40
витамин Ш7 1000 mg

Ш – Витамин Ш7

  • Upload
    izlez

  • View
    240

  • Download
    2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Седмиот број на книжевниот додаток „Ш“ насловен „Витамин Ш7“.

Citation preview

Page 1: Ш – Витамин Ш7

витамин Ш71000 mg

Page 2: Ш – Витамин Ш7

ПОДДРЖАНО ОД

°содржина

УРЕДНИЦИЗорица ПеткоскаЈана КолеваАфродита НиколоваАфродита Бојаџиева

лЕктУРАКристина ВелевскаДаниел Матракоски

ГРАфИчкО УРЕДУвАњЕ И ДИзАјНИван Дургутовски

зА ИзДАвАчОтЗдружение “Студентска организација Излез“

кОНтАкт[email protected]

фОтОГРАфИИИван Дургутовски

03» Ш7-1/Ш7-2 04» The SpiderS Won’t notice/UpSide BeaUty 05» 1рви март 06» и под перницата се сонува/песови 07» идеални неШта/огледалоперачка/повев/мисловна ентропија 08» Ѕвезди 09» во твојата кутија со книги/црква за бајка 10» непознатиот 12» кафеана 14» мисловен симпозиум 15» се сеќаваШ ли и зоШто не? 16» ронки леб 18» заблуди и како да се преживеат 19» историја 20» без наслов 22» пеШачки премин 23» пат 24» интервју: Шарлот Хигинс 26» Хаваец 27» аксц: луѓето се задуШуваат/мртвородена 28» креативна младинска акција: Хаику 31» твојот аџилак/глаголот „мисли“ 32» Kреативни работилници Штип: струкирани сончогледи 33» мастилна дуШа/плетенки/луѓенца 34» Шопинг 35» кога надвор го видов роналдо како жонглира до десет 36» Шворцоза (lat. SchvorcoSicUm) 37» зоШто пиШувам 39» BooKWormS

Page 3: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

° ЈАНА КОЛЕВА

° ЗОРИЦА ПЕТКОСКА

На крајот од денот. Провлечени по стоти пат под сивата кожа на

асфалтот, погодени од сите возможни и неслучени сообраќајни несреќи,

прободени од неколку цагери предизвикани од нечии отровни мисли...

На крајот од денот. Со неколку јазли од проголтани пцости во грлото,

со радиоактивна прав во бронхите, со провевот од нечие прекрасно

неприсуство во градниот кош, со грчот од невидливата стисната

тупаница во мускулите...

За да ги ублажите симптомите што би можеле да се појават како

нуспродукти на крајот од таквите денови, растворете една шумлива

таблета од фиоките каде што чувате незагаден дел од себе, испијте ја

содржината, опуштете се. Потоа седнете. Пролистајте ја содржината што

следува во продолжение и пуштете витаминот Ш7 да ви проструи низ

вените. Одморете.

(Контраиндикации на лекот: Можно е да почувствувате нагон да кажете

нешто, некому. Можно е и чкрткање по хартија. Во тој случај, запишете

нешто, станете лесни. Ставете ги на отпусна листа сите демони на

меморијата...)

Некои утра ти горчи во грлото. Недостаток на убави зборови,

најверојатно.

Некои пладниња и попладниња ти се тресат рацете. Недостаток на книга

во нив, тегот на кантарот кој те израмнува со светот. Најверојатно.

Некои приквечерини те боли главата. Недостаток на книжевни идеи што

поместуваат оловни меридијани. Најверојатно.

Некои ноќи, лежиш исцрпен, а без сон. Недостаток од сето ова заедно.

Најверојатно.

>Ш7-1

>Ш7-2

МУДРУвАњА 03

Page 4: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

04 кОНкУРС

° марија Шаклева

Is it the sickness I get

when those lines on the mirror hit me,

repeatedly,

with no remorse,

but engine of never stopping disgust

that makes the suicide so lovable.

It must be them,

the nails that want to take out my skin,

throw it terribly clean,

then start building another one,

carefully,

where they can’t reach me.

I will make them beautiful,

they will never break

nor betray

the bending statues in my mind,

collapsing their future

in front of an image,

they’ll stay there

inventing picture beneath my symmetry.

Can I any longer carry my hate,

maybe,

maybe,

if it’s in the graveyards by the spring flow-

ers in Provence.

>Upside beaUTy

° марија Шаклева

There is an ocean out there,

we are just bodies

until we bleed the blue,

and mere empty cottages

floating the story away.

The surface suffocates me

as if dancing fairies

have the eternity to speak,

the moving legs

and speaking eyes,

unbearable the unborn past.

Are we staying long,

the desert seems desperate,

red , between my eyelashes,

eat the transition,

I need my eyes fresh.

>The spiders won’T noTice

ЗорИцА ПетКоСКА: Убава елегија за ликот во едно огледало, душевен пејзаж.

ЗорИцА ПетКоСКА: Маѓепсувачка фантазија полна јазична музика и игри на зборови и на звук.

КонКурс за маКедонсКа поезија [СЕЛЕКЦИЈА НА УРЕдНИчКИОТ ТИМ]

АФроДИтА НИКоЛоВА: Песнава ветува со звукот и со значенската игра предизвикана со опчекорувачките стихови.

Page 5: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

There is an ocean out there,

we are just bodies

until we bleed the blue,

and mere empty cottages

floating the story away.

The surface suffocates me

as if dancing fairies

have the eternity to speak,

the moving legs

and speaking eyes,

unbearable the unborn past.

Are we staying long,

the desert seems desperate,

red , between my eyelashes,

eat the transition,

I need my eyes fresh.

>The spiders won’T noTice

афродита ниКолова: Песнава опасно си игра со стереотипни крајности, но преку примамливи и, на моменти, изненадувачки слики и споредби, одекнува храбро во увото на читателот.

ЗорИцА ПетКоСКА: Oваа песна ми разбуди некое чувство на бестрашност и бунт, како цело шише вино.

КонКурс за маКедонсКа поезија [СЕЛЕКЦИЈА НА УРЕдНИчКИОТ ТИМ] кОНкУРС 05

° биљана т. димко

И на двајцата џебојте ни се полни со ветришта

крвта ни подрипнува од никотин

а срцата ни ритмираат ко ударни вести

Јас пијано го цитирам Исуса

ти се колнеш дека за сè има право Буковски

 

да ми си жив

Публиката занесно и на двајцата ни ракоплеска

Мене ми се восхитуваат на речовитоста

ама воопшто не ме разбираат

тебе те распнуваат

а во меѓувреме си планираат кога сексуално ќе се преслушуваат.

 

А не знаат дека вечерта на 1 март,

си заминавме заедно рака под рака,

ко пивко старо вино течевме по улиците

и им ги броевме белите влакна

кои тие не ги забележуваа

и неспретно ги киневме сметките од Топлификација.

Глупаво е да се грееш на провев.

> 1 мартeлегијата на една сцена

Page 6: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

06 кОНкУРСКонКурс за маКедонсКа поезија [СЕЛЕКЦИЈА НА УРЕдНИчКИОТ ТИМ]

° марија Шаклева

° диме данов

И под перниците се зборуваТе гледам веќе само во очите вечито везденшто ги шетаатлиниите на крвотокот,крстоноснокрвоноси гисите сетила свеченошто пак ги топатчедата во чистото огледалочесто,веќе врежано внатре,свртенои откај дрвените даскалипоморски што гонатсонови,сосема оставенисепосакувања,ми ги бришеш капките,наслони надвиснатинад вашите тела,сомнежи го стравот

Црни песови носат коски

ги гледам низ маглата

на кратко време

но веќе знам каде ги закопуваат

Ги следам нивните траги

сѐ до полето од коски

Слушам канџи како гребат

и тешко дишење

Сега, зошто овие песови бедни

би закопувале коски?

И зошто чувствувам како

нивните ноздри тешко дишат

зад мојот грб

А во нивните oчи

го најдов одговорот

што испукани капилари

го пишуваат по нивните белки

ЗорИцА ПетКоСКА: Песна која плени со мајсторството на јазикот и звукот, песна за постојано слушање и читање на глас, во еден здив, гладно, и пак уште еднаш само што си завршил, алчно.

АФроДИтА НИКоЛоВА: Едноставен јазик што ја прави песнава пластична и придобива неочекувано со крајот.

>Песови

>и Под Перниците се зборува

Page 7: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

КонКурс за маКедонсКа поезија [СЕЛЕКЦИЈА НА УРЕдНИчКИОТ ТИМ] кОНкУРС 07

° марија грубор

° елена стрезоска

° миа ефремова

° игор сретеновски

Ти дозволувам да ми простиш:Кога сум идеалист и сакам цвеќињаИдеална во неразбирливостИдеал што не трпи допир.

Шансата е само денес, секогаш.

Ќе талкам по патот што води

ќе перам со сапун матни води

дур не избистрам дур не годи

сон нежен самварен.

Пелтечи поетски полковникво молкпред политички правописни предци.

На несредени мисли

им треба прекален генерал

кој одлучно ќе им заповеда:

„Во строј!“

АФроДИтА НИКоЛоВА: Тоа што насловот отвора простор за читање на песната како поништување на поканата за опростување, го издигнува женскиот субјект и ѝ пркоси на секојдневната еднострана поделба на идеалист и реалист.

ЗорИцА ПетКоСКА: Песна која може да те залаже дека е секојдневна, но потоа како булка да се отвори и да ти го покаже својот нежен сон.

>идеални неШта

>огледалоПерачка

>Повев

>мисловна ентроПија

ЗорИцА ПетКоСКА: Маестрална алитерација која те зграпчува небаре мантра.

ЗорИцА ПетКоСКА: Кратка

слатка поетска минијатура,

урбан поетски графит.

Page 8: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

08 кОНкУРСКонКурс за маКедонсКа поезија [СЕЛЕКЦИЈА НА УРЕдНИчКИОТ ТИМ]

° симона локвенец

Симнуваш ѕвезди со зборови,

велиш биле вжештени колачиња

полеани со галактички шеќерен прав.

А можеби се џиновски фарови

од некои вселенски летала,

кои откриваат нови светови,

дури ние загадочно набљудуваме од нашата мала планета.

Ил’ мoжеби се жигосани диско-топки

кои се вртат во ритамот на Млечниот Пат

дури некои човечиња танцуваат на изветвен подиум,

ил’ се дел од некоја јалдазлива желботека

која чека да си изнајмиме клокотливи желанија.

Можеби се кристални цветчиња – дел од некоја вдахновена градина,

а може се само прозрачна илузија,

ремек-дело на свемирски сликар,

живописно нацртани, склепани и битисани,

закачени ко чудесен плакат над нашиве љубопитни главчиња,

да се прашуваме што има зад нив.

И дури го гледам отсјајот нивен во очите твои

се прашувам дал’ ѕвездичките се можда

злобни палави очиња од жители на други планети,

па можеби понекогаш и тие погледнуваат

накај нашава планета,

па и нашиве земјени очи засјајуваат ко ѕвездени фенери.

ЗорИцА ПетКоСКА: Бајковидна песна, полна нежност во која секој нов стих полека се напластува како снег. Крајот е всушност совршен почеток.

>sвезди

Page 9: Ш – Витамин Ш7

КонКурс за маКедонсКа поезија [СЕЛЕКЦИЈА НА УРЕдНИчКИОТ ТИМ] кОНкУРС 09

° марија грубор

убаво си бев наштимана во

хармонија

како куче што весело си ја брка

опашката,

но ти проклет шумски самотник

кој си толку накриво насаден,

ми ги украде долговите,

ми ги порамни сметките

и ме пикна во твојата црна кутија

за книги.

се вдомив врз кориците на Тагоре,

кому пробав својот гнев да му го

раскажам,

но на усните запнаа само мисли

незрели

како овошките од детство.

налутена до зборови што во

речник ги нема,

пред да си легнам си го исправ

мозокот

и го закачив да се суши на Кафка,

а кретенот го изгубил на страница

стовтора

не успеав да го најдам.

и ми рече тогаш расплаканиот

Ниче:

не можам да се сетам дали

некогаш бев човек?

а јас, скроз збунета

трипати се прекрстив

и го затворив тврдиот повез.

ЗорИцА ПетКоСКА: Игрива и сатирична, и поетска персона со која лесно сочувствуваме.

ЗорИцА ПетКоСКА: Полна со сликовитост и секогаш поинаква

при препрочитување

>твојата кутија за книги

° бобан гацов

Предозирана самовила

ги растура домино-коцките

по површината на водата – се

огледува

го отвора нотесот со ракописни

имиња

на новороденчиња:

како што чкорчињата догоруваа така

броевите

стануваа едноцифрени

во ливада со босилек каде влезот

на комарците секогаш е запечатен

и темните облаци од темјан

ги гушат птиците.

> црква за бајка (и обратно)

Page 10: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

10 кОНкУРСКоНКурС: МАКеДоНСКА ПроЗА [СЕЛЕКЦИЈА НА РАЈНА КОШКА]

1; непознатиотавтор: Горан москов

Ветришта брзаат по ѕидовите на планината до ослабеното тело на старецот со бела коса. Патеката е тесна, а силата веќе заборавена. Нозете се движат небаре се планини. „Колку ли треба да се изоди“, би рекол старецот, а токму тоа и го мисли, „колку, за да се почне нов живот, колку ли ќе ја гледам оваа патека на бескрајноста“, така и вели, одејќи по страната на планината, по патеката до бездната без крај. „да се вратам ли“, би рекол, а тоа и го вели... „НЕ! одам, до крајноста на својата цел... непознато“. Вистината на крајот ќе се вдаде вчас, ќе се испружи како уметничко платно со нацртани звуци што блискаат во длабочините на таа прекрасна композиција на зборови споени во една реченица, која пак слатко и речито ќе се изјасни: „Спиј без мисли, во длабок мир и во плиток дом, засекогаш врежан во земјиното срце. Време е, старче“.

дум, шпљас, дум-дум, шпљас, брауу! Бурава како да нема крај. Брановиве како острици од копачи да удираат по старите нозе на планината. Немилосрдно ронат, кршат, дробат. Бам! Падна старецот, со растреперени усни. Погледна по должината на планината, крајот, да, ене го, го гледа, свети како свената зелена ружа, да... го виде крајот, крајот на еден свијок. Издвои едно капаче сила од она што го чуваше за црни денови, се заниша лево, па се навали десно, се фати за еден исушен корен, од компир ќе да беше, како и да е, се напрегна и стана. Ногавицата му се закачи на едно свенато зумбулче и му се искина, толку, толку беше, се предаде, ако не па, за еден миг попушти, спушти глава и престана да мисли, постоењето му беше во ризик. Но еден бран го турна, го разбуди, го врати. Старецот стисна веѓи и се сети, каде ли си вети, својата душа ќе ја врати. Испарви гради како одеднаш да го разбуди воинот мал, ама моќен во себе, се сврте кон морето, кое беше насекаде околу него и лаеше и ’ржеше, а овој пак се насмеа и кажа без зборови, кажа со едно трепнување: „Сакаше да ме земеш, да ме избришеш од постоењето, да ме победиш, ама Вистината ме чека“.

Небото плачеше, ронеше солзи топли врз малото парче земја што беше останало. Пролеваше тага за маките со кои со своите големи очи го гледаше копното одозгора. Пушташе големи светли бели облаци и истекуваше полека надолу. За миг, затвори очи да се смири и се успа, а облаците течеа ли течеа. Сето ова го имаше пратено еден злобен глас, така викаа оние за кои не се знае, за ламјата. Кога небото падна во сон, ламјата се разбуди и со темни гласови бројни, безбројни, шепотеше гласно врз планината јадна. Град се вдаде и го направи патот тежок како што ниеден не е, потежок од целата планина. Старецот во беда се најде. Град колку половина тупаница паѓаше врз грбот, а пак старецот, кутар и јаден, јад го фати, не, тој го фати јадот, во слепило и во глупост, полека-полека почна да свенува како да ги менува нотите на клавирот на сè пониска и пониска, сè додека не дојде до првата нота, тагата, и падна. Лежеше на црви и на глисти во моментот, на змии-отровници, на шкорпии. Тоа не го поттикна ни да мрдне, дури и убаво му беше, почна светулки да брои, со широко отворени бои на виножитото, додека градот му го разрануваше грбот како да си пишуваше мачна песна на него. Ништо... никако не му се стануваше, ништо не го натера, па дури ни огромната стоногалка што се обидуваше во уво да му влезе, сепак отвори очи и се врати на земјата на која лежеше, над лисјата, над гранките и над исушените цвеќиња, се врати, да.

Page 11: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

кОНкУРС 11

Ама убаво му беше, да, бар за миг се опушти или пак почна да се опушта, да ги опушта сајлите од јарболот, кој веќе беше почнал да се крши, а зошто? Почувствува дека си го скрши срцето, ја помрдна раката и ја бутна под палтото од левата страна кај градите, да, кај срцето, пробуричка кратко и застана. Солзи протекоа по неговото суво лице и го исушија уште толку, капеа на земјата создавајќи големи бари сол. Се обиде да ги спои парчињата, но некои парчиња беа изронети и се откажа. На кората имаше нешто изрезбарено, некој знак и иницијали, ама толку избледени што не се знаеше што е што, дури ни старецот не знаеше што е веќе, само знаеше дека тоа му е срцето, тоа му е животот, толку, доволно му беше, а сега, сега е веќе распарчено. Гневно удри на земјата и во скок стана, ја крена главата, ги рашири рацете и викна: „Што сакаааааааааш?!“, а во тој миг карпата до него се распука и излета нешто накај небото, од светлоста не можеше да види што е. Кога веќе беше таму, горе, далеку, виде еден бел змеј со човечки облик, со огромни канџи и со голема челуст, со заби остри како нож. Со огромна брзина, змејот ѝ се вдаде на ламјата и со канџи се стиснаа, со заби се гризеа, а искрено и пискаа, во бол и во бес, во борба се најдоа, ламјата гризеше, змејот пак громови плукаше, дојде и крајот на битката, змејот легна во крвна постела, а и ламјата беше тука некаде, миг или два побавна, ама успеа да исправи безрбетен грб и со квичење да избега, а змејот, ах, тој громогласник, величествено светеше и огнени солзи ронеше по должината на планината, сè до местото од каде што излезе, од таа карпа, црна чума, зошто ли излезе. Замре, последната солза изгоре и запиша на небото: „Продолжи старче, Вистината те чека“, кога од карпата засвете нешто и се крена кон небото, едно детско безживотно тело, и заедно со змејот бескрајно исчезна.

Старчето одеше сè до крајот на светот, а светот, една планина. Одеше и полека сознаваше, крај нема, ама сознаваше и дека целото време секој чекор по крвавата почва го правеше во круг. „Па, каде ли е Вистината, каде е ако ме чека?!“ Така би викнал кога би имал сила. Сила не можеше ни во единственото дрво по патот што го виде да најде, ни во карпите што беа потемнети, ни во воздухот што го труеше. Стој, си кажа. Седна и гледаше право, полузамижан. далечно изгледаше како да гледа, ама не гледаше подалеку од својот нос. Се успокои со својот нос и со одморот што си го зеде, за првпат. Размислуваше долго, се прашуваше, си одговараше, се занимаваше, фантазираше. Толку едноставно, стана и се загледа во висината на планината. Подаде чекор и тргна пак, меѓутоа, сега, не по патот покрај планината, туку кон самата болка, самата планина. Скокаше, се качуваше, се пентареше, сета своја сила што ја чуваше за црни денови ја трошеше сега во овој миг. И, толку?!да, толку.А старецот, што се случи со него, ја најде ли Вистината, успеа ли некаде да се пронајде?Аааа, да, тој си ја најде Вистината, секако, дозна... тоа тој си знае, нема да ги кажувам туѓите судбини, не се важни за мене и за тебе, нашата е важна за нас, ама важно е да тргнеш по пат каде што нема пат, каде што има патокази или, пак, ако не, да кружиме во круг, како лебарки без еден пар нозе или како старецот пред малку. добра ноќ.

рАЈНА КошКА: Извонредна екстернализација на внатрешните превирања во секој „жив чоек“.Успешен експеримент со фолклорни и архетипски елементи.

Page 12: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

12 кОНкУРСКоНКурС: МАКеДоНСКА ПроЗА [СЕЛЕКЦИЈА НА РАЈНА КОШКА]

Едно купче од човек седеше стуткано во рацете на аголот од собата. Купчето мируваше со скрстени нозе и со една цигара. Скришно подгледнуваше во спротивниот агол од оној во кој седеше и, како тој да има повеќе, беспрекорно му завидуваше. Се полнеше со цигарата како некој просјак, копнееше да биде подолга и подебела, а ја пушеше страшно брзо. Постоеше некакво неизмерено растојание помеѓу устата и цигарата стационирана во рацете и тоа се менуваше драматично со секое телесно движење, но додека ја вдишуваше убавината на цигарата, веќе мислеше на наредниот дим. Тоа беше многу тажно, си помисли девојката од аголот, на крајот на цигарата, таа не успеала да ужива во ниту еден дим. Таа очајнички ќе го чека наредниот дим, дури и додека го вовлекува последното делче од цигарата. Стоејќи во редицата на шалтерот за издавање влезници за бесмртноста, ќе ја дочека смртта. Не ѝ се допадна таа помисла и речиси успеа да ја избрка од станот; таа, како и сите други што чекаа во редот, не имитираше никого и не беше определена од малограѓански страсти. Ама кој чека, изгледа нема да дочека. Згадена од помислата за заедништво, Марсела рипна од аголот и се упати кон кујната. Премногу предмети за мала кујна. Сè беше натрупано, сè имаше истовремено нешто над себе и нешто под себе. Марсела западна во бунило! Избезумено го бараше старото тавче, исто онака како што и тоа бараше простор. Можеби затоа и не го најде. Немаше многу време за размислување, стомакот имаше многу барања и таа немаше избор. За кратко време, се најде во маалскиот бар на истата улица и, внимателно одбегнувајќи го аголот, се смести на едно расклатено дрвено столче на средината на местенцето. Трештеше некоја напорна музика, а искинатите завеси на прозорците не беа тргнати настрана ‒ вешто ја бранеа темнината во локалот. Светлото беше излишно во барот, клиентелата што ги окупираше другите маси сè уште живееше во изминатата ноќ. денеска, впрочем, уште се немаше појавено. Имаше мала веројатност дека некој од присутните ќе се сети на денеска, бидејќи имаше и некои заспани, а тие, кај и да е, ќе се разбудат. Ова место смрдеше на недостатоци, тук-таму имаше понекоја откорната штица на подот, истурена сол, скршена чаша, без да се споменат гостите. Заборавените нешта продолжуваа во барот без своите сопственици. Скршената чаша ќе се фрли, а кутијата полна цигари? Едното го означуваше крајот на ноќта, а другото почетокот на денот. Сепак, секоја помисла на овие нешта е непотребна, исто како и времето потрошено за да се забележи нивното постоење. Ова беше епоха на брканица и на турканица. Овој бар со дефицит на тетки ѝ беше омилен на Марсела, ѝ ги будеше заспаната проникливост и прашањата без одговор. Ги развлече усните во обем на една просечна насмевка и викна:

2; кафеанаавтор: јоана маџовска

рАЈНА КошКА: Расказот го карактеризира низа лаконски искази и привидна недоискажаност која го принудува читателот самиот да ги пополнува празнините и да ја користи својата имагинација.

Page 13: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

кОНкУРС 13

„Пако, донеси нешто добро за јадење!“Келнерот ги смота и рацете и нозете за да стигне од шанкот до масата на девојката, но не беше доволно брз. Беше секогаш нешто повеќе смотан од брз. И тоа беше непроменлива големина. „Кајгана? Те уверувам, дебелиот е станат уште од седум и работи непрекинато“. „За кого?“, запраша Марсела и разгледа наоколу во барот. „Па, па, имавме нарачки за носење!“, извика тенкиот келнер. „Не се ни сомневам. И, свари едно кафе, ме полудува главата“. „Веднаш, Сели“.Тенкиот келнер, или бавниот келнер (сега веќе има повеќе описи на располагање!) замина накај кујната со придушени чекори. Цупкаше како повредена гимнастичарка. Или како пензионирана гимнастичарка. Ако веќе се инсистира на безначајноста на келнерот. Марсела веќе се имаше задлабочено во излогот на барот и се фасцинираше од луѓето што минуваа. Еден тон луѓе го поминуваа барот и одеа некаде. Одењето беше основна човекова можност. Со пар здрави нозе, секој можеше да оди. Но ситната девојка на масата во барот не можеше да одлучи дали секој што оди истовремено патува. Неминовно е да се рече дека тие што одеа го правеа тоа за да стигнат некаде. Значи, во игра беше некоја дестинација. Но нe, дали секој што оди патува? Тоа беше исто како и да се праша: дали секој што спие сонува? Можеби сите сонуваат, но сите не ги паметат своите соништа, ги забораваат некаде на патеката по која одат секое утро. Патувањето го забораваа на некој агол од улицата по која одат, а патувањето е изговор во секојдневието, излез од безредието, исправка на умствието, и веќе не станува збор за замисленото патување, туку за простиот човеков од. Сега животот е идеален ако станува збор за миење заби и за чистење теписи. Иако тоа некогаш се правело за да се пречека некој љубовник или можеби значаен државник. Сега тоа веќе не беше важно. „Кајганата пристигна!“, се распишти Пако како прваче на првиот училиштен ден. „Само да знаеш, имам големи очекувања“. „Знам, љубов, знам“. „Сè сте смислиле, итреци едни мали. Среќа, човекот има повеќе сетила за употреба, па во недостиг на светлина, сè ќе зависи од мојот вкус“. „Па, тоа е најновата кулинарска тактика. Го изолираме вкусот од сите други сетила. Време дојде да ги будиме старите пијаници“.Паковите раце ги отворија широко завесите и светлината пристигна во барот во вид на експлозија. Тоа беше најсовремениот будилник во градот. Утринското сонце ја разоткри правта во воздухот и ги соблече старите маси од ноќната прекривка. Маската не успева во денот. Што и да се случило за време на изминатата бурна ноќ, денот ќе открие. Не се бегаше од денот. Упорно доаѓаше по секоја ноќ. Тој функционираше како беспрекорен љубовник. Го имаше исто толку колку што го немаше, секако, во зависност од сезоната. Ама на крајот, денот секогаш се губеше во ноќта. Настанува сериозно побркување, а понекогаш, во екстремни случаи, и нарушување. Ех, па сега не е ни чудо што гостите сосема го изгубиле чувството за таа промена.

Page 14: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

14 кОНкУРСКоНКурС: МАКеДоНСКА ПроЗА [СЕЛЕКЦИЈА НА РАЈНА КОШКА]

Во излогот на една мала продавница за чоколада се гледаше недефинирана фигура на заробеничка на студот. Се тресеа и шалот и ракавиците и капата и јакната, иако беа волнени. додека секој дел од телото болуваше, само очите мируваа, фиксирани на една искривена перспектива на еден уличен парталко. Каде ли може да оди човек со искинати алишта? За ниедно место не е достоен. А каде ли може да оди човек со искинати сништа? Повторно никаде. За некаде не ни знае. За некаде не ни сака. Погледите на двајцата парталковци се сретнаа. Немаше место на светот каде што ќе можеше да ги собере за навек. Немаше место на светот каде што секој ден ќе можеа да се кријат во благословената баналност и да ја ткаат својата мизерија. Немаше некое слободно место за нив во овој обичен град. Слободата е привилегија на обичните. Тука беше едноставно премногу тесно. Големите луѓе можеби живеат во мали градови. Ним секое место би им било мало. Им ја притиска внатрешноста за да им излезе големштината. И ќе биде дочекана со потсмешлива насмевка од околината. И ќе се кине малку по малку, со секој потсмешлив израз. Потсмевот е убиец на напредокот. Ако сите луѓе се смееја секој ден од своите животи, каде ли ќе беше сега човештвото? Смеата е дете на безгрижноста, но далечна роднина на работата. На улицата поминаа две тетки фатени под рака. Едната од нив имаше бојосана виолетова коса и усни обоени црвено, кои се ширеа како развлечен ластик и откриваа искривени жолти заби додека громогласно се смееше. другата, пак, со распаднато лице, како накисната билка се вееше во смеата на другарката. Се расцвета улицата од одот на нивните штикли. Вешто го заобиколија парталкото. Неговата смрдеа се ширеше со истиот интензитет низ целата улица. Ги бркаше тетките и се расправаше со нивниот мирис на ливада. Толку многу пространост во ограничен простор на размислување. Ете, конечно го избегнаа парталкото! Барем до наредната улица ќе имаат уште една причина за смеење. А парталкото си ја наведна главата. Се засрами од сопственото постоење. Неколку минути подоцна, ги погледна очите на девојката отспротива. девојката го гледаше парталкото и сакаше да му каже дека и таа е растргната, но однатре, дека е искината, валкана, исто како него. По кратко време, ја разбра. И тој поглед на разбирање, таа отсечка од девојката до парталкото, непремостлива дистанција, беше најскапото нешто на сиот свет. Не се продаваше во ниеден киоск. Зениците на девојката се ширеа како црвените усни на тетката. Тоа беше страшно, си помисли таа. Сепак, вистинито. Зар имаше некој што ја сакаше вистината? Тоа нејзино постоење беше осаменичко, избегнато, потиснато, опустошено. И вистината си беше некаков вид парталко кого ретко кој сакаше да го дружи. Тажно, зар не? Вистината беше осудена на бескрајна самотија, која немаше ни почеток ни крај; беше славеник на едноставноста и гласник на правдата. Компликуваните луѓе не ја сакаа вистината бидејќи ги правеше едноставни. Покрај вистината, изгледаа извештачени и маскирани.

3; мисловен симпозиумавтор: јоана маџовска

рАЈНА КошКА: Мазни преоди во нарацијата, од првичната глетка и вистината искажана преку глетката на парталавиот човек и лагата, преку глетката на двете жени. Подеднакво успешно преоѓање од појавниот, физички свет во внатрешниот свет на нараторот/нараторката и на егзистенцијалистичките прашања за човековото постоење наспроти вистината.

Page 15: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

кОНкУРС 15

Се сеќаваш ли кога ти скршив киндер-јајце од челото, а ти во миг на изненаденост ме турна, та јас се струполив по скалите и умрев? да, знам дека беше одамна, логично е да си заборавила.А се сеќаваш ли на вечерта кога, без да очекуваш, ти го пресеков патот за миг потоа да лежам на него како резултат на твоите познавања од боречки вештини? Се сеќаваш дека тој инцидент ме чинеше заб и две ребра? Ах, и тоа си го заборавила.А зарем не се сеќаваш на мојот пукнат нос во мигот кога ти ја кажав несолената шега дека не те познавам, дека имам друга, а ти халуцинираш? Таа вечер токму јас халуцинирав зашто успеав да ги видам ѕвездите, а најсјајната меѓу нив го носеше твоето име. Секако дека и тоа останало одвеано од виорот на твојот неизлечив заборав.А што со оној момент кога со колено рефлексно ми влезе во грб откако топчињата со кои се обидував да жонглирам самите ме доведоа помеѓу твоите прекрасни нозе? Не знаев каде си, а тоа ме чинеше привремено губење на свеста и на којзнае колку клетки во мозокот. Зарем и тој... ах, да. Залудно е да повторувам повеќе.Сигурно си заборавила и на чвргата од моето предминато шишање или на маглата од пред некоја недела што низ удар ни ги обедини главите!?Поставувајќи си во себе уште едно од низава прашања, на усните ми се јавува лак свртен надолу; знам дека се сеќаваш на мигот кога првпат те здогледав и ти го упатив својот поглед, за истата вечер да се обедини со оној од твоите усни, допирајќи ги сегде каде што потајно сакаа.Познавајќи ги подобро отколку што се познаваат самите.Знам кои се миговите-жртви што пајаковата мрежа на твоите сеќавања успеала да ги улови и тоа повторно успева да те направи наивно слатка во моите очи.Истите оние што, безмилосно вперени во твоите, во моментов ти го велат истото што и цели раскази, кои нежно ти ги милуваат очичките дури низ насмевка се обединуваш со нивните вистини.Оние што пишувале и допрва ќе пишуваат за сеќавањата што ќе си ги читаш.

Ја облекуваа во илјадници костими за да заличи на лага. Лагата постоеше за да се крие вистината; бидејќи таа, сама по себе, немаше суштина. Беше празна и контурите на нејзината фигура беа исцртани по работ на вистината. додека вистината беше драмски текст, лагата беше глумица во театар. Што ли ќе претставуваше лагата да не постоеше вистината? Не, ова е повеќе од очигледно, си рече девојката, лагата зависи од вистината. Тие се чудесни љубовници што не можат еден без друг. Онаму каде што има вистина, може да има и лага. Лагата не можеше без вистината, но вистината можеше сама. Е, токму таква сакаше да биде девојката. Сама за себе. Независна. Вистинска.

4; се сеќаваШ ли и зоШто не?автор: стефан марковски

рАЈНА КошКА: Со дискретен хумор внимателно избалансиран со придушена меланхолија авторот/авторката од навидум реални настани од секојдневието, преку оригинална наративна техника незабележливо преминува кон сложено метафорично заокружување на расказот.

Page 16: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

рАЈНА КошКА: Вешто градена долга реченица, природен колоквијален јазичен израз, функционална придушена духовитост која преоѓа и во блага, остроумна иронија и самоиронија.

Едвај една недела помина откако престанав со седумгодишната навика, а веќе презриво ги погледнувам, дури и од високо и откосо, оние млади мажи, полнички разбушавени средовечни жени и старци со волнени шалчиња, сите забрзани низ првата магла по улиците со цигара во уста. Тој лажен морал сите ќе нè дотепа, ама на луѓето ко мене, луѓе горделиви, а несигурни, на кои им треба малку повеќе работа за да ги одржуваат своите ситни успеси, знае толку згодно да им се најде.Јас брзав пеш кон дома, т.е. веќе не брзав оти сфатив дека баш и немам кон што да брзам. Претходната вечер ми тежеше малку врз свеста, да не речам дека бев поматена, се удирав од оградите и си ги превиткував глуждовите во неудобните чевли и од дехидрираност ми се вртеше ко на тинејџер од првиот дим. Се разбира, си носев и недолечена кашлица. Сув студ, поспани и нервозни утрински луѓе, не беше тоа мој свет, не беше за пеш.Меѓу другото, мојот организам има една лоша особина: кога пијам малку отпојќе, наредното утро се будам прерано без можност за повторно заспивање и, уште полошо, прежедна сум – секогаш за нешто конкретно. Може да е сок од јаболко, може да е од портокал, а може и од малини и од капини и од брусница, може да е чоколадно млеко, може да е какао, може да е шумлива таблета со магнезиум, може да е солна киселина. Како и да е, морам да испијам одредена количина од точно одредената течност, инаку џабе, би можела да се налевам со нешто друго колку што сакам, ама некоја мачна психичка жед останува недопрена некаде во мене, сè додека, макар 24 часа подоцна, не го добијам тоа што ми се сонило. да, како мало дете, трудница или човек на смртна постела. Еве, утрово горев по сок од боровинки, а во мене ни пари ни боровинки. Ги изгубив вчера некаде и парите што ги чував за автобус, па затоа еве ме пеш околу светот, и тоа имам многу за одење во ова неудобниве чевли, со нападите на недолечена кашлица, тетеравејќи се околу оградите и умирајќи по сок од боровинки, а мојот љубен и најценет, кога се разделивме пред неговата канцеларија пред малку, без да трепне ми рече „ајде, чао, и замотај се убаво во шалот оти еден час ќе одиш до дома“, ме бакна во подзинатата уста додека стоев скаменета од неговата нечувствителност и ладна негрижа, општо кажано – од неговите денешноутрински манири на стока. Тој се сврте и исчезна во облак рамнодушна прав, како самовила во цртан филм, јас покрцкав со забите и тргнав некако по патот. Бев лута, а со секој чекор имплозијата бетер стануваше, утрово ама ич не бев расположена за одење и за акање и за на ветрот дување, утрово не бев расположена за живеење, ама стиснав заби, тргнав по патот. Си пуштив музика во главата, разгледував како им оди животот на тревчињата во пукнатините на тротоарот, зјапав во луѓето, тие во мене, еден работник со темни демначки очи пикнат во дупка на асфалтот ме гледаше баш онака безмилосно, му го пресретнав погледот, тој не се повлекуваше сè уште, тогаш јас го тргнав својот склопувајќи за крај драматична фаца на „одбивност и гадење“. Мразам такви директни бесрамни зјапачи. Зошто? Полека треба да се одвикнат маживе од тоа надмоќно зјапање што има функција да потчинува жени, оти жената, толку фина, толку слатка, толку заруменета, треба да го спушти погледот и да се закикоти, тоа е ефектот на силниот земјотресен поглед на вистинскиот алфа-маж.

5; ронки лебавтор: марија Грубор

Page 17: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

кОНкУРС 17

Мислев на оној мојот најљубен и на чудното однесување од утрово. Ладнокрвноста лошо му стои. Обично оти е претопол, проценувам дека сега ме казнува за нешто. Знам и за што. За оној мој гаден табиет, што би рекол татко ми, за краткиот фитиљ, за нестабилноста на расположенија и на наклонетости и за мојата љубов кон високите октави. И, си велам, нема да му се одмаздам за ова. Ете, сум заслужила, баланс треба да постои во засебните лошотии на единките во пар. дури речиси се разведрувам со наредната помисла, а тоа е личниот развој што го доживувам со ова пешачење денеска. да. Апсолутно. Оти, ако сум без пари, логичната последица од моите постапки и одлуки треба да си ја примам со две раце раширени, тоа ем ме учи на памет ем ме одржува самостојна, е затоа ќе одам пеш до Марс ако треба, и тоа со крената глава. Треба човек дури среќен да е кога самиот си е крив за нешто. Кога се други причинителите, позамрсено е чарето. Од подзината уста и од желба за убиство стигнав до радост, а нема ни 8 часот. Едно е сигурно, на емоциите не треба да им се верува. Не само што не се репер за апсолутна вистина, туку се како капки парфем. Пуф – испаруваат и најнесолидарно те оставаат сам да го примиш ќотекот.Стигнав до омилената раскрсница и го забавив чекорот, чекајќи ја омилената сцена. Ете го – речиси секое утро, истиот стар продавач на весници, стациониран на островчето меѓу улиците, облечен во јаркоцрвена униформа, со нос и со образи сјајно вцрвенети од сериозниот студ, го вади лебот од кесата и почнува да ги храни сите гугутки што постојат, мислам, во државава. Односно, тој почнува со две-три, но за миг тие стануваат две-триесет, а потоа со секоја измината секунда морето се шири и почнува да ја поплавува дури и улицата, автомобилите свират и лазат, а насекаде има размуабетени гугутки што насилнички и игриво се натпреваруваат за ронка леб, подрипнува в место целото тоа купче перја, чиниш ова им е најдрагата социјална активност во денот. А стариот стои како восочна фигура со безизразно лице и живи му се само рацете, внесени во смирено и механичко ронење на лебот, парченце по парченце, оттука сѐ до бескрај; тој човек никогаш не брза, никогаш не се налутува што „дава прст, а му земаат рака“, што би рекле старите, односно што, сакајќи да фрли ронче-две за некоја гладна птица, добива стампедо од крилести питачи – не, нему му е сеедно дали ќе бидат една или илјада, тој секое утро овде доаѓа со својата мала мисија и со хартиена кесичка со леб и никаде не се брза ниту пак се грижи дали неговата постапка е будалеста според објективните принципи на народот, кој би рекол „помагај без очекувања ептен ако мораш и ако веќе немаш каде, ама да си свесен оти четири од пет пати ќе бидеш злоупотребен, лукавиот ја демне твојата добрина, сите се себични копилиња, а ти цел живот ли ќе правиш арно на своја штета, затоа најарно гледај да ја чуваш убаво набутана во некоја непроветрена витрина“. Тој измрзнат уличен продавач на весници, чија работа можеби е една од најмутавите на светот, кој има право да се лути и да ги пцуе студот, маглата, загаденоста, луксузните автомобили со бундосани парфимирани тетки што се одвезуваат во топлите канцеларии со контролирана влажност и со утринско кафе; токму тој е зен-мајстор на секојдневното хранење јато сиви птици со ронки леб и ништо повеќе, ништо помалку, ништо помеѓу. Го гледав, потпрена на еден испукан ѕид, сосема отфрлена од уличната динамика и од нејзиното мноштво слабо платени актери. Среќна што постои тој, а постојам и јас, уште долго одев пеш, уште долго не бев лута.

Page 18: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

18 кОНкУРСКоНКурС: МАКеДоНСКА ПроЗА [СЕЛЕКЦИЈА НА РАЈНА КОШКА]

Секогаш кога ќе ја прочитам метафората „симболична смрт“, чувствувам нота неискреност и внимателност од авторот. Зошто дволичност нашминкана со изразот „симболична смрт“? Зошто нештата да не ги нарекуваме со нивните вистински, прецизни имиња?Ти во мене не умре симболично. Не умре делумно. Не умре постепено. Не умре ко баеги. Умре со недвојбен физички манифестиран ефект. Умре како некој хируршки да те отстрани. Како некој да ме пресоблече во удобни широки пижами, да ми даде меки влечки, да ми рече да оставам сини картони кај сестрата, да ме намами в кревет, да ме опи, да ми впери силни рефлектори в очи и да побара од мене да се отпуштам зашто, кога ќе сум се разбудел, сè ќе било во ред. Сè ќе било во ред и не ќе сум те чувствувал во себе. Никогаш повеќе. Се разбира дека се противев. Се противев како и секој друг болен, кој по никоја цена не сака да легне на операционен кревет и да дозволи да му го отстранат она што го изедува и го убива однатре. Имам забележано дека со сите се случува истото. Појасно и потрезвено ги забележувам симптомите и зафатените болни делови кај другите, а од нив (секој поединечно) знае неверојатно прецизно да ги препознае и да ги дијагностицира моите маки. Третманот, исто така, зависи од многу нешта и е различен кај секого: дали сме наклонети кон традиционалната медицина и кон нејзините лекови за болките на душата, дали сме скептици кон алтернативните струења или и понатаму го сакаме плацебо-ефектот. Можам да кажам дека благодатите на плацебо-ефектот ме наоѓаат секогаш подготвен да им се препуштам на неговите седативни својства без и најмала доза резерва. Фино, суптилно, секојдневно удобно успиен од дејството на седативот „заблуда“, никако не ги согледував нештата што на гледачите отстрана им се кристално јасни. Кога конечно болките беа пресилни да се издржат... или, подобро: кога уживањето во седативот „заблуда“ (5 мг трипати на ден) доведе до тотално и целосно отапување на сетилата, ти мораше да бидеш отстранета. Мораше да се отстраниш самата. На никого друг немаше да му дозволам да те чепне. Не можеше инаку и не можеше повеќе. Ме повика на состанок (како и во секој друг однос пациент – исцелител), ме опи со поголема доза од себе (во локалот што оттогаш само на тоа ме потсетува), ме опушти на удобното столче и ми пушти силно светло в очи. Започна со добро дозирана нежност и со исценирана добронамерност и потоа, удобно залегнат, ја видов светлината на просветлувањето. Колку само им блазесував на сè уште заблудените. Колку само сакав во мене уште да кружи плацебо-ефектот, кој праќал сигнали дека е сè во ред и дека нема болки. Како човечки суштества, искрено верувам дека, некој повеќе некој помалку, имаме нишка самоуништувачки нагони. Зошто, инаку, кога туѓото тело (отсекогаш била туѓо тело!) седеше спроти мене и молчеше, зошто и тогаш (веќе опериран и излечен) моето истоштено тело сакаше да умре?

6; заблуди и како да се преживеатавтор: јордан николов

рАЈНА КошКА: Успешна и доследна употреба на лексика и ситуации карактеристични за одбраната компарација/метафора, нарација која ја карактеризира спонтаност и убедливост, внимателно дозирана иронија, самоиронија и ненаметлив хумор како превез на разочарувањето и болката што зад нив се кријат.

Page 19: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

Кога временските околности се преклопуваат, единствено нешто на кое мислиме е ропството низ годините.Кога паѓа дожд, се присетуваме на замки и на љубов. Кога пече сонце, нè гори револуцијата. Колку сме неодлучни дали се сакаме. Ние одделно. Кога дува ветар, се развејуваме. Само кога дува ветар. ни се изострува видот и очите нè печат од правта. Се присетуваме на туѓи солзи ко да се наши и блиски. Отсекогаш ни биле поинтересни туѓата меланхолија и туѓиот очај. Кога паѓа дожд, нè стега замката и се одљубуваме. Кога пече сонце, добиваме рак на кожата. Колку сме неодлучни дали се сакаме...Ни треба ново востание за да разбереме колку сме сами во овој временски јаз од недоволно збрани докази, на купче оставени во купето на возот што е толку патетичен за да стои овде. Во овој временски јаз, закачките од народните собири ни се поинтересни од сопствените интереси. Колку сме неодлучни дали се сакаме.

Го чувствував процесот сето време, без разлика на опиеноста. чувствував дека нешто е отстрането од мене. Нешто ме препоти, ми ги пресече нозете, ми го забави пулсот, ми ги накостреши влакната на вратот и тогаш престана. Потоа се сеќавам како само мирно си седеше до мене. Ништо од ова не е симболично опишување на телесните доживувања. Сето тоа се случи и јас можев да го почувствувам исто толку веродостојно колку што би почувствувал стегање на раката или коцка мраз на дланката, вжештени уши или главоболка.Главоболката е одвратна работа. Ама јас знам уште поодвратни работи. Поодвратни работи се синиот мобилен на кој веќе нема пораки, сандачето со пораки што не се од неа... одвратен ми е вкусот на џусот, одвратни ми се сништата во кои е моја. Одвратен ми е мирисот што го користеше. Одвратен е датумот на кој е родена заблудата. Една од основните бои е одвратна (таа беше облечена во таква боја). Одвратни се слоговите на нејзиното име... море, одвратни се и самите букви!Јас свесно се убедував (дури и наглас велев) дека е подобро што завршило, што не мора веќе да живеам во заблуда. дали оваа автосугестивна мантра имаше какви било изгледи во нејзиното присуство? Не. Заблудата, сè уште удобно седната, само ме гледаше и навидум загрижена го преживуваше истото што и јас, но всушност таа само дежураше над моето тело. чекаше процесот на отстранување на туѓото тело да заврши, болниот да се поврати од шокот, да се увери дека нема индикатори за рецидив, да го одреди критичниот праг на преживување, да се потпише на историјата на болеста и, за крај, пријателски да се поздрави со пациентот, скришно подгледнувајќи на часовникот дали стигнува дома токму навреме за омилената серија. дневна рутина. Завршува работниот ден.Реконвалесцентот го пишува текстот по ужасните постоперативни психо-физички тегоби. Го пишува текстот, значи преживеал. За заблудите и до кога?

Можеше и така да се вика текстот.

7; историја автор: мануела златкова

рАЈНА КошКА: Поетичен израз, доследна и интересна употреба на поетските слики (дожд, сонце, ветар) со цел да се пренесат внатрешните чувства и продлабочените мисли на авторот/авторката за светот околу нас.

Page 20: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

20 кОНкУРСКоНКурС: МАКеДоНСКА ПроЗА [СЕЛЕКЦИЈА НА РАЈНА КОШКА]

Секогаш кога ќе поминеше покрај таа улица, во неа паѓаше снег. И секогаш беше некако темно, топло и осветлено со оние светилки што фрлаа жолти кругови светлина. Секогаш. Без разлика дали поминуваше сам, со пријател или со жена. Без разлика дали беше утро, пладне или доцна вечер.И секогаш, точно во моментот кога ќе дојдеше до аголот на улицата, тука претрчуваше млада русокоса девојка со црвена уста. И се смееше, трчаше со рацете скриени во крзнениот муф и наназад фрлаше озарени погледи.Ништо и никој не можеше да го спречи секојпат да подзастане, да ја пушти да претрча пред него и, со поглед прикован на нејзиното сјајно лице, да ги следи движењата на црвените усни што... говореа руски. И да продолжи како маѓепсан понатаму, секојпат одново зачуден и изненаден. Беше 45-годишен студен старец и живееше во земја многу далеку од Русија. Во градите секојпат нешто силно го жегнуваше.

Ја знаев од малечка. Отсекогаш имаше кратка остра кафеноруса коса и големи разводнети очи. Отсекогаш изгледаше неухрането болешлива, исто така. Како да е едвај нечија сенка, та дури и своја. А јас открив чија: на оние нејзини гласни и вулгарно богати родители. Родителите-џинови ја газеа безмилосно со неотповикливи одлуки, со своеглави барања; ја доведуваа до лудило со моќта да испарат кога се најмногу потребни. Магионичари. Кревкото тело на Руми беше само физичка манифестација на нејзиното уште покревко себеценење. Завршуваше со погрешни оценки, пријатели, љубовници и билети. Го усовршуваше, така да кажам, занаетот на себеказнување и на пасивно прогонување. Руми беше отсекогаш најталентираната во градот за самосаботажа со стил. Покрај двете постари сестри, не уживаше разгаленост на најмладо дете во семејството, туку амбивалентен однос што се протегаше од апсурдна незаинтересираност до диктатура. *Многу рано научи оти највредното во животот не се парите, не се љубовта или пријателството, туку бидувањето различен по секоја цена. Така, се запиша на академијата за уметности во Кјегор, налик меѓу „своите“; непостојана сцена на збунети издрогирани деца што едноставно премногу се трудат. Како што јас се развивав од агресивно детиште во молчалив тинејџер, за на крајот да мутирам во циничен млад возрасен – роб на атеистичко рацио, сосема типично за мојата идиотска генерација; така Руд ги кристализираше своите слабости во мамки и во стапици, опојни скриени адути во игрите на животна среќа и несреќа.

8; (нема наслов)автор: марија Грубор

рАЈНА КошКА: Преку сегменти карактеристични за магичен реализам, односно натуралистичка нарација мошне успешно испреплетена со мисла и реченица што ги карактеризира изразена метафоричност и поетика авторот/авторката го споделува со читателот својот внатрешен свет. Особен

Page 21: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

кОНкУРС 21

Јас ја знаев од малечка. Не можеше никогаш да ме излаже, ама ѝ дозволував да верува во спротивното. Претпоставив дека тоа ѝ беше потребно, неопходно, претпоставив дека би ценела ако барем јас не ја ронам на парченца. Но и таа сама таму некаде си имаше запишано оти јас сум поинаков човек во нејзиниот инаку мошне хомоген социјален харем. Покрај сите пуштени да ја искористат и сите што ја пуштија да ги искористи, седев осамен ко свеќа во темен ќош, на родендените, на прославите, на случајните вечери во баровите. Го труеше светот, светот повраќаше врз неа, гледав и очите ме печеа од сето тоа до горчина скапано; суштествата што тагата ја криеја во нечистите заби и во портокаловите сенки за очи ме држеа за рамениците и ми ја објаснуваа смислата на животот. Но пред мене, кога останувавме сами, доаѓаше најчесто чиста и боса; остарената актерка по ужасно заморна преиграна и недоволно платена сцена влегува во гардеробата, ја фрла периката на столот и го плеснува лицето во студениот ѕид. Понекогаш забораваше, се губеше, па се обидуваше по снижена цена да ми продаде некоја своја послабо продавана приказна. Ако некој се однесува со сите други на еден начин, зошто очекуваш да е поинаков со тебе? Зошто мислиш дека токму тебе нема да ти го стори истото? Така ми велеа за неа. Никој не ја сакаше. Зборуваше прегласно за да привлече внимание дури и од непознатите патници во автобусот. Никој од моите интелектуални добровоспитани пријатели облечени во пастелни џемпери. Брзи беа и на јазик и на осуда, сепак. * Јас ја чував во стаклено ѕвоно од нежни чувства, во парче од мене грижливо издвоено од другите што сакаа од мене ко криво насадено дрвце да ја откорнат. Моите девојки; ах, нивните коментари можев во ѓердан од злоба да ги нанижам, камен по камен фрлен врз личноста и врз разводнетите сини очи на Руми.  Но јас ја прифатив уште одамна, таква оштетена и со искривени песјаци, уште кога беше малечка, јас ја сакав таква. Не ѝ замерував кога го губеше вниманието гледајќи ми низ челото додека зборував за себе. Не ѝ судев кога ми раскажуваше за неверствата зад грбовите на мажите за кои со крв и со солзи потпишуваше љубов. Нам, мажите, кажано ни е милион пати од полупијаните чичковци, уште ко деца, на женски солзи да не веруваме. И, точно, јас не верував на ниту еден во солзи потопен збор од нејзината мала сјајновиолетова уста, но ја гледав каква што е, длабоко очајна целиот свет да е на колена колнејќи ѝ се на посветеност. да е миленик на сите живи срца, а може и на оние од мастило меѓу корици што спијат, нека е и на оние од жиците излеани, дури и на тие со четка едвај објаснети...* Ама ја чував.додека не дојде време.Големината човечка не е само во извојуваното, со заби искасаното. дозреаност се крие и во еден нокот на оној способен за пуштање.* Руми се појави кај мене носејќи две парчиња торта од јагоди; друг немаше дома. Рече дека се иселила од станот на кретенот навлечен на вино од пластика и на стероиди, со кого беше во долгогодишна врска, едно апатично суштество со ненамерно неисчешлана коса, и плачеше.

Page 22: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

22 кОНкУРСКоНКурС: МАКеДоНСКА ПроЗА [СЕЛЕКЦИЈА НА РАЈНА КОШКА]

Рече, потоа, дека доаѓа од свадбата на најдобрата пријателка, каде што седела заѕверена во бел ѕид и гнетела торта од јагоди кога одеднаш сфатила дека само на мене мисли, само без мене не би преживеала; сите бушави пијаници со јазици поцрнети од вино во пластика е способна да си ги извади од организмот како попатно закачени трнчиња; сфатила, прогледала, се растреперила, а и се насолзила, свеста, бре, ѝ се поматила додека пријателката во бело, до заби бремена, ко самовила пред очи ѝ танцувала. Сините очи се растопија над тортата што ја довлечкала за мене, смислила заедничка прослава за ова свое големо спознание; Руми не носи градник под црната кошула и е смртно во мене  вљубена, додека мојата девојка е на работа.* Ја сакав. Ја сакав како што се сака со скршено лево ноџе верверичка заскитана од шумата. Ја чував во стакленото љубов-ѕвоно, одвоена од сите налети во душата. Тој ден Руми ми понуди цена, дури безобразно снижена, за приказна со поминат рок и за отровна состојка. Тој ден морав, навистина морав, со срцето в залез, да ѝ ја затворам засекогаш вратата; оти открив дека, и да ги имав сите пари на светот, немаше да ми стигнат сиот беден и срамен очај на својата Руми да го откупам.* Видов во книгата заборавена на кујнската масичка, Тагоре ми напишал: „На гостите што мораат да си одат, речи им ’Збогум!‘ и избриши ги сите траги од нивните стапала“.

Псссссст! Спие. Будилникот не се разбира, јас му се дерам. Главата полека се крева, па се отвораат очите, па клепките се одлепуваат, па мед тече од очите. Станува слатко утрото. Мед потекува во кафето. И кафето се меша со погледот. И погледот го пие кафето. Талогот го валка телото. Телото се движи кон мијалникот. Таа пика два прсти в уста и си ја повраќа душата. И малку храна. И малку мед. И малку отстоени мисли. И кафето.

Таа излезе од станот. И заборави дека ја заборави душата во мијалникот. Заборавајќи, заборави и на облеката во плакарот. Па така гола слезе по скали. Па низ улици. Во кафулиња. Во слаткарница. На работно место. Се сретна со пријатели. И сите заборавија дека е таа гола. Оти тој ден сите заборавија дека забораваат. Мозоците им се излија на пешачки.

9; пеШачки преминавтор: елизабета Кацарева

рАЈНА КошКА: Одлично разработена метафора/метонимија, успешен премин од поединечното кон општото, проследено со дискретен хумор и (само)иронија. Впечаток остава структурата на расказот.

Page 23: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

дали воопшто бев таму вистински, реално, или пак постоев како привид, или пак, за вистински да постојам, морав да помирисам дел од вас и да допрам до вашето дно, да бидам дел од вашите диви погледи, да ја наведнам главата надолу, а со тоа и погледот, за да не може да се погледне...да се биде единствено ваше олицетворение, зашто под вас и не постои подобро, доволно достојно за вас, или можеби не постои друг облик сличен на вашиот, или пак единствено постои Ништожност, која всушност тече во самите вас наместо крв.Прекинат е сонот и искината е надежта, пресечен е животот од вашите ледени раце, кои се топат врз мојата сопствена утеха...да се побегне од хаосот некаде во себе или да се создаде тој некаде надвор, далеку од самиот себеси?долго се прашував, во свој непосреден разговор сам со себе, ќе има ли цел овoј невидлив пат...Остана само тој, покриен со трње од нивниот бодликав поглед...Со тивок чекор со леснотија на пердув, минував само мал момент од ова јаве, кое секогаш се враќаше во некаков нејасен сон. Почувствував празнина, без страв живеев во бегство од сè што можеше да се види, да се почувствува на своја кожа. Бегав од тебе, понекогаш од себе, можеби бев невидлив….Почнав да чувствувам нешто без да можам да го погледнам, не, јас не бев слеп... Со нем вресок, сепак довикував сè што мораше да ме слушне, да ме разбере и можеби да ми подари непозната сила, голема и недостижна, како сè што во тој момент избледуваше и исчезнуваше за повторно да се појави одненадеж и да покрие дел од ова единствено небо, кое веќе одамна ја немаше својата боја...Се запрашував и колку може нештата да бидат големи, овде, во оваа нереалност, во овој простор во кој ти требаат чекори со натчовечка големина, но за патот во себе, однатре, за да се допре целта, за да убиеш страст во себе, за да допреш до нова цел можеби... Своето его да го нахраниш со непозната храна или да јадеш дел од некого без причина, а со тоа да престанеш да јадеш дел од себе... да родиш нова страст, без страв, вистински да отвориш дел од себе, да потонеш во сопствената среќа и во неа да се удавиш, од неа повторно да се родиш и сето тоа без некоја позната причина за нас, сега и овде... И, така, сè одново, додека може да се постои...Знаев дека морам да пристигнам таму за да земам парче за себе и го споделам со себе, да направам целина...Некако постоев, се движев со туѓи нозе, бестелесно го чувствував секој нов допир од непозната рака. Разигрував срце секогаш кога нечии гради ќе затрепереа, допирав со истите непознати раце што понекогаш ме потсетуваа на моите, имаа и мои лузни на себе, моја трага во себе, но не беа мои...Знаев дека сум блиску, тоа старо извртено чувство на сета оваа илузија се беше прицврстило силно за мојата совест, врз моите очи... Видов сè и без нив, знам дека сте облеани во самите себе, покриени од мекоста наша, во тврдината на своето вечно постоење, заклучени некаде далеку, засекогаш...

10; патавтор: иван Гиевски

рАЈНА КошКА: Мошне оригинална ’невидлива“ нарација чија лексика е само навидум онаа од секојдневието. Мислата прекриена со превезот на поетичност, потисната болка и меланхолија

Page 24: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

24 ПРЕМЕЃУвАњА

интервју со британската поетеса ШарлотХигинс

„најШтетно е мислењето деКа слем-поезијата е помалКу интелиГентна или паК помалКу вредна од поезијата воопШто“ Шарлот Хигинс

° афродита николова

зашто во македонија слем-натпреварите се новитет, да почнеме со тоа што е слем-поезијата.Шарлот: Слем-поезијата е натпреварувачка поезија наменета за изведба – замислата е поетите да изведат своја песна во рок од три минути, додека луѓе од публиката го избираат победникот.

Како би ѝ ја опишала слем-културата во вБ на македонската публика?Шарлот: Слемот зема сè поголем замав во ВБ. Имаме голема разноликост кај слемовите, која е особено забележлива во различните делови од ВБ. Слем-сцената во Лондон е особено богата – може да се оди на слем секоја вечер од седмицата. Овде има многу поети, како и на кое било друго место во ВБ, што организираат возбудливи слем-вечери. Во моментов, навистина е многу возбудливо да се биде дел од културата на поетска изведба во ВБ.Едно од нештата што ги прави одлични слем-изведбите е тоа што сите луѓе може да уживаат, не само оние што и претходно сакале поезија туку и оние што вообичаено не ја претпочитаат. Последниов семестар ја организирав поетската изведба „Зборувајасно“, каде што беше убаво да се види како луѓето

што мислеле дека не ги бидува за поезија навистина уживаат во неа. Беше победник на националната програма „слемабсадори“ во 2011 година, со моќна песна посветена на трејвон мартин. Како се чувствуваше пред главниот настап? Што мислиш за работилниците за поетска изведба?Шарлот: „Слемамасадори“ беше неверојатно искуство. Работилниците беа дел од наградата за победниците – ги водеше Џоел Тејлор, кој е одговорен за поетска изведба во рамките на Поетското друштво на ВБ (The Poetry Society), заедно со дизраели. Работевме еден викенд, кој се заокружи со огромна изведба во „Клуб 100“ во Лондон. Ова беше одлична можност да се работи со брилијантни поети. По ова, напишав неколку песни што досега многупати сум ги изведувала. Изведбата на крајот од викендот беше една од најдобрите и највозбудливите вечери во кои сум учествувала. Што се однесува на работилниците, сметам дека се одлична идеја – пишувањето поезија може да биде осамена задача, па групното пишување ја разбива монотонијата и овозможува проток на нови идеи.

Page 25: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

Беше победник и на слемот „строубери“ во Кембриџ, каде што упатствата гласеа дека слемерите, покрај рецитирање, може и да прочитаат песна. Како да направиме разлика помеѓу класичното поетско читање и слем-изведбата?Шарлот: Зависи. Слем-изведбите најчесто се многу динамични и има поголема веројатност поетите да ги изведуваат своите песни отколку да ги читаат. Исто така, атмосферата е многу поинаква – барем на слемовите и на читањата на кои сум била. Публиката на класичните поетски читања најчесто е многу тивка и најчесто се очекува да одговори со учтив аплауз наместо со бурен ентузијазам.

сум слушнала луѓето да речат „мојата поезија не е слем-поезија“, иако добар дел од нивната поезија е политички ангажирана и склона на поетска изведба. Како автор на поезија наменета за лист хартија и на поезија наменета за изведба, како ќе ни ја опишеш врската меѓу двете?Шарлот: Мислам дека навистина поезијата и поетската изведба и не се толку многу различни колку што понекогаш ги прават дека се. Имам видено како поезија наменета пред сѐ за лист хартија може да биде одлично изведена, а и обратно: поезија што првично била изведувана прекрасно да функционира објавена во книга. Кога би морала да посочам разлики, би рекла дека пишаните песни повеќе се занимаваат со формата, додека песните наменети за изведба повеќе се насочени кон звучните ефекти. Исто така, последниве треба да бидат малку поразбирливи на првото слушање.

Кои се најчестите недоразбирања што ги имаш забележано во врска со слемот?Шарлот: Искрено, најштетно е мислењето дека слем-поезијата е, на некој начин, помалку интелигентна или пак помалку вредна од поезијата воопшто. Секако дека понекогаш поезијата за изведба треба да биде полесно разбирлива, но имам слушнато толку многу изведби на песни што биле неверојатно убави и паметни.

твојот начин на изведба е впечатливо сталожен и смирен, а публиката не пропушта да ја доживее силата на песната. Како дојде до овој стил на изведба?Шарлот: Ти благодарам многу! доста глумев и имав јавни настапи кога одев на училиште и ова ми помогна да бидам самоуверена пред публика; исто така, пеам во хорот од својот колеџ, што му додава музикалност на мојот природно мирен говор. драго ми е што ова добро се вклопило!

многу често слемерите имаат речиси иста интонација или ритам. Како би можеле да го избегнеме ова?Шарлот: Можеби не треба да се оди со иста интонација до степен да ѝ здодее на публиката. Претпоставувам, најдобриот начин да се избегне монотона изведба е претходно да се вежба и да се менува темпото на песната. Исто така, од помош би можело да биде и да се биде свесен за ова при процесот на создавањето.

веруваш ли дека поетските интервенции со слем може да помогнат при залечувањето на раните од општеството? Колку се водиш од ова кога пишуваш?Шарлот: да, верувам. Една од клучните идеи на „Слемабасадори“ е да ги научи младите луѓе дека пишувањето за сопствените искуства може да помогне во нивното преиспитување и прифаќање. Покрај ова, мислам дека, во оваа смисла, политичкото влијание на поезијата, во некои случаи, може да биде корисно за општеството.Во песната може да свртиме внимание кон одредено политичко прашање или да изразиме став за кој луѓето би можеле да размислуваат и да дискутираат многу повеќе отколку кога тој став не би бил изразен во песна. Сепак, текстовите што се многу остри, строго политички, понекогаш ја одбиваат публиката и ваквиот стил го избегнувам.

слем-песната...Шарлот: Слем-песната треба да каже нешто што на публиката ни на крај памет не ѝ паднало дотогаш.

Page 26: Ш – Витамин Ш7

> Хаваецавтор: Шарлот Хигинспревод и препев: зорица петкоска, игор сретеновски, никола Ѓелинчески, Билјана нацевска

ЈУНИ 2014

26 ПРЕМЕЃУвАњА

Еден млад Хаваец човек небаре грамада

ме научи живот од кожа да му прочитам;

љубовта кон жена си бележана на града

семејното дрво разгрането од колк до глужд –

небаре е мастило, од стапало до брада

блеснал шикот домородна крв во вените –

„но никогаш на плеќите“ – насмеан ме гледа

„мора очи в очи да ти кажам каде сум бил.“

Page 27: Ш – Витамин Ш7

Автономниот културно-социјален центар во Скопје веќе подолго време функционира како место под чиј покрив се дава простор за конструктивно артикулирање на креативните пориви на младите. Меѓу другите активности, интервално се одржуваат и поетски читања, чии тематики варираат од социјална поезија, преку читање дела од познати автори, како данило Хармс, Јеитс, Ацо Караманов... до авторска поезија на слободна или на зададена тема.

Во продолжение, ви претставуваме краток исечок од прочитаното на поетското читање „System Error“ – чие идејно јадро беше слободата земена од личен, од љубовен или од социјален аспект. Патем, самото читање беше толку уникатно конципирано што авторите својата поезија ја читаа на мегафон!

> АКСЦавтор: јана Колева

ЈУНИ 2014

ПРЕМЕЃУвАњА 27

Еден млад Хаваец човек небаре грамада

ме научи живот од кожа да му прочитам;

љубовта кон жена си бележана на града

семејното дрво разгрането од колк до глужд –

небаре е мастило, од стапало до брада

блеснал шикот домородна крв во вените –

„но никогаш на плеќите“ – насмеан ме гледа

„мора очи в очи да ти кажам каде сум бил.“

луЃето се задуШуваат

Луѓето се задушуваатЛуѓето се задушуваат живеејќи меѓу ситни цевчињаи струи од далечните предели на пеколот

Луѓето се задушуваатспиејќи на полноќпод туѓо тло и земја со исти белезисо нашата.

Луѓето се задушуваатзадолжувајќи се во рајот од кој добиваат вртоглавициЛуѓето се задушуваат од прашината зад твојот одоти брзаш да ги стaсашоние што ги сакаш сè помалку

Луѓето се задушуваатзалажани.

Ѓавол да го земе ѓаволот што земаѓаволи.

мртвородена

Немам веќебели ноќии празни утра. Не сум веќемртва стража,ладен образ,ни страден погледкон твојата странана креветот. Не си веќестајана тишинастуткан бакнежпијан повик. Не сме веќестрав и трепет,бог и молитвабожур и босилек. Не е веќекопнеж пеплосан,живот е.

° мануела златкова

° александра сПасеска

Page 28: Ш – Витамин Ш7

ХаиКу поезија од раБотилниЦата Креативно пиШување во проеКтот Креативна младинсКа аКЦија

Page 29: Ш – Витамин Ш7
Page 30: Ш – Витамин Ш7
Page 31: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

ПРЕвЕДУвАчкА кОвАчНИЦА 31

> твојот аџилак

> глаголот

автор: Ко ун

автор: д.Џ. енрајт

превод и препев од корејски јазикева јаневскајана лазаревска

Подобро ќе е ако одиш побавноако случајно почне да паѓа дождтвојот стар пријателдозволи му да те намокри.

Најголемата убавина е патувањетоживеј на едноил повеќе местасветот е голем.

дур да падне ноќтапродолжи да одишзаедно со сенкататвојот стар познаники да се наоблачибез разлика на сèпродолжи да чекориш.

Глаголот „мисли“се пишува со истиот знак како и„копнее“, „тагува“,„не може да заборави“

Многупатинаместо „љуби“ се кажува „допаѓа“(Па така, на мажот само му се „допаѓа“ жена му)

Знакот за „чувство“ означува и„признание за доблест“.доблесно е да се чувствува,иако „љуби“ најчесто е „допаѓа“

Зашто љубовта има само два облика:мајчинската за дететои телесната

Глаголот „прави“ е истозвученсо глаголот „краде“.Ова, да напоменеме, не е(како во други јазици) сленг

Сленг би било да се каже дека се „љуби“некого или нешто кога всушностти се „допаѓа“

Глаголот „е“се чини не постои.А пак не може да се каже дека глаголот „е“не е тоа што „е“

„Тагува“ не значи „е“,значи „мисли“.„Мисли“ значи „копнее“, „нема“,а да си човек со чувства значи да си признат.„допаѓа“ се користи почесто од „љуби“а „е“ најретко се користи –

Не е мудро, во ноќите неспаникога лисјето се лепи по магливите улици,да се чита јапонски речники да не може да се заборави.

превод и препев од англиски јазик: студентите на катедрата пит на филолошкиот факултет под менторство на м-р зорица петкоска: дамјан Стојановски, добринка дунгевска, Кристина Цикалова, Латинка Белчовска, Марија Крстова, Нина Тунтева, Петар Оџаков, Стефанија Белчовска

„мисли”

Page 32: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

32 ПРЕМЕЃУвАњА

За време на работилниците за креативност „Сонувај без филтер“ во Академскиот клуб при УГд во Штип, се обидовме да разговараме и да размислуваме за теми што се политички релевантни во нашето општество и пошироко. Некои од овие теми, како објективизацијата на жената, правото на слободен говор, интеркултуролошката комуникација и последиците од воените конфликти, се обидовме да ги разработиме и да ги деконструираме преку уметничките форми на пишување поезија, преку куси раскази и преку вежби за театар за импровизација. За да го постигнеме ова, следевме куси филмови, инспиративни говори и фотографии и читавме поезија од различни времиња и стилови. Во прилог се песните и кусите раскази, кои се инспирирани од: кусиот филм „Појадок“ од полскиот режисер Јан Шванкмајер; видеоклипот „Нè убива полека“ со Џин Килбурн, кој зборува за влијанието на медиумите и на рекламите врз перцепцијата на жената; песната „Кажу“ од „дубиоза колектив“, која поттикна дискусија на темата „цензура или/и слободен говор?“ Исто така, овде ќе видите пример на поетската форма наречена „песна со дипли“ (fold poem), воведена од американскиот поет Шон Томас доерти и инспирирана од оригами.

> Што беШе „СоНУваЈ без фИлтер?“автор: Aфродита николова

Каква е таа убавина што секојдневно ги искривува коските и ги издолжува вратовите само да вбризгаат уште една доза блицеви додека пак да се појави Ѕвездаташто ги буди старите бескрилни гаврани со баркодови –да ја колваат азбуката на сончогледите каде се сушат и остануваат без семе за да не можат да се реинкарнираат.

¦ струкирани сончогледи

автор: Бобан Гацов

(пролет-лето, 2013)

КреАтИВНИ рАБотИЛНИцИ штИП

Page 33: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

ПРЕМЕЃУвАњА 33

¦ мастилна дуШа

автор: розета ставрева

Го истетовирав секој твој здив на Неа

соголена од кичестата облека што ја

носев со години.

Ги врежав твојата кирилица и

фотоапаратот од нашите

допири на Неа за заедно да

битисуваме.

¦ луѓенца

автор: тања симоновска

раце во памучни кукли

предводени и изгубени

некаде талкаме

 политики и религии

од очај за моќ до гоненица

на клин-плочки

 го учиме животот

ние и возрасни „раз-глас-први,

бегај стоп!“

си играме кој попрво да згазне

наместо да се по-гаѓаме.

¦ плетенкиавтор: миа ефремоваМачоров истрел низ скршено клатоПлатон плетел други замисли

Сити се сите сродни средбиБедник на мигот со излупени костениПлени питачот со шупливи модринки Ко обетки износени се лулам

чуван и распарчен во скриеноста Остра и пиперлива ќе ме врачи.

Page 34: Ш – Витамин Ш7

Конечно го отворија долгонајавуваниот бутик во градот. Сите бевме нестрпливи. Мајка ми ме разбуди во осум и веќе во девет часот се појавивме и ние на отворањето, кое требаше да ги собере сите модни дизајнери на едно место. Ми рече дека е можно да дојдат и шапките од модната агенција во потрага по модели, затоа да се потрудам да оставам впечаток.

Од блузи со животински мотиви до фустани подолги од мене – овде можеше да се сретне сè. Почнувам да треперам. Мајка ми ме прекорува и ми дава ишарет со очите – шапките беа на неколку метри од нас. Збунета тргнувам кон новите колекции. Гледајќи ги новите парчиња, заборавам на шапките. „Какви уникатни луѓе, прекрасни луѓе“, ѝ велам на мајка ми со радост додека ги вртам телата на закачалките. „Морам да ослабам уште, морам да ослабам уште“, ова си го велам себеси.

„Пробај ја оваа девојка“, вели мајка ми покажувајќи бринета со стопроцентно природна кожа. Сами сме во соблекувалната. Таа влегува во мене. Таа е најубавата девојка што сум ја имала. „Гладна сум“, рече. Од устата извади игла. Почна да ме распарува. 

> Шопингавтор: павлина атанасова

ЈУНИ 2014

34 ПРЕМЕЃУвАњА КреАтИВНИ рАБотИЛНИцИ штИП

Page 35: Ш – Витамин Ш7

Беше викенд. Се подготвував за излегување. Тоа беше задоволство. Секогаш кога се подготвувам за излегување, ми се вртат приказните од моите другари. Еден од старата банда го критикуваше лошиот начин на кој ние целото тоа го нарекувавме ноќен живот.

„Барем ние можевме пред излавање да си вртеме по цели албуми од ’Пинк флојд‘, ’депеш мод‘, ’Крафтверк‘... а вие?“, ми велеше. Тоа беше мојата среќна амајлија пред излегување. Е, сега се други времиња, брат. Сега се прчи кур со „лепа кола на кружни тек у Центар карши банка“. Се вртат на кружниот тек како Земјата околу Сонцето и тоа трае, трае, вечно, како на моменти да го гледаш „Плачот на улицата на брестовите“ – само без Фреди Кругер. Барем Фреди знаеше каде е Охрид, ако е убиец. Какви времиња дојдоа, не знаеш кој е пострашен, Кругер или Шабан.

Не чичко Шабан бурекчијата, кој ги сукаше најслатките буреци во градот, туку Шабан Шаулиќ. Е, сега, кола, добра девојка, плус Шабан на радивце – е еднакво на нирвана исто како Буда под дрвото. Еден мудар човек еднаш низ муабет ми има речено: „Светот секогаш ке остане нејасен и апсурден“; не треба многу  да те интересира како живее светот.

Само што излегов  од дома, беше 22.35 часот. Има едно кафуле во градот што, пред да влезеш, доста потсетува на градската капела. Имам чувство дека ги правам сите мортални ритуали пред да влезам, палам свеќа, си ги бришам нозете од чергичето на кое пишува „среќно“, ко некој рудар што не знае дали ќе се врати. Влегов, си ја голтнав плунката исто како Џери и веќе почнаа да се судираат различните светови на реалното и на надреалното. Глумците од „Војна на ѕвездите“ глумеа во „Ѕвездени патеки“, а само јас носев старки. Роки го глумеше Терминатор, Терминатор Рамбо, само Мујо и Хасо играа табла во ќошот со турски чај. Бендот свиреше веќе саат, а немаше еден слеп аплауз. Јас бев потпрен на масата. Извртените досадни хитови што ги свиреа имаа хипнотизирачка моќ. Бев хипнотизиран како Циган што во доцните часови краде телевизор без далечински управувач; бев хипнотизиран како група бекрии да ме бараат за жена. Го држев пивото во раце и гледав во некоја точка ко бабун пред парење. Надвор го видов Роналдо како жонглира до десет. Си реков – Земјава е пред колапс.

Престанав да анализирам. Излегов од кафулето. Кога се вратив дома, се стабилизирав. Ноќта беше длабоко навлезена во својот тек, во собата беше тивко, отчукуваше само стрелката на часовникот. Веќе не посакував ништо. Посакував само јас да се сменам.

> кога надвор го видов роналдо како жонглира до десет

автор: димо Чамов

ЈУНИ 2014

ПРЕМЕЃУвАњА 35

Page 36: Ш – Витамин Ш7

ЈУНИ 2014

36 ПРЕМЕЃУвАњА КреАтИВНИ рАБотИЛНИцИ штИП

Оддамна се немаа видено. Раде и Сашко надалеку беа прочуени како Рале и Сале. Така ги познаваа сите, а беа добропознати. Рале го фати шворцоза (lat. svorcosicum), најстрашната болест. Ја фаќаа кога немаа ниту скршен денар во џебот, па Рале реши да се зачлени во „Легијата на странците“. Сале беше загрижен, па му велеше оти подобро било да си седи овде со шворцоза отколку онаму да загине за пари. Оти на што ли не е подготвен човек за да дојде до тие проклети пари!?

– А, бе, брат, нема ли да те гризе совеста там’ ако скинеш некого? – му велеше Сале пред да си замине. – Продаде си ја ја и совеста и душата – му велеше Рале. – А не зимаше ногу пари за неа, и самио знаеш дека мојта душа држеше некаква цена, а ја евтино ја продаде. демек скапа беше оти е словенска. демек македонска, широка, ама, демек, умее да сака, умее да пати, умее сѐ. И, сега, викам ти, совеста гарантирано ич не ме гриза и можам да одам. А одам таму оти веќе неам ништо. Неам ништо мое, неам мој човек... вика ти, ај со мене, ама ти, гледам те, паничеш повеќе за мене отколку за самио себе.

Замина Рале таму со целиот ризик на свој грб, да убива, но и да биде убиен. деновите тешко минуваа, ама се тешеше со тоа дека е подобро да загине од куршум отколку да умре млад, ама од глад. Беше таму три години и се врати овде жив, но прашање беше колку здрав. Се врати со Виетнамски синдром, болен, а несвесен за својата состојба.

Рале, бе, ам’н бе, молам ти се, жити сѐ – му велеше Сашко. – Рале, бе, братче, мораш да се лечеш, проблем си имаш – го преколнуваше.

Но овој сега често се потпираше крај комодата во дневната и зјапаше де во стаклото од прозорецот де во исклучениот телевизор. често ќе го извадеше крпчето од еленска кожа и, склупчен под комодата, ќе ги полираше цевките со барут од времето на татко си. Беше длабоко убеден дека не му е ништо. дури се однесуваше и самоуверено и брутално. Сале не можеше да го гледа, па го пријави во службата за социјални работи. Тие молњевито реагираа и дојдоа во домот на Рале во комплетен состав, со психолог и со социјален работник. Со нив беше и Сале. Кога Рале ги виде дека доаѓаат, ги пушти внатре. Му рекоа дека ќе го водат.

децата од соседството се лулаа на неколку метри од неговиот прозорец. Синџирите од лулашките чкрипеа гласно, па и не го слушнаа првиот истрел. На вториот, се разбегаа, но не знаеја дека еден човек од маалото конечно реши да си го отплати данокот на војната.

> Шворцоза (lat. SchvorcoSicUm)автор: дарко трајчев

Page 37: Ш – Витамин Ш7

зОШтО ПИШУвАМ 37

Зошто пишувам?

Пишувам за да ги укотвам

разбрануваните мисли.

да не се удавам во морето

на егзистенција без есенција.

Пишувам поради молкот

кој е погласен од сè.

Пишувам зашто боли.

Повторно ги истуткав, ги изгњавив.

Ги скрив, повторно.

Ги покрив, ги открив.

Под јорган им беше жешко, под

кревет им беше тесно. Во плакар им

беше темно, во фиока гужва.

Ги расфрлав насекаде. На подот,

по ѕидовите, во влезот, низ паркот,

градот, универзумот.

Сепак, повторно, мајка ми вели дека

собата ми била хаос, а јас не знам,

навистина не знам што повеќе да

направам со сите тие сеќавања,

луѓе, случки, мучки, прашалници,

извичници, реченици (кажани/

некажани), слогови, соништа,

кошмари, слики...

Седејќи во тој сладок хаос на нешта,

зедов парче хартија и почнав да

пишувам.

°ана тодоровсКа

°Калиа димитрова

ЈУНИ 2014

вО ОвОј БРОј НИ ОДГОвАРААт УчЕСНИЦИтЕ вО ГРУПАтА зА кРЕАтИвНО ПИШУвАњЕ ДЕл ОД ПРОЕктОт кРЕАтИвНА MлАДИНСкА AкЦИјА.

Page 38: Ш – Витамин Ш7

38 зОШтО ПИШУвАМ

ЈУНИ 2014

Зошто пишувам?

Не пишувам зашто сум осамена. Не пишувам зашто со

листот најдобро се разбирам. Не пишувам ни зашто

напати имам голема инспирација и морам од себе да ја

исфрлам. Зашто не сум осамена. Не сум затворена. И,

некогаш (често), со недели немам инспирација.

Ама ги надраснав тие работи. Научив да се натерам

да седнам пред листот и да ги заредам зборовите

како пилишта на жица. Ги сипувам од себе сосила,

ги протуркувам низ прстиве, ги молам да излезат. Се

караат тие со мене како разџагорени деца што мајките

ги прибираат в куќи. често ме мрзи да се карам со нив.

И ми е тешко. И само сакам да спијам или да излезам.

И да се откажам. Ама, ако потклекнам, ако му дозволам

на моментот да ме понесе, некажаните зборови во мене

почнуваат да длабат бунари и да се тискаат во нив. Мене

светот не ми е пуст, па да морам да го опишам за да ја

убијам осамата. Мене светот некогаш ми е премногу

гласен и морам она што сум го испила да го истурам

од себе. Морам да го раскажам оти, инаку, премногу

викотници ќе ми се зберат во главава.

Најверојатно зборувам сешто. Мислам дека, сепак,

пишувам за да можам да се оправдам за сите испразнети

шолји кафе.

Пишувам за да се разберам себеси, другите, да се сетиме

сите, на себе и на нас, да се поврземе, некако, некако,

со својот јазик, и со своите две усни, и со своите очи

и уши, и со своите горе-долу-лево-десно по текстот. И

– нашето надевање дека, можеби, некако, нема, сепак,

да се слизнеме од сопствените раце. дека некогаш ќе

престанеме да се лизгаме од сопствените раце.

°верЧе КарафилосКа

°ГраЦија атанасовсКа

За да разберам.

Пишувачот низ

болка и низ љубов

мора да расцути во

душепознавач од

највисок ранг.

За да можам понекогаш

од живеачката да

одморам.

да заклучам влезна

врата и да слушнам од

кај ми шуми водата, на

раат.

Пишувам и оти сум

параноична и морам

за секоја жива мисла

и за секој отпечаток

врз мојата душа да

раскажам.

А и за инает. На

песочниот часовник.

Оти сѐ уште страв имам

од времето, страв од

умирањето и на човекот

и на прошепотеното и

на зајдисонцето; како

најпрост насилник сакам

за зборовите затвор од

вечност да создадам.

И, да ви кажам право,

Не е дека секогаш сакам,

Туку просто морам да

пишувам, за саглам да

останам.

°марија ГруБор

Page 39: Ш – Витамин Ш7

BOOKWORMS 39

Затоа што дава приказ на една

постмодернистичка филозофија што

ќе ви го преврти сфаќањето (здраво за

готово) на реалноста за 360 степени.

Иако во одредена мера застапува

едно хиперболизирано гледиште на

работите, дава интересен преглед на

тоа како и зошто сè уште симулираме

дека на одредени категории и вредности

фактичкото и реално постоење не им е

суштински засегнато.

„Резервен живот“ стоеше на масата и

чекаше некој да го искористи. Решив

јас да го направам тоа. Како шагринска

кожа се намалуваше со секоја прочитана

страница. И, што се случи на крајот? Па,

ни јас не знам, се плашам дека, кога ќе

ја изразам гласно желбата да ја дочитам

книгата, резервниот живот ќе го снема.

„Беовулф“, во превод на драги

Михајловски, во издание на

„Каприкорнус“. Го читам и го

препрочитувам овој јуначки еп, не само

поради приказната туку и поради јазикот,

извезен детално како луксузна таписерија,

преполн алитерации, асонанции,

архаизми и разни јазични филиграни.

Во поезијата на Шон Томас доерти

ќе ги почувствувавте топлината и

свирепоста на американската „убавина“.

Ќе станете очевидец на немилосрдното

секојдневие на луѓето од гетото, оние

што се работници во машинеријата на

фабриките или зависници на улиците.

Ќе ги засведочите пропаднатите љубови

и скршениот дух во САд, но и воопшто.

Нема да сакате да побегнете од болката,

зашто поетскиот јазик на доерти ве

залажува како мало дете желно за

шеќерен памук, виновно што ја скршило

новата вазна. Ќе останете полни каење

што не сте се обиделе да го скршите

општествениот синџир на нееднаквоста,

во „Скршени алелуи“.

„симулаКрум и симулаЦија“ Од ЖАН БОдРИЈАР

„резервен Живот“ Од ЛИдИЈА дИМКОВСКА

Беовулф Broken HAllelujAHs

што чИтААт уреДНИцИте НА Ш

°јана Колева

°афродита БојаЏиева

°зориЦа петКосКа

°афродита ниКолова

ЈУНИ 2014

Page 40: Ш – Витамин Ш7

Нутритивна ВредностПрепорачана дневна доза: неограничен број на капсули

Eдна капсула содржиВитамин Ш (како Ш7 буквоферол)

Помошни состојки: посветеност, креативност, кафе, чајРок на употреба: Неограничен

1,000 IU 500%