38
План за час по англиски јазик Одделение седмо одделение Наставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен! Наставна единица 1. Презентација на текстот “Тина и ја кажува вистината на Карен! “ Датум 28.12.2011 Цели на часот Ученикот да може: да усвои нови зборови и фрази да го увежба читањето на дадениот текст Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот. Наставникот ги потсетува учениците на претходните текстови поставувајќи прашања поврзани со нив (на пр. Does Karen like Ricky? Does Ricky like Karen? Why doesn’t Ricky speak to Karen? What did the two girls think when they met each other at the Charing Cross Station?). Наставникот ги прашува учениците што тие би направиле кога би биле на местото од Карен или Џеф. Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ги погледнат сликите дадени на страница бр.30. Тој ги прашува каде се одвива дејството и кој се спрема да нурка во базенот. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат текстот и да го прочитаат. Потоа, наставникот поставува прашања поврзани со текстот. Наставникот го пушта последниот дел од дијалогот за учениците да го слушнат, прочитаат и да го повторат слушнатото. Наставникот ги прашува учениците кои зборови им се непознати и истите ги запишува на таблата, а потоа бара од учениците да отворат online речник, да го пронајдат значењето на овие зборови и истите да ги запишат во нивните тетратки. Во парови, учениците го читаат првиот дел од дијалогот поделени по улоги, а вториот дел го Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 1. Презентација на текстот “Тина и ја кажува вистината на Карен! “Датум 28.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови и фрази да го увежба читањето на дадениот текст

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги потсетува учениците на претходните текстови поставувајќи прашања поврзани со нив (на пр. Does Karen like Ricky? Does Ricky like Karen? Why doesn’t Ricky speak to Karen? What did the two girls think when they met each other at the Charing Cross Station?). Наставникот ги прашува учениците што тие би направиле кога би биле на местото од Карен или Џеф.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ги погледнат сликите дадени на страница бр.30. Тој ги прашува каде се одвива дејството и кој се спрема да нурка во базенот. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат текстот и да го прочитаат. Потоа, наставникот поставува прашања поврзани со текстот. Наставникот го пушта последниот дел од дијалогот за учениците да го слушнат, прочитаат и да го повторат слушнатото.Наставникот ги прашува учениците кои зборови им се непознати и истите ги запишува на таблата, а потоа бара од учениците да отворат online речник, да го пронајдат значењето на овие зборови и истите да ги запишат во нивните тетратки.Во парови, учениците го читаат првиот дел од дијалогот поделени по улоги, а вториот дел го читаат поделени во групи од четворица. Потоа, одбираат пар и група кои најдобро го прочитале дијалогот.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да се обидат да го преведат дадениот дијалог. Тој им помага доколку има потреба од тоа.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, компјутери, Интернет, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, природен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 2: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Додатна активност Наставникот бара од учениците да ги затворат нивните учебници и да се обидат да погодат кој ги кажува речениците кој тој им ги чита од текстот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, слушање со разбирање, преведување), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, самооценување на учениците и сл.

Очекуван исход Учениците усвоија нови зборови и го увежбаа читањето на дијалогот.

Рефлексија на часот Учениците усвоија неколку нови зборови и го увежбаа читањето на дијалогот поделени по улоги. Сите ученици учествуваа во предвидените активности и не беа збележани некои потешкотии во текот на часот, освен кај двајца ученици кои имаа потреба од помош при читањето на дијалогот. Најинтересна активност на учениците им беше користењето на online речник и читањето на дијалогот по улоги. Кога би го повторила часот би можела да применам некоја игра поврзана со придавките во текстот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 3: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 2. Комуникативен модел: искажување на мислење и давање на советДатум 30.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои и увежба моделот на искажување мислење да го усвои и увежба моделот на давање совет

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот го насочува вниманието на вежба бр.1/стр.31 и бара од учениците да ги обележат дадените реченици како вистинити или погрешни, а погрешно напишаните реченици да ги поправат во вистинити искази. Неколку ученици ги читаат нивните одговори.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ги погледнат исказите во вежба бр.2 и да ги преведат истите на македонски јазик.Вежба бр. 3. Наставникот им објаснува на учениците дека ке слушнат пример во кој се искажува мислење за некое прашање. Тој го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат дијалогот, а потоа ги прашува за какво мислење станува збор во овие примери. Наставникот повторно ги пушта дијалозите за учениците да ги слушнат и да ги повторат истите. Во парови, учениците составуваат слични дијалози како дадениот пример користејќи ги дадените опции во оваа вежба.Наставникот им објаснува на учениците дека во секојдневието доста често слушаме или даваме совети на некого во врска со некој проблем или прашање. Тој го поучува начинот на давање совети со модалниот глагол “should”. Потоа, го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да го повторат дадениот пример. Учениците ги читаат речениците во вежба бр.4 и се обидуваат да дадат совет во врска со искажаните проблеми. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да состават дијалози во кои ќе го искажат нивното мислење, но кои ќе бидат различни од дадените примери во вежба бр.3. Учениците работат во парови , а потоа ги презентираат нивните дијалози.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 4: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Наставни методи и форми на работа

Аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, природен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да го читаат текстот од претходниот час и да се обидат да го драматизираат.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, читање, слушање со разбирање, преведување), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците усвоија нови комуникативни модели-искажување на мислење и давање совет.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија и ги увежбаа комуникативните модели (искажување на мислење и давање совет) предвидени за овој час. Не беа забележани некои потешкотии и сите ученици учествуваа во предвидените активности. Најинтересна активност им беше вежба бр.3 бидејќи искажуваа сопствено мислење. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам интересна игра поврзана со давање мислење за однапред подготвени прашања.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 5: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина ѝ ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 3. Изговор на гласовите /ʊ/ и /u:/ во зборовитеДатум 23.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои и увежба изговорот на гласовите /ʊ/ и /u:/ да ги распознава гласовите во слушнати зборови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот бара од учениците да го прочитаат текстот на стр. 30 уште еднаш а потоа да ги затворат нивните учебници и да го отворат следниот линк( http://www.makeaquiz.net/quiz.php?quiz=34537&k=fc2a325f766af3f811f84a733842ef79) на кој е даден квиз поврзан со текстот. Учениците го решаваат квизот, а победник е оној кој има освоено најмногу поени.

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на постерот со дадените гласови, а особено на гласовите /ʊ/ и /u:/. Тој бара од учениците да се обидат да ги прочитаат зборчињата дадени како пример. Потоа, наставникот го насочува вниманието на вежба бр.5/стр.31 во учебникот и од учениците бара да ги слушнат и да ги повторат зборовите од аудиозаписот. Потоа, наставникот бара да ги слушнат зборовите и да го обележат зборот кој ќе го слушнат. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.Наставникот го насочува вниманието на дадената брзозборка. Потоа, бара од учениците да ја прочитаат и да ја повторат повеќе пати со тоа што ќе ја зголемуваат брзината на изговарање на реченицата.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да пронајдат во речник зборови во кои се среќаваат овие два гласа /ʊ/ и /u:/ и да ги запишат зборовите во табела во нивните тетратки.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 6: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Додатна активност Наставникот запишува неколку зборови на таблата кои се со измешан редослед. Учениците треба точно да ги подредат зборовите за да добијат точна реченица.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, изговор), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, квиз и сл.

Очекуван исход Учениците го увежбаа изговорот на гласовите /ʊ/ и /u:/ и ги препознаваат истите во слушнати зборови.

Рефлексија на часот Учениците без потешкотии го усвоија изговорот на гласовите /ʊ/ и /u:/ и ги препознаваа истите во слушнатите зборови. Сите ученици учествуваа во предвидените активности и не беа забележани некои потешкотии во текот на овој час. Најинтересна активност им беше решавањето на квизот поврзан со текстот “Тина ѝ ја кажува вистината на Карен” , а кога би го повторила овој час би можела да ги потсетам учениците и на веќе познатите фонетски симболи кои се среќаваат во претходните теми.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 7: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина ѝ ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 4. Граматика: степенување на придавките- компаративДатум 25.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои формите на придавките во компаратив да направи споредба помеѓу два предмета или две лица

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот црта две планини на таблата од кои едната е повисока од другата и бара од учениците да направат споредба помеѓу нив. Потоа, бара двајца ученици, од кои едниот е повисок, да излезат пред одделението и ги прашува останатите за споредба помеѓу нив. Наставникот ги запишува придавките high и tall на таблата и објаснува дека едната придавка се употребува за опис на предмети и растенија (high) , додека другата придавка се употребува за опис на лица (tall).

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на нацртаните планини на таблата и под нив ја запишува реченицата “Mountain A is higher than mountain B”, а потоа од учениците бара да ја воочат формата на придавката во оваа реченица. Наставникот ја поучува формата на придавките во компаратив (-er) и на оние придавки кои се повеќесложни (more). Тој нагласува дека некои придавки имаат неправилна форма во компаратив и запишува неколку примери на таблата.Учениците ја разгледуваат табелата од вежба бр.1/стр.32 и ја дополнуваат со формите на придавките во компаратив. Наставникот ја запишува табелата на таблата и го објаснува значењето на новите зборови кои се среќаваат. Ученици доброволци ја пополнуваат табелата на таблата за останатите од одделението.Тие прават споредба помеѓу самите нив употребувајќи дел од дадените придавки.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.2. Учениците ги дополнуваат речениците со формите на придавките во компаратив. Тие ги проверуваат нивните одговори со партнерот.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, демонстративен метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 8: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика)

Додатна активност Наставникот запишува неколку придавки на таблата и од учениците бара да ги запишат нивните форми во компаратив.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги усвоија и увежбаа формите на придавките во компаратив преку практични примери.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија формите на придавките во компаратив и ја разбраа нивната употреба. Мал дел од учениците имаа потреба од дополнително увежбување на формите во компаратив. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час. Најинтересна активност на учениците им беше споредбата на двајца соученици. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам наставно ливче или интерактивна вежба од Интернет.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 9: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина ѝ ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 5. Граматика: компарација со “than” и “not as …as”Датум 27.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба формите на придавките во компаратив да направи споредба помеѓу два предмета или две лица

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги потсетува учениците на формите на придавките во компаратив.

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.3/стр.32 и го чита дадениот пример. Тој споредува неколку ученици во одделението на истиот начин. Наставникот бара од учениците да ги погледнат дадените информации во табелата и да направат шест реченици правејќи споредба помеѓу Сели и Едвард. Тие ги проверуваат нивните одговори со партнерот, а неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата. Наставникот ја запишува формата “not as …as” на таблата и дава практичен пример за употребата на истата. Потоа, учениците користејќи ги информациите од дадената табела прават споредби со“not as …as”.

Завршен дел (15мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со реченици на кои им недостигаат придавки во компаратив. Учениците треба да одберат од дадените придавки и да ги вметнат во речениците со нивните форми во компаратив.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

демонстративен метод, метод на практична работа, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика)

Додатна активност Вежба бр.5/ стр.32.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, наставно ливче и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 10: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Очекуван исход Учениците ги увежбаа формите на придавките во компаратив преку практични примери.

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа придавките во компаратив и споредувањето на два предмети или лица со “than” и со “not as …as”. Споредбата со “than” им беше доста лесна, а додека при споредба со “not as …as” дел од учениците беа малку збунети. Сите ученици учествуваа во предвидените активности и сите активности им беа подеднакво интересни на учениците. Кога би го повторила истиот час би можела да применам песна во која се дадени придавки во компаратив, а кои учениците треба да ги пронајдат.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 11: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 6. Граматика: герунд (глаголска именка)Датум 30.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да прави разлика помеѓу глагол и именка да ја увежба употребата на герунg (глаголска именка)

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува неколку зборови на таблата и од учениците бара да одредат кои зборови се именки, а кои зборови се глаголи. Учениците ги запишуваат зборовите во табела.

Главен дел (20 мин) Наставникот објаснува дека многу глаголи можат да се употребат како именки и многу именки да се применат како глаголи. Тој објаснува дека кога глаголот е употребен како именка и завршува на “-ing” се вика герунд (глаголска именка). Потоа, учениците ја разгледуваат вежба бр.6 и со нивниот партнер треба да откријат кога зборот “swimming” е употребен како дел од глаголот, а кога е употребен како именка и дададат објаснување.Наставникот бара од учениците да го прочитаат текстот на стр.30 и да пронајдат примери на глаголски именки, а истите да ги запишат во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Наставникот го насочува вниманието на вежба бр.7 и бара од еден ученик да ги прочита дадените примери. Тој прашува во кој од примерите подмет е глаголска именка, а во кој предмет е глаголска именка. Потоа, учениците ги пишуваат речениците и ги проверуваат со нивните партнери. Неколку ученици ги читаат нивните одговори и ги запишуваат глаголските именки на таблата.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (глаголска именка)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да погледнат во вежба бр.6 и вежба бр.7 и да ги пронајдат трите глаголи кои се употребени пред глаголските именки (like, love, hate)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 12: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ја усвоија формата и употребата на глаголската именка (герунg).

Рефлексија на часот Учениците ја усвоија формата на глаголската именка и нејзината употреба, но мал дел од нив беа збунети кога на пр. jumping е глаголска именка, а кога е дел од глаголот во Present Continuous Tense. Некои поголеми потешкотии не беа забележани во текот на овој час. Сите активности беа подеднакво интересни за учениците, а кога повторно би го одржала овој час би можела да применам вежби од Интернет. (http://www.english-grammar-lessons.com/ingform/exercise4.swf ) (http://a4esl.org/q/f/z/zz97mkm.htm)

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 13: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 7. Усвојување на нов вокабулар- во ресторанДатум 01.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нов вокабулар кој се применува во ресторан да се потсети на употребата на показните заменки (this, that,

these, those)

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги прашува учениците дали некогаш биле во ресторан, колку често одат во ресторан, со кого одат, кој ресторан најмногу им се допаѓа и зошто. Тој ги прашува дали на Тина и на Рики им се допадна ресторанот (од текстот на стр.30) и зошто не им се допадна.

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на менито дадено во вежба бр.1. Тој проверува дали има нови зборови и истите ги запишува на таблата, а од учениците бара да го откријат нивното значење. Наставникот прашува неколку ученици што мислат за даденото мени. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ги дополнат речениците во текстот. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите во одделението. Наставникот прашува неколку ученици која храна би ја одбрале тие од менито дадено во оваа вежба.Вежба бр.2. Наставникот го насочува вниманието на сликата и ги прашува учениците што гледаат на сликата и дали го среќаваат истиот прибор и во рестораните овде. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат и да ги повторат зборовите. Потоа, во парови, учениците ги увежбуваат зборовите и ги забележуваат одговорите на нивните партнери.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.3. Наставникот им појаснува на учениците дека храната била ужасна и дека тие треба да ги дополнат речениците со соодветните зборови. Наставникот бара неколку ученици да ги прочитаат нивните одговори.Наставникот ги прашува учениците за нивното мислење што да прават Синтија и Роџер сега, за да ја спасат нивната свршувачка.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 14: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Додатна активност Наставникот бара од учениците да го отворат следниот линк http://www.eflnet.com/vocab/dictionary/foodquiz2.php и да одговорат на прашањата од квизот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот, вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, сооценување на учениците во парови и сл.

Очекуван исход Учениците усвоија нови зборови кои се применуваат во ресторан. Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија предвидените

зборови и искажуваа свое мислење поврзано со даденото мени од сликата. Не беа забележани потешкотии во текот на овој час. Најинтересна активност на учениците им беше сооценувањето во парови, каде требаше да се утврди колку од зборовите учениците ги запаметиле. Кога би го повторила истиот час би можела да применам наставно ливче или краток видеозапис.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 15: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 8. Култура: СемејстваДатум 03.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нов вокабулар и да искаже сопствено мислење и став

да се стекне со познавања на други култури

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот бара од учениците да ги погледнат сликите на страница 35 во учебникот и да објаснат што гледаат на нив, односно во каква врска се ликовите на сликите и дали можат да ја одредат нивната возраст. Потоа, им кажува на учениците да фрлат поглед на текстот и да откријат каде живеат тие.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да го прочитаат текстот од вежба бр.1 и да ја откријат основната разлика помеѓу семејствата дадени на сликите. Тој ги прашува учениците дали имаат непознати зборчиња и истите ги запишува на таблата.Наставникот ги прашува учениците дали откриле која е разликата помеѓу овие две семејства и што е тоа што ги поврзува. Наставникот поставува прашања поврзани со текстот.Вежба бр.2. Наставникот ги прашува учениците дали тинејџерите од сликите имаат исто мислење во врска со семејствата. Потоа, бара од учениците да ја пополнат табелата од оваа вежба. Неколку ученици ги читаат нивните одговори.Вежба бр.3. Наставникот го чита дадениот пример. Потоа, во парови учениците прашуваат и одговараат на дадените прашања.Наставникот ги прашува учениците кое од дадените семејства на сликата е послично со семејствата во нашата земја и зошто.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.4. Наставникот бара од учениците да ги одговорат прашањата во нивните тетратки. Тие ги проверуваат нивните одговори со партнерот, а неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, природен метод, комуникативен метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)

Додатна активност Учениците го читаат дадениот текст од вежба бр.1 поделени по улоги и се обидуваат да го драматизираат.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 16: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање со разбирање, конверзација на дадена тема), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците го читаа дадениот текст, одговараа на прашања и искажуваа сопствено мислење.

Рефлексија на часот Учениците го читаа текстот поврзан со семејствата и се стекнаа со информации за други култури. Тие го разбраа текстот и имаа сосема мал број на непознати зборови, но мал дел од учениците имаа потешкотии при читањето и разбирањето на истиот. Учениците искажуваа сопствено мислење околу ставовите на ликовите од сликите, но повеќето сакаа да го искажат своето мислење на македонски јазик бидејќи не се чувствуваа сигурни при употребата на англискиот јазик. Најинтересна активност им беше вежба бр.1, а кога би го повторила овој час би можела да применам квиз поврзан со овој текст.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 17: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 9. Вештини: читање, слушање со разбирање и размена на мислење-

рубрика за проблемиДатум 06.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги развива вештините-читање и слушање со разбирање и разговор на дадена тема

да искаже сопствено мислење и ставФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот ги прашува учениците на кого му се обраќаат кога им е потребен некој совет и зошто токму на таа личност и се обраќаат за совет. Потоа, наставникот ги прашува дали некогаш ги читаат рубриките во списанијата во кои се даваат совети по одредени прашања и дали се популарни овие рубрики меѓу тинејџерите во Македонија.

Главен дел (20 мин) Наставникот им објаснува на учениците дека рубриките во весниците во кои се даваат совети или решенија за некој проблем, се доста популарни кај тинејџерите во Британија. Потоа, наставникот бара од учениците да ги прочитаат извадоците од списанието Top Teen и да ги поврзат писмата со дадените одговори или совети(вежба бр.1/стр.36). Потоа, наставникот бара учениците да ги затворат нивните учебници и да се потсетат на проблемите кои ги имале Деби и Леонард. Потоа, учениците ги отвараат учебниците и доколку имаат некој непознат поим истиот го запишуваат во нивните тетратки.Наставникот ги прашува учениците што мислат тие за дадениот совет на Деби и Леонард, дали е добар или не. Потоа, учениците слушаат мислење од други двајца тинејџери и ги дополнуваат речениците од вежба бр.2. Неколку ученици ги читаат дополнетите мислења од двајцата тинејџери.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.3. Во парови, учениците разговараат со нивниот партнер за советот кој го добил Леонард и искажуваат нивно мислење што Леонард би требало да направи или да не направи. Додека тие разговараат, наставникот се движи низ училницата и ги слуша нивните мислења.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, природен метод, комуникативен метод, аудио-визуелен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 18: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Додатна активност Во мали групи, учениците разговараат и составуваат листа со најчестите проблеми кои ги мачат тинејџерите на нивна возраст во нашата земја. По еден претставник во групата ја чита листата на неговата група.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање и слушање со разбирање, конверзација на дадена тема), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците го читаа дадениот текст, слушаа кратки искази и искажуваа сопствено мислење.

Рефлексија на часот Учениците го читаа дадениот текст и го разбраа истиот без некои потешкотии. Тие ги разбраа и слушнатите искази и соодветно ги дополнија речениците. Во текот на овој час учениците искажуваа свое мислење за дадените проблеми на двајца тинејџери и се разви убава дискусија на оваа тема во која учествуваа скоро сите ученици, со исклучок на тројца ученици чие познавање на јазикот е послабо.Сите активности од овој час им беа интересни на учениците, а кога би го повторила овој час би можела да искористам некои исечоци од тинејџерски списанија со слични проблеми за кои учениците би дале свои совети или би искажале мислење.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 19: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 10. Вештини: пишување писмо до рубрика за проблемиДатум 13.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да искаже свое мислење и став околу некој проблем да пишува краток состав според даден модел

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот бара од учениците да се потсетат на некои од најчестите проблеми кои ги имаат тинејџерите во денешно време, а за кои беше разговарано во текот на претходниот час.

Главен дел (30 мин) Наставникот бара од учениците да одберат еден од дадените проблеми и да одговорат на истиот искажувајќи сопствено мислење, став и давајќи совет до личноста која се соочува со тој проблем.Наставникот ги потсетува на дадениот модел за пишување на овој краток состав.Учениците го пишуваат своето мислење околу дадениот проблем на компјутер, а наставникот се движи низ училницата додека тие пишуваат и им помага околу вокабуларот доколку има потреба од тоа.Наставникот бара учениците да ги испратат нивните текстови на неговата e-mail адреса.

Завршен дел (5мин) Наставникот ги потсетува учениците дека утре е празникот Св. Валентин и зошто овој празник се слави во светот. Учениците пребаруваат на Интернет кратки поеми кои најмногу им се допаѓаат. ( на пр. од овој линк http://www.mydearvalentine.com/love/poems/) Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на пишување состав, комуникативен метод, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите) со информатика (работа на компјутери)

Додатна активност Наставникот дистрибуира ливчиња со најчести проблеми кои ги мачат тинејџерите. Во групи учениците одбираат најдобро решение за нивните проблеми и го искажуваат нивното мислење.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (пишување на краток состав на дадена тема), усни одговори на прашања од наставникот, писмена повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат сопствено мислење околу даден проблем.Рефлексија на часот Учениците ги пишуваа своите мислења околу неколку зададени Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 20: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

проблеми и кратките текстови ги испратија на дадената e-mail адреса. Не беа забележани некои поголеми проблеми во текот на часот, освен кај двајца ученици кои имаа потешкотии при пишувањето на кратки реченици со кои би го искажале сопственото мислење. Кога би го одржала истиот час би можела да побарам од учениците заедно да погледнеме неколку тинејџерски списанија и проблемите кои ги мачат тинејџерите насекаде во светот. (http://www.seventeen.com )

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 21: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 11. Вежби- употреба на “should” за давање совети и на “would” за

учтиви барањаДатум 15.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да го употреби модалниот глагол “should” за давање совети да искаже учтиво барање со “would”

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот бара од учениците да го отворат учебникот на страница бр.31 и да ја погледнат вежбата бр.4 во која беа искажани проблеми и начинот на кој се искажува совет. Тој ги прашува учениците со кој модален глагол дававме совети (should).

Главен дел (20 мин) Наставникот запишува неколку реченици на таблата со кои искажува некаков проблем, а потоа бара од учениците со употреба на модалниот глагол should да искажат совет во врска со секоја од дадените реченици. Неколку ученици ги запишуваат нивните реченици (совети) на таблата.Наставникот дистрибуира наставни ливчиња на кои се дадени неколку проблеми за кои учениците треба да дадат совет. Потоа, учениците ги читаат нивните одговори.Наставникот ја поучува употребата на модалниот глагол would за искажување на учтиво барање. Потоа бара од учениците да осмислат неколку учтиви барања и да ги запишат во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците поставуваат учтиво барање до некој од нивните соученици и бараат тој да им одговори на истото.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, комуникативен метод, фронтална работа, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)

Додатна активност Наставникот дава инструкции за играње на игра со давање совети со модалниот глагол should. Учениците ја играат играта поделени во групи.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во кратки дијалози, искажување совет и учтиво барање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат учтиви барања со would и даваат совети со примена на модалниот глагол should.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 22: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го увежбаа начинот на давање совети со примена на модалниот глагол should и искажувањето на учтиво барање со модалниот глагол would. Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а на неколку ученици им беше потребна помош при учеството во дијалозите и при пишувањето на нивните совети во врска со некој даден проблем.Најинтересна активност им беше искажувањето на учтиви барања до нивните соученици и одговарањето на истите. Кога би го повторила овој час не би менувала ништо, бидејќи часот беше интересн за учениците и беа постигнати целите на овој час.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 23: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 12. Песничка “Се повисоко и повисоко“Датум 17.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на формите на придавките во компаратив да усвои нови зборови и да ужива во изучувањето на јазикот

преку песничка

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува неколку придавки на таблата и од учениците бара да ги запишат нивните форми во компаратив и да ги употребат истите во реченица. Ученици-доброволци ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.

Главен дел (20 мин) Наставникот им кажува на учениците дека овој час ќе слушаат песничка која е насловена “Higher and higher” и ги прашува за што мислат дека се пее во оваа песна. Потоа, од учениците бара да ги отворат нивниоте учебници на стр.37, да ја погледнат сликата и да објаснат што гледаат сега. Наставникот ја пушта песничката за учениците да ја слушнат, а потоа ја пушта повторно за да ги прераспоредат дадените делови од песната. Наставникот ги прашува учениците дали имаат непознати зборови и истите ги запишува на таблата. Тој ја пушта песничката повеќе пати за учениците да ја слушнат и да се обидат да ја пеат. Наставникот ги прашува учениците за превод на неколку фрази дадени во песничката (вежба бр.2) и ги прашува дали можат да набројат три песни испеани за некоја девојка/жена и три песни испеани за некое момче/маж (вежба бр.3).

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да ги пронајдат глаголите дадени во Past Simple Tense и истите да ги запишат во нивната основна форма. Неколку ученици ги читаат нивните одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, компјутер, Интернет, екран, проектор и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на песна, природен метод, комуникативен метод, метод на практична работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика) со музичко образование (песничка)

Додатна активност Наставникот дистрибуира наставно ливче и им пушта песна со краток видеозапис (7 things- Miley Cyrus -

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 24: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

http://www.youtube.com/watch?v=Hr0Wv5DJhuk&ob=av2n ) . Учениците го дополнуваат текстот од песната со испуштените придавки. Потоа наставникот го пушта видеото со целиот текст од песната за учениците да ги проверат нивните одговори. (http://www.youtube.com/watch?v=na28EKgJWpA )

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, слушање со разбирање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците усвоија нови зборови и се потсетија на формите на придавките во компаратив.

Рефлексија на часот Учениците уживаа во текот на овој час изучувајќи го јазикот преку песни. Целиот час беше доста интересен за нив и сите ученици учествуваа во предвидените активности иако мал дел од нив имаа потреба од мала помош при решавањето на вежбите. Сите активности им беа подеднакво интересни и кога би го повторила истиот час не би менувала ништо.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 25: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 13. Потсетување на содржините од тема бр.3Датум 20.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на формите на придавките во компаратив да се потсети на вокабуларот и на граматичките структури

кои беа поучувани во склоп на оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува неколку зборови на таблата и од учениците бара да состават реченица во која ќе искажат споредба употребувајќи ја дадената придавка во компаратив. Потоа, запишува уште неколку слични примери. Учениците составуваат реченици со дадените зборови.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да го отворат следниот линк http://www.adelescorner.org/grammar/comparatives/comparatives1.html и да ја решат вежбата (дадените придавки да ги запишат во компаратив). Наставникот ги потсетува учениците на вокабуларот кој беше поучуван во склоп на оваа тема, а кој беше поврзан со предмети кои се среќаваат во ресторан. Учениците ги слушаат зборовите од наставникот и ги именуваат предметите на англиски јазик.Наставникот запишува во табела податоци на таблата. Од учениците бара да ги погледнат дадените податоци и да направат споредба употребувајќи ја формата “not as…as”. Учениците запишуваат реченици, а некои од нив ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува неколку реченици и од учениците бара да ги запишат истите во нивните тетратки и да ја заокружат глаголската именка во дадените реченици. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници,тетратки, училишен прибор, табла, креда, компјутери, Интернет, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, комуникативен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика) со информатика (работа со компјутери)

Додатна активност Учениците ја играат играта на меморија со придавките дадени во нивната основна форма и во компаратив

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 26: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

http://www.citycol.com/esol/saccess/lang_systems/vocabulary/v-int/v-i-it/comparatives.swf

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат познати зборови и правилно ги применуваат формите на придавките во компаратив.

Рефлексија на часот Учениците ги решаваа вежбите предвидени за овој час, но некои ученици имаа потреба од мала помош иако можеа да ги употребат придавките во компаратив. Најинтересна активност им беше играта на меморија која ја играа во парови. Кога би го одржала истиот час уште еднаш повеќе внимание би посветила на споредбата со “not as…as”.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 27: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.3- Тина и ја кажува вистината на Карен!Наставна единица 14. Потсетување и утврдување на содржините од тема бр.3Датум 22.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на вокабуларот и на граматичките структури кои беа поучувани во склоп на оваа тема

да го утврди своето познавање на содржините од овааа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (3 мин) Во кратки црти наставникот ги потсетува учениците на содржините

кои беа поучувани во склоп на оваа тема, односно на вокабуларот, комуникативните модели и на граматичките структури.

Главен дел (35 мин) Наставникот дистрибуира тестови изработени во две групи. Тој бара од учениците да ги погледнат вежбите и дава инструкции за решавање на истите. Доколку некој од учениците има некое прашање поврзано со вежбите од тестот, наставникот дава објаснување, односно одговор на истото. Наставникот ги објаснува критериумите за оценување на тестот. Учениците ги решаваат вежбите од тестот.

Завршен дел (2мин) Тестовите со решените вежби учениците ги враќаат кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

училишен прибор, табла, креда, тест, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на тест, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика)

Додатна активност Поправка на вежбите од тестот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усни одговори на поставени прашања), тест, писмена повратна информација, бодовна скала и сл.

Очекуван исход Учениците ги решаваат вежбите од тестот.

Рефлексија на часот Учениците ги решаваа вежбите од тестот. Од направената анализа на тестот може да се заклучи дека средниот успех е доста добар

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово

Page 28: дневни подготовки -VII одд.-тема бр 3

(просечна оцена е 3,75). Најусвоени содржини се вокабуларот и комуникативните модели, а најтешко за учениците е составувањето на реченици со дадени зборови во кои придавката треба да е употребена во компаратив.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” -Босилово