21
1 Државен управен инспекторат Република Северна Македонија Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна +389 2 3225 949 www.duinspektorat.mioa.gov. mk ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ГОДИШНА ПРОГРАМА за работа на Државниот управен инспекторат за 2020 година Скопје, Октомври 2019 година

ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

  • Upload
    others

  • View
    13

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

1 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

ГОДИШНА ПРОГРАМА

за работа на Државниот управен инспекторатза 2020 година

Скопје, Октомври 2019 година

Директорот на Државниот управен инспекторат по добиено позитивно мислење од Инспекцискиот совет на Република Mакедонија број 15-776/3 од 10.10.2019 година, на Предлог – Годишната програма за работа на Државниот управен инспекторат за 2020 година, врз основа на член 15 став (3) од Законот за инспекциски надзор (,,Службен весник на Република Македонија“бр. 50/2010...11/2018), донесе

Page 2: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

2 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ДРЖАВНОТ УПРАВЕН ИНСПЕКТOРАТ

ЗА 2020 ГОДИНА

I.ВОВЕД

Согласно член 4 став 2 од Законот за управната инспекција (“Службен весник на РМ”бр. 69/2004 ... 11/2018), Државниот управен инспекторат е орган на државната управа со својство на правно лице, со сопствена буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија, самостојно спроведува постапки за вработување согласно закон и одлучува за правата и обврските од работен однос на вработените во Инспекторатот. Согласно со Правилникот за внатрешна организација на Државниот управен инспекторат формирани се следните организациони единици:

Сектор за вршење инспекциски надзор – Исток во чиј состав се: Одделение за инспекциски надзор за североисточен регион; Одделение за инспекциски надзор за југоисточен регион

Сектор за вршење инспекциски надзор –Запад во чиј состав се: Одделение за инспекциски надзор за северозападен регион; Одделение за инспекциски надзор за југозападен регион; Одделение за човечки ресурси, административна и

информатичка поддршка; Одделение за финансии и финансиски прашања

Со Државниот управен инспекторат раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија.

Врз основа на член 15 став 1 од Законот за инспекциски надзор, Директорот на Државниот управен инспекторат изготвува Предлог годишна програмата за работа на Инспекторатот во тековната година за наредната година и ја доставува до Инспекцискиот совет.

Врз основа на Годишната програма за работа изготвува 4 квартални планови за работа со Преглед за инспекциски надзор за секој инспектор и тоа 15 дена пред отпочнувањето на кварталот, 4 квартални извештаи по истекот на 15 дена од завршувањето на кварталот и 12 месечни оперативни планови со Преглед на планирани инспекциски надзори по инспектор преку кои се реализираат инспекциските надзори во текот на годината.

Согласно со Правилникот за систематизација на работните места во Државниот управен инспекторат бр. 03-283/1 од 21.11.2016 година, 03-310 од 05.12.2017 година и 03-245/7 од 04.07.2018 година систематизирани се вкупно 62 работни места, од кои заклучно со 18.02.2019 година пополнети

Page 3: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

3 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТсе вкупно 37 работни места и тоа 4 виши инспектори, 17 советници инспектори, 5 самостојни инспектори, 3 помлади инспектори, 3 административни службеници, додека 5 помлади инспектори во текот на календарската година треба да се стекнат со лиценца за инспектор за самостојно вршење на инспекциски надзор.

II. ИНСТИТУЦИОНАЛНИ НАДЛЕЖНОСТИ

Државниот управен инспекторат, согласно со надлежностите утврдени во член 2 од Законот за управната инспекција врши инспекциски надзор над примената на одредбите од Законот за општата управна постапка, Законот за инспекциски надзор и другите закони што содржат одредби за управната постапка.; надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Закон за забрана на вршење на нерегистрирана дејност, како и надзор над извршувањето на прописите за канцелариското работење согласно со Уредба за канцелариско и архивско работење и Упатство за начинот и техниката на постапувањето со архивскиот материјал и документарианиот материјал во канцелариското и архивското работење.

Инспекцискиот надзор се врши во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и  институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје. III. МИСИЈА

Во вршењето на инспекцискиот надзор согласно член 9, член 9 – а и член 9 – б од Законот за управната инспекција инспекторите се овластени:- да наредат решавање на управните работи за кои изминал

законскиот рок за решавање и да определат дополнителен рок не подолг од 30 дена;- да наредат вклучување на заинтересираните странки во управната постапка заради заштита на нивните права и интереси и да определат рок не подолг од седум дена;- да наредата обезбедување на докази по службена должност од

службената евиденција што ја води органот надлежен за решавање, друг државен орган, правни и други лица на кoи со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, општините и градот Скопје и да определат рок не подолг од три дена;- да наредат доставување на докази кои се барани по службена

должност од други органи и да определат рок не подолг од три дена;

Page 4: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

4 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ- да наредат извршувањее на правосилните управни акти и да

определат рок не подолг од 30 дена;- да наредат утврдување и напллата на трошоците во управната

постапка и да определат рок не подолг од 15 дена;- да наредат на второстепениот орган самиот да го реши предметот

кога постапува по изјавена жалба против решение кое еднаш било поништено и вратено на повторно одлучување и да определат рок не подолг од 30 дена;- да наредат отстранување на други недостатоци во водењето на

управните постапки и да определат рок не подолг од 15 дена;- да наредат отстранување на недостатоците во поглед на примената

на прописите за канцелариското работење во рок не подолг од 15 дена;- да поднесат кривична пријава за сторено кривично дело, барање за

поведување на прекршочна постапка или иницијатива за покренување на дисциплинска постапка,- да вршат други работи за чие извршување се овластени со закон- да наредат ажурирање на податоците во Регистарот на вработени во

јавниот сектор преку информациониот систем за управување со човечки ресурси кој го води Министерството за информатичко општество и администрација, во рок од 7 дена;- да наредат доставување на извештај за реализација на Годишниот

план за вработување, доколку рокот за доставување на извештајот изминал и да определат рок не подолг од 7 дена;- да наредат спроведување на постапка за управување со ефектот на

административните службеници, доколку е поминат рокот и да определат дополнителен рок не подол од 30 дена;- да превзеат други мерки утврдени со закон;- да остваруваат непосреден увид во примената и извршувањето на

прописите за канцелариско работење;- да укажат на субјетот на надзор за утврдените недостатоци и

немправилности во работењето и - да наредат во определен рок отстранување на утврдените

недостатоци но не подолг од 15 дена.

Државниот управен инспекторат првенствено извршувајќи превентивна функција при вршење на инспекциски надзор има за цел да се подобри управното и кацелариското работење на институциите во кои се врши инспекцискиот надзор пред се почитување на основите начела утврдени во Законот за општата управна постапка,  навременото, економичното и ефикасното остварување на правата и интересите на граѓаните и другите учесници во управната постапка во решавањето на управните работи; постапувањето во пропишаните рокови во првостепената и второстепената управна постапка, како и во роковите определени со акти на судските органи; вклучување на заинтересираните странки во управната постапка заради заштита на нивните права и интереси, обезбедување на докази по службена должност од службената евиденција што ја води органот надлежен за решавање, друг државен орган, правни и други лица кои имаат јавни овластувања, општините и градот Скопје,

Page 5: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

5 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТдоставувањето на управните акти и другите писмена, примањето и евидентирањето на поднесоците и др.

Воедно, при вршење на инспекциски надзор во поглед на спроведувањето на одредбите на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, а со цел нивно правилна и целосна имплементација државниот управен инспекторат врши надзор особено во погледа на: постапката за донесувањето на актите за организација и ситематизација на работните места во институциите најавниот сектор; редовното ажурирање на податоците во Регистарот на вработените во јавниот сектор од страна на секоја институција на јавниот сектор, а кои се однесуваат на самата институција и на нејзините вработени, кое ажурирање се врши преку информациониот систем за управување со човечки ресурси кој го води Министерството за информатичко општество и администрација; донесувањето на годишните планови за вработување во институциите на јавниот сектор и доставување на извештаите за доставување на годишните планови;формата и содржината на огласите за вработување во институциите на јавниот сектор; постапката за вработување на административните службеници; постапката за унапредување на административните службеници; постапката за мобилност на административните службеници; постапката за управување со ефектот на административните службеници; постапката за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност на административните службеници; постапката за престанок на работен однос на административните службеници; постапката по жалби на административните службеници и другите прашања во врска со статусот на административните службеници,

IV.ВИЗИЈА

Основната цел на Државниот управен инспекторат утврдена со Законот за управната инспекција е заштитата на правата на странките и заштитата на јавниот интерес, еднаквост на странките пред органите на државната управа и доследна примена на законите, објективност при одлучувањето во управната постапка, ефикасно остварување на правата и интересите на странките во управната постапка без нејзино одолговлекување, правото на жалба против поединечните управни акти донесени од првостепените органи доколку со закон тоа е утврдено како и економичност и итност на управната постапка што се води пред првостепенте и второстепените органи, како и решавањето на управните предмети во роковите утврдени со закон.

V. ВРЕДНОСТИ НА ИНСПЕКЦИСКАТА СЛУЖБА

Заложбите на раководните службени лица и вработените во Државниот управен инспекторат при извршувањето на надлежностите утврдени во Законот за управната инспекција се: инспекторите при вршењето на инспекциските надзори да постапуваат согласно со овластувањата

Page 6: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

6 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТутвредни во Законот за управната инспекција; еднаквост, непристрасност и објективност при примената на законите и другите прописи, почитување на човековите права, самостојност при вршењето на инспекциските надзори, јавност во работењето, пропорционалност при изрекувањето на инспекциските мерки, превентивно делување на инспекторите при инспекциските надзори и сл.

VI. ПОЈДОВНИ ОСНОВИ ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Програмата за работа на Државниот управен инспекторат за 2020 година е подготена врз основа на член 15 став (1) од Законот за инспекциски надзор според кој се предвидува: ,,Директорот на Инспекторатот изготвува Предлог годишна програма за работа на инспекциската служба и истата ја доставува до Инспекцискиот совет најдоцна до 30 септември во тековната година за наредната година.“ VII. ЦЕЛИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ОСТВАРАТ СО ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

Главните придобивки што се очекуваат со Предлог Програмата за работа во 2020 година се: законито и ефикасно постапување на инспекторите при вршењето на инспекциските надзори, доследна примена на Законот за општата управна постапка и материјалните закони што содржат одредби за управната постапка во субјектите во кои ќе се врши редовен инспекцскиот надзор, навременото и ефикасното остварување на правата и интересите на граѓаните од областа на здравстевното и пензиското осигурување, постапувањето на првостепените органи во пропишаните рокови за одлучување по поднесените барања, доставата на списите до второстепените органи по повод изјавен правен лек, одлучувањето во повторна постапка по второстепено решение, примена на прописите од областа на урбанизамот и прописите од областа на човечки ресурси во општините, Градот Скопје и општините во градот Скопје, а при контролените инспекциски надзор утврдување дали се извршени решенијата со кои е наредено отстранување на недостатоците во определените рокови утврдени при редовните инспекциски надзори или при вонредните инспекциски надзори извршени по поднесените предлози, претставки и иницијативи од физички, правни, и други лица кои учествуваат пред надлежените орган како странки во управната постапка.

VIII. АНАЛИЗА НА ОЧЕКУВАНАТА СОСТОЈБА ВО ОБЛАСТА НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

Еднаква и доследна примена на законите и подзаконските акти од страна на органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и институции кои вршат дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социлјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организимрани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република

Page 7: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

7 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТСеверна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

IX. РИЗИЧНИ ОБЛАСТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Врз основа на сознанијата од петходно извршени инспекциските надзори како ризични области во кои ќе се врши инспекциски надзор според оваа Предлог Програма за 2020 година се: навременото, економичното и ефикасното остварување на правата и интересите на граѓаните од областа на пензискиото, инвалидското и здравственото осигурување пред првостепените органи, почитување на законските рокови при одлучување по поднесените барања, обезбедување на докази по службена должност од службената евиденција што ја води органот надлежен за решавање, друг државен орган, правни и други лица кои имаат јавни овластувања, општините и градот Скопје; остварувањето на правото на правна заштита, примената на прописите од областа на урбанизамот во општините, Градот Скопје и општините во градот Скопје како и прописите од областа на човечки ресурси во општините на Република Северна Македонија, Градот Скопје и општините во градот Скопје.

X. СЛОЖЕНОСТ НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ НАДЗОРИ

Сложеноста на инспекциските надзори се утврдува врз основа на бројот на инспекциските надзори на секој инспектор месечно (редовни, контролни или вонредни), обемот на инспекцискиот надзор (управно и канцелариско работење во конкретниот субјект на надзор), одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници, Законот за инспекциски надзор, примената на прописите за канцелариското работење, бројот на субјектите на надзор, обемот на прописите кои се предмет на надзор, времето потребно за вршење на надзор, просечната вредност на извршените надзори по денови, како и од висината на изречената глоба која може да се изрече за недостатоците утврдени при надзорот. За утврдување на коефициентот на сложеност на инспекциските надзори директорот на Државниот управен инспекторат има донесено Одлуката бр. 02-361/1 од 15.10.2015 година според која се утврдени следните коефициенти на сложеност со следните вредности и тоа: Q1= 4 бода, Q2=5 бода, Q3=10 бода, Q4=13 бода и Q5=16 бода.

XI. ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА СУБЈЕКТИ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО 2019 ГОДИНА

Во текот на 2020 година, Државниот управен инспекторат ќе врши инспекциски надзор во следните органи, установи и институции и тоа:

1. Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, редовен;

Page 8: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

8 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ2. Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија,

редовен;3. Јавни установи за стари лица, редовен; 4. Општините, Градот Скопје како и општините во град Скопје во

организационите единици од областа на урбанизмот, редовен; 5. Општините, Градот Скопје како и општините во град Скопје во

организационите единици од областа на човечките ресурси, редовен;

6. Министерство за здравство, контролен; 7. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,

контролен; 8. Министерство за локална самоуправа, контролен; 9. Министерство за труд и социјална политика, контролен; 10.Министерство за надворешни работи, контролен; 11.Средни училишта, контролен; 12.Центри за социјална работа, контролен; 13.Субјектите во кои беше вршен редовен инспекциски надзор во

поглед на примената на одредбите Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административните службеници во 2019 година, контролен и

14.Во субјектите во кои ќе се врши инспекциски надзор во управното и канцелариското работење, дополнително ќе се врши редовен надзор во поглед на примената на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административните службеници

XII.ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

Согласно член 15-а од Законот за управната инспекција и член 32 од Законот за инспекциски надзор, Државниот управен инспекторат инспекцискиот надзор го врши како:

- редовен, - контролен и - вонреден инспекциски надзор

Редовен инспекциски надзор се врши над примената на одредбите од:Законот за општата управна постапка и другите закони и прописи што содржат одредби за управната постапка, а кои се однесуваат особено на:- навременото економичното и ефикасното остварување на правата и

интересите на граѓаните и другите учесници во управната постапка во решавањето на управните работи постапувањето во пропишаните рокови во првостепената и второстепената управна постапка, како и во роковите определени со актите на судските органи;

- постапувањето во пропишаните рокови во првостепената и второстепената управна постапка, како и во роковите определени со актите на судските органи;

- вклучување на заинтересираните странки во управната постапка заради заштита на нивните права и интереси;

Page 9: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

9 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ- обезбедување на докази по службена должност од службената

евиденција што ја води органот надлежен за решавање, друг државе орган, правни и други лица кои имаат јавни овластувања, општините и градот Скопје;

- извршувањето на правосилните управни акти;- наплатата на трошоците во управната постапка;- примање на поднесоците;- издавањето на уверенија и други јавни исправи за одредени факти од

службената евиденција;- стручната подготовка на државните службеници и вработените кои

преземаат дејствија во управната постапка;- доставувањето на управните акти и другите писмена;- начинот на однесувањето и работењето на админстративните

службеници и вработените, со цел да се обезбеди почитување на принципите на законитост, професионален интегритет, ефикасност, одговорност и лојалност при вршење на ивните службени должности;

- спроведување на мерките на надлежните органи за подобрување на работата при решавањето на управните работи и

- употреба на јазиците на странките во управната постапка, правната помош меѓу органите и другите учесници во управната постапка и други работи утврдени со Законот за општата управна постапка и други закони.

Надзорот во односн на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници опфаќа надзор над:- постапката за донесување на актите за организација и ситематизација

на работните места во институциите најавниот сектор;- редовно ажурирање ан податоците во Регистарот на вработените во

јавниот сектор од страна на секоја институција на јавниот сектор, а кои се однесуваат на самата институција и на нејзините вработени, кое ажурирање се врши преку информациониот систем за управување со човечки ресурси кој го води Министерството за информатичко општество и администрација;

- постапка за донесување на годишните планови за вработување во институциите на јавниот сектор и доставување на извештаите за доставување на годишните планови;

- формата и содржината на огласите за вработување во институциите на јавниот сектор;

- постапката за вработување на административните службеници;- постапката за унапредување на административните службеници;- постапката за мобилност на административните службеници;- стручното усовршување на административните службеници;- постапката за управување со ефектот на административните

службеници;- постапката за утврдување на дисциплинска и материјална одговорност

на административните службеници;- постапката за престанок на работен однос на административните

службеници;

Page 10: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

10 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ- постапката по жалби на административните службеници и - другите прашања во врска со статусот на административните

службеници.

Надзорот над прописите за канцелариското работење опфаќа надзор над:- приемот, прегледувањето и распоредувањето на документите/записите,- заведувањето на документите/записите,- доставувањето на документите/записите во работата,- административно – техничката обработка на документите/записите,- испраќањето на документите/записите,- разведувањето и класифицирањето на документите/записите и - одлагањето на решениете документи/записи во писарницата.

Контролен инспекциски надзор се врши согласно член 19 од Законот за управната инспекција со цел да се утврди дали се извршени решенијата со кои е наредено отстранување на недостатоците во определените рокови утврдени при редовниот инспекциски надзор или при вонреден инспекциски надзор извршен по поднесените предлози, претставки и иницијативи од физички, правни, и други лица кои учествуваат пред надлежените орган како странки во управната постапка.

Вонреден инспекциски надзор се врши по поднесени иницијативи од физички, правни, и други лица учесници во управната постапката , поради непостапување на органите на државната управа, другите државни органи, установи и институции, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања,органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје по нивните барања, по Заклучоци од Владата на Република Северна Македонија, по налог од министерот, директорот на Инспекторатот и од претседателот на Инспекцискиот совет.

Вонредните инспекциски надзори инспекторатот ги планира со одреден број, но не може да ги планира целосно во месечните оперативни планови, поради тоа што не може да се предвиди точно колку иницијативи ќе бидат поднесени во текот на месецот.

За вршење на редовен и контролен инспекциски надзори Директорот на Државниот управен инспекторат донесува месечни оперативни планови .

XIII. ПЛАН ЗА МИНИМАЛНИ КВАНТИТАТИВНИ ЦЕЛИ

Согласно Законот за управната инспекција Државниот управен инспекторат врши инспекциски надзор во субјектите на надзор во поглед на примената на одредбите од Законот за општата управна постапка, Законот за инспекциски надзор и другите закони и прописи што содржат одредби за управната постапка, надзор на примената на прописите за канцелариското работење, како и надзор над примената на одредбите од

Page 11: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

11 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТЗаконот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Однапред, односно пред извршениот инспекциски надзор во конкретниот субјект не сме во можност да се изјасниме за очекувани неправилности во работењето на субјектите на надзор, ниту пак за поднесените барања за поведување на прекршочна постапка, кривична одговорност или други инспекциски мерки кои би биле изречени на ниво на месец, квартал или на годишно ниво.

Врз основа на погоре изнесеното не сме во можност однапред да изготвиме табеларен преглед од член 19 и 20 од Правилникот за формата и содржината на годишната програма за работа на инспекциските служби (,,Службен Весник на РМ,, бр. 44/2015), со број на очекувани – претпоставени недостатоци во работењето на субјектите кои би биле предмет на инспекцискиот надзор по ризични области.

Државниот управен инспекторат, инспекциските надзори во 2020 година ќе ги врши како редовни и контролни планови за што ќе изготвува месечен план за вршење на инспекциски надзор, а вонредните инспекциски надзори по поднесени претставки или иницијативи од физички и правни лица во текот на секој месец ќе се планираат, но истите не сме во можност точно да ги предвидиме во Програмата за работа.

Со Законот за управната инспекција не е утврдена едукација и мандатно казнување.

Управните инспектори при вршењето на инспекциските надзори првенствено вршат превентивна функција, а преземаат инспекциски мерки тогаш кога со превентивната функција не може да се обезбеди целта на инпекцискиот надзор.

XIV. АНАЛИТИЧКО-ИНФОРМАТИВНА ДЕЈНОСТ

Државниот управен инспекторат врз основа на извршениот инспекциски надзор во 2020 година ќе изготви:

1. Извештај за работата на Државниот управен инспекторат за 2019 година;

2. Извештај за спроведени инспекциски надзори над спроведување на одредбите од Законот за административни службеници, како и на прописите донесени врз основа на овој закон во 2019 година;

3. Програма за работа на Државниот управен инспекторат за 2021 година и по потреба;

4. Информации за утврдените состојби од извршениот редовен, контролен или вонреден инспекциски надзор во органите на државната управа од соодветната област, како и изготвување на

Page 12: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

12 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТинформации по Заклучоци донесени од Владата на Република Северна Македонија.

XV. СОРАБОТКА НА ИНСПЕКТОРАТОТ СО ДРУГИ ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА И ОДРЖУВАЊЕ НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ

Државниот управен инспекторатот во рамките на надлежности утврдени со закон континуирано ќе соработува со сите органи на државната управа, другите државните органи, установи и институции, правни и други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања, општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, кога во управните работи, непосредно применувајќи ги прописите одлучуваат за правата, обврските или правните интереси на физички и правни лица како странки во управната постапка во согласност со закон.

Во интерес на граѓаните, Инспекторатот ќе остварува посебна соработка со другите Државни инспекторати и инспекциски служби на Единиците за локална самоуправа надлежни за вршење на инспекциски надзор.

Во рамките на оваа соработка по потреба ќе се организираат заеднички договорни состаноци за заедничко вршење на координирани надзори кои ќе придонесат за отстранување на недостатоците и слабости во работењето на органите, се со цел за доследна примена на одредбите од материјалните закони и Законот за општата управна постапка, како и за ефикасно и ефективно остварување на правата, обврските и правните интереси на странките во управната постапка согласно со закон.

Во 2020 година за реализацијата на Годишната програма за 2020 година, годишниот извештај за работењето во 2019 година и месечните оперативни планови, ќе одржи редовни состаноци со сите вработени, на кои ќе бидат разгледани стручни прашања кои произлегуваат од инспекцискиот надзор, кадровското екипирање и техничката опременост на органот, како прашања кои се однесуваат остварувањето на правата и обврските на вработените.

XVI. СЛЕДЕЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА

Државниот управен инспекторат во текот на 2020 година континуирано ќе ги следи состојбите во областа, а особено состојбите во поглед на примената на законите и другите прописи со кои се обезбедува законитост, ажурност, ефикасност и економичност во работењето на органите на државната управа, другите државни органи, организации и институции над кои согласно Законот за управната инспекција врши инспекциски надзор и аналогно на тоа ќе презема соодветни мерки и активности за отстранувањето на недостатоците во работењето на истите.

XVII. НОРМАТИВНА ДЕЈНОСТ

Page 13: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

13 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

Државниот управен инспекторат во нормативниот дел ќе учествува во работни групи при подготовка на закони или подзаконските акти.

XVIII. НАЧИН НА СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА

Реализацијата и спроведувањето на Годишната програма за работа на Државниот управен инспекторат ја следат Директорот на Инспекторатот и Вишите инспектори преку имплементацијата и операционализацијата на кварталните планови и месечните оперативни планови за вршење на инспекциски надзор

XIX.ЗАВРШЕН ДЕЛ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА

За спроведувањето на Годишната програма за работа на Државниот управен инспекторат за 2020 година се надлежни: Директорот на Инспекторатот и Вишите инспектори.

Доколку во текот на годината се појави потреба од изменување или дополнување на програмата за работа предлог поднесува директорот на Инспекторатот или останатите вработени.

Спроведувањето на Годишната програма за работа се врши преку изготвување на Квартални планови за вршење на инспекциски надзор на Инспекторатот и месечни оперативни планови за вршење на инспекциски надзор за секој инспектор за што се грижи Директорот на Инспекторатот.

Надлежни за анализирање и периодично оценување и информирање за реализацијата на Програмата се Директорот и Вишите инспектори.

Програмата за работа на Државниот управен инспекторат се објавува на веб страната на Инспекторатот од каде имаат можност да се информираат сите вработени во Инспекторатот со нејзината содржина, планираните субјекти и видот на вршење на инспекциски надзор во наредната година.

Спротивно постапување на програмата не е дозволено, а доколку во одредени состојби се наметне потребата од вршење на инспекциски надзор во одредени субјекти кои не се предвидени со Годишната програма за работа за 2020 година, директорот на Инспекторатот ќе врши дополнување на истата.

Годишната програма за работа на Државниот управен инспекторат за 2020 година ќе се применува од 01 јануари 2020 година.

Page 14: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

14 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

Бр. ________________________17 Октомври 2019 година

Скопје

ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД бр. 1на План за минимални квантитативни цели

Реденброј

Институции Вид на инспекциски надзор

Претпоставени неправилности

Број на предмети

Коефициент на сложеност

1. Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија

Редовен/ Вонреден инспекциски надзор

- не донесување на управни акти во прв степен во законски утврденито рок,- не препраќање на списи на преметите до второстепен орган по поднесена жалба, - не донесување на решение во повторна постапка по добиена одлука од второстепен орган со која жалбата е уважена, во законски

20Q3=10

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

ДИРЕКТОРФаница Николоска

Page 15: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

15 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТутврдениот рок-недоставување на второстепеното решение до странката

2. Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

Редовен/Вонреден инспекциски надзор

- не донесување на управни акти во прв степен во законски утврденито рок,- не препраќање на списи на преметите до второстепен орган по поднесена жалба, - не донесување на решение во повторна постапка по добиена одлука од второстепен орган со која жалбата е уважена, во законски утврдениот рок

20 Q3=10

3. Државна комисија за одлучување во управна постапка постапка од работен однос во втор степен

Вонреден инспекциски надзор

- не донесување на решение во повторна постапка по добиена пресуда од Управен суд со која тужбата е уважена, во законски утврдениот рок-неодлучување во законски

20 Q3=10

Page 16: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

16 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТутврдениот рок по поднесена жалба и др.

4. Сектор за урбанизам во општините во РМ

Редовен/ Вонреден инспекциски надзор

-не одлучување по поднесено барање во законски утврдениот рок-не препраќање на списи од преметите по поднесена жалба до второстепениот орган , - не донесување на решение во повторна постапка по добиена второстепена одлука со која жалбата е уважена.

40 Q3=10

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТДИРЕКТОР

Фаница Николоска

Page 17: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

17 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД бр. 2За ризик на инспекторите

поради неизвршени или извршени инспекциски надзори

1. 2. 3 4 5.

Реденброј

Вид на инспекциски надзор

Ризик од злоупотреба на инспекторите при вршењето на инспекциски надзор

Ризични области

Превземени соодветни мерки

1.Редовен,Контролен, Вонреден

-не постапување по оперативниот месечен план за вршење на инспекциски надзор, донесен од Директорот на Инспекторатот.

Субјектите на надзор во кои се врши надзорот , при што однапред неможе да се предвидат недостатоците кои би се утврдиле

Поднесување на барање до Инспекцискиот совет за поведување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорост на инспекторот

2. По добиена иницијатива за надзор, налог на Директорот на Инспекторатот или од Инспекцискот совет

-не постапување по поденесената иницијатива/налог за вршење на вондреден инспекциски надзор-непреземање на инспекциски мерки и дејствија согласно со овластувањата утврдени во Законот за управната

Субјектите на надзор во кои се врши надзорот , при што однапред неможе да се предвидат недостатоците кои би се утврдиле

Поднесување на барање до Инспекцискиот совет за поведување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорост на инспекторот

Page 18: ГОДИШНА ПРОГРАМАduinspektorat.mioa.gov.mk/.../Programa_za2020g.docx · Web viewВо 2020 година за реализацијата на Годишната програма

18 Државен управен инспекторатРепублика Северна Македонија

Ул. „Ѓуро Стругар“ бр. 5, Скопје Република Северна

+389 2 3225 949www.duinspektorat.mioa.gov.mk

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТинспекција

3. -контролен инспекциски надзор

-непреземање на инспекциски мерки и дејствија согласно со овластувањата утврдени во Законот за управната инспекција

Субјектите на надзор во кои се врши надзорот , при што однапред неможе да се предвидат недостатоците кои би се утврдиле

Поднесување на барање до Инспекцискиот совет за поведување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорост на инспекторот

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТДИРЕКТОР

Фаница Николоска