8
ГОДИНА VIII * БРОЈ 170 * 5 МАЈ 2017 * www.kavadarci.gov.mk * БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК ПРВИ МАЈ СО ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, НО МАСОВНО ВО ПРИРОДА Стопанствениците од Регионалните стопан- ски комори на Прилеп и Кавадарци, во кои се и компаниите од Крушево, Долнени, Кривогаштани, Неготино и Росоман, во Прилеп одржаа средба за тековните проблеми и можната соработка на реги- оните и компаниите. На средбата беа и градоначал- ниците на Кавадарци, Александар Панов и на При- леп, Марјан Ристески. На средбата се разговараше и за тоа дека се подобрува бизнис конкурентоста на целиот регион со изградбата на новата патна инфраструктура и гасификацијата. Беше посочено дека најголем бе- нефит од гасот ќе има стопанството и оти во Ка- вадарци големите компании се подготвуваат да се приклучат. „Бенефитот од гасот ќе значи многу за стопанството, пред се од аспект на намалување на трошоците на сите субјекти кои ќе бидат поврзани, а долгорочно и за домаќинствата и сите граѓани кои нивните потреби ќе ги задоволуваат со овој ев- тин енергенс. Гасоводот веќе го помина Кавадарци и во тек е постапка на директно приклучување на гасоводот на одредени компании како „Дрекслер- маер“ и „Фени индустри“, тука секако е и компа- нијата „ИГМ“. Во втората фаза ќе бидат поврзани сите останати стопански субјекти, а гасификација- та на домаќинствата ќе оди преку давање под кон- цесија на мрежата, процес кој ќе го води државата“ истакна градоначалник на Кавадарци Панов. Тој посочи дека средбите како денешната придонесу- ваат да имаме поголема поврзаност и соработка по- меѓу регионалните стопански комори. Прилепскиот градоначалник Ристески рече- дека има доста можности за подобрување на рела- циите помеѓу компаниите од двата региони и до- даде дека локалните самоуправи веќе имаат од- лична соработка на повеќе полиња. „Задоволство е денеска што по втор пат се организира една ваква ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ПРИЛЕП И КАВАДАРЦИ средба на регионалните стопански комори. Разго- варавме околу тековните проблеми на локалните економии, можноста за соработка на бизнис секто- рот од Тиквешијата и овој дел на Пелагонија. Сакам да потенцирам дека се зголемува конкурентноста на целиот овој регион за привлекување на домаш- ни и странски инвеститори со изградбата на екс- пресниот пат кој води преку Плетвар и гасифика- цијата“, рече Ристески. Според Симон Наумоски, претседател на Ре- гионалната стопанска комора на Прилеп, на сред- бата се дискутираше за соработката на компани- ите од двата региона, за големото значење на ма- гистралниот гасовод, но и за проблемите што ги предизвикува политичката криза во земјава. „Кри- зата влијае на производството, на пласманот на производите и ја чувствуваат пред се компаниите кои пласираат на домашниот пазар. Меѓу закучо- ците кои ќе бидат упатени до Стопанската комо- ра на Македонија, а таа ќе ги проследи до држав- ните институции, е и барањето побрзо да заврши политичката криза и стопанството да се врати во нормалните текови. Двата региона ги погоди нео- дамнешниот задоцнет мраз и направи големи ште- ти што неопходно укажува земјоделците повеќе да го осигуруваат родот и да добијат флексибилност кај осигурителните компании кои не сакаат да оси- гуруваат од измрзнување“, рече Наумоски. За Игор Мицев од Регионалната стопанска комора на Кавадарци, ликвидноста е еден од најго- лемите проблеми со кои се соочуваат компаниите. „Причината е во немањето средства компаниите да ги остварат плановите за работењето и развојот“, рече Мицев. Вакви средби во иднина ќе се организираат и со другите стопански комори од останатите градо- ви во Македонија. кавадр4е Кавадарчани и покрај променливото време излегоа во природа каде 1 мај го одбележаа со тра- диционалниот излет. Се престојуваше во природа, се изеде многу храна, се испија многу пијалаци на излетничките места во Општинава но и надвор од неа. Доминанта беше посетата на висорамнината Витачево, Тиквешко езеро, Браната Дошница, Спо- мен обележјето „12 деца“ и други места каде кава- дарчани и жителите на Тиквешијата имаат свои или викенд куќи на роднини и пријатели. Времето сепак дозволи каков-таков излет кој е во сенка на поранешната прослава на Денот на трудот кога се кампуваше на 2 мај. Празникот на трудот кој традиционално во Тиквешијата помину- ва со многу храна и пијалаци, и максимално при- суство на автомобили на локалните и регионални- те патишта, годинава се заокружи без сообраќајни незгоди, инциденти и алкохолизирани лица. Во Полициска станица од општа надлежност Кавадарци не се пријавени нарушувања на јавниот ред и мир. Мирно било и според и инфрмацијата од итната медицинска помош. За време на празникот брзата помош реагирала при предозирање со алко- хол само кај едно лице на 15 годишна возраст. Ос- танати интервенции не се поврзани со празникот.

ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ …пијано и дувачки инструменти. Настанот беше поддржан

  • Upload
    others

  • View
    11

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ …пијано и дувачки инструменти. Настанот беше поддржан

ГОДИНА VIII * БРОЈ 170 * 5 МАЈ 2017 * www.kavadarci.gov.mk * БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ПРВИ МАЈ СО ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, НО МАСОВНО ВО ПРИРОДА

Стопанствениците од Регионалните стопан-ски комори на Прилеп и Кавадарци, во кои се и компаниите од Крушево, Долнени, Кривогаштани, Неготино и Росоман, во Прилеп одржаа средба за тековните проблеми и можната соработка на реги-оните и компаниите. На средбата беа и градоначал-ниците на Кавадарци, Александар Панов и на При-леп, Марјан Ристески.

На средбата се разговараше и за тоа дека се подобрува бизнис конкурентоста на целиот регион со изградбата на новата патна инфраструктура и гасификацијата. Беше посочено дека најголем бе-нефит од гасот ќе има стопанството и оти во Ка-вадарци големите компании се подготвуваат да се приклучат. „Бенефитот од гасот ќе значи многу за стопанството, пред се од аспект на намалување на трошоците на сите субјекти кои ќе бидат поврзани, а долгорочно и за домаќинствата и сите граѓани кои нивните потреби ќе ги задоволуваат со овој ев-тин енергенс. Гасоводот веќе го помина Кавадарци и во тек е постапка на директно приклучување на гасоводот на одредени компании како „Дрекслер-маер“ и „Фени индустри“, тука секако е и компа-нијата „ИГМ“. Во втората фаза ќе бидат поврзани сите останати стопански субјекти, а гасификација-та на домаќинствата ќе оди преку давање под кон-цесија на мрежата, процес кој ќе го води државата“ истакна градоначалник на Кавадарци Панов. Тој посочи дека средбите како денешната придонесу-ваат да имаме поголема поврзаност и соработка по-меѓу регионалните стопански комори.

Прилепскиот градоначалник Ристески рече-дека има доста можности за подобрување на рела-циите помеѓу компаниите од двата региони и до-даде дека локалните самоуправи веќе имаат од-лична соработка на повеќе полиња. „Задоволство е денеска што по втор пат се организира една ваква

Стопанствениците од Регионалните стопан-ски комори на Прилеп и Кавадарци, во кои се и

ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕОД ПРИЛЕП И КАВАДАРЦИ

средба на регионалните стопански комори. Разго-варавме околу тековните проблеми на локалните економии, можноста за соработка на бизнис секто-рот од Тиквешијата и овој дел на Пелагонија. Сакам да потенцирам дека се зголемува конкурентноста на целиот овој регион за привлекување на домаш-ни и странски инвеститори со изградбата на екс-пресниот пат кој води преку Плетвар и гасифика-цијата“, рече Ристески.

Според Симон Наумоски, претседател на Ре-гионалната стопанска комора на Прилеп, на сред-бата се дискутираше за соработката на компани-ите од двата региона, за големото значење на ма-гистралниот гасовод, но и за проблемите што ги предизвикува политичката криза во земјава. „Кри-зата влијае на производството, на пласманот на производите и ја чувствуваат пред се компаниите кои пласираат на домашниот пазар. Меѓу закучо-ците кои ќе бидат упатени до Стопанската комо-

ра на Македонија, а таа ќе ги проследи до држав-ните институции, е и барањето побрзо да заврши политичката криза и стопанството да се врати во нормалните текови. Двата региона ги погоди нео-дамнешниот задоцнет мраз и направи големи ште-ти што неопходно укажува земјоделците повеќе да го осигуруваат родот и да добијат флексибилност кај осигурителните компании кои не сакаат да оси-гуруваат од измрзнување“, рече Наумоски.

За Игор Мицев од Регионалната стопанска комора на Кавадарци, ликвидноста е еден од најго-лемите проблеми со кои се соочуваат компаниите. „Причината е во немањето средства компаниите да ги остварат плановите за работењето и развојот“, рече Мицев.

Вакви средби во иднина ќе се организираат и со другите стопански комори од останатите градо-ви во Македонија.

кавадр4е

Кавадарчани и покрај променливото време излегоа во природа каде 1 мај го одбележаа со тра-диционалниот излет. Се престојуваше во природа, се изеде многу храна, се испија многу пијалаци на излетничките места во Општинава но и надвор од неа. Доминанта беше посетата на висорамнината Витачево, Тиквешко езеро, Браната Дошница, Спо-мен обележјето „12 деца“ и други места каде кава-дарчани и жителите на Тиквешијата имаат свои или викенд куќи на роднини и пријатели.

Времето сепак дозволи каков-таков излет кој е во сенка на поранешната прослава на Денот на трудот кога се кампуваше на 2 мај. Празникот на

трудот кој традиционално во Тиквешијата помину-ва со многу храна и пијалаци, и максимално при-суство на автомобили на локалните и регионални-те патишта, годинава се заокружи без сообраќајни незгоди, инциденти и алкохолизирани лица.

Во Полициска станица од општа надлежност Кавадарци не се пријавени нарушувања на јавниот ред и мир. Мирно било и според и инфрмацијата од итната медицинска помош. За време на празникот брзата помош реагирала при предозирање со алко-хол само кај едно лице на 15 годишна возраст. Ос-танати интервенции не се поврзани со празникот.

Page 2: ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ …пијано и дувачки инструменти. Настанот беше поддржан

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

2

ВЕЧЕР НА УНГАРСКАТА КУЛТУРАВечерта содржеше филмска проекција, изложба и концерт

по повод 135 години од раѓањето на Бела Барток

ОСВЕТЕНИ КРСТОВИТЕ ЗА РЕКОНСТРУИРАНАТА ЦРКВА СВ. ДИМИТРИЈА

НА ПЛОШТАДОТ ВО КАВАДАРЦИ ПРЕЗЕН-ТАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ Кавадарци

СООПШТЕНИЕЗапочнувајќи од 02.05.2017 г. во ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ Кавадарци се во тек уписите за учебната 2017/2018 г. на следните оддели: » 9 годишно образование за виолина и

пијано (ученици со 6 годишна возраст – I одделение);

» 6 годишно образование за кларинет, тру-ба, флејта, хармоника, балет, традициски инструменти (ученици од 9 годишна во-зраст – IV одделение);

» 3 годишно образование за отсекот пеење (ученици на 11-12 годишна возраст – VII одделение);

Потребни документи за упис се: 1. Извод од матична книга на родени; 2. Пријава за упис која се добива во училиштето.Истите може да се доставуваат кај педагогот во училиштето секој работен ден од 08-13 ч. Заинтересираните за повеќе информации да се обратат во музичкото училиште.

Во рамките на традиционал-ната соработка помеѓу Домот на кул-турата „Иван Мазов Климе“ од Ка-вадарци и Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, во Кавадар-ци во Галеријата на Домот на култу-рата се одржаа концерт, изложба и проекција на филм во чест на Бела Барток, еден од најпознатите унгар-

ски композитори на дваесетиот век. Ученици од Основното музичко и ба-летско училиште „Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци се претставија со не-гови композиции, изведувајќи ги на пијано и дувачки инструменти.

Настанот беше поддржан од Ун-гарската амбасада во Република Ма-кедонија и градоначалникот Алексан-

дар Панов. Во своето обраќање пред присутните Панов рече дека преку музиката на Барток и понатаму се не-гуваат добрите односи кои Кавадарци ги има со неговата земја. „Би сакал на-шиот пријателски однос да продолжи и понатаму како и досега“ нагласи меѓу другото градоначалникот.

Амбасадорот на Република Ун-гарија во Република Македонија Лас-ло Дукс рече дека станува збор за уметник, кој со својата уметност ги надминал границите на сопствената земја. „Среќен сум што многу млади музичари ги свират неговите дела и на тој начин неговата музика живее меѓу нив“ рече амбасадорот Дукс.

Симона Гајдовска како прет-ставник на Дирекцијата за култура од Скопје, проговори за ликот и де-

лото на Барток. „Лани се навршија 135 години од неговото раѓање. Ста-нува збор за композититор, пијанист, музиколог кој се смета за еден од најзначајните композитори на двае-сетиот век. Своето музичко образо-вание го започнал уште од многу ма-ла возраст. За себе знаел да каже де-ка започнал да свири на две години. Според раскажувањата на неговата мајка, на тапан свирел или експери-ментирал со ритми уште на две годи-ни. Пијано почнал да свири на чети-ригодишна возраст, изведувајќи ун-гарски народни композиции со само еден прст. Понатамошното образова-ние го започнал со својата мајка која била извонреден пијанист“, инфор-мираше Гајдовска.

К. В.

На градскиот плоштад во Кава-дарци Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип во рамки на отворениот ден им ја доближи на идните студенти пону-дата за студирање. Беа презентира-ни условите за студирање, организа-ционата структура на Универзитетот, кампусите, можностите за вклучу-вање во истражувачки, студентски, спортски активности, за учество во програмите за студентска размена и посета на познати светски универзи-тети, како и запознавање со можност-ите на електронскиот индекс и доби-вање на стипендии.

Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Блажо Боев, рече дека како Универзитет се разликуваат поради тоа што се блиски со средношколци-те – идни студенти. „Универзитетот дава квалитетно образование кое ќе им служи на студентите во животот, дека со тоа образование ќе најдат ра-бота, ќе работат во нашата држава и ќе можат да направат размена со другите универзитети во Европа, да поминат еден или два семестри, да стекнат пријателство и да видат како живеат другите во Европа“ рече Боев.

Проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев е задоволен од интересот кој средношколците идни студенти го покажуваат кон Универ-зитетот „Гоце Делчев“. „Во моментот УГД е структура со 12 факултети и 3 уметнички академии. Станува збор за повеќе од 100 студиски програми. Можностите се огромни. Правниот факултет, економскиот, факултетот за медицински науки, факултетот за ин-форматика, образовните науки, елек-тро техничкиот, природно- технички науки, значи една широка понуда со цел секој млад човек да си ја пронај-де својата професија. Од друга страна

можностите на универзитетот се и бр-за трансформација за префрлање, би-дејќи поголем дел од студентите после прва година сакаат да се префрлаат, така да структурата е скоро 80 % иден-тична со предметните програми на си-те факултети. Потенцијали има многу. УГД се обидува не само студирањето туку и социјалниот живот на студен-тите да биде составен дел на ова што претставува студентски стандард“ изјави проф. д-р Кирил Барбареев.

На прашањето каков е интере-сот за енологијата, проф Барбареев нагласи дека заедно со бизнис секто-рот и државата е потребно да се раз-вива оваа студиска програма, бидејќи во овој регион се произведува вино по-знато во светот. „Универзитетот сме-та дека таа студиска програма треба дополнително да се развива. Идејата на УГД е таа програма да се развива со стопанството. Јас сериозно мислам дека Кавадарци, Неготино, Демир Ка-пија ако се региони познати во светот дека прават добро вино, зошто да не се отвори елитна студиска програма за енологија во државата и тоа во Кава-дарци и тоа да биде студиска програ-ма рамна со било која светска студи-ска програма. Тоа се прашање кои не се само прашања на УГД, туку се пра-шања и на стопанството на владата од-носно на МОН. Познати се искуствата од такви споделени одговорности“ на-гласи проректорот Барбареев.

Ангел Данов

Во четвртокот на 27 април 2017 година се изврши осветување на два-та крста од реконструираната црква "Св. Димитрија". Тие ќе бидат поста-вени на новото кубе, како и на постој-ната камбанарија на храмот.

Со чинот на осветување чинона-чалствуваше Митрополитот Повар-дарски г. Агатангел во прислужение со свештеници од Повардарската епархија и кавадаречкото Црковно наместништво. На светиот чин при-суствууваа претставници на црков-ниот одбор како и градоначалникот Александар Панов.

Владиката г. Агатангел во изја-ва за медиумите нагласи дека е за-доволен од текот на градежните активности и од целиот проект за реновирање на црквата со кој се овоз-можи значително проширување во внатрешноста бидејќи нема повеќе столбови. „Реновирањето започна пред половина година. Епархискиот управен одбор заед-но со Црковниот одбор и свештен-ството од кавадаречкото архие-рејско намесништво одлучивме централната црква посветена на Великомаченик Свети Димитрија да биде реновирана, бидејќи мно-гу верници сакаа да се обнови оваа црква. Кога доаѓав во Кава-дарци верниците тоа го бараа. Нашите дедовци, прадедовци се имаат многу вложено и затоа од-лучивме да го обновиме. Баравме кубе да се направи и на кубето ќе го поставиме осветениот крст за да биде чувар на градот и на це-лата македонска земја“ рече г. Ага-тангел и е оптимист дека за крат-ко време обновата ќе заврши.

Владиката г. Агатангел ги повика сите верници од кавада-речко да го помогнат реновирање-то, а иста порака за дарување упа-ти и до иселениците кои преку ле-тото ќе дојдат во родниот крај.

Градоначалникот на Кавадар-ци, Александар Панов рече дека општината секогаш ги помага потре-бите на Повардарската епархија и е подготвена да се вклучи со финан-сиски средства и во реновирањето на храмот "Свети Димитрија".

Градежните работи за ренови-рање на храмот Свети Димитрија во Кавадарци напредуваат според пла-нот.

Ангел Данов

Page 3: ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ …пијано и дувачки инструменти. Настанот беше поддржан

3

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

РОТАРИ КЛУБОТ КАВАДАРЦИ ЈА ОБНОВИ ИГРАОРНАТА САЛА

УСПЕШНО ЗАВРШИ 4 ЗЕМЈОДЕЛСКИ САЕМ

Земјоделски саем по четврти пат се одржа во Кавадарци, во организација на кавадаречкото здружение „Вино-тек“, кое се залага за негување и развој на винската култура, вински туризам и производи од грозје.

„Сите заинтересирани на саемот можеа да се запознаат со понудата на винска и земјоделска опрема и механи-зација, заштитни средства и средства за наводнување и прихранување, најраз-личен вид на расад, најновите достигну-вања во агроиндустријата. Се со цел по-добри и поголеми приноси во земјодел-ството“ рече во изјавата за медиумите претседателот Јован Еленов, заблагода-рувајќи се на поддршката од кавадареч-ката локална самоуправа.

Директорот на саемот Панче Ар-совски додаде дека благодарение на оваа манифестација која станува тради-ционална, земјоделците можат да се за-познаат со тоа до каде стигнала науката во земјоделското производство. „Има-ме долга и убава земјоделска традиција која се негува со години наназад, па сае-мот е меѓу другото и прилика земјодел-ските производители да можат да нау-чат доколку сакаат, нешто повеќе околу тоа како да ги спојат традиционалното и модерното. Заради подобри земјодел-ски резултати и развој на земјоделство-то и туризмот“ рече Арсовски.

Д.М.

СПОТ ЗА ПЕСНАТА „ЉУБОВ” НА СППМД

Во рамките на проектот “Creativity Creates Change” кој е дел од европската програма Еразмус плус, Советот за превентива про-тив малолетничка деликвенција од Кавадарци ја промовираше песната „Љубов“.

15-РЕГИОНАЛНА РЕВИЈА НА ПЕСНИ, МУЗИКА И ИГРИЗдруженуето на пензионери

на Кавадарци беше домаќин на 15-та Регионална ревија на песни музика и игри од Јужиот регион. Седум од вкупно осумте пензио-нерски здруженија од Вардарски-от регион: Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман, Богданци, Гевгелија и Валандово, во салата на Домот на културата „Иван Ма-зов-Климе“ другаруваа со песна и игра и музика.

Организирани во 8 регионал-ни асоцијации пензионерите во Ма-кедонија редовно ги одржуваат ма-нифестациите од музички карак-тер на кој пеат, свират, играат и си го прават животот поубав. Од стра-

на на републичкиот сојуз, на Здру-жението на пензионери Кавадарци му беше доделено специјално при-знание за континуирано учество и втемелувач на овие смотри. Имено Кавадаречките пензионери се ос-новачи и учесници на првта смот-ра „Пензионерите пеат“ одржана во Пробиштипво 2002 година.

Претседателот на друштвото на пензионери од Кавадарци Ристо Анѓушев пред почетокот на средба-та истакна дека овојпат средбите не се комплатни бидејќи пензионерите од Дојран не беа присутни во Кава-дарци. Но на средбата беа двајцата селектори од РСПМ кои ги оценуваа настапите, а врз основа на нивниот

Културните амбасадори на Кавадарци, играорците од Фол-клорниот ансамбл „Тиквеш“ благо-дарение на Ротари клубот од овој град ќе работат во целосно ренови-рана играорна сала. Ротаријанците одлучија годинава реновирањето на салата да им биде прв проект и веќе е целосно реализиран. На све-ченост и официјално салата беше предадена во функција на големо задоволство на сите членови на фолклорниот ансамбл, но и на вра-ботените во домот на културата, во чии рамки дејстува фолклорното друштво.

нисмените од Кавадарци ќе се ре-новира детското одделение во ка-вадаречката болница.

Директорот на Домот на кул-турата „Иван Мазов Климе“, Вла-димир Темков се заблагодари на бизнис заедницата и нагласи дека за прв пат во историјата на домот на културата некој се сетил да до-нира за потребите на ова установа.„Оваа донација ќе остави траен бе-лег за над 130 деца кои се дел од фолклорниот ансамбл и голем дел од денот поминуваат во играорна-та сала“ рече Темков.

A.Д.

Претседателот на Ротари клуб Кавадарци, Бранко Колев на-гласи дека ротаријанците редовно донираат за децата на Кавадарци и овој проект е само еден од низа-та реализирани. „Ротари клуб од самото негово постоење до денес инвестира во интерес на децата на Кавадарци. Досега изградивме фитнес центар на отворено, игра-лиште покрај кејот, дониравме во ООУ „Страшо Пинџур“ и во кава-даречката болница“ рече Колев и најави дека за годинава имаат пла-нирано уште еден проект за помош во заедницата. Со помош на биз-

Песната е во изведба на волон-терите на Советот на превентива против малолетничка деликвенција, Марјана Пешиќ, Момир Колев и Цеце Христова, додека за продукцијата на музиката се погрижи DV Sound од Ка-вадарци.

Проектот “Creativity Creates Change” го имплементира органи-зацијата КОМ 18 од Ниш, а покрај СППМД во истиот учество земаат и волонтери од Бугарија, Грција, Бос-на и Херцеговина, Албанија, Ирска и Белгија.

К.В.

извештај ќе се определат учесници-те на Државната ревија на „Песни и музика“ на пензионерите од Маке-донија која ќе се одржи во Скопје. Годинава пак најдобрите македон-ски пензионерски групи од ревија-та во Скопје, ќе ја претставуваат Ма-кедонија на пензионерските смотри од Балканот која требада се одржи во Словенија.

Според Анѓушев, овие сред-би се можност панзионерите да го продолжат животот, а преку дру-жењето со нивни врсници од други градовида да ги направат пензио-нерските денови и староста многу поподносливи.

Димитар Мурџев

Page 4: ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ …пијано и дувачки инструменти. Настанот беше поддржан

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

4

ПРОЕКТИ НА ОПШТИНАТА ВО СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Општината Кавадарци во периодот 2013-2017 е фокусирана покрај другото и на социјалната заштита која е од големо значење за граѓаните, Градоначалникот Алек-сандар Панов вели дека се спрове-дени низа проекти со кои директно се влијае врз подобрувањето на ус-ловите за живот на лицата кои има-ат потреба од социјална помош и заштита.

„Би сакал да истакнам дека во делот на социјалните трансфери ми-натите четири години локалната са-моуправа има издвоено над пет ми-лиони денари. За еднократна помош во 2013 година се издвоени 1.241.000 денари, следната година 676.000, 2015 година 1.481.000, 2016 1.320.000 и оваа година заклучно со март, над 404.000 денари“, посочи градоначал-никот.

Покрај ова, додаде тој, реали-зирани се и неколку значајни про-екти со кои се подобруваат инфра-структурните услови за живот на лицата со посебни потреби, како и за лицата со попреченост. Беа реа-лизирани следните капитални про-екти:

Отворен мал групен дом кој е наменет за децата од 6 до 14 години, кои во еден дел од својот живот се соочиле со воспитни и психосоцијал-ни проблеми. Заедно со Министер-ството за труд и социјална политика адаптирана е семејна куќа во која мо-же да се сместат 5 до 7 дец под над-зор на стручни лица.

Лифт за лица со хендикеп во општинската зграда

Надворешен лифт во општин-ската зграда за лица со хендикеп Лицата со хендикеп сега имаат по-

лесен физички пристап во Локалан-та самоуправа Кавадарци, како и до поголем дел од Подрачните служби на министерствата. Во зградата на општината за таа цел е пуштен во употреба лифт наменет за оваа ка-тегорија на граѓани. Вредноста на проектот изнесува 1.800.000 денари без ддв, од кои половината ги обез-бедува општината, а другата поло-вина УНДП.

Донација на електрични колич-ки за лица со попреченост. и тоа во Јуни 2015 и Јуни 2016 година

Донација на електрични колички за лица со попреченост

На неколку пати е реализиран проект за времен ангажман на лица од социјално ранливи семејства кои беа ангажирани за работа во пома-гање на стари и изнемоштени лица во период од 6 месеци.

Ангажирање на социјалци во извршување на општо корисна рабо-та исто така во период од 6 месеци како и за период од 1 година.

Звучен семафор за слепи лица

Озвучени семафорите на рас-крсницата кај Домот на културата, за слепи лица пешаци.

Димитар Мурџев

Министерството за образова-ние и наука започна активности за реконструкција на Ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кава-дарци, кои ќе бидат целосно заокру-жени во текот на летниот период.

Станува збор за инвестиција вредна 5 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за сместување и престој на ученици во овој објект.

Марјан Димитров

СПОРТ И МЛАДИ

Од опшптинскиот Буџет, во периодот 2013-2017 според Програ-мата за спорт и млади, обезбеде-ни се вкупно 15.200.000 денари. Од

овие сретства на спортските клу-бови и здруженија се исплатени 11.180.000 денари. Останатите се вложени во проекти, турнири и ма-нифестации.

Во 2017 година 1.000.000 дена-ри се наменети за реконструкција на

» Изградено повеќенаменско игра-лишпте во ООУ „Гоце Делчев“ Вла-да на Р. Македовнија. (Агенција за млади и спорт);

» Асвалтиран терен за мали спорто-ви во с. Глишиќ;

» Ревитализирано осветлување-то на теренот во спортскат сала „Јасмин“. Поставени 30 енергет-ски ефикасни ЛЕД рефлектори со единечна јачина опд 150W;

» Организирани квалификациите за Евро Баскет- 2017 во салата „Јас-мин“;

» Поставени справи за фитнес веж-би на отворено до фудбалскиот

терен на ЈП „Јасмин“, донација од Ротари клубот Кавадарци;

» Реконструиран и уреден градски-от олимписки базен;

» Возобновени меморијалните тур-нири „Вуко Каров“-фудбал и „Сес-три Китеви“ кошарка жени;

оградниот ѕид на Градскиот фудбал-ски стадион. Санирање на северна-та трибина со обнова на оштетениот бетон и поставување на дрвени се-дишта. » Превземен во владение Градскиот

фудбалски стадион; » Возобновен ГФК "Тиквеш 2014" кој

од третата фудбалска лига обезбе-ди пласман во Македонската вто-ра фудбалска лига;

» Изградени две тениски игра-лишта во населбата „Ѓорѓи Со-колов“ Влада на Р. Македовнија. (Агенција за млади и спорт);

» Организиран спортски викенд во Маунтен бајк и планинарење „Ал-шар Допри го сонцето“ 2016 во со-работка со Здружението „Тиквеш-ки точакџии“;

» Трка на мирот со факелот на „Шри Чимнои“;

» Проект „Отворена забавнa фуд-балска школа“ (Опен фан фудбал скулс);

» Ангажирање на дипломирани професори по физичко и здравст-вено образование во одделенска-та настава.

Димитар Мурџев

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО УЧЕНИЧКОТ ДОМ „КРСТЕ ПЕТКОВ-МИСИРКОВ“

Page 5: ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ …пијано и дувачки инструменти. Настанот беше поддржан

5

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

ИЗЛОЖБЕН ЦЕНТАР ЗА ВИНО И МЕЃУНАРОДЕН КЛАСТЕР ЗА ВИНСКИ ТУРИЗАМ ПРЕКУ ФОНДАЦИЈАТА „ТИКВЕШКИ ВИНСКИ ПАТ“

Преку програмата ИПА 2 за прекугранична соработка Македо-нија - Грција, одобрен е проект вре-ден 584 илјади евра. Како што ин-формира Виолета Јанкова, директор на Фондацијата „Тиквешки вински пат“ од Кавадарци, која се јавува ка-ко еден од партнерите и идеен тво-рец на „Тера вино“, проектот ќе се ре-ализира во наредните 18 месеци.

„Во рамки на проектот е пред-видено мапирање на туристич-ко-угостителските субјекти и ви-нарниците од двете страни на гра-ницата, формирање на кластерот за вински туризам и нивна едукација, изработка на промотивни материја-ли и совети од стручни лица за по-добрување на нивното работење, реконструкција и опремување на

објектот каде што ќе биде сместен изложбениот центар, набавка на ла-бораторија за потребите на винар-ниците и работење договор за ква-литет од кој понатаму ќе произлезе марка за квалитет, што ќе помогне како за брендирање на територија-та, така и на членките на кластерот. Сето ова ќе биде заокружено со една голема меѓународна конференција

град вложивме во 244 квадратни ме-три површина за првиот Музеј на ви-но. Демир Капија, благодарение на ваков проект доби Едукативен тре-нинг-центар за туризам. А, на повеќе делници во државата, поставивме туристички ознаки за македонските вински патишта“, вели Јанкова.

Таа е децидна дека со вакви проекти, во Тиквешијата, како најго-лем лозаровинарски регион во Маке-донија, се донесени околу милион ев-ра европски пари. „Придобивките од нашата работа веќе се чувствуваат. Во иднина очекуваме уште поголем број туристи и што е можно повеќе луѓе во светот да бидат дел од маке-донската винска приказна“, додава Јанкова.

Кавадар4е

на која ќе бидат промовирани резул-татите од проектот и кластерот“, ве-ли Јанкова.

Партнери од грчка страна се италијанско-грчката комора, Техно-лошкиот институт „Аристотелис“ и Министерство за внатрешна и ад-министративна реконструкција од Солун.

Ова е четврти по ред проект од ваков тип што го реализира Фон-дацијата „Тиквешки вински пат“. Се работи за изградби, реконструкции и опремување на поголеми објекти. „Пред неколку години со рекон-струкција на таканаречената "Жел-кова куќа" во Неготино, го напра-вивме првиот туристичко информа-тивен центар во Тиквешкиот регион. Со италијански средства во истиот

10 МАЈ Е ПОСЛЕДНИОТ ДАТУМ ЗА ПРИЈА-ВУВАЊЕ ШТЕТИ ОД МРАЗОТ КАЈ ЛОЗЈАТА

КАМПАЊА ЗА БЕЗБЕДНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОЗИЛО ЗА МЛАДИТЕ ЛИЦА

Поради се поголе-миот број на жртви во сообраќајни несреќи во земјава, Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај за-почнува нова кампања за подигање на свес-та кај младите во со-обраќајот да бидат од-говорни. Насловена е „Младост без лудост“, а ќе трае 6 месеци. Станува збор за ед-на од најкреативните, најмасовните и најинтересните кампањи на РСБСП која се очекува да биде добро прифа-тена од најмладите кои се ризична група учесници во сообраќајот.

„Младост е да се поднапиеш, но лудост е да возиш пијан, младост е да сакаш да зборуваш на телефон, а лудост е тоа да го правиш додека возиш. Младост е да си жив и тем-пераментен, лудост е да возиш брзо и агресивно во сообраќајот. Младос-та оправдува многу грешки, но не во сообраќајот и сообраќајните незгоди затоа што тие никогаш не просту-ваат, а последиците се трајни“, ова се дел од пораките кои РСБСП ги праќа до сите млади учесници во со-обраќајот.

За време на кампањата скрше-но возило кое е резултат на несовес-но и неодговорно учество на две мла-ди лица во сообраќајот ќе биде транс-портирано до средните училишта во Р. Македонија и на други фреквентни локации каде што ќе биде изложено. Целта е да се потсетат младите кои се последиците од непромисленото однесување. Кампањата „Младост без лудост“ ќе биде поддржана од

припадниците на МВР, професори-те од средните училишта, но и многу познати личности.

Како дел од кампањата ќе би-де организирана и акција „Безбе-дни млади возачи“ во чии рамки ќе има наградно натпреварување во кое средношколците кои ќе покажат најдобри знаења по сообраќајните правила и прописи ќе добијат вау-чер од 50 проценти попуст и целосно бесплатни ваучери за полагање на Б возачка дозвола.

Статистичките податоци по-кажуваат дека минатата година во Македонија 165 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди од кои 25 лица се на возраст до 24 го-дини. Минатата година тешко по-вредени биле и 2.039 млади лица на возраст до 24 години. Во просек 25 проценти од сообраќајните незгоди со потешки последици се предиз-викани од млади лица на возраст до 25 години.

На светско ниво секоја годи-на околу 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди од кои околу 400 илјади се млади ли-ца.

К. В.

Од средата 26.04.2017 година започна постапката за поднесување барања од страна на земјоделците кои претрпеа штети на земјоделски-те култури од ниските и некаракте-ристични тепмератури за овој пери-од од годината.

Одлучено е постапката да се во-ди преку Подрачната единица на Ми-нистерството за земјоделие. За таа цел формирани се теренски комисии за проценка на штетите од измрзну-вањето, а рокот за поднесување на ба-рањата е 15 работни денови и ќе трае заклучно со 10-ти мај, оваа година.

Земјоделците кои сметаат дека неповолниот климатски настан кој се случи на 21 и 22 април им има на-несено штети до ПЕ на МЗШВ треба да достават: -барање -доказ за соп-ственост или користење земјоделско земјиште или земјоделски имот за кој се пријавува штетата -копија од имотен лист или копија за договор за закуп, договор за послуга, договор за плодоуживање и слично -фотокопија од лична карта и фотокопија од тран-сакциска сметка.

Според видувањата на м-р Диме Златев, стручњак од областа на заштитата кој неколку децении

ги следи состојбите во лозарството и овоштар-ството, со бранот од ниски температури во петокот спрема сабота-та најмногу на удар се лозовите насади кои се наоѓаат во котлинските делови. „Најмногу пого-дени се лозови насади во реоните на Глишиќ, Марена, Сопот, Рибар-

ци, Курија, Фариш. Тоа е критична линија за лозарството. Она што е многу чудно во одредени насади де-лумно има мрзнење, делумно не. Ис-то така има појава еден насад да е целосно оштетен, а соседниот да не-ма воопшто штети или пак тие да се минимални“ рече м-р Златев.

Тој нагласува дека досега не памети вакви ниски температури и штети врз лозјата и овошните наса-ди. „Во ваква напредната фаза од развојот немало мрзнење. Сега из-мрзнаа ластари од 30-40 см. Се сеќа-вам дека имало години кога во овој период температурата паднала до -2 степени, но никогаш вакви штети не-мало во овој период од годината“ до-дава Златев.

Раководителот на подрачната единица на Министерството Зоран Шалев појасни дека се формирани четири комисии на територијата на Општина Кавадарци за да се утврди првичната состојба, односно во Рибар-ци, Сопот, Црноречјето, Марена, Пали-кура и останатите делови на Општи-ната. Според него првичните оценки се дека штетите во овоштарството и лозаратсвото се многу големи.

Aнгел Данов

Page 6: ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ …пијано и дувачки инструменти. Настанот беше поддржан

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

6

„ДРЕКСЛМАЈЕР“ ДОНИРАШЕ ШКАФЧИЊА ВО ОБЈЕКТОТ „СНЕЖАНА“

МЕНАЏМЕНТОТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ОСВОИЈА СВЕТСКИ ПРИЗНАТИ „MICROSOFT OFFICE SPECIALIST“ СЕРТИФИКАТИ

Ученици од гимназијата "До-бри Даскалов" земаа учество на светскиот натпревар „Microsoft Office Specialist“, организиран од „Certiport Inc“. Овој натпревар претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учес-ниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint® од MS Office 2013 или MS Office 2016. Светскиот натпре-вар се оддржува 14 години по ред, Оваа година ќе се оддржи во Диз-ниленд, Лос Анџелес, Калифорнија САД.

Од нашето училиште под мен-торство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски, учествуваа уче-ниците Страше Наумов III-1, Теодор Делов III-2, Трајче Белевски III-4, Бо-рис Мишов III-4, Славе Темков IV-3 и Борис Станоев IV-3. Овие ученици полагаа квалификациски натпревар и успешно го положија со што до-бија можност бесплатно да се нат-преваруваат за официјален Microsoft Office Specialist сертификат.

На 26 април 2017 во простори-ите на Certiport и Semos едукација во Скопје учениците Страше Наумов III-1, Теодор Делов III-2, Славе Тем-ков IV-3 и Борис Станоев IV-3 постиг-наа одлични резултати и се стекнаа

со светски признат Microsoft Office Specialist сертификат. Со тоа до-бија можност да влезат помеѓу 30-те најдобри во Македонија.

Со учество на овој натпревар учениците добија одлична прили-

ка да ги покажат своите вештини, да се забавуваат и имаат можност да ја претставуваат Македонија во светот и да стекнат големо призна-ние.

Гимназија „Добри Даскалов“

Детската градинка „Рада По-цева“ во Кавадарци во месец април го прослави својот 54 годишен јуби-леј, а ова беше дополнителен по-вод компанијата "Дрекслмајер" да обезбеди нов мебел за дечињата од објектот „Снежана“.

Оваа градинка е комплетно оп-ремена со нови шкавчиња дизајнира-ни според барањата и потребите на децата и персоналот. При посетата на градинката, дечињата на тради-ционален начин им посакаа добре-дојде на претставниците на компа-нијата, а како знак на благодарност тие подготвија приредба со интерес-ни точки. Присутни во публиката беа и некои од родителите на дечињата кои се вработени и се дел од тимот на "Дрекслмајер". „Сите постоечки шкавчиња во објект „Снежана“ беа заменети со нови, а онаму кадешто имаше потреба беа вградени и до-полнителни. Благодарение на под-

дршката од "Дрекслмајер" престојот на дечињата во нашата градинка е многу пофункционален и шарено-лик. Овој проект е доста значаен за нас, а неговата целокупна реализа-ција е во висина од околу 11 700 ев-ра“, рече директорката на детската

градинка „Рада Поцева“, Цана До-бринова.

„Децата се нашата иднина, а нивната иднина е наша одговорност, токму затоа ние и понатаму активно ќе се ангажираме за долгоречен раз-вој на овој регион преку понатамош-на поддршка на образовни и социјал-ни установи. Се разбира, како и досе-га нема да изостанат ниту проекти од спортот и културата како области на кои компанијата исто така се фо-кусира“, истакна Лукас Мирингер ге-нерален директор на "Дрекслмајер" Македонија.

К. В.

На Универзитетот за тури-зам и менаџмент-Скопје беше ор-ганизирана обука „Менаџментот на човечки ресурси во образовни-те институции“. Нашето училиште со свои претставници беше учес-ник на оваа обука заедно со некол-

ку менаџерските тимови од други училишта од Кавадарци. Обуката се реализираше во два блока.

Во првиот дел, проф. д-р Алек-сандра Стоилковска, преку инте-рактивна презентација ги истакна иновативните научни информаци во врска со потребата од страте-гиски менаџмент на човечките ре-сурси во образовните институции, при што ги потецираше фазите на професионална ориентација, про-фесионален и кариерен развој како фундаментални во реализацијата

на воспитно-образовниот процес во функција на продуцирање на кадри со конкурентни компетен-ции. За време на паузата учесни-ците имаа работна средба со рек-торот, проф. д-р Аце Миленковски.

Вториот дел од обуката го ре-

ализираше доц. д-р Валентина Му-цунска Палевска во кој преку груп-на работа беше направена корела-ција помеѓу актуелните егзактини трендови, досегашната практика во менаџирањето на човечките ре-сурси во образовниоте институции и потребата зајакнување на капа-цитетите, посебно во процесот на институционализирање на профе-сионализмот. По завршувањето на обуката на учесниците им беа до-делени сертификати.

Гимназија „Добри Даскалов“

Page 7: ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ …пијано и дувачки инструменти. Настанот беше поддржан

7

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

ХИТ ПРЕТСТАВАТА „СТЈУАРДЕСИ“ СОБОРУВА РЕКОРДИ

СЕЌАВАЊЕ ЗА САШКО ГЕШОВСКИ (1971-1991)О в а а

сабота на 6 мај Кавадар-ци се сеќава на својот хе-рој Сашко Ге-шовски, кога се чествува-ат 26 години од грозомор-ното убист-

во на нивниот сограѓанин Сашко Ге-шовски, што претставуваше првата жртва во воениот конфликт, што бе-ше вовед во граѓанската војна, после која се распадна СФР Југославија.

Според тогашниот закон за во-ените обврзници во поранешна Југо-славија, младинците во ЈНА зами-

ска од составот на Федеративна Југо-славија. На 6 мај 1991 година демон-страциите преминуваат во вооружен судир. Тогаш во Сашко Гешовски пу-ка маскиран припадник на минис-терството за внатрешни работи на Хрватска и со четири истрели смрт-но го погодува младиот кавадарча-нец. Во тој критичен момент Сашко, како воен полицаец бил на задача да ја обезбедува зградата на Воено-по-морската област во Сплит. Веста за неговата смрт со секавична брзина се пренесе во сите краишта на Југо-славија, а ја потресе Македонија, осо-бено неговото родно Кавадарци. Не-говото загинување претставува прва жртва и вовед во жестокиот судир, кој го предизвика и забрза распадот на СФР Југославија.

На 7 мај 1991 година во Кава-

дарци во негова чест се одржа ве-личенствен протестен митинг на кој присуствуваше речиси целото население од градот и околните места. На неговиот трогателен по-греб присуствуваа повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на Југославија, а во Кавадарци по тој повод беше прогласена три-дневна жалост.

Сашко Гешовски е роден во Ка-вадарци на 31 октомври 1971 година, како второ дете на Гоце и Цвета Ге-шовски. Основно училиште заврши во Кавадарци, а потоа се запиша на електро-машинскиот училишен цен-тар “Киро Спанџив-Брко“, каде по че-тири години се стекнува со диплома на машински техничар.

Мики Камчевски

нуваа веднаш по завршувањето на средното образование, или по напол-нување на 18 години. Така Сашко на отслужување на воениот рок замина на 17 септември 1990 година во Вое-но-поморската област во Сплит, каде како што и самиот кажувал ќе биде поблизу до својот омилен кошаркар-ски клуб “Југопластика“ од Сплит. Тој имал можност да добие премес-тување во Задар, бидејќи веќе се на-сетувала конфликтната состојба во Југославија, ама не можел да поверу-ва какви последици овој судир може да донесе, а не сакал ни да се разде-ли од своите другари во Сплит.

На 5 мај 1991 година се случува-ат големи демонстрации во Сплит, на кои се барало отцепување на Хрват-

Театарот при Домот на култу-рата „Иван Мазов-Климе“ од Кава-дарци руши рекорди со најновата те-атарска претстава „Стјуардеси“. По премиерната изведба минатиот ме-сец претставата воопшто не губи во интересот кај публиката. И по шест репризи, односно осум прикажу-вања, вклучувајќи ја премиерата и

пред премиерата, сеуште е огромен интересот за хит комедијата.

Новото, седмо по ред репри-зно издание на „Стјуардеси“ кое но-си нови изненадувања од театарска-та екипа е закажано за во сабота, 6 мај, со почеток од 20 часот. Билети-те се веќе во продажба и може да се купат секој работен ден од 12 до 13 часот и од 18 до 20 часот на билета-рата на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“.

За потсетување, се работи за урнебесна комедија по текст на Марк Камолети, а во режија на Диме Коце-вски, кој е и дел од актерската екипа заедно со Видан Станоев, Валентина Ѓорѓиева, Костадин Прокопов, Зори-ца Стефковска, Ребека Малиминов-

ска и Никола Деков.Главниот актер и режисер на

претставата Диме Коцевски збору-вајќи за претставата вели: „Битно е да го погодиш моментот, сето пона-таму се ниже само по себе. Тоа е го-лема работа во тетарот како нашиот. Очекував дека ќе биде добра преста-ва. Но ова не го очекував. Нам ни се случи театарски бум. Две престави да бидат однапред распродадени. За 20 години, ова не ми се случило. На билетара да се продадат две преста-ви досега не било“ вели Коцевски.

„Јас сметам дека имаме ваков позитивен развој на состојбата затоа што: Имаме добра претстава, има-ме добра екипа која е посветена на тоа што го работат и добрата врска

(флуид) која ја воспоставивме со пуб-ликата“ вели тој и додава дека ова те-татарско остварување ќе гостува и во други градови во земјата и во Скопје. Во претсавата играат актери кои по-одамна се бават со глума и аматери, што зборува за одличниот спој на ис-куството и театарскиот предизвик.

Реакциите кај публиката, осо-бено онаа што ги гледала „Стјуарде-си“ се позитивни. Два часа чист ху-мор, ведрина, релаксација главно е поздравена од оние кои ја гледале. Одамна не било така и тоа на целиот ансамбл и на Домот на Културата им импонира. Честитки за Диме и еки-пата.

РТКФото: Тони Коцев.

ДЕТСКИОТ МЈУЗИКЛ „ПРИКАЗНА ОД ЗЕМЈАТА

МУЗИКАЛИЈА“ - ПРЕМИЕРНО „Приказна од земјата Музикалија“ е насловен детскиот

мјузикл кој синоќа за прв пат беше изведен во салата при До-мот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци. Текстот е на Силвана Атанасова Чулева, а режисер е Александар Ма-линков. Претставата е во продукција на Домот на културата и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

„Станува збор за проект наменет за детска публика. Иг-раат актери од кавадаречката гимназија, како и балерини од Основното музичко училиште од Кавадарци. Кореографија-та е на Билјана Грозданова“ појасни за медиумите Малинков, кој најави дека претставата ќе можат да ја видат учениците од неколку кавадаречки училишта, но и од други градови во државата.

Малинков на-гласи дека преку претставата се упа-туваат пораки за мир, слога и љубов, како и пораки за ширење на позитивна енергија.

кавадар4е

ДЕЦА ОД КАВАДАРЦИ УЧЕА КАКО СЕ ПРАВИ МОЗАИКВистинска можност да се научи како се

прават мозаици за заинтересираните млади таленти од кавадаречките основни училишта беше неодамнешната работилница, која До-мот на културата „Иван Мазов-Климе“ ја орга-низира во рамките на велигденскиот арт-на-стан со уметницата Димитрина Гошева од Бла-гоевград, Бугарија.

Најнапред учениците имаа можност да присуствуваат на отворањето на нејзина-та прва самостојна изложба, каде што имаа можност да ги видат одблизу прекрасните мозаици со различна тематика. Делата на Димитрина Гошева беа вистински предиз-вик да се проследи во целост работилницата на која таа им ја презентира целата постап-ка на изработката на мозаикот - кои алатки се користат и што е она што е најважно да се знае пред да се почне со правење мозаик.Бидејќи Димитрина Гошева е ликовен педагог и работи со ученици од основни училишта, таа на почетокот им ги покажа мозаиците што ги направиле нејзините ученици.

По добиените инструкции и првични сознанија за тајните на техниката на созда-вање слики од разнобојни камчиња, стакло,

керамика и мермер љубопитните ученици во работилницата ја имаа можноста и сами, по однапред изработени цртежи и практично да пробаат сами да обликуваат мозаик. Со оглед на фактот што мозаиците на Гошева се многу колоритни со различна тематика, како мртва природа, пејзажи, потоа различни животни (птици, мачиња, лебеди и коњи), поттикот да се испробаат во оваа ликовна техника беше уште поголем. Голем предизвик за учениците од Кавадарци беа и големиот број мозаици со религиозна тематика во пресрет на велигден-ските празници.

Мирјана Мукаетова

Page 8: ПОД „МАРКОВИТЕ КУЛИ“ СРЕДБА НА БИЗНИСМЕНИТЕ …пијано и дувачки инструменти. Настанот беше поддржан

ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

8

Општинско јавно гласилоИздавач: Локална самоуправа КавадарциУредник: Димитар МурџевЛектор-коректор: „Европа 92“ Печати: Печатница „Европа 92“ Кочани

Бесплатен примерок

АФОПЕРИЗМИАко детето се размази – може да се

распекмези...Петар Наневски

ДОБРА ВЕС ТМара му вика на Блажо:

- Срцка имам една лоша и една добра вест!- Ај Маре кажи а прво добрата...- Блаже душо, воздушното перниче ра-боте!...

Кав‘даречки Весник

УТРЕ НА ГРАДСКИ „ДЕРБИ“ ФУДБАЛ: „ТИКВЕШ“ - „ВАРДАР НЕГОТИНО“

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ИЛИЈА ГРКОВ ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ

НОВИ МЕДАЛИ ЗА МЛАДИТЕ КАРАТИСТИ ОД КК „УРБАН ИНВЕСТ“

КОШАРКАРИТЕ НА „ФЕНИ ИНДУСТРИ” СО ПОРАЗ ЈА ЗАВРШИЈА СЕЗОНАТА

Кадровските промени во фуд-балскиот клуб „Тиквеш“ не донесоа некоја позитивна промена, особено кога во прашање е најважното, ре-зултатите. И по 23 одиграни натпре-вари, тимот од Кавадарци е поблис-ку до третата отколку до опстанок во втората лига. Црната серија про-должи и против тимот на Велазери-ми 77 кој лесно се справи со тимот на „Тиквеш” и со 3:0 речиси и да го оси-гура опстанокот.

Утре 6 мај 2017 ГФК „ТИКВЕШ 1930” го игра големото комшиско

фудбалско дерби кое сите го очеку-ваат со нетрпение. Се работи за сред-бата со „Вардар Неготино” која се смета дека е одлучувчка за опстанок во Втора фудбалска лига. За дербито во Кавадарци се зборува дека мора

да се победи, да се доминира на те-рен и но и на трибината каде по по-долго време се враќа навивачката група Лозари Исток кои неодамна постигнаа компромис со Управата нa клубот.

Од навивачите ја пренесуваме нивната порака:

- „Нашите најверни како и се-когаш се спремаат на најубав начин како што тие знаат и умеат !!! ОДИМЕ ЈАКО !!“.

Во поканата на најверните на-вивачи пренесуваме:

- Собирот на навивачката гру-па почнува од 14 часот во Паркот на револуцијата (полициско паркче). Отворен повик до сите дечки кои беа на Исток изминатите сезони, до сите нови генерации на Лозари, поддржувачи на Лозари и искрени навивачи на „Тиквеш” да не поддр-жат во оваа борба и на 6 ти мај сите заедно да згрмиме од градскиот ста-дион: ТИКВЕШ!!!

Нека знаат добро сите најјаки се ЛОЗАРИТЕ !!! (ЛОЗАРИ ИСТОК '91)

К. В.

Со поразот од „Работнички”, 71:89, кошаркарите на „Фени Ин-дустри” и официјално ја затворија натпреварувачката 2016/2017 сезо-на. Иако сезоната можеше да биде подолга барем за уште две недели, сепак бројните повреди кои дојдоа во финишот на сезоната, во кој Фе-ни остана без Андреј Магдевски, Матеја Чешковиќ, а повремено и без услугите на Патниќ, ја преполовија ротацијата на Малинков.

Натпреварот со „Работнички” беше решен уште по 10 минути. Гостите на кои победата им беше потребна да го осигураат второто место на табелата мотивирано влегоа во натпреварот, па по пет минути веќе имаа двоци-френа предност, а до крајот на вовед-ниот период и +17, 15:32. Во вториот пе-риод „Фени” ги консолидираше свои-те редови, но успеа да намали само 4 поени од позитивата на „Работнички” кој на полувреме замина со 33:46.

За да нема неизвесност, кошаркарите на „Работнички” фуриозно ја започнаа тре-тата четвртина и повторно ја вратија по-зитивата на недостижна граница за из-браниците на Малинков, кој свесен дека ова е последен натпревар им даде шанса на сите играчи кои ги имаше во ростерот, на што идентично одговори и Докузов-ски, промени кои не донесоа голема раз-лика, особено во резултатот, за на крајот „Работнички” да прослави победа од 71:89.

Даниел Уневски

На 30 април годинава во спорт-ската сала на ООУ „Наум Наумов-ски-Борче“ во Скопје, се одржа Др-жавно карате првенство за натпрева-рувачи од 11-14 години во кати.

Нашите каратисти од КК „Ур-бан инветст“ очекувано беа одлич-ни. Еве ги резултатите: златни ме-дали освоија: Петар Аврамов - кати поединечно 2004 година и ката ти-мот 2006/2007 година во состав: Дан-ка Стојкова, Надица Цветковска и Викторија Гурева. сребрени медали: во својот ранг освоија: Никита Ни-колоски, Мартин Прстенков, Данка

Стојкова, ката тим 2004/2005 годи-на во состав: Стефанија Грозданова, Анастазија Ристов и Снежана Габева, ката тимот 2004/2005 година во сос-тав: Петар Аврамов, Никита Нико-лоски и Дени Николоски и ката тим 2006/2007 година во состав: Алек-сандар Стојков, Мартин Прстенков и Кристијан Митрев. Бронзени медали на ова натпреварување им припад-наа заслужено на: Стефанија Грозда-нова - кати поединечно 2004 година и Викторија Гурева - кати поединеч-но 2007 година.

Освојувачите на медали се

стекнаа со право за настап на прес-тојното Балканско првенство за нат-преварувачи од 11-14 години, што ќе се одржи од 19 до 21 мај 2017 година во Истанбул Турција.

кавадар4е

Илија Грков ја продолжи ни-зата на успешни настапи на карати-стите од карате клубот „Тиквеш“. На Државното првенство во кати за нат-преварувачи од 11 до 14 години, Гр-ков го освои првото место во катего-ријата кати за момчиња родени 2007 година. Боите на карате клубот „Тик-веш” ги бранеше и Андреј Ѓорчев, кој и покрај одличната изведба, не успеа да стигне до подиумот.

Со освоеното прво место Грков го обезбеди својот пласман на Бал-канското првенство за каратисти од 11 до 14 години, кое од 19 до 21 мај ќе се оддржи во Истанбул, Турција.

кавадар4е

Прославениот ракометар и по-ранешен член на Македонската „А“ селекција Стевче Алушевски во са-ботата попладне на 22 Април беше меѓу кавадаречките ракометари. Уп-равата на Градскиот Ракометен Клуб „Тиквеш“ го повика прославениот ас да помине еден попладневен тренинг со првиот тим и останатите погони со цел да се запознае со мементналната форма на ракометарите на Кавадар-ци, а истовремено да им покаже дел од методите на тенинг кој тој ги прак-

тикува во неговата школа во Скопје.Во изјавата за РТК.РК, Алушев-

ски изрази задоволство од формата и физичката спремност на кавадар-чани и нагласи дека му е задоволство што се наоѓа меѓу вакви ракометари. Ракометната игра последните годи-ни е популарна кај гледачите поради клубските и репрезентативните на-стапи и разбирливо е што и во Кава-дарци ракометот е спорт кој како маг-нет ги привлекува младите. Негова оценка е дека младите во Кавадарци имаат висок ракометен потенцијал.

Тренингот го следеа претседа-телот на клубот Антонио Коцев, тре-нерот на сениорите Велков, на помла-дите Василев, ветеранот и тренер Димитар Влаинков, човекот кој по-следниве години се залага за подем

на ракометот во Кавадарци и чле-нот на управниот одбор Зоран Јоси-фовски. „Целта ни е ракометот да го добие соодветниот третман. Има-ме подршка од Локалната самоупра-ва но и од бизнис секторот и ние сме благодарни за тоа, но сеуште недос-трасуваат средства и друга помош, која ние се надеваме, ке ја добиеме. Тоа го очекуваме со измените во За-кониот за спорт, кој е во најава за из-мена во корист на спортот и спорско-то финасирање“ рече Јосифовски.

Желбата во Општината и кај сите што во моментот се ангажирани во клубот е да се создаде тим кој ќе може да го врати ракометот во Кава-дарци на старите патеки на успехот и да дава репрезентативи имиња.

РТК

РАКОМЕТНАТА ЛЕГЕНДА СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ НА ТРЕНИНГ СО КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ