на деликвенти во

селски и градски, како и во традиционални патријахални и градски средини.

Сексуалниот деликвент е во класификацијата на престапници, склон кон вршење

кривични дела против половата слобода, условно речено посебен тип на криминална

личност. За разлика од сексуално нормалните личности, сексуалните деликвенти се

социјално неприлагодени личности , со недоволна сигурност во себе. Во

истражувањата исполнуваат значителна разлика во сексуалните стравови , но и према

многу истражувања немаат битна разлика во особеноста- личност, како што е случај со

Page 17: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 17

нормалната популација. Најчесто се во прашање личности со психо-соматски

карактер, со нагласени агресивни и егоцентрични својства.

Сексуалниот насилник, за разлика од другите насилни деликвенти ( убијци и

разбојници) се разликува по некои психо патолошки карактеристики :

Пореметување на личноста ;

Висока базична агресивност;

Антисоцијално однесување ;

Високо количество на алкохолол во деликтот;

Ретка мотивација на психолошката природа која не би можела да се

контролира ;

Посматрајки ѓи објективните критериуми на социјалните обележја и услови ,

сексуалните деликвенти спагаат во делот со изразени асоцијални склоности . Овој вид

на криминалитет најчесто е поврзан со урбаната средина, а субјективно со

имиграцијата, нискиот образовен културен елемент со нагласена криминална кариера,

затоа што пред сексуалните постапки почнува обично со некој друг дел, па дури и

секој извршител на кривично дело од овој вид и има криминално искуство од друг вид.

2.5.4. Сообраќајни деликти

Сообраќајните средства, промет и учесниците во сообраќајот по последиците

секогаш претставуваат латентна опасност на загрозување на општествените вредности.

Видот на престапништва условен од користењето на сообраќајните средства и

непридржувањето кон сообраќајните прописни средства е и во феноменолошката

смисла посебен вид наречен сообраќајна деликвенција. Под таа појава се и во ниска

смисла подразбира кривични дела предизвикани во сообраќајот , најчесто како

последица на сообраќајна несреќа или сообраќаен прекршок.

Во најчести прекршувања на сообракајните деликти спаѓаат : непрописна

брзина на возење на возилата, непрописно преминување, не држење на доволно

Page 18: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 18

растојание во колона. Во најчести облици на сообраќајната деликвенција спаѓаат и

кривични деликти, каде првенствено спаѓаат дела на загрозување на јавниот сообракај.

Преовладува мислењето дека не постои личност со биолошки предиспозиции и

генетски предодредувања да не биде сообраќаен деликвент , но да постои склоп на

заеднички карактер на оние личности кои често прават соораќајни прекршоци.

Page 19: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 19

3. ПРИЧИНИ ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА

За причините на малолетничката деликвенција постојат различни теории, но и

предрасуди дури и помеѓу стручните лица кои непосредно се занимаваат со овој

проблем. Етиолошките основи и причини за криминалитетот во најопшта смисла се

однесуваат и на малолетничката деликвенција.

Биопсихолошката структура и социјалните обележја на малолетниците битно се

разликуваат од возрасните деликвенти. Познатиот криминолог М.А.Реј ( M.A.Rej)

истакнува дека помеѓу социјалните работници најраспространето е мислењето дека кај

малолетните престапници, станува збор за инадаптирана ( неприлагодена) популација;

физички хендикепирани, ментални под нормалните, заостанатост, запуштеност,

неуреденост, неурамнотеженост и настрани личности, малолетници кои е невозможно

да се контролираат.

Тој критички укажува на владеачката теорија која малолетниците ги смета за

“неспособни да разликуваат добро од лошо поради недостаток на зрелост” при тоа

посебно ја разгледува теоријата за инадаптација ( неприлагоденост) генерализирајќи

ги клиничките испитувања на малолетните деликвенти. По негово мислење

“малолетничкиот криминалитет го објаснуваат како неизбежен резултат,

незадоволени потреби или внатрешен фактор”, а со тоа ја занемаруваат волјата,

свеста и афективните состојби. ( Купчевиќ.Р,2001:76)

Тој исто така смета дека адаптираната и неадаптираната личност може да биде

во потреба на општествена заштита, затоа што адаптацијата истовремено може и да ја

ограничува слободата , конформизмот3 и тоталитаризмот

4. Причините за

малолетничкото престапништво се многубројни, условени пред се од психолошкиот

фактор на развој на младата личност и социјалните фактори на недостаток на

воспитание односно воспитна запуштеност.

3 Конформизам е промена во однесување и верување на групата како резултат на вистински или

измислени групи на притисок. Тоа се случува кога лугето се наоѓааат во двосмислени или нови

ситуации.

4 Тоталитаризам е облик на владеење при кој државата ги регулира сите области на јавниот и

приватниот живот.

Page 20: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 20

Малолетните деликвенти од возрасните деликвенти се разликуваат и по

степенот на биопсихичкиот развој и емоционалната зрелост. Нивната криминолошка

активност не е иста како и кај возрасните, последица на цврста волја со што вината се

искажува во посебна форма .

3.1. Биолошки и психолошки причини

Основен фактор на истражување на етиолошките и феноменолошките проблеми

на деликвенцијата и девијацијата се социјалната средина, деликтите и личноста.

Набљудувајќи од аспект на првите два фактори, малолетничката деликвенција нема

посебна специфичност по кои би морала посебно да се изучува.

Меѓутоа факторот личност по многу елементи се смета за карактеристична и

посебно се третира. Тој фактор се објаснува по специфичните телесни и психички

промени кои се карактеристични за адолесцентното , односно преодот помеѓу

детството и возрасниот период. Личноста е детерминирана од општи елементи на

недозреани психоструктури, која е во развој. Психичката нестабилност пред многу,

проблеми и потешкотии на адаптација на одредени животни услови наоѓа решение и во

однесување кое изгледа како трет и полесен пат, а кој трендира во пореметено

однесување, како еден од облиците на девијацијата.

Во периодот наречен адолесцентна криза, личноста трага по сопствена

идентификација . Адолесцентите се во специфична состојба на развој, кога им е

потребен пример, авторитет, доверба, поддршка и помош, а таа заради специфичните

услови најчесто изостанува , па децата се свртени кон улицата наместо кон своите

родители.

Инерција и апатија 5 се појави кои се највеќе изразени кај младата генерација.

Очекувањата од другите се многу големи да тие најпрво се наоѓаат во првите редови на

општествени промени, но од другата страна – одлуката за својот живот ја донесуваат

негде на друго место и надвор од можностите на нвно влијание. Девијантното и

деликвентно однесување на многу во почетокот, им станува вид на протест против

наметнатите општествени форми, а по подоцните фази и еден вид на навика.

5 Апатија (: απάθεια apatheia) индиферентност, ментална состојба која се карактеризира со

рамнодушност.

Page 21: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 21

Во психолошката литература се поставени мислења дека адолесценцијата

представува млад период кој започнува од 12-13 година а завршува со созревањето

околу 24-25 година. Во тој период, личноста се наоѓа во постојана еволуција и под

влијание на факторот средина кои младиот човек го прават различен од возрасните и со

пропратни појави кои за возрасниот човек може да се дефинираат како патолошки,

додека за популацијата на оваа возраст се сметаат за нормални.

Во пубертетскиот период од шеснаесетата година кај личноста се јавуваат

значајни органски и морфолошки појави во кои се зајакнува физичката конструкција ,

особено со напуштање на детските навики, карактерот постепено се стабилизира. Во

психичка смисла се смета дека личноста созрева околу осумнаесетата година, зависно

од биопсихичките и социјалните фактори процесот на созревање индивидуално може

да настане и порано но да настане и покасно.

Границата помеѓу нормалното и девијантното кај младите личности, многу е

тешко да се утврди, затоа што тие својства се развиваат циклично , во различни

амплитуди, така што сите дијагнози на таквата состојба се потполно релативни. Во

младата фаза личноста се социјализира во динамичен процес на разни биолошки фази

на развој кои оставаат длабога трага и на нејзиното општествено однесување. Тоа е

период на конфликтни својства во возрасниот период и инфантилна6 тенденција која се

исполнува во различни варијации кои многу тешко се воопштуваат. Оваа појава сепак

може да се категоризира во минливи и вистински пореметувања во менталното здравје.

Минливата состојба на психосоцијалната адаптација се релативно нормални појави во

т.н. адолесцентна криза со извесни заеднички карактеристики и вид на екстремно

однесување.

Во овој период се појавуваат и физички и социјални промени кои може кај

младите луге да имааат и пропратни појави на комплекс, но и емотивни промени кои

се услов за понатамошното созревање. Тие промени се манифестираат со различни

облици на расположение, личност и интелектуално созревање, усвојување на свои

принципи на однесување и вредности кои не мораат да се вклопуваат во вообичаените

клишеа.

Промените во однесувањето се одразуваат на несогласувања во семејството и

социјалната средина во која младиот човек наоѓа и поддршка за некој вид на

6 Инфантилност е состојба кога возрасните манифестираат некои типични карактеристики на

размислување на деца, емоционални реакции и начини на однесување.

Page 22: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 22

асоцијално однесување, кое може да стане и модел на трајна негативна

идентификација. Покрај тоа, се јавуваат и некои внатрешни психички својства кои се

изразени од вообичаеното : агресивност, или друга крајност- повлеченост, депресија и

изолација. Во социјалниот свет сите тие манифестации се испреплетуваат во форма на

конфликт помеѓу генерации односно конфликт на вредности.

Во адосцентниот период може во еден дел да се појават и чести случаеви на

психопатска состојба. Во социјална смисла состојбата на неврози кај младите личности

влијае на два вида на однесување : експанзивни и инхибирани7 . Во првиот случај на

однесување се докажало дека во широка сфера на однесување од потполна

послушност, до агресивност и класична деликвенција. Проблемите на социјализација

на овие личности, наркоманијата и алкохолизмот се латентни состојби кои личноста ги

бара кај себе. ( Dinitz.S,1986:57-60)

Деликвенцијата која настанала со проблеми во семејството, во психолошката

литература се објаснува со емоционални проблеми и интерперсонални односи. При тоа

се истакнуваат можните примери на влијание и оправдано однесување на детето од

страна на мајката; идентификација на строгиот татко со деликвенцијата на синот, лоши

односи на девојчињата со татковците и рекции на поминатите конфликти кои

настанале во пубертетот, промискуитетно однесување на малолетниците како

последица на конфликтен однос, отфрлање и неприлагоденост во однос со мајката.

7 Инхибиција е процес на задржување, забавување или онеовозможување на текот на некои физилошки

ментални процеси или постапка за помош на кој општествен процес.

*Експанзија е процес на ширење на одредена појава .

Page 23: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 23

3.2. Социјални причини

Покрај внатрешните, вродените и стекнатите фактори, социјалните фактори ја

сочинуваат битната компонента на етиологијата на малолетничката деликвенција. Од

тој аспект интересна е социјалната карта на малолетните деликвенти. Типичен

малолетен престапник е личност од машкиот пол, извршител на имотни деликти,

потекнува од семејство со нарушени односи , има слаби контакти со таткото, проблеми

со учењето и однесувањето на училиште, се дрогира и е склон кон агресивно

однесување.

Истражувањата покажуваат дека деликвентното однесување тендира

првенствено постари малолетници. Машката деликвенција во однос на женската

домина во однос 90:10% . Во професионалната структурна анализа статистичките

податоци укажуваат на тоа дека најголем број на малолетни деликвенти регрутираат од

редовите на ученици од средните и основните училишта. Околу 25% од малолетните

лица за време на извршување на кривичните дела не биле вработени, ниту посетувале

училиште. Битно обележје на малолетничкото престапништво е соучеството. Така на

пр. малолетниците во повеќе од 20% од случаевите вршат кривични дела во соучество

со други лица.

Во литературата како посебни причини кои влијаат на малолетничката

деликвенција се вбројуваат : семејството, училиштето, слободното време, мас-

медиумите, личноста на малолетникот.

Се разбира, овие причини не делуваат одвоено туку во меѓусебен однос и

условено со причината на личноста.

Page 24: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 24

3.2.1. Семејство

“Семејството е институција на која

и должиме со човечност, затоа што не е познат

друг начин на кој се создаваат човечки суштества ,

освен со воспитување во рамки на семејната заедница”

Маргаред Мид.

Семејниот фактор непосредно се појавува во елемент на структурна поврзаност.

Семејната средина е примарен елемен на социјализација во која емотивната атмосфера

непосредно се одразува и на неговиот интектуален и психолошки развој. Секој облик

на криза во семејните односи и брачна дисхармонија може да се одрази и на

емоционалниот развој на детето во разни видови на нарушувања. Висок процент на

малолетни деликвенти кои израснале во домовите, се третираат првенствено со

отсуство на родителите , односно семејно воспитување. На воспитниот процес во

развојот на младата личност непосредно се изразуваат структуралните семејни

нарушувања, како што се развод на родителите, губење или напуштање на децата од

страна на едниот или двата родитела, занемарување и социјално- патолошки појави кај

некој од членовите. На тој начин слабеат или се кинат семејните врски, односно

родителските функции што негативно влијаат врз развојот и воспитанието.

Истражувањата покажуваат дека малолетните деликвенти во 30 % од случаевите

регрутираат од семејства на разведени родители што е четвороструко повеќе отколку

кај нормалната популација. Во семејните фактори кои имааат значителна улога се

вбројуваат и материјалната сигурност, вработеноста, односот и грижата на родителите,

станбените услови и слично.

Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека малолетните деликвенти

потекнуваат и од алкохоличарски семејства. Според некои податоци во машката

Page 25: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 25

деликвентна популација овој фактор е застапен близу половина а во женската близу

третина од случаевите кај личности кај кои еден од родителите е алкохоличар.

Факторот семејство посредно се издвојува од индустријализацијата и

урбанизацијата. Имено се смета дека стабилноста на семејството и семејните врски се

многу по цврсти во руралните средини отколку во урбаните каде семејството на некој

начин е отуѓено и самостојна општествена категорија.

Неадаптибилноста на родителите се одразува и на однесувањето на децата , така

и слабата грижа на семејството и контрола над однесувањето на децата. Наместо

родителите, децата наоѓаат воспитувачи и пример во врсниците на улица. Миграцијата

од руралните во урбани средини се изразува со стресови, и конфликтни личности со

новата средина , конфликт на традиционалните форми со нови, станбена криза и

пропратни проблеми кои често водат во поединечни видови на девијантно или

деликвентно однесување

.

3.2.1.1.Воспитание

Многу битна причина за малолетничката деликвенција претставува неадекватен

процес на социјализација, особено процесите на воспитание, односно воспитна

запоставеност.

Воспитанието е еден битен услов на ориентација во однесувањето на младиот

човек и можен причинител за малолетничко престапништво. Тоа во позитивна смисла ,

подразбира правилен општествен и интелектуален развој на децата и воспитание на

младите.

Тоа е процес на пренесување на културните обележја на поединецот и групите

во развој, во постапка на социјализација на личноста. Протекува во различни услови на

социјалната средина, првенствено семејството, училиштето и социјалната средина на

врсниците . Во текот на воспитанието кај младата личност преовладуваат егоистични,

егоцентрични, девијантни тенденции и наклоности.

Девијантноста во однесувањето на младите може да биде последица на

репресивниот и апстинентен начин на воспитување. Престрогото воспитување, и

казнување психолошки формира инвалидна, тешко прилагодлива, несигурна и

депресивна личност, додека личноста во отсуство на воспитување е агресивна , лишена

од чувства за тоа што е општествно дозволено а што не е. Семејниот однос и

Page 26: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 26

воспитанието непосредно влијае на правилно или деликвентно однесување. Секој

облик на криза во семејните односи се одразува на емоционалниот развој на детето во

разни видови на потешкотии во однесувањето.

Воспитната запуштеност се огледува во отсуство на општествено ,

интелектуален и морален развој на личноста. Со овој концепт обично воспитна грижа и

отсуство на воспитни мерки во процес на развој на личноста кај младите, други

означуваат благи форми на престапништво а трети предделиквентна состојба, односно

асоцијалност.

Овој фактор, посредно или непосредно се јавува како последица на делување

кај семејните причинители, училишната и животната средина. Состојбата на

воспитната запуштеност кај деликвентната популација се решава со ресоцијализација,

превоспитување во пенолошки процес, примена на воспитни мерки изречено во

кривичната постапка.

3.3. Училиште

Покрај семејството, училиштето е институција во која се одвиваат најважните

воспитни и образовни процеси, социјализација на личноста и оспособување за

престојните работни и општествени функции. Од организираност , програмски

содржии и наставно-образовен процес од многу зависи, развојот на младата личност и

нивното општествено однесување. Колку и да вложува заедницата во тој процес тој е

природоден, заради големите тешкотии оптеретен со извесни слабости кои негативно

се изразуваат врз личноста. ( Костова. М, 2005:23)

Училишната програма и функцијата на училиштето во современите услови се

повеќе се ориентирани на образовните отколку на воспитните аспекти на младиот

човек. Во таквиот систем изостанува изградување на морални норми, позитивни

ставови и карактер на личноста, затоа што програмите не се прилагодени на физичките

и психичките можности и потреби на младите, нивниот интерес и задоволувањето на

желбите.

Покрај тоа во образовниот систем, недостасува потребна опрема , лабаратории и

кабинети , училишни дворови и други објекти за физичко воспитание кои би го

окупирале вниманието и интересот на учениците, содржајно би го исполниле

слободното време во креативна и инвентивна работа на младата личност. Одредено

Page 27: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 27

значење имаат и интерперсоналните односи кои влијаат на слабите ученици кои се

подлежни на социо-патолошки појави, прекин на школувањето, честа промена на

училишната средина , бегање, и други видови на оправдани и неоправдани отсуства од

наставата како и слаб успех. Последица на сето ова се 60-70% малолетни деликвенти

кои стануваат криминалци за време на училишниот период.

3.4. Група на врсници

Врсниците во адолесцентниот период, може да имаат доминантно влијание.

Ако адолесцентот е поврзан со група на врсници која има позитивни норми и

вредности , малолетникот сам ќе ги прифати тие вредности. Од друга страна, ако

неговите пријатели имаат девијантни норми , постојат големи можности , да и тој

самиот ги прифати таквите норми . Во раната адолесценција се зголемува

подложноста на притисок од групата на врсници, а опаѓа мислењето од страна на

родителите, адолесцентите се разликуваат и во тоа колку се подложни на влијанието

од другите. Родителите диретно влијаат на тоа со кој децата се дружат, бираат

соседство, училиште, верски , културни и други организации во кои адолесцентите

учествуваат. Тие и посредно влијаат на изборот на пријатели и врсници со кои детето

се дружи, така што потикнуваат разввој на одредени особини на личноста и облици на

однесување кај своите деца.

Слабите врски се примарен извор на социјализација ги прават младите луге

чуствителни и ризични за девијантни однесувања. Во адолесценцијата може да дојде

до кинење на врските со семејството и уличиштето ( ако тие врски до тогаш биле

слаби), и силно поврзување за групата на врсници која може да биде извор на

девијантни норми. Изложени на врснички “ притисок “ незаштитени од добрите и

цврсти семејни врски или врски со училиштето , адолесцентот пристапува кон групата

на врсници со која ги дели сличните проблеми. Веројатноста, дека адолесцентот ке ги

присвои таквите ризични и опасни однесувања од групата за себе постои голема

веројатност.

Прилагоденото однесување е научно социјално однесување, кое е резултат на

интеракција помегу социјални, психолошки и културни фактори. Секој од овие извори

на социјализација може да пренесе девијантни норми, но здравото семејство и добриот

училишен систем , сигурно ке пренесат просоцијални норми.

Page 28: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 28

Слика 1. Процес на примарна социјализација во текот на адолесценција

Секоја од овие врски претставува канал за комуникација и пренос на норми

3.5. Економска состојба

Економските услови на разввој на општеството, економските кризи и другите

пропратни проблеми, материјалниот статус и разликите во економската положба на

поединечни категории на населението од важно се значење за изучување на причините

за деликвенцијата. Бројни истражувања покажуваат дека во услови на економска криза

во општеството и несигурноста кај граѓаните, криминалитетот се зголемува, а посебно

се зголемуваат некои негови облици. Екомонската криза се карактеризира со тешки

пореметувања , невработеност, намалување на платежната способност и стандард на

граѓаните .

Економската состојба особено кога има последица од воени состојби, редовно

ги следи појава на раслојување на граганите ( на една страна енормно, најчесто

криминално богатење, а на друга забрзано осиромашување на поголем дел од

населението). Економската криза доведува до појава на семејни кризи, депресија,

алкохолизам , кражби и сл. Во тој случај значително е изразен порастот на многу

имотни деликти. Познатиот холандски криминолог Вилијам Бонгер (Wiliam Bonger)

Page 29: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 29

смета дека економските услови и несигурноста се главни причинители за

деликвенцијата, во прв ред ситуационите а веднаш потоа и професионалните кои

многу често се развиваат од ситуационите.

3.5.1 . Сиромаштија

Сиромаштијата е еден од генераторите за деликвентно однесување, посебно

кога станува збор за имотните деликти. Криминалот кој во причини се бедата и

сиромаштијата во криминалната литература се дефинира како криминален недостаток.

Посредни последици на сиромаштијата се необразовноста и неквалификуваноста,

невработеноста и недоволниот приход, што негативно се одразува на статусот на

семејството, не само економски туку и социјално и културно. Некои автори сметаат

дека сиромаштијата е најзначајниот фактор на криминалното влијание.

Се до скоро терминот “ сиромаштво “ применуван е во значење на недоволен

приход за набавка на минималната кошничка за добра и услуги. Денес се смета дека

сиромаштијата е состојба кога недостигаат основните можности за достоинствен

живот. Препознатливо е дека сиромаштијата се манифестира на различни начини,

меѓу кои недостатокот од приходи и средства, доволни да се осигура и одржува

егзистенцијата :

Глад и неухранетост, слабо здравје;

Ограничена или недоволна достапност до образованието и останатите услуги;

Зголемена смртност, вклучувајки и смртност од болест;

Бездомништво и неадекватни станбени услови ;

Несигурно опкружување, општествена дискриминација и изолација;

Неучестувањето во одлучување и во граѓанските, општествениот и културниот

живот во заедницата исто така се многу битни карактеристични негации на човековите

права. Мултидимензионалното сиромаштво како појава овозможува да за него се

размислува како за состојба која карактеризира трајна или хронична прилагоденост на

ресурсите, способностите, можностите за избор, сигурноста и моќта кои се потребни за

адекватен животен стандард и остварување на другите : граѓански, економски,

политички, културни и социјални права.

Page 30: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 30

3.5.2. Миграција и урбанизација

Факторите на урбанизација и миграција од руралните подрачја како

криминални причинители се искажуваат и непосредно како конфликт на вредности.

Тој конфликт се испоставува повеќе димензионално како конфликт помеѓу :

современото и традиционалното, село-град, конфликт помеѓу генерации, формални и

неформални односи, конфликт на вредности кои произлегуваат од семејното

воспитание и вредности кои ги нуди новата социјална средина; родителскиот авторитет

и нови влианија. Некои автори проучувајки го овој фактор сметаат дека “

криминалитетот на малолетниците е “урбан феномен” докажувајки ја оваа теза со

компаративни истражувања на високо урбани и останати подрачја.

3.6. Слободно време

Важен фактор кој се изразува на развојот, формирање на зрелоста е т.н.

слободно време. Покрај семејството и училиштето остатокот од времето кое е

слободно битно влијае на определувањето, ставовите и однесувањето кое често во

отсуство на позитивни содржини преминува во разни видови на девијантно

однесување па дури и деликвентно. Кога сето ова ке се надоврзи на тоа дека младите

луѓе имаат релативно лична самостојност и однесување, одреден извор на материјани

средства , а организираниот општествен живот на младите се одвива во амбиент каде

алкохолот и наркотиците се практично нормална работа, тогаш слободното време како

причина за малолетничка деликвенција станува појасно. Таму каде процесот на

социјализација не одговара на својата улога и функција, слободното време кај младите

може да биде празно време, време за досада, постанува погоден простор за делување на

разни негативни чинители и прифаќање на асоцијални однесувања.

Слободното време е предизвик да се “убие “ досадата во разонода која

постепено води во вид на престапништво. Нарушениот систем на вредности дел се

одразува на однесувањето на младите во слободното време, затоа што покрај тоа во

секојдневниот живот кај повеќето млади изостанува потребата за културолошки

содржини. Сите истражувања значително укажуваат дека има мала заинтересираност

Page 31: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 31

кај младите за посета на културни институции, за разлика од склоност за забава и

дружење со врсниците во клубовите и дискотеките. Ваквиот однос се издвојува од

социјалните причини, бидејки стандардот на младите како дел од вкупниот општествен

стандард е многу низок, па издвојувањето на џепарлок за културни потреби значително

е ограничен или воопшто го нема.

Во ситуација на неповолни околности, со цел да се избегне отуѓеноста и

досадата , во групната идентификација доаѓа до формирање на колективни групи со

крајно деструктивно однесување. Некои автори сметаат дека малолетничката

деликвенција дури во 99% од случаевите се случува во слободното време како

последица на досадата. Таквите заклучоци, се веројатно претерани, но и фактот дека

слободното време е битен фактор за малолетничко престапништво. Во прилог на тоа се

наведуваат многубројни аргументи. Пред се деликвентноста кај младите е еден вид на

игра и преминување преку досадата, таа ги предизвикува младите личности на

авантура во услови на телесна и духовна пасивност која ги донесува слободното време.

Тоа е одраз на хедонистичкото8 сфаќање на живот што се докажало во посебни објекти

за разонода како што се : барови, дискотеки, кладилници и слично.

8 Хедонизам (грчки: Hedon) е етичка доктрина која се смета за врховна волја и цел на човековата

активност.

Page 32: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 32

3.7. Мас- медиуми

Влијанието на средствата за масовна комуникација кај малолетничката

деликвенција е видно присутен отколку кај деликвенцијата кај возрасните. Тоа е

разбирливо пред се, поради психофизичката структура на младиот човек кој е во фаза

на развој, стекнување на навики, и период на идентификација со позитивни и

негативни влијанија. Мас- медиумите (филм, тв, интернет ) им нудат на адолесцентите

одреден модел на живот и колективно (групно) однесување.

Друг битен фактор е однесувањето и идентификацијата , посебно во однос на

медискиот модел. Американскиот педијатар- невролог Е. Барнет (E.Barnett) тврди дека

насилството кое се прикажува на телевизија во голема мера, со тек на времето го

зголемува прагот на насилство кај децата. Децата учат секој момент, учат од

искуствата. Највпечатливите искуства од светот на медиумите, тоа свое однесување го

пренесуваат и во реалниот живот. Низа масовни убиства кои во САД ги сториле деца

помлади од четиринаесет години, постанеле загрижувачки. Некои автори и покрај сите

наведени аргументи, сметаат дека влијанието на филмот во однесувањето на децата и

Малолетни браќа краделе по куќи

„‟Тројца браќа од велешката населба Чашка, на возраст од 6, 11 и

13 години, искористувајќи го отсуството на нивните родители,

упаѓале во куќи и краделе покуќнина. Украдените предмети ги

криеле на таванот. Тие деновиве се откриени од

полицијата.Првата кражба осомничените браќа ја извршиле на 6.

овој месец. Искористувајќи го отсуството на родителите, со

помош на алат, успеале да ја отворат вратата од еден стан во

Чашка. Од таму одзеле сервис за ручање, разни украси, рачен

миксер и покуќнина. Украденото го скриле на таванот.

Од велешката полиција велат дека по кражбата на овој стан,

веднаш извршиле и уште една, во друг стан, од каде што одзеле

техничка стока, лаптоп, дигитален фотоапарат, фен за коса,

модем за компјутер, дигитална камера, мобилен телефон и други

предмети. Полицијата пронашла дел од украдените предмети и им

ги вратиле на сопствениците. „‟

(извадок од дневен весник Вест бр.3007 год2010)

Page 33: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 33

малолетничката деликвенција го нема значењето кое му се придава во јавноста и во

делот на криминолошката литература.

Напротив, тие истакнуваат дека филмот е средство преку кој малолетникот ја

празни својата емотивна напнатост, и длабокото психичко оптеретување. Освен тоа

филмот има штетно дејство таму каде нема уметничка вредност во него, каде пораките

се за безнадежност и безвредност, бесмисленост за животот, апсурдност за редот и

законитостите. Пред се што младиот човек ја доживува филмска содржина повеќе како

реалност отколку како сопствен живот и доживување, нивно секојдневие преку кое го

формираат системот на криминални односи спрема светот кој ги опкружува.

Кога станува збор за медиумите, вонглавно се огласуваат три доминантни пораки за

малолетничката деликвенција :

1. Малолетничкото престапништво е во постојан пораст и неможе да се

контролира;

2. Малолетниците во конфликт со законот се изразито крути и по своја природа

лоши;

3. Малолетните престапници преставуваат голема и постојана закана по нашето

општество ;

Донесени се голем број на документи за уредување на телевизиските и радио

програми, кои покрај останатото ги регулираат и принципите на заштита на децата во

медиумското известување. Мегутоа нашите медиуми многу често ги кршат наведените

принципи. Негативните страни на мас-медиумите врз феноменот на малолетничката

деликвенција се прикажани во табела бр.1.

Page 34: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 34

Табела бр. 1 : Негативни страни на мас-медиумите врз феноменот на

малолетничката деликвенција (според Medija centar Sarajevo 2005:1-3)

Негативни страни на мас- медиумите врз феноменот на малолетничката

деликвенција

Медиумите во своето известување за

малолетниците во конфликт со

законот примарно се фокусираат на

самиот инцидент ;

Медиумите вонглавно не

известуваат за широкиот контекст

кој влијаел на одредено

случување;

Медиумите практично никогаш не се

занимаваат со прашања поврзани за

јавната политика и релевантните

закони;

Медиумите не се обидуваат да

пронајдат решение за проблемите,

не го пратат процесот, и вонглавно

известуваат за изолирани случки и

случаеви;

Во истакнати делови на текстовите

медиумите се склони кон непотребна

драматизација т.е. нивен начин на

известување има одредени елементи

на потикнување на морална паника ;

Во најголем број на случаевите

медиумите не делуваат во

најдобар интерес за малолетникот;

Медиумите

се склони кон сензационалистички и

симплифицирано известување

Посебно во самите насловни текстови

каде се истакнуваат негативните

страни ,информациите се вадат од

контексти воопшто проблемот на

малолетничко престапништво

непотребно се драматизира;

Медиумите ја контролираат

изразитата симплифицирана слика

за малолетниците во конфликт со

законот претставени се изразито

негативно и надвор од контекст;

Малолетниците се претставени како

убици,пали-куќи, кратци,т.е како

сериозна закана за општеството кое на

некој начин мора да се бори со нив ;

Кога се работи за проблемот на

малолетник кој е во конфликт со

законот медиумите тоа го

известуваат во вести, кратки

новинарски извештаи или во делот

на црна хроника;

Медиумите во главно не говорат за широк контекст, причините за

престапништвото во семејството и општеството, и главно не се однесуваат критички

кон државните институции.

Page 35: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 35

3.8. Исклученост

Растечкиот јаз помеѓу богатите и сиромашните доведе до многу не сакани

појави. Исклучувањето на некои луге постепено се зголемува со акумулација на

пречки, кинење на социјални врски, невработеност и криза на идентитетот. Системите

за социјална помош кои се предвидени за олеснување, не се насочени кон социо-

економската позиција на одредени групи, заедно со зголемената зависност на

семејствата , со ниски приходи за социјални услуги и осигурување, придонеле за развој

на новите сиромашни класи во многу места.

Со симболичното исклучување од општеството на малолетниците кои сториле

помали прекршоци има значајни импликации на заостанување во кариерата.

Истражувањата покажуваат дека чинот на одбележување може да доведе до

само-усвојување на слики кои подоцна резултираат со деликвентна активност.

Page 36: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 36

4.ПРЕВЕНЦИЈА ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА

Кривичното право со позитивно кривично- правни норми само е едно од

средствата за борба против криминалитетот ( со кривично- правните процедури, се

решаваат проблемите за малолетничката деликвенција, само ако сите други можни

служби не успеале во тоа). Современата криминалистика става посебен акцент на

спречувањето, односно предупредувањето за малолетничката деликвенција.

Целите на превенцијата се :

Во широка смисла спречување на јавување на нови деликвенти ( преземање на

општи мерки за сузбивање на криминалитетот со цел да се отстранат

негативните влианија од општествената средина и да се осигураат нормални

услови за развој на личноста);

Во потесна смисла, се однесува на лица кои веќе имаат сторено кривични дела.

Облици на превенцијата се :

Општа превенција – Се применува како влијание врз граганите, посебно на

младите да не прават кривични дела;

Специјална превенција- Спречување на извршителите на кривични дела да

повторно не го направат истото или друго кривично дело

Основни групи за спротивставување на деликвентното однесување кај младите се :

Антиделиктно делување ( Примарна превенција)

Постделиктна интервенција ( Секундарна превенција )

Превентивните мерки кои се преземаат пред, односно антиделиктите се

нарекуваат со заедничко име како примарна превенција. Целта на овие мерки се

состои во спречување, онеовозможување на предодредена девијација и однесување на

младите. Таквата цел на примарната превенција може да се постигне ако се делува во

правец на елиминирање или сведување на помала мера општествени и други

објективни фактори кои погодуваат или доведуваат до криминалитет и други облици

на престапничко однесување кај младите, и ако со тие мерки истовремено се

Page 37: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 37

допринесува за формирање и развивање на таквите морални, општествено-политички

и други позитивни својства кај младите кои ке ги ( своојствата) направат отпорни на

сите предизвици на нивното “криминализирање “. Тоа практично значи, дека со

примарната превенција мора “да се навлезе во сржтта ” со корените, причините и

условите на престапничкото однесување, т.е. мора да се тежнее кон прекинување или

ублажување на општите, посебните, поединечните фактори на деликвентното

однесување. ( Јошковиќ. Ж, 1991:271)

За усвојувањето на етички норми потребна е морална пракса која единствено се

доживува во здрави средини, на секојдневни примери на морално дејствување на сите

членови во семејството, градинките, училиштата и опкружувањето. Ако човекот

згреши мора да се најде сила и волја да се исправи грешката. Родителите,

предучилишните установи, училиштето и општеството во целина мораат да водат

постојана грижа да делуваат воспитно, од најрана возраст, а не само кога ке се воочат

пречки и пореметен психосоцијален развој на детето. Праксата покажува а искуството

не учи да раната детекција ( откривање), дијагностицирање, изрекување на воспитни и

колективни мерки со децата кај кои се применува кршење на општествените норми и

наклонетост кон девијантно однесување- даваат задоволувачки резултати.

***

Секундарната превенција , исто така се состои од низа конкретни мерки и

активности различни по својата природа и содржина. Тука најнапред спаѓаат

активностите чија цел е рано откривање , односно идентификување на младите поради

чие однесување дошло до девијација. Раното откривање и почетните облици на

престапничко однесување има непроценлива вредност за ефикасни мерки за

секундарната превенција. Успехот на тие мерки е поголем ако се откријат порано

односно, благовремено. Нормално, нивната ефикасност зависи и од тоа колкав е

изборот и примената на поедини мерки на адекватни лични и социјални особености на

секој конкретен престапник. Оттука изучувањето на објективните и субјективните

детерминанти на престапничкото однесување како индивидуални појави преставува

понатамошен неопходен предуслов за успешна секундарна превенција. Во тоа

изучување потребен е ангажман на стручни лица , односно институции кои се

оспособени да преку специјализирани третмани ги откријат и утврдат конкретните

причини за “падот во престапништвото”.

Page 38: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 38

II. ИСТРАЖУВАЧКИ ДЕЛ

1. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ

1.1. Предмет на истражување

Предмет на ова истражување е да се направи увид во причините кои доведуваат

до малолетничка деликвенција. Разните проблеми на кои сме сведоци, во денешницата

негативно влијаат врз целокупното општество, особено врз младата популација. Како

резултат на сето тоа се почесто младите се одлучуваат за извршување на кривични

дела. Во сколоп на ваквиот пристап се посветува посебно внимние на факторите кои

влијаат во реализирањето на деликвенциите кај младите како што се : семејство,

образование, медиуми, слободно време итн.

1.2. Цели на истражувањето

Основна цел на ова истражување е да се осознаат причините кои доведуваат до

појава на малолетничка деликвенција врз основа на увид во соодветна документација.

1.3. Задачи на истражувањето

За остварување на поставената цел на истражувањето потребно е :

Да се утврди дали образованието влијае врз појавата на малолетничката

деликвенција;

Да се утрвди дали семејството како примарен елемент на социјализација

претставува причинител за малолетничка деликвенција;

Да се утврди дали економската состојба и материјалниот статус влијаат врз

причините за деликвенција;

Да се утврди дали воспитанието како фактор на социјализација влијае врз

однесувањето на малолетниците, и односот со нивните наставници и соученици;

Page 39: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 39

Да се утврди како младите деликвенти го поминуваат своето слободно време ;

Да се утврди како средствата за масовна комуникација (филм, тв, интернет)

влијаат врз деликвентното однесување кај младата личност ;

Да се утврди дали воспитанието е фактор за малолетничка деликвенција;

Да се утврди дали малолетниците своите деликти ги извршуваат со групата на

врсници ;

1.4. Хипотези

Општа хипотеза

Се претпоставува дека причините за појавата на малолетничката деликвенција

се појавуваат во форма на синдром од повеќе фактори како што се ( семејство,

економска состојба, група на врсници, училиште, мас-медиуми, воспитание,

слободно време)

Поединечни хипотези

Се претпоставува дека пореметените семејни односи влијаат врз појавата на

малолетничка деликвенција ;

Се претпоставува дека сиромаштијата претставува најзначен фактор за појава на

криминално влијание;

Се претпоставува дека поголемиот дел од малолетните деликвенти се со

незавршено основно образование;

Се претпоставува дека малолетниците кои имаат нарушени семејни односи

имаат агресивен однос кон своите соученици и наставници ;

Се претпоставува дека малолетничката деликвенција се случува во слободното

време на малолетниците ;

Се претпоставува дека голем број од деликтите кои ги вршат малолетниците ги

вршат со група на врсници;

Се претпоставува дека најголем број од деликти кои ги вршат малолетниците се

кражби;

Page 40: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 40

Се претпоставува дека малолетниците под влијание на ( тв, интернет,филм)

извршуваат кривични дела;

Се претпоставува дека голем број од малолетниците се склони кон

конзумирање на алкохол и наркотици;

Се претпоставува дека малолетниците многу често ги вршат деликтите;

1.5. Примерок

Примерокот опфаќа 30 малолетници (штитеници ) сите сместени во Заводот од

ист пол, на возраст од 10 до 18 години , со различна национална припадност и

образование, и различни видови на извршени деликти.

1.6. Методи и техники на истражувањето

Методи

Експлоративен метод

Техники

Анализа на содржина

Интервју

1.7. Место и време на истражување

Истражувањето се одвиваше во Ј.У. Завод за згрижување, воспитување и

образование на деца и младинци “Ранка Милановиќ”- Скопје во текот на месец мај

2011 година.

Page 41: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 41

2.АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

2.1.ПРИКАЗНАТА ЗА ДЕЦАТА СМЕСТЕНИ ВО ЗАВОДОТ ЗА

ЗГРИЖУВАЊЕ, ВОСПИТУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

“РАНКА МИЛАНОВИЌ”-СКОПЈЕ

Заводот за згрижување, воспитување и образование е Завод за деца и младинци

во Република Македонија. Во него моментално има 30 штитеника кои доаѓаат по

одлука на Центарот за социјална работа или Судот кои изрекуваат восписпитни мерки

од шест месеци најмногу до три години. Често може децата да останат и подолго, затоа

што ретко кој од нив има завршено училиште кога доага во Заводот. Некои не знаат

ниту да читаат ни пишуваат, и да не го прекинуваат своето школување остануваат

подолго. Заводот прима деца од 10 до 18 години. Трошоците за нивното издржување ги

сноси Министерството за труд и социјална политика.

Покрај редовната настава , во рамки на работна активност штитениците имаат и

згрижувачко воспитен, образовен и стручен третман. Тој третман наједноставно би

можел да се спореди со нормален живот на едно семејство. Воспитувачот на своите

штитеници им говори за тоа што и родителите на своите деца за : однесување, навики,

хигиена, облекување што и всушност се нивни секојдневни работни ангажмани. Исто

така и работни ангажмани во печуркарството, овоштарник,

Доколку некој од малолетниците има некој проблем се обраќа кај својот

воспитувач кој се грижи за него и одговара за неговото однесување. Односот помегу

воспитувачите и малолетниците вонглавно е коректен со повремена манифестација на

отпор кон авторитет и вербална и физичка агресија. Проблемот за персоналот во

Заводот е и тоа што многу голем број од нивните штитеници по своите дела ја

преминале оваа институција.

“Многу деца од Заводот од мали се препуштени сами на себе. Често немаат

еден или два радители, а и кога ги имаат тие не водат адекватна грижа за нив. Се

оддаваат на скитање, почнуваат да бегаат од училиште, и тогаш извршуваат

Page 42: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 42

кривични деца. По структура во Заводот се смесстени психофизички здрави деца со

мал процент на интелектуална попреченост и психички растројства”- вели

социјалниот работник Весела додавајки “многу малку соработуваме со родителите на

нашите штитеници, затоа што и тие не соработуваат со нас . Децата ретко одат

дома , а многу од нив и ретко добиваат посета”.

Додека се во Заводот, малолетниците чувствуваат сигурност , завршуваат

училиште но проблемот се јавува кога завршува процесот на ресоцијализација и

децата се веќе вратени дома. Младите тогаш поради родителска негрижа, повторно ги

имаат сите предуслови да се вратат на улица и да продолжат со крадење. Постарите

штитеници се сретнуваат со неприфаќање од околината и прашање како да дојдат до

работа. Ако се дознае дека биле во дом, иако на училишните дипломи тоа не го

пишува, ретко кој од нив добива работа.

Затоа кога станува збор за овие деца мора да постои долгорочно решение.

Page 43: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 43

2.2.Социодемографски карактеристики на малолетниците

Малолетниците кои се вклучени во истражувањето, се разликуваат по некои

социодемографски карактеристики. Сите малолетници вклучени во истражувањето се

разликуваат по возраста, националноста и степенот на образование.

0

2

4

6

8

10

12

14

дп 12 гпдини 13-14 гпдини 15-16 гпдини 17-18 гпдини

Графикон бр.1 Структура на малолетниците по возраст

На графиконот бр.1 е претставена застапеноста на малолетниците по возрасни

категории. Може да се забележи дека 1 дете е на возраст од 10-12 години, 9 деца се на

возраст од 13-14 години, 6 деца се на возраст од 15-16 години и 14 деца се на возраст

од 17-18 години, сите сместени во установата.

Page 44: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 44

0

5

10

15

20

25

Македпнци Албанци Рпми

Графикон бр.2 Структура на малолетниците по националност

Од прикажаниот приказ можеме да забележиме дека најголемиот дел од

малолетници припагаат на Ромската националност, втори по застапеност се

малолетниците од Македонска националност , додека малолетниците од Албанската

националност се со најмала застапеност.

0

5

10

15

20

25

Недпвршенп

пснпвнп

пбразпвание

Оснпвнп

пбразпвание

Среднп

пбразпвание

Неписмени

Графикон бр.3 Структура на малолетниците по степен на образование

Од овој преглед може да се забележи дека најголемиот број од малолетниците

сместени во установата се со недовршено основно образование.

Page 45: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 45

Табела бр.2: Национална припадност на малолетниците и степен на

образование(n=30)

образование

националност

Недовршено

Основно

образование

Основно

образование

Средно

образование

Неписмени

Македонци 3 2 2 / 7

Албанци 2 / / / 2

Роми 17 / / 4 21

22 2 2 4 30

0

5

10

15

20

Македпнци Албанци Рпми

Недпвршенп пснпвнппбразпвание

Оснпвнп пбразпвание

Среднп пбразпвание

Неписмени

Графикон бр.4 Национална припадност на малолетниците и степен на

образование (n=30)

Oд вкупниот број на малолетници, 21 припага на Ромската националност од кои

17 се со незавршено основно образование, 4 се со без никаков вид на образование. Од

вкупниот број на малолетници 23,3% припаѓаат на Македонската националност

односно 3 од малолетниците се со незавршено основно образование , 2 со основно и 2

со завршено средно образование. Кај Албанската националност вкупната застапеност

на малолетниците изнесува 2 од кои истите имаат недовршено основно образование.

Page 46: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 46

2.3. Причини кои доведуваат до малолетничко престапништво

Според нашата хипотеза причини кои доведуваат до малолетничкото

престапништво се јавуваат во форма на синдром. Нашата задача е да се утврдат

релациите кои постојат помегу одредени варијабли:

Табела бр.3: Видовите на деликти кои ги извршуваат малолетниците и

возраста(n=30)

Вид на

деликт

возраст

кражби

Нарушување

на јавен ред

и мир

Сексуални

деликти

Деликти

против

живот и

тело

Сообраќај

ни

деликти

Конзумен

ти на

психотро

пни

супстанци

10-12 1 / / / / / 1

13-14 9 2 2 / / 6 21

15-16 5 2 / 3 / 2 12

17-18 год. 14 5 3 3 3 3 31

29 11 5 6 3 11 65

Добиени се поголем број на информации за видовите на деликти кај

малолетниците од постоечката документација

0

2

4

6

8

10

12

14

дп 12 гпдини 13-14 гпдини 15-16 гпдини 17-18 гпдини

кражби

нарушуваое на јавен ред имирсексуални деликти

деликти прптив живпт ителпсппбраќајни деликти

кпнзументи на психптрппнисупстанции

Графикон бр 5. Видовите на деликти кои ги извршуваат малолетниците и

возраста (n=30)

Од графиконот бр.5 може да се забележи дека од вкупниот број на видови на деликти

кои најчесто ги вршат малолетниците, 47,7 % припагаат на малолетници кои се на возраст од

17-18 години, од кои најзастапен е деликтот на кражби, во 21,5% , воедно како второ застапен

е нарушувањето на јавниот ред и мир додека во помал процент се застапени сексуалите

Page 47: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 47

деликти, деликтите против живот и тело и др деликти. Кај малолетниците на возраст од 15-16

години во 7,7% најзастапени се кражбите , веднаш по нив застапеноста паѓа на деликтите

против животот и телото со 4,6% и во помали проценти застапеност на другите деликти.Во

13,9 % се застапени кражбите кои воедно представуваат најголема застапеност кај

малолетниците на возраст од 13-14 години, а во 6 од случаевите или 9,2% припага на

малолетници кои конзумираат псиотропни супстанции. Кај малолетниците на возраст од 10-

12 години не се забележуваа големо процентуално ниво во извршување на ваквите видови на

деликти . Од самиот графикон и табела може да се забележи дека кражбите процентуално се

пред другите останати деликти.

Page 48: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 48

Табела бр.4: Возраста и начинот на кој малолетниците го поминуваат своето

слободно време (n=30)

Слободно

време

возраст

мобилен

музика

спорт

интернет

тв

Скита

проси

безделнечи

10-12 / / / / / 1 1

13-14 2 4 4 3 3 10 26

15-16 / 2 2 2 2 9 17

17-18 год. 3 12 1 10 8 4 38

5 18 7 15 13 24 82

Добиени се поголем број на податоци за слободното време кај малолетниците

од постоечката документација

0

2

4

6

8

10

12

дп 12

гпдини

13-14

гпдини

15-16

гпдини

17-18

гпдини

мпбилен

музика

сппрт

интернет

тв

скита,прпси,безделнечи

Графикон бр.6 Возраста и начинот на кој малолетниците го поминуваат своето

слободно време (n=30)

Од прикажаните резултати, може да се заклучи дека малолетниците на возраст

од 17-18 години своето слободно време го исполнуваат најмногу со користење на

интернет, слушање музика, гледање тв, само 4,9% од малолетниците на оваа возраст

слободното време го поминуваат во скитање, питачење. Малолетниците на возраст од

15-16 години најголемиот дел од слободното време го поминуваат во скитање, многу

мал дел од времето го посветуват на користењето на интернет, тв, спорт. Дури кај

31,7% од малолетниците на возраст од 13-14 години вклучени во истражувањето 12,2%

слободното време го поминуваат во скитање, најмалку во користење мобилни

телефони. Како што може да се забележи трендот на скитање, просење е

карактеристичен за малолетниците на возраст од 13-16 годишна возраст за разлика од

малолетниците кои се на 17-18 годишна возраст.

Page 49: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 49

.Табела бр. 5 :Економска состојба на домакинствата на малолетните деликвенти

и националноста (n=30)

Економска

Состојба

националност

Задоволителна

економска

состојба

Просечна

економска

состојба

Незадоволителна

економска

состојба

Македонци 1 2 4 7

Роми 2 / 19 21

Албанци / / 2 2

3 2 25 30

0

5

10

15

20

Македпнци Рпми Албанци

Задпвплителна екпнпмскаспстпјба

Прпсечна екпнпмска спстпјба

Незадпвплителна екпнпмскаспстпјба

Графикон бр.7 Економска состојба на домакинствата на малолетните деликвенти

и националноста(n=30)

Од графиконот и табелата се забележува дека кај малолетниците од Ромската

националност, економската состојба изразито не ги задоволува потребите на децата и

семејствата, станува збор за многучлени семејства. Состојбата кај малолетниците од

Македонска националност се разликува од состојбата кај Ромите, дури кај 13,3%

економската состојба не ги задоволува потребите и реално живеат во тешки економски

услови, додека кај 6,6% економската состојба е просечна . Тука станува збор за

семејства чии родители се вработени во производствени фирми и имаат сопствени

куќи. Може да се забележи декај кај малолетниците од сите националности

економската состојба е на незадоволително ниво.

Page 50: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 50

Tабела бр.6: Степенот на образование на малолетниците и структура на

семејството(n=30)

образование

семејство

Недовршено

основно

образование

Основно

образование

Средно

образование

Неписмени

Потполно

семејство

11 2 2 / 15

Вонбрачно

семејство

7 / / 4 11

Семејство на

разведени

родители

/ 1 / / 1

Еднородителско

Семејство

/ / / / /

Деца без

родители

3 / / / 3

21 3 2 4 30

0

2

4

6

8

10

12

Недпвршенп

пснпвнп

пбразпвание

Оснпвнп

пбразпвание

Среднп

пбразпвание

Неписмени

Пптпплнп семејствп

Впнбрачнп семејствп

Семејствп на разведени рпдители

Еднпрпдителскп семејствп

Деца без рпдители

Графикон бр.8 Степенот на образованиена малолетниците и структура на

семејството(n=30)

Од прикажаното може да се забележи дека од вкупниот број на малолетници

53,3% потекнуваат од брачни заедници и имаат недовршено основно образование. Кај

малолетниците кои потекнуваат од вонбрачни заедници овој процент изнесува 23,3% ,

за разлика од малолетниците кои се без родители и родителска грижа каде тој процент

изнесува 10%.

Page 51: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 51

Табела бр. 7: Економската состојба на домакинствата и степенот на образование

кај малолетните деликвенти (n=30)

Економска

состојба

образование

Задоволителна

економска

состојба

Просечна

економска

состојба

Незадоволителна

економска

состојба

Недовршено

основно образов

1 1 20 22

Основно образов 1 / 2 3

Средно образов 1 1 / 2

Неписмени / / 3 3

3 2 25 30

0

5

10

15

20

задпвплува прпсечна незадпвплува

Недпв.Осн.

Оснпвнп

Среднп

Неписмени

Графикон бр.9 Економска состојба на домакинствата и степенот на образование

кај малолетните деликвенти (n=30)

Според добиените резултати може да забележиме дека најголем процент кај

малолетниците со недовршено основно образование економската состојба е на

незадоволително ниво т.е. не ги задоволува основните потреби . Кај само 10% од

вкупниот број на малолетници вклучени во истражувањето економска состојба

задоволува основни потреби а кај 6,6% економската состојба е просечна.

Page 52: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 52

Табела бр.8: Економската состојба кај малолетниците и структура на нивното

семејството(n=30)

Економска

состојба

семејство

Задоволителна

економска

состојба

Просечна

економска

состојба

Незадоволителна

економска

состојба

Потполно

семејство

5 2 10 17

Вонбрачно

семејство

/ / 10 10

Семејство на

разведени

родители

/ / 1 1

Еднородителско

Семејство

/ / / /

Деца без родители / / 2 2

5 2 23 30

0

2

4

6

8

10

задпвплува прпсечна незадпвплува

Пптпплнп семејствп

Впнбрачнп семејствп

Семејствп на разведени рпдители

Еднпрпдителскп семејствп

Деца без рпдители

Графикон бр.10 Економската состојба кај малолетниците и структура на нивното

семејството (n=30)

Од прикажаното може да се констатира дека најмногу од малолетниците

потекнуваат од брачни и вонбрачни семејства каде економската состојба не ги

задоволува основните услови за живот, т.е. малолетниците живеат во изразито тешка

економска состојба каде родителите се невработени, а својата егзистенција ја

остваруваат собирајќи старо железо, пластични шишиња,стара хартија, или се

корисници на минимална социјална парична помош.

Page 53: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 53

Табела бр.9: Групата на врсници со кој малолетните деликвенти ги вршат

деликтите и колку често ги вршат истите (n=30)

Колку често

ги вршат

деликтите

Група на врсници

Многу

често

Често

Ретко

Никогаш

Сам 1 5 / / 6

Група на врсници 12 6 6 / 24

13 11 6 / 30

0

2

4

6

8

10

12

Мнпгу честп Честп Реткп

Сам

Група на врсници

Графикон бр.11 Групата на врсници со кој малолетните деликвенти вршат

деликтите и колку често ги вршат истите(n=30)

Од прегледот може да заклучиме дека 80% од малолетниците своите деликти ги

вршат заедно со групата на врсници и многу често ги повторуваат деликтите. Само

20% од малолетниците деликтите ги вршат сами и често ги повторуваат истите.

Page 54: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 54

Табела бр.10: Воспитниот процес во семејството кај малолетниците и статусот на

односи во училиштето (n=30)

училиште

воспитание

Добар

ученик

Слаб

ученик

Агресивен

однос кон

соученици

Пасивен

однос кон

соученици

Не

посетува

настава

Родителска

Запоставеност

1 3 4 / 1 9

Недоследни

Родителски

ставови

3 2 / / / 5

Институционално

Третирани

1 / 3 / / 4

Деца жртви на

семејно

насилство

2 5 4 / 1 12

7 10 11 / 2 30

0

1

2

3

4

5

Дпбар

ученик

Слаб

ученик

Агресивен

кпн свпите

спученици

не

ппсетува

настава

рпдителска заппставенпст

недпследни рпдителскиставпвиинституципналнп третирани

деца жртви на семејнпнасилствп

Графикон бр.12 Воспитниот процес во семејството кај малолетниците и статус на

односи во училиштето( n=30)

Може да забележиме дека кај малолетниците кај кои воспитниот процес го

нема нормалниот тек , се под влијание на негативен модел на идентификација од

своите родители. Тие малолетници покажуваат слаб успех на училиште и конфликтен

однос кон своите соученици и наставници. Кај 40% од малолетниците кои се жртви на

семејно насилство покажуваат исто така агресивен однос кон своите соученици, а само

6,6% од малолетниците кои се жртви на семејно насилство покажуваат добар успех во

училиштето и коректен однос кон наставници и соученици. Агресивноста кај

малолетниците најчесто е резултат на недоследните родителски ставови каде таткото

казнува, мајката дозволува, некој од членовите на семејство е корисник на алкохол и

Page 55: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 55

наркотици, криминалец и агресивец а малолетникот е честа мета на злоставување,

запоставување и искористување за работа и питачење.

Табела бр.11: Воспитниот процес во семејството и неговата структура (n=30)

семејство

воспитание

Брачно

семејство

Вонбрачно

семејство

Семејство

на

разведени

родители

Еднороди

телско

семејство

Деца без

родители

Родителска

запоставеност

5 5 / / / 10

Недоследни

родителски

ставови

5 1 / / / 6

Институционало

третирани

/ 2 / / 3 5

Деца жртви на

семејно

насилство

6 2 1 / / 9

16 10 1 / 3 30

0

1

2

3

4

5

6

Брачнп Впнбрачнп Разведени

рпдители

дете без

рпдители

рпдителсказаппставенпстнедпследнирпдителски ставпвиинституципналнптретиранидеца жртви на семејнпнасилствп

Графикон бр. 13 Воспитниот процес во семејството и неговата структура (n=30)

Од графиконот бр. 13 може да забележиме дека најголем број од

малолетниците потекнуваат од брачни семејства каде постои запуштеност од страна на

родителите во воспитниот процес. Тоа воедно се должи и на лошата економска

состојба во која се наогаат семејствата, образовната структура на самите родители

,начинот на живеење и функционирањето на семејствата каде децата се препуштени на

улицата и групата врсници, воспитно и образовно запоставени. Кај 30% од

малолетниците кои се жртви на семејно насилство , 20% се однесуваат на малолетници

кои потекнуваат од брачни семејства кои во својот воспитен процес се одликувале со

негативен модел на идентификација од своите родители, недоследни родителски

Page 56: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 56

ставови кои се застапени во 20% кај малолетниците каде девијантното однесување е

последица на престрогиот начин на воспитување кој најчесто резултира со конфликтен

однос помегу малолетниците и нивните родители, каде едниот од родителите казнува

а другиот дозволува.

Табела бр. 12: Начинот на кој малолетните деликвенти го поминуваат слободното

време и нивната националноста (n=30)

слободно

време

националност

мобилен

музика

интернет

Скита

проси

безделнечи

тв

спорт

Македонци 4 4 4 5 5 / 22

Албанци / 2 2 1 2 / 7

Роми 8 11 8 13 6 8 54

12 17 16 19 13 8 85

Добиени се поголем број на податоци за слободното време кај малолетниците

од постоечката документација

0

2

4

6

8

10

12

14

Македпнци Албанци Рпми

мпбилен

музика

интернет

скита,прпси,безделнечитв

сппрт

Графикон бр.14 Начинот на кој малолетните деликвенти го поминуваат

слободното време и нивната националноста (n=30)

Од прикажаното може да забележиме дека кај најголем број од малолетниците

од сите националности слободно време го поминуваат во скитање, просење, слободно

време каде најчесто ги извршуваат своите деликти. Oд вкупниот број на малолетници

48,2% во своето слободно време користат интернет, тв, мобилен, само 9,4% слободно

време го искористуваат за спорт и спортски активности.

Page 57: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 57

Табела бр. 13: Видовите на деликти кои ги вршат малолетниците и со кој ги

вршат истите (n=30)

Видови на

деликти

Група на

врсници

кражби

Нарушување

на јавен ред

и мир

Сексуални

деликти

Деликти

против

живот и

тело

Сообраќа

јни

деликти

Конзументи

на

психотропни

супстанции

Сам 7 3 / 2 1 1 14

Група на

Врсници

22 8 5 4 2 12 53

29 11 5 6 3 13 67

Добиени се поголем број на податоци за видовите на деликти кои ги вршат

малолетниците од постоечката документација

0

5

10

15

20

25

сами група на

врсници

кражби

нарушуваое на јавен ред имирсексуални деликти

деликти прптив живпт ителпсппбраќајни деликти

кпнзументи на психптрппнисупстанции

Графикон бр.15 Видовите на деликти кои ги вршат малолетниците и со кој ги

вршат истите(n=30)

Oд прикажаното најголем број од деликтите кои малолениците ги вршат со

групата на врсници се кражбите, а најмал број се сообраќајните деликти.

Малолетниците кои деликтите ги вршат сами најмногу ги извршуваат видовите на

кражби. Од вкупниот број на малолетници, 19,4% се конзументи на психотропни

супстанции и многу често деликтите ги вршат под дејство на истите.

Page 58: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 58

За илустрација ќе се послужиме со изјави на малолетни деликвенти кои

ги признаваат своите деликти :

Зоран Т шеснаесетгодишен скопјанец со богато криминално досие вели

“Моите видоа дека имам телефон, ама не ме прашааа од каде ми е . После со

уште двајца мои другари обивме коли, крадевме радиа, касетофони ги

продававме на пазар и имав пари. Им давав и на родителите , тие разбраа дека

крадам но си молчеа”

“Крадам на Бит Пазар и Залено Пазарче, а најчесто

во автобус.

Таму кај што има гужва можам најлесно без да ме

приметат некому да му го украдам новчаникот .Како

да брцкам во туѓи џебови

А да не ме фатат ме научи татко ми кога имав девет

години. Знаеш ние дома во Шутка сме пет деца мајка

ми не работи татко ми пие цел ден.Парите што ги

земам ги зема тој а тоа што ке го сокријам од него е

за јадење за мајка ми и моите браќа”.- вели Суад

четринаесетгодишно момче .

“Моите ниту се интересираа, ниту знаеа дека крадам. Тие

мислеа дека имам се, што ми е потребно и немаа време ни за мене

ни за моите брат и сестра. Полицијата прв пат не фати како

крадеме, од битиците од Трговски центар кога почна војната.

Татко ми беше во шок кога го викнаа во полициска станица каде

што бевме “-вели седумнаесет годишниот Владо чии татко е

адвокат

Page 59: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 59

III. ЗАКЛУЧОК

Според добиените резултати од истражувањето може да заклучиме дека нашите

претпоставки во однос на причините кои доведуваат до малолетничко престапништво

се потврдуваат .

Кај поголем број од малолетниците постои запоставеност од страна на

родителите, во воспитниот процес. Тоа се должи и на образовната структурана

самите родители, начинот на живеење, функционирање на семејствата каде

децата се препуштени на улицата, групата на врсници. Малолетниците кои се

жртви на семејно насилство се одликуваат со негативен модел на

идентификација од своите родители или недоследни родителски ставови каде

девијантното однесување е последица на престрогиот начин на воспитување кој

најчесто резултира со конфликтен однос помегу малолетниците и родителите.

Малолетниците потекнуваат од семејства каде економската состојба не ги

задоволува основните услови. Живеат во изразено тешки услови , каде

родителите се невработени , својата егзистенција ја остваруваат собирајќи старо

железо, пластични шишиња, стара хартија , или се корисници на минимална

социјална парична помош.

Најголемиот дел од малолетните деликвенти во однос на нивната образовна

структура се со недовршено основно образование , многу мал број од

малолетниците имаат завршено основно и средно образование.

Поголемиот број малолетници кои имаат нарушени семејни односи покажуваат

слаб успех на училиште и конфликтен однос кон своите соученици и

наставници. Агресивното однесување кај малолетниците најчесто е резултат на

родителската запоставеност, каде најчесто некој од членовите на семејството е

корисник на алкохол и наркотици, а малолетникот е честа мета на злоставување

и запоставување

Page 60: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 60

Најголемиот дел од слободното време малолетниците го искористуваат за

скитање, просење, слободно време каде најчесто малолетниците го

искористуваат за извршување на деликти. Многу малку од слободното време

малолетниците го искористуваат за користење тв, интернет,мобилен телефон,

спорт и спортски активности.

Дури кај 80% од малолетниците најголемиот дел од деликтите ги вршат заедно

со групата на врсници

Најголемиот број од видовите на деликти кои ги вршат малолетниците од 10 до

18 годишна возраст се кражбите , додека во помали проценти малолетниците ги

извршуваат останатите деликти( нарушување на јавен ред и мир, сексуални

деликти, деликти против животот и тело, сообраќајни деликти).

Најголемиот дел од малолетниците своите деликти ги извршуваат во своето

слободно време, многу малку од малолетниците деликтите ги извршуваат под

влијание на тв, интернет, филм со што поединечната хипотеза дека

малолетниците под влијание на тв, интернет, филм извршуваат кривични дела

делумно се потврдува.

Поголемиот дел од малолетниците кои извршуваат деликти се склони кон

конзумирање на психотропни супстанции,и деликтите ги вршат под дејство на

истите.

Деликтите кои ги извршуваат малолетниците многу често се случува да ги

повторуваат истите. Многу мал број од малолетниците деликтите кои ги вршат

сами често ги повторуваат.

Page 61: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 61

IV. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Арнаудовски Љ. (1983), “Малолетнички криминалитет во СР

Македонија”,Скопје

Boskovic M. ( 2006), “Kriminologija ” Univerzitet u Novom Sadu –Pravni

fakultet,Novi Sad

Dinitz S. (1986), The Antisocial Personality , Forensic psychiatry and psychology,

F.A. Davis,Company Philadelphia

Дневен весник Вест бр.3007 година 2007

Gjurag S. (1991), “Metodika rada sa maloletnim delikventima” decje novine

Joskovic. Z. (1991), “Kriminologija maloletnickog prestupnistva” Nucna kniga-

Beograd

Костова М, Бараковска А, Маказлиева Е. (2005), “Педагогија” Просветно дело –

Скопје

Mlagenovik- Kupcevic R. (2001), “Kriminologija”, Fakultet kriminalistickih nauka-

Sarajevo

Сулејманов З, Стојаноски Н. (2002), “Социјална патологија ”, Скопје

Todorovic A. (1995), “Uzorci maloletnickog prestupnistva”, Institut za

kriminalisticka istrazivanja

Чачева В. ( 2007), “ Карактеристики на малолетничкиот криминалитет во

Република Македонија”, Скопје

http://www.un.org/esa/socdev/unyin/documents/ch07.pdf

Page 62: Дипломска работа - Пат кон малолетничка деликвенција -Андон  Дамовски

Андон Дамовски Причини за малолетничка деликвенција

| 62