23
АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ, ПРИЗНАВАЊЕ И ВРЕДНУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

  • Upload
    others

  • View
    4

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ, ПРИЗНАВАЊЕ И ВРЕДНУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Page 2: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Средствата (активата) на претпријатието во билансот на состојба можат да се класифицираат на:тековни (краткорочни, обртни) ипостојани (нетековни, долгорочни).Тековните средства се оние средства кои ќе бидат потрошени или продадени во период од една година или во еден деловен циклус. Тековните средства ги чинат парите и паричните еквиваленти, побарувањата од купувачите и други побарувања, краткорочни финансиски пласмани, активните временски разграничувања на однапред платените трошоци кои се разграничуваат до една деловна година (до 12 месеци) или деловен циклус.

Во врска со готовината нема одредени сметководствени политики за кои би морало да се води сметка, бидејќи готовината е ликвидно средство и секогаш во билансот на состојба се прикажува по номинална вредност.

Page 3: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Побарувањата од купувачите се создаваат во редовниот деловен циклус на продажба на готови производи, стоки и услуги на купувачите на кредит (одложено плаќање). Станува збор за продажба која се уште не е наплатена, а се очекува да се наплати во нормален рок (30‐60 дена).

Побарувањата од купувачите, поради краткиот рок на доспевање, во билансот на состојба се прикажуваат по номиналната вредност. Овде разликата помеѓу номиналната вредност и сегашната вредност на очекуваниот паричен тек (приливот на парични средства кој се очекува од купувачите) се смета за занемарлива.

со респектирање на принципот на конзерватизам, вреднувањето на побарувањата се врши со примена на нето реализираната вредност.Оваа вредност се добива на следниот начин:

Нето реализирана вредност на побарувања = Номинална вредност – Импаритетни загуби поради намалување на вредноста (отпис на побарувања) – Поврат на стока – Каса сконто одобрено за купувачитеОтписите на побарувањата се вршат со една од двете методи: а) метод на процент од продажба (врз основа на искуството менаџментот дефинира колкав ќе биде процентот од приходите од продажба кој ќе отпадне на ненаплатени побарувања) и б) метод на старост на побарувањата (побарувањата се групираат според рокот на доспевање и истекот на тој рок по старосни групи и тогаш на секоја група се применува различен процент кој го одредува менаџментот врз основа на искуството од претходните години). 

Page 4: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Приходите и побарувањата, од аспект на финансискиот аналитичар, се вреднуваат кога се задоволени четири критериуми на признавање на приходите (МСС 18 – Приходи):•Кога претпријатието продавач ги пренело на купувачот сите ризици и користи од сопственоста над стоката,•Претпријатието не задржува учество во управувањето со стоката, ниту врши контрола над продадената стока,•Износот на приходите може веродостојно да се измери,•Постои веројатност дека економските користи ќе се влеат во претпријатието и•Трошоците кои настанале во врска со стоката можат веродостојно да се измерат.

Page 5: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Во текот на пресметковниот период продадени се производи во вредност од 5.000$.а) сите услови за признавање на приходот се остварени и нема услови за отпишување на побарувањата,б) 1% од приходите е неизвесно по прашање на наплатата,в) 5% од приходите е неизвесно по прашање на наплатата.Останатите претпоставки на анализата се дека сите приходи произлегуваат од продажба на производите, останатите расходи изнесуваат 4.700$.

Опис Варијанта A Варијанта Б Варијанта В

Вкупни приходи 5.000 5.000 5.000

Вкупни расходи без отпис на побарувања 4.700 4.700 4.700

Отпис на побарувања 0 50 250

Добивка 300 250 50

Page 6: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Две посебни прашања бараат одговор од финансискиот аналитичар кога станува збор за побарувањата:•Ризик на наплата•Проучување на побарувањата и нивната наплата во дејноста во која претпријатието работи,Проучување на конкуренцијата и нивните побарувања во однос на продажбата,Проучување на концентрацијата на одредени купувачи – доколку има неколку големи купувачи се создава однос на зависност,Проучување на староста на побарувањата – колку долго не се наплатени (да се анализира адекватноста на каса сконто, поврат на стоки).Автентичност на побарувањата (ако е можно да се утврди дали има индиции за прикажување на лажен приход и лажни фиктивни побарувања)Проучување на кредитната политика на претпријатието,Проучување на политиката на продажба на нови купувачи,Проучување на било каква обврска која претпријатието ја има во однос на продадената стока (да ја откупи од купувачот во некој иден период и сл.).

Page 7: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи, материјали и суровини претставуваат износи на парични средства кои се вложени во имот кој ќе се користи за продавање, потрошувачка или во административни цели во период кој е пократок од една година или деловен циклус. Залихите се од особено значење за трговските претпријатија, производствените претпријатија, додека останатите претпријатија (банки, финансиски институции) немаат значајни износи на средства содржани во залихите.

Page 8: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Неколку важни прашања се врзани за вреднувањето на залихите: а) по која вредност залихите да се вреднуваат и прикажат во билансот насостојба, б) кои методи да се применат за вреднување на залихите кои се потрошени во процесот на производство (трошоци на материјали) или продадени (набавна вредност на продадени стоки, трошоци на продадени готови производи), в) како да се вреднуваат крајните залихи кои сеуште не се продадени.

МСС 2 – Залихи, ги пропишува следните методи:Метод на специфична идентификација,Метод на прва влезна прва излезна цена – FIFO (first in, first out),Meтод на последна влезна прва излезна – LIFO (last in, first out) иМетод на пондериран просечен трошок. IASC, МСС 2 Залихи, пар.19‐24

Од 1 јануари 2005 год., примената на LIFO методот за претпријатијата кои известуваат во согласност со МСС/МСФИ во основа се укинува

Секоја од овие методи произлегува од различни цени по кои се вреднуваат трошоците на материјали. Бидејќи МСС 2 предвидува примена на само еден метод, менаџментот на претпријатието е задолжен да донесува сметководствени политики  за примената на одредениот метод кој ќе одговара на начинот и условите на трошењето на материјалите во конкретното претпријатие. 

Page 9: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Повеќето компании во пазарно развиените земји во светот го користат FIFOметодот за пресметка на трошоците на залихите на материјали, како и пресметка на трошоците на останатите видови залихи. 

Методот на специфична идентификација се применува кога се во прашање специфични залихи со висока поединечна вредност. Во тој случај секоја единица на материјал се обележува со посебен сериски број и по пат на одговарачки софтвер, се следи нејзиниот пат од влезот на залихи (набавка) па до излезот од залихи за потребите на процесот на производство. 

Page 10: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

FIFO Метод 

ПримерЗалихите на материјали се состојат од следните набавки:I набавка1.000 кг. Х 12 ден. = 12.000 ден.II набавка  2.000 кг. Х 16 ден. = 32.000 ден.III набавка  3.000 кг. Х 20 ден. = 60.000 ден.Вкупната вредност на материјалите изнесува 104.000 денари. Според требувањето бр. 101 издадено е 2.000 кг. материјал. Да се утврдат трошоците на материјали ако се применува FIFO методот.

Решение:Трошоци на материјал (FIFO метод) = (1.000кг. х 12 ден.) + (1.000кг. х 16 ден.) = 12.000 + 16.000 = 28.000 ден.

Page 11: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

LIFO Метод

ПримерЗалихите на материјали се состојат од следните набавки:I набавка1.000 кг. Х 15 ден. = 15.000 ден.II набавка  2.000 кг. Х 13 ден. = 26.000 ден.III набавка  1.000 кг. Х 25 ден. = 25.000 ден.Вкупната вредност на материјалите изнесува 66.000 денари. Според требувањето бр. 233  издадено е 1.500 кг. материјал. Да се утврдат трошоците на материјали ако се применува LIFO методот.

Решение:Трошоци на материјал (LIFO метод) = (1.000кг. х 25 ден.) + (500кг. х 13 ден.) = 25.000 + 6.500 = 31.500 ден.

Page 12: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Според методот на пондериран просечен трошок (метод на просечни цени), трошоците на материјали се утврдуваат со множење на потрошените количини на материјали со просечната набавна цена на материјалите. До просечната набавна цена се доаѓа на следниот начин:

Просечна набавна цена = Вкупна вредноста на материјали на залиха / Вкупна количина на набавени материјали

Утврдувањето на просечните цени се врши со примена на методот на подвижен просек и методот на константен просек.

Page 13: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

ПримерЗалихите на материјали се состојат од следните набавки:I набавка2.000 кг. Х 12 ден. = 24.000 ден.II набавка  2.000 кг. Х 16 ден. = 32.000 ден.III набавка  4.000 кг. Х 20 ден. = 80.000 ден.Вкупната вредност на материјалите изнесува 136.000 денари. Според требувањето бр. 131 издадено е 2.000 кг. материјал. Да се утврдат трошоците на материјали ако се применува методот на константен просек.Решение:Константен просек = 136.000ден. / 8.000 кг. = 17 ден.2.000 х 17 = 34.000 ден.

Page 14: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Ефектите од примената на различните методи на пресметка на трошоците на материјали најлесно се анализираат со квантитативни примери. Залихите на материјали се состојат од следните набавки:I набавка1.000 кг. Х 12 ден. = 12.000 ден.II набавка  2.000 кг. Х 16 ден. = 32.000 ден.III набавка  3.000 кг. Х 20 ден. = 60.000 ден.Вкупната вредност на материјалите изнесува 104.000 денари. Според требувањето бр. 101 издадено е 2.000 кг. материјал. Под претпоставка дека вкупните приходи изнесуваат 100.000 денари, останатите трошоци освен трошоците на материјали 20.000 денари, да се утврди ефектот на пресметка на трошоците на материјали со примена на FIFO, LIFO и методот на просечна цена врз резултатот и залихите на материјали на претпријатието.Решение:FIFO = (1.000 кг. х 12 ден.) + (1.000 кг. х 16 ден.) = 12.000+16.000 = 28.000ден.LIFO = 2.000 кг. х 20 ден. = 40.000 ден.Просечна цена = 104.000 / 6.000 кг. = 17,33 ден.2.000 х 17,33 = 34.660 ден.

Page 15: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Пресметката на трошоците на материјали со примена на различни методи, како и вредностите на крајните залихи на материјали и износите на периодичните резултати, прикажани се во следниот преглед

Метод Приходи Трошоци на материјали

Останати трошоци

Резултат

Вредност на залихи

FIFO 100.000 28.000 20.000 52.000 76.000

Просечни цени 100.000 34.660 20.000 45.340 69.320

LIFO 100.000 40.000 20.000 40.000 64.000

Page 16: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Добивката по FIFO методот е збир од две компоненти:а) економска добивка = износ на потрошени залихи х (продажна цена –највисока цена на материјалите)б) задржана добивка = количина на потрошени залихи х (највисока цена на материјалите – најниска цена на материјалите)

Со примената на LIFO методот, трошоците на материјали се највисоки бидејќи се пресметани со примена на највисоките, последни цени на набавката на материјали. LIFO методот резултира со најнизок периодичен резултат. Вредноста на материјалите на залиха е најниска бидејќи остануваат материјалите вреднувани по најниски цени. Пресметката на залихи од LIFO на FIFO методот можно е да се изврши со користењето на следната формула:Залихи по LIFO + LIFO резерва= Залихи по FIFOВлијанието на LIFO методот врз резултатот се согледува во ефектот кој постои кога LIFO залихите ќе се продадат или истрошат:Задржана добивка + (LIFO резерва х (1‐ даночна стапка)).

Примената на методот на просечни цени (просечен пондериран трошок) резултира со просечна вредност на трошоците на материјали, залихи и финансиски резултат. Ефектите на овој метод ги ублажуваат негативните ефекти помеѓу FIFO и LIFO методите, па можеме да изведеме заклучок дека примената на овој метод ги ублажува негативните ефекти на претходните два метода.

Page 17: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Недвижностите, постројките, опрема и нематеријалните средства ги нарекуваме со заедничко име постојани или долгорочни средства. Постојаните средства се дефинираат како средства кои имаат век на употреба подолг од една деловна година или пресметковен циклус и кои се набавени за користење во работењето, а не за повторна продажба на купувачите

Постојат различни можности за класификација на постојаните средства, но една од најчестите поделба е на следните главни категории:Материјални средства,Природни ресурси и Нематеријални средства.Кога зборуваме за постојаните средства за потребите на финансиската анализа, треба да се респектираат три прашања:Признавање и вреднување, односно капитализација на трошоците во билансот на состојба кои можат да се вклучат во набавната вредност на постојаните средства,жАлокација на набавната вредност на постојаните средства во билансот на успех (амортизација) иНамалување на вредноста (обезвреднување) на постојаните средства според МСС.

Page 18: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Правилата на признавање се однесуваат на фактот дека средството треба да се признае:•ако е сигурно дека идните економски користи од тоа средство ќе се влеат во претпријатието, и•ако претпријатието има контрола над тие користи.

Амортизацијата претставува процес на алокација на набавната вредност на постојаното средство на расходите, односно трошоците. МСС 16 – Недвижности, постројки и опрема, му дава на менаџментот можност да избере помеѓу неколку методи на амортизација кои му стојат на располагање:метод на временска амортизација (линеарна, дегресивна,) ифункционален метод на амортизација.

Метод наамортизација

Учество во билансите на 500 големи американски претпријатија

Линеарен метод 82 %

Дегресивен метод 5 %

Функционален метод 2%

Останати методи 1 %

Page 19: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

ПримерНабавната вредност на долгорочните средства изнесува 15.000 ден. Проценетиот корисен век на употреба на средството е 5 години. Просечниот годишен приход изнесува 12.000 денари, а останатите трошоци (без амортизацијата) изнесуваат 5.000 денари годишно. Врз основа на дадените податоци да се утврдат годишните износи на амортизација со примена на праволинискиот (линеарен) и дегресивниот метод, а потоа да се анализира нивното влијание на периодичниот резултат.

Решение:Формулата, која се користи кај одредувањето на износот на амортизацијата според линеарниот, праволинискиот метод, е следната:

Набавна вредност ‐ Остаток на вредностГодишна амортизација = ‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐

Корисен век на траење (години)Или

Годишна амортизација = (Набавна вредност ‐ Остаток на вредност) x стапка на амортизација

Page 20: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Износот на годишната амортизација според метод на аритметичка дигресија се пресметува на следниот начин:

NV (v + 1 ‐ 2 x n) x rAmn = ‐‐‐‐‐‐‐ + ‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐‐

v 2Amn = износ на амортизација за n ‐ та годинаNV = набавна вредност (амортизационен износ)v = корисен век на траењеn = година во корисниот век на траење за која се пресметува амортизација r =  постојана разлика меѓу висината на износ на амортизација по години (износ на дигресија)Оттука, следува пресметката на амортизацијата:Праволиниска стапка на амортизација = 100/5 =20%Износ на амортизација по праволиниски метод = 15.000 х 0,2 = 3.000Износ на дегресија = 2 х 15.000 / 5 х (5 + 1) = 1.000Износ на амортизација по дегресивен метод за првата година изнесува =15.000/5 + ((5+1 – 2х1)/2) х 1.000 = 5.000“Прирачник за изготвување на завршна сметка за 2007“ Про Агенс

Page 21: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Годишниот износ на амортизација и неотпишаната вредност по метод на аритметичка дигресија и праволиниски метод, дадени се во следниот преглед:

Година Амортизација праволиниски метод

Неотпишана вредност –праволиниски метод

Амортизација дегресивна метода

Неиотпишана вредност-аритметичка дигресија

1 3.000 12.000 5.000 10.0002 3.000 9.000 4.000 6.0003 3.000 6.000 3.000 3.0004 3.000 3.000 2.000 1.0005 3.000 0 1.000 0

Page 22: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Пресметката на периодичните резултати по години, кога претпријатието за пресметка на трошоците за амортизација го применува праволинискиот метод, дадена е во следниот преглед:

Години Приходи Трошоци на амортизација

Останати трошоци

Резултат

1 12.000 3.000 5.000 4.0002 12.000 3.000 5.000 4.0003 12.000 3.000 5.000 4.0004 12.000 3.000 5.000 4.0005 12.000 3.000 5.000 4.000

Page 23: АНАЛИЗА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ ПОЛИТИКИ … fakultet/III godina/V... · Залихите на стоки, готови производи, полупроизводи,

Пресметката на периодичните резултати по години, кога претпријатието за пресметка на трошоците за амортизација го применува дегресивниот метод, дадена е во следниот преглед:

Години Приходи Трошоци на амортизација

Останати трошоци

Резултат

1 12.000 5.000 5.000 2.0002 12.000 4.000 5.000 3.0003 12.000 3.000 5.000 4.0004 12.000 2.000 5.000 5.0005 12.000 1.000 5.000 6.000