60

Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

  • Upload
    others

  • View
    9

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен
Page 2: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Часот на планетата Земја

Page 3: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

3

Часот на планетата ЗемјаГ радот Скопје на 19 март беше

дел од „Часот на планетата Земја“ - најголемата светска волонтерска акција која имаше

цел преку симболично исклучување на осветлувањето во времетраење од еден час да испрати силна порака за спас на планетата. Акцијата „Часот на планетата Земја“ траеше од 20:30 до 21:30 часот, каде илуминацијата беше исклучена на следните локации: во центарот на градот: улицата „Македонија“, палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, паркот „Жена-борец“ и спомениците, плоштадот „Филип Втори“, мостот „Око“ и Мостот на уметноста. Покрај исклучувањето на илуминацијата на овие објекти, на настанот се изведе и перформанс со 300 свеќички на улицата „Македонија“. Глобалната организација на „Часот на планетата Земја“ објави специјално видео во кое е објавен видеоинсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје. Исто така, беше направена и посебна видеокомпилација за акцијата во Македонија со инсерти од централната манифестација во Скопје.

На прва линијаАРМ-12 години амбасадор на мирот

Интервјусо генерал Џон Ален

Интервјусо генерал Мајкл Дуби

ВооружувањеОд бајонет до борбен нож

Полк за специјални операцииСиноним за највисоки стандарди

24 часаДа се биде војник е чест и привилегија

ГлобалКонтрола на оружјето

НАТОКако против тероризмот и нуклеарно-хемиско- биолошките предизвици

Оперативната вештина во коалициското војувањеСинхронизација на заедничкиот напор

Меѓународна соработка – IIIСправување со aсиметрични закани

Македонски команданти и војсководциТихомир Милошевски-Тиќо

Бинарен кодМодел „Кларк-Вилсон“

Филм„13 часови“

Убавините на МакедонијаЧашка вино за здравје!

с о д р ж и н аШТИТ година VIII број 80 мај 2016

12

20

6

263238

40

42

46

505456

58

16

Page 4: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Билатералната и регионалната соработка, како и интеграцијата во НАТО-

алијансата се клучот за одржување на безбеден и стабилен регион, регион кој има капацитет да се справи со современите предизвици. А, во рамките на регионот навистина се одвива една мошне добра и динамична соработка за којашто сите земји се определени, за што сведочат сите значајни стратегиски документи, но и практичниот и видлив ангажман на сите земји во заедничките проекти од регионално значење.Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, изминатиов период оствари работна посета на Република Хрватска и на Република Словенија, а претходно во посета ни беше министерката за одбрана на Република Босна и Херцеговина. На сите средби и разговори беше потенцирана потребата од продолжување и интензивирање на соработката помеѓу земјите од регионот. За време на средбата на министерот за одбрана Зоран Јолевски со неговиот хрватски колега Јосип Булјевиќ, уште еднаш беше потенцирано дека интеграцијата на Македонија, на Босна и Херцеговина и на Црна Гора во НАТО и во ЕУ е клучот за стабилноста и за просперитетот на регионот, но и за Европа, и затоа е потребно заедничкото лобирање на

земјите од А5-групата пред Самитот на НАТО во Варшава. И, при средбата на министерот Јолевски со словенечката министерка за одбрана, Андреја Катиќ, повторно акцентот беше ставен на добрата билатерална и регионалната соработка, а интеграцијата во НАТО-алијансата ќе биде клучот за одржување на безбеден и стабилен регион, регион кој има капацитет да се справи со современите предизвици. Современите безбедносни закани и предизвици, олицетворени во големата мигрантска криза, сè повеќе се присутни на нашите граници. Во врска со проблемот на границите, министерот за одбрана Зоран Јолевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски разменија искуства и добри практики и со нивните бугарски колеги, Николај Ненчев и Румјана Бачварова, при што се разговараше за зајакнувањето на соработката помеѓу Македонија и Бугарија. И, за крај, уште еднаш ја нагласуваме потребата од добра и интензивна соработка помеѓу сите земји во регионот, како во однос на развојот на државите и нивната интеграција во НАТО и во ЕУ така и во однос на справувањето со сите современи безбедносни закани кои се безбедносен предизвик за сите држави подеднакво.

д-р Жанет Ристоска

Клуч за стабилноста на регионот

ISS

N:

185

7-6

710

ШТИТ е магазин на Министерството за одбрана на Република Македонија

Излегува од печат еднаш во месецот

Цената на еден примерок е 50 денариГодишна претплата 600 денари

„Орце Николов“ 116 1000 Скопје, Република Македонија

Телефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)

даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

ИздавачМинистерство за одбрана на Република Македонија

ПодготвуваИздавачки совет

Претседател на Издавачкиот советд-р Зоран ЈолевскиМинистер за одбрана

на Република Македонија

Главен и одговорен уредникд-р Жанет Ристоска

Редакција:Билјана Иванова

(технички уредник), Митко Василевски

(новинар), Кристина Илиевска

(новинар), Ксенија Митева

(лектор); Александар Атанасов

(фотографии)

Димче Исаиловски, академски сликар

(ликовно-графички дизајн и корица)

Печати: „Европа 92“

Кочани

4

Page 5: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Потребна е заедничка стратегија, а во решението треба да бидат вклучени сите европски земји и Турција.

Очигледно се работи за мошне голема мигрантска криза, односно проблем кој е најголем за Европа по Втората светска војна“. Тоа го истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој беше во посета на припадниците на АРМ на јужната граница и ги виде нивните услови за сместување и функционирање. Министерот Јолевски истакна дека со зголемување на мигрантите од другата страна на границата, кои се околу 13.000 на самата граница, врховниот командант донел одлука за зголемување и на бројот на припадници на Армијата стационирани во областа на Гевгелија. Зборувајќи за идното присуство на Армијата, министерот Јолевски додаде дека МВР и АРМ се во постојана координација и дека постојано се вршат заеднички процени, по што и се утврдува бројот на припадници на Армијата кои ќе бидат стационирани на границата.

Во Домот на АРМ, во присуство на премиерот Емил Димитриев и министерот за одбрана, Зоран Јолевски,

беа потпишани договорите за вработување на поранешните професионални војници, со што Министерството за одбрана и Владата на Република Македонија трајно го решија статусот на војниците кои ја завршиле службата во Армијата на Република Македонија со навршени 35 години возраст, односно 38 години. Во обраќањето пред присутните, министерот Јолевски истакна дека со потпишувањето на овие договори се покажува дека Министерството и Владата се грижат за квалитетниот живот на професионалните војници и по завршувањето на службата во Армијата. Министерот Јолевски истакна дека радува фактот што голем број институции изразиле желба за преземање на овие лица, а тоа покажува дека тие веруваат во способностите, капацитетите и вештините стекнати во одбраната. Премиерот Емил Димитриев им честиташе на поранешните војници за потпишаните договори и нагласи дека, како и досега така и во иднина тие во Владата ќе имаат искрен партнер кој ќе продолжи со посветена работа, нови мерки и проекти, со практикување на политика на отворени врати и блискост со граѓаните на Република Македонија. Поранешните професионални војници ќе бидат вработени во Министерството за одбрана и во поголем број други институции, имајќи ги предвид степенот на образование, исполнетоста на законските услови, професионалното искуство, како и местото на живеење.

Трајно решавање на статусот

Инфо

5

Заедничка стратегија за решавање на мигрантската криза

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, оствари посета на Министерството за одбрана на Унгарија. На средбата со својот колега, Иштван Шимичко, разменија мислења за последните случувања во врска со мигрантската криза, за безбедносната состојба во регионот и во Европа, па и пошироко, за следниот самит на НАТО што треба да се одржи во Варшава, како и за унапредувањето на соработката меѓу двете земји во областа на одбраната. Министерот Јолевски истакна дека мигрантската криза со која се соочува Европа зема размери што укажуваат на потреба од координирана и сеопфатна стратегија за нејзино надминување. Министерот Шимичко, во разговорите истакна дека Унгарија ѝ дава целосна поддршка и определеност за интеграција на Република Македонија во НАТО и во ЕУ.

Министерот Зоран Јолевски и министерот за одбрана на Унгарија Иштван Шимичково

Целосна поддршка за влез на Македонија во НАТО и во ЕУ

Министерот за одбрана Зоран Јолевски пред припадниците на АРМ кои ја обезбедуваат јужната граница

Премиерот Емил Димитриев, државниот секретар во МО Елизабета Чупоска-Ристова и министерот за одбрана Зоран Јолевски присуствуваа на потпишувањето на договорите за вработување на поранешните професионални војници

Page 6: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

6

На прва линија

АРМ 12 години амбасадор на мирот

Page 7: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Армијата на Република Македонија од 2002 година учествува во меѓу-на родни мировни мисии, од кои најголем дел во мисијата ИСАФ во

Авганистан. Придонесот кон глобалниот мир, безбедноста и демократијата продолжува и денес со учество на 39 припадници на Армијата во новата мисија на Алијансата во Авганистан, „Одлучна поддршка“, но и со учество во операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, мисијата УНИФИЛ во Либан и логистичката поддршка на силите КФОР на Косово. АРМ, како директен учесник во меѓународните операции, се стекна со огромно искуство и покажа и докажа дека има високообучени припадници и високопрофесионални способности и капацитети. Учеството на нашите припадници во мировните мисии ни овозможи и практична проверка на обученоста на единиците и континуирана продолжена обука во реално воено опкружување. Исто така, тоа значи и континуирана проверка на степенот на оспособеноста и обученоста на секој поединец и негова подготвеност за учество во високоризични операции, а со самото тоа се здобиваме со сознание и оцена за квалитетот на планирањето и реализирањето на обуката.Република Македонија со нејзините напори во Авганистан придонесе за обезбедување на меѓународната безбедност и стабилност и за спроведување на одлуките и барањата на Обединетите нации. АРМ, уште еднаш покажа дека ниту една држава не е толку мала за да не може да придонесе и да помогне во справување со најголемите закани врз безбедноста и мирот во светот.

7

Во Музејот на македонската борба, на 17 март, во свечена атмосфера, во присуство на министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ, генерал-

потполковник Методија Величковски, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, поранешни министри за одбрана, пратеници во Собранието и други гости, имавме чест да присуствуваме на промоцијата на публикацијата „АРМ – 12 години амбасадор на мирот“, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија. Со оваа публикација им се оддаде уште едно признание на сите припадници на Армијата на Република Македонија, кои во текот на изминатите дванаесет години, од 2002 до 2014 година, далеку од своите домови, на терените на далечниот Авганистан, го дадоа својот несебичен придонес кон светскиот мир. Звуците на химната на Република Македонија и развиорените знамиња на сите единици на македонската армија кои учествуваа во мисијата ИСАФ, посебноста на просторот на прекрасниот музеј и неговите историски сведоштва за херојската борба на македонскиот народ низ вековите, придонесоа да се почувствуваме посебно горди, промовирајќи ја оваа публикација која ќе сведочи за придонесот на нашите мировници во мисијата ИСАФ во Авганистан и ќе раскажува за уште еден момент од националната историја на еден мал народ на Балканот кој со векови наназад, но и денес и во иднина, секогаш ќе биде подготвен да се бори за слободата и мирот таму каде што е потребно.

АРМ 12 години амбасадор на мирот

Page 8: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

„АРМ – 12 години амбасадор на мирот“, прва од серијата публикации за учеството на припадниците на АРМ во мисиите ширум светот

„Армијата на Република Македонија се докажа како најцврстиот чувар и гарант на независноста и самостојноста на нашата држава. Дванаесет години Армијата беше своевиден амбасадор на мирот на меѓународната мировна мисија на НАТО во Авганистан, под назив ИСАФ, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски, обраќајќи им се на присутните во свечената сала на Музејот на македонската борба во Скопје, по повод промоцијата на ова значајно издание на Министерството за одбрана на Република Македонија.Свое обраќање како рецензент на моно-графијата имаше и д-р Александар Стојчев, директор на Воениот музеј при Министерството за одбрана на Република Македонија. Тој даде осврт кон содржините поместени во монографијата и не заборави да ги спомене сите оние кои учествуваа во изработката на оваа значајна монографија.Изданието „АРМ – 12 години амбасадор на мирот во мисијата ИСАФ во Авганистан“ е прва публикација од серијата публикации кои ќе ги издава Министерството за одбрана по повод завршување на учеството на АРМ во меѓународни мировни мисии. Со посебно Решение на министерот за одбрана во 2015 година е формиран Уредувачки одбор и тим од најеминентни кадри од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија, кои имаа задача да

подготват публикација за учеството на АРМ во мисијата ИСАФ. Публикацијата е печатена на македонски и на англиски јазик и претставува луксузно издание на 78 страници, со текст збогатен со 56 автентични фотографии од архивата на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.

Авторите на текстовите, потполковник Тони Јаневски, Габриела Ѓорѓевиќ, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, д-р Игор Ѓорески, Иван Петрушевски, Душко Аврамовски и полковник Симеон Трајковски, низ содржини на 14 наслови пред читателите, со лесно разбирлив и публицистички стил ги пренесуваат најосновните информации

8

Page 9: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

за суштината, искуствата и придобивките од учеството на припадниците на АРМ во мисијата ИСАФ. За изгледот на монографијата во препознатлив ликовно-графички дизајн се погрижи умет ничкиот директор во Министерството за одбрана, академскиот сликар Димче Исаиловски. Тој, воедно беше

и главен организатор на промоцијата на монографијата „АРМ – 12 години амбасадор на мирот“ во Музејот на македонската борба, заедно со изложбата на фотографии од учеството на АРМ во мисијата ИСАФ, поставена во холот на Музејот и за изборот на видеоматеријалите презентирани во салата, како и за организацијата

на концертот на Воениот оркестар на прекрасната тераса на музејот. На корицата од публикацијата е прикажан при падник на АРМ на вжештена позиција во Авганистан, исправен, со целосна борбена опрема, соочен со сите предизвици што ги носи доверената задача. Овој македонски воин,

9

Page 10: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

симболично ги претставува сите 2700 припадници на АРМ кои учествуваа во мисијата ИСАФ.Во рамките на содржините во монографијата се поместени и лични обраќања на министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски и на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

„Како министер за одбрана на Република Македонија, сакам да им се заблагодарам на сите припадници на Армијата на Република Македонија за нивната неизмерна храброст и посветеност при извршувањето на задачите во рамките на сите македонски контингенти. Таа констатација не е само наша. Меѓународната заедница, лидерството на

НАТО и Командата на ИСАФ, отсекогаш го потенцирале професионалниот пристап и сериозноста на македонските мировници. Изразувам голема благодарност до семејствата на мировниците на АРМ за нивната истрајност и за поддршката од нивните најблиски. Да се испрати ‘столбот’ на домот далеку од дома не е лесно. Но, тие знаат дека целта е благородна, човечна. Оваа публикација е доказ за нашето наследство од 12-годишното учество во рамките на силите ИСАФ во

Авганистан. Оваа публикација е една мала благодарност кон припадниците на Армијата на Република Македонија за сето она што го направија за воспоставување на мирот и демократијата во Авганистан. И, на крајот, таа е потсетник за идните генерации, за Македонија, за македонските вредности и за македонскиот култ кон слободата и еднаквоста, рече во воведното обраќање министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски во рамките на монографијата. Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, во своето воведно обраќање при прет ставувањето на монографијата, истакнува дека Република Македонија со учеството во меѓународната мисија ИСАФ го даде својот конкретен придонес во справувањето со свет ските безбедносни предизвици. „Особено сме горди што во период од 12 години бевме

дел од најголемата коалиција (50-тина земји-сојузници на НАТО, меѓународни организации и партнери) во борбата против тероризмот, во која учествуваа над 2700 припадници на Армијата, кои оддалечени илјадници километри од својата татковина, во крајно сложени услови придонесоа Република Македонија да биде дел од изградбата на мирот, демократијата и безбедноста на Авганистан. Но, она што ќе остане засекогаш врежано во меморијата на нашите партнери, е фактот

10

Page 11: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

што македонскиот војник, во светски рамки се афирмира како: храбар, издржлив, високообучен и мотивиран за из вршување на најсложени борбени задачи. Научените лекции од учеството во ИСАФ, кои во голем обем најдоа широка примена во обуката на припадниците на АРМ, како и огромното искуство, се од непроценлива вредност. Легитимитетот, признанието и потврдата на сигурен, доверлив, обучен но, пред сè, и рамноправен партнер на НАТО и на останатите партнери, го стекнавме со демонстрација на висока професионалност и посветеност кон мисијата. Монографијата, која е посветена на учеството на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан, претставува паметник за сегашните и идните генерации на АРМ. Во неа, низ текст и фотографија, се отсликани моментите кои ја овековечија храброста, одговорноста и професионалноста на

припадниците на АРМ. На овој начин му даваме исклучителна важност на еден период од нашата понова историја. Содржините на секоја нова страница, читателот ќе го приближат кон припадниците на АРМ, кои денес не се само чувари на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, туку и нејзини амбасадори на мирот“, стои во обраќањето на началникот на ГШ на АРМ во монографијата „АРМ – 12 години амбасадор на мирот“.

Во публикацијата се поместени и автентични изјави, писма и историски моменти во кои им се оддава признание на македонските војници и на Република Македонија, од највисоките претставници на странски држави и партнери, а посебен дел претставува информацијата за свечената церемонија по повод завршувањето на ИСАФ и учеството на АРМ во оваа мисија одржана во Домот на АРМ во Скопје на 16 јануари 2015 година. Во таа пригода, во знак на благодарност за поддршката за учеството

на припадниците на АРМ во ИСАФ, министерот за одбрана, Зоран Јолевски, им врачи плакети на амбасадорите на: САД, Велика Британија, Турција, Германија, Норвешка, Хрватска, Франција, Чешка, Грција и Италија.Сите присутни на промоцијата уживаа на овој посебен настан, со очигледна гордост за делата на припадниците на АРМ кои ќе останат овековечени во моно графијата „АРМ – 12 години амбасадор на мирот“.

д-р Жанет Ристоска

11

Page 12: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

12

„Брукингс“ – Центар за безбедност и разузнавање на 21 век,

Вашингтон, САД

„Секогаш кога ќе ги видев македонските војници застанував

да ги прашам како се, како се одвиваат работите дома, бидејќи тие ми беа како синови и ќерки и

многу ги сакав ... “

Page 13: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

13

Џон Ален

Директор на Центарот за безбедност и разузнавање на 21 век „Брукингс“, Вашингтон

Генерал со четири ѕвезди од Маринскиот корпус на Армијата на САД во пензија

Бивш заменик–командант на Централната команда на Армијата на САД

Поранешен раководител на ИСАФ-мисијата во Авганистан и на НАТО- мисијата во Ирак

„Мислам дека не е тајна дека сите ние што сме имале

можност да ги видиме македонските трупи во акција

веруваме дека Македонија треба да биде дел од НАТО“

„Се сеќавам дека бев на состанок во мојата команда

кога започнаа пукотници и талибански бомбаши-самоубијци и напаѓачи

истовремено ја нападнаа мојата команда и седиштето

на Амбасадата на САД во Кабул. Како што подоцна

дознав, многу луѓе бегаа од огнот, но малкумина трчаа кон непријателот, а тоа, всушност,

беа македонските војници. Тој ден, војниците на

македонската армија, и генерално, Македонија, се

истакна со својата храброст и смелост ...“

Page 14: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

14

Генерале Ален, Вие имате огромно искуство при Вашите ангажмани во мисиите кои ги организира НАТО во сите краишта на

светот каде што има воени жаришта и каде што треба да им се помогне на невиното цивилно население да се справи со заканите од воени дејства на непријателските групи и армии на бунтовници кои ја загрозуваат безбедноста и развојот на демократските процеси во загрозените земји. Кажете ни подетаљно за Вашите ангажмани во НАТО-мисиите?

– Па, тие се многу важни мисии. САД се посветени на операциите на коалицијата, на мултинационалните операции, бидејќи ние веруваме дека тоа ќе биде за доброто

на севкупната заедница на нации, доколку сите се ангажираме во напорите да го подобриме животот на нашите сограѓани на целата Земјина топка, но и да работиме заеднички, како заедница на нации, со цел да се намалат тензиите, да се создаде стабилност и да се создадат можности земјите самите да управуваат како суверени држави. Мето лично искуство, како што рековте и Вие, е мошне екстензивно. Едно од моите први искуства со мултинационалните и мултилатерални операции, всушност, воопшто и не беше борбена операција. Се сеќавам многу добро, беше утрото на 25 декември, Божиќ, во САД 2004 година, кога страшен земјотрес ја погоди Југоисточна Азија и започна цунамито во кое загинаа повеќе од четвртина милион

луѓе за многу кратко време, што предизвика огромни штети; започна процес во кој се соединија голем број земји од целиот свет, со цел да им обезбедат поддршка на луѓето во Индонезија, во Тајланд и во Шри Ланка. Подоцна, ги водев нашите сили на терен, како еден од првите команданти во Сараево, а потоа и кон крајот на војувањето и при спроведувањето на Дејтонскиот договор. Сега одиме малку назад со датумите, но во 1995 и 1996 година ги предводев силите во Сараево во соработка со НАТО-силите, и ние бевме првите елементи кои влеговме таму. Тоа претставуваше одлична можност да се соработува со нашите сојузници за да донесеме мир во регион кој претрпе многу страдања во текот на долгата граѓанска војна, кога Балканот се обидуваше да ја добие својата слобода и суверенитет по распаѓањето на Југославија. Подоцна ги водев силите во Ирак, во провинцијата Ал Анбар во Ирак, во текот на еден дел од 2006 година, цела 2007 година и дел од 2008 година, а се боревме и во провинцијата Ал Анбар во 2007 година, каде што имаше најмногу насилства. Истата таа година беше одбележана со најголем број на насилства. Ние успеавме со помош на нашиот мултинационален пристап и со блискоста со ирачките племиња да ги придобиеме тие племиња и да ги насочиме против „Ал Каеда“. На тој начин, успеавме да ја поразиме „Ал Каеда“ и да направиме пресврт во војната, во поглед на будење на племињата во Ирак. Будењето на Ирак започна во провинцијата Ал Анбар во 2007 година. Потоа, моето последно искуство, додека сè уште бев во униформа, беше искуството поврзано со Авганистан и со

Page 15: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

15

меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ), во чиишто рамки, Македонија, се разбира, имаше многу важна улога. Значи, јас, долго време работев со мултилатерални сили, од Босна и Херцеговина до цунамито, потоа во Ирак и во Авганистан, и ми причинува голема чест што имав можност да бидат дел од сето тоа.

Господине генерале, Вашиот личен ангажман во мисијата ИСАФ како командант мошне влијаеше на процесите на зацврснување на авганистанската армија и на демократските процеси во таа земја. Колку сте задоволни од стореното во периодот во кој Вие командувавте со мисијата ИСАФ?

– Тоа беше многу важна година. Во тоа време, всушност, ИСАФ броеше околу 140.000 трупи. Околу 98.000 беа Американци, а остатокот беа НАТО-сили – неамерикански. Истовремено имавме и 100.000 приватни претприемачи. Тоа беше 2011 – 2012 година, кога го започнавме формалниот процес на транзиција на лидерската позиција во борбата против Талибанците на самите Авганистанци кои претходно со години ги обучувавме, што значи дека беше многу значаен и клучен момент. Мисијата беше многу голема. Морав да вратам 33.000 американски трупи. Силите кои го извршија главниот напад требаше да си одат дома, јас ги вратив, ги доведовме авганистанските сили во водечка позиција, паралелно со трансформацијата на ИСАФ како советодавна сила. Имав повеќе од 800 бази во Авганистан и во тој период затворивме 500 од нив, подготвувајќи се за долгорочната мисија, а конечно, сето тоа го правевме во борбени услови. Значи, тоа беше исклучителен период и сите инволвирани земји во таа мисија треба да бидат горди што беа таму во тој период. Во голем дел соработувавме и со Владата на Хамид Карзај, помагајќи ја Владата на изгради капацитет за да може да биде кредибилна влада и да управува со народот на Авганистан. Паралелно со ова соработувавме и со Авганистанските национални безбедносни сили, кои се нивната војска, полиција и воздухопловни сили, со цел да се создадат капацитет кои ќе можат да дејствуваат самостојно. Освен тоа, за време на мојата команда, ние останавме со нив, и покрај тоа што се редуцираше ИСАФ – од 140.000 на 60.000 трупи, а денес има само 9800 Американци и околу 3000 неамерикански НАТО-сили. Сметаме дека тоа беше добар период за време на оваа војна, добар период во смисла дека постигнавме многу и дека Авганистанците навистина го презедоа водството во одбраната на својата земја, но се создадоа и услови за долгорочно управување во смисла на економско закрепнување на народот. За време на Вашето командување со мисијата ИСАФ, но и за целото

12-годишно времетраење на оваа мисија, како дел од сојузничките сили учествуваше и Армијата на Република Македонија. Кажете ни го Вашето мислење за овој ангажман на АРМ и за оспособеноста на Македонија и на Армијата на Република Македонија за членство во НАТО?

– Мислам дека не е тајна дека сите ние што сме имале можност да ги видиме македонските трупи во акција веруваме дека Македонија треба да биде дел од НАТО. Тоа не е тајна. Јас верувам во тоа и целосно ве поддржувам во вашите напори како армија, и воедно сметам дека тоа е насоката во која треба да се движите, така што цврсто верувам дека со текот на времето тоа и ќе се случи. Се разбира дека има компликации, но ние ќе ги надминеме. Имав чест токму македонските трупи да ја заштитуваат мојата команда. Командата беше стратешка цел и крајната цел на Талибанците беше да ја нападнат командата што, всушност, и се случи во септември 2011 година. Се сеќавам дека бев на состанок во мојата команда кога започнаа пукотници и талибански бомбаши-самоубијци и напаѓачи истовремено ја нападнаа мојата команда и седиштето на Амбасадата на САД од другата страна на улицата. Како што подоцна дознав, многу луѓе бегаа од огнот, но малкумина трчаа кон непријателот, а тоа, всушност, беа македонските војници. Тој ден, војниците на македонската армија, и генерално, Македонија, се истакна со својата храброст и смелост во акција. Војниците индивидуално беа многу храбри и верувам дека катастрофата која беше предизвикана со тој конкретен напад денес ќе беше многу

поголема доколку македонските војници тој ден не реагираа со таква храброст и смелост.

Генерале Ален, разговаравме со членови на единиците на АРМ кои беа во мисијата ИСАФ за време на Вашето командување.Сите со кои разговарав, со пиетет одговараат кога ќе се спомене Вашето име. Кои се Вашите импресии од ангажманот на припадниците на Армијата на Република Македонија во оваа мисија?

– Се сеќавам на нив и тоа во мене буди силни емоции. Тие беа храбри војници и ние, ниту еден ден, всушност, не бевме сигурни дека нема да бидеме нападнати. Значи, јас имав потполна доверба дека, доколку бевме нападнати, македонските трупи ќе го одбијат непријателот, но бев сосема уверен и дека непријателот беше толку загрижен што ќе треба да се бори со Македонците и оти токму тоа беше една од причините што мојата команда не беше нападната, бидејќи тие знаеја дека во тој случај ќе треба да се соочат со Македонците, што за нив не беше воопшто добро. Значи, јас многу ги почитував вашите војници и тоа им го кажував и ним, секој ден кога излегував од кампот или кога правев ноќни обиколки во кампот. Секогаш кога ќе ги видев вашите војници застанував да ги прашам како се, како се одвиваат работите дома, бидејќи тие ми беа како синови и ќерки и многу ги сакав. Ми претставуваше особена чест и гордост да служам во мисијата ИСАФ заедно со припадници од Армијата на Република Македонија. Ви благодарам.

Page 16: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

16

За почеток би сакале да Ви поставиме едно вообичаено прашање: Колку сте запознаени со перформансите на Армијата на Република Македонија и од кога датираат Вашите првични контакти со Република Македонија и со нејзините претставници?

– Првпат дојдов во Македонија токму пред дваесет години, во 1996 година. Оттогаш, вашата земја ја посетив уште седумнаесет пати, што значи дека досега имам 18 посети, и со текот на годините сум сведок на константен напредок на Армијата на Република Македонија. Бев многу импресиониран кога за првпат се сретнав со војниците од Македонија, но со текот на годините гледав како постојано припадниците на АРМ се подобруваат и се здобиваат со почит на меѓународната сцена.

За време на Вашето командување со мисијата ИСАФ, но и за целото 12-годишно времетраење на оваа мисија, како дел од сојузничките сили

учествуваше и Армијата на Република Македонија. Кажете ни го Вашето мислење за овој ангажман на АРМ и за оспособеноста на Македонија и на Армијата на Република Македонија за членство во НАТО?

– Бев многу импресиониран во 2004 година кога бев во Ирак и таму имаше Македонци кои беа одликувани од нашиот секретар за одбрана, Рамсфелд, за херојските акции во кои беа спасени Американци. Во однос на мисијата ИСАФ, општо е познато дека Македонците имаа дванаесетгодишен значаен придонес. Распоредувањето на Македонија во Вермонт беше огромен успех. Тие имаа неколку тешки мисии и имаше тешки денови

Мајк Дуби, генерал во пензија на Воздухопловните сили на Армијата на САД од Вермонт

Page 17: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

17

во Авганистан, но сите Македонци треба да бидат исклучително горди на своите војници и на начинот на којшто тие се бореа. Македонците, кои беа дел од силите на Вермонт во провинцијата Парван, во Тика, околу воздухопловната база „Баграм“ имаа неколку тешки мисии. Полковникот Рој беше командант на бригадата. Тој, конкретно, ги избра Македонците за негова лична заштита. Тоа покажува колку високо мислење имаше за професионализмот на македонските војници.

Генерале Дуби, мисијата ИСАФ заврши во 2014 година и сега е во тек мисијата „Одлучна поддршка“ во која Армијата на Република Македонија повторно ќе земе учество. Кое е Вашето мислење за оваа мисија и кои се Вашите размислувања за глобалната ситуација во светски рамки?

– Јас сум во постојан контакт со генералот Креј, кој е актуелниот генерал-аѓутант, и тој има многу добри работни односи со вашето лидерство, односно со министерот

и со началникот на Генералштабот. Тој би сакал да продолжи соработката помеѓу Вермонт и Македонија. Не знам дали тоа би значело некое идно распоредување, но имајќи предвид колку добро се покажаа македонските војници во Авганистан, тие би биле добредојдени во секоја мисија. Од кога датира Вашата соработка со Армијата на Република Македонија?

Почнувајќи од 1996 г., кога имав можност и лично да ги видам вашите сили, можам слободно да кажам оти она што го видов беше постоење на висок професионализам, но имаше и голем недостаток во опрема. Сега, по дваесет години, можам да видам дека опремата е подобра, има подобра обука и постои поимпресивен спектар на способности. Не гледам лимит за тоа што сè можат да постигнат македонските војници во иднина, а тоа првенствено се должи на нивниот професионализам, повеќе од што било друго.

Кое е Вашето мислење за активностите на Република Македонија за членство во НАТО?Долго време се залагам на Македонија да ѝ се дозволи влез во НАТО, бидејќи македонските војници се добро подготвени, веќе се бореле „рамо до рамо“ со останатите припадници од мисијата ИСАФ, односно дванаесет години во Авганистан, и јас искрено се надевам дека НАТО ќе ѝ дозволи на Македонија еден ден да стане полноправна членка.

Генерале Дуби, што би сакале да кажете на крај?

– Ми причинуваше големо задоволство што имав можност да го изразам моето длабоко почитување за граѓаните на Република Македонија, а особено за војниците кои се во Армијата на Република Македонија. Ќе го донесам моето семејство повторно во Македонија. Мојата сопруга го обожава Охридското Езеро, јас сакам да одам во Хераклеја, но и да го посетам градот Охрид, да ги видам и да ги посетам сите 365 цркви кои знам дека ги има градот. Мислам дека Преспанското Езеро е преубаво а, исто така, во Дојран се наоѓаат најдобрите рибни ресторани на светот. Има толку многу работи да се видат, и затоа со нетрпение ја очекувам мојата следна посета. Исто така, при мојата следна посета на Македонија, би сакал да се видам и со некои од моите добри пријатели овде. Полковникот Ивановски е мој добар пријател, како и полковникот Јовески, и секако, се разбира, и министрите од Владата на Република Македонија.

Разговорите ги водеше: Димче Исаиловски

Page 18: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

За време на окупацијата на Јапонија после Втората светска војна, цело-купната воздухопловна индустрија во државата била затворена,

уништена и конвертирана за други наме-ни. Забраната за развој на авиони била укината во март 1954 г., и веднаш потоа бил направен првиот повоен метален авион од јапонски дизајн. Во текот на 1970–1990 г., компанијата „Kawa saki Heavy Industries“ (KHI) се концентрирала примарно на лиценцирано производство на деривати на авиони и хеликоптери. Почетокот на производството во компанијата опфаќало 210 парчиња „Lockheed T-33 Jet Trainers“, 48 парчиња „Lockheed P-2H Neptune Maritime Patrol Aircraft“ и 239 парчиња „Bell 47“ хели-коптери, сите под лиценца од САД. Во комерцијалната авијација, KHI е вклу-чена во заеднички меѓународен развој и производство на големи патнички авиони. Таа е вклучена во заеднички развој и про-изводство на „Boeing 767“ и „Boeing 777“. „Kawa saki“, исто така работи на истражувач-ки проекти за „Japan Aerospace Exploration Agency“.Во 1980-тите, компанијата станала главен изведувач за новата платформа на „BK117“, хеликоптер кој се употребува за повеќе на-мени. Втор значаен хеликоптер кој го гради компанијата е „OH-1“. Постојат и други хе-

ликоптери изградени врз основа на познати платформи и лиценци.

„ВК-117“ лесен повеќенаменски хеликоптер Хеликоптерот „BK117“ заеднички бил развиен како резултат на соработка на „Kawasaki Heavy Industries“ и компанијата „Messerschmitt-Bolkow-Blohm“ (МВВ), денешна „Airbus Helicopters Deutschland GmbH“ од Западна Германија. На 25 февруари 1977 г., двете компании склучу-ваат договор за соработка, иако одделно работеле на два проекти за двомоторен хеликоптер за општа намена: „БО-107“ од MBB и „КХ-7“ од „Kawasaki“. Трошоците биле подеднакво поделени, така што MBB ги развивал главниот и опашниот ротор, командите на летање и хидрауличниот систем. Компанијата „Kawasaki“ се согла-сила со развој на опремата за слетување, воздухопловната конструкција, главниот пренос и другите помали компоненти.Секоја компанија до 1979 г. требало да из-гради по два прототипи и да бидат завр-шени, едниот за тестирање при летање, а другите за статично тестирање на земја. Прототипот на MBB го направил својот прв лет на 13 јуни 1979 г., проследено со прототипот на „Kawasaki“ на 10 август 1979 г. Развојот бил побавен од очекуваното, а

состојбата била влошена, посебно заради недостиг на квалификувана работна сила на располагање во MBB. Првично планира-ната сертификација на пловидбеност тре-бало да се постигне пред крајот на 1980 г., но германската и јапонската сертификација е постигната подоцна, односно во 1982 г. Истата година, хеликоптер со високи пер-форманси бил одобрен и наменет за широк спектар на операции, вклучувајќи транспорт на луѓе и стока, спасување, патрола и итни медицински услуги. Воздухопловот е доста-вен до голем број клиенти, вклучувајќи ги и локалните власти.„BK117“ е многу популарен како патнички воздухоплов и за ВИП-превоз. Исто така, се користи за спроведување на законот, за медицинска евакуација, за потрага и спасување итн. Неговиот наследник, „EC 145“, бил развиен токму од оваа варијанта на воздухоплов. Досега се произведени вкупно 443 парчиња „BK117“, 329 од страна на MBB и 111 од страна на „Kawasaki“ во Јапонија, со трите прототипови од двете компании.

„OH-1“ лесен хеликоптер за набљудувањеХеликоптерот „ОН-1“ (назив „Ninja“) бил развиен за Министерството за одбрана на Јапонија во 1992 г., и тоа како прв хеликоп-

Хеликоптери

18

„KAWASAKI“

Page 19: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

тер целосно произведен во оваа држава. Тој е двосед-хеликоптер за набљудување, опремен со висока технологија за без-бедност и автоматски системи. Првиот успешен лет на прототипот бил реализиран во 1996 г. Една од неговите понови технологии е системот „Multidisplay“ кој се користи во пи-лотската кабина. Може да биде вооружен, поседува оклопни седишта, но потребна е модификација на моторите и авиониката. Во оваа варијанта, покрај двочлената поса-да, има и еден стрелец со можност за упо-треба на „Head-Up Display“. Од специфична опрема поседува „Thermal Imager“, „Colour

TV Camera“ и „Laser Rangefinder“. Заштита-та е овозможена со „Infra-Red Jammer“.Развојот започнал во доцните 1980-ти, како нов хеликоптер за разузнавање/на бљу ду-вање и замена на постојниот „OH-6D“, со програма под назив „ОН-Х“. Предлози за да се исполнат барањата на „OH-X“ биле поднесени од три моќни компании како што се: „Kawasaki“, „Fuji“ и „Mitsubishi“. Дури во септември 1992 г., дизајнот на „Kawasaki“ бил избран за победник, а останатите две компании, „Fuji“ и „Mitsubishi“ биле избрани како подизведувачи. Првиот од четирите прототипови го на-правил својот лет на 6 август 1996 г. Сите

биле во функција од март 1997 г. и биле испорачани на јапонската агенција за од-брана заради понатамошно тестирање во периодот од јуни до август 1997 г. Произ-водството започнало во 1998 г., а програ-мата за набавка побарува помеѓу 150 и 200 парчиња од овој тип. Тоа е далеку помалку од првично планираните 297 хеликоптери, пред сè поради кратењето на буџетот на одбраната. Заклучно со март 2014 г., вкупно 38 хеликоптери се во функција, заменувајќи и дополнувајќи ја постојната флота на се-гашниот „ОН-6D“ („Hughes OH-6 Cayuse“).

„CH-47JA“ тежок транспортен хеликоптер„Boeing CH-47 Chinook“ е двомоторен тежок транспортен хеликоптер со тандем-ротори. Со својата брзина од максимални изме-рени 315 км/час бил побрз хеликоптер од сенаменските и борбените хеликоптери во шеесеттите години на минатиот век. Тој е еден од најпроизведуваните хеликоптери, и до ден-денес се продадени 1179 парчиња. Го користат околу 20 земји ширум светот, помеѓу кои е и Јапонија, со свој производ-ствен капацитет.Има повеќе варијанти од овој хеликоп-тер. Основната намена на хеликоптерот „CH-47 Chinook“ е транспорт на трупи, транспорт и поставување на артилериски орудија, муниција и опасни материи, како и дистрибуција на материјални добра, вода и храна на боевите полиња. Тој е најтешкиот хеликоптер од западно потекло, користен од најголемите оператори: US Army на САД и Royal Air Force на Велика Британија. Кон крајот на 1956 г., како резултат на објава од страна на „Boeing Vertol“ започ-нуваат подготовки за дизајн и производ-ство на тежок транспортен хеликоптер, за летови на големи надморски височини и за најсурови метеоуслови. Во 1965 г., четири вооружени и оклопни „CH-47 Chinook“ биле специјално изградени од „Boeing Vertol“. Овие четири воздухоплови биле наменети за војната во Виетнам за тест-период од шест месеци. Мисиите во Виетнам биле спуштањето на артилериски батерии во опасни планински предели, непристап-ни за какви било други средства, како и обезбедување на овие средства со големи количества на муниција. Во 1984 г., Агенцијата за одбрана на Јапонија назначила изведувач за производ-ство на моделот „СН-47J“, кој бил развиен од моделот „CH-47D“. Од 1993 г., надград-бите на варијантата „СН-47JA“ вклучуваат поголем резервоар за гориво и радар на предниот дел од трупот. Се користи како транспортен хеликоптер во Japan Ground Self Defence Force и како воздухоплов со долг дострел за потрага и спасување во рамките на Japan Air Self Defence Force.„Kawasaki Heavy Industries“ испорачале вкупно 49 „СН-47J“ хеликоптери помеѓу 1987 г. и 1994 г. Во 1996 г., две подобрени верзии на „СН-47JA“ биле доставени за 101. Air Squadron во Окинава.

Драган Павловски

ГЕНЕРАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „ВК-117“

ПОСАДА 1 пилот

ДОЛЖИНА 13.00 м

ВИСИНА 3.96 мТЕЖИНА НА ПРАЗЕН ХЕЛИКОПТЕР 1 727 кг

МАКСИМАЛНА ТЕЖИНА НА ПОЛЕТУВАњЕ 3 350 кгМАКСИМАЛНА БРЗИНА 269 км/час

БОРБЕН РАДИУС 541 км

ПЛАФОН НА ЛЕТ 4 575 мНОСИВОСТ до 10 патници

ГЕНЕРАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „ОН-1“

ПОСАДА Двајца пилоти и набљудувач и еден стрелец

ДОЛЖИНА 13.40 м

ВИСИНА 3.80 мТЕЖИНА НА ПРАЗЕН ХЕЛИКОПТЕР 2 450 кг

МАКСИМАЛНА ТЕЖИНА НА ПОЛЕТУВАњЕ 4 000 кгМАКСИМАЛНА БРЗИНА 278 км/час

БОРБЕН РАДИУС 550 км

ДОЛЕТ СПОРЕД РАСПОЛОЖИВОТО ГОРИВО 720 км

ПЛАФОН НА ЛЕТ 4 880 м

19

Page 20: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Бајонетите се вид студено оружје кои по својот квантитет го заземаат врвот од широката палета на сту-дени оружја. Бајонетот е убодно и

сечно-убодно оружје за блиска борба, кое се става на цевката од пушката, а може да се употребува и без пушка, како за напад така и за одбрана.

Се смета дека бајонетите се појавиле во 17 век во Франција. Терминот „Bayonette“ датира од крајот на 16 век, но не е јасно дали во тоа време биле специјализирано оружје како што се денес или едноставно биле еден вид на нож. Постои легенда дека за време на нерегуларните воени кон-фликти во руралните делови на Франција,

во средината на 17 век, селаните од јужнофранцускиот град Бајон, во недостаток на барут ги ставале своите долги ловечки ножеви во цевките на своите примитивни мускети и така правеле импровизирани копја кои ги користеле за да продолжат со борбите. Друга можност е дека бајонетот потекнува како ловечко оружје: првото огнено оружје било мошне непрецизно и требало долго време за да се наполнат, така што ловецот на опасни животни, како диви свињи, лесно можел да биде изло-жен на опасност ако неговиот куршум го промашилo животното. Бајонетот поставен на пушката му овозможувал на ловецот да му се спротивстави на дивото животно во случај на промашен истрел. Оваа идеја била особено популарна во Шпанија, каде ловечкото оружје обично било опремено со бајонети. Бајонетите биле воведени во француската армија од генералот Жан Мартинет и биле честа појава во повеќето европски војски од 1660 година. Придобивките од ова оружје со двојна намена била очигледна. Со раните мускети се пукало многу бавно (околу 2 куршума во минута кога се полнеле со барут и зрно и не повеќе од 3-4 куршуми во минута кога се користел барут во единеч-ни хартиени полнења) и можеле да бидат непрецизни во зависност од квалитетот

Од бајонет до борбен нож

20

Вооружување

Page 21: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

на производството. Бајонетите претста-вувале корисен додаток на оружјето кога непријателот го полнел своето оружје за да може да се нападне бидејќи растојанието помеѓу две спротивставени војски изне-сувал помалку од 100 m. Бајонетите со должина од 30-45 cm ставени на муске-тите кои биле со должина од околу 1,5 m претставувале опасно оружје, слично на пе-шадиските копја од претходните времиња. Комбинацијата на бајонет со мускета била сепак, значително потешка од копје со иста должина.Првите бајонети се навлекувале на пушки-те. Бајонетот имал валчеста рачка која се ставала директно во цевката на пушката. Овој начин оневозможувал да се пука со оружјето. Во 1671 година, овие бајонети биле користени од страна на Французи-те, а потоа и од Англичаните, сè до 1685 година. Поради опасноста настаната од користењето на овој бајонет, во 1678 во-веден е бајонет кој се ставал врз цевката и се прицврстувал со кружна метална лента, овозможувајќи мускетите да се полнат и да пукаат. Сепак, во тоа време тоа не било широко прифатено. Понатамошната судбина на бајонетот и неговиот опстанок го одредила изгубената битка кај Киликренки, под команда на англискиот генерал Ендру Мекеј, кој проценувајќи дека системот на

вовлекување на дршката на бајонетот во самата цевка најмногу е „виновен“ за неговиот пораз, конструирал бајонет кој со помош на челичен прстен се навлеку-вал на цевката и на тој начин бил решен проблемот на употребата на пушката со огнено дејство истовремено со бајонетот на цевката. Ваков систем кон крајот на 17 век вовеле Франција и германските држави, а набрзо и вооружените сили на другите земји. Неуспешен обид со бајонет на навлекување бил направен по битката на Флеурус во 1690 година, во присуство на Луј XIV кој одбил да ги прифати, бидејќи тие имале тенденција да паднат од мускетите. Кратко време потоа, во 1697 година, Англи-чаните и Германците ги укинале бајонетите на навлекување и ги вовеле бајонетите кои се прицврстувале со прстен. Нешто подоцна, овој бајонет со мускетата станал типично оружје и на француската пешадија, но и на повеќето европски армии.Деветнаесеттиот век го претставил концеп-тот на бајонетот-меч. Тоа било оружје со долго сечиво со една или со две острици кое, исто така, можело да се користи како кра ток меч. Неговата примарна цел била да се осигура дека стрелците со поставен бајонет кога се заедно во строј со мускета-рите чие оружје било подолго, би можеле да формираат правилен квадрат за да парираат на нападите на коњицата. Одли-чен пример на пушка на која се поставувал бајонет меч е британската пешадиска

пушка од 1800-1840, подоцна позната како „Бејкер пушка“. Кога не се поставувал на пушката, бајонетот меч можел да се кори-сти во борба како секундарно оружје. Од 1869 година, некои европски земји почнале да развиваат нови, за повеќе на-мени, бајонети мечеви погодни за масовно производство и за употреба од страна на полицијата, пионерите и инженериските единици. Одлуката да се редизајнираат бајонетите во повеќенаменска алатка, според некои била потврда за падот на важноста на фиксните бајонети како оружје со оглед на новите достигнувања во технологијата на огненото оружје. Еден од овие повеќенаменски дизајни бил назабен бајонет, кој вклучувал назабен раб во вид на пила на другата страна од острицата. Овој вид бајонет бил наменет за употреба како алатка за општа намена, но и како оружје. Запците биле дизајнирани за да се олесни сечењето на дрва за разни де-фанзивна намени, како што се на пример колците за бодликава жица. Првично бил усвоен од страна на Велика Британија во 1869 година, потоа од Швајцарија во 1878 година и во Германија во 1905 година. Овој тип на бајонет се покажал релативно неефикасен како алатка за сечење и на-скоро станал застарен. Повеќето држави се откажале од овој тип на бајонет до крајот на векот. Германија ја прекинала употребата на овој тип на бајонет во 1917 година, по протестите дека сечилото на

21

Page 22: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

назабениот бајонет предизвикувал непо-требно тешки повреди кога се користиел како фиксен бајонет. Бајонетот-мистрија или лопатка бил уште еден вид на бајонет со повеќенаменски дизајн, наменет за употреба и како офанзивно оружје, и како алатка за копање на објекти за дејство и заштита. Од 1870 година, Армијата на САД издавала вакви бајонети на пешадиските полкови врз основа на дизајнот на потпол-ковникот Едмунд Рајс, офицер на амери-канската армија и ветеран од Граѓанската војна, кои биле произведени од страна на компанијата „Спрингфилд“. Покрај неговата корист како фиксен бајонет и за копање на објекти за дејство и заштита, овој бајонет на Рајс можел да се користи и за из-работка на објекти за сместување, а со острење на едниот раб, можел да се користи за изработка на колчиња за шатори. Десет илјади вакви бајонети биле издадени на пешадиските единици, а на Рајс му било дозволено во 1877 година да го демонстрира својот мистрија-бајонет на неколку земји во Европа. Овој тип на бајонет е прогласен за застарен од страна на Армијата на САД во декември 1881 година.Пред Првата светска војна, бајонетската доктрина во голема мерка се однесувала на неговата должина, што е теоретска способност на војникот, со употреба на екстремно долга пушка и фиксен бајонет да го прободе со бајонетот непријателскиот војник, без да му пријде на дофат на сечи-лото на неговиот противник. А подолгата комбинација на должината на пушката и бајонетот претставувала дефинитивна тактичка предност на бојното поле. Во 1886 година, Армијата на Република Франција вовела 52 cm долг четиристраничен бајонет за пушката „Лебел“, модел „1886“, што резултирало пушката и бајонетот да бидат со вкупна должина од 1,83 m. Германците одговориле со воведување на долг бајонет-меч за пушката „Маузер“, модел „1898“,

кој бил долг 50 cm, а вкупната должина изнесувала 1,75 m.Воените тактики од 18 и 19 век вклучувале воведувањето на тактички постапки за упо-треба на бајонети фиксирани на мускетите, што се користеле во согласност со масов-ните воени формации. Еден таков пример е концептот на напад со формација на пешадинци со поставени бајонети, обично на мала далечина, со цел да се прегазат или растурат непријателските воени фор-мации. Со појавувањето на бајонетот на навлекување, тој е усовршен од страна на

британската пешадија во текот на европ-ските континентални војни против Франција во 18 век. Руската армија често го користе-ла бајонетот за време на Наполеоновите војни. Рускиот генерал Суворов бил голем поборник на бајонетите и имал изрека која сликовито ја опишува нивната голема моќ: „Куршумот е приглуп, ама бајонетот е паме-тен”. Тоа значело дека кога стрелецот ќе ис-пукал куршум, тој можел и да промаши, ама при јуриш со поставен бајонет на пушката, војникот имал многу мали шанси да го про-маши непријателскиот војник. Затоа руските војници од почетокот на обуката биле учени дека првенствено оружје на војниците пешадинци е бајонетот, па дури потоа куршумот. Зошто? Тогаш мал број на руски војници во животот се сретнувале со огнено оружје. Пред сè, тоа били селани-кметови кои никогаш не виделе пушка. Покрај тоа,

за време на Наполеоновите војни, само француската пушка „М 1777“ била прецизно оружје – единствено Французите користеле прецизен оган, додека сите друге војски се потпирале на плотун од стотина или илјада војници. Неверојатно, но по тогашното пра-вило за гаѓање било доволно пушката да се доведе во хоризонтална положба и да се испука куршумот. Затоа артилеријата била „кралица“ на бојното поле, а бајонетот негов „крал“. Победувала војската која имала по-добри и подолги бајонети! На преминот во 20 век, Швајцарија, Англија и САД усвојуваат пушки со пократки цевки. Овие нови пушки биле наменети за општа употреба и од страна на пешадијата и на коњаницата. Поради намалување на должината на цевката, целосниот „дофат“ со новите кратки пушки со поставен бајонет бил намален. Во случај на британската армија тоа се случило кога британската армија ја усвоила скратената „Ли Енфилд“ СМЛЕ-пушка во 1904 година. Како последи-ца на тоа, пушката на германската армија „Маусер M1898“ со поставен бајонет била за 20 cm подолга од британската СМЛЕ и нејзиниот бајонет П1903, кој бил долг 30 cm. Бидејќи британскиот бајонет П1903 и неговиот сличен претходник П1888, се по-кажале целосно задоволително во служ-бата, наскоро се појавила бура од критики во врска со ефективниот дофат на новите кратки пушки кога се со поставен бајонет. Така, новинарите предупредувале: герман-скиот војник има 20 cm подобри аргументи

во однос на британскиот војник кога ќе дојде до борба со бајонети, а тие 20 cm повеќе, лесно ќе ја свртат борбата во полза на тој што има повеќе, доколку и двајцата војници се со еднаква вештина. Во 1905 година германската армија го усвојува скратениот бајонет со должина од 37 cm за пушката 98/06 за инженериските војници, а во 1908 година, кратката пушка „1898AЗ“, која била произведе-на во ограничени количини за коњицата, артилеријата и некои други родови и служби. Сепак,

„Маузер“ пушката со долга цевка „М 98“ останала во служба како основно оружје на пешадијата. И покрај тоа, германските воени власти продолжиле да ја промови-раат идејата за блиска борба со бајонети, концепт кој бил важен дел во нивната док-трина за обука на пешадијата. Како одговор на критиките поради намалениот дофат на пушката СМЛЕ и нејзиниот бајонет, британ-ските воени власти го воведуваат бајонетот „П1907“ во 1908 г., кој бил со должина од 43 cm за да се надомести намалувањето на должината на пушката СМЛЕ. Амери-канските власти, пак, го усвоиле бајонетот со должина од 40,6 cm за кратката пушка „M1903 Спрингфилд“, а подоцна, исто така, бил обезбеден бајонет-меч и за пушката „M1917 Енфилд“.Со почетокот на модерното војување, се на-малила корисноста на бајонетот, така што,

22

Бајонетите се едни од ретките оружја кои преживеале векови до денес, а попат

еволуирале добивајќи нови карактеристики. Денес, сите војски ги користат како

повеќенаменско оружје, па и нашата армија. Засега, бајонетите, за секој војник првенствено

се студено оружје, потоа алат, па дури потоа класичен нож за пушка

Page 23: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

на пример, во Американската граѓанска војна бајонетот бил одговорен за помалку од еден процент од жртвите на бојното поле. Бајонетот повремено се употребувал за блиска борба. Употребата на бајонетот за да се принуди непријателот да се по-влече била многу успешна во голем број мали операции во Американската граѓанска војна. Искуствата од Првата светска војна биле комплетен пресврт во мислењето на релативната вредност на долгите пушки со бајонети во типичните борбени операции на пешадијата. Дали поради близината на меѓусебните ровови, ноќните напади и патролирањата, или нападите преку отворен терен, војници на двете страни наскоро ги препознале ограничувањата на долгите пушки со бајонети кога биле користени како оружје за блиска борба. Откако сојузничките војници биле обучени како да се одбранат од напад со бајонет, овој метод го изгубил поголемиот дел од своите тактички вредности на бојното поле за време на Првата светска војна. На нападот со пушка со бајонет било лесно да му се парира доколку војникот бил об-учен како да го очекува нападот. Наместо долгите бајонети, пешадиските сили на двете страни почнале да експерименти-раат со други оружја како помошно оружје за блиска борба, вклучувајќи нож, пиштол, рачна граната и рачни алатки за копање. Војниците наскоро почнале да го користат бајонетот и како нож и како додаток за пушката, па бајонетите честопати биле пократки, официјално или неофицијално, за да ги направат поразноврсни и полесни

за користење како алатки или за блиска борба. Во Втората светска војна бајонетите не играле одлучувачка улога, ама на Ис-точниот фронт, често, поради недостаток на муниција, биле единствено оружје на војниците на Црвената армија. Заради тоа кај Германците останал до крајот на војната стравот од руските ножеви, особено во кланицата кај Сталинград, каде во борбите „гради во гради“ токму бајонетот ја одлучу-вал судбината. Во текот на Втората светска војна, бајонетите ќе бидат скратени во голе-мина на борбен нож, со цел да им се даде дополнителна намена и да бидат употре-бливи како борбени или повеќенаменски ножеви. Огромното мнозинство на модер-ните бајонети воведени по Втората светска војна се токму ножевите-бајонети.По Втората светска војна, бајонетите се користеле во Корејската војна од двете страни. Тие се користеле и за време на Виетнамската војна кога е и забележан официјално, последниот „јуриш на нож“ од страна на американската војска, кој се случил на 31.12.1951 година. Со воведувањето на автоматската пушка „АК-47“ во Советскиот Сојуз бил претставен и новиот револуционерен нож за пушката. Советите зеле кратко сечиво од типот „Бо-уви” со една острица назабена за да служи како помошна пила, а со другата наостре-ната да биде сечиво. Револуционерно било тоа што ножот дури во секундарната на-мена се монтирал на пушката, а всушност бил едноставно војничко оружје за секоја прилика. Мал, доволно лесен и компактен.

Покрај тоа имал отвор на острицата, кој служел за на него да се монтираат корици-те на ножот кои потоа со ножот стануваат клешти за сечење на бодликава жица. Дури и Американците ги отфрлиле своите дото-гашни ножеви за да го „конструираат” ножот „М-9“, кој бил напредна верзија на ножот за пушката „АК-47“ со сличен изглед и со иста функција на вкрстување на употребата на ножот и кориците за сечење на жицата. Во модерен контекст, бајонетите сè уште се користат како „последна шанса“ при блиска борба, во ситуации каде што војникот ќе снема муниција, или ако неговото оружје е заглавено или оштетено. Во принцип, бајонетите не се поставени на совреме-ното оружје, освен кога тие треба да се користи како примарно оружје. Тоа е така затоа што тежината на бајонетот поставен на цевката на пушката влијае врз пре-цизноста на испуканите куршуми. Денес сите војски, па и нашата војска, сè уште ги користат ножевите како повеќенаменско оружје. Мала е веројатноста дека наскоро ќе се појави некоја новина во светот на бајонетите-ножевите. Настрана од нивната поранешна масовна употреба, бајонетите остануваат корисно оружје, тие се замена за војничкиот повеќенаменски нож, а некои авторитети и понатаму инсистираат дека бајонетите може да послужат во обуката како корисна алатка во градењето на мора-лот на војникот. И покрај сите ограничувања на бајонетите, многу модерни пушки ги задржале бајонетите како составен дел на пушката.

Александар Стојчевски

Page 24: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Конструкциски, тенкот „т-80“ можеме да го поделиме на 3 целини: предниот дел е управувачката целина со возачот

на тенкот, во средината е поставена борбената целина т.Е. Борбената купола во која се сместени командирот и нишанџијата, а во задната целина од конструкцијата е поставен моторно-трансмисиониот оддел со вградена гасна турбина. Оклопот на телото и куполата се изработени од челик, композитни материјали и керамика, а верзиите „т-80бв“ и „т-80у“ имаат поставен и реактивен оклоп. Тенкот од секоја страна поседува по 6 потпорни тркала, поставени на торзиони осовини, а на 1., 2. И 6. Потпорно тркало се поставени хидротелескопски амортизери. Широчината на металните гасениците изнесува 580 mm. Резервоарите за гориво се со вкупен капацитет од 1.840 Литри, а по потреба, надворешно, одзади може да се постават и 3 дополнителни буриња-резервоари за гориво, секое со капацитет од 200 литри. За потребите на возачот се вградени 3 перископи тнпо-160, секој со видно поле од 78°. За потребите на командирот на тенкот е вграден дневно-ноќниот електрооптички набљудувачки перископ „ткн-3в“. Во склоп на системот за управување со огнот „1а33“ е нишанот-далечиномер „1г42“ и балистичкиот компјутер „1вс17“, а за потребите на нишанџијата е вграден и ноќниот електрооптички пасивно-активен монокуларен нишан „тпн3-49“. Од комуникациски системи во тенкот се вградени „р-123м“ (подоцна заменет со „р-173“) и „р-124“. Како главно оружје во тенкот е вграден стабилизираниот топ „д-81“ („2а46м-1“), кој поседува мазна цевка со калибар од 125 mm. За стабилизирање на топот се користи механизмот „2э28м2“. Полнењето на топот е автоматско, со брзина на полнење од 7 до 8 гранати во минута. Во автоматскиот полнач на топот се сместени 28 дводелни гранати, а во тенкот вкупно се сместени 36 гранати. Аголот на движење на топот по елевација е од -5° до +14°, а благодарени на ротирањето на куполата може да се движи 360°. Покрај стандардните гранати од топот може да се истрелува и наведуваниот

проектил 9к112-1 кобра, за чии потреби е вграден гтн-12 антенскиот блок од комплексот за управување со ракетата, додека поновата верзија т-80у го користи наведуваниот проектил 9м119 рефлекс, со дејство на далечина до 5 km. Како помошни оружја во тенкот се вградени коаксијалниот митралез „пкт“(калибар 7,62 mm) и тешкиот митралез „нсвт“ (калибар 12,7 mm). На левата и на десната страна од куполата се поставени по 4 лансери на димни гранати „туча 902б“, со калибар од 81 mm. Тенкот е опремен и со автоматски систем за гасење пожар, колективен абхо-систем за заштита на екипажот, уред за самозакопување и деминирање, комплет за возење под вода, метеосензор и друго, а по потреба може да се постави активен систем за заштита од проектили. Како погон во тенкот е вградена гасната турбина „гтд-1000т“ (со моќност од 1.000 Кс), која поседува механичка трансмисија со хидрауличен систем на управување со 4 брзини за напред и една брзина за назад.

1. Челен оклоп составен од челични и композитни плочи2. Реактивни контактни оклопни плочи „Контакт-1“3. Одведувач на барутните гасови од топот „Д-81“ („2А46М-1“)4. Термална навлака на топот кој поседува мазна цевка со калибар 125 mm5. Надворешниот дел од нишанот-далечиномер „1Г42“6. ИЦ-фар „Л-4А Луна“7. Тежок митралез „НСВТ“ со калибар 12.7 mm8. Нишан на митралезот „К10-Т“9. Пребарувачки ИЦ-фар „ОУ-3ГКУ“ за командирот на тенкот

10. Поклопец од отворот за командирот на тенкот 11. Лансер на димни гранати „Туча 902Б“ со калибар од 81 mm12. Кутии со муниција за тешкиот митралез „НСВТ“13. Затворач на топот „Д-81“ („2А46М-1“)14. Адаптер за шноркл15. ОПВТ-цевки на шноркл16. Држач на резервно буре/ резервоар за гориво17. Дополнително буре/резервоар за гориво18. Издувна решетка на гасниот погон19. Погон гасна турбина „ГТД-1000ТФ“20. Носач на дополнително буре/ резервоар за гориво

1

2

3

4

32

24

Тенкови

Т-80

Page 25: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

21. Дрвен труп22. Заштитна гумена завеса23. Резервоар за гориво24. Автоматски полнач на топот25. Челична сајла за влечење или самоизвлекување26. Систем за контрола на огнот со нишанот-далечиномер „1Г42“, наменет за нишанџијата27. Ноќен нишан за нишанџијата „ТПН3-49“28. Реактивни контактни оклопни плочи „Контакт-1“29. Седиште на возачот30. Управувачки рачки за возачот31. Три перископи за возачот „ТНПО-160“32. Простор за алатки за одржување

ТАКТИЧКО-ТЕхНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „Т-80Б“

ЕКИПАЖ 3 (командир, нишанџија, возач)

АВТОНОМИЈА НА ДВИЖЕњЕ ПО ПАТ

500 km (со внатрешно гориво)

ДОЛЖИНА СО ТОП 9,656 m

АВТОНОМИЈА НА ДВИЖЕњЕ ПО ПАТ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕЗЕРВОАРИ

600 km

ДОЛЖИНА НА ШАСИЈАТА 6,982 m АВТОНОМИЈА НА

ДВИЖЕњЕ ПО ЗЕМЈА 335 km

ШИРОЧИНА 3,589 m ШИРОЧИНА НА РОВ 2,85 m

ВИСОЧИНА 2,193 m (до кровот) ТВРДА ПРЕПРЕКА 1 m

КЛИРЕНС 451m ДЛАБОЧИНА НА ВОДЕНА ПРЕПРЕКА

1,2 m без подготовка,1,8 m со подготовка

ТЕЖИНА 42,5 тониДЛАБОЧИНА НА ВОДЕНА ПРЕПРЕКА СО ШНОРКЕЛ

5 m

ПОГОН ГТД-1000Т, со моќност од 1.000 кс

ИСКАЧУВАњЕ УГОРНИШТЕ 60%

МАКСИМАЛНА ПАТНА БРЗИНА 70 km/h БОЧЕН НАКЛОН 30%

СРЕДНА БРЗИНА НА ЗЕМЈЕН ПАТ 40 - 45 km/h

5

67

8

910

11 12

13

14 15

16

17

1819

20

2122

23

24

25

26

27

28

29

30

31

25

Ивица Дамески

Page 26: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Секоја модерна армија во својот состав поседува единица која е наменета за извршување на специјални задачи. За Армијата

на РМ тоа е Полкот за специјални опе-рации, единица која со својата работа и резултати остави неизбриш лив траг во минатото но, воедно, на само нејзин свој-ствен начин ни докажа дека нејзиното време, време на воини од нов вид, допрва доаѓа.Кога зборуваме за Полкот за специjални операции и за неговите припадници, секо-гаш тоа е со највисоките епитети, тие се

најдобри ме ѓу најдобрите, тие се нашата гордост и достојни претставници секаде каде што ќе се развее македоското знаме, секогаш и секаде први го трасираат патот каде што е најтешко, за нив не постои невозможно и недостижно, нивната про-фесионалност и посветеност кон работата е пример за останатите припадници на АРМ.Полкот за специјални операции, гордоста на Армијата на Република Македонија, го прослави својот 22. роденден. Како и секоја година така и оваа на 1 Март во касарната „Илинден“, во присуство на

26

Синоним за највисоки стандарди

Page 27: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

министерот за одбрана Зоран Јолевски и на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, во придружба на високи претставници од Министерството за одбрана и највисокиот армиски врв, заедно со припадниците на Полкот за специјални операции, све-чено го одбележаа Денот на Полкот за специјални операции. „Од самиот почеток вашата единица по-сто јано го оправдува своето име, прет-ставувајќи ја најелитната единица на Армијата на Република Македонија. Вие со право претставувате синоним

за највисоки стремежи, за највисоки стандарди и највисоки резултати“, ис-такна во своето обраќање министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски. Тој, исто така, посочи на значењето кое оваа единица го има во денешните глобални предизвици, при што професионалноста и посветеноста ќе биде клучна за натамошното јакнење на капацитетите на АРМ.Местото и улогата на специјалните еди-ници во одбранбениот систем на Репу-блика Македонија се мошне значајни. Уште од самите зачетоци на нашата

Полк за специјални операцции

27

Синоним за највисоки стандарди

Page 28: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

држава и Армијата, токму во Полкот за специјални операции беа собрани некои од најдобрите, најквалитетните, најпосветените кадри. Како водилка на нашата армија, специјалните единици постигнаа исклучителна професионал-ност и врвни стандарди во работењето. Придонесоа за исполнување на кри-териумите за членство на Република Македонија во НАТО и беа едни од предводниците на реформите во Армијата. Во изминатите години, во единиците работеа припадници од сите кате-гории. Многумина ја продолжија ка-риерата во структурите на Армијата на Република Македонија, каде и ден-денес се непосредно во служба на нашата татковина. Но, независно каде се распоредени да работат, тие со себе го понесоа духот, квалитетот и способностите со кои се стекнаа и кои ги изградија во Полкот за специјални операции. На тој начин, специјалните единици директно придонесуваат кон општиот развој на Армијата на Ре-публика Македонија во сите нејзини сфери.Секогаш и секаде, сегашните но и по-ранешните припадници на единиците, биле и сè уште секогаш се пример за одговорност, посветеност и патриоти-зам. Како членови на едно војничко семејство, тие со себе го носат она што ја симболизира војничката солидарност

28

Page 29: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

и лојалност кон заедничката татковина, Македонија. Една од карактеристиките за ваков вид единици, а воедно и за Полкот за специјални операции, секако е и при-емот. Сите припадници на единицата, без разлика дали станува збор за офи-цер, за подофицер или за професиона-лен војник, мора да поминат низ риго-розен избор и селекција. Во Полкот за специјални операции важи правилото: Квалитетот пред квантитетот.Високиот рејтинг и почитта што ја ужи-ваат припадниците на Полкот е стекна-та со несебично залагање и упорност, а за ова сведочат огромниот број број одликувања и признанија добиени од страна на нашите партнери, но и од НАТО-алијансата.Прикажувајќи дека тие се дел од наро-дот и оти секогаш се подготвени да по-магаат во тешки моменти, во деновите пред одбе ле жувањето на Денот на еди-ницата се организираа хуманитарни акции за доброволно дарување крв и беше организирана акција за донирање на прехранбени артикли на социјално загрозените лица. Јубилеите се паметник за нашите успе-си и дела, тие се нераскинлив дел од нашата историја, но и поттик и обврска да се продолжи по патот на успехот по кој чекореа генерации припадници на Полкот во изминативе години.

Златко Блажески

29

Page 30: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен
Page 31: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен
Page 32: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Во касарната „Алексо Демниев-ски-Бауман“ во Велес се одржа воена свеченост по повод давање заклетва на војниците на добро-

волно служење воен рок од генерацијата февруари 2016 година.

На заклетвата присуствуваа: началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар на МО, г-ѓа Елизабета Чуповска-Ристова, команданти и претставници на потчинетите команди и единици на АРМ, претставници

од локалната самоуправа, претставници од верските заедници, роднини на војниците и други гости.Седумдесет и три граѓани на Република Македонија, меѓу кои 4 припаднички од понежниот пол, положија свечена заклет ва како 28. генерација на доброволно слу-жење воен рок во Армијата на Република Македонија. Тие во наредните три месеци ќе се стекнат со знаења и вештини од ос-новната воена обука. Обуката се реализира во Центарот за индивидуална обука, кој е во состав на Командата за обука и доктри-ни.Државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска-Ристо-ва, им ја честиташе дадената заклетва на војниците и во своето обраќање пред војниците истакна дека предизвикот на војничката професија е силен мотивирачки фактор за многу млади граѓани. „Изборот за доброволно служење воен рок за вас претставува чекор напред во изборот на вашата идна професија. Да се биде војник е посебна чест и привилегија на сите млади луѓе. Тоа ви ја отвора можноста да продол-жите со надградба на воената професија

32

24 часа

е чест и привилегијаДа се биде

Page 33: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

во професионалниот состав на Армијата на Република Македонија“, рече Чуповска-Ристова.Воедно, државниот секретар посочи дека е горда што 28.генерација војници на добро-волно служење воен рок има припадници од сите етнички заедници, а особено големо достигнување е што во овие редови има и припаднички на понежниот пол. Со отворањето на војничката професија за по-нежниот пол, додаде државниот секретар, Армијата покажа дека високо ги вреднува и ги почитува меѓународните вредности.„Убедена сум дека секој родител го сака најдоброто за своето дете и континуирано вложува во неговата иднина, го поддржу-ва и го насочува да ги носи вистинските одлуки во својот живот. Една таква одлука е и изборот за доброволно служење на во-ениот рок“ – им се обрати на родителите на војниците, Чуповска -Ристова. Таа додаде дека Министерството за одбрана во целост ќе стори сè што е во негова надлежност за да ги отвори вратите и да придонесе за по-добра иднина на нивните деца.Седумдесет и тројцата војници претставу-ваат база за понатамошен избор на профе-

сионални војници во редовите на Армијата на Република Македонија. Војниците, под водство на инструктори од Центарот за индивидуална обука, во наредните три месеци ќе се запознаат со основната воена обука која опфаќа теоретски и практичен дел.Командантот на Командата за обука и док-трини, полковник Љупчо Костовски, во сво-ето обраќање до војниците на доброволно служење воен рок, им кажа дека во наред-ниот период ќе бидат обучени и оспособени во ракувањето со личното вооружување и опрема и како правилно да ги применуваат тактиките, техниките и процедурите при извршување на задачите во сите услови. Тој додаде дека со нив деноноќно ќе ра-ботат искусни старешини кои максимално ќе се залагаат да им помогнат успешно да ги совладаат планираните содржини и да им го пренесат знаењето и искуството не-опходни за идните предизвици.„Да се даде заклетва е личен чин на секој војник. Тоа е чест, гордост и задоволство за нивните најблиски. Ваша е заслугата што денес во овој строј пред нас стојат здрави и способни млади луѓе. Ве уверувам дека

крајно совесно и одговорно ќе ја преземеме вашата родителска грижа. Вашите ќерки и синови ќе ги вратиме збогатени со нови искуства“ – им се обрати командантот на присутните родители, роднини и пријатели на 28. генерација војници на доброволно служење воен рок.

Кристина Илиевска

33

е чест и привилегијав о ј н и к

Page 34: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

34

Во Музејот на македонската борба беше организирана приредба „Же-ната-борец за слобода и македон-ска државност“,.

Ако периодот 1941–1945 е финалето на сите наши маки во кои ја стекнав-ме нашата слобода и држава, тогаш за ослободувањето на Македонија можеме да кажеме дека огромна заслуга имаат и же-ните кои во сите борбени операции од тој светол период дадоа огромна жртва, многу од нив паѓајќи за слободата на Македонија.Ана Вишинова и Даниела Митевска се историчарки во Музејот и се носители на овој проект. Тие, во координација со уче-ниците од Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ – ансамблот „Ма кедонија“, насока етнокореологија, потоа со учениците од хорската секција при основното училиште „Вера Циривири-Трена“, под раководство на м-р Матилда Бајкова и студентката од универзитетот за аудио-визуелни уметности, Румена Шопо-ва, успеаја во своите намери.На фантастична сценска поставеност со многу импровизации, со етно елементи и автентични униформи, учесниците во овој проект на присутните им презентираа дел од партизанската епопеја. Сижето одеше во правец преку ликовите на хероини-те Вера Јоциќ, Вера Циривири-Трена, Жимила Коломонос, Ибе Паликуќа и Мирка Гинова да се повлече паралела со

празникот 8 Март како симбол на женскиот отпор, на слободата, празник на полова-та еманципација и стремежот за живот. Наративно, за секоја од партизанките во делот којшто им беше посебно одвоен, за секоја индивидуално се читаше нивната биографија, со цел нивните биографии да бидат поддржани со сценски настап на споменатите учесници, кои низ одлични ау-дио-визуелни движења и голема поддршка успеаја публиката комплетно да ја вовле-чат во тематиката преку која „течеше крвта“ на жените-борци за слобода и величината на нивната жртва. Аплаузите не престану-ваа, и секој чин добиваше своја емотивна висина, која навистина публиката ја фрла-ше во една сосема друга димензија.Гледано од историски аспект, Македонија за време на Втората светска војна има дадено многу жртви, односно жртви на жени-борци во војната против фашизмот, и неколку од нив после ослободувањето, постхумно, се одликувани и со најголемото признание што може еден борец да го добие а тоа е орденот „Народен херој на Југославија“. Трагичната жртва на на-шата младина во виорот на најголемиот отпор од овие ликови направи историски величини, чии страшни судбини генера-циите после нив не ги заборавија и ги опеаја во поезијата, во народната песна, во многуте рефрени, рецитали, четива и историски читанки преку кои ја дефинираа

нашата денешна сувереност, самостојност и слобода.Темата беше соодветна за овој ден, ден на којшто сите припаднички на понежниот пол се чувствуваат посебно.Празникот 8 Март, исто така, беше силен повод на оваа преубава манифестација своја покана да добијат и на истата да се најдат жените од АРМ, кои присуствуваа во огромен број, облечени во своите армиски униформи, воедно давајќи му свечен чин на целиот настан со своето присуство пре-ку потребниот емотивен набој, како жени, мајки, девојки, задолжени да го чуваат нашиот мир и нашата Македонија. Воедно, на овој начин, се даде и поттик да се про-должи и понатаму по стапките на жените-херои од Втората светска војна кои не се жалеа за утрешнината.Ние како редакција сме пресреќни што присуствуваме на оваа преубава приредба и што нашето задоволство ќе го искаже-ме преку страниците на нашиот магазин „Штит“. Би сакале да изразиме посебна благодарност до вработените во Музејот на македонската борба, за нивната беспре-корна организација. Исто така, вработени-те во Музејот нè информираа дека секоја година со различна тематика поврзана со жените, празникот на жената, 8 Март, ќе се одбележува со вакви приредби на истото место.

Митко Василевски

Жените во НОБкако инспирација

Жени-воини

Page 35: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

35

Вера Ацева-Доста

Вера Ацева-Доста била родена на 24 ноември 1919 година во село Ораовец – Прилепско. На работничкото движење му пристапила на 16 години.

Станала член на КПЈ на почетокот на 1940 година. Во септември истата година, на Покраинската конференција, била избрана за член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. Во август 1943 година станала комесар, а кога на 11 ноември 1943 година била формирана Првата македонска бригада, Ацева била избрана за заменик-политички комесар. На таа функција била до јануари 1944 година, кога станала политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествувала на Првото заседание на АСНОМ на кое била избрана во неговиот Президиум. По ослободувањето, Вера Ацева вршела повеќе раководни функции. Ацева починала во 2006 година на 87-годишна возраст.

Вера Јоциќ

Вера Јоциќ била родена на 21 август 1923 година во селото Син ѓелиќ, Скопско. Уште кaкo

гим на зијалка станала членка на СКОЈ во 1941 година. Пo Априлската оку пација на зем јата во 1941 година со се-мејството заминала во Ва ље во, во Србија, каде се приклу чила во Јастребачкиот народно-ослободителен партизански од ред и била примена во КПЈ. Од крајот на 1943 година била за меник-политички комесар нa Tрe тиот кумановски НОПО и на кума новските народноослободителни баталјони „Орце Николов“ и „Кристијан Тодоровски-Карпош“, а од 24 февруари 1944 година и на Првиот баталјон на Третата македонска

Жени – народни херои на Македонија

Page 36: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

36

народноослободителна ударна бригада. Вo Пpолетната офанзива кaj селото Страцин, Kумановско, на 20. мај 1944 г. била тешко ранета и по три дена починала кај Саса, Делчевско. За народен херој била прогласена на 20 декември 1951 година. Вера Јоциќ е воспеана во прочуената песна „Очи“ од Ацо Шопов.

Елпида Караманди

Елпида Караманди била родена во Лерин – Егејска Македонија на 1 јануари 1920 година. Уште во гимназиските денови била политички активна. Во 1938 година Елпида

Караманди отишла на студии во Белград и се приклучила кон напредното студенско движење. Меѓу напредните студенти и студентки имало многу ученици на битолската гимназија која таа ги познавала и одржувала врски со нив. Во 1939 година таа била примена во СКОЈ, после што работела поинтензивно. Била вешта во регрутирањето на нови активисти од редовите на младината. По капитулацијата на Кралството Југославија, Елпида работела на подготовките за вооружена борба. Во КПЈ била примена во јуни 1941 година. Нејзината партиска активност ја забележала окупаторската полиција, при што ја уапсиле. Во полицијата таа храбро се држела и ништо не признава. Била пуштена од затвор, но знаела дека полицијата ја следи. По совет на Месниот комитет на КПЈ за Битола се повлекла во илегала. Во јануари 1942 година станала членка на Покраинскиот

комитет на СКОЈ за Македонија. Како илегалка не можела да развива голема активност и се подготвува за напролет да оди во партизани. На 22 април 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај 1942 година, одредот бил опколен од бугарска војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранил. Потполно немоќна да изврши самоубиство, била фатена од полицијата и мачена до смрт. За народен херој на Југославија била прогласена на 11 октомври 1951 година. Елпида Караманди е опеана во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски во 1950 година.

Фана Кочовска-Цветковиќ

Фана Кочовска-Цветковиќ била родена на 27 јули 1927 година во селото Лавци, Битолско. Носител е на Партизанска споменица 1941 година и е најмлад прогласен народен херој на Југославија од 29 ноември 1953 година. Со неполни 14

години станала младинска активистка. Во 1942 година година била партизанка во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“ и младински раководител во Баталјонот „Стив Наумов“. Учествувала во Февруарскиот поход. Фана се истакнала за време на битката кај селото Лавци во 1943 година. Фана била учесник на Февруарскиот поход во 1944 година, од Кожуф до Козјак. Тогаш таа била лидер на

младинскиот баталјон „Стив Наумов“. По ослободувањето вршела високи општествени и државни функции. Фана Кочовска-Цветковиќ починала на 17 април 2004 година во Скопје, на 77-годишна возраст.

Мара Нацева-Дрљевиќ

Мара Нацева била родена на 28 септември 1920 година во Куманово. Во 1936 година, на шеснаесетгодишна возраст станала членка на СКОЈ а во 1939 година и на КПЈ. Поради учество во штрајкувачкото движење, таа морала да го напушти Куманово и заминала

во Ниш каде, исто така, се вклучила во партиските активности на КПЈ. Од крајот на 1941 година, Нацева била членка на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Летото 1942 година, таа била уапсена од бугарската полиција и била интернирана во логорот за жени во близината на Асеновград.Во март 1943 година, во нејзино отсуство, таа била избрана за организационен секретар на новоформираната Комунистичка партија на Македонија. Исто така, Нацева била избрана за делегат на АВНОЈ и на АСНОМ. По завршувањето на Втората светска војна, Мара Нацева извршувала повеќе високи политички функции. Мара Нацева за народен херој била прогласена на 29 ноември 1953 година. Мара Нацева починала на 1 јули 2013 година во Куманово на 93-годишна возраст. Таа беше последниот жив народен херој на Македонија.

Естреја Овадија-Мара

Естреја Овадија била родена на 25 декември 1923 година во

Битола во работничко еврејско семејство. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години се активирала во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во Битола. Подоцна, истата година, заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година во Белград. Била на чело на работничката група, поттикнувајќи општ револт против издајничката политика на југословенската влада. По капитулацијата на земјата, во 1941 година се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за вооруженото востание. Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи преминала во илегала на 10 март 1943 година, а потоа на 5 април 1943 година, заминала, првин како борец на Партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик-политички комесар на чета. На 22 август 1944 година, при формирањето на Седмата македонска бригада, била избрана за политички комесар на баталјон. Загинала во борба со бугарските окупаторски сили на 26 август 1944 година на Кајмакчалан на возраст од само 20 години. За народен херој на Југославија од Македонија била прогласена на 11 мај 1953 година.

Page 37: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Ибе Паликуќа

Ибе Паликуќа била родена во Дебар во 1927 година, во семејство од средната класа. Војната и италијанската окупација ја затекнале во Дебар. Нејзиното семејство било антифашистички настроено. Брат ѝ Ештреф бил активен во Народноослободителното движење. Таа како пионер ја добила првата задача како курир да носи писма и да пренесува илегалци. Сè повеќе се ангажирала, читала и растурала летоци. На петнаесет години, во 1942 година ја примиле во СКОЈ. Активноста на Ибе во

партиската организација во Дебар била високо ценета, па во јуни 1943 година ја примиле во КПЈ. Оттогаш нејзината активност била сè поголема. Таа била огнен агитатор не само во Дебар туку и во околните села. По капитулацијата на Италија во септември 1943 година,

во Дебар се орга-низирала народна власт, а Ибе Паликуќа деноноќно била во акција. Кога пар-

тизаните се повлекувале од Дебар, Ибе заминала заедно со нив и стапува во единиците на НОВ и ПОМ. Меѓутоа, Партијата ја вратила во Дебар, во илегала, во својство на член на Месниот комитет на КПЈ за Дебар. Нејзината политичка работа се одвивала меѓу женската младина. Непријателот се обидувал да ја оневозможи, и таа, за да не падне во рацете на непријателот или за да не биде убиена, заминала во партизани, а Месниот комитет го одобрил нејзиното стапување во партизани. Ибе се истакнувала како партизанка, и на 6 август 1944 година станала заменик-

комесар на чета во Четвртата албанска бригада на НОВ. Од формирањето, бригадата е во постојана борба со балистите. Во една таква борба на периферијата на Кичево, на 20 септември 1944 година, при пробив на партизаните, таа била во последната група. Во борбата меѓу селата Шремка и Шутово, Ибе Паликуќа била тешко ранета и по два дена им подлегнала на повредите во селото Шутово, Кичевско. Починала на 22 септември 1944 година, на 17-годишна возраст. За народен херој била прогласена на 8 октомври 1953 година.

Антоанела Димитриевска

37

Изминатите години АРМ посветува особено вни-мание на интеграцијата на начелата на родова

рамноправност, притоа полека менувајќи го ставот за армијата како институција која првенствено се за-нимава со војување, во структура насочена кон градење мир и безбедност.На стереотипите дека, воената професија е машка и дека жените не секогаш можат да ги извршуваат задачите рамноправно со ма-жите, полека се спротивставува статистика-та која покажува оти од вкупниот персонал во АРМ, 9,20 % се жени, од коишто офицери се 11,48%, подофицери се 12,34%, додека професионални војници се 3,49%. Израз-ено со бројки, 99 припаднички на АРМ се

офицери, 184 се подофицери и 128 се про-фесионални војници, од коишто највисокиот чин кај жените во АРМ е полковник, а имаме добар број на жени-потполковници, мајори и капетани.Со овие бројки АРМ ги следи трендови-те на модерните армии во светот, кои на зголемувањето на застапеноста на женскиот пол во армиските структури посветуваат големо внимание (во армиите-членки на НАТО, жените учествуваат со 10,5 %).Припадничките од понежниот пол од Гене-

ралштабот и од останатите команди и единици на Армијата на Република Македонија, традиционално и оваа година го одбележаа меѓународниот Ден на жената, 8 Март.На припадничките на АРМ од женски-от пол, со симболично подарување

на цвеќе во командите и единици на АРМ им беше оддадено признание за професи-онализмот во извршувањето на задачите и воедно им се оддаде почит за улогата која ја имаат и надвор од воената организација.Старешините од понежниот пол од ГШ на АРМ ја проследија специјалната програма по повод одбележувањето на Денот на жената во Музејот на македонската борба, насловена како „Жената-борец за слобода и македонската државност“.

Се зголемува бројот на жените во АРМ

Од вкупниот персонал во АРМ, 9,20 % се жени, од коишто офицери се 11,48%, подофицери се 12,34%, професионални

војници се 3,49% центи

Page 38: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Операциите од невоен карактер се воени операции коишто се приме ну ваат за надополнување на кој би ло друг инструмент на

моќ којшто има цел спречување на војна и промоција на мир. За да ги разбереме операциите од невоен карактер мораме, пред сè, да ги разликуваме од борбените воени операции, и покрај тоа што че-стопати во практика може да изгледаат слично. За разлика од воените операции, кои се карактеризираат со масовна употреба на воена сила и моќ и со спроведување на активни борбени дејства, операциите од невоен карактер се фокуси-раат, пред сè, на спречување на војната како појава, про-мовирање на мирот, решавање на конфликти и поддршка на цивилните власти во воспоставување на мирот во случај на криза.Операциите од невоен карактер, во по-широка смисла се неконвенционални на-чини на водење борба и всушност, можат да бидат многу поопасни од водењето на

класична војна. Овие операции бараат поблизок контакт со населението, дневни движењa во урбаните и руралните сре-дини, и сите се проследени со помала огнена моќ и многу повеќе рестриктив-ни правила на ангажирање на силите. Операциите од невоен карактер се опе-рации кои опфаќаат широк спектар на операции за поддршка на различни цели,

вклучувајќи поддршка на националните цели, спречување на војна, враќање на мирот, промоција на мирот, одржување на секојдневните тензии помеѓу спротив-ставените страни на прагот на вооружен конфликт, одржување на влијанието на

мировните сили и поддршка на цивилните власти во согласност со меѓународните правила и закони. Фокусот е на одвраќање на војната и промовирање на мирот.

Видови невоените операцииОперациите од невоен карактер се карак-теризираат со неколку основни принципи: цел, единство во заложбите, безбедност,

воздржаност, упорност и легитимитет. Првите три се добиени од принципите на војната, а останатите три се специфични за операциите од невоен карактер. Овие операции опфаќаат: контрола на оружјето, борба против тероризмот, под -дршка на борбата против дрогата, из вр шу вање на санкциите / поморски пре-

сретнувачки операции, формирање на за-бранети зони, обезбедување на слободна навигација и прелетување, хуманитарна помош, воена поддршка на цивилните власти, национална асистенција и под-дршка на борбата против бунтовниците,

38

Глобал

Контролата на оружјето може да заговара преземање мерки со цел намалување на

нестабилноста во воената средина. Иако тоа може да се гледа како дипломатска ми сија, воените сили може да играат важна улога во спроведување на

контролата на оружјето

Контрола на оружјето

Page 39: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

операции за евакуација, мировни опера-ции, заштита на транспортот, операции за обнова, демонстрација на сила, опе-рации на напади и удари, поддршка на бунтовници. Во овој број од магазинот ќе се запознаеме со операцијата од невоен карактер – Контрола на оружјето.Контрола на оружјето е концепт кој ноти-ра каков било план, аранжман или процес кој почива врз меѓународен договор. Кон-трола на оружјето подразбира контрола од каков било аспект во однос на: вкуп-ниот број, типовите и карактеристиките на системите на оружјето, вклучувајќи го и командувањето и контролата, логистич-ката поддршка, како и сите механизми поврзани со собирање на разузнавач-ки податоци. Контрола на оружјето е уште еден термин за ограничувања врз развојот, производството, складирањето и користењето на оружје, особено оружје за масовно уништување. Контрола на оружјето се остварува преку употреба на дипломатијата која се обидува да се наметне како рестрикција на согласните учесниците преку меѓународни договори иако, исто така, може да се состои и од

напори од страна на еден народ или група на народи да се спроведат ограничувања врз несогласните земји.Договорите и спогодбите за контрола на оружјето честопати се гледаат како начин да се избегне трката во вооружувањето. Некои од нив се користат како начин да се запре ширењето на одредени воени тех-нологии, како што се нуклеарното оружје или ракетната технологија. Покрај тоа, не-кои од договорите за контрола на оружјето се внесуваат за да се ограничи штетата нанесена во војна, особено штетата нане-сена врз цивилите и животната средина, која ќе нанесе штета за сите учесници, без оглед на тоа кој ќе биде победник во војната.Еден од првите забележани обиди за контрола на оружјето e збир на правила утврдени во античка Грција од страна на Амфичките лиги. Наведени прави-ла за војување и секое прекршување на овие правила би можело да биде казнето со парична казна или со војна. Спроведувањето на договорите за кон-трола на оружјето се покажало како многу тешка задача низ времето. Повеќето

договори се потпираат на континуирана желба на учесниците да се придржуваат кон условите за да истите бидат ефи-касни. Обично, кога една нација не сака да се придржува кон условите, таа ќе се обиде тајно да ги заобиколи условите или едноставно да го прекине своето учество во договорот.

Виенскиот документ за доверба и сигурностДобар пример е имплементацијата на До-кументот од Виена од 1992 г. за доверба и сигурност. Со овој документ се усвои следното: Во спроведувањето на договорот земјите-потписнички се должни да вршат раз-мена на воени информации (податоци за воените сили), податоци кои се одне-суваат на големите оружја и опрема на системите, информации за плановите за распоредување на големите оружја, опрема и системите, информации за во-ениот буџет; да се консултираат и да со-работуваат едни со други за какви било необични и непланирани активностите на нивните воени сили надвор од нивна-та нормална мирновременска локација; да соработуваат со известување и појаснување за опасните инциденти од воена природа со цел да се спречат можните недоразбирања и да се ублажат ефектите на друга земја-потписничка; доброволно да поканат на посета акреди-тиран песонал од загрижената страна за да се отфрли загриженоста поврзана со одредени воени активности; да организи-раат посети на претставници на сите дру-ги земји-потписнички на една од неговите воздухопловни бази; дополнително да ги зајакнат меѓусебните односи во интерес на зајакнување на процесот на доверба и градењето безбедност со земјите-потписнички; да вршат демонстрација на нова воена опрема и оружје; да по-кануваат набљудувачи од сите земји-потписнички за следење на одредени во-ени активности; да разменуваат годишни календари за своите воени активности со сите други земји-потписнички.

Зоран Стојановски

39

Page 40: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Борба против тероризмот

Тероризмот претставува директна закана по безбедноста на граѓаните на земјите-членки на НАТО, како и за меѓународната стабилност и

просперитет. Работата на НАТО во бор-бата против тероризмот се фокусира на подобрување на свеста за опасноста, развивање на способности за да се под-готват и да се одговори на заканата и подобрување на соработката со земјите

партнери и другите меѓународни актери. Стратешкиот концепт на НАТО, донесен на самитот во Лисабон во ноември 2010 година, признава дека тероризмот прет-ставува директна закана за безбедноста и меѓународната стабилност. Тој ги обврзува сојузниците да го зголемат капацитетот про-тив меѓународниот тероризам со соодветни воени способности, користејќи консултации со партнерите на НАТО. Потоа во мај 2012 година на Самитот во Чикаго, лидерите на НАТО одобрија нови политички насоки за

работата на Алијансата за борба против тероризмот.НАТО се повика на клаузулата за колек-тивна одбрана за прв пат во историјата на организацијата како одговор на терористич-ките напади од 11 септември 2001 година во САД. На барање на САД, седум НАТО радарски авиони AWACS беа испратени за да се помогне во патролирање на не-бото над Америка. Поморската операција „Active Endeavour“ беше лансирана во 2001 година, во согласност со членот 5 како

40

Глобал

Како против тероризмот

и нуклеарно-хемиско-биолошките предизвици

НА

ТО

Page 41: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

дел од итен одговор на НАТО после 9/11 терористичките напади, се со цел да ги одврати, открие и спротивстави на заканата од тероризмот во Средоземното Море. Организацијата се фокусира во борбата против тероризмот во три главни области: свест, способности и ангажман. НАТО развива нови капацитети и технологии за справување со терористички закани и спра-вување со последиците од терористичките напади. Алијансата исто така соработува со партнери и меѓународни организации при својот ангажман во глобалните напори против тероризмот. За таа цел и заради поддршка на националните власти, НАТО разменува разузнавачки податоци и врши континуирана стратешка анализа и оценка.Разузнавачкото известување на НАТО е врз основа на придонеси од разузнавачките служби на сојузниците, внатрешни и над-ворешни, цивилни и воени. Единицата за разузнавање врши размена на разузнавач-ки информации во врска со тероризмот и нејзините врски со другите транснационал-ни закани. Овие информации меѓу НАТО и партнерските земји продолжуваат преку Одделението за разузнавање во седиштето на НАТО во Брисел и разузнавачката ќелија во сојузничката команда за операции во Монс, Белгија.Алијансата се стреми да обезбеди соод-ветни капацитети за да се одговори и да се спречат терористичките закани. Голем дел од оваа работа се врши преку Програмата за одбрана од тероризам, која има цел да ги заштити војниците, цивилите и критич-ната инфраструктура од напади извршени од страна на терористите, како што се самоубиствени напади, импровизирани ек-сплозивни направи, ракетни напади против авиони и хеликоптери и напади со помош на хемиски, биолошки или радиолошки материјал. Нејзината примарна улога се однесуваше на технолошки решенија за ублажување на последиците од терори-стичките напади, но потоа програмата го прошири својот делокруг за поддршка и вклучува вежби, студии и развој на концеп-ти. НАТО нуди широк спектар на можности за обука и образование во областа на бор-бата против тероризмот. Посебно значајни центри се школата на НАТО во Обера-мергау, Германија и центарот во Анкара, Турција (Centre of Excellence for Defence Against Terrorism).Употреба на цивилни авиони како оружје од 11 септември 2001 година, доведе до подобрување на напорите за безбед но-ста во воздухопловството. НАТО придо-несе за подобрување на цивилно-воена ко ординација на контрола на летањето во соработка со EUROCONTROL, Меѓународната организација за ци-вилна авијација (ICAO), Федералната администрација за авијација на САД, со-работка помеѓу авиокомпании и здруженија на пилоти и координација со меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.На 1 април 2014 година, сојузничките министри за надворешни работи ја осудија

нелегалната воена интервенција на Русија во Украина, истакнувајќи дека НАТО не го признава обидот на Русија да го анектира Крим. Министрите одлучија да ја прекинат целокупната цивилна и воена соработ-ка меѓу НАТО и Русија, вклучувајќи ја и областа на борбата против тероризмот, која беше една од главните причини за создавањето на Советот НАТО – Русија во мај 2002 година.

Борба против хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни заканиНАТО-сојузниците активно се вклучени во спречување на ширењето на оружјето за масовно уништување од страна на др жавните и недржавните актери преку активна политичка агенда за контрола на оружјето, разоружување и неширење на оруж јето. Стратешки концепт на НАТО е дека зголемувањето на бројот на оружје за масовно уништување и нивните системи за испорака, може да има огромни последици за глобалната стабилност и просперитет. Во оваа насока, националните власти се главно одговорни за заштита на својата популација и на критичната инфраструктура во однос на последиците од терористички напади, хемиско, биолошко и нуклеарно-то оружје и природни катастрофи. НАТО може да им помогне на земјите во развој и ќе делува како форум за размена на најдобри практики и научени лекции за подобрување на подготвеноста на земјите. Организацијата ги развива насоките за одговор на ХБРН заканите и организира меѓународни курсеви за обучувачи на ХБРН-инциденти. Во НАТО се дава прио-ритет на спречувањето да се шири оружјето за масовно уништување. Алијансата може да се повика на широка мрежа на граѓански експерти, од владата и индустријата, за да им помогне да одговори на барањата за помош. Постои Координативен центар за евроатлантската реакција при елементарни непогоди, кој ги координира реакциите на националните барања за помош по при-родни и вештачки катастрофи, вклучувајќи терористички дејства и ХБРН-инциденти. Признавајќи дека пролиферацијата на оружје за масовно уништување претставу-ва закана за меѓународната безбедност, шефовите на држави и влади од НАТО во 1994 година ѝ дадоа насоки на Алијансата

да ги интензивира и да ги прошири своите напори против пролиферацијата. Во јуни 1994 година министрите за надвореш-ни работи на НАТО објавија „Политичка рамка на Алијансата за пролиферација на оружјето за масовно уништување”. Тоа е јавен документ кој вели дека главната цел на Алијансата и нејзините земји-членки е да се спречи појавата на пролиферација или доколку се појави да ја прекине со дипло-матски средства. Понатаму, на Вашингтон-скиот самит во април 1999 година, лиде-рите одлучија да ги зголемат напорите за справување со пролиферацијата на оружје за масовно унишување и средствата за нивна употреба. Во мај 2000 година беше лансиран Центарот за неширење на оружје за масовно уништување. Заеднички од-бранбен ХБРН центар (Joint CBRN Defence Centre of Excellence) беше активиран во јули 2007 година во Вишков, Република Чешка. НАТО секоја година организира кон фе рен-ција за спречување на проли фе ра цијата со учество на голем број земји кои не се членки. Најновиот настан, организиран за прв пат од страна на земјата-партнер Швај царија, се одржа во Интерлакен во јуни 2014 година и привлече повеќе од 100 учесници, вклучувајќи и високи претстав-ници од НАТО и земјите-партнери, како и меѓународни организации. Овој настан е единствен меѓу активностите во полето за неширење на нуклеарното оружје, во организација на меѓународни организации, затоа што нуди можност за неформална дискусија за сите видови закани за масовно уништување, како и политички и дипломат-ски одговори за заканите. Неодамна, Иран и шесте светски сили по-стигнаа договор за нуклеарната програма. Групата „Пет плус еден“, која ја сочинува-ат петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција) и Германија, со договорот кој се постигна во текот на 2015 година, ја ограничија иран-ската нуклеарна активност, а за возврат Западот ги повлекува економските санкции. Шесте светски сили во текот на преговорите побараа од Техеран да ги намали нукле-арните активности, за да бидат сигурни дека оваа земја нема да може да развие нуклеарно оружје.

Драган Павловски

Page 42: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Оперативната вештина е уни-катна карактеристика на секоја војска, тоа е начинот на кој војува војската. Но, западниот

начин на војување отсекогаш се потпирал на формирање на коалициски сили. От-тука произлегува прашањето како да се синхронизираат оперативните вештини на различни војски при нивно здружување во коалиција. Постои практичен проблем кога ќе се судрат различни ментални склопови, војнички култури и перцеп-ции околу концептот што е војна, победа и пораз. Во-ената крајна цел ѝ служи на политичката крајна цел, таа

е алатка за проектирање на коалицискиот успех. Ова значи дека нема незначајни партнери. Иако секоја војска развива своја оперативна вештина, само неколку во све-тот редовно ја ставаат на практичен тест и како дел од организациската култура постојано ја менуваат и ја усовршуваат.

Tрендот на модерното војување укажува дека идните војни ќе бидат коалициски, потребно е да се сфати како оперативната вештина практично ќе функционира во операциите на таа коалиција. Оператив-ната вештина во најширока смисла значи обединување на целите, средствата и

методите. Ова значи дека при формирање на коалиција, a priori се јавуваат најмалку три суштински проблеми. Прво, крајните цели во една коалиција може да бидат различни меѓу партнерите. Второ, учеството со средства е секогаш нееднакво бидејќи посилните партнери влегу-ваат во борба со подобри и

Оперативната вештина во коалициското војување

42

Глобал

Современото војувалиште значително се промени во последните 20 години и сè по веќе актери

се инволвирани и го обликуваат оперативното опкружување. Формирање на коалиција не само што ѝ дава легитимност на интервенцијата туку

и фактичка сила која овозможува поголема веројатност за постигнување победа

Синхронизација на заедничкиот напор

Page 43: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

помоќни средства отколку помалите. Тре-то, методите, или доктрината и тактиката на употреба на силите, исто така секогаш е различна и покрај обидите да се постиг-не интероперабилност.

Постоење на заеднички интерес во коалицијатаСовременото војувалиште значително се промени во последните 20 години и сè по веќе актери се инволвирани и го обликуваат оперативното опкружување. Формирање на коалиција не само што ѝ дава легитимност на интервенцијата туку и фактичка сила која овозможува поголема веројатност за постигнување на победа. Што повеќе партнери учествуваат, толку подобро. Често некои држави партиципи-

раат само со политичка поддршка но, се-пак, обезбедувањето на гола сила не само што е подобро туку и суштинско. За да се победи во војна потребна е војска. При-тоа, најважен предуслов за формирање на коалиција е постоење на зеднички интерес, една од најстарите причини за тргнување во војна. Секоја држава или страна во судир има свој интерес кој го трансформира во стратегија. Во здружена борба неопходно е овие интереси да се исти или барем слични. Националните стратегии на учесниците во коалицијата мора да ги подесат своите интереси кон заедничката, коалициска крајна и очеку-вана цел. Ова изгледа очигледно, но не е лесно, како што покажуваат и последните војни. За да се изгради коалициска оперативна вештина, појдовна точка е консензус за насочување кон заедничка крајна цел или синхронизирање на методите и средствата за постигнување на целта. Очигледен пре-дизвик е фактот што сите држави не се еднакви во поглед на товарот кој го носат во операциите. Во една коалиција, „сите се

рамноправни, ама некои се порамноправ-ни од другите“. Постои баланс на цена и корист во секој договор.

Флексибилна коалициска стратегијаСите учесници во коалициското војување вложуваат различни средства во квантитет и квалитет. Ова во воена смисла значи луѓе и опрема или „гола“ сила, којашто е потребна за да се исполни мисијата на коалицијата, но и неизбежно постоење на национални ограничувања на боиштето.Бидејќи модерното војување и совреме-ното оперативно опкружување стана пре-многу комплексно, ниту дефинирање на крајната цел, ниту обезбедувањето на гола сила не е доволно за да се победи. Ви-стинскиот предизвик е способноста таква гломазна сила составена од повеќе пар-тнери да се прилагоди на промените кои настануваат во глобалното војувалиште. Многу е тешко голема организација со-ставена од различни ментални склопови, војнички култури и национални политики, да ги доживува предизвиците на ист начин.

43

Page 44: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Тоа наметнува потреба од флексибилна коалициска стратегија. Оперативните пла-нери секогаш мора да имаат предвид како промените ќе се одразат врз националните политики на партнерите и можноста тие да излезат од коалицијата. Сите коалициски сили се карактеризи-раат со мултиетничност (мултикултура). Кон една стратегиска цел се насочуваат војници кои имаат различни морални нор-ми, и различен начин како се доживува конкретната војна. Воопшто, тие често имаат различни погледи околу природа-та на војната врз основа на сопствените историски искуства и што точно значи воена победа. Додека за не-кои победата е безусловна, за некои и компромисот се прифаќа како победа. Покрај овој концепт, како предизвик се јавува и различниот кон-цепт за пожртвуваност. Не-маат сите партнери ист праг на толеранција за жртвување во војна. Кои се минималните побарувања на учесниците за да останат до крај да се борат? Различни партнери имаат различ-ни национални ограничувања и правила на војување. Тоа се покажа како проблем во оперативната вештина во војните во Ирак и Авганистан. На пример, после те-рористичките напади во Мадрид во 2004 година, Шпанија се повлече од коалицијата за Ирак. Прифаќањето на ризик од жртви е различно меѓу партнерите поради раз-личната поддршка за војната која ја имаат

дома од сопственото население. Ова е чи-сто политичка одлука, колкав ризик може и треба да прифатат војниците упатени во коалициско војување.Долгорочната посветеност да се остане во коалиција зависи и од средствата со кои располагаат учесниците. Големите сили имаат повеќе капацитети и подготвени се да ги издржат економските последици од војната, подолго отколку послабите сили кои се надеваат дека војната нема да трае долго. Во секое коалициско војување отсекогаш постои една главна сила која ја иницира војната. Оние кои се поголе-ми партнери имаат поголема улога во

планирањето на стратегијата од оние кои се помали, и кои обично само ја следат стратегијата. Големите сили имаат изгра-дено институциоинален став дека се голе-ми, регионални или светски играчи, и така се поставуваат, така што имаат флексиби-лен пристап кон решавање на проблемите. За да останат во состојба на „статус кво“, оставаат отворени прашања, и на тој на-чин ја одржуваат рамнотежата во глобални

рамки. Наспроти ова, помалите држави сакаат побрзи и трајни решенија, кои по-малку чинат и пари и животи.

Синхронизација на заедничкиот напорСинхронизацијата на заедничкиот на-пор е критична за успех во коалициските операции. Под синхронизација се подраз-бира „приспособување на воените акции според цел, време и место за да се по-стигне максимална релативна воена моќ на одлучувачката точка“. Без ова не може да се постигне успех. Секоја војска се стреми кон синхронизирање на работата

на сите елементи, но посебен предизвик е кога треба да се постигне синхронизација на повеќе различни војски во коалиција. Суштината на за-едничкиот напор во коалиција е хармонизирање на акци-ите во форма на синергија. Покрај воените единици, ова вклучува и содејство со невладини организации, до-машни и странски цивилни

институции и други актери, кои имаат ди-ректно или индиректно влијание на воени-те операции. За да се постигне синергија, сите партнери мора да се согласат околу заеднички линии на операции и линии на напор преку кои се реализира опера-тивниот концепт на дело. Дефинирање на овие линии е показател за успешната коалициска оперативна вештина. Линиите би требало да бидат проиграни во страте-

44

Сите учесници во коалициското војување вложуваат различни средства во квантитет и квалитет. Ова во воена смисла значи луѓе и опрема или „гола“

сила, којашто е потребна за да се исполни мисијата на коалицијата, но и неизбежно постоење на

национални ограничувања на боиштето

Page 45: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

гиска матрица за да одговорат на мерките на ефикасност и успех или да одговорат позитивно на двете суштински планирачки прашања: дали се прават вистинските работи и дали вистинските работи се пра-ват правилно?Предизвик за оперативната вештина во коалиција е и самиот оперативен јазик кој се користи. Дури и кога се користи ист јазик (на пр. англискиот), контекстот може да биде различен поради трендот на користење на еуфемизми во јазикот. Како да го идентификуваме непријателот ако не смееме да разговараме за него? Ова е модерен тренд на политичка коректност. Во секојдневниот говор, западниот свет сè по-често измислува и употребу-ва нови зборови кои треба да го „ублажат“ говорот при идентификување на пробле-мите. На пример, веќе никој не зборува дека постојат „проблеми“, туку одеднаш тие станаа „пре-дизвици“. Најверојатно затоа што додека проблемите треба да се решат, предизви-ците доволно е „да се надминнат“. Бидејќи секоја формирана коалиција пред сè, е политички сојуз, понекогаш е тешко да се „покаже со прст“ на заканата или, пак, при-оритетот на заканите не е ист. Во малку војски се употребува терминот „убива“, повеќето го „неутрализираат“ непријателот, а тој станува „противник“. Се оди дотаму што се избегнува и зборот „војна“, и наме-

сто него се користи терминот „конфликт“ и слично. Речникот е важен бидејќи со зборовите се комуницираат мислите. Колку јазикот е попрецизен, толку подобро се прене-сува идејата. Еуфемизмите направија да се генерализира речникот и да се обоп-штуваат пораките. Ова е нормално за политичките лидери, но полека овој стил завладеа и во западните војнички кругови. Тука, всушност, е проблемот (не преди-звик), кога војникот почнува да зборува

со политички јазик. Ако карактеристика на воениот речник е тој да биде точен, прецизен, конкретен, недвосмислен, користењето на нејасен јазик е спротивно на овие принципи. Ова, се разбира, не се однесува за тактичкото ниво каде неиз-бежно наредбите ќе бидат директни, туку на оперативното и стратегиско ниво каде што е потребно јасно да се дефинираат заканите, методите и средствата за нивно уништување и постигнување на крајната посакувана цел.

Критички пристапКоалициската стратегија е постојано на тест и може да се менува во зависност од (не)успехот на боиштето. Партнерите постојано ги одмеруваат причините и по-следиците од нивните акции, врз основа на сопствената војничка култура, и тоа како повратна информација го насочува коалицискиот напор. Факт е дека она што е суштинско за успех во денешна војна е постоењето на капацитет за креатив-но и критичко мислење. Во коалициско

војување, помалите партнери имаат тенденција да бидат покреативни и поприспосо-бливи отколку поголемите. Причината лежи во фактот што помалите држави имаат различна воена историја од поголемите, во таа смисла што обично биле жртви и мо-рале да се снаоѓаат како уме-ат. Тие често имаат традиција на герилско или бунтовничко

војување, честопати се импровизира, можат да работат и со помалку опрема и средства и не им пречи недостатокот на луксуз. Критичкиот пристап на малите партнери се покажа како исклучително корисен во војните во Авганистан и во Ирак. Ова е значителна придобивка во оперативната вештина, во услови кога коалицијата се бори против тероризмот или бунтовништвото.

Ѓорѓи Вељовски

Суштината на заедничкиот напор во коалиција е хармонизирање на акциите во форма на синергија.

За да се постигне синергија, сите партнери мора да се согласат околу заеднички линии на

операции и линии на напор преку кои се реализира оперативниот концепт на дело

Page 46: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Постоењето на добро организи-рана, непосредна и, пред сè, постојана меѓународна соработка меѓу институциите на правда

и внатрешни работи, потпомогната од ефективни и ефикасни меѓународни ин-струменти, претставува услов за успешно справување со криминалот, особено со организираниот криминал, бидејќи не по-стои држава која самата успешно може да се спротивстави на оваа општествено не-гативна појава

„Европол“ Полициската соработка меѓу земјите-членки на ЕУ се одвива преку Канцеларијата на европската полиција „Европол“ (European police office) со се-диште во Хаг, формирана во 1995 година со одлука на Европскиот совет (Конвенција „Европол“). Своите активности ги започну-ва на 01.07.1999 година по ратификација на Конвенцијата за „Европол“ од страна на земјите-членки на ЕУ на 01.10.1998 година и по спроведувањето на останати-

те законски активости. Примарна дејност се активностите во делот на превенција и спречување на тероризмот, нелегална трговија со дрога и оружје, нелагалната трговија со луѓе и мигранти, моторни воз-ила и други облици на транснационален организиран криминал. Организацијата мо же да се вклучи и во заеднички акции за спречување на вршење на сериозни кри-вични дела. Во 2001 година бил потпишан Меморандум за разбирање со „Интерпол“, а со договорот од мај 2003 година вос-

46

Меѓународна соработка – III

Справување со aсиметрични

з а к а н и

Page 47: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

тановен е европски офицер за врска во Генералниот секретаријат на „Интерпол“. Конечниот договор за соработка е склучен во 2004 година, кога и официјално е за-почната реализација на повеќе заеднички проекти во делот на спротивставувањето на трговијата со луѓе, перењето пари и измамите.

Европравда Европравда е посебен орган на ЕУ, ос-нован за соработка во областа на право-судството, со цел да го унапреди про-цесот на давање заемна правна помош и екстрадиција, со цел поефикасно водење на истрагите и постапките по обвиненија на надлежните правосудни органи за се-риозни транснационални кривични дела, особено на оние од областа на организи-ран криминал. Во исто време треба да ја поттикне и да се подобри соработката меѓу правосудните органи од различни држави, во смисла на извршување на барањата за заемна соработка и екстрадиција.

Европска судска мрежаЕвропска судска мрежа е формирана 1998 година за подобрување на соработ-ка та на правосудните органи преку обез-бедување на контакт-точки во земјите за побрза комуникација (олеснување, иден-тификување и воспоставување директен контакт со лицата или надлежните судски органи во секоја земја-членка, создавање на мрежа на експерти, обезбедување нај-нови податоци и информации преку соод-ветна телекомуникациска мрежа.Сирене-бироата се формирани за со-работка помеѓу полицијата согласно Шенген-конвенцијата, која се одвива преку Шенген-информацискиот систем (Schengen information system), кој прет-ставува заедничка база на податоци (32 милиони), внесени од страна на земјите-членки на Шенген, за потребите на јавната безбедност, за поддршка на полицијата и судската сора-ботка, имигрантските служби и управувањето со контрола-та на надворешните граници во шенген-зоната.„Фронтекс“ е Полициска агенција на ЕУ за соработка помеѓу службите за гранична контрола (гранична полиција) во ЕУ. Целта на „Фронтекс“ е да обезбеди надворешните граници на ЕУ да останат пропустливи и ефикасни за легални патувања, додека истовремено претставуваат ефективна и ефикасна бариера за прекуграничниот криминал.СЕКИ/СЕЛЕК - Југоисточниот коопера-тивен, иницијативен, регионален центар за борба против граничниот криминал, СЕКИ-СЕЛЕК, е единствена оперативна организација која овозможува брза разме-на на информации за спречување на кри-

миналот преку соработка на полицијата и царината. Иницијатива за соработка е ос-нована на 15.04.1998 во Женева и во неа членуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Србија, Словенија, Црна Гора и Турција, со цел подобрување на економската соработка и соработката во областа на заштита на човековата око-лина меѓу земјите-членки и овозможување на интегративниот процес на земјите од ЈИЕ во ЕУ. Составен дел на активности-те е и склучениот договор за соработка со цел унапредување на превенцијата, откривањето, истрагите и гонењето на пре-куграничниот криминал и активна размена на информации.

Меѓународни инструменти Меѓународните инструменти ги определу-ваат правилата за ефективна меѓународна соработка и се камен-темелник на меѓу-народното право и на меѓународната кри-вична правда. Тие може да се дефинираат како формално потпишани и ратифику-вани меѓународни документи (акти) меѓу две или повеќе држави. Меѓународните инструменти ги обработуваат прашањата како што е екстрадиција, заемна правна помош, трансфер на лица и добивки, признавањето на странски пресуди, со-работка при спро ведување истраги итн. За најстари меѓу народни инструменти се сметаат билатералните договори потпи-шани меѓу две држави. Мултилатерал-ните договори вклучуваат неколку земји-потписнички, поради што се посложени од билатералните.

Заемна правна помош Поимот заемна правна помош упатува на соработката меѓу судовите, истражните полициски и други органи-учесници во кривично-правен прогон. Овој инструмент на соработка на меѓународен план е ре-

гулиран со повеќе конвенции. Заемната правна помош како инструмент се одвива во согласност со домашното законодав-ство во постапките за истрага, гонење и другите правосудни процедури за транс-национални кривични дела и кривични дела извршени од организирани групи предвидени во конвенциите. Заемната правна помош се однесува и за правните лица, во случај кога тие се инволвирани во криминални активности. Заемната правна

помош подразбира: обезбедување на све-доци или докази, постапки со правосудни документи, спроведување потраги, запле-ни и смрзнување на имот, пребарување на објекти и места, обезбедување ин-формации, оригинални или заверени за-писници и документи, идентификување

или пронаоѓање на приноси од криминал, имот или пред-мети, помош во случај на доброволно пријавување на лица, трансфер на осудени лица, трансфер на кривич-ната постапка, трансфер на условните осуди или условен отпуст, сослушување сведоци и вештаци и други активности кои не се во спротивност на националното закодавство.

Заемната правна помош овозможува сослушување преку видеоконференција или сослушување на лица на територијата на замолената држава во присуство на нејзини правосудни органи.Во случај на непостоење на двоен крими-налитет, барањето за укажување заемна правна помош може да биде одбиено. За успешно и ефикасно извршување на постапките за заемна правна помош, секоја држава одредува централен орган

47

Постоењето на добро организирана, непосредна и постојана меѓународна соработка меѓу институциите

на правда и внатрешни работи, потпомогната од ефективни и ефикасни меѓународни инструменти,

претставува услов за успешно справување со криминалот, особено со организираниот криминал

Page 48: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

со свои надлежности и овластувања, кој ги прифаќа, ги обработува и ги препраќа добиените барања до органите кои тре-ба да ја извршат и го следи нивното извршување. Заемното признавање и извршување на странските кривични пре-суди како облик на соработка е од понов

датум. Примената на овој инструмент придонесува за напуштање на сфаќањето според кое секоја држава на својата територија ја признава само пресудата до-несена од домашен суд. Дополнителниот протокол од 2001 година на Европската конвенција за заемна помош во казнени-

те предмети од 1959 година предвидува и нови форми на соработка: преземање на одредени процесни дејства на територијата на замолената земја од стра-на на службени лица од земјата-молител; привремен трансфер на лица; лишување од слобода; директна достава на суд-ски акти меѓу судовите; сослушување по пат на видеоврска и телефонска конференција; контролирана достава, со-работка во тајните истраги; формирање на заеднички истражни тимови; заштита на сведоци итн. Во контекст на наведеното, за поефикасна соработка, во 2010 година во Република Македонија е донесен по-себен Закон за меѓународна соработка во кривична материја. Со Законот се регули-раат постапките во однос на барањето и давањето заемна правна помош.

ЕкстрадицијаЕкстрадицијата како поим, во потесна смисла, првпат е употребен во Француски-от „Decret loi“ од 1791 година и претста-вува облик на меѓународна соработка во спречувањето на криминалитетот, кој се состои во предавање под одредени услови и во определена постапка на сторител на казнено дело од една во друга држава за-ради кривично гонење или издржување на казнена санкција. Во поширока смисла, поимот подразбира каков било транс-фер на лице во друга држава, без оглед на поводот и целта. Според Камбовски, меѓународната соработка е неспорен им-ператив и единствен одговор на фактот дека криминалитетот не познава нацио-нални граници и дека истата се остварува со примена на меѓународните инструменти како што се екстрадицијата, заемната правна помош и други облици опфатени со меѓународните конвенции. Таа се смета за најстар облик на заемна соработка. Како инструмент, неговото користење е во инте-рес на двете држави, односно државата-молител на овој начин ја докажува својата репресивна моќ, а замолената страна нема интерес на своја територија да дава засолниште на избегани криминалци. Екстрадицијата постоела и се практикува-ла уште во стариот Египет. Пред Втората светска војна екстрадицијата е законски регулирана и ја добива својата прав-на природа, а по Втората светска војна екстрадицијата се регулира со склучување договори и донесување мултилатерални конвенции. Денес, покрај постоечките кон-венции за екстрадиција, таа е регулирана и со голем број билатерални договори преку нејзина имплементација во нацио-налните закони. Во случај на непостоење на меѓусебни (билатерални) договори за екстрадиција се применуваат одредбите од конвенциите како правна основа. Осно-вен услов за започување на екстрадицио-ната постапка е кривичното дело за кое се бара да биде казниво според домашното право на двете држави-учесници во овој процес.

48

Page 49: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Црвена потерница Црвената потерница се смета за прв и најстар инструмент кој е на располагање на полицијата во справувањето со бе-галците од законот. Како инструмент на меѓународната полициска соработка ја издава Генералниот секретаријат на Ин-терпол за лица-бегалци од законот кои треба да се пронајдат, да се лишат од слобода и екстрадираат. Потерниците можат да бидат издадени во форма на црвена потерница за потрага по лица кои се предмет на кривична постапка и црве-на потерница за потрага по лица кои се бараат за издржување на веќе изречена правосилна судска санкција. Основа за нејзино распишување е постоење на на-редба за лишување од слобода на лицето. Со нејзиното распишување таа е активна и достапна, односно потрагата по лицето се одвива во 190 земји-членки на Интерпол. Во светски рамки се смета за единствен инструмент, а со нејзина широка примена, всушност, не постојат граници за потрага по бегалците од законот.

Европски налог за лишување од слобода Со цел надминување на практично но-тираните недостатоци на постапката за екстрадиција, особено во поглед на дол-гите постапки во Унијата со Рамковната одлука на Советот на Европа на 13 јуни 2002 година воведен е Европскиот на-лог за лишување од слобода. Неговото воведување треба да овозможи поефикас-на судска соработка во спроведување на процедурите за екстрадиција во рамките на ЕУ, односно во шенген-зоната. Ев-ропскиот налог за лишување од слобода (European arrest warrant - EAW) стапува на сила во 2004 година Со налогот се ме-нува начинот на класичната постапка за екстрадиција на лица со нивно предавање помеѓу надлежните судски власти. Налогот е основа за непосредна и директна судска соработка меѓу земјите-членки. Начелото на заемно признавање на донесените пра-восилни судски одлуки претставува основа за донесување на оваа одлука. Основните претпоставки за издавање на налогот бараат тој да биде издаден за дела кои се казниви со затворска или безбедносна мерка од најмалку 12 месеци или ако веќе

е изречена казнена санкција истата да е од најмалку 4 месеци. За предвидените 32 кривични дела за кои може да се изрече санкција над 3 години, извршувањето на налогот е задолжително, а принципот на двоен криминалитет не е валиден. Брзи-ната на постапката е главна одлика на налогот и се состои во постигнување на јасни рокови во кои треба да се донесат одлуките (ако лицето се согласи да се пре-даде, одлуката се донесува во рок од 10 дена, додека во останатите случаи одлука-

та за предавање треба да се донесе во рок од 60 дена, со можност истиот да се про-должи за уште 30 дена. Во случаите кога станува збор за екстрадиција на лице во и од земја-членка на ЕУ спрема земја која не е членка на ЕУ се применуваат условите пропишани со конвенциите или билатерал-ните договори и класичната екстрадициона постапка.

д-р Сашо М. Стојановскид-р Методија Дојчиновски

м-р Билјана М. Стефанова

49

Page 50: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Семејството на Тихомир Милошев-ски се вбројува во многу големи-те семејства во Битуше. Ристе Милошевски подигнал седум

синови и три ќерки. Секоја од овие машки глави, речиси сами се опре-делувале за каков занает ќе ја врзат својата животна суд-бина. Повеќето од синовите ќе се придружат кон голема-та тајфа на веќе познатите и признати печалбари или, како што ги викаат во Биту-ше, гурбетчии. Некои од нив повремено ќе се определу-ваат за некаква служба, дури таа да биде и повремена, како што е, на пример, припадници на жандармеријата, само да примаат некаква постојана месеч-на награда во вид на плата.Тихомир Милошевски, или Тикуш, со тоа име остана за битушани сè до ден-

денешен. Како сосема мало дете тој живееше и ги правеше првите чекори, како и сите негови врсници, облечен во типични селски алишта. Секако, првата облека беше антеријата, до возраст од

три до четири години. Понатаму, пред заодувањето на училиште, селската облека ќе биде заменета со клашнени бечвиња, џамаданче и одозгора ќепарето. Тикуш, во есента 1922 година седна како прваче во училишната клупа. Негов прв учител, иако

наставата ја изведуваше на српски јазик, беше по националност Македонец. Тој се викаше Петре од мијачкото село Тресонче, десетина километри оддалечено од Биту-ше, сместено нешто погоре по течението

на Мала Река, а во подножјето на планината Јама, која претставува разгранок на планините Стогово и Бистра.Во текот на првите четири години во основното училиште беше по-знат меѓу неговите врсници како по-палав и понемирен ученик. Го завр-ши основното училиште во 1926 година, со одлична оценка. Со тоа практично му се отвори патот да го

продолжи школувањето. Татко му и мајка му решија последното свое машко дете да го пратат во повисоките класови. Така тој се запиша во првиот клас во Тетовската гимназија. Годините до завршувањето на малата матура ги помина мошне успешно,

Македонски команданти и војсководци

50

Тихомир Милошевски-Тиќо, генерал-полковник, народен херој на Македонија, командант на

македонските воени единици во текот на НОАВМ, е прогласен за народен херој

на 29 ноември 1953 година

Page 51: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

а со тоа му се отвори патот да се упати на понатамошно школување.Школувањето го започнува во родното се ло, за да го продолжи во Тетово. Потоа за вршил средно земјоделско училиш-те Валево (Србија). Така веќе Тихомир Милошевски се здоби со средношколска диплома, на земјоделски техничар. Стана признат и официјално земјоделски об-разован граѓанин. Навлезе во суштинските тајни на агрономијата како наука. Сега веќе му беше пошироко отворен патот да се вработи, да започне редовно да си за-работува и да ја прима својата плата, да не биде повеќе на товар на неговото многуч-лено семејство. По завршувањето на школувањето, Тихомир пристигна во Скопје, градот во кој беше сместена управата на Вардар-ска бановина. Се упати право во оваа државна институција. Влезе во лавирин-тот на бројните канцеларии во банови-

ната, за најпосле да застане пред една врата на која беше запишано, Сектор за земјоделство. Неговото име навреме било запишано во службените книги на Бановината и веќе се очекувало неговото пристигнување на работа. Од тука Ти-хомир Милошевски се распределува на служба во Штип, во источниот дел на Бано-вината. Се разбира, како агрономски техни-чар. Го примил и без никаков приговор се заблагодарил на решението и на доделе-ниот распоред, под- готвен на утврдениот датум да се најде на првото работно место во Штип.Тихомир Милошевски во 1934 годи-на, на возраст од 19 години, стапи на првото работно место во градот Штип. По навршувањето на четиригодишната служба како агроном во Штип, на Тихо-мир Милошевски при регрутацијата од страна на воените власти му е понудено школување во воено училиште за резервни

51

Тихомир Милошевски

Тиќо

Page 52: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

офицери. Така, 1938 година, есента, за-мина на отслужување на воената обврска најпрвин во военото училиште во Сарае-во. По завршувањето во 1940 година, се активира како активно воено лице во чин поручник. Од таму до почетокот на Втората светска војна работи како офицер во југословенската кралска војска на грани-цата со Бугарија. Војната ја дочекува како командир на пограничен вод во тогашен Цариброд, денешен Димитровград на југословенско-бугарската граница. Тука при нападот на окупаторите ќе биде ранет. По Априлската војна во 1941 година, се вратил во Македонија и се вклучил во НОД во Скопје. Поради таа негова активност набргу ќе биде и уапсен и интерниран на принудна работа во Горна Џумаја денешен Благоевград. Во јануари 1942 година, е отпуштен од интернација и повторно зами-нува за Скопје, повторно приклучувајќи се на НОД. Првото воено организирање Тиќо го изврши со посредство на Ели Попова чија задача се сведуваше на поврзување на бившите офицери од Македонија и, се разбира, на насочување за активно уче-ство во народноослободителното движење на Македонија.Веднаш по пристигнувањето на Панче Неделковски во Скопје, Ели Попова го по врза со група бивши офицери: Димитар Тури ман џовски, Тихомир Милошевски и Боро Ми левски. Притоа треба да се ис-такне дека еден од овие тројца офицери, Тихомир Мило шевски, веќе беше длабоко навлезен во основните цели на партизан-ското војување на подрачјето на Скопје и пошироко и дека имаше што да им пренесе на своите колеги и другари во континуира-ните средби кои имаа се поорганизиран и смислен карактер. Примаше и извршуваше

определени задачи. Сето тоа се повторуваше повеќепати. Примените обврски ги извршуваа мошне ревносно, со голем елан и нужна дис-циплина. Дојде моментот да ја изрази и својата подготвеност на по-викот што му боше упатен од страна на месниот комитет на Комунистичката партија на Македонија во Скопје, да биде именуван за командант на Месниот воен штаб на Скопје. Таа задача во 1943

го дина, ја прими со најголемо и впечатливо задоволство. Работеше интензивно како подобро да ја синхронизира и во дело да ја изведе задачата на Месниот комитет. Како човек кој раководи со Градскиот воен штаб, требаше целосно да се предаде, како превосходно поуспешно да ги реши воените прашања.Во август 1943 година, се приклучува кон НОВ во Кавадаречкиот партизански одред „Добри Даскалов“. Бил учесник во Февруарскиот поход, раководејќи со група баталјони. Главниот штаб, во придружба на неговите члено-ви, меѓу кои се наоѓаше војнички мошне способниот и итриот командант Тихомир Милошевски-Тиќо, за секоја сопка што се испречуваше на патот беше подготвен да изнајде сигурни начини, за да можат борците што побезбедно да го изминат овој навистина трнлив пат, а на крајната точка од маршот пребројувањето да биде апсолутно поволно и успешно.Се смета дека токму овде настапува новата фаза во развојот на Тихомир Милошевски-Тиќо. Тој од Главниот штаб на Македонија веќе беше испланиран, цврсто евидентиран и поставен за кандидат за командант на Третата македонска НОУ бригада формирана на 26.2.1944 година во с. Жегљане-Кумановско.. Неоспорен е фактот дека тој во тоа време веќе беше докажан и афирмиран висок воен раково-дител.Околината на Куманово, а особено оној дел што се протега на подрачјето кон Србија, беше борбен простор на кој крсто-суваа партизанските одреди и други бор-бени единици, баталјони па се до бригади, а подоцна и дивизии. Како што растеше

уверувањето дека фашизмот, олицетворен во неговиот окупатор, се повеќе се наоѓа пред воен слом, толку повеќе бликаше расположението кај македонскиот народ дека е време на се поголемо собирање во борбените редови, така што во даден момент да биде скршен и последниот от-пор на непријателот и Македонија конечно да биде ослободена од окупаторските фашистички сили.Пристигнувањето на групата баталјони на просторот на Петтата воена зона токму тоа и го имаше за цел, зашто историските настани кои се очекуваше да се случат на овој простор и во пазувите на оваа опера-тивна зона.При формирањето на првата дивизија во Македонија именувана со формациски број 41. МНО дивизија, ќе биде назначен за нејзин командант. Дивизија е фор-мирана во с. Шешково- Кавадаречко на 25.8.1944 година Во нејзиниот состав формациски влегуваа следните МНОБ: 2. до почетокот на октомври 1944 и повторно од 6 декември 1944, 10. до 6 декември 1944, 11. од септември до 6 декември 1944, 8. од 6.12.1944 до крајот на војната, 12. од 6.12.1944 до крајот на војната и 17. од 6.12.1944 до крајот на војната. Дивизијата формациски дејствуваше под командата на ГШ на НОВ и ПОМ до по-четокот на месец октомври 1944 година, а потоа влезе во состав на XV (II маке-донски-битолски) МНОК на НОВЈ. Таму, таа, останува сè до 612.1944 година, и по воената реорганизација на единиците на НОВ и ПОМ, формациски повторно потпаѓа под директна команда на ГШ на НОВЈ за Македонија каде останува сè до крајот на војната. Бројниот состав на дивизијата при формирањето изнесуваше 1300 борци и старешини. За кратко време тој број по-расна на 2723, а на крајот на војната, на 15.5.1945 година, составот на дивизијата ја достигна бројката од 5181 борец и старе-шина.Нејзините единици главно делуваа на просторот на Тиквешијата, Повардари-ето и реонот на Прилеп. Во рамките на овие операции, дивизијата водеше борби по комуникациите Битола-Прилеп, а по капитулацијата на Бугарија, таа воспостави контакти со бугарскиот прилепски гарнизон за заеднички дејства против Германците кои навлегуваа од пределот на Битола.

52

Милошевски бил учесник во Февруарскиот поход, раководејќи со група баталјони, и за секоја препрека што се испречуваше

на патот беше подготвен да изнајде сигурни начини, за да можат борците што побезбедно да го изминат овој навистина трнлив пат, а на крајната точка од маршот,

пребројувањето да биде апсолутно поволно и успешно

Page 53: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Така било и на 09.09.1944 година, кога еди-ниците од составот на 41. МНОД, заедно со бугарскиот гарнизон го ослободија Прилеп и заробија околу 300 германски војници и околу 60 возила, опрема во воени скла-дишта и друго. Кратко време потоа, во периодот од 11 до 16.9.1944 година, следу-ваат остри борби со германските единици од составот на борбената група Гулман и Пабст. Кон крајот на 1944 и почетокот на 1945 година, 41. МНОД, дејствува во рео-нот на Качаник-Урошевац- Гњилане. Таа, таму, заедно со останатите единици на НОВ и ПОЈ од Косово и Метохија учествува во борбите со остатоците на квислиншките формации.Оваа дивизија под негово раководство ќе ги ослободи градовите: Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Кичево и др.По ослободувањето на Македонија ќе биде назначен за командант на 15. МНОУ корпус кој е формиран во текот на втората половина на октомври 1944 година Поради недостиг на формациски број во рамките на НОВ и ПОЈ, тој од страна на македон-ското воено и политичко раководство бил именуван како II македонски-битолски МНОК, бидејќи бил формиран на тере-нот на 2. битолска 03. По добивањето на формацискиот број, корпусот официјално е именуван како XV корпус на НОВ и ПОЈ. Во Македонија тој беше познат како XV МНО-УК. При формирањето во неговиот состав формациски влегуваа следните МНОД: 41. од формирањето до 6.12. 1944, 42. од 6.12. 1944 до 23.4.1945, 48. од формирањето до 23.4.1945 и 49. МНОД од формирањето до 6.12.1944 година.Бројната состојба на корпусот во октомври 1944 година, изнесуваше 11.340 борци и старешини. До конечното ослободување на Федерална Македонија, операции на не-говите дивизии се одвиваа на територијата на 2. Корпусна област и Западна Македонија.По ослободувањето, на 4.12.1944 година, Врховниот командант на НОВ и ПОЈ му нареди на ГШ на НОВЈ за Македонија, да формира еден подвижен ударен корпус од две дивизии, кој би дејствувал на про сторот Скопје-Урошевац-Гњилане-Ку ма ново. На 6 декември 1944 година Вр хов ниот коман-дант прецизира бројната со- стојба на корпусот да изнесува околу 30000 борци и старешини. ГШ на НОВЈ за Македонија,

постапувајќи по оваа на-редба, издава наредба за формирање, односно преформирање во XV МНОУК. Во неговиот состав влегоа 42. и 48. МНОД на НОВЈ. Тогаш беа расформирани штабовите на XVI и Брегалничко-струмички-от МНОК, и штабовите на Кумановската и 48. МНОД. Членовите на штабовите на овие единици беа ставе-ни на располагање на ГШ на НОВЈ за Македонија. Во составот на XV МНОУК, влегоа 48. МНОД на НОВЈ со 1., 2. и 7. МНОБ, и 42. МНОД на НОВЈ составена од 3., 14., 16. и 7. албанска МНОБ. Беше предвидено, формациски корпусот да се пополни и со две артилериски брига-ди, кои подоцна ќе му се приклучат. По реорганизацијата, штабот на Корпусот, во текот на првата половина на јануари 1945 година, е префрлен на Сремскиот фронт. Таму, тој формациски влегува во составот на I ЈА. Тихомир Милошевски станува командант на 48. МНОУ дивизија, а командант на корпусот станува Алексо Демниевски-Бауман.На 21.1.1945 година, бројната состојба на корпусот изнесува 15.400 борци и старе-шини. Заради зголемување на неговата борбена сила, XV МНОУК е опремен со ново советско оружје. Во текот на март 1945 година, на корпусот формациски му се приклучуваат и 1. и 2. македонска артилериска бригада. Така реорганизиран и пополнет, тој учествува во борбите на Сремскиот фронт од неговиот пробив на 12 април па се до конечното ослободување на Југославија. По жестоките борби на единиците на корпусот за ослободување на Славонска Пожега, на 23.4.1945 година од страна на ВШ на ЈА, е укинат штабот на корпусот, а 42. и 48. МНОД, директно се ставаат под командата на штабот на I ЈА. Старешинскиот кадар на штабот на корпу-сот е разместен во штабовите на 42. и 48. МНОД. Во овие акции Милошевски ќе биде ранет во битката кај Пакрац (Хрватска).На Сремскиот фронт, XV МНОУК, го издава весникот „Удар“. Уредник на весникот беше Благоја Поповски, началник на Пропа-

гандното одделение на корпусот. Бројни се херојските подвизи на единиците на XV МНОУК при ослободувањето на редица градови и места во Војводина, Хрватска и Словенија. По завршувањето на опера-циите на фронтот, македонските единици вложија големи напори и во чистењето на босанскиот терен од остатоците на колабо-рационистичките елементи. Вкупно, околу 25.000 борци и старешини беа составот на XV МНОУК, кои зедоа учество на Сремски-от фронт. По војната тој врши функција на командант на дивизија, командант на наставен цен-тар, началник на штаб на воено подрачје и др. Во 1948 година, заминува во Воената академија „Фрунзе“, по што по враќањето од таму бил командант на наставен центар на ЈА во Белград и началник на штаб на воено подрачје.Во 1951 година, е унапреден во чин ге-не рал-мајор. Во периодот 1954-1956 година е член на Генералштабот на ЈНА, а од таму заминува за командант на Воената академија во Требиње. Во 1958 година, е поставен за командант на Ново-садската воена област, каде останува се до пензионирањето во 1962 година. Се пензионира со чин генерал-полковник на тогашната Југословенска народна армија (ЈНА).По кратко и тешко боледување генерал-полковникот Тихомир Милошевски почина на 01.04.1984 година во својата 69-та година од животот. Со највисоки почести е погребан во Алејата на великаните на Република Македонија во Бутел во Скопје.

д-р Марјан Димитријевскигенерал Борис Стојановски

53

Тиќо е прогласен е за народен херој на Југославија во 1953 година и станал носител на:

Орден на народен херој, Орден „Партизанска ѕвезда со златен венец“, Орден-заслуги за народ

со златна ѕвезда, Орден „Братство и единство со златен венец“, Орден „Југословенско знаме со лента“, Орден „Народна армија од прв ред“, Орден за храброст, Орден на советските воени

ветерани и други

Page 54: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Според Кларк и Вилсон кај овие ба рања најчесто станува збор за

интегритетот на податоците, на пример, спречување на неовластена модификација на податоци, измами и грешки. Ова претставува прилично широка дефиниција на инте-гритет. Всушност, авторите дури вклучуваат и прашања на паралелна контрола кои се надвор од нашиот делокруг за безбедност. Барањата на интегритетот се делат на два дела:1. Внатрешна конзистентност: се однесу-

ва на карактеристиките на внатрешната состојба од системот и може да се спрове-де со помош на систем за пресметување;

2. Надворешна конзистентност: се одне-сува на односот помеѓу внатрешната сос-тојба на системот во поглед на реалниот

свет и треба да се спроведе на начин што не опфаќа систем за пресметување, на пример со проверка.

Општите механизми за спроведување на интегритет се:– добро оформени трансакции: со податоци-

те може да се манипулира единствено со специфичен сет од програми; корисниците имаат пристап до програмите наместо до податоците;

– поделба на задолженијата: корисниците треба да сорабо-туваат за да можат да мани-пулираат со податоците и да заговараат за да навлезат во сигурносниот систем.Споделувањето на задолженијата се поја-ву ва многу често во функционирањето на сигур-носниот систем. Добрата страна на тоа е што различни луѓе треба да го постават, да го моделираат, да го развиваат,

тестираат, потврдуваат и на крај да работат со еден систем. За возврат, можеби ќе биде потребно различни луѓе за време на оваа операција да соработуваат со цел да може да се овозможи една трансакција.Моделот „Кларк-Вилсон“ користи програми како средишен слој на контрола помеѓу субјектите и објектите (податоците). На субјектите им е дозволено да извршуваат

54

Бинарен код

Во работата со компјутери мошне важно е да се фор-мулира модел на сигурност но за таа цел треба да

се опишат ентитетите и параметрите со кои владеат моделите, а воедно и да се истакнат правилата кои се дел од овој модел на безбедност. Всушност, моделот на безбедност преставува комплексен интегративен

дел кој има примарна улога во креирањето на влезната безбедност. Во овој број ви го претставуваме моделот

на безбедност „Кларк и Вилсон“

Бинарен код

Модел „Кларк-Вилсон“

Page 55: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

одредени програми. Притоа кон податоците може да се пристапи преку специфични програми. Дефинирањето на пакетот-про-грами со кој може да се пристапи до по-датоци од одреден тип претставува општ механизам во софтверското инженерство (како кај апстрактните типови на податоци и кај објектно ориентираното програмирање), чија употреба е од голема корист во креирањето на безбедносни системи. Ова претставува резултат од влијанието на БЛП за кое „Кларк и Вилсон“ (како што погоре споменавме) пишуваат во означувањето на субјекти и објекти со програми наместо со нивоа на сигурност. Кај моделот „Кларк Вилсон“, интегритет значи да бидете ов-ластени за применување на некоја про-грама врз некој податок кон кој може да се пристапи преку оваа програма. Исто така, „Кларк и Вилсон“ ја нагласуваат разликата помеѓу воените и комерцијалните потреби на сигурноста. Постои малку вистина во размислувањето дека релативното значење

на доверливоста и интегритетот не значи и различно структуирање, но секогаш ќе постојат воени апликации (или структуи-рани матрици) со барања за интегритет и комерцијални апликации со барања за до-верливост. За оваа цел, постои многу поре-левантна разлика. Операциите за пристап кај моделот „Кларк-Вилсон“ се програми што извршуваат сложени манипулации кои се специфични за апликациите. Опера-циите за пристап во БЛП се едноставни и општи, како и што му доликува на еден опе-ративен систем. Од тие причини ги разгле-дуваме разликите помеѓу оперативниот си-стем за општи намени (БЛП) и апликативно ориентираниот IT-систем (Кларк-Вилсон). За крај следните точки се разгледуваат во моделот „Кларк-Вилсон“: субјектите треба да бидат идентификувани и потврдени; со објектите може да се манипулира единстве-но со ограничен пакет-програми; субјектите можат да извршуваат единствено ограниче-ни пакет-програми; треба да се водат со-одветни дневници за евиденција; системот треба да биде сертифициран за да може да функционира правилно.Во формализацијата на овој модел, по-датоците со кои управува сигурносната по-литика се нарекуваат ограничени податоци (CDI-Constrained Data Items). Влезните податоци во системот се внесуваат како не-ограничени податоци (UDI- Unconstrained Data Items). Конвертирањето на UDI во CDI претставува важен дел од системот што не може да се контролира само со сигурнос-ните механизми во системот. Со CDI може да се манипулира единствено со процедури на трансформација (TP- Transformation procedures). Интегритетот на состојбата се проверува со процедурите за верификација

на интегритет (IVP- Integrity verification procedures).Безбедносните модели од една стра-на се дефинирани преку правила за сертификација (кои патем се пет), предложувајќи дека проверките треба да се спроведуваат така што сигурносните политики ќе ги исполнуваат барањата на апликациите, при што: IVP треба да осигури дека сите CDI се во валидна состојба кога се извршува IVP; TP треба да биде сертифици-ран за да биде валиден, на пример, валид-ниот CDI секогаш треба да се трансформира во CDI. Секој TP е сертифициран да може да пристапи кон специфичен пакет од CDI; почетно утврдените правилата за пристап треба да ги задоволуваат сите барања на споделувањето должности; сите TP треба да вршат запишување единствено во дневник кој се спојува; кој било TP кој зема UDI како влезни податоци треба или да го конвертира UDI во CDI или да го отфрли UDI и да не изврши никаква трансформација.Четири правила за спроведување ги опишу-ваат сигурносните механизми во рамките на компјутерскиот систем кој треба да ја спро-веде сигурносната политика. Овие правила имаат и некои сличности со дискреционата контрола на пристап во БЛП. Системот мора да ја одржува и да ја заштитува листата со внесови (TPi:CDIa,CDI), давајќи му ја на CDI потребната TP која е сертифицирана за пристап. Системот мора да ја одржу-ва и да ја заштитува листата со внесови (UserID,TPi:CDIa,CDIb), нагласувајќи ги TP корисниците кои можат да извршуваат. Си-стемот мора да го потврди секој корисник, барајќи од него да го изврши TP. Субјектот единствено кој може да сертифицира прави-ло за пристап за еден TP, може да го моди-фикува соодветното внесување во листата, а притоа овој субјект не треба да има права за извршување врз тој TP.За крај, треба да се напомене дека моделот „Кларк-Вилсон“ уште еднаш се потвр дува (повеќе како рамка и упатство) за фор-мализирање на безбедносните модели от-колку како модел со специфична безбеднос-на политика.

Маја Ржарова

55

Page 56: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Година 2010, декември. Само некол­ку дена пред Новата година, низ светот одекна информацијата за гра ѓански протести против политич­

ката власт во Тунис. Немирите прогресираа од ненасилни протести, преку бунтови, сè до граѓански војни, а во низата на земји опфатени со тој бран, беше и Либија. Иницијативата за будење и ослободување од режимот на Муамер Гадафи, зема замав и без одложување се претвори во граѓанска војна која, иако се сметаше за официјално завршена по падот на Гадафи, сепак ја остави Либија во хаос и ја смести во категоријата на високоризична земја

по безбедноста на луѓето. Така, во 2012 година, либискиот град Бенгази го зазема и врвот на листата на најопасни места во светот. Токму тогаш, во време кога да се биде странец во тој регион претста­вува вистински проблем, американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, доаѓа во дипломатска посета на Бенгази, со минимално обезбедување, верувајќи дека неговите најдобри намери за остварување на ред и мир во земјата ќе бидат билет за безбеден престој. Секако, планот не одел според неговите очекувања, кога на 11 сеп­тември 2012 година, точно на 11 години од најголемиот терористички напад во САД, на

портите од конзулатот на САД ќе се појават добро вооружени непоканети гости. Јасно е дека малобројното обезбедување нема реална шанса да обезбеди заштита, но за среќа, на помалку од два километри од резиденцијата, има тајна база на ЦИА, чие постоење е строго доверлива информација, а во неа има тим од шестмина исклучител­но храбри војници, познати како единица­та GRS. Колку навистина вреди нивната близина и стручност ако тие имаат строга наредба да не преземаат ништо, со цел да не го разоткријат постоењето на базата. Што ќе биде побрзо жртвувано, дали жи­вотот на амбасадорот или, пак, тајноста на

Филм

13 ЧАСОВИ

Page 57: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

информативното биро кое прибира клучни информации за регионот? Гледајќи го од балконот опожарениот американски конзу-лат, момчињата од специјалната единица се растргнати помеѓу војничката и човеч-ката одговорност, кои во оваа ситуација се разминуваат. Дали да дејствуваат според наредбите од претпоставените или во со-гласност со нивната совест? Ставени на „клупа“ како „последен џокер“ за спас на амбасадорот, тие знаат дека нема да можат да живеат со својата совест доколку не из-лезат на терен и не го направат она за кое за обучени.

Тринаесет часови храброст и отпорОвој филм за таканаречената „Битка во Бенгази“ го следи развојот на настаните во 13 часови, колку што трае судирот меѓу шестмината херои и локалните паравојски лојални на стариот урнат режим. Снимен според вистинскиот настан, „13 часови“, всушност, е филм кој низ една напната, интензивна и адреналинска атмосфера ги сублимира најважните точки од битката. За оние кои се сеќаваат на настаните, крајот на филмот ќе им биде познат но, сепак, целокупната приказна, развојот на нападот и сплетот на околностите кои до-

веле до трагичниот резултат, се она што е интригантно и на кое е ставен главниот акцент. Можеби најголемиот вино-вник за резултатот се општата конфузија која започнува со моментот на изненадување, преку потценувањето на реал-ната безбедносна ситуација, одбивањето да им се даде воздушна поддршка на нападна-тите, како и несигурноста околу тоа кои локални војници им се пријатели, а кои не се. Либан-ската армија, позната како „17 Февруари“, го поддржува прису-

ството на САД, но нивната идентификација, најмногу поради јазичната бариера, прет-ставува голем проблем. Шестмината јунаци го преземаат за нив единствениот логичен чекор и тргнуваат во спасувачка мисија кон конзулатот. „Не можеш да ставиш цена на тоа да можеш да живееш со себе“, ќе рече специјалецот Џек, рационализирајќи ја одлуката на единицата GRS. Се раз-бира, очекувано, нивното појавување води до разоткривање на локацијата на тајната база на ЦИА, каде набрзо се префрла огнот. Степенот на организираност на паравојските и масивноста на употребеното оружје, укажуваат на фактот дека станува збор за однапред планиран удар и го от-вора прашањето: Дали навистина цел на нападот беше конзулатот и амбасадорот Стивенс, или тоа беше само алатка за да се лоцира и да се уништи разузнавачката американска база?

Специјалната единица GRSПознати под овој назив, шестмината членови на оваа формација се испратени во Бенгази со одговорна задача – да со-бираат информации на терен, но и да ја гарантираат безбедноста на тајната база на ЦИА, стационирана во овој либиски град,

за која малкумина знаат дека постои. Во официјалните документи, оваа единица не фигурира никаде и е целосно класифи-цирана информација, дури и за силите на АФРИКОМ – Американската воена команда на африканскиот континент, кои се воедно и најблиската воена поддршка. Но, кои, всушност, се овие војници? Претставени како исклучително храбри и бестрашни, искусни борци, надмоќни во физичката сила и тактичност, тие се подготвени на секаков предизвик, во секое време. На нив гледаме не само како на теренски опера-тивци, туку и како на луѓе кои се подготвени за донесување воени одлуки, за процени на ситуацијата и за расудување. Тие, без дво уме ње ги пре чекоруваат нивните овлас-ту ва ња, спротивставувајќи му се на шефот на базата на ЦИА, ко га се наметнува по-треба да помогнат при обезбедувањето на амбасадорот Крис Стивенс. Заштитата на човековиот живот за нив, пред сè, прет-ставува нешто сосем друго. За разлика од нив, шефот на ЦИА дејствува „пластично“ во рамките на неговите одговорности. Тој е должен да ја осигури тајноста на базата, и тоа е врвниот приоритет. Ако заштитата неизбежно бара човечки жртви, тогаш нека биде така.Базата на ЦИА е креирана на филмскиот сет речиси идентично со вистинската база, според сателитски снимки, но и сеќавањата на луѓето кои работеле во базата се вистинити. Приказната се води според сведочењата на членовите на специјалниот тим, за кои режисерот Мајкл Беј вели дека се веројатно најрелевантни за да ја рас-кажат приказната за кобната ноќ. На еден начин, филмот претставува начин за да им се оддаде почит на загинатите борци, меѓу кои и на амбасадорот а, воедно, искажува и благодарност до тимот кој ревносно се борел за да ги заштити дваесеттемина вработени на ЦИА.

Елена Ѓорѓиевска

57

Режија: Мichael Bay

Улоги: John Krasinski, Pablo Schreiber, James Badge Dale, Max Martini, David Denman

Сценарио: Chuck Hogan, Mitchell Zuckoff

Музика:Lorne Balfe

Mонтажа: Calvin Wimmer, Pietro Scalia

Година: 2016

Земја: САД

Page 58: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен

Виното, како спој на сонце и земја, на дожд и воздух, знае да нè прошета и да нè запознае со многу предели

и ретки региони каде може да се произведува. Македонија има добар квалитет на вина и долгогодишна традиција во производството. Во Македонија, плантажи со лозје има во Кавадаречко и во Неготинско , но има и во Прилепско, традиција стара 400-500 години. Колекционерите, лозарите, винопроизводителите, посетуваат саеми на кои се информираат за новостите во оваа област. Вината се сметаат за луксуз. Секое шише претставува „живот“ и живост. Во Македонија, попознати вина, кои се прават од белото и од црното грозје се „вранец“ – црно вино, „станешина“ – розово вино, потоа „мерлот“, „кратошија“, „жилавка“, „момина солза“, „савињон“, од белите вина, „ризлинг“, „белан“, „темјаника“, а тука е и „талјанката“, „хамбургот“, виното

„розе“ и други лози кои почесто се произведуваат по манастирите. Кај нас уште одамна се познати Демиркаписките кралски лозја каде што имало и винарски визби од камена градба со константна температура; внатре имало бочви со 200 литри до еден тон литри вино кои биле еколошки чисти и дезинфицирани. Луѓето имаат култен однос кон виното и лозите. Кога вкусуваш од зрнцата грозје како да вкусуваш една приказна, една мистика, едно виножито. А, кога вкусуваш вино, треба да вкусиш зрелост. Вака велат преработувачите на грозје, лозарите, односно винопроизводителите за кои „една чаша вино е лек, а три се болест“. Црвените гроздови во лушпите имаат состојка која штити од стрес, го намалува холестеролот, го подобрува расположението, ги штити крвните садови и притисокот, но кога се прима во умерени количини. Уште пред 400-500 години виновата лоза се употребувала

како лек, односно за јакнење на имунитетот,за намалување на болките, за заштита и од тромбоза, а црното вино, коешто е појако, повеќе се пие при јадење-ручек, и се практикува пиење една до две чаши вино. Страсните љубители на винарската традиција велат дека дегустацијата на вино е доживување. За добра година на виното и добар квалитет на грозјето треба годината да не биде врнежлива, за грозјето да има вкус, треба добра почва, механизација и добра откупна заштитна цена, иако тоа е акцизен производ за кој државата плаќа давачки. Познато е дека и верата и религијата му придаваат значење на овој производ. Затоа има економати, специјални стопанства за производство на оваа гранка, и тоа по верските објекти, по индустриските парцели и плантажи. И во приватниот и во индивидуалниот сектор се „виорат ластарите македонска винова лоза“.

Васе Митреска

Убавините на Македонија

Чашка вино за здравје!

Page 59: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен
Page 60: Часот планетата Земја - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2016/09/80-Shtit-za-web.pdf · Катиќ, повторно акцентот беше ставен