26
1 Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. ЧЛЕН 1 – ДЕФИНИЦИИ ВИЕ, ВАШ(И), ВИЕ ЛИЧНО: се однесува на лицето именувано во Планот на патување што сме го издале по плаќање на вкупната цена за превоз. НИЕ, НАШЕ, НИЕ ЛИЧНО, НАС, Wizz Air: се однесува на Wizz Air Hungary Ltd. и нивните вработени, услужен персонал и агенти. ШИФРА ШТО ОДРЕДУВА АВИОКОМПАНИЈА: две или три букви или знаци што ја идентификуваат авиокомпанијата. Шифрите за Wizz Air се W6 и WZZ. ДОГОВОРЕНО МЕСТО НА СОПИРАЊЕ: место назначено како такво во Планот на патување и во нашата база на податоци, коешто не се смета за Место на поаѓање или за Место на дестинација. БАГАЖ: значи ваша сопственост заедно со багажот што го носите со вас на патувањето како чекиран, нечекиран багаж или лична сопственост. ИДЕНТИФИКАЦИСКА ОЗНАКА НА БАГАЖОТ: документ кој се издава само за идентификација на вашиот чекиран багаж и кој се става на чекираниот багаж. ОЗНАКА ЗА ПОДИГАЊЕ НА БАГАЖОТ: документ кој се издава само за идентификација на вашиот чекиран багаж, залепена за Картата за влез во авионот. КАРТА ЗА ВЛЕЗ ВО АВИОН: документ (i) кој се издава на шалтерот за пријавување покрај вашата шифра на резервација или планот на патување и важечките патнички документи или (ii) што вие сте го испечатиле по завршување на постапката за пријавување на интернет, којшто ви дозволува да се качите во авионот. ПОВИКУВАЧКИ ЦЕНТАР: услуга за клиентите што се дава преку телефон, за која тековните телефонски броеви можат да се најдат на веб-локацијата. ТАКСА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ: износот што се плаќа ако патникот ја откаже резервацијата, како што е објаснето на веб-локацијата. ДОГОВОР ЗА ЧАРТЕР: договорот за чартер-превоз поставен согласно овие Општи услови на превоз. ЧЕКИРАН БАГАЖ: вашиот багаж што ние го земаме и за кој е издадена идентификациска ознака за багаж и ознака за подигање на багаж. КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: временското ограничување што сме го одредиле во тековните Општи услови на превоз, до истекот на кое мора да сте ги завршиле формалностите на пријавување и да сте ја примиле Картата за влез во авионот. УСЛОВИ НА ДОГОВОРОТ: изјави и известувања што се содржат во вашиот План на патување, во овие Општи услови на превоз, во правилата за приватност и во релевантните правила на законот.

Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

1

Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft.

ЧЛЕН 1 – ДЕФИНИЦИИ

ВИЕ, ВАШ(И), ВИЕ ЛИЧНО: се однесува на лицето именувано во Планот на патување

што сме го издале по плаќање на вкупната цена за превоз.

НИЕ, НАШЕ, НИЕ ЛИЧНО, НАС, Wizz Air: се однесува на Wizz Air Hungary Ltd. и нивните

вработени, услужен персонал и агенти.

ШИФРА ШТО ОДРЕДУВА АВИОКОМПАНИЈА: две или три букви или знаци што ја

идентификуваат авиокомпанијата. Шифрите за Wizz Air се W6 и WZZ.

ДОГОВОРЕНО МЕСТО НА СОПИРАЊЕ: место назначено како такво во Планот на

патување и во нашата база на податоци, коешто не се смета за Место на поаѓање или

за Место на дестинација.

БАГАЖ: значи ваша сопственост заедно со багажот што го носите со вас на патувањето

како чекиран, нечекиран багаж или лична сопственост.

ИДЕНТИФИКАЦИСКА ОЗНАКА НА БАГАЖОТ: документ кој се издава само за

идентификација на вашиот чекиран багаж и кој се става на чекираниот багаж.

ОЗНАКА ЗА ПОДИГАЊЕ НА БАГАЖОТ: документ кој се издава само за идентификација

на вашиот чекиран багаж, залепена за Картата за влез во авионот.

КАРТА ЗА ВЛЕЗ ВО АВИОН: документ (i) кој се издава на шалтерот за пријавување

покрај вашата шифра на резервација или планот на патување и важечките патнички

документи или (ii) што вие сте го испечатиле по завршување на постапката за

пријавување на интернет, којшто ви дозволува да се качите во авионот.

ПОВИКУВАЧКИ ЦЕНТАР: услуга за клиентите што се дава преку телефон, за која

тековните телефонски броеви можат да се најдат на веб-локацијата.

ТАКСА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ: износот што се плаќа ако патникот ја откаже резервацијата,

како што е објаснето на веб-локацијата.

ДОГОВОР ЗА ЧАРТЕР: договорот за чартер-превоз поставен согласно овие Општи услови

на превоз.

ЧЕКИРАН БАГАЖ: вашиот багаж што ние го земаме и за кој е издадена

идентификациска ознака за багаж и ознака за подигање на багаж.

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: временското ограничување што сме го одредиле во

тековните Општи услови на превоз, до истекот на кое мора да сте ги завршиле

формалностите на пријавување и да сте ја примиле Картата за влез во авионот.

УСЛОВИ НА ДОГОВОРОТ: изјави и известувања што се содржат во вашиот План на

патување, во овие Општи услови на превоз, во правилата за приватност и во

релевантните правила на законот.

Page 2: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

2

ПОВРЗАНИ ЛЕТОВИ: два или повеќе сегменти на лет по насока, резервирани на истата

резервација.

ДОГОВОР (ЗА ПРЕВОЗ): договорот за превоз со авион на патници и багаж, склучен

помеѓу вас и нас, согласно Условите на договорот, според кои ве превезуваме вас и

вашиот багаж од местото на поаѓање до местото на дестинација. Планот на патување и

ознаката за багаж го претставуваат договорот.

КОНВЕНЦИЈА: Конвенцијата на Монтреал за Унификација на определени правила што се

однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал на 5 мај 1999, како

што е изменувана и дополнувана од време на време.

ЗЕМЈИ ЗА КОИ ВАЖИ ПРЕВОЗОТ: оние земји каде што се лоцирани Местото на поаѓање,

Местото на дестинација и Договореното место на сопирање.

ЕКИПАЖ: овластен персонал што ги изведува должностите во авионот, наведен во редот

на летот, како што се пилоти, стјуардеси, технички и безбедносен екипаж, кои работат

во делокругот на својата професија.

ДЕН(А): календарски денови, вклучувајќи ги сите седум дена од неделата, со тоа што,

за цел на известување, денот кога е испратено известувањето нема да се смета.

ЕЕЗ: Европска економска зона, вклучувајќи ги земјите членки.

ЕУ: Европска Унија, вклучувајќи ги земјите членки.

ВОНРЕДНИ ОКОЛНОСТИ: настани кои не можат да се избегнат, дури и ако се преземат

сите разумни мерки, како што се, но не ограничено на, елементарни непогоди,

политичка нестабилност, метеоролошки состојби некомпатибилни со управувањето на

летот во прашање, безбедносни ризици, штрајкови, неочекувани недостатоци на

безбедност на летот и управувачки одлуки на авиосообраќајот, кои во однос на

посебен лет, на даден ден, предизвикуваат долго одложување или откажување на еден или повеќе летови со тој авион.

ЦЕНА НА ПРЕВОЗ: цена на превозот со авион од местото на поаѓање до местото на

дестинација. Цената на превозот вклучува такси и наплаќања и достапниот најнизок

износ на неизбежни Такси за други услуги.

ТАКСИ ЗА ДРУГИ УСЛУГИ/УСЛУЖНИ ТАКСИ: износите што се плаќаат за различни услуги

поврзани со превозот со авион, како што се објаснети на веб-локацијата, освен Таксата

за заштита на седиште и Таксата за откажување.

ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРЕВОЗ: мерките применети на превозот со авион на патници и

багаж што го изведува Wizz Air, како што е објаснет во овој документ.

УПРАВЕН ЗАКОН: законите на Унгарија што се применуваат во однос на врската што

потекнува од договорот, правилата и Конвенцијата, секој како што се спроведува од

време на време.

ДЕКРЕТ НА ВЛАДАТА/ДЕКРЕТ: Декрет на владата на Унгарија 25/1999. (II.12.) за

правилата за превоз со авион на патници, како што се изменува од време на време.

Page 3: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

3

IATA: Меѓународната асоцијација за авиотранспорт.

ЛЕТ НА ВРАЌАЊЕ/ДОАЃАЊЕ: последниот дел од повратно патување или самиот лет во

случај на патувања во еден правец.

МАЛО ДЕТЕ: дете чија возраст е под две години на датумот на патување.

ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ: документот што се издава на патници по целосна исплата на

Вкупната цена за превоз на Wizz Air, што ги содржи името на патникот и деталите на

летот, како што се место на поаѓање, место на дестинација и договорено место на

сопирање (ако постои), времињата на поаѓање и пристигнување и комплет препораки

за Условите на договорот и други важни известувања. Планот на патување ќе го

испечатите вие во случај кога резервацијата е направена преку интернет или ќе ви го

издаде патничката агенција што ја направила резервацијата за вас. Ако ја направите

резервацијата преку Повикувачкиот центар, ќе бидете известени за шифрата на

резервацијата, а планот на патување ќе ви биде испратен по факс, по е-пошта или по

пошта, согласно овие Општи услови на превоз.

ОЗНАКА ЗА ОГРАНИЧЕНО ИЗДАВАЊЕ: документот што ја изјавува нашата ограничена

одговорност за Чекираниот багаж, што на кој било начин е оштетен или не е со

соодветна големина или состојба или содржи кршливи предмети што сме ги прифатиле

за превоз. Ознаката ги забележува горенаведените недостатоци и карактеристики.

ЛЕТ НА ТРГНУВАЊЕ/ЗАМИНУВАЊЕ: првиот дел од повратно патување или самиот лет во

случај на патувања во еден правец.

ПАТНИК: лицето именувано како такво во Планот на патување што сме го издале и

забележано како такво во нашата база на податоци.

ПАТНИК СО НАМАЛЕНА ПОДВИЖНОСТ ИЛИ ШТО МУ ТРЕБА ПОСЕБНА ПОМОШ: значи

секое лице чија подвижност е намалена, што се должи на физичка неспособност

(сензорна или локомоторна), интелектуално нарушување, старост, болест или која било

друга причина за неспособност кога користи транспорт и чијашто ситуација бара

посебно внимание и приспособување на потребите на личноста на услугата што е

достапна за сите патници.

ЛИЧНА СОПСТВЕНОСТ: значи сопственост дефинирана во параграф 14.1.4 што можете

да ја внесете во авионот, покрај рачниот багаж, без плаќање такса за ракување.

ЛИЦЕ ШТО ПЛАЌА ЗА ПРЕВОЗОТ: приватно или правно лице што ја плаќа вкупната цена

за превоз, за превоз со авион што ние го обезбедуваме за патник, како што е наведено

во планот на патување.

МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ: местото назначено во планот на патување и во нашата база на

податоци како почетно место на превоз со авион.

МЕСТО НА ДЕСТИНАЦИЈА: аеродромот на дестинација на превозот со авион назначен

како таков во планот на патување и во нашата база на податоци.

ПРАВИЛА ЗА ПРИВАТНОСТ: правила на нашата веб-локација, што регулираат со

обработката на личните податоци што ги обезбедува патникот или лицата што плаќаат

за превозот на Wizz Air.

Page 4: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

4

РЕГУЛАТИВА: Регулатива (EC) бр. 261/2004 на Европскиот парламент и совет,

Регулатива бр. 1107/2006/EC на Европскиот парламент и совет и Регулатива бр.

2027/97/EC на Европскиот парламент и совет, како што се поправани и дополнувани од

време на време.

РАСПОРЕД: времето на поаѓање и пристигнување на индивидуални летовите, како што

ги определил Wizz Air и објавени на веб-локацијата.

SDR: Специјални права на повлекување, како што ги дефинирал Меѓународниот

монетарен фонд. (Тековната вредност на оваа валутна единица може да се најде на

веб-локацијата на IMF - www.imf.org - и на финансиските страници на поголемите

дневни весници.)

ТАКСА ЗА ЗАШТИТА НА СЕДИШТЕ: износот што треба да се плати, како што е објаснето

на веб-локацијата, ако Wizz Air го искористи своето право и ја откаже резервацијата,

што се должи на причини што се припишуваат на патникот, согласно овие Општи

услови на превоз.

ТАРИФИ: правила и услови достапни на веб-локацијата во однос на Вкупната цена за

превоз и таксите и цените за различни услуги што ги обезбедуваме, како и други

регулативи на Wizz Air. Повеќе информации за Тарифите може да се најдат на нашата

веб-локација.

ВКУПНА ЦЕНА НА ПРЕВОЗ: цената што се плаќа за сите услуги што ви ги обезбедува

Wizz Air, што ја вклучува Цената за превоз со авион и Таксите за други услуги.

ПАТНИЧКИ ДОКУМЕНТИ: документите според законот и регулативите на земјите

опфатени во превозот, за поминување на границата, поминување и/или престој во

дадена држава.

НЕЧЕКИРАН БАГАЖ/РАЧЕН БАГАЖ: вашиот багаж, што не е чекиран багаж, што останува

во ваша сопственост за целото траење на патувањето.

ВЕБ-ЛОКАЦИЈА: wizzair.com

ЧЛЕН 2 – ПРИМЕНЛИВОСТ

2.1 ОПШТИ ПРОПИСИ

Прописите на овие Општи услови на превоз за патници и багаж - во рамките

дефинирани во параграф 2.2 - формираат дел од договорот, склучен помеѓу вас и нас.

2.2 ПРИМЕНЛИВОСТ

Превозот на патници и багаж се води според прописите на овие Општи услови на

превоз, што стапуваат во сила на датумот на издавање на Планот за патување, ако во

него како превозник е назначен Wizz Air.

2.3. ЧАРТЕР ДЕЈНОСТИ

2.3.1. Ако превозот е изведен согласно Договорот за чартер, овие Општи услови за

превоз важат само до степен или со анексите, како што се поставени во Договорот за

чартер, во регулативата за чартер во Член 19 или во картата за чартер.

2.4 АНУЛИРАЧКИ ЗАКОН

Page 5: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

5

Секој пропис во овие Општи услови на превоз, што не е во согласност со прописите на

управниот закон, ќе биде неважечки и анулиран. Другите прописи сепак ќе важат.

Наместо анулираните прописи, ќе важи управниот закон.

2.5 УСЛОВИТЕ ПРЕОВЛАДУВААТ НАД ПРАВИЛАТА

Освен ако не е поинаку назначено во овие Општи услови на превоз, во случај на

недоследност помеѓу Општите услови на превоз и другите правила што можеби ќе се

појават со определени субјекти, преовладуваат овие Општи услови на превоз.

ЧЛЕН 3 – ТАРИФИ

3.1 Го задржуваме правото да ги измениме Тарифите. На барање, ќе ви бидат дадени

информации за Тарифите во Повикувачкиот центар.

3.2 Нашите вработени, услужниот персонал и агентите се должни да ги почитуваат

Тарифите.

ЧЛЕН 4 – РАСПОРЕД

Декрет 4.§

Времето на поаѓање и пристигнување прикажани во Планот, распоредите на летање и

на друго место, не се гарантирани и го задржуваме правото да ги промениме.

ЧЛЕН 5 - ДОГОВОР ЗА ПРЕВОЗ СО АВИОН

Декрет 5.§

5.1. ЗАКЛУЧОЦИ НА ДОГОВОРОТ И НЕГОВАТА СОДРЖИНА

Договорот за превоз е склучен по плаќање на вкупната цена за превоз и издавање на

планот на патување. Условите на договорот важат за Договорот за превоз склучен

помеѓу вас и нас, како што следува:

(а) условите и известувањата објаснети во вашиот План на патување и за кои орално ќе

бидете известени во случај на резервирање преку Повикувачкиот центар;

(б) овие Општи услови на превоз;

(в) Правила за приватност;

(г) Управниот закон.

5.2. ПЛАН НА ПАТУВАЊЕ

Декрет 6-7.§

5.2.1 Планот на патување (во случај на носење багаж, ознаката за идентификација на

багаж) го потврдува склучувањето на договорот помеѓу вас и нас. Не се издава никаква

друга карта.

5.2.2 Ќе обезбедиме превоз само за патникот/патниците именувани во Планот на

патување. Доколку немате План на патување кога се пријавувате, мора да ја дадете

шифрата на вашата резервација на агентот за пријавување. Мора да покажете важечки

патнички документи при пријавувањето.

5.2.3 Можете да побарате повторно испраќање (замена) на Планот на патување или на

шифрата за резервација, повикувајќи го Повикувачкиот центар. Wizz Air може да ви

наплати такса за оваа услуга.

ЧЛЕН 6 РЕЗЕРВАЦИЈА И РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ

Page 6: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

6

6.1. РЕЗЕРВАЦИЈА

6.1.1 Можете да направите резервација преку веб-локацијата, Повикувачкиот центар

или преку патничките агенти.

6.1.2 Резервацијата нема да биде прифатена без непосредно плаќање на Вкупната цена

на превоз, сепак, достапно е плаќање со банковен налог за резервации на патувања

што потекнуваат од определени земји. Во таков случај, банковниот налог се дозволува

само од земјата на Местото на поаѓање. За детали консултирајте ја нашата веб-

локација. Во случај на банковен налог, бројот на резервации платени од истата

банковна сметка и бројот на летови што можат да се резервираат на истата резервација е ограничен, сѐ додека Wizz Air не го прими целосниот износ на Вкупната цена за

превоз.

6.1.3 Потребно е да ни дадете соодветни информации за контакт на коишто ќе бидете

достапни во секое време (телефонски број/мобилен телефонски број и адреса на е-

пошта). Ваша одговорност е да се осигурате дека адресата на е-пошта што ќе ја

наведете е точна и дека имате пристап до неа и редовно ја проверувате. Ваша

одговорност е да се осигурате дека наведените телефонски броеви се точни, заедно со

повикувачкиот број на земјата и областа (дури и ако резервацијата ви ја прави друго

лице) и дека во секое време сте достапни на барем еден од наведените телефонски

броеви во резервацијата. Wizz Air нема да биде одговорен за штета што произлегува од

непочитување на горенаведените барања.

Доколку резервацијата ја направил патничкиот агент и вие немате адреса на е-пошта,

патничкиот агент ќе наведе своја адреса на е-пошта за резервацијата и ќе ве

информира за сите известувања што ќе му ги испрати Wizz Air, а ќе влијаат на вашата

резервација.

6.1.4 Потребно е да ни го дадете полното име на патникот, како што е наведено во

неговиот патнички документ што ќе се користи при патувањето. Доколку не го сторите

тоа при резервирањето или два часа по резервирањето преку Повикувачкиот центар, ќе

се наплати такса за промена на име за менувањето име на патник. Цената за таксата е

достапна на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар

6.2. БАРАЊА НА РЕЗЕРВАЦИЈА

Декрет 25.§

6.2.1 Доколку ви е потребна посебна помош, вие или лицето што плаќа за вашиот

превоз сте обврзани да го информирате Повикувачкиот центар за вашиот физички

инвалидитет или намалена подвижност, по резервирањето.

6.2.2. Бидејќи ние не можеме да ја провериме вашата здравствена состојба, ако имате

сериозна или заразна болест или каква било друга состојба за која е потребна

медицинска нега, ваша одговорност е да добиете медицински совет за тоа дали сте

способни за патување со авион. Согласно прописите на овие Општи услови на превоз,

Wizz Air нема да биде одговорен за какви било повреди, влошување на вашите

здравствени состојби или за вашата смрт за време на патувањето со авион, што се

должат на таквата состојба.

6.2.3. Го задржуваме правото да побараме целосна медицинска потврда што се

однесува на вашата состојба и способноста да патувате со авион, што содржи изречно

медицинско одобрување за превоз со авион, во кои било од случаите наведени во

параграф 6.2.1. Може да побараме квалификувано медицинско лице или негувател како

придружба, доколку е потребно.

6.2.4 Ако не успеете да ги исполните барањата поставени во параграфите 6.2.1 и 6.2.2

или во случај да не можеме да ги обезбедиме условите, поставени во вашата

медицинска потврда, во авионот со кој управуваме според Распоредот, ќе ја одбиеме

вашата резервација и превозот и ќе ви ја надоместиме Цената на превозот со одбивање

на таксата за другите услуги и надоместот за заштита на седиштето.

Page 7: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

7

6.2.5. Ако сакате да носите специјален багаж или предмети со условен превоз, вие или

лицето што ја остварува резервацијата треба соодветно да го информирате

Повикувачкиот центар (погледнете Параграф 14.4).

6.3. РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ

Не обезбедуваме распоред на седишта на ниту еден од нашите летови (според тоа, не е

назначен број на седиште во Планот на патување). Сепак, на патниците со посебни

потреби и родителите што патуваат со мали деца ќе им биде понудено први да се качат

во авионот, доколку го назначат тоа кога ќе започне качувањето. Сепак, можете да

купите приоритетно качување, места со екстра простор за нозе или резервирано

седиште за определена такса, за којашто износот можете да го најдете на веб-

локацијата.

6.4 ПРОМЕНИ ШТО ГИ ПРАВИ ПАТНИКОТ

6.4.1 Резервацијата, каква што е во Планот на патување, не смее да се пренесува или

менува, освен како што е назначено подолу.

6.4.2 Ако сакате да го промените времето на летовите или маршрутата поставени во

Планот на патување, можете да ги направите промените на веб-локацијата или преку

Повикувачкиот центар до 3 часа пред закажаното време на поаѓање и пред да се

чекирате.

Ќе треба да платите такса за промена на лет и разликата во цената помеѓу

оригиналната и новата карта (вклучувајќи ги сите промени во даноците, цените и

таксите за други услуги). Ако новата вкупна цена за превоз е пониска од оригиналната,

не ви следува надоместок, освен за износот на пониските даноци и цени.

6.4.3 Ако сакате да го промените името на патникот, треба да се посоветувате со

Повикувачкиот центар не подоцна од 3 часа пред закажаното време на поаѓање на

летот. Ќе треба да платите такса за промена на име, чиј износ е достапен на веб-

локацијата и во Повикувачкиот центар. Промената на име е дозволено само за сите

сектори резервирани во истата резервација, како што е прикажано во Планот на

патување.

6.5. ОТКАЖУВАЊЕ РЕЗЕРВАЦИЈА ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ

Декрет 22.§ (3), 25.§ и 26.§

6.5.1. Можете да ја откажете резервацијата до четиринаесеттиот (14.) ден пред

закажаното време на поаѓање на летот. Ќе имате право на надоместок за вкупната цена

на картата, по одбивање на таксата за откажување. Ако ја откажете резервацијата за

четиринаесет (14) дена пред закажаното време на поаѓање на летот, ќе ви биде

надоместена вкупната цена, откако ќе се одземе износот за таксата за други услуги и

таксата за заштита на седиште.

6.5.2 Во случај на смрт на член на семејството (мајка, татко, сестра, брат, баба, дедо,

дете, внук, сопруга, сопруг, партнер со кој се живее во заедница) што настанала еден

месец пред закажаното време на поаѓање на летот во планот на патување, ако

поднесете барање во рок од еден месец од таквиот настан, ќе ви исплатиме надоместок

на Вкупната цена за превоз за делот од патувањето што не е искористен, под услов да

се поднесе копија од посмртница за 7 дена од поднесување на барањето.

6.5.3 Во случај Wizz Air да ја промени маршрутата или закажаното време на летовите,

вклучени во Планот на патување согласно параграф 15.1, го пропушта договореното

место на сопирање или додаде ново место на сопирање, можете да го поништите

договорот и ви следува надоместок за Вкупната цена на превоз.

ЧЛЕН 7 – ВКУПНА ЦЕНА НА ПРЕВОЗ, ЦЕНА НА ПРЕВОЗ, ДАНОЦИ, ЦЕНИ И ТАКСИ

ЗА ДРУГИ УСЛУГИ

Page 8: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

8

7.1 ВКУПНА ЦЕНА НА ПРЕВОЗ, ЦЕНА НА ПРЕВОЗ

7.1.1. Вкупната цена на превозот ги вклучува цената за превоз, даноците и Таксите за

други услуги, освен ако Wizz Air не назначи поинаку. Информации за компонентите на

вкупната цена за превоз и нивните соодветни износи ќе ви бидат дадени за време на

процесот на резервација на веб-локацијата, од Повикувачкиот центар или од

патничкиот агент, во зависност од тоа како ја правите резервацијата.

7.1.2. Цената за превоз ја содржи само цената за превоз од местото на поаѓање до

местото на дестинација и поврзаните даноци и цени, освен ако не е поинаку јасно

назначено. Цената на превоз не вклучува услуга на транспорт на земја помеѓу

аеродромските терминали или помеѓу аеродромот и градските терминали и такси за

други услуги што ќе ги побарате.

7.1.3. Износот на цената за превоз се пресметува согласно износите што важат на денот

на резервацијата во однос на даден превоз, како што е назначено на веб-локацијата.

На цената на превоз нема да влијае промената на овие износи помеѓу датумот на

резервација и датумот на започнување на патувањето (освен како што е објаснето во

параграфите 6.4 и 7.2.2).

7.1.4. Генерално, колку порано резервирате, толку цената ќе биде поевтина. Сепак, го

задржуваме правото да воведеме промотивни цени помеѓу датумот на вашата

резервација и датумот на патувањето (таквата промоција може да влијае на маршрутата

за која сте направиле резервација пред почетниот датум на промоцијата).

Воведувањето промотивни цени не ви дава за право да барате разлика во цената

помеѓу вкупната цена за превоз, што сте ја платиле за резервацијата и вкупната

промотивна цена.

7.2 ДАНОЦИ, ТАКСИ И ЦЕНИ ЗА ДРУГИ УСЛУГИ

7.2.1 Цената за превоз генерално вклучува даноци, такси и цени што ги наплаќаат

владата, другите власти или операторите на аеродромот или Wizz Air и најнискиот износ

на неизбежни такси за други услуги, што се неопходни за остварување резервација на

нивоата што важат во времето на резервацијата (купувањето). Овие трошоци нормално

ќе се појават одделно во Планот на патување во Цената за превоз. Исто така, ќе

добиете информација за овие износи за време на процесот на резервација. Цената за

аеродромот вклучена во цената за превоз е противвредност за услугите што ви ги

обезбедува операторот на аеродромот.

7.2.2 Wizz Air го задржува правото, а со прифаќање на овие Општи услови на превоз се

согласувате дека Wizz Air бара од вас да платите за новиот или зголемениот износ на

даноците, цените или таксите (вклучувајќи ги таксите за други услуги), што се

однесуваат на вашето патување, што ги наметнуваат владите, другите власти или

операторите на аеродромот, помеѓу датумот на издавање и тој на патување, со

ретроактивен ефект, како што може да биде случајот. Ако не ги платите овие износи,

согласно Член 12, Wizz Air има право да го одбие превозот на патници резервирани во

релевантната резервација.

7.2.3 Патникот може да купи некои услуги по резервирањето, но во секој случај пред

летот, преку интернет или на аеродромот, каде што може да се наоѓа услугата. Во тој

случај, таксите за тие услуги ќе ја претставуваат Таксата за други услуги применлива

во моментот на купување, коишто се достапни на веб-локацијата на Повикувачкиот

центар.

7.3 ВАЛУТА

Цената на превозот, даноците, таксите, цените и таксите за други услуги ќе се

определуваат и плаќаат во валутата на местото на поаѓање, освен ако не назначиме

друга валута во моментот на или пред плаќањето (пр. поради неконвертибилноста на

локалната валута). Фактурата ќе се издаде во валутата на плаќање.

Page 9: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

9

7.4 ПЛАЌАЊЕ

7.4.1 ОПШТО

7.4.1.1 Плаќањето на Вкупната цена на превоз ќе се изврши со дебитна или кредитна

картичка по резервацијата или со пренос на пари за патувања што потекнуваат од

определени земји (погледнете параграф 6.1.2). Во некои исклучителни случаи - за кои

ќе бидете известени по резервирањето - ќе треба одделно да платите даноци, такси и

цени, на барање (некои аеродроми може да бараат плаќање на аеродромот).

7.4.1.2 Ако даноците, цените и таксите за други услуги се погрешно наплатени, вие или

лицето што плаќа за превозот ќе ја платите разликата или ќе имате право на

надоместок. Надоместокот ќе го преземете вие или лицето што плаќа за превозот

исклучително од издавачот на Планот на патување.

7.4.1.3 Патникот е одговорен за плаќање на вкупната цена за превоз, дури и ако трета

страна платила за вкупната цена на превоз. Wizz Air може да ги има на располагање

картичката што се користи за плаќање или плаќањето со банковен налог и/или

деталите на резервацијата за да означи висок ризик на измама. Во таков случај, ќе ве

контактираме вас и/или лицето што плаќа за превозот преку телефонските броеви

наведени во вашата резервација за потврда на деталите на резервацијата и плаќањето.

Ако не можеме да оствариме контакт преку тие броеви или не можете да го потврдите

плаќањето или податоците на резервација, го задржуваме правото да ви ја откажеме

резервацијата и да ја надоместиме вкупната цена за карта.

7.4.1.4

Се согласувате дека Wizz Air ќе ви издаде електронска фактура, што се однесува на

вкупната цена за превоз и изречно се согласувате на провизија за таквата електронска

фактура. Електронските фактури ќе се достават по електронски пат само на адресата

на е-пошта, што сте ја назначиле за време на резервирањето.

Електронските фактури се издаваат согласно релевантните правни закони на Унгарија

(посебно точка 167 од Унгарскиот акт бр. C од 2000 за сметководство). . Дополнително, може да се побара копија на хартија од електронската фактура преку

Повикувачкиот центар за определена цена, којашто е достапна на веб-локацијата или

во Повикувачкиот центар. Копијата од електронската фактура на хартија ќе биде

испратена на адресата што сте ја дале на Повикувачкиот центар. Може да побарате

изменета фактура што содржи различни детали од оние наведени при резервирањето,

за којашто го задржуваме правото да наплатиме такса.

7.4.1.5 Плаќањето на вкупната цена за превоз ќе се изврши во валутата според која е

определена цената за превозот, освен ако не е поинаку договорено.

7.4.2 ПЛАЌАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА РЕЗЕРВАЦИЈА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Вие или лицето што плаќа за превозот ќе ја платите вкупната цена за превоз со

банковна картичка, соодветна за плаќање преку интернет, при резервирањето преку

интернет или со банковен налог (ако е можно), во временскиот период определен за

плаќања со банковен налог.

7.4.3 ПЛАЌАЊЕ АКО РЕЗЕРВАЦИЈАТА СЕ ОСТВАРИ ПРЕКУ ПОВИКУВАЧКИОТ ЦЕНТАР

Ако направите резервација преку Повикувачкиот центар, ќе биде побарано да ги

наведете деталите за банковната картичка на агентот на Повикувачкиот центар, кој ќе

го организира плаќањето по резервацијата. Плаќањето на вкупната цена за превоз ќе

се оствари по резервацијата. Во определени случаи може да платите со банковен налог,

за што деталите се достапни на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар (погледнете

параграф 6.1.2). За таксите за Повикувачкиот центар што се применува на

резервациите направени преку него, консултирајте ја веб-локацијата или повикајте го

Повикувачкиот центар.

7.4.4 ПЛАЌАЊЕ АКО РЕЗЕРВАЦИЈАТА СЕ ОСТВАРИ ПРЕКУ ПАТНИЧКИ АГЕНТ

Page 10: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

10

Ако резервацијата се прави преку патнички агент, агенцијата ќе го организира

плаќањето. Вие ќе ѝ платите на патничката агенција според нејзините барања.

Патничката агенција има одговорност да ве извести за нашите Општи услови на превоз

и да ви го даде Планот на патување. Договорот за превоз со авион се склучува помеѓу

вас и нас. Ако имате право на надоместок, согласно овие Општи услови на превоз,

треба да го испратите вашето барање на писмено до Wizz Air. Надоместокот ќе се

обработи согласно овие Општи услови на превоз. За нашите контактни информации,

консултирајте се со веб-локацијата или со Повикувачкиот центар.

7.4.5. ПЛАЌАЊЕ СО БАНКОВЕН НАЛОГ

Во случај на плаќање со банковен налог, сите трошоци поврзани со плаќањето ги

плаќате вие. Префрлениот износ треба да го покрива целиот и точен износ на вкупната

цена за превоз, а Wizz Air ќе го прими во временската рамка дефинирана на веб-

локацијата. Во спротивно, резервацијата е неважечка и ќе биде откажана.

Во случај на плаќање со банковен налог, временскиот период за остварување

резервација е ограничен.

Во случај да не примите потврда за вашата резервација за време од 5 дена од датумот

на резервирањето, на адресата на е-пошта дадена за време на резервирањето, ваша

одговорност е да контактирате со Повикувачкиот центар за да проверите дали е

примено вашето плаќање.

Wizz Air ги враќа сите неидентификувани плаќања назад до оригиналната банковна

сметка. Сите трошоци поврзани со плаќањето со банковен налог ги плаќате вие или

лицето што плаќа за превозот.

ЧЛЕН 8 - ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

8.1. Во врска со Вашите лични информации, Wizz Air дејствува во согласност со

применливите закони за заштита на податоците. Можете да ги прочитате нашите

Правила за приватност на веб-локацијата или ќе ви бидат дадени детални информации

за нив од Повикувачкиот центар на ваше барање.

8.2. Со прифаќање на овие Општи услови на превоз ги прифаќате и Правилата за

приватност.

ЧЛЕН 9 - ПРИЈАВУВАЊЕ И КАЧУВАЊЕ

Декрет 9.§ и 10.§

9.1 Пријавувањето започнува 2 часа и обично завршува 40 минути пред поаѓањето,

согласно распоредот на аеродромот на местото на поаѓање. На некои аеродроми, за кои

можете да добиете детали на нашата веб-локација или од Повикувачкиот центар,

пријавувањето се затвора 60 минути пред поаѓањето, според Распоредот. Доколку не

успеете (а) да ги завршите постапките на пријавување до крајниот рок за пријавување

или (б) навремено да се појавите на пријавницата или на портата за качување во авион

од која било причина, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето во авион ќе ви

биде забрането. Вкупната цена ќе ви биде надоместена, откако ќе се одземе износот за

таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. Препорачуваме да купите

осигурување што ќе покрива загуби, кои поради која било причина, настанале поради

ваша спреченост за патување или за пристигнување на пријавувањето на аеродром во

применливиот зададен рок.

9.2 Ќе го докажете вашиот идентитет, ќе ја покажете потврдувачката шифра и

важечките патнички документи, како што е пропишано во Членот 11 по пријавувањето.

Доколку не успеете да го направите тоа, превозот ќе ви биде одбиен, а износот на

Page 11: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

11

вкупната цена ќе ви биде надоместен, откако ќе се одземе износот за таксата за други

услуги и таксата за заштита на седиште.

9.3 На некои аеродроми патниците се фотографираат на пријавувањето од безбедносни

причини.

9.4 Ако Планот на патување е издаден за два или повеќе сегменти за еден правец, по

пристигнувањето на секој аеродром на префрлање треба да влезете во земјата (да

поминете низ царина, гранична и безбедносна контрола), да го подигнете чекираниот

багаж и да се пријавите на следниот лет, според постапката и правилата поставени во

Општите услови на превоз на Wizz Air.

9.5 Услугата пријавување на интернет е достапна за некои маршрути, под следниве

услови. Деца под 14 години ќе бидат придружувани и пријавени преку интернет од

патник на возраст над 16 години. Во некои земји регулативите во однос на патување на

малолетници може да се разликуваат од горенаведеното и во тој случај, важат тие

регулативи. Можете да се пријавите на интернет од 7 дена до 3 часа пред закажаното

време на поаѓање на летот на веб-локацијата. Картата за влегување во авионот од

интернет, заедно со важечките патнички документи, ќе ја испечатите и ќе ја покажете

на обезбедувањето на аеродромот и на портата за качување во авион. Доколку

патникот не може да ја покаже картата за влез во авион и/или да ги покажете истите

патнички документи, користени за време на пријавувањето на интернет, на

обезбедувањето на аеродромот и/или на портата за качување во авион, превозот ќе

биде одбиен. Патникот што се пријавил преку интернет треба да е присутен на портата

за качување во авионот и да биде подготвен за качување не подоцна од 30 минути пред

закажаното време на тргнување на летот. Патниците со чекиран багаж мора да се

појават заедно со багажот на шалтерот за оставање багаж не подоцна од 40 минути

пред закажаното време на тргнување на летот. На некои аеродроми, шалтерот за

пријавување функционира и како шалтер за оставање на багажот. Штом патникот ќе се

пријави на интернет,

(а) веќе не може да се менува името на патникот, датумот и времето на летот и

маршрутата,

(б) дополнителни услуги може да се додадат преку интернет по соодветна такса за

интернет услуга. Ако се додадат на аеродромот, се плаќа целосната услужна такса што

се применува за купувања на аеродром. Информации за таксите на услугата се

достапни на веб-локацијата, во Повикувачкиот центар или кај патничкиот агент.

Ако сте додале дополнителни услуги откако сте се пријавиле на интернет, треба да ја

испечатите картата за влез во авионот што ги содржи дополнителните услуги и да ја

покажете заедно со важечките патнички документи на обезбедувањето на аеродромот и

на портата за качување во авион.

9.6 И покрај прописите на Член 9.5, ако патникот што ја користи услугата за

пријавување преку интернет не е граѓанин на ЕУ/ЕЕЗ, тој мора да се појави на шалтерот

за пријавување најмалку 40 минути пред закажаното време на поаѓање на летот, да ги

покаже своите патнички документи и таму да му се стави печат на картата за влез во

авионот. Ако патникот не покаже карта за влез во авионот со печат на портата за влез

во авионот, превозот ќе биде одбиен.

9.7 Патување на маршрути каде што е достапна услугата пријавување на интернет, кога

ја правите резервацијата мора да изберете дали ќе се пријавите на аеродромот или

преку интернет. Ако изберете пријавување на аеродром, ќе ви наплатиме такса за

ракување што не се надоместува, а треба да се плати во моментот на резервирање. Ако

во моментот на резервација сте избрале пријавување на интернет, подоцна можете да

одлучите да се пријавите на аеродром, но во тој случај ќе ви биде наплатена такса за

ракување, што ќе ја платите на аеродромот. Износот на таквите такси за пријавување

на аеродром се достапни на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар.

Page 12: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

12

9.8 Кога патувате на одредени места на дестинација, треба да дадете информации за

вашите патнички документи на интернет преку веб-локацијата, со цел да се испочитува

локалниот безбедносен закон, не подоцна од 4 часа пред закажаното време на поаѓање

на летот. Ако не го сторите тоа, превозот ќе биде одбиен.

ЧЛЕН 10 - ГРАНИЧНА КОНТРОЛА, ЦАРИНА И БЕЗБЕДНОСНА КОНТРОЛА

Декрет 10.§

10.1 Сите патници што летаат на нашите маршрути ќе поминат низ службата за

имиграција и низ други безбедносни формалности. Доколку не ги почитувате тие

барања, превозот ќе ви биде одбиен, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето

во авион ќе ви биде забрането. Вкупната цена ќе ви биде надоместена, откако ќе се

одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште.

10.2 Ќе бидете подложени на безбедносни проверки што ги изведуваат владини или

аеродромски власти, на земјите што учествуваат во превозот, операторот на аеродромот

или превозникот.

10.3 Ќе бидете присутни при проверката на вашиот багаж, што ја изведуваат цариници

или други официјални власти, ако законот на земјите што учествуваат во превозот го

бара тоа.

10.4 До степенот дозволен со закон, одрекуваме секаква одговорност за штети што

настанале од таквите проверки, од вашето одбивање да се подложите себеси или

багажот на проверка или од ваше почитување на барањата поставени во параграфите

10.1, 10.2 и 10.3.

ЧЛЕН 11 - ПАТНИЧКИ ДОКУМЕНТИ

Декрет 10.§

11.1 Пред патувањето, треба да ги покажете потребните патнички документи и да ги

почитувате законите и регулативите на земјите опфатени во превозот. Wizz Air не е

одговорен за постоењето, сопственоста и важноста на вашите патнички документи. Ако

не ги почитувате овие барања или ако патничките документи не се соодветни, се

одрекуваме од одговорноста за какви било штети предизвикани од тоа.

11.2 Ако ви е потребна важечка виза за да влезете во земјата на аеродромот на

префрлање, мора да имате виза при пристигнувањето. Ако не го почитувате ова

барање, Wizz Air нема да биде одговорен за каква било штета што произлегува од тоа.

11.3 Ако е потребна виза за престој во местото на дестинација, но вие само поминувате

низ таа земја и не е потребна транзитна виза, треба да покажете доказ дека само

транзитно поминувате низ таа земја. Доколку не успеете да покажете доказ, превозот

ќе ви биде одбиен, резервацијата ќе ви биде откажана и качувањето во авион ќе ви

биде забрането. Вкупната цена ќе ви биде надоместена, откако ќе се одземе износот за

таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште.

11.4 Ако сме обврзани да платиме казни, глоби или ако настанат трошоци што се

должат на ваше непочитување на правилата наведени во параграфите 11.1-11.3, ќе ги

надоместите нашите трошоци на наше барање. Исто така, ќе ги платите трошоците на

транспортот од земјата што нема да го дозволи вашиот влез. Нема да ви го надоместиме

делот од картата, што се однесува на превоз до земјата што не го дозволила влезот.

11.5 Ние не сме одговорни за одбивање на превозот, ако имаме причина да веруваме

дека применливиот закон и регулативите не го дозволуваат превозот, освен како што е

наведено во Унгарскиот граѓански код (Акт бр. IV. од 1959).

ЧЛЕН 12 - ОДБИВАЊЕ НА ПРЕВОЗ

Page 13: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

13

Декрет 25.§

12.1 Покрај случаите дефинирани во другите членови на Општите услови на превоз, го

задржуваме правото да го одбиеме превозот или понатамошниот превоз за вас и/или

вашиот багаж ако

а) имаме причина да веруваме дека е неопходно да го одбиеме превозот од

безбедносни причини (пр. ако сте под дејство на алкохол);

б) имаме причина да веруваме дека превозот може да го загрози животот, здравјето,

физичкиот интегритет и комфорот за вас и/или лицата во авионот;

в) имаме причина да веруваме дека вашата возраст, ментална или физичка состојба

може да ве загрози вас и/или лицата во авионот или нивната сопственост;

г) вие, вашето однесување или облеката ги плаши, згрозува или ужаснува лицата во

авионот;

д) сте го нарушиле кодексот на однесување на претходен лет и имаме причина да

веруваме дека ќе го повторните однесувањето;

ѓ) претходно писмено сме ве известиле дека нема да ве превезуваме на нашите летови;

е) сме ја одбиле вашата резервација;

ж) сте одбиле да поминете низ имиграциските и/или царинските формалности;

з) сте одбиле да се подложите себеси или багажот на безбедносна проверка;

ѕ) не сте ги платиле применливата вкупна цена за превоз, даноците, цените или таксите

за други услуги;

и) ни должите пари за претходен лет;

ј) имаме причина да веруваме дека одбивањето на превоз е неопходно за да се

испочитуваат законите и регулативите на земјите опфатени во превозот;

к) немате важечка карта за влез во авионот или важечки патнички документи

(вклучувајќи го и уништувањето на таквите документи во текот на патувањето) или не

можете да ги покажете патничките документи што се ги користеле при пријавувањето

на интернет или ако не сте граѓанин на ЕУ/ЕЕЗ, а сте користеле пријавување на

интернет и не покажете карта за влез во авион со печат од шалтерот за пријавување;

л) не ги исполнувате или имаме причина да веруваме дека не ги исполнувате барањата

за влез во земјата на договорено место на сопирање или на местото на дестинација

(вклучувајќи и неуспехот да дадете информации за вашите патнички документи, не

подоцна од 4 часа пред закажаното време на поаѓање преку нашата веб-локација, кога

патувате до места на дестинација каде што тоа е задолжително;

љ) се обидете да влезете во земја каде што може само да сте во транзит;

м) одбиете да ги предадете патничките документи на нас или на властите - за

сертификат за прием - кога ќе биде побарано;

н) не можете да докажете дека сте лицето именувано во резервацијата; особено ако

името на резервацијата не е истоветно со името во патниот документ што го покажувате

на аеродромот.

њ) не сте нѐ информирале за вашите посебни потреби или за намерата да носите

специјален багаж или предмети на условен превоз;

о) ви е потребна посебна поддршка што не можеме да ја обезбедиме или ќе повлече

непропорционално високи трошоци.

12.2 Ако вашето однесување претставува прекршок или веројатно е да претставува

разумно сомневање за криминал или пушите во авионот, ќе покренеме правна постапка

до соодветната власт.

12.3 Ако, во склоп на нашите права, го одбиеме вашето превезување или ве отстраниме

од лет на пат според овој Член, ќе ви ја надоместиме вкупната цена, откако ќе се

одземе износот за таксата за други услуги и таксата за заштита на седиште. Нема да

бидеме одговорни за каква било индиректна загуба или оштета, што се должи на

таквото одбивање или отстранување на пат.

Page 14: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

14

ЧЛЕН 13 – ПОСЕБНИ ПРАВИЛА ШТО ВАЖАТ ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ СО АВИОН

Регулатива 1107/2006/EC

13.1 ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

13.1.1 Ако имате посебни потреби, мора да нѐ известите однапред, по резервацијата

(погледнете параграф 6.2.).

13.1.2 Во истиот авион може да се превезуваат максимално 28 патници со инвалидитет

или со намалена подвижност, вклучувајќи максимално 10 патници на кои им е потребна

инвалидска количка од пријавувањето до седиштето.

13.1.3 Бремените жени нема да патуваат со летови на Wizz Air по 34-та недела од

бременоста. Жени кои ја поминале 28-та недела од бременоста можат да патуваат со

Wizz Air само под услов да добијат медицински сертификат што ја потврдува нивната

способност за патување со авион. Wizz Air ќе биде одговорен само согласно овие Општи

услови на превоз за кои било здравствени проблеми на бремените жени и/или на

нивното неродено дете, што може да настанат за време на или како резултат од

патувањето со авион.

13.1.4 Не прифаќаме патници на носилки.

13.1.5 Прифаќаме патници на кои нормално им е потребно дополнителен кислород од

медицински причини, доколку обезбедат медицинска потврда за способност за

патување со авион без дополнителен кислород за време на назначениот лет. На

патниците кои нема да обезбедат таква потврда на шалтерот за пријавување нема да им

биде дозволено да патуваат. На патниците не им е дозволено да носат сопствен

дополнителен кислород во авионот и во такви случаи Wizz Air не обезбедува кислород

во авионот.

13.2 ПРЕВОЗ НА МАЛИ ДЕЦА И НА ЛИЦА НА ВОЗРАСТ ПОД 14 ГОДИНИ

13.2.1 Мали деца помали од две години може да патуваат во скутот на родителот. Со

еден возрасен патник дозволено е да патува само едно мало дете. Во истиот авион може

да се превезуваат максимално 18 мали деца. Таксите што се наплаќаат за превезување

мали деца се достапни на веб-локацијата или во Повикувачкиот центар.

Ако резервирате повратен билет и малото дете наполни две години пред датумот на

повратното патување, потребна е посебна резервација за повратното патување затоа

што детето веќе не се смета за мало дете.

13.2.2 Не прифаќаме лица под 14 години без придружба. Децата помали од 14 години

мора да ги придружува лице со најмалку 16 години. Едно лице над 16 години може да

придружува максимално 10 лица на возраст под 14 години. Во некои земји регулативите

во врска со патување на малолетници може да се разликуваат од погоре наведеното, во

тој случај важат тие регулативи.

13.3 ОДНЕСУВАЊЕ ВО АВИОНОТ

Декрет 9.§ (2)

13.3.1 Во секое време мора да ги почитувате упатствата на екипажот.

13.3.2 Од безбедносни причини, може да ја забраниме употребата на електронска

опрема, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на мобилни телефони, лаптоп

компјутери, преносливи снимачи, преносливи радија, CD-плеери, електронски игри или

емитирачки уреди, радио-контролирани играчки и воки-токи во авионот. Употребата на

помагала за слух и пејсмејкери е дозволена.

13.3.3 Од безбедносни причини, дозволено е да консумирате алкохолни пијалаци што

се купени само во авионот.

13.3.4 Ако

а) според верувањето на екипажот, со вашето однесување ја загрозите безбедноста или

сигурноста на лицата во авионот и нивната сопственост;

Page 15: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

15

б) вербално или физички го злоупотребувате екипажот или им попречувате во

спроведување на нивната должност;

в) не ги почитувате упатствата на екипажот (вклучувајќи предупредувања за

консумирање алкохол, дрога, пушење и употреба на електронска опрема);

г) предизвикате непријатност или грозење, оштета или повреда на лицата во авионот;

имаме право да спроведеме мерки, вклучувајќи принудување, што се сметаат за

неопходни за да го спречиме или сопреме таквото однесување, а вие ќе ја надоместите

штетата или трошоците што ќе настанат поради вашето однесување. Го задржуваме

правото да го спроведеме нашето барање во тужба.

13.3.5 Од друг аспект, прописите на Токиската конвенција за кршење правила и

одредени други дејства извршени во авионот, потпишана на 14 септември 1963 година

и други управни закони, ќе важат за сите дејства извршени во авионот.

13.3.6 Секаков вид на пушење е забрането во нашите авиони. Непочитувањето на ова

правило може да резултира со сериозни криминални казни што ќе се покренат против

вас и ќе треба да платите оштета.

13.4 КЕТЕРИНГ И ДРУГИ УСЛУГИ

Декрет 9.§ (2), Член 36 од Конвенцијата.

13.4.1 На летовите продаваме пијалаци и лесни ужини.

13.4.2 Доколку договориме услуги за Вас со трета страна, што не се авиопревоз или

доколку издадеме карта или ваучер што се однесува на транспорт или услуги што не се

авиопревоз, што ги обезбедува трета страна, како што се резервации за хотел или

изнајмување автомобил, тогаш дејствуваме само како Ваш агент. Ќе се применат

условите и правилата на давателот на услуга на третата страна. Се оградуваме од

одговорност за таквите услуги. Во случај патувањето да го спроведуваат неколку

превозници, Wizz Air е одговорен само за патувањето што го спроведува (во согласност

со овие Општи правила за превоз).

13.4.3 Ако ви обезбедуваме и превоз на земја, за таквиот превоз може да важат други

услови. Таквите услови се достапни на веб-локацијата или во Повикувачкиот центар.

ЧЛЕН 14 - БАГАЖ

Декрет 11.§-21.§

14.1 ТИПОВИ БАГАЖ, БЕСПЛАТЕН БАГАЖ

14.1.1 Се наплаќа такса за ракување за секое парче чекиран багаж. Износот на таквата

такса е достапен на веб-локацијата или од Повикувачкиот центар.

14.1.2 Од здравствени и безбедносни причини тежината на чекираниот багаж не смее

да надминува 32 килограми за парче. Wizz Air го задржува правото да го ограничи

бројот на чекиран багаж по патници. Ако се применат такви ограничувања, тие се

достапни на веб-локацијата и во Повикувачкиот центар. Го задржуваме правото да го

одбиеме превозот на чекираниот багаж над тие граници, како што е објаснето во овој

дел 14.1 или за кој не е платена такса за ракување.

14.1.3 Можете да носите само едно парче рачен багаж по патник чија тежина не

надминува 10 килограми и чии димензии не надминуваат 56x25x45 cm. Овие димензии

вклучуваат тркала, рачки и странични џебови. Ќе наплатиме такса за ракување за

секое парче рачен багаж, ако неговите димензии надминуваат 42x25x32 cm. Ако

димензиите на багажот не надминуваат 42x25x32 cm, ќе го пренесеме вашиот багаж

бесплатно. За детали консултирајте се со веб-локацијата или со Повикувачкиот центар.

14.1.4 Покрај рачниот багаж, во авионот може да ја внесете следната лична

сопственост со мали димензии, без плаќање такса за ракување:

а) палто или ќебе;

б) мобилен телефон;

Page 16: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

16

в) нешто за читање на летот;

г) за деца на возраст под две години: храна за летот;

д) предмети купени во страничниот простор за поаѓање, откако ќе поминете ни

безбедносната проверка;

ѓ) пар штаки за лица со физички инвалидитет.

е) седиште за во автомобил за мали деца под две години, ако малото дете патува на

посебно седиште и седиштето за во автомобил има ремен што може безбедно да се

прицврсти за безбедносниот ремен во авионот.

14.1.5 Некои аеродроми може да имаат ограничувања за еден дозволен рачен багаж, а

другиот багаж или предмети не смеат да се внесат во авионот. Во тој случај

преовладуваат регулативите на аеродромот.

14.1.6 Ако вашиот рачен багаж не ги исполнува барањата дефинирани во овој параграф

14.1 (особено ограничувањата за квантитет и тежина на рачниот багаж), Wizz Air ќе го

пренесе багажот како чекиран багаж по плаќање на таксата за ракување за чекиран

багаж.

На некои аеродроми релевантната такса може да се плати само со кредитна или

дебитна картичка. За списокот на такви аеродроми консултирајте се со веб-локацијата

или со Повикувачкиот центар. Ажурираниот список на такви аеродроми е достапен на

веб-локацијата. Ако Wizz Air не го ажурира списокот на таквите аеродроми на веб-

локацијата, тој е одговорен за штетите што ќе настанат од тоа, како што е дефинирано

во овие Општи услови на превоз и релевантните регулативи.

Ако не ја платите таксата, Wizz Air го задржува правото да го одбие превозот на вашиот

багаж. Wizz Air се ограничува од одговорноста за штетите што може да настанат од

таквото одбивање.

14.1.7. Рачниот багаж и другите предмети што ќе ги внесете во авионот ќе ги

складирате на начин на којшто редовите и итните излези ќе бидат слободни, согласно

упатствата на екипажот.

14.1.8 Детските колички и инвалидските колички се пријавуваат со останатиот багаж и

се пренесуваат бесплатно ако патува и корисникот на опремата.

14.2 ПРИФАЌАЊЕ БАГАЖ

14.2.1 Кога ќе го прифатиме вашиот багаж за пренос како чекиран багаж, ќе издадеме

идентификациска ознака за багаж и ознака за подигање на багаж за секое парче

чекиран багаж.

14.2.2 Чекираниот багаж ќе се носи на истиот авион со кој патувате вие.

14.3 НЕДОЗВОЛЕНИ ПРЕДМЕТИ ЗА ПРЕВОЗ

14.3.1 Следните предмети не се дозволени за превоз (тие не смеат да се стават во

чекираниот или во рачниот багаж или да се носат со вас како лична сопственост):

а) оружје, муниција и експлозиви, вклучувајќи ги оружјата за ловење или спорт, како

што е дефинирано со законот на која било од земјите вклучени во превозот, наведени

во Планот на патување;

б) кој било предмет или супстанција што изгледаат како оружје, муниција или

експлозив;

в) запаливи супстанции (освен: алкохолни пијалаци, лак за коса, парфем, тоалетна

вода);

г) радиоактивни материјали;

д) кондензиран гас (освен: CO2 што се користи за движење на вештачки екстремитети,

резервоар или незапалив гас што се користи за надувување на појасот за спасување);

ѓ) отровни или инфективни супстанции;

е) корозивни супстанции (освен: жива во термостати, барометри, акумулатор на

инвалидска количка);

Page 17: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

17

ж) актовки или кожни чанти од безбедносен тип со вградени алармни уреди, литиумски

батерии или пиротехнички материјал;

з) предмети и материјали што ја загрозуваат безбедноста, сопственоста, животот,

здравјето и телесниот интегритет на патниците;

ѕ) кој било материјал што е забранет според правилата и регулативите на земјите кои

учествуваат во превозот;

и) секој предмет што не е соодветни за превезување поради нивната тежина, големина

или која било друга карактеристика;

ј) остатоци од човечко тело;

к) кој било предмет назначен во Техничките упатства за безбеден транспорт на опасни

производи со авион на Меѓународната организација за цивилна авијација (ICAO-

International Civil Aviation Organization) и во Регулациите за опасни производи на

Меѓународната асоцијација за авиотранспорт (IATA-International Air Transport

Association).

Доколку се обидете да понесете кој било од овие предмети, може да го одбиеме

превезувањето на вашиот багаж и/или на вас.

14.3.2 Ако чекираниот багаж содржи нешто од следново:

а) готовина, акции;

б) накит, скапоцен метал, скапоцени и полускапоцени камења;

в) компјутер, камера, видео камера, мобилен телефон и сите други електронски или

технички уреди и нивните додатоци;

г) официјални деловни или приватни документи;

д) патнички документи или други документи за идентификација;

ѓ) клучеви;

е) течност;

ж) лекови;

з) лесно расипливи предмети.

ѕ) уметнички дела.

и) кои било од предметите наведени во 14.3.1,

нема да бидеме одговорни за нивната загуба, уништување, одложување и оштетување.

Некои аеродроми може да имаат понатамошни ограничувања за дозволени предмети. Во

тој случај преовладуваат регулативите на аеродромот.

14.3.3 Рачниот багаж и личната сопственост не смеат да користат античко оружје,

ножеви, сабји, ножици, сечива, кујнски прибор, копја, шприцови и други остри објекти

и секој предмет што по наше мислење може да се користи како оружје.

14.3.4 Рачниот багаж или личната сопственост може да содржи само предмети што не се

забранети за превоз и само во количество и пакување што е определено со важечките

закони и безбедносни прописи.

14.4 ПРЕДМЕТИ СО УСЛОВЕН ПРЕВОЗ

14.4.1 Ако сакате да носите некои од долунаведените предмети, треба да нѐ

информирате за вашата намера за време на резервирањето:

а) кршливи предмети,

б) материјали од непријатна природа;

в) кучиња за слепи;

г) инвалидска количка со сув акумулатор (само како чекиран багаж);

г) други специјални предмети, како што се скии, сноуборд, опрема за голф, нуркање и

сурфање, опрема за рибарење, рогови и трофеи, велосипеди, стапови за скокање,

музички инструменти и др. Треба да нѐ информирате за вашата намера да носите некои од горенаведените

предмети за време на резервирањето, преку Повикувачкиот центар. Дозволено е да

носите такви предмети само со наша согласност. Ако сакате да носите специјален багаж

Page 18: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

18

(што не е нормален багаж) што не е наведен погоре, треба да го контактирате

Повикувачкиот центар за информации во врска со условите на превоз.

14.4.2 Доколку сакате да носите посебен предмет со вас, треба да платите такса за

посебно ракување. За детали консултирајте се со веб-локацијата или со Повикувачкиот

центар.

14.4.3 Доколку не успеете да го пријавите преносот на предмети наведени во параграф

14.4.1, истиот може да ви биде одбиен и/или ние нема да бидеме одговорни за загуба,

уништување, одложување и оштета на таквите предмети.

14.4.4. Wizz Air не е одговорен за оштета на кршливи предмети. Багажот што содржи

кршливи предмети може да се носи како чекиран багаж само со ознака за ограничено

издавање.

14.5 ЖИВОТНИ

Не превезуваме живи животни на нашите летови, освен кучиња-помошници што

патуваат заедно со патникот со посебни потреби и ги имаат документите наведени во

регулативите на Земјите што учествуваат во превезувањето и ги почитуваат условите на тие регулативи, под услов да нѐ информирате за вашата намера согласно делот

14.4.1.

14.6. ПРАВО ДА СЕ ОДБИЕ ПРЕВОЗОТ НА ВАШИОТ БАГАЖ

14.6.1 И покрај делот 14.1, ќе го одбиеме превозот на предмети што се забранети за

превоз според овие Општи услови на превоз и на предмети со условен превоз, кои не се

пријавени однапред согласно параграф 6.2.5 и оние што не сме ги прифатиле за

превоз.

14.6.2 Може да го одбиеме превозот на секој предмет за кој веруваме дека е

несоодветен за превоз поради големината, обликот, тежината, содржината, карактерот,

пакувањето или од безбедносни и сигурносни причини и поради комфор на другите

патници.

14.7 ПРАВО НА ПРЕБАРУВАЊЕ

Ако се верува дека не ги почитувате правилата што важат за содржината или

пакувањето на багажот, од безбедносни и сигурносни причини, може да побараме да

дозволите да ве скенираме и пребараме и да го пребараме или скенираме вашиот

багаж. Ако вие не сте достапни, багажот може да биде пребаран без ваше присуство за

да се определи дали поседувате или дали вашиот багаж содржи кој било од предметите

објаснети во параграфите 14.3 и 14.4. Ако не сакате да се согласите со таквото барање,

може да го одбиеме превозот за вас и/или за вашиот багаж. Ако скенирањето или

пребарувањето предизвикаат штета на вашиот багаж, нема да бидеме одговорни за

таквата штета, до степенот дозволен со релевантните правни прописи.

14.8 СОБИРАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ЧЕКИРАНИОТ БАГАЖ

Декрет 18.§ и 19.§

14.8.1 Багажот се доставува до аеродромот преку терминалите за доставување багаж, а

не лично. Wizz Air не е одговорен за багажот по доставување до терминалите за

доставување багаж. Ваша одговорност е да го подигнете багажот од тие терминали.

Ознаките за идентификација на багаж и ознаките за подигање на багаж може да се

контролираат цело време. Неподигнатиот багаж во сопственост на Wizz Air може да се

предаде само на лицето што ќе донесе ознака за подигнување на багаж што е

идентична со ознаката за идентификација на багажот.

14.8.2. Подлоно на параграф 14.2 ќе го подигнете чекираниот багаж штом ќе стане

достапен во вашата дестинација. Ако не го подигнете, ќе го складираме 60 дена и ќе

наплатиме такса за складирање. По тој временски период, може ќе го продадеме или

Page 19: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

19

уништиме неподигнатиот багаж или другите предмети за лична употреба. Ако можеме

да ве идентификуваме според неподигнатиот багаж или предметот за лична употреба,

ќе ве известиме според наведените детали за контакт за намерата да се ослободиме од

неподигнатите предмети и кога треба тоа да се случи и понатаму нема да имаме

никаква одговорност кон вас.

ЧЛЕН 15 - ИЗМЕНА НА ДОГОВОРОТ НА WIZZ AIR, ОТКАЖУВАЊА, ОДЛОЖУВАЊА

Декрет 22.§-24.§, Членови на регулација од 5 до 9

15.1 ИЗМЕНА НА ДОГОВОРОТ НА WIZZ AIR

15.1.1 Пред да ја прифатиме резервацијата, ќе ве информираме за закажаното време на

лет што важи од тоа време и ќе биде прикажано на Планот за патување. Можеби ќе

треба да го промениме закажаното време на лет или маршрутата (вклучувајќи го

местото на поаѓање или местото на дестинација) по издавањето на вашиот план на

патување. Ќе ве контактираме за да ве известиме за секоја промена преку по е-пошта

или по телефон, на адресата за е-пошта или телефонскиот број наведени при

резервирањето, не помалку од 7 дена пред закажаното време на поаѓање како што е

назначено во Планот на патување. Во случај на промена на време на лет или маршрута,

ако ги прифатите промените во која било форма, Договорот помеѓу вас и Wizz Air ќе се

смета за соодветно изменет. Ако новото време на лет или маршрутата не ви одговараат,

ги имате правата како што се поставени во параграф 15.1.2.

Ако вие не сте сопственикот на адресата на е-пошта или на телефонскиот број

забележан во резервацијата, ваша одговорност е да го прашате сопственикот на

адресата на е-пошта или редовниот корисник на телефонот наведен во резервацијата

за какви било известувања за промени.

15.1.2 Ако сте известени за какви било промени според параграф 15.1.1, по

контактирање со Повикувачкиот центар, можете да изберете од опциите подолу:

(а) повторно да ви резервираме друг лет со кој управува Wizz Air на истата, или ако е

неопходно, на споредлива маршрута, во рок од 14 дена или 30 дена по закажаното

време на поаѓање на откажаниот лет, подложно на достапност на седишта или

(б) да ја откажеме резервацијата и да ја исплатиме целата вредност на плаќањето за

откажаниот лет плус 20% од платената карта за превоз за откажаниот лет и за

повратниот сектор, ако е применлив на вашата „корисничка сметка“ на Wizz Air; или

(в) да ја откажеме резервацијата и да ја надоместиме целата вредност на платената

карта за превоз за откажаниот лет и, ако е применливо, за повратниот сектор, согласно

параграф 15.4.4.

Ако сакате да го смените изборот, можете да го сторите тоа според општите правила и

со плаќање на релевантната такса.

15.2 ОДЛОЖУВАЊА

15.2.1 Кога Wizz Air очекува летот да биде одложен по закажаното време на поаѓање,

како што е назначено во Планот за патување (вклучувајќи ги промените под параграф

15.1):

(а) за два часа или повеќе во случај на летови од 1500 километри или помалку или

(б) за три часа или повеќе во случај на сите летови во ЕУ од повеќе од 1500 километри

и сите други летови помеѓу 1500 и 3500 километри или

(в) за четири часа или повеќе во случај на сите летови што спаѓаат под (a) или (b),

Wizz Air ќе понуди:

(i) помош назначена во параграфите 15.5.1(а) и 15.5.2 подолу; и

(ii) кога очекуваниот ден на поаѓање е најмалку еден ден по претходно најавеното

време на поаѓање, помошта назначена во параграфите 15.5.1(б) и (в); и

(iii) кога одложувањето е најмалку пет часа, помошта назначена во параграф 16.2.1(а).

Page 20: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

20

15.3. ОТКАЖУВАЊА

15.3.1 Во случај на откажување на летот, на патниците:

(a) ќе им биде понудена помош од Wizz Air согласно параграф 16.2.; и

(b) ќе им биде понудена помош од Wizz Air согласно параграфите 15.5.1(а) и 15.5.2

како и, во случај на пренасочување кога очекуваното време на поаѓање на новиот лет е

најмалку еден ден по планираното време на поаѓање на откажаниот лет, помош

назначена во параграфите 15.5.1(б) и (в); и

(в) имаат право на компензација од Wizz Air согласно параграф 15.4, освен:

(i) сте информирани за откажувањето најмалку две недели пред закажаното време на

поаѓање; или

(ii) сте информирани за откажувањето помеѓу две недели и седум дена пред закажаното

време на поаѓање и понудено ви е пренасочување, што ви овозможува да појдете не

повеќе од два часа пред закажаното време на поаѓање и да стигнете до крајната

дестинација помалку од четири часа по закажаното време на пристигнување; или

(iii) сте информирани за откажувањето помалку од седум дена пред закажаното време

на поаѓање и понудено ви е пренасочување, што ви овозможува да појдете не повеќе

од еден час пред закажаното време на поаѓање и да стигнете до крајната дестинација

помалку од два часа по закажаното време на пристигнување.

15.3.2 Во случај на откажување, ќе дадеме објаснување во врска за можен

алтернативен транспорт.

15.3.3 Wizz Air не е одговорен за каква било загуба, оштета или компензација ако не

сме можеле однапред да ве известиме, бидејќи не сте биле достапни на телефонските

броеви наведени во резервацијата.

15.4 ПРАВО НА КОМПЕНЗАЦИЈА

15.4.1 Кога може да се примени во случај на откажување на лет, согласно параграф

15.3, ќе имате право на компензација во износ до:

(а) 250 EUR за сите летови од 1500 километри или помалку;

(б) 400 EUR за сите летови во ЕУ од повеќе од 1500 километри и за сите други летови

помеѓу 1500 и 3500 километри;

(в) 600 EUR за сите летови кои не спаѓаат под (а) или (б).

За определување на оддалеченоста, основа ќе биде последната дестинација каде што

откажувањето или одбиениот влез во авионот ќе го одложи пристигнувањето по

закажаното време.

15.4.2. Кога ќе ви биде понудено пренасочување до конечната дестинација на

алтернативен лет, според параграф 16.2 времето на пристигнување на летот нема да го

надмине закажаното време на пристигнување на оригиналниот резервиран лет

(а) за два часа, во однос на сите летови од 1500 километри или помалку или

(б) за три часа, во однос на сите летови во ЕУ од повеќе од 1500 километри и на сите

други летови помеѓу 1500 и 3500 километри или

(в) за четири часа, во однос на сите летови што спаѓаат под (a) или (б),

Wizz Air може да ја намали компензацијата назначена во параграф 15.4.1 за 50 %.

15.4.3. Wizz Air нема да биде обврзан да плати компензација, ако може да докаже дека

одложувањето е предизвикано од вонредни околности.

15.4.4. Компензацијата назначена во параграфите 15.4.1 и 15.4.2. ќе се исплати во

готовина, преку банковен налог, банковни чекови или ако се сложите, со патнички

ваучери и/или други услуги.

15.4.5. Растојанијата наведени во параграфите 15.2.1, 15.4.1 и 15.4.2 ќе се измерат по

методот на маршрута на голем круг.

15.5 ПРАВО НА НЕГА

Page 21: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

21

15.5.1 Таму каде што е споменат овој параграф, Wizz Air бесплатно ќе им понуди на

патниците:

(а) оброци и освежувања во однос на времето на чекање за време на временскиот

период на откажувањето;

(б) организирање на хотелско сместување или надоместок на трошокот за хотелското

сместување во случај

- кога е неопходен престој од една или повеќе ноќи или

- кога е потребен престој во местото на поаѓање дополнително на она што патникот

планирал да го помине;

(в) организирање превоз или надоместок на трошоците за превоз помеѓу аеродромот и

местото на сместување назначено во параграф 15.5.1. (б) (хотел или друго).

Патникот има право да ја побара негата под параграф 15.5.1. (а) за време на периодот

на чекање предизвикан од одложувањето.

Wizz Air ќе ги надомести трошоците за помош наведени во параграфите 15.5.1. б) и в)

на патникот кој е опфатен од одложувањето или откажувањето до разумен износ, како

што е наведено во фактурата/фактурите.

15.5.2 Дополнително, на патниците ќе им бидат понудени два телефонски повици,

телекс или факс пораки или е-пошта или надоместок на трошоците за таквата

комуникација.

15.5.3. Нема да ја обезбедиме услугата назначена во параграф 15.5.1. ако предизвика

понатамошно одложување на летот.

15.6. ПОВРЗУВАЊА

Wizz Air не управува со летови со поврзување. Вие сте одговорни за секој друг лет што

ќе го пропуштите вие или вашиот багаж.

15.7 АЛТЕРНАТИВЕН ПРЕВОЗ

15.7.1. Wizz Air може да ве превезе по алтернативни начини на превоз, што не се

превоз со авион, во случај дефиниран под параграф 16.2.1.

15.7.2 Ако сте се согласиле за алтернативен начин на превоз (како што е објаснето во

параграфите 16.2.1. б) и в)) на директен или индиректен начин, нема да имате право

на надоместок за картата за превоз.

15.8 ЗАОБИКОЛУВАЊА

15.8.1 Ако не можеме да појдеме од местото на поаѓање или да слетаме во местото на

дестинација или во договореното место на сопирање и авионот отиде на друг аеродром

(оттука натаму ќе се именува како „заобиколување“), освен ако не продолжи до

оригиналната дестинација, ќе организираме превоз за вас до оригиналната

дестинација, како што е назначено во Планот на патување, со наша услуга или со друг

начин на превоз и немаме друга одговорност кон вас.

15.9 СПРОВЕДУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПРАВА

Ако не ги испочитуваме гореспоменатите параграфи од тековниот Член, имате право да

поднесете барање до Националната агенција за заштита на потрошувачите или до

нејзините регионални инспекторати.

15.10 ПРАВО НА ИНФОРМАЦИЈА

Во случај да го одбиеме качувањето во авион (освен за оправдани причини наведени

тука) или го откажеме летот, ќе ви обезбедиме (на аеродромот) пишана информација

што ги поставува правилата за компензација и помош. Ако сте опфатени во одложување

од најмалку два часа, исто така ќе ви обезбедиме релевантни пишани информации.

Исто така, ќе ви бидат достапни и деталите за контакт на назначеното тело, назначено

во Регулативата.

Page 22: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

22

15.11 ВОНРЕДНИ ОКОЛНОСТИ

Освен ако е поинаку пропишано во гореспоменатите параграфи на Член 15, нема да

бидеме одговорни за било какви промени на договорот што се должат на вонредни

околности. До степен дозволен со релевантните закони и овие Општи услови на превоз,

одрекуваме одговорност за каква било штета или загуба предизвикана од вонредни

околности.

ЧЛЕН 16 – НАДОМЕСТОК, ПРЕНАСОЧУВАЊЕ

16.1 ОПШТО

16.1.1 Освен како што е изречно наведено во овие Општи услови на превоз, сите Цени

за превоз, даноци, цени и такси за други услуги не се надоместуваат.

Надоместокот ќе се исплати исклучително само вам или на лицето што плаќа за

превозот. Во случај на ваша смрт или смрт на лицето што плаќа за превозот, ќе го

исплатиме надоместокот на најблиските членови на вашето или неговото семејство.

16.1.3 Генерално надоместокот се исплаќа во истата валута со којашто е платен

превозот. Ако тоа е невозможно, ќе исплатиме во евра.

16.2

НАДОМЕСТОЦИ И ПРЕНАСОЧУВАЊА ОД ПРИЧИНИ ВОН КОНТРОЛА НА ПАТНИКОТ

16.2.1 Таму каде што е споменат овој параграф, Wizz Air ќе ви понуди избор помеѓу:

(а) - враќање на парите за седум дема, според средствата назначени во параграф

15.4.4, на вкупната цена за превоз по цената по којашто е купена, за делот или

деловите од патувањето што не се остварени и за делот или деловите што се остварени

ако летот не веќе нема никаква цел за вашиот оригинален план на патување, заедно со,

кога е важно (т.е. во случај на поврзани летови),

- повратен лет со кој управува Wizz Air или друга компанија со споредливи превозни

услови до првото место на поаѓање, најрано што е можно;

(б) пренасочување на лет со кој управува Wizz Air или друга компанија со споредливи

превозни услови, до крајната дестинација, најрано што е можно; или

(в) пренасочување на лет со кој управува Wizz Air или друга компанија со споредливи

превозни услови, до крајната дестинација, на подоцнежен датум како што вам ви

одговара, подложно на достапност на седишта.

Параграфот 16.2.1 ќе се толкува заедно со параграфот 15.7. тука.

16.2.2 Кога, во случај каде што во градот или регионот има неколку аеродроми, ќе ви

понудиме лет од алтернативен аеродром, а не тој за кој е направена резервацијата, ќе

ги поднесеме трошоците за вашиот пренос до алтернативниот аеродром, било до тој

аеродром за кој е направена резервацијата или за дестинација во близината, во

договор со вас.

ЧЛЕН 17 - ОДГОВОРНОСТ

Членови од Конвенцијата 17, 19, 20, 21, 22 и 31

17.1 ОПШТО

17.1.1 Нашата одговорност е определена со овие Општи услови на превоз и со

Управниот закон.

17.1.2 Износот на штетите ќе се определува согласно Конвенцијата, а нашата

одговорност нема да го надмине износот на докажаните штети, ќе бидеме одговорни

само за соодветно докажани штети.

17.1.3 Ако Wizz Air докаже дека штетата е предизвикана или е придонесено за неа од

невнимание или друго штетно дејство или пропуст на лицето што бара компензација

Page 23: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

23

или лицето од кое тој/таа ги добива своите права, Wizz Air ќе биде целосно или делумно

ослободен од својата одговорност кон барателот, до оној степен до кој таквото

невнимание или штетно дејство или пропуст ја предизвикало или придонело за штетата.

Кога лице што не е патникот бара оштета поради смрт или повреда на патник, Wizz Air

исто така ќе биде целосно или делумно ослободен од својата одговорност до оној

степен до кој ќе се докаже дека штетата е предизвикана или е придонесено за неа од

невнимание или друго штетно дејство на патникот. Овој пропис важи за сите прописи за

одговорност што се применуваат на Wizz Air кон патникот.

17.1.4 Не сме одговорни за каква било штета што сте ја предизвикале вие или вашиот

багаж. Вие ќе бидете одговорни за таквата штета предизвикана на друго лице или на

нивната (вклучувајќи ја и нашата) сопственост.

17.1.5 Договорот за превоз, вклучувајќи ги овие Општи услови за превоз и исклучоците

и ограничувањата на одговорност, важи за нашите вработени, услужниот персонал и за

агентите, до ист степен како што важи и за нас. Вкупниот износ што треба ние или

таквите лица да го надоместиме нема да го надминува износот на нашата одговорност,

ако има таква, дефинирана во овие Општи услови на превоз.

17.1.6. Wizz Air не е одговорен за загуба на профит, индиректни или последователни

штети. Патникот ги прифаќа ограничувањата на одговорност на овие Општи услови на

превоз во однос на износот платен за услугите на Wizz Air.

17.2 ОДГОВОРНОСТ ЗА БАГАЖ

17.2.1 Одговорни сме за штета нанесена во случај на уништување и загуба или на

оштетување на чекираниот багаж, под услов настанот што го предизвикал

уништувањето, загубата или оштетувањето се одвивал во авионот или за време на

периодот кога чекираниот багаж бил под одговорност на Wizz Air.

17.2.2 Ние сме одговорни за штета предизвикана од одложување на превозот со

авионот на багажот. Сепак, не сме одговорни за штета предизвикана од одложување

ако ние, нашиот услужен персонал или агентите сме ги презеле сите мерки што разумно

се очекуваат за да се избегне штетата или ако било невозможно да се преземат такви

мерки.

17.2.3 Не сме одговорни за штета нанесена во случај на уништување или загуба или на

оштетување на чекираниот багаж, до степенот до кој штетата е резултат од својствен

дефект, квалитет или слабост на багажот. Во случај на нечекиран багаж, вклучувајќи

лични предмети, ќе бидеме одговорни само ако штетата е резултат на наша грешка или

на грешка на услужниот персонал или агентите. Не сме одговорни за штета, загуба,

уништување и одложување на кои било предмети кои се одбиени за превоз и за секој

багаж прифатен за превоз со ознака за ограничено издавање и за предмети со условен

превоз, кои не ни се пријавени по резервацијата или не сме ги примиле за превоз.

17.2.4 Ја исклучуваме одговорноста за мала штета на надворешноста на вашиот багаж

(како што се гребнатини, извалканост, дамки, вдлабнатини и др.), што може да се

резултат од нормално абење.

17.2.5 При превоз на багаж (исклучувајќи го чекираниот багаж, нечекираниот багаж и

личната сопственост), нашата одговорност е ограничена на 1131 SDR за секој патник,

освен ако патникот не поднел, во времето на предавање на чекираниот багаж, посебна

изјава за препорачано доставување во дестинацијата и платил дополнителен износ ако

е потребно. Во тој случај, ќе бидеме одговорни да платиме износ што не го надминува

назначениот, освен ако можеме да докажеме дека износот е поголем од вистинскиот

интерес на патникот за доставување до дестинацијата.

17.3 ОДГОВОРНОСТ ЗА СМРТ, ПОВРЕДА И ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПАТНИКОТ ПРЕДИЗВИКАНИ

ОД НЕСРЕЌА

Page 24: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

24

17.3.1 Во случај на несреќа нашата одговорност за смрт или повреда на патниците е

подложна на ограничувања објаснети во овие Општи услови на превоз. Имаме строга

одговорност до 113.100 SDR освен во случаите изложени во параграф 17.1.3.

17.3.2 За барања надвор од ова ограничување во случај на смрт или повреда на

патници, може да бидеме ослободени ако докажеме дека (i) таквата штета не се должи

на наше невнимание или друго штетно дејство или пропуст, или на нашиот услужен

персонал или агентите, или дека (ii) таквата штета се должи само на невнимание или

друго штетно дејство или пропуст на трета страна.

17.3.3 Откако ќе се воспостави „prima facie“ идентитетот на лицето што треба да го

прими надоместокот, авансното плаќање ќе се изврши не подоцна од 15 дена, бидејќи

може да е потребно да се исполнат економските барања пропорционални на

претрпената загуба. Таквата исплата нема да биде помала од 16,000 SDR по патник во

случај на смрт. Исплаќањето аванс нема да се смета за признавање одговорност и може

да се одземе од каков било последователен договор.

Авансот не се враќа освен ако Wizz Air последователно докаже дека:

а) штетата е предизвикана или за неа придонело невниманието на повредениот или

починат патник;

б) лицето што го примило авансот не е лицето на коешто му следува истиот или тоа

лице ја предизвикало или придонело за штетата.

17.3.4 Во случај штетата да е предизвикана од одложување во превозот на патници,

нашата одговорност е ограничена на 4694 SDR.

ЧЛЕН 18 - НАВРЕМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЖАЛБИ, ВРЕМЕНСКО ОГРАНИЧУВАЊЕ

НА ДЕЈСТВА

Декрет 28.§

18.1 ЖАЛБИ ЗА БАГАЖОТ

18.1.1 Прифаќањето на багажот без поднесена жалба пред да ја напуштите транзитната

област и без пополнување Извештај за неправилност на сопственост (PIR), ќе се смета

за „prima facie“ доказ дека багажот е донесен во добра состојба и согласно договорот за

превоз.

18.1.2 Ако багажот не пристигне на истиот лет со вас, мора веднаш да поднесете

извештај и да го пополните Извештај за неправилност на сопственост (PIR), пред да

заминете од транзитната област. Ако не го почитувате ова барање, нема да бидеме

одговорни за уништувањето, загубата, одложувањето или оштетувањето на багажот.

18.1.3 Ако чекираниот багаж е оштетен или украден, мора веднаш да поднесете

извештај и да го пополните Извештај за неправилност на сопственост (PIR), пред да

заминете од транзитната област. Доколку е невозможно да се препознае штетата или

кражбата по пристигнувањето, мора да поднесете извештај на аеродромот во рок од 7

дена по пристигнувањето.

18.1.4 Доколку чекираниот багаж не пристигне со истиот лет како и вие, а е оштетен

или украден, мора да поднесете извештај за штетата или кражбата на писмено во рок

од 21 ден откако багажот ќе ви биде врачен. Ако ја признаеме загубата на чекираниот

багаж или ако чекираниот багаж не пристигне по истекот на 21 ден од датумот на кој

требало да пристигне, можете да ги спроведете вашите права определени со Договорот

за превоз.

18.1.5 Ако настане штета на вашиот нечекиран багаж или на личната сопственост,

треба да поднесете извештај во авионот. Ако не го почитувате ова барање, нема да

бидеме одговорни за каква било штета на нечекираниот багаж.

18.1.6 Ако настане штета на вашиот багаж за време на превозот со авион, треба да го

однесете багажот на поправка, да земете и да ни ја испратите белешката. Доколку

багажот не може да се поправи, земете пишана потврда од работилницата за поправка,

што ќе ги назначува марката, типот и вредноста на багажот.

Page 25: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

25

18.1.7 Секое барање мора да се поднесе на писмено.

18.1.8 Сите барања треба да ни се испратат со прикачен Извештај за неправилност на

сопственост (PIR) и сите документи за загубата, во рок од еден месец по

пристигнувањето во местото на дестинација.

18.1.9 Доколку не се поднесе барање во наведените рокови, нема да може да се

покрене дејство против нас.

18.2 ЖАЛБИ

Жалбите што се однесуваат на пренос со авион (освен жалбите за багажот) мора да се

направат на писмено што е можно поскоро, по пристигнувањето на летот што е основ на

вашата жалба, но не подоцна од два месеци од откривање на околностите поради кои е

покрената жалбата. Одговорни сте за секаква загуба или штета што е последица од

задоцнување на вашата жалба. Wizz Air ефикасно ќе ја процени жалбата на денот на

Договорот според Општите услови на превоз.

18.3 ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДЕЈСТВА

Сите права за оштета престануваат да важат ако не се преземе дејство во период од

две години, сметано од датумот на пристигнување во дестинацијата или од датумот кога

авионот требало да пристигне или од датумот кога превозот сопрел. Начинот на

пресметување на периодот на ограничување се определува според законот на судот

каде што води случајот.

ЧЛЕН 19 - РЕГУЛАЦИЈА НА ЧАРТЕР

Декрет 3.§ (3)

Во однос на чартер летовите, прописите на овие Општи услови на превоз важат со

следниве разлики:

19.1 За превоз што ние го обезбедуваме важат следните услови:

(а) условите на договорот и другите известувања објаснети во вашиот План на

патување и за кои орално ќе бидете известени во случај на резервирање преку

Повикувачкиот центар

б) овие Општи услови на превоз;

в) Конвенцијата;

г) Управниот закон;

д) договорот за чартер.

19.2 Патничкиот агент има одговорност да ве извести за условите што важат за вашиот

превоз опишани во Договорот за чартер. Патничкиот агент е одговорен за сите штети

што произлегуваат од неговиот неуспех соодветно да ве информира.

19.3 Вашата резервација ја прави патничкиот агент, кој ќе ви ја даде шифрата на

резервација.

19.4 Промена на маршрутата не е дозволена. Правилата за промена на време,

преносливост и откажување (исто така што се должат на смрт на близок член од

семејството) на резервацијата ги дефинира патничката агенција според Договорот за

чартер склучен со Wizz Air.

19.5 Вие или лицето што плаќа за вашиот превоз сте обврзани да ја информирате

патничката агенција за вашиот физички инвалидитет, намалена подвижност, сериозна

или заразна болест и која било друга состојба која бара медицинска нега, по

резервирањето. Во случај патничката да е по 28-та недела од бременоста во времето на

појдовниот или повратниот лет, ова мора да се пријави на патничката агенција на денот

на резервацијата и мора да поднесете медицински сертификат до неа. Патничкиот агент

има одговорност да ги поднесе информациите, што сте ги дале, до нас и да го поднесе

медицинскиот сертификат. Ако патничката агенција не ги почитува горенаведените

Page 26: Општи услови на превоз на Wizz Air Hungary Kft. · однесуваат на меѓународен превоз со авион потпишана во Монтреал

26

барања, таа ќе биде одговорна за штетите што ќе настанат поради одбивање на

превозот.

19.6 Ако сакате да носите специјален багаж или предмети со условен превоз, треба да

го информирате патничкиот агент. Патничкиот агент има одговорност да ги поднесе

вашето барање до нас (погледнете параграф 14.4.). Ако патничката агенција не ги

почитува горенаведените барања, таа ќе биде одговорна за штетите што ќе настанат поради тоа што патничкиот агент не нѐ известил.

19.7 Член 7 од овие Општи услови на превоз не важи за чартер-превоз.

19.8 Барањата и жалбите (вклучувајќи жалби за багажот и жалби поради промена во

распоредот, одложување, откажување или заобиколување) мора да се поднесат до

патничкиот агент на писмено. Сите временски ограничувања назначени во Член 18 се

важечки.

19.9 Патничката агенција која е одговорна за чартер-летот ќе ги поднесе сите трошоци

што ќе настанат поради причини вон наша контрола.

19.10 Патничката агенција која е одговорна за чартер-летот ќе ги поднесе сите трошоци

што ќе настанат поради пребукирање на летови.

19.11 Ако имате право на надоместок, ќе го исплатиме на патничката агенција, според

тоа треба да го поднесете вашето барање до неа.

ЧЛЕН 20 - ТОЛКУВАЊЕ

20.1 Во случај на сомнеж преовладува унгарската верзија на овие Општи услови на

превоз.

20.2 Насловот на секој Член од овие Општи услови на превоз е само за олеснување и

нема да се користи за толкување на текстот.

20.3. Ако лицето што ја остварува резервацијата не е патникот или прави резервација и

во име на други патници, претпоставуваме дека за време на процесот на резервација

тоа лице дава изјави, дава своја согласност во име на сите (други) патници

резервирани под истата резервација и тоа лице е овластено да дава изјави и согласност

во име на патниците споменати погоре.